Бизнис ИНФО, број 390

Page 1

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

345 Број 390

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 05.4.2019

НОВА СТРАНИЦА ВО ЕКОНОМСКИТЕ ОДНОСИ: ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ БИДЕ НАТАМОШНО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ РЕЛАЦИИ И ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

РЕШЕНИЕ ЗА ПОГОЛЕМА ИЗВЕСНОСТ ВО ПОГЛЕД НА ПРОМЕНИТЕ НА ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ

На денешната прес конференција Јовановски истакна дека во моментов постои отворено прашање за бизнис секторот во земјава и тоа е начинот на кој се менува даночниот систем и неизвесноста што произлегува од тоа. На крајот од 2018 година беа направени промени кај даноците, напуштен е рамниот данок, воведено е прогресивното оданочување, зголемени се стапките на придонеси, итн. Како беа направени промените? Иако претходно имаше најава дека измените во даночниот систем ќе бидат одложени за подоцна, сепак тие измени беа воведени во еден многу краток временски период и беа ставени во примена веднаш на почетокот од 2019 година. Кои беа последиците за приватниот сектор од ваквиот начин на промена? Компаниите веднаш се соочија со непланирани финансиски трошоци. Промените кај даноците и придонесите се случија на крајот на 2018 година, а во тој момент финансиските


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА планови на компаниите за наредната 2019 година веќе беа комплетно направени и усвоени. Тоа значеше дека компаниите мораа во од да ги менуваат своите годишни финансиски планови за да ги вклопат зголемените финансиски издатоци кон државата, што произлегоа од промените. Уште поважно, компаниите се соочија со фактот дека работат во економски амбиент чиишто промени не можат да ги предвидат, бидејќи промените можат да се случат во било кој момент. Ваквата генерална неизвесност, непредвидливост на економскиот амбиент, создава несигурност кај правните лица, влијае на нивното работење, на нивната способност да ја оценат исплатливоста на одредени проекти и на нивните одлуки дали да инвестираат. Бизнис секторот веднаш реагираше на ваквиот начин на промена кај даноците и придонесите. Но, таа реакција не се исцрпи само во иницијалниот период. Резултатите од разни анкети покажуваат дека и во подоцнежниот период компании од најразлични сегменти на економијата се изјаснуваат дека во иднина би сакале навреме да знаат за промени во даночниот систем. Прашањето е што може да се направи за да не се повторуваат вакви ситуации? Како да се намали неизвесноста во економскиот амбиент којашто произлегува од нагла промена на даноците? Јовановски истакна дека Стопанската Комора на Македонија има предлог решение. Решението е да се воведе временска рамка која ќе дефинира, ќе одреди кога и на кој начин би се правеле измени на даночниот систем. Оваа временска рамка за измени во даночниот систем е наречена даночен календар. Ваквото предлог-решение е инкорпорирано во документ за Приоритетите на Стопанската Комора за 2019 година, документ усвоен од УО на Комората. Неделава, на седницата што ќе се одржи во Битола, во просториите на Битолска Млекарница, УО на Стопанската Комора ќе ја разгледа и операционализацијата на мерката. Било какви измени во сферата на даночните давачки би морале да бидат донесени и искомуницирани со јавноста, преку објавување во соодветен акт, најдоцна до 30 јуни во тековната календарска година. Донесените измени би имале одложено дејство, односно би почнале да важат од 01 јануари во наредната календарска година. Исклучок би претставувале промени во даночниот систем што значат намалување на даночните обврски на даночните обврзници правни лица. Таквите промени би започнувале да важат веднаш. Ова е своевидна асиметричност во системот, но може да се аплицира, бидејќи веднаш се ефектуираат олеснувањата за правните лица. Во моментот кога ќе почнат да важат новите измени, на почетокот од новата календарска година, тие би биле во важност цела година и не би можеле да се менуваат во текот на годината.


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Со тоа се комплетира циклусот. Тој може да се иницира и повторува секоја година, но на посочениот начин. Кои се поволностите од воведувањето на ваква временска рамка? Поволности има и за бизнис секторот и за целата економија, истакна Јовановски. Поволноста за бизнис секторот е во тоа што тој би бил заштитен од непредвидени промени во даночната сфера кои се прават во последен момент, би можел навремено да ги планира и успешно да ги реализира активностите за наредната година. Со воведување на даночниот календар на начинот на кој се предлага, на 30 јуни од тековната календарска година бизнис секторот би ги знаел промените што следат, би ја имал втората половина од тековната година за подготовка на своите финансиски планови за наредната година и би знаел дека нема ништо да се менува во текот на наредната календарска година. Во однос на целата економија, би имало неколку поволности. Прво, се работи за системско решение кое ќе постави рамка што долгорочно ќе ги дефинира процесите. Второ, даночниот календар ќе придонесе за постабилен и попредвидлив економски амбиент. Во такви околности ќе се зголеми сигурноста кај правните лица, тие ќе знаат колкави ќе им бидат финансиските издатоци кон државата, ќе планираат и ќе носат одлуки за инвестирање. Со тоа ќе се зголемат шансите за раст на инвестициите на приватниот сектор, а тоа значи зголемен економски раст и нови работни места, реализирани на начин што е долгорочно најодржлив. Трето, во работењето на носителите на економските политики во поголема мерка ќе се инкорпорира фокусот на долгорочни ефекти од економските политики. Макроекономските проекции за економскиот раст и за буџетските приходи ќе мораат да бидат со висок степен на реалност, бидејќи нема да може ad-hoc да се интервенира во тековната календарска година за промени во даночниот систем. Четврто, самото воведување на даночниот календар не вклучува било какви трошоци за буџетот. На крајот, Јовановски даде и две појаснувања. Најпрвин, дека на оваа прес конференција не станува збор за тоа какви промени беа направени во даночната сфера и дали требаше да бидат направени, тоа е сосема друго прашање. Фокусот е само на начинот на кој беа направени промените и како да се избагнат последиците од тоа. Како мало завршно појаснување, за да нема забуна, Јовановски истакна дека и во моментов, во вокабуларот на УЈП постои нешто што се вика Даночен календар, но тој е „годишен потсетник за даночните обврзници за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови.“ Даночниот календар, како временска рамка за начинот на менување на даноците, е сосема друга работа. Зоран Јовановски, советник на УО на Комората за економски прашања


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

НОВА СТРАНИЦА ВО ЕКОНОМСКИТЕ ОДНОСИ

Премиерите на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се обратија на Бизнисфорумот меѓу компаниите од двете држави Претседателите на владите на Грција и на Северна Македонија оценија дека со потпишувањето на Преспанскиот договор политичките односи меѓу двете земји после подолг временски период се движат во позитивен правец и сега е вистинско време со забрзано темпо да се работи на започнување интензивна економска активност меѓу двете соседни земји. Ваквата порака тие им ја пренесоа на над 400 стопанственици од двете земји кои учествуваа на Бизнис-форумот во Скопје, кој се очекува да придонесе за интензивирање на меѓусебната соработка, со што ќе се создадат можности за подинамична инвестициска, трговска и културна размена. Ова е историски ден што ќе се памети. Пред една година со мојот колега Ципрас не можевме ни да размислуваме дека еден ваков настан ќе се случи. Ние не ги бираме историските околности со кои треба да се фатиме во костец, патот не беше лесен, Владата постави јасна цел за решавање на горливите проблеми со една единствена цел - граѓаните да добијат подобра иднина, - изјави претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев. - Првпат во историјата еден грчки премиер е во посета на земјава, истакнувајќи дека оваа историска посета е силен израз на заедничката политичка волја и јасен знак за решавање на отворени прашања како придонес за еден нов Балкан, - истакна Заев. Тој од своја страна потсети дека политичката волја, пријателството и довербата изградени во изминатите месеци, не` доведоа до денешната седница на Високиот совет за соработка меѓу двете земји, каде што го потпишаа Акцискиот план за зајакнување на сеопфатната соработка согласно Договорот од Преспа.


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

7

НОВА СТРАНИЦА ВО ЕКОНОМСКИТЕ ОДНОСИ Решавањето на повеќе деценискиот политички спор меѓу двете држави, освен што отвора можности за зголемување и проширување на економската соработка меѓу двете држави што го покажува и интересот на фирмите на денешниот Бизнис форум, на регионот му дава и една друга димензија. Со растоварување од политичките проблеми, се остава простор да се стави фокус на регионалниот економскиот развој, на креирање стратегии кои ќе го постават нашиот регион како фактор во креирање на енергетската и транспортната инфраструктура која има значење за регионот но и пошироко, - истакна премиерот Заев. - Република Грција е зрел играч и економски лидер во регионот. Само со вистински пристап на синергија и пријателство ќе се отворат нови можности за меѓусебна соработка. Денеска сите заедно да отворивме нов прозорец кон иднината кој беше занемарен, подадена е рака на пријателство за да овозможиме нашите деца да ги уживаат плодовите од нашето пријателство, - поентираше премиерот Заев. Нема алтернатива за нас освен членство во НАТО и ЕУ, но сакаме соработка со Русија и со Кина, бидејќи тоа носи повисок економски стандард. Работиме заедно со Кина на „патот на свилата“, тоа е Проектот 16 земји плус еден. САД се сериозен инвеститор, наш голем поддржувач. ЕУ е нашето место и ние сакаме целосно партнерство преку полноправно членство и се надеваме дека во јуни, конечно по 14 години откако сме кандидат, ќе ги отвориме поглавјата и ќе почнеме преговори, - рече Заев. - Нашата официјална посета денеска претставува историски чекор напред на Балканот и Европа. Ние сме тука да најдеме решение и да гледаме напред, да градиме мостови наместо ѕидови, - изјави Ципрас. Тој нагласи дека најважното прашање на официјалната средба била економијата, зошто, како што рече, мора да забрзаме и да ги премостиме јазовите од минатото, како и да избегнеме двојно оданочување. -Воспоставивме и Координативен комитет за наша соработка, што ќе врши надзор и ќе ги поддржува таквите потфати во рамки на економските односи, - додаде Ципрас. - Балканот не е само регион што предизвикува конфликти и рани од минатото, наша обврска е да го поплочиме патот кон посветла иднина. Успеавме да ги надминеме стереотипите, историските пречки на лицемерие за да дојдеме до заемен корисен


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

НОВА СТРАНИЦА ВО ЕКОНОМСКИТЕ ОДНОСИ договор со кој ќе се надмине тридецениската инертност, – продолжи грчкиот премиер. - Во таа насока, Преспанскиот договор добива уште повеќе на важност во време кога се слушаат пораки за претпазливост во Европа, оживување на национализмот и екстремните десничарски сили, како и прашањето со Брегзит. Затоа сме тука да докажеме дека се бориме против таква реалност, како што и бизнис заедниците од двете земји можат да се борат против ваквите стереотипи за заеднички раст и просперитет. Имаме одлична соработка на полето на енергетиката, Грција е влезна точка во регионот, а Северна Македонија може да прерасне во транзитен центар во енергетиката и во финансиските трансакции кои продолжуваат во Централна Европа. Подготвивме финансиски и економски договори и креативните дебати што ги имавме се насочени кон премостување на пречките и отворање на нови можности за економска соработка, а ќе се работи и на изнаоѓање решение за избегнување на двојно оданочување кое е пречка за поголема трговска размена меѓу двете земји, – потенцира грчкиот премиер. Цирпас нагласи дека Грција ќе продолжи со поддршката на Северна Македонија во нејзините напори да продолжи со неопходните реформи и да стане дел од ЕУ. Активирање на член 1 од Договорот од Преспа и формирање посебен комитет со кој ќе се решаваат сите отворени прашања, вклучително и оние за трговските марки најави грчкиот премиер Алексис Ципрас. -30 години имаше конфузија меѓу претприемачите и потрошувачите. Договорот од Преспа е јасен и тој е платформа за дијалог за потеклото на стоките, трговските марки и знаците, - рече Ципрас. Тој кажа дека треба да се искористат сите иницијативи за соработка, како што се кинеската иницијатива, Иницијативата 16+1, Берлинскиот процес, интересот на САД за инвестирање во обновливи енергии, како и продлабочување на соработката со Русија. Фактот дека има многу интерес изразен за овој регион треба да се искористи. Интересот на ЕУ е повеќе од добредојден, но ќе мора да се помине низ процес на реформи бидејќи само тоа е решение за просперитетот на регионот. Добредојдени се интересите на САД во енергетиката како и во другите полиња. Добредојден е интересот и на Кина, затоа што таа инвестира многу во развојни проекти во овој регион.


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

9

НОВА СТРАНИЦА ВО ЕКОНОМСКИТЕ ОДНОСИ Во рамките на протоколарниот дел од настанот вицепремиерите за економски прашања на двете земји, д-р Кочо Анѓушев и Јоанис Драгасакис, потпишаа меморандум во чии рамки ќе се развива меѓусебната економска соработка. Во своето излагање, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакна дека досегашната соработка и искуства покажуваат дека бизнисот е тој кој гради мостови и е линк кој ја поддржува билатералната соработка помеѓу двете земји, дури и кога политичките процеси затајувале, што е пример за поздравување. Цели три децении Грција е меѓу првите 5 трговски партнери на нашата земја, со трговска размена која во континуитет има нагорен тренд, со инвестиции во банкарскиот сектор, енергетиката, трговијата, прехранбениот и текстилниот сектор, во градежништвото. -Перспективите за македонските извозни компании се насочени кон пристапот на Солунското пристаниште како најважна дестинација за излез на море и поморски транспорт на стоките и важно е да имаме добро инфраструктурно поврзување со тој дел на Грција, – истакна Азески. По завршувањето на Бизнис-форумот се одржаа и бројни билатерални деловни средби меѓу претставниците на компаниите од двете земји. Претходно, премиерите на Република Северна Македонија и на Грција и министри од двете влади денеска во Скопје потпишаа повеќе договори за интензивирање на билатералната соработка. Вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со Република Грција во 2018 година изнесува 991,9 милиони САД$, со пораст од скоро 20,7% во однос на 2017 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 225,1 милиони САД$ со пораст од 10,6%, додека увозот изнесува 766,8 милиони САД$ исто така со пораст од 24,1% споредено со 2017 година. Република Грција е втор трговски партнер на Република Северна Македонија во 2018 година искачувајќи се за едно место погоре кога во 2017 година беше на 3-то место. Грција е трет најголем странски директен инвеститор во Република Северна Македонија со вкупно 474 милиони евра инвестиции од 1997 до 2017 година, или вкупно учество од 10,1% од странските директни инвестиции во државата. Инвестициите го опфаќаат банкарскиот сектор, телекомуникациите, енергетиката, прехранбените и текстилните производи и градежништвото. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ

ОДРЖАНИ БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ ПОМЕЃУ ЧЕШКИ И МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ

Во насока на интензивирање и зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Чешка, Стопанската комора на Македонија во соработка со Конфедерацијата на индустрии на Република Чешка организираше Бизнис-форум и билатерални средби меѓу македонски и чешки стопанственици. Форумот беше поддржан од министерството за индустрија и трговија на Р. Чешка и министерството за економија на Р.С. Македонија, како и од амбасадата на Р.Чешка во Северна Македонија. На бизнис форумот компаниите имаа можност да ги презентираат своите интереси за соработка и инвестирање и да ги зајакнат деловните односи меѓу двете земји. По завршувањето на официјалниот дел, компаниите имаа можност да остварат и директни бизнис средби со компании од соодветните дејности. На Бизнис-форумот присуствуваа компании од двете земји, кои остварија директни средби и се договараа за идна соработка. Чешката бизнис делегација предводена од Претседателот на Конфедерацијата на индустрии од Чешка, Јарослав Ханак, составена од компании кои делуваат во секторите: управување со водени ресурси, индустрија на отпад, технологии за заштита на животната средина, инженерство, транспорт и транспортна инфраструктура, автомобилска индустрија, градежништво, земјоделство, прехранбена индустрија, енергетика и услуги и други сектори ги претставија своите можности и изразија желба за соработка со македонските компании во различни


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

11

БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ области. На официјалниот дел од Форумот се обратија министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ и заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката република, Едвард Мурицки, кои истакнаа дека бизнис-заедниците од двете земји треба да ги искористат вкупните исклучително поволни односи што постојат меѓу двете држави. Директните контакти и поврзување на стопанствата во интензивирање на соработката, како меѓувладината, така и на стопанските комори и компаниите, се начинот на вистинскиот придонес за развој на економските односи. Во рамки на официјалниот дел на Форумот помеѓу Чешките и македонските компании се обрати и Министерот за економија , Крешник Бектеши, како и Амбасадорот на Република Чешка Мирослав Томан. Македонија и Чешка имаат одлични економски односи, но максималниот капацитет не е искористен и постојат огромни можности за продлабочување и интензивирање на соработката. Енергетиката, инфраструктурата, минералните суровини, туризмот и агроиндустријата се само дел од секторите преку кои двете земји ќе ја интензивираат бизнис-соработката. Според нив, ќе се работи и на зголемување на инвестициите каде, исто така, има простор за подобрување. Во 2018 година, Република Чешка е 23-ти трговски партнер на Република Македонија. Споредувајќи го периодот од 2008 до 2018 година, во надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Република Чешка се евидентира варијабилен раст во показателите, но може да се забележи константен трговски дефицит на македонската страна. Најголемите дефицити се бележат во 2013 година во износ од 62 милиони САД $ и во 2018 година во износ од 63,4 милиони САД $. Најголемиот извоз, а и увоз кон и од Република Чешка е забележан токму во 2018 година со износ од 78 милиони САД долари, односно 141,5 милиони САД $. Јадранка Аризанковска


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

Совет на странски инвеститори

СЕДНИЦА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО Во рамките на седницата, присутните компании беа запознаени со Проектот на Меѓународната финансиска корпорација - ИФЦ при Групацијата на Светската банка за развој на регионална советодавна и финансиска иницијатива во Југоисточна Европа, фокусирана на зголемување на конкурентноста на регионалните синџири на снабдување во производствениот сектор. Како што истакна Зоран Мартиновски, ИФЦ национален менаџер за Македонија и Црна Гора, целта на Проектот е да ги таргетира потребите на странските инвеститори во регионот и преку финансиска поддршка на локални добавувачи да ја зајакне нивната конкурентност и пенетрација во регионалните синџири за снабдување. Асоцијацијата којашто функционира во рамките на Советот на странски инвеститори и во која земаат учество дваесетина странски компании од технолошко-индустриските развојни зони и од индустриските зелени зони ја поддржа оваа иницијатива и се понуди да биде партнер во Проектот којшто значително ќе им го олесни процесот на изнаоѓање добавувачи на регионално ниво. Во понатамошниот дел на седницата се усвоија Правилата за организацијата и начинот на работа, а воедно се отвори и дискусија помеѓу странските инвеститори за актуелните состојби и идентификуваните проблеми со кои се соочуваат при нивното работење во земјава. Согласно спроведеното истражување помеѓу компаниите членки, во наредниот период ќе се иницира средба со премиерот и со економскиот тим на Владата на РСМ, на којашто ќе се дискутираат клучните приоритети и предлог-мерки за унапредување на работењето на странските компании во земјава и за зголемување на предвидливоста на деловното опкружување од интерес на членовите на Асоцијацијата. Влатко Стојановски


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

13

Совет на странски инвеститори

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА „МЛЕКАРА“ АД - БИТОЛА Неопходно е спроведување иницијативи за унапредување на домашната индустрија за млеко и млечни производи како еден од најважните сегменти од агроиндустрискиот комплекс, порачаа денеска генералниот директор на „Млекара“ АД – Битола, Ѓорѓи Петрушев и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, по работната посета реализирана во „Бимилк“, еден од најголемите млекопроизводители во земјата. Директорот Петрушев и претседателот на Комората, Азески, меѓу другото, разговараа и за изнаоѓањето начини за унапредување на соработката помеѓу Млекарата и Стопанската комора на Македонија, во насока на унапредување на севкупното земјоделство, како и млечниот пазар во земјата. Како дел од можностите за унапредување на соработката беа истакнати и континуираните заеднички заложби за застапување на интересите на пазарот пред надлежните институции и органи, отворањето соработка со трети страни и сродни компании од земјата и регионот, иницијативите за заедничка набавка на суровини и репроматеријали за процесот на производство, приспособувањето кон регулативите на ЕУ. Како активен член во Стопанската комора на Македонија од самото постоење на Млекарницата и со свои претставници во нејзините највисоки органи и тела, „Бимилк“ континуирано ги застапува интересите за развој на севкупната млечна индустрија, со голем број иницијативи за нови политики. Истовремено, „Бимилк“ е и претседавач на Групацијата на производство, откуп и преработка на млеко во рамките на Комората, каде што членуваат повеќе правни лица чија основна дејност е откуп, производство и пласман на млеко и млечни производи. „Како претседавач на Групацијата, „Бимилк“ дава значаен придонес во креирањето предлози за политиките во агрокомплексот. Радува фактот што преку Комората успеваме да ги артикулираме нашите иницијативи, а и натаму ќе дејствуваме во насока на зголемување на интензитетот на работење на Групацијата, истакна Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на „Бимилк“. -Меѓу другото, еден од начините за унапредување на нашата соработка се и иницијативите за партнерства со трети страни со цел унапредување на земјоделството, но и предложување нови политики што ќе придонесат за зголемување на сточниот фонд, преработувачките капацитети и, секако, за отворање нови можности“, -потенцираше директорот Петрушев. Претседателот на Комората потенцираше дека е од особено значење нашата земја да има компании по примерот на „Бимилк“ кои фокусот на својот разбој го ставаат на иновативност, развој, отворање нови пазари, зголемување на извозот.


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

ПРИЗНАНИЈА

ПРИЗНАНИЈА „ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ – УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ ОБВРСКИ КОН ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ ЗА СИТЕ“ – ЗА КОМПАНИИТЕ КОИ САМОИНИЦИЈАТИВНО ВОВЕДОА БЕНЕФИЦИИ ЗА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ ЈАВНО ПРИЗНАНИЕ, Министерството за труд и социјална политика додели на компаниите „Витаминка“ АД - Прилеп, „Европа“ АД - Скопје, „Макпрогес“ ДОО - Виница, „Рептил“ - Скопје и на „Грандпром – Зур“ – Скопје. -Компаниите самоиницијативно воведоа бенефиции за своите вработени преку продолжување на скратеното работно време на работничките по завршувањето на породилното отсуство и покрај тоа што како Влада се залагаме за создавање услови за подобрување на општес твено-социјалниот живот на граѓаните, што ми претставува чест да им доделам и јавно признание, - истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на денешниот настан (5.4.2019 година) организиран по овој повод. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакна дека компаниите на кои денес им се оддава јавно признание, кои се долгогодишни членки на Стопанската комора на Македонија, се корпоративно одговорни компании со годините наназад. При тоа, тој потенцираше дека ниеден настан, манифестација од општествениот и културниот живот во државата досега не се одржал без нивна поддршка. - Поради скромноста на компаниите тоа не е доволно видливо, поради што државата треба да овозможи услови за креирање амбиент за нивна видливост, - порача Азески. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ја изрази огромната почит кон компаниите кои како општествено одговорни компании ги вреднуваат


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

15

ПРИЗНАНИЈА и семејните вредности. При тоа, порача премиерот, тие се одлични примери како може успешно да се менаџираат работите во сите области, а ова е „топла“ порака која треба да послужи за пример на сите нас. -Со вакви примери, работните места стануваат поатрактивни, со што индиректно се придонесува да ги задржиме младите во државата, што е особено важно имајќи предвид дека бизнис секторот се соочува со недостаток од работна сила, - истакна заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев. -„Витаминка“ прва ги воведе овие бенефиции и како благородна идеја веднаш ја прифативме, посочи директорката на „Европа“ АД - Скопје, Марика Караџова, која наведе дека во Европа од 400 вработени, 300 се жени работнички. Симон Наумоски, претседател на Бордот на директори на „Витаминка“ АД Прилеп извести дека идејата поттикна од „помладиот менаџмент“ во компанијата, кој исто така нагласи дека од 700 вработени во „Витаминка“ 50% се жени. Компании предочија дека грижата за вработените е особено значаен сегмент во нивното работење, тоа го зголемува задоволството кај вработените и лојалноста кон компанијата. Љупка Илиевска-Самарџиска


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА

„НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА ЕУ - ПРЕДИЗВИЦИ И ИСКУСТВА“ Предизвиците и искуствата на македонската економија во пресрет на процесот за отпочнување на преговорите за влез на земјата во Европската унија - беше главната тема на Регионалната конференција во организација на Сојузот на Ротари клубови на Република Северна Македонија, што се одржа во хотелот „Double Тree by Hilton“ во Скопје (5.4.2019 година). Целта на конференцијата беше преку размена на искуства да се создаде поголема соработка и поттикнување на сите чинители во општеството да дадат свој придонес во процесот на пристапување на земјата во Европската унија. Еминентни аналитичари, експерти и професори дебатираа и дискутираа за искуствата на земјите во регионот и предизвиците со кои се соочиле нивните економии во пресрет и по влезот во Европската унија, а стана збор и за растот и ризиците на нашата економија, како и за потребата од приспособување кон стандардите на Европската унија. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, свое обраќање имаше на панелот: „Потенцијалите за раст и ризиците на националната економија - што добиваме а што губиме“, каде се осврна на тоа како да го зацврстиме нашето општество, преку консензус за клучните прашања кои се од огромно значење на државата пред истата да пристапи во ЕУ, а пред се’ тука мислиме на прашања како што се односот на капиталот и трудот, бројот на издржувано и активно население и непочитувањето на договорните обврски при промена на власта. Азески нагласи дека е неопходно да се решат прашањата за пописот, децентрализацијата, изборниот модел, корупцијата, „сивата“ економија која ја има во сите пори на општественото живеење, како и контролните механизми на власта за да можеме да очекуваме некакво приближување на патот кон Европската унија. -Промените во општеството ги прават луѓето, но одржливи промени се прават од страна на институциите и мора да имаме стабилни, јаки и одржливи институции доколку сакаме да одиме напред, - истакна претседателот Азески. Тој се осврна и на неопходната потреба од регионална соработка и регионално поврзување на 6-те земји на Западен Балкан, со цел формирање на заеднички економски простор, заеднички институции и заеднички настап на трети пазари. Сашо Деспотоски


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

17

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ

„COLD CALLING И НАПРЕДНИ ТЕХНИКИ НА ПРОДАЖБА“ Според Агендата на Клубот на менаџери-претприемачи за 2019 година, 4.4.2019 година е предвиден за темата: „Cold calling и напредни техники на продажба“, што беше реализирана во соработка со Михаил Китановски, предавач и консултант со долгогодишно и меѓународно искуство, сопственик и управител на компанијата „Д2ЕМ Консалтинг“. Cold calls („ладни“ повици) е маркетинг процес на пристапување кон потенцијални потрошувачи или клиенти (преку телефон, e-адреса, или социјална мрежа) кој е ненајавен и тие не го очекуваат. Зборот „cold“ се користи бидејќи лицето кое го прима повикот не го очекува истиот или пак не изјавил специфично дека сака да биде контактиран од страна на продажен персонал од некоја компанија. Насочете го пребарувањето кон откривање кој е вашиот идеален потрошувач. Се препорачува селектирање на кандидати кои одговараат на она што во моментот сакате да го продадете. Може и да ги истражувате вашите конкуренти и нивните клиенти за да добиете идеја кому треба да му се јавувате. Напредните техники на продажба се креирани за да создадат видни резултати и успех, при тоа носејќи ги индивидуалците и продажната сила на повисоко ниво. Тие ги максимизираат ефектите при процесот на преговарање или продажба како и можностите за успешно затворање на овој процес на високо етичко ниво. Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија претставува ексклузивна можност за интегрирање во мрежа на мали и средни компании кои заедно растат, постојано се едуцираат и постигнуваат успех преку искористување на сите поволности од програмата на Клубот и компаниите кои се вклучени во работата на истиот. При тоа, менаџерите имаат можност секогаш навремено да се информираат за тековните случувања, поврзани со презентации, промоции, бизнис форуми, информации за прописи, како и со новите услуги на Комората. Сето ова е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и со странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска


18

БИЗНИС ИНФО

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ

Петок, 5 април 2019, Бр. 390


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

19

НОВИ ПРОПИСИ

ЗАКОНИ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА ЗАКОНИ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ 04.04.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА - ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА Во Националната програма за усогласување со законодавството на ЕУ, во делот на Поглавјето 3.06. Право на трговските друштва, врз основа на препораката од Извештајот на Европскта комисија за прогресот на Република Македон .. 04.04.2019 - ПРАВИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА ПАЗАР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И - ПРАВИЛА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА Донесени подзаконски акти на Законот за енергетика („Службен весник на РСМ“ бр. 65 од 29 март 2019 година):I. Врз основа на член 24, став (1), точка 1), алинеја 10 од Законот за енергетика („Службен весник на Република М ... 04.04.2019 - ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОЦИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ Донесен подзаконски акт на Законот за идентификација и регистрација на животните („Службен весник на РСМ“ бр. 68 од 1 април 2019 година)Врз основа на член 21 став (3) од Законот за идентификација и регистрација на животн ... 04.04.2019 ОПШТА ПРЕСМЕТКА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА ПРИБРАНИТЕ АВТОРСКИ НАДОМЕСТОЦИ ПО ОСНОВ НА ПРАВО НА ЈАВНО СООПШТУВАЊЕ НА МУЗИЧКИ НЕСЦЕНСКИ ДЕЛА ЗА 2018 ГОДИНА ОПШТА ПРЕСМЕТКА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА ПРИБРАНИТЕ АВТОРСКИ НАДОМЕСТОЦИ ПО ОСНОВ НА ПРАВО НА ЈАВНО СООПШТУВАЊЕ НА МУЗИЧКИ НЕСЦЕНСКИ ДЕЛА ЗА 2018 ГОДИНА на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП („Службен весник ... Контакт лице: Љупка И.Самарџиска Телефон: ++ 389 2 3244018 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: ljupka@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


20

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 5 април 2019, Бр. 390

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 5 април 2019, Бр. 390

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

21


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ај ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

ар Н

22

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

23

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Имајќи предвид дека од 1 април 2019 година стапува на сила новиот Закон за јавни набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневен семинар на 10 април 2019 година и истите се наменети за сите приватни компании како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки. Целта на овие семинари е понудувачите навреме да се подготват за добивање државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение. Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ. Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

11 април 2019 година, Диселдорф, СР Германија

Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Германија (Северна Рајна Вестфалија во западна Германија), преку Европската мрежа на претприемачи ЕЕН, ве покануваат да учествувате на Mеѓународните деловни средби на стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Германија „Startup-Woche“, што ќе се одржат на 11 април 2019 година во Диселдорф, СР Германија. Пазарите на Источна Европа се развиваат брзо и се сметаат за најбрзо растечки економии во Европа. Овие економии дефинитивно имаат што да понудат, но и да научат од високо развиените европски земји преку техники и начини за водење бизнис, деловни стилови за преговорање и договарање, трансфер на технологии и знаење. Ниските трошоци на работна сила, човечките ресурси со добри квалификации, географската близина, се битни фактори што земјите од Источна Европа можат да ги понудат на западноевропските развиени земји. На настанот ќе присуствуваат голем број источноевропски стартап компании, мали и средни компании кои ќе ги споделат своите бизнис планови, идеи, можности и проекти. Тие ќе работат во групи со ментори за да најдат соодветни решенија за одредени прашања, кои потоа ќе бидат презентирани пред посетителите. Ова ќе биде проследено со неформални деловни средби, кои ќе бидат почеток за воспоставување нови партнерства. Учесниците на овие деловни средби ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во повеќе области: енергија, мобилност, здравје и паметни градови. Исто така, на присутните ќе им бидат понудени голем број различни настани во периодот од 5-12 април 2019 година преку работилници, разговори и семинари. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме, испратете електронска порака, со профил на вашата компанија на англиски јазик, на следнава е-адреса: gregor.stolarczyk@nrw-international.de, најдоцна до 28.02.2019 година. Краен рок за избор и потврда за учество е 8.3.2019 година.


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

25

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Април-мај 2019 година

ВЕШТИНИ ВО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ

Согласно верифицираната Програма на Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение УП1 бр.10-10 од 7.8.2017 година, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Бизнис центарот за тренинг и обука од Охрид, го организираат специјалистичкиот курс: „Вештини во финансиското работење“. По успешното завршување на програмата и позитивната оценка, учесникот добива сертификат за стекнати вештини во финансиското работење кој е признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Главната цел на курсот е кандидатите да се стекнат со знаење и вештини потребни за работа во финансискиот сектор и општото благајничко работење. Програмата е составена од четири тематски целини во кои се разработуваат функциите и активностите поврзани со финансиското работење, а кои се од особена важност за непречено функционирање и работење на сметководствено-финансискиот сектор. Според наставниот план, обуката трае 70 училишни часа, од кои 30% од наставата е теорија и 70% практична настава. Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со правилна имплементација на законската регулатива која го уредува готовинското денарско и девизно благајничко работење со посебен акцент на пресметка, исплата и евиденција, како и стекнување на практично знаење за правилна имплементација на одредбите од поврзаните закони и подзаконски акти. Курсот може да го посетуваат лица вработени во секторите финансии, сметководство, благајна, како и сите други заинтересирани лица, со основни познавања од сметководствено-финансиска област или без работно искуство кои имаат желба да ги прошират своите знаења и вештини во областите од наведенава тематика и да се стекнат со сертификат кој е валоризиран и препознатлив на пазарот на труд.. Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15-16.04.2019 година (понеделник-вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ЕФИКАСНОСТ НА ОБУКА НА ВРАБОТЕНИ

Обука и развој на вработените во една организација подразбира зголемување на нивните знаења, вештини и однесувања во насока на остварување на организациските цели. Во оваа обука фокусот е ставен на утврдување на потреба и вид на програми за обука и развој, како и нивна евалуација со цел обезбедување ефикасен систем на обука и развој насочен кон континуирано учење и напредок на вработените. Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот: • Што подразбира процесот на обука и развој на вработени? • Како да утврдиме кои вработени имаат потреба од обука? • Што претставуваат компетенциите? • Која е улогата на компетенциите во процесот на обука и развој на вработени? • Како да утврдиме каков вид на програми се потребни за обука и развој на вработените? • Како да извршиме евалуација на програмите за обука и развој со помош на моделот Киркпатрик? • Како да го следиме напредокот на вработените по имплементација на знаењата и вештините кои ги научиле од програмите за обука и развој? • Како се поврзува процесот на обука и развој на вработените со системите за мерење на резултати и квалитет во работењето, регрутација и управување со таленти, програмите за промоција, кариерен пат и планирање на наследување? Рок за пријавување: 9 април 2019 година. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015.


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

27

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16 и 17 април 2019 година (вторник-среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ОСНОВИ НА КОРИСНИЧКО ИСКУСТВО (USER EXPERIENCE) – РАЗЛИКИ МЕЃУ ДОБАР И ОДЛИЧЕН ПРОДУКТ

Има многу повеќе од случајност зошто Airbnb, Facebook, Google, Apple и други водечки компании инвестираат огромна сума, дури поголема од сумата која ја инвестираат во одделот за развој и во тимовите за корисничко искуство (user experience). Сите продукти, без разлика на видот, дигитални или физички мораат со себе да носат висок квалитет и високо ниво на корисничко искуство (user experience) или да ризикуваат да бидат прегазени од конкуренцијата. Продуктот како продукт нема никаква вредност без неговите корисници. Продуктите со подобро корисничко искуство секогаш се продаваат побрзо, впрочем сите бизниси чии стратегии се базираат на „user-centered” пристапи носат двојно поголем профит годишно од останатите. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 16 и 17 април 2019 година, организира семинар на тема: „ОСНОВИ НА КОРИСНИЧКО ИСКУСТВО (USER EXPERIENCE) - РАЗЛИКИ МЕЃУ ДОБАР И ОДЛИЧЕН ПРОДУКТ“, чија цел е да ви овозможи да се запознаете подобро со она што до сега ви беше несфатливо и да ги разберете процесот и етапите на создавање одлично корисничко искуство кај продукт или сервис. Како што ќе се одвива тренингот, ќе ја сфатите важноста на истото во вашиот бизнис, проследено со вовед во тестирање, оценување, примена на психологија, дизајн и останати елементи. Преку овој тренинг ќе се стекнете со вештини кои ќе ви помогнат да научите како да ги анализирате корисниците, како да ја осмислите правилната стратегија и како да му помогнете на вашиот продукт да биде подобро и побрзо прифатен од страна на неговите сегашни и идни корисници. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

10. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ - 17-19.04.2019 САРАЕВО, БиХ

10. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Bosna Bank International, ве поканува да бидете дел од „10. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ“. Овогодинешниот Бизнис форум ќе се одржи во периодот од 17-19 април 2017 година во Сараево, Р. Босна и Херцеговина. Бизнис форумот има за цел да ги собере бизнисмените и сопствениците на проекти од земјите од Западен Балкан од една страна и нивни потенцијални соработници од повеќе од 50 земји од светот. Настанот претставува платформа за поврзување на бизниси и отворање можности за инвестиции во регионот на Југоисточна Европа со единствена цел да се поттикне економскиот развој. Секоја година Бизнис форумот под еден кров собира повеќе од 1000 учесници и има комплетна медиумска поддршка како на локално така и на глобално ниво. Стопанската комора на Македонија за сите свои членки оваа година обезбеди специјален попуст за учество на претстојниот Бизнис форум. Со цел навремена регистрација и користење на поволностите, ги покануваме сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Бизнис форумот со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 12.4.2019 година (петок). По достава на пријавниот лист, ќе ви бидат испратени дополнителни инструкции во врска регистрацијата. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страна на „Сараево бизнис форум“, https://www.sarajevobusinessforum.com/, или контактирајте со: Даниела Михајловска Телефон: ++ 389 2 3244021, M. 072 220 037 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: daniela@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Сања Николова Телефон: ++ 389 2 3244091, M. 070 390 009 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: sanja@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

29

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 17.04.2019 - 19.04.2019 Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат, Македонија

МЕТОДИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО СТАНДАРДОТ IATF16949 - APQP, PPAP, FMEA, MSA, SPC

Стопанската комора на Македонија на 17,18 и 19 април 2019 година организира тродневна специјалистичка обука на тема: МЕТОДИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО СТАНДАРДОТ IATF16949 - APQP, PPAP, FMEA, MSA, SPC. Кои се наведените методи? APQP - метод за предвремено планирање на квалитетот на производот, кој гарантира дека производот ќе ги задоволи барањата на купувачот и на другите заинтересирани страни; PPAP - кои документи/барања се потребни за заверување на нов производ. Целта на PPAP е да се утврди дали добавувачуваот правилно ги разбрал сите технички барања од страна на купувачот за дизајн на производот, како и бараните спецификации и дали процесот има потенција во редовно производство да произведе таков производ во бараната количина, кој ќе ги задоволи барањата на купувачот; FMEA - анализа на сите можни грешки и последици од истите (Failure Mode and Effect Analysis), систематска и формализирана метода за анализа на проектни решенија на производот и процесот од аспект на ризикот од појавата и последицата на производните грешки кои би можеле да се изложат кај купувачот, односно крајниот корисник; CONTROL PLAN - документ со кој се дефинира целата контролата на производот со цел да се исполнат очекуваните барања. Наведениот документ се наоѓа на местото каде што се изведува производот/процесот; MSA - Анализа на мерни системи како метода служи за дефинирање и обезбедување на потребните ресурси кои се: мерна/контролна опрема; компетентно обучен кадар; и предвидени услови за мерење - со обезбедување на претходното се гарантира дека не може да се случат грешки поврзани со мерниот систем; SPC - Статистичка контрола на процесот, служи за статистичко следење на воспоставените процеси по пат на дефинирани карти и информатички апликации, за калкулирање на способноста и стабилноста на процесот во кој се изготвуваат производите.

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.4.2019 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕНАЏИРАЊЕ НА КОНФЛИКТИ СО КЛИЕНТИТЕ

Задоволниот купувач дава препораки на други потенцијални купувачи, се враќа повторно да купи, а понекогаш е подготвен да плати и двојно повеќе за соработка со компанија на којашто и` верува. Ниту една компанија не смее да си дозволи да ја занемари важноста од задоволството и лојалноста на клиентите. Колку што е скапо да се придобие нов клиент, толку е скапо да се задржи постојниот. Истовремено, поради профитабилноста потребно е да се идентификуваат клучните фактори кои придонесуваат за задоволството на клиентите и да се преземат мерки кои ќе имаат најсилен ефект во подобрувањето на купувачкото искуство. Неопходно е да се дознае кои се сопствените предности со коишто се воодушевуваат купувачите, а со кои мани се бркаат кај конкуренцијата. Иако секоја компанија сака да овозможи услуга која ги задоволува потрошувачите, тоа не е единствената цел, бидејќи иста компанија може да изгуби контрола врз други бизнис цели, како што се достигнувањето на конкурентна предност или профит. Меѓутоа, задоволството на клиентот донесува многу предности. Повисок степен на задоволство води кон поголема лојалност. На долг рок, попрофитабилно е да се задржи добар клиент отколку константно да се привлекуваат нови клиенти коишто ги заменуваат оние што си одат. Висок степен на задоволство значи обезбедување на компанијата од т.н. „лоши нешта“, затоа што долгорочните клиенти вообичаено се потолерантни во ситуации каде што истоименото лошо искуство ќе биде заменето со претходните позитивни искуства. Задоволството на клиентот често е поврзано со неговото задржување, дел од пазарот и профитот. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

31

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 22.4.2019 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРАКТИЧНА АНАЛИЗА И КОМПАРАЦИЈА НА ЛИЧНИ ПРИМАЊА ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛО

Стопанската комора на Македонија, на 22 април 2019 година, организира еднодневна работилница на тема:„Практична анализа и компарација на лични примања по основ на договор за вработување и по основ на договор за дело“, со цел да се направи сеопфатна анализа на сите дилеми поврзани со плаќањето на работата по основ на работен однос и по основ на договор за дело, преку разработка на бројни практични примери. Притоа, по спроведената дискусија, дел од прашањата кои ќе бидат одговорени се следните: од што е составена платата како сложена категорија, кои се најновите параметри за пресметка на плата, по што платата се разликува од другите лични примања по основ на договор за дело, кои се најчестите дилеми кои произлегуваат од надоместоците на плата за боледување и годишен одмор, што се трошоци поврзани со работата, како и на кој начин може да се врши порамнување и задржување на исплаќањето на платата. Со еднодневната работилница ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област, сé во насока на поголема правна заштита и сигурност. Предавачи: - Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и - Викторија Спасовска, правен консултант, Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23.4.2019 година (вторник) 9:50-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ

Грижата за потрошувачите и корисниците на услугите е постојан и бескраен процес. Со промените на потрошувачките навики и напливот на лесно достапни информации, компаниите се судираат не само со борба за стекнување со нови клиенти, туку и со постојана потреба од задржување на постојните клиенти, зголемување на нивното задоволство и класифицирање во најпосакуваната категорија клиенти – лојални. Учениците на овој семинар активно ќе учествуваат во идентификацијата на сите клучни фактори кои ја прават услугата една од клучните продажни, односно деловни алатки и во таа интеракција ќе добиваат тековна повратна информација за своите знаења, ставови, идеи и следни чекори во нивната работна пракса. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 23 април 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ“. Предавач: Митко Керамитчиев, деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

33

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23.4.2019 година (вторник), 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Стопанската комора на Македонија, на 23 април 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: Кршењето на работниот ред и дисциплина или работните обврски како предуслов за отказ на договорот за вработување, заштита на правата пред работодавачот и пред надлежен суд, привремени мерки во спорови од работен однос, синдикалниот претставник и негова заштита согласно Законот за работни односи. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II - Скопје и - Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

34

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 14.05.2019 Бизнис средби Меѓународен саем за земјоделство, Нови Сад

Бизнис средби „AgroB2B@NSFair“

Enterprise Europe Network Македонија и Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери на Меѓународниот брокерски настан „AgroB2B@NSFair“, кој ќе се одржи на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, на 14 мај 2019 година. Главни сектори на настанот се: * производители на храна и пијалаци и трговци; * машини за земјоделство и опрема; * хемиски производи за земјоделство; * пакување; * обновлива енергија; * обработка и опрема за стаклена градина; * применета наука и истражување; * иновативни технологии во земјоделството. AgroB2B Зошто да учествувате? Меѓународните брокерски настани обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите со цел да најдат меѓународни партнери. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Потоа ќе се објави распоред на состаноци што ќе се одвиваат на одредено место и точно определено време. Секој учесник добива своја лична листа најмалку еден ден пред настанот. Учеството во „AgroB2B@NSFair“ Б2Б бизнис средбите е бесплатно. Пријавете се на: http://agrob2b2019.talkb2b.net/


Петок, 5 април 2019, Бр. 390

БИЗНИС ИНФО

35

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

4-5 јуни 2019 година, Виена, Австрија

Конференција и деловни средби „FUTURE OF BUILDING“

Стопанската комора на Македонија, во организација со Стопанската федерална комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „FUTURE OF BUILDING“ („ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“), што ќе се одржат на 4-5 јуни 2019 година, во Виена, Австрија. Учесниците на Конференцијата ќе имаат единствена можност, преку различни предавања, панел-дискусии, работилници и други активности да се запознаат со најновите технологии за иновативни решенија и идни трендови во следниве области на градежништвото: - модерно урбанистичко планирање (Smart City-Виена); - интелигентни згради; - нови градежни методи и роботика; - нови градежни материјали / компоненти и склопови; - енергетска ефикасност (нула, плус, пасивни куќи); - одржлива и зелена зграда; - градежна конструкција; - природни материјали со нулта емисија; - патишта и тунели, сообраќајна инфраструктура; - интелигентна и домашна автоматизација; - дигитализација BIM и VR; - модерно реновирање на градот; - социјално и достапно домување. Доколку сте заинтересирани, можете да ја искористите можноста да остварите директни средби со над повеќе од 60 австриски фирми и 300 интернационални фирми, поврзување со повеќе од 600 учесници од 50 земји и организирано посетување и разгледување на иновативни австриски градежни објекти во Виена. Во прилог се програмата и дополнителни информации за настанот, а следниот линк ве води директно на веб-страната на настанот каде можете електронски да се регистрирате: https://buildings2019.b2match.io/home, почнувајќи од 18.3.2019 година.


36

БИЗНИС ИНФО

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019 Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи Контакт: Белинда Миновска и огради

Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 Компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

37


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 5 април 2019, Бр. 390

T

15

38

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.