БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО Број 286
www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
goodini
192
2 - 2016
2.12.2016
СОСТОЈБИ ВО АГРОСЕКТОРОТ И ПОТРЕБАТА ЗА ПРЕСТРУКТУИРАЊЕ КОН МОДЕРНО, КОНКУРЕНТНО И ПРЕЦИЗНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕМИУМ Покровители
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ
СОСТОЈБИ ВО АГРОСЕКТОРОТ И ПОТРЕБАТА ЗА ПРЕСТРУКТУИРАЊЕ КОН МОДЕРНО, КОНКУРЕНТНО И ПРЕЦИЗНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО Земјоделството (вклучително лов, шумарство и рибарство) е третиот најголем сектор по услугите и индустријата. Учеството на земјоделскиот сектор во вкупниот БДП остана релативно стабилен со околу 10-12%, а заедно со преработувачката индустрија, процентот се зголемува на 16-18%, беше истакнато на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија (28.11.2016 година). Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија се значително поголеми од прикажаните, затоа што расположивите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај
поволните климатски услови (220 сончеви денови во годината). Но македонското земјоделство во изминатите 20 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА - ги проширија можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголемија домашната конкуренција.
БИЗНИС ИНФО
4
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ При тоа, напуштањето на ценовната поддршка на земјоделските производи во 1997 година, за разлика од ЕУ и соседните земји, услови нелојална конкуренција од увозното субвенционирано производство. Отсуството на други мерки, како супституција на укинатите субвенции, услови продлабочување на дефицитот од година во година. На планот на заштитата, со одделни несоодветни стапки директно се влијаеше на намалувањето на производството. Царината на белиот шеќер, пивскиот слад, месото за преработка, овошните каши наспроти бесцаринскиот увоз на готовите производи, ги чинеше понеконкурентни и ги стави во нерамноправни услови на стопанисување домашните произвподители на прехрранбени производи. Но, и покрај системската поддршка воведена од 2007 година, производните резултати во земјоделксиот сектор не забележаа подинамичен пораст. Табела 1 - Стапка на физички обем на производството /2005=100
Во споредба со движењето на физичкиот обем на индустриското производство, скоро во сите години земјоделството остварува пониска стапка. 2. Користење на земјоделското земјиште Во 2015 година, површината на македонското земјоделско земјиште изнесуваше до 1.264 илјади хектари, што е на исто ниво како и во 2005 година. Во структурата на земјоделското земјиште, 44,2% или 513,000 хa зафаќа обработливото земјиште и бележи намалување од 8,4% во однос на 2005 година (560,000 ха), и 750 илјади ха зафаќаат пасиштата, кои бележат зголемување од 9,9% во однос на 2005 година (682,000 ха). Наведената тенденција во намалувањето и на обработливото земјоделско земјиште е присутна уште од 2001 година, која тенденција не ја смени насоката и покрај позитивните системски мерки на економската политика во изминатите четири години. Тенденција на намалување има кај ораниците и бавчите од 7,4%, кај лозјата 11,6%, а пораст од 22,3% има кај овошните градини. Од вкупнo 415 илјади ха под ораници и бавчи во 2015 година беа засеани 277,000
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО ха, еден хектар е под расадници. Под угари и необработена површина се 137,000 ха, што е 33% неискористен потенцијал од ораниците - обработлива земјоделска површина за производство на храна. Засеаните површини во 2015 година, во однос на 2006 година, намалување бележат кај пченицата за над 25 000 ха, кај јачменот за над 7,000 ха, `рж 200 ха, пченката за 3.200ха, лозјата за 1.300 ха, пченката е на приближно исто ниво како и 2006 година, а зголемување има кај оризот за 2.500 ха. Табела 2 - Засеани површини одделно по категории, во ха Извор: ДЗС Шеќерната репа веќе од 2008 година не се одгледува, а кај сончогледот има позитивно
поместување за 1,800 ха. 3. ПРОИЗВОДСТВО 3.1. Поледелство - Согласно движењето во засеаната површина, производството на пченица се сведе на 201,000 тони, што е 37% помалку од истото во 2006 година, пченката на 133 000 тони со намалување од 11%, сончогледот бележи блага тенденција на пораст по неговото скоро исчезнување, ако се земе предвид дека во 1991 година се произведувале 38,6 илјади тони (8,500 т во 2015). Тутунот задржа стабилно ниво, со одредени осцилации зависно од неговата конјунктура на светкиот пазар, согласно која во 2015 година достигна 24.000 тони, или за 3.700 тони повеќе од 2006 година. 3.2. Во градинарството, пораст во физичкиот обем на производството е остварен
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ скоро кај сите култури, најголем пораст се оствари кај производството на пипер од 34% , а кај доматот од 22% во 2015 година во однос на 2005 година. Постигнатите резултати во физичкиот обем на производство главно произлегуваат од поголемиот принос по единица површина (од 16 тони/ха во 2006 година на 22 тони/ха во 2015 година кај пиперот, кај доматот од 20 тони/ха во 2006 година, на 30 тони/ха во 2010 година), а со мало зголемување на засеаната површина (пипер од 8.200 на 8.600 ха, домат од 5.600 на 5.700ха). Извор: ДЗС 3.3. Кај добиточниот фонд, бројот на говедата во 2015 година има намалување од 4,1% во однос на 2006 година, а во рамките на истиот - матичното стадо гледано преку бројот на крави и стелни јуници е намалено за 4.5%, или за 7.000 грла. Бројот на овци е намелен за 70%, на живина за 18%, а бројот на свињи забележа пораст од 7%, но матичното стадо - бројот на маторици и спрасни назимки остана на исто ниво. Бројот на пчелни семејста оствари пораст од скоро 12%. Производството на кравјо млеко од 2005 година наваму забележа значителен пораст, така што од 197 милиони литри во 2005 година се зголеми на 361 милиони литри во 2015 година, или за 83%, и покрај намалениот број на грла, Порастот се должи на зголеменото производство по грло од 2.245 литри по молзна крава во 2005 година, на 2,828 литри во 2015 година (или пораст за 25% по грло). - Производството на овчо млеко е намалено од 56,5 милиони литри во 2005 година, на 40 милиони литри во 2015 година, или за 16,5 милиони литри, како резултат на намалениот број на грла за 18% во наведените години, иако по грло производството од 65 литри во 2005 година е зголемено на 77 литри по грло во 2015 година. Производството на месо во 2015 година е намалено за 25% во однос на 2006 година, а одделно по категории, кај говедското за 37% (од 7.600 на 4,875 тони), овчото за 44% (од 6,900 тони на 3,900 тони) и кај живинското месо за 55%. Раст е забележан само кај свинското месо за 21% (од 8.900 на 10.800 тони). Македонското земјоделство се наоѓа на крстопат и, согласно наведените податоци, се наметнува потреба од нови, јасно формулирани стратешки цели на аграрната политика и мерки и дејствија за нејзино остварување. Освен светските движења и климатските промени кои несомнено ќе имаат влијание на насоката на развој на македонскиот аграр, важен фактор во создавање на конкурентно и прецизно земјоделство е и употребата на ИТ-технологијата во овој сектор. Една од компаниите која нуди свои решенија за македонскиот пазар е и „ДАТАЛАБ“ – фирма-ќерка на „Datalab“ D.D. од Словенија, која на македонскиот пазар ја нуди
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
програмата PANTHEON™, деловно-информатички софтвер за мали и средни претпријатија, кој го покрива целокупното работење на компаниите. „Даталаб“ е присутна со свои канцеларии во повеќе земји од регионот, вклучувајќи ги Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Македонија, Бугарија, Романија, Украина и Швајцарија. Земајќи ги во предвид специфичните потреби на земјоделците и фармерите, „Даталаб“ инвестираше во развој на софтвер за управување со фармите. PANTHEON Farming е софтверско решение кое овозможува целосна поддршка на работењето во земјоделството и претставува систем за управување со фарми од секаква големина и дејност. Употребата на софтверски решенија од страна на земјоделските компании денеска станува неминовност бидејќи единствено на тој начин можат прецизно да го предвидат своето производство, да преземат соодветни корективни мерки и да донесуваат квалитетни одлуки. Преку ваквите алатки ќе се подобри квалитетот на нивните производи и ќе се минимизира економската загуба од неправилно користење на ресурсите. Посебно треба да се истакне дека располагањето со податоци за претходните години, драстично може да се подобрат резултатите во работењето, бидејќи со правилно планирање значително се намалуваат трошоците. Менаџирањето на фармите со помош на софтверски решенија е пракса во европските земји. Досегашните искуства покажуваат дека земјоделците кои користат напредни алатки ги зголемиле квалитетот и квантитетот на своите насади, обезбедиле повисок квалитет и успеале на пазарот да пласираат поконкурентни производи. Со воведувањето на софтверски решенија од овој тип во Р. Македонија, на нашите земјоделци им е овозможен навремен увид на посевите, информации за настаните на фармата, како и можност за спроведување на навремени корективни мерки за што повисок квалитет на здрава храна. Употребата на современи технологии станува неминовност за земјоделците, бидејќи без навремени податоци и информации кои гарантираат следливост и потврдуваат потекло и квалитет, иднината на земјоделските компании е неизвесна до одреден степен. Нашето земјоделство е на прагот на трансформација во модерно земјоделство што за фармерите и агрокомпаниите ќе значи повисок профит, поголема конкурентност на домашните и на странските пазари и истовремено намалување на трошоците. Васко Ристовски
БИЗНИС ИНФО
8
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
ЕВРОПСКА УНИЈА
Во Стопанската комора на Македонија одржана обука
„ЕВРОПСКИ ПРОГРАМИ И МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР“
Во рамките на Партнерскиот проект со Унијата на трговско-индустриските комори на Германија и коморите од ЦЕФТА-земјите (ДИХК - ЦЕФТА), Стопанската комора на Македонија организираше еднодневна обука за запознавање на македонските компании со европските програми и можности за финансирање на проекти за јавниот и приватниот сектор (30.11.2016 година). Главен акцент на обуката беше ставен на примената на расположливите програми на Европската унија за приватниот сектор во Република Македонија, како земја-кандидат за членство во ЕУ. Како што истакнаа двајцата предавачи, Бонка Караџова и Денис Христов од Република
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО ЕВРОПСКА УНИЈА
Бугарија, Европската комисија за следниот седумгодишен период (2014-2020 година), креираше грантови во рамките на ЕУ-програмите „КОСМЕ“ и „ХОРИЗОНТ 2020“ за подигање на конкурентноста и иновативноста на компаниите зацртани во Стратегијата на Европската унија 2020. Од особен интерес за компаниите е новиот Инструмент за МСП како дел од Програмата „Хоризонт 2020“, кој е наменет исклучиво за мали и средни компании. Воедно, беше претставен и новиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА II) како дел од пакетот за надворешни односи на Унијата. ИПА, како и останатите елементи од тој пакет и ЕУпрограмите, претставуваат голема можност за поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании, како и за поддршка на целокупниот економски развој, социјалната кохезија и развојот на демократските вредности во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство. Со овие програми се поддржуваат истражувањето и иновациите, со цел поголема конкурентност и креирање нови работни места. Република Македонија е дел од земјите кои имаат целосен пристап до наведените програми. Во вториот дел од обуката беа претставени и објаснети повиците за малите и средни претпријатија, во рамките на МСП (SME) Инструментот од Програмата „Хоризонт 2020“ . МСП-инструментот е еден од најдобрите инструменти за аплицирање за мали и средни компании на коишто компаниите можат сами да аплицираат, без партнерства на отворени повици во текот на една календарска година, за разлика од другите повици на програмите „Хоризонт“ и „Косме“ каде што е потребно неколку партнери од Европската унија за аплицирање на конкретен повик. Влатко Стојановски
10
БИЗНИС ИНФО
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Клубот на менаџери – претприемачи продолжува со редовни активности
ОСМО ПРЕДАВАЊЕ ОД МОДУЛОТ: КОМУНИКАЦИСКИ И ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ
Членовите на Клубот на менаџери – претприемачи на 02.12.2016 година присуствуваа на осмото предавање од Модулот: „Комуникациски и продажни вештини“ во соработка со Љупчо Георгиев, лиценциран тренер за„Густав Кезер Тренинг Интернационал“ во Македонија и генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово. На предавањето учесниците имаа можност преку интерактивни и применети знаења од пракса да се запознаат со продажните вештини кои би им помогнале во унапредување на продажбата и полесно справување со пазарната конкуренција. Сведоци сме дека на пазарот се почесто се нудат производи и услуги со ист квалитет и цена и токму затоа нам ни се потребни одредени техники и алатки кои ќе ги искористиме за да ја зголемиме продажбата и надминеме конкуренцијата. Треба пред се процесот на продажбата да се дефинира како една структура
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО
11
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ со која треба да се управува, контролира и истата да се модифицира според потребите и барањата на клиентите, притоа водејќи сметка и за успешната деловна комуникација која пак позитивно делува врз ефективната продажба. Клубот на менаџери-претприемачи претставува мрежа на мали и средни претпријатија, во кој членуваат претставници од менаџерскиот тим на компаниите, кои ги користат бројните поволности во рамките на Клубот во делот на: пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство и експерти од компаниите, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување и сл. Покрај мали и средни претпријатија, во Клубот членуваат и големи компании со цел поттикнување на размена на контакти, информации и искуство, а особено во насока на отворање можности за деловна соработка. м-р Ивана Крстевска
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионална комора со седиште во Кавадарци
ПРОГРАМА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА 2007-2013 ГОДИНА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Регионалната комора со седиште во Кавадарци на 24.11.2016 година, присуствуваше на работилница во Едеса, Р. Грција, која е дел од Проектот „Бизнис информативен, иновативен центар и МИЦЕ акции“, финансиран од Програмата за прекугранична соработка 2007-2013 година на Европската унија. Партнери на овој проект се Општина Кавадарци и Општина Едеса. На работилницата учествуваа околу 15 компании од Општина Кавадарци, кои ги промовираа своите производи, а најмногу винопроизводители – винарниците „Тиквеш,“, „Пеца-Комерц“, „Попов“, „Наумов“, како и производители на мед од регионот и др. На работилницата беше разговарано за подобрување на бизнис климата во регионот, за развој на руралниот туризам и приближување на економската соработка помеѓу двете општини. Исто така, се истакна и иницијативата за формирање кластер за
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ развој на туризмот во регионот. Присутните имаа можност да проследат предавања на теми и искуства од кластерското здружување. На крајот, беа потенцирани придобивките од кластерското здружување на бизнис секторот, пред се` за малите и средни претпријатија. На изложбата којашто се одржа во Салата на уметноста компаниите се претставија со своите производи и остварија бизнис средби, а беше организирана и дегустација на вино. Тања Мицева
14
БИЗНИС ИНФО
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Презентација за извозниците од Преспа
ИЗВОЗНО ОСИГУРУВАЊЕ И ФАКТОРИНГ
Во организација на Регионална комора со седиште во Битола во соработка со Македонската банка за поддршка на развојот, во просториите на Општина Ресен на 28.11.2016 година се одржа презентацијата каде што бизнис-секторот од преспанскиот регион имаше можност да се запознае и да се информира за начинот како да се намали ризикот од ненаплатата на побарувањата преку употреба на извозното осигурување и факторинг. Претставниците на МБПР пред 15-тина извозни компании детално ги презентираа специфичностите на трговското кредитно осигурување, трговското извозно кредитно осигурување и осигурувањето од политички ризици. Трговските друштва кои извезуваат или продаваат на домашен пазар на отворено можат да ги осигураат своите побарувања (до 90%) од краткорочни комерцијални и политички ризици кои можат да настанат поради продолжено неплаќање или стечај на странскиот купувач.
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО
15
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Исто така беше презентиран и факторингот кој е услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш. Факторингот комбинира кредитна заштита, регистар на побарувања, наплата на побарувања и финансирање за компаниите кои продаваат производи и услуги со одложено плаќање пократко од 180 дена. МБПР откупува фактури и исплаќа аванс по основ на доставена фактура во износ од 80%. Сите овие финансиски производи се со цел да се: • Подобрување на готовинскиот тек и ликвидноста; • Различни опции за инвестирање на расположливата готовина; • Финансирање на обртниот капитал без хипотека како гаранција; • Можност за зголемување на рокот на одложено плаќање и освојување на нови клиенти на таа основа; • Подобро раководење на сомнителните и спорни побарувања; • Повисок квалитет на финансиски информации за подобро управување со компанијата. На присутните претставници на компаниите им беа кратко презентирани и разните видови на кредитни линии кои им се на располагање на стопанството со поддршка на МБПР, пред се за земјоделскиот сектор и малите и средни претпријатија. М-р Никола Димковски
16
БИЗНИС ИНФО
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионална комора со седиште во Кавадарци
РАБОТНА СРЕДБА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ОД РЕГИОНОТ
На 25 ноември 2016 година во хотелот „Фени“ во Кавадарци, претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци м-р Митко Јанчев и министерот за финансии во Владата на Република Македонија м-р Кирил Миноски одржаа работна средба со претставниците на бизнис секторот од регионот. На работната средба присуствуваше и градоначалникот на Општина Кавадарци, Александар Панов. На средбата на која учествуваа над триесетина претставници на компании, свои излагања имаа претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци и министерот за финансии. Министерот за финансии м-р Миноски ги истакна идните проекти на Владата, кои би им помогнале на стопанствениците, како што се: политиката на рамен данок, активните мерки за подобрување на пазарот на труд, формирање на посебен вид на фондови, низа мерки и даночни олеснувања во делот на иновациите, поволности за изградба на биогасни
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО
17
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
централи, проектот„Рурални развојни зони“, стручното образование, значењето на деловното опкружување и др. Министерот Миноски истакна дека од големо значење се и домашните компании како инвеститори. На работната средба активно учество зедоа и присутните претставници на компаниите, искажувајќи ги своите барања, предлози и проблеми со кои се соочуваат во тековното работење. Тања Мицева
18
БИЗНИС ИНФО
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионална комора со седиште во Битола
ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ВО ТИРАНА „КЛИКЕКСПО 2016“
Претставници на Регионалната комора со седиште во Битола, на 25 и 26 ноември 2016 година, остварија посета на Меѓународниот саем воТирана, Република Албанија. Посетата е во рамките на поддршката за проширување на соработката на стопанските субјекти од двете земји и поширокото опкружување во регионот. 23. Интернационален саем во Тирана, што се одржа од 24 до 28 ноември 2016 година во Конгресната палата во Тирана, беше организиран во духот на балансот помеѓу географијата и геоекономијата со излагачи што го претставуваат Балканот, Источна и Југоситочна Европа од една страна и од друга страна, средоземноморските земји и учесниците од централна Европа и светот. Присутни беа 280 излагачи, од кои 95% директни изложувачи, а останатите беа брендови или индиректни изложувачи, кои доаѓаа од над 21 земја од целиот свет, од кои меѓу позначајните, компании и Комората од Република Србија, Трговската национална куќа од Унгарија и нејзините членови, Комората од Пиреа, Република Грција, претставници
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО
19
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ од Полска, Австрија, Италија, Тајван и Нингбо, НР Кина. На годинешната манифестација по 10-ти пат како изложувач беше присутна компанијата „Киро Дандаро“ од Битола, една од најголемите компании од битолскиот регион и Република Македонија, којашто работи со преку 30 компании соработници во Република Албанија. Во рамките на посетата на Тирана беше искористена прилика и остварена средба и со претставници од Трговско-индустриската комора од Тирана, Албанија. Директорката за интелектуална сопственост при Комората, Албана Лакнори, која воедно е и координатор за ЦЕФТА и ЕЕН Мрежата во Република Албанија, го истакна задоволството од желбата за понатамошно продолжување на соработката како дел од веќе потпишаниот трилатерален меморандум за соработка меѓу коморите на Битола, Лерин, Р. Грција и Унијата на комори на Албанија Во следниот период договорено е да се интензивираат контактите и да се организираат заеднички настани за вмрежување на бизнис секторот од пограничните региони. М-р Никола Димковски
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ИНТЕРАКТИВНА БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИЈА НА „INSTORE“ МАГАЗИНОТ ВО СОРАБОТКА СО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА НА ТЕМА: „КОЗМЕТИКА“ Во организација на магазинот „InStore“ и во соработка со Стопанската комора на Македонија во рамките на вториот циклус на „Talk IN Business“ – интерактивни бизнис конференции, на 30 ноември 2016 година, во „Воденица Мулино“ – Скопје, се одржа Втората конференција чијашто тема беше „Козметика“. Пред присутните 30-ина претставници на компаниите производители, дистрибутери, како и претставници од трговците со козметички производи, покрај претставникот на организаторот, главниот и одговорен уредник Верица Мартиновска, се обрати и оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска. Таа ја изрази благодарноста до „InStore“ за вклучување на Комората во овој циклус на конференции кои даваат изновредна можност на компаниите за размена на интересни и корисни податоци од интерес за нивниот бизнис.
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО
21
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Со првата презентација на настанот која се однесуваше за средствата за лична хигиена, претставникот на „Ипсос“ изнесе интересна анализа на податоците од земјава и од регионот, поврзана со трендовите и навиките на потрошувачите на козметика. Интересен беше податокот дека најголем дел од средствата за хигиена се` уште се купуваат во малите локални продавници иако е се` поприсутен трендот на купување во големите маркети, како и во специјализираните продавници за козметички производи. Дарко Булдиоски од интернет-маркетинг Академијата на „Clear View“, даде интересна презентација за социјалните медиуми како уште еден канал за промоција или можност за нови искуства, а во специјалната анализа на истражувачката агенција „Медиана“ беа изнесени особено корисни податоци и информации за тоа како навиките на потршувачите да се искористат во создавањето добра маркетинг-стратегија. Во интерактивната комуникација на присутните претставници на овој сектор беа дискутирани прашања за состојбите на пазарот во Македонија и можностите за следење на трендовите во козметиката, можностите за зголемување на продажбата преку специјализирани продавници како најдобар начин за пласман на овој вид производи, потребата од едукација на потрошувачите и други прашања во интерес на заедничката соработка. Зорица Мешкова
БИЗНИС ИНФО
22
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
МЕДИЈАЦИЈА
ОДРЖАН БЕСПЛАТНИОТ СЕМИНАР ЗА МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ СО ПРЕДАВАЊА ВО СТРУМИЦА
По циклусот на одржаните бесплатни семинари во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Гевгелија, Куманово и Тетово на кои имаше повеќе од 300 учесници , на 30-ти ноември 2016 година пред 25 учесници во Струмица, Стопанската комора на Македонија и Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) при Стопанската комора, продолжија со организација и реализација на активностите врзани за промоција на медијацијата како ефикасен начин на решавање на споровите пред стопанствениците и останатите заинтересирани посетители од Струмица и околината. На овој семинар кој е продолжение на агендата на Комората со неколку месечна презентација на медијацијата беа потенцирани предностите на медијацијата, беше детално објаснета медијацијата во РМ согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети и беа детално и практично објаснети почетокот на постапката на медијацијата, текот и завршувањето на постапката. Со цел активно вклучување на сите заинтересирани страни во процесот на поддршка на медијацијата, Стопанската комора на Македонија на 15.07.2016 година формираше посебна Асоцијација за поддршка на медијацијата (АПМ) при Комората каде освен лиценцирани медијатори, вклучени се експерти со познавање од оваа област, компании и други институции кои ќе работат на искористување на бенефитите од оваа алатка. Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација и користење на медијацијата би се растеретиле судските постапки и би се зголемила ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката.
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО
23
МЕДИЈАЦИЈА
ОДРЖАН БЕСПЛАТНИОТ СЕМИНАР ЗА МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ СО ПРЕДАВАЊА ВО ВИНИЦА
По циклусот на одржаните бесплатни семинари во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Гевгелија, Куманово, Тетово и Струмица на кои имаше повеќе од 300 учесници , на 1-ви декември 2016 година пред 25 учесници во Виница, Стопанската комора на Македонија и Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) при Стопанската комора, продолжија со организација и реализација на активностите врзани за промоција на медијацијата како ефикасен начин на решавање на споровите пред стопанствениците и останатите заинтересирани посетители од Виница и Кочани. На овој семинар кој е продолжение на агендата на Комората со неколку месечна презентација на медијацијата беа потенцирани предностите на медијацијата, беше детално објаснета медијацијата во РМ согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети и беа детално и практично објаснети почетокот на постапката на медијацијата, текот и завршувањето на постапката. Со цел активно вклучување на сите заинтересирани страни во процесот на поддршка на медијацијата, Стопанската комора на Македонија на 15.07.2016 година формираше посебна Асоцијација за поддршка на медијацијата (АПМ) при Комората каде освен лиценцирани медијатори, вклучени се експерти со познавање од оваа област, компании и други институции кои ќе работат на искористување на бенефитите од оваа алатка. Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација и користење на медијацијата би се растеретиле судските постапки и би се зголемила ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката.
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
24
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •
Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;
•
• • • • •
Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар на тема: ОГЛАСУВАЊЕ НА ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ
16.12.2016 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Стопанската комора на Македонија, на 16.12.2016 година, организира еднодневен семинар на тема: „Огласување на потреба од работници, права на кандидати за вработување, избор на кандидат за вработување како дискреционо право на работодавачот, содржина на договорот за вработување, одредбите на договорот за вработување како основен акт за уредување на работниот однос, разлики во постапките за отказ на договорот за вработување на работниците и заштитените категории на работници“. Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: -Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје и -Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II – Скопје. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 14.12.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
26
БИЗНИС ИНФО
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.12.2016 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат
Еднодневен семинар на тема: БАРАЊА И ПРОВЕРКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ДОБАВУВАЧИТЕ ВО СИНЏИРОТ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА
Стопанската комора на Македонија на 15 декември 2016 година организира еднодневен семинар на тема: „Барања и проверки на потрошувачите и добавувачите во синџирот на безбедност на храната“. Целта на семинарот е да ги запознае учесниците со основните барања и проверки на потрошувачите и добавувачите во синџирот на безбедност на храната – барања по ИСО и ХАСАП стандарди. Семинарот е наменет за сите лица кои се вклучени во процесот на производство на храна (примарна амбалажа, подготовка и послужување на храна, производство на безалкохолни пијалаци и сл.), снабдување и безбедност на храната. Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
2 - 4 декември 2016 година Тирана, Р. Албанија
„PACK & TECH ALBANIA EXPO 2016“
Трите работни дена на сите учесници ќе им биде обезбедена идеална можност да ги промовираат, а на посетителите да ги видат најновите иновации во делот на технологијата на машините за пакување, материјалите за пакување и печатење, складирање и логистика. Саемот е наменет за сите: • големи, средни и мали претпријатија, производители, увозници, извозници; • дистрибутери на храна, пијалаци, козметика, козметички производи, производи од тутун, лекови, хемикалии, масла, нафтени производи, детергенти, облека, чевли, играчки, подароци, накит...; • производители на материјали за пакување за сите видови на индустриски, технолошки, електронски, земјоделски, рачно изработени и производи за широка потрошувачка; • откупни и дистрибутивни центри на земјоделски производи; • трговци на големо и мало, синџири на хипер и супермаркети; • угостителски објекти; • добавувачи, купувачи, вработени, менаџери, инженери, технолози, техничари и специјалисти; • дистрибутивни, транспортни компании, центри за складирање; • студија за дизајн и печатење; • услужни компании, агенции за маркетинг, истражување, акредитации, софтверски решенија, осигурување, консултанти, итн.; • издавачки и новинарски куќи; • истражувачки и образовни центри, универзитети, лаборатории; • институции, задруги, здруженија и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 21.11.2016 година (понеделник). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Сања Николова, телефон: + 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk.
БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка кој се занимава со трговија на големо и дистрибуција на разни прехраnбени производи, енергетски, алкохолни и безалкохолни пијалaци, како и храна за животни, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка производител на различни освежителни безалкохолни газирани и негазирани пијалaци, како природна изворска вода, енергетски пијалаци, овошни сокови, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 31.01.2017 година.
Локална компанија од Словачка која врши продажба и дистрибуција на алкохолни и безалкохолни пијалаци, како и зачини и кондиторски производи бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка чија главна дејност е дистрибуција, продажба на пиво и алкохол, како и безалкохолни пијалаци бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка која се занимава со трговија на големо и дистрибуција на пиво, алкохолни и безалкохолни пијалaци и храна, бара
Компанија од Украина, голем производител на мелнички производи бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 31.01.2017 година. Домашна компанија од јануари 2017 година издава ново изградени ладилници (температура од -25 до +4) и деловен простор, лоцирани во индустриската зона во Визбегово, Скопје. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Украина, составен дел на голем концерн, бара компании од Р. Македонија заинтересирани за купување на нивните производи. Произведуваат ротори за турбини, цилиндри за турбини, компресори со висок, среден и низок притисок, работни лопатки за парни турбини, дијафрагми, заптивки за дијафрагми, спроводни апарати, резервни делови за rегулирање и системи за дистрибуција на пареа,
петок, 2 декември 2016, Бр. 286
БИЗНИС ИНФО
31
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА аксијално лежиште, неповратни вентили и сл. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Украина која е производител на разни еколошки, природни сокови и вина бара соработка со компании од Р. Македонија за соработка, пласман и дистрибуција на нивните производи. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Шри Ланка, која произведува горна и долна облека (панталони, кошули, маици и боксерки), бара партери од Р. Македонија за пласман на своите производи. Валидност до 31.12.2016 година. Холдинг компанија од Шри Ланка заинтересирана е да соработува со компании од Р. Македонија и бара да купи ориз, кромид и шеќер. Валидност до 31.12.2016 година.
www.mchamber.mk
Компанија од Шри Ланка сака да соработува со компании од Р. Македонија кои сакаат да инвестираат во изградба на складишта, логистички парк и возен парк. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Македонија е заинтересирана да пронајде трговски партнер за експорт и дистрибуција на брендирани пива на пазарот во Албанија. Брендови кои може да се дистрибуираат се: Корона, Хоегарден, Хајнекен и многу други. Валидност до 31.12.2016 година.
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088