Бизнис ИНФО бр.43 од 03.03.2011 година

Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 март 2011

1

Членка на: Број 43 од 03.03.2011

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Асоцијацијата на балканските комори со апел од Софија за смирување на политичките и социјалните тензии во арапските земји

„ПЕСОЧНАТА БУРА„ ЌЕ И` НАШТЕТИ И НА ЕКОНОМИЈАТА ВО РЕГИОНОТ ФОКУСИРАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊА Апел на Здружението на индустријата Иницијатива на Регионалната комора за преработка на дрво и производство на со седиште во Скопје

ИНТЕНЗИВНА БАЛКАНСКА МУЛТИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕГИОНАЛНИТЕ КОМОРИ НА ГЛАВНИТЕ ГРАДОВИ

мебел при Стопанската комора на Македонија

АКО НЕ СЕ СЕРТИФИЦИРААТ ШУМИТЕ, ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ДА СКАПУВА!


БИЗНИС ИНФО

2

четврток, 03 март 2011

ПОДВЛЕЧЕНО ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ЕФИКАСНА КОНТРОЛА ВО ТРОШЕЊЕТО НА ЈАВНИТЕ ПАРИ Единствениот ефикасен начин да се воспостави ред, е да се обезбеди транспарентност и ефикасна контрола во трошењето на јавните пари. Институциите надлежни за контрола и за спроведување на законот, вклучувајќи ги тука, пред се, Јавното обвинителство, кое не постапува по извештаите од Државната ревизија, Управата за јавни приходи и финансиската полиција. Во оваа сфера се воведоа многу сериозни санкции за прекршителите на законот, но кај нас декларативната политичка волја завршува со гласање на законот. Законскиот текст е само текст, или во нашиот случај, мртво слово на хартија. Тоа не е ефикасна борба против корупцијата. Имплементацијата воопшто не постои, иако постојат многу докази за пречекорување на буџетот, за лоши тендери и слично. Поради тоа, а со цел да се натераат институциите да постапуваат, се повеќе треба да се засилуваат барањата за пристап до информации и да се обезбедат документите за да можат граѓаните и невладините организации самите да делуваат, дури и со поднесување кривични пријави. (Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси интернешнел – Македонија)

ГЛАВЕН ПРОЕКТ ГОДИНАВА – ВОВЕДУВАЊЕ МАРКЕТМЕЈКЕРИ

ПОБАРУВАЧКАТА ЗА ДОБРОВОЛНИ КЛАСИ НА ОСИГУРУВАЊЕ ЌЕ РАСТЕ

Главен проект оваа година во сегментот на тргувањето ќе биде воведување на т.н. маркетмејкери. Годинава веќе почна примената на новите законски решенија за реализација на јавните понуди преку берза и очекуваме пласирање на пазарот и на други нови емисии на хартии од вредност. Мора засипено да се промовира вложување во финансиски инструменти што се тргуваат на Македонската берза; македонските компании навистина да посакуваат инвеститорите да вложуваат во нивни акции; да има соодветна рамнотежа меѓу бизнисот, регулацијата и развојот; креаторите на економската политика да ги разгледаат можностите за фискални и други стимулации за инвеститорите и компаниите; да се размисли како да се искористат сите три столбови на пензискиот систем како главен автономен фактор за развој на Берзата; општините конечно да ја издадат првата обврзница; по подолга пауза да се излезе со некоја приватизација на берза. Има уште потенцијали, како што се државните акции во „Телеком“, другите акционерски друштва во државна сопственост и јавните претпријатија.

Ќе треба да помине одреден период за да се стабилизира учеството на доброволните класи на осигурување во вкупното портфолио, наспроти учеството на автоодговорноста, како задолжителен вид осигурување. Како што ќе расте останатиот дел, така ќе расте и целиот пазар, бидејќи не се очекува намалување на автоодговорноста, освен ако Владата не примени поинаква социјална политика од сегашната и дојде до намалување на цената за осигурување од автоодговорност.

(Иван Штериев, главен извршен директор на Македонската берза)

ПРЕМИУМ Покровители

Покровители

Очекувам дека побарувачката за доброволните класи на осигурување побрзо ќе се зголемува за разлика од порастот на автоодговорноста. (Александра Наќева-Ружин, на „Еуролинк“)

директор


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

3

ФОКУСИРАНО Асоцијацијата на балканските комори со апел од Софија за смирување на политичките и социјалните тензии во арапските земји

„ПЕСОЧНАТА БУРА„ ЌЕ И` НАШТЕТИ И НА ЕКОНОМИЈАТА ВО РЕГИОНОТ

На 24 февруари 2011 година, во Софија, Република Бугарија, се одржа Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори (АБК), со коешто претседаваше Цветан Симеонов, претседател на Трговско-индустриската комора на Бугарија. Асоцијацијата ја сочинуваат националните стопански комори на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Романија, Србија, Турција и Црна Гора. Разгледувајќи ги најбитните прашања поврзани со заедничките активности во рамките на коморите и можностите за заедничко дејствување заради подобрување на економската состојба во регионот и можностите за заедничка соработка, учесниците на Генералното собрание потпишаа заедничка Декларација, во којашто, покрај заедничките цели

ИЗДВОЕНО : КАКО ДА СЕ ОСВОИ ПАЗАРОТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА? НОСЕЧКИОТ БРЕНД ГИ ПОВЛЕКУВА И ДРУГИТЕ ПРОИЗВОДИ Ako ce прашаме каде може најмногу да расте „Алкалоид“, тоа секако би бил рускиот пазар, каде што отворивме наша компанија која купува лекови од нас и потоа ги продава во локална валута, затоа што решивме дека така сме поконкурентни. Направивме екипа од 60 луѓе во Русија, донесовме искусен менаџерски кадар и одвоивме големи буџети за маркетинг. Во моментов оди голема телевизиска кампања за Кафетин, затоа што тоа ни е носечки бренд и проценка е дека може да повлече цело портфолио производи. Потпишавме договори со четирите најголеми веледрогерии во Русија и сега очекуваме раст на тој пазар. Во стратегијата за 2011 година рускиот пазар ни е дефиниран како клучен пазар, каде што очекуваме од пазар бр. 4 да стане пазар бр.2 за „Алкалоид“ . (Живко Мукаетов, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“) РУСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ФУНКЦИОНИРААТ „ЛИЦЕ ВО ЛИЦЕ“

за надминување на проблемите на регионален план, содржана е и волјата на сите членки на АБК за намалување на политичките и социјалните тензии во земјите од Северна Африка и регионот на Средоземното Море, меѓу другото, и заради непречен развој на економските односи со земјите од балканскиот регион. Преку заедничката Декларација, насочена кон владите на државите од балканскиот регион, претставниците на Асоцијацијата на балканските комори ќе се залагаат за намалување на „сивата“ економија и корупцијата, намалување на административните бариери за развој на претприемништвото, интензивирање на активностите за отстранување на тарифните и нетарифните бариери во согласност со ЦЕФТА-договорот, намалување на последиците од економската криза, подобрување и развој на инфраструктурата во регионот, преку имплементација на заедничките регионални проекти, како и имплементација на ефикасни и ефективни програми за борба против невработеноста.

Едниот начин е да одите на саеми, а најзначајните саеми таму се одржуваат во Москва. На нив доаѓаат не само руски фирми, туку и фирми од останатите поранешни советски републики, кои исто така може да бидат интересни за нашите извозници. Вториот начин е да се оди на лице место, во претходно таргетиран регион, затоа што рускиот пазар е огромен и практично е невозможно да го освојувате како целина. Руските бизнисмени сакаат да ве видат, да се уверат дека сте сериозен партнер и тогаш полесно склучуваат зделки. Таму помалку важат правилата од западните пазари, каде што за се` можете да се договорите по телефон или мејлиспорака, фактура, товарење, истовар и сл. Русите не функционираат така. (Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора)


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 март 2011

НА САМОТО МЕСТО Бизнис-форум меѓу скопски и белградски компании да значи и формирање на заеднички информативен во Република Србија центар во кој бизнисмените од регионот лесно би можеле да бидат снабдени со неопходните податоци за ИНТЕНЗИВНА БАЛКАНСКА МУЛТИЛАТЕРАЛНА олеснување на нивните деловни потфати, – предложи СОРАБОТКА МЕЃУ РЕГИОНАЛНИТЕ КОМОРИ НА Горан Рафајловски, претседател на Регионалната ГЛАВНИТЕ ГРАДОВИ комора со седиште во Скопје. Д-р Милан Јанкович, претседател на Република Србија во трговијата со Република Стопанската комора на Белград , побара двете Македонија ланската година ќе забележи суфицит од регионални комори да отворат свои канцаларии во преку 150 милиони главните градови, со што уште повеќе би се олесниле евра .Но, извозот контактите меѓу бизнисмените и би се овозможило од Србија има нивно заедничко учество во користењето на средства значително помал од претпристапните фондови на Европската унија. раст од увозот, што -Неопходно е да се работи далеку поупорно долгорочно гледано за да се отстранат и бројните нетарифни бариери има тенденција во трговската размена.Тоа посебно се однесува на смалување на на спороста во поминување на меѓудржавните македонскиот граници, фитосанитарните пречки, неусогласеноста трговски дефицит, на техничките прописи и стандарди, кои се` уште кој треба да се ја оптоваруваат економската соработка меѓу двете движи во поравец на земји, - нагласи Станка Родан од Министерството урамнотежување. за економија и регионална соработка на Република Но, во основа Србија. зголемената Деловните луѓе од белградскиот и скопскиот трговска размена регион имаа и бројни билатерални средби по меѓу двете земји, завршувањето на Бизнис-форумот. која во 2010 година ќе застане на бројката од околу 566 Саво Пејчиновски милиони евра, што е за 20 отсто повеќе од 2009 година (според српската страна), експертите ја толкуваат како НЕДОВОЛНО ПРЕТСТАВЕНИ МАКЕДОНСКИТЕ прв знак на закрепнување од глобалната економска СТОПАНСКИ ПОТЕНЦИЈАЛИ криза на двете стопанства. Bo оваа прилика македонските стопанственици -Шанси за пораст на размената треба да се би ги потсетил на големината на српскиот пазар и бараат во аграрот, прехранбената, автомобилската, потпишаните договори за слободна трговија со текстилната и хемиската, електронската индустрија, Русија, Белорусија и Турција, што значително ги во туризмот, сообракајот, металната и градежната проширува можностите за соработка врз кооперативна индустрија и заштитата на животната средина, - беше основа. Од друга страна, тука е и проектот „Фиат“, нагласено на Бизнис-форумот меѓу белградските и кој има регионално значење и кој ако се остварат скопски компании што, се одржа на 25.2.2011 година во најоптимистичките предвидувања би требало да носи Белград, Република Србија. Притоа, беше потпишана извоз од најмалку 2 милијарди евра веќе во 2013 Спогодба за соработка меѓу двете регионални комори. година. Македонските и српските стопанственици треба Спогодбата ја потпишаа д-р Горан Рафајловски и д-р да ја искористат шансата која ја дава Коридорот 10, кој сепак најмногу зависи од значењето што го придаваат Милан Јанковић, претседатели на двете најголеми државите, но, треба да знаете дека овде веќе се бележи и најмоќни значаен интерес на странските инвеститори во близина р е г и о н а л н и на коридорот. Оптимизам влева и проектот на гасоводот комори во „Јужен тек”, кој ако се реализира се надеваме дека свој Република Србија крак ќе има и кон Македонија. Имајќи ги предвид овие факти, Амбасадата и Република Македонија , бележи недоволно претставување на македонските со надеж дека стопански потенцијали во Pепублика Cрбија. Нема оваа соработка претставништво на коморите, за разлика од Хрватска и ќе придонесе за Словенија на пример, нема ниту доволно претставништва интензивирање на фирми, според нашите информации 10-тина, а згора на тоа и Амбасадата поради финансиски рестрикции на контактите. долго време нема дипломатски претставник задолжен -Покрај оваа за економски прашања. Србија од неодамна именува билатерална соработка предлагаме да се направи и и економски советник во во Амбасадата во Скопје, додека мултиратерална соработка меѓу коморите на главните пак во Амбасадата на Македонија во Белград штотуку градови од балканските земји, вклучувајки ја и Турција. започна со работа економски промотор. Тоа е добар На тој начин би можеле заеднички да настапуваме знак. (Владимир Крстевски од Амбасадата спрема Брисел и другите моќни комори од значајни на Република Македонија во Република Србија) региони во Европската унија. Почетокот би можел


БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 март 2011

5

НА САМОТО МЕСТО Надворешно трговската размена меѓу Република Македонија и Република Србија ВО ПОСЛЕДНИВЕ ДВЕ ГОДИНИ ДЕФИЦИТОТ НАТЕЖНА ПОД ТАБАНОВЦЕ Надворешно трговската размена меѓу Република Македонија и Република Србија се одвива согласно Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА),сл.весник (69/2007), ратификуван од земјите потписнички на договорот (Република Хрватска, Република Албанија, Република Србија, УНМНИК/ Косово, Република Црна Гора, Република Македонија и Босна и Херцеговина, и Молдова). Обем на трговската размена на Република Македонија со Република Србија во 2010 година

во ооо.САД$

ВКУПНО

СТРУКТУРАУЧЕСТВО ВО РМ

ИЗВОЗ

СТРУКТУРАУЧЕСТВО ВО РМ

УВОЗ

СТРУКТУРАУЧЕСТВО ВО РМ

БИЛАНС

690 204

7,9

271 813

8,2

418 391

7,7

-146.578

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Србија во 2010 година достигна вредност од 690 милиони САД$ и учествува со 7,9% во вкупната трговска размена на земјата. При тоа, остварен е извоз во вредност од 271,8 милиони САД$ со 8,2% учество во вкупниот извоз на РМ. Увозното салдо изнесува 418,4 милиони САД$ со учество од 7,7%. Tрговскиот биланс во последните години е осцилаторен, при што позитивна размена остваруваме во периодот од 2004 до 2008 година, додека дефицит се бележи во последните две години. Во 2010 година, Р.Србија е трет партнер на Македонија во вкупната размена со светот. Вкупната трговска размена во 2010 година бележи пад во однос на 2009 година во износ од 44,4 милиони САД$ или пад од 5,9%. Кај извозот се бележи намалување од 65,8 милиони САД$ што претставува пад од 19,5%, додека увозот е пораснат за 21,4 милиони САД$ или за 5,4%. Во однос на структурата на производите, во извозот најголемо учество имаат: • Земјоделски производи (вклучително храна и вино) во износ од 97 милиони САД$, од кои се издвојуваат: вино со 20 мил. САД$, домати 13,2 САД$, кобасици 5,7 САД$ и грозје со 6,5 САД$. • Цигари што содржат тутун – 10,2 милиони САД$, • Обоена и црна металургија (вклучително и производи од железо и челик) – 73,8 милиони САД$, • Лекови и козметика – 20 милиони САД$, Во увозното салдо најголемо учество имаат : • Земјоделски производи (вклучително храна и пијалоци) во износ од 159,6 милиони САД$, од кои се издвојуваат: пченично брашно – 12,2 милиони САД$ ; слатки, бисквити и пекарски производи 10,7 милиони САД$; рафиниран шеќер 26,7 милиони САД$ ; вода минерална и газирана 11,4 милиони САД$, рафинирано сончогледово масло -9,4 милиони САД$ • Обоена и црна металургија (вклучително и производи од железо и челик) – 27,8 милиони САД$ • Електрична енергија – 31,3 милиони САД$ • Лекови и козметички препарати -16,3 милиони САД$ • Хартија и картон – 8,2 милиони САД$ Обем на трговската соработка со Република Србија *

во милиони САД долари

2002

2003

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

Извоз

246.4

273.8

347.5

459.5

542.9

639,4

934,7

337,6

271,8

Увоз

189.4

300.2

280.6

256.8

264.8

448,4

532,1

397,0

418,4

Вкупно

435.8

574

628.1

716.3

807.7

1.087,8

1.466,8

734,6

690,2

Суфицит/ Дефицит

+57

-26.4

+66.9

+202.7

+278.1

+191

+402,6

-59,4

-146,6

* Податоците за периодот од 2000-2006 година преземени од Државниот завод за статистика се однесуваат заедно за Србија, (вклучувајќи УНМНИК/Косово) и Црна Гора

Приказ на директни инвестиции од Србија во Македонија ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ОД СРБИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА

2009

2008

2007

2006

Vo mil.evra

2005

2004

Во евра

Србија

2,1

1,09

54,12

15,1744

5,1678

0,3763

ТОТАЛ РМ

241

412,54

505,98

344,7867

77,2131

260,6716

• Најголеми извозници од Србија во Македонија се: US STEEL, Смедерево, SWISSLION, Таково; ТЕТРА ПАК, Белград; MAXI CO DOO, Алексинац; ДОО ГРАНД ИНЖИЊЕРИНГ, Бор; ДИЈАМАНТ, Зрењанин; АЛФА-ПЛАМ, Врање; ХИП-ПЕТРОХЕМИЈА, Панчево; CT COMPUTERS DOO, Белград; Рударски басен Колубара, Лазаревац и др.


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 03 март 2011

НА САМОТО МЕСТО • Околу дваесет српски компании имаат свои претставништва во Македонија (ЈАТ, Здравје-Лесковац, Симпо, Галеника, Пионир, Мона, Хемофарм, Бамби, Делта М, Swisslion, Књаз Милош, Фиделинка). • Во последните неколку години српските инвестиции во Република Македонија изнесувале околу 40 мил. САД долари. • Српската телевизиска компанија „Пинк“ влезе на пазарот во Македонија, со купување на телевизијата „К 15“. Основана е нова телевизиска куќа под името „Пинк 15“. Во првата фаза на работа на оваа телевизија компанијата „Пинк“ ќе вложи средства во висина од 8 милиона евра, пред се во изградба на потребната инфраструктура и во набавка на неопходната технологија и опрема. • Компанијата „Seavus group“ има истражувачко-развоен центар во Ниш за софтвери и други ИТ производи. Висината на оваа македонска инвестиција изнесува околу 400.000 САД долари. • Во периодот 2007-2008 година евидентирани се и работи на српската градежна оператива во Македонија во вредност од 830.000 евра. ПРАВНА РАМКА ЗА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА Правната рамка во која се одвива (одвивала) стопанската соработка меѓу Република Македонија и Република Република Србија* (прописите на СР Југославија се применуваат се уште на Република Србија) • Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА),сл. весник (69/2007), • Спогодба меѓу Владата на РМ и Сојузната влада на СРЈугославија за замено поттикнување и заштита на инвестициите (Сл. весник на РМ бр 69/96) • Спогодба неѓу Владата на РМ и Сојузната влада на СР Југославија за царинска соработка и заемна помош (Сл. весник на РМ бр 8/97) • Договор меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната влада на Сојузна Република Југославија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал (сл. весник на РМ бр. 8/97) • Договор меѓу Владата на РМ и Сојузната влада на СР Југославија за соработка во областа на ветеринарството (Сл. весник на РМ бр.34/97) • Договор меѓу Владата на РМ и Сојузната влада на СР Југославија за соработка во областа на растителниот карантин и заштита на растенијата (Сл. весник на РМ бр.34/97) • Договор меѓу Република Македонија и Сојузна Република Југославија за социјално осигурување (Сл. весник на РМ бр 13/02) УЛОГА НА КОМОРИТЕ И ДЕЛОВНИОТ СОВЕТ Улогатата на коморите и на Македонскосрпскиот деловен совет, во либерализација натрговијата во рамките на ЦЕФТА 2006, e пред се да ги промовираат процесите на создавање на зоната на слободна трговија во регионот и да ги поттикнуваат стопанските поврзувања. Во таа насока, се ангажираат за: согледување на можностите за обновување или воспоставување на соработката во рамките на репро целини и производно поврзување а со цел создавање на заеднички производ; испитување na можностите за заеднички настапи на фирмите на трети пазари; забрзувањето на меѓусебно признавање на акредитациони и сертификациони тела и унапредување на нивната соработка; воспоставувањето на соработка и меѓусебно препознавање во областа на фитосанитарната и ветеринарната контрола; забрзувањето на воспоставување на институциоанлна соработка во доменот на заштитата на интелектуална сопственост; обезбедување учество во јавните набавки под еднакви услови и за деловните субјекти од друга држава односно запазување на фер конкуренција (според расположивите информации, во Сrbija се u{te se толерира, дава предност, на домашната фирма во однос на странска ако е понудата поскапа до 20%).

Странски директни инвестиции во Србија ЗА 9 ГОДИНИ 14 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Во Србија, во последните 9 години, од 2001 до 2009, инвестирани се повеќе од 14 милијарди евра директни странски инвестиции, а најголемиот дел од капиталот потекнува од ЕУ. Во 2009 година во државната каса влегле околу 800 милиони евра странски инвестиции, од кои 400 милиони евра се добиени со продажбата на мнозинскиот пакет на акции на Нафтената индустрија на Србија на рускиот „Гаспромњефт“. Најголемите инвеститори во Србија се земјите од ЕУ, меѓу кои предност имаат Австрија со околу 1,8 милијарди евра, потоа Грција, Германија и Норвешка со околу 1,4 милијарди евра. Готово половината на странски инвестиции се привлечени од банкарскиот сектор, а потоа следи производството и телекомуникациите. Норвешкиот „Теленор“ има вложено околу 1,6 милијарди евра во „Мобител Србија“, со што станал и најголемиот поединечен инвеститор. Потоа следи вложувањето на „Гаспромњефт“ со инвестиција во енергетскиот сектор од 947 милиони евра, потоа вложувањето на американската компанија „Филип Морис“ со 611 милиони евра и австрискиот „Мобиком“, кој вложил 570 милиони евра, со што стана и трет мобилен оператор во Србија. Кога станува збор за стратешките стопански гранки – енергетиката, инфраструктурата и производство на храна, се повеќе заинтересираност за вложување, покажуваат и француските компании. Од 2006 година наваму, компаниите од Србија почнале да инвестираат во други земји, а најмногу на бившите ЈУ пазари. На прво место е Босна и Херцеговина, благодарејќи на „Телеком Србија“ кој ја купил „Телеком Српска“, со вредност на инвестицијата од 917 милиони долари. Во Словенија, српските компании инвестирале 66,9 милиони долари, во Македонија 54,5, а во Црна Гора 50,1милиони.


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕДУПРЕДУВАЊА Апел на Здружението на индустријата за преработка на дрво и производство на мебел при Стопанската комора на Македонија АКО НЕ СЕ СЕРТИФИЦИРААТ ШУМИТЕ, ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ДА СКАПУВА! Да почне сертификацијата за квалитет на македонските шуми согласно европските директиви зашто само така домашната дрвна индустрија ќе може да биде конкурентна и рамноправна на пазарот, e апелот што беше испратен од редовната пресконференција во Стопанската комора на Македонија (28.2.2011 година). Од 2013 година Европската унија предвидува воведување регулатива за дрвни сортименти која посебно ќе се однесува на мебел, цврста граѓа, иверка, хартија и картон. Сите земји-членки и кандидати за влез во ЕУ се обврзани да спроведат сертификација во шумарството и дрвната индустрија. Воедно, расте и бројот на потрошувачите кои бараат производи од дрво со потврден, сертифициран квалитет. - Ја повикуваме Владата да преземе соодветни мерки за реализација на ова прашање. Во спротивно, доколку македонските шуми не се сертифицираат, околу 6000 семејства или 25.000 лица може да останат без приходи или со намалени примања, а дел од компаниите да се затворат, предупреди на прес-конференцијата Ванчо Спасески, од Здружението на индустријата за преработка на дрво и производство на мебел при Стопанската комора на Македонија. Ако Македонија не ги сертифицира шумите, компаниите, освен што нема да бидат конкурентни, ќе бидат и принудени да купуваат суровина (сертифицирано дрво) од соседството, што директно ќе се одрази врз нивното финансиско работење. Сертификатот за квалитет го издава Советот за управување со шуми (ФСЦ) со седиште во Бон, Германија, рокот на важење му е две години, а чини 8 до 10 САД долари по хектар. За да биде одобрен, меѓународни експерти прават анализи од повеќе аспекти во однос на потребните законски регулативи. Целта на сертифицирањето е еколошки, општествено корисно и економски одржливо користење на шумите и нивните ресурси. Во Македонија надлежни за сертификација се министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, за економија и за финансии, а реализатор треба да биде „Македонски шуми“. Словенија, Хрватска, Бугарија и Грција веќе го завршиле процесот на сертифицирање, а во Србија и Косово се спроведува интензивно. Македонија располага со околу 1,1 милион хектари шуми погодни за стопанисување. Од нив, 88 до 90 отсто се во сопственост на државата и со нив раководи Јавното претпријатие „Македонски шуми“, а останатите се во приватна сопственост. Во однос на структурата, 25 до 30 отсто се квалитетно дрво, трупци за преработка, додека 70 до 75 отсто се огревно дрво, дрво за енергенс, производство на палети, брикети, потпорно за рударски јами... - Македонската дрвна индустрија брои 1560 преработувачки и производни компании, од кои околу 930 се занимаваат производство на мебел, а 630 со преработка на дрво, производи од дрво и плута, освен мебел и производи од слама. Извозот достигнува 31,4 милиони евра, а увозот 77,7 милиони евра. Притоа, 95 отсто од извозот се реализира на европскиот пазар, - нагласи Спасоски. Според Стопанската комора, трошоците за сертифицирање на шумите може да бидат дел од оперативбните ИПА-фондови коишто допрва ќе се проектираат за следниот период. Бројки и факти ДРВНА ИНДУСТРИЈА И ШУМАРСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1. Состојби во дрвната индустрија: Во ова индустриска гранка има приближно 1560 преработувачки и производни компании. Од тоа, околу 630 се занимаваат со преработка на дрво, производи од дрво и плута, освен мебел и производсво на предмети од слама и плетарски материјали. Околу 930 се занимаваат со производство на мебел и други разновидни производи неспоманати на друго место. Во 2011 година извоз од приближно 31.400.000 евра, а увоз од 77.700.000 евра. сооднос од приближно 2,5 : 1 помал извоз од увоз. 2. -

Р.Македонија располага со приближно 1.100.000 хектари шуми погодни за стопанисување: од тоа 88-90% се во соственост на државата, а со нив стопанисува ЈП „Македонски шуми“; 10-12% се во приватна сопственост.

3. -

Структурата и квалитетот на шумите: 25-30% квалитетно дрво, трупци наменети за преработка; 70-75% огревно дрво, дрво наменето за енергенс, производство на пилети, брикети, потпорно за рударски јами и сл.

4. -

Производство на ЈП на годишно ниво: од 100-120.000 м3, трупци, со можност за производство до 150.000 м3; од 500-550.000 м3 дрво за енергенси, со можност за производство до 750.000 м3.


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 03 март 2011

ПРЕДУПРЕДУВАЊА 5.

Од шумите во приватна сопственост годишната сеча изнесува околу 80.000 м3 дрво од двете категории.

6. Сертификација на шумите Согласно европските директиви, сите земји-членки и кандидати за да можат да бидат рамноправни во пласманот на европскиот пазар, се обврзани да спроведат сертификација во шумарството и дрвната индустрија. Сертифицирањето го издава ФСЦ, Совет за управување со шуми, седиштето за Европа е во Бон, СРГерманија. Сертифицирањето е проследено од меѓународни експерти и опфаќа повеќе сегменти кои треба да бидат реализирани како што се: а) донесена соодветна законска и подзаконска регулатива од областа на шумарството; б) регулативата да е донесена и контролирана од овластени органи на државата; в) да се предвидени и имплементирани контролни органи во експлоатацијата на шумите во одржлива и планска експлоатација согласно донесената регулатива; г) правните субјекти да ја спроведуваат законската регулатива во областа на даночниот систем, односно, редовно да се подмируваат обврските кон државата; д) да се почитува законската регулатива од областа на работните односи и заштита при работа, да постои синдикат и колективен договор; Регулатива за дрвните сортименти во ЕУ ѓ) да е донесена и да се почитува законска регулатива за заштита ПРИМЕНА ОД 2013 ГОДИНА на екосистемите при експлоатација на шумите (конкретни екоелаборати за соодветното микро подрачје), за да не се загрозат ретките видови Европскиот парламент и Советот на Европа се растителна вегетација и животинскиот свет, заштита на површинските и согласни за донесување на таканаречена Регулатива за подземни води и сл.; дрвните сортименти. Таа ќе влезе во сила 2013 година и е) да е воспоставен и да постои контакт и соработка со месното ќе се однесува за замјите од ЕУ, нивното производство, население кое живее или престојува во соодветното подрачје. како и за увезените сортименти од други земји. Посебно Доколку се исполнети наведените услови и останатите услови ќе се однесува на трупци, производи од цврста граѓа, ФСЦ го издава сертификатот за шумите. иверка, мебел, пулпа, хартија и картон. Сертификатот е со важност од две години. Со овој сертификат сите Целта на сертификацијата е постигнување производни асортименти на ЈП „Македонски шуми“ ќе можат да добијат на еколошки соодветно, општествено корисно и ваков сертификат, а производителите во дрвната индустрија извозно економско одржливо користење и располагање со ориентираните компании ќе можат непречено да извезуваат на позарите шумите и нивните ресурси. во ЕУ, што е особено важно бидејќи 95% од извозот оди на европскиот Ванчо Спасески пазар. Контролата за спроведување и почитување на пропишаната законска и подзаконска регулатива ја вршат меѓународни експерти од ФСЦ. 7. Надлежни и заинтересирани институции за донесување регулатива и нејзина контрола : Владата на РМ, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанставо, Министерството за економија, Министерството за финансии и ЈП „Македонски шуми“. 8. Состојби во опкружувањето Соседните земји од нашето опкружување завршиле со сертицирањето во целост или на определени региони. 9.

Последици по стопанската гранка

Доколку не се изврши ова сертифицирање, околу 6.000 смејства или 25.000 лица (тука не се земени предвид вработените и семејствата на вработените во ЈП „Македонски шуми“) може да останат со намалени приходи или без никакви приходи за живот, а дел од компаниите да бидат затворени. Во досегашниот период не се издвојуваат никакви стимулации за оваа индустриска гранка.


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

9

БАНКАРСТВО И ФИНАНСИИ Здружение на банкарство

СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИ ОД БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ Во име на Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, Ве информираме, дека согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, сите банки/штедилници при воспоствување на деловен однос или вршење на трансакција спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот. Овој процес опфаќа идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот физичко или правно лице преку соодветни валидни документи за нивна идентификација (важечка лична карта или пасош за физички лица и тековна состојба не постара од 6 месеци за правни лица) и пополнување Апликација за идентификација/ажурирање на клиент, која во идентична форма се употребува во секоја банка/штедилница. Податоците добиени од овој процес мора да се ажурираат на редовна основа, најмалку секои 2 години. Важечката законска регулатива во Република Македонија предвидува обврска сите банки и штедилници да ја ажурираат базата на своите постојни клиенти со валидни податоци за нивна лична идентификација најдоцна до мај 2012 година. Бидејќи потврдување и ажурирање на податоците за своите клиенти на овој начин го забавува редовното работење на шалтерите во банките и штедилниците и е обемна работа, која одзема време, а со цел исполнување на горенаведените законски обврски, Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, донесе заклучок за поставување сопствен рок за спроведување на оваа акција за ажурирање на податоци (01.05.2011 година) и ги повикува сите физички и правни лица во РМ кои имаат отворено сметки во банките и штедилниците, да пристапат кон истите со цел ажурирање на нивните податоци. Во насока на наведеното, најљубезно ги замолуваме и ги повикуваме, сите наши клиенти, физички и правни лица, соодветно да се идентификуваат во нивните банки и штедилници, односно истото да не го одложуваат и да го извршат при нивната наредна посета во банката/штедилницата и заклучно со 01.05.2011 да ги ажурираат своите податоци. По истекот на наведениот рок, работењето со сметките не ќе може непречено да се одвива, се до моментот на целосна идентификација и потврда на идентитетот на клиентот од страна на банката/штедилницата. Банките и штедилниците ги бараат Вашите лични податоци и податоците за вашата трансакција, единствено со цел да ги почитуваат барањата на важечката законска регулатива, без можност и дискреционо право да постапат поинаку. Воедно, сакаме да Ве известиме дека ажурирањето на овие податоци е и во Ваш интерес, бидејки банките и штедилниците ќе бидат во можност да донесат издржана одлука базирана на повеќе валидни информации и по однос на сите Ваши барања, ќе можат навремено и на точни адресни податоци да ги испраќаат месечните извештаи, соопштенијата и дополнителните материјали со кои се олеснува соработката, меѓу клиентите и нивната банка/штедилница. Со почит, ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВО ПРИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Потпишан Меморандум за соработка меѓу Здружението на банкарството и АФПЗРР ВО ФУНКЦИЈА НА ПОГОЛЕМО КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ПРЕТПРИСТАПНАТА ПОМОШ НА ЕУ Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Тони Димовски, и претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, Ѓорѓи Јанчевски, потпишаа Меморандум за соработка. Со склучувањето на овој документ се реализира мерка преземена од Владата, со што ќе се олесни постапката за добивање кредит за корисниците на финансиска поддршка кои склучиле договор за финансирање со Агенцијата. Со тоа, земјоделците ќе добијат поедноставна постапка за аплицирање во Програмата ИПАРД, соработка меѓу банките и Агенцијата во однос на размена на информации и охрабрување и поддршка од институциите кон земјоделскиот сектор во однос на проектите од Програмата ИПАРД. - Меморандумот е во функција на се` поголемо користење на средствата од претпристапната помош на Европската унија, бидејќи утврдивме дека постои простор за унапредување на состојбите во делот на финансирањето, односно обезбедувањето на потребните средства за

реализација на инвестициите, со оглед дека принципот на користење на средствата од претпристапната помош значи кофинансирање, или поврат на средствата по нивната реализација. Токму овој меморандум е во функција на надминување на овие проблеми, - истака Тони Димовски. Преку размена на информации, додаде тој, ова е значителен напор да се охрабрат банките при одобрувањето на кредити на своите клиенти, истовремено корисници на финансиска поддршка од Програмата ИПАРД.


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 март 2011

МОЖНОСТИ - Најголем проблем постоеше околу еволуирањето на проектите во делот на деловниот план во кој се елаборира целиот бизнис, односно проектот кој се очекува да биде кредитиран или кофинансиран од Програмата ИПАРД, - истакна Димовски. Според Ѓорѓи Јанчевски, целта е да се поедностават процедурите за земање кредити, да се направи унифициран деловен план кој ќе го прифатат и банките и побрзо да се дојде до средствата од ИПАРДфондовите наменети за земјоделците. Каматите за кредити во делот на земјоделството сега изнесуваат четири отсто. Интересот е најголем за првата и втората мерка од Програмата ИПАРД, односно за инвестиции во примарното производство и за преработувачките капацитети. Совет на Народна банка на Република Македонија ДЕТЕКТИРАНА ПОВИСОКА ИНФЛАЦИЈА , АМА ОТСТАПУВАЊАТА ОД ПРОЕКЦИИТЕ НЕ СЕ ГОЛЕМИ Според најновите макроекономски движења кои беа разгледани на седница на Советот на НБРМ ( 23.2.2011 година) инфлацијата од јануари 2011 година покажува продолжување на трендот на раст на општото ценовно ниво, почнато во август 2010 година. Инфлациските движења засега упатуваат на нешто повисока инфлација споредено со последните проекции, но оти отстапувањата не се големи. Месечната инфлација, како што се наведува во соопштението од НБРМ, изнесува 0,9 отсто, додека на годишна основа инфлацијата изнесува 3,2 отсто. Согласно очекувањата, во најголема мерка ценовните поместувања произлегуваат од растечката динамика на цените на храната, движени од растот на увозните цени, се наведува во соопштението, во кое се додава дека ифлациските движења, засега упатуваат на нешто повисока инфлација споредено со последните проекции. Сепак отстапувањата не се големи, а воедно и базичната инфлација (без храна и енергија) и натаму е ниска, при што забележано е забавување на нејзиниот годишен раст од 0,9 отсто во декември на 0,8 отсто во јануари. Од НБРМ наведуваат дека од аспект на индикаторите за економската активност, истите даваат различни сигнали, но сепак, засега трендовите укажуваат на задржување на позитивната динамика на раст во последното тримесечје, што е во согласност со проекциите. Од аспект на одделните индикатори, во последното тримесечје забележано е забрзување на растот кај трговијата на големо и кај телекомуникациите. Од друга страна, годишниот пад на индустриското производство се продлабочи, активноста во трговијата на мало забележа пад, наспроти растот во претходниот квартал, а забавување на растот е забележано кај активноста во градежниот сектор. Податоците за билансот на плаќања за периодот октомври - ноември 2010 година покажуваат дефицит во тековната сметка од 0,7 отсто од БДП, што претставува стеснување од 0,4 процентни поени од БДП во однос на истиот период од претходната

година. Во рамки на овој период капиталните приливи изнесуваа 0,5 отсто од БДП. Иако капиталните приливи во периодот октомври-ноември не беа доволни за покривање на тековниот дефицит, а трговскиот дефицит во декември се прошири, сепак во последниот квартал на девизниот пазар беше извршен нето-откуп на девизи, а девизните резерви бележеа раст. Ваквите движења укажуваат на дополнителни девизни приливи во економијата во последниот месец од годината, кои ги компензираа неповолните поместувања во периодот октомври-ноември. Поволните тенденции на девизниот пазар продолжија и во текот на јануари и февруари 2011 година. Со исклучок на две интервенции со нето-откуп на девизи во текот на јануари, во овој период на девизниот пазар Народната банка немаше трансакции со деловните банки. Притоа, девизните резерви забележаа мал пад во однос на крајот на претходната година, како последица на ефектите од вреднувањето. Од друга страна, без овој ефект девизните резерви забележаа раст. Ваквите промени отстапуваат од проекциите, според кои во првото тримесечје се очекува намалување на девизните резерви и со тоа упатуваат на можност за поповолна позиција на билансот на плаќања во овој период во однос на очекувањата. Според последните податоци, бруто девизните резерви на 11 февруари 2011 година изнесуваат 1,712 милијарди евра, се наведува во соопштението на НБРМ. Во текот на јануари 2011 година, кредитната активност на банките стагнираше, така што состојбата на вкупните кредити одобрени на приватниот сектор на крајот на јануари е непроменета во однос на крајот на претходната година. Мала позитивна месечна промена е забележана кај вкупниот депозитен потенцијал на банките, чијшто месечен раст во јануари изнесува 0,3 отсто. Во однос на истиот месец од претходната година, вкупните кредити се повисоки за 6,8 отсто, при што до крајот на првиот квартал се очекува забрзување на кредитниот раст до 8,4 отсто. Годишниот раст на вкупните депозити во јануари изнесува 12,9 отсто, а до крајот на тримесечјето се оценува истиот да достигне 13,1 отсто. Во текот на јануари 2011 година, кај каматните стапки не беа забележани поголеми промени. Сепак, каматните стапки на новоодобрените кредити продолжија да се намалуваат, при истовремен раст на цената на новопримените депозити. Советот ја усвои и Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за издавање согласности на банка. Најзначајните измени и дополнувања се однесуваат на постапката и документацијата за издавање согласност за изменување или дополнување на статут на банка, именување член на надзорен одбор и именување член на управен одбор на банка. Воедно, со оваа одлука се изврши усогласување со измените на Законот за банките во поглед на ограничувањето според кое лице на кое му е изречена споредна казна забрана за добивање дозвола за основање и работа на банка, одземање на дозвола за основање и работа на банка, забрана за основање нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење банкарски активности, не може да биде акционер со квалификувано учество во банка.


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

Македонската енергетска асоцијација за електричната енергија од обновливи извори СЕ ПЛАНИРААТ ИНВЕСТИЦИИ, А РЕГУЛАТИВАТА НЕДОЗАОКРУЖЕНА Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора на Македонија, на 25 февруари 2011 година, одржа тематска расправа за влијанието на производството на електрична енергија од обновливи извори врз регулацијата на електроенергетскиот систем во државата. -Темата е значајна од два аспекта, истакна претседателот на МЕА, д-р Димитар Хаџимишев. - Првиот аспект е се` поголемата актуелност и, популарност на производството на електрична енергија од обновливи извори и вториот аспект, кој досега речиси и не беше третиран, е нејзиното влијание, кое може дури да биде и ограничувачко за стабилноста на електроенергетскиот систем во Република Македонија. За актуелната состојба во Електроенергетскиот систем во државата, кој го карактеризира стагнација на нови производни капацитети во услови на поголем пораст на конзумот наспроти дефициитот на електрична енергија, која над 20% се обезбедува од увоз, и за влијанието на обновливите извори на енергија врз дневната варијација на конзумот говореа академик Томе Бошевски и професор Антон Чаушевски. Во нивната презентација беше дадена симулација за влијанието на ветерните електрани врз електроенергетскиот систем до 2015 година. Притоа, беше истакната стохастичната природа на ветерот и можните нарушувања што ќе ги предизвика врз електроенергетскиот систем, со оглед дека секое влегување и излегување во системот преизвикува преоден режим кај дотогаш вклучените производители на електрична енергија. Претставникот на Регулаторната комисија за енергетика, Наташа Вељановска, ги презентираше постојните регулативи, сегашното учество на енергијата од обновливи извори во финалната потрошувачка на елекрична енергија, планираните количини до 2020 година, односно учество на електрична енергија од овновливи извори од 20%, како и влијанието на обновливите извори на енергија врз цените на електричната енергија, во просек од 2% до 4%. Во однос на пристапот и приклучувањето на повластените производители на електроенергетските системи, таа ги истакна активностите на Регулаторната комисија за енергетика за регулирање на оваа проблематика, односно за пропишување на периодот за кој што ќе се применува обврската на операторите и за условите кои треба да ги испоонуваат повластените производители за приклучување на соодветен систем. Кога се зборува за електрична енергија од обновливи извори треба да се има предвид дека не сите имаат подеднакви влијание врз стабилноста на системот, беше истакнато во дискусијата. Малите хидоелектрани може да имаат позитивно дејство врз системот, тие се предвидливи, не влијаат врз зголемувањето на цената на електричната енергија и заедно со фотоволтаиците треба да се издвојат од ветерните електрани. Во заклучните согледувања, академик проф. Томе Бошевски и претседателот на МЕА, д-р Димитар Хаџи Мишев, ја оценија дебатата како корисна, особено што за прв пат се отвори темата од реален аспект – обновливите извори на енергија во државата се ограничени, наспроти сфаќањето во јавноста за нивната неисцпрност. Во интерес на стабилноста на електроенергетскиот систем, од аспект на безбедно приклучување на електричната енергија од обновливите извори, особено ветерната, Македонската енергетска асоцијација бара да се почитуваат роковите за донесување на секундарната

11 ТРИБИНА регулатива која произлегува од Законот за енергетика. Имено, во актуелните услови се планираат инвестиции во обновливи извори на енергија во отсуство на потребната регулатива, а со преобемни административни процедури. Исто така, МЕА повикува во најскоро време да се донесат и Правилата за пазар на електрична енергија, особено

значајни од аспект на балансирањето кое во актулените услови може да биде особено голем трошок, како и да се донесе стратегијата на МЕПСО и мрежните правила, за кои свое стручно видување ќе даде и Македонската енергетска асоцијација. Зорица Мешкова Покачувањето на електричната енергија и инвеститорите ТЕКОВНИТЕ УСОГАСУВАЊА НЕ ГО ПЛАШАТ СТРАНСКИОТ КАПИТАЛ Покачувањето на електричната енергија од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) нема сериозно да влијае на инвестициите и на инвеститорите, смета претседателот на Македонската енергетска асоцијација – МЕА, д-р Димитар Хаџимишев. - Ако секоја одлука на РКЕ влијае на инвеститорите, тогаш тие нема да доаѓаат и да инвестираат. Станува збор за тековно усогласување на цените, а не за некое поскапување на електричната енергија, изјави Хаџимишев пред почетокот на седницата на МЕА, одговарајќи на новинарско прашање, а го пренесува МИА. Академик Томе Бошевски, пак, смета дека трендот на поскапување на електричната енергија може да продолжи и во наредниот период. - Времињата на евтина електрична енегија се поминати. Неопходни се значајни инвестиции за постојните термо капацитети да продолжат да работат во наредните 10 до 15 години, а тоа некој треба да го плати, изјави академик Бошевски пред почетокот на седницата на МЕА во одговор на прашање. Тој прецизира дека искористувањето на јагленот во Суводол се максимални, а последниот коп има резерви уште за неколку години. - Тоа значи дека мора да се отворат нови копови и да се ревитализира опремата, бидејќи веќе ги има одработено предвидените работни часови. За тоа се потребни огромни инвестиции од 100-тина милиони евра, а инвестиција од 56 милиони евра за ревитализација на опремата веќе е во фаза на реализација. Покрај тоа, неопходно е комплетирање на отворањето на Брод Гнеотино, на подинскиот слој, сето тоа покажува дека цената на електричната енергија и во иднина ќе расте, појасни академик Бошевски.


БИЗНИС ИНФО

12 ПОКРОВИТЕЛИ За единаесет години ПЗУ „Филип Втори“ стана водечки медецински центар во регионот ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВА БОЛНИЦА

-Точно пред единаесет години ја направив првата операција на срце во „Филип Втори“. Оттогаш досега се извршени над 9.000 операции, над 120.000 прегледи, над 30.000 други интервенции. Денеска со гордост можеме да најавиме дека за три години Македонија ќе добие болница од светски ранг, најмодерна на овие простори. На 20.000 метри квадратни, со 9 операциони сали и 200 болнички кревети, тоа ќе биде болница со која ќе направиме исчекор во едно ново време и за Македонија и за целиот регион”, - нагласи д-р Жан Митрев на свеченото одбележување на 11 години на ПЗУ „Филип Втори“. На 1 март 2000 година започна со работа првата приватна болница по хируршки болести. Единаесет години подоцна, менаџерот на ПЗУ „Филип Втори“, д-р Жан Митрев го најави почетокот на изградба на новата болница. Болницата ќе се гради на локација на поранешниот парк на Воената болница и ќе биде целосно македонска инвестиција. Веќе е потпишан договор за соработка со голем концерн кој менаџира повеќе од шеесет болници во Германија и четири универзитетски центри. -Oвa e најдобриот начин за создавање на европски кадар. Секоја година, во следните пет, 10-тина најдобри студенти од штипскиот Универзитет „ Гоце Делчев“ ќе заминат на петгодишна специјализација во Германија. По нивното враќање во Македонија, следи вработување во ПЗУ „Филип Втори“. Ова е навидум невидлива инвестиција која ќе донесе големи долгорочни предности за цела Македонија, - додаде Митрев. ПЗУ „Филип Втори“ е покровител на Стопанската комора на Македонија. Бројки и факти

„ФИЛИП ВТОРИ“

„Филип Втори“ во регионот претставува една од ретките здравствени институции, каде што од високо развиените земји на Европа и Америка, пациенти за операција на срце доаѓаат во Македонија. Девет илјади кардиоваскуларни операции се изведени во овие 11 години. • 5020 операции на бајпас на срце, од кои во минимално инвазивна техника се направени 682. • Во 56% од сите бајпас-операции на срце не е користена вена, туку срцето комплетно се реваскуларизира.

четврток, 03 март 2011

• Почеток со 20 вработени, а денес во ПЗУ „Филип Втори“ 210 здравствени работници се посветени секојдневно на својата цел – да помогнат онаму каде што треба. • На стартот со една гранка во медицината, а денес со над 40 специјалисти кои работат во различни области. • За растот зборува и фактот дека во 2000 година се направени 220 операции, додека во 2010 година таа бројка беше 1800. • Изминативе 11 години лидери во својот домен, со воведувањето на нови технологии и дијагностички помагала, нови техники на оперирање, нов пристап во медицината во однос на минимално инвазивните техники, како во хирургијата, така и во анестезијата. • Максимална посветеност на осовременување и развивање до највисок степен на предоперативната подготовка, како и раната постоперативна терапија и нега. • Воведено компјутеризирано следење на пациентите. • Намалена болничката смртност. Таа бројка го достигна нивото под 1 % смртност, што е повеќе од одличен резултат и во светски рамки. • Квалитетот во водечкиот центар за кардиоваскуларни болести „Филип Втори“ стана препознатлив во целиот регион, каде што остануваме број еден избор за операции. • Направени се сите видови на комбинирани операции на најтешко болни пациенти, поради повеќе инфаркти и развој на аневризма на срцето, има 722 такви оперирани случаи. • Во бајпас-хирургијата со валвуларна хирургија има 768 пациенти. • Во митралната валвуларна хирургија, замена и реконструирање кај повеќе од 518 пациенти. • Во аортната валвуларна хирургија бројот на пациенти е 587. • Корекција на конгенитални дефекти направени кај 259 пациенти. • Операции заради акутна аортна дисекција се извршени кај 121 пациент. • Во други аортни аневризми бројката на пациенти е 98. • Извршени 7000 коронарографии. • 2000 стентирања. • Успешно извршени 202 интервенции на пациенти со вродена срцева маана. Активни во сферата на едукацијата • Повеќе од 300 научни презентации на сопствени трудови ширум целиот свет. • Повеќе десетици публицирани трудови со оригинални методи во најпознатите медицински списанија. Неколку меѓународни награди и признанија за посебни заслуги • Болницата е опремена со најмодерна медицинска опрема, воведени се и најмодерни компјутерски технологии во следење на пациентите, медицинската документација и архивирањето. • Сите постапки, како медицински, така и административни се стандардизирани, а институцијата поседува ИСО сертификација –единствена во оваа област.


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

„Електрани на Македонија“ потпишаа Договор за заем со Дојче Банка од 16 милиони евра ГРАДБА НА ГЛАВНИОТ ТРАНСПОРТЕН СИСТЕМ ЗА ЈАГЛЕН ОД БРОД-ГНЕОТИНО ДО СУВОДОЛ „Електрани на Македонија“ со сопствени и средства со заем од Дојче Банк во наредните месеци ќе го гради главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод-Гнеотино до површинскиот коп Суводол. Вкупната инвестиција е 18,6 милиони евра, од кои 2,6 милиони се сопствени средства, а 16 милиони се заем од Дојче Банк. Договорот е потпишан, а гаранција за заемот е Република Македонија. Овој транспортен систем ќе овозможи континуиран, брз и ефикасен транспорт на јагленот од извозната рампа на усекот во новиот површински коп БродГнеотино, до местото за истовар на јагленовиот систем во рудникот „Суводол“. Избрана е траса во вкупна должина од 10 километри, – објавува МИА. - Со реализацијата на Проектот ќе се заокружи процесот на производство и испорака на јаглен од новиот површински коп до постојниот рудник „Суводол“ и потоа заедно со јагленот од постојниот рудник „Суводол“ и од подинската јагленова серија на рудникот очекуваме да го продолжат векот на работа на РЕК „Битола“ во наредните 20 до 25 години, - истакнал на потпишувањето на договорите генералниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чингоски. За целосно отворање на површинскиот коп БродГнеотино се потребни вкупни инвестиции од 94 милиони евра и оти досега ЕЛЕМ има вложено над 65,5 милиони евра, од кои 42,8 милиони евра сопствени средства, а останатите 22,7 милиони евра се обезбедени преку кредитни средства. Првите количини јаглен од новиот коп се извадени во 2010 година и до денес до ТЕ „Битола“ се транспортирани околу 600.000 тони јаглен преку дисконтинуиран транспорт. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој го потпиша Договорот за гаранција меѓу Владата на Република Македонија и Дојче Банка, Проектот е од особено значење за стабилноста на електроенергетскиот систем во земјата, бидејќи РЕК „Битола“ произведува 70 отсто од домашната електрична енергија. - Секој договор за инвестиции е добра работа, а инвестирањето во енергетиката е одлична работа, оцени министерот по потпишувањето. -Заемот е даден под исклучително поволни услови - 17 полугодишни рати со камата која во моментов изнесува 2,9 отсто. Опремата за транпортниот систем ќе се монтира

13 ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА во наредните месеци. Договор за набавка и монтажа е потпишан со германската компанија „Тисен Крупп“ која даде најповолна понуда на меѓународен тендер минатата година. Фабриката за амортизери „СТД“ од Нов Дојран ИНОВАЦИЈАТА ОБЕЗБЕДУВА СТРАНСКИ КУПУВАЧИ Фабриката за амортизери „СТД“ од Нов Дојран, која е добитник на меѓународната награда за најдобра иновација за „хидроуличниот телескопски амортизер“, на почетокот од годината веќе ги договори првите извозни зделки со меѓународни партнери од Босна и Херцеговина. Веќе 28 години се познати на домашниот пазар и балканските простори по својата иновација и масовна употреба на нивни амортизери на камиони, автобуси и камионски приколки, а годинава за прв пат започнуваат со производство на амортизери за вагони, наменети за Македонски железници, – објавува МИА. - Верувам дека резултатите доаѓаат заради нашиот квалитет, но за пазарната реализација мора да се погрижиме самите, заради што минатата година присуствувавме на доста саемски манифестации, како Нирнберг, Франкфурт, Германија, Турција, имавме средби со производители на автомобили од програмата на „Фолцваген “ и „Мерцедес“ во Крагуевац, Србија и сето тоа носи и нови нарачки, - вели управителот на фабриката Теодора Каракашева. Во подготовка е изградба на нов погон со цел да се задоволат растечките потреби на нарачателите и најавената соработка со железничките компании од Србија и Турција. Тоа ќе доведе до надминување на бројката на сегашното годишно производство од 10.000 амортизери. Фирмата „СТД“ од Нов Дојран е основана 1983 година од машинскиот инженер Стојче Тасев, кој изумил “автомат со топче“ и започнал сериско производство на истото, за кое после две години, во 1985 добива наградата за најуспешна иновација. Почна со работа „Винер животно осигурување“ СИГУРНОСТ СО 900 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО Само 900 денари месечна премија, флексибилни услови, договори на пет, десет, петнаесет, дваесет и 30 години, се дел од бенефитите на пазарот што ги нуди новата компанија „Винер животно осигурување“. - Поучени од претходните искуства на пазарот, познавајќи ги условите и можностите на населението потполно свесни за значењето на животното осигурување и зошто е тоа важно, направивме специјални пакети, прилагодливи според барањата и условите на клиентите. Тоа беше нашата вистинска цел, а знаеме дека клиентите ќе имаат доверба во нас, бидејќи сепак зад Винер Лајф стои 180-годишна традиција на Виенската осигурителна групација, изјави Елена Мартиновска, генералниот менаџер


БИЗНИС ИНФО

14 ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА на „Винер животно осигурување“, а ја цитира МИА. Според неа, со овој тип на осигурување се мисли на иднината, безбедноста на семејството, претставува планирање, се користи за едукација на децата, за осигурување при подигнување кредит, значи придонесува животот да е убав.

четврток, 03 март 2011

Според компанијата, белиот двопек погоден за брзи и лесни оброци, нуди можност за креативна примена во кујната при подготовка на најразновидни вкусни јадења. `Ржaниот двопек, пак, е збогатен со диететски влакна што го прави лесен за дигестија и идеален за одржување витка линија. УСОГЛАСУВАЊА До 1 април 2011 година ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ ЗА УПИС НА АДРЕСА НА ЕЛЕКТРОНСКО САНДАЧЕ * Обврска на трговските друштва и другите правни лица согласно последните измени и дополнувања на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица

Компанијата почна и официјално со работа. Проценките на „Винер осигурување“ се дека македонскиот пазар допрва ќе се развива за оваа услуга. Во моментот бројките покажуваат дека околу 2 отсто од населението има животно осигурување, вели Мартиновска и очекува раст во иднина кон што особено ќе придонесе реализацијата на иницијативата полисата да се земе како гаранција за кредит од страна на банките, како што е случај во западните земји. Таа посочи дека кај домашните банки постои интерес. Два нови производа на „Жито Лукс“ БЕЛ И `РЖЕН ДВОПЕК НА ПАЗАРОТ Бел двопек и двопек со `рж во картонски и практични пакувања од 250 грама се двата нови производа што „Жито Лукс“ АД - Скопје ги пласираше на пазарот, – објавува МИА. - Задоволување на потребите на нашите потрошувачи е наша примарна цел. Токму поради ова постојано го збогатуваме нашиот асортиман и овој месец лансиравме на пазарот два нови производa од категоријата двопек - бел и `ржан двопек. Сметаме дека со овие наши производи ќе ги задоволиме потребите на потрошувачите кои сакаат да имаат вкусен, а воедно и здрав оброк, - вели Лидија Трајковска, менаџер во секторот за маркетинг во „Жито Лукс“.

Согласно последните измени и дополнувања на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, (Службен весник на РМ”, бр. 17/11), од 19 февруари 2011 година (од кога овие измени влегоа во сила) се овозможува електронско регистрирање на трговски друштва, како и електронско следење на стечајните постапки преку системот на Централниот регистар. Преку можноста за електронско регистрирање на трговски друштва уште повеќе ќе се поедностави и скрати постапката за упис на субјектите во соодветните регистри кои ги води Централниот регистар на Република Македонија. Со измените на овој Закон е предвидена и можноста за донесување Решенија во електронска форма за упис на субјектите во соодветниот регистар, со тоа што по барање на овластениот подносител, решението може да му се достави на субјектот на упис и во писмена форма. Решението донесено во постпаката на електронско поднесување на документите за упис во регистарот, ќе се смета за доставено кога истото ќе биде објавено на официјалната веб-страница на ЦРМ, со тоа што Централниот регистар има и обврска да достави примерок од решението на електронското сандаче на субјектот на упис за кој е донесено решението. Со цел да се овозможи имплементација на овие решенија во праксата, согласно член 20 од Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, предвидено е дека субјектите на упис запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица се должни најдоцна до 1 април 2011 година да поднесат пријава за упис на адреса на електронско сандаче за достава на писмена и други податоци кои се донесуваат во електронска форма преку едношалтерскиот систем. За неисполнување на оваа обврска за сите правни лица регистрирани во соодветниот регистар во Централниот регистар на РМ, предвидени се глоби, во следните износи: (1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за субјектот на упис, и (2) Глоба во износ од 250 до 500 евра во денарска противвредност за одговорното лице.


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

Македонија на средина од просекот во ЕУ и од ЈИЕ по иновациски перформанси КОМПАНИИТЕ ВО ЗЕМЈАВА САМО ПЕТТИНА ОД ИНВЕСТИЦИИТЕ ВЛОЖУВААТ ВО ИНОВАЦИИ Македонија е земја со средни иновациски перформанси во споредба со земјите од Европската унија. Во моментот нејзиниот просек е 0,28 и таа се наоѓа на средина од просекот во земјите од Европската унија и од Југоисточна Европа. Ова го покажува извештајот на Европската иновациска матрица за Република Македонија што како документ за првпат беше презентиран во државата. – објавува МИА. Најголема слабост е забележана во областа на финансирањето и поддршката, односно компаниите инвестираат само 20 отсто од своите инвестиции во нови производи. Се препорачува да се направи структуриран систем на следење на иновациите и да се зголемат инвестиците во овој дел. Министерот за економија Фатмир Бесими најави дека покрај оваа матрица која ќе се прави во иднина со цел да се следи движењето на државата, ќе се направат и иновациски политики во соработка со ОЕЦД и ќе се настојува во следниот период да се зголемат инвестициите во истражувањето. - Во Лисабонската конвенција е посочено дека 3 отсто од БДП треба да се инвестира во иновации и развој и тој таргет за земјите од Европската унија треба да се постигне до 2020 година. Македонија во моментот има околу 0,18 проценти и како мала земја, но отворена, ќе настојуваме во тој период да го зголемиме учеството на инвестициите во истражувањето и развојот, изјави Бесими. Објавен третиот оглас за користење на ИПАРсредствата АПЛИЦИРАЊЕТО ТРАЕ ДО 14 АПРИЛ 2011 ГОДИНА Објавен е третиот јавен повик за средствата од ИПАРД- програмата, проектиран на вкупно 20,72 милиона евра и ќе трае до 14 април годинава. Според Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пристигнатите апликации ќе се обработуваат до средината на јули, по што е предвидено и потпишување договори за одобрените проекти. Четвртиот оглас се планира за периодот 14

15 ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ

јули - 29 август 2011 година, а петтиот за 24 октомври - 8 декември 2011 година. Договорите за одобрените проекти од овие два следни јавни повика би требало да се потпишат кон крајот на годинава, односно во март/април 2012. Минатата година беа објавени два ИПАРДогласа, првиот со буџет од 24,32 милиона евра, а вториот со 40,028 милиони евра. На првиот повик пристигнаа 132 барања и беа потпишани 27 договори за повлекување 2,1 милион евра. Досега четири корисници ги добија парите. На вториот повик пристигнаа 112 барања, но тие се` уште се во фаза на обработка. Финансиските средства од ИПАРД-програмата се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства, со цел нивно преструктурирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на ЕУ и за диверзификација и развој на руралните економски активности. Целта на ИПАРД-програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделскопрехранбениот сектор. Министерството за економија објави оглас КОНЦЕСИЈА ЗА 44 МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ Министерството за економија објави оглас за доделување концесија за вода за производство на електрична енергија од 44 мали хидроелектрични централи.Новите 44 хидроцентрали се нудат под моделот - проектирање, изградба, оперирање и пренос на сливовите на реките Вардар, Струмица и


16 ОПШТИНСКИ БИЗНИС

БИЗНИС ИНФО

Црн Дрим. Концесијата се нуди за период од 23 години согласно Законот за води и Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство. Понудите на заинтересираните инвеститоти треба да бидат доставени до архивата на Министерството за економија најдоцна до 30 мај годинава, а јавното отворање на понудите е закажано за 31 мај 2011 година во 10 часот. Промовиран системот за „Интероперабилност“ меѓу државните органи и институции ЗАФАТ ВО ПРАВЕЦ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС КЛИМАТА ВО ЗЕМЈАВА -Очекуваме уште поголемо подобрување на бизнис климата и порака дека во земјата се воведуваат стандарди воведени во најразвиените држави во светот. Со овие мерки продолжуваме со посветеноста на реформите и овозможуваме поквалитетни и поефикасни услуги за сите граѓани, истакна мр Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија кој придружуван од министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во Централниот регистар го промовира системот за меѓусебно поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институции. – објавува МИА. Со проектот „Интероперабилност“ првично се поврзуваат Централниот регистар, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар, Царинската управа, а во најкус период ќе се поврзе и МВР. Како што појаснил министерот Ивановски, се работи за платформа која на безбеден, ефикасен и модерен начин овие институции ќе разменуваат податоци. - Со проектот се опфатени 138 услуги и 60 документи. Тоа се речиси сите услуги кои институциите ги нудат на граѓаните и компаниите, изјави Ивановски, додавајќи оти проектот „Интероперабилност“ постојано ќе се надградува, а неговата вредност е еден милион американски долари. Со овој проект, потенцира премиерот м-р

четврток, 03 март 2011

Никола Груевски, почнува една од покрупните реформи во делот на државната и јавна администрација, на што Владата е посебно фокусирана. - Се работи за поврзување на институциите по електронски пат, со што ќе им се овозможи на граѓаните давање услуги без при тоа да мораат да бараат претходни документи за да дојдат на финалниот шалтер каде им е потребен документ. Ќе биде доволно да се дојде на шалтер во соодветната институција, која ќе ги провери податоците кои се потребни и на тој начин за кратко време да се даде потребната услуга за граѓаните, додал м-р Никола Груевски. Според него, ова е само почеток затоа што постепено ќе се вклучуваат и другите институции, за да може во последната фаза да се дојде до меѓусебно електронско поврзување на сите државни институции, по можност и на судовите.


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

Руски инвеститори ги истражуваат потенцијалите од бакарна руда во пехчевско ШАНСА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРЕПОРОД НА МАЛЕШЕВИЈАТА Геолошките истражувања на потенцијалите од бакарна руда на подрачјето на Општина Пехчево на површина од околу тринаесет километри квадратни и се доверени на компанијата „Кадиица – метал“ членка на рускиот гигант „Солвеј“ од Москва, – објавува МИА. Руските инвенститори на име концесии за истражување на бакарот на сметката на Општина Пехчево веќе ја уплатија првата рата од концесијата од 120 илјади евра.

17 ОПШТИНСКИ БИЗНИС

однос на реновирањето на водоводната мрежа, истакнал вицепремиерот Ставрески по потпишувањето на договорот. С п о р е д градоначалникот Велков станува збор за значајна финансиска поддршка за општината со која ќе се изврши ревитализација на водоводната мрежа и ќе се обезбеди почиста и поквалитетна вода за пиење, а ќе се намалат и техничите загуби на ЈКП. Заемот е дел од кредитот што македонската Влада во 2009 година го потпиша со KfW во износ од 8 милиони 635 илјади евра наменет за реализација на проектот „Водовод и канализација на општините“, фаза еден. Со проектот се опфатени општините Битола, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Неготино, Радовиш и Тетово, а целта е да се обезбеди одржливо снабдување со вода за пиење на населението и подобрување на водоводните системи. ПАРАЛЕЛИ

Според договорот, истражувањата ќе траат две години, по што ќе биде отворен новиот рудник на бакар во Македонија, а првите длабински дупчења ќе почнат пролетва, односно по два месеца. Вкупната руска инвестиција во геолошките истражувања на бакарот во Пехчево и за отворање на рудникот ќе изнесува сто милиони евра и за почеток ќе обезбеди стотина вработувања. Од досегашните истражувња во атарот на Кадиица кај Пехчево се утврдени геолошки резерви од над 200 милиони тони бакарна руда со мошне висок квалитет. - Радува фактот што експлоатацијата на бакарната руда нашите руски партнери ќе ја вршат подземно со високо софистицирана технологија, без деградација на природната средина, - вели градоначалникот на Пехчево Јованчо Станоевски и очекува руските инвестиции да овозможат раздвижување на стопанството не само во Пехчево, туку и во цела Малешевија. Ќе се ревитализира водоводната мрежа во Радовиш со заем од KfW банката ЧИСТА И КВАЛИТЕТНА ВОДА БЕЗ ТЕХНИЧКИ ЗАГУБИ Со заем од 318 илјади евра од германската кредитната банка за обнова KfW ќе се врши ревитализација на водоводната мрежа во општина Радовиш. Кредитот е обезбеден преку Владата на Република Македонија со поддршка од германската Влада под исклучително поволни услови со период на отплата од 28 години и грејс период од десет години, а со годишна каматна стапка од 2 отсто. Договорот за заемот во Радовиш го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот на општината Роберт Велков и директорот на Јавното комунално претпријатие „Плаваја“ Благој Лукаров. – јавува МИА. - Се работи за исклучително поволен кредит кој со оглед на финансиските можности на Јавното претпријатие и општината нема да предизвика товар врз општината, а од друга страна ќе помогне да се реши дел од проблемот во

Еврoстат со загрижувачки параметрите за регионот ЗЕМЈИТЕ-КАНДИДАТКИ ДАЛЕКУ ПОД ПРОСЕКОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА * Жителите на земјите-кандидати за членство во ЕУ според сите параметри далеку заостануваат зад просечните показатели на Унијата, покажуваат резултатите на Европската статистичка служба Евростат. Според податоците на Евростат за 2009 година, дури половина од месечните проходи на домаќинаствата во Албанија се трошат за набавка на храна. Во Црна Гора за таа цел „одат“ 35 отсто од семејните приходи, во Босна и Харцеговина 30, а во Србија и Хрватска по околу 25 проценти. Исклучок од ова правило е Исланд, чии жители на храна трошат 15 проценти од своите месечни приходи, колку што е и просекот во ЕУ. Во содносот меѓу бруто-домашниот производ по глава на жител и потрошувачката способност на населението, Македонија и Србија се на нивото од 35 отсто од просекот во ЕУ, додека Црна Гора е нешто подобра со ниво од 40 отсто. Според овој параметар, меѓу поранешните југословенски републики најдобро стои Хрватска каде што нивото е 60 отсто од просекот на ЕУ. Што се однесува до старосната структура на населението, убедливо „најмалада“ популација има Косово, каде 30 отсто од жителите се помлади од 15 години, 63 отсто се на возраст од 15 до 64 години, а само седум отсто од Косовците се постари од 65 години. Процентот на жителите помлади од 15 години во Србија е двојно помал во оснос на Косово, а од друга страна процентот на Срби постари од 65 години е двојно пголем од косовскиот. Популацијата под 15 години опфаќа по околу 25 отсто од населението во Албанија и Труција и по околу 20 отсто од жителите на Исланд и Црна Гора. Во 2009 година во ЕУ во просек имало 450 автомобили на 1000 жители, во Косово нешто над 50, во Србија 220, а во Хрватска 340. Единствен показател според којшто балканските земји се подобри од просекот на ЕУ е бројот на корисници на мобилни телефони на 1000 жители. Шампион е Црна Гора каде што има 1500 корисници на мобилни телефони на 1000 жители, а по неа следуваат Србија и Хрватска со по 1300, додека просекот во ЕУ е далеку помал.


18 СТАТИСТИКА

БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 март 2011

Менаџерите во преработувачката индустрија со оптимизам во јануари 2011 година ОЧЕКУВАЊА ПРОИЗВОДСТВОТО И ВРАБОТЕНОСТА ДА РАСТАТ Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во јануари 2011 година како поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на јануари 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во јануари 2011 година бележи пораст во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во јануари 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јануари 2011 година се намалени во споредба со претходниот месец. Според оценката на менаџерите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се зголемат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2011 година изнесува 58,6% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јануари 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 19,8%, недоволната домашна побарувачка со 17,0%, финансиските проблеми со 12,6% и неизвесното економско опкружување со 10,1%. Во 2010 година активни били 75.497 друштва, од кои 37,5 отсто во трговијата ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ ТРЕТИНИ АКТИВНИ ФИРМИ СО 1 ДО 9 ВРАБОТЕНИ Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2010 година изнесува 75497. Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 28326 субјекти или 37,5% и Преработувачка индустрија со 8263 субјекти или 11,0%. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 107 субјекти или 0,1% и Рударство и вадење на камен со 164 субјекти или 0,2%. Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 78,5% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени (или субјектите не го прикажале податокот за вработени) со 14,2%, па субјектите со 10-19 вработени со 3,3%, учеството на субјектите со 20-49 вработени е 2,1%, со 1,6% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0,3% од активните деловни субјекти се со над 250 вработени. Потрошувачите со неповолните очекувања за општата економска состојба на државата во февруари 2011 година ОД МЕСЕЦ ВО МЕСЕЦ СЕ` ПОТЕШКО Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во февруари 2011 година е намален за 2,27 процентни поени во однос на вредноста од претходниот месец. Намалувањето е резултат на неповолните очекувања за општата економска состојба на државата, како и


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

19 СТАТИСТИКА

очекувањата за финансиската состојба во следните 12 месеци. Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, во февруари 2011 година се малку поповолни во споредба со очекувањата од претходниот месец. Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во февруари 2011 година се понеповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на февруари 2010 година. Во февруари 2011 година домаќинствата оцениле дека економската состојба во државата во следните 12 месеци ќе биде понеповолна во однос на претходниот месец, додека очекувањата за невработеноста во следните 12 месеци се поповолни во однос на прeтходниот месец. Нето и бруто-плати во декември 2010 година БРУТО ПРОСЕК ОД 500 ЕВРА Нето-плата по вработен Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, изнесува 104,7. Ваквото зголемување се должи, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (17,9%), Рибарство (11,7%) и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (11,2%). Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Сообраќај, складирање и врски (26.5%), Рударство и вадење на камен (11,2%) и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (10,4%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2010 година изнесува 21.454 денари. Во декември 2010 година, 2,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата. Бруто-плата по вработен Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, изнесува 102,7. Ваквото зголемување е резултат, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (19,3%), Рибарство (10,4%) и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (9,1%). Зголемување на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Сообраќај, складирање и врски (23,5%), Рударство и вадење на камен (12,0%) и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (9,9%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2010 година изнесува 31 435 денари. Во декември 2010 година, 2,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 03 март 2011

ЗАФАТИ ЕУ-фондови за истражување и иновации: Консултации за радикални промени во создавање на раст и на повеќе работни места ВО ПОТРАГА ПО ЕФИКАСЕН „ИНОВАТИВЕН СИНЏИР“ Европската комисија започна консултација за поголеми подобрувања при финансирањето на ЕУ за истражување и иновации: да се направи полесно учеството, да се зголеми научното и економското влијание /ефект и да се подобри искористеноста на парите. Предложената „Заедничка стратешка рамка„ изнесена во Зелената книга, ќе ја опфати тековната Рамковна програма за истражување (ФП7), Рамковната програма за конкурентност и иновативност (ЦИП) и Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ). Ова ќе создаде кохерентен сет на инструменти, по целиот „иновативен синџир„ почнувајќи од основните истражувања, кулминирајќи со донесување на иновативни производи и услуги на пазарот, и исто така во поддржувањето на нетехнички иновации, на пример, во дизајн и маркетинг. Зелената книга на Комисијата, исто така обезбедува база за далекосежно поедноставување на процедурите и правилата. Измените имаат за цел да го зголемат придонесот на финансирањето на ЕУ за истражување и иновации во Унијата за иновации и во Стратегијата „Европа 2020“. Акционерите имаат време да одговорат до 20 мај 2011 година. - Нашата цел е да се зголеми вредноста на секое вложено евро кое ЕУ го инвестира во истражување и иновации. Ние сакаме фондовите на ЕУ да го реализираат својот огромен потенцијал и да генерираат раст и работни места и да го подобрат квалитетот на животот во Европа, во соочувањето со застрашувачките предизвици, како што се климатските промени, енергетската ефикасност и безбедноста на храната. Со правењето на нашите програми да бидат покохерентни и поедноставни, ние ќе го направиме животот полесен за истражувачите и иноваторите – особено за МСП – да привлечат повеќе апликанти и да добијат уште подобри резултати. Јас очекувам една екстензивна, обемна и иновативна дебата, со користење на интернет и социјалните медиуми, – истакнува комесарот за истражување, иновации и наука Мари Геочеган-Квин (Máire Geoghegan-Quinn). Комесарот Геочеган-Квин ја издава Зелената книга во соработка со шест други комесари одговорни за истражување и иновации, потпретседателите: Калас (Kallas), Крос (Kroes) и Тајани (Tajani), како и комесарите Василиу (Vassiliou), Поточник (Potočnik) и Отингер (Oe�nger). ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ФОНДОВИТЕ Во својата Зелена книга, Комисијата предлага „Заедничка стратешка рамка“, со комбинирање на три клучни аспекти. Првиот аспект - е јасен фокус на трите взаемно поткрепени цели: давање на ЕУ една светска научна база; зголемување на конкурентноста; како и справување со големи предизвици како што се климатските промени, ефикасност на ресурсите, енергијата и безбедноста на храната, здравјето и стареењето на населението. Вториот аспект - е правењето фондовите на ЕУ да бидат поатрактивни и полесни за пристап за учесниците, на пример, преку една единствена влезна точка со заеднички ИТ-алатки или едношалтерски систем за давање совети и поддршка на учесниците низ целиот процес на финансирање. Исто така, Заедничката стратешка рамка ќе овозможи поедноставен и порационализиран сет на инструменти за финансирање да го покриваат

целосно иновацискиот синџир, вклучувајќи ги базичните истражувања, применетите истражувања, соработка меѓу академските институции и индустријата и компаниите на ниво на иновации. Флексибилноста ќе биде промовирана за поттикнување на разновидност и ангажирање на бизнисот. Апликантите треба да бидат во можност да аплицираат во неколку различни проекти без постојано обезбедување на истите информации. Третиот аспект - ќе постојат далеку поедноставни и поконзистентни постапки за сметководство за користење на добиените фондови. Ова може да вклучи, на пример, поголема употреба на еднократни исплати. Поголема едноставност ќе направи финансиската контрола на парите на даночните обврзници на ЕУ да е полесна и поефикасна. Други идеи во Зелената книга се: дополнителни чекори за здружување на националните фондови за истражување на земјите-членки; подобри врски со кохезивното финансирање, користење на фондовите на ЕУ за стимулирање на јавните набавки; повеќе користење на награди; натамошно јакнење на улогата на Европскиот совет за истражување и на финансиските инструменти, како што е Инструментот за споделување на финансискиот ризик и кредитна гаранција, вложување на капитални инвестиции; како и изготвување на сет на индикатори за мерење на успехот на ЕУ-фондовите за истражување и иновации. Комисијата, во наредните недели ќе распише конкурс за да најде најинспиративно име за новата заедничка рамка. Предлозите на Комисијата ги имаат земено предвид времените евалуации на тековната 7-ма Рамковна програма и на Рамковната програма за конкурентност и иновативност. СЛЕДНИ ЧЕКОРИ Расправата е отворена за коментари, а краен рок за придонес со сугестии е 20 мај 2011 година. На 10 јуни 2011 година, Комисијата ќе организира голема завршна конференција како продолжение на јавната расправа. Името на новата Стратешка рамковна програма ќе биде објавено таму. Комисијата ќе донесе пред крајот на 2011 година законски предлог за трошење на средства за истражување и иновации според идниот ЕУ-буџет по 2013 година. РАМКОВНА ПРОГРАМА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ ФП7 Тековната Рамковна програма за истражување ФП7 има буџет од 53 милијарди евра (2007-2013). Досега се финансирани повеќе од 9000 проекти. Една студија има проценето дека проектите избрани за финансирање само во 2011 година ќе создадат до 165.000 работни места Рамковната програма за конкурентност и иновативност има буџет од 3,6 милијарди евра (20072013) и има поддржано повеќе од 100.000 МСП преку самите гаранции на кредитот и како иновативни ИКТ-пилот-проекти. Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ) е едно автономно тело на ЕУ кое стимулира светски водечки иновации, преку пионерски концепт на заедници на знаење и иновации. ЕИТ има добиено 309 милиони евра од буџетот на ЕУ за периодот 20072013 година. Јадранка Аризанковска


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

21

КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС „Дојче телеком“ вo 2010 година НЕТО-ПРОФИТ ОД 1,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Германскиот телекомуникациски гигант „Дојче телеком“ лани оствари нето-профит од 1,7 милијарди евра, што е неколкукратно повеќе од чистата заработка во 2009 година од 353 милиони евра. Компанијата за лани очекуваше нето-профит од 2,8 милијарди евра, но ваквите прогнози не се остварија поради дополнителните трошоци во послениот квартал. Н а с п р о т и зголемениот профит, вкупниот лански приход на „Дојче телеком“ е намален за пет отсто на 62,4 милијарди евра. Ваквите деловни резултати се последица на спојувањето на британската филијала на „Дојче Телеком“ за мобилна телефонија „Т-мобајл УК“ со францускиот телекомуникациски оператор „Оранж“. „Волво“ ќе инвестира 8 милијарди евра во Кина ИЗГРАДБА НА НАЈМАЛКУ ДВЕ ФАБРИКИ Шведската фабрика „Волво“ ќе изгради најмалку две нови автомобилски фабрики во Кина, од кои едната во Шенгду, каде што сопственикот на овој автомобилски гигант, кинескиот „Џили“ веќе има своја фабрика, јави дописникот на МИА од Гетеборг. Со новите вложувања се изразуваат надежи дека по четири години годишно ќе се продаваат најмалку 200.000 автомобили „Волво“. Ге н е р а л н и о т директор на „Волво“, Стефан Јакоби вели дека компанијата има намера да инвестира околу 75 милијарди шведски круни (преку осум милијарди евра) во Кина во наредниот петгодишен период. - Вложувањата во Кина нема да имаат влијание на производството или во однос на вработените во фабриките на „Волво“ во Шведска и во Белгија, рече Ли Суфу, претседател на Управниот одбор на „Волво“ во Кина. Главната канцеларија и центарот за технички развој и дизајн на „Волво“ во Кина ќе биде сместен во Шангај. „Боинг“ победник во американската „мега зделка“ ИЗРАБОТКА НА АВИОНИ-ТАНКЕРИ ЗА 35 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Пентагон одлучи 35 милијарди долари вредната здела за изработка на авиони-танкери, да и ја додели на американскиот „Боинг“. За тој договор со американското Министерство за одбрана речиси цела деценија се натпреваруваа „Боинг“ и ЕАДС (Европскиот конзорциум за изработка на воздухоплови, воена и вселенска опрема). САД настојуваат да заменат 179 авиони-танкери за дополнување на гориво во воздух, кои се наоѓаат во

застарената флота на американското воено воздухопловство, составено од авиони „Боинг“ од типот „боинг КЦ-135“ од 50те години на минатиот век. Секретарот на воздухопловството Мајкл Дони изјави дека на „Боинг“ ќе му бидат исплатени 3,5 милијарди долари за првите 18 летала, кои треба да бидат испорачани во 2017 година. СОСЕДИ Регионална статистика БУГАРСКИОТ СЕВЕРОЗАПАД НАЈСИРОМАШЕН ВО ЕУ Бугарскиот Северозападен регион е најсиромашен во ЕУ со само 28 отсто од БДП на Унијата по човек, а најбогати де луѓето во централниот дел од Лондон, со 343 отсто од БДП на ЕУ. Тоа се податоци на Евростат за 2008 година, објавени на сајтот на Европската служба за статистика. Романскиот Североисточен регион е на претпоследно место со 29 отсто од просечниот БДП во Унијата. Во вкупно 64 региони, Евростат објави за БДП помал од 75 отсто од просечниот во Унијата, и од нив, 15 се во Полска, по седум во Чешка и Романија, шест во Бугарија и Унгарија, по четири во Италија и Португалија, три во Грција, Франција и Словачка, два во Велика Британија и по еден во Шпанија, Естонија, Латвија и Летонија. Втор по богатство, по централен Лондон, е Луксембург (279 отсто), следуваат Брисел (219 отсто), Гронинген (198 отсто), Хамбург (188 отсто) и Прага со 172 отсто. Над 60.000 бугарски фарми не ги задоволуваат стандардите на ЕУ БАЛКАНСКИТЕ НАВИКИ ТЕШКО СЕ НАПУШТААТ Меѓу 60.000 и 65.000 бугарски фарми не ги исполнуваат европските услови врзани за хигиената, а од нив 24.000 го продаваат млекото на пазарот, изјави заменик министерот за земјоделство и исхрана Цветан Димитров. Тој истакна дека по идентификување на проблемот, во производството на млеко претстои скорешно подобрување. Државата за помош на млечниот сектор одвоила околу 80 милиони евра од Програмата за развој на селските реони, како и околу десет милиони евра државна помош во форма на кредитирање, која е обезбедена од фондот, рече Димитров. Тој додаде дека за фармите од втора и трета категорија се неопходни меѓу 10.000 и 20.000 евра, за подобрување од 60 отсто. Потсетувајќи дека 2011 е последна за исполнување на европските услови за хигиена на млекото, Димитров истакна дека после тоа на фармерите кои нема да ги исполнат условите ќе им биде забрането да го продаваат млекото на пазарот.


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 03 март 2011

ПРЕНЕСЕНО Полска е новиот „висок играч“ во Европа ЕКОНОМСКА СИЛА ВО ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА * Полска, која некогаш беше земјоделска држава, брзо станува економска сила во Централна Европа. Полјаците се силно проевропејски настроени, па дури и нивниот однос со Германците не е повеќе тензичен како што беше пред неколку години. Никаде не е полесно да се види трансформацијата отколку во Вроцлав.

Третиот најбогат човек во Полска утрината пристигна во Вроцлав со приватен авион. Лешек Чарнецки, слаб исончан човек, сега седи на 12-иот кат од Аркадата во Вроцлав и управува со центарот на поранешниот германски град. Чарнецки ја поседува Аркада, деловна зграда и комплекс со шопинг центар. Тој не поминува многу време во неговата канцеларија, а канцеларискиот мебел изгледа како да е од Икеа. Тоа е канцеларија на човек кој не чувствува потреба да ги импресионира неговите гости. Има поглед на градилиштето „Скај Тауер“, кое кога ќе се заврши на пролет, ќе биде висока 212 метри и ќе биде највисоката зграда во Полска. Чарнецки ја поседува и оваа зграда. Тој денес дојде во Вроцлав за да основа нова компанија, но до пладне ќе биде повторно во воздух на пат кон нова дестинација. Четириесет и осум годишниот Чарнецки, неуморен човек, во последниве години основа многу фирми, вклучувајќи и „хајенд“ фирма за производство на намештај и банка која е специјализирана за многу богати луѓе. Холдингот Гетинг, кој исто така го поседува, присоедини неколку помали финансиски сервиси и осигурителни компании, а ги купи и сите акции на Алијанс банк Полска. Во тој процес беа создадени 2000 нови работни места. Различни бизниси на Чарнецки одлично работат. А глобалната економска криза? Таа не постоеше за Чарнецки, всушност ниту за цела Полска. НАЈОПТИМИСТИЧКИ ЛУЃЕ ВО ЕВРОПА Државата имаше корист од приклучувањето кон Европската Унија и глобализацијата повеќе од било која друга држава. Пред 20 години, длабоко католичката држава беше најмногу земјоделска и сметана за уназадена и провинцијална, камен околу вратот на Европа. Оттогаш, Полска непрестано доживува бум. Дури и кога остатокот од Европа страдаше за време на рецесијата во 2009 година, полската економија порасна за 1,7 проценти. Благодарение на приклучувањето кон ЕУ во 2004, тогашната невработеност од 20 проценти денес падна на околу 8 проценти. Бумот е најочигледен во градовите. Во Варшава и Познањ, на пример, нема невработеност. Според анкетите, Полјаците се меѓу најоптимистичките луѓе во Европа. Никогаш не им било подобро отколку денес. Варшава самата по себе има политички мир. Премиерот Доналд Таск управува со владата со стабилно мнозинство додека националните ексремисти левичари и десничари не се повеќе во Сејмот, полскиот парламент. Полска сега има одлични односи со Берлин и го намали „тонот“ кон Москва; исто така, државата во Брисел не ја

гледаат како непредвидлива опструкција. По речиси чеврт век по распадот на советскиот блок, земјата со 38 милиони жители стана почитувана регионална сила. СОНУВА ЗА НОВИ ДЕЛОВНИ ИДЕИ Ретко каде на друго место полското економско чудо не е поочигледно отколку во Вроцлав. Кога Лешек Чарнецки ја бранеше неговата докторска теза во градското училите за бизнис во 1987, Полска сеуште ја почитуваше социјалистичката планирана економија. Чарнецки, исклучително надарен студент и посветен нуркач, со неколкумина негови пријатели основа компанија за подводно заварување. „Бевме 10 пати поефтини од соодветната државна компанија, а бевме исто и подобри и побрзи“, вели тој. Кога падна железната завеса, Чарнецки ги продаде неговите акции. Зема Мерцедес под лизинг и сфати колку е профитабилен бизнисот со лизинг. Тој набрзина влезе во лизинг бизнисот за автомобили и машини за градежни работи. По 11 години, тој ја продаде компанијата на француската банка Кредит Агрикол за 200 милиони евра. Чарнецки стана богат човек. Тој денес вреди повеќе од една милијарда евра и неговата компанија Гетинг Холдинг поседува имот во Белорусија, Русија и Украина. Чарнецки постојано сонува нови бизнис идеи. Кога го прашавме каде ја наоѓа инспирацијата, тој рече: „Музичарите не можат да објаснат зошто нови песни им се раѓаат во глава за време на утринското туширање“.

Странските инвестиции се помалку одговорни за полското економско чудо отколку ингениозноста на домашните претприемачи. Нивните мали и средни компании продуцираат примарно за полскиот пазар, така што само 40 проценти од економијата е зависна од извоз. Постојаната домашна побарувачка и љубовта на пољаците за купување спречи државата да се лизне кон рецесија за време на кризата во 2009 година. Во Вроцлав пољаците работат претежно во полски компании. Само 40.000 од 150-те илјади нови работни места создадени во регионот во последните осум години беа резултат на странски инвестиции. И сеуште нема работа за ниска плата. Државата веќе не е место за странски компании да отвараат „аутсорсинг“ фабрики во Полска. Всушност, западот ја откри вредноста на полските работници, меѓу нив и луѓе како Анджеј Рушевич. Како обучен програмер, тој го напушти Вроцлав во 1981 година кога комунистите го скршија движењето Солидарност. Рушевич се пресели во САД и стана професор по математика во Минеаполис. „Отсекогаш сонував да се вратам“, вели тој. Неодамна, тој сон му се оствари и во април се врати во Вроцлав како менаџер на тим на програмери. (Шпигел – Берлин)


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

23

ПРЕНЕСЕНО И Албанија ја престигнува БиХ ЗАДУШУВАЧКО ПОЛИТИЧКО УРЕДУВАЊЕ И ОГРОМНА БИРОКРАТИЈА Босна и Херцеговина назадуваше по многу клучни показатели за економската и социјална состојба во општеството, покажуваат податоците на Светска банка (СБ), кои постојано се ажурираат. На пример, Светска банка покажува дека населението во БиХ е понеписмено и посиромашно од населението во Албанија. Според тие податоци 2 отсто од популацијата во БиХ се неписмени, додека 1 отсто се неписмени во Албанија. Еден отсто жители се неписмени во Хрватска, додека за Србија Светска банка нема податоци.

Освен тоа, Светска банка тврди дека во БиХ се сиромашни 19,5 отсто од населението, додека во Албанија процентот на сиромашни е помал. Во Хрватска сиромашни се 11,1 отсто од населението, додека Светска банка нема таков податок за Србија. Сите економисти кои ги контактиравме се согласуваат дека БиХ во последите две до три години во клучните сегменти или стагнирала или назадувала, додека земјите во регионот, вклучувајќи ја и Албанија, за тоа време се развивале. Според проф. Анте Домазет, директор на Економскиот институт од Сараево, клучните показатели за способноста на некоја земја се директните странски инвестиции. Според неговите зборови, поради политичката нестабилност и неспроведувањето на клучните реформи БиХ ја загуби репутацијата на земја од доверба за странски инвестиции. -Како БиХ може да креира нови стратегии кога не е во состојба да обезбеди основен услов како што е политичка стабилност или функционирање на институциите? Мислам дека индикаторите покажуваат дека трендот е негативен и дека, за жал, ќе продолжи и во идниот период, - смета Домазет. Токму податоците на Светска банка покажуваат колку БиХ се наоѓа во лоша состојба кога се работи за директни странски инвестиции. Имено, во 2009 година БиХ имаше само 234 милиони долари директни инвестиции. Истовремено, Албанија имаше 977 милиони долари, Србија 1,9 милијарди, а Хрватска имаше три милијарди долари директни странски инвестиции. Една година претходно БиХ имала 921 милион директни странски инвестиции, но тој број повторно е помал од Албанија, која имала 937 милиони. Србија имала 2,9 милијарди долари, додека Хрватска имала дури 5,9 милијарди долари странски инвестиции. Фуад Касумовиќ, економист и заменик министер за финансии на БиХ вели дека не ги знае официјалните податоци, но дека е сигурен дека БиХ во овој момент е зад Албанија. -Неодамна со Претседателството престојував во Албанија и сите бевме шокирани колку се гради таму. Речиси во секое помало место може да се видат кранови и работни машини и тоа на целиот пат од границата низ Тирана, па до Драч. Албанија во последните неколку години многу напредува, - вели тој. Според него, БиХ ја задушува политичкото уредување и огромната бирократија.

-Толку гломазен апарат со пет нивоа на власт е ноќен кошмар за инвеститорите и тоа самите ми го кажаа. Додека ја поминат процедурата низ секое ниво на власт и додека се изборат со корупцијата, губат желба за било каква инвестиција,- вели Касумовиќ. На интернет порталот на Светската банка се гледа дека и во многу други клучни области БиХ во последните неколку години назадувала. И во невработеноста БиХ е на самиот врв во регионот. Според податоците на СБ, работа во БиХ бараат 30 отсто работно способно население. Во Албанија невработеноста изнесува 22 отсто, во Хрватска 8,4 отсто, а во Србија 13,6 отсто. БДП по глава на жител изнесува 4.700 долари за БиХ, 4.000 за Албанија, 6.000 за Србија и 13.800 за Хрватска. Од сите наброени земји, жителите на Албанија со просечен животен век од 77 години, се наоѓа на самиот врв во регионот, додека жителите на БиХ живеат две години помалку. Граѓаните на Хрватска живеат 76 години, а на Србија 74 години. Саша Грабовац, извршниот директор на Здружението на економисти СВОТ, вели дека поразителните податоци на СБ се рефлектираат низ неповолната деловна клима во БиХ.

-Впрочем, тие податоци не се никакво изненадување, последните години тие се повеќе се повторуваат. Имаме и напредок во земјите од регионот, посебно во Црна Гора, Македонија и Албанија, а ние стоиме. Имаше повеќе простор на ниво на државата или барем на ентитетот, многу повеќе да се направи, - рече Грабовац. (“Независне новине” - Бања Лука)


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 03 март 2011

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија Назив на проектот

Градежни работи на систем за водоснабдување и канализација на Сребреница и Братунац

Вид на набавка

услуги

Референца

UNDPZ63186

Финансиер

Европска комисија

Финансиска референца.

BIH/ITB/003/11; 6643

Земја

Albania, Bosnia and Herzegovina, Croa�a, Kosovo, Macedonia, Montenegro, Serbia

Вид на набавка

изведбени работи

Објавено на

14.2.2011

Финансиер

УНДП

Краен рок за апликација

25.03. 2011

Земја

Босна и Херцеговина

Сектори

Објавено на

22.02.11

земјоделие-рурален развој информатичка технологија комуникации, односи со јавност закони урбан развој

Краен рок за апликација

22.03. 2011

Сектори

градежништво-инжинеринг животна околина урбан развој

Опис на проектот

Опис на проектот

LOT 1. реконструкција на на водоводната мрежа мегу Гостиљ-Поточари во општина Сребреница LOT 2. изградба на мрежа на одводни канали во Реповац во општина Братунац

Проектот има за цел да промовира база на податоци за просторна инфраструктура во Западен Балкан и да ја координара нејзиното спроведување. од аспект на европските директиви. Проектот е инициран од Хрватска геодетска управа и тие ке бидат регионални партнери, Максимум буџет 1 500 000 EUR

Контакт UNDP BOSNIA AND HERZEGOVINA 48 MARSALA TITA STREET, 1st floor 71000 SARAJEVO E-mail to: registry@undp.ba Note: request for BIH/ITB/003/11 documents

Контакт European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary countries, Brussels, BELGIUM Назив на проектот

Србија проект за дополнително финансирање на здравството (SHPAF)

Референца

WB977-794/11

Финансиска референца.

Loan No. 7695-YF; Project Id: P077675

Вид на набавка

испораки

Финансиер

Светска банка Србија

Назив на проектот

B-Brussels: помош за реализација на TAIEX активности: испорака на логистика и финансиски менаџмент Дополнување

Референца

EuropeAid/130779/C/SER/Mul�

Земја

Финансиска референца.

IPA TAIEX: 22.02.06; TCc: 22.020703; ENPI East: 19.08.01.03; ENPI South: 19.08.01.01;

Објавено на

Вид на набавка

услуги

Финансиер

Европска комисија

Земја

Albania, Algeria, Armenia, Azerbaijan, Belarus, Bosnia and Herzegovina, Croa�a, Cyprus, Egypt, Georgia, Iceland, Israel, Jordan, Kosovo, Lebanon, Libya, Macedonia, Moldova, Montenegro, Morocco, Russian Federa�on, Serbia, Syria, Tunisia, Turkey, Ukraine, West Bank and Gaza

Објавено на

14.2.2011

Краен рок за апликација

25,.03. 2011

Сектори

финансии-банкарство комуникации, односи со јавност, информатички услуги транспорт

Опис на проектот

Максимум буџет од 90 000 000 EUR. TAIEX активностите подразбираат помош во организирање на настани, семинари, работилници, студиски посети, експертски мисии, кои се однесуваат на предпристапувањето во ЕУ

Контакт European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary countries, Brussels, BELGIUM Назив на проектот

B-Brussels: IPA — Повик —податоци за просторна им=нфраструктура за Западен Балкан дополнување

Референца

EuropeAid/130907/C/SER/Mul�

Финансиска референца.

Краен рок за апликација

7.04. 2011

Сектори

информатичка технологија здравство:

Опис на проектот Lot 1: подобрување и воведување на софтвер во 10 болници ХИС1 Lot 2:подобрување и воведување на болнички софтвер HIS2 во 10 болници 3. Фидуцијарни услуги за агенција за спроведување на проектот во 20 болнициКонтакт Dom zdravlja Savski venac. Ministry of Health. Fiduciary Service Unit / Procurement Office. Pasterova 1. 11000 Belgrade, Republic of Serbia. Tel/Fax +381 (11) 3606 400. E-mail: office_pcu@zdravlje.gov.rs Назив на проектот

MK-Скопје: електрични машини, апарати, опрема , осветлување

Референца

ECZ63159-Candidate countries

Финансиска референца.

2011/S 36-059292

Вид на набавка

испораки

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Објавено на


БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 март 2011

25

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија Краен рок за апликација

14.04. 2011

Сектори

енергетика:

Опис на проектот

електронска опрема за мерење (интегриран систем за мониоторинг на радиофрекфенција и оперативна помош , подршка и одржување

Контакт Агенција за електронски комуникации Димитрие Чуповски 13 за: Виолета Попацева , Тоде Митревскиi 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23280212 +389 23280212 E-mail: violeta.popaceva@aec.mk Fax +389 23224611 Internet address(es) aec.mk Назив на проектот

MK-Скопје:фармацевтски стоки

Референца

ECZ63194-земји кандидати

Финансиска референца.

2011/S 37-060942

Вид на набавка

испораки

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Објавено на

21.2.2011

Краен рок за апликација

15.04. 2011

Сектори

здравство:

Опис на проектот

Procurement Elaprase 2 mg/ml, 3 ml, a drug for treatment of pa�ents with the rare disease mucopolysaccharidosis – MPS, type II.

Контакт Министѕерство за здравство 50 дивизија бр.6 : Mr. Be�m Lamallari 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23112500 +389 23112500 E-mail: be�m.lamallari@zdravstvo.gov.mk Fax +389 23113014 Internet address(es) www.moh.gov.mk

Назив на проектот

тренинг на менаџери за различностите

Референца

EBRDZ63289

Финансиска референца.

32701

Вид на набавка

услуги

Финансиер

ЕБРД

Земја

Albania, Armenia, Azerbaijan, Belarus, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Croa�a, Estonia, Georgia, Hungary, Kazakhstan, Kyrgyz Republic, Latvia, Lithuania, Macedonia, Moldova, Montenegro, Poland, Romania, Russian Federa�on, Serbia, Slovakia, Slovenia, Tajikistan, Turkey, Turkmenistan, Ukraine, Uzbekistan

Објавено на

25.02. 2011

Краен рок за апликација

21,03, 2011

Сектори

информатичка технологија програми комуникации, односи со јавност општествени служби

Опис на проектот

тренинг за менаџери како да се справуваат со предизвиците на различностите по род, националност, култура, работни стилови, карактер на личности

Контакт Your expression of interest should not be more than 20 pages in length, excluding CVs. EBRD’s Contact Person: Angela Levitsky Tel: +44 0207 338 6363 Fax: +44 207 338 7451 Email: levitska@ebrd.com

Назив на проектот

MK-Скопје: електрични апарати, машини, опрема осветлување надополнување (Supplement to the Official Journal of the European Union, 22.2.2011, 2011/S 36-059292

Референца

ECZ63159-Candidate countries

Финансиска референца.

2011/S 36-059292; 2011/S 40-064577

Вид на набавка

испораки

Финансиер

Европска комисија Македонија

Назив на проектот

RS-Сомбор: IPA —изградба на прекуграничен пат мегу No 52 пат Baja I. делница — Сомбор надополнување

Земја

Референца

EuropeAid/131050/D/SER/RS (EuropeAid/131016/D/SER/ RS

Краен рок за апликација

14.04. 2011

Сектори

ENERGY:

Опис на проектот

се врши промена во техничката и професионална квалификација

Финансиска референца. Вид на набавка

услуги

Финансиер

Европска комисија

Земја

Србија

Објавено на Краен рок за апликација

Отворен

Сектори

градежништво-инжинеринг

Опис на проектот (Supplement to the Official Journal of the European Union, 15.2.2011, 2011/S 31-050148) City of Sombor, Sombor, REPUBLIC OF SERBIA

Објавено на

Контакт Агенција за електронски комуникации Димитрие Чуповски , 13 за Виолета Попацева, Тоде Митрески Република Македонија 1000Скопје. Tel. +389 23280212 +389 23280212 . E-mail: violeta.popaceva@aec.mk. Fax +389 23224611 +389 23224611

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 е-маил-aco@mchamber.mk www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 03 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар на АОТС Македонија и Стопанската комора на Македонија РАЗВОЈ НА НОВ ПРОИЗВОД – КОНЦЕПТ НА ГЕНЕРИРАЊЕ НА НОВ ПРОИЗВОД 3 и 4.3.2011 година 09:00 – 17:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 -ти кат АОТС Македонија e стручна организација којашто промовира техничка соработка преку активни обуки во Јапонија, фокусирајќи се главно на менаџерите и инженерите. АОТС Јапонија е основана во 1959 година со поддршка на Министерството за интернационална трговија и индустрија (сега Министерство за економија, трговија и индустрија: METI), како прва техничко-кооперативна организација на приватна основа во Јапонија. Нејзината главна цел е да промовира интернационална економска соработка, со цел да го развие заедничкиот економски развој, како и да развие пријателски односи меѓу земјите и Јапонија. Со цел зголемување на капацитетот на претпријатијата во нашата земја, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонската асоцијација за странско техничко стипендирање (АОТС Македонија - AOTS Macedonia ),ќе реализира стручна тематска обука на тема: “Развој на нов производ – Концепт на генерирање на нов производ”. Бидејќи развојот на нов производ е значаен за идниот успех за многу организации, економската стручна мисла обрнува големо внимание за процесите на новиот производ и негово изложување на пазарот. Во бизнис-опкружувањето, развојот на нов производ е термин којшто го опишува целокупниот процес од добивање информација, донесување одлука, до донесување на новиот производ или услуга на пазарот. На оваа тема ќе предава врвен професор од земја која е лидер во тоа поле, земја која со помош на ваквиот начин на приод кон економскиот развој им пркоси на земјите кои се богати со природни суровини, земји кои имаат поевтина работна сила, земји кои имаат поголеми економски пазари. Предавањето за “Развој на нов производ“ ќе го одржи реномираниот Професор Акихиро ИНОУЕ (Prof. Akihiro INOUE). Професорот при своето предавање ќе користи практични примери од јапонската автомобилска индустрија (Toyota – Lexus). Професорот Иноуе e редовен професор на Кеио Универзитетот за бизнис-администрација, се стекнал со професорска титула на Универзитетот во Калифорнија – Лос Анџелес, Андерсон факултет за менаџмент во 1996 година. Предава на Квансеи Гакуин Универзитетот до 2006 година, потоа се сели како професор на Кеио Универзитетот. Негово поле на истражување е маркетинг менаџмент, маркетинг науки и комуникациски маркетинг менаџмент. Медија маркетингот и интернет-маркетингот се негови неодамнешни полиња на истражување. Тема: – КОНЦЕПТ НА ГЕНЕРИРАЊЕ НА НОВ ПРОИЗВОД Преглед на маркетинг и процес на развој на нов производ; практични примери од јапонски ситуации; можност за идентификација; дизајн; тестирање; практични примери од – TOYOTA – LEXUS. КОНТАКТ: Горан Антевски, престедател на АОТС Македонија Тел. (02) 2402 481 e-mail: info@koncar.com.mk

Војкан Николовски Тел. (02) 3244 068 e-mail: vojkan@mchamber.mk

На 4 март 2011 година во Стопанската комора на Македонија СРЕДБА СО ИШТВАН ПАСТОР, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА НА АП ВОЈВОДИНА Потпретседателот на Владата на АП Војводина во Република Србија, Иштван Пастор, изрази интерес за остварување средба со македонски компании заинтересирани за запознавање со потенцијалите на војводинската економија, инвестиционите и стопанските планови за развој, во насока на интензивирање на трговската размена и изнаоѓање деловни партнери од овој развиен српски регион . Со оглед на интерактивниот карактер на средбата, таа ќе биде искористена македонските компании директно да ги пренесат своите досегашни искуства, реалните потреби и идните планови за соработка со војводински партнери, како и да предложат иницијативи за унапредување на билатералната трговска соработка со оваа Автономна Покраина на Р. Србија. Средбата со потпретседателот на Владата на Војводина ќе се одржи на 4 март 2011 година, со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат. Исто така, господинот Пастор ќе присуствува на презентацијата на Новосадскиот Саем, што ќе се одржи истиот ден, во 11:00 часот, во Стопанската комора. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да земат учество на средбата со потпретседателот на Владата на Војводина, со претходно пријавување најдоцна до 22.02.2011 година. На 4.3.2011 година во Стопанската комора на Македонија ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВОСАДСКИОТ САЕМ * Промоција на Меѓународниот саем за земјоделство, меѓународните саеми за лов, риболов и спорт “Лорист”, Саемот за туризам и Саемот за коњарство “HorseVille” Со цел поблиско запознавање со овогодинешните саемски манифестации на Новосадскиот саем, од страна на претставници на водечката саемска куќа во Србија, на 4 март 2011 година, во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи бесплатна саемска презентација пред заинтересираните македонски компании. Главен акцент на презентацијата ќе биде ставен на 78-то издание на Меѓународниот саем за земјоделие, што ќе се одржи од 14-21 мај 2011 година. Оваа саемска манифестација прерасна во најголем регионален саем и најважен агробизнис настан во Југоистона Европа со најголема и најдолга традиција. Како што се очекува оваа година ќе настапат над 1500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и останатите сектори.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 март 2011

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Целта на презентацијата е заинтересираните македонски компании да се запознаат со условите, можностите и бенефитите од настап на Меѓународниот саем за земјоделие, како и за воспоставување нови деловни контакти и афирмација на меѓународниот пазар. Во таа прилика ќе бидат претставени и предностите на меѓународните саеми за лов, риболов и спорт “Лорист”, Саемот за туризам и Саемот за коњарство “HorseVille”. Според изразениот интерес, предвидени се билатерални разговори на компаниите со менаџментот на Новосадскиот саем. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да присуствуваат на бесплатната презентацијата, што ќе се одржи на 4 март 2011 година, со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5ти кат. Контакт: Венера Андриевска Тел: 3244037 Факс:32 44088 venera@mchamber.mk

Влатко Стојановски Тел:3244004 vlatko@mchamber.mk

Едукативна трибина на 7.3.2011 година БОРБА ПРОТИВ ПИРАТЕРИЈАТА И ФАЛСИФИКУВАЊЕТО Кино „Фросина“ - Младински културен центар (МКЦ) 11:00 часот Координативното тело за интелектуална сопственост, во рамките на Оперативната програма за борба против пиратеријата и фалсификување и Стратегијата за интелектуална сопственост 20092012, ќе организира промотивни активности во врска со заштитата и придобивките од заштитата на правата од интелектуална сопственост. Во таа насока, Координативното тело во соработка со Град Скопје и Стопанската комора на Македонија, ќе организира Едукативна трибина за борба против пиратеријата и фалсификување, што ќе се одржи на 7.3.2011 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во кино „Фросина“ Младински културен центар (МКЦ). Предавачи се од Заводот за интелектуална сопственост и од Мајкрософт. Целта на оваа активност е јакнење на свеста за значењето на заштитата на правата од интелектуална сопственост во насока на ефектите кои таа ги има врз стопанството на земјата, јакнењето на конкурентноста на домашните претпријатија, привлекување на странски инвестиции и алатка за креирање на нови работни места. Посебно значење во насока на постигнување на целите од овие промотивни активности им се дава на стопанствениците од земјата. Контакт: Ирена Мојсовска Тел. 244-009 irena.mojsovska@mchamber.mk Семинар “ИНКОТЕРМС 2010” 9 март 2011 година, од 17 до 20:30 часот Сала 3 на 3 кат, Стопанска комора на Македонија -Што е тоа Инкотермс и зошто 2010? Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење содржи Инкотермс правило? -Дали сте информирани за најновите измени на

Меѓународните трговски правила Програма 1. “ИНКОТЕРМС 2010” - Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2010? - Зошто се содржани во секоја фактура за промет со стоки во надворешната трговска размена? Кои се предностите на ИНКОТЕРМС? - Тие се дел од договорот за ...? - Што не е ИНКОТЕРМС? - Поделба во 2 и 4 групи - ИНКОТЕРМС и институцските каргоклаузули за осигурување на стока - ИНКОТЕРМС и царинската вредност - Како да се користат правилата ИНКОТЕРМС 2010? - Кои се главните карактеристики на ИНКОТЕРМС 2010? - Кои правила се укинати, а кои се НОВИ? - Поединечните карактеристики на сите ИНКОТЕРМС правила: EXW, FCA, CPT, CIP, DAT, DAP, DDU, FAS, FOB, CFR, CIF. Предавач: Карло Змајшек, директор на Центарот за шпедиција во Макпетрол АД Скопје. Семинарот е намененет за: извозни компании, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со меѓународна трговија, сметководители, финансии и слично. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 7.3.2011 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат практичен прирачник за Инкотермс 2010. Контакт : Елизабета А.Ефтимова тел:02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 be�@mchamber.mk

Ленче Зикова тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk

Еднодневен семинар ОСНОВЕН ФИДИК – ЦРВЕНА КНИГА (Federa�on Interna�onal Des Ingineur Counselle – FIDIC) 11 март 2011 година 09:00 -16:00 часот, сала 1 на 5-ти кат Стопанска комора на Македонија КЛУЧ за разбирање на Правилата на игра на пазарот во меѓународното градежништво! Тоа не е можно БЕЗ ФИДИК! Качувањето започнува со ПРВOTO скалило ФИДИК Црвена книга (Red Book) Согласно искажаниот интерес од страна на стручната јавност по одржување на дводневниот семинар за ФИДИК – клуч за познавање на Правилата во ЕУ и светот (Federa�on Interna�onal Des Ingineur Counselle – FIDIC) во ноември 2010 година, а со цел зголeмување на конкурентноста на фирмите од Македонија на меѓународните и на домашниот градежен пазар, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар за Основен Фидик – Црвена книга. Ги покануваме сите заинтересирани архитекти, проектанти, инженери од сите специјалности, надзори и инженеринг, кои имаат стратегија за настап покрај на домашниот пазар и на меѓународниот пазар. Семинарот е добра можност за стекнување и надградување на знаењето во водењето проекти на


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 03 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ меѓународните пазари. Семинарот опфаќа - Што е ФИДИК? Прифаќањето на ФИДИК во светот. Типови на ФИДИК книги (RAINBOW) . Вовед. ФИДИК договори. Црвената книга (RED Book). ФИДИК постапки. Црвената книга (RED Book). Права и должности на нарачателот (инвеститор), надзорниот орган (инженер) и изведувачот. Организирање градилиште, процедури на сигурност и безбедност. Старт на работите. Времени ситуации и наплата. Набавка на материјал и опрема. Прием на работите, доцнење. Комплетирање. Преземање. - Одговорност за недостатоци, мерења, евалуација. Што е Value engineering? Исплата и финансиски прашања. Ризици во тек на градбата. Осигурување. Заштита на интелектуални права. Побарувања, несогласувања, арбитража. Обучувач: М-р Живко Димов, дипл. инг. – меѓународно сертифициран консултант. М-р Живко Димов над 30 години работел во инженеринг фирми во многу балкански земји, Блискиот Исток, Северна Африка, Русија и Централна Азија во делот на развивање на проектни идеи и работа со мали и средни претпријатија. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 7 март 2011 година. Сите учесници ќе добијат работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество. Контакт: Марија Петроска тел: 02 32 44 017 факс: 02 32 44 088 marija@mchamber.mk

Ленче Зикова тел: 02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber

Советување „СПРОВЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА И УПОТРЕБА НА РЕВИЗОРСКИ ТЕХНИКИ“ И „ПОВРАТОК НА ДДВ ОД СТРАНСТВО“ 13-16 март 2011 година Хотел „Касина“ 3* Белград, Република Србија Со цел запознавање на компаниите и нивните внатрешни ревизори со основите на спроведувањето на внатрешната ревизија, како и процесот на изготвување на ревизорски извештаи, Стопанската комора на Македонија, од 13 - 16 март 2011 година, организира семинар на тема: „Спроведување на внатрешна ревизија и употреба на ревизорски техники“. Агенда: 1. Спроведување на внатрешна ревизија и употреба на ревизорски техники -фази на ревизијата, преглед на фазите на ревизијата; -Фази на спроведувањето на внатрешната ревизијата; -изготвување ревизорски програми; -спроведување на работа на терен и изготвување на ревизорска документација; -изготвување работни листови;

-ревизорски докази; -известување за ревизијата; -документирање на системите; -оценка на системите на внатрешна контрола; -користење на техники за одредување на примероци за тестирање. Предавач: Трајко Спасовски, експерт за финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија. 2. Повраток на ДДВ од странство Предавач: Мирко Винчетиќ, директор на Cash Back IMO и ексклузивен и генерален застапник на швајцарската Cash Back во Србија Семинарот е наменет за компаниите, aкционерските друштва, јавните претпријатија, јавните установи и другите правни лица кои се во државна сопственост или во кои државата е акционер. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 7 март 2011 година. Контакт: Ленче Зикова тел: 02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk

Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 anita.mitrevska@mchamber.mk

Еднодневен семинар „ТРГОВСКА МАРКА “ - И ВАШИОТ ЗНАК НЕКА СТАНЕ БРЕНД! 16 март 2011 година, 09:30-15:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Со цел запознавање на компаниите со трговската марка како право од индустриската сопственост, која има посебно значење и стратешка улога во маркетинкот на секоја бизнисединка, на патот кон нивната успешност и препознатливост на пазарот, преку ефикасна изградба на сопствен бренд, Стопанската комора на Македонија, на 16 март 2011 година, организира еднодневен семинар на тема: „Трговската марка“- И Вашиот знак нека стане БРЕНД! Агенда: - Национална и меѓународна правна рамка за заштита на трговската марка; - Што е трговска марка и видови трговски марки? - Функција, вредност и причина за заштита на трговската марка - Креирање на трговска марка - Постапка за заштита на трговска марка и што потоа - Практичен дел и дискусија Предавач: Биљана Лекиќ, помошник-раководител во Секторот за трговски марки, индустриски дизајн и географски називи, Државен завод за индустриска сопственост. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 11 март 2011 година.


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Контакт : Анита Митревска Тел: (02) 3244057; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk Од 22 до 24 март 2011 година Меѓународен салон на вкус во Република Босна и Херцеговина “FINE WINE & GOOD FOOD 2011” ВО САРАЕВО Стопанската комора на Македонија во соработка со Здружението „САЛОН ОКУСА“, а под почесно покровителство на Амбасадата на Република Македонија во Сараево, го организираат Вториот салон на вкус „Fine Wine & Good Food 2011“. Манифестацијата ќе се одржи од 22 до 24.3.2011 во Сараево, Босна и Херцеговина. Програмата на „Fine Wine & Good Food 2011“, покрај дводневната промоција на производителите на храна и вино, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност на учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и прилика за изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехраната. Салонот на вкус „Fine Wine & Good Food 2011“,претежно е наменет за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни) туристички агенции, хотелскоугостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија обезбеди 50% попуст за учество на манифестацијата, со тоа што на еден штанд можат да се пријават 1- 2 излагачи и трошоците да бидат заеднички (висината на котизацијата е 300 евра за една маса со димензии 180х90). Во котизацијата е вклучено: брендирање и подготовка на просторот за излагање; бесплатен паркинг простор за време на одржувањето на настанот; користење на магацините, помошен персонал (по договор); 10 ВИП-билети со дегустациски прибор за деловните партнери; резервација во Хотел „Гранд“ 4*по намалени цени (еднокреветна соба - 30 евра, двокреветна соба 35 евра), ноќевање со појадок; застапеност во каталогот кој содржи аплициран логотип и податоци на сите учесници; заедничка вечера и дружење на сите излагачи во Хотел „Гранд“ – Сараево; застапеност во каталогот кој содржи аплициран логотип и податоци на сите учесници. Манифестацијата се одржува во атрактивните сали на Домот на вооружените сили на БиХ, во центарот на Сараево, а хотелот се наоѓа на 10 минути од местото на одржувањето на манифестацијата. Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 10 март 2011 година. Контакт: Венера Андриевска, тел:3244037, факс:3244088 venera@mchamber.mk

Еднодневен семинар „ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ“ 29 март 2011 година (вторник) од 10-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат 1. Обврските на надлежните органи за спроведување на Законот: -предмет на законот -инвентаризација на бесправните градби -анализа на можностите за легализација на едидентираните бесправни градби Фиданчо Стоев, судија во пензија 2. Постапка за утврдување статус на бесправна градба: - барање за утврдување статус на бесправна градба; - урбанистичка согласност; - стандарди за вклопување на бесправните градби во плановите за урбанизација. Ранко Максимовски, судија во пензија 3. Надоместок за утврдување на правен статус и Решение за утврување на правен статус на градбата: -висина на надоместок за бесправна градба; -содржина на Решение за утврдување на правен статус на градбата; -откуп на земјиште сопственост на РМ на кое е изградено бесправна градба; -подзаконски прописи за спроведување на законот. Теофил Томановиќ, судија во пензија Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 25 март 2011 година. Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари за 1 учесник (4500+ДДВ) за компании членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората. Лица за контакт: Ленче Зикова тел:02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk

Елизабета Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 be�@mchamber.mk

Од 29.3 до 1.4.2011 година посета на реномираниот Меѓународен саем за градежништво “Coneco” во Братислава СРЕДБИ СО СЛОВАЧКИ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ Во периодот од 29.03 до 1.04.2011 година во Братислава, Р. Словачка, Стопанската комора на Македонија во соработка со Регионалната комора на Братислава, организира билатерални деловни средби меѓу македонски и словачки компании од градежниот сектор. Истовремено, планирана е посета на реномираниот Меѓународен саем за градежништво “Coneco” На овој најголем саем за градежништво во Словачка минатата година земаа учество над 600 компании од повеќе европски земји од следниве градежни сектори: високо и нискоградба; градежни материјали; технолошки иновации; греење и ладење; мерење; пумпи, компресори, и др. опрема; климатизација и вентилација; недвижности; суровини и материјали во градежништвото. На деловните средби што ќе се одржат на 30 март 2011 година во Братислава, Словачка, македонските компании од градежниот сектор ќе имаат одлична можност за воспоставување директни контакти и средби со словачки компании, со цел проширување на своите деловни активности и пронаоѓање на потенцијални партнери: извозници, увозници, дистрибутери, агенти, застапници итн. Стопанската комора на Македонија, како овластен координатор и партнер на организаторот – Регионалната комора на Братислава, организира учество на македонските компании на деловните средби и посета на Саемот за градежништво од од 29.03-1.04.2011 година.


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Трошоците за авионски превоз и за хотелско сместување се на товар на компанијата. Ве покануваме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 8.3.2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: 3244004; Факс:32 44088 vlatko@mchamber.mk

Контакт: Венера Андриевска тел:3244037; факс:3244088 E-mail:Venera@mchamber.mk Од 10 до 12 мај 2011 година Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа во Република Србија „SEE AUTO COMPO NET 2011“ ВО КРАГУЕВАЦ

Од 13 до 17 април 2011 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Супетар, Република Хрватска БРАЧ СО „БИСЕР НА МОРЕТО“ Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 13 до 17 април 2011 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на шестата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во шест дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата.

Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето на рацепти од ова поднебје и се вратија со вкупно 36 медали. Стопанската комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите и членот на жири-комисијата е обезбедено бесплатно сместување. Сите заинтересирани компании кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 30 март 2011 година. Повеќе информации и Пријавниот лист може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Од 10 до 12 Мај 2011 година во Крагуевац, Република Србија, ќе се одржи Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа „SEE Auto Compo Net 2011“. На овој саем ќе се престават нај еминентните производители, добавувачи, купувачи и корисниците на производите и услуги за производство на компоненти од Србија и Југоисточна Европа. Со неговото повторно одржување овој саем станува централно место на кое учествуваат добавувачи, купувачи и монтажери, производители на опрема и машини заедно со корисниците на производите и услуги за производство, одржување и сервисирање на автомобили и комерцијални возила. Саемот „SEE Auto Compo Net 2011“ ќе се одржи на 1.600 м2 изложбен простор. Саемот ќе трае три дена, при што е планирано во рамките на истиот да се организираат и одржат многубројни манифестации од типот на тркалезни маси, презентации, програм за развој на добавувачите, средби со купувачи и сл. Со учество на оваа манифестација на која производителите на компоненти можат да ги презентираат своите производи, ќе можат да остварат деловно комерцијални резултати. На првиот ден на Саемот ( 10 мај 2011 година) како централен настан се најавува „Средба со купувачите“, што ќе го привлече вниманието на производителите на компоненти од земјата поради можноста за директни деловни средби со производителите од Југоисточна Европа. Исто така, во рамките на саемот ќе се одржи средба на коморите и автомобилските кластери од регионот. Подетални информации може да се добијат во Стопанска комора на Македонија. Контакт: Војкан Николовски, тел.02 3244068 E-mail vojkan@mchamber.mk


четврток, 03 март 2011

БИЗНИС ИНФО

31

Стопанска комора на Македонија – ЕИИЦМ

На 22 и 23 март 2011 година Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Франција БИЗНИС�ФОРУМ ВО ДИЖОН За време на 6. Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Дижон, ќе се одржи бинзис-форум (брокерски настан) на којшто ќе можат да се разменат искуства со други учесници за време на конгресот. Овој настан ги таргетира индустриите за прехранбени производи, лабораториите, технички центри кои се занимаваат со храна и исхрана. Поентата на овој настан во споредба со други настани со слични теми е сензорскиот пристап (вкус, арома, структура/ состав....). Секоја организација (индустрија, јавна или приватна истражувачка лабораторија, технички центар), која има технолошка или know-how понуда или барање или која бара партнери е добредојдена за да се приклучи во деловните средби со компании од цела Европа. Брокерскиот настан се организира во рамките на 6. Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Дижон. Над 370 средби меѓу компаниите се организирани за време на последниот Конгрес во 2010 година.

Сите информации и регистрација ( пред регистрација на брокерскиот настан) може да се најдат на www.tastenutri�on-health.com или на линкот на горенаведениот конгрес. On-line Регистрација h�p://b2match.eu/taste-nutri�on-health2011/par�cipants/new ЕЕН Проект www.een.mk Софче Јовановска sofce@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3244060 Лазo Ангелевски laze@mchamber.mk Тел: +389 (02) 3244090

На 30 и 31 март 2011 година во Виена, Австрија МЕЃУНАРОДНИ B2B СОФТВЕР ДЕНОВИ Вмрежување и споделување на знаењето и стручноста е фокусна точка на B2B Софтвер деновите, организирани од FFG, AWO, Vite, zit и Виена Бизнис Агенцијата, во соработка со Enterprise Europe Network. На настанот ќе се претстават познати говорници, претходно ќе се договорат лице-в-лице B2B состаноци и посети на центри за компетентност и компании. Фокус Настанот цели кон сите фирми, универзитети и истражувачки и н с т и т у ц и и заинтересирани за споделување на нови проектни идеи, технологии и бизнисможностите на софтверот за B2B решенија. Главни теми: • ИКТ Апликации • Системи и мрежата на технологијата • Интернет технологии • Софтвер и обработка на податоци • Мултимедија • Когнитивни системи Кои се вашите предности? • Најнови информации од меѓународни реномирани говорници • Средба со бројни потенцијални партнери за соработка на едно место во ист ден • Да се дискутира и да се развиваат нови идеи и проекти на меѓународно ниво • Посети на интересни компании и компетентни центри • Промоција на Вашата организација во Австрија и во остатокот од Европа Работен јазик: англиски Трошоци: бесплатно Меѓународни B2B Софтвер денови - прв чекор кон соработка! Контакт: Лазо Ангелевски, проектен консултант тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

четврток, 03 март 2011

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Србија бара соработка со топлани,хидроелектрани,термоелктрани и водоводни претпријатија во Република Македонија за пласман на индустриска арматура, лептирачки затварачи и електромоторни погони Валидност до:10.07.2011 Српска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за апарати за дозирање на хлор и дезинфексија на водата за пиење хлорогени системи Валидност до:10.07.2011 Бугарска компанија заентересирана е за соработка со македонски фирми што се занимаваат со трговија на брашно и производи од брашно Валидност до:10.07.2011 Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на автомати -машини за кафе користени Валидност до:11.06.2011 Компанија од Тунис бара да откупи јаболки од Република Македонија за пласман во Тунис Валидност до:11.12.2011 Македонска компанија бара партнери во Европска Унија за пласман на чоколади, бонбони и кондиторски производи Валидност до:14.12.2011 Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на апарати за анализирање на плачењето на бебето во светот признат како единствен производ со сигурност од 98% да може да се утврди дали бебето е гладно, дали му се спие, дали нешто го боли или бара внимание од своите родители Валидност до:14.06.2011 Компанија од Полска бара соработка со македонски компании од пластичната индустрија за да инвестира во машини и технологија Валидност до:14.12.2011 Компанија од Полска бара заедничка соработка со фирми во Република Македонија кои произведуваат ткаенини за медицинска облека комбинација од волна и полиестер Валидност до:16.12.2011 Компанија од Полска бара соработка со македонски производители на работна облека кои би произведувале по нарачка или пак имат свој производ, кој би ги задоволил нивните критериуми и би ги откупувале од нив и пласирала на својот пазар. Валидност до:16.12.2011 Компанија од Полска бара соработка со македонски производители на некој делови за железница/шински со можност за заедичко вложување Валидност до:17.12.2011

Компанија од Босна и Херцеговина е заинтересирана за соработка за набавка на 5000 тони битумен и 50000 тони цемент годишно од Република Македонија Валидност до:21.12.2011 Компанија од Црна Гора е заинтересирана за деловно техничка соработка, размена на искуство и ангажирање на специјалисти од областа на обработка на камен и мермер од Република Македонија Претежно се заинтересирани за ангажирање на специјалисти за обработка на камен и мермер/рударски инженери Валидност до:21.12.2011 Стопанската комора на Македонија ги повикува сите градежни компании во Република Македонија кои се заинтересирани да ги продадат своите стари градежни машини да ја контактираат сириската компанија лице за контакт Mazen Hammour Chairman - CEO MHIG Mazen Hammour Interna�onal Group since1945 Email: Mazen@hammour.com ormhig07@yahoo.com web: www.hammour.com тел 00963 11 2313004 - 5 - 6 факс 00963 11 2313005 П.О.БОЏ 436 Damascus – Syria Валидност до:21.12.2011 Компанија од Хрватска бара соработка со производители на конзервирани производи во Република Македонија Валидност до:21.12.2011 Компанија од Црна Гора заинтересирана е за соработка со македонски производители на мебел за продажба на мебелот во Црна Гора Валидност до:22.12.2011 Романска компанија бара да откупува македонско вино за потребите во 2011 година 5.000.000 литри бело и црвено вино со следните карактеристики: бело вино околу 2.000.000 литри ферментирано но под контролирана температура свежо, богато по вкус ,арома и мирис минимум 11,5% алкохол Црно вино 3.000.000 литри индекс на бојата најмалку 7-8 пoени минмум 11.5% алкохол, бараат достава на мостри и по нивната анализа на мострите се заинтересирани да ги посетат сите винарии за идна соработка Валидност до:2.12.2011 Македонска компанија ориентирана во соларната индустрија нуди сончеви системи и решенија за било каква апликација на системите кои наоѓаат примена во домаќинствата, индустријата, комерцијалните објекти, со нивните производи и услуги главни цели им се да се доближат до клиентите остварувајќи заеднички успех Валидност до:23.12.2011

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Македонска компанија нуди соларни пумпи за вода кои се користат во снабдување со вода и овозможуваат ниски трошоци. Работата на пумпите е обезбедена преку користење на електрична енергија добиена од фотоволтаични панели кои ја претвораат сончевата енергија во електрична. Соларните пумпи се погодни за места каде нема доведено електрична мрежа а има извор на вода : река, бушотина, бунар, езеро и сл. Валидност до:23.12.2011 Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на природна сол за јадење од Мртвото Море Валидност до:24.12.2011 Турска компанија заинтересирана е да најде застапник во Република Македонија за пласман на копчиња, дрикери, платнени,картонски и кожни етикети за облека Валидност до:24.03.2011 Компанија од Турција заинтересирана е да пронајде застапник во Република Македонија за пласман на теракотни саксии за градинарски цвекиња, изработуваат саксии и по нацрти на нарачателите Валидност до:24.09.2011 Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мебел штоф Од неодмана го има добиено правото за застапување на француската компанија Пјер Карден за материјали за каучи и декоративни перници за повеќе земји,вклучувајчи ја и РМ Валидност до:25.09.2011 Компанија од Босна и Херцеговина заинтересирана е да посредува за извоз на вино од Република Македонија за Кина, заинтересираните може да ги достават понудите за количините кои ги поседуваат Валидност до:25.12.2011 Компанија од Босна и Херцеговина заинтересирана е да посредува за извоз на јабока од Република Македонија за Иран, заинтересираните може да ги достават понудите за количините кои ги поседуваат и со цените франко во Република Македонија со или без транспорт до Иран Валидност до:25.12.2011

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал

www.mchamber.mk

Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088

тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.