Бизнис ИНФО, број 370

Page 1

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

Број 370 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 02.11.2018

Chamber Investment Forum

КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)

КЛУЧНА АЛАТКА НА БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС И РЕГИОНАЛНОТО ПОВРЗУВАЊЕ


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

АВТОХТОНИТЕ СОРТИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО KAKO МОЖНОСТ ЗА НОВ И УСПЕШЕН БИЗНИС

Успешниот развој на македонското земјоделство и реализацијата на неговите општествени функции бара јасно формулирани стратешки цели на аграрната политика, комплексни мерки и дејствија за нивно остварување. Во стратешките приоритети за развој особено се важни двете компоненти: • интегрирање на примарното производство во прехранбената индустрија и • пораст на финални производи (производи со високо додадена вредност во прехранбената индустрија. Во таа насока особено е важно да се истакне дека, како можност за подобар развој на земјоделството, потребен е акцент на значењето за зачувување и развој на методите на традиционално производство и традиционални домашни сорти. Автохтоните сорти претставуваат стари сорти кои традиционално се одгледуваат на територијата на Република Македонија подолг временски период. Потребно е да се работи на заштита на домашните автохтони сорти, нивно сортирање и евидентирање во каталог. Во спротивно , истите може да исчезнат ако нема комерцијално производство, беше истакнато на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (22.10.2018 година). Постои голем потенцијал да се произведува на наше поднебје, квалитетно, органско производство, а тоа е истовремено шанса за компаниите кои гледаат перспектива во еден ваков вид на производство. Со тоа, тие ќе бидат далеку поконкурентни на


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА пазарите во Европа и со далеку повисока цена. Поддршката е клучен фактор кој влијае на иновативните проекти во земјоделството. Истите претставуваат истовремено зачувување на националното обележје, па се` до комерцијален успех и развој на компаниите. Промоцијата на домашните автохтони органски производи од наши, македонски сорти, ќе ги поттикне домашните потрошувачи да ги користат истите, а со тоа ќе придонесат во развојот на компаниите кои ги произведуваат. Ваквите компании треба да се поддржат и од институциите со што ќе се заокружи и заложбата на ФЗНХ зачувување на домашните сорти за идните поколенија. „АДУТ ГВН“ е компанија која се занимава со конфекционирање на најосновни додатоци во исхраната уште од почетокот на 2000 година, основана како семејна компанија со седиште во чиста рурална средина далеку од индустриските објекти. Од компанија којашто во прво време се занимаваше само со конфекционирање на зрнести и прашкасти производи, постепено прерасна во компанија којашто почна да инвестира во сопствено производство на зачини, прехранбени киселини, сушење и дехидрирање на овошје, зеленчук и зачини, како и сопствени насади на одредени неиндустриски житни култури, магданос, оригано, различни зачински пиперки, чили и друго. Сето тоа наметна и воспоставување на јаки и долготрајни партнерски односи со нивните добавувачи и купувачи. Резултатот од ваквата соработка е поставувањето на највисоки стандарди за клиентите и секогаш подразбира коректен однос, сигурност во квалитетот на производот, достапност на производите од понудата на пазарот, како и постојано воведување на новитети и нови производи од нивниот бренд. Од 2016 година компанијата станува и извозно ориентирана со што нивните производи им се веќе достапни и на купувачите во соседна Бугарија, Албанија и Косово. Со отворањето на пазарите во нашите соседни држави се појави и потребата од зголемување на количините на суровинскиот дел, со што менаџментот на компанијата во почетокот од 2016 година донесе одлука за купување на сопствено земјиште и засадување на сопствени насади со зачинска пиперка, магданос и оригано. Тоа е воедно и прва компанија во Македонија која има свои насади на чили. Денес„Адут ГВН“ е компанија која во својата палета на производи има 140 производи кои се произведуваат по ХАСАП-стандардот, располага со сопствен простор од 600 м2, сопствен возен парк, како и развиена дистрибутивна мрежа на целокупната територија на Република Македонија. Без разлика на сите предизвици на кои наидува компанијата, менаџментот и понатаму вложува и ќе вложува во истражување и развој на сопствените производи што всушност претставува и нивна примарна цел. Васко Ристовски


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

РЕГУЛИРАЊЕ НА УВОЗОТ НА УПОТРЕБУВАНА ТЕХНИЧКА СТОКА И ЗАБРАНА ЗА НЕЈЗИНО ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ Групацијата на провајдери на дигитални решенија, која беше формирана во септември 2017 година во рамките на Стопанската комора на Македонија, продолжува со своите активности за воведување нови технологии и иновации во областа на дигиталното печатење и менаџмент со документи. Во изминатава година тие постигнаа значителен напредок во подигнувањето на свеста од штетните влијанија на старата ИТ-опрема. Но како што и самите велат, имаат уште многу работа до постигнување на главната цел – регулирање на увозот на употребувана техничка стока и забрана за нејзино пуштање во промет. Групацијата се дефинира како група од компании кои вложуваат неизмерно време и ресурси на македонскиот пазар да понудат најнови и висококвалитетни решенија во областа на дигиталното печатење и менаџирање со документи. Во досегашното работење имаат остварено неколку средби со претставници од надлежните министерства, но како најважен чекор во постигнувањето на нивните барања го потенцираат нивното претставување како Групација на „Western Balkans Digital Summit“, со сопствен штанд на „Digital Expo“ и краток говор во програмата. Групацијата продолжува да работи во остварување на барањата пред надлежните институции и се отворени за соработка со сите засегнати страни кои сакаат да станат дел од ваквото движење. На прес-конференцијата, одржана на 29.10.2018 година во Стопанската комора на Македонија, претседателот на Групацијата, Александар Пајковски од „ДУНА“ - Скопје и потпретседателот на Групацијата, Мирко Мариќ, од „Еви Интернационал“ - Скопје, ги презентираа идните планови во насока на нивната цел: воведување европски стандарди во врска со зачувувањето на животната средина во Република Македонија, промена на законската регулатива поврзана со увоз и пуштање во промет на производи, особено од информатичката технологија, кои не се во согласност со европските регулативи, промовирање, како и за имплементација на најновите светски технологии од информатичката област, развој на информатичкото општество и дигиталната трансформација во Република Македонија. Лазо Ангелевски


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

НОВИ БИЗНИС АКТИВНОСТИ, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА И РАСТ НА ИЗВОЗОТ нуди договорот за соработка помеѓу мексикански бизнис совет и Стопанската комора на Македонија

Можности за зголемување на соработката со Мексико, отворање нови полиња за бизнис и интензивирање на деловните партнерства, нуди Договорот за соработка што го имаат потпишано мексиканскиот бизнис совет за надворешна трговија, инвестиции и технологија и Стопанската комора на Македонија пред неполни две години. Потенцијалот за продлабочување на деловната комуникација е возможна само преку оставрување директни средби на бизнисмените од двете земји. За таа цел во следната 2019 година ќе се работи на организација на конкретни бизнис активности за поврзување на компаниите кои имаат интерес за нови пазари, нови партнерства кои нудат долгорочна соработка, е констатирано на денешната средба оставрена од страна на H.E. Марко Антонио Гарсија Бланко, амбасадор на Мексико задолжен за Република Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина со седиште во Белград со Минчо Јорданов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и Билјана Пеева- Ѓуриќ, в.д. извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Трговската размена меѓу Македонија и Мексико има континуирана позитивна насока во


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

7

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА изминатиот период, што е сигнал дека постои потенцијал за натамошен развој, посочи в.д. извршен директор Билјана Пеева- Ѓуриќ. Активностите има можност да се развиваат пред се преку Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија, за што на состанокот беше разговарано Комората заедно со амбасадата да иницираат и подржат бизнис посета на македонски стопанственици во Мексико за во директна комуникација на потенцијалните бизнис партнери се остави простор за продлабочување на соработката. Потпретседателот на Комората Јорданов, истакна дека бизнис заедницата во Македонија економскиот развој и перспективата на земјата ја гледа преку, раст на извозот, освојување нови пазари, воспоставување нови деловни врски, што во иднина би требало да донесе и поголеми бенефиции во вкуѕпната извозна структура на земјата, зголемување на соработката со земјите ширум светот, и секако со Мексико. Tој истакна дека за македонските компании од големо значење е да ја надминат перцепцијата дека големи пазари како што е Мексико, се тешко освоиви. Напротив, со поголем ангажнам, спремност и и поенергичен пристап може да се покажат позитивни резултати. H.E. Марко Антонио Гарсија Бланко, истакна дека по реализацијата на Бизнис форумот – Македонија - Мексико, којшто се пред година и половина, е завршена првата фаза на запознавање и разбивање на митовите коишто постоеја за двете земји. Форумот оцени амбасадорт, вроди со успех и зголемување на соработката, за што говорат и статистичките податоци. Иако истите се на незадоволително ниво, за поттикнување на бизнисот потребно е време и трпение но и упорност којашто на крај ќе резултира со позитивни резултати и за двете страни. Економијата на Мексико е 11 по големина економија во светот, со вкупно 130 милиони жители и има огромен потенцијал за извозно ориентираните фирми од Република Македонија, но и за мексиканските производители кои сакаат да инвестираат во Република Македонија, имајќи ја предвид можноста за извоз на производите во земјите на Европската Унија, САД и Канада, со кои Мексико има склучено договори за слободна трговија. Амбасадорот додаде дека за мексиканските бизнисмени Македонија како земја сама за себе е мал пазар, но дека Балканот како зеднички пазар е доста атрактивен за поголеми инвестиции и можности за соработка. Во првите 8 месеци од 2018 година меѓусебната размена е 22 милиони САД $ што претставува раст од 68% споредено со истиот период во 2017 година Извозот изнесува 2,5 милиони САД $, и има раст од 31,2%, додека увозното салдо изнесува 19,4 милиони САД $, или зголемување од 74,34 % во споредба со осумтте месеи од минатата година. Мексико е 39-ти трговски партнер на Република Македонија во периодот јануари - август 2018 година. Статистичките податоци укажуваат на потребата заеднички да се работи кон подобрување и поттикнување на интересот за соработка меѓу двете земји, бидејќи реално постои голем потенцијал во повеќе сектори. М-р Сања Николова


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)

КЛУЧНА АЛАТКА НА БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС И РЕГИОНАЛНОТО ПОВРЗУВАЊЕ Конференцијата за економија „Балканот и ЕУ - петгодишен циклус на Берлинскиот процес“, која се одржа минатата недела, а која по осми пат ја организираше Стопанската комора на Црна Гора, беше одлична прилика да продискутираме за регионалните предизвици, зајакнувањето на економската соработка во регионот на Западен Балкан и клучните прашања кон кои треба да се насочи работењето на Коморскиот инвестициски форум. А бројките покажуваат дека сé уште имаме многу предизвици пред нас - просечно, камионите губат 26 милиони часови годишно во чекање на границите, а тоа чекање нé чини загуби од 1% од БДП, и намалување на вредноста на извозот од 1%, односно 7% кога станува збор за земјоделски производи. Процесот на ратификација на Протоколот 5 на ЦЕФТА-Договорот, кој треба да донесе поедноставување на царинските контроли и намалување на формалностите се одвива бавно (иако Македонија беше меѓу првите држави кои го ратификуваа, процесот се движи полека, за жал, поради причини кои не


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

9

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) секогаш се примарно поврзани со економијата). Главниот заклучок од Конференцијата е дека регионалните предизвици бараат регионални одговори. За таа цел, во текот на следните неколку месеци во Стопанската комора на Македонија ќе организираме неколку трибини, кои во својот фокус ќе го имаат регионалниот аспект – на 16.11.2018 година гостин во Комората ќе биде амбасадорот на Република Финска во Република Србија, задолжен за Република Македонија и Република Црна Гора, Н.Е. Перти Иконен, кој пред македонските стопанственици ќе ги пренесе искуствата во однос на финскиот образовен систем, но и функционирањето на правосудството и државната администрација. Во текот на месец декември, на 13.12.2018 година, гостин во Комората ќе биде Александар Влаховиќ, кој на почетокот на претходната деценија беше министер за економија и приватизација во Владата на Ѓинѓиќ, а сега е претседател на Сојузот на економисти на Србија, кој го организира Бизнис форумот на Копаоник, кој е познат и како Балканскиот Давос. На почетокот на следната година, на 17.01.2019 година, гостин во Комората ќе ни биде Кристијан Вершуц (Christian Wehrschütz), новинар на австрискиот национален радиодифузер ОРФ и одличен познавач на состојбите на Балканот, кој помеѓу другото и одлично говори македонски јазик. П.С. Една од клучните поенти во обраќањето на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на Конференцијата беше дека на Европската унија и се потребни тие што силно веруваат во неа. Обемот на размена со ЕУ, но и јавното мислење во овие региони неспорно покажува дека ретко кој толку многу верува во ЕУ како граѓаните од земјите од Западен Балкан – и затоа, неспорно е дека на ЕУ и` е потребен Западен Балкан.

Chamber Investment Forum Бранко Азески заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)

УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА Е ИМПЕРАТИВ ЗА ДИНАМИЗИРАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН – заклучоци од конференцијата „Балканот и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес“

Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, учествуваше на конференцијата „Балканот и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес“, која се одржува на 25 и 26.10.2018 година, во Будва, Црна Гора. Конференцијата, која по осми пат ја организира Стопанската комора на Црна Гора, собра повеќе од 700 учесници, вклучувајќи високи државни претставници, стопанственици, претставници од научната јавност и повеќе меѓународни институции. Фокусот на прашањата кои беа отворени во рамките на шесте панели на конференцијата се фокусираа на регионалната соработка и унапредувањето на процесот на европски интеграции на подрачјето на Западен Балкан. Свое воведно обраќање на конференцијата имаше Себастијан Курц, канцелар на Република Австрија, кој посочи дека европските перспективи на земјите од Западен Балкан изгледаат подобро отколку кога било претходно, и дека и двете страни треба да дадат свој придонес во рамките на овој процес. При тоа, државите од Западен Балкан


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

11

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) треба непречено да продолжат да ги спроведуваат реформските процеси во насока на обезбедување на високите стапки на економски раст, додека ЕУ треба континуирано да продолжи да ги поддржува овие процеси и да ги зголемува инвестициите во регионот, кои до сега придонесоа за отворање на повеќе од 250.000 работни места во регионот на Западен Балкан. Во своето воведно обраќање, претседателот на Стопанската комора на Црна Гора Властимир Голубовиќ посочи дека стопанските комори од регионот и пред започнувањето на Берлинскиот процес ги одржуваа на високо ниво економските врски во регионот, континуирано придонесуваа за постепено менување на имиџот на регионот, и инсистираа приоритет да добиваат прашањата од економска природа кои имаат практични импликации врз работењето на бизнисите и врз животот на граѓаните на подрачјето на Западен Балкан. Посочи дека економиите на земјите од Западен Балкан се соочуваат со неразвиена инфраструктира, ниска конкурентност и продуктивност, технолошка неразвиеност, ниска акумулација на капитал и слаб извозен потенцијал, како и дека стопанствениците од регионот очекуваат значителна поддршка од ЕУ за надминување на проблемите на енергетската и инфраструктирната неразвиеност, кои се рбетот на секоја економија, но и поддршка за бизнисите да го усогласат своето работење кон стандардите на ЕУ. Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, во своето обраќање посочи дека Берлинскиот процес е важно надградување на политиките на ЕУ кон регионот на Западен Балкан, кој треба да придонесе за поедноставување на економската соработка и за динамизирање на процесот на европски интеграции. Жукановиќ истакна дека е потребно заеднички да се афирмираат политиките насочени кон раст на продуктивноста, зголемување на бројот на работни места, како и намалување на сиромаштијата, невработеноста и работењето во неформалниот сектор, а истовремено, државите од регионот активно да работат на олеснување на трговијата и надминување на нетарифните


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) бариери, затоа што во моментот, поради чекањето на границите се губи 1% од БДП и се намалува 1% од вредноста на извозот, односно 7% од вредноста на извозот ако станува збор за земјоделски производи. Во рамките на панелите на конференцијата, свое обраќање имаа д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија за должен за економски прашања и координација со економските ресори, кој дискутираше за прашањата за економските и европските перспективи на Балканот, м-р Крешник Бектеши, министер за економија во Владата на Република Македонија, кој се осврна на прашањата за регионалната соработка како сегмент на европските интеграции и економијата како генератор на вкупниот развој во секоја од државите од Западен Балкан, и Светозар Јаневски од М6, кој се осврна на прашањата кои се предностите и недостатоците од тоа да се води бизнис на подрачјето на Западен Балкан. Вицепремиерот Анѓушев се осврна на Берлинскиот процес, како алатка што продонесува земјите од регионот да се поттикнат повеќе да разговараат меѓу себе, што е особено важно за економијата, бидејќи стопанствениците сакаат да видат дека Владите се посветени на обезбедување на стабилност и владеење на правото, а истовремено обезбедува платформата за инвестиции во Западен Балкан, која им помага на земјите да вложуваат во исплатливи регионални инфраструктурни проекти. Во рамките на конференцијата беше дискутирано и за улогата која Коморскиот инвестициски форум ја има во промовирањето на европските вредност и зајакнувањето на економските врски во регионот, и активностите кои Коморскиот инвестициски форум ги презема во насока на промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање на агенда за дигитална интеграција на регионот на западен Балкан. На маргините на конференцијата, претседателот Азески оствари средби со Себастијан Курц, канцелар на Република Австрија, кој ја изрази својата поддршка за активностите на Коморскиот инвестициски форум во насока на унапредување на регионалната економска соработка, како и со Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора, Душко Марковиќ, премиер на Црна Гора, Иван Брајовиќ, претседател на Собранието на Црна Гора, Рамуш Харадинај, премиер на Република Косово, Расим Љајиќ, потпретседател на Владата на Република Србија, претставници на повеќе меѓународни институции и бројни стопанственици од регионот. Д-р Татјана Штерјова


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

13

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)

АЗЕСКИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА „БАЛКАНОТ И ЕУ – ПЕТГОДИШЕН ЦИКЛУС НА БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС“ Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со делегација на македонски стопанственици, учествува на Конференцијата „Балканот и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес“, организирана од Стопанската комора на Црна Гора, која се одржува на 25 и 26.10.2018 година, во Будва, Црна Гора. Централна тема на Конференцијата се економските аспекти на Берлинскиот процес, резултатите кои до сега се остварени во рамките на овој процес, визиите на иднината на Балканот, и текот на реформските процеси, кои треба да овозможат побрзо интегрирање на регионот на Западен Балкан во Европската унија, понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор и олеснување на регионалната мобилност. На маргините на Конференцијата, претседателот Азески оствари средби со Себастијан Курц, канцелар на Република Австрија, кој ја изрази својата поддршка за активностите на Коморскиот инвестициски форум во насока на унапредување на регионалната економска соработка, како и со Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора, Душко Марковиќ, претседател на Владата на Црна Гора, Иван Брајовиќ, претседател на Собранието на Црна Гора, Рамуш Харадинај, претседател на Владата на Република Косово, Расим Љајиќ, потпретседател на Владата на Република Србија, д-р Кочо Анѓушев, потпретседател на Владата на Република Македонија, Крешник Бектеши, министер за економија во Владата на Република Македонија, претставници на повеќе меѓународни институции и бројни стопанственици од регионот. Одделение за информирање


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

ЈАВНА РАСПРАВА

ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за правда на 01 ноември 2018 година организираше јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог законот за прекршоците, на која освен претставниците на бизнис-заедницата, учество земаа и членовите на работата група која учествуваше во изготвувањето за законот. Д-р Татјана Штерјова, советник на Управниот одбор на Комората ја изрази благодарноста до Министерството за правда за одржувањето на јавната расправа, на која бизнис-заедницата има прилика да ги изнесе своите видувања, коментари и сугестии во однос на предложените законски решенија, како и на присуството на голем број од членовите на работната група која учествуваше во изготвувањето на текстот на законот. Штерјова истакна дека Законот за прекршоци, како општ и системски закон има големо значење за работењето на деловните субјекти, од причина што овој закон е основата на која се засноваат прекршочните одредби во неколку стотици посебни закони, кои ќе треба да бидат усогласени со Законот за прекршоците по неговото усвојување. При тоа, посочи дека доследната примена на законите и другите прописи


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

15

ЈАВНА РАСПРАВА во современи услови е неопходна за обезбедување на нормално функционирање на пазарот, од причина што за постоење на поволно деловно опкружување како неопходност се поставува потребата од соодветно применување на прописите со кои се уредува однесувањето на сите активни чинители на пазарот - тоа не само што ќе доведе до спречување на нелојалната конкуренција и справување со сивата економија, туку и ќе влијае поттикнувачки за деловните субјекти да го унапредуваат

своето работење, но истовремено доколку системот за контрола на однесувањето на субјектите на пазарот функционира несоодветно или пререстриктивно, во себе крие опасност да предизвика контраефекти, и да стане кочничар на економскиот развој. Петар Мирковиќ, државен советник во Министерството за правда пред присутните накратко ги изложи предложените решенија во нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците, со напомена дека предложените решенија сé уште се во работна верзија. Посочи дека со предложеното законско решение се надминуваат некои од слабостите на постојниот Закон за прекршоците (Службен весник на РМ бр. 124/15), вклучувајќи ги следните прашања: можноста со посебните материјални прописи да може да се пропишуваат глоби за прекршоци надвор од рамките утврдени со Законот за прекршоци како општ пропис и системски закон; воведувањето на двостепеност во прекршочната постапка во рамките на државната управа, со формирањето на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

ЈАВНА РАСПРАВА и прекршочната постапка; непочитување на начелото Non bis in idem, односно постоењето на можноста за исто дејствија да биде изрекувана прекршочна санкција од страна на различни прекршочни органи, кои постапуваат врз основа на различни материјални закони; можноста за двојно казнување на трговец поединец (како правно лице и како одговорно лице во ТП); функционирањето на мандатниот платен налог, против кој не постои можноста да биде изречен правен лек. Г-дин Мирковиќ даде краток преглед на клучните измени во предложеното законско решение, вклучувајќи го изречното нормирање на забраната за двојно изрекување на санкции, допрецизирањето на начелото на законитост и воведувањето на начелото на пропорционалност, уредувањето на висината на глобите за физички лица и за правни лица, критериумите за одмерување на глобата за правно лице, можностите за ублажување на глобите, ревидирањето на постапките за порамнување и за спогодување, роковите за застареност, како и разграничувањето на судските и административните прекршоци. На настанот присутните претставници на бизнис заедницата ги изнесоа своите предлози, забелешки и коментари во однос на нацрт текстот на Предлог законот за прекршоците. При тоа, беше дискутирано за примената на опомената како прекршочна санкција, и потребата истата почесто да биде изрекувана, особено кога станува збор за ситуации кога прекршокот е сторен по прв пат. Исто така, посочено беше дека е потребно да се уреди можност за ослободување од санкција на сторителот на прекршокот, во ситуациите кога прекршокот е направен под особено олеснувачки околности, и станува збор за прекршок за кој е предвидена глоба од помала вредност, а субјектот кој го сторил прекршокот самиот го воочил, и преземал дејствија за да ги отстрани недостатоците во своето постапување или на друг начин да ги санира последиците во краток рок, и самиот му укажал на надлежниот орган за тоа, како и да се предвиди можност за нормирање на прекршок од мало значење. Присутните дискутираа и за предвидените лимити на глоби кои можат да бидат изречени на правни лица, при што беше покренато прашањето кои се условите и критериумите за разграничување на определени сектори/дејности за кои се предвидуваат повисоки износи на глоба која може да биде изречена, и беше укажано на потребата да се ревидираат предложените износи во насока на нивно намалување. На крајот на настанот, заклучено беше изнесените предлози, сугестии и забелешки да бидат проследени до Министерството за правда и до работната група која работи на изготвување на нацрт-текстот на новиот закон, а практиката на одржување на настани од ваков тип да продолжи и во иднина. Д-р Татјана Штерјова


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПРЕДЛОГ-РЕШЕНИЈА ЗА НАДЗОР НА ПАЗАРОТ ПРЕКУ ГАПАНАЛИЗАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Во Стопанската комора на Македонија, на иницијатива на Министерството за економија, беше презентирана ГАП-анализата за Законот за безбедност на производите (30.10.2018 година). Активноста е во рамките на процесот на ИПА-Проектот што го спроведува Министерството за економија за надзор на пазарот со цел да се иницира дискусија за примена на правилниците за: лифтови, опрема под притисок, машини, пренослива опрема под притисок, жичарници, радиотелекомуникациска опрема и др. Целта на оваа презентација беше преку отворена дискусија со бизнис секторот да се добијат сознанија за имплементација на правилниците и проблемите со кои се соочуваат компаниите во процесот на нивна примена, да се изработи сеопфатна анализа за фактичката состојба согласно која ќе се иницираат измени и дополнувања на содржината на правилниците, а доколку има потреба да се иницираат измени и дополнувања на законската регулатива во целост. ГАП-анализата за Законот за безбедност на производите ја презентираше проф. д-р Виктор Гаврилоски, кој истакна дека Законот за безбедност на производи во голема мерка е усогласен со Европската регулатива, но при анализата се детектирани одредени слабости и тоа: • нејасно разграничување на нехармонизираната и хармонизираната област; • непрецизност на определени дефиниции и изрази; • потреба од опфаќање на „опасни имитации“; • конфузност на одредени членови кои дефинираат примена и однос со други прописи; • неефективен систем за примена на стандарди;


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ • непрецизно дефинирање на ингеренциите на различни инспекциски органи. Правилниците од хармонизираната област во определена мерка се имплементирани и усогласени со Европската регулатива, но при анализата се детектирани одредени слабости и тоа: • нецелосно хармонизирање на некои од важечките технички прописи со новите директиви на ЕУ; • непостоење на ефективен систем за контрола на документи за оцена на сообразност при увоз од трети земји; • потреба од дефинирање на одговорности и дополнителни услови за телата кои вршат оцена на сообразност. Се предлага законски измени кои се во насока на изготвување на: - Закон за општа безбедност на производи, кој ќе ги пропишува општите безбедносни критериуми за производите, обврските на производителите и дистрибутерите, начелото за јавност, поттикнувањето на доброволни мерки, надзорот на пазарот во однос на пропишаните критериуми; - Закон за технички критериуми за производите и оцена на нивната сообразност, кој ќе ги регулира начинот на пропишување на техничките критериуми за производите (подзаконски акти), постапки за оцена на сообразноста, СЕ-обележување, заемно признавање, критериуми за телата што вршат оцена на сообразноста, овластување на телата што вршат оцена на сообразноста и надзор на пазарот во однос на пропишаните критериуми. Во однос на правилниците од хармонизираната област се предлага: • изготвување на дополнувања или нови подзаконски акти за вертикалното законодавство за производите што целосно ќе ја транспонираат Регулативата/ директивите на ЕУ; • да се обезбедат дополнителни одредби што ќе го зголемат квалитетот на оцените за сообразност; • примената на последната верзија на објавените усогласени стандарди во„Службен весник на ЕК“ за оцените за сообразност треба јасно да се дефинира. Перо Авакумовски


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

19

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

Одржано предавање на тема: „ВЕРУВАЈ ДЕКА МОЖЕШ“

Една од главните активности на Клубот на менаџери - претприемачи, покрај организирање едукативни настани кои ќе ги задоволат потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, е вмрежувањето во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти. Следејќи ја својата Годишна програма за 2018 година и со цел обезбедување сe` поголеми предности и бенефиции за своите членови, на 26.10.2018 година, како трет настан во месец октомври, беше реализирано предавањето на тема: „Верувај дека е возможно“, во соработка со предавачот Катерина Ангеловска, која е прв сертифициран тренер на Балканот за принципи за успех по методот на Џек Канфилд (Jack Canfield). Катерина Ангеловска е тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор на книгата „333 афирмации“. Програмата „Успех без граници“, по која ја препознаваме Катерина Ангеловска, е базирана според принципите за успех по методот на Џек Канфилд. Оваа програма е фокусирана на професионален и одржлив развој. Валентина Цветковска


20

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

21


15

T

O

IS

БИЗНИС ИНФО

22

9001:20

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ

Од 7-9 ноември 2018 година во Нови Сад, Србија, ќе се одржи Меѓународен саем, со конференција и придружна програма за ИТ - Tелекомуникации - иновации Интернет и игри. На Саемот се очекуваат 150 меѓународни излагачи, 2000 посетители и 1000 крајни корисници. Настанот опфаќа 15 тематски конференции, работилници и деловни средби. Саемот ќе се одржи на Новосадскиот саем, а организатор е ResEnva Consulting. Подетални информации: http://see-it-summit.com/SIS18/Public/Content.aspx?ID=88&sortMenu=110002 Пријавете се на: http://seeitsummit2018.talkb2b.net/

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 9.11.2018 година (петок) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ГЕЈМИФИКАЦИЈА ВО БИЗНИСОТ: ПРИМЕНА НА КОНЦЕПТ НА ИГРИ ВО ВНАТРЕШНАТА И НАДВОРЕШНАТА КОМУНИКАЦИЈА

Овој семинар ги обединува маркетинг комуникациите со системот на игри и технологии. Примената на концептот на гејмификација во маркетингот е силно врзан за психолошка реакција, реципроцитетни акции, лојалност, интеракција и фидбек, па оттука и масовната примена последните неколку години особено во областа на маркетингот и продажбата, како и во сегментот на човечките ресурси. Овој феномен е веќе применлив од водечките компании од модната индустрија, спортска облека и опрема, едукација и храна. Засилено значење овој модел добива поради изразената преференција кон игри на генерациите Y и Z. Наменет е за претставници од бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на маркетинг комуникации, социјални мрежи, односи со јавноста, организација и човечки ресурси. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за бенефитите од аплицирањето на концептот на игри во работните, продажните, маркетинг и комуникациски механизми. Предавач: -д-р Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.11.2018 година (среда) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

Во 2008 година професорите Гарет Џонс и Џенифер Џорџ во книгата „Современ менаџмент“ потврдуваат дека само компаниите во кои менаџментот е способен конструктивно да ги менаџира конфликтите имаат максимална ефиканост. Другите (каде што конфликтите се ставаат „под тепих“ или каде што ескалираат) имаат минимална ефикасност. Целата енергија се троши во сопки и штитење наместо во заедничко ефикасно работење. Конфликтите во себе носат голем потенцијал, нови идеи и тие треба да се добродејдени. Науката потврдува дека во организациите е добро конфликтите да бидат присутни во едно оптимално ниво. Само доколку вработените имаат слобода јасно и гласно да го изразат своето мислење и да кажат што мислам дека треба поинаку да биде направено, ќе се дојде до најдоброто решение и до резултати. Во исто време треба да се знае дека конфликтите во себе имаат голем деструктивен потенцијал. Ако не бидат соодветно менаџирани, тие можат да ја нарушат работната атмосфера, да ги влошат меѓучовечките односи, да ја влошат комуникацијата и да влијаат на мотивацијата на вработените. Предавач: -Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.11.2018 година (понеделник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци

Стопанската комора на Македонија, на 19 ноември 2018 година, во просториите на Комората, организира еднодневен семинар на тема: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци, отказ на договорот за вработување, разлики помеѓу отказ на договорот за вработување од страна на работодавачот и од страна на работникот, влијание на одлуката за отстранување од работа на работникот врз одлуката за отказ на договорот за вработување на работникот, разлики помеѓу отказ на договорот за вработување поради повреда на работниот ред и дисциплина и отказ на договорот за вработување од деловни причини, права на работниците предвидени со колективните договори во случај на отказ на договорот за вработување од деловни причини, постапување на овластениот инспектор за труд во случаи на отказ на договорот за вработување поради повреда на работниот ред и дисциплина, постапување на овластениот инспектор за труд во случаи на отказ на договорот за вработување од деловни причини Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: - д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје; - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II - Скопје и - Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23 ноември 2018 година (петок) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

Безбедноста на информациите и информативните системи во целина се едни од најважните теми денес. Во ера на се` почести и различни видови на напади, малициозни софтвери и ransomware, многу е тешко да се најде вистинскиот начин за одбрана. За да ги одредите техниките и технологијата која ви е потребна за одбрана, треба да одредите што и како ве напаѓа. Она што хакерите го користат, како тие размислуваат и како доаѓаат до нас, се само дел од прашањата на кои се бара, но е тешко да се најде одговор. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 23 ноември 2018 година организира семинар на тема: „ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ“ чија цел е запознавање на учесниците со сите видови на напади и презентација на техники и начини за нивна примена, со цел демистификацијата на хакирањето и дефинирање на начините за одбрана. Исто така, ќе се разгледаат сите чекори на напад - од нулта точка до целосна контрола; ќе се објаснат сите техники на напад; ќе се демонстрираат напади и користење на алатки; ќе се дефинираат и ќе се објаснат техниките за одбрана на секој од нападите, како и деловите од тој напад. Целна група: менаџери и вработени во служба за безбедност на информатичките системи, одговорните лица за заштита на безбедност на информации, како и сите оние кои имаат интерес за учество на семинарот. Предавач: - Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – „SECIT security consulting“. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 2 Ноември 2018, Бр. 370

T

15

28

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2-2

018

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.