СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2011
1
Членка на: Број 52 од 05.05.2011
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
Бизнисот ги поздравува новите олеснителни увозни процедури
СО „ГЛУВЧЕТО“ И ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ВИДУВАЊА
УСОГЛАСУВАЊА
Чии права се поголеми?
Mинимална плата
ЗАКОНОТ НЕ ГИ ШТИТИ РАБОТОДАВЦИТЕ ОД ЛОШИТЕ РАБОТНИЦИ!
СИНДИКАТОТ „ПИКИРА“ НА 160 ЕВРА, РАБОТОДАВЦИТЕ АПЕЛИРААТ НА ОДРЖЛИВА СУМА
БИЗНИС ИНФО
2
ПОДВЛЕЧЕНО
ЛОША ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА Поради лошата железничка инфратруктура принудени при транспорт да го користиме патниот сообраќај, што е лошо за Кавадарци. Товарните камиони значително ги оштетуваат локалните патишта. А, Транспортот на никелот од Кавадарци е посебна приказна. Слабата железничка инфраструктура не принудува да го превезуваме никелот до Солунското пристаниште со 120 камиони секој ден. Можете да замислите што значи 120 камиони секој ден да ги поминуваат границата и царинските процедури?!
сме
четврток, 5 мај 2011
ИНВЕСТИЦИЈА ОД 60 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОТВОРАЊЕ НОВ РУДНИК
Нов рудник ќе биде отворен во Кривопаланечко ако се потврдат очекувањата за рудните резерви на олово, цинк, бакар, антимон, злато и на сребро во локалитетот Самар, во селото Луќе. Истражувањата на теренот веќе ги почна Рударскиот институт „Енергетика“ од Скопје, кој ја има добиено концесијата за отварање рударски капацитет. Со геолошките истраги треба да бидат утврдени подробни резултати за расположивите резерви на металите. Ако се потврдат очекувањата, инвеститорот планира да вложи околу 60 милиони евра во отворање (Константинос Даскалакис, нов рудник. Станува збор за мешовита австралиско-македонска главен извршен директор фирма која е заинтересирана и подготвена за отворање нов на „Фени индустри“) рударски капацитет. Тоа ќе значи економско заживување на општината, а најголем бенефит ќе има месното население од руралниот регион, кое ќе биде работно ангажирано. ЗБОРОТ НА ЛЕКАРОТ ВО ПРИВАТНИТЕ КЛИНИКИ СТАНУВА НЕВАЖЕЧКИ (Арсенчо Алексовски, градоначалникот на Крива Паланка) Фондот за здравство нема веќе да ја признава терапијата препишана од лекарите во приватните клиники кои немаат склучено НИЕ СМЕ КОМПАНИЈА ШТО ВЛОЖУВА договор со ФЗО, што значи дека пациентите ќе мора на приватно ВО ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА ОКОЛИНА да ги купуваат препишаните лекови откако во „Службен весник“ се Одлучивме повеќе да не ни се објавени измените на Законот за случуваат изненадувања и еднаш засекогаш здравствена заштита. Законските да го решиме прашањето на заштита измени го спречуваат матичниот на животната средина од прашината на лекар да пополнува боледувања за новото јаловиште. Наместо шесте постојни, операции извршени во приватните сега инсталираме нова пумпа и триесет болници кои не работат со Фондот. моќни прскалки, кои редовно ќе ја прскаат Со оваа постапка ФЗО прави директен упад во работата на површината на јаловиштето што го создаде лекарите и ги загрозува правата на осигурениците кои цел живот проблемот. плаќаат здравствени придонеси. Веќе зборот на лекарот кој работи Ние сме колектив што вложува и во приватна клиника станува неважечки. ФЗО презема нешто што сака и натаму да вложува во еколошката не е во негова надлежност имајќи предвид дека оваа институција заштита на околината. Секој месец за таа не треба да им дава стручни овластувања на клиниките. Ваквата намена, за новото јаловиште што зафаќа површина од две илјади политика се коси со секое уставно право“, квадратни метри издвојуваме по 150.000 евра. (Андреја Арсовски, директор на приватната болница „Ремедика“)
(Максим Прохоров, директор за инвестиции и развој во рудникот за олово и цинк „Саса“ во близина на Македонска Каменица)
ЗЛАТЕН ПАРТНЕР
ПРЕМИУМ Покровители
Златен партнер за 2011 година
Покровители
на
четврток, 5 мај 2011
БИЗНИС ИНФО
3
РЕШЕНИЈА
Бизнисот ги поздравува новите олеснителни увозни процедури
СО „ГЛУВЧЕТО“ И ПОБРЗО И ПОЕВТИНО
Извозниците на кондиторски производи во иднина електронски ќе може да ја поднесуваат апликацијата за издавање сертификат од Агенцијата за храна и ветеринарство во која, согласно Законот за безбедност на храната („Службен весник на РМ“ бр. 157/10) се инкорпорира Управата за ветеринарство, како орган во состав на Министерството за земјоделство. На овој начин ќе се олесни изозот кој претставува главна компонента и движечка сила на развојот на економијата.
Ова беше истакнато на конференцијата за печат, што се одржа во Стопанската комора на Македонија, на тема: „Новите олеснителни увозни процедури на суровини
и прехранбени производи од растително и животинско потекло“ (28.4.2011 година). Олеснувањатo е направено, како што беше нагласено, по низа средби со Агенцијата која одговори на барањата на фирмите за надминување на проблемите што се појавија при увозот и извоз во кондиторската индустрија. Со електронската апликација се скратува процедурата за издавање на сертификатот, а се намалени и трошоците. Сега процедурата предвидува инспекторот да излезе на терен еден ден по аплицирањето и да го даде сертификатот за извоз на производите. Покрај ова олеснување, Агенцијата направи напор да се олесни и проблемот што се јавувал при увоз на суровини од Велика Британија и Нов Зеланд во однос на декларацијата, која од Велика Британија не можела да се издаде и на македонски јазик. Избрано е решение декларацијата да биде само на англиски, а судски преведувач да ја преведе при увозот. Со Нов Зеланд проблемот бил околу наведувањето на земјата која е увозник, наместо Македонија стоело „трета земја“ што се косело со регулативата, но истиот брзо се надминал, по направените консултации меѓу двете агенции. Васко Ристовски
ПОРАКИ ПОТРЕБНО Е РЕФОРМСКИОТ ПРОЦЕС ДА ПРОДОЛЖИ Во секоја земја секогаш ќе наидете на плусови и минуси. Во Македонија имаше незначителни проблеми кои успешно беа решени со помош на „Инвест Маседониа“. Потребно е реформскиот процес да продолжи и да ја направи бизнис-околината попогодна. Би додал дека ова ќе се случи со текот на времето со цврста определба на Владата. Верувам дека е сторено многу, но во оваа област може да се направи многу повеќе. Тоа ќе зависи од акцијата и од определбата на владините агенции кон реформскиот процес. На работно ниво има неколку области каде што работите можат да се подобрат, како на пример административни барања за бизнисот пошироко во следните категории: административни барања во врска со вработувањето; барањата на банките за пополнување документи во име на компанијата и на вработените (на пример, кога некое лице зема кредит, од компанијата се бара да ги потпише документите, што е дополнително административно оптоварување за бизнисот); процесот на добивање работни дозволи за странците што работат во Македонија; лиценцирање и располагање со отпадот; архивирање и чување документи; даночни правила за странците кои работат во Македонија;
пристапот на некои агенции да одговорат на потребите на бизнисот и да се справат со работите. (Џатин Такрар, директор на фабриката „Џонсон Мети“ во Бунарџик)
ТУРИСТОТ МОРА ДА Е ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО Туризмот е една многу битна гранка и не ги засега само хотелите, туристичките агенции и рестораните. Туризмот е активност која што треба да ги засега и дизајнерите на еден град, на оние кои ги осмислуваат транспортните линии, на културните советници, на малите бизниси и претпријатија, а и трговските центри кои треба да ги привлекуваат туристите, на целото културно и историско наследство, кое што треба да биде отворено за посети од страна на туристите. Сите тие треба да имаат една посебна стратегија за да му бидат пред очи на туристот, а и да се стават и на негово место. Имајќи во предвид дека на нам, туристичките работници, туристот треба да ни е во центарот на вниманието во секое време, верувам дека Македонија тоа го има сфатено. (Хавиер Бланко, директор на Придружните членки на Светската туристичка асоцијација при Обединети нации)
БИЗНИС ИНФО
4
ПОСЕТИ
четврток, 5 мај 2011
Во Регионалната комора со седиште во Прилеп средба со компании од Призрен во Република Косово
ИЗРАЗЕН ИНТЕРЕС ЗА МЕРМЕРОТ, ГРАНИТОТ, ТУТУНОТ И ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ
Во Регионалната комора со седиште во Прилеп се одржа средба со познати стопанственици од Призрен, Република Косово (29.4.2011 година). Стредбата беше во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Фондацијата за одржлив економски развој Преда Плус и Регионалната агенција на Југ Косово од Призрен. Гостите поопширно беа запознати за природните ресурси со кои располага регионот и компании кои се носители на стопанството: Мермерниот комбинат, Витаминка, Тутунскиот комбинат, Прилепската пиварница, како и другите фирми од прехрамбената, текстилната и металопреработувачката индустрија. Гостите од Република Косово изкажаа голем интерес за соработка на полето на неметалите, посебно за прилепскиот мермер и гранит, како и за тутунската индустрија. Посебно деловните луѓе од Призрен најавија поголем интерес за откуп и преработка на градинарските производи, особено на пиперката. Во хотелот „Салида“ беа организирани и билатерални бизнис средби. Возвратна посета во Призрен на прилепските бизнисмени се очекува по две-три недели. Ристо Најдоски
ПРАКТИЧНО ЗАЖИВУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА -Бизнисмените од Косово се заинтересирани за конкретна соработка во повеќе сектори и искористување на поволностите што ги нуди договорот за слободна трговија меѓу Косово и Македонија, - смета Валентин Хоџа
од Регионалната агенција Југ од Призрен. Ова е прва средба воопшто. Разгледувавме кои се допирните стопански гранки од двата региони од двете држави. Заинтересирани сме да се развијат бизнисите и соработката, да се намали увозот од трети земји, посебно од Азија зашто тие производи ги има во двете земји.Само со конкретна соработка може суштински да заживее Спогодбата за слободна трговија што ја имаат потпишано двете земјa.
ИНИЦИЈАТИВИ
ВОЗОБНУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ КОМОРИТЕ Народите на Балканот треба да соработуваат повеќе меѓу себе бидејќи сме еден до друг. Границите сега се отворени, имаме многу сличности меѓу нас и нé поврзува традицијата. Верувам дека соработката треба да се зголеми уште повеќе. Пред 20 дена дознавме за саемот за туризам во Скопје и еве нé тука. Секој почеток е половина од сработеното и мислам дека ќе биде подобро. Имаме многу контакти тука со вашите комори и бизнисмени и таа соработка ќе продолжи. Целта е да се организираат тет-а-тет средби, бизнисмените да се најдат еден со друг и да инвестираат каде што ќе најдат интерес или да воспостават трговска размена. Со македонските комори имавме контакти пред 10 години. Потоа се оддалечивме едни од други и некако замреа односите. За тоа вина имаат и двете комори. Сепак, верувам дека никогаш не е доцна и сé може да се почне одново. Од разговорите што ги водевме и во грчката амбасада и со вашите преставници постои иницијатива да се возобноват контактите и да се зголемат инвестициите од Грција во Македонија. (Гилис Георгиос, претседател на Стопанската комора на Халкидики)
четврток, 5 мај 2011
БИЗНИС ИНФО
Прес-конференција за скорешното потпишување на Регионална конвенција за пан-евромедитерански правила за потекло
ЗАБРЗУВАЊЕ НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЕКОНОМСКО ПОВРЗУВАЊЕ
Од прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија на тема: „Регионална конвенција за пан-евроамедитеранско потекло - нов квалитет во евроинтеграцискиот процес“ (3.5.2011 година) беа испратени четири клучни пораки: - неопходно е подготвување измени на постојните договори за слободни трговии со цел замена протоколите за потекло со Регионална конвенција за пан-евромедитерански правила за потекло; - информирањето за процесот на измени на правилата на потеклото треба значајно да се зголеми, учеството во Работната група за Западен Балкан треба да биде активно, а усогласувањето меѓу другите четири работни групи да биде навремено и во консултации
со приватниот сектор, бидејќи евентуалните предлози ќе ги засегаат сите земји со оглед на „ерга омнес“ примената; - потребно е да се започнат преговорите за преференцијална трговија со земјите од Барцелонскиот процес, приоритетно со Египет, Тунис и Израел. Паралелно, со последните две, но и со другите земји од Барцелонскиот процес треба да се преговара и за билатерални конвенции за одбегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите, но и за други конвенции кои би поттикнале билатералната економска соработка (техничко-технолошка соработка, здравство, образование, сообраќај, туризам); Регионалната конвенција за паневромедитерански правила за потекло ќе влијае врз зголемувањето на размената на стоки во евромедитеранскиот економски простор, а тоа значи дека стоките ќе треба да одговараат на техничките и други стандарди на ЕУ. Тоа треба да биде поттик за да се определат приоритетите во апроксимацијата за оние стоки што се носители на македонскиот извоз со цел нивното движење да се одвива без пречки. Генерално, Македонија треба да ги забрза подготовките за пан-евромедитеранското економско поврзување, порача Љубица Нури, директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање во Стопанската комора на Македонија. Земјава ќе мора да ги укине досегашните протоколи за потекло на стоки во рамките на билатералните договори за слободна трговија затоа што од 2012 година почнува
5
ИНТЕГРАЦИИ
примената на единствената Регионална конвенција за пан-евромедитерански правила за потекло. Конвенцијата, чија цел е економско интегрирање на земјите од ЕУ, Западен Балкан, ЕФТА и Барцелонскиот процес (Сирија, Јордан, Либан, Газа, Палестинската Влада, Египет, Тунис, Мароко и Алжир), практично ќе ги замени сите 60 билатерални протоколи за потекло што Унијата ги има со трети земји, вклучувајќи ја и Македонија. Засега, како што беше истакнато на пресконференцијата, ниту една од домашните компании не доставила какви било предлози во однос на правилата за потекло чие усогласување е предвидено до ноември. Причината не е нивната инертност, туку недоволната поддршка и ненавремената информираност. Администрацијата мора да биде потранспарентна и поажурна. Примената на Регионалната конвенција генерално ќе ја поттикне трговијата на ЕУ и ќе стимулира поголема конкурентост на компаниите. За Македонија, пак, ќе значи и влијание во делот на евроинтегрирањето. - Потеклото на стоки ќе влијае врз развојот на индустријата. Компанијата може да има предлог што ќе ја зголеми нејзината корпоративна конкурентност, но прашање е дали тој предлог ќе се вклопи во генералниот план за економски развој на државата. Затоа е неопходно да има неколку фази на разгледување. Сега не очекуваме, ниту фирмите се во состојба да дадат какви било предлози, но треба да внимаваат дека можеби некој друг ќе го стори тоа, на пример, ЕФТА, која е многу силна како структура, истакна Нури. Транспарентноста, професионалноста и стратегијата се најзначајни, апелира Нури, информирајќи дека иако во целиот процес околу Конвенцијата Македонија е вклучена лани, бизнис-заедницата била официјално известена минатиот месец. Стопанствениците не добиле ниту превод од документот. - Транспарентноста меѓу бизнис-заедницата и администрацијата одат во прилог на поквалитетни резултати. Транспарентноста мора да биде многу поголема. Недостасува и едукација, како и информирање на компаниите. Целиот процес требаше да почне лани, кога стартуваше изготвувањето на Регионалната конвенција. Сега, периодот е многу кус зашто во работната група за Западен Балкан предлозите требаше да се достават до 15 мај, - напомена Нури. Имаме стратегија за индустриска политика, но тоа, подвлекуваат од Комората, не е доволно. За да се влијае на правилата за потеклото на стоки, точно мора да се знае во кој правец ќе се движи економскиот развој. Стопанската комора сугерира Македонија во однос на новото, проширено економско поврзување, приоритет да им се даде на Египет, Израел и Тунис.
6
УСОГЛАСУВАЊА
БИЗНИС ИНФО
Mинимална плата СИНДИКАТОТ „ПИКИРА“ НА 160 ЕВРА, РАБОТОДАВЦИТЕ АПЕЛИРААТ НА ВНИМАТЕЛНОСТ СО СУМАТА Сојузот на синдикати на Македонија започна кампања за утврдување на минималната плата во Република Македонија. Според проценките на Синдикатот, минималната плата во државата треба да изнесува околу 160 евра, а се разгледуваат две варијанти - дали таа да се утврди на ниво на државата или да се оди на модел на утврдување на минимална плата по гранки. - Станува збор за исклучително значајна активност која веќе 20-тина години не е реализирана. Создадени се сите предуслови да започнеме со отворање на ова исклучително значајно прашање кое сметаме дека треба да вроди со плод и еднаш за секогаш да утврдиме минимална плата која ќе им овозможи социјална и материјална сигурност на работниците, а од друга страна ќе претставува дополнително средство во борбата против сиромаштијата, изјавил претседателот на ССМ, Живко Митрески, а го цитира МИА.
четврток, 5 мај 2011
Синдикатот посочува дека од утврдувањето на минимална плата придобивки ќе имаат работниците затоа што со тоа ќе добијат материјална и социјална сигурност, а од друга страна и работодавците бидејќи ќе се елиминира конкуренцијата и работата „на црно“. Од Организацијата на работодавци (ОРМ) ја поддржуваат иницијативата за утврдување минимална плата, но предупредуваат дека треба да се внимава кога ќе се договара износот на најниска плата затоа што во одредени гранки веќе има утврдено минимална плата. - Во колективните договори на ниво на гранка имаме утврдено одредени износи. Во текстилната индустрија износот е 5.500 денари, а во кожарската 5.200 денари. Значи ќе треба многу да се внимава кога ќе се договара износот на најниската плата на ниво на државата, - истакнала Белинда Николовска, генерален секретар на ОРМ. Скоро две третини од земјите во Европската унија имаат утврдено минимална плата, а тоа го имаат сторено и соседните држави. Во Словенија минималната плата е 599 евра, во Хрватска 380 евра, во Србија 160 евра, Бугарија 123 евра... ОДРЖЛИВА МИНИМАЛНА ПЛАТА Барањата на Синдикатот за определување минимална плата се интересни за Владата и ќе дадеме максимум од наша страна да се дојде до договор. Има реални изгледи да се дојде до таков договор во наредниот период. Тој треба да се постигне во разговори со синдикатите и во консултација со работодавачите за да биде одржлив.
Митревски најавил дека прашањето за утврдување на минимална плата ќе биде институционално покренато на Економско-социјалниот совет веднаш по конституирањето на новата Влада.
М-р Никола Груевски (Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија)
ПОГЛЕДИ КРАТЕЊЕ И НЕПОЧИТУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА
РАБОТНИЦИТЕ ПОЗАШТИТЕНИ ОД ОД РАБОТОДВЦИТЕ!
Години наназад бележиме намалување на работничките права во земјава. Од лани има тренд на враќање на некои права, стандарди и принципи. Сепак, проблемот не е само во кратењето на работничките права туку и во досегашното нивно непочитување. И м а м е п о д о б р е н а комуникација со трудовиот инспекторат и сметам дека со нивните зголемени интервенции овој проблем ќе се намали.
Работничките права во целост се почитуваат. Со превисоките глоби кои значат стечај за помалите компании мислам дека се создаде дури и преголема дисциплина на овој план. Но има еден друг проблем. Дали законот ги штити работодавците од „лошите“ работници. Факт е дека работниците уживаат поголеми права во однос на работодавците. Така, работник може да го раскине работниот однос само со писмена изјава, додека пак работодавецот не може, освен во одредени случаеви предвидени со законот. Сметам дека обврските и одговорностите на работодавецот се далеку поголеми од тие на работникот. Но, тоа е проблем на законодавецот.
(Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија)
(Димитар Стојановски, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија)
четврток, 5 мај 2011
БИЗНИС ИНФО
„Витаминка“ со пет нови производи на пазарот НОВИ ВКУСОВИ ПО ЖЕЛБА НА ПОТОШУВАЧИТЕ
7
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
„Цевитана ананас“ и „Цевитана Валенсија портокал“ се витамински инстант пијалаци кои содржат девет витамини неопходни за нормално функционирање на организмот. Освежуваат и го зголемуваат внесувањето на витамини во секојдневната исхрана. Фрути бисквитите од вишна и малина се десерт од мек бисквит и овошно желе прелиено со висококвалитетно млечно чоколадо. „Деспина“ е интегрален бисквит со овесни снегулки, богат со природни диетални влакна прелиен со темно ниско калорично чоколадо. Претставува совршен баланс на здраво и вкусно.
изработена без арматура со посебен бетон кој не создава пукнатини и е отпорен на мрзнење. Нејзината висина ќе изнесува 69 метри со должина на круната од 118 метри, а нивото на круната ќе биде на 364 метри надморска височина. Ќе биде направена од бетонски болокови од кои подложните ќе бидат со ширина од 10 метри, а завршните ќе бидат широки два метра. Во неа ќе бидат вградени 29.000 метри кубни бетон. ХЕ „Св. Петка“ (Матка 2) е алката која недостасува за оптимално искористување на хидропотенцијалот на реката Треска за производство на електрична енергија. Лоцирана меѓу ХЕ „Козјак“ (околу 16 километри од „Св. Петка“) и постојната ХЕ „Матка“, лоцирана низводно. Со корисниот простор на акумулацијата долга 11 километри, ХЕ„ Св. Петка“ заедно со расположивиот корисен акумулационен простор од постојната акумулација „Матка“, треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од ХЕ „Козјак“, во согласност со потребите на останатите водокорисници низводно од ХЕ „Матка“ (водоснабдувањето, наводнувањето, биолошкиот минимум и други потреби). Со паралелна работа на ХЕ „Козјак“ и ХЕ „Св. Петка“, ќе се добие дополнителна расположива моќност од 116,4 мегавати во електроенергетскиот систем на Република Македонија. Главен изведувач на Хидроцентралата „Св. Петка“ е словенечки „Рико“, а проектатн „Енергопроект“ од Белград. Подизведувач на браната е „Гранит“, а на машинската зграда „Бетон“. Предвидено е во Хидроцентралата да бидат вградени турбини на „Литострој“ од Љубљана, генератори на австриски „Ватек“, опрема за управување од „Сименс“, заштита „АББ“ и трансформатори од „Енгра“ од Љубљана.
Хидроцентралата „Св. Петка“ се очекува да биде пуштена до крајот на годинава ИНВЕСТИЦИЈА ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ГОДИШНО ПРОИЗВОДСТВО ОД 66 ГИГАВАТ ЧАСОВИ СТРУЈА
Рафинерија „ОКТА“ РЕКОРДЕН ПРОФИТ ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА
Директорот на АД „Електрани на Македонија“ Влатко Чинговски очекува до крајот на годинава да биде пуштена во употреба Хидроцентралата „Св. Петка“ на чија изградба интензивно се работи во три смени со по 200 работници. Хидроцентралата, чија изградба ќе чини околу 70 милиони евра, ќе биде со инсталирана моќност од 36,4 мегавати и годишно производство од 66 гигават часови електрична енергија. - Најтешкиот дел од изведбата на браната е веќе зад нас и очекуваме браната да биде готова во предвидениот рок до крајот на годинава и да биде ставена во функција. Се надеваме дека наскоро ќе отпочнеме со изградбата и на хидроцентралите „Бошков Мост“ и „Луково Поле“ како приоритетни проекти за ЕЛЕМ, изјави Чинговски при посетата на ХЕ „Св. Петка“, а пренесува МИА. - Моментално се работи на бетонирање на влезните доводни органи во машинската зграда, а паралелено се бетонира и машинската зграда. На тој начин ќе се создаде простор да почне монтажа на генераторите. Веќе 90 отсто од опремата е пристигната и се завршени 70 отсто од градежбните работи. Браната ќе биде лачна, со двојна закривеност и
Рафинеријата „ОКТА“ бележи рекордна добивка во првиот квартал од 2011 година. За првите три месеци од годинава „ОКТА“ бележи профит од 4 милиони евра, што е за неполни 3,9 милиони евра повеќе за истиот период минатата година. Лани компанијата прикажала профит од околу 170 000 евра за првите три месеци од 2010 година. Оваа добивка се јавува кога цената на нафтата на светските берзии, како и на домашниов пазар, расте вртоглаво. Во „ОКТА“ најголем акционер е грчката компанија „Балканик Петролеум“ која поседува 83,64 отсто од капиталот. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување поседува 8,46 отсто од капиталот на Рафинеријата, којшто неодамна објави дека ќе го продаде својот удел преку јавна берзанска аукција.
Пет нови производи лансираше „Витаминка“ во изминатите два месеца - „Цевитана“ со вкус на ананас, „Валенсија“ од портокал, „Фрути бисквити“ со овошно желе од малина и вишна, како и интегрални бисквити „Деспина“ прелиени со црно чоколадо. - Ги следиме трендовите и постојано внесуваме иновации во нашите производи за да ги задоволиме барањата и желбите на потрошувачите, креирајќи производ што тие го бараат. Витаминскиот пијалак „Цевитана“, бисквитите „Фрути“ и „Деспина“ им се добро познати на купувачите па сега ќе имаат можност да уживаат во повеќе вкусови кои не изостануваат од веќе добро познатиот квалитет на нашите производи, изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор на „Витаминка“, а го цитира МИА.
8
ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2011
„Алкалоид“ АД Скопје се вклучи во најголемата мрежа за „Дебарски Бањи – Цапа“ го препородија туризмот електронско тргување во регионот ЧАЕВИТЕ GOOD NATURE НА AMAZON.COM ИНВЕСТИРАНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА, БРОЈОТ НА ПОСЕТИТЕЛИ УДВОЕН Чаевите Good Nature на скопски „Алкалоид“ отсега ќе бидат достапни и за пошироката светска јавност, преку Стопанскиот развој на општина Дебар во добар дел најголемата меѓународна компанија за електронско тргување е поврзан и со развојот на бањскиот туризам. Познатите Amazon.com.Inc, преку порталот amazon.com. Оваа компанија термоминeрални води во бањските локалитети во Бањиште ја посетуваат повеќе од 620 милиони потенцијални купувачи и Косоврасти, секогаш биле посетувани од голем број гости годишно, во сите земји во светот. Само во САД, секој месец како од земјава така и од странство. Сепак, „Дебарски Бањи“ овој портал го посетуваат и преку него тргуваат повеќе од по нивната приватизација, речиси го удвоија бројот на 65 милиони луѓе, остварувајќи за 2010 година оперативен посетителите, со оглед на модернизацијата на сместувачките приход од 1.406 милијарди САД долари. капацитети, а локалната власт преку урбанистички решенија создава можности за развој на бањскиот туризам, – објавува Радио Слободна Европа. - Од 15 октомври 2004 година, кога е извршена приватизацијата па се` до денешен ден во реновирање, адаптација и проширување на капацитетите, инвестирани се околу 4 милиони евра“, - подвлекува сопственикот на АД „Дебарски Бањи – Цапа“, Меџит Цапа. Минатата година се реализирани 70 илјади ноќевања што е двојно повеќе во споредба со периодот од пред приватизацијата. Расте и бројот на странските гости. Како дел од богатата понуда на amazon.com, чаевите -Податоците говорат дека минатата година бројот Good Nature на „Алкалоид“ ќе се промовираат и презентираат на странските гости беше над 60 насто, додека оваа бројка на потенцијалните купувачи ширум светот. Овие чаеви на на странски туристи во другите бањи е многу помала, „Алкалоид“ можат, исто така, да се купуваат и преку порталот истакнува Цапа . www.goodnaturtea.com, каде што се прикажани и опишани со Градоначалникот на Дебар, Аргетим Фида, вели своите висококвалитетни карактеристики. „Алкалоид“ АД од дека развојот на општината е тесно поврзан со развојот на Скопје со широката палета органски, овошни и медицински бањскиот туризам. „Дебарски Бањи“ имаат мошне квалитетна чаеви и оваа година, како и минатата, се претстави на Саемот Natural Products Expo West 2011, одржан пред еден месец во Лос Анџелес, САД. КХВ ја одобри третата емисија на НЛБ Нов Пензиски фонд ЌЕ БИДАТ ИЗДАДЕНИ 1200 ОБИЧНИ АКЦИИ ОД ПО 100 ЕВРА ЗА ЕДНА Комисијата за хартии од вредност ја одобри третата емисија на акции на НЛБ Нов Пензиски фонд по пат на приватна понуда со што ќе бидат издадени 1200 обични акции со номинална вредност од 100 евра по акција. Третата емисија, како што соопштува КХВ, се врши заради зголемување на основната главнина со парични влогови. Акциите се наменети за институционалните инвеститори – постојни акционери на НЛБ Нов Пензиски фонд АД - Скопје, односно 612 акции за Нова Љубљанска банка ДД - Љубљана и 588 акции за НЛБ Тутунска банка АД - Скопје. КХВ даде согласност и за измените и дополнувањата на Статутот на Централниот депозитар за хартии од вредност со кои се овозможува акционер на депозитарот да се стекне со акции без ограничување, доколку ги исполни утврдените законски услови за квалификувано учество, наспроти сегашниот максимум од 15 проценти. Со измените се воведува и можност ЦДХВ, освен со државни хартии од вредност, да се стекнува и со сопствени хартии од вредност, а на извршниот директор му се забранува да ги пренесува своите овластувања на трети лица.
термоминарална вода која е многу лековита. Поради ова, локалната власт презема активности за натамошен развој на капацитетите: - Локалната самоуправа за бањските локалитети во Бањиште и Косоврасти реализираше нови урбанистички планови со цел да се овозможи изградба на нови хотелски капацитети, но и рекреативни центри. Со деталниот урбанистички план се дава можност за нови инвестиции што, секако, ќе донесат и развој на бањскиот туризам. Сепак, според градоначалникот на Дебар, локалната власт не е во можност да финансира санација и реконструкција на патните правци во двата локалитета бидејќи тие се регионални патишта. -Неоходни се инвестиции и во однос на патната инфраструктура. Но со оглед дека приходите од ДДВ и персонален данок одат на централно ниво, тогаш има потреба Агенцијата за патишта да ја реализира потребната реконструкција на овие патни правци, - вели Фида во прилогот што го објавува Радио Слободна Европа.
четврток, 5 мај 2011
БИЗНИС ИНФО
9
БАНКАРСТВО
Здружение на банкарство - СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИ ОД БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ Во име на Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, Ве информираме, дека согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, сите банки/штедилници при воспоствување на деловен однос или вршење на трансакција спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот. Овој процес опфаќа идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот физичко или правно лице преку соодветни валидни документи за нивна идентификација (важечка лична карта или пасош за физички лица и тековна состојба не постара од 6 месеци за правни лица) и пополнување Апликација за идентификација/ажурирање на клиент, која во идентична форма се употребува во секоја банка/штедилница. Податоците добиени од овој процес мора да се ажурираат на редовна основа, најмалку секои 2 години. Важечката законска регулатива во Република Македонија предвидува обврска сите банки и штедилници да ја ажурираат базата на своите постојни клиенти со валидни податоци за нивна лична идентификација најдоцна до мај 2012 година. Бидејќи потврдување и ажурирање на податоците за своите клиенти на овој начин го забавува редовното работење на шалтерите во банките и штедилниците и е обемна работа, која одзема време, а со цел исполнување на горенаведените законски обврски, Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, донесе заклучок за поставување сопствен рок за спроведување на оваа акција за ажурирање на податоци (01.05.2011 година) и во неколку наврати ги повика сите физички и правни лица во РМ кои имаат отворено сметки во банките и штедилниците, да пристапат кон истите со цел ажурирање на нивните податоци. Во насока на наведеното, ги известуваме сите наши клиенти, физички и правни лица, дека почнувајќи од 01.05.2011 година, банките и штедилниците ќе ги реализираат услугите за своите клиенти по пополнување на соодветната апликација за идентификација/ажурирање на клиентите и приложување на важечка документација за идентификација. До спроведување на соодветната идентификацијата, работењето со сметките не ќе може непречено да се одвива. Банките и штедилниците ги бараат Вашите лични податоци и податоците за вашата трансакција, единствено со цел да ги почитуваат барањата на важечката законска регулатива, без можност и дискреционо право да постапат поинаку. Воедно, сакаме да Ве известиме дека ажурирањето на овие податоци е и во Ваш интерес, бидејки банките и штедилниците ќе бидат во можност да донесат издржана одлука базирана на повеќе валидни информации и по однос на сите Ваши барања, ќе можат навремено и на точни адресни податоци да ги испраќаат месечните извештаи, соопштенијата и дополнителните материјали со кои се олеснува соработката, меѓу клиентите и нивната банка/штедилница. Со почит,
ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВО ПРИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
На Годишното собрание на акционери беа потврдени Во 2010 година Охридска банка, која е член на резултатите на Охридска банка за 2010 година Групацијата на Societe Generale Group ги постигнала следните резултати: ВКУПНИТЕ ПРИХОДИ ПОВИСОКИ ЗА 84 ОТСТО, вкупните приходи се зголемиле за 84%; БРУТО-ДОБИВКАТА 30,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ нето-банкарскиот приход се зголемил за 9,1%; билансната сума забележала пораст од 34,6% што Охридска банка манифестираше солидна отпорност ја рангира Охридска банка на четврто место во банкарскиот во 2010 година и објави задоволителен резултат за годината сектор во земјата; со остварена бруто-добивка од 30,7 милиони денари. Тоа е капиталот се зголемил за 5 милиони евра. пораст за 6,2% во споредба со 2009 година. Ова претставува позитивен резултат остварен во предизвикувачко Паралелно, Охридска банка ја заврши 2010 година опкружување со одржување пониско ниво на нето-трошокот со успешни перформанси кај клучните банкарски активности, за ризик. особено кај кредитите и депозитите за население и Акционерите ги потврдија резултатите на Банката претпријатија: за 2010 година на Годишното собрание на акционерите Вкупното кредитно потрфолио на Банката се (28.4.2011 година), ги усвоија финансиските извештаи за зголемило за 27% од кои: 2010 година и Одлуката за распределба на добивката. a) кредитите за население се зголемиле за 15%; б) кредитите за претпријатија се зголемиле за 35%. од кои: 18%; од 48%.
Јитка Пантучкова
Депозитната база на Банката се зголемила за 32% a) депозитите од население забелжале пораст од б) депозитите од претпријатија забележале пораст
- Во очекување на зајакнати капитални ресурси, ставајќи значаен акцент на високите стандарди на корпоративното управување, убедена сум дека Банката и понатаму ќе има придобивка од претстојните предизвици и ќе продолжи да прикажува успешни резултати. Нашата цел во 2011 година е јасна: да продолжиме со органски раст на Банката преку рационализација, консолидација на ресурсите и оптимизација на деловната мрежа, што ќе ни овозможи пораст на пазарното учество на кредити, – подвлекла Јитка Пантучкова, претседател на Управниот одбор на Охридска банка, а се цитира во Соопштението на Банката.
10
МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА
БИЗНИС ИНФО
Почна производството во „Улак амбалаж“ во Берово ТУРСКА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА Реализирана уште една странска инвестиција во вредност од близу 1,5 милиони евра. Турската компанија „УЛАК Амбалаж“ ја рестартира некогашната фабрика „Белема“, дел од ОХИС лоцирана во Берово. Стартот на производството го означија премиерот м-р Никола Груевски, вицепремиерот м-р Владимир Пешевски, министерот без ресор Хади Незир, сопственикот на турската компанија Назми Улач, како и турскиот амбасадор во земјава Ѓурол Сокменсуер. - Со отворање на фабриката, затворена конечно во 2005 година, Берово добива една нова свежина, еден нов „кислород“ за поголем број семејства во Берово, истакнал премиерот м-р Никола Груевски, а го цитира МИА. - Ова покажува дека многуте активности преземени во делот на подобрување на бизнис-климата, привлекување инвеститори, ги даваат резултатите и оти во наредниот период со заминување на светската криза и со преземените мерки ќе доаѓаат се` повеќе инвеститори.
Фабриката во стартот ангажира 50-тина вработени, а до крајот на годината се очекува дека тоа двојно ќе се зголеми, бидејќи капацитетот на фабриката го овозможува тоа. Плановите на сопственикот Неџми Улач е до 2013 година двојно да се зголеми капацитетот на објектот. Месечниот промет е 300.000 евра, а со активирањето на сите единици на фабриката додатно ќе има капацитет на производство од 1,5 милиони евра. Направен е првиот извоз од 110.000 евра. Улач потенцира дека интересот за инвестирање во Македонија почнал со телевизиската серијата „Збогум Румелија“ и рекламите на „Инвест Македонија“, а реализирана е по низата средби во Конзулатот во Истанбул и повеќето остварени посети во Македонија. Според вицепремиерот Пешевски, пуштањето на фабриката покажува дека е исправна политиката што ја води Владата на Република Македонија за привлекување странски инвестиции. - Процесот на привлекување инвестиции е сложен, но ова покажува дека знаеме како да го правиме, истакнал Пешевски додавјќи дека е направено многу во период од две години во кои се преземаа активности за реализација на оваа инвестиција. Турскиот амбасадор Ѓурол Сокменсуер потенцирал дека во последните месеци има повеќе инвестици од Турција и оти инвеститорите имаат силна доверба кон Македонија и сакаат да инвестираат тука. Покрај неодамна отворената Европска очна болница во Скопје, Аеродромот во Охрид, како што рекол
четврток, 5 мај 2011
министерот без ресор Хади Незир, според најавите треба да се отвори и Аеродромот во Скопје од концесионерот ТАВ на 8 септември, а може да се очекуваат и други инвестиции. Покрај рестартирата фабрика, во Берово може да се регистрира сериозен напредок во земјоделството и во делот на туризмот, но и во други области. Во „Макстил“ пуштена во работа реконструирана машина за континуирано леење челик ДИНАМИЗИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА СОПСТВЕН ЧЕЛИЧЕН ПОЛУФАБРИКАТ „Макстил“ АД - Скопје ја пушти во редовна работа темелно реконструираната прва машина за континуирано леење на челикот во погонот „Челичарница“. Сложениот технички зафат е изведен целосно самостојно од вработените во „Макстил“ во соработка со „Факом“ и „Бетон“. Машината, како што пренесува МИА од „Макстил“, е услов за динамизирање на активностите во производството на сопствен челичен полуфабрикат. - Со неа ќе се постигне целосна процесна унификација и ќе се искаже погонска подготвеност за реализација на сите потребни димензионални асортимани. Воедно ќе се намалат трошоците за тековно одржување на постројките и ќе се подобри квалитетот на производството, велат од „Макстил“ и нагласуваат дека постојат и можности за натамошно подобрување на производните перформанси на процесната линија и нејзина надградба. Донација од АД ЕЛЕМ за Клиниката за уво, нос и грло во вредност од 75.000 евра СОВРЕМЕН МИКРОСКОП ЗА ИНТЕРВЕНЦИИ СО ГОЛЕМА ПРЕЦИЗНОСТ Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје доби современ микроскоп кој е врв во оптичката хирургија во светот и го користат сите светски клиники. Станува збор за донација на ЕЛЕМ вредна 75.000 евра, пишува скопски „Вечер“ - Микроскопот е составен дел на сите светски клиники. Со него го надградивме конференцискиот дел. Микроскопот го добивме со сите додатоци. Во овој момент клиниката првпат има своја оперативна датотека. Тоа значи дека секоја операција ќе биде снимена на неговиот хард диск и ќе може натаму да ни послужи за едукација и тренинг. Ова е прва голема и значајна донација, рекол директорот на Клиниката, проф. д-р Никола Николовски. Тој истакнал дека микроскопот е подготвен како носач да му биде вграден еден од врвните ласери кои се светски тренд и во себе има модул за роботска хирургија. - Интервенциите со овој ласер се сведени до голема прецизност. Улогата на хирургот е да ги даде координатите.
четврток, 5 мај 2011
БИЗНИС ИНФО
Во изминатите 10 дена со микроскопот се извршени над 20 интервенции, посочил проф. д-р Николовски, кој додаде дека на клиниката има одлични оперативни столови и осветлување, но и дефицит од инструментариум. Директорот на ЕЛЕМ, д-р Влатко Чинговски, рекол дека овој инструментариум ќе овозможи унапредување на здравствените услуги. - Покрај овој инстурментариум на Клиниката за уво, нос и грло, помагаме и на Ургентниот центар во Битола, Клиниката за радиологија, истакнал Чинговски.
Од ланскиот рекорден извоз на земјоделски производи во Струмичко остварени околу 66 милиони евра НАЈГОЛЕМ ПЛАСМАН ВО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ И ЕВРОПСКАТА УНИЈА Од извоз на земјоделски и сточарски производи, преработки и услуги лани во Струмичко беа остварени околу 66 милиони евра. На странските пазари се пласирани над 120.000 тони ран и индустриски зеленчук, ферментиран тутун, грозје, вино, јагнешко месо, конзервиран зеленчук и овошје, а најголеми извозни резултати се остварени на пазарите во соседните земји, но и во земјите од Европската унија, потоа во Украина, Русија, Белорусија и други. – објавува МИА. Ланскиот пласман на земјоделски и сточарски производи на странските пазари од Струмичкиот регион е рекорден и е најголем во последните пет-шест години. Меѓутоа, како што велат во земјоделските здруженија, извозот би бил уште поголем доколку се прифатат барањата на откупувачите за олеснување и забрзување на постапките за царинење на терминалот во Струмица и на граничниот премин кај Ново Село, потоа за обезбедување 24 часовна контрола и инспекциски надзор на замјоделски и сточарски производи, како и побрзо поминување на границата. Како што се очекува, годинава вкупниот извоз на земјоделски производи од Струмичко ќе биде зголемен за пет отсто. Анкетата на „Брима Галуп Интернешнл“ МАКЕДОНЦИТЕ ПРОТИВ КОРИСТЕЊЕ НУКЛЕАРНА ЕНЕРГИЈА Мнозинството граѓани на Македонија се против употреба на нуклеарна енергија како начин за производство на електрична енергија, покажува анкетата што ја спроведе „Брима Галуп Интернешнл“ по катастрофалниот земјотрес и цунамито во Јапонија и истекувањето радиоактивно зрачење од нуклеарната централа „Фукушима“. Против нуклеарна енергија се изјасниле 71 отсто од анкетираните Македонци, 19 проценти ја поддржуваат, а 10 отсто немаат изградено мислење за тоа. За споредба, пред земјотресот во Јапонија и случувањето со „Фокушима“, атомската енергија како начин за производство на струја ја поддржувале 21, а против биле 67 отсто од македонските граѓани. Единаесет проценти немале
11
МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА
конкретно мислење. За земјотресот во Јапонија слушнале 98 отсто од анкетираните Македонци, а 89 проценти знаат за истекувањето на радијација од нуклеарната централа „Фукушима“. Најголем дел (78 проценти) информациите ги добиле од телевизија, а 16 отсто преку интернет. Дека Јапонија бргу ќе закрепне и ќе биде дури и економски посилна од пред земјотресот сметаат 67 отсто од македонските испитаници. Истражувањето на „Брима Галуп“ покажува дека, сепак, меѓу анкетираните во 47 земји во светот, побројни се поддржувачите од опонентите на нуклеарната енергија и тоа 49 наспроти 43 отсто, иако има тренд на намалување на поддршката по земјотресот во Јапонија. Најизразено намалување на поддршката има кај Јапонците од 41 на 34 проценти. Речиси половината од вкупно анкетираните 34.000 лица сметаат дека Јапонија ќе ја надмине кризата и ќе излезе дури и економски посилна од пред земјотресот. Во Македонија со истражувањето биле опфатени 500 испитаници во периодот од 24 до 31 март 2011 година. „ЕМО“ од Охрид ТУРСКА КОМПАНИЈА ПЛАНИРА ПРЕВЗЕМАЊЕ Компанија од Република Турција е заинтересирана за инвестирање во „ЕМО“ од Охрид, изјави. министерот за одбрана Зоран Кoњановски при работната посета на Охрид.
- Позната турска компнија е заинтересирана за вложување во „ЕМО“. Интерес и на Владата е да најде стабилен партнер за „ЕМО“, компанијата да стане стожер на индустријата во Охрид, што ќе обезбеди сигурна иднина и егзистенција за сите вработени, истакнал Коњановски, а го цитира МИА. - „ЕМО“ е фирма гигант со голема важност, како за Охрид така и за државата. Како поранешен директор на РЕК Битола имав одлична соработка со ЕМО, сакам да видам каква е сега состојбата и да дознам од раковоството за активностите што се во тек, рекол Коњановски. Охридски „ЕМО“ е акционерско друштво во кое државата е сопственик на 42 отсто од акциите. Компанијата со околу 1600 вработени се занимава со производство на електрични машини и апарати.
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 5 мај 2011
ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Од есен на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ДОКТОРСКИ СТУДИИ ПО МЕТРОЛОГИЈА На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од есен се очекува са стартуваат докторски студии по метрологија, наука за мерењето и мерните единици. Тоа е овозможено преку „Темпус проектот за креација на трет циклус на докторски студии по метрологија“, што беше второрангиран од 69-те проекти одобрени за финансирање во рамките на конкурсот на Европската програма за развој на високото образование ТЕМПУС
на кој беа пријавени 600 проекти. Координатор и потписник на договорот за проектот е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, што е прв случај тоа да го направи универзитет надвор од Европската унија. Раководителот на проектот проф. д-р Љупчо Арсов, редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје не очекува да има проблеми во процесот на акредитација зашто според него, ФЕИТ ги исполнува сите услови во смисол на кадар и простор. - Во проектот учествуваат 13 партнери. Покрај нашиот универзитет вклучени се и универзитетите во Загреб, Сплит, Приштина и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, кои заеднички ќе ги организираат студиите и ќе ги спроведуват под иста програма. Покрај нив, учестуваат и техничките универзитети од Брауншвајн - Германија, Прага - Чешка, Грац - Австрија, Сарагоза - Шпанија, Гавле - Шведска, Павија - Италија, како и Високата школа за метрологија во Дуе - Франција и Бирото за метрологија на Република Македонија, изјавил за МИА проф. д-р Арсов. Бирото за метрологија како партнер, вели Арсов, е заинтересирано своите кадри да ги едуцира на највисоко ниво, а интерес на ФЕИТ е да ги користи нивните лаборатории и опрема за докторантите. Тригодишниот проект вреден 1.163.755 евра, од кои 10 отсто се
сопствено учество на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје започна на 15 јануари 2010 и ќе трае до 14 јануари 2013 година. Проектот е финансиран од страна на Европската агенција за култура, образование и аудиовизуелност од Брисел. Родова еднаквост во работните односи во Македонија ЖЕНИТЕ РАБОТАТ НА ПОНИСКИ И ПОМАЛКУ ПЛАТЕНИ РАБОТНИ МЕСТА Македонската жена, како и поголемиот дел од жените во светот работи во сектори во кои има пониски примања, а учествува и со голем процент во бројот на невработени. За промена на ваквите состојби потребно е да се утврди минимална плата, и да се работи на нејзино образование, со оглед на тоа што најголем дел од невработените се со основно и во помал дел средно образование, сметаат дел од учесниците на Конференцијата за родова еднаквост во работните односи што во организација на Министерството за труд и социјални работи и Меѓународната организација на трудот се одржа во Скопје. - Анализата на позицијата на жените на пазарот на трудот во Македонија покажува нивно високо учество во категоријата на невработени. Како една од главните причини за ваквата
состојба се традиционалната улога на жената во семејството, но и образовната структура на невработените жени која е многу неповолна. Ова има силно влијание врз можностите за вработување и нивото на заработувачката врз вработените жени што го потврдуваат податоците за просечната нето плата на жените анализирани според нивната школска подготовка, го пренесува МИА министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами. Тој смета дека треба да се работи на поголема примена на законските одредби кои, како што рече, биле усогласени со европското законодавство и во кои биле вметнати директивите на ЕУ од оваа сфера. Бајрами, смета дека засега во најголем дел се применуваат одредбите за еднаквост на платите на мажи и
жени кои работат на исти работни места. Платите, рече тој, треба да бидат еднакви и да се вреднува работното место и обврските кое тоа ги носи. Верена Шмит, специјалист за работни односи и родова еднаквост при МОТ, смета дека ваквите состојби можат да се променат или подобрат со утврдување на минимална плата за сите работници, бидејќи така би се гарантирала и најмалата плата на жените кои во најголем дел работат во пониско платени сектори. Жените се застапени во секторите во кои има пониски примања. Сметам дека во согласност со конвенцијата на МОТ е потребно да се утврди минималната плата која ќе ги има предвид потребните животни примања во државата, со што ќе се подобри состојбата и позицијата на жената во општеството. Мислам дека минималната плата треба да биде законска утврдена и да да се однесува на сите работници, смета Шмит. Според неа, потребно е да се направи и проценка на работните места која, како што рече, исто така ќе придонесе за подобрување на состојбата на жената во сферата на работните односи.
Подобрена заштитата на работниците во фирмите од Прилеп НАЈТЕШКА СОСТОЈБАТА ВО ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА Во последниов период подобрена е заштитата при работа во прилепските фирми, но сепак има одредени исклучоци, оценува претседателот на Регионалниот синдикален совет Лазар Ангелески, а го цитира МИА. Подобрената состојба, нагласил, е резултат на законските одредби за заштитата при работа и регулативата која за фирмите определува високи казни ако не ги спроведуваат законските мерки. - Може да се рече дека полека се подобрува заштитата на работниците на работните места, но тоа не значи дека состојбата е толку добра за да
четврток, 5 мај 2011
БИЗНИС ИНФО
13
ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА
нема проблеми, изјавил Ангелески, признавајќи дека се уште има фирми кои не се придржуваат кон законските мерки. Најтешко е, посочи, во преработувачката индустрија. - Казни се изрекуваат на фирмите што не се придржуваат на законските одредби за заштита при работа, но сепак треба да се зголеми и улогата на синдикалниот претставник кој ќе се грижи за надзорот за примена на мерките за заштита при работа, посочи Ангелески и нагласил дека Синдикатот такви претставници има определено речиси во сите прилепски фирми. Агенцијата за катастар на недвижности со нова интернет услуга ПОРТАЛ СО 2Д И 3Д ФУНКЦИОНАЛНОСТИ Агенцијата за катастар на недвижности воведе нова сервисна услуга за граѓаните и потенцијалните инвеститори што е достапна преку нивната интернет страница. Станува збор за АКН - ГИС порталот со 2Д и 3Д функционалности преку кои се добива графички приказ за одредена парцела
со податоци за самата недвижност, како и тридимензионален приказ на теренот во кој се наоѓа објектот. Сервисот овозможува да се види и конфигурацијата на теренот, односно релјефот и поставеноста на бараната недвижност во просторот, како и да се прочита надморската височина на која било точка на теренот. На потенцијалните корисници порталот им нуди можност за увид во ортофото и топографски карти во различни размери и години на снимање, можност за креирање сопствена геометрија и размена на документи, можност за читање и преземање точки од геодетската мрежа за различни геодетски мерења, увид и пребарувањето по координати за која било точка од територијата на државата, односно парцелата да ја лоцираат на графиката преку координати добиени со GPS уредот и да го видат нејзиниот број. Територијата на Македонија
е прикажана со авионски снимки од снимањето спроведено во јуни 2009 година. Сите услуги што се даваат преку овој портал засега се бесплатни, а до нив се доаѓа преку веб страницата на Агенцијата www.katastar.gov.mk со кликнување на полето „АКН - ГИС портал“. Средствата за 2Д сервисот во висина од 40 илјади евра се обезбедени преку СИДА проектот, а 3Д е реализиран со средства во исто толкав износ од буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности. - Системот им овозможува на потенцијалните инвеститори, од канцеларија или од дома, да дојдат до потребните информации за одредена локација за која се заинтересирани. Може да ја видат конфигурацијата на теренот, релјефот, поставеноста на самата локација, инфраструктурата и доколку најдат погодна локација со кликнување на бројот на парцелата да видат кој е носител на правата на сопственост, појасниla Бети Дукадиновска, раководител на Секторот за дигитализација во Агенцијата за катастар на недвижности на презентација на новата услуга. Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Љупчо Ѓорѓиевски, kako што пренесува МИА, Македонија е една од ретките држави во регионот што ја нуди оваа услуга. Најави дека ќе им биде презентирана на сите заинтересирани низ државата. Од Агенцијата за катастар на недвижности информираа дека во тек е и проект за дигитализација со кој сите катастерски планови ќе бидат дигитализирани. Проектот е финансиран од Светска банка и планирано е да трае три години. УСАИД Проект за креативни бизниси ОТВОРАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МАЛИ И МИКРО ПРЕТПРИЕМАЧИ Со изложба на традиционални и современи македонски рачно изработени предмети, во Музејот на Град Скопје беше отворен тригодишниот УСАИД Проект за креативни бизниси, кој има за цел да поттикне развој на секторот на креативни индустрии, преку креирање можности за вработување и зголемени приходи за креативни микро и мали претприемачи. Партнери во проектот се МАТА (Македонска Артисанска Трговска Асоцијација), Град Скопје, Музејот на Град Скопје и Факултетот за уметност и дизајн при Европскиот универзитет на Република Македонија.
- Овој проект е голема можност за креативците, занаетчиите и дизајнерите од цела Македонија да научат како да ги развијат и продаваат своите производи, не само во Македонија туку и пошироко, изјавила сопругата на американскиот амбасадор, Солве Рикер и почесен претседавач на Одборот на поддржувачи на МАТА, а ја цитира МИА. Претседателот на МАТА, Зоран
Тодоровски иформира дека се работи за проект, кој има за цел да го помогне секторот на креативни индустрии. - Во секторот за креативни индустрии ќе работиме со уметничкото занаетчиство, домашното ракотворење, дизајнот, модниот и графичкиот. Очекуваме како резултат на проектот да генерираме нови 60 работни места и истовремено ќе работиме со веќе воспоставени бизниси на кои ќе им помогнеме да го изградат капацитетот за да може да се справат со пазарните предизвици, рече Тодоровски и додаде дека проектот ќе се спроведува низ цела Македонија. Роберт Вурц, директорот на УСАИД Македонија потенцира дека МАТА е нивен партнер во овој проект кој, како што рече, има за цел да им помогне на занаетчиите и дизјанерите да го зголемат пазарот, да ги зголемат можностите, капацитетот, квалитетот и разновидноста на нивните производи. Љубица Кондијанова, директор на Музејот на Град Скопје додаде дека нивната поддршка тие ја насочиле кон секторите уметничко занаетчиство, применета уметност и дизајн со цел уметниците да ги зголемат своите приходи и нивните дела да бидат што повидливи. - Вклучувајќи се во овој проект, Град Скопје ја презентира својата посветеност во поддршката на креативните индустрии, а особено во зголемување на можностите за генерирање приходи за уметниците, изјави Слободан Ќосев, раководител на Секторот за локален економски развој во Град Скопје.
14
ОПШТИНСКИ БИЗНИС
БИЗНИС ИНФО
Битола УСВОЕН ПРАВИЛНИК ЗА УРЕДУВАЊЕ ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ Општина Битола утврди правилник за определување на обемот на уредување и степенот на опремување на градежното земјиште со комунални објекти и инсталации, висината на надоместокот и начинот на здружување и насочување на средствата за уредување на земјиштето. Од општинската администрација информираат дека уредувањето на градежно земјиште во градски реон опфаќа подготвување и расчистување на земјиштето, додека опремувањето на градежното земјиште со комунални објекти и инсталации опфаќа опремување на земјиштето со основни и секундарни инфраструктурни објекти и инсталации содржани во г е н е р а л н и т е урбанистички планови и плановите за вон населени места. Битола Просечниот надоместок за уредување на градежното земјиште по 1м² изградена корисна површина на објект во градскиот реон ќе се утврдува во зависност од висината на градежната цена по 1м² станбен односно деловен простор, но и други објекти како што се катни гаражи, спортски покриени и откриени објекти, отворени пазаришта, базени, како и за објекти наменети за производство, дистрибуција и сервиси. За реконструкција на објекти во постојниот габарит на објектот општината нема да наплаќа надомест за уредување на градежното земјиште, како и за пренамена од деловен во станбен простор. Од општина Битола потврдуваат дека нема да се плаќа надомест за уредување на градежното земјиште при обнова на објекти кои се срушени од пожари, поплави и снегови и тоа само за градба што одговара на првобитната состојба. Соработка на Старо Нагоричане и Бања Лука УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТУРИЗМОТ Градоначалникот на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ и директорот на туристичка организација на Бања Лука, Остоја Барашин разговараа за заедничко унапредување на туризмот. Тие ги посетија црквата „Св.Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане и спомен - костурницата на Зебрњак, мегалитската опсерваторија Кокино и сите поважни културно историски споменици. Кокино
четврток, 5 мај 2011
- Општина Старо Нагоричане со својот потенцијал, како приоритет го има развивањето на туризам, како еден од основните правци за локалниот економски развој на општината. За таа цел, имаме огромна соработка и подршка од туристичките организации во регионот, рекол градоначалникот Јовановиќ, а го цитира МИА. Нов кредит од Светска банка за општина Ново Село ПАРИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА Општина Ново Село ќе користи нов кредит од Светска банка во висина од 211.000 евра за асфалтирање на локалниот пат од селото Зубово до приклучокот со патот Ново Село – Мокриево, како и за поставување нов асфалтен слој на патот од населеното место Смолари до приклочокот со меѓународната комуникација кон Бугарија. Оваа е втора кредитна линија што локалната самоуправа ја добива од Светска банка за подобрување на патната инфраструктура во општината. Ново Село - Првиот кредит во висина од околу 286.000 евра беше наменет за асфалтирање на патот од населеното место Сушица до месноста Крива Горница, во должина од еден километар, како и за реконструкцијата на мостот во Ново Село на локалниот патен правец кон селото Барбарево, изјави градоначалникот Петар Спасов, а го цитира МИА. Со програмата за изградба и реконструкција на комунални и инфраструктурни објекти асфалтирани се шест улици во населените места Самоилово, Сушица, Ново Коњарево, Мокрино, Мокриево и во Ново Село, за кои од локалниот буџет беа потрошени околу 3,6 милиони денари. Струга ТЕНДЕР ЗА НАБАВКА НА УРБАНА ОПРЕМА Општина Струга распиша тендер за набавка на нови знаци, канделабри и друга урбана опрема.Тендерот следи откако, во изминатиот период во Струга и струшко биле украдени голем број на сообраќајни знаци, патоказни табли, сијалици за осветлување, информираа од локалната самоуправа во Струга. - Ние сме прва и водечка општина во Македонија каде што секоја година распишуваме тендер за набавка на сообраќајни знаци и друга урбана опрема што не е случај со другите градови. За сега, штетата само за оваа година ја проценуваме на нешто повеќе од 50.000 евра, изјавил Рамиз Мерко градоначалник на Струга, а го цитира МИА. Рамиз Мерко Според нивни информации, вели Мерко, кражбите ги врши одредена група на луѓе кои потоа украдените работи ги носат во отпадите за старо железо во Струга, но најчесто во Охрид и во околните градови. Тој најавил дека нивни инспекциски служби деновиве повторно ќе извршат контрола на четирите отпади за старо железо коишто се наоѓаат во Струга.
четврток, 5 мај 2011
БИЗНИС ИНФО
15
СТАТИСТИКА Индустриското производство во март 2011 61,6% од нормалното искористување. Најголемо влијание РАСТ ОД 13,8 ОТСТО на ограничувањето на обемот на производството во март 2011 година имаат следните фактори: недоволната Според податоците на Државниот завод за странска побарувачка со 19,8%, недоволната домашна статистика, индексот на индустриското производство во побарувачка со 17,9%, финансиските проблеми со 12,7% март 2011 година, во однос на март 2010 година, изнесува и неизвесното економско опкружување со 10,6%. 124.5. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен, во март 2011 Индекси на цените на мало и на трошоците година, во однос на март 2010 година, бележи пораст од на животот во април 2011 година 24.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи ЗЕЛЕНЧУКОТ НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛ пораст од 28.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.1%. Според податоците на Државниот завод за Според главните индустриски групи, статистика, индексот на цените на мало во април 2011 производството во година, во однос на претходниот месец, изнесува 100,7, а март 2011 година, во индексот на трошоците на животот 100,3. однос на март 2010 Порастот на трошоците на животот од 0,3% година, бележи пораст е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за кај Енергија за 31.8%, 5,2%, рибата за 0,9%, преработеното овошје за 0,6%, Интермедијарни производите од жито, преработките од риба и млечните производи, освен производи за 0,5%, месото и јајцата за 0,4%, свежото и енергија за 23.6%, киселото млеко и алкохолните пијалаци за 0,2%. Капитални производи Во април, пораст на индексите на трошоците на за 47.4%, Трајни животот е забележан и кај превозот на патници за 2,9%, производи за широка потрошувачка за 150.2% и Нетрајни садовите и приборот за домаќинствата за 1,4%, услугите производи за широка потрошувачка за 9.3%. за образование и Индексот на индустриското производство во останати услуги, периодот јануари - март 2011 година, во однос на периодот неспомнати на јануари - март 2010 година, изнесува 113.8. друго место за 1,3%, услугите за одржување на станот Деловни тенденции во прерабoтувачката индустрија за 1,1%, средствата во земјава за хигиена за 0,6%, РАСТЕ ОПТИМИЗМОТ НА МЕНАЏЕРИТЕ материјалите за одржување на станот Според податоците на Државниот завод за за 0,4%, трошоците за одржување на автомобилите за статистика, менаџерите ја оценуваат економската 0,3%, облеката и мебелот за 0,2%. состојба на деловните субјекти во март 2011 година како Намалување на индексот на трошоците на животот поповолна во однос на претходниот месец, како и во во април 2011 година, во споредба со претходниот однос на март 2010 година. Оценката за обезбеденоста месец, е забележано кај мастите за 2,2%, безалкохолните на производството со порачки е поповолна во однос пијалаци за 1,7%, овошјето за 0,6% и преработките од на претходниот месец. Обемот на производството на месо за 0,4%. деловните субјекти во март 2011 година бележи пораст во Исто така, намалување на индексот на трошоците споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на животот е забележано и кај електричните апарати на производството во за домаќинството и сообраќајните средства за 0,6%, наредните три месеци нафтените деривати за 0,4%, обувките и ПТТ услугите за се поповолни, како и 0,2%. очекувањата за бројот Индексот на цените на мало во април 2011 година, на вработените. Во во споредба со април 2010 година, бележи пораст од 4,6%, март 2011 година, а трошоците на животот бележат пораст од 4,8%. залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните Бруто и нето- плати по вработен набавки на суровини во февруари 2011 година и репроматеријали, се БРУТО-ПРИМАЊАТА БЛИЗУ 500 ЕВРА под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во март 2011 година се зголемени во споредба со Бруто-плати претходниот месец. Според оценката на менаџерите, во наредниот Според податоците на Државниот завод за период, просечните набавни цени на инпутите ќе статистика, индексот на просечната месечна исплатена се зголемат, како и продажните цени на готовите брутоплата по вработен, во февруари 2011 година, во производи. Просечното искористување на капацитетите однос на февруари 2010 година, изнесува 100,9. Ваквото на деловните субјекти во март 2011 година изнесува зголемување се должи, пред сe, на зголемувањето на
БИЗНИС ИНФО
16
СТАТИСТИКА
просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во секторите: Други услужни дејности (19,4%), Рударство и вадење на камен (13,6%) и Уметност, забава и рекреација (8,9%). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (15,3%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8,2%) и Транспорт и складирање (4,8%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2011 изнесуваше 30 032 денари. Во февруари 2011 година, 2,2% од вработените во Република Македонија не примиле плата. Нето-плати Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, изнесува 101,0. Ваквото зголемување се должи, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен во секторите: Други услужни дејности (19,3%), Рударство и вадење на камен (16,2%) и Уметност, забава и рекреација (9,1%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,5%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8,6%) и Транспорт и складирање (4,9%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2011 изнесуваше 20 433 денари. Во февруари 2011 година, 2,2% од вработените во Република Македонија не примиле плата. *** Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена бруто и нето плата. Месечните индекси на просечната исплатена бруто и нето плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). Доктори на науки во 2010 година НОВИ 157 ВРВНИ СТРУЧЊАЦИ, ПОЛОВИНАТА ВРАБОТЕНИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година, звањето доктор на науки го стекнале 157 лица што претставува зголемување за
четврток, 5 мај 2011
31.9% во споредба со 2009 година. Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 52.9% и хуманистичките науки, 24.2%, а потоа следуваат техничко - технолошките науки со 8.3%. Останатите лица докторирале во областа на медицинските науки и природно - математичките науки. Учеството на жените кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2010 година изнесува 80 кандидати што претставува 51.0% од вкупниот број лица кои докторирале во 2010 година. Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 51.6%, својата професија ја вршат во образовната дејност. Анкета за мислењето на потрошувачите во април 2011 ДОВЕРЛИВОСТА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 1,09 ПРОЦЕНТИ Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во април 2011 е зголемен за 1.09 процентен поен во однос на вредноста од претходниот месец. Зголемувањето е резултат на поволните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, како и очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во наредните 12 месеци. Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, во април 2011 се поповолни во споредба со очекувањата од претходниот месец. Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во април 2011 се поповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, додека тие се понеповолни во однос на април 2010 година. Во април 2011 година домаќинствата оцениле дека економската состојба во државата е поповолна во споредба со претходниот месец, додека очекувањата за невработеноста во следните 12 месеци се понеповолни во споредба со нивната оценка од претходниот месец. Извршени и договорени градежни работи во странство во првото тримесечје од 2011 година ПРЕПОЛОВЕН БРОЈОТ НА СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-март 2011 година, вкупната вредност на извршените градежни работи во странство изнесува 273 775 илјади денари што е за 7,8% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство договорила
четврток, 5 мај 2011
БИЗНИС ИНФО
17
СТАТИСТИКА индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2011 година, во однос на март 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 2.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.8%и кај Капитални производи за 4.8%. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - март 2011 година, во однос на периодот јануари - март 2010 година, изнесува 100.9.
градежни работи во вкупна вредност од 1 602 444 илјади денари што е за 52,1% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Хрватска, Романија, Украина и Косово, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Австрија и Холандија. Индекси на прометот во секторот Трговија во февруари 2011 година ПОРАСТ ОД 15 ОТСТО Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во секторот Трговија на големо и на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, изнесува 115. Гледано по оддели, во февруари 2011, во однос на февруари 2010, прометот бележи опаѓање во одделот Трговијата на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка за 19,0%, во одделот Трговија на големо е забележан пораст за 1,2%, а пораст е забележан и во одделот Трговија на мало за 36,8%. Бројот на работниците во индустријата во март 2011 година зголемен за 1,1 отсто ВО РУДНИЦИТЕ НАЈМНОГУ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 101.1. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2011 година, во однос на март 2010 година, е зголемен за 3.7%, во Преработувачката индустрија е зголемен за 0.6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е зголемен за 4.0%. Според главните
МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА За две години во Хрватска затворени повеќе од 122 илјади работни места ПРОСЕЧНАТА СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ ГОДИНАВА ДО 18,5 ОТСТО Во Хрватска во изминатите две години се затворени повеќе од 122 илјади работни места, најмногу во преработувачката индустрија, трговијата и градежништвото. За запирање на тој тренд потребен е годишен раст на БДП од барем два отсто, оценуваат експерти.
- Толкав годишен раст Хрватите може да очекуваат дури следната година, додека за 2011 година се очекува раст од само еден отсто, изјави Дарко Орачиќ аналитичар од Хрватскиот завод за вработување. Во оваа година просечната стапка на невработеност би требало да биде околу 18,5 осто, објавуваат загрепски електронски медиуми. Економскиот аналитичар на Сплитска банка, Здеслав Шантиќ проценува дека првите знаци за закрепнување ќе бидат во втората половина од идната година, а сериозно закрепнување дури во 2013 година. - За креирање нови работи места потребен е раст од 3-4 отсто БДП, што Хрватска поради низа проблеми не може да го постигне во краток период, - вели тој. Аналитичарот од Рајфајзен банка, Зринка Живковиќ Матијевиќ очекува почеток на мал економски раст во втората половина од оваа година поради успешна туристичка сезона. Орачиќ сепак предупредува дека хрватското закрепнување поради политика на стабилен курс, е зависно од приливот на странски пари кои засега изостануваа поради должничката криза во дел од европските држави, а се заканува и опасност од извоз на стоки во земјите од еврозоната.
18
РЕГИОН
БИЗНИС ИНФО
Оценка на Европската комисија за балканските кандидати за членство во ЕУ
четврток, 5 мај 2011
се повикува на целосно гарантирање на слободата на изразување. Само стабилна политичка клима може да ги испорача самопоставените амбициозни цели на Србија ПАТОТ ТРАСИРАН, АМА ИМА во однос на ЕУ-интеграцијата, - порачува ЕК. Политичките УШТЕ МНОГУ, МНОГУ РАБОТА разлики треба да се изгладат во рамките на воспоставените политички процеси. Часовникот за Србија отчукува и Хрватска е блиску до крајот, но се` уште се потребни ЕУ ќе внимава будно. Борбата против корупцијата и дополнителни финални организираниот криминал е напори. Потребни се додатни поле на коешто Србија има реформи во правосудството и уште многу работа. во борбата против корупцијата Преговорите или и организираниот криминал, отворањето на првите потоа да се обезбедат целосни поглавја меѓу Исланд и ЕУ истраги и процесирања на треба да започнат пред крајот воените злосторства и други на унгарското претседавање видови воен криминал, да се со ЕУ (27 јуни 2011 година). подобри имплементацијата Негативниот резултат од на законодавството со што се референдумот за исплата на уредуваат малцинските права банкарските побарувања на и да се унапреди регулативата Англија и на Холандија, нема за конкурентност и нејзината да влијаат на процесот на примена. Хрватска, заклучно пристапување на Исланд кон со април месец годинава ЕУ. Охрабрувачки е фактот дека „ЗЕЛЕНО“ СВЕТЛО ЗА СТРАТЕГИЈАТА формално затвори 30 поглавја јавното мислење на жителите ЗА ДУНАВСКИОТ РЕГИОН од 35 во преговорите со ЕУ. на Исланд значително се На Црна Гора и` е сменило во полза на ЕУ во Министрите за надворешни работи на ЕУ порачано дека ЕК на фер текот на последната година. дадоа „зелено“ светло за Стратегијата за дунавскиот начин ќе ги препознае Откако ќе се конституира регион, која има за цел развој на економските достигнувањата во процесот на новата турска влада по потенцијали на заедниците по течението на реката стабилизација и асоцијација. изборите во јуни, ЕК очекува Дунав и подобрување на околината на реката. Но, се истакнува дека на да се продолжи со уставните Првите опипливи резултати се очекуваат веќе идната Црна Гора и` е потребно промени во Турција. година. Стратегијата ги вклучува: Австрија, Бугарија, силно раководење со цел Политичките промени во Чешка, Германија, Унгарија, Романија и Словачка, препознавање на потребните Турција во моментот се како и шест не-ЕУ земји: БиХ, Хрватска, Молдавија, приоритети, особено оние кои суштината за процесот на Црна Гора, Србија и Украина. Стратегијата опфаќа: се однесуваат на владеењето пристапување. Процесот поврзување на дунавскиот регион со подобрување на правото. треба да е транспарентен, на мобилноста, одржлива енергетска стабилност На Босна и инклузивен во однос на сите и промоција на културата; заштита на животната Херцеговина и` се порачува политички партии и цивилното средина во дунавскиот регион; просперитет на дека не смее да дозволи општество, невладините регионот преку развој на истражувачки капацитети, заостанување на патот кон организации и воопшто едукација, информатичка технологија, поддршка членството во ЕУ во однос кон јавноста. Се очекуваат на конкурентноста на компаниите и инвестирање на регионот, односно дека поголеми регулаторни таа треба да ја преземе гаранции за слободата на одговорноста сама за себе. медиумите и изразувањето Комисијата очекува да види и нивно спроведување во определеност, политичка пракса. Доколку Турција одговорност и култура на преземе одредени чекори, компромис во земјата. поглавјето “Конкурентност“ Во однос на би можело да биде отворено Македонија се истакнува до крајот на претседавањето потребата од унапредување на Унгарија. на политичкиот дијалог, Во Северна Митровица на правосудните и во Косово, ЕК отвори втор административните реформи, ЕУ информативен центар во како и унапредување на Косово, со цел на граѓаните борбата против корупцијата. да им се овозможи пристап Се повикуваат политичките до информации за ЕУ, за во човечкиот потенцијал; зајакнување на регионот лидери да се придржуваат односите со ЕУ, како и за со подигање на институционалниот капацитет и кон реформската агенда, да интегративните процеси. соработка во унапредувањето на безбедноста и се надминат политичките борбата против организираниот криминал. ривалитети и да се тргне кон Подготвила: Љубица Нури Република Македонија, за жал, кон целиот заедничката стратешка цел овој проект досега се однесуваше незаинтересирано, – пристапување во ЕУ. Се иако тој е составен и значаен дел од Коридорот 10. инсистира на решавање на проблемот со името. Владата
четврток, 5 мај 2011
Албанија лани ја зголемила трговската размена со светот за 20 отсто ИЗВОЗОТ ПОРАСНАЛ ЗА 55,7 ОТСТО, А УВОЗОТ САМО ЗА 11,4 ОТСТО Трговската размена на Албанија со светот лани забележала раст од 20 отсто во однос на претходната година, потврди албанскиот Центар за меѓународна трговија, јавува дописникот на МИА од Тирана. Увозот пораснал за 11,4 отсто, додека извозот за 55,7 отсто.
Лани Албанија извезла стока во вредност од околу 1,2 милијарди евра, што претставува историски рекорд во извозот забележан досега. Во исто време забележан е и пад на трговскиот дефицит. Дефицитот лани паднал на 20 отсто споредено со 2009 година кога тој изнесувал 28,7 отсто. На почетокот од годинава се влошува трговскиот биланс на Албанија во размената со странство ЗАГУБИ ВО ТРГОВИЈАТА СО СОСЕДИТЕ И ЗНАЧАЈНИТЕ ТРГОВСКИ ПАРТНЕРИ Албанија забележува загуба во трговската размена со соседните земји и нејзините трговски партнери, потврди државниот Инстутот за статистика (ИНСТАТ), - јавува дописникот на МИА од Тирана.
Драч
Последните податоци говорат за пад на извозот и зголемување на увозот, во текот на месец март. Како
БИЗНИС ИНФО резултат на влошениот трговски биланс на земјата, зголемен е дефицитот, кој во моментот изнесува 26 милијарди лека (141.88 лека = 1 евро). - Во месец март 2011 година извезена е стока во вредност од 16,9 милијарди лека, што е помалку за 15,4 отсто споредено со месец февруари 2011, но сепак забележан е раст за 16,5 отсто споредено со март 2010 година. Во овој период увезена е стока во вредност од 43 милијарди лека, што е повеќе за 13,9 отсто споредено со февруари годинава и раст од 12,6 отсто споредено со март лани. Трговскиот дефицит во март изнесува 26 милијарди лека, забележувајќи раст од 47,2 отсто споредено со февруари, и пораст од 10,2 проценти споредено со март 2010 година, изјави претставничката на ИНСТАТ, Елса Дули. Оваа инситуција констатира пад и кај увозот на луксузна стока, како што се моторните горива, цигарите, алкохолните појалаци и кафето. Според податоците за март, увозот на акцизна стока достигнал вредност од 4,1 милијарди лека забележувајќи раст од 2,1 отсто споредено со февруари. Почна изградбата на тунелот на превојот Краба во Албанија ЗА ГОДИНА ИППОЛ ЕЛБАСАН ПОБЛИСКУ ДО ТИРАНА Започнала изградбата на тунелот на превојот Краба, што е дел од автопатот Тирана-Елбасан, јавува дописникот на МИА од Тирана. На одржаната свеченост пред првомајските празници премиерот Сали Бериша оценил дека по „автопатот на нацијата, Драч-КуксМорина“ ова е второ огромно дело во историјата на Албанците. - Почнавме да го реализираме сонот на милиони патници. За 18 месеци ќе биде завршена изградбата на автопатот Тирана-Елбасан. По патот на нацијата, Драч-КуксМорина, автопатот Тирана-Елбасан претставува второ огромно дело кое се гради во историјата на нашиот народ, со кое Елбасан ќе биде многу поблизок на Тирана, - изјавил Бериша. Автопатот Тирана-Елбасан ќе биде во должина од 31,17 километри со четири ленти и два тунела во вкупна должина од 4,3 километри, ќе има седум надвозници, четири
19
СОСЕДИ - АЛБАНИЈА
подвозници, а дозволенета брзина на движење ќе биде 110 км на час. На тендерот како најповолен понудувач беше избрана грчката фирма „Актор“. Вкупната инвестиција за изградбата на автопатот е 36 милијарди леки (253 милиони евра), додека за тунелите 15,4 милијарди леки (108 милиони евра). Светска банка и одобри кредит од 25 милиони долари на Албанија ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА НА СОЦИЈАЛАТА И ЗДРАСТВОТО Светска банка и одобри на Албанија кредит во износ од 25 милиони американски долари за подобрување на ефикасноста во социјалната заштита и подигање на повисок степен на ефикасноста и рамноправноста на финансирањето во здравството. Кредитот за развој и реформи во секторот на социјалната политика има за цел да ги поддржи и подобри програмите за социјална помош, да се подобри пристапот до сиромашните и лицата кои немаат можност да ги користат услугите од социјалната заштита и здравстените услуги, се наведува во соопштението од канцеларијата на оваа инситуција во Тирана. Албанија е членка на Светска Банка од 1991 година. Од тогаш оваа инситуција има поддржано 69 проекти во вредност од 1,4 милијарди долари, како и други десет проекти од ИФЦ со вкупна вредност од 185 милиони долари. Моментално во земјата има 15 активни проекти во секторот на социјалната политика, здравство, образование, природни извори, водовод-канализации и енергетика, комунална инфраструктура и администрацијата на јавниот сектор.
20
СВЕТ
БИЗНИС ИНФО
Русија со намера да создаде единствена економска и визна зона со ЕУ ПРЕОСТАНУВА ИЗБОРОТ НА ТЕМПОТО И ФОРМАТА НА ИНТЕГРАЦИЈАТА Рускиот премиер Владимир Путин, при неодамнешната посета на Шведска, ги истакна намерите на Москва да биде создадена единствена економска и визна зона со ЕУ. На прес-конференцијата по средбата со шведскиот премиер Фредрик Рејнфилд, Путин признал дека овој проект е поврзан со надминувањето на голем број технички проблеми. - Фактот дека иднината на Русија и на европските земји не може да се гарантира без соработка и интегрирање, е неоспорен, истакнал Путин, додавајќи дека прашањето сега се доведува до „избор на темпото и формата на оваа интеграција“.
четврток, 5 мај 2011
Иако цената на суровата нафта од септември скокна за 40 долари, аналитичарите сметаат дека ќе биде потребно да се случи нешто вонредно за да достигне ново рекордно ниво или пореметување на понудата поради новите немири на Средниот исток, или пак ако Фед ја намали вредноста на доларот.
Вашингтон
Тој дал пример со неодамнешната одлука на Русија да ги обнови патувањата со ферибот меѓу Санкт Петербург и Стокхолм и да им дозволи на шведските туристи да ја посетуваат Русија без визи. - Со тоа Русија го прекрши принципот на реципроцитет за визните прашања, но се надеваме дека и Шведска и ЕУ ќе го оценат овој наш чекор, - нагласил Путин. Како одговор на тоа шведскиот премиер Рејнфилд истакнал дека земјите од Шенген-договорот немаат право еднострано да решаваат визни прашања, но изрази надеж дека на крај преговорите за воведување безвизен режим за руските граѓани ќе завршат успешно. Оптимизам на економистите за американското стопанство СЕКОЕ ТРОМЕСЕЧЈЕ СО ЗАБРЗАН РАСТ Американското стопанство моментално е доволно силно да ги издржи немирите на Блискиот исток и јапонската нуклеарна криза, а тоа што сега може да го успори е само големото поскапување на нафтата, оценуваат врвни економисти. Eкономистите изразуваат се поголема доверба во обновата, која почна пред две години, а очекуваат стопанскиот раст да се забрзува секое тромесечје оваа година. Фактор кој може да предизвика нова рецесија е растот на цените на нафтата на 150 долари по барел, од сегашните 112 долари. Барел нафта во летото 2008 година, кога цената беше рекордно висока, чинеше 147 долари.
Економистите сметаат дека цената на бензините во САД, која сега е во просек 3,87 долари по галон и постојано расте, до летото ќе се стабилизира, а на есен ќе падне на 3,50 долари. Покрај тоа, тие сметаат дека економијата ќе расте во овој квартал по годишна стапка од 3,2 процента, во третиот квартал по стапка од 3,4 отсто, а во четвртиот 3,5 отсто. Работодавците ќе вработат повеќе луѓе. Стапката на невработеност која сега е 8,8 отсто, ќе падне на 8,4 отсто до декември. Тоа е по оптимистички од пред три месеци. Сега економистите веруваат дека оваа година ќе отворат 2,1 милион нови работни места, двојно повеќе во однос на минатата година, кога тој број изнесуваше 940.000. Просечната надница за еден час, која во изминатата година не се зголемуваше доволно за да ја следи инфлацијата, ќе се зголеми, а најдоцна во почетокот на идната година ќе ја надмине стапката на инфлацијата. Потрошувачката ќе расте 2,8 отсто во оваа година. Тоа е нешто послабо од предвидувањата пред три месеци, но повеќе од ланската година, кога растот беше 1,7 отсто, бидејќи се уште се чувствуваа последиците од рецесијата. Инфлацијата оваа година ќе изнесува 2,8 отсто, повеќе од проценките пред три месеци и тоа главно поради растот на цените на енергијата и храната. Тоа е повеќе од минатогодишните 1,5 отсто, но сепак помалку од просечната инфлација од 3,2 отсто во изминатите 30 години. Солидната побарувачка во земјата и странство ги заживеа американските фабрики, чие производство во првиот квартал растеше четири пати побрзо од вкупното стопанство. Сепак, депресираните цени и продажбата на недвижнини во многу делови во САД претставуваат товар за економијата. Јапонскиот земјотрес и цунамито ги успорија испораките на некои делови за индустријата, но не толку за да наштетат на американската економска обнова. Уште еден фактор за зголемениот оптимизам е и растот на вработувањата. Компаниите два месеца по ред вработија повеќе од 200.000 луѓе, што се случи првпат за пет години. Управата за федерални резерви (ФЕД) на САД подготвува мерки за зајакнување на доларот, изјави директорот на американската Централна банка Бен Барнанке.
четврток, 5 мај 2011
БИЗНИС ИНФО
Бен Барнанке - Оценуваме дека силниот и стабилен долар е во интерес како на американската така и на светската економија, - наведе Барнанке. Тој истакна дека е убеден оти американската економија ќе продолжи да расте во 2012 и во 2013 година. Од почетокот на годината доларот изгуби 6,5 процентио од вредноста во однос на водечките валути. Инаку, Управата за федерални резерви ја намали прогнозата за раст на БДП на САД за 2011 година на 3,1 до 3,3 отсто во споредба со 3,4 до 3,9 прогнозирани во јануари. Централната банка на САД има пооптимистички очекувања по однос на невработеноста отколку во јануари, и предвидува таа да се намали до 8,4 отсто во крајот на годината (од 8,8 до 9 отсто во јануарските анализи). ФЕД очекува сериозно зголемување на инфлацијата во граници од 2,1 до 2,8 отсто поради скок на цените на нафтата во последно време.
21
СВЕТ
цигари, веќе отчукува здравствената темпирана бомба, која ќе предизвика страшни последици во општеството, ако не се преземат ригорозни мерки. Во таа смисла одлуката на владата сепак има, барем иницијално, големо значење. Меѓутоа, решеноста на Кинезите да ја спроведат оваа мерка е под знак прашалник. Слични, навистина, привремени забрани се воведоа во текот на Олимписките игри во 2008 во Пекинг и минатата година во текот на „Експо изложбата“ во Шангај, но ретко се почитуваа и никој не беше задолжен за нивно спроведување. И новите прописи се недоречени и делумни. Министерството за здравство околу забраната наведе дека пушењето ќе биде забрането „внатре во јавни места“ и дека автоматите за продажба на цигари не можат да бидат сместени во јавни објекти. Меѓутоа, државниот печат пишува дека забраната не важи за канцелариите и фабриките, а нејасно е дали оваа мерка стриктно ќе се почитува и во баровите, рестораните и во јавниот превоз. Тутунот убива повеќе од милион луѓе секоја година во Кина, каде еден вид на цигари можат да се купат за помалку од 46 центи.
Кина, најголематиот производител и потрошувач на цигари во светот, го забрани пушењето во јавните објекти ТЕШКА ЗАДАЧА ЗА ИСКОРЕНУВАЊЕ НА СТАТУСНИОТ СИМБОЛ Кинеските власти, следејќи ја праксата на Западот, неодамна воведоа забрана за пушење во јавни простории, но со оглед на кинеската реалност забраната се смета за делумна и непрецизна одлука и малкумина очекуваат дека таа ќе има влијание на населението кое е зависно од тутунот. Со одлуката за забрана која се однесува на целата земја, властите сакаат во Кина која има над 300 милиони пушачи, речиси исто колку целата популација на САД, да воведат прописи и мерки за заштита на здравјето, какви што постојат во развиените земји. Првите денови од спроведувањето на забраната покажаа дека тоа е тешка задача без да се спроведат остри казни кои следат. Тутунот пуштил длабоки корени во Кина и од секогаш бил статусен симбол. Уживателите на добра цигара ќе запалат на секое место, па дури и во текот на ручекот, а многумина наместо да ве поздрават на улица ќе ве понудат со цигара и со тоа ќе ви понудат можност за опуштен разговор. Малкумина сметаат дека оваа забрана ќе има големо влијание. Во Кина во хотелите и рестораните луѓето пушат дури и покрај знак за забрането пушење. Кога јадете со пријатели, повеќето од присутните и не прашуваат дали е во ред да запалат, а менаџерите на рестораните ретко ги предупредуваат гостите кои пушат. Многу здравствени експерти предупредуваат дека во Кина, најголем светски производител и корисник на
Во специјализираните продавници за цигари во повеќето градови може да се најдат над 600 видови на цигари со разни ароми и со посебни додатоци, чија цена се движи и над 500 долари по кутија. Кинеските и странските експерти предупредуваат дека смртноста од пушење може три пати да се зголеми до 2030 година. Не треба да се биде експерт за да се види дека државниот монопол на тутунската индустрија која донесува една десетина од приходите од даноците, е најголема пречка за напорите во кампањата против пушење. До сега, исто така немаше ни поголеми национални јавни кампањи за спроведување на забраната. Мерките за реализација како и казните не се јасно поставени. Упатствата велат дека „операторите на јавни работни места“ мора да стават знаци за „забрането пушење“ и да преземат иницијатива да ги спречат пушачите да палат цигари. Дури и кинеската државна агенција Ксинхуа објави дека забраната „веројатно ќе ја игнорираат пушачите, управите на јавни објекти, како и граѓаните воопшто, поради нејзината недореченост“, укажувајќи на нејаснотиите во поглед на казните и јасната примена.
22
КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС „Гугл“ најпрестижна компанија во САД РАБОТОДАВЕЦ ШТО МОЖЕ САМО ДА CE ПOCAKA Компанијата „Гугл“ е прва на листата најпрестижни компании во САД врз основа на анкетата што ја спроведе компанијата за истражување на пазарите „Харис интерактив“.
Во истражувањето, во кое се анкетирани 30.000 луѓе, се оценувале компаниите врз основа на 20 точки, а 16 фирми добиле „одлична“ оценка. На врвот на листата се најдоа најмногу компании од високотехнолошкиот сектор. Покрај „Гугл“, се позиционираа и „Епл“ (петто место), „Интел“ (шесто), „Амазон“ (осмо) „Сони“ (14) и „Мајкрософт“ (16-то место). Најслаби резултати покажаа банките, осигурителните и нафтените компании. На последните позиции се најдоа „Банка на Америка“, „Ситигруп“, „Крајслер“, „Голдман Сакс“, „БП“ и „АИГ“. Комапнијата „Гугл“, најпопуларниот интернетпребарувач, минатата година врз основа на две независни анкети е прогласени за најпривлечен работодавач во САД. „Лукоил“ одбележува 20 години постоење НА РАСПОЛАГАЊЕ 13,3 МИЛИЈАРДИ БАРЕЛИ НАФТА ВО РЕЗЕРВА Нафтената компанија Ограничено акционерско друштво „Лукоил“ годинава одбележува две децении постоење. „Лукоил“, една од водечките компании за нафта и гас во светот, е присутна во 49 земји меѓу кои и Република Македонија. Главната база се наоѓа во Западен Сибир. Поседува 1,3 отсто од
БИЗНИС ИНФО светските нафтени резерви и 2,1 процент од глобалното производство на нафта. Според сопствените резерви на јаглеводород, претставува втора по големина приватна нафтена компанија во светски рамки. „Лукоил“ брои преку 150.000 вработени, има импозантен производствен капацитет и наоѓалишта на нафта во Казахстан, Египет, Азербејџан, Узбекистан, Саудиска Арабија, Иран, Колумбија, Венецуела и Ирак. Продажната мрежа денес зафаќа речиси 40 држави, Русија, Белорусија, Грузија, Молдавија, Украина, Белгија, Чешка, Полска, Молдавија, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Кипар, Босна и Херцеговина, Турција, Латвија, Литванија, Полска, Србија, Романија, Чешка, Естонија и САД... Според завршните пресметки до 31 декември 2010 година, „Лукоил“ располага со 13,3 милијарди барели нафта во резерва. Компанијата чија основна дејност е пронаоѓање нафта и гас, како и преработка, производството и дистрибуција на нафта и нафтени деривати, води посебна социјална и образовна политика, како и политика на заштита на животната средина.
Нивото за општествена одговорност е многу високо. Компанијата вложува значителни средства и во производството на горива со еколошки карактеристики. ОАД „Лукоил“ е формирана во 1991 година како нафтен концерн со соединување на трите најголеми нафтено-преработувачки капацитети во сибирските градови Лангепас, Урај и Когалим. Првите букви на овие градови влегоа и во името на компанијата. Во новата фирма „Лукоил“ се вклучени и нафтените компании во градовите Перм, Волгоград и Новоуфимск. На 17 ноември 1992
четврток, 5 мај 2011
година, во согласност со Указот на претседателот на Руската Федерација, почна трансформацијата на „Лукоил“ во отворено претпријатие. Една година подоцна на берза почнаа да котираат и нејзините први акции. Во Македонија „Лукоил“ засега има 15 бензински пумпи, а до крајот на годинава треба да бидат отворени уште пет, во Охрид, Гостивар, Кочани, Гевгелија, Тетово. Вкупната инвестиција на компанијата изнесува преку 32 милиона долари. На име даноци само лани платила повеќе од 40 милиони евра. „Лукоил Македонија“ ја почна својата комерцијална дејност на 17-ти август 2005 година, согласно Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Владата на Република Македонија и нафтената компанија “Лукоил”. Првата бензинска почна со работа на 1 септември, а официјално беше отворена на 8 септември 2006 година. Се наоѓа на влезот во Скопје, во населбата Камник. Нафтената база во Штип, пак, беше отворена во август 2005 година. Во 2010 година беше одбележен првиот јубилеј – 5 години „Лукоил“ во Македонија, период во кој компанијата значително ги зацврсти своите позиции на македонскиот нафтен пазар и во општествениот живот на земјата. Изминатите пет години компанијата вложи повеќе од 25 милион евра во ширење на малопродажбата. Моментно во „Лукоил Македонија“ работат 200 луѓе. Иако претпријатието се уште се развива, во периодот 2008-2010 година влезе во десетте најголеми плаќачи на даноци во Република Македонија, а според обемот на заработка се наоѓа на 17 место. Благодарејќи на либерализацијата на увозот на гориво во земјата според стандард ЕВРО 5, на пазарот испорачува висококвалитетно гориво од рафинеријата Лукоил Нефтохим Бургас АД.
Пјер Карден го продава својот бизнис ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ВРВНИ КРЕАЦИИ Познатиот француски моден
четврток, 5 мај 2011
креатор Пјер Карден одлучи да го продаде својот бизнис за милијарда евра (1,4 милијарди долари), но планира да остане на работа како креатиевен директор, објави „Волстрит џурнал“. Американскиот финансиски дневник наведува дека 88-годишниот сопственик на модната куќа „Пјер Карден“ одлучи за нејзино продавање бидејќи нема наследник, додавајќи дека засега не е познато кој ќе биде нејзиниот нов сопственик. Карден во интервју за „Волстрит џурнал“ рече дека досега се состанал со инвеститорите од Англија, од Кина и од САД.
БИЗНИС ИНФО Затворена и последната фабрика за производство на машини за пишување ЗАЛИХАТА ОДИ ВО ИСТОРИЈАТА Во Мумбај, во Индија беше затворена последната фабрика во светот за изработка на машини за пишување. На залихи во фабриката “Godrej&Boyce” останаа само неколку стотини машини за пишување, објави „Дејли Меил“. До неодамна тие машини беа составен дел од канцелариската опрема во Индија. Сите производители на канцелариски машини за пишување запреа со производство во 2000 година освен индискиот погон во кој до 2009 година се изработуваа 10.000 до 12.000 парчиња годишно. На залиха се претежно машини за пишување на арапски јазик. Фирмата почна со производство во педесетите години од минатиот век кога тогашниот премиер Џавахарлал Нехру ја
Пјер Карден Вредност на светски познатата француска модна куќа банкарските аналитичари ја проценуваат на околу 200 милиони евра. Самиот Карден признал дека не му е позната прецизната финансиска вредност на неговиот бизнис. После продажбата на модната куќа виталниот моден креатор не сака да оди во пензија иако веќе е во деветтата деценија од животот и планира да остане во компанијата како креативен директор. Пред неколку години Карден веќе планирал да го продава својот бизнис за 500 милиони евра, но тогаш немало купувач. Група кинески компании во 2009 година сакала да го купи бренд „Пјер Карден“ за 200 милиони евра, но познатиот креатор не планирал за таа сума да го продава неговото животно дело. Основана во Франција во 1950 година, компанијата „Пјер Карден“ за шест децении работела не само колекции за женски и машка гардероба, туки и креирала и ентериери за автомобили и минибуси. Производите под брендот „Пјер Карден“ се изработуват во 140 земји во светото врз основа на 800 лиценци.
претстави машината за пишување како симбол на независноста и индистријализацијата на државата.
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Постојано се зборува за енергетската политика, а за климатските промени веќе никому не му е гајле ЛАДЕЊЕ НА ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ Битката против климатските промени се изгуби, а поголемиот дел од јавноста или не верува повеќе во
23
КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС тоа или не и` е гајле. Затоа Обама се обидува да ја промени темата за работните места кога зборува за енергетската политика. „Каде тргна погрешно?“ Наводно, тоа е прашањето кое ја преокупира заедницата на еколозите додека сфаќаат дека борбата против климатските промени просто исчезна. Како што пишува Бред Пламер во „Нова Република“, се` изгледаше
одлично во 2008 година во врска со убедливиот напор кандидатот Барак Обама да остави добар впечаток и да започне со враќањето на порастот на нивоата на океаните. Демократите го држат Конгресот. И Џон Мекејн и Барак Обама ветија дека ќе истуркаат за намалување на испуштањето јаглендиоксид во атмосферата. Корпорациите ја прифатија оваа решеност. Ал Гор и „Непобитната вистина“ изгледа дека омекнаа во јавноста до точка од која можеа да одат заедно со што и да било што ќе го ветеше популарниот претседател. „Наместо тоа, климатското протуркување стана... целосна утка“, - ламентира Пламер. И, се разбира, Пламер е во право, иако нецелосно во причините кои ги изнесува. Климатските прмени се мртви како главна политичка тема во догледна иднина. Не ми верувате? Проверете ги забелешките на Обама во неговото неделно обраќање од минатиот викенд. Се` беше посветено на енергетската политика, а ниту со еден збор не ги спомена климатските промени. Некој ќе забележи дека е тоа чудно, бидејќи без отворање на темата за глобалното затоплување, неговата енергетска политика е наменета само за скоро изгубените до крајно излудените. После се`, ако сакате да создадете неизвозни работни места, ослободете ја Америка од странската нафта или постигнете енергетска независност од Блискиот Исток, ослободени од секаква грижа заради климатските
24
КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС промени или ослободувањето ЦО2 во атмосферата, ќе ги ослободите огромните американски енергетски резерви од јаглен, гас и нафта. Според Конгресниот истражувачки сервис, што тешко ќе го проголтаат „големите нафташи“, САД имаат најголеми
енергетски ресурси од која и да било држава, вклучувајќи ги и Саудиска Арабија или Русија. Но, од друга страна, тоа не е чудно, бидејќи да им кажувате на гласачите дека треба да плаќаат висока цена на гасот заради неефикасната борба со климатските промени ќе биде чесно, но политички немерливо глупо. Неодамнешните анкети покажуваат дека Американците се грижат за економијата повеќе, и тоа многу повеќе отколку за глобалното затоплување. Скептицизмот за постоењето на проблемот или негово решавање расте и во САД и во Европа. Кога анкетарите на Пју во јануари ги прашаа гласачите кои се нивните најважни приоритети, климатските промени се најдоа на второ место одзади. Само претераната здебеленост е помалку важна (не и` кажувајте за ова на Мишел Обама). Дури и авенијата Медисон го забележа ова. „Њујорк тајмс“ известува дека голем број буџетски свесни потрошувачи не се повеќе заинтересирани да издвојуваат повеќе заради таканаречените „зелени производи“. Како резултат на ова, рапидно опадна бројот на нови пријателски-за-Земјата производи. Зошто климатските промени го изгубија својот залет? Пламер наведува некои од причините, иако тој ја намалува штетата што ја направија „зелените“ врз својот кредибилитет благодарејќи на скандалот Клајматгејт од 2009 година и нашироко ги потценија предвидувањата. На пример, Обединетите нации превидоа дека до 2010 година ќе има 50 милиони „климатски бегалци“. Такви никаде не можат да се најдат. Затоа не зачудува што Обама постојано инсистира дека
БИЗНИС ИНФО префрлањето на далеку поскапи и помалку ефикасни енерегетски извори ќе создадат нови работни места. Не зачудува што тој инсистира дека ако сите се качиме во вагонот на брзата пруга, ќе ја победиме иднината. Не зачудува што се обидува да ја промени темата за се` уште непостојните станици за гас и за наводно неверојатно високите субвенции за нафтената индустрија. Тврдењата на Обама се најдобри дубиози. Кинескиот збор за брза пруга е „белиот слон“. „Зелените“ работни места уништуваат повеќе работни места отколку што создаваат, и таму помалку ве плаќаат. Во Шпанија која е омилениот иноватор на чиста енергија за Обама, една студија откри дека за секое новосоздадено работно место се уништуваат 2,2 работни места. Навистина, низ цела Европа масовните инвестици за ветерници и соларна енергија не се исплатија. Може да се посомневаме дека Обама можеби повеќе посакува да бара повеќе нафта и гас само заради политички поени за работните места и економскиот раст. Но, откако се сопна на истражувањата на нафта на отворено море, потоа падна на истекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив, не може повторно да се преврти без да ја разбесни базата. Затоа наведува колку повеќе истражувања на нафта постојат денес, иако тоа е резултат на политиките кои веќе течат низ нафтоводите. Обама и „зелените“ се во деликатна врска. Без економско закрепнување, Американците нема да ги поддржат „инвестициите“ на Обама, но инвестиците на Обама се одложени заради закрепнувањето.
четврток, 5 мај 2011
Energy Associa�on – EWEA) енергијата на ветер треба да покрие 17 отсто од европските потреби за електрична енергија до 2030 година. Меѓутоа, за да се успее во остварувањето на таа цел потребно е драстично подобрување на таа технологија бидејќи во Европа големите крајбрежни фарми на ветерници (offshore wind farms) моментално учествуваат само со 0,3 проценти во задоволувањето на европските потреби за електрична енергија. Овој енергетски сектор треба да се справи со разни предизвици како развој на глобална мрежа на ветерници, подобра политичка поддршка и вклученост во краткорочни енергетски планови на земјите членки. EWEA исто така тврди дека доколку постоечките и планирани европски офшор проекти се имплементираат според планот, тоа ќе покрива 10 отсто од европските потреби за електрична енергија. Ова не би било добро само од енергетска, туку и од еколошка гледна точка бидејќи повеќе од 200 милиони тони емисија на јаглен двооксид би биле избегнати секоја година, со таков процент на енергија од ветерот во целосната побарувачка на енергија во ЕУ. EWEA исто така идентификуваше повеќе од 100 GW офшор проекти планирани во 15 земји членки на ЕУ, но и во останатите европски земји со кои значително треба да се поправи сегашниот процент од 0,3 отсто, кој во секој случај е многу мал со оглед на европскиот потенцијал.
(Лос Анџелес тајмс) До 2030 година ЕУ планира 17 отсто електрична енергија од ветер ПОДРШКА НА РАЗВОЈОТ НА ОФШОР ПРОЕКТИ Енергијата од ветерот е еден од најважните обновливи извори на енергија во Европа. Според
податоците на Европското здружение за енергија на ветерот (European Wind
Андрис Пиебалгс Овој извештај исто така предвидува дека до 2030 година тотално инсталираниот капацитет на офшор проекти ќе изнесува 150.000 MW со производство на електрична енергија од 563 TWh што треба да биде доволно да задоволи од 12.8 отсто до 16.7 отсто целосни потреби за електрична енергија. Меѓутоа, за да се постигне тој процент земјите ќе
четврток, 5 мај 2011
мора да вложат многу повеќе средства во индустријата на ветерот (се предвидува годишните инвестиции да бидат околу 16.5 милијарди евра). Извештајот исто така предвидува дека офшор проектите ќе имаат потенцијал да ја напојуваат Европа повеќе од 7 пати во однос на денешното ниво, произведувајќи 25,000 TWh до 2020, како и 30.000 TWh до 2030 година. EWEA предвидува дека офшор проектите ќе можат да задоволат околу 40 ГЊ до 2020 година со просечен раст на годишната инфлација од 28 отсто – од 366 MW во 2008 до 6,900 MW во 2020 година. Пазарот за офшор проекти се уште не се развива доволно добро како што е тоа случај со проекти на копно кои во период од 12 години од 1992 до 2004 година растеле 32 отсто годишно од 215 MW во 1992 па до 5,74 MW во 2004 година. Ова истражување е спроведено од страна на Комесарот за енергија на ЕУ Андрис Пиебалгс кој наведе дека Европската комисија ќе направи се што е во нејзина моќ да го поддржи развојот на офшор проектите како и да обезбеди остварување на плановите за понатамошен развој на технологијата потребна за подобро искористување на енергијата на ветерот. Тој изјави дека искористувањето на енергијата на ветерот надвор од европските брегови би пружило одговор на глобалните предизвици како што се климатските промени и исто така ќе придонесе за подобро снабдување на Европа со енергија. Многу енергетски експерти се уверени дека иднината за подобро искористување на енергијата на ветерот лежи во офшор проектите, а овој ЕУ проект многу брзо може да покаже дали тие изјави се точни или не. (Европски репортер – Подгорица) Како ќе изгледа светот во 2030? ПОЛОВИНАТА ОД 8,5 МИЛИЈАРДИ ЖИТЕЛИ ЌЕ ЖИВЕАТ СО ПОМАЛКУ ОД 2 ДОЛАРИ ДНЕВНО * Фосилните горива (посебно јагленот) се уште ќе покриваат 75 проценти од енергетската потрошувачка; годишната потрошувачка на нафта ќе изнесува над 100 милиони барели, а ќе се продава по многу повисока цена
БИЗНИС ИНФО Светскиот БДП ќе биде двојно поголем од денес, а глобалната популација ќе се зголеми за 15 проценти, на 8,5 милијарди жители. Просечниот животен век ќе изнесува 72,8 години. Над две милијарди луѓе ќе имаат помалку од 20 години. Над една милијарда луѓе ќе бидат постари од 65 години. Повеќе од 7 милијарди ќе имаат мобилни телефони и ќе ги користат како средство за плаќање. Над 4 милијарди ќе имаат пристап до интернет. Повеќе од 2 милијарди ќе бидат активни блогери. Повеќе од 5 милијарди ќе имаат профил на некоја социјална мрежа, или систем кој до тогаш ќе ги замени мрежите. Над една милијарда луѓе ќе живеат во држави во кои не се родени. Вкупно 60 проценти од светското население ќе живеат во африкански или азиски градови, а половина од нив во гета.
Фосилните горива (посебно јагленот) се уште ќе покриваат 75 проценти од енергетската потрошувачка; годишната потрошувачка на нафта ќе изнесува над 100 милиони барели, а ќе се продава по многу повисока цена. За да се одржи сегашната потрошувачка на храната, светот годишно ќе мора да произведе 20 килограми риба и 50 килограми месо по жител, за кое ќе биде потребно индустријализација на нивното производство. Речиси половина од човештвото ќе преживува со помалку од 2 долара на ден. Во Азија, бројот на сиромашните ќе се преполови (од 60 на 30 проценти), додека во Африка тој број значително ќе се зголеми. Дваесет земји и 48 проценти од светското население, т.е. 3,5 милијарди луѓе ќе страдаат од недостиг на вода. Од друга страна, богатството ќе биде сконцентрирано во рацете на неколку десетици илјади олигарси. Во светот ќе има 30.000 приватни авиони; 1 отсто од населението ќе има 35 проценти од светското наследство. Ако не дојде до значајни редукции или забрани, т.е. до легализација на користење,
25
КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС производство и дистрибуција на дрогата и проституцијата, криминалното стопанство ќе биде 15 отсто од светскиот БДП, т.е. речиси колку што е БДП на Европската унија. Мафии ќе дојдат на власт во многу земји. Мафијата ќе стане еквивалент на ефикасна воена сила. За среќа, ќе биде поделена на фракции, кои ќе водат беспоштедна војна за контрола на пазарот, додека истовремено ќе крадат, ќе напаѓаат и киднапираат чесни луѓе. Меѓународните институции, како државните власти и невладините организации, ќе станат алиби кое се користи светските неправди и ужаси да делуваат поподносливо. Некои од нив ќе исчезнат, поради недостиг на средства, други ќе бидат преземени од страна на криминални стопанства, кои и самите можеби ќе создаваат меѓународни институции, невладини организации и држави, преку кои ќе перат пари. Ова не е научна фантастика, такви држави и невладини организации веќе постојат. Моќниците ќе прават долгорочни планови само да ги елиминираат заканите кои им се надвиснуваат над глава и да ги поразат своите противници, наместо да ги елеминираат опасностите кои се закануваат на човештвото. Соединетите Американски Држави и Кина ќе имаат некое влијание во светот, каде сите ќе повлекуваат се посебични и посебични потези. Европа ќе биде главна жртва за јакнењето на американската сила, па потоа јакнењето на Г2, во чиј состав ќе бидат САД и Кина и на крај следи дислокација на светот. Човештвото потоа ќе претрпе она што ја погодува секоја земја во такви околности: во сеопштото стампедо, најмоќните ќе бараат спас на изолирани места, по острови и бункери; што се однесува до останатите, прв спас ќе бараат во осигурувањето кое ќе го заменат државите во пружањето на заштита; кога ќе сфатат дека осигурувањето е бесмислено, а бегството невозможно, ќе им преостане само забава од секаков вид. Овие два слоја суверено ќе владеат со светскиот пазар. (Естејт џенерал оф д ворлд)
26
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2011
Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Контакт Назив на Проектот
РС - Приштина: Испорака на софтверски лиценци надополнување
Референца
EuropeAid/130172/D/SUP/XK
Финансиска референца
Contract No CFSP/2010/46/EULEX Kosovo — Bout de Marnhac
Вид на набавка
испораки
Финансиер
Европска комисија
Земја
Косово
Објавено на
27.4.2011 година
Краен рок за апликација
29.6. 2011 година
Сектори
Информатичка технологија: Hardware / Equipment / So�ware
Опис на Проектот
LOT 1. addi�onal quan��es for exis�ng licences/add-ons for existing licences. LOT 2. new specialised licences. LOT 3. job-specific so�ware I. LOT 4. job-specific so�ware II. LOT 5. renewal of so�ware assurance for exis�ng Microso� licences for 12 months
Контакт
EULEX at h�p://www.eulex-kosovo.eu/en/tenders/065-securityupgrade.php
Прв контакт.: Szidonia Szekeres, Contrac�ng Specialist sszekeres@usaid.gov Phone: 361-475-4914 Fax: 361-475-4991 Втор контакт: Clement j. Bucher, Regional Contracts Officer cbucher@usaid.gov Phone: 361-475-4032 Fax: 361-475-4991
Назив на Проектот
Интегриран менаџмент за чистење на крајбрежната зона
Референца
WB1493-798/11
Финансиска референца
Project Id No. P086807, Loan Info.: IDA 40830,IDA Q4410, TF 50511, TF 54399,,TF 54400, TF 55065, TF 55922, TF 55924
Вид на набавка
Услуги
Финансиер
Светска банка
Земја
Албанија
Објавено на
28.4.2011 година
Назив на Проектот
Проект за развој на мал бизнис во Македонија
Краен рок за апликација
16.5. 2011 година
Референца
USAIDSOL-165-11-000004
Сектори
Градежништво-инженеринг
Опис на Проектот
Градежен надзор над инженерските услуги за мрежата за водоснабдување и рехабилитација на пречистителниот систем во Саранда
Финансиска референца Вид на набавка
Услуги
Финансиер
УСАИД
Земја
Македонија
Објавено на
27.4.2011 година
Краен рок за апликација
Отворен
Сектори
Економски развој Општествени услуги
Опис на Проектот
Четиригодишен проект за развој на малиот бизнис во Македонија. Се бараа менаџерски, професионални и администаративни услуги
Контакт A�n: Mrs. Majlinda HOXHA, Project Coordinator. Ministry of Public Works and Transport. Project Coordina�on Unit (PCU)/ (3-rd floor, room no. 318). Square: “Sheshi Skenderbej” no. 1 Tirana, Albania. Tel/Fax: (355-4) 227-3738. E-mail: iczmp@abissnet.al; iczmcp@gmail.com Назив на проектот
MK-Скопје: Печатарски работи и други соодветни продукти
Референца
ECZ64818-земји кандидати
Финансиска референца
2011/S 82-135514
Вид на набавка
Услуги
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2011
27
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ
Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Објавено на
28.4.2011 година
Краен рок за апликација
17.6. 2011 година
Сектори
Комуникации, односи со јавноста, информативни услуги
Опис на Проектот
Селекција на издавачки куќи за издавање и печатење на литература од Проектот „Ѕвездите на светската литература“
Контакт Министерство за култура на Република Македонија ул.Ѓуро Ѓаковоќ бр. 61 1000 Скопјр Република Македонија Tel. +389 23240519 +389 23240519 E-mail: inves�cii@kultura.gov.mk Fax +389 23226920 Internet address(es) www.kultura.gov.mk Назив на Проектот
Референца
РС - Приштина: ИПА — поддршка на Министерството за животна средина околина и просторно планирање во водоснабдувањето и мониторинг на водните ресурси надополнување
Назив на Проектот
РС - Приштина: ИПА - поддршка на имплементацијата на разузнавачко-полициски проект Дополнување
Референца
EuropeAid/130895/C/SUP/XK
Финансиска референца Вид на набавка
Испораки
Финансиер
Европска комисија
Земја
Косово
Објавено на
29.4.2011 година
Краен рок за апликација
28.6. 2011 година
Сектори
Iинформатичка технологија Јавна администрација
Опис на Проектот
LOT 1. Испорака на хардвер; LOT 2. Испорака на информатички систем за полиција
Контакт European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary country, Pris�na, KOSOVO Назив на Проектот
РС - Приштина: Mascal (масивни загуби) опрема
Референца
EuropeAid/131348/D/SUP/XK
EuropeAid/130896/C/SER/XK
Финансиска референца Вид на набавка
Услуги
Финансиска референца
Финансиер
Европска комисија
Вид на набавка
Испораки
Земја
Косово
Финансиер
Европска комисија
Објавено на
29.4.2011 година
Земја
Косово
Краен рок за апликација
31.5. 2011 година
Објавено на
29.4.2011 година отворен
Сектори
Земјоделство - раурален развој Животна средина Управување со програми Урбан развој
Краен рок за апликација Сектори
Здравство Трговија-индустрија
Опис на Проектот
Mascal (масивни загуби) опрема
Опис на Проектот
Поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање во водоснабдувањето и мониторинг на водните ресурси
Контакт The Head of EULEX Kosovo, Pris�na, KOSOVO
Контакт European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary countries, Pris�na, KOSOVO СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044
факс.3244088 е-маил-aco@mchamber.mk www.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
четврток, 5 мај 2011
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 6 до 8 мај 2011 година, Струга АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари ГОДИШНО СОБРАНИЕ АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари, Ве информира за претстојното редовно 16. Годишно собрание на АЦИ Македонија кое оваа година ќе се одржи во Струга, од 6 до 8 мај 2011 година. Вообичаеното присуство на претставниците од сите релевантни финансиски институции (банки, НБРМ, Министерство за финансии и други), ќе биде надополнето со гости (претставници од компании, странски банки и финансиски и др.институции), што секогаш претставувало извонредна можност за размена на искуства и конструктивни дискусии. Програмата на 16. Годишно собрание на АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари може да се преземе и од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари (www.acimacedonia.org) тел: 02/ 3218001 / 3107558 / 075359297 Emil.Jakimov@kb.com.mk Од 12 - 14.5.2011 година САЕМ ЗА КАЛАПИ ВО БУРСА, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА Организирана посета на со обезбедено бесплатно сместување
Саемот хотелско
патните и административните трошоци за саемскиот организатор Адонис, 95 евра по лице со автобус (доколку е со сопствен превоз 35 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Пријавен лист и детали на: www.mchamber.mk и на h�p://www.mouldeurasia.com/ Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk
Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk
Од 10 до 12 мај 2011 година Втор меѓународен саем на производители на автокомпоненти на Југоисточна Европа во Република Србија „SEE AUTO COMPO NET 2011“ ВО КРАГУЕВАЦ Од 10 до 12 Мај 2011 година во Крагуевац, Република Србија, ќе се одржи Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа „SEE Auto Compo Net 2011“. На овој саем ќе се престават нај еминентните производители, добавувачи, купувачи и корисниците на производите и услуги за производство на компоненти од Србија и Југоисточна Европа. Со неговото повторно одржување овој саем станува централно место на кое учествуваат добавувачи, купувачи и монтажери, производители на опрема и машини заедно со корисниците на производите и услуги за производство,
Во периодот од 12 до 15 мај 2011 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржат четири меѓународни саемски манифестации: • 5. Саем за технологија на калапи; • 10. Саем за пакување, пластика и гумена индустрија; • 4. Саем за автомобилска индустрија, гаражи и опрема, бензински пумпи и нивна опрема и ЛПГ-системи и • Саем за безбедносни системи и индустриско чистење. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор, АДОНИС ГРУП, организира посета на саемската манифестација со групен автобуски превоз од 12-14 мај 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок,
трансфер од аеродром до хотел и од хотел до саем, како и бесплатни влезници за Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива
одржување и сервисирање на автомобили и комерцијални возила. Саемот „SEE Auto Compo Net 2011“ ќе се одржи на 1.600 м2 изложбен простор. Саемот ќе трае три дена, при што е планирано во рамките на истиот да се организираат и одржат многубројни манифестации од типот на тркалезни маси, презентации, програм за развој на добавувачите, средби со купувачи и сл. Со учество на оваа манифестација на која производителите на компоненти можат да ги презентираат своите производи, ќе можат да остварат деловно комерцијални резултати. На првиот ден на Саемот (10 мај 2011 година) како централен настан се најавува „Средба со купувачите“, што ќе го привлече вниманието на производителите на компоненти од земјата поради можноста за директни деловни средби со производителите
од Југоисточна Европа. Исто така, во рамките на саемот ќе се одржи средба на коморите и автомобилските кластери од регионот. Подетални информации може да се добијат во Стопанска комора на Македонија. Контакт: Војкан Николовски, тел.02 3244068 vojkan@mchamber.mk
На 11 мај 2011 година промоција на книга во Стопанската комора на Македонија „МЕЃУНАРОДНО ТРАНСПОРТНО ПРАВО – МЕЃУНАРОДНА ШПЕДИЦИЈА ДОГОВОР ЗА ШПЕДИЦИЈА“ Динамичниот развој и сложениот процес на меѓународната трговија ја наметнува потребата од соодветни активности во сите области на технологијата, инфраструктурата, правото, економијата и вкупното општествено живеее и уредување. Издвојувањето на Меѓународното транспортно право како
посебна правна дисциплина е алка од тој динамичен и сложен процес, кој најбрзо се развива и константо е подложен на чести промени и трансформации. Најважен белег и значење на меѓународната трговија и транспорт дава меѓународната шпедиција, како креатор меѓу овие два процеса. Затоа денес кога се зборува за меѓународна шпедиција треба да се има предвид дека таа се наоѓа во средиштето, кое ја регулира, координира, креира и организира меѓународната трговија и транспортот. Можеби затоа меѓународната шпедиција со право ја нарекуваат архитект на меѓународниот транспорт и двигател на меѓународната трговија, која неминовно ги следи од почетокот на производството до пласманот на крајниот потрошувач. Затоа, имајќи ја во предвид содржината, местото и улогата на меѓународната шпедиција, денес во многу земји во светот се издвојува и изучува посебна правна дисциплина како наука, а тоа е шпедитерското право. Во таа насока е создадено и делото “Меѓународно транспортно право - меѓународна шпедиција - договор за шпедиција”, чија официјална промоција пред македонската стопанска јавност ќе се одржи на 11 мај 2011 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на V кат. Појавувањето и целта на оваа книга е да ја следи меѓународната шпедиција во нејзиниот динамичен развој на современите текови и промени во меѓународната трговија и меѓународниот транспорт. Преку оваа книга ќе се запознае меѓународната шпедиција како важна алка во општественото и економското живеење, со посебен аспект на правната регулатива во Македонија. Посебно место и улога му се дава на шпедитерот како креатор и носител на сите бројни активности во рамките
четврток, 5 мај 2011
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
на науката, праксата и законската регулатива на македонското законодавство. Со оваа книга ќе се пополни правната празнина и литература од областа на меѓународното транспортно право во Македонија и ќе се следи нејзиниот динамичен развој во наредниот период. Присуството на промоцијата задолжително да се најави најдоцна до 6 мај 2011 година. Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: biljana@mchamber.mk
Од 14 - 21.5.2011 година во Република Србија МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО НОВИ САД *Стопанската комора на Македонија организира учество на македонските компании на заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови ! Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад е најважен саемски настан во регионот и еден од најголемите во Европа од агроиндустрискиот сектор. Новосадскиот саем на едно место ги собира најзначајните компании од Европа од земјоделскиот сектор, аграрното производство, механизацијата, најдоброто во сточарство итн. На овогодинешното издание на Саемот ќе бидат претставени стопански сегменти од областа на: прехранбената
индустрија; органска храна; земјоделски производи; вино ; земјоделска механизација; сточарство; агрохемија и билкарство; индустриски машини и градежништво; амбалажа и пакување и др. Се очекува оваа година да настапат над 1500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и др. За време на манифестацијата ќе бидат одржани повеќе од сто стручни предавања, промоции, едукативни семинари и советувања. Оваа година, земја-партнер на Саемот е Португалија. Стопанската комора на Македонија, имајќи ја предвид одличната соработка со Новосадскиот саем, обезбеди заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови за македонските компании (10% попуст за неопремен штанд во хала 3 и 80 евра попуст за задолжителна објава во каталог (како соизлагач). Стопанската комора на Македонија организира учество на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад за заинтересираните македонски компании со организиран превоз и сместување. Вкупните
трошоци за превоз и сместување, како и на внатрешното уредување (стандардната опрема) на штандот се на товар на секој учесник/фирма. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk
Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk
На 16 мај 2011 година, во Иматија, Република Грција Бизнис-форум меѓу компании од регионите на Иматија и Серес и компании од регионите на Скопје, Битола, Прилеп и Струмица Регионалната стопанска комора на Иматија, Република Грција, е домаќин на Бизнис-форумот што ќе се одржи на 16 мај 2011 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Регионалната стопанска комора на Иматија. Бизнис-форумот претставува можност за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, како и за воспоставување повисоки облици на соработка и развивање на деловните односи меѓу компании од регионите на Иматија и Серес со компании од регионите на Скопје, Прилеп, Битола и Струмица. Во рамките на оваа посета ќе се одржат билатерални средби меѓу компании од двете земји, главно од земјоделскиот сектор, прехранбената индустрија и земјоделска механизација, со цел воспоставување деловни односи и пронаоѓање нови деловни партнери. Стопанската комора на Македонија организира заеднички автобуски превоз за македонските компании кои се заинтересирани за учество на Бизнисфорумот. Своето учество компаниите можат да го пријават најдоцна до 10.5.2011 година.
Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk
Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk
Од 18 до 21.5.2011 година во Република Косово САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА, ТЕХНИКА, ДРВНА ИНДУСТРИЈА „EXPOKOS 2011“ ВО ПРИШТИНА * За излагачите 10 отсто попуст на саемскиот аранжман * За посетителите на Саемот што
ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници
Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2011“ во Приштина, Косово. „EXPOKOS 2011“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на
метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, електроиндустрија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување сертификати на излагачите, а ќе се организираат и бизниссредби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk
Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk
Регионалната комора со седиште во Скопје, ве води на Меѓународниот саем за висока технологија во НР Кина, од 18 do 21 мај 2011 година „CHITEC 2011” ВО ПЕКИНГ Обезбеден бесплатен штанд за излагачите! Во периодот од 18 до 21 мај 2011 година, Регионалната комора со седиште во Скопје, во соработката со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, организира учество и посета на македонски
БИЗНИС ИНФО
30
четврток, 5 мај 2011
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ компании на најголемиот Меѓународен саем за висока технологија “CHITEC 2011”, во Пекинг, Народна Република Кина. Саемот за висока технологија во Пекинг е исклучителен настан во својата област, се простира на површина од преку 60 илјади м2, а на кој преку 2000 организации и компании вообичаено учествуваат секоја година. Саемската манифестација ја посетуваат над 200 илјади луѓе од Кина и од светот. На Саемот се излагаат најновите достигнувања во индустријата на високата технологија, вклучувајќи ја електрониката, комуникациските и информатичките технологии, енергијата и заштитата на животната средина, во биомедицината, технологијата за автомобилската индустрија, индустријата за рециклажа, зелени и иновативни технологии, а присутни се и компании кои бараат инвеститори и вложувања во постојни проекти.
Регионалната комора со седиште во Скопје врз основа на својата соработка со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, која е еден од организаторите на Саемот, обезбеди бесплатен штанд за излагачи кои ќе се претстават на колективниот штанд на Стопанската комора на Белград. Покрај тоа, на сите излагачи им се нуди можност за организирање деловни средби со кинески стопанственици и презентација на нивните производи, идеи, проекти и изнаоѓање на адекватни партнери за соработка. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија. Пријавниот лист, регистрациониот формулар и програмата може да се преземат од вебпорталот на Комората: www.mchamber.mk
комуникациски технологии; 2. конференции, предавања и ИТобуки и 3. најголем Дигитален фестивал во ЈИЕ и квалификации за светското првенство во електронски спорт - Кореја 2011. Покрај саемското изложување на штандови, учесниците ќе се претставуваат и со презентации, обуки и конференции. На Саемот ќе се презентираат: - WAN-услуги и опрема - провајдери, TeleExchange простории, менаџирање и безбедност; - LAN и WLAN-решенија и опрема, како и брендови присутни на локалниот ИКТпазар; - пасивни и структурни кабелски технологии и производи ; - Е-услуги, софтверски решенија и консултантски услуги; - Outsourcing и кадровски услуги за туѓи пазари; - финансиски софтвер; - водечки дистрибутери и брендови на пазарот на локално ниво (Хардвер и Софтвер); - ИКТ-образование, консултантски услуги и литература; - сателитски и GPS уреди; - производи, интерактивни и иновативни технологии развиени од страна на локалните компании и др. Зошто да присуствувате на „LAN Fest Conference 2011“? • Присуство на единствениот ИКТсаем во регионот од ваков вид; • можност да најдете технички решенија, производи и услуги кои Ви се потребни на Вам и на Вашиот бизнис; • можност за проширување и зголемување на Вашата информатичка едукација, со преку 80 конференции, обуки и предавања што ќе ги реализираат од министерствата, ИКТ-експерти и фирмитеизложувачи; • преглед на најголемото и најкомплицирано техничко решение од јавен карактер во ЈИЕ, во вредност од 200.000,00 САД долари; • преглед на технологии, услуги и производи кои се нудат од локалните и странските ИКТ-субјекти.
Стопанската комора на Македонија
СКМ-ЗП-РУ-10/02 Од 28 до 31 мај 2011 година Меѓународен саем за текстил, предива, трикотажа и машини во Република Турција “TEXPO EURASIA 2011’’ ВО ИСТАНБУЛ * Организирана посета за македонски компании на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување! Во периодот од 28 до 31 мај 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат три меѓународни саемски манифестации и тоа: * 28. Саем за текстил, ткаење, предива, плетење, везење, трикотажа и машини за текстил „TEXPO EURASIA 2011“; * 8. Меѓународен саем за предива „INTERNATIONAL ISTANBUL YARN RAIR“ и * Саем за ткаенини „FABRIC EXPO 2011“.
Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации на којашто ќе земат учество голем број реномирани турски и странски компании и производители на: текстилни ткаенини, текстилни предива, трикотажа, машини за шиење, везење, боење и печатење, текстил за домаќинство, теписи и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 28-30 мај 2011 година, со автобуски превоз.
Контакт: Венера Андриевска Тел:02 3244037; Факс:02 3244088 venera@mchamber.mk
Од 20 до 22 мај 2011 година, информатичка манифестација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје „LAN FEST CONFERENCE 2011“ Организаторот Learn, Develop and Manage Ideas (LDMI) Ви ја овозможува Информатичката манифестација „LAN Fest Conference 2011“, единствена сеопфатна манифестација од ваков карактер, што за прв пат се организира во Македонија и се одржува во мултинаменскиот Спортски центар „Борис Трајковски“ ,од 20 до 22 мај 2011 година. Во рамките на „LAN Fest Conference 2011“ ќе се одржат: 1. Саем за информациони и
Подетални информации можат да се добијат на www.lanfest.mk Контакт: LDMI – Learn, Develop and Manage Ideas Skopje Михаил Чаков 7а/1/1 тел: 02 2772 568 моб: 078 33 03 03 Раководител на манифестацијата Лазар Поп Трајков www.lanfest.mk contact@lanfest.mk Контакт : Софче Јовановска Тел: (02) 3244060 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: sofce@mchamber.mk
Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфери од хотел до саем и бесплатни влезници за саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk
Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk
четврток, 5 мај 2011
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 17-18 јуни 2011 година, Постојна, Република Словенија
промоција на македонски специјалитети и пијалаци; за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна; за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно).
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „СОЦИЈАЛНА ЕКОНОМИЈА = ХУМАНА ЕКОНОМИЈА“ Се` започна со професорот и добитник на Нобеловата награда за мир во 2006 година, Мухамед Јунус, кој раздели 27 американски долари меѓу 40 селани од сиромашно село во Бангладеш за да можат да ги отплатат долговите и да започнат со свој бизнис. Парите му беа вратени наскоро, бизнисите почнаа да се развиваат и се подобри животот во селото. Од тогаш до денес професор Јунус помогна на милиони мали бизнисмени. Тој ја оформи социјалната банка Грамеен, која денеска е присутна низ целиот свет. На оваа меѓународна конференција ќе присуствуваат најблиските соработници на професорот Јунус.
На Конференцијата ќе учествуваат реномирани професори и харизматични бизнисмени, посебно жени, кои веќе подолго време се активни во таков вид на компании. Конференцијата ќе понуди интересни предавања и работилници, со примери од Словенија, Италија, Германија и од други држави. Конференцијата ја организира непрофитната организација Клуб на европски жени, со поддршка на Општина Логатец, познатата компанија „Постојнска јама“, во соработка со најблиските соработници на професорот Јунус, кои се активни во компаниите Yunus Social Business Centre и Grameen Crea�ve Labs. На Конференцијата ќе настапат реномирани предавачи и бизнисмени. Цената за учество на Конференцијата изнесува 295 евра/лице (+20% ДДВ). Подетални информации можат да се добијат на телефон: +386 31 606 441 или на: info@cew.si или на: h�p://www.cew.si/eng/publica�on.html. Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: lence@mchamber.mk
Од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина САЕМ ЗА АВТОДЕЛОВИ CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo) Од страна на Канцеларијата за економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина, Стопанската комора на Македонија е информирана е дека од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина, ќе се
одржи 5. Саем CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo). На Саемот ќе се презентираат најеминентните производители, купувачи и корисници на автоделови, електроника, автогалантерија од Кина и регионот. Минатата година на Саемот учествуваа 1.356 компании од 122 земји, а истиот беше посетен од околу 50.000 посетители. Доколку има заинтересирани компании да го посетат Саемот CIAPE, организаторот ги покрива трошоците за две ноќевања во хотел, како и трошоците за транспорт од хотелот до местото на одржување на Саемот. Исто така, организаторот зема обврска да договори средби со најмалку 10 кинески компании со македонските компании-посетители на CIAPE. Подетални информации за посета на Саемот може да се добијат во Стопанската комора на Македонија или во Канцеларијата на економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина ( e-mail: eco@t-home.mk, тел.: 02 3069-658 и 02 3069 668). Заинтересираните за посета на Саемот можат да се регистрираат на вебстраницата www.iapechina.com, најдоцна до 10 август 2011 година. Контакт: Војкан Николовски Тел.: 02 3244 068 Факс: 02 3244 088 Call Центар : (02) 15015 vojkan@mchamber.mk
Од 4 до 13 ноември 2011 година во Швајцарија САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН *Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земјапартнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за храна и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови: бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување; во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој ќе биде определен за
„COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа: • месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници; • млеко и млечни производи; • риба; • какао, бонбони, чоколади, сладолед; • брашно и производи од брашно; • диетална, макробиотичка храна; • производители на здрава, био и органска храна; • пакување (хартија, фолија, пластика); • конзервирана храна; • природна минерална и изворска вода; • безалкохолни и енергетски пијалаци; • сокови, сирупи и екстрати; • пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво; • вина од сите винарски земји и региони; • вински и овошни ликери, овошни и други ракии; • јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство; • опрема и машини за винарство. Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност за учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбената индустрија. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни), туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 1 јуни 2011 година. Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 biljana@mchamber.mk
Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
четврток, 5 мај 2011
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Македонска компанија продава стамбен деловен простор со сервис за одржување на автомобили и автобуси од 870 м2 во Петровец на регионалниот пат 103 на 1 км до Аеродромот Александар Велики и земјиште од 1200 м2 Валидност до:19.09.2011 Македонска текстилна компанија има потреба исклучиво од ткаени материјали за производство на детска облека Валидност до:19.12.2011 Компанија од Грција бара соработка со трговци на опрема против пожар за пласман на сандачиња за чување на црева за гасење на пожар Валидност до:20.09.2011 Компанија од Грција бара соработка со фирми во Република Македонија во областа на рециклажа Валидност до:20.09.2011 Компанија од Бугарија бара соработка со производители на садови за отпад од 110 литри во Република Македонија Валидност до:20.09.2011 Компанија од Црна Гора заинтересирана е за соработка со рудници во Република Македонија за пласман на специјален економски експлозив Валидност до:20.09.2011 Хрватска компанија бара соработка со производители на ајвар,пинџур, печени пиперки,гумени бонбони и др. за пласман во хрватските големи супер маркети Валидност до:20.12.2011 Грчка компаниа бара соработка со производители на ќумур во Република Македонија за пласман во Грција Валидност до:21.09.2011 Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман нa системи за миење на тркала на транспортери,кој преку силенводен млаз ги чисти гумите на камионите и приколките,брзо,чисто и безбедно Валидност до:26.09.2011 Израелска компанија бара да откупува порцолански плочки од Република Македонија,Потреба од 50.000 м2 порцелански хомогени подни плочки димензија 30х30х2.2 см обична светло сива боја со многу добар квалитет и најконкурентна цена Валидност до:26.12.2011 Макеоднска тектилна компанија бара ЛОН партнер или соработка за женска и детска гардероба Валидност до:26.12.2011 Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бои и лакови
Валидност до:26.06.2011
Валидност до:27.09.2011
Кинеска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на столици и масички Валидност до:26.06.2011
Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фета сирење,павлака и разни кашкавали Валидност до:27.09.2011
Компанија од Германија бара застапник во Република Македонија за пласман на ефикасни комбинирани електрани за топлинска и електрична енергија со јачина од 10 до 400 КЊ(ел) а врши и нивно одржување Валидност до:29.06.2011
Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на завеси од тафта и органтин Валидност до:27.09.2011
Компанија од Црна Гора заинтересирана е да откупува бучимски кромид и столно грозје од Република Македонија Валидност до:07.12.2011 Германска компанија производител на ТВ опрема за инспекција и системи за испитување на протекување нуди решенија за различни области на инспекција на канализација, од главна инспекција на канализација па се до дреназни системи Валидност до:08.07.2011 Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални камери кои се употребуваат при кварови во канализација и водовод Валидност до:08.09.2011 Германска компанија бара соработка со македонски компании во областа на енергетска технологија Валидност до:08.09.2011 Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сточна храна Валидност до:09.07.2011 Компанија од Полска бара застапник во Република Македонија за пласман на детски пелени и хигиенски влошки Валидност до:09.05.2011 Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на топлинска техника за бања и дизајн радијатори, печки на цврсти горива Валидност до:09.09.2011 Компанија од Црна Гора заинтересирана е да пласира во Република Македојиа сточно брашно од 50 до 100 тона и брашно од 300 до 400 тона месечно Валидност до:11.09.2011 Српска компанија бара ексклузивен дистрибутер во Република Македонија за пласман апарати за масажа, палета на апарати за освежување на воздух, апарати за нега на тело Валидност до:27.09.2011 Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални машини за улично одржување на хигиена
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
Бугарска компанија бара да откупува масло од пченка од Република Македонија Валидност до:27.09.2011 Компанија од Естонија нуди специјални машини за нанесување на малтери и други облоги Валидност до:27.07.2011 Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на садови за готвење Валидност до:28.05.2011 Македонска компанија изнајмува комплетно нов индустриски-административен објект со вкупна квадратура од 4400м2 и земјиште од 25.000 м2 во индустрска зона Негорци-Гевгелија на само 10 км од границата со Грција и 60 км од границата со Бугарија. Компанијата е заентерисирана за заедничко вложување со стреански партнер во производствен погон (за почеток со договорен пласман на производите) Валидност до:28.12.2011 Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Mакедонија за пласман на професионална опрема за уредување на градини,алат за копање, косилици за трева, ножици за стрижење на требаа и ниски дрвја и сл. Валидност до:29.09.2011 Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на 100% памучно платно како и постелнина, бањарки, пешкири, крпи за болница, хотели, крпи кујна Валидност до:29.09.2011 Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на јужно овошје Валидност до:29.07.2011
Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал
www.mchamber.mk
Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088 тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk