Бизнис ИНФО број 56 од 02.06.2011 година

Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

Број 56 од 02.06.2011

БИЗНИС ИНФО

контакт call центар (02) 15015

Се бројат деновите за усогласување со Законот за управување со амбалажниот отпад

1

www.mchamber.mk

СОСТОЈБИ Соларна енергија

СОНЦЕТО ГРЕЕ ПОПУСТО ВО МАКЕДОНИЈА! ТЕНДЕНЦИИ За две децении се предвидува цената на храната во светот двојно да се зголеми

ОД 1 ЈУЛИ „СО АРНО ИЛИ СО КАЗНИ“ ДО ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО СТАНУВА НАЈДОБАР БИЗНИС


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КОМПАНИИТЕ МОРА ДА ВОДАТ СМЕТКА

на Групацијата за климатизација, греење, праќаме предупредувачко писмо да се ладење и проветрување при Стопанската отстрани недостатокот во рок од месец дена. комора на Македонија) Следниот чекор е парична казна од 7 до 11 За енергетската ефикасност отсто од годишниот приход на компанијата. компаниите мора да водат сметка бидејќи токму енергијата е главна ставка во цената МИНИМАЛНИ КРИТЕРИУМИ ЗА КВАЛИТЕТ (Роберт Орданоски, директор на на производот. НА УСЛУГАТА Агенцијата за електронски комуникации) Поаѓајќи од тоа како да штедиме На операторите ќе им наложиме ДОПРВА СЕ ПРОБЛЕМИТЕ енергија, ги да одржуваат минимум потребно ниво на СО ПЕНЗИСКИТЕ ФОНДОВИ п р о е к т и р а м е квалитет на услугата. Тоа значи следно, при сите проекти. потпишување на договор за електронска За да се покачат пензиите и Се што правиме услуга имате информација за некоја да се намалат придонесите за пензиско правиме на начин најдобра процесна брзина на интернетот осигурување, неопходно е македонската максимално да која операторот ја нуди. На пример, сега економија да покаже пораст од најмалку 5 ја намалиме м о б и л н и т е отсто на годишно ниво. потрошувачката оператори се Пензискиот систем е таков каков на енергија. рекламираат што е, односно каква што ни е економијата. Водиме сметка д е к а Проблемот е двостран. Прво, луѓето да воведеме овозможуваат живеат подолго, а вработените ги плаќаат таква опрема која ќе прави поврат на брзина до 7,2 трошоците на пензионерите чиј број с` енергијата, односно уредите да бидат мегабити во повеќе се зголемува. Второ, со самото енергетски ефикасни. Без оглед дали се секунда или интегрирање во ЕУ, допрва се работи за струја, за топлина, за пареа или во жичениот очекува голем број млади луѓе за воздух, секогаш се трудиме енергијата да интернет се да ја напуштат земјата како не оди надвор од објектот. За таа намена нудат брзини до 10 мегабити во секунда. што беше случај во Бугарија и постојат клима-коморите. Тоа се клима- Но, тоа е теоретски, додека сигналот стигне со Романија. Тие луѓе, кои се уреди со таканаречени рекуператори, каде од централата до кај мене дома ќе падне на работоспособни, нема веќе што отпадниот воздух го загрева влезниот 1 мегабит. да придонесуваат во нашиот воздух, кој повторно се загрева за да Затоа воведуваме минимални систем, така што уште повеќе добиеме енергија. Тука станува збор за критериуми за квалитет кои значат следно, ќе се намали соодносот на заштеда на енергијата и до 60% во самиот јас кога купувам сервис точно знам колку вработени наспрема пензионери. уред. е минималната брзина која операторот Инаку, во моментов соодносот Секоја инвестиција зависи од мора да ми ја обезбеди. И врз основа на вработени наспрема пензионери изнесува намената на објектот. На пример, како таа минимална брзина се дефинира цената. 1,3:1. Во старите земји-членки на ЕУ, како проектант на енергетски ефикасните Ако сум задоволен со 1 мегабит во секунда на пример во Холандија, овој сооднос е 5:1, уреди во хотелот и казиното „Принцес“, со и потпишам договор за таа цена и ако што значи петмина вработени работат за инвестиција од околу два милиони евра, докажам пред инспекторатот на АЕК дека еден пензионер. која ќе се врати за три до четири години, операторот не ми ја овозможил таа брзина, годишно се штеди од 50% до 60% енергија. тој ќе сноси санкции. Мерките кои може (Јанко Тренковски, претседател (Илија Тикваровски, претседател да се преземат кон операторите се следни, на „КБ Прво пензиско друштво“)

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер за 2011 година

Покровители

на


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Се бројат деновите за усогласување со Законот за управување со амбалажниот отпад

ОД 1 ЈУЛИ „СО АРНО ИЛИ СО КАЗНИ“ ДО ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Компаниите имаат уште 30 дена да одлучат како ќе се грижат за амбалажниот отпад. До 30 јуни мора да се усогласат со Законот за управување со пакување и отпад од пакување што стапи на сила пред шест месеци. Ова беше истакнато на редовната пресконференција во Стопанската комора на Македонија (30.5.2011 година). Притоа, беше истакнато, дека обврска согласно Законот имаат и општините. Треба да се погрижат за поставување контејнери за селективно собирање на отпадот.

- Законот предвидува три опции за фирмите: сами да го собираат амбалажниот отпад од крајните корисници и да го носат на рециклирање што е прилично скапа вариjанта, да се здружат во една компанија или оваа обврска да ја препуштат на државата, но за тоа да и` плаќаат

според предвидениот тарифник што исто така не е евтино, рече Филип Ивановски, директор на „Пакомак“, засега единствена регистрирана компанија за собирање амбалажен отпад во земјава. Според него, разликата во цена за собирање отпад доколку оваа услуга ја прави државата или „Пакомак“ е огромна, за тон пластика 310 евра наспроти 26 евра или за хартија 101 евро наспроти 25 евра за тон. Филип Ивановски Во Македонија се проценува дека годишно има околу 100.000 тони амбалежен отпад. Државата може да го рециклира речиси целото количество и сите видови, освен стаклото. Филип Ивановски нагласи дека во рамки на предвидените активности ќе се направат напори за формализирање на досегашните „диви“ собирачи, чија бројка е околу три до пет илјади.

СОВЕТУВАЊА Асоцијација на секундарни суровини и рециклатори ЕКОЛОГИЈАТА СО НАЈГОЛЕМ БЕНЕФИТ ОД КВАЛИТЕТНОТО УПРАВУВАЊЕ СО АМБАЛАЖНИОТ ОТПАД Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија, во рамките на ЕEN Проектот, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, на 26 мај 2011 година одржа советување на тема: Примена на законот за управување со пакување

и отпад од пакување - права, одговорности, отворени прашања, информации. Покрај членките на асоцијацијата на советувањето учествуваа и претставници на други сектори: хемиската, прехрамбена, електроиндустрија, и други. Големиот интересбеше предизвикан и од актуелноста на регулативите за амбалажниот отпад , особено што до нивната примена остануваат уште 30тина дена. Основната цел на советувањето беше низ отворен дијалог на бизнис заедницата со претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање и фирмата за менаџирање на процесот на третирање на амбалажниот отпад за да се разјаснат отворените прашања и да се дојде до успешна практична примена на Законот за управување со пакувања и отпад од пакување, значајна од аспект на квалитетно управување со отпад и заштита на животната

средина. Имено, заедничката цел со успешната примена на оваа регулатива со европски предзнак, со која се прави уште еден чекор во приближувањето на Република Македонија кон ЕУ, е да се намали штетното влијание врз животната средина од отпадот од пакувања и да се обезбеди негова преработка и повторна употреба, односно рециклирање на амбалажниот отпад. - Придобивките од примената на оваа регулатива се повеќекратни, а во крајна линија, сигурно ќе допринесе во зголемување на конкурентноста на нашите производи на европскиот пазар, истакна Филип Иванов, директор на Управата за животна средина. - Законот е доста либерален и остава простор создавчите на отпадот од пакувања, главно индустријата и увозниците, самостојно да го определат начинот на раегулирање и спроведување на управувањето со овој вид отпад. Претставникот на Минситерството за животна средина, во презентацијата на постојната регулатива за амбалажниот отпад посебно се задржа на трите можности што ги дава законот за начини за


4

СОВЕТУВАЊА постапување со отпад од пакување. Првата е воспоставување колективен систем од страна на субјектите кои се опфатени со законот, како непрофитна организација. Како алтернатива се дава можност за воведување и на индивидуален систем, самостојни постапувачи, за што е потребно, исто

така, да се добие лиценца од МЖСПП, а постои можност и за воведување на кауција на повратно пакување, доколку се докаже дека правното лице воспоставило соодветен систем за тоа, а кој нема да го наруши пазарот ниту да ги доведе во прашање реализирањето на целите утврдени во законот.

БИЗНИС ИНФО Во Република Македонија формирана и веќе четири месеци делува фирма за менаџирање на процесот на третирање на амбалажниот отпад – „Пакомак“, а нејзиниот директор, Филип Ивановски ги запозна присутните за досегашните активности, бројот и профилот на компаниите кои се приклучија кон овој систам на управување со отпад од пакување и за натамошните планирани активности со останатите субјекти кои ги засега оваа законска регулатива. Тој посебно ја истакна определбата, која секако е најрационална во дадените услови, за користење на постојната мрежа на собирање и третирање на неопасен отпад, која всушност ја сочинуваат членките на Асоцијацијата. Секако станува збот за субјекти кои ги поседуваат потребните дозволи за собирање и постапување со неопасен отпад. На тој начин се даде одговор

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

на едно суштествено прашање: што со постојната мрежа на субјекти кои постапуваат со неопасен отпад, во кој е вклучен и амалажниот ( 99% од овој вид на отпад е неопасен) и во тој контекст потребното дефинирање на технологијата на работа со цел да се унапреди дејноста. Дијалогот помеѓу фирмата за менаџирање на амбалажниот отпад и членките на Aсоцијацијата ќе продолжи во насока на додефинирање на условите за натамошна успешна соработка. Претставниците на Министерството изразија подготвеност за евентуални дополнителни појаснувања на законската регулатива, а за нејзина успешна примена ќе придонесе и Националната програма за управување со отпад од пакувања на Републиак Македонија за периодот 2011-2016 година, која е во фаза на донесување. Зорица Мешкова

СОРАБОТКА

ПОСЕТИ

Средба на македонски компании со економските промотори на земјава во САД, Велика Британија, Турција, Белгија, Канада и Франција КОМОРСКА ЛОГИСТИКА ЗАРАДИ ПОГОЛЕМ ПРОТОК НА ИНФОРМАЦИИ

Претставници на Трговско-индустриската комора на Лорка, од шпанскиот регион Мурсија, во посета на Стопанската комора на Македонија МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Во рамките на подготовките на идните економски промотори во САД, Британија, Турција, Белгија, Канада и Франција, кои треба да заминат на своите обврски во септември годинава, Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, организираа брифинг и средби со компании заинтересирани за извозот во овие земји во Стопанскта комора на Мaкедонија (30 мај 2011 година). Оваа иницијатива е резултат на барањата на членките на Стопанската комора на Македонија, изразени при разгледување на Нацрт-стратегијата за промоција на извозот на Република Македонија (4 февруари 2011 година), а тоа е “да се овозможи подобро запознавање со производите и производните програми наменети за пласман на одделни пазари, преку директни контакти на компаниите со промоторите“. На средбата со промоторите, на која учествуваа преку дваесетина македонски компании, уште еднаш, од страна на деловните луѓе се истакна значењето на директната комуникација со промоторите и потребата од воспоставување на систем на проток на информации. Во таа смисла, Стопанската комора на Македонија ги понуди своите промотивни логистички ресурси. Љубица Нури

Регионот Мурсија е главно земјоделски регион, со производство на месо и преработки, особено свинско и говедско, на зеленчук, текстилна индустрија, производство на шалитра, барут, топење на олово и производи и преработки од олово. Извозот на свинско месо и преработки, како и на текстил, доминираат во економијата на Лорка, – истакнаа претставниците од Трговско-индустриската комора на Лорка, Инмацулада Асенсио Диаз, директор на Одделот за меѓународна соработка и Октавио Калдерон Морено, генерален менаџер на Трговската и консултантска компанија „Алхамбра“. Тие се во обиколка на регионот со цел испитување на можностите за соработка и притоа ја посетија и Стопанската комора на Македонија (30.5.2011 година). Општината Лорка, со цел зајакнување на економијата доделува земјиште за проекти од областа на иновациите и истражувањето, за да се подигнат развојни центри, како и земјиште за унапредување на аграрот. Моментално се доделени 52 хектара за 60 локални претприемачки проекти, 77 хектари за инвестиции кои ќе отворат нови работни места, и 132 хектара се доделени на турски и на израелски инвеститори за развој на корпоративни проекти, со кои треба да се развијат пет индустриски паркови. Регионот на Западен Балкан од 1 јануари 2012 година се приклучува кон Регионалната конвенција за пан-евро–мед преференцијално потекло на стоки, а со имплементација на ЦЕФТА, се создава слободна трговска област и се отвараат можности за заедничка економска соработка. Љубица Нури


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

БИЗНИС ИНФО

Презентација на белградскиот меѓународен саем за храна и пијалоци „CULINARIA FINE FOOD“ ШАНСА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ДА СЕ НАЈДАТ НА РАФТОВИТЕ ВО ПОЗНАТИТЕ СВЕТСКИ МАРКЕТИ Специјализираниот саем за храна и пијалоци „Culinaria Fine Food“ нуди единствена можност на македонските компании да се сретнат со светски познатите синџири на маркети како “Лидл”, “Теско” , “Метро” и други. Се работи за една од најзначајните и и најпрестижните саемски манифестации во Југоисточна Европа од областа на прехранбената индустрија.

- Оваа саемска манифестација има за цел да ги поврзе производителите на храна и пијалоци со одбраните професионални купувачи од регионот и Европа, од извозноувозните трговски фирми преку големите ланци маркети и специјализираните продавници за деликатесна храна до, генерално, сите субјекти од секторите хотелиерство и угостителство, вклучувајќи и кафетерии, - истакна Сања Релиќ , проект- менаџер на „Culinaria fine food“. Според организаторите, меѓу изложувачите ќе има извозно-увозни трговски куќи од повеќе земји, големи синџири на супермаркети, мали и средни претпријатија,

5

МОЖНОСТИ

домашни бизниси, ресторани и производители на храна. Саемот е ориентиран првенствено кон професионалните купувачи, којшто преку концептот на непосредна комуникација и однапред закажани средби овозможува остварување директно контакти меѓу излагачите и домашните и странски купувачи како што се: Lidl, Tesco UK, Globus, Supreme Group, Ax Food, Horeca , малопродажни трговски синџири, увозници ... „Culinaria fine food“ вторпат се одржува во Белград, во БелЕкспо Центарот, годинава под мотото „Чудесниот свет на храната и пијалоците“. Веќе е потврдено учеството на реномирани европски производители на млеко и млечни производи, месо и месни производи, деликатесна храна, риби и морски плодови, леб, пекарски производи и тестенини, кондиторски производи, сокови, напитоци, вода, пиво, вино, жестоки пијалоци, чај, кафе, органска храна, регионални специјалитети, зачини и други додатоци за храна и пијалоци, свежо и смрзнато овошје и зелечнук и преработки. Оваа година, со цел поврзување со дистрибутери и производители на храна и пијалоци, на посебен штанд ќе се претстави и НАТО алијансата. Саемот го организира компанијата „Жижгин“ под покровителство на УСАИД Агробизнис, ГИЗ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (СИЕПА), како и на Стопанската комора на Србија. Меѓународниот саем за храна и пијалоци „Culinaria Fine Food“ ќе се одржи од 28 до 30 септември 2011 година. Стопанската комора на Македонија, во договор со саемскиот организатор, под повластени услови, организира учество на македонските компании на заеднички штанд на годинешното издание на „Culinaria Fine Food“. Влатко Стојановски

СРЕДБИ Прва меѓународна конференција на бизнис-жени од регионот „СО ЗДРУЖЕНИ ЖЕНИ ОД РЕГИОНОТ ПОБРЗО ВО ЕУ“ На 27 и 28 мај 2011 година, Регионалната стопанска комора на Лесковац, во Република Србија, беше домаќин на Првата меѓународна конференција на бизнис-жени од регионот, како и на Третата конференција на асоцијациите на жени-претприемачи од Република Србија. Манифестацијата се одржа во мотелот „Предејане“. Првата меѓународна конференција на бизнис-жени од регионот беше во знак на мотото: „Со здружени жени од регионот побрзо во ЕУ“. Конференцијата ја отвори Горан Јовиќ, претседател на Регионалната стопанска комора на Лесковац, кој во своето обраќање го истакна значењето на жената во секојдневниот живот, посебно апострофирајќи ја

потребата од нејзино вклучување во стопанството и на тој начин создавање на успешни деловни жени. Економската соработка на жените-претприемачи од земјите од Балканот и земјите-членки на Европската унија, размената на искуства, идеи и знаења - беа главните теми на коишто се стави акцент на Конференцијата. Исто така, беа разгледани актуелни теми од современиот начин на деловното работење, како што се европската

интеграција, меѓународното вмрежување на жените-претприемачи, бизнис-портал за жени-претприемачи, руралниот туризам - можност за успешно работење, агро-бизнисот – производствo на органска храна, сервисните услуги, трговијата и маркетингот. На Конференцијата беа организирани предавања, презентации, а воедно, учесничките имаа можност да ги прикажат своите бизнис-идеи, производи и успеси на изложбата што имаше и продажен карактер. Воедно, беше организирана и модна ревија на женска и машка конфекција, дизајнирана и изработена од врвни модни креаторки. Во организација на Стопанската комора на Македонија, делегација од бизнис-жени учествуваа на Првата меѓународна конференција на бизнис-жени од регионот. На изложбените и продажни штандови беа изложени производи од


6

ПОРАКИ

БИЗНИС ИНФО

Македонија. Посебен интерес предизвикаа охридскиот бисер, производите на „Комфи Ангел“, препаратите за коса на природна база на „КХ“, како и женска конфекција. Македонската женска бизнис-делегација со претседателот на Регионалната стопанска комора на Лесковац, Горан Јовиќ

На Конференцијата беа промовирани и првите 10 бизнис-жени – амбасадори, избрани од Националната агенција за претприемништво на Република Србија. Воедно, на Конференцијата се претстави и Валентина Тасева, извршен директор на „СЕМОС Едукација“, како добитник на прва награда за извонредни достигнувања во бизнисот и индустријата од Европската банка за обнова и развој. Во рамките на Конференцијата се одржа работна средба во Регионалната стопанска комора на Лесковац, каде што претседателот Горан Јовиќ во своето исцрпно излагање ја претстави работата на Комората и нејзиното значење за Јабланечкиот и Пчињскиот регион, што ги

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

ЗДРУЖЕНИ ДО ВРВНИ РЕЗУЛТАТИ Првото здружение на жени-претприемачи е формирано во 1945 година, веднаш после Втората светска војна, во Франција, од страна на госпоѓата Фуарон, чиј сопруг имал приватна фабрика. Но, бидејќи тој загинал во војната, таа се здружила со повеќе богати жени, кои што исто така имале свои фабрики, и го формирале тоа здружение. Такви здруженија многу брзо потоа се формирале во Велика Британија, па во Канада и во Соединетите Американски Држави. Денес жените се врвни претприемачи со сопствени бизниси, кои вработуваат голем број лица. Користејќи го своето знаење, способноста за комуникација и своите контакти, тие остваруваат врвни резултати во своето работење. покрива оваа Комора. Воедно, тој ги претстави можностите на овој регион и ги повика присутните за воспоставување деловна соработка. Регионот што го покрива Комората на Лесковац зафаќа 14 општини, со 485.000 жители, 14.000 компании. Таа е прва регионална комора која ги заштитила лесковачката скара и лесковачкиот ајвар како брендови од овој крај. Станка Дамјановска

ПОРАКИ Македонските компании на “TEXPO EURASIA 2011’’ во Истанбул, Република Турција УВИД ВО НАЈНОВИТЕ СВЕТСКИ ДВИЖЕЊА ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА Делегациија од 20-тина македонски компании, предводени од Стопанската комора на Македонија, во периодот од 28 до 31 мај 2011 година, го посетија 28. Саем за текстил, ткаење, предива, плетење, везење, трикотажа и машини за текстил „TEXPO EURASIA 2011“, како и 8. Меѓународен саем за предива „INTERNATIONAL ISTANBUL YARN FAIR“. На оваа саемска манифестација, која е една од најголемите во регионот од областа на текстилната индустрија, земаа учество голем број водечки компании од преку 20 земји во светот (Кина, Индија, Пакистан и други земји од Блискиот Исток), а го посетија околу 100 илјади посетители. Македонските компании имаа можност да се запознаат со најновите светски движења во областа на текстилната дејност, современите технологии, опрема и алати за машинска обработка на текстилот, како и разни машини за современа обработка на предива и трикотажа. Новите модели и современиот дизајн на сите видови на машини кои беа изложени на Саемот “TEX-

PO EURASIA 2011’’ се добра платформа за македонските производители да ги следат најновите трендови во текстилната индустрија, како и можност за отворање на перспективи за осовременување и збогатување на нивниот асортиман на производи. Стопанствениците од Македонија имаа успешна посета на Саемот, остварија бројни контакти со турските и останатите излагачи, а исто така остварија и билатерални средби, на коишто беше изразена желбата за натамошна соработка. Се очекува во догледно време контактите да се претворат во реални бизнис-потфати. Сашо Деспотоски


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

БИЗНИС ИНФО

Трибината на Млекарница Битола – „БиМилк“ по повод 1 јуни - Светскиот ден на млекото ДОПОЛНИТЕЛЕН НАПОР ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА Сите инволвирани страни да вложат дополнителен напор за подобрување на состојбите во млечната индустрија. Фармерите да го подобрат квалитетот на млекото, но и да го зголемат производството за да се надмине моменталниот недостиг, преработувачките центри да дадат поттик за зголемување на откупот, да обезбедат гаранција за кредити, да помогнат во узвозот на висококвалитетни јуници и евтина сточна храна, а државата да направи измени во Законот за субвенции, па стимулациите да се даваат по постигнат квалитет, а не по квантитет.

7

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

според проектот вкупната должина на цевководот ќе биде 1500 метри. Откако постои ЈП „Стрежево“, оваа е најсушната година, но благодарение на доброто менаџирање на претпријатието во моментов имаме 101 милион кубни метри вода, што е сосема доволно за задоволување на сите потреби и услуги кои ги даваме во двата сектора, односно вода за пиење и за наводнување, истакна Бошевски, а го цитира МИА. На промотовниот настан кој го следеа и градоначалникот и претседателката на Советот на општина Битола Владимир Талески и Лилјана Кузмановска, менаџерскиот тим на ЈП Хидросистем „Стрежево“ најави ревитализација на останатите делови од системот за што има поддршка од Владата на Република Македонија. Шпаркасе банка Македонија АД - Скопје со позитивни финансиски резултати за 2010 година ПОРАСТ НА КРЕДИТНОТО ПОРТФОЛИО ЗА 29,9 ОТСТО

Роко Водопија Ова е заклучокот од трибината што ја организира Млекарницата Битола – „БиМилк“ по повод 1 јуни Светскиот ден на млекото, а пренесува МИА. На трибината присуствуваа 50-тина фармери кооперанти на „БиМилк“, претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. По дискусијата, „БиМилк“ им додели признанија на најуспешните фармери во 2010 година. - Нашите кооперанти се исклучително значајни за компанијата. Инвестираат во развој на сопствените фарми и во подобрување на квалитетот. Овие нивни напори „БиМилк“ ќе ги поддржи. Нашата примарна цел е зголемување на откупната база и на откупот, - истакнал генералниот директор на „БиМилк“ Роко Водопија. „БиМилк“ ќе продолжи да ги поддржува фармерите во процесот на користење средства од ИПАРД-програмата и наменски кредити, а како што најави Водопија, ќе обезбеди и помош за набавки на сточна храна и јуници. Моментно компанијата соработува со повеќе од 1.400 фармери и го откупува целото нивно млеко. ЈП Хидросистем „Стрежево“ – Битола ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВ РЕГИОНАЛЕН ЦЕВКОВОД ЈП Хидросистем „Стрежево“ во битолското село Лисолај почна со изградба на нов регионален цевковод со кој ќе биде надминат тридецениски стариот проблем со вода за наводнување на земјоделските површини во тој крај. На средба со новинарите, генералниот директор на ЈП „Стрежево“ Љупчо Бошевски потврди дека првите 500 метри од цевководот ќе бидат завршени во кус рок, а

Според ревидираните финансиски извештаи за 2010 година Шпаркасе банка Македонија АД - Скопје покажа пораст на активата, како и пораст во севкупните параметри од работењето лани. Вкупната билансна сума на крајот на 2010 година бележи пораст од 41,1% во однос на минатата година и изнесува вкупно 14.888.840 милиони денари, пораст на клиентската база од 17 % во делот на население, како и раст од 11% во делот на правните лица. Банката забележа пораст на кредитното портфолио за 29,9%, во услови на пораст на кредитното портфолио од 7,1% на ниво на банкарскиот сектор на Република Македонија. Кај кредитите за население се забележа пораст од 39%, додека кај кредитите за правни лица порастот изнесува 26,3 %. Лани имало пораст на депозитната база од 55,3%, додека порастот на депозитната база на ниво на банкарскиот сектор за 2010 година изнесува 13,5 %. Порастот на депозитите од правни лица на 31 декември 2010 година изнесуваше 60,9%, додека кај населението изнесува 42,7 %. Нето-профитот по оданочување изнесува 2,4 милиони денари и стапката на адекватност на капиталот од 15,7% на 31 декември 2010 година. На годишното Собрание на акционери, одржано на 25 мај 2011 година, беше донесена и усвоена одлука за зголемување на акционерскиот капитал на Банката за дополнителни 8 милиони евра, што само ќе ја зацврсти стабилноста на Шпаркасе и ќе послужи како основа за финансирање на планираниот пораст во наредниот период.


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Препораки за зголемување на интересот на инвеститорите за Македонија ПОКРАЈ ПОСТОЈНИТЕ И НОВИ ПОВОЛНОСТИ ЗА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ Во Македонија, и покрај подобрувањето на деловното опкружување, се` уште постојат пречки кои влијаат на интересот на инвеститорите. Може да се надминат преку ефикасно спроведување на постојаната регулатива, но и дополнителни промени во регулаторната рамка, пред се`, во пристапот на инвеститорите до земјиште и обезбедување градежни дозволи, како и на условите од кои зависи вработувањето. Тоа се дел од оценките и препораките во денеска презентираниот Извештај за инвестициската политика на Македонија со Програма за поттикнување на инвестициите за периодот 2011-2014 година, што на барање на Министерството за економија го изработи УНКТАД.

Во препораките се наведува дека е потребно и подобрување на координацијата на институциите во креирањето и спроведувањето на владините политики за инвестициите, конкурентноста и индустриските политики, како и институционално зајакнување и поефикасна институционална структура за промовирање на инвестиците. Македонија, општо земено, има добро развиена инвестициска рамка и од тие причини би препорачала да се фокусирате на оние елементи за деловната заедница како што се договорите за градба и регулативата за вработување кои стануваат тесни грла на патот кон привлекувањето странски директни инвестиции, рекла на презентацијата Шантел Дупасие, раководител на Секторот за извештаи за инвестициска политика при УНКТАД, а ја цитира МИА. Според неа, неопходно е да се посвети повеќе внимание на политиките за поволностите за директните странски инвестиции, покрај постојните. Таа оцени дека е добро што добар дел од препораките во Извештајот се вклучени во Програмата за поттикнување на инвестиции, која треба да биде одобрена од Владата и од Собранието. Странските инвестиции во Македонија во првите два месеца од годинава изнесуваат 100 милиони евра, што за директорот на Агенцијата за странски инвестици и промоција на извозот Виктор Мизо е позитивен тренд споредено со истиот период лани и нивото на инвестициите во текот на цела 2010 година. Годинава, смета Мизо, сигурно ќе има зголемување на бројот на инвестициите

во однос на тие од лани и на компании кои ќе изградат нови производствени капацитети, односно гринфилд-инвестиции, со што истовремено ќе има повеќе вработувања. Таквите очекувања ги темели на, како што рече, зголемениот интерес во последните два месеци за инвестиции во регионот од страна на десетина компании од САД, Германија, Италија, Индија... од различни области, автомобилската, машинската индустрија, електрониката... Тие биле заинтересирани или да го прошират нивниот производствен капацитет во Европа или да префрлат дел од постојното производство за да ги намалат трошоците.

кога тие имаат одлично изработени бизнис планови, банките редовно бараат силни обезбедувања неколку пати повисоки од вредноста на самиот бизнис што се предлага. Така одлични проекти кои би отвориле и по неколку стотици работни места во кратко време не можат да се реализираат, рекол Љупчо Зиков, претседател на Мрежата на бизнис ангели. Акцискиот план за енергетски одржлив развој на Град Скопје ДО 2020 ГОДИНА ПЕТТИНА ПОМАЛА ЕМИСИЈА НА ЦО2

Намалување на емисијата на ЦО2 за повеќе од 20 отсто до 2020 година предвидува финалната верзија на „Акцискиот план за енергетски одржлив развој на Град Скопје“ (СЕАП). Планот, што беше презентиран во градскиот Совет, е Центарот за иновации при една од главните обврски на „Повелбата Проектот на УСАИД за конкурентност ја на градоначалници“, чиј потписник е и Град лансираше првата мрежа на бизнис ангели Скопје. во Македонија. Оваа мрежа претставува формална мрежа на „ангели“ инвеститори – претприемачи и богати поединци подготвени да инвестираат сопствени финансиски средства, знаење, вештини и социјален капитал во нови и иновативни бизнис идеи со потенцијал за висок раст. - Следејќи го примерот на многу земји, бизнис-ангелите се одличен начин за финансирање старт-ап бизниси, особено оние кои се ориентирани кон иновации, - смета Роберт Вурц, директор на мисијата на УСАИД, а го цитира МИА. - Овие ангели обезбедуваат финансирање за претприемачи кои, во нормални услови, не би имале пристап до финансии. Презентацијата на планот ја одржаа Весна Колега од Регионалната енергетска агенција на Северозападна Хрватска (РЕГЕА) и проф. д-р Константин Димитров од Македонскиот центар за енергетска ефикасност (МАЦЕФ) од Скопје. Д-р Константин Димитров рекол, како што објавува МИА, дека примерите и сознанијата од регионот се пренесуваат во овој план, кој предвидува кои мерки и во кој период треба да ги спроведе Град Скопје. - Мерките се однесуваат на неколку сектори, згради, сообраќај и Новоформираната мрежа на улично осветлување. Ова се три сектори бизнис ангели веќе има 10 членови - каде што Градот може да влијае и кои доста бизнис-ангели и десетина предлози за загадуваат, истакнал Димитров и додал оти бизнис кои моментално се евалуираат. Со СЕАП е подготвен од МАЦЕФ, консултант или цел да ги направи своите услуги достапни соработник е РЕГЕА, а финансиран е од ГИЗ на пошироката јавност, мрежата наскоро (Германска меѓународна помош). ќе објави повик за бизнис-предлози од Тој информира дека нацрт-верзијата потенцијални клиенти, како и за нови ангели- на СЕАП-от била презентирана пред еден инвеститори заинтересирани да се приклучат месец, а забелешките и препораките се кон мрежата. Во обид да се поврзат ангелите внесени. Овој план се подготвувал една со можностите за инвестирање во старт-ап година. бизнисите, ќе биде организирана и вечера Весна Колега потенцирала со ангели-инвеститори. дека има повеќе фактори за успешна Многу надежни проекти имплементација на овој СЕАП, како разработени од силно мотивирани личности политичка волја, комуникациски канали, со визија не го добиваат заслуженото поддршка од владините субјекти и поддршка внимание од финансиските институции. од граѓаните. Многу претприемачи во стартот не наидуваат на разбирање кај банките за финансирање на нивните проекти. Многу често и во случаи Формирана првата мрежа на бизнис ангели во Македонија ФИНАНСИРАЊЕ СТАРТ-АП БИЗНИСИ ОРИЕНТИРАНИ КОН ИНОВАЦИИ


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

БИЗНИС ИНФО

9

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Промени во правилата за тргување и за Министерството за земјоделство, котација на Берзата шумарство и водостопанство подготви ВОВЕДУВАЊЕ „МАРКЕТМЕЈКИНГ“ нови правилници за распределба на државно земјоделско земјиште Со промени во Правилата за ПРЕДНОСТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИ И МЕСНОТО тргување на Македонската берза АД - Скопје НАСЕЛЕНИЕ е овозможено воведување поддржувачи на ликвидност т.н. маркет мејкери, соопшува Министерството за земјоделство, Комисијата за хартии од вредност која даде шумарство и водостопанство изготви нови согласност на измените и дополнувањата правилници за подобрување на условите на берзанските правила на последната за распределба на државно земјоделско седница. земјиште. Од ресорното Министерство посочуваат дека со предложените измени на Правилникот за поблиски критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште ќе се отстрани можноста под еднакви услови, кој и да било со регистрирана подружница да му конкурира на месното население каде што се наоѓа земјиштето. Се предлага преку бодувањето да им се даде предност на заинтересираните земјоделци и фирми кои гравитираат на тоа подрачје, односно доколку понудувачот е подружница на домашно правно лице да се земе предвид седиштето на фирмата која ја основала подружницата. Тоа значи дека доколку подружницата конкурира за земјоделско земјиште различно од Според КХВ, маркет мејкер може седиштето каде се наоѓа фирмата нема да да биде секоја брокерска куќа и овластена освои бодови по тој основ. банка која има овластување за тргување во свое име и за своја сметка и има склучено договор со Македонската берза за „маркетмејкинг“ работи. - Маркет мејкерот создава пазар за одредена хартија од вредност, така што во Бест системот на Берзата внесува лимитирани куповни и продажни налози за хартијата од вредност и склучува трансакции врз основа на тие налози во Министерството предвидува рамките на класичното тргување. На тој измени и во бодувањето по основ на начин, маркет мејкерите придонесуваат правниот статус на понудувачот со цел да се зголемат обемот на тргување, намалување на можноста земјиштето да ликвидноста на хартијата и длабочината на го добијат лица на кои земјоделството не пазарот, а се намалува распонот во цените им е приоритетна дејност, а се впишани на поединечните хартии од вредност, - се во единствениот регистар на земјоделски вели во соопштението. стопанства. Една членка, како што појаснуваат Исто така, за поголемо од КХВ, може да се пријави за поддржувач производство на добиточна храна и со цел на ликвидноста на една или повеќе хартии да им се помогне на сточарите, во иднина од вредност, а истовремено една хартија се планира поголема предност да им се од вредност може да има еден или повеќе дава на понудувачите кои аплицираат за маркет мејкери. Маркет мејкерите на одгледување на житни и фуражни култури финансиските пазари уште се нарекуваат и преку дополнителни бодови. специјалисти или liquidity providerм. На последната седница КХВ даде согласност и на измените и дополнувањата Идниот месец почнува идентификацијата на Правилата за котација на Македонската на земјишните парцели берза АД - Скопје, со кои се подигнуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ КОИ стандардите за обелоденување на ценовно БАРААТ СУБВЕНЦИИ чувствителните информации од страна на котираните друштва. Со овие корекции, Министерството за земјоделство, Правилата за котација се усогласуваат со шумарство и водостопанство (МЗШВ) идниот измените и дополнувањата на Законот за месец ќе почне со имплементирање на трговски друштва, - се вели во соопштението Системот за идентификација на земјишните од КХВ. парцели (СИЗП).Системот како основа користи авионски снимки со кои е покриена целата територија на државата. - СИЗП служи за идентификување на парцелите што земјоделеците тековно

ги обработуваат и претставува основна алатка за администрирање и контрола преку која ќе се врши проверка на барањата на фармерите за добивање финансиска поддршка од националниот буџет и од ЕУ фондовите. СИЗП е воедно и предуслов за пристапување на Македонија во ЕУ, велат од Министерството, а наведува МИА.

Регистрирањето во Системот е задолжително за сите земјоделци кои бараат субвенции. За нивно подобро информирање околу целта и начинот на евиденција МЗШВ ќе спроведе медиумска кампања во електронските и печатените медиуми. Веќе се подготвени и печатени материјали во вид на брошури наменети за производителите каде конкретно е објаснето што значи СИЗП, зошто е потребно да се воспостави, кои се неговите цели и придобивки. Информативните материјали земјоделците ќе можат да ги добијат во подрачните единици на Министерството за земјоделство и во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството. За детално информирање е изготвена и посебна веб страница www.sizp.gov.mk. Битолскиот универзитет и Центарот за развој на Југозападниот плански регион потпишаа Меморандум за соработка ПОДГОТОВКА НА КОНКРЕТНИ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола и Центарот за развој на Југозападниот плански регион потпишаа Меморандум за соработка. Со потпишувањето на меморандумот се отвораат можности академското искуство да биде преточено во конкретни проекти со кои двете институции ќе можат заеднички да аплицираат кај домашните и меѓународните донатори, изјави по свеченото потпишување на Плаошник во Охрид, ректорот на битолскиот Универзитет, проф. д-р Златко Жоглев, кој истовремено наласи дека ваквите ангажмани ќе бидат од општа корист за граѓаните од регионот, а го цитира МИА. Деканот на Факултетот за туризам и угостителство, проф. д-р Сашо Коруновски, нагласи дека една од сферите во која може да се постигнат позитивни ефекти е токму туризмот, имајќи ги предвид извонредните потенцијали со кои располага Југозападниот плански регион. - Позитивно е оценета првичната


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА идеја и заднички ќе работиме на изработка на Студија за развој на туризмот на подрачјето на целиот Југозападен плански регион во кој влегуваат 13 општини од овој дел на Македонија, истакна раководителот на Центарот за развој, м-р Мирјана Лозаноска.

Студијата ќе ги следи општите определби од националната Стратегија за развој на туризмот, но особено внимание ќе биде посветено на ефектуирање на предностите на овој плански регион што ќе донесе поголема стапка на учество на туризмот во Бруто домашниот производ, како и поголем степен на развој на економијата во руралните средини. Продолжен рокот за пријавување субвенции во земјоделството НОВИОТ РОК ДО 20 ЈУНИ 2011 ГОДИНА Поради зголемениот интерес за поднесување барања за субвенции, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжува рокот за пријавување за субвенции за 20 дена.

Наместо до 31 мај за поголемиот дел од мерките во Програмата за финансиска поддршка, подрачните единици на Министерството барањата ќе ги примаат до 20 јуни 2011 година. На земјоделците од струмичкиот регион ќе им се излезе во пресрет со продолжување на работното време на подрачната единица. Подрачната единица во Струмица ќе работи до 20 часот во работните денови, а во сабота до 14 часот. Новата законска регулатива ќе го врати традиционалниот начин на рибарење во Дојранско Езеро МАНДРИТЕ ЈА ОСОВРЕМЕНУВААТ ВЕКОВНАТА ТРАДИЦИЈА Враќање на традиционалниот начин на рибарење во Дојранско Езеро,

предвидуваат новиот Закон за рибарство и аквакултура и риболовната основа. Со нив, како што соопштува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се отвора можноста повеќе концесионери да го организираат риболовот со единствениот начин на рибарење со мандри. Заживувањето на традицијата ќе помогне и во позиционирањето на Дојран во атрактивно туристичко место. - Додека трае постапката за давање на концесијата за стопански и за рекреативен риболов добро е да се прецизираат бројот и големината на мандрите како и помошта која може да ја даде Министерството за успешна реализација на овој вид атрактивен риболов, истакна заменик министерот за земјоделство Перица Иваноски на презентација пред жителите на Дојран, а го цитира МИА.

За изградба на мандрите и нивното функционирање, додаде, веќе се обезбедени субвенции преку Програмата за финансирање на рибарството и аквакултурата. На презентација беше заклучено дека риболовната основа за Дојранско Езеро ја дава рамката за современо рибарење врз база на вековната традиција. Следната средба ќе биде во фокусот на конкретните активности со исцртување на идните граници на мандрите. Проект на идентификацијата на пчелните семејства ПОЕДНОСТАВНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИИ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава ќе го реализира проектот за идентификација и обележување на пчелните семејства во Македонија. Со активностите раководи новата Агенција за храна и ветеринарство, а целта е да се обезбедат податоци со кои производителите на мед ќе може да аплицираат за субвенции. Постапката се очекува да почне веднаш по набавката на неопходната опрема за поединечно обележување на секое пчелно семејство. Со тоа, практично, на секоја кошница ќе и биде доделен соодветен идентификациски број преку кој ќе се добиваат информациите за сопственикот, нивниот број и местоположба. Следната фаза предвидува чување на овие податоци во посебна електронска база и нивно соодветна

обработка. Индивидуалното обележување на секоја кошница Агенцијата за храна ќе го спроведува преку мрежата за ветеринарни станици низ државата. Планирано е целата акција да заврши во октомври. По идентификацијата и обележувањето на пчелните семејства (кошниците), податоците ќе може да се користат при аплицирањето за субвенции за производството на мед и друго пчеларско производство. Според Министерството, со воспоставувањето на овој нов систем пчеларите веќе нема да имаат потреба да вадат какви било потврди или документи. Податоците за бројната состојба на нивните пчелни семејства ќе се добиваат од едно место, преку Агенцијата за храна и ветеринарство. Ќе се разработува стратегија за развој и производство на домашен семенски и саден материјал АВТОХТОНИ И СЕРТИФИЦИРАНИ СОРТИ ПРОТИВ ЛОШИОТ УВОЗ Формиран е владин тим што во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и Земјоделскиот факултет во Штип и Струмица ќе ја разработува стратегијата за развој и производство на домашен, автохтон, сертифициран семенски и саден материјал, изјавил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на манифестацијата „Ден на раноградинарството“ во Куклиш, Струмичко. - Ова е многу битно за да се спречи илегалниот увоз на семенски материјал и семе со лоши стопански карактеристики, истакна Димовски. Тој информирал, како што го цитира МИА, дека паралелно се реализираат и испитувањата за изготвување педолошка карта на Македонија врз основа на која ќе се регионализира земјоделското земјиште. Тоа пак ќе биде основа, нагласи, за препорака која култура е најсоодветна за одгледување во одреден регион. По тој принцип ќе се насочуваат и субвенциите. Според Димовски, Владата планира да воведе субвенции за замена на земјоделски култури и да ја зголеми досегашната поддршка за регистрираните земјоделци пет отсто, за женитеземјоделци 10 проценти и за земјоделците во рурални средини 15 отсто. - Во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна веќе се разработува и стратегија за дополнителна финансиска поддршка во лозарството по примерот на земјите каде овој сектор е развиен, како Португалија и Шпанија, рекол министерот Димовски.


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

БИЗНИС ИНФО

11

ВЕСТИ ОД МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Нова бензинска на „Лукоил“ во Драчево НАСКОРО НОВИ ПОЕКОЛОШКИ И ЕНЕРГЕТСКИ ПОЕФИКАСНИ ГОРИВА Пред влезот во скопската населба Драчево отворена e 15. бензинска станица под брендот „Лукоил“ во Македонија. Генералниот директор на „Лукоил Македонија“, Андреј Куку, посочува, како што пренесува МИА, дека според угледот на стандардите што ги воведе „Лукоил“ во нафтениот бизнис и во изградбата на бензинските, се смени и целата концепција на другите конкуренти на пазарот. - За нас ова е комплимент, но и обврска да бидеме секогаш пред сите, да бидеме иновативни и подобри, - изјави Куку. Во текот на следните месеци, тој најави повеќе новини во работата на компанијата во однос на воведување нови, поеколошки и енергетски поефикасни горива. За значењето на „Лукоил“ за македонската економија говореше на отворањето на бензинската станица и амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак, кој оцени дека значајната улога во развојот на економската и инвестициската соработка меѓу двете земји и` припаѓа на една од водечки енергетски компании во Русија - „Лукоил“. Трговскоекономските врски меѓу нашите земји се едни од најважните компоненти што обезбедуваат стабилност и позитивна динамика во односите меѓу Руската Федерација и Македонија во целост. Со увереност можам да кажам дека економските и инвестициските релации со Македонија имаат стабилен карактер и цврсто се развиваат за доброто на двете земји, - изјавил Шчербак. Во изминатите пет години „Лукоил Македонија“ вложи над 35 милиони евра, а само изминатата година во државниот буџет на земјава има уплатено над 40 милиони евра. Нов производ на Прилепска пиварница „МАЈСТОРСКО ПИВО“ СО МАЈСТОРСКА ЦЕНА Квалитетно со достапна цена за сите потрошувачи е „Мајсторско пиво“, новиот производ на Прилепска пиварница. - Нашите анализи изминативе години покажаа дека на пазарот недостига пиво во сегментот „светло“ со достапна цена за сите потрошувачи. Успеавме да ја изнајдеме вистинската формула за лансирање ваков производ. Македонија одамна има едуцирани потрошувачи кои знаат што е квалитетен производ. Токму квалитетот што го застапуваме и довербата која ја имаме стекнато кај потрошувачите со досегашните брендови ни даде дополнителен поттик за лансирање на целосно нов производ –„ Мајсторско пиво“, вели Сашко Самарџиоски, генерален менаџер на Прилепска пиварница, а го цитира МИА. Пазарната ситуација и постојаните флуктуации на цените, нагласува Самарџиоски, се некои од причините за лансирање на новото пиво кое е дел од долгорочната стратегија на Прилепска пиварница – да се одговори

Германска компанија „Комберг и Шуберт“ ќе гради во Битола фабрика за кабелски инсталации за автомобилската индустрија ИНВЕСТИЦИЈА ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА И ВРАБОТУВАЊЕ НА НАД 2.500 ЛИЦА

навремено на потребите на потрошувачите и барањата на пазарот. Од палетата пива што ги произведува Прилепска пиварница се „Златен даб“, „Крали Марко“, а ексклузивни увозници се на брендовите „Туборг“ и „Карслберг“. Продажба на „Сведмилк“ ЛИЦИТАЦИЈА НА КРАЈОТ ИЛИ НА ПОЧЕТОКОТ НА ИДНИОТ МЕСЕЦ На крајот на овој или почетокот на идниот месец се очекува првата лицитација за продажба на млекарницата „Сведмилк“, најави генералниот директор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски. Доколку се најдат заинтересирани фирми ќе ја продадеме „Сведмилк“ што би било добро и за нас затоа што би ги наплатиле побарувањата, а и за државата затоа што ќе се активира уште еден производител на млеко, изјави Јанчевски, одговарајќи на новинарско прашање по состанокот на Здружението на банкарствоto при Стопанската комора на Македонија. Тутунска банка е најголемиот хипотекарен доверител во млекарницата со побарувања од 9,5 милиони евра. Млекарницата „Сведмилк“ отиде во стечај во јуни 2009 година откако судот го прифати барањето на привремениот стечаен управник Богољуб Макревски и на четворицата доверители да се отвори стечајна постапка. Месна индустрија „Карнем“ ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА НОВ ОБЈЕКТ НА 3000 КВАДРАТНИ МЕТРИ Предаден е во употреба новиот објект на месната индустрија „Карнем“ од Гостивар. Тој е дел од стопанскиот комплекс во кој се градат уште четири производствени капацитети. Иницијативата за развој на овој дел од Општина Врапчиште е на поранешниот претседател на месната заедница на Зубовце, Мане Јаковлевски и четворица бизнисмени од Гостивар. Сопственикот на месната индустрија „Карнем“ е Михајло Михајловски. Новиот објект на месната индустрија „Карнем“ зафаќа 3000 квадратни метри и ги поседува сите сертификати за безбедност на храна и извоз на европските пазари.

Германската фирма „Кромберг и Шуберт“ ќе гради нова фабрика во Македонија. Одлуката за инвестирање е донесена во февруари годинава, а е резултат на долгорочна студија, иницирана во 2008 година, вклучувајќи комплетна анализа на Македонија и други земји низ повеќе релевантни деловни фактори, посочуваат од компанијата. Новиот производствен погон ќе изработува кабелски инсталации за автомобилски производители во Европа, а треба да биде завршен во првата половина на наредната година. Инвестицијата во новата фабрика се очекува да изнесува околу 20 милиони евра и иницијално ќе има 400 нови вработувања. Со полн капацитет, фирмата очекува да има над 2.500 вработувања. Моментално, фирмата има купено земјиште и ги презема сите активности за планирање и градба во блиска соработка со општината Битола и локалните градежни фирми. „Кромберг и Шуберт“ е германска семејна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Со над десетина илјади вработени низ целиот свет фирмата развива и произведува високо технолошки производи, како кабли, кабловски инсталации, пластична технологија и мехатроника. Со искуство и компетентност, фирмата е засновата како важен партнер на автомобилската индустрија. Усвоено барањето на Здружение на трговијата УКИНАТА КОНТРОЛАТА НА ДИОКСИН ВО ПРОИЗВОДИТЕ ОД ГЕРМАНИЈА Согласно барањето на Здружението на трговијата да се олесни постапката за лабораториско испитување на полихлорирани бифенили во месо, производи од месо, млеко, производи од млеко, јајца и производи од јајца по потекло од република германија кои се наменети за исхрана на луѓе при увоз во Република Македонија, по одржаниот состанок со директорот на Агенцијата за Храна Дејан Рунтевски и неговите соработници Абдулезел Догани и Димче Петрески, Агенцијата донесе: РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЛАБОРАТОРИСКО ИСПИТУВАЊЕ НА ПОЛИХЛОРИРАНИ БИФЕНИЛИ ВО МЕСО, ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО, МЛЕКО, ПРОИЗВОДИ ОД МЛЕКО, ЈАЈЦА И ПРОИЗВОДИ ОД ЈАЈЦА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА КОИ СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ИСХРАНА НА ЛУЃЕ ПРИ УВОЗ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Решението влезе во сила на 26.05.2011 година (еден ден откако е објавено во Службен весник бр. 70 од 25.05.2011 година) Даниела Михајловска Василевска


12

ОПШТИНСКИ БИЗНИС Центар за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со германската асоцијација ГИЗ РЕД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Македонија ПОВИК ДО ФИРМИТЕ ЗА КРЕИРАЊЕ РАБОТНИ МЕСТА Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во кој припаѓа и Општина Гевгелија, во соработка со германската асоцијација ГИЗ РЕД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Македонија, објавија повик за практиканти во фирми, во траење од три месеци. Повикот трае до 6-ти јуни и на истиот можат да конкурираат фирми од регионот, а ќе бидат одобрени најмногу 15 апликации на фирми кои ќе се приклучат во остварувањето на Проектот.

Повикот е дел од Проектот „Креирање работни места преку практикантска работа“ што го спроведува ПСМ Фондацијата при норвешката Амбасада, и истиот се вклопува во Програмата за економски регионален развој на Македонија на партнерската асоцијација ГИЗ РЕД. Со истиот се предвидува ангажирање на млади високообразовани невработени лица од 22 до 30 години, со поминати обуки за презентациски, комуникациски и преговарачки вештини, како и пишување на бизнис-план, кои се евидентирани во Агенцијата за вработување, се` со цел нивно полесно вработување, самовработување или адаптација на работното место. Проектот предвидува субвенционирање на трошоците на фирмата во висина од 3.000 денари наменети како надоместок за практикантот, а фирмата треба да обезбеди дополнителни 3.000 денари за персонален данок и осигурување од работа на лицето кое ја обавува праксата. Услов за одобрување на апликацијата е фирмите покрај финансиското учество да имаат потреба од креирање на нови работни места, да обезбедат соодветно работно место за практикантот и да даваат соодветни насоки и работни задолженија.

БИЗНИС ИНФО Времетраењето на Проектот е три месеци, со можност практикантот да биде задржан на работа. Во Струмица изграден објект што штеди енергија до 90 отсто ВРЕДНОСТА НА ОБЈЕКТОТ СЕ ВРАЌА ЗА 5 ГОДИНИ Во Струмица е изграден првиот објект што троши 15 КWh на квадратен метар, односно заштедува дури 90 отсто од енергијата. Компанијата „Експро“ од Струмица својата одлука за изградба на овој тип објект ја донела врз база на пресметки кои покажувале дека со заштедата од енергијата најбрзо ќе ги врати вложените средства во изградбата. Од економската анализа за оправданоста на инвестицијата за нашиот објект која ја направивме, добивме дека вложените средства се враќаат за помалку од пет години, - вели Славчо Ѓоргиев, сопственикот на „Експро“ од Струмица, а го цитира МИА. Тој информира дека за да се постигне посакуваниот ефект објектот е целосно затворен и преграден со кнауфовите системи за сува градба, како и најсовремените системи на пасивно разладување и загревање на Рехау. Со ова започнува нова насока за проектирање и изведба на објекти низ Македонија.

Објектот е проектиран и изграден по високите технички барања и стандарди за енергетска ефикасност

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

почнувајќи од формата на објектот, ориентацијата, термичката заштита на обвивката, количината на отвори и други стаклени делови да обезбедат минимални загуби на енергија. Со оглед на многу малата потрошена енергија за одржување овие објекти имаат најмала можна емисија на штетни гасови.

Дебарските земјоделци ќе користат нова лабораторија ИСПИТИВАЊЕ НА ПОЧВАТА ЗА ПРИСУСТВО НА ХЕМИСКИ ЕЛЕМЕНТИ Дебарската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доби лабораторија со која ќе може да се вршат испитувања на почвата за присуство на одредени хемиски елементи, како азот, фосфор, калиум и други. Според началникот на единицата, Лири Делиши, лабораторијата е добиена од проектот Развој на југозападниот регион.

Лабораторијата е добредојдена зашто во нашата единица првпат ќе се вршат вакви испитувања, а ќе биде од голема полза за дебарските земјоделци - вели Лири Делиши. Oваа лабораторија ќе овозможи констатирање макро и микроелементи кои се неопходни за одгледување растенија.


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

Индустриското производство ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ, ВО АПРИЛ 11,8 ОТСТО Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2011 година, во однос на април 2010 година, изнесува 111.8. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2011 година, во однос на април 2010 година, бележи пораст од 20.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 14.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6.3%. Според главните индустриски групи, производството во април 2011

година, во однос на април 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 12.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.7%, Капитални производи за 44.8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 107.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.3%. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - април 2011 година, во однос на периодот јануари - април 2010 година, изнесува 113.2. Бруто и нето-плата по вработен во март 2011 година БРУТО ПРОСЕКОТ 30.216 ДЕНАРИ Бруто-плата Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен, во март 2011 година, во однос на март 2010 година, изнесува 100.9. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто- плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (19.7%), Уметност, забава и рекреација (7.6%) и Информации и комуникации (5.6%). Најголем пораст на просечната

БИЗНИС ИНФО месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.4%) и Градежништво (3.9%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2011 изнесува 30 216 денари. Во март 2011 година, 1.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата. Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена бруто и нето -плата. Месечнитеиндексинапросечната исплатена бруто и нето -плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). Нето-плата Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во март 2011 година, во однос на март 2010 година, изнесува 101.2 Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (19.8%), Уметност, забава и рекреација (7.9%) и Информации и комуникации (5.6%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7.3%), Градежништво (4.2%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2011 изнесува 20 585 денари. Во март 2011 година, 1.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

13

СТАТИСТИКА Деловни тенденции во преработувачката индустрија МЕНАЏЕРИТЕ ОЧЕКУВААТ РАСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО И НА ВРАБОТЕНОСТА Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во април 2011 година како непроменета во однос на оценката од претходниот месец, а поповолна во однос на април 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, исто така, е непроменета во однос на оценката од претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во април 2011 година бележи пораст во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството вонареднитетримесецисепоповолни,како и очекувањата за бројот на вработените. Во

април 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во април 2011 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Според оценката на менаџерите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се намалат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2011 година изнесува 62,2% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во април 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21,4%, недоволната домашна побарувачка со 18,3%, финансиските проблеми со 12,0% и неизвесното економско опкружување и конкурентниот увоз со 6,9%. Превезени патници и стоки првото тримесечје од 2011 година ТОВАРНИОТ ПАТЕН ПРЕВОЗ ЗГОЛЕМЕН ЗА 70,7 ОТСТО Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2011 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 3 768 000, во железничкиот


14

СТАТИСТИКА превоз 337 000, во градско-приградскиот превоз 17 106 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 137 498. Во истиот период, во споредба со првото тримесечје од 2010 година, количеството на превезената стока во

товарниот патен превоз е зголемено за 70,7%, во воздухопловниот превоз за 12,6%, додека во железничкиот превоз намалувањето изнесува 2,0%. Индекси на трошоците во градежништвото ТРОШОЦИТЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОПАДНАЛЕ ЗА 4,2 ОТСТО Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или следење на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори. За да им се обезбеди на корисниците можност за временска споредливост, направена е серија на податоци за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, од 2005 до 2010 година. Според податоците на

БИЗНИС ИНФО тримесечје од 2010 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0.9%, трошоците за материјали се повисоки за 0.5%, а трошоците за вработените се пониски за 4.2%. Во првото тримесечје од 2011 година, во споредба со првото тримесечје од 2010 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0.4%, трошоците за материјали се пониски за 0.8%, а трошоците за вработените се повисоки за 3.3%. Работниците во индустријата НАЈМНОГУ ОТВОРЕНИ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГИЈАТА Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во април 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 103,5. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2011 година, во однос на април 2010 година, е зголемен за 3,3%, во Преработувачката индустрија е зголемен за 3,5% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е зголемен за 4,3%. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2011 година, во однос на април 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 3,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,6%, Капитални производи за 6,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1%. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - април 2011 година, во однос на периодот јануари - април 2010 година, изнесува 101,6. Индекси на прометот во секторот Трговија во март 2011 година ТРГОВИЈАТА НА МАЛО СО СКОК ОД 38,5 ОТСТО Според претходните податоци на Државниот завод застатистика, индексот на прометот во секторот Трговија на големо и на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, во март 2011 година, во однос на март 2010 година, изнесува 120.3.

Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2011 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за првото тримесечје од 2010 година, се повисоки за 0.4%. Во првото тримесечје од 2011 година, во споредба со четвртото

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

Гледано по оддели, во март 2011, во однос на март 2010, прометот бележи опаѓање во одделот Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка за 17.8%, во одделот Трговија на големо е забележан пораст од 11.4%, а пораст од 38.5% е забележан и во одделот Трговија на мало. Паркиралишта и гаражи во Скопје, Охрид и Струмица ВО ПОКРИЕНИ ГАРАЖИ САМО 526 МЕСТА Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година, бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање, изнесува 73, со површина од 183 294 м2. Според обработените податоци, 8 508 места за паркирање, со површина од 161 334 м2 , се на отворен простор, додека во покриените гаражи има само 526 места за паркирање со површина од 10 060 м2. Со годишното истражување за паркиралишта и гаражи се опфатени 8 извештајни единици, а истражувањето за првпат се спроведе во 2007 година. Со ова истражување се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Скопје, Охрид и Струмица. Природно движење на населението ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ 349 ЛИЦА Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2011 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 1.5% и изнесува 5 632 живородени деца. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2011 година бележи зголемување од 6.5% во споредба со истиот период од 2010 година и изнесува 5 283 лица, а од нив 48 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува 349 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1.7% во споредба со истиот период од 2010 година и изнесува 2 695 бракови. Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во однос на истиот период од 2010 година и нивниот број изнесува 525


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

Додека ЕУ се бори со должничката криза, турската економија бележи бум ЕКОНОМСКО ЧУДО НА БОСФОРОТ Облакодерите во финансиските квартови Маслак и Левент во 15-милионскиот Истанбул се протегаат кон небото како џинови со стаклени мантили. Големи рекламни паноа пред градилиштата откриваат дека тука се градат нови седишта на фирми, канцеларии, банки... Според турскиот завод за статистика, Туркстат, економијата на Турција минатата година остварила пораст од 8,9 проценти. Турците беа први во Европа, додека меѓу државите од Групата 20 само Кина имаше повисока стапка на пораст. -Земји во забрзан подем, како што е Турција, економски растат многу повеќе и побргу од индустриските држави. Но, сепак, вчудовидувачки е колку турската економија закрепна по кризната 2009 година, вели Зумрут Имамоглу од Економскиот истражувачки институт „Бетам“ на истанбулскиот универзитет „Бахчесехир“. - Владата им даде на потрошувачите даночни олеснувања за многу производи, особено за автомобили и за електронски апарати како што се фрижидери, печки или компјутери. Во текот на овие месеци потрошувачката се зголеми и тоа и’ помогна на економијата.

Реџеп Таип Ердоган Турција мораше да ја преброди својата финансиска криза уште во 2001 година. Новата влада на Реџеп Таип Ердоган и неговата Партија за правда и развој потоа го реструктуираа финансискиот сектор, ги намалија државните долгови и ја ориентираа економијата повеќе спрема извоз. -Се модернизираа производството и конкурентноста на турското стопанство во гранки што не се, како порано, само

БИЗНИС ИНФО текстил или јужно овошје. Туку и автомобилската индустрија, хемиската, машиноградбата, челикот и железото, значи една широка палета. Тоа сигурно беше основата врз која можеше повторно да се фати чекор по кризата во 2008-2009 година, вели Маркус Кнуп, претставник за Турција на државното Друштво за поттик на економија насочена спрема извоз, „Германи трејд енд инвест“ (ГТАИ).

Кнуп наведува дека економскиот полет бил поттикнат и од младото население, ориентирано спрема потрошувачка. Во Турција живеат околу 75 милиони луѓе, а половина од нив се помлади од 30 години. А тие имаат повеќе пари во џебот. Приходот по глава на жител денес е речиси четири пати поголем отколку пред осум години, покажува статистиката. Силниот внатрешен пазар и политичката стабилност привлекуваат се’ повеќе странски капитал на Босфорот. -Овде можат да се видат се’ повеќе познати брендови од Германија, но и консултанти, адвокатски канцеларии итн. Има и поголем број мали и средни претпријатија што се осмелуваат да направат чекор во Турција, додава Кнуп. Во Турција, на крајот на 2010 година, беа регистрирани околу 4.300 германски претпријатија и имаат тренд на пораст. -Придонесите од платите во Турција се помали отколку во Германија, но земјата веќе не е евтина. Таа во меѓувреме толку се разви, што може да се реализира и покомплицирано производство“, потенцира Кнуп. Пример за тоа е германскиот производител на камиони и автобуси - МАН. Во Анкара концернот склопува патнички автобуси и оттаму ги извезува во над 40 земји. Интерес за Германија пројавуваат

15

РЕГИОН и турските фирми. Така, во 2007 година концернот „Кок“ го купи германскиот производител на телевизори „Грундиг“. Младото население троши повеќе, а тоа ја поттикнува економијата. Сепак, постојат и предупредувачки гласови. Дел од набљудувачите стравуваат дека како последица на брзиот економски развој цените и стапката на инфлација би можеле да излезат од контрола. Улога играат и кризите во соседството. Имамоглу оценува дека поради кризата, побарувачката од Европа за турски производи е намалена за 26 отсто во текот на изминатата година. Затоа турските претпријатија почнаа да извезуваат повеќе на Блискиот Исток и во Северна Африка, но најновите безредија во Египет, Либија, Тунис и во Сирија му нанесоа штети на извозот, - додава Имамоглу. Годинава, како што проценуваат аналитичарите, турското стопанство ќе порасне за 4,6 проценти. За споредба, во еврозоната се очекува пораст помал од 2 процента. Во Турција суспендирани дел од рестрикциите на алкохол ПЕТИЦИЈАТА НА УГОСТИТЕЛИТЕ ВРОДИ СО ПЛОД Со судска одлука во Турција е суспендиран дел од рестрикцијата на продажба на алкохол, што е воведена во јануари годинава. Мерките за рестрикција на алкохол донесени поради „заштита на младите од алкохолот“ предизвикаа протести и загриженост кај секуларните Турци дека владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) се обидува да го забрани либералниот начин на живот. Одлуката за суспензија на дел од рестрикцијата за продажба на алкохол донесена е и по поднесената петиција од Здружението на угостители на Анкара, кое бараше укинување на уредбата во целост. Меѓу суспендираните рестрикции е забрана на продажба на алкохол на деца и на млади лица за време на фестивали и на концерти, одредба што предизвика најмногу контроверзи бидејќи под „млади“ ставени се луѓе до 24


16

РЕГИОН

БИЗНИС ИНФО Туризмот и изборите во Албанија ОТКАЖАНИ НАД 30 ОТСТО ОД РЕЗЕРВАЦИИТЕ

години. Од доаѓањето на власт на АКП во 2002 година значително е зголем данокот на алкохолот, а само минатата годиона цената на алкохолните пијалоци се зголеми за 25 проценти.

Српските возачи од 1 јануари 2012 година во ЕУ ќе влегуваат без зелен картон СЕКОЈ СО ЗАШТЕДА ОД 20 ЕВРА Здружението на осигурувачи на Србија на годишното собрание на Бироата за зелени картони потпиша меѓународен договор што на возачите од Србија ќе им овозможи од 1 јануари 2012 година да патуваат со автомобили во речиси сите европски држави без зелен картон, соопшти здружението. За патување ќе биде доволна само регистерска налепница што се добива со нови регистерски таблички, односно со секоја регистрација на возилото. Со потписот на договорот, Србија стана дел од подсистемот на регистерски теблички, а тоа значи дека регистерските

Албанскиот туризам почна да ги чувствува последиците од тенизчната политичка ситуација во земјата. Странските туристи ги откажуваат резервациите. Само пред некој ден премиерот Бериша тврдеше дека ситуацијата нема негативно да влијае врз туризмот и најави рекордна туристичка жетва. Над 30 отсто од странските туристи кои планирале годишниот одмор да го минат на албанското крајбрежје ги откажале своите резервации. Ова го потврдува претседателот на Здружението на туристичките работници од југот на земјата, Васил Бедини, кој вели дека политиката му задала силен удар на туризмот . Според него годинава имале многу резервации од странски туристи, но за жал, нешто многу брзо се сменило по негативниот имиџ на Албанија во домашните и странските медиуми, што било причина туристите да ја сменат дестинацијата. -Политичка ситуација услови многу странски компании со кои соработувавме изминатите години да ги откажат резервациите. Загрижени сме. Туристите, како што ни велат биле уплашени од актуелната состојба во нашата земја и се преориентирале одморот да го минат во соседните земји, - вели Бедини.

Драч таблички ќе бидат доволен доказ за постоење на осигурување од автоодговорност. Со ова, образецот на зелената карта веќе нема да биде потребен, а тоа на возачите ќе им донесе заштеда од 2.000 динари годишно (околу 20 евра).

Тој смета дека туризмот треба да биде приоритет, зашто со стотици семејства живеат токму од приходите остварени за време на туристичката сезона. Само пред некој ден, премиерот Сали Бериша оцени дека ситуацијата во земјата нема негативно да влијае врз туризмот и најави рекордна туристичка жетва.

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

Во 2010 година во Србија околу 300.000 луѓе останале без работа СЕ` ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ НА ПРАГОТ НА СИРОМАШТИЈАТА Во Србија околу 300.000 луѓе останале без работа во 2010 година, а во 13 проценти од домаќинствата најмалку еден член на семејството е невработен, изјави директорот на агенцијата „Ипос стратеџик менаџмент, Срѓан Богосавлевиќ. Според податоци на Државниот завод за статистика во 2010 година во Србија без работа останале околу 220.000 лица.

- Алармирачки е дека се` повеќе луѓе во државата се на прагот на сиромаштијата и во секое домаќионство по еден е невработен, истакна Богосавлевиќ за време на тркалезната маса на тема „Каков е животот во Србија во однос на соседните земји?“. Тој истакна дека државата првенствено треба да се занимава со невработеноста, животниот стандард, платите и сиромаштијата. Просечната плата во Србија во март годинава изнесуваше 357 евра, што е речиси двапати помалку од просечната плата во Хрватска и речиси трипати помалку во споредба со платата во Словенија, изјави претставник на Центарот за нова политика, Горан Николиќ.


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

ЕУ и Јапонија почнуваат преговори за спогодба за слободна трговија ДО ПОТПИСИТЕ МЕЃУ ТРИ И ПЕТ ГОДИНИ Лидерите на ЕУ и Јапонија се согласија за време на состанокот во белгискиот главен град да започнат преговори за склучување спогодба за слободна трговија, соопшти претседателот на ЕУ, Херман ван Ромпуј, на заедничката прес-конференција со јапонскиот премиер Наото Кан.

БИЗНИС ИНФО што е „малку“ во споредба со просекот на земјите на ОЕЦД од 22.284 долари. Зборувајќи за бројот на вработените, важен индикатор за конкурентноста и социјалната одржливост на земјите, во Унгарија се вработени 55 отсто од работоспособното население, што е под 65 отсто колку што е просекот за ОЕЦД. Во однос на просечниот животен век на Унгарците тој изнесува 74 години, што е пет години под просекот меѓу земјите на ОЕЦД. Сепак 23 отсто од Унгарците изјавиле дека се задоволни од својот живот, што е многу низок процент во однос на просекот на ОЕЦД од 59 отсто. За една година околу 55.000 лица во Бугарија останале без работа НЕВРАБОТЕНИ 12 ОТСТО ОД РАБОТОСПОСОБНОТО НАСЕЛЕНИЕ

- Ни претстои долг пат, но почетокот е позитивен, - истакна Ван Ромпуј. Освен договор за слободна трговија, ЕУ и Јапонија ќе склучат и договор за економско партнерство. Се очекува преговорите за финализирање на договорите да траат меѓу три и пет години. Унгарците многу работат, заработуваат под просекот и рано умираат СЕКОЈ ПЕТТИ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ! Унгарците многу работат, заработуваат под просекот и рано умираат, пишува денеска унгарскиот весник „Непсабадшаг дејли“. Истражувањето на Организацијата за европска соработка и развој (ОЕЦД) за животниот стандард во 34-те нејзини членки покажува дека населението на Унгарија работи 1.989 часа годишно, што е меѓу најдолгото работно време во ОЕЦД, каде просекот меѓу членките е 1.739 часа. Истовремено просечно унгарско домаќинство инкасирало вкупно 13.858 долари во 2008 година

Околу 55 илјади Бугари останале без работа од првото тримесечје од 2010 година до првото тримесечје од 2011 година, - соопшти националниот Институт за статистика. До април 2011 година во Бугарија имало 400 илјади невработени или 12 отсто од работоспособното население. Најмногу невработени има кај младите - од 16 до 24 години, околу

68 илјади или 29,1 отсто. Бројот на невработени кои повеќе од една година се без работа е 52,7 отсто или околу 209 илјади. Просечната плата во Бугарија изнесува 459 лева или околу 230 евра, а просечната пензија е 143 евра, покажуваат податоците на бугарскиот Национален статистички институт. Според овие податоци, приходите на просечно бугарско семејство во првото тримесечје во 2011 година изнесува 868 лева, односно околу 434 евра, а основен извор на приходи на домаќинствата се плати и пензии. Истовремено, просечните трошоци на семејствата изнесуваат околу 390 евра месечно, а најмногу се троши за храна и трошоци за домување,кои

17

ЕВРОПСКА УНИЈА опфаќаат 52,2 проценти од приходите, се наведува во соопштението на статистичкиот институт. Во првиот квартал од годината Бугарите ги намалиле трошоците за лекови, алкохол, цигари, јавен транспорт, како и трошоците за струја, вода и гориво за речиси 10 проценти во споредба со истиот период во 2010 година. Во Германија не е забележан бран од источноевропски работници ПОЗНАВАЊЕТО НА ЈАЗИКОТ ГО ДРЖИ ПАЗАРОТ ЗАТВОРЕН Германското биро за вработување нема регистрирано бран на работници од Источна Европа по отврањето на гермаскиот пазар на труд на 1 мај годинава, истакна претставник на Бирото Рајмунд Бекер. Тој истакна дека не е забележано и зголемување на бројот на работници од Источна Европа и во граничните области на Германија.

- Во голем број случаи бариера за проток на работната сила е незнаењето на германскиот јазик, наведе Бекер. Дел од поголемите компании соопштија дека источноевропските работници најмногу се пријавуваат за помошните дејности, за кои не се бара висока квалификација. На 1 мај Германија и Австрија ги отворија пазарите на труд за граѓаните од осум централно-источноевропски држави односно за земјите кои во 2004 година станаа членки на Европската унија - Естонија, Литванија, Летонија, Полска, Словенија, Словачка, Чешка и Унгарија. За граѓаните на овие земји не им е потребна работна виза за да работаат во Германија и во Австрија. Корупција и во Шведска ШЕФОВИТЕ ВО ФИРМИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА МИТО Секој петти шеф на препријатие во Шведска може да замисли да плати


18

ЕВРОПСКА УНИЈА мито за да се здобие со предности во бизнисот и да ги задржи своите клинети, покажуваат резултатите од истражувањето на „Ернст енд Јанг“, објави шведскиот дневен весник „Дагенс индустри“. Освен тоа, секој четврти шведски менаџер смета дека

БИЗНИС ИНФО на автомобили и конзумацијата во странство. Во исто време се намалени трошоците за електирчна енергија, гориво и прехранбени производи. Инаку, очекувањата, според прогнозите на шведската Државна банка, беа дека порастот на БДП-то за првите три месеци од годинава требаше да изнесува 6,6 отсто. Франција ќе гради Центар на виното и туризмот во Бордо ИНВЕСТИЦИЈА ОД 55 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА СЕ РАЗБУДИ „ЗАСПАНАТА УБАВИЦА“

корупцијата е раширена во Шведска, иако земјата често добива оценки како една од најмалку корумпираните земји во светски рамки. Како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, во истражувањето учествувале 103 лица во Шведска. Шведска забележа раст на БДП од 6,4 проценти ПРОДАЖБАТА НА АБТОМОБИЛИ И ПАТУВАЊАТА ВО СТРАНСТВО НАЈГОЛЕМИ ДВИГАТЕЛИ Силен пораст на шведската економија. Според објавените податоци, шведскиот вруто домашен производ (БДП) бележи раст од 6,4 проценти во првото тримесечје од годинава, во споредба со истиот период лани. Како што јавува дописникот на МИА од Гетеборг, споредено со последниот квартал од 2010 година, БДП на Шведска пораснал за 0,8 отсто, покажуваат најновите податоци на шведското Централно биро за статстика (СЦБ).

Во Бордо ќе биде изграден Културен центар на виното и туризмот, кој има за цел овој француски град познат по производството на вино да го претвори во значајно европско трговско и културно средиште. Изградбата на Центрот, која се превидува да чини 55 милиони евра, им е доверена на париската групација „Икс-2“ и на лондонската дизјанерска агенција „Кејсон Мен“. Градбата, која ќе биде во фрома на спиралите што се формираат при налевање на вино во чаша, би требало да биде готова до 2014 година. Центарот на виното и културата ќе се наоѓа на брегот на реката Гарон и ќе има површина од 100 метри квадратни, трокатна основа и кула висока 45 метри. Објектот ќе биде изработен од дрво и двослојно стакло. - Се е замислено како еден вид историско патување низ светот на лозарството. Кога ќе дојдете на крајот од патот, во барот на врвот од кулата, Ве очекува дегустација на најдобрите вински сорти и панорама на градот, кој некогаш беше познат како „заспаната убавица“, изјави членот на Градскиот совет на Бордо и еден од учесниците во овој проект Мишел Дишен. Се очекува Центарот годишно да го посетуваат по околу 400.000 лица и од него да се обезбедува приход од околу 40 милиони евра. ЕУ ja заострува кoнтролата на банкарскиот сектор КАЗНИ ОД НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА

Факторот кој има најголема тежина во мерењето на БДП-то е потрошувачката на домаќинствата, кој во Шведска бележи раст од 2,1 отсто, најмногу како резултат на продажбата

Европската комисија подготвува нови прописи за банкарскиот сектор, за чие кршење и непочитување се предвидуваат парични казни од над пет милиони евра. Целта на оваа мерка е усогласување на прописите во сите

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

земји-членки на ЕУ со строгиот режим за регулирање на банкарскиот сектор што постои во Велика Британија. Со прописите се предвидени строги казни не само за банките, туку и за нивните раководители доколки затаат информации од регулаторните органи или ги прекршат нормите за ограничување на висината на средствата во готово, исплатена во форма на бонус. Прописите им овозможуваат на земјите-членки да избираат дали ќе ги казнат банкарите со парични казни во висина од пет милиони евра или десет отсто од вкупната плата и бонуси, во зависност од тоа која сума ќе биде поголема. Банките пак, според овие предлог-прописи, можат да бидат казнети со парична казна во висина од најмногу десет проценти од нивниот вкупен промет. Економската криза има и позитивни аспекти НАМАЛЕНА ЕМИСИЈАТА НА ЈАГЛЕРОД-ДИОКСИД Европската комисија соопшти дека од 2009 година емисијата на гасови со ефект на стаклена градина во овој 27-член блок опадна за 7,1 отсто, како последица на економската криза и силниот раст на секторот за обновлива енергија. Во соопштението на Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА) се наведува дека намалувањето на емисијата на штетни гасови било во согласност со проценките на ова тело, пренесуваат агенциите. Рецесијата во 2009 година ги зафати сите економски сектори и предизвика пад на побарувачката на енергенси, а емисијата на јаглероддиоксид беше намалена и во резиденцијалниот сектор, и покрај студената зима. Извршната директорка на агенцијата ЕЕА Џеклин МекГлејд изрази надеж дека властите ќе продолжат да работат на зголемувањето на употребата на биомаса и на енергија од ветрот и сонцето, за да може дополнително да се намали емисијата на штетни гасови.


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

БИЗНИС ИНФО

19

ПАРАЛЕЛИ: НУКЛЕАРНАТА И СОЛАРНАТА ЕНЕРГИЈА ВО ЕВРОПА

Ризична енергија СТРЕС-ТЕСТОВИ НА НУКЛЕАРКИТЕ ВО ЕУ Европската унија и регулаторните тела од секторот за нуклеарна енергија на земјите-членки на ЕУ се договорија за спроведување на тестови кои треба да покажуваат дали нуклеарните централи можат да издржат хаварии, природни катастрофи и терористички напади, соопшти Еврокомисијата. Согласно договорот стрестестовите на нуклераките во земјитечленки на ЕУ ќе започнат на 1 јуни. Идејата за спроведување стрес-тестови на нуклеарните централи се појави по хаваријата во јапонската нуклеарка Фукушима“ предизвикана од земјотресот и цунами што ја погоди североисточна Јапонија на 11 март.

Од друга страна, пак, Швајцарија планира да прекине да ги користи нуклеарните централи за производство на електрична енергија. Владата веќе донесе одлука постоечките нуклеарни постројки на крајот од работниот век да не се заменуваат. Владата смета дека првата нуклеарка ќе биде исклучена од мрежа во 2019 година, а последната во 2043 година со оглед дека векот на работа на нив е 50 години. Државата ги користи нуклеарките за производство на струја од 1969 година и моментно работат пет реактори. Во Швајцарија нуклеарните централи обезбедуваат 38 отсто од потрошувачката на струја.

Договор на германската владејачка коалиција НУКЛЕАРКИТЕ ПОД КЛУЧ ДО 2020 ГОДИНА Германската владејачка коалиција постигна договор за затворање на германските нуклеарки, најдоцна до 2022 година, со препорака

седум од најстарите да бидат затворени веднаш.

Најголем дел од нуклеарките во Германија треба да бидат исклучени до 2021 година, а три од вкупно 17 централи до 2022 година, беше одлучено на мини-самитот. Три централи се предвидени како „сигурносен тампон“ за да може да се реагира на проблемите во снабдувањето. Седум најстари нуклеарки се затворени од безбедносни причини во средината на март, по нуклеарната катастрофа во Јапонија. Дел од централите треба да бидат еден вид „стенд-бај“ варијанти и би биле вклучени во случај на потреба. Франција поделена околу излезот од нуклеарната енергија ГИГАНТСКИ ПЛАН ЗА ТЕХНОЛОШКА ИНОВАЦИЈА Претседателката на Управниот одбор на француската нуклеарна група „Арева“, Ан Ловержон оцени дека германската одлука за напуштање на нуклеарната енергија до 2022 година, е „тотално политичка одлука“, не исклучувајќи ја можноста до повторна промена на германската позиција. Тоа е целосно политичка одлука. Немаше референдум, ниту повик за да се види што мисли јавното мислење, иако испитувањата на јавното мислење ги покажува чувствата на Германците, изјави претседателката на „Арева“ за радиото БФМ. Како што јавува дописникот на МИА од Париз, таа призна дека очекувала специфична германска реакција по катастрофата во Фукушима. Претседателката на синдикатот на француските работодавачи – МЕДЕФ, Лоран Паризо од своја страна оцени дека одлуката на Германија да излезе од нуклеарната енергија е „значајна одлука за Германија, но и за цела Европа.“ Паризо во интервјуто за РМЦ-БВМ ТВ смета дека германската одлука отвора многу прашања. - Дали

Германија го направи овај избор, знаејќи дека ќе продолжи да увезува (нукеларна) струја од Франција? Тоа јас го нарекувам теорија на таен патник. Дали зад ова се крие еден гигантски план за технолошка иновација, се запрашува таа. Претседателката на МЕДЕФ најавува зголемување на цената на струјата во Германија и е на мислење дека ова е можеби шанса за француските индустриски претрпијатија во однос на нивните германски конкуренти, подвлекувајќи на крајот дека тоа ќе претставува и проблем за глобалната компетитивност на Европската унија.

Лоран Паризо Во политичките реакции, генералниот секретар на владеачката УМП, Жан-Франоса Копе е во целост против една слична ваква одлука во Франција. Според Копе 85 проценти од француската струја е произведена од нуклеарните централи, што е еден од главните елементи на индустриската сила на Франција. Вториот човек на француските социјалисти, Харлем Дезир смета дека и во Франција треба да се размислува и подготвува за постепено излегување од нуклеарната енергија. Кандидатот на Зелените и Европа Екологија, Никола Хулот преку комунике ја поздрави одлуката на француската Влада и дека Франција не треба да биде „тврдоглава“ по ова прашање. Лидерката на движењето на Зелените и Европа-Екологија, Сесил Дифло е на мислење дека за да може да склучи предизборен сојуз со другите политички партии во Франција, како социјалистите, тие треба да прифатат да се размислува за излегување од нуклеарната енергија. Според неа „еколошката транзиција може да создава работни места.“


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

ПАРАЛЕЛИ: НУКЛЕАРНАТА И СОЛАРНАТА ЕНЕРГИЈА ВО ЕВРОПА Откажувањето на развиените земји од нуклеарната енергија е добра вест за „Газпром“ ГОЛЕМА ЗАРАБОТКА ОД ЗГОЛЕМЕНИТЕ ИСПОРАКИ НА ГАС ЗА ЕВРОПА Плановите на некои од развиените европски земји да се откажат од нуклеарната енергија, претставува добра вест за рускиот монопол за производство на гас „Газпром“, оценува московскиот весник „Независимија Газета“. Весникот потсетува дека германската Влада усвои план за етапно затворање на нуклеарните централи, Швајцарија реши да не гради нови нуклеарки и да ги затвори постојните до 2034 година, а Италија се откажа од нуклеарната енергија

уште во минатиот век по хаваријата во Чернобил. Во меѓувреме, во Москва пристигна германскиот вице-канцелар и министер за економија Филип Ростлер во обид да најде нови извори на енергија кои ќе го компензираат недостигот по затворањето на постојните нуклеарни централи, посочува „Независимија Газета“, нагласувајќи дека во моментот рускиот гас задоволува 32 проценти од потребите на Германија од овој енергенс. Русија се подготвува да ја искористи ваквата ситуација и планира да ги зголеми испораките на гас за Европа. Тоа, меѓутоа, ќе претставува удар за руските корисници, предупредува весникот. Изданието посочува дека уште пред одлуката на Германија за затворање на нуклеарките, Владата во Москва објави зголемување на извозот на гас за 22 проценти, зголемување на цените на енергенсот во Русија за 78 отсто и намалување на растот на домашната побарувачка за еден процент годишно, но сега зголемените потреби на Европејците можат да ги натераат руските власти на уште подрастични решенија. „Газпром“ соопшти дека

СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА Кризата на државните буџети си го прави своето КРАТЕЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА зголемената испорака на гас за Европа нема да предизвика недостиг на енергенсот во Русија, но според експертите ваквиот потег неминовно ќе доведе до поскапување на гасот за руските корисници имајќи предвид дека ќе се наметне потребата од искористување на нови гасни извори. Рускиот гасен гигант предвидува дека до 2020 година на Европа ќе и` бидат потребни по околу 380 милијарди кубни метри гас годишно, а дека до 2030 година побарувачката на енергенсот ќе се зголеми на 440 милијарди метри кубни. Во исто време, според прогнозите на компанијата, увозот на руски гас во европските земји ќе се зголеми од сегашните 23 на 32 проценти. Експертите оценуваат дека Русија би можела да обезбеди дополнителни количества гас за европските потрошувачи доколу делумно се откаже од испораките на енергенсот за Кина со која води „многу тешки преговори“ околу неговата цена, смета „Независимаја Газета“. „Газпром“ планира до 2020 година да го зголеми прозводството на природен гас до меѓу 640 и 660 милијади метри кубни годишно. Енергетските експерти оценуваат дека најлогична варијанта за „Газпром“ би била да се реши на соработка со странски компании во отворањето на нови извори на гас. Компанијата за иновации би можела да оддели сума од околу 96,5 милијарди САД долари, откако во јануари годинава рускиот претседател Дмитриј Медведев го критикуваше раководството на концернот за „ниско ниво на инвестициска активност“. „Газпром“ од своја страна одбива официјално да ги коментира информациите што се појавија во јавноста околу плановите за идни инвестиции, но извори во Кремљ тврдат дека гасниот монопол подготвува „толку обемна инвестицикса програма како ниту една друга корпорација во Русија досега“.

Фотоволтаичната соларна енергија е една од најбрзо растечките извори на енергија во светот, потпирајќи се врз великодушната поддршка на владите како да се направи истата да биде конкурентна наспроти конвенционалните горива од фосилно потекло. Иако, стапките на субвенции за соларната енергија во многу европски земји продолжуваат да паѓаат, со што ја принудуваат индустријата да се натпреварува по многу понеповолни услови Германскиот пазар на соларна енергија е најголемиот пазар во светот, со вкупен инсталиран капацитет од речиси 16 GW, или 40% oд вкупниот светски инсталиран соларен капацитет. Германските пратеници го донесоа законот во февруари за намалување на субвенциите за соларна енергија до 15 отсто од 1 јули 2011 година, шест месеци порано од првично планираното. Италија, вториот по големиина пазар по Германија, го одобри долгоочекуваниот декрет минатата недела кој што има за цел да ги намали субвенциите за соларна енергија на 6-7 милијарди евра годишно до крајот на 2016 година, кога се очекува инсталираниот капацитет да биде околу 23 GW. Преодниот период со постепено намалување на субвенциите ќе започне од 1 јуни и ќе трае до 2013 година.

Растот на чешкото производство на соларна енергија во 2010 година беше трет –најбрз во Европа. Субвенциите за соларна енергија се највисоки во Чешката Република, каде што 7.4% од плаќањата за електрична енергија одат за субвенционирање на соларната енергија, но од неодамна се применува ретроактивен закон за


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

БИЗНИС ИНФО

21

ПАРАЛЕЛИ: НУКЛЕАРНАТА И СОЛАРНАТА ЕНЕРГИЈА ВО ЕВРОПА

соларна енергија со воведување на 26 проценти данок за соларна енергија, која би требало да ги ограничи зголемените трошоци на тарифите за електрична енергија на 5,5% во 2011 година. Намалувањето на тарифите ќе се применува за сите постројки изградени после јануари 2011 година. Француската влада одлучи во декември 2010 година приврмено да ја замрзне регистрацијата на нови проекти за соларна енергија за наредните три месеци, со укинување на повластените тарифи за нови производители на фотоволтаична енергија. Новата регулаторна рамка од 23 февруари 2011 година ќе влијае и врз бизнисите како и врз инвестициите во овој сектор. Главните промени се однесуваат на средни и големи инсталации/ постројки и вклучуваат намалување на набавната цена и граница на производство од 500 MW годишно за апликациите за нови постројки. Остриот рез на субвенциите во 2008 година во Шпанија, тогашен светски лидер на пазарот, едвај го погоди развојот на соларната индустрија и доведе до неизвесност. Неодамнешните промени во Шпанија ги намалија регулаторните тарифи и поставија годишна граница од 500 MW. До крајот на јануари 2011 година Владата во Мадрид најави 30% намалување на бројот на часови на субвенционираното производство кои соларните постројки може да ги продадат на мрежата, ретроактивна мерка која што е многу штетна за овој сектор. Велика Британија планира да воведе 70% намалување на шемата на повластени тарифи за големите претпријатија за соларна енергија на 1-ви август 2011 година. Предлогот ќе влијае на било која соларна инсталација/постројка која произведува 50kW електрична енергија, 70% намалување на примена на постројки за производство на 250kW со снага од 5MW. Субвенциите се очекува да останат непроменети до април 2012 година. Повеќе информации може да се најдат на www.energymarketprice.com НОВИ ПОВЛАСТЕНИ ТАРИФИ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА И ВО БУГАРИЈА Бугарија беше привлечна дестинација за инвеститори во

индустријата на соларна енергија во последниве неколку години. Сепак, понатамошниот развој е загрозен бидејќи минатиот месец владата донесе нов закон за обновлива енергија, со што ги намали повластените тарифи на обновливиот сектор до 30%

Бугарија е една од најсончевите европски земји, со вкупен потенцијал на соларна енергија од околу 13.103 килограм тони еквивалент на нафта (Ktoe) годишно и и просечен годишен принос од сончеви зраци од околу 2150 часа. До крајот на 2010 година, капацитетот на соларната енергија во земјата досигнал 21MW. Вкупно 2GW на нов капацитет и е неопходен за Бугарија за да ги исполни своите заложби кон ЕУ за снабдување на 16% од својата потрошувачка на енергија од обновливи извори до 2010 година. Иако, почетните проценки укажуваат дека капацитетот на соларна енергија ќе достигне само 330MW. Новиот закон се смета како неопходна мерка од страна на владата со цел да се стави горна граница врз соларните инсталации кои се закануваат дека ќе го совладаат стареењето на електричната мрежа, како и да ги заштити потрошувачите од поголеми сметки за струја. Според новиот закон, во обид да се деблокира системот, за поврзување се потребни 50,000 лева или (36,820 долари) за планиран мегават се земаат предвид кога се потпишува прелиминарниот договор. Исто така, се предвидува намалување на задолжителните долгорочни договори за куповна моќ за соларна енергија од 25 на 20 години. Годишните тарифи ќе бидат донесени во јуни, со PV најверојатно ќе бидат подложени на намалување од 30%. Државната комисија за регулирање на енергетиката и водата предложи повластени тарифи за електрична енергија од фотоволтаични инсталации. Повеќе информации може да се најдат на www.energymarketprice.com

И во Македонија наскоро оглас за субвенции за користење обновливи извори енергија во земјоделството ДРЖАВАТА ЌЕ КОФИНАНСИРА НАЈМАЛКУ ПОЛОВИНА ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ИНВЕСТИЦИЈАТА Земјоделците ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за користење обновливи извори енергија. Наскоро се очекува Владата да објави оглас за поднесување барања за овие мерки од Програмата за рурален развој за 2011 година. - Поаѓајќи од стратегиските цели на националната земјоделска политика за искористување на природните ресурси со заштита на природата, оваа година производителите ќе можат да аплицираат за мерките за користење одржливи енергии и поттикнување на земјоделски практики со кои се зачувува животната средина, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а објавува МИА.

Според МЗШВ, инвестициите за зголемување на економската вредност на шумите се однесуваат на воспоставување капацитети за обработка на биомасата, чии производи можат да се користат како енергенс во руралните домаќинства. На овој начин се намалуваат потребите од сеча и од уништување на шумите. За ваквите проекти, државата кофинансира 50 проценти од трошоците за инвестицијата, односно 60, ако станува збор за рурални подрачја. Мерката за инвестиции во инфраструктурата на земјоделството предвидува поддршка на проекти за опрема за снабдување со електрична енергија на земјоделските стопанства. Приоритет ќе имаат и инвестициите за примена на енергија од одржливи извори и инвестициите во инфраструктура во водостопанството. Целта е искористување на водниот потенцијал за производство на енергија за системите за наводнување. Преку ИПАРД Програмата се поддржуваат и проекти за инсталација и опремување со капацитети за користење обновливи енергии - соларна, ветер, биогас и геотермална произведена за потребите на земјоделското стопанство.


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО Предупредување од страна на меѓународната организација „Оксфам“ ЦЕНАТА НА ХРАНАТА ДВОЈНО ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ДО 2030 ГОДИНА Меѓународната организација „Оксфам“ предупредува дека цената на храната двојно ќе се зголеми до 2030 година, освен ако светските лидери не преземат акција за реформирање на целиот систем. До 2030 година просечната цена на житарките ќе се зголеми од 120 до 180 отсто. Во својот извештај „Оксфам“ тврдат дека за половина од тоа поскапување „виновни“ ќе бидат климатските промени.

Тие ги повикуваат светските лидери на подобрување на регулацијата на пазарите на храна и вложување во глобалниот клилматски фонд. Наброени се најризичните подрачја во кои може гладта да се прошири меѓу населението - Гватемала, Индија, Азербејџан и источна Африка. И Светската банка предупреди дека зголемувањето на цените на храната милиони луѓе ќе натера во екстремна сиромаштија. Во април цените на храната биле за 36 отсто повисоки отколку една година претходно. За да се избегне критичен пораст на цените на храната, „Оксфам“ предлага светските лидери да ја зголемат транспарентноста на пазарот на производи, да ги зголемат резервите на храна, да прекинат со политиката на промовирање биогориво и да инвестираат во мали фарми. Франција зафатена од една од најстрашните суши во нејзината историја МАЧНО ИСЧЕКУВАЊЕ НА ЈУЛИ И АВГУСТ Сушата што ја зафати речиси целата територија на Франција може да биде најстрашна по онаа во 1976 година, смета францускиот министер за земјоделство Бруно Ле Мер.

- Состојбата на земјоделците може да се спореди со таа во 1976 година и ако сушата продолжи во наредните седмици, во текот на јули и август, сточарите и одгледувачите на зрнести култури можат да се соочат со ситуација пострашна од таа во 1976 година, изјави францускиот министер за телевизијата Франс2.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, земјоделците во цела Франција се повикани да штедат водата, а отворени се и механизми за финансиска помош на најпогодените. Така, цената на сламата е замрзната на 25 евра за еден тон, откако шпекулациите ја подигнаа на над 50 евра. „Метео Франс“ го објави времениот метеоролошки биланс на пролетта 2011 година во која се соборени сите рекорди на суша и топлина од пред еден век. Во март влажноста на земјата се` уште е во нормалата на сезонските мерења, но април е вториот најтопол месец од пред еден век со четири степени Целзиусови над нормалната температура и истовремено со најмалку врнежи од 1959 година, со што влажноста на почвата ги достигна вредностите карактеристични за месец јули. Температурите во март, април и мај се рекордно највисоки во последниов век, со 2,6 степени Целзиусиви над просечните температури измерени од 1971 до 2000 година. Мај е најжешкиот месец од почетокот на 20-от век, при што обемот на врнежите изнесува 45 проценти под просекот од 1976 и 1997 година. Единствено Корзика и Лангедок се во нормалата. Климатолозите засега не можат да предвидат со точност дали оваа тенденција ќе продолжи и во текот на летото, имајќи предвид дека во Франција, исто како и во другите северни делови на Европа, во текот на јули и август има долги дождливи периоди.

Украина најави укинување на ограничувањата за извоз на житни култури СТАПУВАЊЕТО НА СИЛА НА ОДЛУКАТА САМО ПРАШАЊЕ НА ДЕНОВИ Украина наскоро ќе ги укине сите ограничувања за извоз на пченица и на останатите житни култури, најави украинскиот министер за земјоделство Николај Присјажњук. Ваквата одлука украинската Влада ја донела на седница што се одржала деновиве, а нејзиното стапување на сила е само прашање на денови, - потенцира Присјажњук. Во октомври 2010 година Украина воведе квоти за извоз на житни култури, по големата суша што ја зафати Русија и одлуката на Москва да ги забрани сите испораки на житарки во странство. Реколтата од ланската жетва на житни култури во Украина изнесуваше 40 милиони тони, што е драстично помалку во споредба со родот од 46 милиони тони во 2009 година.

По слабиот принос и руската забрана властите во Киев лани во октомври го ограничија извозот на житарки до крајот на 2010 година на 2,7 милиони тони, а кон крајот на минатата година донесоа одлука за продолжување на ваквото ограничување. Руската забрана за извоз на житни култури важи до почетокот на претстојното лето, но аналитичарите прогнозираат дека е можно продолжување на овој рок.


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

ГФК: Младите работници не се задоволни од работата и од работодавачите ДВЕ ТРЕТИНИ СО ПОГЛЕД НА ДРУГО РАБОТНО МЕСТО ИЛИ ДРЖАВА Младите работници имаат помал контакт со работодавачите и се најмногу погодени од притисоците на работното место што предизвикува долгорочен застој и проблеми во менаџментот на компаниите, покажува интернационалното истражување на ГфК за ангажираност на работниците. Истражувањето спроведено кај повеќе од 30 илјади вработени во 29 држави од страна на агенцијата за истражување на пазарот GfK Custom Research покажува дека пазарот на трудот поларизира помеѓу разочарани 18-29годишници и нивните постари колеги. И покрај тоа што помладите вработени се веројатно ослободени од најголемите одговорности на работа, поголем процент од нив се „често“ и „речиси секогаш“ загрижени за балансот работата – животот, притисокот да работат прекувремено и личното здравје. Истражувањето покажува дека само 21 процент од 18-19 годишниците се во поголем контакт со работодавецот во споредба со 31 отсто од нивните постари 60годишни колеги. Разликата од 10 проценти, како што посочуваат од ГфК, предизвикува сериозни проблеми за бизнисите низ целиот свет бидејќи постои ризик од создавање на поделеност на работното место, меѓугенерациска нетрпеливост и може да ги уништи напорите да се регрутира, задржи и мотивира изливот на квалификувани млади таленти.

Гледано на национално ниво, во Македонија, Франција и Турција речиси една третина од младите вработени се „многу инволвирани“ со работодавците што покажува стабилна и продуктивна ситуација за компаниите, додека Унгарија, Чешка, Србија и Португалија се на дното на листата на инволвираност. За нив, проблематично би можело да биде задржување на младите таленти како што зајакнуваат економиите. И покрај тоа што 61 процент од младите работници веруваат дека има можности за напредување во кариерата, многу веруваат дека нивните можности се на друго работно место или во друга држава. Шест од десет млади работници активно бараат работа или ќе бараат во следните шест месеци, а две петини би се преселиле за да најдат ново вработување.

БИЗНИС ИНФО Повеќе од третина односно 36 проценти млади вработени се принудени да прифатат работа со која не се среќни или пак се движат по друг пат во однос на кариерата (37%) поради економијата. Две петини или 39 отсто од младите работници веруваат дека работодавецот ја користи рецесијата како изговор со кој бара од нив да работат повеќе, а третина односно 34 проценти се загрижени за тоа дека немаат средства да ја работат нивната работа ефикасно. Околу 40 отсто се често под стрес на работното место, а скоро 31 процент се чувствуваат под притисок од долгите работни часови. Истражувањето е спроведено во периодот меѓу 8 февруари и 4 април преку он-лајн, телефон или директен контакт со лица. Со истражувањето беа опфатени Аргентина, Австрија, Белгија, Бразил, Бугарија, Канада, Колумбија, Чешка Република, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Македонија, Мексико, Холандија, Перу, Филипини, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словачка, Шведска, Швајцарија , Турција, Велика Британија, Украина, САД. „Форбс“: Во светот има десет „тешки“ милијардери под 40-годишна возраст НАЈМЛАД СВЕТСКИ БОГАТАШ Е ДАСТИН МОСКОВИЦ СО САМО 26 ГОДИНИ Во светот има десет најмлади милијардери, под 40-годишна возраст. Најмладиот светски богаташ е 26годишниот сопственик на софтверска компанија, Дастин Московиц, само осум дена помлад од основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, додека највозрасниот на таа листа е коосновачот на „Гугл“, 37годишниот Сергеј Брин, објави „Форбс“. Дастин Московиц е цимер на Цукерберг од Харвард и еден од првите вработени во „Фејсбук“. Од Цукерберг деловно се раздели во 2008 година, кога покрена сопствена софтверска компанија „Асана“. Неговото богатство се проценува на 2,7 милијарди долари. Дваесет и шестгодишниот Марк Зукерберг не треба особено да се претставува. Тој е основач на најпопуларната социјална мрежа Фејсбук која му донесе богатство од 13,5 милијарди долари. Алберт вон Турн унд Таксис има 27 години и две милијарди долари. Германецот, богатството, технолошката компанија и огромниот имот ги наследил на 18 години. Денес живее во семејниот дворец Емерам. На списокот на најмлади милијардери е и 28-годишниот Скот Данкан, кого татко му Дан Данкан 12,4 милијарди долари вредна енергетска империја која ја градел цел живот. Дан Дункан пораснал во сиромаштија, но со својот труд и упорност изградил огромна компанија со која сега управува неговиот син „тежок“ 3,1 милијарди долари.

23

СВЕТ Меѓу најмладите богаташи е и 29годишниот Едуардо Саверин, коосновач на Фејсбук. Во таа компанија добил удел од 30 отсто, но голем дел акции ги продаде и се претпоставува дека неговиот удел во комапнијата денеска е само два отсто. Сепак богатствто на Северин се проценува на 1,6 милијарди долари.

На списокот најмлади милијардери е и една жена - Јанг Хијан, која има 29 години. Таа е главен акционер во компанијата „Кантри Гарден Холдинг“ во Гуангжу, Кина. Компанијата и ја оставил во наследство нејзиниот татко Јеунг Квок Кеунг. Јанг, која се стекна со диплома по маркетинг на Универзитатот во Охајо, е „тешка“ 4,1 милијарди долари. Триесетгодишниот Фахд Харири, најмлад син на убиениот либиски премиер Рафик Харири, поседува богатство од 1,5 милјарди долари. Ја поседува „Фјучр тв“, сателитска и национална телевизиска мрежа која го покрива Блискиот Исток. Живее во Париз. Благодарение на Фејсбук се збогати и Шон Паркер, некогашен претседател на популарната социјална мрежа. Тој денеска поседува три отсто од уделот на Фејсбук. Паркер бил и коосновач на Напстер, сервис за размена на музика. Триесет и четиригодишниот Јошиказу Танака е исто така на листата на најмлади милијардери. Тој е основач на најголемата јапонска социјална страница Гли и неговото богатство се проценува на 2,3 милијарди долари. Најстариот на листата на најмлади светски милијардери е Сергеј Брин, коосновач на „Гугл“. Со потекло е од Русија. Неговото богатство се проценува на 19,8 милијарди долари. На листата на млади и богати се и Јусаку Маезава, која поседува милијарда долари, 36-годишниот Олег Бакматјук, кој поседува исто толку, Украинецот Андреј Веревскиј тежок 1,1 милијарда долари, Американецот Џон Арнолд, чие богатаство се проценува на 3,3 милијарди долари, 37годишниот украински богаташ Костјантин Жеваго, Кинезот Хиан Јанг, кој поседува богатство од милијарда долари, Бразилката Ана Лусиа де Марос Барето Вилаела, која за 37 години стекна 3,2 милијарди долари, Фанг Веи со 1,3 милијарди долари и 37годишната Tурчинка Сера Сабанчи.


24

СВЕТ Добра вест за сточарите од Светската организација за здравјето на животните ГОВЕДСКАТА ЧУМА Е ИСТРЕБЕНА Говедската чума, злото кое долги времиња ги проретчуваше и ги уништуваше говедските стада, е целосно истребена од површината на Земјата, соопшти Светската организација за здравјето на животните (ОИЕ). Земјите-членки на ОИЕ, кои деновиве одржуваат средба во Париз, усвоија резолуција која официјално потврдува дека во 198 земји и територии во светот, животините се здрави и не се заболени од говедска чума. Генералниот директор на ОИЕ, Бернар Валла, како што јавува дописникот на МИА од Париз, изјави дека ова е „историски момент“, бидејќи „светот е ослободен од говедската чума, вирусот повеќе не се движи меѓу животните“. Го в едс ка т а чума е првата болест, од која заболуваат животните, истребена од страна на човекот. Од заболувањата од кои заболуваат луѓето, до денес само вариолата е истребена од површината на земјата. Говедската чума е позната во Европа уште од времето на Римската империја. Од неа не заболува директно човекот, но таа ги истребуваше говедските и биволските стада, уништувајќи ги дури сто процентно. Откривањето на ефикасна вакцина во 1957 година овозможи да започне целосното истребување на говедската чума. Вирусот на говедската чума, кој е истребен кај животните, се` уште е присутен во лабораториите, примероците од вирусот се наменети за производство на вакцини во случај ако болеста повторно се појави по случаен или намерен пат. Прашањето кое сега си го поставуваат експертите слично како и со вирусот на вариолата е како да се чува безбедно и дали воопшто треба да се чува? Околу 1,5 милијарди луѓе немаат пристап до чиста вода „НЕСТЛЕ“ ВО „СОЗДАВАЊЕ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ“ Околу 1,5 милијарди луѓе во светот немаат пристап до чиста вода, а повеќе од 80 отсто од населението во руралните средини живеат во екстремна сиромаштија, констатирано е на годишниот форум на „Создавање заеднички вредности“, што го организира компанијата „Нестле“, во соработка со Атлантскиот совет во Вашингтон. Покрај тоа, наведено е дека

БИЗНИС ИНФО повеќе од 45 милиони деца во светот помали од пет години имаат проблем со претераното дебелеење.

Претседателот на Управниот одбор на компанијата „Нестле“, Петер БрабекЛетмат нагласи дека живееме во време на големи глобални промени. Новите демографски податоци укажуваат на тоа дека до 2050 година бројот на луѓето може да достигне десет милијарди, а толкав број луѓе барат обезбедување огромни ресурси за храна, енергија и вода. Брабек ја истакна и важноста на филантропијата, истакнувајќи дека таа треба да биде привилегија на сопствениците на капиталот, а не на оние кои управуваат со туѓ капитал како и дека секоја компанија има еднаква одговорност кон заедницата која и овозможува работење, како и кон своите акционери. Тој наведе дека концептот на општествно одговорно работење е повеќе од давање на заедницата, тоа е креирање на нова вредност преку долгорочно и одржливо работење. Во соопштението на „Нестле“ се наведува дека Форумот е оддржан со цел да се креираат нови решенија и модели кои ќе придонесат кон долгорочниот економски развој и успешната соработка на компанијата и Владата за да се премости јазот меѓу комерцијалните потреби и развојните цели. Форумот на 19 мај ги собра лидерите и највисоките државни официјални лица од целиот свет кои дискутираа на темата за исхраната, водата и руралниот развој. УБС ЌЕ ЈА ПРЕСЕЛИ ИНВЕСТИЦИСКАТА ФИЛИЈАЛА НАДВОР ОД ШВАЈЦАРИЈА Швајцарската банка УБС планира да ја издвои својата филијала за инвестициско банкарство и да ја премести надвор од земјата, со цел да ги исполни строгите барања на тамошните регулаторни

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

органи, објави „Волстрит џорнал“. УБС за време на светската финансиска криза изгуби милијарди долари и беше спасена од страна на швајцарската Централна банка. Преселувањето на инвестициската филијала најверојатно ќе биде во Лондон, Њујорк или Сингапур, каде ќе располага со сопствениот капитал и ќе биде под надзор на локалните регулаторни органи. УБС минатиот месец побара одложување на строгите швајцарски прописи за капитал, но и вети дека седиштето во Швајцарија. Еден од воневропските кандидати за шеф на ММФ, Агустин Карстенс со предупредување СТРОГ ПЛАН ЗА ЕВРОЗОНАТА Изборот на извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кој не би бил од ЕУ ќе значи поодлучен и пореален акционен план за решавање на должничката криза во еврозоната, изјави гувернерот на централната банка на Мексико Агустин Карстенс, кој не единствениот противкандидат на француската министрка за финансии Кристин Лагард за функцијата нов шеф на ММФ. - Би било подобро да се има неевропски директор на ММФ бидејќи две посвежи очи би можеле пообјективно да ги согледаат европските проблеми, истакна Карстенс за време на посетата на Шпанија во рамки на неговата кампања за оваа функција.

Агустин Карстенс Тој нагласи дека има поголемо искуство и авторитет од Лагард. Оставката на досегашниот директор на ММФ Доминик Строс-Кан ги поттикна повиците од земјите во развој за прекин на традиционалното избирање на европски кандидат за оваа функција. Членките на ЕУ и даваат силна поддршка на Кристин Лагард, укажувајќи дека изборот на европски лидер е од клучно значење во време кога ММФ работи со еврозоната на спречување банкрот на Грција и ширење на финансискиот крах. Карстенс смета дека единствен начин за решавање на кризата во еврозоната е усвојување строги мерки, не наведувајќи какви би требале да бидат тие мерки.


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

Сони со загуба од 3,1 милијарда долари СИЛНИОТ ЈЕН СОЗДАДЕ МИНУС Јапонскиот електронски гигант „ Sony“ објави загуба од 3,1 милијарда долари во период од една година до 31 март.Загубата во најголем дел е последица на уплата на 4,4 милијарди долари такси, а и силниот курс на јенот влијае на намалување на очекуваната заработувачка во текот на годината.Работењето на „Sony“ исто така е погодено и со земјотресот и цунамито од 11 март што ја погодија Јапонија. Tрета година по ред „Sony“ бележи загуби. Сепак, предбидувањата се дека компанијата ќе работи профитабилно во тековната финансиска година. Од „Sony“ велат дека се обидуваат да ја зголемат профитабилноста со намалување на трошоците и прогнозираат профит од 976 милиони долари за оваа фискална година. Јапонската компанија имаше многу тешкотии во изминатите месеци. Минатиот месец, Sony беше погоден со напади од хакери, чија цел беа „Playsta�on Network“ и „Sony Online Entertainment Services“, при што беа украдени приватни податоци кои вклучуваат имиња, лозинки и адреси на повеќе од 100 милиони корисници. Компанијата процени дека поради хакерски напади ќе има пад на профитот во износ од 170 милиони долари.

„Хонда“ забрзано го нормализира производството во Северна Америка МНОГУ ПОБРЗО ВО РЕДОВЕН РИТАМ Фабриката на јапонската автомобилска компанија „Хонда“ во Северна Америка ќе се врати во нормално производство во август, многу побрзо отколку што се очекуваше по прекинот на достава на автомобилски делови, соопшти компанијата. Доставата на автомобилски делови беше прекинати поради оштетување на јапонските фабрики во разорниот земјотрес и цунами од 11 март или биле погодени од немање електрична енергија после тие катастофи. „Хонда“ минатиот месец поради недостиг на автомобилски делови ја намали доставата на приближно половина од вообичаеното ниво и соопшти дека можеби нема да продолжи со цело производство се до крајот на годината. Компанијата, меѓутоа, сега оцени дека ситуацијата во Јапонија се подобрува и дека погоните можат брзо да се вратат на цело производство освен оние кои го произведуваат новиот компакт модел на „Хонда сивик“. „Сивик“ е шестти популарен автомобили во САД и за верзијата за 2012 година и понатаму недоставуваат главни делови кои се доставуваат од Јапонија. Интересирањето на купувачите за тој модел и други мали автомобили во САД е во пораст со оглед на тоа дека цената на бензинот на американските пумпи се приближува на ниво од четири долари за галон (1,05 долари за литар). „Хонда“ соопшти дека 87 отсто возила кои ги продава во Северна Амрика ги произведува во своите десет фабрики во тој регион. Компанијата во своите погони во САД

БИЗНИС ИНФО има 21.000 вработени. Јапонскиот произведувач на автомобилите „Тојота мотор“, исто така, забрзано го нормализира производството. Еден месец порано соопшти дека ќе биде во состојба да го зголеми производството во Северна Амрика, многу побрзо отколку што се очекувало и дека во јуни ќе достигне 70 отсто вообичаени достави. „Тојота“ во мај го намали производството на околу 30 отсто во однос на поранешното ниво и ги предупреди дилерите дека можат да очекуваат недостиг на некои модели во текот на летото, затоа што целото производствено ниво можеби нема да биде достигнато се до пред крајот на годината. Ербас ПРОГРАМАТА А350 ЌЕ ДОЦНИ Конзорциумот ЕАДС потврди дека новиот европски патнички авион Ербас А350, чиј прв примерок треба да биде испорачан во второто тримесечие на 2013 година, ќе доцни, јавува дописникот на МИА од Париз. Веста ја пренесе париски „Фигаро“, кој се повикува на изјавата на првиот човек на ЕАДС, Луи Галоам кој пред акционерите на групата призна дека првиот испорачан примерок на авионот Ербас А350 ќе биде во вториот семеста на 2013 година. Првиот А350 е наменет за Катар Ервајс, станува збор за средната верзија на а в и о н о т А350-900 со капацитет од 314 седишта. Бројот на седиштата на овај тип на авионие е меѓу 270 и 350 во зависност од моделите. Според првиот човек на Катхеј Пацифик, Џон Слосар, пренесен од „Фигаро“, двата други модели А350-800 и А350-1000 треба технички да бидат подобрени, што значи дека ќе има задоцнување во нивната испорачка. Оваа компанија има нарачано 30 модели на А350. Според весникот, задоцнувањето во програмата на А350, може да достигне шест месеци. Компаниите кои имаат нарачано А350, како Емиратите, побараа од Ербас да извршат измени на А350-1000 за да ги направат покомпетитивни наспроти Боингот 777, што може да значи скапи промени во реакторите изработени од Ролс-Ројс. Огромни попусти на „Рено“ во обид да ја „откочи“ продажбата НЕКОИ МОДЕЛИ ПОЕВТИНИ И ДО 45 ОТСТО Продавачите се принудени да даваат огромен попуст на некои модели на „Рено“, откако продажбата на автомобили на француската компанија од овој месец е намалена за 35 отсто. Дилерите нудат и до 45 отсто попуст за купување на моделот „клио“ бидејќи испораките на возила на францускиот пазар доживеаја драстичен пад овој месец. Официјален претставник на „Рено“ предупреди дека до намалената продажба на возилата дошло и поради укинувањето на

25

КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС субвенциите за поттик на побарувачката за автомобили и завршувањето на програмата „старо за ново“. „Рено“ се најде меѓу производителите на автомобили кои забележале најголемо намалување на испораките на европскиот пазар минатиот месец. Компанијата регистрира намалување на испораките од 13 отсто на околу 106.000 возила во однос на 2010 година, тврдат податоците на Европските производители на автомобили.

ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ Еврото и доларот на рекордно ниско ниво кон швајцарскиот франк СООДНОСОТ НАЈВЕРОЈАТНО ПОДОЛГО ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ Еврото пред минатиов викендов падна на рекордно ниско ниво во споредба со швајцарскиот франк, а рекордно ниско кон ова прибежиште на финансиерите во кризни времиња стоеше и доларот Еврото падна на 1,2167 франци, најниско ниво од воведувањето на заедничката европска валута во 1999 година. Сепак, еврото и овој викенд успеа да ја задржи предноста пред доларот за 0,7 проценти. И доларот беше на рекордно ниско ниво во однос на франкот, со вредност од 85,34 центи. Притисоците на доларот не попуштаат по објавата на стапката на раст на американскиот БДП во првото тромесечје од годинава, кое е послаба отколку што се очекуваше. Најновите податоци за економијата, вклучувајќи го индексот на довербата на потрошувачите, можат додатно да ја ослабат зелената валута. Според аналитичарите, комбинацијата од слабите прогнози за доларот и загриженоста поради долговите во еврозоната, најверојатно ќе ги задржи валутите во овој сооднос. Истовремено, швајцарскиот франк, најверојатно ќе продолжи да зајакнува, со оглед на тоа дека економското и финансиското здравје на Швајцарија наголемо го надминува просекот во еврозоната. Најголем раст на цените на становите во Париз во последните 20 години МЕТАР КВАДРАТЕН 7.780 ЕВРА Достигнувајќи 7.780 евра за метар квадратен станбен простор, цените на недвижностите во францускиот главен град за една година забележаа раст од 20,8 отсто. Како што јавува дописникот на МИА од Париз, според податоците од нотарските канцеларии, ова е најголемиот раст на цените на нед в иж но ст ите на годишно ниво во последниве 20 години. Истовремено, цените на станбениот пораст во парискиот регион Ил-де-Франс, кој е најгусто населена област во Франција, за само една година забележаа раст од 16,5 отсто.


26

НОВИ ПРОИЗВОДИ И ТЕХНОЛОГИИ Со фибер оптички кабел за секунда префрлиле податоци со големина на 700 ДВД РАЗДВОЕНИ ДУРИ 300 БОИ НА СВЕТЛО ВО ЛАСЕРСКИ ЗРАЦИ Научници од Институтот за технологија во Карлсрух поставија рекорд во брзина на пренос на податоци преку фибер оптички кабел користејќи се со ласер. За само една секунда упеале да пренесат 26 терабајти податоци, што е еднаква количина која може да се сочува на 700 ДВД. Германските научници раздвоија повеќе од 300 бои на светло во ласерски зраци од кои секоја е кодирана од своите сопствени низа податоци, објави списанието „Натур фонетик“.

Обидите да се усоврши пренесувањето на податоци со телекомуникациски технологии базирано на светлина доведоа до значајни откритија во изминатите неколку години. Новата технологија овозможи зголемување на брзината на преносот на податоци. На приемниот дел на кабелот се наоѓа уште еден збир на осцилатори кои се користат за обратен процес. Користејќи се со оваа метода брзината со која се пренесуваат податоците е ограничена исклучиво со бројот на користешни ласери. - Со експериментот успеавме да префрлиме 100 терабајти податоци во секунда, но проблемот е во тоа што за тоа требаше 370 ласери, а тоа е многу скапо, рече за Си-Ен-Ен коавторот на истражувањето Волфганг Фреуд. Freude со своите колеги открил како да реплицира слична брзина со помош на само еден ласер со многу кратки импулси. Кога ќе стигнат до оптичкиот кабел околу 325 бои можат да имаат свој посебен проток на податоци.

БИЗНИС ИНФО

Екипата на Фреуд минатата година демонстрираше како помал број од овие бои можат да бидат корисни за преносс на повеќе од десет терабајти податоци. Во најновиот експеримент успешно пренесоа податоци со фибер оптички кабел со должина 50 км, јави „Дејли Мејл“.

Универзален полнач за електроавтомобилите во Европа СИСТЕМОТ УСОВРШЕН, НО ПРОДОЛЖУВА БОРБАТА СО БИРОКРАТИЈАТА * За да може еден француски електроавтомобил без проблеми да полни енергија на „електро-пумпите“ во Холандија и Шпанија треба да има вградено универзален полнач. Во Европа се води битка за стандарден полнач. Во фирмата што се наоѓа во местото Кирххундем, во германската покраина Саарланд, работат околу 400 работници. Овде се изработуваат универзални штекери. Средно големата фирма „Менекес“ во седумте децении од нејзиното постоење се разви во вистински специјалист за производство на штекери. Фирмата важи дури за водечка на светскиот пазар. Во магацините има секојдневно повеќе стотици различни видови штекери што можат во секој момент да се состават според желбите на муштериите. Валтер Менекес е шеф и основач на фирмата. Тој, заедно со неговиот тим, веќе три години работи интензивно на новиот штекер за електроавтомобилите во Европа. Станува збор за проект тежок повеќе милијарди евра, како во Европа, така и во светот: -Секој, кој веќе барем еднаш бил во странство и сакал да вклучи фен за сушење коса или апарат за бричење, знае колку е тешко да се работи со адаптер. Со мобилните телефони имавме иста ситуација, па најдоа решение со универзалниот систем на штекери. Сметам дека вакво нешто е многу полесно за сите корисници, односно за сите возачи на автомобили, - објаснува Валтер Менекес. До сега автопроизводителите имаа различни системи. Меѓутоа, само со универзален штекер ќе може да се полнат електроавтомобилите со

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

енергија на секоја „станица за гориво“ во Европа: -Сите европски автопроизводители се одлучија за нашите Менекес штекери. Дури и големите концерни за производство на електрична енергија, како Енергија Франција, германскиот РВЕ и ЕОН и италијанскиот снабдувач со енергија ЕНЕЛ, сите се одлучија за нашиот производ. Тие рекоа: ова во моментов, од електротехничка гледна точка, е најдоброто нешто што можеме да го најдеме на пазарот, - објаснува сопственикот на фирмата Валтер Менекес. На фирмата Менекес и’ појде од рака успешно да ги реши сите технички проблеми што се појавија при конструрањето и подготовката на штекерот за полнење на електроавтомобилите, како на пример различните електрични напони. Меѓутоа, долгогодишната борба со европската бирократија се’ уште трае. Политичарите во Франција, на пример, се обидуваат да го спроведат својот национален систем, вели Фолкер Лацаро, шеф на одделот за развој во фирмата Менекес:

-Се’ се сведува на тоа системот да биде признат на меѓународно ниво. Притоа не се работи само за техничкиот пронајдок, туку покрај тоа има уште многу комуникација, односно разговори со крајните потрошувачи, кои во иднина треба да се одлучат за овој систем. Така паралелно водиме разговори со луѓето кои се задолжени за стандардизирање, со автопроизводителите и со големите енергетски концерни. Сето ова ќе потрае уште некое време, - вели Лацаро. Системот на фирмата Менекес треба да го помине и пробниот тест во практика. Тестовите се прават на повеќе од 600 локации, а во нив учествуваат европски автопроизводители и енергетски концерни од цела Европа. Меѓутоа, клиентите веќе сега се задоволни со германскиот систем.


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

Соочување со крајот на „лесната нафта“ ПАРЕАТА ГИ ВАДИ ТЕШКИТЕ РЕЗЕРВИ Арапскиот Полуостров пет децении ја полнеше со гориво светската економија. Уште колку дого ќе остане да го прави истото зависи од проектите како овој што го откриваме тука, а кој се одвива во пустинскиот песок долж границата на Саудиска Арабија и Кувајт. Саудиска Арабија стана најголемиот производител на нафта во светот по откривањето на нејзините бесконечни лесни за бушење висококвалтетни резерви на лесна нафта. Но, како што растат побарувањата за енергија, а полињата на „лесна нафта“ низ светот почнуваат да пресушуваат, Саудијците се свртуваат кон „потежок“ извор: милијарди барели тешка нафта која е заробена под пустината. Тешката нафта, која може да биде густа како меласа (шеќерниот нуспродукт), потешко се вади од земјата отколку лесната нафта и чини поскапо да се рафинира во бензин. Без разлика на ова, Саудиска Арабија и Кувајт започнаа амбициозен експеримент: започнаа дупчења во нафтените полиња во Вафра, лоцирана во ретко населената бесконечност на пустината која ги дели двете држави. Тоа што Саудијците воопшто и го прифаќаат овој проект покажува колку е тешко и скапо жедниот свет да се напои со нафта. Тоа исто пкажува дека дури и Саудијците во иднина можеби нема да можат набрзина да го зголемат производството, ако побарувањето продолжи неочекувано да расте. Нити едно од наведениве за подолг период не оди во прилог на враќање кон евтината нафта. - Лесната нафта завршува, вели Алекс Мантон, аналитичар за Блискиот Исток за шкотската енергетска консултантска фирма „Вуд Мекензи“. Тој вели дека најголемите нафтени полиња во Заливот испумпале повеќе од

БИЗНИС ИНФО

27

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

половина од нивните резерви тоа е точка во која производството традиционално почнува да опаѓа. Годинава рекорд потрошувачката

во

А м е р и к а н с к а т а администрација за информации за енергија на почетокот на месецов објави дека светската потрошувачка на нафта годинава ќе го достигне рекордот од 88 милиони барели на ден. Превирањата во Либија, заедно со успорениот раст на производството во западните земји, ќе ги закочи набавките и ќе ги зголеми цените, велат од федералната агенција. Тие предвидуваат дека годинава цената просечно ќе изнесува 103 долари за барел, што е за 30 проценти повисока од минатата година и идната година ќе биде уште повисока.

Никој не навестува дека на државите од Заливот нафтата им се намалува. Затоа е потребна тешката нафта, иако таа тешко се испумпува. Се проценува дека само на Блискиот Исток има резерви од 78 милијарди барели тешка нафта која во моментов е достапна, количина која е за повеќе од 3,5 пати поголема од вкупните резерви на САД. Американското геолошко истражување проценува дека во светот има 3 трилиони барели тешка нафта, што за сегашното ниво на потрошувачка во светот е доволно за следните 100 години. Што е финтата: само дел од неа - околу 400 милијарди барели - можат да се искористат со сегашната технологија. Со новите технологии, како онаа која сега се испробува во Вафра, може да се испумпаат поголеми количини. - Кога луѓето зборуваат како се истрошува нафтата, не сметаат на тешката нафта, вели Ејми Марес

Џеф, која раководи со Енергетскиот форум на Институтот Бекер за јавни политики на универзитетот Рајс во Хјустон. - Таму има огромни количини на ресурси... прашање е само развојот на технологиите. Да се дојде до густата нафта од Вафра, работниците вбризгуваат пареа во земјата за да ја загреат нафтата и да ја проретчат, по што таа испливува на површината. Оваа технологија е комплицирана, скапа и непроверена за видот на карпи во кои се наоѓа складираната нафта во Вафра. На половина од текот на проектот, Саудијците побараа помош од корпорацијата „Шеврон“ која има повеќедецениско искуство во испумпување на тешка нафта од полињата во Калифорнија и на Тајланд. Ова е ретка шанса за западна нафтена компанија да приграби дел до наголемите резерви на нафта во светот. Но, тоа е исто така и коцка. Проектот е многу покомплексен од тоа што „Шеврон“ досега го работел, ќе чини милијарди долари и ќе треба децении за да се доврши. И ќе треба „Шеврон“, а не Саудијците, да го вложат потребниот капитал за проектот да работи - но и да се прифати ризикот ако не работи. Нафтеното поле Вафра лежи 48 километри во копното од Персискиот Залив, покрај автопатот со електрични кабли, нафтоводи и ретки крда камили кои патуваат по пустината која изгледа како месечевата површина. Во полето има силно чувани порти, а стотиците сиви пумпи работат бавно во шумата од бушотини, предаватели и работни столбови. Нафтоводите се развлечени како змии преку песокот и ја пренесуваат заедничка нафта од повеќе од илјада бушотини. Околу 45 проценти од нафтата од Вафра оди за САД. Таа нафта е лесна за испумпување. Но, во Бафра сепак останува големата награда: 25 милијарди барели тешка нафта. „Шеврон“ прави тестирање вредно 340 милиони долари во еден мај дел од Бафра. Нафтата густа како меласа, се разретчува кога ќе се загрее. Низ големи сребрени цевки во земјата се внесува пареа на 315,5 Целзиусови степени која паѓа врз карпите полни со нафта.


28

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Во близината силни пумпи ја испумпуваат нафтата. Засега резултатите ветуваат. Од ноември изворите произведуваат по 1.500 барели дневно, седум пати повеќе отколку што произведуваа пред да се започне со вбризгувањето на пареата во 2009 година. Саудиска Арабија и Кувајт внимателно ги следат резултатите. Бројни принцови, емири, министри и амбасадори ја посетија исфрлената на терен канцеларија на овој проект, целосно поплочена со мермер. - Сите го гледаат нашиот проект, вели Ахмед ал Омер, претседател на одделот на „Шевврон“ за Саудиска Арабија. Сите се вртат кон „тешката нафта“ Светската потрошувачка на нафта се зголеми со експлозивните потреби на Кина и Индија, и минатата година скокна до 2,3 милиони барели дневно, што е зголемивање за 2,8 проценти, стои во бројките на американската влада. Ова е второ најголемо зголемување на производството во последните 30 години. Во меѓувреме, производството на нафта на запад споро расте. Тоа значи дека светот е се повеќе зависен од производството од картелот на ОПЕК, а посебно од нејзината доминантна членка Саудиска Арабија.

- Сите држави на Блискот Исток ќе почнат да се борат за овие резерви на тешка нафта, вели Ендрју Голд, претседател и извршен директор на џиновскиот сервис за нафтени полиња „Шлумбергер лимитед“, која работеше на неколку проекти за тешка нафта во регионот. - Тие досега немаа причина да размислуваат за ова. Некои држави веќе сега се обидуваат да ги откријат своите резерви на тешка нафта.

БИЗНИС ИНФО Бахреин најави дека се надева да го удвои или труплира производството од нафтените полиња во Авали по отккривање на тешка нафта со помош на калифорниската корпорација „Оксидентал петролеум“. Абу Даби во 2009 започна пилотпроект со компанијата „Праксер“ од Конектикат, за да го засили производството на тешка нафта од своите полиња во Закум. Оман е посебно амбициозен со своите проекти за тешка нафта, откако најави намалување на производството на лесна нафта за еден чекор надолу. Во 2007 година, „Оксидентал петролеум“ започна проект за вбризгување пареа во полињата во Мукхаизма и го зголеми производството за 15 проценти откако компанијата го презвема производството во 2005 година. Минатата година, државната компанија за нафта во Оман се здружи со корпорацијата „Ројал Дач Шел“ и со други компании за започнување на проект вреден 2 милијарди долари, за зголемување на производството од своите полиња Мармул со употреба на друга, слична техника. Но, проектот Вафра ги надминува другите во регионот. Ако Саудиците и Кувајќаните одлучат да го прошират вбризгувањето пареа на целото нафтено поле, тоа ќе биде двојно поголемо од засега најголемиот проект со употреба на пареа. оној во Индонезија. Конечно, тие веруваат дека ќе успеат да испумпаат 6 милијарди барели тешка нафта. - Ова е масивен проект кој ќе трае 25 до 30 години, и е вреден повеќе милијарди долари во инвестирање и испумпување, вели потпретседателот на „Шеврон“ Џорџ Киркленд. „Шеврон“ не ја открива целосната сума на проектот, но Кувај претходно процени дека ќе чини 10 милијарди долари во следните десет години. За западните нафтени компании таквите проекти се сметаат за вредни за ризик, бидејќи постојат можности да се оствари присуство во регионот каде во минатите децении имаа мал пристап. Во 30-ите, 40-ите и 50-ите,

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

западните нафтени компании, вклучувајќи го и претходникот на „Шеврон“, корпорацијата „Ексон мобил“, потоа компанијата БП и повеќето од другите меѓународни производители, помогнаа во откривањето на други големи нафтени полиња низ светот, како што се Гавар во Саудииска Арабија, Бурган во Куват и Румаила во Ирак. Започнувањето на производството на нафта од тие полиња беше лесно, па затоа во 70-ите повеќето влади во регионот одлучија дека повеќе не им треба помош од западните компании и ги национализираа нивните полиња. „Големата нафта“ виртуелно се најде исклучена од регионот. Како резултат на ова, западните компании беа оставени сами на себе во помалку профитабилни проекти: дупчења во длабоки води, ископувања на канадската песочна нафта и исцедување на последните капки од старите полиња наоколу низ светот. Овие проекти на компаниите им донесоа експертиза која сега се надеваат дека ќе им донесе шанса да се вратат назад на Блискиот Исток. Но, овие проекти се долги и скапи, а владите во регионот водат тешки преговори, терајќи ги компаниите да инвестираат во проектите додека владите ќе земаат голем дел од профитот - ако овие проработат. Повеќето експерти сметаат дека компаниите најмногу се одлучуваат за овие пилот-проекти за да навлезат во трагата на уште поголеми, попрофитабилни проекти во близина - оваа тактика претходно ја користеа во Русија и Ирак, но со различни резултати. Вбризгувањето пареа е стара идеа Употребата на пареа за извлекување на нафтата не е нова идеја. Шеврон го користи овој метод за испумпување тешка нафта на нивните полиња во Керн Ривер во Бејкерсфилд, Калифорнија, уште од 60-ите. Од тоа поле се искористени само 10 проценти од резервите на нафта со помош на традиционални методи. Со


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

употребата на вбризгување пареа, Шеврон сега е на пат да испумпа до 80 проценти од нафтата таму. Сепак, проектот Вафра е далеко повеќе од предзвик во споредба со другите традиционални проекти со вбризгување пареа. Како и во повеќето места на Блискиот Исток, нафтата во Вафра е складирана во дебел слој на камен, кој исто така содржи и минерали кои можат да се наталожат во цевките и да ја кородираат опремата. Уште поголем предизвик се двата основни елементи за создавање пареа: вода и извор на енергија за водата да се загрее. Повеќето успешни проекти на пареа се на места каде има достап до релативно чиста вода и ефтини извори на енергија, обично природен гас. Саудиска Арабија и Кувајт имаат малку од двете. Без извори на чиста вода во арапската пустиња, Шеврон мора да ја користи солената вода од подземните резервоари во истиот регион каде што е и нафтата. Оваа вода е полна со загадувачи кои треба да се отстранат пред таа да биде загреана и вбризгана во земјата. Пронаоѓањето на енергија за загревање на водата ќе биде уште потешко. „Шеврон“ може да употребува нафта наместо природен гас - буквално горејќи нафта за да произведе нафта - но со тоа ќе „изгорат“ и профитите. Затоа изгледа дека компанијата ќе мора да увезува природен гас од други места, што е скап процес што подразбира гасот прво да се замрзне за да се претвори во течен, а потоа и да се пренесе на илјадници километри. На ова, некои есперти вртат со главите. - Имаат проблеми, вели Роберт Тороњи, пензониран инженер од „Шеврон“ кој сега работи како главен за операции во „Квантум резервоар импакт“, консултантска фирма стационирана во Хјустон. Тој вели дека проектот е толку предизвиклив што ќе биде тешко за „Шеврон“ да оствари голем дел од профитот. „Шеврон“ вели дека проектот ќе биде профитабилен сеж додека цените на нафтата останат над 60 до 70 долари за барел, што е многу под понеделничото ниво

БИЗНИС ИНФО од 97,70 долари за барел. Бил Хигс, главен менаџер за операции на „Шеврон“ во Саудиска Арабија, го споредува проектот со „хемиски експеримент“ и вели дека компанијата сеуште пресметува дали вреди оваа масивна инвестиција, што ќе биде потребно за да се доведе проектот од пилотфазата до целосно призводство. Сепак, овој проект има предности во споредба со испумпувањата во длабоки води. - Знаеме каде е нафтата, вели Хигс. - Нема сомнеж околу тоа. Па сега прашањето е: како економски исплатливо таа да се произведе? (Волстрит џурнал – Њујорк) Бизнисот на Германецот Александер Хофман РЕТКИТЕ МЕТАЛИ НЕ ГИ ЈАДЕ ИНФЛАЦИЈАТА Ретките метали денес се присутни во голем број производи. Со оглед на тоа што многумина веќе немаат доверба во еврото или доларот, своите пари ги вложуваат во ретки метали. Еден Германец од тоа направи бизнис

Работното место на Германецот Александер Хофман е тајно. Се знае само дека се наоѓа некаде во швајцарските Алпи. Во подземниот бункер, затворен со дебели челични врати, фотографирање не е дозволено - од безбедносни причини. Тука Германецот за своите муштерии складира ретки метали: индиум, галиум, тантал или бизмут. Богатство во вредност од, во моментов, 56 милиони евра. „Се забележува огромно зголемување на бројот на муштерии откако на телевизија почнаа да зачестуваат вестите за кризата. Муштериите сметаат дека вредноста можат да ја задржат преку ретките метали“, вели Александер Хофман.

29

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Вредноста на танталот се зголеми за трипати Индиум, тантал или галиум има во речиси сите електронски апарати. Цели индустриски гранки се зависни од снабдувањето со ретки метали, или ретки елементи. Најголеми резерви со ретки метали има во Кина и Африка. Танталот, на пример, е многу баран во индустријата. Тој се употребува при производство на авионските мотори, или пак дихтунзи отпорни на топлина. Но, тој се користи и за секој мобилен телефон. Вредноста на танталот, во рок од три години, се зголеми за трипати, на повеќе од 700 евра за килограм. Хофман ги добива своите ретки метали од трговецот на големо „Маасен“ од Бон. Тој има одлични контакти во Кина. Без него Хофман не би имал резерви.

Трговецот со суровини Гунтер Маасен вели: „Нашето претпријатие над 60 години негува блиски односи со кинеските производители и трговци. Мислам дека Кина не размислува веќе да не го снабдува Западот со суровини, само што сака прво да го снабди сопственото население.“ Швајцарија, бидејќи обезбедува голема правна сигурност Хофман знае дека ретките метали често доаѓаат од кризните региони во светот. Складишниот простор е ограничен, но токму тоа го поттикнува бизнисот на Александер Хофман. Зашто неговите муштерии сакаат едно безбедност! „Се одлучивме за Швајцарија затоа што таа на муштериите им обезбедува голема правна сигурност. За разлика од другите земји, овде државата не посега по металите. Тоа значи - металите не можат да бидат запленети.“


30

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Местото за складирање е веќе тесно. Александер Хофман има намера годинава да складира ретки метали во вредност од околу 100 милиони евра. Клучевите од новите простории за скаладирање веќе ги има. (Дојче Веле - Бон) Хрватска, земја со стотици илјади невработени, aма… УВОЗ НА МАСАЖЕРКИ ОД ТАЈЛАНД !?

Во туристичка Хрватска со околу 300.000 илјади невработени оваа година нашите гости ќе ги забавуваат 40 странски аниматори, 30 туристички застапници со странски пасоши, дури 60 странски готвачи од национални кујни, но и 40 „увозни“ инструктори за гњурење!

Тоа е само мал дел од вкупната бројка од 228 нови работни дозволи кои Владата на РХ овие денови ги одобри на странци за вработување во туризмот и угостителството оваа година, со уште 400 продолжени претходно издадени работни дозволи од истата бранша. Толкав број на листата за вработени од странство (628) во туризмот и угостителството стигнаа на самиот врв на листата на стопански дејности во Хрватска, која наводно не може да функционира без работници од странство. Андриќ: Неприфатливо! Но, ако внимателно се погледне листата на одобрени нови работни дозволи со кои странците и оваа година „ќе го земат лебот“

БИЗНИС ИНФО на некој наш невработен, останува јасно дека се работи главно за занимања чии вештини и знаење и нашите невработени лица многу лесно можат да ги совладаат во текот на зимата, но тоа на никого не му паѓа на ум. - Апсолутно е неприфатлив увоз на туристички аниматори, туристички застапници, а посебно на инструктори за гњурење и за голф, како и дегустатори на пијалоци, бидејќи се работи за занимања за кои младите невработени лица можат да се оспособат за работа. Зарем не е парадокс тоа што во држава која има површина на територијално море од 31.067 квадратни километри да одобруваме барања за издавање на работни дозволи за 40 инструктори за нуркање?! Зарем е можно во Хрватска да нема здрави и способни луѓе кои можат да се оспособат за инструктори за нуркање? За готвачи на национални кујни, масери, туристички застапници... и претходните години изразувавме свое противење на политиката на нивното вработување, кое никогаш не се земаше предвид – вели Едуард Андриќ, претседател на Синдикатот за туризам и угостителство на Хрватска, остро спротивставувајќи се на тој тренд. Дека навистина се работи за непотребен увоз на работна сила најдобро говорат многуте курсеви со кои во текот на зимските месеци преку заводот за вработување се преквалификуваат, образуваат и оспособуваат за работа многу готвачи, слаткари, келнери, рецепционери, сервирки, хотелски собарки и цел низ други занимања, меѓу кои ги нема и тие од долгогодишниот попис на увозна работна сила. Прашање е и колку е потребно да се донесат само ова лето дури 60 готвачи од национални кујни, бидејќи во цела зима немаме толку егзотични национални ресторани за кои нема готвачи кај нас, коментираат угостителите. Оваа сезона дури 50 Тајланѓанки треба да ги масираат нашите туристи со „посебен вид на масажа“, како што стои во Владиното образложение за

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

дозволите за работа кои им се одобрени. Сакаме-не сакаме нови квоти Тоа е само дел од вкупно 566 нови дозволи за работа на странци кои штотуку ги одобри Владата, покрај 5.300 лански дозволи кои се продолжени, наспроти донесената одлука во февруари, со која поради големиот раст на невработеноста во земјата, оваа година нема да се одобруваат нови квоти за увозни работници. Но, таа одлука беше во сила само три месеци и овие денови ланската увозна квота се зголеми за 566 работни дозволи, од кои речиси половината во туризмот, а останатите се во културата, здравството и образованието, вкупно околу 6.000 странци. (Слободна Далмација – Сплит) Хрватска попушти пред утунското и угостителското лоби СКОРО СЕКОЕ ВТОРО КАФУЛЕ ВО ЧАД

Во околу 40 отсто кафулиња во Хрватска пушењето е дозволено, може да се заклучи од податокот на Санитарната инспекција на Министерството за здравство и социјална заштита, според кој до 27 мај оваа година се издадени 6.878 решенија за пушачки простор. Инспекцијата одобри пушење во уште 321 угостителски објект со издвоен простор за пушење. До тој датум примени се 7.394 барања за дозвола за пушење, од кои само 143 се одбиени поради неисполнети услови, а 50 странки самите се откажаа од барањата. На стручниот собир „Јакнење на контролата над пушењето“ одржан по повод Светскиот ден на непушење 31 мај, Јасна Месариќ началничка на Одделението на Санитарната инспекција за предмети од општа употреба, го истакна податокот дека за една година, од мај 2010


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

до мај 2011 година, речиси 3.500 инспекциски контроли на три вида угостителски простории работат на контрола на спроведување на Законот за непушење. На сопственици на локали им се изречени 50 мандатни казни по 1000 куни, а покренати се 17 обвинителни предлози против лица кои не сакале и не можеле да платат. Хрватска во 2008 година го донесе Законот за непушење и го измени една година подоцна во корист на угостителите, кои ги уверија властите дека забраната за пушење ги загрозува. Одлучувачка беше рецесијата и полнењето на буџетот, иако светските искуства зборуваат дека цената на лечењето на заболените поради пушењето, значително е повисока од даночниот профит. За последиците по здравјето на општествен и личен план, и да не зборуваме. Статистички е потврдено дека во Хрватска од директни последици од пушење, секоја година умираат околу 9500 луѓе, а вкупно од нив околу 13.000 сметајќи ги и непушачите кои се изложени на дим од цигари. Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека и оваа година во светот од болести поради пушење ќе умрат околу 6 милиони луѓе, меѓу нив 600.000 непушачи.

Во европскиот регион се работи за 1,6 милиони луѓе! Со вакво ниво на пушење во светот во овој век од болести поврзани со пушењето ќе умрат 1 милијарда луѓе. Сепак има некои позитивни резултати од кога почна поинаку да се размислува за пушењето. Од 70тите години во Хрватска бројот на пушачите речиси дупло се намали: тогаш пушеле околу 60 отсто мажи, денес се само 35 отсто, но жените пушат повеќе – од 10 отсто бројот се зголемил на 22 отсто, како да не допираат до нив предупредувањата за сите ризици.

БИЗНИС ИНФО Реинер: Не е докажано дека забраната за пушење ги загрозува угостителите Неодамна во ХАЗА по конференцијата „Проблеми при прекин со пушењето“, беше претставена Хрватската повелба против цигарите со стратегија за Хрватска без пушење. Меѓу другото, се истакна правото на живот и околина без дим од цигари. Претседателот на ХАЗА академик Звонко Кусиќ рече тогаш дека забраната за пушење сто пати е поефективна од било која терапија против болести како последица од пушењето. Академик Марко Пеќина, изнесе научни докази дека коскената маса кај пушачите е значително послаба од таа кај непушачите: кај околу 1430 испитаници со акутни преломи поради остеопороза, два и пол пати имало повеќе компликации меѓу тие кои продолжиле да пушат, за разлика од тие кои за шест недели престанале со пушење. Денес и на молекуларно ниво е докажано штетното влијание од пушењето, потенцира Пеќина. Меѓутоа, академик Жељко Реинер, напомена дека бројката за жртвите од пушењето не е пресудна при одлуката за прекин на пушење. Многу луѓе сакаат да го прекинат пушењето, но не успеваат. Реинер додаде и тоа дека не е докажано како одвоените простории за пушење со вентилација ја намалуваат изложеноста на димот, како и тоа дека забраната за пушење во угостителските објекти долгорочно штети на работата на тие објекти. Според д-р Антоинета Каиќ-Рак, шеф на Сектор во СЗО во Хрватска, имаме глобална стратегија против епидемијата од пушењето, бидејќи 172 земји ја прифатија обврзувачката конвенција за контрола на употреба на цигарите. Се подразбира заштита од дим од цигари, забрана на пушење во јавни простории, предупредувања на кутиите на цигари за штетноста од пушењето... Позитивни примери има од австралиската иницијатива сите цигари да се пакуваат во исти дизајнирани кутии, Талјанд воведува 57 отсто данок на цигарите, а Кина го забрани

31

СВЕТСКИ ПЕЧАТ пушењето на сите јавни места. Стручњаците истакнуваат дека пушењето е главна причина за смрт за која постои превенција. Каиќ-Рак напоменува дека таму каде што стриктно се спроведуваат прописите за ограничено пушење, бројот на хоспитализираните заболени лица од инфаркт се намалува за 20 до 40 отсто! Пушењето е поврзано со 40 тешки, често и терминални болести на крвниот систем (мозочен и срцев удар), со онколошки болести и болести на белодробните крила, како што се КОРВ, емфизем... Со измените на законот, Хрватска попушти пред тутунското лоби. Се пуши во многу кафулиња, а забраната за пушење не се почитува и во кругови на болници и училишта. Комисијата сега предлага нови мерки за контрола во согласност со препораките на СЗО и Советот на Европа за околина без дим, што треба да почне со засилени контроли. Прим. д-р Власта ХрабакЖерјавиќ, претседателка на Комисијата за борба против пушењето, предлага 10 нови активности за контрола на дистрибуција на цигарите, со која се има за цел да се намали пушењето како фактор на ризик и општо да се намали ризикот од изложеност на дим. Се заговара донесување на ефективни прописи, информирање и едукација на јавноста за штетноста од пушење, вклучување на граѓанското општество во тие активности, помош на тие кои сакаат да ја прекинат таа лоша навика, намалување на изложеност на дим со соодветни казни за тие кои тоа не го почитуваат, забрана на илегална трговија на цигари, поефективна даночна политика, повисоки цени и казнување на тие кои продаваат цигари на малолетници. Комисијата бара да се забрани продажба на цигари во автомати, по пат на интернет, како и тоа на одгледувачите на тутун да се понуди алтернативно производство. Се очекува и почести извештаи за уделот на адитивите и други супстанции во цигарите, кои се штетни по здравјето, како и полугодишни извештаи од инспекциите за контрола. (Вјесник – Загреб)


32

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Назив на Проектот

Одржување и надградување на услугите за UN-ICTY’s Alcatel Public Branch Exchange (PABX) System

Референца

UNZ65397

Финансиска референца

EOIUN-ICTY6682

Вид на набавка

Финансиска референца Вид на набавка

Услуги

Финансиер

Европска комисија

Земја

Albania, Bosnia and Herzegovina, Croa�a, Kosovo, Macedonia, Montenegro, Serbia

услуги

Објавено на

24.5.2011 година

Финансиер

Обединети Нации

28 .6. 2011 година

Земја

БиХ, Хрватска, Холандија, Србија

Краен рок за апликација

Објавено на

24.5.2011 година

Сектори

Краен рок за апликација

17.6. 2011 година

Земјоделство - рурален развој Информатичка технологија Управување со програми Односи со јавност Законодавство Урбан развој

Сектори

Информатичка технологија

Опис на Проектот

Судот на ООН во Хаг бара услуги за одржување и надградување на UNICTY’s Public Branch Exchange (PABX) System и за PABX инфраструктурата во Хаг и канцелариите во Загреб, Белград и Сараево

Опис на Проектот

Подготовка на извештаи, студии, изградба на капацитети на институциите, тренинг, кампањи

Контакт

Контакт E-mail Address: procurement-icty@un.org Address EOI response by fax for the A�en�on of: Procurement Sec�on Fax Number: +31 70 512 5344

European Commission, Directorate-General for Enlargement, a�en�on: Pascal Herry, Unit D3, Regional Programmes, CHAR 05/40, rue de la Loi 170, 1049 Brussels, BELGIUM

Назив на Проектот

Коридор Vc - довршување на автопатот

Референца

EBRDZ65391

Назив на Проектот

Повик за тендер - Испорака на инсталација за 5 котлари на биомаса

Финансиска референца

6392-PRE-41325

Референца

UNDPZ65417

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиска референца

7034

Финансиер

ЕБРД

Земја

Хрватска

Вид на набавка

Испораки, изведбени работи

Објавено на

24.5.2011 година

Финансиер

УНДП

7.7. 2011 година

Земја

Босна и Херцеговина

Краен рок за апликација

Објавено на

24.05.2011 година

Сектори

Градежништво - инженеринг

Краен рок за апликација

23.6. 2011 година

Опис на Проектот

Изградба на секцијата Плоче-граница со БиХ во должина од 7,5 км

Сектори

Градежништво - инженеринг Енергетика

Опис на Проектот

Инсталација на котлари во основните школи во регионот на Сребреница

Контакт

E-mail to: registry@undp.ba. Note: Request for BIH/ITB/011/11 documents

Контакт Igor Guja Execu�ng company: ”Hrvatske autoceste” d.o.o. Address: Širolina 4, 10000 Zagreb, Croa�a E – mail address: igor.guja@hac.hr Tel: +385-1-4694-436 Fax:+385-1-4694-542

Назив на Проектот

B-Брисел: IPA — Inspira�on — база на податоци за просторно планирање во Западен Балкан дополнување

Назив на Проектот

Испорака и инсталација на телевизиска опрема за 4 општини во БиХ

Референца

EuropeAid/130907/C/SER/Mul� - Relaunch

Референца

UNDPZ65494

Финансиска референца

BIH/ITB/010/11


БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

33

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Вид на набавка

Испораки

Финансиер

УНДП

Земја

Босна и Херцеговина

Објавено на

26.5.2011 година

Краен рок за апликација

Финансиска референца Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер

ЕИБ

20.6. 2011 година

Земја

Македонија

Објавено на

28.5.2011 година

Сектори

Телекомуникации

21.7. 2011 година

Опис на Проектот

Испорака и инсталација на Municipal Closed-Circuit Television (CCTV) Systems за 4 општини во БиХ

Краен рок за апликација Сектори

Градежништво - инженеринг

Опис на Проектот

Јавно приватно партнерство за изградба на административнокомерцијален објект и подземен паркинг на Општина Горче Петров

Контакт UNDP BOSNIA AND HERZEGOVINA 48 MARSALA TITA STREET, 1st floor 71000 SARAJEVO or upon request through E-mail to: registry@undp.ba Назив на Проектот

Испорака, инсталација и одржување на котлари на биомаса (дрвени отпадоци)

Референца

UNDPZ65496

Финансиска референца

BIH/ITB/011/11

Вид на набавка

Испораки

Финансиер

УНДП

Земја Објавено на

Контакт Општина Ѓорче Петров Контакт, Бранкица Гацова 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 22039307 +389 22039307 E-mail: ops�nagpetrov@yahoo.com Fax +389 22033309 Internet address(es) www.ops�nagpetrov.gov.mk

Назив на Проектот

MK-Скопје: Изградба на гаража дополнување

Референца

ECZ64541-земји кандидати

Босна и Херцеговина

Финансиска референца

2011/S 103-167902 (2011/S 75-123459)

26.5.2011 година

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер

Европска комисија Македонија

Краен рок за апликација

23.6. 2011 година

Земја Објавено на

29.5.2011 година

Сектори

Енергетика

21.6. 2011 година

Опис на Проектот

Испорака, инсталација и одржување на котлари на биомаса во основните школи во регионот на Сребреница

Краен рок за апликација Сектори

Градежништво - инженеринг

Опис на Проектот

Крајниот рок за доставување на понуди се пролонгира за: 21.6.2011 година (12:00 часот).

Контакт

Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија Орце Николов бр. 138, За Александра Пецова -1000 Скопје. Tel. +389 72241151 +389 72241151 . E-mail: aleksandra.pecova@jpssdp.gov. mk, jnabavki@jpssdp.gov.mk. Fax +389 23111195 +389 23111195

Контакт UNDP BOSNIA AND HERZEGOVINA 48 MARSALA TITA STREET, 1st floor 71000 SARAJEVO or upon request via E-mail at: registry@undp.ba

Назив на Проектот

MK-Скопје: Изградба на зграда

Референца

EIBZ65522

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044

факс.3244088 е-маил-aco@mchamber.mk www.mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Еднодневен семинар “ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА И ВО ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ГОДИШНАТА СМЕТКА” 14 јуни 2011 година, 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат Со оглед на последните измени на Законот за данок на добивка, коишто предизвикаа интерес кај стопанските субјекти, Стопанската комора на Македонија, на 14 јуни 2011 година (вторник), во просториите на Комората организира еднодневен семинар на тема: “Измени во Законот за данок на добивка и правилникот за формата и содржината на годишната сметка”. ПРОГРАМА ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА: Причини за донесување на измените во Законот за данок на добивка Кои нерезиденти се даночни обврзници? Нова основица за пресметување на данокот на добивка Нови и променети расходи кои можат да се оданочат и помалку искажани приходи Расходи и помалку искажани приходи кај поврзани лица Измени кај намалувањето на даночната основица Даночна загуба Нови даночни обврски при статусни промени Измени кај годишниот данок на вкупен приход Бришење на членот 44-а за казни за кривично дело Резиме на измените. НОВИ ОБРАСЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ГОДИШНА СМЕТКА ЗА 2011 ГОДИНА: Начин на водење сметководство и финансиско известување согласно ЗТД Начин на пополнување на новите обрасци за годишна сметка Променет образец Биланс на состојба (Извештај за финансиската состојба) Променет образец Биланс на успех (Извештај за добивка или загуба) Нов образец Извештај за сеопфатна добивка Нов образец Објаснувачки белешки ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ Предавачи: Славчо Николовски и Златко Митревски од Друштвото за консалтинг,

сметководство, финансии и даноци – Скопје. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават

најдоцна до 9 јуни 2011 година. Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари за 1 учесник (4500+ДДВ) за компании членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

на Израел, или со израелски компании. Доколку сакате да ги продавате своите производи или услуги во Израел и на Израелците, да ги претставувате израелските компании во Македонија, да увезувате израелски производи и да ги продавате тука, да привлечете израелски инвеститори, тогаш не смеете да ја пропуштите оваа работилница. Сем Вакнин, искусен израелски бизнисмен, финансиски консултант и економски аналитичар, ги споделува своите искуства и знаење од светот на бизнисот во и со Израел и еврејскиот народ. Вакнин ќе ве подучи, во најситни детали, се` што треба да знаете: од тоа

Контакт: Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 anita.mitrevska@mchamber.mk; Ленче Зикова тел: 02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk

Дебата: „Балканот, Израел и Арапската пролет” Учесници: експерти за Блискиот Исток, дипломати, новинари 16 јуни 2011 година, 12 часот, Стопанска комора на Македонија, сала на 5. кат Семинар: „Тајните на бизниссоработката со Израел” 17-18 јуни 2011 година, Стопанска комора на Македонија, сала на 5. кат Предавач: Д-р Сем Вакнин ИЗРАЕЛ - Домашен бруто-производ од 220 милијарди САД долари; 120 милијарди САД долари од трговија; порта кон еврејскиот народ; има спогодба за слободна трговија со САД и е главен трговски партнер на ЕУ. Овој дводневен семинар е наменет за маркетинг, продажба, за финансиски и генерални директори на компании кои се заинтересирани за бизнис-соработка со Израел, со Владата

како да отворите банкарска сметка до тоа како да регистрирате фирма за увоз или извоз. На семинарот темелно ќе се анализираат теми, вклучувајќи ги следните: кредити (банкарски и небанкарски), тендери (владини и приватни), странски инвестиции, економски закони, оданочување, меѓународни спогодби и конвенции. Ќе се анализираат и специфични фактори од важност за Македонија (војска, рударство, земјоделство, финансиски услуги). Работен јазик на семинарот: англиски. Цена: 8.500 ден. + ДДВ Специјална цена за учесници од фирми-членки на Стопанската комора на Македонија и на Македонскоизраелскиот бизнис-клуб: 7.000 ден. +ДДВ Заинтересираните можат да уплатат котизација на жиро-сметка бр. 300000001826643, Комерцијална банка АД - Скопје За регистрација и дополнителни информации, контакт-лице: Ленче Зикова, телефон 32 44 054, e-mail: lence@mchamber.mk


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Oд 28 до 30 септември 2011 година „CULINARIA FINE FOOD“ во „БЕЛЕКСПО – центарот“ во Белград, Република Србија ЗАЕДНИЧКИ ШТАНД И УЧЕСТВО ПО ПОВЛАСТЕНИ УСЛОВИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ Стопанската комора на Македонија организира групно учество на македонските компании на зеднички штанд под повластени услови и единствена можност за средба со светски познатите синџири на маркети, како „ЛИДЛ“, „ТЕСКО“, „МЕТРО“ и други. Специјализираниот саем „Culinaria Fine Food“ ќе се одржи од 28-30 септември 2011 година, во конгресниот Белекспо-центар во Белград, Република Србија. Оваа саемска манифестација е ориентирана првенствено кон професионалните купувачи и претставува прва саемска манифестација на добра храна и пијалаци во Југоисточна Европа, со цел да ги собере под еден покрив водечките производители и клучните купувачи од регионот и од Европа, кои снабдуваат големи трговски синџири, специјализирани работилници за деликатесна храна, институции и кетеринг-компании, хотели и ресторани. Одделни компании ќе се претстават преку национални павилјони (Италија, Грција, Хрватска, Словенија, Турција ...). Саемскиот концепт овозможува непосредна комуникација и остварување средби меѓу излагачите и домашните и странски купувачи (Lidl, Tesco UK, Globus, Supreme Group, Ax Food, Horeca, малопродажни трговски синџири, увозници итн.). Ќе бидат организирани дегустации и натпревари на различни национални кујни. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за организирано учество и посета на Саемот, најдоцна до 10 јуни 2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: 3244 004 факс: 3244 088 vlatko@mchamber.mk Венера Андриевска venera@mchamber.mk Тел: 3244037; факс 3244088

Од 16 - 18.6.2011 година, во Истанбул, Република Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА УБАВИНА, КОЗМЕТИКА И УМЕТНИЧКИ ДОДАТОЦИ “BEAUTY EURASIA 2011’’

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Во периодот од 16 до 18 јуни 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи реномираната Mеѓународната саемска манифестација за убавина, козметика, и уметнички додатоци “BEAUTY EURASIA 2011’’. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество над 400 реномирани компании од преку 40 земји од Средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток, од Северна Африка и земјите од Голфот . На овогодинешното издание на “BEAUTY EURASIA 2011’’ ќе бидат претставени следниве сектори:

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk

• парфеми, дезодоранси, мириси; • боја за козметика; • производи за нега на тело и коса; • опрема и производи за салони за коса; • опрема и производи за салони за убавина; • производи за коса; • производи за нега на кожа; • средства за хигиена; • козметика за бебиња; • алатки за убавина; • пакување; • суровини и репроматеријали; • природни производи и др. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 15-17 јуни 2011 година. Трошоците за хотелско сместување и превоз паѓаат на товар на пријавените посетители. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација. Подетални информации може да се видат на www.beautyeurasia. com .

Од 17-18 јуни 2011 година, Постојна, Република Словенија МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „СОЦИЈАЛНА ЕКОНОМИЈА = ХУМАНА ЕКОНОМИЈА“ Се` започна со професорот и добитник на Нобеловата награда за мир во 2006 година, Мухамед Јунус, кој раздели 27 американски долари меѓу 40 селани од сиромашно село во Бангладеш за да можат да ги отплатат долговите и да започнат со свој бизнис. Парите му беа вратени наскоро, бизнисите почнаа да се развиваат и се подобри животот во селото. Од тогаш до денес професор Јунус помогна на милиони мали бизнисмени. Тој ја оформи социјалната банка Грамеен, која денеска е присутна низ целиот свет. На оваа меѓународна конференција ќе присуствуваат најблиските соработници на професорот Јунус. На Конференцијата ќе учествуваат реномирани професори и харизматични бизнисмени, посебно жени, кои веќе подолго време се активни во таков вид на компании. Конференцијата ќе понуди интересни

предавања и работилници, со примери од Словенија, Италија, Германија и од други држави. Конференцијата ја организира непрофитната организација Клуб на европски жени, со поддршка на Општина Логатец, познатата компанија „Постојнска јама“, во соработка со најблиските соработници на професорот Јунус, кои се активни во компаниите Yunus Social Business Centre и Grameen


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Crea�ve Labs. На Конференцијата ќе настапат реномирани предавачи и бизнисмени. Цената за учество на Конференцијата изнесува 295 евра/ лице (+20% ДДВ). Подетални информации можат да се добијат на телефон: +386 31 606 441 или на: info@cew.si или на: h�p://www.cew. si/eng/publica�on.html. Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: lence@mchamber.mk Бесплатен семинар СИМУЛАЦИЈА „ПОДГОТВЕНОСТ ЗА КРИЗА” ЗА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 29- јуни 2011 година 14:00-17:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5. кат Предавач: Д-р Никос Мулонопоулос, вонреден професор по информатички системи, Продекан на ALBA Graduate Business School Симулацијата “Подготвеност за криза” е развиена од страна на конзорциумот на универзитети и организации, меѓу кои се и INSEAD & ALBA Graduate Business School. Симулацијата се фокусира на идејата за подготвеност за криза, којашто директно влијае врз способноста на носителите на одлуки за ефективно справување со кризни ситуации. Симулацијата обезбедува платформа во која учесниците може да видат како организациите, во блиска иднина, ќе можат да одговорат правилно и продуктивно на кризната ситуација за да ја избегнат натамошната ескалација на кризата. Ова ја дава основата за дијагностицирање на организациските бариери и спречување на организациите да постигнат повисоко ниво на подготвеност за кризата. Симулацијата обезбедува за кандидатите алатка за авто-дијагностика на организациска подготвеност за криза, за која тие можат

директно да аплицираат во нивните организации за да се процени на еден систематски начин сегашното ниво на Организациска подготвеност за криза, како и можни акции за значително подобрување на истата. Сесијата ќе се: • фокусира на претставите / идеите за соработка – тимска работа и способноста за одлучување во ситуации на ограничена комуникација; • ќе им помогне на учесниците да имаат можност да проценат и постепено да ги подобрат своите вештини за управувањето со кризи. АГЕНДА Вовед во управувањето со кризи и на важноста на ефективна соработка Прашалник за подготвеноста за соочување со кризна ситуација Симулација на опасност/ неволја. Прва видео снимка: Почеток Групна вежба: Извори на кризата и ефектите Втора видео снимка: Првите реакции Групна вежба: Разбирање на кризата Трета видео снимка: Завршување/крај Групна вежба: Решавање на криза Презентација на резултатите од прашалникот- Дискусија Заклучоци – Проценки Семинарот е наменет за: менаџери на човечки ресурси, тренинг менаџери Предавањето ќе се одвива на англиски јазик. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 24 јуни 2011 година. Контакт: Елизабета А. Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 be�@mchamber.mk Ленче Зикова тел: 02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk Од 30.6.2011 до 2.7.2011 година, во Бурса, Република Турција MЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА БЕБЕ, ДЕТСКА ОБЛЕКА И ДЕТСКИ ПОТРЕБИ * Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување Во периодот од 30 јуни до 3 јули 2011 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржи 6. Меѓународен

саем за бебе, детска облека и детски потреби. Станува збор за еден од поголемите специјализирани меѓународни с а е м с к и манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании за: • бебешка и детска облека; • постелнини, бањарки, пелени; • образование и обука; • друга дополнителна опрема и додатоци; • мебел и декорација; • играчки; • бебешки и детски игралишта; • хигиенски производи; • козметика; • храна и слатки производи; • здравствени установи; • забавишта; • консултантски услуги и психолошки центри; • осигурување и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 30.6. до 2.7. 2011 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 јуни 2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Од 25 – 31 јули 2011 година, Охрид МЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА 2011 „НАПРАВИ РАЗЛИКА – СТАНИ ИНОВАТИВЕН ЕВРОПСКИ ЛИДЕР“ Целта на летната школа e градење на лидерски вештини и компетенции во областа на иновациите и зголемувањето на јавната свест за потребата да се дејствува и да се промовира иновативното размислување (повеќе информации на сајтот: h�p:// www.wix.com/macecomm/ieul2011). Со интерактивна групи од 30 студенти, модерирани од македонски и меѓународни експерти, летната школа ветува дека ќе обезбеди одлично учење. Детали за летната школа : Учесници: студенти од целиот свет Место: Хотел „Славија Спектар“ - Охрид Цена: 100 евра, во кои се вклучени сместување, на база полн пансион, предавања, паузи за кафе.

Јилин, НР Кина ЕВРО-КИНА БИЗНИС-ФОРУМ 2011

Кои се предвидените стопански сектори?

Во периодот од 8 до 10 септември 2011 година, во градот Чангчун, регион на Јилин, НР Кина, ќе се одржи Евро-Кина бизнис-форум, на којшто учествуваат голем број реномирани европски и кинески компании. Стопанската комора на Македонија, во делот на коорганизација и промоција на настанот пред македонските компании, се јавува како партнер на организаторот на настанот - Macro Euro-China Entrepreneurs Club (MECEC) и локалната кинеска влада, а во соработка со стопанските комори и професионални асоцијации од над 20 европски земји.

• Автомобилската индустрија; • железница и железнички компоненти; • опрема и машини за индустрија; • животна средина; • земјоделие и прехранбена индустрија; • дрвна индустрија и мебел; • ИТЦ (информатичкотелекомуникациски сектор); • финансиски сектор и банкарство и др.

Јилин За време на Бизнис-форумот ќе се одржат билатерални деловни средби меѓу компании од Европа и од Кина, по принцип на електронско поврзување според сродни или слични топански дејности.Целта на Бизнис-форумот е да се развијат компетитивни трговски релации со Кина, да се воспостават најсоодветни бизнис-канали со кинески компании и да се обезбеди поволна трговска платформа за влез на кинескиот пазар. Евро-Кина бизнис-форумот 2011 е брз, современ и ефективен начин на пронаоѓање на соодветен и сигурен деловен партнер од странство преку претходно автоматско поврзување (business match-making) од исти или слични

* За сите идни учесници кои студираат по ЕКТС, Летната школа обезбедува 2 кредита, кои можат да се искористат на вашиот факултет. Контакт Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: lence@mchamber.mk Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk Од 8 до 10 септември 2011 година, во

стопански сектори. Настанот претставува одлична прилика компаниите заинтересирани за проширување на своите деловни активности во брзорастечката економска сила Кина да остварат директни средби со потенцијални партнери: извозници, увозници, дистрибутери, што од своја страна ќе придонесе за склучување деловни договори, договори за застапување, заемни активности во трети земји, трансфер на нови технологии, истражување и развој итн.

За времетраење на настанот предвидени се организирани посети на високотехнолошки развојни зони, фабрики за автомобилска индустрија, индустриски центри итн. Јилин е кинеска провинција која се наоѓа во североисточна Азија, (900 километри од Пекинг) и е еден од најбрзо растечките региони и кинески центар на автоиндустријата. Стопанската комора на Македонија, како овластен национален координатор на македонските компании за Бизнис-форумот, Ве поканува да го пријавите Вашиот интерес за учество, најдоцна до 3 јуни 2011 година. За македонските компании пријавени преку Стопанската комора на Македонија обезбедено е бесплатно хотелско сместување (3 ноќевања, бесплатни локални трансфери, официјален преведувач, приемен коктел и свечена вечера. Целокупните логистички активности (хотелско сместување, авионски превоз, визи) ќе бидат организирани од страна на Стопанската комора на Македонија. Повеќе информации на : www. euro-china.net Контакт : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина САЕМ ЗА АВТОДЕЛОВИ CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo)

Од 4 до 13 ноември 2011 година во Швајцарија САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН

Од страна на Канцеларијата за економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина, Стопанската комора на Македонија е информирана е дека од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина, ќе се одржи 5. Саем CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo). На Саемот ќе се презентираат најеминентните производители, купувачи и корисници на автоделови, електроника, автогалантерија од Кина и регионот. Минатата година на Саемот учествуваа 1.356 компании од 122 земји, а истиот беше посетен од околу 50.000 посетители. Доколку има заинтересирани компании да го посетат Саемот CIAPE, организаторот ги покрива трошоците за две ноќевања во хотел, како и трошоците за транспорт од хотелот до местото на одржување на Саемот. Исто така, организаторот зема обврска да договори средби со најмалку 10 кинески компании со македонските компании-посетители на CIAPE. Подетални информации за посета на Саемот може да се добијат во Стопанската комора на Македонија

* Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земјапартнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап

или во Канцеларијата на економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина ( e-mail: eco@t-home.mk, тел.: 02 3069-658 и 02 3069 668). Заинтересираните за посета на Саемот можат да се регистрираат на веб-страницата www.iapechina.com, најдоцна до 10 август 2011 година. Контакт: Војкан Николовски Тел.: 02 3244 068 Факс: 02 3244 088 Call Центар : (02) 15015 vojkan@mchamber.mk

Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за храна и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земјапартнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови: бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување; во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалаци; за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна; за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно).

„COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа: • месо и месни производи, опрема

за месна ндустрија и месарници; • млеко и млечни производи; • риба; • какао, бонбони, чоколади, сладолед; • брашно и производи од брашно; • диетална, макробиотичка храна; • производители на здрава, био и органска храна; • пакување (хартија, фолија, пластика); • конзервирана храна; • природна минерална и изворска вода; • безалкохолни и енергетски пијалаци; • сокови, сирупи и екстрати; • пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво; • вина од сите винарски земји и региони; • вински и овошни ликери, овошни и други ракии; • јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство; • опрема и машини за винарство. Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност за учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбената индустрија. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни), туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 1 август 2011 година. Контакт: Венера Андриевска тел:3244037; факс:3244088 Venera@mchamber.mk Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

39

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Шанса за македонските винарски визби за извоз на вино во Шведска

ЗА „ВРАНЕЦ“ ПРЕДЛОЖЕНА ЦЕНА ОД 70 ДО 89 КРУНИ ПО ШИШЕ

Во Планот за набавка на вина за 2012 година, на шведскиот монопол Systembolaget AB, предвидена е набавка на 20.000 шишиња вино „Вранец“ од Република Македонија, со предложена цена 70-89 шведски круни по шише ( 1 шведска круна = 6.8469 денари според курсот на Народната банка на Република Македонија). Планот е доставен до шведските лиценцирани дистрибутери и увозници на вино. Врз основа на Планот за набавка во текот на втората половина на 2011 година, Systembolaget AB ќе го објави тендерот на кој ќе можат да се пријават македонските винарски визби. Во меѓувреме, заинтересираните винарски визби од Република Македонија преку своите дистрибутери од Шведска пожелно е да го контактираат претставникот на Systembolaget AB, притоа презентирајќи го својот интерес за учество на тендерот со своите вина и предложени цени, – соопштуваат од Амбасадата на Република Македонија во Шведска. Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бојлери,сончеви колектори, резервоари за топла вода и радијатори, уредите се со оперативен концепт за економско и еколошко греење. Валидност до: 18.10.2011 година Германска туристичка агенција сака да соработува со туристички агенции од Република Македонија за организирање патувања во Росток и Варнемунде, како и организирање туристички групи од Росток во Македонија. Валидност до: 17.7.2011 година Во Планот за набавка на вина за 2012 година, на шведскиот монопол Systembolaget AB, предвидена е набавка на 20.000 шишиња вино „Вранец“ од Република Македонија, со предложена цена од 70-89 шведски круни по шише (1 шведска круна = 6.8469 денари според курсот на Народната банка на Република Македонија). Планот е доставен до шведските лиценцирани дистрибутери и увозници на вино. Врз основа на Планот за набавка во текот на втората половина на 2011 година, Systembolaget AB ќе го објави тендерот на кој ќе можат да се пријават македонските винарски визби. Во меѓувреме, заинтересираните винарски визби од Република Македонија преку своите дистрибутери од Шведска пожелно е да го контактираат претставникот на Systembolaget AB, притоа презентирајќи го својот интерес за учество на тендерот со своите вина и предложени цени. Валидност до: 19.5.2012 година Македонска компанија бара партнери за соработка во Европската унија за извоз на работна облека. Валидност до: 18.12.2011 година Израелска компанија нуди консалтинг услуги за македонските компании кои се заинтересирани да влезат на израелскиот пазар. Валидност до: 19.9.2011 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за заварување. Валидност до: 19.9.2011 година Компанија од Хрватска е заинтересирана за набавка на суров тутун во лист од типот вирџинија класа 1, 2 и 3, со пласман од 10 тона месечно. Валидност до: 19.12.2011 година Компанија од Израел заинтересирана е да увезува шеќер и сончогледово масло од Република Македонија. Валидност до: 19.12.2011година Чешка компанија нуди приколки за транспорт на дрво и платформи за автомобили. Валидност до: 24.6.2011 година Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на акрилни, волнени и други

предива. Валидност до: 5.8.2011 година Турска компанија бара да увезува јагнешка, овча и говедска кожа од Република Македонија. Валидност до: 16.12.2011 година Компанија од Грција бара застапник за продажба на машки чевли во Република Македонија. Валидност до: 2.7.2011 година Компанија од Хрватска бара партнери за соработка во Република Македонија за пласман на лекови, козметика, чаеви и средства за општа употреба. Валидност до: 3.9.2011 година Компанија од Србија бара соработка со фирми од Република Македонија кои имаат потреба за индустриски производи во областа на преработки на дрво, пластика и метали. Валидност до: 4.12.2011 година Компанија од Белгија специјализирана за дизајн, производство, трансформација и маркетинг на високомоделирани гумени и полиуретански технички делови бара партнери во Република Македонија. Валидност до: 8.8.2011 година Компанија од Црна Гора е заинтересирана за купување на овошни садници (ziziphus jujuba), набавка на саксии за цвеќе, компост, пестициди, како и да ангажира сезонски работници од Република Македонија за работа во пластеници во Подгорица. Валидност до: 18.12.2011 година Грчка компанија бара соработка со компании од Република Македонија во областа на заштеда на енергија преку соларни системи, воспоставување на системи за ладење, греење и осветлување во станбени, комерцијални и индустриски објекти. Валидност до: 28.6.2011 година Компанија од Англија бара соработка со производители на керамиди од Република Македонија. Валидност до: 28.6.2011 година Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електронски мерни инструменти кои се употребуваат во медицината и лаборатории, инкубатори, стерилизатори, дестилатори, миксери, апарати за дестилирање вода,опрема за фототерапија. Валидност до: 1.7.2011 година Романска компанија бара да откупува македонско вино за потребите во 2011 година - 5.000.000 литри бело и црвено вино со следните карактеристики: а) бело вино околу 2.000.000 литри ферментирано, но под контролирана температура

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

свежо, богато по вкус ,арома и мирис минимум 11,5% алкохол; б) црно вино 3.000.000 литри, индекс на бојата најмалку 7-8 поени, минимум 11,5% алкохол. Бараат достава на мостри и по анализа на мострите од нивна страна, заинтересирани се да ги посетат сите винарии за идна соработка. Валидност до:2.12.2011 година Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитна опрема ХТЗ, ракавици, одела, заштитни чизми, заштитни одела против хемикалии и др. Валидност до: 23.8.2011 година Компанија од Турција бара застапник за пласман на кожни гарнитури за дневна соба во Република Македонија. Валидност до: 10.9.2011 година Компанија од Унгарија е заинтересирана да соработува со македонски компании од областа на текстилната индустрија. Валидност до: 10.9.2011 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на производи за домаќинство, вклучувајќи мебел, декоративни материјали, порцелански елементи и слично, како и надворешни и внатрешни месингани тела за осветлување. Валидност до: 10.9.2011 година Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на комбајн за берење пченка на база на трактор MTZ-1523. Валидност до: 10.9.2011 година Компанија од Унгарија бара дистрибутер во Република Македонија на пластични фитинзи за цевки, апарати за заварување, спојки за цевки, резервоари, базени. Валидност до: 10.9.2011 година Компанија од Унгарија бара соработка со трговци во Република Македонија за пласман на хартиени производи за лична хигиена. Валидност до: 10.9.2011 година Компанија од Унгарија бара соработка со винарски визби за пласман на дрвени буриња во Република Македонија. Валидност до: 11.12.2011 година Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088

тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56


четврток, 02 јуни 2011, Бр. 56

БИЗНИС ИНФО

41


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.