СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 02 декември 2010
1
Членка на: Број 32 од 02.12.2010
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
Предлог на бизнис-заедницата од скопскиот регион
АКЦЕПTНИОТ НАЛОГ ДА ГИ „ЛОВИ„ ДОЛЖНИЦИТЕ Енергетската ефикасноcт во Македонија
НЕ МОЖЕМЕ ТОЛКУ ДА ПРОИЗВЕДЕМЕ, КОЛКУ НЕДОМАЌИНСКИ ТРОШИМЕ
Менаџерите предупредуваат
ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА, А НЕ ВО – БИРОКРАТИЈАТА!
БИЗНИС ИНФО
2
Издвоено НАМЕСТО ВО БИРОКРАТИЈАТА, ВЛОЖУВАЊЕ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА
Кога дојдовме пред шест години, само едната технолошка линија беше во работа. Ние инвестиравме на почетокот за да ја оспособиме и втората линија. Кога кризата се распламти, исклучивме една линија, за да пред еден месец повторно ја вклучиме по целосна реновација. Само во 2010 година имаме инвестирано 26 милиони евра во нова опрема и технологија. Компанијата сопственик на „ФЕНИ„ инвестираше во купување рудници во Албанија, Индонезија, а имаме намера да купиме рудник и на Филипини. Во последниве години се обидувавме да добиеме концесија за копање руда блиску до нашиот рудник Ржаново, но не ја добивме. Затоа мора да носиме руда од Албанија, Турција, Грција, Индонезија, Нова Каледонија, Филипини, наместо овие пари да ги искористиме овде. Бирократијата мора да се намали. Се согласувам секоја влада да се труди да ја намали невработеноста, но не со вработување на луѓето во државниот апарат. Тие пари треба да ги користи за изградба на инфраструктура, со која ќе се создадат подобри услови за бизнис и привлекување инвестиции, а пак ќе вработат нови луѓе. Значи, целта повторно ќе биде постигната. Новите вработувања во државната администрација, само ја зголемуваат бирократијата. Во Косово, каде што имаме слична фабрика како „ФЕНИ„ иако државата е многу млада, бирократијата е помала и донесувањето на одлуки оди побрзо. (Костантинос Даскалакис, генерален директор на „Фени индустри“ од Кавадарци)
ЗАЖИВУВА ЕНЕРГЕТСКАТА СТРАТЕГИЈА Енергетската стратегија на Македонија полека почнува да заживува. Државната ЕЛЕМ почнува да го реализира ветеното – ќе ги ревитализира и модернизира постоечките шест хидроелектрани, а најави и дека наскоро ќе почнат да ја градат и првата ветерна фарма во Богданци. И двете инвестиции „тежат„ 130 милиони евра. Енергетските експерти во земјава постојано алармираат дека Македонија мора да влезе во енергетски инвестициски циклус за да не се соочи со енергетски колапс и се` поголем одлив на девизи наменети за скап увоз на струја. Државните електрани од неодамна најавија дека покрај изградбата на првата ветерница кај Богданци, од следната година планираат да ги почнат активностите за изградба на хидроцентралата Бошков Мост кај Дебар и на акумулацијата Луково Поле. Покрај сопствените пари, ЕЛЕМ преговара и со ЕБРД и со Светската банка за да ги обезбеди потребните пари за изградба на овие значајни хидрокапацитети во земјава. Со најавените инвестиции, државната компанија планира да го зголеми производството на електрична енергија и да го забрза економскиот развој на Македонија.
четврток, 02 декември 2010
ТРАНСПОРТЕРИТЕ „ЗАКОЧЕНИ“ ОД СКАПИTE КРЕДИТИ
Патниот сообраќај во Република Македонија кој е една од поважните гранки во нашето стопанство постојано се наоѓа на маргините од збиднувањата и можностите за решавање на веќе одамна наталожените проблеми кои уште повеќе се актуелизираа со светската економско-финансиска криза. Проблемите се многу, но еве ќе посочиме на некои од нив кои сеуште претставуваат огромен товар за транспортерите, како на пример проблемот со наплатата на зелениот картон, односно авто одговорноста во странство. Стопанската интересна заедница уште пред две години, покрена иницијатива за укинување на овој надоместок, од причини што истиот се наплаќа двојно, бидејќи веќе еднаш е платен при регистрацијата на возилата во вид на полиса за автоодговорност, а зелениот картон претставува само пренесено право за осигурување во странство. Скапите кредити и услови за добивање на кредити се еден од најголемите проблеми за ликвидноста и инвестирањето на претпријатијата. Се почесто се ограничува превозот на стоки и патници во нашиот јужен сосед и поради тоа, тамошните чести штрајкови и протести се доживуваат како нова блокада за македонскиот транспорт. Зголемувањето на цената на нафтата дополнително го отежнува работењето во секторот за патен транспорт, како (Влатко Чингоски, генерален директор на ЕЛЕМ) и сеприсутната нелојална конкуренција, односно „диви“ превозници, кои диктираат пониски цени, бидејќи не плаќаат никакви давачки кон државата. (Златко Кочовски, управител на Стопанската интересна заедница „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ)
Покровители
четврток, 02 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
3
Предлози
Регионална комора со седиште во Скопје
АКЦЕПTНИОТ НАЛОГ ДА ГИ „ЛОВИ„ ДОЛЖНИЦИТЕ
Регионалната комора со седиште во Скопје, на седницата со којашто претседаваше Горан Рафајловски, претседател, расправаше и утврдуваше предлози за зголемување на кредитната активност на деловните банките во Република Македонија (24.11.2010 година). Јулијана Зориќ од Шпаркасе банка и Идризи Кенан од Македонската банка за подршка на развојот (МБПР) дадоа образложение и појаснување зошто во јавноста
владее мислење дека деловните банки даваат ниска финансиска поддршка на стопанството, и се` уште кредитираат со повисоки каматни стапки. Во дискусијата беше нагласено дека главни причини за ниското ниво на финансиска поддршка на економијата, се ризиците кои се присутни во реалниот сектор и неликвидноста на компаниите. Банките го финансираат реалниот сектор, но секогаш одобруваат финансиска поддршка на профитабилни проекти и кредитоспособни клиенти. Банките имаат доволно ликвидни средства кои би можеле да се пласираат во стопанството. Но, за да може банките повеќе да кредитираат, од поголема важност е НБРМ да ги намали стапките на задолжителна резерва на депозитите, којашто деловните банки мора да ја издвојуваат и чуваат кај Централната банка. НБРМ доколку сака да влијае во правец на зголемување на кредитната активност на банките, мора да ја намали стапката на издвојување на задолжителна резерва. Зголемување на стапката на задолжителна резерва НБРМ ја имплементираше за време на кризата со цел да ги заштити деловните банки и економијата од финансиските удари на кризата. Но, веќе сега економијата е во фаза на подобрување и би требало оваа мерка да биде намалена,
т.е. стапките на издвојување да се намалат, односно да се сведат стапките на издвојување на задолжителната резерва на ниво како пред кризата, од околу 7,5%. Во моментот стапките се движат: 10% задолжителна резерва за денари, 13% за девизи, 20% за денари со девизна клаузула. На овие средства НБРМ плаќа 2% годишна каматна стапка на денарските средства на деловните банки и 0,1% на двеизните депозити. Ако сите фактори во државата велат дека најлошиот период од кризата е поминат, тогаш треба да дојде и до намалување на претходно зголемената пресметка на задолжителната резерва. По таа основа банките ќе можат да ослободат дел од овие средства и да ги пласираат во стопанството по пониски каматни стапки. На тој начин и банките ќе ја зголемат својата профитабилност и ликвидност. Банките се приватни институции и се дел од стопанството и економијата. И тие се правни субјекти исто како и другите правни субјекти во државава, работат по истите пазарни услови кои важат за сите субјекти. Во врска со Иницијативата за донесување Закон за финансиска дисциплина и обезбедување на инструмент за плаќање, присутните се согласија да се
предложи акцептниот налог како инструмент за наплата на побарувањата. - Оваа измена се бара во интерес на стопанството, пред се` заради тоа што е наједноставна и веќе се применуваше во праксата. За неа Владата треба само да направи кратка измена на Законот за платен промет, да предвиди негово воведување и со него би се добил еден инструмент со којшто би се решиле поголемиот број проблеми на недисциплина во финансискиот сектор, нагласи Горан Рафајловски. На оваа седница се избра нов член на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје, Горан Чогеља, директор на „РУДНАП„ ДООЕЛ - Скопје. Венера Андриевска
4
Членки на Комората
БИЗНИС ИНФО
четврток, 02 декември 2010
Енергетската ефикасноcт во Македонија
НЕ МОЖЕМЕ ТОЛКУ ДА ПРОИЗВЕДЕМЕ, КОЛКУ НЕДОМАЌИНСКИ ТРОШИМЕ
Актуелниот светски мега-проект - Енергетската ефикасност, добива се` поголемо значење за економскиот и за целокупниот живот во државата, поради нагласената потреба од рационално користење на енергијата и зачувување на животната средина. Имајќи го предвид фактот дека енергетските потреби во светот се во постојан пораст, а конвенционалните енергенси се со надолен тренд, цените на енергенсите бележат растечки тренд, а глобалното затоплување на еден од најголемите предизвици на денешнината, домаќинското користење или енергетската ефикасност на сите расположиви енергенси се наметнува како императив во современото живеење. Ова е посебно важно за земји со ограничени економски можности и енергетски ресурси, увозно зависна од енергија како
Република Македонија. Во јавноста, а и во стручната јавност, досега поинтензивно се зборува за недостиг од енергија, односно за скапа енергија, а се` уште недоволно се зборува или малку конкретни мерки се преземаат за проучување и намалување на потребите од енергија, а при тоа да се задоволат современите потреби на државата и на граѓаните. Постои една теза, подобро речено аксиома: “Не може да се обезбеди (купи или произведе) толку количина енергија колку што може да се потроши недомаќински”. Затоа решението е во домаќинското трошење или како инаку го викаме намалување на енергетс ките понори, односно зголемена енергетска ефикасност на секој план, а посебно во градежните објекти и нивните инсталации. Ова е поради фактот дека потрошувачката на енергија за греење во зградите зазема значаен дел од вкупната потрошувачка на енергија како во
општестевениот така и во приватниот сектор и има важна улога како во социјално-економски поглед, така и од аспект на зачувување на животната средина. Токму поради овие константи и беше одржана прес конференција во Стопанската комора на Македонија на тема „Енергетска ефикасност, можности и предизвици“ (29.11.2010 година). Пред новинарите на оваа тема зборуваше Јордан Војнески, почесен член на Групацијата КГЛП и експерт за енергетска ефикасност. Создавање на енергетски ефикасни градби, што е еден од предизвиците на современата енергетска политика, со избор на современи технологии во градењето и градежни материјали кои бараат користење на мало количество енергија за греење и ја зачувуваат животната средина. Вториот подеднакво важен елемент е регулацијата на потрошувачката на енергијата во зависност од потребите на потрошувачите. Технологијата на енегетското управивање во згради вклучува разни видови на системи со различна сложеност, проектирани да регулираат, набљудуваат и да ги оптимализираат различните функции во зградите кои се предмет на следење, вклучувајќи го затоплувањето, ладењето, вентилацијата, осветлувањето и управувањето на разни електроуреди. Користењето на системите за контрола и управување и регулација дозволува оптимализација на различни потреби често со значителна заштеда на енергија. -Познато е дека дозволеното ниво на потрошувачка на енергија за греење во европските земји е 35 KWh/ м² а, а потрошувачката кај нас е 120 150 KWhм². Факт е дека потрошувачката на енергија по единица БДП е 1:4 во корист на ЕУ. Според последниот попис во РМ има 49.672.000 м² станбен простор. Ако на овој простор се пресмета потрошувачката по ЕУстарндардите, тогаш разликата, односно заштедата би била 2111 GWh/a. Не е тешко да се пресмета во евра колкава би била заштедата и бенефитот во екологијата и во енергетската независност. – нагласи Јордан Војнески. Во последните две години прашањето за енергетската ефикасност исто како и за обновливите извори на енергија е еден од приоритетите и на надлежните органи, сврзани и со ЕУ-агендата на Република Македонија. Новиот закон за енергетика, кој се очекува да се донесе до крајот на годинава, дава посебно место на производството на енергија од обновливи извори и на енергетската ефикасност.
четврток, 02 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
Во тек е процедурата на донесување на Стратегија за енергетска ефикасност со Прв акционен план за нејзина реализација. Со тоа се врши заокружување на основната законска рамка и на стратешките документи за оваа значајна тема од областа на енергетиката. Но основниот проблем е имплементацијата на регулативите. Имено, не е можно да се реализираат одредбите од Законот за градење доколку се` уште не е донесен Правилникот за енергетска ефикасност во градежните објекти. Но, во актуелната регулатива сврзана со прашањето за енергетската ефикасност има низа празнини и неусогласености:
5
Членки на Комората
бизнис-заедницата, кои се имплементаторите на овие регулативи; - реализирање на стимулативни мерки за имплементација на оваа законска регулатива во сите изградени објекти кои се во функција и објектите кои се реновираат, реконструираат или се пренаменуваат по примерот на другите земји (Р. Словенија ги стимулира инвестициите во градби со државни субвенции во висина од 50% од вредноста на инвестицијата). - Во таа насока, Групацијата за климатизација, греење, ладење и проветрување при Стопанската комора на Македонија ја охрабрува Владата на РМ за
- се` уште не е донесен правилник по кој ќе се применува енергетската ефикасност (претходниот на барање на Групацијата е ставен вон употреба поради низа недостатоци кои што практично го прават неприменлив); - присутни се сериозни неусогласености во донесување на регулативите меѓу Министерството за економија и Министерството за транспорт и врски; - нема стимулации, односно истите се инцидентни и премногу скромни за стимулирање на примена на енергетски ефикасни градби (пример, да се дадат поволни услови и субвенции за вградување на соларни Факултет за бизнис економија од Скопје системи за топлинска ОТВОРЕНА ШКОЛАЗА ОБНОВЛИВИ ЕНЕРГИИ енергија); не се Факултетот за бизнис економија од Скопје во соработка преземени активности со Германското друштво за соларна енергија и ГТЗ отвори за намалување на Школа за обновливи енергии по принципот на германските давачките при увоз Соларни школи. Школата, прва од ваков вид во Македонија, на опрема со која се опфаќа различни видови обуки меѓу кои за соларна термија постигнува повисок – загревање на вода со користење сончева енергија, добивање степен на енергетска струја од сончевата енергија и општ курс за енергетската ефикасност. ефикасност во градежните објекти.
воведување на вакви и слични стимулативни мерки, бидејќи корист од заштедата на енергија ќе има пред се` државата. – додаде Јордан Војнески. Воедно, Групацијата потсетува дека кај неа е концентриран професионален и стручен потенцијал областите Школата за обновливи енергии располага со од Во оваа најсовремени наставни помагала како симулациски уред проектирање, монтажа, насока потребни за следење, лиценцирани софтвери за симулација, мерни греење, ладење, се поинтензивни инструменти, термовизијска камера, примерок на целосен проветрување и друго, активности за систем за соларно греење на вода,.... кој што со своите заокружување на мислења може да даде Обуката ќе ја изведуваат предавачи од Германија регулативите, кои би голем придонес во согласно германските наставни програми и европските требало да се поделат законската регулатива наставни предмети. во две насоки: и нормативна дејност од област - донесување на термоенергетска потребната законска и подзаконска регулатива ефикасност, заштеда на енергија, екологија и сл. усогласена со европската во најкус временски рок, која ќе се однесува на постојните и новите објекти, со Зорица Мешкова неопходно активно вклучување на претставниците на
6
Изданија
БИЗНИС ИНФО
четврток, 02 декември 2010
Во Стопанската комора на Македонија промовиран „Инкотермс 2010“
ПРВО ОФИЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
*Промовирана и брошурата „Меѓународни трговски документи во Македонија“ што ја издаде Европскиот информативен и иновативен центар Во Стопанска комора на Македонија беа промовирани најновите стручни списанија „Практичен прирачник за Инкотермс 2010“ и „Меѓународни трговски документи во Македонија“ (29.11.2010 година).
Прирачникот за Инкотермс 2010, прво официјално издание на македонски јазик, ги содржи најновите измени на меѓународните комерцијални термини кои стапуваат на сила од 1 јануари идната година. Со него се дефинирани правилата за испорака на стока - кои трошоци се на товар на продавачот, кои на купувачот, кој е моментот на преминување на ризикот од продавачот на купувачот, чија обврска е извозното и увозното царинење, кои се обврските при обезбедувањето документација, превоз, осигурување на стоките за време на транспортот... Кратенката е настаната од почетните букви на зборовите INterna�onal COmmercial TERMS. Тие се најупотребуваните трговски термини во домашната и меѓународната трговија. Ги има во секоја фактура за продажба на стоки. Прецизно ги дефинираат обврските поврзани со испораката на стоките, како на пример, кои трошоци се на товар на продавачот, а кои на купувачот, кој е моментот на преминување на ризикот од продавачот на купувачот, чија обврска е извозното и увозното царинење, обврските со обезбедување на документација, превоз, осигурување на стоките за време на транспортот и сл. Кога сето ова фирмите сами би го договарале ќе им требаат две-три страници во договорот само за тоа, и прашање е дали ќе успеат прецизно да договорат. - Новите правила се појасни, попрецизни и поразбирливи од претходните. Ќе им помогнат на трговците да ги избегнат
недоразбирањата со разјаснување кои трошоци, ризици и обврски ги имаат продавачот и купувачот. Тие се суштествени за професионалците во меѓународната трговија, а нивното правилно разбирање и примена заштедува време и пари, - истакна м-р Јелисавета Георгиева, генерален секретар на Стопанската комора на Македонија. Правилата за испорака на стока датираат од 1936 година и оттогаш постојано се усовршуваат. Нивното појавување беше вистинска сензација за светот на бизнисот. Претставуваат радикално нов чекор во трговијата која беше регулирана со локални правила и закони. Уште се нарекуваат и предвесници на глобализацијата. - Меѓународната трговска комора ревизијата ја врши на секои 10 години (последната 2000 год.). На ревизијата работеа стотина професионалци од областа на транспортот, шпедицијата, трговијата, правото, како и познати професори од реномирани универзитети. Ќе се применуваат од 01.01.2011 година. Во себе ги содржи новите безбедносни мерки при испораката на стоките, ревизираните Институтски Карго Клаузули од 2009 за осигурувањето и прилагодени се за користење не само за меѓународните туку и за националните испораки на стока. Наместо постојните 13 термини, новиот Инкотермс 2010 содржи 11 правила. Четири од постојните се укинати, а воведени се две нови правила, – нагласи Карло Змајшек, авторот на прирачникот. Меѓународната трговска комора која даде посебно одобрение за македонскиот Прирачник. Брошурата „Меѓународни трговски документи во Македонија“ што ја издаде Европскиот информативен и иновативен центар, содржи краток приказ на најважните меѓународни трговски документи кои македонските компании ги користат при реализирањето бизнис-зделки со фирмите од ЕУ и пошироко. Достапна е бесплатно на www.mchamber.mk и во печатена форма за сите заинтересирани.
Можности Одржан дведневен семинар за ФИДИК правилата за градежништвото и инженерингот
ОБУКА КОЈА ВЛИЈАЕ ЗА ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ
Со цел зголeмување на конкурентноста на фирмите од Македонија на меѓународните и на домашниот градежен пазар, во Стопанската комора на Македонија, се одржa дводневен семинар (24 и 25.11.2010 година) на којшто се презентираа стандардите што ги пропишува FIDIC - Federa�on Interna�onal Des Ingineur Counselle. Овие стандарди се користат скоро во сите градежни инвестиции во светот. Најголемиот број меѓународни финансиски институции (EIB, EBRD, World Bank, Asian Bank), водечките меѓународни комерцијални банки, инвестициски фондови, како и други инвеститори, бараат инвестициските проекти да се реализираат по овие стандарди, кои даваат насоки за правење на разни видови меѓународни договори, кои ги користат инженерите, правниците и менаџерите на фирмите при изведување на работите. Обучувач на семинарот беше м-р Живко Димов, кој во последните дванаесетина години работи како менаџмент-консултант за мали и средни претпријатија, вклучувајки: развој на проекти,
енергетски сектор, проектна супервизија, проектен менаџмент и слично. На семинарот беа презентирани типовите на Фидик книгите (црвената, жолтата, портокаловата и сребрената - Red , Yellow, Orange, Silver Book) и кога истите се користат во светот на инвестициите и инженерингот, основните форми на договори и кои се учесници во Фидик договорите. Учесниците стекнатото знаење од семинарот, надополнето и со претходното искуство во работењето во областа на градежништвото и инженерингот, успешно го покажаа при изработка на вежбите преку имплементација на Фидик правилата на практични примери за различни проекти и договори. Искажаниот интерес за Фидик регулативата ја потврди потребата за зачленување на Република Македонија во Фидик Асоцијацијата, што треба да се реализира во накраток можен рок во организација на Стопанската комора на Македонија. Марија Петроска
четврток, 02 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
Совет на странски инвеститори
7
Трибина
ПОДДРШКА НА ИНИЦИЈАТИВАТА НА КОМОРАТА ЗА ПРОМЕНА НА ЕКОНОМСКИОТ МОДЕЛ ЗА РАЗВОЈ
Советот на странски инвеститори, на 25.11.2010 година, одржа состанок на којшто беше разгледана иницијативата на Стопанската комора на Македонија „Време е за промена на досегашниот модел за економски развој“. Членовите на Советот на странски инвеститори едногласно го поддржаа материјалот и дадоа низа предлози за зголемување на економскиот развој и вработеноста во земјава. На седницата беше избран Управен одбор на Советот на странски инвеститори во состав: Вернер Хенгст - „ЕВН„; Алп Ер Тунга Ерсоу - „ ТАВ„; Стелиос Григориадис -
„Алианс ONE Македонија„ - Кавадарци; Ирена Јакимовска - „Комфи-Ангел„ - Прилеп и Тоше Коцевски - „ПИКОН„ Скопје. Координатор на Советот на Странски инвеститори останува Игор Бимбиловски од Македонски телекомуникации. За генерален секретар е избран Мајкл Инглиш од „Еуро Партнерс„. Советот на странски инвеститори договори поголема активност и предлог-мерки со цел подобрување на бизнисклимата во земјава, како за сегашните, така и за идните странски инвеститори. Ирена Мојсовска
Јубилеј Деценија од рестартирањето на „Фени индустри“
КОМБИНАТОТ ЈА „ПОНИКЛУВА“ ЕКОНОМСКАТА И СОЦИЈАЛНАТА СОСТОЈБА НА КАВАДАРЦИ
Kавадаречкиот комбинат за никел „Фени индустри“ одбележа десет години од рестартирањето на топилницата (24.11.2010 година). Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов по овој повод, како што пренесува МИА, потенцира дека овој комбинат ја подобрува економската и социјалната состојба во градот затоа што над 1000 семејства од Тиквешијата егзистираат токму од него. Во третата по економски раст општина, никелот и грозјето се главните извори на егзистенција за тиквешани, истакнал градоначалникот Панов. „Фени индустри“ во изминатиот период учествувал во бројни спонзорства и донации во градот, изградбата на новиот плоштад и црквата „Света Петка“. Генералниот директор на „Фени индустри“, Константинос Даскалакис нагласил дека компанијата денес е една успешна приказна која позитивно влијае како врз вработените, така и врз општината и државата. - „Фени индустри“ е најголемиот амбасадор на Кавадарци, денес во фирмата над илјада работници
земаат плата, а уште толку фамилии индиректно од овде егзистираат, - додал Констатинос Даскалакис. - Работиме успешно и со полн капацитет. Претседателот на Синдикатот на „Фени индустри“, Илија Хаџиниколов, со генералниот директор Констатинос Даскалакис во чест на десетгодишнината од продажбата на Топилницата го потпишаа Колективниот договор. Притоа првиот синдикалец подвлекол дека е задоволен од соработката што ја имаат со раководството на компанијата. Досега зголемувањето на платите било доколку зголемувањето на животните трошоци е над пет проценти, а сега тоа зголемување директно зависи од зголемувањето на трошоците. - За овие девет години платата ни е зголемана за околу 40 проценти, - изјавил Илија Хаџиниколов, а го цитира МИА. Најниската плата во фабриката изнесува 10 илјади денари, а највисоката се движи од 25 до 30 илјади денари.
8
Коморски активности
БИЗНИС ИНФО
Формирана Групација на инспекциските телаработилници за тахографи и таксиметри
РАЗРЕШУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА На конститутивна седница одржана на 25.11.2010 година во Стопанската комора на Македонија конституирана е Групацијата на инспекциските тела-работилници за тахографи и таксиметри како стручен облик на организирање и работење на овие дејности која ќе делува во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата. Во групацијата се здружија правни лица кој се занимаваат со инспекција, сервис, производство и промет на тахографи и таксиметри, какo и други правни лица чија дејност е поврзана со оваа област. Формирањето на Групацијата произлезе од потребата за заедничко разгледување на прашања за унапредување на работењето, заедничко разрешување
на тековните проблеми, предлагање на мерки од заеднички интерес, давање на мислења и предлози по законски регулативи, соработка со надлежни органи институции и организации и други прашања од заднички интерес. Расправајќи на првата седница присутните истакнаа дека активностите на Групацијата треба да бидат насочени во разрешување на проблемите со кои се соочуваат компаниите од овие дејности. Посебно беа истакнати активностите кои треба да се реализираат во правец на измени и дополнување на законски и подзаконски акти од оваа област, соработката со надлежните министерства, институции и организации, разрешување на проблемите на нелојалната конкуренција и сл. Посебно беше истакната подготвеноста на овие компании да бидат во функција на соодветна примена на дигиталните тахографи и нивното одржување и сервисирање согласно “Законот за работно време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај“ (Службен Весник на Република Македонија бр. 161/09 На конститутивната седница на предлог на членките беше избран Управен одбор од 9 членови. За
четврток, 02 декември 2010
претседател е ибран Горанчо Ивановски од ИПРОМ-ТТ од Скопје, а за негови заменици избрани беа Ордан Димовски од „Кинзор“ од Скопје и Благоја Андреевски од „Тахо Скопје“. Војкан Николовски Македонските компании го посетија саемот “ PRINTTEK 2010’’ во Истанбул, Турција
СЛЕДЕЊЕ НА НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ПЕЧАТАРСКАТА И ГРАФИЧКАТА ДЕЈНОСТ Делегација од 30-тина македонски компании, предводени од Стопанската комора на Македонија, во периодот од 23 до 25 ноември 2010 година го посетија Меѓународниот саем за хартија и графичка и издавачка дејност “ PRINTTEK 2010’’ во Истанбул, Република Турција. На оваа саемска манифестација, која е една од најголемите во регионот од областа на графичката и издавачката дејност, земаа учество голем број водечки компании од преку 20 земји во светот, а се очекува вкупно да го посетат околу 100 илјади посетители. Македонските компании имаа можност да се запознаат со најновите светски текови во областа на печатењето, графичката дејност и хартијата, современите технологии, опрема и алати за машинска обработка на хартијата, како и разни машини за современа графичка, печатарска и издавачка дејност. Новите модели и современиот дизајн на сите видови машини кои беа изложени на Саемот “PRINTTEK 2010” се добра платформа за македонските
производители да ги следат најновите трендови во печатарската и графичката дејност, како и можност за отворање на перспективи за осовременување и збогатување на нивниот асортиман на производи. Деловните луѓе од Македонија имаа успешна посета на Саемот, остварија бројни контакти со турските и останатите излагачи на Саемот, а исто така остварија и билатералните средби, каде што беше покажана желба за понатамошна соработка со македонските компании и се очекува во догледно време контактите да се претворат во реални бизнис-потфати. Сашо Деспотоски
четврток, 02 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
9
Коморски активности
Стопанската комора на Македонија партнер на „Финекспо 2010“ на Скопски саем
ДИЈАЛОГ МЕЃУ БИЗНИСОТ И ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР ЗА ИДНИТЕ ПОЛИТИКИ
На Скопскиот саем официјално беше отворен 8. Меѓународен саем за финансии, деловни можности и економски развој – „ФИНЕКСПО 2010“, кој се одржува на 1 и 2 декември 2010 година. Саемот официјално беше отворен со обраќање на вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески. Саемската манифестација, која е осма по ред од овој вид, се одржува под покровителство на Министерството за финансии, а партнер е Стопанската комора на Македонија. „ФИНЕКСПО 2010“ и оваа година има богата стручна програма на којашто учествуваат сите финансиски институции: Министерството за финансии на Република Македонија како покровител на манифестацијата, Народната банка на Република Македонија, Управата за jавни приходи, Македонската банка за поддршка на
Покровители
Две иппол децении НЛБ Тутунска банка
ОСВОЕНА ПЕТТИНА ОД ПАЗАРОТ
Со надминување на билансната сума од една милијарда евра, НЛБ Тутунска банка ја заокружи 25-годишнината од своето постоење. Пред две иппол децении банката почна да работи со десетина илјади марки основачки капитал и петмина вработени во изнајмени простории, како интерна банка на тутунската индустрија во земјава. - Со влегување во НЛБ групацијата во 2000 година, банката го забрза развојот, порасна за десет пати, стана една од трите големи банки, со пазарен удел од 20 проценти. Случајно или не, пред десетина дена НЛБ Тутунска банка го надмина износот од една милијарда евра билансна сума, за која на почетокот никој не сонуваше - рече директорот на банката Ѓорѓи Јанчевски на свеченоста по повод јубилејо во централата на НЛБ Тутунска банка во Скопје. Според претседателот на Управата на банката, Божо Јашовиќ, за овие 25 години од интерна банка НЛБ Тутунска се развила во универзална банка, една од најголемите и најуспешните. - Ние сме горди што Тутунска банка е дел од групата НЛБ бидејќи со тоа што тие станаа нејзин член и ние имавме дополнителна корист. Сигурен сум дека и понатаму ќе биде успешна наспроти тешката економска криза - истакна Божо Јашовиќ. - Групацијата „Нова љубљанска банка“ ќе продолжи да дава финансискиот капитал и техничката помош кои се потребни за работа на Тутунска банка.
развојот, Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност, комерцијалните банки, штедилници, осигурителни компании, инвестициски фондови. Бизнис-секторот преку Стопанската комора на Македонија, како партнер на манифестацијата даде свој придонес на трибините, дебатите и тркалезните маси во рамките на ФИНЕКСПО 2010. - Манифестацијата дава исклучителна можност за презентирање на идните политики и планови, нови производи и услуги на сите учесници во финансискиот сектор во Република Македонија. Размената на искуства и идеи е од голема важност и ќе придонесе подобро да ја структуираме нашата идна стратегија за развој на финансискиот систем, - истакна м-р Зоран Ставрески, а го цитира МИА. Тој посочи дека Владата и во иднина ќе продолжи со напорите во земјава да се воспостави стабилен и сигурен финансиски сектор во кој ќе имаат доверба граѓаните, бизнисмените и инвеститорите. - Предизвиците со кои се соочуваат финансиските системи по глобалната економска криза наметнаа потреба од промени во државните регулативи и постриктна контрола на учесниците во финансискиот сектор, - рече вицепремиерот мр Зоран Ставрески, нагласувајќи дека креирањето постабилен финансиски систем стана најзначајна цел во посткризниот период. Владата на Република Македонија, како што истакна, континуирано спроведува структурни реформи во областа на финансискиот сектор во насока на зајакнување на стабилноста и ефикасноста преку обезбедување подобра регулаторна рамка и унапредување на бизнис-климата. - Во 2011 година се очекува македонската економија да оствари раст од 3,5 отсто со умерен буџетски дефицит од 2,5 отсто, а инфлацијата ќе се задржи на ниво од 3 отсто. Ќе продолжи и спроведувањето на дисциплинирана буџетска потрошувачка - рестриктивна за непродуктивните трошоци, а за сметка на зголемувањето на инвестициите во капиталните проекти, - прецизира м-р Зоран Ставрески. Вицепремиерот и министер за финансии истакна дека и за време на кризата македонските граѓани ја задржаа довербата во банкарскиот сектор и навиката за штедење. Годинава, заклучно со октомври, се бележи годишен раст од 17,4 отсто на вкупните депозити и раст од 4,4 отсто кај депозитите на правните лица. Раст од 27,3 отсто е забележан и кај денарските депозити, а во насока на штедењето е и одлуката на Владата за зголемување на износот на осигурените депозити на физичките лица на 30.000 евра и одложувањето на оданочувањето на каматата на штедните влогови за 2013 година, – се вели во извештајот на МИА. За полесно финансирање на малите и среднитe претпријатија, вицепремиерот најави дека покрај банкарските ќе се вклучат и небанкарските финансиски институции што се овозможува со донесувањето на Законот за финансиски друштва, како и новата законска рамка за лизинг друштвата заедно со воведувањето на општинските обврзници како нов инструмент, што се планираат за 2011 година. - Министерството за финансии за 2011 предвиде и измени на Законот за инвестициските фондови и вклучување на македонските осигурителни друштва во проект на Владата и Светската банка за осигурување од катастрофи и други природни непогоди, - рече м-р Зоран Ставрески. Претседателот на Групацијата ЕРА и на Управниот одбор на Скопски саем, Гвидо Орландич, истакна дека „ФИНЕКСПО“ е последната саемска манифестација во календарската година која се поклопува со периодот кога се сумираат финансиските резултати за тековната и се прават плановите за идната година. - Во време на информации и експанзија на деловно образование степенот на доверба е есенцијален за граѓаните и фирмите кои ги доверуваат своите средства кај финансиските институции. Умешноста на финансиерот е на крајот на годината, кога се ќе се одземе и додаде, да оствари позитивен биланс, - додаде Гвидо Орландич.
10
Посети Македонско-романски бизнис-форум со компании од Букурешт
БИЗНИС ИНФО
четврток, 02 декември 2010
ЗАЕДНИЧКИ ВО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ
Регионалните комори на Скопје и на Букурешт потпишаа Меморандум за соработка за време на одржувањето на Македонско-романскиот бизнис-форум во Стопанската комора на Македонија (1.12.2010 година). Потписот врз овој документ го ставија Горан Рафајловски, претседател на Регионаланата комора со седиште во Скопје и Михаи Андритои, потпретседател на Трговско- индустриската комора на Букурешт, со изразено очекување дека тој ќе помогне во натамошниот развој на економските односи на двете земји. Тоа очекување најдобро го изрази д-р Адриан Стефан Констатинеску, амбасадор на Романија во Република Македонија, кој истакна дека меѓусебната размена во 2008 година ја достигнала сумата од 169 милиони САД долари, што е 12,5 пати повеќе отколку во 2001 година. - Се надеваме дека оваа сума ќе ја достигнеме и годинава.Таа надеж ја подгреваат и бројките кои зборуваат дека во трите тримесечја од годинава извозот на Романија е зголемен за 60 отсто, а увозот за 40 отсто. Но, структурата на меѓусебната размена е недоволно диверзифицирана. Имено, само 4 групи на производи го сочинуваат 75 отсто од извозот во Македонија и 2 групи на производи од увозот. Ниско е и нивото на инвестиции, па иако Романија има исклучително поволна бизнис-клима за странски вложувања Македонија е на 99 место меѓу странските инвеститори во мојата земја, – нагласи д-р Адриан Стефан Констатинеску. – По економската криза исклучително се поволни амбициите на деловните луѓе за откривање на нови пазари и бизнис-партнери и токму затоа очекуваме дека оваа средба ќе донесе реципрочни и плодни зделки. Подобрување на трговската структура е можно, пред се`, преку заеднички инвестиции и проекти. Заклучно со 2009 година во Романија се основани 63 компании со македонски капитал во врденост од 470 000 САД $ . Во Македонија 32 романски компании основале свои бизниси со инвестиции во вкупна вредност од 570.000 САД $. Инвестирано е во консалтинг-услугите, софтверски решенија, рециклажа на неметални и Според Националниот трговски регистар, пластични отпадоци, транспортно посредување, заклучно со 31 август 2010 година, во Букурешт функционираат 173.434 компании. Toa претставува телекомуникации и во трговијата. 20% од вкупно регистрирани компании во Романија Градежништвото и енергетиката се областите (979.674). во кои компаниите од Македонија и Романија гледаат Во првите пет месеци од 2010 година, најголема можност за соработка. Нивното подобро компаниите регистрирани во Букурешт оствариле запознавање и создавањето заеднички фирми се извоз од 2 милијарди евра, што претставува 14,6% од основа за унапредување на трговската размена и вкупниот извоз на Романија и увезле стоки во вредност за реализирање на потенцијалните инвестиции, – од 5,4 милијарди евра или 30,7% од вкупниот романски заклучија претставниците на компаниите. увоз . - Не верувам во трговија ако немаме заеднички Структурата на индустриското производство компании. Тие ќе ја мрднат целата економија на во Букурешт е: храна и пијалаци (21%); хемиски сектор (6%); графичка индустриjа и печатење (10%); балканските простори. Секогаш најголемата размена металургија и машинска индустрија (7%); неметали се одвива кај нив. Притоа, не е битно дали некој (13%); гума и пластика (5%); тутунска индустрија (5%); влегува со 10, 20 или 50 отсто сопственост, - изјави останато (34%). претседателот на Регионалната комора Горан Рафајловски, пред почетокот на форумот.
ПЕТТИНА КОМПАНИИ ОД РОМАНИЈА ВО БУКУРЕШТ
БИЗНИС ИНФО
четврток, 02 декември 2010
11
Посети Според него, романските и нашите компании може да направат чудо во инвестициите ако ја интензивираат соработката. - Компаниите од двете земји треба да воспостават единствен сервер низ кој постојано ќе се движат информации. Таква полубаза веќе има, преку неа романските фирми се информираат за случувањата во Македонија и обратно. Кога тоа ќе го доближиме повеќе, ќе успееме да го направиме вистинското за нас - заеднички компании, - потенцира Горан Рафајловски. Тој го гледа развојот на стопанството главно во соработката со соседните земји и со државите блиску до нив. - Не верувам во инвестиции од земји преку океанот. За да вложи некој тука треба да е близок на нашиот менталитет, да ги познава општите карактеристики и да има брз проток на информации, - оцени Горан Рафајловски. Михаи Андритои, потпретседател на Трговско-ндустриската комора на Букурешт потврди дека Романија се стреми да соработува со земји кои не се членки на ЕУ, како што е Македонија. -Поинтензивната економската соработка може да придонесе за искористување на европските фондови посебно оние за обновливи извори енергија кои на Романија, како членка на ЕУ, и` се достапни, – нагласи Михаи Андритои. Деловните луѓе од двете комори по завршувањето на форумот имаа и бројни билатерални деловни средби. Бизнис-делегацијата од Букурешт отпатува во Охрид на средба со компании од тој регион. Саво Пејчиновски
Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Романија ● Стопанската размена меѓу Република Македонија и Романија се одвива согласно Договорот за стабилизација и асоцијација, со влегувањето на Романија во ЕУ во 2007 година, а пред тоа, согласно Договорот за слободна трговија. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Романија во првите девет месеци од 2010 година достигна вредност од 134,3 милиони САД$ што претставува значителен раст од 71,8% во однос на претходната година. Трговска размена во периодот 01-09.2010 / 01-09.2009 година
Во САД $
Вкупна размена
Извоз
Увоз
2009
2010
Индекс
2009
2010
Индекс
2009
2010
Индекс
78.245.759
134.287.787
171,8
12.153.098
38.890.600
325
66.092.661
95.397.187
143,9
Извозот е зголемен за рекордни 225%, што се должи на растот на вредноста на извозот на два вида производи: плоснати валани производи со пораст од 15,2 милиони САД$ и на феросиликоманган со пораст од 4,6 милиони САД$ . Увозот достигна вредност од 95,4 милиони САД$ со раст од 43,9%. Со Р. Романија бележиме негативен трговски дефицит од 56,5%. Трговска размена со Романија во 2009 година Вкупната трговска размена на Република Македонија со Романија во 2009 година достигна вредност од 127,8 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 19,9 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 107,8 милиони САД$.
БИЗНИС ИНФО
12
Посети
четврток, 02 декември 2010
Трговска размена со Романија во 2009 година Извоз
Увоз
Вкупно
Биланс
количина во кг
сума во САД$
количина во кг
сума во САД$
сума во САД$
сума во САД$
29.478.400
19.996.428
178.575.626
107.816.250
127.812.678
-87.819.822
Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2009 година, во структурата на извозот најмногу се застапени: производи од железо и челик, прехранбени производи, феросилициум и ферисикоманган, готови текстилни производи и останато. Во увозното салдо во 2009 година најголемо учество имаат: електрични апарати и електронски уреди, производи од железо и челик, нафтени масла и деривати, производи од секторите хемија, дрво, хартија со помала вредност. Стоковна размена (2000/2008 година) Во милиони САД долари 2000
2001
2002
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Извоз
1.0
0.96
0.94
1.3
1.8
1.8
13.3
18,6
33,5
Увоз
14.1
13.1
9.7
14.3
113
113
91.8
96,5
117,5
Вкупно
15.1
14
10.64
15.6
114.8
114.8
105.1
115,1
151
Суф./деф.
-13.1
-12.16
- 8.76
- 13
-111.2
-111.2
-78.5
-77,9
-84
Стопанската соработка помеѓу Република Македонија и Романија не го следи нивото на политичкита соработка и покрај потенцијалите, од двете страни. Незадоволителната трговска размена, за двете страни, се должи пред се` во разликите на големините на пазарите, сличноста на економијата, недоволна информираност и предрасудите како и лошите искуства со романските фирми во почеток на деведесетите, години на транзицијата. Заеднички е констатирано дека е потребно да се делува регионално, како дел од стратегијата кон пристапување кон ЕУ. Споредувајќи го периодот од 2000 до 2008 година, во надворешнотрговската размена меѓу Македонија и Романија, се забележува константен трговски дефицит на македонска страна, кој благо варира од година во година. Во анализираниот период најголемиот дефицит е остварен во 2004/2005 година кој изнесува 111.2 милиони САД$.
Бројки и факти
РОМАНИЈА
1. Локација: Југоисточна Европа, граничи со Црното Море, меѓу Бугарија и Украина 2. Површина: • Вкупно: 237.500 км2 - Земјена површина: 230.340 км2 - Водена површина: 7.160 км2 3. Граници: • Вкупно: 2.508 км • Земји со кои граничи: Бугарија, Унгарија, Србија, Молдавија, Украина 4. Главен град: Букурешт 5. Население: 22,215,421 (2009) 6. Религија: Православни христијани 89,5%, Протестанти 7,5% 7. Јазици: Романски, унгарски 8. Бруто домашен производ (БДП) • БДП: 271,2 милијарди $ (2008) • Стапка на пораст на БДП: 7,6% (2008) • БДП по глава на жител: 12.200 $ (2008) • БДП по сектори: - Земјоделство: 8,1% - Индустрија: 23,2% - Услуги: 47,1% (2008) 9. Стапка на инфлација: 7,8% (2008) 10. Стапка на невработеност: 3,6% (2008) Индустрии: Електрични машини и опрема, текстил и обувки, автоиндустрија, рударство, дрвна индустрија, металургија 11. Стапка на пораст на индустриско производство: 8% (2008) 12. Извоз: 59,75 милијарди САД $ (2008) • Извозни партнери: Италија 17,2%, Германија 16,9; Франција 7,7%; Турција 7%, Унгарија 5,6%, Велика Британија 4%, • Извозни производи: машини и опрема, текстил и обувки, метални производи, хемиски производи. 13. Увоз: 92,09 милијарди САД $ (2008) • Увозни партнери: Русија 13,8%; Германија 10,3; Кина 7,8%; Италија 5,9%; САД 4.8%; Франција 4,6% (2007) • Увозни производи: машини и опрема, горива и минерали, хемикалии, текстил, прехранбени производи.
четврток, 02 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
13 Трендови
Европската комисијата започна јавна консултација за иднината на финансирањето за јакнење на конкурентноста и иновативноста
ШИРОКА РАСПРАВА ЗА НАСЛЕДНИКОТ НА ЦИП
Европската комисија започна јавна консултација за наследникот на Рамковната програма за конкурентност и иновации 2007-2013 (ЦИП). ЦИП е главен инструмент на финансирање на ЕУ којшто ја таргетира конкурентноста надвор од областите на истражување и вештини. Нејзини главни приоритети се: малите и средни претпријатија (МСП), пристапот до финансии, иновативноста (вклучувајќи ја екоиновацијата), прифаќањето и употребатанаинформацискиикомуникацискитехнологии (ИКТ), енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија. Преку консултации, јавноста е поканета да се изјасни за тоа кои треба да се приоритетите на идното ЕУ-финансирање на конкурентноста и иновативноста. Консултациите ќе останат отворени до 4 февруари 2011 година. - Рамковната програма за конкурентност и иновативност до денес има помогнато на илјадници МСП во нивните настојувања да станат поконкурентни и поиновативни. Таа го има промовирано прифаќањето и употребата на ИКТ, ја има охрабрено екоиновативноста, енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија. Денеска, Комисијата бара од европските граѓани, од компаниите, заинтересираните организации и влади да кажат како да се потрошат во иднина ЕУ-фондовите наменети за конкурентност и иновативност, - истакна потпретседателот на Европската комисија Антонио Таџани, комесар за индустрија и претприемништво. Јавната консултација за ЕУ-финансирањето на конкурентноста и иновативноста е дел од проценката за влијанието и еден поширок одраз на следната финансиска повеќегодишна рамка на Европската унија по 2013 година. Опсегот и целите на идните програми не се се` уште одредени, но јавните консултации ќе помогнат да се создаде можен наследник на сегашната програма за конкурентност и иновации (ЦИП 2007-2013). ЦИП 2007-2013 се состои од три оперативни програми: Програма за претприемништво и иновации (ЕИП); ИКТ – Програма за поддршка на политиката во областа на информациската и комуникациската технологија (ИКТ-ПСП) и Интелигентна енергија Европа (ИЕЕ). Секоја програма има свои специфични цели:
ЕИП бара да се поддржи иновативноста и МСП во ЕУ, фокусирајќи се на: • подобар пристап до финансиите за МСП преку шпекулативен капитал и гаранции на заеми; • обезбедување на услуги за бизнис преку “Enterprise Europe Network” центрите во и надвор од ЕУ; • поддршка на иновации; • проекти за пилот-екоиновации и пресликување/репликација на пазарот за тестирање на иновативни технологии. ИКТ-ПСП има за цел поттикнување и прифаќање на иновативните и интероперативни ИКТ-услуги преку: • финансирање на пилот-акции и акции на вмрежување; • стимулирање на побарувачката на ИКТ базирани иновации во области од јавен интерес, како што се ИКТ за здравје, стареење и вклучување, енергетска ефикасност и паметна мобилност, како и подобрување на јавните услуги; • анализа, следење и вреднување на процесот на прифаќање на дигиталните услуги во Европа. ИЕЕ програмата придонесува за доставување на климатските промени и целите на енергетиката на ЕУ преку: • решавање на нетехнолошки бариери за распоредување на одржливата енергија; • олеснување на инвестициите во проекти за одржлива енергија на локално и регионално ниво; • развивање на шеми за обука и квалификација за енергетска ефикасност и обновлива енергија во градежниот сектор; • поддршка на развојот и имплементацијата на политиката на ЕУ за одржлива енергија. Јавната консултација е отворена од 8 ноември 2010 година до 4 февруари 2011 година. За дополнување на консултациите, на 25 јануари 2011 година, во Брисел, ќе се одржи конференција, која ќе им даде дополнителна можност на заинтересираните страни да ги искажат своите ставови за идната ориентација на можната програма на ЕУ за конкурентност и иновативност. Јадранка Аризанковска
14 Странски директни инвестиции Холандски инвеститор го купи ресторанот „Слобода“ во Богданци
БИЗНИС ИНФО
четврток, 02 декември 2010
ЗА РЕНОВИРАЊЕ ВЛОЖУВАЊЕ ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА Холандскиот инвеститор Алекс Карман е новиот сопственик на ресторантот „Слобода“ во Богданци. Со купопродажниот договор тежок 4.650.000 денари Општина Богданци како продавач, ја реализаира првата странска инвестиција за годинава, – објавува МИА. Заедно со средствата за купување, инвеститорот се обврза да вложи и дополнителни 500.000 евра за комплетно реновирање на објектот. Тоа ќе значи обнова на ресторанскиот дел, ревитализација на сместувачките капацитети, нова електрична и водоводна инсталација.
електронски писмо до Министерставото за надворешни работи на Израел по што ќе се потпишат договорите, изјави заменик директор на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот Владо Суклоски. Тој најави дека бизнинсмените од Израел најавиле повторно доаѓање во Македонија во февруари и оти со нив ќе дојде и претставник на голема туроператор агенција кој што ќе помогне да се обноват чартер летовите од Тел Авив до Охрид кои беа прекинати во јуни оваа година. „Агрокор“ почна со изградба на агроберзата во Струмица
ИНВЕСТИЦИЈА „ТЕШКА“ 14 МИЛИОНИ ЕВРА „Слобода“ е дел од имотот на поранешен ЗИК „Изворски“ што пред 16 години отиде во стечај. Стопирањето на дејноста ја остави во незавидна положба самата градба, која веќе три години беше надвор од електроенергетскиот систем. Новиот инвеститор покрај реновирањето ќе има можност и за доградба на деловниот простор. Со договорот за продажба предвидено е инвеститорот да ги врати на работа десетмината вработени кои се водат во стечај. Бизнисмени од Израел во Струга
По најави од повеќе од четири години, деновиве почна изградбата на агроберзата на хрватски „Агрокор“ во Струмица. Таа ќе се гради на површина од 50 хектари, а градежните објекти ќе зафаќаат околу 11.000 квадратни метри. – пишува „Дневник“. Агроберзата ќе располага со најсовремени уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за прифаќање и дистрибуција на повеќе од 20.000 тони ран и индустриски зеленчук годишно од Струмичкиот регион. Во првата фаза „Агрокор“ ќе инвестира 9 милиони евра, а во втората уште пет. Досега многупати оваа инвестиција беше најавувана, па одложувана, а последната најава беше дека изградбата ќе почне на крајот на октомври.
ИНТЕРЕС ЗА ИЗГРАДБА НА ХОТЕЛСКИ КАПАЦИТЕТИ Неколкумина бизнисмени од Израел беа во посета на Струга, каде со помош на претставници на локалната власт и Агенцијата за промоција и подршка на туризмот разгледаа десеттина потенцијални локации каде би можеле да се изградат хотелски капацитети. Од општина Струга информираат, како што наведува МИА, дека на заинтересираните им биле понудени места каде со Деталните урбанистички планови се предвидени маркици за градба на туристички комплекси. Дел од понудените површини се во сопственост на државата, неколку се приватни парцели, но останува на бизнисмените сами да одлучат за која локација ќе се определат рекоа од општина Струга. - Мислам дека ќе има успешно решение, се надевам дека ќе изградат барем еден хотел на локациите кои им беа понудени. Ги видоа локациите кои им ги нуди државата за продажба, така што, од тоа што го видоа и од мое лично мислење се задоволни. Барањата на господата ќе бидат дефинирани во Израел.Ни рекоа оти ќе испратат
Доцнењето се објаснуваше со обемноста на постапката, со отстранувањето на столбовите од далноводот, кој поминуваше низ парцелата, и со врнежите од дожд. Претставникот на „Агрокор“ за Македонија, Благој Витанов, доцнењето на изградбата го објаснува со изборот на изведувач на работите. Сега е познато дека работите ќе ги изведуваат две компании, од Македонија и од Хрватска. Тој останува на тврдењето дека агроберзата ќе биде завршена до јуни идната година, за кога се најавува и почеток на откупот на градинарското производство.
четврток, 02 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
ПИ „Витаминка“ од Прилеп
15
Покровители
КОЛЕКТИВНО ЧЛЕНСТВО ВО ДОБРОВОЛНИОТ ТРЕТ ПЕНЗИСКИ ФОНД „Витаминка“ е меѓу првите македонски компании кои се зачленија во доброволниот трет пензиски фонд. Со тоа околу 300
нејзини вработен имаат можност за поголема пензија и за акумулирање на средства кои може да ги подигнат десет години пред пензионирањето. - Како компанија која се грижи за своите вработени одлучивме колективно да се зачлениме во еден од доброволните пензиски фондови. Сметаме дека на тој начин на вработените оставаме поголем избор, а овој начин претставува еден вид на индивидуално алтернативно штедење. Ова е чекор со кој сметаме дека ќе овозможиме поголем раст и за Компанијата и за вработените, изјави Сашо Наумоски, генерален директор на „Витаминка“, а го цитира МИА. Според КБ Прво пензиско друштво ретки се големи компании кои се одлучуваат на ваков чекор, посебно затоа што се работи за нова услуга и потребно е поголемо запознавање за придобивките на овој столб. - Во овој период повеќе од потребно е исклучителен ангажман заради поблиско и подетално запознавање на компаниите. „Витаминка“ е меѓу првите македонски компании кои се решија на овој чекор. Ова е нова работа и секако е потребно време за да најде свое место меѓу заинтересираните, но се покажа дека компаниите кои се лидери на пазарот и во својата дејност одлучуваат да станат клиенти, - смета Јанко Тренкоски, директор на КБ Прво пензиско друштво.
Кампања за штедење струја на Министерството за економија, ЕЛЕМ и МЕПСО
Проекти
„ВКЛУЧИ ГО МОЗОКОТ, ИСКЛУЧИ ЈА СТРУЈАТА“
Под мотото „Вклучи го мозокот, исклучи ја струјата“ Министерството за економија, АД Електрани на Македонија и Македонски електропреносен систем оператор АД МЕПСО почнаа заедничка кампања за штедење електрична енергија насловена како „Штеди струја“. – објавува МИА. Целта на кампањата, што ќе се спроведува во наредните три месеци, е да го иницира подигнувањето на јавната свест за потребата од рационално однесување кон електричната енергија, како и поттикнувањето на широката јавност кон преземање конкретни акции за одговорно користење електричната енергија како дома, така и на работното место. Кампањата ги поддржува и обновливите извори на енергија, притоа промовирајќи ја идејата за заштита на животната средина. Покрај видео, радио и печатените материјали кои ќе го поддржат имплементирањето на кампањата, ќе биде организиран и „Едукативен караван” во 13 градови низ Македонија. Ќе бидат посетени основни училишта, каде за учениците ќе се организираат интерактивни предавања, во времетраење од еден училишен час - 45 минути. На предавањата ќе бидат поделени и анкетни листови кои како алатка треба да помогнат да се дојде до сознание, колку учениците на оваа возраст размислуваат за овој проблем и дали во нивните домови се практикува штедењето на електрична енергија, односно аспектот на заштитата на животната средина. Дополнително, караванот ќе биде збогатен со серија трибини низ општините на кои ќе се разговара за начините и можностите за штедење, а на нив ќе бидат присутни и локални експерти кои ќе го понудат своето мислење за ефикасно и рационално користење на електричната енергија. Ќе бидат поделени прирачници со конкретни примери за примената на енергетски ефикасни уреди во домаќинствата, и објавени стручни статии.
Винарија „Визба“ од Валандово
Раздолжувања
ЗАПОЧНА ОТПЛАТАТА НА ГРОЈЗЕТО ОД ГОДИНАШНАТА БЕРБА Винаријата „Визба“ од Валандово започна со отплата на откупеното грозје од годинашната берба. Средствата во висина од 20 отсто од вкупната вредност на откупеното грозје веќе легнаа на сметките на 180-те постојани кооперанти на винаријата, – објавува МИА. - Планираме до крајот на годината да исплатиме уште 30 отсто од вредноста на годинашното откупено грозје, а следната година до март преостанатите 50 одсто, истакнува Вита Хузјан, менаџер на „Визба“. Со тоа и годинава, во услови на севкупна економска, но и винска криза, остваривме доследна деловна соработка со нашите кооперанти на кои уште на самиот почетокот на бербата им го гарантиравме откупот на сите квалитетно одгледани количини грозје во Валандовскиот регион. Годинава, лозарите во Македонија се соочуваа со тешкотии околу пласманот на грозјето, но тоа не беше случај во валандовско. Иако и самата Винарија, поради невремето со поројните дождови, ја започна гроздоберната сезона со загуби на близу 2 милиона килограми грозје, и тоа претежно трпезни сорти, сепак собран е род од над 6 милиони килограми грозје.
БИЗНИС ИНФО
16 Можности за бизнис Јавни објави за продажба на државно градежно земјиште во неколку општини
четврток, 02 декември 2010
ЛОКАЦИИ ЗА ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ И ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ
Министерството за транспорт и врски распиша јавни објави за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање за повеќе локации со цел изградба на големи трговски единици и деловни објекти. Како што се наведува во соопштенмието од Министерството, за локации кои се наменети за изградба на големи трговски единици, во тек се јавни објави за две градежни парцели во општина Гази Баба и тоа градежна парцела со површина од 4.004 м² кај „Кино Маџари“ и градежна парцела со површина од 2.403 м² во Хиподром. За овие локации, почетната цена на јавното наддавање изнесува 5.400 денари од метар квадратен. Исто така, во тек е објава за отуѓување на државно градежно земјиште по пат на јавно наддавање, наменето за изградба на трговски центар во општина Гевгелија, а опфатено со Урбанистички план вон населено место за повеќенаменски комплекс „Граничен премин Богородица“. Вкупната површина на земјиштето е 31.849 метар квардратни, почетната цена на јавното наддавање изнесува 1.000 денари од метар квадратен. За отуѓување на земјиште наменето за изградба на големи трговски единици, во тек е и јавна објава за локација во општина Свети Николе со вкупна површина од 4.393 метри квадратни и почетна цена на јавното наддавање од 2.400 денари. Распишани се и јавни објави за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање за локации каде е предвидена изградба на деловни објекти. Станува збор за девет градежни парцели во општина Штип и една локација во општина Пробиштип. Согласно распишаните јавни објави, локациите во општина Штип се со површини од 1.241 м² до 3.780 м², а почетната цена на јавното наддавање изнесува 2.800 денари од метар квадратен. Локацијата во општина Пробиштип, наменета за изградба на деловни објекти – трговија е со вкупна површина од 275 м² и почетна цена е 2.400 денари. За учество во јавните наддавања можат да се пријават физички лица државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на ЕУ и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија и правни лица (домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на ЕУ и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на ЕУ и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија). Целосниот текст на јавните објави се објавени во дневниот печат, а истите можат да се прочитаат и на интернетстраницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk. Државата продава земјиште за изградба на бензински пумпи
ОБЈАВИ ЗА НОВАЦИ, ЛОЗОВО, ШТИП, СТРУГА И РАНКОВЦЕ
Министерството за транспорт и врски распиша објави за продажба по пат на јавно наддавање на повеќе локации државно градежно земјиште наменети за изградба на бензински пумпи во општините Новаци, Лозово, Штип, Струга и Ранковце. На продажба се: парцела во Лозово со површина од 6.723 м² и почетна цена од 250 денари за метар квадратен, во Штип со површина од 1.525 метри квадратни, при што почетната цена е 850 и во Струга со површина од 17.286 метри квадратни, со почетна цена од 400 денари за метар квадратен, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. Во тек е објава за јавно наддавање за продажба на неизградено земјиште со површина од 51.732 метри квадратни во општина Ранковце за кое почетната цена на јавното наддавање изнесува 130 денари по метар квадратен. За тие локации рокот за пријавување е до 17 следниот месец, а јавното наддавање ќе се одржи на 23 следниот месец во просториите на Министерството за транспорт и врски. Државата продава една локација за изградба на бензинска пумпа и во Новаци со површина од 1.099 метри квадратни, по почетна цена од 250 денари за метар квадратен. Пријавите за учество на наддавањето може да се достават најдоцна до шести следниот месец. На јавните наддавања можат да се учествуваат домашни и странски физички и правни лица.
четврток, 02 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
17 Можности за бизнис
Огласи за давање под закуп државно необработено земјоделско земјиште
ВО 14 ОПШТИНИ 7000 ХЕКТАРИ
Владата објави нови огласи за давање под закуп околу 7.000 хектари државно необработено земјоделско земјиште во 14 општини, Берово, Битола, Валандово, Велес, Кавадарци, Крива Паланка, Прилеп, Радовиш, Свети Николе, Струга, Струмица, Штип, Гази Баба и Касела Вода. Максималната површина за која може да конкурира и да добие еден понудувач е 10 хектари. Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица. Услов е на домашните и на странските правни лица земјоделското производство да им е примарна дејност или земјиштето да го користат за научно-истражувачка работа. Понудените површини се даваат под закуп на различен период зависно од наменета, за подигање маслинови дрва до 50 години, за лозови насади, овоштарници и хмељ до 30 години, за одгледување други земјоделски култури и за ливади до 15 години, за рибници до 20 години и за спортско рекреативни активности и рурален туризам до 30 години. Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, нема да се разгледуваат понудите кои не се комплетни или се поднесени по истекот на рокот или од лице кое нема право да аплицира. Во првата половина од годинава беа објавени огласи за речиси 17.000 хектари во сите општини. Лани Владата го реализира планот за распределба. Објавени беа огласи за околу 40.000 хектари. Досега договори за користење на површините имаат повеќе илјади земјоделци.
Нови прописи Од идната година нова класификација и задолжително обележување на јајцата
ИСПОРАКАТА ПРЕКУ СОБИРНИ ЦЕНТРИ
Од 1 јануари идната година јајцата ќе мора да се класифицираат согласно ЕУ стандардите, да се обележуваат и да се испорачуваат преку собирни центри. Управата за ветеринарство најавува засилена контрола во живинарството за исполнување на на овие промени. – објавува МИА. - Новиот закон за квалитет на земјоделски производи предвидува засилена контрола. Сопствениците на живинарските фарми нема да можат како досега, едноставно, да си купат кутии, да ги стават јајцата во нив и да ги однесат на пазар. Напротив, ќе бидат обврзани да ги однесат јајцата во собирен центар каде ќе се класифицраат, а потоа од таму ќе се дистрибуираат, вели директорот на Управата за ветеринарство, Дејан Рунтевски. Според него, јајцата мора да поминат низ собирен центар. Ако сопственикот на фармата не располага со таков објект, ќе треба да ги однесе во некој друг, одобрен, каде ќе бидат соодветно обележани и пакувани. Така ќе се знае кое јајце од каде е и ќе се воведе ред. Предвидено е на пазарот, како во ЕУ, да има три или четири класи - мали, средни, големи и многу големи. Поместена е и границита во однос на грамажата. Тоа ќе значи и промена на амбалажата. Билатерален превоз на стока меѓу Македонија и Чешка
ДОГОВОРЕНА ЦЕЛОСНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА Билатералниот превоз на стока меѓу Македонија и Чешка ќе биде целосно либерализиран и ќе се одвива без режим на дозволи. Тоа го предвидува спогодба за меѓународен патен сообраќај меѓу двете земји, чиј текст беше усогласен на состанокот на мешовитата комисија за меѓународен патен сообраќај на патници и стока помеѓу Македонија и Чешка, што се одржа во изминатите два дена во Прага. Министерството за транспорт и врски соопштува дека се очекува усогласената спогодба министрите за транспорт на двете земји да ја потпишат во првата половина од следната година. На состанокот е потпишан и протокол од одржаните разговори и се остварени контакти со повеќе превозници од Чешка со цел воспоставување редовни автобуски линии за превоз на патници помеѓу двете земји. Состанокот и постигнатото усогласување се од огромно значење за македонските превозници, имајќи го предвид фактот дека Македонија е единствената држава во Европа која има потпишано целосна либерализација на превозот на стоки со Чешката Република, оценува Министерството за транспорт. Македонија веќе има целосно либерализиран превоз на стоки без режим на дозволи со Словачка, Велика Британија, Швајцарија и Унгарија, а на последниот состанок на мешовитата македонско-словенечка комисија во Охрид беше постигнат договор за целосна либерализација на превозот на стоки со Република Словенија. До крајот на оваа година е предвидено да се одржи работен состанок со претставници од ресорното министерство на Австрија на кој се очекува да биде потпишан Протокол за актуелните односи во меѓународниот превоз на стока, се вели во соопштението.
БИЗНИС ИНФО
18 Економија
Индекси на индустриското производство во октомври
ПОНИСКО ЗА 1 OTCTO ОД СЕПТЕМВРИ Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2010 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 99.0. Индексот на индустриското производство во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, изнесува 95.6. Индексот на индустриското производство во октомври 2010 година, во однос на просечното производство во 2005 година, изнесува 105.6. Гледано по сектори, индустриското производство во
секторот Вадење на руди и камен во октомври 2010 година, во однос на просечното производство во 2005 година, бележи пораст од 23.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода опаѓање од 7.4%. Според главните индустриски групи производството во октомври 2010 година, во однос на просечното производство во 2005 година, бележи пораст кај: Интермедијарни производи, освен енергија за 14.8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 36.2% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.9%.
четврток, 02 декември 2010
камен во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, е на исто ниво, во Преработувачката индустрија е намален за 0,7% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода е намален за 0,2%. Бројот на работниците во индустријата во Република Македонија во октомври 2010 година, во однос на просечниот број на работници од 2005 година, е намален за 15,4%. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - октомври 2010 година, во однос на периодот јануари - октомври 2009 година, изнесува 95,1. Деловни тенденции во прерабoтувачката индустрија
ОЧЕКУВАЊАТА ЗА НАРЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОБОЕНИ СО ПЕСИМИЗАМ Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2010 година како малку понеповолна во однос на претходниот месец, а многу поповолна во однос на октомври 2009 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, исто така, е малку понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во октомври 2010 година бележи мал пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во октомври 2010 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во октомври 2010 година се намалени во споредба со претходниот месец.
Индекс на бројот на работниците во индустријата, октомври 2010 година
ПРОДОЛЖУВА НАМАЛУВАЊЕТО НА РАБОТНИ МЕСТА Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 99,4. Бројот на работниците во секторот Вадење на руди и Според оценката на менаџерите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се намалат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2010 година изнесува 60.2% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во октомври 2010 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.8%, недоволната домашна побарувачка со 16.4%, финансиските проблеми со 12.1% и неизвесното економско опкружување со 10.9%.
четврток, 02 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
19 Економија
Деловни тенденции во трговијата на мало
ТРЕТИОТ КВАРТАЛ ПОДОБАР ОД ПРЕТХОДНИОТ, ОЧЕКУВАЊАТА ЗА ПОНАТАМУ ПОНЕПОВОЛНИ Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите на деловните субјекти оцениле дека сегашната економска состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третиот квартал од 2010 година е поповолна во однос на третиот квартал од 2009 година, како и во однос на вториот квартал од 2010 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третиот квартал од 2010 година е многу поповолна во однос на вториот квартал од 2010 година. Нивните очекувања за економската состојба во наредниот период се малку понеповолни.
Бруто и нето плати
БРУТО ПЛАТАТА 500 ЕВРА Бруто-плати Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, изнесува 100.9. Ваквото зголемување е резултат, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (5.5%), Рударство и вадење на камен (5.0%) и Рибарство (4.7%). Зголемување на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други комунални, културни, општи и лични услужни активности (2.2%), Здравство и социјална работа (1.8%) и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (1.5%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2010 изнесува 30 263 денари. Во септември 2010 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Нето-плати
Менаџерите оцениле дека количината на залихите во текот на третиот квартал од 2010 година е малку зголемена во однос на вториот квартал од 2010 година. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се многу пооптимистички во однос на претходниот квартал од 2010 година.Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третиот квартал од 2010 година забележале намалување во однос на вториот квартал од 2010 година. Во третиот квартал од 2010 година, во споредба со претходниот квартал, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третиот квартал од 2010 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 36.8%, зголемената конкуренција со 15.1%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 10.2% и зголемената понуда на пазарот со 8.8%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, изнесува 102.5. Ваквото зголемување се должи, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (7.3%), Преработувачка индустрија (5.5%) и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (4.8%). Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Здравство и социјална работа (1.4%), Други комунални, културни, општи и лични услужни активности (1.4%) и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (1.3%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2010 изнесува 20 554 денари. Во септември 2010 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 02 декември 2010
Тендери Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Назив на проектот
Липетск-општински инфраструктурен проект
Референца
EBRDZ28925
Финансиска референца
6029-GPN-34523; 6243-GPN-34543
Вид на набавка
Услуги, набавки, изведбени работи
Финансиер
Европска банка за обнова и развој
Земја
Руска федерација
Објавено на
16.11. 2010
Краен рок за апликација
16.11. 2011
Сектори
ГРАДЕЖНИШТВО-ИНЖИНЕРИНГ, ЕНЕРГИЈА, УРБАН РАЗВОЈ
Опис на проектот
Проектот има за цел да финансира рехабилитација и надоградба на електричната дистрибуција на Липетск, снабдување со вода и топлификација и обновување на мрежата со цел да се подобри ефикасноста на извршувањето и квалитетот на корисните услуги што се испорачуваат на граќаните на Липетск. Проектот е со проценета вредност еквивалентна на RUR 920 милиони кои ке се насочат за набавки на следните стоки и изведбени рабoти: Топлификациониот систем на општината, Изградба на индивидуални точки за дистрибуција на топлинска енергија, Автоматизација и завршување на помали станици со плински казани Контакти Andrey Alexandrovich Merenov, Director for Strategic Development Alexander Alexandrovich Bondarenko, Chief Specialist on Project Implementa�on Lipetsk Municipal Energy Company Russia, 398001, Lipetsk, Ploschad Petra Velikogo, 4a Tel: +7(4742) 23 63 03, 23 62 88 Fax: +7 (4742) 23-65-23 Merenov_aa@lgek.ru; Bondarenko_aa@lgek.ru
Назив на проектот
BA-Sarajevo: IPA — изведбени работи за реконструкција на градските сали во Сараево и Нови Град
Референца
EuropeAid/130758/C/WKS/BA
Финансиска референца. Вид на набавка
Изведбени работи
Финансиер
Европска комисија
Земја
Босна и Херцеговина
Објавено на
16.11.2010
Краен рок за апликација
отворен
Сектори
Градежништво-Инжинеринг:
Опис на проектот
Изведбените работи на градската сала во Сарево се главно насочени кон реконструкција на интериерот и оригиналните внатрешни декорации, додека реконструкцијата на екстериерот е во тек . Изведбените работи на градската сала во Нови Град / поранешен Босански Нови/ сње насочени кон реконструкција на интериерот, оригиналните внатрешни декорации и на екстериерот
Контакт
European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary countries, Sarajevo, BOSNIA AND HERZEGOVINA
Назив на проектот
Рехабилитација на пристаништето Шенџини
Референца
EuropeAid/130803/L/WKS/AL
Финансиска референца. Вид на набавка
Изведбени работи
Финансиер
Европска комисија
Земја
Албанија
Објавено на
27.11.2010
Краен рок за апликација
28.01.2011
Сектори
Градежништво-инжинеринг-транспорт
БИЗНИС ИНФО
четврток, 02 декември 2010
21 Тендери
Опис на проектот
Проектот опфаќа изведбени работи за изградба на -нов кеј, ориентационо во должина од 103 м и 35 м источно од постојниот насип во морското пристаниште на Шенџин - нов маневарски поплочен простор, ориентацино во должина од 105 м и 43 метри широчина, лоцирано веднаш покрај кејот со потребните услуги, вклучувајќи вода, електрична енергија, осветлување, дренажа и столбови на кејот Периодот на имплементација е 12 месеци, следен со 12 месеци период на одговорнос од дефекти
Контакт
Delega�on of the European Union to Albania Contracts, Finance and Audit Sec�on ABA Business Centre, Rruga Gjon Pali II, Ka� 17 Tirana, Albania Fax no. +355 4 274 412 Email: Philippe.Adriaens@ec.europa.eu cc.: Entela.Sulka@ec.europa.eu
Назив на проектот
Нужни заштита од поплава и превенција
Референца
EIBZ61207
Финансиска референца. Вид на набавка
Услуги, набавки, изведбени работи
Финансиер
Европска инмвестициона банка- 80 милиони Евра
Земја
Босна и Херцеговина
Објавено на
27.11.2010
Краен рок за апликација
отворен
Сектори
Земјоделство-развој на селски подрачја, Околина, Програма- менаџмент со ресурси, Урбан развој
Опис на проектот
Овој проект вклучува попис на штетите од поплави за инфраструктура за заштита од поплави во рамките на главните притоки на Дунав од Република Српска, подготовка на менаџмент на ризик од поплави и превенција од поплави, вклучувајки краткрочни, среднорочни и долгорочни мерки и конечно имплементирање на приоритетните работи за помош, обновување и рехабилитација на оштетената инфраструктура во најпогодените области.
Цели
Целта на проектот е да се заштити земјоделските, индустриски и населени места од поплави и да се обезбеди стабилен иден развој., воспоставување на заштитни зони во согласност со ЕУ директивите
Контакт
Министерство за земјоделство, шумаество и водостопанство на Република Српска
Назив на проектот
Програма за развој на услугите за снабдување со вода на општината Yaroslavl
Референца
EBRDZ651
Финансиска референца.
6250-GPN-13383
Вид на набавка
Услуги, набавки, изведбени работи
Финансиер
Европска банка за обнова и развој
Земја
Руска Федерација
Објавено на
25.11. 2010
Краен рок за апликација
25.11. 2011
Сектори
Економски развој, програма-менаџмент со ресурси Урбан развој
Опис на проектот
Целта на проектот е да обезбеди вклучување на приватниот сектор во набавки на консултантски услуги за развој и спроведување на стратегија за снабдување со вода на граганите на Јарославл. Проектот е во износ од 60 милиони РУР Тендерирањето за овој договор се очекува да започне во декември 2010јануари 2011
Контакт
Mr. Valery N. Leschenko, Director Open Joint Stock Company “Yaroslavlvodokanal” 1a, Lenin Avenue, Yaroslavl, 150003 Russian Federa�on Tel: +7 (4852) 721615 Facsimile: +7 (4852) 252 685 Email: yvk _ project@vodokanal.yaroslavl.ru
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044, факс.3244088, aco@mchamber.mk, www.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
На 3 и 4.12.2010 година во „Шератон„ Хотел „Балкан„ во Софија, Република Бугарија
МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ НА ЖЕНИ � ПРЕТПРИЕМАЧИ На 3 и 4 декември 2010 година во „Шератон„ Хотел „Балкан„ во Софија, Република Бугарија, ќе се одржи Меѓународен форум на жените-претприемачи. Форумот е организиран од страна на Бугарската асоцијација на жени-претприемачи BAWE и Мердијан 22 Рибар. Коорганизатори на Форумот се: Трговскоиндустриската комора на Бугарија, министерствата за финансии, за економија, за регионален развој и јавни работи, за труд и социјална политика, Бугарските мали и средни претпријатија и Агенцијата за промоција. BAWE е основана во ноември 2008 година како непрофитна организација чија мисија е да се стимулира женското претприемништво во Бугарија, во соработка со локалните власти, бизнис-секторот, здруженијата од земјата и од странство. Меѓународниот форум на жените за претприемништво има за цел поттикнување на бизнисот под раководство на жените-претприемачи и за популаризација на нивното активно присуство на раководни позиции меѓу деловните кругови, како и поттикнување на бизнис-иницијативата меѓу женскиот дел во општеството, како и за зајакнување на менаџерските позиции. На Форумот ќе учествуваат повеќе домашни и странски организации на жени-претприемачи, а своја презентација ќе имаат и водечките бугарски меѓународни компании со коишто раководат жени. Заинтересираните компании своето учество на Форумот може да го пријават во Стопанската комора на Македонија најдоцна до 15.11.2011 година. Контакт: Венера Андриевска, тел: 3244037, факс: 3244055, e-mail: Venera@mchamber.mk. Повеќе информции и директна резервација и на телефон (+359 2) 887 37 08, факс: (+359 2) 884 60 22 или на e-mail: meridian22@intech.bg.
Од 10 до 11 декември 2010 година, во Порт Ел Кантаноуи, Тунис
“ДЕНОВИ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО 2010” СО КОМПАНИИ ОД ЕВРОПА, АЗИЈА И АФРИКА Под покровителство на претседателот и премиерот на Република Тунис, на 10 и 11.12.2010 година во Порт Ел Кантаноуи, ќе се одржат 25-те Денови на претприемништвотo. Настанот предвидува конференција, средби и панел-сесии со учество на преку 800 компании од целиот свет, јавни личности и светски лидери, мултинационални корпорации и универзитети од преку 21 земја од Европа, Азија и од Афика. Соочувајќи се со се` посложени, динамични и непредвидливи текови на меѓународната економија, компаниите се соочуваат со низа предизвици: *Како да ги консолидираат нивните конкурентни позиции? *Како да се одржи на нивниот развој? *Како да се освојат нови пазари? Овие прашања се поактуелни денес отколку порано, во услови на промени на менаџментските парадигми кои произлегуваат од
четврток, 02 декември 2010
КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ најновите светски кризи. Оваа манифестација дава можност учесниците да ги прошират своите знаења и искуства за различни аспекти поврзани со главната тема на сесијата: “Одговорот на компаниите на предизвиците”. Првата панел-сесија на тема: “Бизнисот и предизвиците на интернационализацијата” е посветена на проучување на стратешки можности на компаниите, како дел од една поширока конкуренција (економска интеграција и отворање на пазарите) и со време (намалување на животниот циклус на производот и брзина на промените). За таа цел, интернационализацијата е претставена како цел за секој бизнис во развој. Втората панел-сесија: “Компанијата и предизвиците на конкурентноста “, е предмет на дискусија и идентификација, за конкурентната предност на компанијата денес. Третата панел-сесија: “Бизнисот и предизвиците на иновациите”, се обидува да ги открие ограничувачките фактори кои ги спречуваат компаниите од поставување успешна политика на иновации. Со оглед на инзвонредната можност за интернационализација на македонските компании, Стопанската комора на Македонија организира учество на македонска делегација на овој меѓународен деловен настан. Најбројната бизнис асоцијација во земјава, како национален партнер на организаторот - Арапскиот институт за бизнис-менаџмент, за своите членки обезбеди исклучителни услови за учество на овој значаен меѓународен настан и тоа: попуст од 50% за регистрација за учество во висина од 400 евра (регистрацијата покрива ексклузивно хотелско сместување, печатени материјали и локални патни трансфери); попуст од 50% за авионски превоз со официјалниот партнер, авионската компанија “Тунис Аир”. Заинтересираните компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 22.11.2010 година, во Стопанската комора на Македонија.
Од 22 до 30 јануари 2011 година во Дизелдорф, Германија
САЕМ ЗА БРОДОВИ И ЈАХТИ “BOOT 2011”
Oд 22 до 30 јануари 2011 година, во Дизелдорф, Германија, ќе се одржи саемската манифестација , “BOOT 2011” Меѓународен саем за бродови, јахти, и опрема”. На oваа саемска манифестација, ќе бидат изложени најновите модели на: • бродови; • јахти; • мотори и моторна техника; •опрема за бродови и јахти; •услуги; •кајак и кану; • скијање на вода; •сурфање; •риболов и тн. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонските компании на саемската манифестација “BOOT 2011” по претходно пополнета пријава за учество на настанот.
Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004;Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
четврток, 02 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
На 16 и 17 февруари 2011 Саем и Настан за технолошка и бизнис-соработка, во Шпанија
EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA 2 ВО ВАЛЕНСИЈА
23
КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ Влезот и учеството на саемот се бесплатни. Контакт: Лазо Ангелевски, проектен консултант тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk Софче Јовановска, проектен консултант тел: (02) 3244060 sofce@mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија - ЕИИЦМ организира посета на Вториот саем за технолошка и деловна соработка. Настанот ќе се одржи во Валенсија на 16 и 17 февруари 2011 година, за време на заедничките меѓународни саеми: - EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA: Саем за енергии; - ECOFIRA: Саем за вода, почва, воздух, отпад и нивни технологии и услуги и - EFIAQUA: Саем за ефикасно водостопанство. Настанот ќе се состои од меѓународна платформа која им овозможува на компаниите и организациите од секторот на енергија, вода и отпад, да се среќаваат со цел да се споделат иновативните технолошки предлози, да бараат решенија за технолошки предизвици и да започнат бизнис-соработка. Области на интерес: - Одржливо производство и дистрибуција; - Новите технолошки решенија (енергија и животна средина); - Ефикасност во градежништвото; Ефикасност во транспорт и одржлива мобилност; - Урбанистичко и индустриско управување со отпад; - Управување со системи за животната средина: - Оценување на индустриски отпад; - Потврдување, рециклирање; - Еко-производи; Третманот на отпадните води; - Колекционирање и третман за прочистување на водата; - Набавка и дистрибуција на вода; - Контрола на поплави; - Крајбрежната заштита; - Проекти за финансирање. Рокови: - до 3 февруари 2011 година: регистрација и поднесување на профили; - до 9 февруари 2011 година: барања за билатерални средби. Повеќе информации за саемите: EGÉTICA - EXPOENERGÉTICA: www.ege�ca-expoenerge�ca.com ECOFIRA: www.feriavalencia.com / ecofira EFIAQUA: www.feriavalencia.com / efiaqua Веб-сајт на Вториот настан за технолошка и деловна соработка: h�p://www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu/public/bemt/home.cfm?even�d=2460
На 3 декември 2010 година во Богданци ќе се одржи Работилница-семинар на Стопанската комора на Македонија и Царинската управа на РМ
НАДВОРЕШНО–ТРГОВСКО И ЦАРИНСКО РАБОТЕЊЕ
-Збогатете ги знаењата од областа на надворешнотрговското и царинското работење; -Подобрете ја конкурентноста преку подоследна примена на правилата за трговска размена со земјите од ЦЕФТАрегионот -Дознајте повеќе за корисноста на АТА-карнетот -Поедноставете ги царинските процедури
За овие и за други актуелни прашања од секојдневното меѓународно трговско и царинско работење, во организација на Стопанската комора на Македонија и Царинската управа на Република Македонија, за стопанските субјекти од регионот на Гевгелија, на 3 декември 2010 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Ресторан “БОБО“ - Богданци, ќе се одржи еднодневна работилница–семинар. Предавањата се на следните теми: 1. Потекло на стоките во Регионот на ЦЕФТА; 2. Презентација на модулите за царинско и деловно електронско учење (Е-learning); 3. Поедноставени постапки на царинското работење 4. АТА-карнет – улога, предности, одговорности и права. Предавањата по точките 1, 2 и 3 ќе ги реализира стручна екипа од Царинската управа на Република Македонија, а по точка 4 излагање ќе има претставник на Стопанската комора на Македонија. Интерактивниот карактер на Работилницата на присутните ќе им овозможи непосредно да поставуваат прашања и да добијат одговори за актуелностите поврзани со проблематиката од наведените теми. Присуството на Работилницата-семинарот е БЕСПЛАТНО. Пријавниот лист и подетални информации може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 02 декември 2010
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Српска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија на чоколадни бонбони и чоколади со врвен квалитет во ексклузивни пакувања Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:2.03.2011 ****** Хрватска компанија е заинтересирана за изнаоѓање на деловен партнер од Република Македонија заинтересиран за заедничка инвестиција во проект за производство,склад ирање,преработка и дистрибуција на храна во Република Хрватска Вид на соработка: Заедничко вложување Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:2.12.2010 ****** Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман стаклени фолии за заштита од топлина, преголема светлина наменети за згради-објекти како и заштитни фолии за прозорци и компјутери Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Градежништво Валидност до:2.12.2010 ****** Компанија од Израел бара соработка со откупувачи на земјоделски производи во Република Македонија за пласман на пазарите во ЕУ- компанијата е заинтересирана да врши откуп на 5 шлепери земјоделски производи неделно Вид на соработка: Техничка соработка Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:2.12.2010 ****** Компанија од Црна Гора е заинтересирана да увезува конзервиран зеленчук од Република Македонија (пиперки,краставици,лутеница,ајвар и феферони) Вид на соработка: Техничка соработка Област на соработка : Производство на прехранбени производи,тутун и пијалоци Валидност до:3.12.2010 ****** Компанија од Црна Гора бара да откупува свежи калинки од Република Македонија за производство на сок Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Земјоделије Валидност до:3.12.2010 ****** Македонска компанија бара соработка со албански компании за пласман на производи за инконтиненција(пелени за возрасни,медицински чаршави за кревети,анатомски влошки-медицински помагала Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:3.12.2010
Грчка компанија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на фармацевтски производи Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:8.03.2011
Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хидраулични системи за лифтови Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.03.2011
******
******
Грчка компанија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на комплет системи за лифтови Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:8.03.2011
Компанија од Азербејџан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чоколадни производи Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:10.02.2011
******
******
Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пченка јачмен, пченица,црвена леќа,наут и шеќер Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:8.03.2011
Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ортопедски помагала Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:11.03.2011
******
******
Германска компанија нуди софтвер и хардвер системи за менаџирање со времето,безбедноста и контрола на безконтактна идентификација на лични документи Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:8.03.2011
Турска компанија бара соработка со бензиски пумпи за набавка на опрема Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:15.03.2011
******
Македонска компанија нуди на продажба на објекти лоцирани на 14 км од градот Делчево, во с. Бигла на 800 м надморска височина, постојат 3 производствени погони и повеќе услужни објекти ( портирница,ресторан со кујнаи магацин,котларница за јаглен и магацин за готови производи) Локацијата зафаќа површина од 1.850 м2 под објекти и вкупна површина на останато земјиште од 26.841м2. Вид на соработка: Берза на инвестиции Област на соработка : Трговија на недвижности,изнајмување Валидност до:15.11.2011
Германска компанија нуди услуги во развој и во одржливо снабдување со електрична енергија и начини на заштеда на ефикасно користење на енергијата Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:18.02.2011 ****** Грчка компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на дрвен и метален канцалариски мебел Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011 ****** Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за производство на сладолед Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011 ****** Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сладолед во прав, млеко во прав и преливи Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011 ******
******
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
******
****** Македонска компанија нуди на продажба фабрика лоцирана во градот Гостивар 60 км од Скопје фабриката е соодветно поврзана со патишта и железница во рамките на Македонија и меѓународно преку соседните земји Грција,Бугарија,Србија, Црна Гора и Албанија,комплексот зафаќа површина 147.000 м2 а опфаќа производни,услужни и административни објекти со вкупна површина од 30.095 м2 и вкупна површина на останато земјиште од 115.100м2.Во рамките на локацијата е изградена и станица за складирање, дистрибуција и полнење на течен нафтен гас(пропан -бутан) сопственпост на компанијата Вид на соработка: Берза на инвестиции Област на соработка : Трговија на недвижности,изнајмување Валидност до:15.11.2011 Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088
тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk