петок, 3 март 2017, Бр. 297
Број 297
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
1
Quality Management
FS 549642
03.3.2017
ПРОМОВИРАН БИЗНИС КАТАЛОГОТ НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
МЕА - МАКЕДОНСКА ЕНЕРГЕТСКА АСОЦИЈАЦИЈА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО ПРЕКУ ЦЕЛОСНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНИОТ СИСТЕМ ЗА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО СКОПЈЕ
2 2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 3 март 2017, Бр. 297 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
3
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ
ПРОМОВИРАН БИЗНИС КАТАЛОГОТ НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИДНИТЕ НАСТАНИ И АКТИВНОСТИ ВО 2017 ГОДИНА Една од целите на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија е унапредување на соработката помеѓу странските компании и локалните добавувачи во земјава и тргнувајќи од оваа цел, Советот на почетокот на оваа година го издаде првото издание на Бизнис каталогот. Ова го истакна Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори на прес-конференцијата на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија (27.02.2017 година). Бизнис каталогот претставува интегрирана база на податоци на околу 130 компаниичленки на Советот на странски инвеститори, вклучувајќи ја нивната доминантна дејност, контакт-информации, како и детален опис на нивните производи и услуги. Ова печатено издание, коешто може да се најде и на интернет-страницата на Советот (www.fic.mk) претставува корисна алатка наменета за домашните и за странските
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 3 март 2017, Бр. 297
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ добавувачи, партнери и соработници на компаниите-членки на Советот. Господинот Штефан Петер ги презентираше и главните настани и активности на коишто ќе се фокусира Советот на странски инвеститори во текот на 2017 година. - Заедно со Американската стопанска комора – AmCham и Делегацијата на германското стопанство во Македонија ќе организираме конференција насловена: „Средно стручно образование по мерка на бизнисот: шанса за македонската економија,“ со цел да отвориме дебата за неопходните реформи во образовниот сектор. Тука говориме за систем на средно стручно образование, којшто веќе е воспоставен во земји како што се: Германија, Австрија или Швајцарија, каде што образовниот систем игра голема улога во економскиот раст и развој на споменатите земји. Заедно со сите засегнати страни, ќе овозможиме релевантни можности, концепти, идеи и причини што ќе поддржат разумна дискусија за остварливоста и начинот на воведување реформи во постојните системи за средно стручно образование во Македонија, - истакна господинот Петер. Во првата половина од 2017 година Советот ќе објави документ насловен „Reality Check Policy Paper“, којшто претставува преглед на препораките и конкретните предлози објавени во Белата книга од 2014 година. Покрај тоа, работните групи во рамките на Советот на странски инвеститори работеа на низа нови мерки и препораки за градење одржливо деловно опкружување, а овие активности ќе резултираат со објавување на новото издание на Белата книга. Со цел да се зајакне соработката со домашните фирми и да се поттикне интеграција на домашните фирми во синџирите за добавување на странските фирми, Советот на странски инвеститори планира да одржи деловен форум во Скопје. Целта на настанот е да се соберат на едно место најголемите странски инвеститори, коишто работат во и надвор од технолошко-индустриските развојни зони, од една страна, и домашните фирми со капацитет да работат како добавувачи на странските фирми, од друга страна. Директни состаноци меѓу фирмите-членки на Советот на странски инвеститори
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ и македонските фирми ќе се одржат во првиот квартал на 2017 година. Настанот е наменет за домашните фирми, а главната цел е да им се помогне да ги надградат своите капацитети и да станат добавувачи на странските фирми. -Покрај ова, ние остануваме фокусирани на зголемување на јавната свест за позитивното влијание на странските инвеститори врз целокупната благосостојба во општеството. Минатата година го организиравме Светскиот пикник, којшто беше одличен настан, каде што ние како странски инвеститори се собравме на едно место и покажавме на јавноста дека ние не само што вршиме пренос на знаење и вештини, туку ги претставуваме и нашите култури, - посочи претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер. Одговарајќи на новинарски прашања, Штефан Петер напомена дека странските инвеститори во земјава вработуваат над 50.000 луѓе и соработуваат со повеќе од 5000 домашни фирми, што води до индиректни вработувања и влијае на растот на националниот БДП. Во поглед на субвенциите што ги добиваат странските инвеститори во слободните зони, Петер потенцира дека тоа е стратешка политика на државата за привлекување странски инвеститори, при што доколку не се нудат тие поволности, потенцијалните инвеститори би одлучиле да инвестираат во другите соседни земји, како Бугарија и Србија кои располагаат со сличен пакет на субвенции за странски компании. - Исто така, не треба да се занемари фактот дека сите странски инвеститори во земјава, во изминативе неколку години придонеле за намалување на стапката на невработеност од околу 10%, при што сите заедно треба да се фокусираме да ја достигнеме просечната невработеност во Европската унија од околу 10%, потенцираше Штефан Петер. Влатко Стојановски
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 3 март 2017, Бр. 297
МЕА - Македонска Енергетска Асоцијација
НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО ПРЕКУ ЦЕЛОСНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНИОТ СИСТЕМ ЗА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО СКОПЈЕ Македонската енергетска асоцијација (МЕА) организираше презентација на Студијата„ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕХНО-ЕКОНОМСКИ ОПТИМАЛНА И ЕКОЛОШКИ ОДРЖЛИВА СТРУКТУРА ЗА ГРЕЕЊЕ И ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЦЕНТРАЛИЗИРАНО СНАБДУВАЊЕ СО САНИТАРНА ТОПЛА ВОДА НА ГРАД СКОПЈЕ“, изработена од Машинскиот факултет од Скопје. На презентацијата, што се одржа на 2 март 2017 година во Стопанската комора на Македонија, присуствуваа голем број стопанственици, невладини здруженија, претставници од министерствата, банки и надлежните институции.
Зголеменото ниво на концентрации на цврсти честички во воздухот во Скопје, особено во зимскиот период, во најголема мерка се должи на користење на нееколошки и неефикасни системи за греење на објектите и постојните услови во транспортниот сектор и појавата на температурна инверзија, поради што долните слоеви на воздухот се задржуваат во „затворена состојба“, што значително ја ограничува можноста емисиите кои се создаваат во градот да се дистрибуираат повисоко во атмосферата.
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
7
МЕА - Македонска Енергетска Асоцијација Дополнително, поновите урбанистички решенија, зголемениот број на жители и други последици од неприродното растење на градот, придонесуваат создадените емисии на цврсти честички и други штетни материи потешко да бидат „исплакнати“ од слабите ветрови во градот. Емисиите на цврсти честички и други загадувачки материи во периодот на грејната сезона се драстично зголемени и поради процесите на греење во домаќинствата и во други објекти, за кои се употребуваат цврсти горива и други согорливи материи, често во релативно стари и неефикасни уреди за согорување. Освен тоа, условите во сообраќајот во зимскиот период диктираат режим на работа на возилата кој е еколошки неповолен и продуцира поголемо количество на цврсти честички, особено при возење на мали релации и во услови на сообраќаен метеж. Сето тоа придонесува градот Скопје да биде во групата на најзагадени градови во Европа, што од друга страна има значителни директни штетни последици по здравјето на населението (според официјални извештаи на Светската банка, Европската унија, Светската здравствена организација и др.) и значителни индиректни финансиски трошоци во здравството. Направена е техно-економска анализа на десетина постојни и потенцијални (можни) начини на греење во градот Скопје, имајќи предвид неколку аспекти: достапност, изводливост, инвестициски вложувања, оперативни трошоци и трошоци за одржување, техно-економска анализа и влијанието врз околината. Главна цел на студијата е да се добијат релевантни сознанија и показатели за избор на техноекономски оптимален и еколошки одржлив тип на греење во одделни делови на Скопје како голема урбана целина, при што е користен соодветен модел, приспособен и применет кон условите на градот Скопје. За избор на оптимален тип на греење е дефиниран модел на типичен стан за урбаниот дел на скопскиот регион, со цел да се добијат релевантни и споредливи показатели од анализата на различните технички системи. Во анализата се земени предвид речиси сите применувани и достапни начини на греење: - централно топловодно греење; - индивидуално греење на природен гас; - индивидуално греење на пелети; - колективно станбено греење на пелети; - индивидуално греење со топлински пумпи од типот воздух - вода; - колективно станбено греење со топлински пумпи воздух – вода; - индивидуално греење со инвертер - клима уреди; - индивидуално греење со електрични панелни греалки; - колективно станбено греење на огревно дрво;
8
БИЗНИС ИНФО
петок, 3 март 2017, Бр. 297
МЕА - Македонска Енергетска Асоцијација - колективно станбено греење на нафта (масло за ложење); - колективно станбено греење со топлински пумпи со електрична енергија набавена на отворен пазар. Генералниот заклучок од споредбената анализа покажува дека системот за централно топловодно греење претставува техно-економски оптимален тип на греење за поголем дел од објектите во условите на градот Скопје. Тоа се однесува на широк дијапазон топлински оптоварувања и концентрации на објекти во градот каде што има достапна мрежа на топловодниот систем, пред се` во урбаните делови на Скопје, како и во регионите каде што нема топловодна мрежа, а се одликуваат со голема густина на објекти со високо специфично топлинско оптоварување кои претставуваат голем топлински конзум. Овој заклучок се потврдува со Стратегијата за развој на енергетиката на Македонија до 2030 година, Програмата за енергетска ефикасност на Град Скопје 2015 – 2017 година, како и со Заклучоците на ГУП на Скопје 2012-2022 година. Индивидуалното греење со инвертер - клима уреди и колективното станбено греење со топлински пумпи воздух - вода е во предност во регионите со релативно голема густина на објекти со мала густина на топлинско оптоварување (региони со куќи во згуснат распоред). Поради ова се препорачува примената на инверторите / топлинските пумпи да се ограничи и промовира во регионите каде што не е оправдан развојот на централен топловоден систем, односно во периферните региони на градот. Во поглед на индивидуалното греење на природен гас, може да се заклучи дека пониските почетни трошоци за развој на подземната гасоводна инфраструктура не ги оправдуваат значително повисоките инвестициски трошоци по kW инсталирана моќност на опремата за производство на топлинска енергија. Поради тоа, овој систем не се препорачува за понатамошен развој во делови од градот каде што има развиена топловодна мрежа, со што би дошло до појава на два неприродни конкурента централниот топловоден систем и системот за индивидуално и колективно станбено греење на природен гас, чии потенцијали ќе бидат само делумно искористени и ќе се одликуваат со намалена ефикасност. Кон тоа мора да се додадат и неопходноста од огромни градежни зафати во градот поради моменталната слаба развиеност на гасоводната мрежа, реалните безбедносни ризици што постојат кај сите гасоводни системи и бројни технички и други влијателни фактори. Сето тоа значи дека приклучувањето на потрошувачите на гасоводниот систем би одело бавно и инертно,
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
9
МЕА - Македонска Енергетска Асоцијација
поради што ќе дојде до одолговлекување и неможност на повратот на инвестиција за гасоводниот систем. Од друга страна, системот за индивидуално и колективно станбено греење на природен гас е ексклузивен од аспект на изворот на примарна енергија, односно примената на гориво (природен гас), и ја елиминира можноста за примена на обновливите извори на енергија како примарни извори на енергија (сончева енергија, биомаса, ветерна енергија и др.), во однос на централниот топловоден систем, кој е инклузивен за сите извори на примарна енергија (гориво) вклучително и за обновливите извори на енергија. Дополнително, овој систем подразбира изградба на голем број мали котларници со очекувани тешкотии при експлоатација и одржување на системите (потреба од мониторинг и навремена дијагностика на евентуални технички проблеми). Од еколошка гледна точка, големиот број локални топлински извори (котелски ложишта) ќе предизвика значителна зголемена вредност на емисиите од локален карактер. Мора да се истакне дека доколку поставувањето на системите со топлински пумпи и клима уреди со инвертер бара значителни инвестиции во електро- дистрибутивната мрежа за чија реализација би бил потребен подолг временски период, во регионите во кои развојот на систем за индивидуално греење на природен гас има економска оправданост во однос на централниот топловоден систем (како што е претходно образложено, тоа се регионите на периферијата на градот Скопје кои се одликуваат со голема густина на ниски куќи со мало топлинско оптоварување), може да се
10
БИЗНИС ИНФО
петок, 3 март 2017, Бр. 297
МЕА - Македонска Енергетска Асоцијација размислува за поставување уреди на природен гас и изградба на соодветен гасоводен дистрибутивен систем. Со оглед на влијанието на системите за греење, со повторно приклучување на исклучените корисници на системот за централно топловодно греење, како и со приклучување на нови корисници во деловите од градот каде што постојат
инфраструктурни услови, значително ќе се подобрат и условите во поглед на аерозагадувањето. Во студијата е презентиран и предлог-план за развој на системот за централизирано снабдување со топлинска енергија за греење на градот на краткорочен план - до 2018 година, среднорочен - до 2020 година и долгорочен план - до 2040 година, со преглед на потребните инвестиции за реализација на планираниот развој. Преку повторно приклучување на исклучениот топлински конзум на централниот топловоден систем би се извршило понатамошно доискористување на постојниот капацитет на централниот топловоден систем. Во тој случај, крајниот износ на услугата ќе се намали за 10%. Со спроведување на овој план, емисиите на суспендирани честички би се намалиле за околу 7%. Со среднорочниот план ќе се изврши потполно искористување на постојниот капацитет на централниот топловоден систем и цената на услугата ќе се намали за
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
11
МЕА - Македонска Енергетска Асоцијација 25%. Со спроведување на среднорочниот план ќе бидат елиминирани сите локални извори на загадување на воздухот (изворите на суспендирани честички) во регионите на Скопје кои се опфатени во ГУП, предизвикани од примената на несоодветен тип на греење. Паралелниот развој на централниот топловоден систем во урбаните делови на градот, со развој на топлинските пумпи и инвертери во периферните региони, отвораат простор за развој на когенеративно производство на електрична и топлинска енергија што ќе доведе до формирање на оптимална, самоодржлива грејна структура на градот Скопје. Имено, топлинската енергија од когенеративните постројки ќе се користи за централниот топловоден систем, а електричната енергија ќе се користи за напојување на топлинските пумпи и инвертери. Дополнително, бидејќи потребните количества електрична енергија за греење преку високоефикасни инвертер - клима уреди и топлински пумпи согласно предложениот концепт ќе бидат ниски и ограничени во споредба со сегашната грејна структура кога електричната енергија масовно се користи за греење преку неефикасни уреди, ќе се добие вишок производство на електрична енергија во когенеративните постројки која освен за греење во градот Скопје ќе служи и за задоволување на пазарот на електрична енергија во Македонија, кој е зависен од увоз. Значаен ефект од предложената грејна структура е и неколкукратното зголемување на употребата на природниот гас во Македонија на сметка на огревното дрво, електричната енергија и јагленот во термоенергетските постројки, што покрај еколошките ефекти ќе доведе и до поголемо искористување на системот за пренос на природен гас кој во моментов е искористен помалку од 20% и следствено, неколкукратно поевтинување на специфичните трошоци за пренос на природен гас во Македонија. Тоа во спирала ќе доведе до дополнително поевтинување на услугите од централниот топловоден систем за потрошувачите. Во завршниот дел од студијата се презентирани начините за централно снабдување со топлинска енергија за подготовка на санитарна топла вода и комбинација на овие системи со системи на сончева енергија, со анализа од техничка, енергетска, финансиско-економска и еколошка гледна точка. Предложениот концепт 304 овозможува масовна имплементација на централна подготовка на санитарна топла вода со искористување на сончевата енергија во урбаните региони на градот Скопје, што е во линија со прифатените заложби на Република Македонија за зголемување на уделот на обновливите извори на енергија . Перо Авакумовски
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 3 март 2017, Бр. 297
ПРОЕКТИ
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЧЕТВРТИОТ ПОВИК НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА ГРАНТОВИ за новоосновани трговски друштва, старт-ап, спин-оф компании и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации
Фондот ги презентираше можностите за доделување средства преку двата финансиски инструмента чија цел е да го поттикне нивото на иновативност преку поддршка на активности за истражување и развој на микро, мали и средни претпријатија. Со овие инструменти се очекува да се поттикне културата на преземање ризик и иновативност и да се обезбеди поддршка за претпријатијата кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, услуга. Инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф е наменет за претпријатија кои имаат потенцијал за брз раст и кои постојат најмногу 6 години во моментот на аплицирање. Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 85 проценти од вкупниот буџет за Проектот, до максимален износ од 30.000 евра. Интересот е голем затоа што има недостиг од други извори за финансирање на старт-ап претпријатија во Македонија и најчесто тие бараат поддршка од Фондот. Токму ова беше една од причините зошто е формирана државна институција со ваква мисија и цели.
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
13
ПРОЕКТИ Под инструментот Кофинансирани грантови и условни заеми за комерцијализација на иновации може да бидат финансирани микро, мали и средни претпријатија од сите сектори, што сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 70 проценти од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 100.000 евра. „Иновациите се неопходни за опстанок на бизнисите и истите се клучни за нивниот поголем раст и извоз и затоа пред членките беше потенцирана поддршката која истите можат да ја добијат. Доколку во својот бизнис план претпријатието предвидува извоз на странски пазари, во тој случај ќе има поголеми шанси да биде избрано во инструментите за финансирање“, - истакна Катерина Кречева од Фондот за иновации и технолошки развој. „Еден од основните критериуми кој се оценува од Фондот е пазарниот потенцијал, бидејќи од тоа зависи и потенцијалот за раст на претпријатието. Доколку во својот бизнис план претпријатието предвидува извоз на странски пазари, во тој случај овој проект ќе може да добие повеќе бодови. Присуство на глобален пазар може да донесе поголем број на корисници на производите или услугите и приходи за претпријатието да стане самоодржливо, но и да може да продолжи да расте“, - истакна Катерина Кречева од Фондот за иновации и технолошки развој. Повикот трае до 2.5.2017 година и сите информации во врска со повикот можат да се добијат во Фондот за иновации и технолошки развој. Јадранка Аризанковска
14
БИЗНИС ИНФО
петок, 3 март 2017, Бр. 297
ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ
Во серијата на семинари организирани од Стопанската комора на Македонија, на 2.3.2017 година во Регионалната комора со седиште во Велес се одржа семинарот на тема: „Утврдување и наплата на локалните даноци, такси и други надоместоци согласно Законот за даноците на имот“. На семинарот беше постигната целта за запознавање на присутните со утврдувањето и наплатата на локалните даноци, такси и други надоместоци согласно Законот за даноците на имот. Свое поздравно обраќање имаше м-р Анета Трајковска, директор во Стопанска комора на Македонија. Таа пред присутните истакна дека од големо значење се ваквите семинари, најави и идни вакви и слични советувања за компаниите. Предавачите Ивана Каранфилска, дипломиран правник и Александар Георгиевски, магистер по економски науки, пред присутните зборуваа за: администрирање на данок на
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
15
ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
промет на недвижности, администрирање на данок на наследство и подарок, јавни приходи, фискалните приходи како основен извор на приходи во единиците за локалната самоуправа, локални даноци, утврдување и наплата на локалните даноци и присилна наплата на даноците / таксите. Дваесеттина претставници од регионот на Велес земаа учество на семинарот, кој беше наменет особено за директори, односно раководители на финансиско-сметководствени сектори, вработени во компаниите задолжени за финансиско работење, како и за претставници од општините. Општата оценка на присутните за семинарот беше позитивна, кои воедно изразија интерес за слични вакви семинари кои би ги организирале Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Велес. Ирена Жарова
БИЗНИС ИНФО
16
петок, 3 март 2017, Бр. 297
СОРАБОТКА
АМБАСАДОРКАТА НА НР КИНА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА На 2 март 2017 година во работна посета на Стопанската комора на Македонија беше делегација од Народна Република Кина, предводена од амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е. Јин Ликсиан и економскиот советник при Амбасадата на НР КИна во Р. Македонија, господинот Ју Ксуксин. На работниот состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески беа дискутирани досегашните и идните активности што Комората и Амбасадата успешно ги спроведуваат години наназад. Претседателот Азески истакна дека Кина ја гледа како важен стратешки партнер за подобрување на македонското стопанство преку бројните инвестиции во Република Македонија, особено во делот на инфраструктурата. Подобрувањето на инфраструктурата и новите технологии што се увезуваат директно од Кина ќе и` овозможат на Македонија полесно пробивање на светските пазари. Кинеските инвестиции од НР Кина во делот на инфраструктурата, на Македонија и` овозможија полесно поврзување не само со земјите од регионот, туку и на меѓународен план. Амбасадорката Јин изрази голема благодарност до Комората за досегашната соработка со Амбасадата и поддршката за развојот на економската и бизнис атмосфера
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
17
СОРАБОТКА
помеѓу двете земји. Таа исто така истакна дека од голема важност е и учеството на Комората во Иницијативата „16+1“, којашто за главна цел го има продлабочувањето на соработката помеѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, што уште еднаш ја потврдува посветеноста на Комората во делот на поврзување на двете земји. Во однос на присутноста на македонските компании на кинескиот пазар, амбасадорката ја поддржа активноста на Комората во делот на организација на саемските манифестации, со што директно се поттикнува билатералната соработка и размена на информации, искуства и продукти помеѓу двете земји. Претседателот Азески потенцираше дека во иднина Комората и Амбасадата со зеднички сили ќе се стремат кон интензивирање и подигнување на соработката со НР Кина на повисоко ниво, што ќе придонесе за продлабочување на билатерлната соработка и повисока трговска размена помеѓу двете земји. Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во 2016 година достигна вредност од 469 милиони САД$, што претставува пад од 12,05 % во однос на 2015 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 47,8 милиони САД$ или намалување од 66,52%, додека увозното салдо изнесува 421,2 милиони САД$, или зголемување од 7,87% споредено со 2015 година. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 373,4 милиони САД$. Во вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е 7-ми трговски партнер на Република Македонија во 2016 година. М-р Сања Николова
БИЗНИС ИНФО
18
петок, 3 март 2017, Бр. 297
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7 март 2017 година (вторник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар на тема: РЕГИСТРАЦИЈА НА ХЕМИКАЛИИТЕ
Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: Регистрација на
хемикалиите, на којшто ќе се образложи законската регулатива во Република Македонија, постапките и потребната документација за увоз на суровини наменети за производство на домашен готов производ, регистрација на готови производи наменети за пазарот во Македонија, како и регистрација на домашен готов производ наменет за домашниот пазар и за извоз.
Семинарот е наменет за сите вклучени во процесот на производство и промет на хемикалии,
како и други заинтересирани лица кои сакаат да ги прошираат своите знаења. Предавач:
-д-р Татјана Петрушевска,
раководител на сектор во Министерството за здравство,
дипомиран фармацевт, специјалист за испитување и контрола на лекови (Фармацевтски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје), магистер за меѓународен бизнис менаџмент и маркетинг (UACS - University American College – Скопје), доктор на медицински науки (Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје). Д-р Татјана Петрушевска од 2001 година е проект лидер на 6 проекти финансирани од Европската комисија во областите на наркотични дроги и прекурсори (ФАРЕ; КАРДС, ИПА).
Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Повик за учество на обуки и меѓународни Ready2Go деловни средби на мали и средни претпријатија од Македонија Стопанската комора на Македонија во организација со Европската мрежа на претприемачи (ЕЕН), ве покануваат да учествувате во активностите на проектот “Ready2Go” (EASME / COSME / 2015/028), подржан од страна на Европската комисија (ЕК) и Европската агенција за мали и средни претпријатија (EASME), наменет за малите и средните претпријатија од Европа. Оваа иницијатива на пилот-проектот “Ready2Go” има за цел да ги поддржи динамичните мали и средни претпријатија (МСП), од Европа во нивната интернационализација, со цел истите да учествуваат и да се натпреваруваат во ЕУ земјите и на уште 5 дополнителни целни пазари, и тоа во Камерун, Канада, Чиле, Индија и САД. Секое мало и средно претпријатие од Македонија може да учествува во активности во максимум 2 земји. За секоја земја од групата на учесници ќе бидат составени од околу 20-30 компании од следните целни сектори: 1. Агро-храна; 2. Биотехнологии; 3. Хемиска индустрија; 4. Занаетчиство (керамика, накит, украси, кројачи, керамика); 5. Креативни индустрии (филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални медиуми, музика, рекламирање, фотографија, дизајн, игри и дигитална анимација); 6. Животна средина; 7. Здравствена заштита и лекови; 8. ИКТ; 9. Интелигентна енергија (обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност); 10. Нано и микро-технологии (нанотехнологија, микро-и наноелектроника, напредни материјали, индустриски биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); 11. Материјали (композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, био-материјали) ; 12. Трговија и услуги; 13. Одржливо градежништво; 14. Текстил и мода; 15. Дрвна индустрија и мебел.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
20
петок, 3 март 2017, Бр. 297
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15.3.2017 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар: ОБВРСКИ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ ПРИ ВРШЕЊЕТО НА ГЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА И ИЗВЕДУВАЊЕТО НА РУДАРСКИТЕ РАБОТИ ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И НАДЗОР ПРИ ИСТРАЖУВАЊЕТО И ЕКСПЛОАТАЦИЈАTA НА МИНЕРАЛНИТЕ СУРОВИНИ
Со цел запознавање на компаниите (концесионери) со обврските при вршењето на геолошките
истражувања и изведување на рударсктие работи за експлоатација на минерални суровини и надзор при истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини, Стопанската комора на Македонија, на 15 март 2017 година, организира еднодневен семинар за оваа тема. Семинарот ќе им помогне на имателите на концесија како правилно да постапуваат согласно обврските кои произлегуваат од Законот за минерални суровини. Целна група се вработени во друштва кои се учесници во постапка за добивање концесија за детални геолошки истражувања/експлоатација, тековни концесионери, баратели на дозвола за експоатација и други правни и физички лица заинтересирани во областа на минералните суровини. Покрај излагањето на предавачите, семинарот предвидува активно учество со поставување прашања и споделување искуства од страна на учесниците. Предавач:
- д-р Eјуп Љатифи, раководител на Секторот за минерални суровини во Министерството за
економија;
- м-р Александра Митреска, советник во Секторот за минерални суровини во Министерството
за економија.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
AD WORDS – АЛАТКА ЗА НАПРЕДНО ПРЕБАРУВАЊЕ И ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ
16.3.2017 година (четврток) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Сите сме свесни дека за успешното работење денес е неопходна присутност на компанијата на интернет. Интернетот донесе многу новини и ги намали трошоците на работењето на повеќе начини: -можете да имате своја продавница на интернет и на тој начин да ги намалите трошоците за закуп на локал и режиските трошоци; -можете да ги пласирате своите производи без трошоци за одење на терен: во друг град, регион, земја или континент; -да го рекламирате својот производ по драстично пониски цени во однос на off-line рекламирањето (билборди, радио, ТВ, весници); -можност за следење на Вашите потрошени пари; -можете да го менувате текот на рекламната кампања и сл. За време на семинарот секој учесник ќе има свој налог и ќе работи на рекламните кампањи за својата компанија. Со цел кампањите на Ad Words - платформата да бидат продуктивни, неопходно е добро да се постават и постојано да се следат и ажурираат за да се постигнат најдобри резултати. Преку Google Ad Words - платформата, огласите се поставуваат на: -Search; -Display; -Mobile; -Gmail; -YouTube. Обуката е наменета за: сопственици и менаџери на компании, вработени во маркетинг секторот, вработени и поединци кои сакаат да ги унапредат своите вештини и знаење во областа. Предуслови за учество на семинарот се: -поседување на Gmail - налог; -веб-страна која сакате да ја огласувате; -административен пристап на Google аналитиката на сајтот кој се огласува; -картичка за интернет-плаќање.
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
петок, 3 март 2017, Бр. 297
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
16 март 2017 година, во Месе Франкфурт, СР Германија
Меѓународни деловни средби „ISH 2017 Brokerage Event “- (енергетски сектор, животна средина и вода)
Стопанската комора на Македонија преку ЕЕН Мрежата во соработка со Европската мрежа
на претприемачи од Хесен, СР Германија, ве покануваат да учествувате на меѓународните деловни средби на настанот „ISH 2017 Brokerage Event“- Саем и деловни средби за дизајн на иновативни бањи, енергетско ефикасно греење, технологии за греење, еколошка климатизација, ладење и вентилација и обновливи извори на енергија на 16 март 2017 година, во Франкфурт на Мајна, СР Германија.
Хесен е една од шеснаесетте сојузни покраини во Германија, која има површина од 21.110 км2
и околу шест милиони жители. Главен град на Хесен е Висбаден, додека негов економски центар е Франкфурт на Мајна.
На овој настан главен акцент ќе се даде на најновите случувања во енергетскиот сектор,
животната средина и водата, со најновите технолошки и иновативни достигнувања, со цел да се најдат партнери за бизнис соработка во индустријата, дистрибутери, продавачи на големо, трговци на мало, како и други компании кои се во потрага по потенцијални партнери за да обезбедат развој на бизнисот во следните сектори:
• дизајн на бањи и санитарии;
• нови технологии за греење, климатизација, ладење и вентилација и инсталации;
• изградба и енергетски технологии;
• ефикасни системи и обновливи енергии.
„ISH“ е водечки светски саем за дизајн на иновативни бањи, енергетско ефикасно греење,
технологии за греење, еколошка климатизација, ладење и вентилација и обновливи извори на енергија, што ги опфаќа сите аспекти на идни решенија на зградите во хоризонтална и вертикална основа.
Учеството на меѓународните деловни средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на
товар на компаниите и на учесниците.
Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се
регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/ish2017 најдоцна до 13.3.2017 година.
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
14. МЕДИТЕРАНСКИ САЕМ ЗА ЗДРАВА ХРАНА И ЛЕКОВИТИ БИЛКИ
16-19 март 2017 година Хотел „Тирена“, Бабин Кук Дубровник, Р. Хрватска
Стопанската комора на Република Македонија, во соработка со „Дубровник Сан“ ве поканува на 14. Медитерански саем за здрава храна, лековити билки и зелени култури, што ќе се одржи во периодот од 16-19 март 2017 година, во хотел „Тирена“, Бабин Кук – Дубровник, Р. Хрватска. 14. Медитерански саем за здрава храна, лековити билки и зелени култури е една од позначајните саемски манифестации во Република Хрватска од областа на екологијата, традиционалното земјоделство и останатите земјоделски произвиди. Минатата година на Саемот учествувале 200 излагачи, а Саемот го посетиле преку 20.000 посетители. Оваа година саемската манифестација е ориентирана кон проширување на асортиманот на нови еколошки производи (хибриди, електрични возила, еко-мебел и гардероба), организирање денови на медот, како и подигање на квалитетот на еколошките и традиционално одгледуваните производи. Како и претходните, така и оваа година во рамките на саемската манифестација ќе бидат организирани и низа едукативни тркалезни маси и работилници, предавања и презентации со атрактивни културно-забавни гастроносмки содржини. Со цел да се развие и да се продлабочи контактот и да се отворат нови можности за соработка помеѓу хрватските компании и компаниите од светот, овогодинешниот 14. Медитерански саем за здрава храна, лековити билки и зелени култури има за цел на едно место да ги собере сите: • производители на житни култури, зачини и масла; • чај, кафе и опрема; • млеко и млечни производи; • замрзната и конзервирана храна; • свежи земјоделски производи и опрема; • лаборатории за испитување на храна; • производители на вино и алкохолни пијалаци; • производители на мед; • претставници на кондиторската индустрија и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 7.3.2016 година (вторник).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091 е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 3 март 2017, Бр. 297
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.03.2017 година (вторник) 10:30-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема:
„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.
Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот
циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари.
По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје, од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата. Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 3 март 2017, Бр. 297
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
петок, 3 март 2017, Бр. 297
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
„Global Business & Markets“
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува
да воспоставите контакти со нови деловни партнери
Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.
Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за
поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.
На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна
соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:
www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на
www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
петок, 3 март 2017, Бр. 297
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
27
28
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
петок, 3 март 2017, Бр. 297
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088