БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО Број 282
www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
goodini
192
2 - 2016
04.11.2016
31 октомври – Светскиот ден на штедењето традиционално одбележан во Стопанската комора на Македонија
Одржана средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на изборниот период
ДИСКУСИЈА ЗА КЛУЧНИ ПРАШАЊА ОД ИНТЕРЕС ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕМИУМ Покровители
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО 31 ОКТОМВРИ ЗДРУЖЕНИЈА - СВЕТСКИ И РЕГИОНАЛНИ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО КОМОРИ
31 ОКТОМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО ТРАДИЦИОНАЛНО ОДБЕЛЕЖАН ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денес го одбележа Светскиот ден на штедењето, на свечената седница на која присуствуваа м-р Кирил Миноски, министер за финансии во Владата на Република Македонија, Милица Арнаудова Стојановска, генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност во Народната банка на Република Македонија, г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и г-дин Коста Митровски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, како и претставници на повеќе институции со кои Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија има воспоставено одлична соработка. Во своето обраќање, г-дин Митровски, истакна дека традиционално, започнувајќи од 1999 година, Здружението на bанкарството при Стопанската комора на Македонија го одбележува Светскиот ден на штедењето, и дека стимулирањето на штедењето зазема централно место во деловната политика на банките и штедилници – членки
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
31 ОКТОМВРИ - СВЕТСКИ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО на Здружението, бидејќи штедните влогови се најевтин капитал за поддршка на стопанскиот развој на нашата држава и сигурна основа за проширување на асортиманот на услугите на банките кон населението и другите комитенти. Тој истакна дека со состојба на 30.9.2016 година, депозитниот потенцијал на банкарскиот систем изнесува 302.828 милиони денари и порастот во однос на јануари 2016 година изнесува 1,01%, од кои 175.220 милиони денари се денарски депозити, а 127.608 милиони денари се девизни депозити. При тоа, наведе дека вкупните депозити на домаќинствата на 30.9.2016 година изнесуваат 209.734 милиони денари, односно 69,2% од вкупниот депозитен потенцијал отпаѓа на депозити на населението. Исто така, тој додаде дека податоците го потврдуваат фактот дека банкарскиот систем во Република Македонија ужива доверба која континуирано е на високо ниво, и дека има висока стабилност која
беше потврдена со надминувањето на негативните трендови во вториот квартал од оваа година, кои беа изразени преку зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, коишто беа последица на влошените очекувања на економските субјекти предизвикани од фактори од неекономски карактер. При тоа, нагласи дека умереното зголемување на вкупната депозитна база на банките во третиот квартал претставува сигнал за натамошно видливо стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
5
31 ОКТОМВРИ - СВЕТСКИ ДЕН НАПОДВЛЕЧЕНО ШТЕДЕЊЕТО Министерот за финансии м-р Миноски истакна дека макроекономските услови за раст на економијата и подобрата доверба на граѓаните доведуваат до континуиран раст на штедењето, при што го нагласи растот од 2,1% на реална основа, растот на индустриското производство од 5,4%, растот на извозот за 6,1% во периодот јануариавгуст 2016 година, но и зголемувањето на бројот на вработени лица во Република Македонија за 3%, како значајни фактори кои влијаат на континуираниот раст на штедењето во Република Македонија, кој се очекува да продолжи и во иднина. Тој потенцираше дека усвоените измени на Законот за банките треба да обезбедат дополнително усогласување на банкарското работење со меѓународните стандарди, но и приспособување кон барањата кои ги диктира банкарскиот и финансискиот систем, а кои се од клучно значење во обезбедувањето услови за ефикасност и стабилност на финансискиот сектор во Република Македонија во периодот по влезот во ЕУ. На крајот, м-р Миноски упати честитка до сите штедачи и до сите шалтерски работници од банките и штедилниците на кои им се додели плакета.
Госпоѓата Арнаудова Стојановска од Народната банка на Република Македонија потенцираше дека штедењето е столб на сигурноста на банкарскиот сектор, кој е основата за повеќе од ½ од активностите на банките, вклучувајќи го кредитирањето. Таа истакна дека состојбите во вториот квартал претставуваа тест за капацитетите на
БИЗНИС ИНФО
6
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
31 ОКТОМВРИ - СВЕТСКИ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО
банките да се справат со финансиски кризи, и дека банките покажаа подготвеност да ја одржуваат ликвидноста на работењето на стабилно ниво. Истовремено, таа ја потенцираше важноста на потребата да се зацврстат етичките принципи во работењето на банките, што треба да придонесе за градење на висок степен на корпоративна култура во банкарскиот сектор. Воедно, таа ги повика банките да понудат поголема диверзификација на банкарските производи, и на тој начин да се придонесе за зголемен раст на штедењето, кој треба да го проследи растот на кредитните активности, кој изнесуваше 7% на крајот на септември 2016 година. На крајот, г-ѓа Арнаудова Стојановска упати честитка до сите штедачи и до сите шалтерски работници од банките и штедилниците на кои им се додели плакета. Д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија и секретар на Здружението на банкарството, упати особена благодарност за воспоставената добра соработка со Министерството за финансии и со Народната банка на Република Македонија, но и со останатите институции од финансискиот сектор. На крајот на свечената седница, беа доделени признанија на 42 најдобри шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работењето со населението за 2015 година. М-р Татјана Штерјова
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Одржана средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на изборниот период
ДИСКУСИЈА ЗА КЛУЧНИ ПРАШАЊА ОД ИНТЕРЕС ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претставници на компаниите-членки на Комората, на 3.11.2016 година, во Стопанската комора на Македонија, реализираа работна средба со делегација на ВМРО ДПМНЕ, во состав: м-р Кирил Миноски, м-р Владо Мисајловски и Христијан Делев. На средбата, која се одржа по барање на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на Стручната служба на Комората накратко беа изложени прашањата кои се разгледани и усвоени од страна на органите и телата на Стопанската комора на Македонија како стратешки определби на бизнис-заедницата за економски развој на земјата. При тоа, беа констатирани состојбите и придвижувањата во деловниот сектор, а накратко беа
8
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
образложени клучните прашања од интерес за бизнис-заедницата на кои треба да се работи во иднина, коишто, меѓу другото, се однесуваат на прашањата за јавната администрација, ликвидноста во односите помеѓу јавниот и приватниот сектор, состојбите во правосудството, потребата од поголема поддршка на извозните компании и воведувањето на дуалниот систем на образование за потребите на стопанството.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески ги изложи трите клучни чекори за економски развој од аспект на бизнис-заедницата: • постигнување договор помеѓу јавниот и приватниот сектор околу прашањето за креирањето на економските политики, кој помеѓу другото, треба да вклучува и унапредување на процесот на консултација на бизнис-заедницата во процесот на донесување на закони и подзаконски акти во најраните стадиуми на постапката, како и овозможување учество на претставници на бизнис-заедницата на седниците на Владата на кои се одлучува за прашања кои се од интерес за приватниот сектор;
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
• креирање долгорочна стратегија за економски развој како нов економски модел, со учество на сите засегнати страни, која треба да обезбеди економски раст од 5-7% во наредните години; • преиспитување на системот на коморско организирање во земјата, во насока на воспоставување на структуриран, единствени моќен економски систем кој ќе може вистински да ги презентира потребите на приватниот сектор. Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека изложените конструктивни предлози ќе бидат земени предвид, како и дека дел од нив соодветствуваат со зацртаните активности во програмата која ќе биде презентирана во изборниот период. На крајот беше истакнато дека заедничката дискусија на јавниот и приватниот сектор предизвика позитивни ефекти и за двете страни, а воедно се постигна согласност во иднина да се работи на воспоставување практика на редовно одржување на заеднички средби на бизнис-заедницата со претставниците на јавниот сектор, во насока на изложување на состојбите, констатирање на проблемите и заедничко изнаоѓање ефикасни начини за надминување на воочените слабости, што треба да придонесе за подобрување на економските состојби во државата. М-р Татјана Штерјова
БИЗНИС ИНФО
10
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ПРОМОЦИЈА НА НОВОФОРМИРАНАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ПРИ СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
Претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер го нагласи значењето на автомобилската индустрија во целост, која во зависност од статистиката којашто се цитира, е најголема индустрија во светот, веднаш по прехранбената индустрија. Тој исто така додаде дека изминатата година беше одлична во однос на бројката на регистрирани автомобили во рамките на ЕУ, што пак се одразува позитивно врз прометот, производството и вработувањата во автомобилската индустрија. Перспективите на оваа индустрија се во насока на поголема застапеност на електричните автомобили, како еден од многуте подеми што се најавуваат во секторот. Ова беше истакнато на прес-конференцијата што се одржа во Стопанската комора на Македонија на 31.10.2016 година.
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
11
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПОДВЛЕЧЕНО Во Република Македонија имаат инвестирано над 20 компании од автомобилскиот сектор, што претставува поголема ставка доколку се споредува со состојбата во регионот. Имињата на компаниите се веќе добро познати, при што околу 80% од фирмите присутни во ТИРЗ се од автомобилската индустрија, вработувајќи над 13.000 лица. Се очекува допрва оваа индустрија да бележи успешни резултати во земјата, а може да се истакне дека политичката криза не влијае во поглед на движењата конкретно во овој сектор. Имено, доколку се спореди нивото на промет во 2014 година со нивото во 2015 година се забележува раст. Во поглед на извозот, тој во 2015 година достигнува над 380 милиони евра, што е за 20 % повеќе споредено со 2014 година. Имајќи ги предвид овие факти, може со сигурност да се каже дека странските директни инвестиции од автомобилската индустрија се модел за следење и овој сектор носи предности за двете страни: како за самите компании што инвестираат во секторот, така и за македонското општество и комплетниот синџир на снабдување. Ова беше истакнато од страна на господинот Штефан Петер, на прес-конференцијата што се одржа во Стопанската комора на Македонија на 31.10.2016 година.
Аврам Стојчевски, претседавач на Асоцијацијата на автомобилската индустрија истакна дека главна цел на новоформираното тело е да се соберат на едно место сите релевантни чинители од овој сектор со цел дефинирање насоки и стратегија за развој на автомобилската индустрија во Македонија, со оглед на фактот што најголемиот дел од новите странски инвеститори се од овој сектор, како и од друга страна да се унапреди соработката на
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА странските инвеститори и домашните компании од овој сектор. Асоцијацијата ќе претставува модерна платформа за развој на автомобилската индустрија, која ќе биде во можност да понуди значаен концепт за развој на човечките ресурси и менаџмент, трансфер на технолошки и иновациски процеси, како и да се генерираат нови локални синџири за набавка со домашните компании. Моментално, Асоцијацијата брои околу 20-тина активни членови и тоа странските инвеститори од слободните економски зони и домашните компании кои се јавуваат во улога на потенцијални добавувачи. Како надворешни партнери – набљудувачи се јавуваат државните институции директно поврзани со привлекување на странски инвестиции и тоа: Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Царинската управа, потоа академската заедница претставувана преку Машинскиот факултет во Скопје, неколку средни стручни училишта, како и странските донатори во земјава, како Светска банка и Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ. Господинот Стојчевски истакна дека со оглед на тоа дека најголем дел од најновиот бран странски инвеститори во земјава се главно од автомобилската индустрија, логично е најголем дел од македонските компании - потенцијални доставувачи за странците да бидат токму од оваа индустрија, истакнувајќи дека простор за унапредување на соработката се` уште постои и потенцијалите не се докрај искористени. За странските инвеститори е секогаш од голем интерес да најдат добавувачи на локално ниво кои би ги задоволиле нивните потреби наместо да увезуваат од други земји, со оглед на фактот што локалните добавувачи се посигурни, пофлексибилни и побрзо се приспособуваат на барањата на странските партнери. Странските инвеститори во Македонија би соработувале со компаниите кои можат да обезбедат квалитетни репроматеријали, машини, резервни делови, метални и пластични делови за комплетирање на производите, но и амбалажа, лепила, хемиски материјали за лабораториите и транспорт и логистика. Со цел да се запознаат со клучните елементи од процесот на градење успешна соработка помеѓу домашна и странска компанија, Асоцијацијата на автомобилската индустрија на 20.10.2016 година во компанијата „Актива аутомотив“ од Штип организираше едукативен семинар на тема: Вклучување на „Актива аутомотив“ во синџирот на добавувачи на „Ван Хоол”, во насока на пренесување искуства за тоа како да ги надградат своите производствени капацитети, како да го унапредат производството, да применуваат нови технологии, како и соодветно да ги развиваат човечките ресурси. Одговарајќи на новинарско прашање за субвенциите што ги добиваат странските инвеститори во слободните зони наспроти домашните компании, претседавачот на
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
13
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПОДВЛЕЧЕНО Асоцијацијата потенцира дека тоа е стратешка политика на државата за привлекување на странски инвеститори, истакнувајќи дека самиот пакет на поволности што ги нуди државата не е пресуден фактор за еден странски инвеститор да се одлучи да инвестира во која било земја - тука се и поволната бизнис клима и реформите на пазарот на трудот, работната сила, нејзиниот квалитет, расположивост и трошок, образовниот систем, даночната политика, инфраструктурата и грижата за инвеститорите , како и присуството на други инвеститори се дел од факторите кои влијаат на одлуката за инвестирање. Она што е поважно е дека странските инвеститори не само што носат краткорочни економски ефекти за економијата, туку вложуваат во образованието, размената на знаења и личниот и професионален развој на своите вработени. Ова има долгорочни позитивни ефекти за економијата и придонесува за конкурентска предност на Македонија во деловниот свет, - истакна Стојчевски. Можноста за инвестирање во ТИР зоните веќе е достапна и за домашните компании, а 2 македонски компании веќе инвестираат во слободните зони. Бројот на вработени во странските компании од автомобилскиот сектор во и надвор од слободните економски зони е околу 13.000. Според податоците на Државниот заводот за статистика, во 2015 година остварено е производство на 409 единици автобуси и други возила, 133.827 единици сигурносни појаси, воздушни перничиња, амортизациони системи
и други делови, како и 15.558 тони сетови на проводници за палење и други слични проводници за патнички моторни возила. Влатко Стојановски
БИЗНИС ИНФО
14
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
ОБРАЗОВАНИЕ
УЧЕНИЦИ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА ЈА ПОСЕТИЈА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
На 2.11.2016 година ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, предводени од наставничките Софија Тошева-Раманчева и Јасмина Мицева, ја посетија Стопанската комора на Македонија со цел да се запознаат со нејзината работа. Стопанската комора на Македонија беше претставена од Љупка Самарџиска-Илиевска, која истакна дека Комората е најстара и најбројна бизнис асоцијација со традиција од 94 години. Големината и капацитетот може да се оцени според високото процентуално учество на нејзините членки во формирањето на бруто домашниот производ на Република Македонија, според високиот бројот на нивните вработени во однос на вкупно вработените во стопанството на Република Македонија и најголемото учество на членките на Комората во плаќањето на даноците и придонесите кон државата и учеството во надворешно-трговската размена. Учениците беа информирани за начинот на организирање, според територијален принцип, со функционирањето на регионалните комори, според дејности, со
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
15
ОБРАЗОВАНИЕ ПОДВЛЕЧЕНО функционирањето на бројните здруженија. Стопанската комора на Македонија ја претстави и својата меѓународна активност и членството во Меѓународната стопанска комора, со седиште во Париз, Асоцијацијата на европските комори и членството во другите регионални стопански комори. За работата на Стопанската комора на Македонија, комерцијалните и други услуги на Бизнис канцеларијата, за Центарот за едукација и воведувањето на стандардите за квалитет, зборуваше Лазо Ангелевски. Учениците посебно се интересираа за меѓународните трговски документи што ги издава Стопанската комора на Македонија, за сертификатите за потекло, за документот за привремен извоз/увоз АТА карнет, разновидните потврди и уверенија и заверки, кои се прават на барање на македонските компании при нивната активност за излез на меѓународниот пазар. СОУ„Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија веќе има успешни проекти, обуки и интернационални активности, а учениците имаат освојувано повеќе награди на разни натпревари. Лазо Ангелевски
16
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПРЕЗЕНТИРАНИ ПОСТАПКИТЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ХЕМИКАЛИИ И ПРЕКУРЗОРИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЗЕМЈИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
На еднодневниот семинар што се одржа на 1 ноември 2016 година во Стопанската комора на Македонија, на 30-ина претставници на секторите за промет и производство на хемикалии и прекурзори им беше презентиран начинот на регистрација и пуштање во промет на хемикалии и прекурзори во земјите на Европската унија. Претседателот на Здружението на хемиската индустрија, Зоран Костовски, поздравувајќи ги присутните, искажа благодарност за добрата соработка со Секторот за хемикалии во Министерството за здравство, притоа потенцирајќи ги очекувањата овој семинар да придонесе за успешна подготовка на фирмите за аплицирање и пласирање на нивните производи на европските пазари. Предавачот на еднодневниот семинар, д-р Тања Петрушевска, раководител на Секторот за хемикалии во Министерството за здравство, најнапред ги запозна присутните со функционирањето на Европската агенција за хемикалии (ECHA), како
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
17
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
и со барањата кои треба да се исполнат за пласирање на производите на пазарите во Европската унија, која е воедно најголемиот производител на хемикалии во светски рамки. Во своите презентации таа ги образложи постапките и потребната документација, целосното досие за централизирана регистрација на производи од Република Македонија во Европската унија, притоа укажувајќи на можностите за нивно пуштање во промет. Имено, иако Република Македонија не е стриктно обврзана да ги применува REACH-регулативите кои се задолжителни за земјите-членки на ЕУ и на Европската економска област, сепак, најголем дел од 60-те директиви за хемикалии обединети во REACH се вградени во нашата регулатива за хемикалии. Д-р Петрушевска детално се осврна и на Безбедносниот лист, презентирајќи ги сите аспекти за негово успешно подготвување. Во завршниот дел од семинарот беа дадени одговори на прашањата на стопанствениците и беа разменети мислења за идни теми поврзани со проблематиката на хемикалиите, како комплексен сектор присутен во речиси сите сфери од секојдневниот живот и во голем број индустриски гранки. Зорица Мешкова
18
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
КВАЛИТЕТНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОРУЖЈЕ
На седница на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, одржана на 2.11.2016 година, беше разгледан Законот за оружје, при што беше констатирано дека се потребни значајни измени и дополнувања, согласно Европските директиви и анализираните тековни состојби во работењето на членките на Групацијата. Со овој закон се уредуваат условите за набавување, поседување, носење, чување, производство, поправање, промет, превоз и пренесување преку државна граница на оружје и муниција. Меѓутоа, дефинирањето на поимите е неопходно за јасно разграничување, за тоа, сите да имаат еднакво толкување на Законот и за тоа што се смета со тој поим при производството, трговијата, евиденцијата и прецизирање на категоризацијата на оружјето и опремата, и режимот на дозволите и одобренијата. Така, под поимот „Оружје“, воопшто во смисла на овој закон, се смета секој предмет или орудие, направени со цел под притисок на гасови, кои настануваат при согорување на експлозивни материи, гасови под притисок или друга потенцијална енергија, да исфрлаат
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
19
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ проектил во облик на единечно зрно, сноп од сачми, гас, течност, стрели или друга состојка, што предизвикува повреди опасни за здравјето и животот на луѓето, како и секој друг предмет чија основна намена е вршење напад врз физичкиот интегритет на луѓето. Но, одделните поими за аларм, сигнализација, намената итн., мора да се прецизираат и јасно да се дефинираат за сообразно толкување при примената на Законот. Истото се однесува кога станува збор и за тоа што се смета за главни делови на огненото оружје и посебна опрема за огнено оружје. Сето тоа има соодветно влијание и на класифицирањето по категории: оружје чие набавување е забрането, оружје што може да се набавува врз основа на одобрение и оружје што може да се набавува врз основа на одобрение издадено под олеснителни услови. Членките на Групацијата за оружје и опрема имаа свои предлози и за можноста да поедноставуваат постапките за добивање дозволи и одобренија од надлежните државни органи и организации, за набавка на оружје, опрема и муниција. Дадени се и предлози за начинот на набавка, со или без одобрение или потврда, за одделни видови оружје, за главни делови за оружје и за муниција. За некој вид на муниција се предлага да се набавува без одобрение, а врз основа на издадената дозвола за тоа оружје или врз основа на одобрение, без ограничување на годишната количина за секој поединечен калибар од дозволата за поседување на оружје. Дефинирани се и одредбите за тоа како физичкото лице може да поседува муниција за оружје во одделни количини на куршуми во една календарска година. Можни се поврзувања на условите за набавка и поседување на куршумите, со членство во ловечко друштво. Одобрение за набавување на оружје може да се издаде на физички лица заради заштита на нивната личност и имот, за лов и спортско стрелаштво. Одобрение за набавување на делови на оружје и одобрение за набавување на муниција се издава на физички или правни лица кои поседуваат важечка дозвола за оружје или дозвола за поседување на оружје. Правните лица кои вршат приватно обезбедување во вид на давање на услуги или приватно обезбедување за сопствени потреби можат да набавуваат оружје врз основа на одобрение, заради заштита на лицата и имотот или за вршење на дејноста обезбедување на лица и имот. Одобрение за набавување на спортско и ловечко оружје може да се издаде и на стрелачки и ловечки друштва, како и на правни лица – корисници на дивеч во ловишта. Одобрение за набавување на оружје на физичко лице се издава врз основа на претходно поднесено писмено лично барање за издавање одобрение за набавување на оружје, ако физичкото лице ги исполнува неколку услови, како на пример: да е лицето полнолетно, здравствено да е способно да поседува и носи оружје; има оправдана причина за набавување на оружје; да живее во РМ и друго. Се разбира дека полагањето соодветен испит е задолжително. Во Законот се дефинирани забраните за: продажба на оружје и муниција на лице кое
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ нема одобрение за набавување, односно одобрение за набавување на колекционерско оружје, како и давање оружје на употреба на лице кое нема дозвола за оружје или дозвола за колекционерско оружје или дозвола за носење на тоа оружје. Потоа, забрането е ловечкото оружје да се носи и употребува надвор од ловиште или стрелиште и забрането е спортското оружје да се носи и да се употребува надвор од стрелиште или друг терен определен за натпревар во спортско стрелаштво. Оружјето може да се продаде само на физички, односно правни лица кои поседуваат
одобрение за набавување на оружје, издадено согласно со овој закон, односно на правно лице овластено да врши промет со оружје, делови за оружје и муниција. Законот укажува дека производство на оружје и муниција и поправање на оружје можат да вршат трговски друштва со седиште на територијата на Република Македонија кои пред уписот во трговскиот регистар ќе добијат одобрение за вршење на таа дејност. Членките на Групацијата за оружје и опрема посебно се осврнаа на одредбите за прометот и превозот со оружје, муниција и делови за оружје. Промет со оружје, муниција и делови за оружје можат да вршат трговски друштва со седиште на територијата на Република Македонија кои пред уписот во трговскиот регистар ќе добијат одобрение за вршење на таа дејност. За превоз на оружје, муниција и делови за оружје при увоз, извоз и транзит преку државната граница е потребно одобрение од надлежниот орган. Во секторот има компании кои имаат цивилни стрелишта. Во Законот, цивилните стрелишта се дефинирани како објекти наменети за спортско-рекреативни вежби во гаѓање,
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
21
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ како и за практично оспособување за ракување со оружје, кои исполнуваат технички и безбедносни услови за употреба на огнено, ловечко или спортско оружје. Цивилни стрелишта можат да основаат правни лица, кои покрај условите за упис во трговскиот регистар, ќе добијат одобрение од надлежниот орган. Евиденцијата е под посебен интерес на членките на Групацијата за оружје и опрема. Компаниите се особено заинтересирани да се донесе Правилник за начинот на водење на евиденција за оружје и муниција. Според Законот, Министерството за внатрешни работи води евиденција за издадените одобренија за набавување на оружје, поднесените барања за регистрирање на оружјето, барања за заменување на постојните дозволи, дозволи за оружје, дозволи за поседување на оружје, дозволи за носење на оружје, потврди за поседување на оружје, одобренија за набавување на колекционерско оружје, поднесени барања за регистрирање на колекционерско оружје, дозволи за колекционерско оружје, колекционери, за пријавено оружје од категорија Д, одземено, пронајдено, предадено оружје и муниција, одобренија за производство и поправка, потврди за огнено оружје што е трајно онеспособено за употреба, одобренија за промет, одобренија за пренесување на оружје (трансфер), одобренија за превоз, одобренија за основање на цивилни стрелишта, одобренија за набавување и изнесување на оружје и муниција од државата, одобренија за внесување на оружје и муниција, одобренија за внесување на оружје и муниција издадено од дипломатско-конзуларното претставништво, одобренија за поседување и носење на ловечко оружје за време на лов во државата, одобренија за пренесување на спортско оружје и одобренија за транзит на оружјето и муницијата. Министерот за внатрешни работи ќе донесе поблиски прописи за Образецот на барањето за издавање одобрение за набавување на оружјето, делови за оружје и муниција, барањето за заменување на дозволата за оружје издадена од надлежен орган на друга држава, барање за регистрирање на оружје, барање за регистрирање на колекционерско оружје, барање за замена на постојните дозволи, одобрението за набавување на оружје, делови за оружје и муниција, одобрение за набавување на колекционерско оружје, дозволата за оружје, дозволата за поседување на оружје и дозволата за носење на оружје, дозвола за колекционерско оружје, потврди за поседување на оружје, потврда за поседување на оружје кое е привремено онеспособено за употреба потврда за пријавено оружје од Д категорија, потврда за огненото оружје што е трајно онеспособено за употреба, итн. Предлог-измените и дополнувањата на Законот за оружје, Групацијата за оружје и опрема ќе ги достави до предлагачот – Министерството за внатрешни работи, а бизнис заедницата очекува активно да се вклучи во работните групи од ресорните министерства за анализа и во завршната подготовка на квалитетни нови предлог-текстови за измени и дополнувања на предметниот Закон. Лазо Ангелевски
22
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
МЕДИЈАЦИЈА
РЕАЛИЗИРАН И БЕСПЛАТНИОТ СЕМИНАР ЗА МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ СО ПРЕДАВАЊА ВО ВЕЛЕС На 1-ви ноември 2016 година пред триесетина учесници во Велес, Стопанската комора на Македонија и Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) при Стопанската комора, продолжи со организација и реализација на циклусот на бесплатни семинари за медијација како ефикасен начин на решавање на споровите пред стопанствениците и останатите заинтересирани посетители од градот Велес. На овој семинар кој беше продолжение на агендата на Комората за неколку месечна презентација на медијацијата беа апострофирани предностите на медијацијата, беше детално објаснета медијацијата во нашата земја согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети и беа детално и практично објаснети почетокот на постапката на медијацијата, текот и завршувањето на постапката. Како и на претходно реализираните семинари во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола и Скопје така и сега од сите дискусии на учесниците во Велес произлегуваат и одредени прашања и дилеми кои се јавуваат при практична примена на медијацијата и потребата од усогласување на повеќе закони со Законот за медијација за кои АПМ подготвува соодветна информација која ќе се достави во континуитет до релевантните институции. Инаку, Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација и користење на медијацијата би се растеретиле судските постапки и би се зголемила ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката. Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, прва започна со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките. За таа намена Комората отвори и канцеларија за вршење на дополнителни услуги. Стопанската комора на Македонија продолжува со организација и реализација на циклусот на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи – лиценцирани
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
23
МЕДИЈАЦИЈА
медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација. Исто така со цел активно вклучување на сите заинтересирани страни во овој процес на поддршка на медијацијата, Стопанската комора на Макеоднија на 15.07.2016 година формираше посебна Асоцијација за поддршка на медијацијата (АПМ) при Комората каде освен лиценцирани медијатори, вклучени се експерти со познавање од оваа област, компании и други институции кои ќе работат на искористување на бенефитите од оваа алатка. Со формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора на Македонија ќе продолжат сите активности за промоција и поддршка на медијацијата преку разни начини, алатки и облици на промоција и тоа за сите фирми (и членки и нечленки на Комората) и за сите заинтетесирани страни во РМ. *Задолжителен обид за медијација во стопанските спорови: (2) Во стопанските спорови за парично побарување чијашто вредност не надминува 1.000.000,00 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. (3) При поднесувањето на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеа. (4) Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член ќе ја отфрли. (Член 47 од Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка (Службен весник на Република Македонија, бр. 124 од 23.7.2015 година).
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
МЕДИЈАЦИЈА
* Единствено лиценциран медијатор може да спроведе постапка за медијација (1) Медијатор може да биде деловно способно физичко лице кое поседува лиценца за вршење на медијаторски работи (во натамошниот текст: лиценца за медијатор). (2) Лиценца за медијатор му се издава на лицето кое ќе го положи испитот за проверка на теоретските познавања и практичните вештини на медијацијата (во натамошниот текст испит за медијатори) пред Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитет на работите на медијацијата (во натамошниот текст: Одборот) и ќе презентира склучен договор за осигурување од одговорност за штета согласно член 24, став (4) од овој Закон. (Член 46, став 1 и 2 од Законот за медијација (Службен весник на Република Макединија, бр. 188 од 31.12.2013 година). Листата на лиценцирани медијатори е објавена на веб-страната на Министерството за правда www.pravda.gov.mk. Следниот семинар за медијација ќе се одржи на 3-ти ноември во Гевгелија, а во текот на месец ноември ќе се одржат бесплатни семинари за медијација и во Тетово и Гостивар, Куманово како и во Струмица. Повеќе информации во врска со Медијацијата можете да добиете во Комората на тел. 02/3244031. Лице за контакт д-р Јелисавета Георгиева. д-р Јелисавета Георгиева
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
25
МЕДИЈАЦИЈА
РЕАЛИЗИРАН И БЕСПЛАТНИОТ СЕМИНАР ЗА МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ СО ПРЕДАВАЊА ВО ГЕВГЕЛИЈА На 3-ти ноември 2016 година предоколу 30 учесници во Гевгелија, Стопанската комора на Македонија и Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) при Стопанската комора, продолжи со организација и реализација на циклусот на бесплатни семинари за медијација како ефикасен начин на решавање на споровите пред стопанствениците и останатите заинтересирани посетители од градот Велес. На овој семинар кој е продолжение на агендата на Комората за неколку месечна презентација на медијацијата беа акцентирани предностите на медијацијата, беше детално објаснета медијацијата во нашата земја согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети и беа детално и практично објаснети почетокот на постапката на медијацијата, текот и завршувањето на постапката. Како и на претходно реализираните семинари во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје и Велес така и сега од сите дискусии на учесниците во Велес произлегуваат и одредени прашања кои се јавуваат при практична примена на медијацијата и потребата од усогласување на повеќе закони со Законот за медијација. Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел
26
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
МЕДИЈАЦИЈА
популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација и користење на медијацијата би се растеретиле судските постапки и би се зголемила ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката. Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, прва започна со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките. За таа намена Комората отвори и канцеларија за вршење на дополнителните услуги. Стопанската комора на Македонија продолжува со организација и реализација на циклусот на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи – лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација. Исто така со цел активно вклучување на сите заинтересирани страни во овој процес на поддршка на медијацијата, Стопанската комора на Макеоднија на 15.07.2016 година формираше посебна Асоцијација за поддршка на медијацијата (АПМ) при Комората каде освен лиценцирани медијатори, вклучени се експерти со познавање од оваа област, компании и други институции кои ќе работат на искористување на бенефитите од оваа алатка. Со формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора на Македонија ќе продолжат сите активности за промоција и поддршка на медијацијата преку разни начини, алатки и облици на промоција и тоа за сите фирми (и членки и нечленки на Комората) и за сите заинтетесирани страни во РМ.
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
27
МЕДИЈАЦИЈА * Задолжителен обид за медијација во стопанските спорови: (2) Во стопанските спорови за парично побарување чијашто вредност не надминува 1.000.000,00 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. (3) При поднесувањето на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеа. (4) Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член ќе ја отфрли. (Член 47 од Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка (Службен весник на Република Македонија, бр. 124 од 23.7.2015 година). * Единствено лиценциран медијатор може да спроведе постапка за медијација (1) Медијатор може да биде деловно способно физичко лице кое поседува лиценца за вршење на медијаторски работи (во натамошниот текст: лиценца за медијатор). (2) Лиценца за медијатор му се издава на лицето кое ќе го положи испитот за проверка на теоретските познавања и практичните вештини на медијацијата (во натамошниот текст испит за медијатори) пред Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитет на работите на медијацијата (во натамошниот текст: Одборот) и ќе презентира склучен договор за осигурување од одговорност за штета согласно член 24, став (4) од овој Закон. (Член 46, став 1 и 2 од Законот за медијација (Службен весник на Република Макединија, бр. 188 од 31.12.2013 година). Листата на лиценцирани медијатори е објавена на веб-страната на Министерството за правда www.pravda.gov.mk. Следниот бесплатен семинар за медијација ќе се одржи на 16-ти ноември во Куманово, 17-ти ноември во Тетово, а до крајот на месец ноември ќе се одржи семинар за медијација и во Струмица. Повеќе информации во врска со Медијацијата во Стопанската комора на Македонија, можете да добиете на тел. 02/3244-031. Лице за контакт д-р Јелисавета Георгиева. д-р Јелисавета Георгиева
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •
Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;
•
• • • • •
Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар: ,,УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА”
8 ноември 2016 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
Со цел подобрување на вештините на компаниите (концесионери) во писмената комуникација со концедентот и управните органи, изготвување стратегии и решавање на тековни проблеми, Стопанска Комора на Македонија на 8 ноември 2016 година, организира еднодневен семинар на насловната тема. Семинарот ќе помогне концесионерите да се стекнат со знаења и искуства за тоа како да ги менаџираат правилно документите кои се потребни за добивање дозвола за експлоатација, како да ги толкуваат роковите, да се стекнат знаење за правните механизми/лекови за заштита на нивните права, како и кои се условите за одземање на една концесија, а кои се за пренос на концесија. Семинарот е наменет за друштвата кои се учесници во постапка за добивање на концесија за детални геолошки истражувања/експлатација, тековни концесионери, баратели на дозвола за експлоатација и други правни и физички лица заинтересирани во областа на минералните суровини.
Предавачи: - д-р Eјуп Љативи, раководител на Секторот за минерални суровини во Министерството за економија. - м-р Александра Митреска, советник во Секторот за минерални суровини во Министерството за економија. - Рено Рисковски, Адвокат од Скопје, претходно Заменик Раководител на Правната служба во Цементарница Усје АД Скопје и вработен во истата од 20082016, учесник во многубројни постапки поврзани со Законот за минерални суровини. Краен рок за пријавување: 4.11.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 09.11.2016 Бизнис средби Темишвар, Романија
Меѓународни бизнис средби „Innomatch 2016“ 9 ноември 2016 година, Темишвар, Романија
Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Меѓународни бизнис средби „Innomatch 2016“ 9 ноември 2016 година, Темишвар, Романија На 9 ноември 2016 година во Темишвар, Романија, ќе се одржат Конференцијата и Меѓународниот брокерски настан „Innomatch 2016“. Настанот е во организација на Агенцијата за регионален развој на Романија и „Tehimpuls“ - Центар за трансфер на регионални иновации и технологии и има за цел да се промовираат и да се поттикнат сите форми на иновации и создавање на нови врски меѓу менаџерите од регионот и претприемачите и истражувачите од Европа. Меѓународните бизнис средби се организирани под покровителство на Enterprise Europe Network и се однесуваат на бизниси, истражувачи и иноватори од областа на ИКТ, автомобилската индустрија и производството на храна. На настанот може да учествуваат и претставници од други сектори, под услов однапред да се пријават, со цел навреме да се направат потребните аранжмани. Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на настанот: https:// www.b2match.eu/innomatch2016 Регистрацијата е отворена до 8 ноември 2016 година, а билатералните средби можат да се закажуваат од 15 октомври 2016 година. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар на тема: ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
9.11.2016 година (среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Стопанската комора на Македонија на 9 ноември 2016 година организира еднодневен семинар на тема: ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, на којшто со посебно внимание ќе бидат обработени и елементите како: плата, додатоци, надоместоци на плата, годишен одмор, дополнителен одмор, судска одлука за незаконски престанок на работен однос и нејзино извршување, вршење на работи надвор од договорот за вработување и видови договори и права кои можат да произлезат од истите. Целта на семинарот е опсервирање на дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса, во однос на темите кои ги разработува семинарот преку прашања од присутните и посочување на одредени разлики во законските решенија и практичната работа на компанијата кога се работи за права од работен однос на работници од приватниот и државниот сектор. На семинарот ќе се третираат и прашања кои не се опфатени во агендата, а се од интерес на учесниците и се поврзани со Законот за работни односи. Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби, адвокатите и останати законски застапници, менаџери во компаниите, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните односи.
Предавачи: •Миле Стојановски, државен советник при Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и •Злате Стојановски, раководител во Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд.
Краен рок за пријавување: 4.11.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15.11.2016 16.11.2016 Семинар сала 1 на 5-ти кат
Семинар: БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ ВО БАНКИТЕ
Повеќе од две третини од компаниите преферираат соработка со банки кои имаат добра репутација за заштита на податоците. Оние банки за кои безбедноста на податоците на клиентите претставува приоритет и кои ги преземаат сите можни мерки за да се осигураат од финансиските измами на интернет се во предност кога е во прашање задржување на постојаните и стекнување на нови клиенти. Раководството на банките е ставено пред сериозен предизвик за безбедноста на информациониот систем од една страна и потребата од воведување на нови услуги од друга страна. Дигиталната трансформација, демографските промени и потребата од користење на услугите од новите генерации на корисници се сериозен предизвик за банката исто така и: Градење на свест од опасност меѓу вработените (и корисниците); Значење на безбедност на информациите; Интеграција на безбедноста на информациите и бизнис потребите; Усогласеност на стандардите со финансиските институции. Семинарот е наменет за: раководни лица и вработени во службите за безбедност на инфорамациониот систем, одговорни лица за заштита на деловни информации, интерни и екстерни ИТ ревизори, лица задолжени за развој на софтвер и апликации, лицата одговорни за системи за плаќање, платежни картички, банкомати, ПОС терминали како и вработени кои се занимаваат со развој на нови услуги засновани на ИТ инфраструктурата, како и сите оние кои имаат потреба од заштита на пристапот и заштита на самите информации заради високиот степен на одговорност и ризик во банкарскиот сектор. Клучни прашања на кои треба да обрне внимание се: Кои информации се важни? Каде се наоѓаат? Кој има пристап до нив?
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Како им се пристапува? Какви каналите и уреди? Која е насоката на информациите? Како да се открие дали е во тек закана за безбедноста на информациите во банката? Како да се припремите за одговор од сериозна закана и инцидент во ICT системот? Корисникот има право да побара од банката список на безбедносните мерки кој е должен да ги примени за остварување на правата кои произлегуваат од договорот, вклучувајќи ги и услугите на e-banking и m-banking.
Предавачи:
· Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Основач на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting, каде е извршен директор. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија; · Лука Милинковиќ, ИТ-ревизор во Комерцијална банка АД – Србија, каде имплементира безбедносна контрола и процени на ризикот на ИТ-системите на банките. Со информациона безбедност и едукација се занимава повеќе од 10 години, а за време на тој период има работено и на Електротехничкиот факултет во Белград, каде моментално е на докторски студии. Има работено на развој и имплементирање на безбедносни методи, мрежни технологии и алгоритми за енкрипција. Автор е на многубројни трудови и учествувал на домашни и меѓународни научни конференции, а член е на ИТ-списанието „PC Press“. Тој исто така е сертифициран внатрешен ревизор за ISO/IEC 27001 и ISО 31000 управување со ризик.
Рок за пријавување: 3 ноември 2016 година.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
34
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16 ноември 2016 година (среда) 10:30-14:00 часот Општина Куманово
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
Тргнувајќи од фактот дека скоро секаде во коморите една од главните цели и активности е и поддршка на алтернативните начини на ефикасно решавање на споровите, како медијацијата, и Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка на тој процес. Практично, поддршката се гледа преку активностите кои досега ги презема Стопанската комора на Македонија за промоција на медијацијата, како и преку формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата како форма на организирање и работење во рамките на Комората. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) се формираше на 15.7.2016 година, со основна цел да обезбеди поголема промоција и афирмација на медијацијата. Во неа, освен лиценцирани медијатори согласно Законот за медијација, доброволно учествуваат и членуваат и експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други кои што даваат поддршка за популаризација на медијацијата. Активностите на АПМ се насочени кон афирмација на медијацијата со цел растоварување на долгите и скапи судски постапки и изнаоѓање прифатливи решенија за споровите на компаниите и продолжување на нивната деловна соработка. Со цел да се информираат компаниите за измените во Законот за парнична постапка, текот на постапката за медијација, како и за можноста за тоа кои спорови се медијабилни, Стопанската комора на Македонија, на 16 ноември 2016 година, од 10:30-14:00 часот, во Општина Куманово, ќе одржи бесплатен семинар за компаниите на тема: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, како продолжение на веќе започнатиот циклус на бесплатни семинари кои во изминатиот период ги реализираше со предавачи – лиценцирани медијатори.
Краен рок за пријавување: 11 ноември 2016 година. Ивана Крстевска Тел: 02 32 44 051 E-адреса: ivana@mchamber.mk
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
16 ноември 2016 година (среда) 10:30-14:00 часот Општина Куманово
Тргнувајќи од фактот дека скоро секаде во коморите една од главните цели и активности е и поддршка на алтернативните начини на ефикасно решавање на споровите, како медијацијата, и Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка на тој процес. Практично, поддршката се гледа преку активностите кои досега ги презема Стопанската комора на Македонија за промоција на медијацијата, како и преку формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата како форма на организирање и работење во рамките на Комората. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) се формираше на 15.7.2016 година, со основна цел да обезбеди поголема промоција и афирмација на медијацијата. Во неа, освен лиценцирани медијатори согласно Законот за медијација, доброволно учествуваат и членуваат и експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други кои што даваат поддршка за популаризација на медијацијата. Активностите на АПМ се насочени кон афирмација на медијацијата со цел растоварување на долгите и скапи судски постапки и изнаоѓање прифатливи решенија за споровите на компаниите и продолжување на нивната деловна соработка. Со цел да се информираат компаниите за измените во Законот за парнична постапка, текот на постапката за медијација, како и за можноста за тоа кои спорови се медијабилни, Стопанската комора на Македонија, на 17 ноември 2016 година, од 10:3014:00 часот во хотел „Лирак“ - Тетово, ќе одржи бесплатен семинар за компаниите на тема: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, како продолжение на веќе започнатиот циклус на бесплатни семинари кои во изминатиот период ги реализираше со предавачи – лиценцирани медијатори.
Краен рок за пријавување: 13 ноември 2016 година. Ивана Крстевска Тел: 02 32 44 051 E-адреса: ivana@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 17-19 ноември 2016 година Хотел „Queen’s Astoria Design ****” Белград, Р. Србија
Советување на тема: ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ОД СТРЕС ДО ЛИДЕРСТВО
Стопанската комора на Македонија, од 17-19 ноември 2016 година Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ - ОД СТРЕС ДО ЛИДЕРСТВО, што ќе се одржи во хотел „Queen’s Astoria Design ****” Белград, Р. Србија, каде ќе имате можност да го следите предавањето кое е всушност работилница исполнета со интерактивни вежби да научите како да ги унапредите своите комуникациски вештини како на деловен план, така и на приватен план, да разберете која е разликата помеѓу лидерство и управување; правилно да оцените во кои ситуации да се водите по разум, а кога по емоции; како да стекнете вистински авторитет; зашто постојат „работни маски“; како во деловната комуникација да се научите „читање меѓу редови“; начини за унапредување на личните и тимските вештини и останати техники кои ќе Ви помогнат полесно да се реализирате на деловен план. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер (WIFI - Институт за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора), со повеќе од 15 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес; менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., National Chambers of Commerce in Banja Luka, Bosnia and Herzegovina, Leoni Wiring Systems Southeast, Institute for Sustainable Communities Civil Society Forward Program (CSF) и други. * Рок за пријавување: 4 ноември 2016 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Меѓународна конференција „BUILD AND CONNECT 2016“
22-23 ноември 2016 година, Стразбур, Франција
Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на меѓународната конференција за градежништво „Build and Connect 2016“ најголема во Европа. „Build and Connect 2016“ конференцијата е дел од програмата за соработка меѓу кластерите од регионот на Горна Рајна. Целокупната организација е на пет големи професионални мрежи, на германски, француски и швајцарски мрежи, кои со своите вештини и експертиза учествувале на повеќе од 400 градежни трговски асоцијаци и центри за обука. На оваа конференција главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, нови економски модели за реновирње, дизајн, промоција на енергетско ефикасни објекти како и влијанието на животната средина врз градбата. Регистрацијата за учеството на деловните средби на конференцијата се наплака по учесник, ве молиме внесете го дополнителниот промотивен код EEN06E при регистрацијата. Регистрацијата за учеството на деловните средби на конференцијата пред 10 ноември 2016 година изнесува € 85 без ДДВ, а после 10 ноември € 100 без ДДВ. Превозот и сместувањето се на товар на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/ buildandconnect2016?locale=en.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
38
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Тренинг обука 24.11.2016 16.12.2016 Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Тренинг-програма во соработка со Институтот за промо
ЕФЕКТИВНА ПРОДАЖБА КАКО РЕЗУЛ
По успешно завршената прва тренинг-програма, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, организира втора Тренинг-програма на тема: ЕФЕКТИВНА ПРОДАЖБА КАКО РЕЗУЛТАТ НА УСПЕШНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 9 дена (3 поединечни модули, секој во времетраење од 3 дена) по коишто следува тестирање. Учесниците кои успешно го поминале тестот и кои оствариле 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, , водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции.
Цели на програмата: * надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; * можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; * искуство од странски експерти; * можност за соработка со австриски компании; * меѓународно признат WIFI сертификат.
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
оција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI
ЛТАТ НА УСПЕШНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА ПРОГРАМА: Модул 1: Ефективна продажба и развој на продажни вештини Период на одржување: 24-26 ноември 2016 година. Предавач: д-р Виктор Дедиќ, сертифициран WIFI-тренер, консултант и обучувач со повеќе од 20 години домашно и интернационално работно искуство во Албанија, Ерменија, Бугарија, Романија, Србија, Македонија, Косово, Литванија, Латвија, Словенија, Молдавија, Русија, Турција, Украина и други земји од Источна Европа. Екпертиза во повеќе области: CRM, меѓународен маркетинг, организирање, управување со човечки ресурси, менаџмент, управување со време, стратешко планирање и оценување во земјите од Југоисточна и Источна Европа. Работен јазик на обуката: англиски јазик. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 1-3 декември 2016 година. Предавач: Младен Јовановиќ, сертифициран WIFI-тренер, консултант и обучувач со долгогодишно интернационално искуство. Од 1997 година учествувал во иницирање и развој на многу иницијативи, како National Coalition for Decentralization, Nis Investment Forum (200809), BCIF (TRAG Foundation), Protecta, Proactive, Training Within Industry training program in companies on Balkans, како и во создавањето на првата мрежа на обучувачи и консултанти за непрофитни организации во Србија. Работен јазик на обуката: српски јазик. Модул 3: Управување со односи со клиенти и деловна комуникација Период на одржување: 14-16 декември 2016 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 15 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., National Chambers of Commerce in Banja Luka, Bosnia and Herzegovina, Leoni Wiring Systems Southeast, Institute for Sustainable Communities Civil Society Forward Program (CSF) и други.
Работен јазик на обуката: српски јазик.
40
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25 ноември 2016 година (петок) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат
Eднодневен семинар на тема: ВИДОВИ ПИСМЕНИ ДОКАЗИ НЕОПХОДНИ ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА ОСНОВАНОСТ НА ТУЖБЕНИТЕ БАРАЊА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ И СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ
Стопанската комора на Македонија, на 25 ноември 2016 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата врзани за: Видови писмени докази нужни за докажување на основаност на тужбените барања согласно Законот за облигационите односи и низ призмата на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат особено писмените докази кои треба да бидат обезбедени пред отпочнување и во текот на парничната постапка во споровите чии основи произлегуваат од договорот за продажба, договорот за заем, договорот за градење, договорот за превоз, договорот за шпедиција, договорот за складирање, договорот за лиценца, договорот за осигурување, договорот за кредит/ банкарски кредит, договорот за акредитив, договорот за банкарска гаранција, договорот за лизинг, меница, согласно одредбите од Законот за облигационите односи (ЗОО) и законите кои во однос на Законот за облигационите односи се специјални закони. Ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни писмени докази и нивната доказна сила во споровите од трговското право. На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигационите односи и ќе се дадат можни решенија за нивно надминување. Семинарот е наменет за вработените во правните служби на друштвата, за адвокати и законски застапници. Предавач: - Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во рамките на примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар на тема: НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА
23.11.2016 година (среда) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат
Стопанската комора на Македонија на 23.11.2016 година организира еднодневен семинар на тема: „НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА“ - Правилник за попис и Закон за трговски друштва. Целта на семинарот е стекнување на практични и теоретски знаења за правилната примена на легислативата која го уредува пописот како значаен дел од аспект на билансните позиции и даночната регулатива. Нецелосно или формално спроведен попис доведува најзначаните билансни позиции да се погрешни и неосновано искажани, што од друга страна се рефлектира на реално и објективно искажување на податоците во финансиските извештаи кое пак има влијание на преценување или подценување на добивката односно загубата од што може да произлезат одредени санкции како прекршочни така и кривични. На сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби пред се за законски исправна сметководствена документација како веродостоен доказ за економската активност и регулативата за извршување попис со што ризикот ќе го сведат на минимум за изречување глоби при инспекциски надзори и трпење на прекршочни/кривични санкции. Обврската за извршување на попис ќе биде објаснета и согласно Законот за трговски друштва, одговорностите, презентација во судски постапки како и казнените одредби. На семинарот ќе бидат образложени сите можни сценарија односно практични примери за сметководствената евиденција на разликите од пописот согласно даночната регулатива, и презентирани урнеци за интерните акти кои се задолжителна документација во процесот на отпочнување, текот и завршување на пописот. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
42
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
29.11.2016
Еднодневна обука на тема: БИЗНИС МОДЕЛ CANVAS – СТРАТЕГИСКА АЛАТКАЗА КРЕИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО БИЗНИС МОДЕЛИ
Во времето во коешто живееме се појавуваат разновидни иновативни бизнис модели. Се формираат целосно нови индустрии, додека други индустрии исчезнуваат. Новите растечки ѕвезди ја предизвикуваат старата гарда која трескавично се бори за реиновирање на застерените бизнис модели. Оттука се поставуваат прашањата: • Како ќе изгледаат одредени бизнис модели после две, пет или десет години од сега? • Дали постојните компании ќе продолжат да постојат помеѓу доминантните играчи во нивните индустрии? • Ќе можат ли овие компании да се соочат со иновираните бизнис модели на нивните главни конкуренти? Бизнис моделот објаснува како една компанија креира, испорачува и добива соодветна вредност (надомест) од потрошувачите за кои е наменета вредноста. Најверојатно, најпопуларната стратегиска алатка за работа со бизнис моделите претставува Business Model Canvas. Овој систематски пристап претставува стратегиска алатка за дизајнирање, тестирање, креирање и менаџирање на бизнис модели. Целосно интегрирана и комплементарна алатка на Business Model Canvas претставува Value Proposition Canvas. Ова е стратегиска алатка за дизајнирање, тестирање, креирање и менаџирање на производи и услуги. Овие две алатки ги прават вредноста за потрошувачите и бизнис моделот кој ја испорачува вредноста целосно видливи и опипливи, едноставни за анализирање, дискутирање и нивно менаџирање. Предавач: Д-р Стојан Дебарлиев - вонреден професор на Катедрата за менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Магистрирал и докторирал во областа на бизнис и стратегиското планирање. Неговиот едукативен и истражувачки интерес е во областа на бизнис планирањето, стратегиите и бизнис моделите, претприемништвото и меѓународниот менаџмент. Тој е автор на универзитетски учебници, како и повеќе научни и стручни трудови. Има одржано бројни предавања на летни школи, работилници, семинари и други видови на научни и професионални собири.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Меѓународни бизнис средби
„LOVEAT 2016“
02.12.2016 - 03.12.2016 Бизнис средби Венеција, Италија
Настанот е инициран од страна на Здружението на Стопанската комора на регионот Венето - Eurosportello и има за цел да им помогне на компаниите да најдат нови можности за бизнис во следните области: • производство на храна и пијалаци; • иновативни технологии и машини за производство на храна и пијалаци; • туризмот и производството на храна и пијалаци. „LOVEAT 2016“ е првиот меѓународен саем за храна и пијалаци, што ќе се одржи во Венеција, во просториите на „Expo Aquae Venice Pavillon”. Предности и услуги за вашата компанија: • 2 дена деловни состаноци; • оптимално учество на настанот, што се должи на можноста состаноците да се организираат однапред; • застапеност на голем број сектори и земји; • контакт на изложувачите со посетителите на саемот; • стручна помош и совети од страна на персоналот пред, за време и по настанот; • бесплатен влез и билет за саемот; • организирање сместување за излагачите (ве молиме, контактирајте со главниот организатор за надоместоци). Учеството на настанот е бесплатно. Ве молиме, имајте предвид дека глоба во износ од 100 € ќе се фактурира со цел да се задржи квалитетот на настанот во случај компаниите да го откажале учеството 5 дена пред настанот или доколку не се претстават во текот на деловните состаноци. За повеќе информации во врска со официјалните состаноци, ве молиме погледнете го официјалниот сајт: http://www.een-matchmaking.com/loveat2016 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
44
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Париз, Франција, од 6-9 декември 2016
Меѓународен брокерски настан „MIDEST 2016“
Здружението на трговијата и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан „MIDEST 2016“, што ќе се одржи на Саемот во Париз, Франција, од 6-9 декември 2016 година. Билатералните средби се поддржани од Enterprise Europe Network и од многу други професионални организации во светот, со цел да се олесни и дополнително да зајакне развојот на билатералната трговија меѓу заедниците и склучување договори во Европа и пошироко. Саемот „MIDEST“ е познат како еден од најважните клучни платформи во светот за компаниите на меѓународно ниво, на којшто учествуваат повеќе од 1.600 изложувачи,со над 41.000 посетители - професионалци од 78 различни земји во светот. На билатералните средби во „MIDEST“ од 2011 година до денес имало: 723 компании од 28 земји; 5.400 деловни средби; повеќе од 50 партнери организации кои се вклучени. Услови за учество: За изложувачите: 95,00 евра (нето цена), вториот учесник плаќа 50,00 евра. За посетителите: специјална цена за партнери на ЕЕН: 125,00 евра (нето цена), за вториот учесник 75,00 евра. Настанот matchmaking оваа година ќе се прошири и на „Конвергенција за индустрија на иднината”, главниот тематски настан под покровителство на Франсоа Оланд, претседател на Република Франција, која ќе се одржи во рамките на„MIDEST 2016“. Настанот ќе собере организации и компании кои напредуваат кон големи промени во моментов. Германија ќе биде почесен гостин во рамките на овој настан оваа година. Посетете ја веб-страната: www.een-matchmaking.com/midest2016
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
БИЗНИС ИНФО
45
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
46
БИЗНИС ИНФО
петок, 4 ноември 2016, Бр. 282
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
2 - 4 декември 2016 година Тирана, Р. Албанија
„PACK & TECH ALBANIA EXPO 2016“
Трите работни дена на сите учесници ќе им биде обезбедена идеална можност да ги промовираат, а на посетителите да ги видат најновите иновации во делот на технологијата на машините за пакување, материјалите за пакување и печатење, складирање и логистика. Саемот е наменет за сите: • големи, средни и мали претпријатија, производители, увозници, извозници; • дистрибутери на храна, пијалаци, козметика, козметички производи, производи од тутун, лекови, хемикалии, масла, нафтени производи, детергенти, облека, чевли, играчки, подароци, накит...; • производители на материјали за пакување за сите видови на индустриски, технолошки, електронски, земјоделски, рачно изработени и производи за широка потрошувачка; • откупни и дистрибутивни центри на земјоделски производи; • трговци на големо и мало, синџири на хипер и супермаркети; • угостителски објекти; • добавувачи, купувачи, вработени, менаџери, инженери, технолози, техничари и специјалисти; • дистрибутивни, транспортни компании, центри за складирање; • студија за дизајн и печатење; • услужни компании, агенции за маркетинг, истражување, акредитации, софтверски решенија, осигурување, консултанти, итн.; • издавачки и новинарски куќи; • истражувачки и образовни центри, универзитети, лаборатории; • институции, задруги, здруженија и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 21.11.2016 година (понеделник). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Сања Николова, телефон: + 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk.
БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088