Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
Број 351 345
БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
1
FS 549642
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018 04.05.2018
ЗАШТИТА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД НЕОСНОВАНИ ПРИЈАВИ/ ПРЕТСТАВКИ КОИ СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ИНСПЕКЦИСКИТЕ ОРГАНИ
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
РАЗВИЕНИ АЛАТКИ КОИ ГО ГАРАНТИРААТ БОНИТЕТОТ НА СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ, ПОТЕНЦИЈАЛНИ ПАРТНЕРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИЗВОЗНИЦИ Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг „COFACE“ - Хрватска, помагаат во развојот и заштитата на компаниите и нивното деловно работење на начин кој овозможува да се добие бонитетен извештај со кој компаниите можат да го проверат деловниот партнер. На тој начин компаниите добиваат сигурност и гаранција за рејтингот на странската компанија, обезбедувајќи стабилен потенцијален партнер во услови на развивање на извозната мрежа на своето производство. Бонитетниот извештај обезбедува информации со кои се прави проценка на потенцијалните деловни партнери, а истовремено се врши и категоризација на
купувачите врз основа на нивната кредитна и платежна историја. -Сепак, оваа поволност не е врзана само за потенцијални партнери од странство, туку македонските компании може да бараат бонитетен извештај и за партнери во нашата земја, - истакна Валентина Цветковска од Стопанската комора на Македонија.
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Постојат четири причини поради кои компаниите треба да побараат бонитетен извештај, а тоа се: • се добиваат последно обработени, најнови информации за деловните партнери; • се следи и кредитниот рејтинг на компаниите кои сакаат да го проверат и нивниот максимално препорачан кредитен лимит; • има можност за проверка на потенцијалниот партнер и „онлине“; • може да се обезбеди кредитен рејтинг и бонитет на компанија во вкупно 200 земји во светот. Бонитетниот извештај е поделен во неколку сегменти во чии рамки компаниите ги добиваат следните информации: • Деловен извештај – претставува сигурен извор на информации и може да им помогне на компаниите да формираат мислење за деловноста, профитабилноста и стабилноста на потенцијалните партнери. Овој дел на извештајот содржи детални информации за деловните активности на компанијата која е предмет на анализа, објектите на компанијата, раководството и поврзаните друштва, историјата и финансиските показатели на компанијата. • Финансиски извештај – опфаќа двогодишна анализа на компанијата, истакнувајќи ги клучните показатели на бизнис насоката за зададениот период. Овој дел на извештајот вклучува и детална анализа. • Кредитен рејтинг – е тој кој овозможува проценка на ризикот на соработката со компанијата која е предмет на анализа. Скалата на вредност е во вредност од десет нивоа на класификација на финансиската основа во распон од многу слаби до многу јаки. Оценката го одразува (покажува) минатото и ја предвидува иднината. Специфичност на услугата Бонитетен извештај: • дава пристап до интернет-бази на податоци коишто опфаќаат над 12 милиони компании од Централна и Источна Европа; • извештајот дава избор помеѓу моменталното пронаоѓање на претходно обработени „онлајн“-извештаи или нарачка на најсвежи информации; • годишна ревизија од 4,2 милиони комплетни финансиски извештаи (350 милиони индивидуални финансиски извештаи); • информации за несолвентност поврзани со повеќе од 570.000 компании од Централна и Источна Европа со 85.000 случаи на наплата на сметки, кои се ставаат во базата на податоци секоја година; • извештаи кои вклучуваат кредитен рејтинг, информации за плаќања и максимално
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА препорачани кредитни лимити; • силна меѓународна мрежа на партнери што овозможува глобално покривање; • нарачување и доставување „онлајн“ – по пат на Интернет ( во формат HTML или PDF), преку е-пошта или факс или веб-услуга во структурен формат (XML); • избор помеѓу локалните финансиски податоци и MSFI извештаите во евра или во американски долари; • извештајот е достапен на англиски или на германски јазик; • нарачување на завршени, веќе испитани „онлајн“-извештаи или целосно нови истражувања. -Бонитетниот извештај може да претставува голема помош за македонските компании, имајќи го предвид фактот дека само во земјите-членки на Европската унија има регистрирано 20 милиони компании, од кои 99% се мали и средни фирми. Овие компании придонесуваат во вкупниот домашен производ на ЕУ со 75% и обезбедуваат преку 80 милиони работни места, - посочи Цветковска. Ваквата алатка за проверка на бонитетот и кредитниот рејтинг на потенцијалните партнери има големо значење за македонските фирми ако се има предвид фактот дека околу 70 % од македонскиот извоз завршува на европскиот пазар, а активно се работи на поддршка и стимулирање на извоз и на други пазари во рамките на ЕУ, како и на трети пазари надвор од Унијата. Во основата на единствениот европски пазар е слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал. Европската комисија со стратегијата која ја регулира оваа област, дефинирала план за остварување на потполните потенцијали на пазарот низ: овозможување на балансиран развој на заедничката економија, помош на секторот на мали и средни компании во започнувањето на нови бизниси, унапредување на можностите за бизнис и движење на работната сила помеѓу земјите, модернизирање на системот на стандардизација, креирање на транспарентен ефикасен и одржлив систем за јавни набавки, обединување на европскиот систем на интелектуална сопственост и спроведување на единствениот пазар. Паралелно со можноста за утврдување на бонитетот и кредитниот рејтинг, Стопанската комора на Македонија во соработката со кредитната компанија „COFACE“ од Хрватска, на македонските микро, мали и средни компании во Македонија, им ја нуди и алатката Excellent SME MACEDONIA, што значи издавање на сертификат за деловно работење чиј печат како гаранција компаниите го ставаат на своите веб-страни. Главната цел на сертификатот е да им помогне на клиентите и бизнис-партнерите да ги намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
ИНВЕСТИЦИИ АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ Сертификатот им овозможува на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата со која сакаат да соработуваат, нејзината точна веб-адреса и нејзиниот бонитет. Основата за сертификацијата е кредитниот извештај и континуираниот мониторинг на „COFACE“ - Хрватска. Истовремено, SafeSigned ™ веб-сајт технологијата спречува печатот за квалитет Excellent SME МACEDONIA да биде копиран и користен на кој и да било друг веб-сајт. Бенефитите за партнерите, клиентите и посетителите на веб-сајтот се: помал бизнисризик, поголема доверба, полесно, побрзо и помалку ризично донесување на бизнисодлуки. Бенефитите пак на сопствениците на сертификатот се следните: јасно експонирана оценка на кредитното рангирање, поголем кредибилитет во очите на клиентите и бизнис-партнерите и техничка заштита од копирање на печатот на неавторизиран веб-сајт. Технолошките бенефити исто така се добро познати: проактивна заштита од крадење на идентитетот и имитирање; проактивна заштита од хакери; 24/7 мониторинг на пристапноста на веб-сајтот; нотификации за можни обиди за копирање на веб-сајтот и алармирања за губење на страници. Валидноста на сертификатот е 1 година и зависи од континуираниот мониторинг на финансиските податоци, добиени од „COFACE“ - Хрватска. Сертификатот се повлекува доколку оценката на кредитниот рејтинг падне под„6“. Постојаниот мониторинг обезбедува кредибилитет во домашната и странската деловна средина. Валентина Цветковска
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ
ЗАШТИТА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД НЕОСНОВАНИ ПРИЈАВИ/ПРЕТСТАВКИ КОИ СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ИНСПЕКЦИСКИТЕ ОРГАНИ На работната средба одржана на 2.5.2018 година со претставници на Инспекцискиот совет на Република Македонија, Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, компаниите-членки на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија дискутираа за прашањето за заштита на работодавачите од неосновани пријави/претставки кои против нив се поднесуваат до инспекциските органи.
Компаниите како работодавачи посочија дека при секојдневното работење се соочуваат со неосновани пријави/претставки по различни основи кои против нив се поднесуваат до надлежните инспекциски органи. Постапката по ваквите пријави/ претставки, како што беше истакнато на средбата, за компаниите значи дополнително ангажирање на труд и ресурси за докажување на неоснованоста на пријавите/ претставките, за сметка на нивното тековно работење. Воедно, истите сериозно можат да го нарушат изградениот углед на компаниите во деловното опкружување и да предизвикаат штета на нивното работење.
БИЗНИС ИНФО
8
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
ИНВЕСТИЦИИКОМОРА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА РЕГИОНАЛНА Од страна на претставниците на инспекциските органи беше посочено дека согласно законските прописи, без оглед на исходот на постапката, тие се должни да постапуваат по ваквите пријави/претставки и да им одговорат на подносителите на претставката, но и дека се запознаени со прашањата кои ги засегаат работодавачите и евентуалните последици кои неоснованите претставки може да ги предизвикаат врз работењето на компаниите. За таа цел, како што беше дискутирано на работната средба, потребно е да се изнајдат механизми со кои ќе се спречат ваквите практики и ќе се избегнат евентуалните штети за компаниите. Во таа насока, на работната средба се покрена прашањето за изнаоѓање соодветни решенија за унапредување на законската регулатива со која е уредено прашањето кое беше предмет на разгледување на денешната седница, како и определување на насоките на дејствување и активностите кои Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ќе ги преземе во идниот период со цел надминување на состојбите со кои се соочуваат работодавачите. м-р Нена Николовска
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
БИЗНИС ИНФО
9
РЕГИОНАЛНА КОМОРА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ ПРЕС
Одржано трето предавање од модулот: „COACHING (КОУЧИНГ)“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИПРЕТПРИЕМАЧИ Професионалниот „Coaching“ (Коучинг) е релативно нова дисциплина која полека, но сигурно го наоѓа своето место во различни сфери на животот. Пошироко, oбуката „Coaching“ (Коучинг) не е само нова професија, туку напреден начин на комуникација кој носи резултати и наоѓа исклучителна примена во светот на бизнисот и лидерството, но и во напредните училишни и образовни системи, родителски и партнерски односи. Коучингот стимулира и обезбедува нов начин на размислување и ја поддржува примената на новонастанатите знаења преку конкретни активности. Преку специфичен тренинг
пристап, крајниот резултат овозможува многу побрзо постигнување на саканите цели и резултати, како и побрзо и полесно остварување на постојани позитивни промени во однесувањето. Во денешното динамично опкружување, без разлика дали станува збор за професионални или приватни обврски, очекувањата се високи, и тренерот ни помага да ги реализираме побрзо и лесно. Предавачот Георгиев на присутните им посочи дека Коучингот е првенствено откритие и носи свест, сознание и можност за избор и инсистира на нови перспективи, начин на размислување, како и примена на нови знаења преку конкретни активности.
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
ИНВЕСТИЦИИ ПОСЕТА Коучингот е начин да ги поттикне и поддржува луѓето во изнаоѓањето на нивните л и ч н и одговори на патот на промените кои доаѓаат со новите животни одлуки. Ова е единствениот начин да се подигне нивото на лична иницијатива, мотивација и инспирација. Тренерот е оној кој најмногу го слуша клиентот и верува во него дури и кога тој / таа не е во можност да верува во себе. Тренерот е некој што се грижи дека клиентот го прави она што тој / таа сака. Тој е најголем обожавател и поддржувач, оној кој го следи клиентот на патот за постигнување на неговите / нејзините цели. Една од основните квалитети на мајсторот е способноста да ја каже вистината, јасно да покаже каде е силен клиентот, каде клиентот се повлекува и се воздржува, се откажува или пак рационализира. Тренерот ја кажува вистината без осуда и префрлање, се користи како „фенерче“ осветлувајќи скриени места. Иако постојат различни тренинг стилови, суштината на тренерот не е тоа што тренерот дава одговори, совети и решенија, туку да даде на вистинските прашања поддршка на клиентот во изнаоѓање на сопствени одговори и решенија. Тренерот е одговорен кон клиентот, а не за клиентот, што значи дека клиентот го очекува сериозна работа за личен развој и напредок, и ако тој не е подготвен да се посвети и да се обиде, ништо нема да се случи. Бројните едукативни програми и обуки кои се вклучени во годишната програма ќе им овозможат на менаџерите да го поттикнат сопствениот стручен и професионален развој, но и да обезбедат адекватна и мотивирана работна сила, иновативни производи и конкурентска предност произлегува од спремноста на менаџерот-претприемач да се носи со своите обврски и секојдневно да инвестира во својот тим. Валентина Цветковска
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
ПОСЕТА
ај те
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
11
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ар Н
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ ГРУПАЦИЈА
ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА АРМАТУРНИ МРЕЖИ НА ГОЛЕМИ МАКИ ПОРАДИ НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА Во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, на работниот состанок одржан на 3.5.2018 година, се формира Работна група од фирми производители на арматурни мрежи. Целта на формирањето на оваа Работна група е надминување на
проблемите во работењето во овој сектор и спречување на нелојалната конкуренција. На состанокот се избраа претседател и заменик-претседател на Работната група. Во работниот дел, фирмите го истакнаа проблемот со увозот на неквалитетна арматурна мрежа од Косово, која на македонскиот пазар се продава по дампинг цени , со што македонските фирми трпат огромни загуби, а се принудени фирмите да ги стават во мирување или минимално да произведуваат. Надминувањето на проблемот го гледаат во подобрување на постапката за царинење, каде ќе се земат предвид регионалните цени на репроматеријалите, со што ќе се изврши поправедно царинење, низ транспарентна царинска постапка која нема да го наруши пазарниот принцип, а при тоа ќе се зголеми квалитетот на производите кои се користат во Р. Македонија.
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
БИЗНИС ИНФО
13
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА Вториот проблем, што го истакнаа фирмите, е преголемата цена што треба да ја плаќаат за сертификација на нивните производи, а е основа за нивно понатамошно работење, а ценовно е фактор за нивниот опстанок. Фирмите се заложија да се овластат поголем број фирми кои ќе издаваат валидни сертификати со што би се зголемила пазарната конкуренција и би паднале цените за сертификација, а притоа би бил надминат овој проблем кој финансиски многу ги оптоварува. На крајот, се заклучи во најскоро време да се организира состанок на Работната група со Царинската управа и со Државниот пазарен инспекторат, на кој би се образложиле проблемите во овој сектор и би се нашле начини за нивно надминување.
Перо Авакумовски Војкан Николовски
14
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
15
БИЗНИС ИНФО
16
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија
Стопанската комора на Македонија, во организација со Стопанската федерална комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи и Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „FUTURE OF BUILDING“ („ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“), што ќе се одржат на 8-9 мај 2017 година, во Виена, Австрија. Доколку сте заинтересирани, можете да ја искористете можноста за претставување на вашата фирма и да остварите директни средби со австриски фирми, поврзување со повеќе од 500 учесници од 40 земји, организирано посетување и разгледување на иновативни австриски градежни проекти во Виена и околината (6 различни тури) и вечерен прием во Австриската дипломатска академија на презентација и доделување на наградата на владиниот Проект „Austrian Green Planet Building”. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби со австриски фирми, ве молиме, да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https:// buildings2018.b2match.io/, најдоцна до 30.4.2018 година.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
БИЗНИС ИНФО
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија
Бизнис средби „AgroB2B@NSFair” 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија
ГЛАВНИ ТЕМИ: * Прехранбени производи и пијалаци и трговци; * Машини за земјоделство и опрема; * Хемиски производи за земјоделство; * Пакување; * Обновлива енергија; * Обработка и опрема за стаклена градина; * Применета наука и истражување; * Иновативни технологии во земјоделството. РОКОВИ * 10 мај 2018 година: Онлајн регистрација (внесете го вашиот профил за соработка). * 10 мај 2018 година: Изберете интересни профили и закажете ги вашите деловни состаноци. * 16 мај 2018 година: Брокерски настан „AgroB2B @ NSFair”.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
18
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија
Бизнис средби „AgroB2B@NSFair” 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија
ЗОШТО ДА СЕ УЧЕСТВУВА? Меѓународните бизнис средби обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите да најдат меѓународни партнери. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Состаноците ќе се одржат на одредено место и точно време. Секој учесник ја добива својата лична листа најмалку еден ден пред настанот. Учеството во „AgroB2B @ NSFair“ е бесплатно и учесниците само треба да добијат со билет за да влезат на Саемот. Повеќе информации на: http://agrob2b2018.talkb2b.net/ РОКОВИ * 10 мај 2018 година: Онлајн регистрација (внесете го вашиот профил за соработка). * 10 мај 2018 година: Изберете интересни профили и закажете ги вашите деловни состаноци. * 16 мај 2018 година: Брокерски настан „AgroB2B @ NSFair”.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: lazo@mchamber.mk
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18.5.2018 година (петок) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен тренинг: ДЕН ЗА МЕНЕ - АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ
За кого е наменет тренингот? Тренингот е приспособен за претставници на бизнис заедницата од линиски, среден и врвен менаџмент кои сакаат да развијат вештини и техники применливи во секојдневниот живот со цел превенција на негативните ефекти од стресот. Тренингот се базира на употреба на научно базирани стрес менаџмент стратегии кои на посетителите ќе им овозможат да ги применуваат техниките на работното место и во секојдневието, да го идентификуваат оптималното ниво на стрес, а когнитивно бихејвиоралниот модел ќе им овозможи полесно самопознавање и справување со стресните ситуации. Предавач: - д-р Вера Јовановска Типко, психијатар и когнитив бихејвиор психотерапевт. Нејзиното долгогодишно професионално искуство се темели на научно базиран третман, истражување и едукација за подобрување на психичкото здравје и личната благосостојба. Во тек на професионалната кариера ја изработува програмата за здрава компанија - стратегија за долготраен корпоративен успех која вклучува обуки за стрес менаџмент, mindfulness, комуникациски обуки со асертивен тренинг, емотивна интелигенција, конфликт менаџмент, вештини за јавен говор и преговарачки вештини.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
29 мај – 4 јуни 2018 година Сицилија, Италија
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА НА БЗР ВО Р.МАКЕДОНИЈА)
Целта на работилницата: Целта на работилницата е унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на БЗР, воедно анализирајќи ги проблемите со кои се соочуваат работниците и работодавачите, анализирајќи ги и следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за БЗР, согледувања и правилна примена на ЕУ директивите, како и постапувања според Законот за безбедност и здравје при работа во согласност со Законот за работни односи, со цел да се развие модул за подобрување на здрава и безбедна работна средина, а со тоа и да се намали и ризикот за поврeда на работно место. *(Плаќањето на котизацијата е по добиена про-фактура од страна на Стопанската комора на Македонија на Вашата електронска пошта). *Поради ограничен број на места крајниот рок за пријавување е до 4 мај 2018 година. * Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата, најдоцна до 4 мај 2018 година. Пријавувањето за работилницата после овој рок ќе зависи од распoложливите капацитети на хотелот. Сигурна реализација е со пријавени минимум 15 учесници.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
30 мај – 1 јуни 2018 година Белград, Р. Србија
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград
Стопанската комора на Македонија во соработка со„Business France“ и Амбасадата на Република Франција во Македонија, ве покануваат да земете учество и да бидете дел од претстојниот тридневен Бизнис форум: Франција – Балкан 2018. Бизнис форумот ќе се одржи во периодот од 30 мај до 1 јуни 2018 година, во хотелот „Метропол Палас“ во Белград, Р. Србија. Овогодинешниот Бизнис форум се организира со цел да им помогне на компаниите од Балканот да најдат потенцијални партнери од Франција, и тоа од областа на: • агроиндустријата; • инфраструктурата; • енергетиката, со фокус на обновливи извори на енергија; • информатичките технологии и • туризмот. Сите компании заинтересирани за учество на претстојниот Бизнис форум: Франција – Балкан 2018, потребно е да се регистрираат на следниот линк: http://francebalkansforum18.talkb2b.net/members/register , или да го пополнат пријавниот лист во прилог (на англиски јазик) и да го достават до контакт-лицата: м-р Сања Николова, телефон: +389 2 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk и Игор Тасевски, телефон: +389 2 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk , најдоцна до 20 април 2018 година.
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: ++ 389 2 3244066 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: igor@mchamber.mk
22
БИЗНИС ИНФО
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
БИЗНИС ИНФО
23
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912
www.mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk
24
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 04 Мај 2018, Бр. 351
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка
goodini 1
922 - 2018
Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088