Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
Број 347 345
БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
1
FS 549642
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018 04.04.2018
ПОИНТЕНЗИВНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА СО ПОДДРШКА НА ВЛАДИТЕ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ – ПОРАКА ОД МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИОТ БИЗНИС ФОРУМ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
НЕОПХОДНИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ПОГОЛЕМИ ЕКОНОМСКИ ЕФЕКТИ ВО ТУРИЗМОТ Во периодот јануари - декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,6%. Кај домашните туристи има зголемување за 6,3%, а кај странските за 23,5%. Бројот на ноќевањата во истиот период е зголемен за 12,8%. Кај домашните туристи има зголемување за 5,2%, а кај странските за 22,8%.
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Анализирано по земји, Турција останува земјата од којашто најголем број туристи ја посетиле Македонија, втора е Србија, а потоа следуваат Грција, Бугарија, Холандија, Албанија, Косово, Германија, Хрватска, Полска, Италија, САД, Израел, други азиски земји и Кина.
Од аспект на реализирани ноќевања во Република Македонија, најбројни се повторно турските туристи, потоа холандските, а меѓу петте земји од коишто туристите реализрале најмногу ноќевања се и Србија, Грција и Бугарија. Девизниот приход од туризмот е во континуиран пораст. Во 2017 година споредено со 2010 година, кога започна процесот на субвенционирање на странските туристи, девизниот приход реализира раст од 65,7 проценти и изнесува 326,9 милиони американски долари во 2017 година. Учеството на туризмот во бруто домашниот производ изнесува 2,2% директно учество. Статистичките податоци и анализите покажуваат позитивни трендови на развојот на туризмот во домашната економија, што во најголем број случаи се должи на субвеницонираната поддршка на туроператорите кои носат странски туристи и субвеницонирањето на нискобуџетските авионски линии. Сепак, за долгорочен развој на туризмот како сериозен чинител во домашната економија постојат серија прашања на кои треба да се работи во
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА следниот период. -Во таа насока, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и преку оваа прес-конференција (2.4.2018 година) има за цел да порача дека се неопходни интервенции во законската регулатива за поголеми економски ефекти во туризмот. Интервенциите се потребни на неколку полиња, - посочи Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Во делот на законските измени се предлага: 1. Во Законот за туристичка дејност: - лиценцата за туристичка дејност да се реобновува, на периодот од две/три години; - да се оневозможи туристички агенции со „Б“ лиценца да вршат услуги како да имаат „А“ лиценца; - наместо лиценци „А“ и „Б“, да постојат туроператори, односно организатори на патувања и продажни агенти или туристички агенции кои само ќе ги продаваат аранжманите изработени од туроператорите, односно организаторите на патувањата; - да постои само банкарска гаранција како услов за давање лиценца, не и осигурителна полиса; - да се воведе осигурување на аранжманите, за да се обезбеди уште поголема самоконтрола на работата на туристичките агенции; - усогласување на Законот за туристичка дејност и Законот за превоз во патниот сообраќај; - промена на Правилникот за субвенционирање, односно допрецизирање на одредени членови од Правилникот за начинот, видот и висината на субвенциите; - измени и на општите услови за патување, следејќи ги меѓународните прописи и стандарди согласно трендовите; - легитимацијата за туристички водич да прерасне во лиценца, за чие добивање ќе бидат потребни многу поголемо познавање во областа, завршени обуки. 2. Во Законот за угостителска дејност: - категоризација на сите угостителски објекти за сместување согласно дефинирање на поимот угостителски објекти за сместување (хотел, мотел, пансион, туристички
БИЗНИС ИНФО
6
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА апартман, планинарски и ловни домови и сл.). Во Македонија постои само Правилник за категоризација на хотели, мотели и пансиони. Оттука, драстично расте интересот за регистрирање апартмани за кои не постои категоризација; - промена на моделот на категоризација; - категоризација на сите угостителски објекти за исхрана (ресторани, гостилници, ресторани за самопослужување, експрес - ресторани, киосци, млечни ресторани, ресторани бавчи, летни бавчи, кебапчилници, бистро, пицерии, објекти за брза храна и слично). Постои Регистар на категоризирани ресторани (согласно кој има регистрирани 88 национални ресторани), но нема регистар на гостилници, ресторани за самопослужување, експрес - ресторани, киосци, млечни ресторани, ресторани бавчи, летни бавчи, кебапчилници, бистро, пицерии, објекти за брза храна и слично. Нема ниту достапна информација колку угостителски објекти се регистрирани за исхрана надвор од моделот на категоризација. Поради посочените слабости, се бара промена на моделот на категоризација на објектите за вршење угостителска дејност, особено на ГОСТИЛНИЦИ, ТП ДРУШТВА и сите други видови угостителски објекти за исхрана, како и решавање на проблемот со кетеринг - компаниите кои работат во несоодветни услови, нерегистрирани и се сериозна нелојална конкуренција на правните субјекти кои работат во угостителската дејност. Истовремено се укажува дека постојат различни казнени одредби за различни форми на правни субјекти кои се занимаваат со угостителска дејност, поради што се бара нивно усогласување, односно за сите форми на правни субјекти да постојат исти обврски и казнени одредби. - Со цел регулирање на работата на правните субјекти во насока на елиминирање на нелојалната конкуренција и „сивата“ економија, да се работи на соодветен модел на контрола на инспекциските служби во продажбата на аранжмани преку „BOOKING“, „AIRBNB“ - системите и другите форми на „on-line“ продажба на угостителски услуги; - освен поради несоодветна категоризација на сите угостителски објекти, проблемите настануваат и поради: * отсуство на соодветен систем на следење на работата на физичките лица кои се регистрираат за вршење угостителска дејност за сместување на локално ниво; * продажбата на аранжмани и услуги за ноќевање од некатегоризирани правни субјекти.
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Проблеми постојат и поради несоодветни визни олеснувања со Кина и земјите од ГОЛФ-регионот. Проекциите на светската туристичка организација се дека 10 проценти од глобалниот БДП се креира од туризмот, 30 отсто од извозот на глобални услуги. Европа останува најпосетениот регион во светот. Меѓународниот туристички пазар се очекува да расте со 3,3 отсто на годишно ниво помеѓу 2010 и 2030 година и да достигне 1,8 милијарди туристи до 2030 година. Туризмот е дефиниран како трета брзо растечка индустрија во светот. Македонија на светската карта на туризмот учествува со помалку од 0,1%, но како дел од регионот дефинитивно можностите за развој на секторот се далеку поголеми. Светските трендови покажуваат дека расте интересот на туристи пред се` од Азија. Од Кина, 135 милиони туристи на годишно ниво излегуваат од земјата. Проценките се дека трошат 330 милијарди САД долари на годишно ниво. Во регионот на Западен Балкан, се` поголем е интересот и на туристи од ГОЛФ- земјите. За таа цел, соседните држави, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово имаат направено сериозно релаксирање на визниот режим со овие земји, од коишто туристи патуваат во регионот на кружни тури, посочи Славе Сирачевски, заменик - претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. -Здружението веќе одреден период во официјална комуникација со Министерството за надворешни работи, укажува на трендот во регионот и доколку Македонија не направи релаксирање на визниот режим, ќе остане надвор од глобалниот балкански туристички пазар, - вели Сирачевски. Согласно статистиката, земјите во регионот остваруваат значително поголем девизен прилив од Македнија во делот на туризмот.
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИИ МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА Македонија се` уште нема стратегија за туризам. Во моментов постои финална верзија на Предлог-стратегија, која веќе 2 години е во фаза на таков документ. Сепак, и во неа е констатирано дека туризмот во Макеоднија се соочува со повеќе проблеми, како што се класификација на хотелите, туристички ознаки, субвенции за туроператорите, субвенции за авиопревозниците, визната политика или генералната инфраструктура. За таа цел, потребно е да се подобри општата инфраструктура, што подразбира освен патишта, струја, отпадни води, канализации и сл., да се дефинираат идни тела одговорни за развој на туризмот на национално ниво, како и тело за координација на сите активности поврзани со туризмот, заради избегнување паралелни активности. Потребни се и посебни стратегии за образовниот систем во дејноста, како и поттикнување на свеста на локалното население. Општиот заклучок е дека проблемите можеби и навистина се реално нотирани, но она што недостасува во Предлог-стратегијата е дека истата предвидува нови 8 стратегии за работите да може да се придвижат во позитивна насока. Тоа значи дека вака дефинирана стратегија во рокот за кој се однесува до 2021 година, следејќи го Акциониот план, нема да може да даде позитивен исход, дотолку повеќе што сега е 2018 година, а таа се`уште не е усвоена од Владата на РМ и е во форма на финална верзија. Даниела Михајловска Василевска
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
9
БИЗНИС ФОРУМ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ПОИНТЕНЗИВНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА СО ПОДДРШКА НА ВЛАДИТЕ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ – ПОРАКА ОД МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИОТ БИЗНИС ФОРУМ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Има потенцијал, можности и основ за раст на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија, како две традиционално пријателски земји. Потребно е интензивирање на трговските и инвестициските активностите поткрепени со политичка поддршка, беше заклучено на денешниот Македонско-словенечки бизнис форум во рамките на кој се одржаа и деловни средби меѓу компании од двете земји. Бизнис форумот организиран од стопанските комори на Македонија и на Словенија, а поддржани од претседателите на владите на двете земји, во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Скопје, во присуство на повеќе од 130 учесници, покажа дека постои интерес за еден од традиционалните регионални пазари на Македонија. Треба само да се најдат начини и модели како да се работи на зголемување на соработката и отворање на нови можности.
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ФОРУМ Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, изразувајќи задоволство од големиот интерес за денешниот Бизнис форум и за деловните средби, посочи дека повеќе од 30 години компаниите од Словенија и од Македонија имаат одлични деловни врски, традиционални односи, инвестиции, кои не само од Словенија во Македонија, туку изминатите години покажуваат и обратен правец. Македонски фирми веќе се јавуваат и како инвеститори во Словенија, посочувајќи го „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, кој преку фабриката во близина на Целје го освојува европскиот пазар.
„Алкалоид“ е веќе традиционално присутен одреден период на словенечкиот пазар и претставува докажан трговски бренд. Овие трендови покажуваат дека е создадена клима македонските компании да се јавуваат како инвеститори надвор од земјата. -Словенија, констатираше, Азески, е земја која од својата независност досега никогаш не ја напушти Македонија. Учевме од нивните искуства. Беше посочено и значењето на Коморскиот инвестициски форум, во кој сме заедно со Стопанската комора на Словенија и кој има за цел да изгради цврсти темели за идна регионална соработка во наредните 10 години. Преку поттикнување и интензивирање на дијалогот меѓу членовите на КИФ, ЕУ и меѓународните организации, интенцијата е да се покаже новата моќ на коморите во регионот, кои ја имаат клучната улога во поврзување на бизнисите и елиминирање на препреките кои се јавуваат на тој пат. Претседателот Азески најави дека во следниот период Стопанската комора на Македонија активно ќе работи на заеднички проекти со Стопанската комора на Словенија, во делот на едукација, користење на искуството во надворешно-трговското
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
11
БИЗНИС ФОРУМ работење и слично. -Сегашното ниво на трговска размена од 233,4 милиони САД$, не е на задоволително ниво и истото може да биде најмалку двојно поголемо, - алармираше Азески.
Генералната директорка на Стопанската комора на Словенија, Соња Шмуц, во обраќањето на Форумот стави акцент на добрите досегашни деловни односи, дефинирајќи дека двете земји имаат слична историја, традиција, територија. Таа посочи дека и Словенија и Македонија се истрајни на патот до успехот и дека се подготвени за натамошен развој. Словенија и Македонија се пријатели во делот на инвестициските активности, на полето на образованието, имајќи предвид дека многу македонски граѓани се едуцираат во Словенија. –Земјата, посочи Шмуц, лани имаше 5% раст на бруто домашниот производ. За оваа година проектиран е раст од 5,1%. Од 35 милијарди евра извоз во 2017 година, Словенија планира да го зголеми извозот на 50 милијарди евра до 2025 година. Фокусот на земјата е како да се зголеми додадената вредност на словенечките производи за странските пазари. Пред присутните стопанственици се обрати и претседателот на Владата на Република Словенија, д-р Миро Церар, кој меѓусебните односи на двете земји ги оцени како исклучително пријателски. Тој истакна дека и Словенија и Македонија го одбраа правиот пат за интегрирање на земјите во евроатлантските процеси. Во таа насока, Словенија ќе ја поддржи Македонија, бидејќи, како што рече претседателот Церар,
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ФОРУМ Македонија го одбра патот на иднината, почнат е процесот за политичка стабилност на земјата, а задачата на политичките структури е да создадат добри предуслови за инвестирање, даночна политика, инфраструктура, образование, реален правосуден систем. Двете земји имаат перспектива за заедничка соработка на полето на енергетиката, инфраструктурата, животната средина, но и во металната и електроиндустријата, прехранбениот сектор, туризмот и на други полиња.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, истакна дека воспоставеното пријателство меѓу двете земји треба да се искористи за заеднички инвестициски активности на полето на инфраструктурата, енергетиката и другите потенцијални сектори. - Владата на Република Македонија веќе работи на создавање поволни економски услови, ја позиционира државата да биде добар работодавач, работи на приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ. На тој начин и можностите за соработка со Словенија растат, кои од сегашните трговски и инвестициски активности, може да се прошират и на други форми на соработка, - посочи Заев. Министрите за економија на Словенија и на Македонија, Здравко Почивалшек и Крешник Бектеши, ги претставија можностите за соработка секој во својата земја. Почивалшек акцентот го стави на 6-те мерки што Владата на Словенија ги има донесено, а се однесуваат на намалените административни пречки за инвестирање, даночната
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
13
БИЗНИС ФОРУМ и трудовата реформа, инвестирање во интелектуален капацитет, проект за мали и средни претпријатија.
Министерот Бектеши пред бизнисмените го претстави Планот за економски раст и потенцијалите и можностите за инвестирање и развој на компаниите по тој основ. Беше ставен акцент и на можностите за инвестирање во секторот туризам, конкретно во бањскиот туризам, со користење на словенечкото искуство и знаење за тоа како да се користат геотермалните богатства со кои располага и Македонија, а од кои Словенија направи успешна туристичка приказна. На крајот на Бизнис форумот, на барање на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, словенечкиот премиер Церар даде силно уверување за поддршка на Македонија за влез во Европската унија и во НАТО, а премиерот Заев вети дека Владата на Република Македонија ќе го стимулира растот на економската соработка меѓу двете земји за да може до 2020 година истата да достигне до половина милијарда американски долари. Даниела Михајловска Василевска
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
ИНВЕСТИЦИИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ ЗДРУЖЕНИЈА
ПРИМЕНЛИВИ РЕШЕНИЈА ПРЕКУ АМАНДМАНИ НА ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИТЕ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
На 2.4.2018 година, Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија одржа седница и расправаше за поднесените Предлог-измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Здружението на информатичко-комуникациските технологии активно учествуваше во расправата по текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и благовремено ги поднесе донесените Заклучоци од својата седница, по однос на текстот, до Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија. Согласно интензивните контакти и усогласувања со надлежните субјекти за донесување на преложените измени и дополнувања на Законот, согласно европските директиви од оваа област, почитувањето на авторските права, како и согласно на веќе прифатениот текст од Комисијата за транспорт, врски и еколигија, во Собранието на
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
15
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Република Македонија, членките на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, заклучија да предложат текст со амандмански измени. Присутните се согласија дека овие амандмани ќе придонестат да се донесат прифатливи законски решенија за сите засегнати страни, со јасно дефинирани права и обврски. По обемната дискусија, членките на Здружението, односно сите оператори кои вршат реемитување преку различни платформи (ИПТВ, кабелски, ДВБТ и сателитски), заклучија дека ќе настапуваат заеднички, аргументирано и со факти за изнаоѓање реални и применливи законски решенија, а ќе продолжат и со интензивните контакти во текот на идниот период, со ресорните министри и со пратениците од соодветната Комисија во Собранието на РМ, се` до конечното донесување на прифатливи законски решенија. Лазо Ангелевски
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ВЕРИЦА ЃОРГИЕВСКА ОД „НАШЕ ОСИГУРУВАЊЕ“ КОЧАНИ ОСТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОСИГУРИТЕЛНО-БРОКЕРСКИ ДРУШТВА На 3.4.2018 година се одржа 26. седница на Асоцијацијата на осигурителноброкерски друштва при Стопанската комора на Македонија. На седницата едногласно се донесе одлука Верица Ѓоргиевска од „Наше Осигурување“ – Кочани да остане претседател на Асоцијацијата уште еден мандат.
За потпретседатели на Асоцијацијата беа избрани Елена Тодорова од „АМ Брокер“ - Скопје и Александар Меловски од „АМГ Премиум“ - Скопје. Исто така, на седницата беа усвоени Извештајот за реализирани активности на Асоцијацијата во изминатата 2017 година и Програмата за работа на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва во 2018 година. м-р Милена Перчинкова
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
17
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Седница на Регионалната комора со седиште во Кичево – РАЗГЛЕДАНИ МЕРКИТЕ ОД ТРЕТИОТ СТОЛБ ОД ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија, на 29.3.2018 година, ја одржа 13. седница на Управниот одбор во проширен состав, на којашто присуствуваа и претставници на Фондот за иновации и технолошки развој, Центарот за вработување во Кичево при АВРМ, како и од Општина Кичево. Седницата
ја водеше Шасим Османи, потпретседател на Регионалната комора со седиште во Кичево. Ирена Ѓоргиеска, од Фондот за иновации и технолошки развој, ги претстави мерките од Планот за економски раст на Владата на РМ, од столб 3: финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој, преточени во Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој.
18
БИЗНИС ИНФО
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Во Програмата на Фондот за иновации и технолошки развој, којашто неодамна ја усвои Владата на РМ, предвидени се пет мерки. Првата мерка претставува финансиска поддршка во износ од 30% од прифатливи директни трошоци за поддршка на микро, мали и средни компании, со тенденција на брз пораст („газели“), но не повеќе од 10.000.000 денари за инвестициски проекти како што се изградба на погон, набавка на опрема, купување земјиште, за имплементација на европски технички прописи за безбедност на производите, за воспоставување системи за управување со отпад и друго. Втората мерка од Програмата е финансиска поддршка за овие намени за микро
претпријатија (со годишен приход до 3.000.000 денари) со покривање до 30% од прифатливи директни трошоци, но не повеќе од 5.000.000. денари. Бидејќи мерките се однесуваат пред се` за развој и примена на иновативни решенија, најголем процент на покривање на трошоците, до 70% (не повеќе од 20.000.000 денари) е предвиден за третата мерка од Програмата, односно за развој и воведување на нови производи или услуги или значително подобрување на постојните, како и за изработка на индустриски дизајн или редизајнирање на производите, нова амбалажа, изработка на маркетингпланови, подобрување на постојниот или воведување на нов производен процес и друго. Финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени е предвидена во четвртата мерка, со покривање до 30% од трошоците за обука и
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
19
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ стручно усовршување на нововработени млади лица до 29-годишна возраст, но не повеќе од 1.000.000 денари. Поддршката преку Фондот ќе има и за „еквити“ и „мезанин“ инвестиции. За мерките во 2018 година превидени се средства во износ од 10,5 милиони евра и истите ќе се доделуваат по пат на три јавни повици. Директорот на Центарот за вработување во Кичево при АВРМ, Трајче Којчески, ги презентираше јавните повици за мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година. Во тек се програмите за субвенционирање на плати, практикантство, обука на работно место за познат работодавач, а пријава може да се поднесе се` до исполнување на предвидениот опфат на корисници, додека за мерката за обуки за персонални асистенти за инвалидни лица пријави може да се поднесуваат до 5.4.2018 година, а за мерката за обука на побарувани занаети, фирмите можат да се пријават најдоцна до 20.4.2018 година, а спроведувачите на обуките, во зависност од занаетот и времетраењето на обуката која може да биде од 3-6 месеци, ќе добијат до 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице. Присутните дваесетина членки дискутираа и за прашања од даночната и царинската сфера со кои секојдневно се соочуваат во своето работење, како и за Предлогактивностите на Регионалната комора со седиште во Кичево во 2018 година. Дијана Лазороскa Јованоска
20
БИЗНИС ИНФО
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ПРИЗНАНИЈА
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
СОРАБОТКА
БРАНКО АЗЕСКИ ИЗБРАН ЗА ЧЛЕН НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТОДАВЕН ОДБОР НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ЉУБЉАНА Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, беше промовиран како член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана, на пригодна свеченост која се одржа по повод основањето на Алумни клубот на Економскиот факултет од Љубљана во Македонија, во присуство на деканот на Економскиот факултет од Љубљана, проф. д-р Метка Текавчиќ, амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, проф. Милан Јазбец, претседателот на Алумни - клубот на Економскиот факултет од Љубљана, Јанез Шкрабец, како и десетици поранешни македонски студенти. Претседателот Азески посочи дека присутноста на Економскиот факултет од Љубљана во Скопје ја збогати палетата на високообразовни институции, приближувајќи ги најновите практики и трендови до македонските студенти, креирајќи уникатна
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
21
РЕГИОНАЛНИ ПРИЗНАНИЈА КОМОРИ можност да се стекнат со европски признато образование во својата земја. Веќе 11 генерации магистри од регионалниот центар во Скопје при Економскиот факултет од Љубљана успешно се интегрираа во многубројни познати компании, а голем дел од нив веќе се дел од раководните структури на истите. Тој ја поздрави иницијативата за основање на Алумни - клубот кој на едно место ќе ги обедини сите поранешни студенти на едно место, каде тие би се вмрежиле, би разменувале искуства и идеи, креирајќи силна врска помеѓу Факултетот и бизнис секторот, од која корист би имале и стопанството и идните студенти. Азески посочи дека Словенија во Република Македонија е присутна во повеќе важни сфери, правејќи ја еден од главните чинители кои поттикнуваат развој на македонското стопанство, особено потенцирајќи го преносот на знаење и вложувањето во образованието и науката, кои се едни од клучните алки на долг рок да се креира адекватен образовен профил, кој со своите знаења и вештини ќе знае да одговори на пазарните потреби и ќе биде во можност да креира дополнителна вредност. Воедно, тој наведе дека само преку креирање на општество базирано на знаење ќе се придонесе за континуиран раст и развој – колку ќе вложиме, толку ќе ни се врати. Втората деценија од традиционално добрите економски односи помеѓу Република Македонија и Република Словенија донесе интензивирање на соработката, а со тоа и поголема присутност на словенечките компании на македонскиот пазар и обратно, но се` уште постои простор на унапредување на таа соработка. Азески ја изрази поддршката на понатамошната работа на Факултетот, и на идните заложби за зголемување на економската соработка помеѓу двете пријателски земји, за коишто активно ќе придонесува како член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет од Љубљана. д-р Татјана Штерјова
22
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
23
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
10.4.2018 (вторник) Мостар, Босна и Херцегови
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „МОСТАР“ 10 АПРИЛ 2018 ГОДИНА
Интера технологија парк во Мостар, заедно со Стопанската комора на Македонија,Стопанската комора на Србија, Хрватската стопанска комора и Комората занадворешна трговија на Босна и Херцеговина организираат на Меѓународни Б2Бсредби на првиот ден од саемот Мостар, 10 Април 2018 година, со почеток во 15часот на првиот кат на Комора 1 (административна зграда). Како учесник ќе имаат и можност да се слушне деталите за можностите зафинансирање преку програмите на ЕУ (Хоризонт 2020 / SME инструмент) и на услугиза развој и интернационализација на бизнисот понудени од страна на Европскатамрежа на претпријатија (ЕЕН). ЗОШТО ДА СЕ УЧЕСТВУВА? Овие меѓународни Б2Б средби ќе олеснат и ќе ги забрзаат наоѓањето намеѓународните партнери на саемот затоа ние ви нудиме можност за избор напотенцијални партнери во согласност со нивните потреби и информации заделовните партнери и интересите на партнерите. Ова потоа се претвора во листана состаноци што се одвиваат на одредено место и место. Секој учесник добивасвоја сопствена листа на состаноци најмалку еден ден пред самиот B2B настан. РОКОВИ до 04. 04. 2018. - Онлајн регистрација (поставување на профил за соработка) до 09. 04. 2018. - Изберете интересни профили и закажете B2B средби 10. 04. 2018.год - Меѓународни B2B Состаноци Мостар 2018 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.04.2018 - 20.04.2018 Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И МОЖНОСТИ-
Договарањето и примената на арбитражата како метод за решавање на споровите од деловното работење бележи пораст во последните години. Брзото завршување на постапката, избегнувањето на строгите формалности на судската постапка, како и доверливоста во постапувањето се едни од карактеристиките на арбитражата, коишто бизнис заедницата ги препозна како корисни за надминување на споровите кои настануваат при секојдневното работење и за создавање на поволно деловно опкружување. Со цел да се осврнеме на актуелните прашања и состојби од областа на арбитражното решавање на споровите, Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) организира меѓународна конференција: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ - АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И МОЖНОСТИ Учесниците ќе имаат можност да слушнат динамични и практично применливи излагања на истакнати стручњаци од земјата и од странство, и заедно со нив да дискутираат подетално на темите кои се дел од програмата на настанот. Котизацијата за настанот по учесник изнесува 3.600,00 денари со вклучен ДДВ (секој дополнително пријавен учесник добива 10% попуст, а секој трет пријавен учесник од истиот правен субјект може да учествува без котизација). Ве очекуваме да го пријавите Вашето учество со доставување пријавен лист кај следните лица за контакт: д-р Татјана Штерјова, е-адреса: tatjana@mchamber.mk, телефон: 02/3244-065, 070/276-023; м-р Нена Николовска, е-адреса: nena@mchamber. mk , телефон: 02/3244-054.
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12 април 2018 година (четврток) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар наменет за приватните компании како учесници на пазарот за јавните набавки, имајќи го предвид фактот дека во 2018 година 100% ќе бидат електронски јавни набавки, а голем број понудувачи се` уште не се подготвени за учество, односно не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди (ЕСЈН) - регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција / конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба „Тендерско досие“, поврзување со Централниот регистар на РМ, анализа на ОТВОРЕНИ податоци, пребарување и слично. Предавачи: - Марија Јовановска и Горан Давидовски, експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, директно вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија. Минимален број за реализација на семинарот е 20 учесници. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - примерок од водичот „Е-Јавни набавки: Подготви се!“ - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 13.4 2018 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
ДЕЈСТВИЈА И ТРАНСАКЦИИ ПРЕЗЕМЕНИ ОД СТРАНА НА ДОЛЖНИКОТ НА ШТЕТА НА ДОВЕРИТЕЛОТ – КАКВА ЗАШТИТА МОЖЕ ДА ДОБИЕТЕ ВО СУДСКА ПОСТАПКА?
На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, односно за побивањето на правните дејствија на должникот според одредбите од Законот за облигационите односи, со посебен осврт и на спецификите предвидени во Законот за стечај во однос на побивањето на правните дејствија на стечајниот должник, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки. Предавачи: - Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје; - Кети Германова, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 5.4.2018 година.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 13-14.04.2018 година Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН МРЕЖА 13–14 АПРИЛ 2018 ГОДИНА, БАЊА ЛУКА РЕПУБЛИКА СРПСКА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Европската мрежа на претприемачи од Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Република Српска, Босна и Херцеговина, ве покануваат да учествувате на 6. Конференција на„РЕДЕТ 2018“ за претприемништво и економски развој на земјите во транзиција и на меѓународните деловни средби што се организираат од 13 - 14 април 2018 година, во Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина. Зошто да учествувате? Имате можност да пронајдете бизнис партнери за соработка, нови клиенти, добавувачи, дистрибутери, да иницирате можности за заедничка деловна или проектна соработка. Учеството на деловните средби е бесплатно и доколку сакате да учествувате можете да се регистрирате на следниот линк: http://www.redete.talkb2b.net/members/register. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24.04.2018 - 29.04.2018 Истанбул, Турција
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници
Стопанската комора на Македонија од 24 до 29 април 2018 година, Ве поканува да земете учество на советувањето во Истанбул, Република Турција, на тема: „Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, можности за распоредување на вработените во јавниот сектор и на административните службеници, проблеми за распоредување на работниците согласно Законот за работните односи - непредвиденост на поимот рапоредување на работник, поим на повреда на работниот ред и дисциплина според Законот за работните односи и предвидени мерки за ваква повреда, дисциплинска неуредност и дисциплински престап како повреди предвидени во Законот за административните службеници, одговорност на вработените во јавниот сектор за извршувањето на работните задачи“. Предавач: - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, Одделение за работни спорови.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034
Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005
Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
БИЗНИС ИНФО
31
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632
Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921
Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912
www.mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 4 Април 2018, Бр. 347
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка
goodini 1
922 - 2018
Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088