СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
1
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
www.mchamber.mk Број 92 од 05.04.2012
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
БАРАЊА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Групација на пазари
ДОНЕСУВАЊЕ НОВ ЗАКОН ЗА ТРГОВИЈА ОД МАЛ ОБЕМ
Асоцијација на секундарни суровини и рециклатори
ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ НАМЕСТО ЗАБРАНА НА ТРГОВИЈАТА СО МЕТАЛИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
БИЗНИС ИНФО
2
ПОДВЛЕЧЕНО ГАРАНТНИОТ ФОНД ЌЕ ГО ОЛЕСНИ ПРИСТАПОТ ДО КАПИТАЛ Неможноста да обезбедат доволно колатерал според барањата на банките како обезбедување во одобрувањето кредити, покрај другото, е клучниот проблем во пристапот до кредитите на комерцијалните банки. За надминување на овој проблем, односно за подобрување на квалитетот на изложеноста на малите и на средните претпријатија кон комерцијалните банки, за да се обезбеди дополнителен колатерал, предлагаме формирање на гарантен фонд во рамките на Македонската банка за поддршка на развојот, МБПР, врз основа на Законот за контрола на државна помош, кој ќе издава гаранција за недостиг од колатерал. Впрочем, искуствата на земјите од регионот се пример како го олеснуваат пристапот до финансии на компаниите во различни сегменти од нивниот развој. Една од главните активности на Словенечкиот фонд за претпријатија (The Slovene Enterprise Fund - СЕФ), Националниот гарантен фонд (NGF) во Бугарија, Националниот гарантен фонд за мали и средни претпријатија и Гарантниот фонд за рурален развој во Романија, Државниот фонд во Србија, Агенцијата за мало стопанство (HAMAG) и Гарантниот фонд за земјоделство (посебна програма за гаранции во земјоделството) во Хрватска е издавањето гаранции кои ќе им овозможат полесен пристап до кредити во отсуство на друг колатерал. Неопходно е нивното
решение да се примени и во нашата земја, како за домашното кредитирање, исто и за повлекување средства од ЕУ-фондовите по за нас достапните програми, посебно од ИПАРДпрограмата. Што се однесува до пристапот до поволни кредити, што е еден од условите за успешно водење на бизнисот, реалните можности нè насочуваат само кон Македонската банка за поддршка на развојот. (Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија) ЗА ДОБАР ПРОЕКТ СЕКОГАШ ИМА ПАРИ Основна функција на банките е да примаат депозити и да даваат кредити. Kонкретно, минатата година кредитирањето на стопанството е зголемено за 9 отсто, во услови кога БДП порасна за три отсто, што значи дека банките не прекинале да даваат кредити. Принципите по кои работат банките се универзални, се бара добар проект, добри биланси и добро обезбедување. И македонските банки не се изолирани од овие принципи.
Ако депозитите што ги собираат банките не се пласираат со одредена маржа, ќе имаат проблем во работењето затоа што ќе имаат само трошоци, а нема да имаат приходи. Kредитирањето ќе продолжи во зависност од фирмите. Јас не сум слушнал од фирмите кои подобро стојат дека се пожалиле и дека имаат проблем со банките. Може да има поплаки на висината на каматната стапка, или на
цената на услугата, но тие никогаш немале проблем да добијат кредити. (Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка) НЕПРЕЧЕНА КОМУНИКАЦИЈА ВО ТЕК НА ВОДЕЊЕ НА БИЗНИСИТЕ Живееме во ера на технолошки бум. Секојдневно сме сведоци на нови иновативни услуги. Па така, со оглед на тоа што телекомуникациите се мошне динамична индустрија, сосема природно е една технологија или услуга со текот на времето да биде заменета со нова и уште понапредна. Гледано во светски рамки, со години наназад, токму како резултат на честите револуционерни промени на полето на телекомуникациите постои тренд на зголеменото користење на мобилната телефонија и истовремено менување на услугите што се дел од таканаречената фиксна телефонија. Оттука ниту Македонија како држава не е исклучок од овој тренд. Домашната телефонија дефинитивно стана платформа за комуникација, размена на информации преку интернет и забава, а истовремено на деловните корисници им нуди решенија за непречена комуникација во текот на водењето на нивните бизнисактивности. Овој тренд влијае на благо опаѓање на бројот на корисниците и на бројот и должината на разговорите што корисниците го прават преку фиксната телефонија, но истовремено стана начин на задоволување на с` поголемите потреби на граѓаните за интернет и квалитетна телевизиска забава. (Даниел Сас, главен извршен директор)
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
ПРОМЕНИ Пивара Скопје ЈААК МИКЕЛ ДИРЕКТОР
ГЕНЕРАЛЕН
Јаак Микел од први овој месец е новиот генерален директор на Пивара Скопје. Тој го презеде раководењето на Пивара Скопје од Константинос Спанудис кој ја продолжува својата кариера во системот на Кока-Кола во Украина. Микел доаѓа на оваа позиција од местото генерален директор на Кока-Кола за балтичките земји, каде значително придонесе за остварување на исклучителните бизнисрезултати. Претходно, како менаџер за продажба, заедно со неговиот тим, преку имплементација на иновативни проекти фокусирани на потребите на купувачите, успеал да обезбеди позиција на дотогаш најголем пазарен удел на компанијата во сегментот на безалкохолни карбонизирани и енергетски пијалаци на пазарот на балтичките земји. Досегашниот генерален директор Спанудис во изминатите 3 години раководеше со тимот кој успеа да ги зацврсти пазарните позиции на Пивара Скопје ставајќи особен акцент на одржување на беспрекорниот квалитет во сите активности на компанијата преку интензивни инвестиции во сите сегменти од бизнисот. Под негово раководство компанијата дополнително ги унапреди своите оперативни способности соопштуваат од Пивара Скопје.
ЗЛАТЕН ПАРТНЕР
ПРЕМИУМ Покровители
Златен партнер
Покровители
на
НОВ
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
БИЗНИС ИНФО
3
АКТУЕЛНО
Групацијата на пазари со барање за донесување на нов закон за трговија од мал обем
ЗАКОНСКА РАМКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА „СИВАТА“ ЕКОНОМИЈА И НЕВРАБОТЕНОСТА
Донесување нов закон за трговија од мал обем како услов за намалување на „сивата“ економија и невработеноста бара Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија. Образложение на барањето беше изнесено на редовната пресконференција во Стопанската комора на Македонија (2.4.2012 година).
За таа цел, Стопанската комора на Македонија и во предлозите доставени во рамките на Регулаторната гилотина 4-та фаза уште еднаш потенцираше дека закон за трговија од мал обем е од исклучително значење за регулирање на статусот на закупците на тезги, што директно ќе влијае на намалување на „сивата“ економија која
Со вакво законско решение ќе се регулира работата на повеќе од 20.000 закупци на тезги, а ќе се реши и нивниот правен статус, бидејќи сега за своето работење не плаќаат никакви давачки кон државата, изјави пред претставниците на медиумите Благој Дивитаров, претседател на Групацијата на пазари. Барањето на Стопанската комора на Македонија, со посебно законско решение да се регулира работата на закупците на тезги на зелените пазари е од 2010 година. Беше предложено во рамките на третата фаза на Регулаторната гилотина. За таа цел, во рамките на Акциониот план за намалување на „сивата“ економија за 2010 и 2011 година, изработен од Министерството за економија, а усвоен од Владата, стоеше децидно дека намалувањето на „сивата“ економија на пазарите ќе се регулира со носење на закон за трговија од мал обем. Но, во Акциониот план за намалување на „сивата“ економија за оваа година, не постои опција работата на пазарите да се регулира со закон за трговија од мал обем, туку се посочува решение да се бара согласно Законот за трговија и Законот за регистрирање на готовинските плаќања.
според некои неофицијални податоци изнесува над 35%. Доколку се донесе закон за трговија од мал обем, ќе се влијае и на намалување на стапката на невработеност. Закупците на тезги ќе можат да се регистрираат и практично да се водат како самовработени лицата. Тоа за нив ќе значи обезбедување пензиско и здравстено осигурување, - истакна Давитаров.
Благој Дивитаров Дополнително регистрирањето на закупците согласно Законот за трговија е невозможно, бидејќи според тој закон секој правен субјект мора да води деловни книги и да има фискална каса, а пазарите согласно одлука на Владата од 2008 година, се ослободени
од фискализација се` до влегувањето на Македонија во Европската унија. Оттука овој член од Законот е причина што тој не може да се примени за закупците на тезги, посочи Предраг Милосављевиќ од АД „Скопски пазар“. Целта е со законот да се овозможи да се легализираат одделни активности кои досега беа дел од „сивата“ економија и за истите ќе се воспостави соодветна евиденција во локалната самоуправа. Овој предлогзакон за вршење на дејности од мал обем е во насока на спречување на „сивата“ економија, нелегалната трговија и нелојалната конкуренција. Предлог-законот предвидува поедноставна постапка за регистрирање дејности од мал обем што ги вршат физичките лица во вид на занимање на определни места и нивно паушално оданочување без обврска за водење сметководство, потенцираше претседателот на Групацијата на пазари.
Предраг Милосављевиќ Инаку, Групацијата на пазарите при Стопанската комора на Македонија подолг временски период посочува на проблемот со кој се соочува, односно се доведува под знак прашање работата на пазарите во услови кога закупците на тезги немаат решен правен статус. Во изминатиот период, Групацијата на пазарите организираше повеќе состаноци, сите со иста цел, што побрзо да се реши проблемот со регистрација на закупците на тезги во насока на намалување на „сивата“ економија. За таа цел беа реализирани состаноци со претставници од Министерството за економија, со Директорот на пазарната инспекција, претставници на Министерството за внатрешни работи, со претседателот на ЗЕЛС, со претставници на Министерството за транспорт и врски. Доколку Владата не прифати
4
АКТУЕЛНО донесување на закон за трговија од мал обем, организаторите на пазарите предлгаат решение да се бара во рамките на Законот за трговија со измена и прилагодување на некои од членовите. Даниела Михајловска Василевска
Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори со барање на средбата во Министерството за животна средина и просторно планирање ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ МЕСТО ЗАБРАНА НА ТРГОВИЈАТА СО МЕТАЛИ
БИЗНИС ИНФО
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
БАРАЊЕ ИТНА СЕДНИЦА НА ВЛАДИНИОТ КОМИТЕТ Итна седница на владиниот комитет со кој раководи премиерот, м-р Никола Груевски, бара Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија по минатонеделната забрана за откуп и за тргување со старо железо во следните шест месеци (2.4.2012 година). - Бараме во најкраток можен рок да се свика седница на комитетот, со која ќе раководи премиерот, да се укине забраната и да се засилат инспекциските служби за контрола на откупот и внатрешниот промет со старо железо - вели Владо Момировски, претседател на Асоцијацијата. Тој не ја исклучува можноста од радикализирање на состојбите со протести, штрајкови и слично поради негативните последици од забраната врз стопанството. Од Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори предупредија на нова маса социјални случаи, над 40.000 нови невработени и клуч за над 200 компании доколку мерката остане во сила. - Сметам дека со координација на државните институци, коморите и отпадите можеме да придонесеме ваквите појави да не се присутни, или, ако не можеме да ги искорениме барем да ги намалиме на минимум, рече Адеми. Државата, додаде тој, се обиде со разни измени и дополнувања на Законот да воведе систем за пријавување и за намалување на кражбите на железо, но оти не наишле на соработка со операторите и морало да воведат забрана. Тргувањето со материјали кои се од јавен интерес е кривично дело казниво од три до 10 години затвор. Како илустрација посочи неколку јавни комунални претпријатија во државата за претрпената штета во 2011 и почетокот на оваа година.
Да се прекине забраната за откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг, да се зајакнат контролите, а при товар на камионите за извоз да има претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање е предлогот на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија. Владо Момироски претседател на Асоцијацијата рече дека пред министерот ги искажале штетните последици што ќе бидат предизвикани од наредбата во периодот од шест месеци и оти тој им ветил дека забелешките ќе бидат пренесени на следната владина седница. - Ако не работиме дел од кражбите ќе се зголемат. Сите оние со кои соработуваме ќе може на друго поле да вршат кражби и штетите ќе бидат уште поголеми, порачал Момироски. Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, по средбата со претставници на
Абдулаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање ЗАБРАНАТА ЗА ОТКУП НА МЕТАЛИ ОСТАНУВА Владата останува на ставот дека забраната за откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг, ќе важи во наредните шест месеци, информира министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми (4.4.2012 година). Тој одговарајќи на новинарско прашање за најавените протести на откупувачите на старо железо, рече дека Министерството не работи со уцени и рокови, туку оти работи со закони. Доколку има потреба и состојбите не се променат на подобро, забраната ќе биде продлжена за три до шест месеци. - Досега сменивме неколку закони за да не дојде до оваа ситуација, но не наидовме на разбирање и затоа има кражби на шахти, сообраќајни знаци, шини од железничката пруга, трансформатори и други објекти од јавен интерес, рече Адеми на маргините на конференцијата „Политиката за животната средина во Македонија: препораки на ЕУ при соработката со општините“. Асоцијацијата истакна дека наредбата останува на сила и оти Владата мора да ги заштити сите интереси, пред се, јавниот интерес, но ќе ги имаат предвид забeлешките на Комората.
БИЗНИС ИНФО
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
5
СРЕДБИ
Босанско-македонски бизнис-форум во Сараево
ПОДОБРОТО ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ ЌЕ ЈА ПОТТИКНЕ РАЗМЕНАТА Во рамките на Програмата за работа на ЦЕФТА-ДИХК проектот за 2012 година, Стопанската комора на Македонија, заедно со Надворешнотрговската комора на Босна и
Херцеговина, организираа Босанскомакедонски бизнис-средби кои се одржаа на 2 aприл 2012 година во Сараево, во Република Босна и Херцеговина. Целта на овие бизнис-средби беше продолжување, но и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји, со вмрежување од повеќе стопански дејности, и тоа од металната индустрија, прехранбената кондиторската, винарството, текстилната индустрија и градежништвото. Бизнис-форумот беше поттикнат и поддржан од страна на двете комори, како и од страна на Агенцијата за промоција на извозот на Босна и Херцеговина. На Форумот се обрати претседателот на Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина, Бруно Бојиќ, кој истакна дека надворешно-трговската размена меѓу двете земји е на незадоволително ниво со оглед на можностите кои ги нудат стопанствата на двете земји. Посебно залагање на двете држави треба да биде кон подобрување на инфраструктурното поврзување на земјите во регионот, а во тие рамки и кон Босна и Херцеговина. Обраќање на Форумот имаше и амбасадорот на Република Македонија во БиХ, Рами Реџепи, кој ја поздрави и ја поддржа иницијативата за Босанскомакедонските бизнис-средби. Воедно,
тој истакна дека секогаш е подготвен да помогне во комуникацијата и размената на податоци и информации меѓу компании од двете држави. Тој истакна дека на ниво на двете држави се прават напори за подобрување на бизнисклимата, а во тие рамки ќе биде и посетата на претседателот на државата, д-р Ѓорѓе Иванов, во октомври на БиХ. Во своето обраќање, Марија Петроска од Стопанската комора на Македонија истакна дека вкупната стоковна размена, иако е на незадоволително ниво со оглед на потенцијалите со кои располагаат
двете земји, бележи нагорна линија во последните неколку години. Интересот за присуство и учество на Бизнис-форумот на околу дваесет и пет компании од двете земји, дава оптимизам дека оваа нагорна линија ќе го задржи континуитетот, пред се’, заради компатибилноста на стопанството, но и потребата од проширување и продолжување на долгогодишната претходна соработка на компаниите. Од страна на претставник на Агенцијата за промоција на странските инвестиции во БиХ, беа истакнати можностите и поволностите што се нудат за вложувања во областите, како што се енергетиката, туризмот, дрвната индустрија, металната и друго. Податоците и оптимизмот за продлабочување на соработката ги искажа и Енес Алишковиќ, директор на Агенцијата за промоција на извозот
на БиХ, во Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина. Во рамките на бизниссредбите меѓу стопанствениците, беа презентирани производните програми и потенцијали, при што се најавува потпишување на конкретни договори од страна на повеќе компании, но, се создава и можност за праќање на свој трговски претставник во Босна. Општа оценка за Бизнисфорумот од страна на стопанствениците беше дека се неопходни вакви средби, со предлог, колку може побрзо да се бараат можности за отворање на директна авионска линија Скопје Сараево, со цел скратување на времето на патување, но и подобрување на целокупната инфраструктура, што е заложба скоро на сите стопанственици во регионот. Марија Петроска Ирена Мојсовска
Стопанската соработка меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина Вкупната трговска размена на Република Македонија со Босна и Херцеговина во 2011 година изнесува 183,2 милиони САД$ и бележи раст од 36.6% во однос на претходната година. Извозот изнесува 93 милиони САД$ или зголемување од 9,4%, а увозот е 90,1 милиони САД$ со раст од 83,7%.
→
БИЗНИС ИНФО
6
СРЕДБИ
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
Трговската размена со БИХ во 2011година Извоз
Во САД долари
Увоз
Вкупно
количина во кг
сума во УСА$
количина во кг
сума во УСА$
количина во кг
сума во УСА$
82.528.229,00
93.091.857,00
116.406.621,00
90.121.561,00
198.934.850,00
183.213.418,00
Споредбен приказ на трговската размена 2011-2010 година Во САД долари Вкупна размена 2010
2011
134.064.096,00 183.213.418,00
долари.
Извоз
Увоз
Индекс
2010
2011
Индекс
2010
2011
Индекс
136,6
84.943.505,00
93.091.857,00
109,4
49.120.591,00
90.121.561,00
183,7
Трговскиот биланс во 2011 година во размената со БИХ е позитивен, при што остварен е трговски суфицит од 3 милиони САД БИХ е 15 трговски партнер на Македонија во 2011 година во надворешно-трговската размена. Во структурата на извозот во 2011 година, најмногу се застапени: • • •
Прехранбени производи -38,5 милиони САД долари Лекови и козметика – 17 милиони САД долари Производи од железо и челик – 19,7 милиони САД долари
Во увозното салдо најголемо учество имаат: • • • • •
Прехранбени производи –11,6 милиони САД долари Битумен од нафта и останати остатоци од нафта – 6,7 милиони САД долари Друга репка или шеќерна трска и хемиски чиста сахароза- 11,9 милиони САД долари Дрво сурово – 4.2 милиони САД долари Производи од железо и челик – 29 милиони САД долари
ПРЕГЛЕД на директни инвестиции од Босна и Херцеговина во Република Македонија 2003-2008
во милиони ЕУР
ТОТАЛ Акционерски капитал
Реинвестирана добивка
Останат капитал
Вкупно
Земја / година
1
2
3
4=1+2+3
Босна и Херцеговина / 2008
-0,01
0,17
0,08
0,24
Босна и Херцеговина / 2007
0,27
-0,08
0,02
0,21
Босна и Херцеговина / 2006
0,1650
-0,1202
-0,1775
-0,1327
Босна и Херцеговина / 2005
0,0167
-0,1526
-0,0872
-0,2232
Босна и Херцеговина / 2004
0,3475
0,0093
-0,0242
0,3326
Босна и Херцеговина / 2003
-0,0001
-0,0179
0,0402
0,0222
(Извор на податоците: Народна банка на Република Македонија)
Бројки и факти БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Површина: вкупно: 51.197 км² Главен град: Сараево Локација: Европа, граничи со Јадранското море и Хрватска Граници: тотал: 1.538 км (гранични земји: Хрватска 932 км, Србија 357 и Црна Гора 249 км) Население: 4.621.598 (Јуни 2010) Религии: Православни 31%, Муслимани 40%, Римо католици 15%, други 14%
Природни ресурси: јаглен, боксит, бакар, цинк, хром, кобалт, манган, никел, гипс, сол, песок и хидро електричен потенцијал Јазици: Босански, Хрватски, Српски Валута: Конвертибилна марка Аеродроми: вкупно 28 Економски показатели БДП куповна моќ: 29.07 милијарди $ (2009) БДП стапка на пораст: -3,4% (2009) БДП по жител: 6.300 $ (2009) БДП по сектори: земјоделие 10,2%; индустрија 23,9%; услуги 66%
Стапка на инфлација: 0,6% (2009) Работна сила: 1.863 милиони (2007) Невработеност: 40% (2009) Буџет: приходи: 7.814 милијарди $; расходи: 8.571 милијарди $ (2009) Јавен долг: 43% од БДП (2009) Индустрии: железо, челик, цинк, манган, боксит, текстил, производи од тутун, дрвен мебел, апарати за домаќинство, рафинирање на нафта Индустриска стапка на пораст: 11,6% (2008) Земјоделски производи: пченка, житарици, овошје, зеленчук, живина
Извоз: 3.95 милијарди $ (2009) Извозни производи: метали, облека, производи од дрво Извозни партнери: Италија 16,6%, Хрватска 20,7%, Германија 13%, Австрија 10,3%, Словенија 16,7%, Унгарија 4,8% (2008) Увоз: 8.82 милијарди $ (2009) Увозни производи: машини и опрема, хемикалии, горива, прехрамбени производи Увозни партнери: Хрватска 24,3%, Словенија 12,6%, Германија 12,1%, Италија 10,4%, Австрија 6,2%, Турција 6,4%, Унгарија 6,5% (2008)
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
Презентација на саемските манифестации во Германија пред бизнис-секторот ВРАТА ЗА НАСТАП НА МАКЕДОНСКИТЕ ИЗВОЗНИЦИ НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР Со над 150 меѓународни саeмски манифестации и годишен профит од 3 милијарди евра, саемската индустрија во Германија е најразвиена во светски рамки. Две третини од водечките светски саеми, со преку 10 милиони стручни посетители и 170 илјади изложувачи, од коишто половината се странски, се одржуваат во Германија.
Токму поради овие факти, настапот на македонските компании на германските саеми треба да претставува предизвик не само за овојување на германскиот пазар, туку посебно за светскиот. Во таа насока, во наредниот период Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Германија воМакедонија ќе организира посети и учество на македонски компании на најголемите саемски манифестации во Германија. Ова, пред повеќе од дваесетина стопанственици беше истакнато на презентацијата на саемските манифестации во Германија, која на 29.3.2012 година се одржа Стопанската комора на Македонија. - Иако настапот на еден саем е голема инвестиција за секоја компанија, сепак, значи заштеда на средства бидејќи на саемите може да се најдат излагачи од целиот свет. Тоа практично значи дека можете да ги претставите своите производи на едно место, наместо да патувате низ целиот свет и да барате партнери, - порача Михаел Шмид, директор на Стопанската комора на Германија во Македонија. – Учеството на германските саеми се одлична можност за популаризирање на Македонија како земја, посебно во делот на туризмот. Како главни македонски сектори кои имаат потенцијал за извоз на германскиот пазар ги посочи прехранбениот и земјоделскиот сектор, но и компаниите од ИКТ-секторот. Меѓутоа, Македонија како земја не е застапена на задоволително ниво на саемите за инвестиции во однос на земјите од регионот, посебно на саемите за недвижности, каде што државите сами се претставуваат.Минатата година, повеќе од 60 македонски компании се претставиле на 20 специјализирани саеми во Германија. Германија е најзначаен трговски партнер на Македонија со вредност во вкупната размена од речиси 2 милијарди САД долари. Тоа претставува одлична платформа македонските извозници да ги искористат своите потенцијали и преку настап на германските саеми, да се пробијат не само на германскиот, туку и на пазарите во земјите од Европската унија и пошироко. Софче Јовановска, директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање истакна дека Стопанската комора на Македонија има намера, во соработка со германските стопански комори, да се изнајдат модалитети за
БИЗНИС ИНФО поддршка на малите македонски компании во делот на субвенционирање на дел од средствата за учество на саеми. - Трошоците за учество и посета на саемите претставуваат значајна ставка од нивните буџети. Во наредниот период Стопанската комора на Македонија при посета и учество на овие саеми ќе преговара за добивање на одредени поволности во поглед на трошоците за авионските билети и организирано хотелско сместување, - истакна Софче Јовановска. Според нејзините зборови, преку Европската мрежа на претприемништво- ЕЕН, компаниите не само што ќе можат класично да се промовираат преку излагање на штанд , туку ќе им се обезбедат и однапред договорени средби со излагачите, а ќе им се помогне и во подготовките и обезбедувањето на неопходните податоци како посетители и изложувачи на саемите. На презентацијата, покрај појаснувањето како да се настапува на германските саеми, акцент беше ставен и на приближувањето на германскиот пазар до македонскиот.
Љупчо Велески, директор на секторот за извоз во ПИ„Витаминка“, компанија којашто долги години настапува на најголемите саемски манифетации во Германија, го сподели своето богато искуствоза тоа како да се настапува на германските саеми, со осврт врз техничките подготовки за колективен и индивидуален настап на фирмите, креативно осмислување на саемски штанд и успешна презентација на фирмата. Главен акцент на презентацијата беше ставен на Меѓународниот саем за кондиторски производи - ИСМ во Келн, кој ќе се одржи од 27 до 30 јануари 2013 година и на Меѓународниот саем за прехранбена индустрија „Ануга“,што ќе се одржи од 5 до 9.10.2013 година. Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Германија воМакедонија ќе организира посета и учество на македонски компании на овие две значајни саемски манифестации во Германија. Влатко Стојановски
Презентација на туристичките дестинации пред туроператори и медиуми од Србија ГОДИНАВА СЕ ОЧЕКУВА ЗГОЛЕМЕН БРОЈ СРПСКИ ТУРИСТИ Со цел унапредување на туристичката соработка меѓу Србија и Македонија, а по повод доаѓањето на туроператори и медиуми од Србија, на 2 април 2012 година, се одржа состанок на српските и македонските туроператори, туристички агенции и хотели. Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на
7
МОЖНОСТИ туризмот, организираше состанок со презентација на најголемите туристички агенции и туроператори од Србија и презентација на туричките можности на Република Македонија, со најзначајните туристички агенции и туроператори и хотели од Македонија за туристите од Србија. По состанокот, присутните остварија билатерални средби за поблиско запознавање на можностите за позабрзан туристичкки промет во иднина. На туроператорите и новинарите од Србија им се претставија потенцијалите од македонската туристичка понуда, традиоционалните и новите туристички содржини во Скопје, Битола, Прилеп, Старо Нагоричане, националните паркови Маврово и Пелистер... На состанок со претставници на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија српските туроператори ги анализираа можностите за зголемување на бројот на туристите. Велат дека имаат такви очекувања поради намалените цени на понудата во Македонија, субвенциите што македонската држава ги нуди за странските туроператори, малата оддалеченост меѓу двете држави. На годишно ниво Македонија ја посетуваат 30.000 туристи од Србија. Бројот на туристи од година во година се` повеќе се зголемува, без оглед што е криза. Туристите најмалку се одрекуваат од летувања. Охрид е број еден за посета, но, се промовираше и останатиот дел на Македонија Снежана Јовановска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот, очекува поголем број туристи поради веќе намалените цени за 15 проценти, како и субвенциите за сите туроператори. - Иднината на македонската туристичка понуда се туристите од Балканот и треба да ги негуваме и да се сконцентрираме повеќе на нив, смета Јовановска и информира дека за летниот период има интерес и од традиционални туристи и од нови.
Посетата на српските туроператори, посочи Јовановска, е добра можност за зголемување на соработката и за размена на искуства. За поголем број туристи за годинава важна е безбедноста, да се подобри квалитетот и најважно цените кои оваа година треба да се многу пониски од минатата, наведе Јовановска. Насер Хот, од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, смета дека во Македонија може да бидат интересни сите видови алтернативен туризам. Од Србија, укажа, може да научиме за селскиот, а можност за добра соработка е и верскиот туризам кој е мошне интересен за сите земји во светот, особено за нашите соседи. Според амбасадорот на Србија во Скопје Томислав Ѓурин, Македонија е многу омилено место за летување на српските туристи и во сезона и надвор од сезона. - Српските туристи доаѓаат со добра волја, добро се примени, добро е организирано, не е далеку и што е најважно цените се многу пристапни. Лазо Ангелевски
8
ПОСЕТИ Амбасадорот на Малави во РМ во посета на Стопанската комора на Македонија МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ДОБРОДОЈДЕНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАЛАВИ! -Сакаме да ја воспоставиме соработка меѓу Унијата на коморите на Малави и Стопанската комора на Македонија, со цел да го претставиме нашето производство. Истовремено,
тоа е значајно заради потребата нашите коморски стручњаци да се запознаат со функционирањете на овдешната Комора и корпоративниот сектор, - изјави професор д- р Исак Ламба, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Малави во Република Македонија, со седиште во Берлин. Тој ја посети Стопанската комора на Македонија (30.3.2012 година), по предавањето на копиите на акредитивите на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. - На Малави и` се потребни инвеститори во рударството, енергетиката, преработувачката индустрија, аграрот, наводнувањето и туризмот, како и пренесување на know-how во сите овие области, истакна гостинот. Амбасадорот Ламба посебно порача дека Малави е стабилна земја, членка на СТО и на Заедничкиот пазар на источна и јужна Африка (COMESA), со билатерални договори за трговија со повеќе африкански земји, вклучувајќи ги Кина и Индија. Од страна на претставникот на Комората е изразен интересот и подготвеноста за воспоставување соработка со Унијата на трговските
БИЗНИС ИНФО и индустриски комори на Малави, како во однос на промовирање на трговските можности, така и во однос на обуките. Инаку, Малави, земја во Југоисточната Африка, меѓу Замбија, Мозамбик и Танзанија, се протега на 118.484 квадратни километри со 16,3 милиони население. Независноста од Британскиот протекторат е стекната во 1964 година. Оваа континентално затворена земја, рангирана како една од најнаселените и најнеразвиените земји во светот, е предоминантно аграрна и 80% од населението живее во рурални средини. Со помош на субвенцииза вештачки ѓубрива до 2006 година, аграрот учествува во БДП со една третина и во извозот со 90%. Тутунот е носечки сектор и претставува половина од вкупниот извоз на земјата. Економијата зависи од финансиската поддршка на ММФ, Светската банка и држави - донатори. Владата на Малави се соочува со проблеми во развојот на пазарната економија и фискалната дисциплина, како и со заштитата на животната средина. Недоволен е развојот на образованието,а изразен е проблемот со ширење на ХИВ. Владата најави инфраструктурни проекти, како изградба на нафтовод за подобра достапност на гориво низ земјата и оспособување на речните текови во соседен Мозамбик за пловидба, заради полесна комуникација со морските пристаништа. Во 2009 година инвестициите во Малави се намалени за 23% и тој тренд продолжи и во 2010 година. Ова е последица на ненадминатите бариери во однос на снабдувањето со енергија и вода, неразвиената телекомуникациска инфраструктура. Донаторите, кои во последните пет години,во просек 36% го полнат буџетот, ја суспендираа поддршката на Малави во 2011 година поради негативниот извештај на ММФ во однос на владеењето со земјата.
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
Бројки и факти ЕКОНОМИЈАТА НА МАЛАВИ * Земјоделски производи: тутун, шеќернатрска, чај, пченка,компир, тапиока, кикирики. * Индустриски производи: тутун, чај, шеќер, примарнапреработкаоддрво, стокиза широкапотрошувачка. *Рудни богатства: ураниум, никел, бакар,злато, платина, фосфати, обогатенпесок. * Извоз: 921,9 мил.САД$ (2011 год.) *Стоки што се извезуваат: тутун 53%, чај, шеќер, памук, кафе, кикирики, дрвенипроизводи, конфекција. * Земји во кои се извезува:Индија 10,4%, Германија 9,7%, ЈужнаАфрика 7,6%, Руска Федерација 7,4%, Канада 6,4%, САД 6,3%, Холандија 4,7% (2010 год.). * Увоз:1,694 милијарди САД$ (2011 год.)
* Стоки што се увезуваат: храна, нафтенипроизводи, полупроизводи, широкапотрошувачка, транспортнисредства. * Земји од кои се увезува: ЈужнаАфрика 41,4%, Индија 7,5%, Кина 6,1%, Танзанија 5%, Франција 4,4%, Мозамбик 4,2%. (Извор на бројките и фактите за Малави:CIA country Fact). Љубица Нури
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
БИЗНИС ИНФО
Средба со нови членки на Стопанската комора на Македонија ПРОЕКТИ ДИЗАЈНИРАНИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЧЛЕНКИТЕ На 02.04.2012 година во Стопанската комора на Македонија традиционално се одржа презентација на прогрaмите кои ги спроведува најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава, а со цел запознавање на новите членки со активностите, проектите и услугите што се нудат на бизнис секторот
(2.4.2012 година). Извршниот директор на Стопанската Комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиевска, детално ги објасни сите активности, проекти и вредности кон кои се стреми деловната асоцијација, а кои директно се насочени кон тоа сите идни и сегашни членки да се здобијат со знаења и искуства со кои реално би придонеле за поефикасно стопанство и професионално работење на компаниите. Софче Јовановска, директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање на присутните им го објасни начинот на кој се користи веб порталот на Стопанската Комора, услугите и можностите кои ги нуди истиот за сите оние кои се заинтересирани да се запознаат со активностите и целите, како и начинот на кој можат да станат дел од коморскиот систем и со негова помош успешно да го водат својот бизнис. Стојмирка Тасевска, виш советник на Управен одбор на Стопанската комора на Македонија, детално го објасни начинот на кој функционираат здруженијата кои рамките на Комората. Елена Милеска, виш соработник во комората детално ја презентираше можноста за решавањето на спорови со помош на арбитража како можност плус која ја нуди Комората, а се со цел подобро да се заштитат интересите на фирмите, нивниот кредибилитет и рејтинг во јавноста, а воедно да се избегнат и долгите судски постапки кои негативно би
се одразиле на нивното работењето. Целта на средбата со новите членки беше раководството на Стопанската комора на Македонија детално да им ја претстави својата долгогодишна работа, своите визии, идеи и цели и на новите членови како и да им докаже дека токму оваа асоцијација е нивниот најдобар избор за успешно стопанско работење, професионализам и за докажан квалитет како рецепт за успех во стопанството. Анита Митревска
Групацијата на агенциите за недвижности ја лоцира нелојалната конкуренција како најголем проблем
9
КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ на агенции за недвижности и како прв приоритет треба да биде, со заеднички ангажман на сите агенции, анимирање и екипирање на членството во Групацијата. Исто така, беа истакнати повеќе проблеми во работењето на агенциите, а посебно нелојалната конкуренција која е се почеста појава на пазарот со недвижности. За таа цел се повтори поново заложбата за донесување на закон за промет со недвижности. Стопанската комора на Македонија ја поддржува оваа иницитива и има доставено барање и до Владата на РМ за потребата од донесување на вакво законско решение. Во оваа насока беше договорено уште еднаш да се разгледа работниот текст на Законот за посредување во прометот со недвижности, што беше изготвен од страна на работната група и истиот да се достави до надлежните институции. Работењето на Групацијата треба да биде насочено и кон воспоставување на контакти со асоцијации од други земји, размена на искуства, зачленување во европски асоцијации, а пред се’, и организирање на едукативни семинари за агенциите. Во врска со Етичкииот кодекс на посредниците со промет на недвижности, што беше потпишан во 2006 година, се иницираше негово обновување и вклучување на нови агенции кои ќе го потпишат и кои ќе го почитуваат, со што ќе се зајакне угледот на посредничката дејност на пазарот за недвижности. На крајот се заклучи, да се закаже нов состанок за 10 април 2012 година во поширок состав, преку заедничко анимирање на членството, со единствен дневен ред, избор на членови на Управен
ПОВТОРНО ПОБАРАНО ДОНЕСУВАЊЕ ЗАКОН ЗА ПРОМЕТ СО НЕДВИЖНОСТИ Н а барање на повеќе членови на Групацијата на агенции за недвижности при Стопанската комора на Македонија, на 28.3.2012 година се одржа состанок на кој се расправаше за актуелните состојби на пазарот на недвижности. Во обемната расправа беше потенцирано дека има потреба од постоење и работење на Групацијата
одбор и претседател на Групацијата на агенции за недвижности. Марија Петроска
10
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Македонски Телеком им излезе во пресрет на социјално ранливите групи на граѓани ПОСЕБЕН ТАРИФЕН МОДЕЛ ЗА САМО 15О ДЕНАРИ ГОДИШНО Околу 40.000 семејства корисници на социјална помош за само 150 денари годишно ќе можат да станат корисници на новиот социјален тарифен модел на Македонски Телеком. Со цел да им излезе во пресрет на барањата на корисниците кои што имаат поинакви потреби и можности, го воведе овој тарифен модел кој е исклучително поволен и специјално наменет за социјално ранливата група
на граѓани. Корисниците кои имаат потреба само од говорни услуги, можат да земат бесплатна припејд фиксна телефонска линија од Македонски Телеком. -Фиксниот телефон, за голем број граѓани кои што имаат ограничен домашен буџет и денес претставува традиционално основно средство за комуникација. Ние како социјално одговорна компанија, имаме за цел да им помогнеме на групите и институциите на кои што им е потребна нашата помош. Со пуштањето на ваков тарифен модел на нашиот пазар им даваме еднаква можност на сите граѓани да го искористат своето право за основна комуникација, - изјавил главниот извршен директор на Македонски Телеком, Даниел Сас, а го цитира „Нетпрес“. Договор за нова кредитна линија меѓу ЕБОР и ПроКредит банка ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МАЛИ, МИКРО И СРЕДНИ БИЗНИСИ Пет милиони евра во денарска противвредност од Европската банка за обнова и развој се достапни за малите, микро и средни претпријатија, преку ПроКредит банка. Договорот за новата линија, која е прва во Македонија во домашна валута, го потпишаа директорката на ПроКредит банка Јованка Јолеска-Поповска и директорот на ЕБОР за Западен Балкан, Хрватска, Белорусија и Молдавија Хенри Расел.
БИЗНИС ИНФО
Средствата ќе бидат наменети за инвестициски проекти и обртни средства на претпријатија во руралните и урбаните области во форма на долгорочни кредити, со рок на отплата до пет години. Претпријатијата ќе може да земат кредит во износ до 30 (триесет) милиони денари. Со оваа кредитна линија ќе се обезбедат повеќе средства за долгорочно кредитирање на развојот на бизнисите на Македонија и економски раст на земјата, посочија ЈолескаПоповска и Расел по потпишување на Договорот, а пренесува МИА. - Оваа трансакција е првиот кредит на ЕБОР во локална валута во земјата. Тоа ќе го намали девизниот ризик за претпријатијата и девалвација на денарот, рече Расел и додаде дека тоа ќе ги охрабри и другите комерцијални кредитори да продолжат да обезбедуваат финансиски средства на локалните бизниси во локална валута. Одлуката да се земе кредит во домашна валута, како што истакна Јолеска-Поповска, произлегла од потребата на македонскиот пазар од долгорочни денарски средства.
- Веруваме дека денарските долгорочни средства се неопходни за навистина реална поддршка на бизнисите, со оглед на тоа што подразбира некаква валутна заштита на бизнисите кои работат на локалниот пазар, рече директорката на ПроКредит банка - Македонија. Расел потенцира дека според ЕБОР доделувањето кредит во домашна валута е заради диверзификација на кредитните производи во Македонија и тоа е особено важно, како што истакна, кога се работи со партнер кој работи во приватниот сектор со релативно мали бизниси. Јолеска-Поповска посочи дека годинава очекуваат пораст од 10 отсто на инвестициските кредити на претпријатијата и оти нема намалување во однос на претходната година, а во споредба со преиодот пред кризата има помалку барања за инвестициски кредити од претпријатија.
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
Европската банка за обнова и развој досега има инвестирано 950 милиони евра во македонската економија во проекти во корпоративниот и финансискиот сектор, како и во инфраструктурата и енергетиката. Како што најави Расел поддршката ќе продолжи и во иднина.
Aлфа банка во соработка со бензинските пумпи на „Окта“ АКЦИЈА ДА ЗАШТЕДИТЕ ПРИ КУПУВАЊЕ ГОРИВО Aлфа банка, во соработка со бензинските пумпи на „Окта“, им дава прилика на корисниците на картичката „Американ експрес“ да заработат и кога трошат, со актуелната можност за поврат на средства.
„Оваа можност е достапна само за корисниците на „Американ експрес“ издадена од Алфа банка, при што им се овозможува заштеда од 2,5 отсто при купување на сите горива на бензинските пумпи на „Окта“. Можноста е достапна за сите картички „Американ експрес“ издадени од Алфа банка. Попустот се книжи на сметката на картичката по извршувањето на трансакцијата и се појавува како одобрување во месечниот извештај на клиентот, информираат од Алфа банка. АД ЕЛЕМ општествено одговорно претпријатие НА ХУМАНИТАРНА АУКЦИЈА СОБРАНИ 566 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ На одржаната хуманитарна аукција на дела од ликовната манифестација „Мал битолски Монмартр“ во организација на АД ЕЛЕМ беа продадени сите понудени 44 уметнички дела со мотиви од Македонија, насликани од млади сликари од преку 20 земји. Уникатните уметнички дела кои младите ликовни амбасадори ги создаваа во изминатите три децении беа дел од најстарата ликовна колонија за деца на Балканот.
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
Генералниот директор на АД ЕЛЕМ и иницијатор на хуманитарната аукција Влатко Чингоски изразувајќи благодарност на присутните за поддршката и покажаната хуманост рече дека со учество во оваа аукција подале рака за натамошното опстојување на најстарата и најголема ликовна работилница во Македонија „Мал битолски Монмартр“. - Поддршката на уметноста и културните настани го збогатува животот на сите во заедницата. АД ЕЛЕМ традиционално и со голема гордост на ова меценство, го поддржува „Мал битолски Монмартр“, бидејќи оваа
БИЗНИС ИНФО
11
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
хуман и културен проект продолжува со изложба на дела од „Мал битолски Монмартр“ која во наредните 30 дена ќе биде поставена во фоајето на Македонската опера и балет (МОБ). Изложбата ќе биде од отворен карактер, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со делата на младите ликовни амбасадори и да донираат парични средства за поддршка на оваа ликовна манифестација, информираат од АД Електрани на Македонија. Сомелиерски академии за винска едукација во организација на „Тиквеш“ ОБУКИ ЗА ДЕГУСТАЦИЈАТА, ПОСЛУЖУВАЊЕ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВИНОТО Триесетина претставници на хотели, ресторани и кафетерии од Македонија се едуцираа за техниките на дегустација, начините на послужување и карактеристиките на вината на Сомелиерската академија, во организација на Винарската визба „Тиквеш“. Главна цел на сомелиерските академии, како што соопштуваат од „Тиквеш“, е подигнување на винската култура преку истакнување на уникатните и специфични карактеристики на различните вина. Присутните добија нови знаења од светските трендови и техники за послужување на виното со соодветна храна во угостителските објекти.
манифестација со години успешно гради мостови кон светот, докажувајќи дека грижата за уметничките вредности е од големо значење за државата, изјави Чингоски, а го цитира МИА. На присутните им се обрати и Снежана Ристовска, државен советник во Министерството за култура, која нагласи дека е убаво кога во поддржувањето и поттикнувањето на културните манифестации директно се вклучуваат многу општественоодговорни компании. Ристовска изрази благодарност до АД ЕЛЕМ за организацијата на оваа благородна иницијатива, за поддршката и унапредувањето на културата во Република Македонија. Преку аукцијата беа собрани 566 илјади денари, средства кои ќе помогнат во годинашната организација и опстојување на оваа реномирана ликовна манифестација, која секоја пролет се одржува во Битола. Со поддршка од Министерството за култура, реализацијата на овој
Во рамките на тридневниот сомелиерски курс се одржаа обуки на повеќе теми, како: историја на виното, карактеристики на различните сорти грозје и вино, запознавање со најзначајните вински региони во светот, основи на производството на вино и секако техники на дегустација, начини на послужување, комбинирање со храна. Сомелиерскиот курс традиционално завршува со посета на ВВ „Тиквеш“, каде што учесниците изворно и практично можат да се запознаат со некои од темите на обуките. - Како лидери во македонската
винска индустрија ја презедовме одговорноста за поттикнување и унапредување на винската култура во секоја смисла. Тоа е наша долгорочна цел и определба, а овие сомелиерски академии се само една од активностите кои ги преземаме во таа насока“, велат од „Тиквеш“. Одржаниот сомелиерскиот курс е прв од годинешниот циклус сомелиерски академии кои ВВ „Тиквеш“ традиционално ги организира секоја година. Првата сомелиерска академија ВВ „Тиквеш“ ја организираше во 2007 година, а досега низ обуките поминале околу 600 лица од повеќе од 350 угостителски објекти ширум Македонија. Винер Осигурување во првиот квартал од годинава ПРИХОД ОД 200 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Винер Осигурување – Виена
Иншуренс Груп соопшти дека во првиот квартал од годинава оствариле приход од 200 милиони денари, што претставува најдобар квартален резултат во историјата на компанијата. Од компанијата посочуваат дека нивниот успех се должи на ставањето на клиентите во центарот на нивните процеси, преку најквалитетна продажна и постпродажна услуга, експресното решавање на штетите, беспрекорното реосигурително покритие и тимската работа посветена на сигурноста и задоволството на секој клиент. - Минатата година, компанијата ја заврши со раст од 41 процент, зголемувајќи го пазарниот удел, а резултатите постигнати во првиот квартал годинава покажуваат дека Винер не само што го задржува стабилниот и континуиран раст, туку продолжува со уште позасилено темпо, истакнуваат од Винер Осигурување. Инаку, генералниот директор на Винер Осигурување Зоран Нарашанов на последниот надзорен одбор доби нов четиригодишен мандат.
12
ПРЕНЕСЕНО Интервју на Игор Илиевски, генерален директор на винарска визба „Тиквеш“ за „Капитал“ РАБОТИМЕ НА „ОСВОЈУВАЊЕ“ НА ЕВРОПА И САД За Игор Илиевски може да кажеме дека е „дете“ на Пивара Скопје. Дел од екипата млади професионалци коишто под водство на поранешниот „алфа и омега“ на компанијата, Светозар Јаневски, пред петнаесетина години почнаа да ја градат својата менаџерска кариера во систем што подоцна стана и меѓународен, по влегувањето на КокаКола и Хајнекен. Во меѓувреме, Јаневски замина од Пивара Скопје, влезе во винскиот бизнис, а Илиевски се искачуваше во компаниската хиерархија, стигнувајќи до маркетингдиректор, а потоа и на меѓународно ниво во Кока-Кола, на високи регионални менаџерски позиции. Илиевски минатата година ја прифати поканата од Јаневски да застане на чело на винарницата Тиквеш, којашто во 2004 година тој ја купи заедно со партнерите од инвестициската група М6. Бизнисот со познатите пиварски и безалкохолни брендови, Илиевски го замени со нов предизвик – како вината на Тиквеш, најголемата винарница во земјава и на Балканот, да ја зацврстат пазарната позиција на традиционалните регионални пазари и да се пробијат на меѓународна сцена, каде што конкуренцијата е сè пожестока. Кусо време по објавувањето на заедничката стратегија за извоз на асоцијацијата „Вина од Македонија“ каде што Тиквеш е активен учесник, разговаравме со Илиевски за тоа како менаџментот на винарницата планира да ги оствари амбициозните цели на нејзините сопственици. Во насока на определбата на ВВ Тиквеш за зајакнување на позициите на странските пазари, направивте промена во пристапот. За што станува збор? Накусо кажано, Тиквеш ќе управува со производот во целиот пазарен процес од излегувањето од нашите визби до изборот на крајниот потрошувач, без оглед дали настапуваме на пазарот директно преку наши компании или индиректно преку локални дистрибутери. Само така може да ги зацврстиме позциите на нашите брендови и да ги пласираме новите. Овој процес подразбира и маркетинг-вложувања за поддршка на производот на соодветно ценовно ниво. Тоа е огромната разлика во однос на пристапот кога само продавате на дистрибутерот и понатаму останува на него како ќе го пласира вашето вино. Сега имаме потполно контролиран модел за настап на пазарот, што значи јасно ценовно позиционирање, јасно дефинирани пазарни сегменти каде што навлегуваме, дефинирани обврски на локалните увозници и дистрибутери, но и засилен ангажман на Тиквеш за вложувања во маркетинг и градење на брендот, како стратегија за извозните пазари. Какви се очекувањата од пазарот во Србија за годинава, со новиот пазарен пристап? Дали овој модел се применува и на останатите пазари во регионот? Со новиот пазарен пристап за годинава
БИЗНИС ИНФО испланиравме раст на вкупните приходи од 15%, додека извозот е проектиран да порасне за 26%. На српскиот пазар, како наш најголем регионален пазар, планираме раст од 12%, а во Хрватска од почетокот на годинава отпочнавме соработка со нов дистрибутер и очекуваме силен раст и зацврстување на нашите досегашни позиции. Во Босна и Херцеговина очекуваме силни двоцифрени стапки на раст за 2012 година, додека во Црна Гора, Албанија и Косово работиме на воведување на нашиот нов извозен пристап во насока на зајакнување на нашата позиција. Европските пазари очекуваме да ни донесат една четвртина од растот на приходите од извоз годинава. Во Македонија, каде што сме лидери во винскиот бизнис, проектиравме раст од 5%. Како менаџер се градевте во системот на Пивара Скопје и нејзините сопственици, сега сте на чело на најголемата винарница во земјава и на Балканот. Кој беше најголемиот предизвик кога преминавте во Тиквеш? Јас почнав како финансиски аналитичар во Пивара Скопје, потоа бев во одделот за маркетинг како бренд-менаџер, па до последната позиција во оваа компанија како маркетинг-менаџер. Потоа бев
директор за продажба одговорен за некои регионални пазари, а мојата последна функција пред преминот во Тиквеш беше директор за продажба во Кока-Кола во Црна Гора и извршен директор на локалната компанија. Значи преминот го направив од извршна во извршна позиција, но во друг бизнис. Принципите на лидерство се универзални и тие важат и за претходната и за актуелнава менаџерска позиција. Одговорноста е голема, се работи за најголемата винарница во регионов, која е на пат да стане водечки вински бренд во Југоисточна Европа. Зборуваме за одговорност за 300 вработени, за промоција на македонското вино во светот... во секој случај голем професионален предизвик, а од друга страна свесни сме во каков макроекономски контекст работиме. Предизвик е да се прилагодите во тие услови, и она што мислам дека многу ми помага од претходното искуство, е тоа што јас бев обучуван во меѓународна компанија, каде што главен акцент беше ставан на развојот на луѓето. Колкав дел од производството извезува Тиквеш? Извозот во 2011 година беше 7,6 милиони евра, што е 45% од вкупните приходи од продажба. Нашата стратешка цел е да ги зацврстиме нашите позиции на сите пазари каде што сме присутни, тргнувајќи од традиционалните ексјугословенски пазари, каде што работиме на зголемување на извозот. Иста е нашата стратегија и за пазарите во Европската унија каде што сме присутни досега. Во моментот еден од нашите врвни
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
приоритети е пласман во САД, во врвниот сегмент, а не ги забораваме ниту Русија и Кина коишто се пазари со огромен потенцијал. Извозот е наша главна определба, и за 2012 година планираме приходите од извоз да учествуваат со околу 60% во вкупните продажби на Тиквеш, а тој сооднос континуирано да се подобрува во корист на извозот во следните години. До каде сте со пласманот на „бела вода“ на американскиот пазар? Дали и некои други вина се ваши адути за овој пазар? Тиквеш и досега бил присутен на американскиот пазар, во делот малопродажба, во деловите каде што живее дијаспората од Македонија и екс-југословенските држави. Меѓутоа, оценката 94 што ја добивме од винскиот критичар Роберт Паркер во основа ни дава можност за влез во еден сосема нов сегмент од овој висококонкурентен пазар, а тоа е влезница за американскиот ХОРЕКА сегмент (хотели – ресторани – кафулиња), каде што е исклучително тешко да се продре. Практично, со оваа препорака, нам ни се отвора вратата на престижните њујоршки ресторани. Но, останува внимателно да се организира дистрибуцијата. Пред десетина дена увозникот за нашите вина во САД организираше нивна презентација за неговите поддистрибутери, и освен „бела вода“, се дегустираше и „барово“, „вранец спешл селекшн“ и „ркацители спешл селекшн“. Претставниците од Тиквеш што беа на дегустацијата велат дека луѓето од фелата извонредно ги прифатиле вината, а особено се пријатно изненадени од вината „вранец“ и „ркацители“. Количините за нарачките се веќе дефинирани и првите пратки ќе излезат од Тиквеш деновиве. Тоа за нас е огромна потврда дека квалитетот на нашите вина е препознаен и дополнителен мотив за нашите следни активности. Новата извозна стратегија на „Вина од Македонија“ е насочена кон поголем извоз на вино пакувано во шишиња во однос на наливното, со што се зголемува вредноста на македонскиот извоз, а дефинирани се и четири клучни европски пазари. Колку Европа останува приоритет во извозната стратегија на Тиквеш, а колкав фокус ќе се стави на подалечните пазари во иднина? Четирите таргет извозни пазари од Извозниот план на асоцијацијата беа одбрани врз база на неколку параметри: потрошувачка на вино по жител, расположливост на дистрибутери, ценовни и пазарни бариери за влез, ниво на БДП и останати елементи што одредуваат во кои земји македонското вино може најлесно да се пробие. Тиквеш моментално продава на 15-ина пазари во светот, а од четирите што се идентификувани како најперспективни во маркетингстратегијата на „Вина од Македонија“, присутни сме во Швајцарија и делумно во Словенија. Сите пазари наведени во стратегијата, вклучувајќи ги и Холандија и Полска се повеќе од интересни за нас, особено кога ќе се земе предвид дека консумираат по 40-50 литри вино по жител годишно, за разлика од македонските 7-8 литри. Преку стратегијата, ние, 10-те винарницичленки на здружението на коишто отпаѓа околу 90% од македонскиот извоз, настојуваме да направиме промоција на Македонија како винска земја, а потоа секоја винарница индивидуално ќе се бори да добие фер удел во рамки на тој заедничи национален бренд. Сите заедно полесно може да го пласираме брендот македонско вино, отколку секој самостојно, затоа е и во основа креирано здружението и стратегијата за промоција и извоз на македонското вино.
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
Приметливо е дека Тиквеш многу инвестираше во маркетинг изминативе неколку години (нови ексклузивни пакувања, врвни рекламни спотови, познати заштитни лица и сл.) Колку сево ова придонесе за зголемување на свесноста на потрошувачите за брендот Тиквеш во Македонија и во регионот?
БИЗНИС ИНФО дека наливното вино е практично суровина којашто ја купуваат по 30-40 евроценти за литар и понатаму секој од увозниците си го доработува и пакува во своја трговска марка. Сите инвестиции што ги правиме се со една главна цел – да се „премине“ од наливното вино кон создавање бренд што ќе може рамо до рамо да се носи
13
ПРЕНЕСЕНО култура. Тоа значи да се едуцираат потрошувачите за предностите на умереното пиење вино, неговото благопријатно делување врз здравјето, истакнувањето на специфичности на македонските автохтони сорти, впарувањето на виното со храната и сл. Македонија има долга традиција на производство на вино, и кога ќе кажеме вино, во земјава подразбираме винска индустрија, а помалку винска култура. Во минатото не се водело многу сметка за маркетинг и промоција на виното, а и не биле познати бенефитите за здравјето, како овој куриозитет на пример: росфератролот особено изразн во сортата „вранец“ е докажан антиоксиданс, што значи исклучително благотворно дејството на ова вино, доколку умерено се пие, се разбира. Или, пак, кафтарната киселина изразена во сортата „темјаника“, исто така антиоксиданс. Винарниците треба да вложат повеќе напори во зголемувањето на општата винска култура, преку едукација на келнери, сомелиери. Ние сме особено активни на тој план, редовно организираме сомелиерски академии, дегустации и други настани поврзани со градењето винска култура. Кои се за Вас најважните менаџерски принципи што ги следите секојдневно?
Градењето бренд е исклучително деликатна работа и долготраен процес. Имено тоа е процес што никогаш не завршува – не се работи само за рекламни кампањи, туку за цели процеси на управување со производот, технологија, луѓе, позиционирање, потрошувачи. Она што е главно кај брендот е дека тој треба да го одржи своето ветување на потрошувачите, што значи секојдневно да испорачува соодветен квалитет и имиџ за соодветната цена. Градењето на брендот е долг и макотрпен процес, а промената на перцепцијата за македонското вино е уште помакотрпен процес. Ако со децении наназад ве препознаваат како евтино наливно вино, што било и сè уште е генералната перцепција за македонското вино, треба многу време и ресурси за да ја промените. Од земја-производител на наливно вино, да станете земја позната по висококвалитетни брендирани вина, што ќе ги продавате за по 10-15 евра на полица во странските супермаркети. Изминативе години откако инвестициската групација М6 го купи Тиквеш, вложени се повеќе од 20 милиони евра во модернизација на технологијата, опремата и процесите со главна цел рапидно да се подигне квалитетот на виното и да се понуди висококвалитетен брендиран производ способен да се носи рамо до рамо со вината од познатите светски вински региони и производители. Следствено се и инвестициите во градење бренд и перцепција за висококвалитетно вино кое континуирано го правиме последниве неколку години и во Србија, на пример, сме омилен регионален вински бренд, признание добиено од локалните потрошувачи. Во Хрватска ги зацврстуваме позициите, и тоа не само преку традиционалнта „Т’га за југ“ во средниот ценовен сегмент до 5 евра, туку и со останатиот асортиман на висококвалитетни вина во повисоки ценовни сегменти. Колкав дел од продажбите на Тиквеш отпаѓа на наливното вино? Тиквеш во 2011 година практично и да нема продадено наливно вино. Во принцип, повеќе од 95% од виното го продаваме брендирано, пакувано, кое не мора исклучиво да е во шише, туку и во некои современи форми на пакување, како „баг-ин-бокс“ и сл. Она што поодамна како компанија го имаме сфатено е
со светските производители. Битката за препознавање и пробив на македонското вино се води на три нивоа: прво Македонија да се етаблира како винска земја, потоа регионите да се промовираат со своите специфични сорти грозје и вино, и на крајот, секоја винарница посебно да си го најде своето место на светскиот пазар, под капата на националниот бренд. Извозните статистики покажуваат дека македонското вино пакувано во шишиња се извезува со просечна цена од 1,2-1,5 евра по литар изминативе години. Во кои ценовни категори настојува Тиквеш да се смести на полиците во странските маркети? Тиквеш е јасно профилиран како извозник на вино пакувано во шишиња. Точно е дека виното во шише од Македонија лани се извезувало по просечна цена од 1,3 евра за литар, но треба да се има предвид дека таа цена во малопродажба во регионот расте двојно, во Европа за 2,5 - 3 пати, а во САД и неколку пати, поради транспортот, царините, трговските маржи во неколку нивоа на дистрибуција итн. Тоа значи дека македонските вина не се само во најниските ценовни сегменти во странските маркети, туку сериозно навлегуваат и во средниот ценовен сегмент, а помали количини и во премиум сегментот.Во новата стратегија за промоција и извоз на вино на асоцијацијата, каде што ние активно учествувавме, зацртавме дека треба да продаваме вино во шишиња , претежно на пазарите во ЕУ и ние како „Вина од Македонија“ не смееме да застануваме на патот на колку што може поголемо позиционирање во средниот и врвниот ценовен сегмент на продажбата на вино во светот. Тиквеш се смета за предводник во овие напори, затоа што целиот наш извоз е брендирано вино, а и останатите винарници сфатија дека тоа е вистинскиот пат до одржлив развој на македонскиот вински бизнис. Што станува со домашниот пазар? Колку сте фокусирани во напорите да се зголеми моментално ниската потрошувачка на вино во земјава? Како бренд, македонските вина нормално дека се попрепознатливи на домашниот пазар, но тука треба активно да се работи на градење винска
Мојот главен менаџерски принцип е дека луѓето ја прават разликата и нивниот личен професионален развој придонесува за развојот на компанијата. Сметам дека секој е одговорен за своите постапки, а посебно лицата на лидерски позиции мора да дадат пример на другите. Начинот на којшто сум воспитан во професионалниот свет и којшто се обидувам да им го пренесам на останатите е lead by example, односно раководење преку својот пример. Верувам во конзистентна комуникација, верувам дека не постои прашање што не заслужува одговор и тоа настојувам да биде еден од постулатите во нашата интерна комуникација во компанијата, потоа во комуникацијата со нашите клиенти и партнери, како и во онаа со нашите потрошувачи. Новиот век, новите технологии, новите кризи, наметнаа и нови менаџерски вештини – кои се според Вас клучните промени во бизнис-лидерството во однос на оној традиционален модел на менаџмент карактеристичен за втората половина на 20 век? Да, новото време си носи нови менаџментпринципи - ако вчера билe класичните менаџерски hard skills, денес разликата ја прават т.н. so� skills, ако до вчера беше потребен т.н. change management, односно менаџирање за да се прилагодите на промените, денес промените се константа сама по себе. Турбуленцијата што ја донесе 21 век, особено големата светска криза од којашто светот сè уште не може да заздрави, наметна потреба бизнис-лидерите постојано да се на штрек, да развијат способност да ги прочитаат раните сигнали на предупредување за следната голема промена. „Меките вештини“, стануваат сè побитни за успехот на една организација. Токму и затоа реков дека добрата комуникација е клучна во овој контекст, и внатре во организацијата и меѓу организацијата и надворешните чинители – клиентите, акционерите, општествената заедница. Во модерно доба зборуваме повеќе за лидерство отколку за менаџмент, односно за јасна визија и за организација којашто ја разбира визијата, инспирирање на тимот за нејзино остварување и за поставување јасни приоритети коишто сите се стремат да ги остварат, сфаќајќи дека индивидуалното поведение и резултат на секој вработен влијае врз вкупните резултати на компанијата.
14
ПРЕНЕСЕНО Интервју на Савка Димитрова за „Утрински весник“ НАШИТЕ ЧОКОЛАДИ СЕ ПОЛНИ СО БАДЕМИ, А НЕ СО АДИТИВИ
* „Карактеристично за нашите производи е тоа што во ниеден производ, ама баш во ниеден, не ставаме стабилизатор или конзерванс“, вели Савка Димитрова, директорка на „Европа“ * Многу нови производи на „Европа“ се појавија на пазарот, но се’ уште се продаваат само во вашите
специјализирани чоколадерии. Размислувате ли да ги дизајнирате чоколадото и локумот, за кои се’ повеќе има интерес од купувачите? Чоколадите ексклузив по технологија и по суровини се скапи производи и потешко се прифаќаат во пошироката потрошувачка. Од друга страна, се многу поосетливи за разлика од другите чоколади, подложни се на расипување, особено кога затоплува времето. Се плашат трговците да врзуваат повеќе пари, бидејќи самите додатоци се осетливи. Во другите случаи кога работиме со додатоци, процентот на додатокот е многу понизок, покриен е со чоколадо кое го конзервира додатокот и во тие случаи може да гарантираме рок на траење до 12 месеци. Од тие чоколади направивме многу видови и нерационално е да се подготвуваат дизајни за сите, прескапо е, затоа сега ги тестираме вкусовите на потрошувачите. Веќе тие се диференцираат, црната чоколада со бадем е најбарана.
БИЗНИС ИНФО Точно ги рангиравме, а за најпродаваните подготвуваме амбалажа. Во таквите специјализирани чокаладерии на Запад чоколадото се мери со кршење, во тоа е убавината. Блоковите се околу 1,2 килограми. Од овие чоколади подготвуваме и помали пакувања, од 150 грама, кои ќе се најдат и во малопродажните објекти. * Каде најмногу се продаваат производите, во специјализираните продавници или во маркетите? Од нашите продавници директно ги добиваме парите што е, секако, предност. Задоволни сме, бидејќи тие 10 продавници прават промет колку сите синџири маркети. Количините на продадени производи
преку нашите продавници се исти како оние продадени преку сите маркети заедно. Од тој аспект работат добро. Но, се потрудивме да отвориме и други вакви чоколадерии низ Македонија, но не сме многу задоволни, треба време за да се разработат. Од друга страна, продавниците се како тест. Еве сега и со локумот направивме многу вкусови, дури ни јас не можам да ви кажам колку многу. Во нашите продавници ги испорачавме и веднаш имаме одговор, најпродавани се оние со суво грозје и со орев. Пуштени се само неколку дена во продажба. Тие се без амбалажа, ќе ги селектираме, и за оние што најмногу се продаваат ќе се направат пакувања. *Колку производите на „Европа“ се безбедни за потрошувачите? Карактеристично за нашите производи е тоа што е што во ниеден производ, ама баш во ниеден, не ставаме стабилизатор или конзерванс. Во нашата индустрија сигурноста или
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
поточно издржливоста на производот ја обезбедува малата содржина на влага во производите, продаваме сува материја која е помалку подложна на расипување. Високата содржина на шеќерот е сама по себе конзерванс и затоа нема потреба да ставиме плус додатоци. За нашите производи апсолутно нема сомнение дека содржат само природни компоненти. Од основните суровини до сите додатоци се’ е природно. За нас овие работи се нормални, но очигледно треба повеќе да се истакнуваат. Тоа го направивме кај чоколадните бананчиња. Таму оценивме дека треба да се истакне, бидејќи имаме природни компоненти во јадрото. И на други производи започнавме да ги истакнуваме позитивните карактеристики, но очигледно треба да ги менуваме работите и повеќе да го нагласуваме тоа што користиме исклучиво природни суровини. *Прв пат по многу години решивте да ги ребрендирате производите? Започнавме и со ребрендирање на нашите производи, за некои од нив веќе е подготвена амбалажата, за друг дел се осмислуваат, во идејна фаза се решенијата за новата амбалажа. Сите линии ќе добијат нов изглед. Но, интересно е што верните потрошувачи не сакаат многу големи промени. Постарите сакаат да го препознаат брендот, производот што го купуваат со години. За локумот, на пример, добиваме препорака да не го менуваме дизајнот (народен вез) на кутијата. Со редизајнот, од една страна, ќе направиме нешто ново, но ќе гледаме да не ја изгубиме целосно препознатливоста на нашите производи. Голем дел од старите дизајни ќе ги задржиме, па макар и паралелно да одат во продажба и со старите и со новите дизајни на производите. Почнавме со бонбоните, а постепено ќе ги воведуваме и останатите производи. *Во време кога цените на енергенсите соборуваат рекорди, имплементиравте нова технологија за енергетска ефикасност. Ќе успеете ли да заштедите? Со помош на веб-сев консултантите од Европската банка за обнова и развој, го започнавме овој проект. Тоа беше линија на ЕБОР за кредитирање проекти за енергетска ефикасност за овој регион. Ние сме први во земјава што почнавме да ги користиме овие средства.
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
Вкупната инвестиција изнесува еден милион евра, а опфаќа опрема за производство на бонбони, линија за чоколадирање и пакување и нов парен котел со иновирање на кондензната инсталација, каде што се очекуваат и најголемите енергетски заштеди. Целата инвестиција би требало да се исплати за четири години. Сето
ова, иако изгледа како споредна работа, оние што ја познаваат нашата работа знаат колку е значајно да се инвестира во нова технологија. Тоа за нас значи заштеда на енергија, која ќе ја почувствуваме подоцна. Веќе во февруари остваривме заштеда од 7 проценти, иако февруари беше ладен месец, со значајно пониски температури од минатиот февруари, при слични услови очекуваме заштеда и до 20 отсто, се разбира, во количина, а финансиски ќе зависи и од движење на цените на енергенсите. Поточни резултати за ефектот на заштеда ќе имаме на малку подолг период, до крајот на првата половина од годинава, односно до крајот на годинава. *Инвестиравте и во нова технологија во производството на чоколади, колачи и бонбони? Имаме нова линија за чоколадирање со пакување, како и нова програма за колачи. Опремата се’ уште се монтира. Инвестираме и во машина за производство на бонбонска маса. Во делот на бонбоните ќе има проширување на асортиманот, а ќе има и нови типови карамели.
БИЗНИС ИНФО Во Македонија никој засега не ги произведува. *Поскапувањето на нафтата ќе предизвика поскапувања на сите други производи и услуги, не’ очекува ли пролетен ценовен шок? Не би шпекулирала со цените. Тие и онака се премногу шпекулативни на берзите. Тоа се однесува, пред се’, на суровините што ги користиме, шеќерот, какаото, растителната маст, брашното, односно пченицата. Во последните години цените на овие суровини на берзите повеќе се шпекулативни отколку што имаат некаква економска логика. Како ќе се движат цените навистина не можам да претпоставам. Лани имавме навистина ценовен шок, но сега се стабилизирани цените во последните четири месеци, но на високо ниво. Нема никогаш гаранција за цените. Кај нив голема улога имаат и суровините, но тука и амбалажата зафаќа околу 30 отсто од цената. *И покрај растот на цените на суровините, минатата година ја завршивте со добивка. Какви се очекувањата за годинава? Со оглед на обемот на работа, не сме задоволни од добивката. Би била задоволна ако таа изнесува 78 проценти од вкупниот приход, што не е случај кај нас. Во нашиот сектор нема големи заработки. Поради стабилноста на цените на суровините, оваа година би требало да биде подобра. Февруари беше лош месец, но ако нема драстични промени, очекуваме добра година. Засега не размислуваме за проширување на производствените линии во други земји, одовде го задоволуваме производството и за домашниот и за странските пазари. Присутни сме во 19 земји. Во делот на пласманот најдобро оди продажбата во соседните земји, во Србија, во Косово, пак, локумот најмногу се продава, а присутни сме и во Австралија, во Америка, во европските земји. Не’ нема само во Бугарија и во Албанија. Инаку, „Европа“ е прогласен за супербренд за 2011-2012 година. *Долго време Ве нема во јавноста, поради политичките или поради економските случувања? Отсекогаш сум сметала дека јас не сум јавна личност за да се појавувам често. Можеби требаше понападно да ги промовираме сите овие новини, обично цениме дека за нашите производи оценка треба да
15
ПРЕНЕСЕНО дадат потрошувачите. *Се добива впечаток дека бизнисот се плаши да говори отворено за проблемите. Дали е тоа поради тоа што Владата нема слух? Треба да се отвораат проблемите ако сакаме да ги решиме. Веројатно молкот е резултат и на слухот од страна на Владата. Кога сме имале проблеми, сме ги покренувале преку нашата групација. Постоењето на Комората не е заради форма, туку од заеднички интерес. Заеднички настапувавме, да речеме за шеќерот. Во единечен, изолиран случај, не гледам дека треба самостојно да настапам, подобро е кога заеднички ќе го истакнеме проблемот. За да не испадне дека решаваме проблем на некој субјект, туку бараме комплексни решенија. *Најголем проблем беше и останува ликвидноста на компаниите. Каква е состојбата, особено кај повратот на ДДВ-то? Проблемот со ликвидноста е постојана тема. Немаме големи јавни набавки, па така немаме ни големи проблеми со побарувања од државата. Имаме соработка само со Министерството за одбрана и досега немаме некои проблеми. Во поглед на повратот на ДДВ-то, се јавуваат проблеми кои многу ни пречат. Се доцнеше многу, па нешто се врати, дел, па сега е малку подобрена состојбата, но се’ уште е во заостаток. Состојбата со повратот е динамична. Зависи од тоа дали ќе остане во нормални рамки. Постојано побаруваме ДДВ и се чувствува ако има доцнење. Големи доцнења имаше минатата година и во почетокот на оваа година. Тенка е границата меѓу лошото и доброто. *Деновиве се крена многу прашина околу новиот Закон за лустрација, кој ќе го опфати и бизниссекторот. Што мислите за тоа? Не се чувствувам дека им припаѓам на олигарсите. А, од друга страна, времето на транзиција ме зафати. Добар беше коментарот што го слушнав деновиве, дека што ако се констатира дека некој од бизнисмените бил поврзан со тајните служби, ќе изгуби малку од авторитетот и ништо друго. Колку што ми е познато, лустрацијата треба да одговори кои лица не треба да вршат јавни функции, а тоа со бизнисот не е баш во некоја релација.
16
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ
БИЗНИС ИНФО
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Назив на Проектот
Скопје - Проект за урбан транспорт, дополнување
Референца
EBRDZ74288
Финансиска референца.
6600-IFT-41505
Вид на набавка
Услуги
Финансиер
ЕБРД
Земја
Македонија
Објавено на
28.3.2012 година
Краен рок за апликација
2.5. 2012 година
Сектори
Информатичка технологија Транспорт Урбан развој
Опис на Проектот Контакти Град Скопје Ул.Илинденска бр.1 1000 Скопје Република Македонија Tel: +389 2 32 97 222 Fax: +389 2 32 97 292 E - mail: javninabavki@skopje.gov.mk
Назив на Проектот
MK - Скопје: Услуги за одржување и поправки
Референца
ECZ75318 – земјикандидати
Финансиска референца
2012/S 61-099625
Вид на набавка
Изведбени работи
Финансиер
Назив на Проектот
MK-Скопје: ИПА - подобрување на организацијата на базата на податоци во секторот за макроекономија, дополнување
Назив на Проектот
EuropeAid/129865/D/ SER/MK
MK - Скопје: ИПА изградба на ефективна и демократска локална власт
Референца
EuropeAid/132790/D/ SER/MK
Вид на набавка
Услуги
Финансиска референца
Финансиер
Европска комисија
Вид на набавка
услуги
Земја
Македонија
Финансиер
Европска комисија
Објавено на
29.3.2012 година
Земја
Македонија
Краен рок за апликација
24.4.2012 година
Објавено на
30.3.2012 година
Сектори
Информатичка технологија Економски развој
Краен рок за апликација
Отворен
Сектори
Управување со програми Јавна администрација Законодавство
Опис на Проектот
Проектот е да се подобри капацитетот на Министерството за локална самоуправа заедно со ЗЕЛС и одделни општини во спроведувањето на Законот за локална самоуправа
Референца Финансиска референца
Опис на Проектот
Прецизирање на условите и продолжување на рокот
Контакт Министерство за финансии, Сектор за централно финансирање и договарање Република Македонија Назив на Проектот
Транснафта
Референца
EBRDZ75400
Европска комисија
Финансиска референца
Project number: 43091
Земја
Македонија
Вид на набавка
Објавено на
28.3.2012 година
Услуги, испораки, изведбени работи
Краен рок за апликација
7.5.2012 година
Финансиер
ЕБРД
Земја
Србија
Сектори
Градежништво инженеринг
Објавено на
30.3.2012 година
Опис на Проектот
Одржување на улиците во Општина Аеродром
Краен рок за апликација
Отворен
Сектори
Градежништво - инженеринг Енергија Животна околина
Опис на Проектот
Изградба на 2 резервоари за сурова нафта во нови Сад
Контакт Општина Аеродром Ул. Венијамин Мачуковски бр.6 За Светлана Лазевска 1000 Скопје Република Македонија Telephone: +389 22401548 +389 22401548 E-mail: svetlana.lazevska@aerodrom.gov.mk Fax: +389 22401546 h�p://www.aerodrom.gov.mk
Контакт EBRD Procurement Enquiries: Tel: +44 20 7338 6794; Fax: +44 20 7338 7472, Email: procurement@ebrd.com
Контакт Министерство за финансии, Сектор за централно финансирање и договарање Република Македонија
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА www.mchamber.mk Контакт: М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 aco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар на 11 април 2012 година „Контрола на процесот на финансиско одлучување во компаниите во насока на зголемување на извесноста на очекуваните резултати во услови на нестабилност и криза“ (10:00-16:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Со цел подобрување на извесноста во финансиските текови и очекувањата од потенцијалните проекти на компаниите, како и потенцирање, но и управување со ризиците кои можат да се превидат во финансиската анализа и особено во услови на нестабилност и криза, Стопанската комора на Македонија на 11 април 2012 година, организира еднодневен семинар на тема: „Контрола на процесот на финансиско одлучување во компаниите во насока на зголемување на извесноста на очекуваните резултати во услови на нестабилност и криза“.
Програма: - организација на процесот на инвестиционо и финансиско одлучување; - проблеми во анализата и проценките на финансиските текови од проектите; - потенцијални ризици; - конфликт на интереси; - анализа на сензитивноста; - анализа на сценарио; - анализа на рентабилност; - оперативно порамнување; - креирање на дијаграм на последователни одлуки; - тестирање на можни исходи; - решенија за намалување на влијанието на „непредвидените” настани. Предавач: д-р Саво универзитетски професор
Ашталкоски,
Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 10.4.2012 година.
Контакт : Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk
опрема за хроматографија, опрема за електрофореза, спектрофотометри, фотометри, хемиски лаборатории, лабораториски материјали итн.; г) во делот на термални бањи: - термо бањи, природно здравствени рехабилитациони центри, спа-центри, фитнес и гимнастички центри, производи и опрема за бањи, уреди за хидротерапија, уреди и опрема за масажи, опрема за естетика и убавина итн.
Од 12 до 14 април 2012 година, во Истанбул, Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МЕДИЦИНА “EXPOMED 2012” *Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување Во периодот од 12 до 14 април 2012 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи Меѓународниот саем за медицина , “EXPOMED 2012”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации и тоа: • 19. Традиционален меѓународен саем за медицина, рехабилитација, технологија и опрама за болници – EXPOMED; • 15. Меѓународен саем за лабораториска технологија и опрема –LABTECH; • 2. Саем за термални бањи, центри за рехабилитација и опрема - EXPO THERMAL и • 2. Саем за индустриско чистење за безбедноста на здравјето - ICSM EXPO 2012. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на медицината, медицинска опрема, бањи и центри за рехабилитација, на кои свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји од светот. На Саемот посетителите ќе можат да ги видат најновите технолошки достигнувања и промоции и тоа: а) во делот на технологија на медицина: - електро и машински уреди и системи, високи технолошки решенија во медицинската технологија, дијагностички графички производи, медицинска дијагностичка опрема, ендоскопски и лапароскопски уреди и системи итн.; б) во делот на физиотерапијата и ортопедските производи: - ортопедски помагала и протези, физиотераписка рехабилитација, амбулантски возила, уреди и системи за хирургија, хирушки рачни алати, инвалидна опрема и уреди; в) во делот на лаборатории: - аналитичка опрема и системи,
д) во делот на индустриско чистење: - машини и опрема за индустриско чистење, хемикалии за чистење, средства за дезинфекција, медицинско собирање и уништување на медицински отпад, дератизација, чистење на подови под висок притисок, суви средства за чистење итн. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 12 до 14 април 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влез за саемот, трансфер од хотелот до саемот и влезница за саемот. Сместувањето е во реномирани хотели со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци од човек за саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 125 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 45 евра административни трошоци). Уплатените средства до „Адонис“ и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Посетата е ограничена на максимум 2 претставници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација, преку пополнување на пријавниот лист што може да го превземето
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Повеќе информации за самиот саем на веб-страната: h�p://www.tuyap. com.tr Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk На 17 април 2012 година, во Стопанската комора на Македонија МАКЕДОНСКО-ЧЕШКИ БИЗНИС-СРЕДБИ Стопанската комора на Македонија заедно со Чешката стопанска комора, Ве покануваат на Македонскочешки бизнис-средби. Македонско-чешките бизниссредби ќе се одржат на 17 април 2012 година во Стопанската комора на Македонија. Бизнис-средбите претставуваат можност за спојување на македонските и чешките компании, продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Чешка, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји.
Околу 10-тина чешки компании се заинтересирани да остварат средба со македонски компании во делот на индустријата за енергетика (разладни кули, мали хидроелектрани), потенцијални градежни компании за соработка, системи за контрола на пристапот – агенции за безбедност, дистрибутери на системи за контрола на пристапот, сигурносни кутии за безбедност во банки, агенции за безбедост, сегашни и потенцијални извозници и инвеститори во Македонија, со клиенти за договори за јавно-приватно партнерство (локална самоуправа), партнери за трговски бизнис со фотоволтаични технологии, партнери за joint-venture проекти во фотоволтаични
бизниси, сопственици на земјиште погодно за градење на фотоволтаични постројки и партнери од секторот за обновлива енергија – фокусирани на фотоволтаични постројки. За успешна реализација на бизниссредбите, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со британските компании. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија.
заштитата при работа, да се разбере и да се практикува заштитата при работа во секојдневното работење. Обучувачи на семинарот ќе бидат: Милан Петковски, Д.И. ЗПР, претседател на Македонското здружени за заштита при работа; универзитетски професор од УГД „Гоце Делчев“ – Штип и претставник од Државниот инспекторат за труд.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
На 19 април 2012 година eднодневен семинар на тема: “ЕКОНОМСКИ АСПЕКТИ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА’’ (10.00 - 16.00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Безбедноста и здравјето при работа општо се дефинира како наука за предвидување, препознавање, проценување и контрола за опасностите кои се јавуваат во или од работното место кои можат да го нарушат здравјето и благосостојбата на работниците, замајќи го предвид можното влијание врз околните заедници и животната средина. Човечките, општествените и економските трошоци кои произлегуваат од несреќите при работа и професионалните заболувања долго време претставуваат причина за загриженост на сите нивоа од ниво на индивидуално работно место до национално и меѓународно ниво. Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедноста и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализираат стручна тематска обука од областа на безбедноста и здравјето при работа. Цел на обуката е запознавање на правните субјекти, раководителите и други лица со улогата на заштитата при работа, влијание на несреќата на индивидуата, компанијата, семејството, воедно економската оправданост на
Тие на учесниците на обуката ќе им ја презентираат Економската оправданост од имплементирање на Законот за БЗР, Правилникот за заштита при работа, основни директиви, европски нормативи, директни и индиректини трошоци на една несреќа, влијанијата врз вработениот, директни трошоци од повреди на вработениот, економски загуби на работодавачите, економска анализа на несреќите, индиректни трошоци на работодавачот, законски казни предвидени со закон во Р. Македонија. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 17 април 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk
Од 19 до 21 април 2012 година, во Будва, Република Црна Гора 18. Меѓународен саем за екологија 21. Меѓународна туристичка берза и саем за туризам 7. Саем „Вода – водоводи – санитарни технологии“ Стопанската комора Македонија ве поканува на
на 18.
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Меѓународен саем за екологија, што ќе се одржи од 19 до 21 април 2012година, во Будва, Република Црна Гора. Цел на оваа саемска манифестација којашто успешно се реализира по 18-ти пат, е промоција и пазарна валоризација на производите и услугите што придонесуваат за одржлив развој и заштита на животната средина. Нераскинливата врска меѓу современото туристичко стопанство и заштитата на автентичното природно богатство ја наметна потребата во истиот термин да се одржат и 21. Меѓународна туристичка берза и Саемот за туризам и 7. Саем „Вода – водоводи – санитарни технологии“, што ќе придонесат за што поуспешен ефект во остварувањето на деловните и промотивни резултати на сите учесници.
Саемот за екологија е наменет за производители и даватели на услуги од сите области на заштита на животната средина, одржливиот развој, енергетска ефикасност, рециклирање, нови технологии, здравје, планирање и градежништво, системи за мониторинг итн. Покрај тоа, Саемот е можност да се покажат во посебен сегмент фотоволтаични и термички соларни системи, сите видови на колектори, бојлери и друг вид електрична и механичка опрема. Биогас-технологијата и други обновливи, еколошки чисти извори на енергија ќе се претстават пред нивната целна публика на настанот. Презентација на саемот ќе обезбеди значително поголема видливост меѓу потрошувачите и потенцијалните клиенти на нивото на информираност за конкурентните предности на овие системи. Јадранскиот саем за учениците на Саемот нуди поволни услови за излагање. Подетални информации може да се добијат во Стопанската комора на Македонија, или директно од Јадранскиот саем (marke�ng@jadranskisajam.co.me). Контакт: Станка Дамјановска Тел: ++ 389 2 3244016 Факс:++ 389 2 3244088 stanka@mchamber.mk
На 20 април 2012 година, во Атина, Грција ЧЕТВРТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТРАНСПОРТНАТА ИСТРАЖУВАЧКА АРЕНА (TRA) Стопанската комора на Македонија во сорботка со Организацискиот комитет TRA 2012, ве информираат дека ќе се одржи 4. Конференција на транспортната истражувачка арена (TRA) во Атина, Грција од 23 до 26 април 2012 година. 4. Конференција – Транспортна истражувачка арена (TRA) е насловена како „Одржлива мобилност преку иновации” и ќе им даде можност на учесниците и заинтересираните страни од патниот, железничкиот и поморскиот сектор, за решавање на заедничките предизвици и споделување на знаења, со цел заедно да се создаде подобар, посигурен и пофункционален транспортен систем во светот. (TRA) се спроведува на секои две години и секој пат домаќин е различна европска земја. Оваа година, на TRA 2012 домаќин ќе биде Грција. Конференцијата е организирана од страна на: • Европската комисија (ген. директорати: RΤD, MOVE, INFSO); • Конференцијата на европски директори за патишта (C.E.D.R.); • Советодавниот совет за истражување на европскиот патен сообраќај (E.R.T.R.A.C.); • Советодавниот совет за истражување на европскиот железнички сообраќај (E.R.R.A.C.); • Европската технолошка платформа за воден сообраќај (WATERBORNE T.P.) и • Министерството за инфраструктура, транспорт и мрежи на Грција. Конференцијата TRA 2012 ќе опфати широк спектар на истражувачки, иновативни и на демонстративните активности, почнувајќи од базични науки до применливо ориентиран инженеринг и ќе ги претставуваат општествените, техничките и економските аспекти, како и политиката и стандардите. Програмата на Конференцијата е организирана со цел да се прикажат европските истражувачки и иновативни стратегии, со нагласување на теми за климатските промени, намалување на емисиите на CO2, ефикасноста и снабдувањето на горивото. Дополнителни информации може да се најдат на вебпорталот на Конференцијата: www.traconference.eu . Учесници на Конференцијата
ќе бидат компании, институции и јавни сервиси, како и индивидуални научници, истражувачи и јавни организации кои се занимаваат со транспортниот сектор и посебно со (научни и применети) истражувања на транспортен сектор (патен, железнички, воден, урбан сообраќај и др.) од целиот свет. З а успешна реализација на Конференцијата, неопходно е заинтересираните македонски компании да го најават својот интерес во Стопанската комора на Македонија. Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт : Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: biljana@mchamber.mk
На 24 април 2012 година Еднодневен семинар „ПРИМЕНА НА НОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА СТОКИТЕ И ИЗМЕНИТЕ НА ХРАМОНИЗИРАНИОТ СИСТЕМ ОД 2012 ГОДИНА СО ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ” (10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Откријте ги најновите измени на Хармонизираниот систем (ХС) 2012 и нивните дополнителни ефекти на распоредување на стоките. Цели: да се објаснат најновите измени на Хармонизираниот систем (ХС) што стапија на сила на 1 јануари 2012 година со детално објаснување на измените на ХС и Царинската тарифа; да се објаснат Основните правила за примена на ХС во поглед на распоредувањето на сложените производи и сетови; целосно да се разбере новата методологија за распоредување на новите производи според ХС 2012;
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ практични примери и презентација на новите трендови за распоредување на стоките според ХС 2012.
Профил на учесници: Семинарот е наменет за увозници, извозници, производители и други професионалци што се занимаваат со увоз и/или извоз, царински застапници, шпедитери, транспортери, консултанти и правни советници. Предуслови за максимална корист од оваа обука: основно познавање на Основните правила за примена на Хармонизираниот систем; познавање/ искуство од меѓународната трговија. За време на обуката, учесниците ќе ги истражуваат областите за примена на Основните правила за примена на ХС во поглед на распоредување на машини, информатичка опрема, компјутери, прехранбени производи; целосно ќе ги разберат правилата за распоредување на сложени производи и сетови во ХС; ќе следат најновите трендови и одлуки за распоредување на производи според Хармонизираниот систем 2012 со практични примери; ќе ги истражуваат помошните алатки за правилно распоредување на стоките според Хармонизираниот систем и Комбинираната номенклатура на ЕУ. Обуката ќе содржи презентации, интерактивни дискусии и практични студии на случај. Предавач: м-р Златко Ветеровски, Царинска управа на Република Македонија. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 23 април 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk
На 24 април 2012 година Инфо средба ХИГИЕНСКО ИНЖЕНЕРСТВО И ДИЗАЈН НА ОПРЕМА, МАШИНИ И КОМПОНЕНТИ за прехранбената и фармацевтската индустрија (10:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала3, на 3-ти кат) Ве покануваме на информативна средба за хигиенско инженерство и дизајн на објекти за прехранбена и фарамцевтска индустрија. Хигиенското инженерство и дизајн на опрема , машини и компоненти е основен предуслов за безбедно производство на храна и фармацевтски производи, но исто така е и законска обврска според домашното и европското законодавство.
Предавач: проф. д-р Владимир Какуринов, претседател на Македонската регионална секција на EHEDG. На средбата се покануваат: • претпријатија што дизајнираат и произведуваат опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фармацевтската индустрија; • претпријатија за дистрибуција и трговија со опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фарамацевтската индустрија; • консултантски куќи што даваат услуги при избор на опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фармацевтската индустрија; • сите што сакаат да изградат ново претпријатие според HACCP барањата; • сите што сакаат да го предупредат претпријатието според HACCP барањата и • сите што сакаат да дознаат повеќе за неопходните предуслови за HACCP. Сите заинтересирани учесници за овој инфо-ден можат да се пријават најдоцна до 23 април 2012 година. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk
Билатерални средби и Конгрес на 3 и 4 мај 2012 година, во Турција „ИНОВАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА“ ВО ИСТАНБУЛ Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организира учество на Билатерални средби и на Конгрес на тема ,,Иновации за безбедност на храна,, во Истанбул, Турција, на 3 и 4 мај 2012 година. Билатералните средби ќе се одржат во Воениот музеј и Културен центар во Истанбул, а ќе учествуваат претставници од реалниот сектор, од јавниот сектор, НВО, експерти, истражувачи и професионалци. На однапред договорени билатерални средби, ќе имате прилика да: • разговарате за можностите за соработка за безбедноста на храната; • најдете нов партнер и • воспоставите нови бизнис-односи.
Учеството на билатералните средби во Истанбул е бесплатно. На Конгресот главни теми се безбедноста на храната поврзана со растителното производство, одгледувањето на животните, рабарството, прехранбената индустрија, мрежата за снабдување со храна. Учеството на Конгресот за безбеднос на храната е со котизација. Рокот за регистрација е 5 април 2012 година. Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Моб. 070 387745 laze@mchamber.mk
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 16 до 19 мај 2012 година, Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија во Косово „ЕКСПОКОС 2012“ ВО ПРИШТИНА Стопанската комора на Македонија ве носи на Саемот за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина, Република Косово, од 16 до 19 мај 2012 година. ЗА ИЗЛАГАЧИТЕ 15 ОТСТО ПОПУСТ НА САЕМСКИОТ АРАНЖМАН *За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници и бесплатен превоз. Во периодот од 16 -19 мај 2012 година, Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина - Косово. „EXPOKOS 2012“ ќе ги собере на
едо место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, индустрија на електрична енергија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот, ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување на сертификати на излагачите ,а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на
Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтереситраните за учествуво на Саемот како излагачи. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2012 година. Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088
На 30 и 31 мај 2012 година, дводневниот семинар на Скопски саем УЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ НА ТЕНДЕРИТЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), ги поканува своите членки да земат учество на дводневниот семинар на тема: „Учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации“, што ќе се одржи на 30 и 31 мај 2012 година (среда), со почеток во 11:00 часот, на Скопски саем во Скопје. На семинарот претставниците на координативното тело на одделенијата за набавки на агенциите на ОН ќе ги претстават можностите за учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации. Сите агенции на ОН годишно имаат набавки во износ од 23 милијарди
САД долари. Производите кои се предмет на набавка се: платна за шатори, ќебиња, основни прехранбени стоки, градежни материјали и др. Сите производи подлежат на тендерска постапка и се отворени за компаниите од сите држави-членки на ОН, што претставува одлична прилика за македонските компании кои досега не учествувале на тендерите на ОН. За време на семинарот македонските компании ќе имаат можност да се запознаат со условите и критериумите за аплицирање на тендерите на веб-страната на ОН: www. un.org/en и со можностите за нивно учество на тендерите за набавки организирани од страна на агенциите на ОН. За учество на тендерите на Обединетите нации, македонските компании треба да ги исполнуваат следниве услови за пријавување: - 3 години минимум искуство во бизнисoт и - финансиски извештај за последните 3 последователни години. За успешна реализација на семинарот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес во Стопанската комора на Македонија. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mК
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 05 април 2012, Бр. 92
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Република Македонија бара инвеститор и нуди простор од 500 м2 во општина Илинден, со комплетна инфраструктура, наменет за конфекциска индустрија. Погонот е климатизиран. Валидност до: 23.3.2013 година Компанија од Германија бара соработка во областа на преработувачката индустрија во Република Mакедонија за пласман на пластични садови за складирање на производи. Валидност до: 26.9.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е за услуги за одржување на индустриски постројки во Република Македонија. Услугите се во долгорочни проекти во планирање, производство и монтажа на постројки за производство на цемент, гипс, индустрија за камен, електрани, дрвна и хемиска индустрија и постројки за согорување на ѓубрива. Валидност до: 27.9.2012 година Француска консултантска компанија е заинтересирана за соработка со компании од различни активности во Република Македонија во врска со зголемувањето на продуктивноста, оптимизација на трошоците, зголемување на продажбата, подобрување на вештините за управување и организациска култура на менаџерите. Валидност до: 27.7.2012 година Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот од 45.000m2 во кој се лоцирани два објекта ресторан и мотел со 11 соби. Во близина на мотелот има бања со минерална вода со можност да се изгради бањски комплекс и спортскорекреативен центар. Валидност до: 27.3.2013 година Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на средства за одржување на хигиена, козметика и еколошка пластична амбалажа. Средствата за хигиена за домаќинствата се од марките TISАl, Citral i Lilla, а козметичките препарати „Royal line“. Валидност до: 28.7.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е за дистрибутер во Република Македонија за пласман блиндирани возила. Валидност до: 28.9.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за одржување на зеленило. Валидност до: 29.8.2012 година Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои произведуваат работна облека. Валидност до: 29.7.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на самолепливи ленти во разни димензии и се употребуваат во
електроиндустријата. Валидност до: 29.7.2012 година Компанија од Германија бара соработка со македонски компании од ИТ-технологија и вработување на искусни компјутерски програмери. Валидност до: 30.7.2012 година Kомпанија од Србија заинтересирана е да соработува со македонски компании за доставување цвеќе, како збир на уметност, филозофија и занаети, со идеја на уредени цвеќиња, внимателно одбрани во согласност со поводот и лицето, секогаш испорачани на време и на саканата локација. Својот успешен бизнис за пласман на цвеќе во Белград, Србија, поранешните Ју-републики и во 185 земји во светот, сака да го прошири и во Република Македонија. Како претставник на Teleflora Interna�onal, меѓународен синџир за испорака на цвеќе, е поврзана со околу 82.000 цвеќарници во светот. Само во Србија, Teleflora може да се пофали со речиси 20.000 клиенти, од кои околу 3.500 компании. Со континуирано подобрување и проширување на своите активности, Teleflora сега е призната како високо професионална компанија за организација и декорација на свадби, коктели, забави, ентериери и екстериери и др. Мотото на Teleflora е „Цвеќињата сами зборуваат“. Валидност до: 30.4.2012 година Kомпанија од Бугарија заинтересирана е да откупува стари автомобилски гуми во Република Македонија. Валидност до: 15.8.2012 година Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува со текстилни фабрики во Република Македонија. Валидност до: 16.5.2012 година Компанија од Србија заинтересирана е за соработка со производители на месни преработки во Република Македонија. Валидност до: 19.8.2012 година Компанија од Велика Британија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за млекарство. Валидност до: 19.4.2012 година Компанија од Хрватска заинтересирана е да стапи во контакт со производители на ајвар од Република Македонија наменет за извоз во Германија. Валидност до: 19.12.2012 година
Компанија од Романија заинтересирана е за соработка со градежни компании во Република Македонија со понуда на метални конструкции и делови за конструкции. Валидност до: 22.7.2012 година Компанија од Грција бара соработка со производители на хартија за копирање и печатење во Република Македонија. Валидност до: 22.7.2012 година Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фибер-цемент плочи за кровови и фасади. Валидност до: 22.6.2012 година Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хомогенизиранa храна, препарати и диетална храна. Валидност до: 22.6.2012 година Компанија од Црна Гора заинтересирана е да набавува дрвена амбалажа од топола за пакување на овошје. Валидност до: 23.9.2012 година Компанија од Хрватска заинтересирана е да откупува метален отпад од Република Македонија. Валидност до: 23.9.2012 година Компанија од Швајцарија бара застапник за продажба на машка конфекција во Република Македонија. Валидност до: 23.7.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е за пласман на изолациони цевки и цевки спроводници за развивање на алтернативни извори на енергија за греење и ладење во Република Македонија. Валидност до: 12.6.2012 година Се продава конфекција од Република Македонија, за производство на трикотажна облека од памук. Компанијата е во одлична состојба со капацитет 2050 000 парчиња на месец, со 80 работници. Компанија од Република Македонија бара соработка со странски компании за производство на облека - маици, фустани, блузони, здолништа по системот „ЛОН“-работа. Месечен капацитет 25 000 до 50 000 парчиња. Валидност до: 12.3.2013 година
Компанија од Германија заинтересирана е за набавка на зеленчук и овошје од Република Македонија. Валидност до: 20.7.2012 година
Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk
Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на семки од тиква и семе за орев. Валидност до: 21.7.2012 година
Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk