Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
Број 342
БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
1
FS 549642
goodini
192
2 - 2018
02.03.2018
БРАНКО АЗЕСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА: СТАВ ЗА „ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ“
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
3
СТАВ: ЗА „ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ“
БРАНКО АЗЕСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА: СТАВ ЗА „ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ“ СТАВ: „ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ“ претставува конкретна реализација на мерките за поттикнување на производството, извозот и инвестициите содржани во Моделот на економски развој, кој Стопанската комора на Македонија го презентираше уште во 2010 година, како предлог на бизнисзаедницата Планот за економски раст има за цел зголемување на домашните и странските инвестиции, пораст на вработеноста, зголемување на продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор, зголемување на извозот и регионалната поврзаност, пораст на БДП, на конкуретноста на приватниот сектор и забрзување на економскиот раст, кои во крајна линија треба да овозможат и подобар животен стандард во земјата. Основата на овој план, преточен во неколку мерки, кои се поставени во три столба, практично значи и конкретна операционализација на моделот на економски развој кој Стопанската комора на Македонија го промовираше уште во 2010 година и во кој беа наведени конкретни мерки за поттикнување на производството и извозот, мерки за подобрување на деловниот амбиент и за управување со агрегатната потрошувачка.
За потсетување, тогаш Комората, во рамки на мерките за поттикување на производството и извозот, предложи: - конкретни стимулативни мерки за поттикнување на инвестициите, степенувани според висината на инвестицијата и бројот на новоотворени работни места;
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
СТАВ: ЗА „ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ“ - мерки за реконструкција и модернизација на постојните производни капацитети во облик на даночни олеснувања, како и мерки за вработување, преквалификација или доквалификација на постојните кадри; - мерки за системско поттикнување на домашната потрошувачка и извозот, како и - мерки за окрупнување на земјоделскиот посед, како еден од главните фактори за зголемување на продуктивноста, односно конкурентноста, преку зголемување на долниот праг за право на субвенции. Која беше идејата за тој модел? Да се поттикне производството и извозот, во чија основа ќе биде и економската поврзаност со претприемачите од малите земји, поддршка и промоција на извозот како потреба на бизнисот, привлекување на странски инвестиции како приоритет за зголемување на надворешно-трговската размена, а притоа ставајќи фокус и на домашните компании со соодветна поддршка. Стопанската комора на Македонија го отвори прашањето на новиот модел за економски раст, водејќи сметка и почитувајќи го постигнатото на сите досегашни влади и државни институции, во многу тешките услови на дејствување (осамостојување на земјата, ембарга, блокади, воени дејствија, кризи). Притоа, клучната деловна асоцијација во земјава очекуваше нејзиниот предлог за нов модел на економски развој да резултира со мерки и активности кои сублимирано ќе донесат значаен економски благодет за земјата: 1. домашните и странските инвестиции да бидат двигатели на растот; 2. да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој; 3. приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и да ја апсорбира високата невработеност; 4. динамичниот економски раст да резултира со функционално интегрирање на земјата кон ЕУ и зголемен животен стандард; 5. да се модернизира инфраструктурата и да се намали енергетската зависност на земјата.
Што баравме, а што добивме? Голем дел од мерките од Планот за економски раст на Владата на РМ, кој како нејзин врвен приоритет го дефинира креирањето на нова економска и индустриска политика, односно поддршка на стопанството, генерално ги содржат насоките и барањата на деловната заедница за кои Стопанската комора на Македонија континуирано имаше свои предлози и укажувања до креаторите
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
5
СТАВ: ЗА „ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ“ на економската политика. За очекување е дека со ваков стимул компаниите ќе можат да постигнат многу подобри резултати, да го прошират производниот асортиман, да го зголемат бројот на вработени лица и неколкукратно да ги зголемат и прошират своите извозни потенцијали преку настап на странски пазари. Вакви можности се гледаат во метало-преработувачката индустрија, хемиската индустрија, прехрамбениот сектор... Кога станува збор за Планот за економски раст, како Комора, заедно со другите комори, претставниците на финансиските институции, МАНУ, универзитетите, активно се вклучивме во јавната дебата кога мерките беа презентирани, со цел да дадеме свој придонес во финализирање на предложените мерки и истите да бидат применливи и да ги дадат очекуваните резултати. Компаниите соодветно прават анализи и реална проценка колку мерките од првите два столба кои сега се преточени во Нацрт законот за финансиска поддршка на инвестициите можат да ги остварат, во кој обем и колку ќе придонесат за остварување на поставените цели. Сега, согласно предложеното законско решение, на компаниите ќе им бидат достапни мерките кои се однесуваат на поддршка на инвестициите и конкурентноста, независно на нивната големина и потеклото на капиталот. Тука се вклучени мерки кои имаат за цел поддршка за создавање на нови вработувања, за воспоставување и унапредување на соработка со локални добавувачи од земјата, за воспоставување на организациони облици за технолошки развој и истражување, за инвестициски проекти од значаен економски интерес, за пораст на капитални инвестиции и приходи, за откуп на средства од претпријатија во потешкотии, за деловни субјекти кои ја зголемиле својата конкуретност на пазарот, како и за оние кои освојуваат пазари и имаат пораст на продажбата. Како Комора, секогаш сме имале став дека е неопходно привлекување на странски инвестиции, но дека е потребна и поддршка на домашниот бизнис! И досега бизнис заедницата немаше ништо против интензивното привлекување странски инвестиции, но домашните компании, вклучувајќи ги и странските инвеститори кои имаат регистрирани бизниси надвор од зоните, бараа изедначување на условите за водење бизнис со цел да се избегне нерамноправниот третман на пазарот. Стимулирањето на странските компании да набавуваат домашни инпути ќе ги надополнат идентификуваните недостатоци од недоволната поврзаност на странските директни инвестиции и домашните компании. Поттикнувањето на поврзување на странските инвестиции и домашните компании ќе ги интензивира бенефитите од трансфер на знаење и технолошки напредок од
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
СТАВ: ЗА „ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ“ една страна, а од друга страна, ќе го зголеми производството на домашните компании. За поврзувањето да биде поедноставно и со поголеми ефекти, во иднина од полза би било да се привлекуваат странски компании кои повеќе би биле компатибилни со доменот на дејствување на домашните компании и со вештините на слободната работна сила. Секако, во оваа насока треба да помогнат и мерките за модернизација на капацитетите, иновирање на технологијата и усовршување на вработените кадри кои што му недостасуваат на пазарот на трудот, што сега е предвидено и со владините мерки. Неопходно е да се стимулира воведувањето и примената на нова технологија, да се поттикнува ангажирањето на домашни иноватори и да се организира производство врз основа на домашни иновации. Преку обезбедување помош за унапредување на квалитетот, количествата и сигурноста на производите преку технички и менаџерски вештини, деловно планирање, пристап до капитал со зголемена технолошка и деловна софистицираност на домашните бизниси, ќе се овозможат и посилни повратни врски со странските директни инвестиции и повеќе ќе се стимулира извозот, кој е неопходен за да се постигне повисока стапка на економски раст и развој. Бизнис заедницата знае дека од стратешко значење за зголемен раст е создавањето на реални услови за освојување нови пазари, вклучувајќи го регионалното вмрежување за таа цел. За таа цел, Комората континуирано презема низа активности за поголема интернационализација на стопанството, преку организирање на конференции, деловни средби со потенцијални странски партнери, но спроведува и консултации преку формираните клубови за соработка со други земји и деловни совети, се` со цел поголема присутност во освојувањето на нови пазари што ќе резултира со поефикасно работење на самите компании но и на прелевање на позитивниот ефект врз државата. Во таа насока и мерките кои се утврдени во Нацрт- законот за финансиска поддршка на инвестициите, се очекува да дадат конкретен бенефит за стопанството.
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
РЕЗУЛТАТИТЕ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР
Резултатите за 2017 година се релативно успешни, капиталот на осигурителниот сектор е 4,34 пати над потребното ниво на маргината на солвентност, а дигитализацијата на процесите и на каналите на комуникација е еден од најважните и најнеизбежните предизвици со коишто се соочува осигурителната индустрија во Република Македонија.
-Минатата 2017 година беше релативно успешна за осигурителната индустрија во Република Македонија. Осигурителниот сектор забележа раст во однос на бруто полисираната премија (БПП) и бројот на продадени договори за осигурување, и покрај тоа што растот беше поумерен во однос на претходната година, што се должи пред се` на се`уште присутното влијание на ризици од неекономска природа во текот на 2017 година, истакна д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Агенцијата за супервизија на осигурување на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија за резултатите и предизвиците на осигурителниот сектор во земјата (26.02.2018 година). Д-р Климе Попоски образложи дека позитивниот тренд е забележан во однос на порастот на капиталот, пораст на активата и на финансиските вложувања како дел од активата. Од друга страна, друштвата на агрегатна основа забележуваат пад на остварената добивка од работењето, иако поединечните резултати се премногу хетерогени за да се извлече заклучок за општ пад на профитабилноста. Во 16-те друштва за осигурување вработени се 1.930 лица, што е речиси непроменет број во однос на 2016 година (2016 година: 1.933 вработени). Во 2017 година е остварена БПП во вкупен износ од 8,99 милијарди денари, што претставува пораст на приходите од 3,10% во однос на остварените од 2016 година (2016 година: 8,72 милијарди денари). Во текот на 2017 година друштвата за осигурување склучиле 1.385.676 договори при што се забележува пораст од 7,19% во однос на 2016 година кога беа склучени 1.292.749 договори. Од вкупниот број склучени договори, 1.368.439 полиси се во рамките на неживотно осигурување, што претставува пораст за 7,65% во однос на бројот на полисите во 2016 година, додека 17.183 се полиси за осигурување на живот, односно зголемување од 25,12% во споредба со 2016 година (2016 година: 13.733 полиси). Во структурата на БПП, најзначајна категорија е задолжителното осигурување од автоодговорност (АО) со учество од 45,24%. БПП за оваа класа на осигурување изнесува 4,07 милијарди денари (2016 година: 3,86 милијарди денари) и во споредба со 2016 година бележи пораст од 5,47%. Втора поголема категорија во структурата на БПП претставува осигурувањето на имот со 15,97% учество. Кај оваа класа на осигурување се забележува пад од 7,65% со БПП 1,44 милијарди денари (2016 година: 1,56 милијарди денари), при истовремен пораст на бројот на склучени договори од 11,33% што е показател за изразената ценовна конкуренција помеѓу друштвата за осигурување што доведува зголемениот број на продадени полиси да биде реализиран со пониски цени во однос на претходната година. Кај земјоделското осигурување, како посебен сегмент од класата на осигурувањето на имот, се забележува пад од 10,49% на остварената БПП која изнесува 157,26 милиони денари (2016: БПП од 175,69 милиони денари), како и во бројот на склучени договори во 2017 година - 2.243, односно пад од 44,26% во однос на претходната година кога
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
9
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА биле склучени 4.024 договори. Вкупното намалување се должи пред сe` на пад на осигурувањето на посеви и плодови од 32%, додека од друга страна е присутен изразен пораст на осигурување на добиток за 646%. Трето по големина неживотно осигурување претставува доброволното осигурувањето на патнички возила (каско) кое учествува со 8,41% во вкупната БПП. Во овој сегмент, во 2017 година се забележува пад од 0,28% со БПП од 756,34 милиони денари (2016 година: 758,47 милиони денари). Осигурувањето од незгода бележи речиси непроменета состојба, со пораст од 0,58% со БПП од 669,05 милиони денари (2016 година: 665,18 милиони денари), а учеството на оваа класа на осигурување во вкупната БПП изнесува 7,44%. Во минатата година, се забележува подем во продажбата на здравственото осигурување. Во 2017 година се склучени 1.752 договори за здравствено осигурување со вкупна БПП од 58,09 милиони денари, во споредба со 2016 година кога биле склучени 1.256 договори со вкупна БПП од 45,21 милиони денари. Кај осигурувањето на живот се забележува пораст на приходите од 11,95% во однос на претходната година со остварена БПП од 1,45 милијарди денари (2016 година: 1,29 милијарди денари со што продолжува трендот на двоцифрена стапка на пораст на приходите, иако евидентно е забавување на порастот бидејќи последните години порастот изнесуваше над 20%. Најголемо учество во осигурувањето на живот зазема традиционалното осигурување на живот (мешаното осигурување) со учество од 66,67%, потоа следува ризико осигурување со 9,78%, осигурување на живот во случај на доживување со 9,07%, осигурувањето на живот кога инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот со 6,95% и дополнителното осигурување на живот со 7,53%. Во 2017 година поголем замав забележува осигурувањето на живот кога инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот, меѓународно познато како unit linked осигурување, со склучени 1.599 договори во 2017 година што претставува пораст од 9,07% (2016 година: 1.599 договори) со вкупна БПП од 100,49 милиони денари, односно пораст од 74,90% во однос на претходната година (2016 година: 57,46 милиони денари) . Друштвата за осигурување во 2017 година исплатиле бруто - износ на штети од 3,58 милијарди денари. Во споредба со 2016 година бруто исплатените штети бележат пад од 0,79% (2016 година: 3,61 милијарди денари). Во структурата на каналите на продажба најголемо учество зазема директната продажба со 50,62%, потоа следи продажбата преку осигурително брокерски друштва со 26,47%, продажбата преку агенти - физички лица со 11,02%, продажба преку друштва
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА за застапување во осигурување со 9,22%, банките со 2,15% и 0,52% преку останати дистрибутивни канали. На крајот на 2017 година вкупниот капитал на друштвата за осигурување изнесува 6,03 милијарди денари. Маргината на солвентност како главен индикатор за проценка на стабилноста на осигурителниот сектор изнесува 1,39 милијарди денари (кај неживотното осигурување 1,12 милијарди денари, а кај осигурувањето на живот 270 милиони денари), со што капиталот на осигурителниот сектор е 4,34 пати над потребното ниво на маргината на солвентност. Во периодот 1.01-31.12.2017 година осигурителниот сектор оствари добивка по оданочување во износ од 485,17 милиони денари. Кај друштвата за неживотно осигурување, 9 друштва остварија добивка во износ од 472,38 милиони денари, а додека пак 2 друштва остварија загуба во износ од 81,11 милиони денари. Кај друштвата за осигурување на живот, друштвата остварија добивка во износ од 93,90 милиони денари, и тоа 4 друштва остварија добивка од 104,18 милиони денари, а 1 друштво прикажа загуба во износ од 10,28 милиони денари. Вкупните вложувања на друштвата за осигурување, кои произлегуваат од вложувања што ги покриваат техничките резерви, математичката резерва и капиталот, на крајот на 2017 година изнесуваат 15,49 милијарди денари, односно бележат пораст од 9,69% (2016 година: 14,08 милијарди денари). -Kако и секоја друга индустрија, така и осигурителната се соочува со многу предизвици, но и можности, бидејќи станува збор за пазар којшто се развива и има голем потенцијал. Инвестираме во нови, иновативни производи и услуги, коишто обезбедуваат додадена вредност на постојните производи. Дигитализацијата на процесите и на каналите на комуникација секако е еден од најважните и најнеизбежните предизвици со коишто се соочуваме. Таа денес е предуслов, имајќи го предвид животниот стил на луѓето. Почнуваме да нудиме електронска обнова на полиси за осигурување од автоодговорност, а наскоро секако ќе понудиме и многу други дигитални решенија. Еден од најзначајните сегменти во осигурувањето е доброволното приватно здравствено осигурување, за коешто осигурениците се` уште немаат доволно познавања и токму поради тоа, во нашиот фокус е информирање на јавноста за предностите што ги нуди, - истакна Ѓорѓе Војновиќ, претседател на Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија и главен извршен директор на „Триглав Осигурување“.
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
11
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА -На нашиот пазар и натаму доминира задолжителното осигурување од автоодговорност. За да го реализираме големиот потенцијал на незадолжителните класи, каде што треба да биде нашиот фокус, неопходно е токму ние, осигурителните компании, да го едуцираме пазарот. Од нас зависи колку ќе успееме да ги приближиме осигурителните производи до јавноста и до потенцијалните клиенти, колку ќе успееме да придонесеме да се надминат одредени ставови за осигурувањето. Предрасудите дека осигурувањето е скапо, како и дека не е неопходно, многу често ги оставаат граѓаните незаштитени и наша должност е да придонесеме ваквите предрасуди да се надминат. За таа цел, Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија планира активности за финансиска едукација на јавноста, како и поддршка на активностите на Агенцијата за супервизија на осигурување за финансиска едукација на младите. \Воедно, поднесовме и иницијатива за одредени измени на Нацрт-законот за јавни набавки, меѓу кои се и предлозите поврзани со гаранции на понудата, имајќи ги предвид компаративните законски решенија на некои земји од соседството, кои се членки на Европската унија, со цел да овозможиме што подобри услови за развој на осигурителната индустрија, - заклучи Ѓорѓе Војновиќ, претседател на Здружението на осигурувањето. м-р Милена Перчинкова
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
КОРЕКТНИ ОДНОСИ НА ОПЕРАТОРИТЕ КОИ ВРШАТ РЕЕМИТУВАЊЕ ПРЕКУ РАЗЛИЧНИ ПЛАТФОРМИ
На 23.02.2018 година, Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија одржа седница и расправаше за предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На веб-страната на Министерството за информатичко општество и администрација на 15.02.2018 година беше објавен текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Присутните со задоволство констатираа дека согласно предлозите од Здружението и јавниот состанок се избришани одредбите за „must carry“ кои не беа прецизни и беа спротивни од соодветните споредбени податоци од ЕУ за вакви искуства.
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ Меѓутоа, збунувачки и несоодветни се двата нови става кои се ставени во текстот, во однос на обврските на операторите кои реемитуваат програмски сервиси. Имено, се наведува дека со поднесување на пријавата во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одговорното лице на операторот доставува и изјава под целосна морална, материјална и кривична одговорност со која потврдува дека за реемитување на програмските сервиси ги има уредено ТВ-правата за странскиот радиодифузер кој планира да го реемитува на целиот свој програмски сервис за територијата на Република Македонија. Потоа, во предлогот се вели дека во случај на реемитување на кој и да било дел од програмскиот сервис на радиодифузер од друга држава, за кој програмски сервис тој радиодифузер нема регулирани права за територијата на Република Македонија, целата морална, материјална и кривична одговорност паѓа на операторот кој го реемитува тој програмски сервис. Членките на Здружението – сите оператори кои вршат реемитување преку различни платформи, сметаат дека овој дел е несоодветен и тоа: • ставот 3 е дел од постојниот Правилник за регистрација на програмски сервиси кои се реемитуваат (изјава за регулирани права за реемитување), каде е неопходно покрај договорот за уредени права со странскиот радиодифузер да се поднесе и изјава од одговорното лице во операторот; • ставот 4 е во спротивност со правните норми бидејќи предвидува целата морална, материјална и кривична одговорност да паѓа на операторот кој го реемитува тој програмски сервис, што е практично невозможно бидејќи операторот само го реемитува програмскиот сервис од друга држава без притоа да има каква било уредувачка одговорност. Невозможно е операторот да знае дали некои делови од програмата имаат уредни или не авторски права!? Исто така, операторот не може/не смее да интервенира во програмската шема на странскиот радиодифузер. Реемитување на програмски сервиси е јавна електронска комуникациска услуга која ја обезбедува оператор на јавна електронска комуникациска мрежа и претставува примање и истовремено пренесување на радио или телевизиски програмски сервиси во целост и без каква било модификација во нивната програмска содржина и без дополнителни технички интервенции, што радиодифузерите ги емитуваат за прием од страна на јавноста (дефиниција од ЗААВМУ).
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
Доколку постои сомнениe за нерегулирани авторски права за делови од програмата за територијата на Република Македонија, страната која смета дека истите и` се повредени, може тоа да го констатира и да го надомести во постапка пред надлежниот суд во Македонија. По обемната дискусија, членките на Здружението – сите оператори кои вршат реемитување преку различни платформи (ИПТВ, кабелски, ДВБТ и сателитски), ги донесоа следните Заклучоци: 1. Во своето работење операторите работат исклучиво според постојните законски решенија во Република Македонија, за што сведочи фактот дека ниту еден оператор нема никаква пријава за неправилности во работењето од страна на државните органи, задолжени за мониторинг на работењето на операторите. За истото сведочи и постојаниот 24-часовен мониторинг што го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги каде не се констатирани прекршувања. 2. Членките на Здружението - операторите ќе настапуваат аргументирано и со факти да се изнајдат реални законски решенија, за што ќе бараaт интензивни контакти во текот на идната недела со соодветното Министерство и со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. По одржувањето на планираните состаноци, членките на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, односно операторите ќе ги објават дефинитивните ставови по однос на предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Лазо Ангелевски
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
15
РЕГИОНАЛНА ИНВЕСТИЦИСКА ПЛАТФОРМА СОРАБОТКА
РЕГИОНАЛНАТА ИНВЕСТИЦИСКА ПЛАТФОРМА ВО ЧИЈА ПОДГОТОВКА УЧЕСТВУВАШЕ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПРЕТСТАВЕНА НА САМИТОТ ВО ЛОНДОН Претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, на 26.02.2018 година, во Лондон, зема учество на Инвестицискиот самит за Западен Балкан, организиран од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на кој пред шесте премиери од регионот, претставници од финансиски институции и водечки меѓународни компании, беше презентиран првиот заеднички производ на Коморскиот инвестициски форум - „Регионалната инвестициска платформа“. „Регионалната инвестициска платформа“ за Западен Балкан, како инструмент наменет за инвеститорите заинтересирани за регионот, е подготвена од Коморскиот инвестициски форум, кој е основан од Стопанската комора на Македонија заедно со Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово.
16
БИЗНИС ИНФО
РЕГИОНАЛНА ИНВЕСТИЦИСКА ПЛАТФОРМА
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
СОРАБОТКА
Претседателот на ЕБОР, господинот Сума Чакрабарти, посочи дека платформата има потенцијал да стане незаменлива алатка за странските инвеститори и за бизнисзаедницата во регионот на Западен Балкан, како и дека самиот Коморски инвестициски форум е одлична иницијатива, која е силен израз на стабилноста на регионот. Целта на инвестициската платформа која настана на иницијатива на приватниот сектор со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), е да го промовира регионот како единствена дестинација за инвестиции и за започнување бизнис, како и да ги презентира предностите за воспоставување заеднички регионален пазар, при што на бизнис заедницата ќе и` бидат достапни сите информации поврзани со условите и поволностите за инвестирање. Платформата ќе овозможи потенцијалните инвеститори од регионот и пошироко да имаат пристап до база на податоци за макроекономските показатели, правната рамка, пазарот, финансиските и други стимулации, потенцијалните партнери и добавувачи, како и конкретни проекти во кои може да го вложат својот капитал. Истата се очекува да придонесе за унапредување на инвестициската клима и водењето бизнис во регионот, поголема транспарентност на економиите и креирање услови за побрз економски раст и развој. Платформата ќе биде и корисна алатка за коморите - членки на Коморскиот инвестициски форум во однос на креирањето препораки за доносителите на одлуки и покренувањето иницијативи за отстранување на препреките за деловното работење, усогласување на прописите, процедурите и практиките за поефикасно работење на компаниите од регионот и пошироко. Одделение за информирање
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
17
ЗДРУЖЕНИЕ НА ЕНЕРГЕТИКА
РАБОТЕН СОСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕНЕРГЕТИКАТА
Тргнувајќи од интересите на фирмите - членки, Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија, во врска со активностите околу донесувањето на новиот закон за енергетика, одржа работен состанок на којшто се дискутираше околу можноста за делување при носењето на подзаконската регулатива. Членките на Здружението на енергетиката искажаа спремност за проактивно делување при носењето на подзаконската регулатива, со тоа што ќе ги истакнат проблемите со кои се среќаваат во нивното секојдневно работење, а се поврзани со постојните подзаконски акти. Целта на ваквото проактивно делување е да се помогне на експертската група која е задолжена за изготвување на подзаконската регулатива, да изготви правилници со кои ќе се олесни примената на новиот закон за енергетика.
Сите предлози и забелешки, кои фирмите ќе ги достават до Здружението на енергетиката, ќе се разгледуваат на седница на Здружението, која ќе се одржи при крај на месец март или почетокот на април годинава. Перо Авакумовски
БИЗНИС ИНФО
18
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ
ОДРЖАНА ВТОРА СЕДНИЦА НА КЛУБОТ НА ИЗВОЗНИЦИ
На 27 февруари 2018 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа втората седница на Клубот на извозници. На седницата беа разгледани предлозите за идните активности, предвидени со Програмата за работа на Клубот.
Пред компаниите - членки беше презентиран каталогот: „Macedonian exporting directory“, наменет за промоција на компаниите-членки на Клубот со нивното извозно портфолио. Посебно изработениот каталог со детални информации за извозно ориентираните македонски компании - членки на Клубот, ќе биде достапен како промотивен материјал, проследен до сите потенцијални партнери во земјата и во странство, како и до странските претставништва во Македонија и дипломатскоконзуларните претставништва на Македонија во странство. Каталогот ќе биде достапен во текот на месец април годинава. На седницата беше одржана и презентација на ЕУ-проектот: „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“, којшто е наменет за подигање на конкурентноста
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
19
КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ на малите и средни претпријатија и имплементацијата на националните стратешки документи за конкурентност преку директна инволвираност на компаниите во процесот на добивање експертска поддршка во подготовката на извозната процедура и документација и други поврзани извозни активности (анализи, нови пазари, контакти со дистрибутивни мрежи и др.). Во соработка со Стопанската комора на Македонија, активностите на проектот ќе бидат имплементирани заедно компаниите - членки на Клубот на извозници.
Беше презентиран и проектот на УСАИД „Факторинг“, еден од главните компоненти при работењето на извозно ориентираните компании. Целта на проектот е зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија во Македонија со проширување на нивните пазарни можности преку искористување на алтернативни извори на финансирање. Членките на Клубот искажаа голем интерес на оваа тема, при што претседателот на Клубот, Глигор Цветанов, предложи на следниот состанок да се покани и Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), бидејќи оваа тема е од значителна важност за компаниите. Поради големиот интерес на македонските компании за извоз на пазарите на земјите од Блискиот Исток, Ангела Николовска од компанијата „ЈАРРА“ пред присутните ги презентираше можностите за соработка и пласман на своите производи на катарскиот пазар. Компанијата веќе две години активно работи на катарскиот пазар и успешно
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ извезува и пласира македонски производи од прехранбената индустрија. Можностите за соработка се големи за сите заинтересирани македонски компании, при што како една од опциите за наредниот период го посочи и Саемот за прехранбена индустрија „FOODEX“, каде што „ЈАРРА“ со свој штанд ќе ги претстави македонските компании и нивните производи под заедничко лого. На состанокот, на предлог на претседателот Цветанов, едногласно беше избран и втор потпретседател на Клубот на извозници, Илија Секуловски, директор на „Семос“ - Скопје. - Покрај тековните активности, во наредниот период Клубот ќе работи на формирање комисија за креирање посебни критериуми и правилник за оценување на извозните компании со цел доделување награди во 3 дадени категории: 1. Извозник на годината; 2. Дизајн на производ за странски пазар и 3. Најуспешна рекламна кампања. Овие награди би се доделувале на извозно ориентираните компании со цел стимулирање на нивната работа и промоција на нивните достигнувања, - додаде претседателот Цветанов. Компаниите - членки на Клубот едногласно се согласија со дадениот предлог, со
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
21
КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ тоа што сметаат дека покрај дадените категории за награди, истите би можеле да се прошират со тоа што повеќе компании би добиле признанија за своите достигнувања во различни категории. Клубот на извозници и во наредниот период ќе продолжи со своите активности со цел помагање на компаниите во нивната промоција, изнаоѓање нови пазари и поддршка на нивните извозно ориентирани активности. Клубот на извозници беше формиран на 5 декември 2017 година како посебна форма на организирање и работење при Стопанската комора на Македонија, чии основни приоритети се насочени кон помагање на своите членови во нивното надворешнотрговско работење, со цел развивање на трговските контакти и насочување на нивните извозно-увозни можности за повисоки облици на соработка, со цел надминување на сите посочени проблеми кои во моментот претставуваат пречка за зголемување на извозот на домашните компании. м-р Сања Николова
БИЗНИС ИНФО
22
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС СРЕДБА
БИЗНИС ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО САУДИСКА АРАБИЈА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА На 28 февруари 2018 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа состанок помеѓу бизнис делегација од Кралството Саудиска Арабија и Република Македонија. Бизнис делегацијата ја прими претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со претставници од 15 реномирани македонски компании. Бизнис делегацијата од Саудиска Арабија, составена од 12 успешни бизнисмени, во својот тридневен престој во Република Македонија, освен со претставниците на бизнис заедницата, оствари средби и со претседателот на Владата на Република Македонија, господинот Зоран Заев, и со претседателот на Собранието на Република Македонија, господинот Талат Џафери.
Посетата на делегацијата се одржа на иницијатива на амбасадорот на Република Македонија за Кралството Саудиска Арабија, Н.Е. Абдулкадар Мемеди. Н.Е. Мемеди
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
23
БИЗНИС СРЕДБА напомена дека оваа група успешни бизнисмени секоја година одржува бизнис собири во различни држави, со цел да најдат потенцијални можности за проширување на своето дејствување. Токму од тие причини, тој смета дека се од исклучителна важност и денешните средби со бизнис заедницата од Република Македонија. Претседателот Азески во своето обраќање истакна дека на Стопанската комора на Македонија и` причинува чест, после долго време, да угости делегација од Кралството Саудиска Арабија, и заеднички со стопанствениците од Р. Македонија да ги презентираат и да ги разгледаат потенцијалите и можностите за идна соработка меѓу двете земји.
Бизнис делегацијата беше предводена од почесниот конзул на Република Македонија во Џеда, Кралството Саудиска Арабија, господинот Абдулах Ал Наваисер. Тој во своето обраќање истакна дека во делегацијата којашто ја предводи има претставници на сериозни компании и субјекти кои дејствуваат не само во Саудиска Арабија но и пошироко, и кои заедно имаат над 6 милијарди САД долари годишен обрт. - Профилот и дејностите на компаниите покриваат различни индустриски сектори, како што се инженеринг и производство, градежништво, финансиски услуги, енергетика, недвижности, текстилна индустрија, прехранбена индустрија, хотелиерство и туризам и други, - додаде Наваисер. Тој напомена дека само во последната година Саудиска Арабија има инвестирано 350 милијарди САД долари во подобрување на инфраструктурната поврзаност,
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС СРЕДБА проект на којшто компании од соседните земји на Република Македонија активно учествувале, но, за жал, ниедна македонска компанија не била инволвирана во истиот. Од тие причини, смета дека во наредниот период потребно е активно да се работи на подобрување и зајакнување на релациите помеѓу двете земји, од коишто и двете страни би имале позитивни резултати. - Македонија нуди одлични можности за инвестирање на капитал од Саудиска Арабија, но има и одлични производи коишто би можеле да се пласираат на нашиот пазар, – истакна Наваисер.
По завршувањето на официјалниот дел, компаниите од двете страни имаа можност да се претстават и да разменат контакти за понатамошна соработка. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Кралството Саудиска Арабија во 2017 година достигна вредност од 9,1 милиони САД $, при што забележа опаѓање од 11,8% во однос на 2016 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 1,7 милиони САД $ со раст од 16,44%, додека увозното салдо изнесува 7,4 милиони САД $ со опаѓање од 16,5% споредено со 2016 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Кралството Саудиска Арабија во 2017 година остварен е трговски дефицит од 5,7 милиони САД $, кој бележи опаѓање споредено со 2016 година за скоро 23%. м-р Сања Николова
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
25
ар Н
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Quality Management
FS 549642
ај те
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
РАБОТНА СРЕДБА
РАБОТНА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ - потреба за консензус за поддршка на економските реформи од значење на бизнисот Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претставници на раководството на Комората остварија работна средба со раководството на ВМРОДПМНЕ, предводено од претседателот д-р Христијан Мицкоски.
На средбата се дискутираше за потребата за подобрување на постојната состојба на општите економски односи и конкурентноста, за поттикнување на економскиот раст на македонската економија, за предизвиците за обезбедување квалификувана работна сила согласно потребите на бизнис-заедницата и за други тековни прашања. Претседателот Азески го честиташе изборот на новото раководство на партијата, и посочи дека особено го радува околноста што новото раководство има бизнисопределба и што дел од нив и претходно и тековно се вклучени во работењето на Стопанската комора на Македонија. Тој посочи дека согласно генералната определба на Комората - отворените прашања да се решаваат преку дијалог, планирано е интензивирање на дискусијата за отворените економски прашања, преку одржување почести средби на кои ќе се разгледуваат стратешките прашања од значење за
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
27
РАБОТНА СРЕДБА македонската економија, но и на начин што сите иницијативи, предлози и забелешки кои од страна на Комората ќе се доставуваат до Владата ќе бидат доставувани и до ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Мицкоски, посочи дека политиките треба да бидат сервис на бизнисот, од причина што бизнисот е тој кој креира раст и отвора нови работни места, поради што взаемната координација и комуникација е од особен интерес. Тој посочи дека интензивирањето на комуникацијата ќе придонесе за подобра навигација на потребите на бизнисот, ќе обезбеди да се лоцираат потребите и да се предлагаат и креираат конкурентни економски решенија, кои ќе обезбедуваат позитивни резултати за приватниот сектор. Воедно, д-р Мицкоски наведе дека се планира сите решенија за економската политика кои ќе ги понудат да се темелат на соодветни анализи, а ќе се подготвуваат во соработка со бизнис-заедницата. Постигнат беше заклучок средбите од ваков тип да продолжат да се одржуваат и во иднина со редовна динамика, но и да се обезбеди поддршка за решенијата кои се поволни за потребите и интересите на бизнис-заедницата, без оглед на тековните политички случувања. Д-р Татјана Штерјова
28
БИЗНИС ИНФО
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
Oдржано второто предавање од модулот: „COACHING“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Coaching најдобро функционира кај оние личности кои секогаш се стремат да постигнат повеќе. Tаквите поединци, но и компании најчесто знаат што сакаат и за нив не постојат проблеми, туку исклучиво предизвици, кои доколку правилно се постават и се решат, овозможуваат простор за натамошен напредок. Според тоа, логичен е заклучокот дека обуката е брз и ефикасен начин за постигнување резултати. Клиентот, преку структуиран разговор, помогнат со конкретни алатки и техники, наместо да се концентрира на минати искуства или причини за актуелни состојби, се придвижува кон посакуваната цел. До целта стигнува преку конкретни чекори кои водат до фундаментални промени во ставот, однесувањето и навиките што ја прави coaching методологијата ориентирана кон акција или делување. Токму оваа карактеристика пак го прави coaching неодoлив за современите корпоративни култури на успешните компании. Лидерите во ваквите компании нужно ја применуваат coaching техниката во секојдневното работење, со цел да ја унапредат комуникација со своите тимови, како и да ја утрврдат позицијата на секогаш иновативни и резонантни лидери.
Предавачот Љупчо Георгиев на присутните им посочи дека coaching има покреативни идеи, модели и однесувања кои водат до успех.
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
29
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Задачата на обучувачот е јасно и непристрасно да претстави што работи и како работи клиентот, со цел заедно да дојдат до нови сознанија кои подоцна клиентот би ги пренел во секојдневниот живот. Развојот е клучен елемент на coaching. Развојот се дефинира како континуиран процес на раст и учење, па во склад со оваа дефиниција целта на coaching може да се дефинира и како личен и професионален развој на поединецот преку моменталните рамки. Coaching е успешен кога клиентот ќе ја надмине постојната блокада или ќе развие вештина (или способност) која му помага да оствари одредена цел. Основната цел на coaching е да се унапредат резултатите и учинокот на клиентите во најразлични деловни и животни области. Coaching има улога на покренувачка сила која ги ослободува човечките потенцијали за создавање нови и покреативни идеи, модели и однесувањa кои водат кон успех.
Бројните едукативни програми и обуки кои се вклучени во годишната програма ќе им овозможат на менаџерите да го поттикнат сопствениот стручен и професионален развој, но и да обезбедат адекватна и мотивирана работна сила, иновативни производи и конкурентска предност која произлегува од подготвеноста на менаџерот-претприемач да се носи со своите обврски и секојдневно да инвестира во својот тим. Валентина Цветковска
30
БИЗНИС ИНФО
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
ГРАДЕЖНИЦИТЕ ВО ДИЛЕМА - Каде да ги дадат предлозите за измена на законите за градење и просторно и урбанистичко планирање Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, на седницата одржана на 1.3.2018 година, расправаше по забелешките по Предлог-измените на Законот за градење и Законот за просторно планирање, кои се добиени од компаниите. На почетокот, претседателот на Здружението, Андреа Серафимовски, истакна дека досега на седници на Здружението се разгледувани и други два закона и тоа Законот за изменување и дополнувања на Законот за градежни производи и Нацрт-законот за јавни набавки. Забелешките по Законот за градежни производи се вградени во неговиот текст, а исто така е воспоставен е дијалог со Министерството за економија и прифатени се повеќе наши сугестии кои се однесуваат за временски рок за имплементација и спроведување на Законот за градежни производи. Договорено е производителите кои во производството ги користат стандардите од хармонизирано подрачје, веднаш да започнат постапка за сертифицирање, а последен рок е 30 септември 2018 година, а истиот рок важи и за производителите на агрегатите. Кај производството на производи од нехармонизирано подрачје, компаниите се известени дека треба да го започнат процесот на донесување национални стандарди и да направат почетно испитување на производството од страна на овластена лабораторија, а резултатите, односно документот ќе им послужи при пласирање на производот на пазарот, се’ до моментот на издавање на сертификатот. За Нацрт-законот за јавни набавки, исто така се расправаше на седница на Здружението, а пристигнатите забелешки се обработуваат и истите вградени во забелешките на ниво на Комората,
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
31
КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ ќе бидат доставени до Бирото за јавни набавки. Доколку постои интерес од страна на компаниите, сигурно ќе се закаже дополнителен состанок со претставници од БЈН. Поголема дискусија се водеше околу предложените измени на Законот за градење, добиени од страна на компаниите. Забелешките ги презентираше Марија Шекероски, претседател на Правната комисија при Здружението, при што истакна дека дадените забелешки се, пред се’, заради појаснување, подобрување на одредени членови, но и бришење на членови кои се пречка и создаваат тешкотии околу имплементација на самиот Закон. Измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање ги презентираше Јорго Шундовски, од фирмата„Форми“ – Битола, кој нагласи дека измените се направени, како што истакна, од повеќе аспекти и тоа заради дорегулирање на надлежностите на администрацијата, односно локалната самоуправа, зголемување на ингеренциите на планерите, дорегулирање на подзаконските акти и друго. Бидејќи измените само беа презентирани, беше заклучено, истите да се достават до компаниите и во разумен рок да дадат свое размислување, доколку е потребно дополнување со нови членови, но да се достават и забелешки до Стручната служба на Здружението. Се отвори прашањето кој е надлежен да ги добива и обработува забелешките. Се` уште добро не е дефинирана целата постапка, па затоа се добиваат различни информации за целиот процес на подготовка на текстовите на овие два закона. За таа цел се заклучи да се организира средба во текот на следната недела со претставници од ИЗИИС, Градежниот факултет, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и со Мирослав Грчев, со цел заеднички да се настапува со изградени ставови околу целиот процес на донесување на овие закони, но и изградување ставови за некои членови кои треба да бидат во интерес на компаниите и за инженерите, вклучувајќи ја и науката. Марија Петроска
32
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
33
БИЗНИС ИНФО
34
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 6.03.2018 година (вторник) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-
Преговарањето е процес од кој зависи успехот на целиот бизнис. Со добриот договор се отвора или затвора просторот за работа на компанијата. Затоа способноста, да се постигне поповолен договор е клучна за успешно работење и континуирано растење на организацијата. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? • За организации каде преговарањето е присутно во работењето и каде се освестуваат слабости во реализацијата на преговарањето; • За организации кои сакаат да ги усовршат своите преговарачки вештини; • За раководители од различни нивоа кои се вклучени во преговарачки процеси; • За вработени кои во своето работење имаат преговарање со клиенти и деловно партнери. Предавач: -Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 март 2018 година, Лондон, Велика Британија
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА САЕМОТ „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија
Европската мрежа на претприемачи ЕЕН Македонија при Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Велика Британија, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, рециклажа како и новини и трансфер на технологии во енергетиката. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 7 март 2018 година, во ExCel конференциски центар во Лондон, Велика Британија. Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://ecobuild2018.b2match. io/signup до 5 март 2018 година.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
36
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.3.2018 година (понеделник) 9:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
Стопанската комора на Македонија на 12 март 2018 година организира еднодневен семинар на тема: „Оптимизација и уредување на работното место по 5С методологија“. 5С методологијата е една од основните алатки за изградба на KAIZEN филозофијата, како и воспоставување на LEAN системот во производствените и непроизводствените претпријатија. Цел на семинарот е учесниците: • да ја разберат и да ја прифатат суштината на 5С методологијата; • да знаат да ги препознаат потребите за имплементирање на 5С; • да ги научат чекорите за имплементација и како да ги применат во пракса; • да научат да вршат евалуација на имплементираната 5С методологија; • да научат како да ги промовираат и да ги унапредат имплементираните 5С. Предавач: - Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад. Како директор на компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 13 март 2018 година (вторник) 9:30 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ
Се` поголем број претпријатија денес користат cloud базирана инфраструктура – виртуелни ресурси кои како сервис се обезбедуваат преку Интернет. Концептот на Cloud computing нуди големи можности за заштеда на ИТ-трошоци, но работењето во Cloud носи и одредени ризици. Тие безбедносни ризици можат да бидат значајно помали доколку за себе го најдете правото cloud решение и грижата за тоа да ја доверите на докажани специјалисти од ИТ-сферата. Целта на семинарот е учесниците: • да ги научат основните видови Cloud услуги и нивните специфичности; • да се запознаат со различните модели на безбедност на Cloud системите; • да се запознаат со безбедноста на Cloud инфраструктурата; • да се запознаат на кои начини може да се користи криптографијата во контрола на пристапот на Cloud средината; • да се запознаат со сигурносно управување на Cloud средината. Предавач: - доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Почитувани, Зголемената конкуренција на глобалниот пазар бара соодветна реакција од компаниите и нивно постојано приспособување на новиот начин на работа. Големите можности носат и големи одговорности, а бизнис секторот треба да ги искористи можностите на начин прифатен од пазарот. Имајќи за цел да предочиме на новите трендови во бизнисот, како и на приспособувањето на современите услови во насока на континуиран пазарен успех, на 16 март 2018 година во Скопје, Стопанската комора организира: САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ Имплементацијата на новата технологија во работењето на компаниите од малите земји им нуди неограничени можности. Достапноста до светскиот пазар ги доведува во скоро еднаква позиција со најголемите играчи во секторот и, секако, придонесува за зголемување на нивната конкурентност. Овогодинешната конференција има за цел да ги обработи темите поврзани со „blockchain“ технологијата и поврзаната регулатива, „crowdfunding“ моделите на алтернативно финансирање на бизнисите, роботика и автоматизација во корист на бизнисот и, секако, етичката страна на дигиталниот пазар. Учество на панел дискусиите ќе земат истакнати домашни и странски претставници од бизнисот, науката и државните институции. Информациите поврзани со темите и учесниците се наведени во агендата во прилог. Котизацијата за настанот по учесник изнесува 3100,00 ден + ДДВ, (секој дополнително пријавен учесник од исто правно лице добива 10% попуст). Вашето учество може да го пријавите со доставување на пријавниот лист на следните контакти: Борис Тримчев, е-адреса: boris@mchamber.mk, моб. 072 20 70 91 или Анита Рафајловска, е-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk, тел. 02 32 44 057
БИЗНИС ИНФО
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
СКМ-ЗП-РУ-04/02
ПРИЈАВЕН ЛИСТ
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ 16 март 2018 година (петок) 9:30 – 16:00 часот „Жан Митрев“ Клиника ул. Бледски договор бр.8, Скопје Име на компанијата: Даночен број (задолжително) Дејност Адреса /место: Телефон / мобилен: Број на пријавени учесници: Име на учесникот:
1.
Функција: Е-адреса: Име на учесникот:
2.
Функција: Е-адреса: Име на учесникот:
3.
Функција: Е-адреса: Вкупна котизација
Контакт: Борис Тримчев Телефон: 072 20 70 91 boris@mchamber.mk
3.658 денари за 1 учесник (3.100+ДДВ) Секој дополнително пријавен учесник од исто право лице добива 10% попуст Анита Рафајловска Телефон: 02 32 44 057 anita.mitrevska@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
40
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21-22.3.2018 година (среда-четврток) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ
Интергираната постапка ги дефинира редоследот на комплексни активности во процесот на деловно-административно работење со документи и записи, начинот на објавување, како и овластувањата и одговорностите за нивното извршување. Целна група - Директори/раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за деловно-административно работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на деловно-административно работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот за архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење е-деловодник). Извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање ресурси (човечки, технички и останати). Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 20 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.3.2018 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ДЕЛОТ НА: СУДСКА ПРЕСУДА КАКО ОСНОВ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ СО РАБОТА, ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа, пробна работа, правен основ за договор за вработување и другите договори, суспензија, права од договор за вработување и другите договори, потребно времено прекинување на социјалното осигурување, постапка пред отказ, и отказ поради штетно однесување, одавање деловна тајна и повреда на акти на рабoтодавачот, право на работа со скратено време и права од работен однос во случај на бременост, раѓање и родителство Предавачи: - д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје; - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II - Скопје и - Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II – Скопје.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
42
БИЗНИС ИНФО
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034
Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134 Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095
Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
БИЗНИС ИНФО
43
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632
Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921
Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912
www.mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk
44
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 02 Март 2018, Бр. 342
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка
goodini 1
922 - 2018
Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088