БИЗНИС ИНФО
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
bsi.
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
2 - 2016
FS 549642
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 266
www.mchamber.mk
5.5.2016
Градежништвото може да биде добра основа за соработката меѓу македонските и турските компании
ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ГРАДБА НА СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ И ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
B
UR
O
НИКО
SE
C
MC Robin
ЕЗБЕД ОБ У
Б
ЊЕ ВА
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
3
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА „Македонски Телеком“ АД - Скопје ја задржа водечката позиција на пазарот во фиксни говорни услуги во првите три месеци од 2016 година
БЛАГО ЗГОЛЕМЕНИ ПРИХОДИТЕ ОД ПРОДАЖБА КОИ ДОСТИГНАА 2.481 МИЛИОНИ ДЕНАРИ „Македонски Телеком“ АД - Скопје ја задржа водечката позиција на пазарот во фиксни говорни услуги во првите три месеци од 2016 година. Ова го покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Приходите од продажба во првите три месеци од 2016 година изнесуваат 2.481 милиони денари, што претставува благо зголемување од 0,3% во споредба со истиот период од претходната година. Нето добивката за првите три месеци од 2016 година е намалена за 17,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултира во нето добивка од 250 милиони денари. На крајот од првото тримесечје, „Македонски Телеком“ има 61,2 отсто пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и удел од 48,8 отсто во делот на широкопојасниот интернет, согласно интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 8,5 отсто споредено со истиот период од 2015 година, со бројката од 221 илјади корисници „Македонски Телеком“ ја задржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги. Приходите од малопродажен интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол или IPTV на крајот од првото тримесечје од 2016 година се зголемени за 2,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Базата на DSL корисници остана стабилна во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 189 илјади претплатници на широкопојасен интернет. „Македонски Телеком“ во првите три месеци од 2016 година оствари добри резултати со дигиталната телевизија, односно MaxTV услугата. Бројот на корисници постојано се зголемува, што резултираше со база од 104,2 илјади корисници на IPTV
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА на крајот од првото тримесечје или зголемување од 5,4 отсто во споредба со истиот период од 2015 година, со што „Македонски Телеком“ има 24,6 отсто удел од вкупниот ТВ пазар, според интерните проценки. На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел од 47,9 отсто, според интерните податоци. На крајот од првите три месеци од 2016 година, „Македонски Телеком“ има 1,218 милиони корисници на мобилна телефонија, што претставува зголемување за 2,4 отсто во однос на истиот период од претходната година кога бројката на претплатници изнесуваше 1,189 милиони. Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првото тримесечје од 2016 година се намалени за 4,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на намалувањето на тарифите, како и на помалиот мобилен сообраќај од меѓународни дојдовни повици. Продолжи трендот на зголемено користење на мобилните услуги, при што сè повеќе и повеќе минути се опфаќаат во пакетите за истата цена. Приходите од неговорни услуги пак, се зголемија за 8,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен интернет и поголем податочен сообраќај, како и од зголеменото користење на податочни тарифни модели. („Македонски Телеком“)
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
5
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА
Преку Програмата „Гаранција“, „ОКТА“ повторно го потврди квалитетот и количината на своите горива
„ПРОВЕРЕНО“ ГИ ЗАШТИТУВА ПОТРОШУВАЧИТЕ Пред неколку месеци компанијата започна со спроведување на уникатната Програма „Гаранција“ за контрола на квалитетот и количината на горивата на сите бензински станици со брендот „ОКТА“. Како дел од Програмата, тим од независни контролори спроведуваше редовни и ненајавени проверки. Досегашните резултати покажаа стабилност во квалитетот и количината на горивата кои може да се најдат во целокупната малопродажна мрежа на „ОКТА“. -Следејќи го примерот на останатите компании кои се дел од групацијата „Хеленик Петролеум“, во „ОКТА“ ја создадовме Програмата „Гаранција“ како нова алка во синџирот на обезбедување постојан квалитет и количина за нашите потрошувачи. Со оглед на тоа што контролите се спроведуваат на самите бензински станици, програмата претставува уште една потврда дека во „ОКТА“ имаме развиено систем кој овозможува континуиран мониторинг на нашите горива во сите фази на синџирот на снабдување. Ќе продолжиме активно да ја спроведуваме Програмата и оваа година, и на тој начин ќе направиме нашите потрошувачи да се чувствуваат заштитени и сигурни за секој литар купен на бензинските станици „ОКТА“, - изјави Вук Радовиќ, директор на снабдување и трговија во „ОКТА“. Како дел од Програмата, проверените автомати за полнење гориво се обележуваат со жолта контролна лента за гарантирана количина на која пишува „Проверено“. Анализите на квалитетот на горивата се вршат на самата бензинска станица, но и во лабораториски услови, со што се гарантира веродостојноста на примерокот и проверките. Програмата продолжува да се имплементира и во наредниот период. Мобилната лабораторија заедно со независниот тим специјално обучен за оваа намена, континуирано и ненајавено ќе спроведува контроли низ целокупната малопродажна мрежа со бренд „ОКТА“. („ОКТА“)
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Проект на Пивара „Скопје“ во партнерство со општините
НАД 8.000 УЧЕНИЦИ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ ЗА БЕЗБЕДНИ И ЗДРАВИ ШКОЛСКИ ДЕНОВИ На одбележувањето на Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа – 28 Април, Пивара „Скопје“, членка на Стопанската комора на Македонија, трета година по ред, продолжува со реализација на волонтерскиот проект за едукација на учениците во основните училишта на теми поврзaни со здравјето и безбедноста во училишната средина. Оваа година со едукацијата се опфатени над 8.000 ученици од четвртите одделенија од над 100 основни училишта во 14 општини и градови ширум земјата, што е неколкукратно зголемување во однос на претходните две години. Проектот се реализира преку интерактивни и сликовити презентации кои се приспособени на возраста на учениците, а ги изведуваат вработени во Пивара „Скопје“ кои, во рамките на воспоставената практика на компанијата, редовно се обучуваат и ги обновуваат своите знаења од областа на здравјето и безбедноста при работа. Преку презентациите, учениците во присуство на своите наставници, стекнуваат знаења и прaктични совети за тоа како правилно да го држат телото при седење во училишната клупа и при работа со компјутер, како да спречат повреди предизвикани од лизгање, препнување и паѓање и за тоа како да постапат при евентуална појава на пожар во училиштето. -Тргнувајќи од тоа дека добрите навики се стекнуваат уште на помлада возраст и дека тие се од исклучително значење за создавање здрави генерации, среќни сме што го реализираме овој проект со кој сакаме да ја поттикнеме свеста кај најмладите за значењето на здравјето и безбедноста во училиштата, а подоцна и на работното место. Горд сум што оваа година дури 60 наши вработени, на волонтерска основа, се пријавија да им го пренесат своето знаење на учениците. Тоа ја покажува нашата корпоративна култура која се темели на поддршка на вредностите и интересите на пошироката заедница, - изјави Јован Радосављевиќ, генерален директор на Пивара „Скопје“.
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
7
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА Покрај презентациите, децата добија и едукативни материјали кои треба да помогнат во пренесување на клучните сознанија и препораки за обезбедување безбедни и здрави училишни денови. Пивара „Скопје“ континуирано се грижи и вложува во здравјето и безбедноста на своите вработени, но и на потрошувачите и пошироката заедница. За досегашните достигнувања и активностите на овој план, компанијата е добитник на Националната награда за најдобри практики од областа на безбедноста и здравјето при работа. Пивара „Скопје“ е меѓу првите компании во Македонија која уште од 2007 година го има воведено и е сертифицирана според водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здавјето при работа – OHSAS 18001. (Пивара „Скопје“)
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
СОРАБОТКА Средба меѓу македонски и турски компании од областа на градежништвото
ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ГРАДБА НА СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ И ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ
Во Стопанската комора на Македонија, на 3.5.2016 година, се одржа средба меѓу претставници на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали и турски компании кои се членки на Асоцијацијата на изведувачи и бизнисмени Торбали (ТOMIAD) од Измир – Турција. На почетокот, Марија Петроска од Комората, поздравувајќи ги присутните, истакна дека Република Македонија и Република Турција имаат потпишано повеќе поважни правни акти со кои се олеснува економската соработка. Во последните неколку години, Турција е осми трговски партнер на Република Македонија. Во 2015 година трговската размена изнесуваше изнесува 392,8 милиони САД $. Извозот изнесува 73,4 милиона САД $, што претставува раст од 8,7%, додека увозното салдо изнесува 319,4 милиони САД $, или во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Турција во 2015 година остварен е трговски
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
9
ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА
дефицит од 246 милиони САД $. Беше потенцирана и меѓукоморската и друга институционална соработка на Стопанската комора на Македонија со партнерските организации во Република Турција, при што се потпишани спогодби за соработка, како што се со: Унијата на коморите за трговија, индустрија, берзи и за поморска трговија (Union of Chamber of Commerce, Industry, Commodity Excanges and Maritime Chambers of Commerce – TOBB); Унијата на индустриските и трговски комори и берзи на Турција (ТОББ) во Анкара; Трговската комора на Истанбул; Балканскиот центар за трговска промоција (Balkan Center for Trade Promotion - BCTP); Асоцијацијата на извозниците од Бурса и други. Турските компании се интересираа за условите за отпочнување бизнис во нашата земја, посебно во изведба на објекти, најчесто за станбени објекти, добивање локации, даноци и слично. Интерес беше искажан и за производството на градежни производи, видови на производи, количини, цени и друго. На средбата, компаниите поединечно се претставија, ги презентираа своите производни програми, но искажаа и интерес за соработка. Од нивна страна беше потенцирано дека имаат интерес за соработка, а оваа средба нека претставува почеток, кој може да се продлабочи и на средба во Измир. Од страна на господин Озгун Унер, претседател на Асоцијацијата на изведувачи и бизнисмени ТОМИАД (TOMIAD) од Измир и госпоѓа Марија Петроска, самостоен советник во Комората, во знак на благодарност и отпочнување на меѓусебна соработка, на средбата беа разменети подароци. Марија Петроска
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Компании-членки на Регионалната комора со седиште во Штип учесници на Саемот за кариера „Биди мотивиран - успеј во сонот“
НЕДОСТАСУВААТ КАДРИ СО СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ Во организација на Општина Штип и УСАИД, на 27.4.2016 година беше одржан Саемот за кариера „Биди мотивиран - успеј во сонот“. Со свои излагања до присутните се обратија и претставници на компаниите „Линеа Прима“, „Агрофила“ и „Марвел“ кои се членки на Регионалната комора со седиште во Штип. Пазарот на труд во Штип и во регионот бележи недостиг на стручен кадар со средно образование. Со новите странски инвестиции се очекува проблемот да биде уште поизразен. УСАИД веќе пет години работи на подобрување на понудата и побарувачката на работна сила на локално ниво, односно едукација на квалитетен стручен кадар во средите училишта. „Многу е поголем интересот за гимназиско образование, отколку за стручно, а недостигаат голем број на стручни кадри“, истакна Ѓорѓи Кушевски, координатор на проект на УСАИД. Особено, проблемот е изразен во текстилната индустрија.
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
11
РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ „Изминативе години постојано се соочуваме со недостиг на работна рака“, рече Петар Трајанов, од „Линеа“ – Штип. За да се подобри ситуацијата Општина Штип стипендираше ученици за да се запишат во текстилното училиште. Но, искуството од овој обид е негативно. „Ние ги стимулиравме да учат повеќе, а некои од нив дури се откажаа од образованието“, истакна Илчо Захариев, градоначалник на Штип. Оние, кои за своја идна професија избрале конкретна струка, ги споиле желбата и потребата на пазарот на труд. „Јас се запишав на техничка струка затоа што знам дека потоа лесно ќе најдам работа“, вели ученик во СОУ „Коле Нехтенин“ од Штип. Сепак, оние кои наскоро ќе седнат во средношколските клупи, не мислат за работа, туку во прв план го ставаат личниот афинитет. „Јас ќе се запишам во гимназија“, вели една ученичка. Со цел на идните средношколци да им се презентираат стручните училишта и потребата од овој кадар на пазарот на труд, денес во Штип се одржа Саем за кариера. Крајна цел е намалување на списокот на дефицитарни кадри. Моника Стоичева
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
ПРЕНЕСЕНО Интервју на Симон Наумоски, претседател на Одборот на директори на „Витаминка“ за „Утрински весник“
БРЕНД СЕ СОЗДАВА САМО ОД ПРОИЗВОД СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ *Компаниите ќе имаат последици од кризата, а еден од главните проблеми е доцнењето на враќањето на ДДВ-то, вели, претседателот на Одборот на директори на „Витаминка“, членка и покровител на Стопанската комора на Македонија Господине Наумоски, политичката криза има влијание и врз економијата. Како „Витаминка“ се справува со предизвиците? Ако менаџер на компанија не се снајде во кризна ситуација, тоа не е менаџер. „Витаминка“ секако ќе има последици од кризата, како и многу други компании во земјата. Првата поголема тешкотија со која се соочуваме е доцнењето на враќањето на ДДВ-то.Минатата година речиси и да немаше доцнење во враќање на ДДВ. Во моментов чекаме поврат на ДДВ од над 35 милиони денари, па моравме да земеме кредит за тековно работење и одложивме некои плаќања по стасани обврски од инвестиции, што е непопуларно и невообичаено за „Витаминка“. На некој начин, привремено се справивме со проблемот, но до кога ќе биде вака? Нејасно е и не можеме да предвидиме
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
13
ПРЕНЕСЕНО што не’ очекува. Вашата компанија е една од ретките кај нас која посветува внимание на развој на брендовите. „Стоби флипс“, „витанез“, „цевитана“, „атлантис“... се меѓу најпознатите производи на „Витаминка“. Која е формулата да се создаде бренд кој ќе биде препознатлив не само во земјата туку и во странство? Бренд-производ не се создава преку ноќ. Тоа е долгогодишна макотрпна работа. Производот мора да е со врвен квалитет, но тој квалитет мора да се задржи секогаш. Промени во квалитетот не се дозволени. Никогаш не смее да се пушти на пазарот бренд-производ ако има минимална промена во неговиот квалитет. Подобро е тој да се запре и да се фрли, за потрошувачите воопшто да не го видат. Многу важен услов се и одличната амбалажа и постојаната реклама, како и никогаш да не се копира некој туѓ производ. За сите овие активности се потребни и многу финансиски средства. Палетата на производи е многу широка, а 45 проценти од производството е за извоз. Кој е најпродаваниот производ кај нас, а кој во странство? Наш најпродаван производ е„стоби флипс“ и на домашниот и на странските пазари. Потоа тука се чоколадите „атлантис“, кексот „фрути јафа дофт“, „цевитана“, мајонезот „витанез“ и „чоко стоби флипс“. Последниот производ се’ повеќе и побргу се пробива на странските пазари. Не се за потценување ниту интегралните кекси „деспина“, кексот „карамел“, кечапот „томато“, кој е врвен бренд на домашниот пазар. Мајонезот „витанез“ наскоро ќе има рок на траење од една година во однос на сегашните 6-9 месеци.
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
ПРЕНЕСЕНО Неодамна добивте халал-стандард. Овој пазар се смета за еден од најбрзорастечките во светот, па и во регионот. Какви се вашите очекувања за „Витаминка“? „Витаминка“ со добивањето на халал-стандардот веќе ги има речиси сите од светски бараните стандарди за квалитет. Остана уште кошер-стандардот, потребен за израелскиот пазар, на чие добивање се работи. „Витаминка“ со современата технологија и со стандардите за квалитет може со своите производи да влезе во кој било пазар од светот. Колкави се инвестициите на ова поле досега? Инвестициите за примена и користење на стандардите се постојани. Тие се планираат секоја година. Не треба да се смета дека кога еднаш ќе се имплементира некој стандард, тоа ќе биде за долго и неодредено време. Таквото мислење е погрешно. За една компанија да биде присутна на странските пазари, секоја година е изложена на контроли за функционирање на стандардите, што бара постојани инвестиции кои не се занемарливи. Производите на „Витаминка“ се продаваат во над 40 земји од светот. Имате ли планови да го зголемувате извозот? Концепцијата на „Витаминка“ е постојано да се шири во што повеќе земји во светот и никогаш не запираме во нашите инвестиции на тој план. Деновиве веќе влегуваме на огромниот пазар во Иран. Тоа не се оствари преку ноќ. За тоа имаше многу контакти, дописи, преписи, усогласувања, многу макотрпна работа. Очекуваме наскоро за нашите производи да се отворат уште неколку пазари. Под слоганот „Свет на вкусови“ се одбележува 60-годишниот јубилеј на компанијата. Планирате ли наскоро да ги изненадите купувачите со некој нов производ? Од производните погони на „Витаминка“ секогаш треба да се очекуваат изненадувања во вид на нови производи. Наскоро ќе излеземе со нов висококвалитетен кекс, создаден од многу здрави интегрални житарки, потоа нов чоколадиран производ... На овој план нема да запреме никогаш. („Утрински весник“)
D CE ON IA
M
A
БИЗНИС ИНФО
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Саудиска Арабија и „простувањето“ од нафтата
„ЦРНОТО ЗЛАТО“ ГИ БЛОКИРАШЕ ДРУГИТЕ БИЗНИСИ *Нафтата не е само благослов, туку и проклетство. Поради силната нафтена индустрија, другите индустриски гранки во Саудиска Арабија остнаа неразвиени. Земјата сака да ја надмине зависноста од нафтата. Хаџ, аџилакот кој го вршат муслиманите од цел свет, не е поврзан само со религијата, туку претставува крупен бизнис. Патнички агенции, авионски компании, хотели, ресторани, но и телекомуникациски компании заработуваат милиони долари од верниците кои секоја година итаат кон Мека. Хотелска соба во близина на централното светилиште на муслиманите, Каба, кое се наоѓа во Мека, во 2012 година чинела 700 долари - за една ноќ. Уште поскапи се луксузните хотели за оние кои и во текот на аџилакот не сакаат да се откажат од комфорот на кој се навиканти. Дури и најобичните сувенири купени во Мека се скапи. Простирките за молитва исто така, иако се од кинеско производство. Бизнисот со верниците за Саудиска Арабија е прилично исплатлив. Приходите остварени во текот на 2012 година во текот на аџилакот ги наполниле државните каси со десет милијарди долари. Оваа земја би можела да обезбеди сместување за многу поголем број гости. Тоа во понеделникот (25.04.2016) го навести принцот Мохамад бин Салман, презентирајќи ги во јавноста деталите на планот под име „Визија 2030“. Овој проект предвидува активности за развој на земјата по моментот кога
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
17
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ резервите на нафта ќе бидат при крај, а светот ќе се сврти кон други извори на енергија. Со тоа и Саудиска Арабија мора да најде други извори на приходи. На пример, преку развој на туризмот, кој е само дел од планираната реформска програма на владата во Ријад.
Саудискиот принц Мохамад бин Салман Зависност од нафтата „Ние во Саудиска Арабија станавме зависни од нафтата“, изјави принцот Мохамед бин Салман: „Тоа е опасно и минатите години го спречи развојот на бројни сегменти на општеството. На тоа треба да се стави крај“, истакна Бин Салман, најавувајќи: „Визијата 2030 е патоказ на нашиот развој и на нашите економски цели.“ А колку е за Саудиска Арабија важно да ја прекине зависноста од нафтата, се покажа во текот на минатите месеци, откако во летото 2014 година цената на барел нафта од околу сто долари падна на само 35 долари. За земја која 80 проценти од своите приходи остварува со продажба на нафта, тоа претставува драматичен развој на настаните. Уште во 2014 година државниот буџет беше во дефицит. Магазинот Форбес пишува: „Иако Саудиска Арабија повеќе години по ред може да го компензира минусот во државната каса, било со посегнување по обилните државни финансиски резерви, исто како и со земање кредити, веројатно во случај на ниски цени на нафтата веќе следната година ќе мора да почне со намалување на државните трошоци.“ „Визија 2030“ Долгорочно гледано, владата мораше да направи нова стратегија. „Оваа земја, со оглед на глобалните промени на енергетскиот пазар и со оглед на демографскиот развој, не може да се потпре на креирање економски развој преку продажба на нафта и финансирање на јавната потрошувачка“, пишува ревизорската и консултантска фирма МекКинси во една студија.
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Доколку на Саудиска Арабија и‘ успее да се реформира, тогаш и нејзиното стопанство би можело да оствари пораст и тоа забележлив. Брутодомашниот производ во најповолен случај би можел од сегашните 800 милијарди да порасне на 1600 милијарди американски долари. Кралскиот универзитет во Ријад Рамките за тоа се поставени со претставувањето на планот „Визија 2030“. Саудиска Арабија веќе од 2020 година би можела да стане независна од нафтата, соопшти принцот Бин Салман. За да се постигне тоа, протребно е на инвеститорите да им се продаде мал дел, само пет проценти сопственост над државната нафтена компанија Сауди Арамко. Оваа компанија има вредност од два до дваипол билиони американски долари, тврди принцот. „Дури ако продадеме и само еден процент од акциите, тоа би била најголема емисија на акции во светот“, вели Бин Салман.
Најголем инвестициски фонд во светот Истовремено, Саудиска Арабија планира воспоставување инвестициски фонд со два билиона долари. Тој на таков начин би располагал со сума сразмерна на вредноста од десет проценти од вкупните светски инвестиции. Паралелно со тоа, земјата мора да ја реформира структурата на својата економија, пишува во една студија на ММФ. „Саудиска Арабија од 2008 година отвори преку 2,7 милиони нови работни места. Еден милион работни места добија граѓаните на државата, но поголемиот број од нив беа во
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
19
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ јавниот сектор“, пишува ММФ. Гледано на долги патеки, мора да дојде до јакнење на приватниот сектор. Затоа, ММФ предлага реформи, првенствено во сектоорт на образованието, пазарот на работна сила, инфраструктурата, но и пружање поддршка на малите и средно големи претпријатија.
Жените во нерамноправна положба Се‘ зависи од подготвеноста на реформи Проценките за способноста на Саудиска Арабија на спроведување реформи се различни. Оваа земја се наоѓа пред големи проблеми, пишува магазинот „Економист“. „Еден од проблемите е слабата подготвеност на јавната управа и јавните служби да ги реализираат наведените амбиции. Друг проблем е моќта која во свои раце го има разгранетото кралско семејство, како и ултрадоксниот слој религиски лидери. Тие се спремни да го блокираат она што е неопходно да се спроведе заради привлекување инвеститори: станува збор за реформа на приватниот сектор, зголемување на транспарентноста и јакнење на правната држава, како и подобрување на положбата на жената.“ ММФ е малку пооптимистичен. Саудиска Арабија досега релативно добро ги спроведе зацртаните реформи, тврдат во меѓународната институција. Доколку слично се пристапи и кон новите реформи, „Визијата 2030“ може да стане реалност.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Трансатлантско партнерство за трговија и инвестиции
НА ЕВРОПА НЕ И ТРЕБА ШТЕТЕН ДОГОВОР СО САД * За Европејците, листата на недостатоци на планираниот Договор меѓу ЕУ и САД е долга: проблематична транспарентност, приватна арбитрација и друго. ЕУ не смее да прави компромис со стандардите, смета Јенс Турау Идејата сама по себе не е лоша: Владата на САД, која претставува околу 320 милиони Американци, подготвува договор за подобрување на трговијата со ЕУ- дома на околу 510 милиони Европејци. Во мултиполарен свет, како денешниот, во кој Азија (и особено Кина) и Јужна Америка забрзано добиваат на значење, германската канцеларка Ангела Меркел беше во право кога забележа дека нема да штети доколу ткн. „Стар Свет“ биде што пообединет.
Од стартот, целта беше Трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТТИП) да има ефект и надвор од ЕУ и САД. Целта беше да се рашират западните идеали, како либерализмот и демократијата, низ светот. И тоа требаше да се постигне во период кога земјите членки на Светската трговска организација (СТО) спорат околу поединечните правила. Дали овие правила се подобри за сите?
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
21
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ Јенс Турау Но ќе го постигне ли ТТИП тоа? Дали навистина ќе создаде појасни, подобри правила за сите? Малку веројатно. Европа има високи стандарди за многу нешта, како хемиските производи на пример. Храната за потрошувачите мора да биде ослободена од генетска манипулација, исто како и онаа за животните. Но тоа не важи и за нашите пријатели од преку Атлантикот. Американските земјоделци користат ГМО и тоа сакаат да ни го продадат и нам. За возврат, САД најави дека ќе го отвори автомобилскиот пазар за европските модели, особено за германските. Гласините дека Европа размислува да го замени земјоделскиот за автомобилскиот пристап, беа потврдени во понеделничкото откритие на Гринпис. Сега имаме цврст доказ за тоа. Но зошто се преговарачите толку затворени? Чуму целата тајност? Договор од таков обем мора да биде транспарентен од самиот почеток или луѓето ќе почнат да се сомневаат дека целта на договорот е да се обезбедат подобри услови за големите, мултинационални компании. Но таа штета е веќе сторена, а документите на Гринпис само додаваат масло на огнот. Тие покажуваат дека САД не е подготвен на компромис околу приватните судови за арбитрација, во кои компаниите можат да ги тужат државите за кои чувствуваат дека ги третираат нефер. Тоа не е на линија со европското чувство на правда. Европските принципи Соочени со ваков отпор, гаранциите на германската влада дека Европа нема да прави компромиси на штета на своите принципи, звучат празно. Најавата дека нема да се прифати генетски модификуваната храна е тешко остварлива со оглед дека таму е главниот фокус на САД. Голем дел од политичката фрустрација во Германија, па и во Европа, е содржана во обидот да компаниите да ги сменат правилата во своја корист- и подготвеноста на политичарите да им помогнат во тоа. Каде се парламентарните дебати? Каде е јавноста? Ним не им е дозволено да учествуваат. Вистина е дека ТТИП е далеку од ратификуван. Преговорите се на половина пат. Но сега ни е потребно она што цело време недостасува: транспарентност. Европа не може да прави компромис со своите стандарди. Доколку тоа значи дека ТТИП ќе пропадне, нека пропадне.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„GO - INTERNATIONAL“ – ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА Стопанската комора на Македонија во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, лидер во образование и обука, кој овозможува пренос на know-how и ангажира странски експерти со долгогодишно искуство во светот бизнисот, Ви нуди можност да бидете дел од тренинг-програмата „GO - INTERNATIONAL“ - ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА, во која се применува ЛЕНА - модел на учење. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. За време на тренингот ќе бидат разработени следниве модули: Корпоративни финансии и финансиско известување; Управување со резултати во меѓународните активности и Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство. Што е WIFI International? WIFI Институтот за економска промоција е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечки ресурси, со фокус на стручно образование и обука за мали и средни претпријатија. Водени од мотото на „доживотно учење“ целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси, можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. За да ја оствари оваа цел, WIFI одржува постојана размена на искуства со претприемачи, сопственици и менаџери за човечки ресурси. Врз основа на оваа врска и информациите кои ги добиваат од експертите како и врз основа на состојбите на пазарот на трудот, WIFI континуирано развива иновативни едукативни продукти кои се конзитентни со барањата на стопанството. Интернационален know-how трансфер Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на начин кој на учесниците кои што успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога во отворањето на вратите кон австрискиот бизнис.
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Поради интернационалниот фокус и директните контакти, праксата покажува дека австриските компании биле во можност да склучат договори за набавка со странски добавувачи вредни 138.000.000 САД долари на три години, благодарение на активностите на WIFI. Што го издвојува WIFI од другите тренинг-програми? Тренерите Ангажирани од WIFI се избрани по препорака од бизнисзаедницата. Тие гарантираат пренос на практични know-how техники, високи способности за предавање и теоретски заснована ексертиза и на тој начин осигуруваат дека знаењето стекнато преку курсевите на WIFI може да биде применето директно во соодветната професија. Обука се состои од три дела: 1. теоретски предавања; 2. практични примери; 3. дискусија - feedback, прашања и дијалози.
Методологија на работа Со цел постигнување максимални резултати во текот на тренинг-програмата, методологијата се заснова на следните елементи: • индивидуален пристап во текот на обуката, развивање на упатства и насоки за потребите на секој учесник индивидуално; • фокус на практичниот аспект во текот на обуката; • дискусии и анализи на специфични студии на случај за време на работилниците; • обуката ја спроведуваат високо квалификувани и искусни тренери од интернационалната мрежа на WIFI; • посебно внимание се обрнува на изборот на преведувачи за симултан превод кои ќе мора да бидат високо квалификувани согласно стандардите на WIFI со цел најдобро можно пренесување на знаењето; • обуките се наменети за сите претпријатија.
Тренинг-модули
Модул 1: Корпоративни финансии и финансиско известување Содржина на модулот: - Ризици во финансирање на извозот и меѓународни договори; - Управување со ризик и методи за плаќање; - Транспортни документи, сертификати; - Меѓународни финансиски инструменти
Датум на одржување
Тренер
26-28 мај 2016 година
Максимилијан Фоедингер
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Тренинг-модули
Модул 2: Управување со резултати во меѓународните активности Содржина на модулот: - Европски пазар; - Маркетинг стратегии за меѓународни пазари; - Управување со ризик; - Анализа на резултати; - Управување со резултати. Модул 3: Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство Содржина на модулот: - Системи за управување со човечки ресурси; - Видови на човечки ресурси; - Управување со работа во тимови; - Мотивација; - Компанија, лидери, вработени.
Датум на одржување
Тренер
23-25 јуни 2016 година
Маргит Венделбергер
9-11 јуни 2016 година
Александра Веселиновиќ
Времетраење на обуките Програмата се состои од 9 дена (3 поединечни модули, секој во времетраење од 3 дена) по коишто следува тестирање. Учесниците кои успешно го поминале тестот и кои оствариле 75% редовност на предавањата, можат да учествуваат на деловните средби организирани од Австриската федерална комора во Виена и да се стекнат со меѓународно признат сертификат. Сертификатите и дипломите кои ги добиваат учесниците се признати од бизнисзаедницата. WIFI Институтот е сертифициран по ISO стандардите и континуирано применува проверка на квалитет. * Напомена: Потребен број на учесници за реализација на обуките: 15 – 20 лица. Обуката нема да се реализира доколку не е формирана група од минимум 15 учесници. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА: • Тренинг-курсот е дел од WIFI IKT е специјално дизајнирана програма за специфичните потреби, предизвици и можности со кои се соочуваат целните групи. • Овој курс на учесниците им обезбедува стекнување на финансиски и бизнис-основи коишто секој менаџер треба да ги поседува за да може да опстои во конкурентска средина и да стекне профит од својот бизнис. • Програмата нуди надградување на личните вештини, но и вештини потребни за водење бизнис и потребниот know-how за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет.
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • Учесниците учат: - како да се справат со пречките и предизвиците кои произлегуваат од недостаток на време, пари, искуство и други ресурси; - како да ги откријат начинот на размислување, визијата, вештините и стратегиите потребни за успех; - како да профитираат на пазарот; - како да размислуваат различно и стратегиски ориентирано со цел да го развијат бизнисот; - како да работат и да имплементираат иновативни стратегии; - како на најефективен начин да ги користат стратегиските партнерства со цел да се обезбедат повеќе можности и да се зголемат шансите за успех. • Учесниците можат да се вмрежат со претприемачи и менаџери од австриски компании. • Учесниците добиваат искуство од странски експерти. Котизацијата за сите WIFI обуки изнесува 54.900 денари + ДДВ и истата вклучува: * обука за конкретна програма во времетраење од 9 дена (3 модули x 3 дена) и тридневен престој во Виена, Австрија; * хотелско сместување во двокреветни соби во Виена; * превоз аеродром – хотел – аеродром; * преведувач за време на престојот во Виена и за време на целата обука; * работни материјали; * организација и присуство на Бизнис форум и индивидуални термини за учесниците; * организирана свечена вечера во Виена и доделување на WIFI сертификати. *Во котизацијата не е вклучен превозот Скопје – Виена – Скопје.
Краен рок за пријавување: 11.5.2016 година. Напомена: Ве молиме, да се има предвид дека согласно Меморандумот за соработка со WIFI International, Стопанската комора на Македонија не е во можност да прими пријави по истекот на крајниот рок. Истиот рок се однесува и на уплатите за котизација за обуката.
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел:++ 389 2 3244084 E-адреса:ivona@mchamber.mk Контакт: Симона Ристоска Тел:++ 389 2 3244067 E-адреса:simona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Обука 12.5.2016 година (четврток) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
„УПРАВУВАЊЕ СО МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ НОРМИ ЗА РАБОТА ВО МАГАЦИН И КОНТРОЛА НА РАБОТЕЊЕТО“
ПРОГРАМА: - Поставување процес на магацинско работење; - Поставување операции во магацинското работење и управување со секоја од нив; - Организациска структура во магацинско работење; - Поставување критички точки во целиот процес и поставување на корективни и превентвни мерки за справување со истите; - Поставување критериуми за мерење на ефикасноста на процесот на магацин; - Контрола на квалитет во процесот. ПРЕДАВАЧИ: - Михаил Китановски, консултант за организација и менаџмент повеќе од 15 години. - Јасмина Илиевска, консалтинг менаџер во компанијата „Д2ЕМ Консалтинг“. За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
МОБИНГ
Семинар 13.5.2016 година (петок) Поим и видови на психичко вознемирување на работно место 9:30-15:00 часот мобинг, постапка пред работодавач во случаи на вознемирување Стопанска комора на на работно место и постапка пред суд во ваков вид на спорови, Македонија, сала 1 на 5-ти постапка при отказ на договорите за вработување од деловни кат причини, повреди на работниот ред и дисциплина како причина за отказ на договорот за вработување ПРОГРАМА: -Поим и видови на психичко вознемирување на работно место - мобинг; -Постапка пред работодавач во случаи на вознемирување на работно место и постапка пред суд во ваков вид на спорови; -Постапка при отказ на договорите за вработување од деловни причини; -Повреди на работниот ред и дисциплина како причина за отказ на договорот за вработување. ПРЕДАВАЧИ: - Бојана Велковска, судија на Основен суд Скопје II - Скопје и - Хилда Мешкова, судија на Основен суд Скопје II – Скопје. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 13 мај 2016 година во Букурешт
БИЗНИС-ФОРУМ СО ЈАПОНСКИ КОМПАНИИ ВО РОМАНИЈА
Учеството на Форумот го организираат Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за надворешни работи на Р. Македонија и Амбасадата на Република Македонија во Р. Романија. Форумот има за цел на едно место да собере владини претставници кои се надлежни за привлекување странски инвестиции, како и компании кои би биле заинтересирани да остварат контакти и потенцијална соработка со јапонски компании кои имаат свои претставништва во Романија, како и во земјите од регионот. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Бизнис-форумот со пополнување на пријавниот лист, најдоцна до 5 мај 2016 година (четврток). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТЕХНИКА ВО БЕЛГРАД
Од 16 до 20 мај 2016 година во Р. Србија
Стопанската комора на Македонија учеството на саемот го организира во соработка со Белградскиот саем. Меѓународниот саем за техника веќе 60 години претставува најголем развојно-технолошки настан во целиот регион. Тој е голем поттикнувач на меѓународната деловна соработка овозможувајќи им на странските излагачи да ги претстават на српскиот пазар нивните експонати кои не се произведуваат во државата, а на домашните компании да ги прикажат сопствените производи наменети за извоз. Минатата година на Саемот учествувале 510 излагачи од 23 земји од светот, а настанот го посетиле повеќе од 20.000 посетители. Саемот за техника има за цел на едно место да промовира повеќе сегменти, но како главен акцент ќе биде ставен на: • електроенергетиката; • индустриската автоматизација и фабриките на иднината; • иновациите и новите технологии; • телекомуникациите; • новите материјали; • инсталациите; • опрема за професионална и научна цел. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
БИЗНИС ИНФО
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-СРЕДБИ „AgroB2B@NSFair“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Бизнис-средбите „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 16.5.2016 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак настанот е отворен и за сродните сектори, како што се: земјоделски машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување, итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Во 2016 година, земја-партнет е Холандија. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да си ги покриете трошоците трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. Пријавата и барањето за учество на меѓународните бизнис-состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да го направите преку линкот http://agrob2b.talkb2b.net Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Факс: (02) 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар 17 мај 2016 година (вторник) измените и дополнувањата на законот за трговските друштва од 2015 и 2016 10:00-14:30 часот година, нивната инкорпорација во основниот законски текст и нивната примена Стопанска комора на во практиката Македонија, сала 1 на V кат
ЗАКОН ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА
Програма I. Голема зделка и зделка со заинтересирана страна: - Проширување на примената на правилата за голема зделка на ДОО; - Правила за зделка со заинтересирана страна за акционерски друштва чии хартии од вредност котираат на берза; II. Одредбите кои се однесуваат на основната главнина, нејзино зголемување и намалување, со посебен осврт на правилата за трансформација на заем во влог во постапка за зголемување на основната главнина; III. Правила за транспарентност и одговорност на органите на управување на акционерските друштва со посебен осврт на правилата за забрана за конкуренција за членовите на органите на истите; IV. Начин на работа и организација на собрание на акционери: - Правила за свикување и организација на собрание на акционери; - Правата на увид и информираност на акционерите како претпоставка за остварување на правото на глас и имотните права; - Претставување преку полномошник на акционерско собрание; V. Воведување одредби за друштва каде член е Република Македонија; VI. Новини во поглед на упис на трговско друштво. Предавачи: 1. проф. д-р Горан Коевски, редовен професор на научната област Трговско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. 2. доц. д-р Дарко Спасевски, доцент на научната област Трговско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручек и освежување и сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ОРГАНИЗАЦИЈА, СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ И МЕРЛИВОСТ НА ОСТВАРУВАЊАТА ВО КОМПАНИЈАТА - СТРАТЕГИЈА НА БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ SWOT - АНАЛИЗА
Обука 18 мај 2016 година 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРОГРАМА: ДЕЛОВНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ ВО КОНТЕКСТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА - Идентификација на заинтересираните страни; - Како да се идентификува вредноста и влијанието на заинтересираните страни; - Како да се разберат потребата и очекувањата на заинтересираните страни? КАКО СЕ ПРИМЕНУВА SWOT АНАЛИЗА? - Поим и дефиниција на SWOT анализа; - Примена на SWOT анализа; - Интерна анализа; - Надворешна анализа; - SWOT анализа профил; - Практични примери за примена на SWOT анализа. Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае еден ден, од 9:00 – 16:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница. - Работен јазик на обуката: српски. За сите учесници на оbuката ќе биде обезбедено: кафе, ручек и освежување; работен материјал; сертификат за учество. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
34
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 18 и 19 мај 2016 година Конференција во СР Германија
„CONNECTIVITY FOR COMMERCE AND INVESTMENT“ ВО БЕРЛИН
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија, ве поканува да бидете дел од Конференцијата „Connectivity for commerce and investment”. Овогодинешната конференција ќе се одржи на 18 и 19 мај 2016 година, во Берлин, СР Германија. Во рамките на германското претседавање со ОБСЕ ќе се одржи предметна конференција, посветена на теми за транспортните коридори, инфраструктурата, финансирањето, трговијата, енергетиката и дигиталното и регионално поврзување. На Конференцијата се поканети бизнис-лидери од главните меѓународни компании од горенаведените области. Исто така, поканети се и делегации од земјите-членки на ОБСЕ што треба да бројат до 10 члена, од кои половина треба да бидат владини претставници, а другата половина претставници од приватниот сектор. Целта на Конференцијата е поврзување на бизнис-делегациите кои ќе учествуваат на истата, како и дискусија за финансирањето на регионалните проекти.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ИНТЕГРАЦИЈА НА СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПЛАТИ, КВАЛИТЕТ И РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО И СИСТЕМОТ НА НАГРАДУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА СЛАБИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Семинар 19.05.2016 година (четврток) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Програма на семинарот: -Систем за управување со плати; -Основна плата и додатоци; -Додаток на награда за деловна успешност; -Финансиска казна за деловна неуспешност; -Принципи за создавање ефективен и стандардизиран систем за управување со плати на вработени на сите организациски нивоа; -Систем за управување со квалитет и резултати од работењето; -Мерење на квалитет од работењето на вработените; -Мерење на резултати од работењето вработените; -Мерење на резултатите на организацијата; -Модел на Balanced Score Card; -Интегрирање на резултатите од работењето на вработените и организацијата;
-Систем за награди и казни; -Евалуација на работата на вработените; -Евиденција на континуирани резултати; -Обуки за надминување на слаби резултати; -Развој на талентирани вработени и подготовка на план за наследување на критични работни позиции; -Распределба на награда за остварување добар резултат во работењето; -Дисциплински мерки за санкционирање на слабите резултати во работењето; -Интеграција на системот за управување со квалитет и резултати со системите за награди и казни и управување со плати; -Употреба на софтверски решенија за поефикасна интеграција; -Бенефити од софтверски интегрираните решенија.
Предавач: - Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во Компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување;
сертификат за присуство на семинарот.
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
36
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар 20.5.2016 година(петок) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ЗАКОН ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ
-спроведување на постапката во електронска форма(„Службен весник на Р. Македонија“, бр. 199/14; 44/15; 193/15 и 31/16)
Програма на семинарот: -Закон за просторно и урбанистичко планирање 2014-2016 година; -Планирање на просторот, видови на планска документација; -Изработувач и донесувач на планска документација; -Издавање и одземање лиценци и овластувања; -Странско правно лице како изработувач на планска документација; -Урбанистичко-плански документации; -Урбанистичко-проектна документација; - Архитектонско-урбанистички проект; - Проект за инфраструктура; -Начинот на спроведување на постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации во електронска форма („Службен весник на РМ“, бр. 111 од 2.7.2015 година). Предавач: - Дивна Анастасова, дипл.инж.арх.,пом.раков. на Сектор за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручек и освежување и сертификат за присуство на семинарот.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
BRESCIA INDUSTRIAL EXHIBITION
Од 19 до 21 мај 2016 година Меѓународен саем во Италија
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Италијанската стопанска комора во Македонија - CACIM, ве поканува да бидете дел од 2. Меѓународен саем „Brescia Industrial Exhibition“. Овогодинешниот саем ќе се одржи во периодот од 19 – 21 мај 2016 година, во просториите на Centro Fiera Montichiari во Брескиа, Р. Италија. Брескиа е еден од водечките индустриски региони во Европа кој е спрециализиран во делот на металната индустрија, со вредност од повеќе од 10 милијарди евра. Овој регион е светски препознатлив по својот квалитет и воедно најголемата концентрација на компании кои се специјализирани во металниот сектор. „Brescia Industrial Exhibition“ става акцент на производните капацитети лоцирани во регионот Брескиа кои се занимаваат со металната индустрија, со интенција да стане место за промоција на компаниите кои сакаат да добијат што е можно поголема интернационална промоција. Главниот акцент на овогодинешната манифестација ќе биде ставен на неофицијални деловни средби со цел остварување на потенцијални идни партнерства помеѓу компаниите. Оваа манифестација е наменета пред се` за оние кои се занимаваат со: • машини; • алати; • автоматика и индустриски роботи; • машини и опрема за ковање; • машини и опрема за леење; • машини и опрема за третирање и финиш; • метрологија; • преси; • прототипи; • калапи и опрема; • услуги за компанииите. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
38
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 20 до 22 мај 2016 година во НР Кина
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2016 – BITE ВО ПЕКИНГ
Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, да им овозможи на излагачите промоција на своите услуги, да ги зајакнат своите брендови, како и да ја подобрат својата меѓусебна соработка со професионалци од истата дејност. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 81 држава и 27 локални провинции, а се очекуваат и над 120.000 посетители од целиот свет. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар ЕЛЕКТРОНСКИ НАБАВКИ, 26 мај 2016 година (четврток) 10:00 - 16:00 часот ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3 кат ЗА НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА И ПОДГОТВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА
Содржина на актуелни теми: • Детално опишување на е-набавките и алатките што ги нуди ЕСЈН; • Поднесување на понудите преку ЕСЈН и учество на е-аукции; • Насоки за успешно спроведување на постапките за јавни набавки согласно актуелните законски прописи; • Претставување на случаи на „добра пракса“ при спроведувањето на е-набавките и е-аукциите; • Претставување на најчестите прашања на економските оператори во однос на постапките за доделување на договори за јавни набавки; • Претставување на најчестите прашања на договорните органи во однос на постапките за доделување на договори за јавни набавки • Претставување на случаи од пракса со укажување на што да се внимава; • Насоки за справување со предизвиците во јавните набавки; • Други прашања од интерес на учесниците. Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: примерок од најновото III издание на водичот „Примена на Законот за јавните набавки во пракса“; работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
40
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 26 до 28 мај 2016 година саем во Република Србија
„МИКРО БИЗНИСИ И СЕМЕЈНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО“ ВО БЕЛГРАД
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Белград, ве поканува да бидете дел од Саемот „Микро бизнис и семејно претприемништво“. Овогодинешната манифестација ќе се одржува во периодот од 26 - 28 мај 2016 година, во Белград, Р. Србија. Првиот саем за „Микро бизниси и семејно претприемништво“ е манифестација која на едно место ќе собере голем број претприемачи кои меѓусебно ќе си ги разменат своите искуства и идеи. Стопанската комора на Македонија за заинтересирани компании обезбени штанд за заедничко учество и ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават, со доставување на пополнетиот пријавен лист најдоцна до 23.5.2016 година (понеделник). Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
MATCH4INDUSTRY“ ВО КОЏАЕЛИ
На 26 и 27 мaj 2016 година бизнис-средби во Република Турција
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Македонија – Турција – МАТТО, ги поканува заинтересираните стопански субјекти за учество на По петти пат се организира меѓународниот настан „Match4Industry“ - бизнис-поврзување во областа на: автомобилската индустрија; металната и машинската индустрија; пластика и гума; гуми; хемиската индустрија (автомобилски бои и лакови); градежништвото и градежните материјали; енергијата; животната средина; електрониката; информатичките и комуникациските технологии; женското претприемништво и др. „Match4Industry“ настанот ќе биде организиран од TOSB - индустриски парк за автомобилски добавувачи во Кочаели, Република Турција и многу други организации за професионална поддршка на бизнисот од Европа, Турција и пошироко. На годинешните бизнис-средби во Коџаели се очекуваат околу 300 изложувачи и приближно 30.000 посетители. Покрај наведените билатерални средби што ќе се организираат во индустрискиот парк, предвидени се посети на компании, што ќе им бидат понудени на учесниците како изборна програма. Ова ќе помогне за оценување на бизнис-климата во регионот и за финализирање на преговорите. Котизација: 80 евра по учесник. Партиципацијата вклучува: - 2 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди; - организирани деловни состаноци; - помош пред, за време и по настанот; - локален трансфер; - превод од англиски на турски, од турски на англиски јазик; - ручеци, освежување и вечера за добредојде. Крајниот рок за пријавување до организаторот на настанот во којшто може да се искористат условите на субвенцијата е 10 мај 2016 година. Стопанската комора на Македонија - Турција - МАТТО е национален партнер на меѓународниот настан „Match4Industry“ - бизнис-поврзување и е подготвена да понуди организирање дополнителни програми за средби, како на пример на ниво на асоцијации и слично, а исто така ќе пружи логистичка поддршка на заинтересираните компании, вклучувајќи и организирање превоз, автобус/авион, во зависност од пројавениот интерес.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk
Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk
42
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 30 мај до 2 јуни 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународниот саем за градежна механизација, градежни елементи и градежни технологии во Република Турција
„ANKOMAK“ ИСТАНБУЛ
Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ANKOMAK 2016“. Оваа манифестација е една една од најпрестижните платформи каде секои две години се среќаваат најпрестижните имиња од градежната индустрија. Овој саем е најголемиот меѓународен форум во регионот на Евроазија, со повеќе од 1000 брендови, 250 изложувачи и над 25.000 посетители. На овогодинешното издание на „Ankomaк 2016“ ќе бидат застапени следниве сектори: • машини и возила наменети за градежништво; • градежна опрема, алати и специјални системи; • кранови и лифтови; • ископување, вадење и процесирање на суровински материјали и друго. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 19.5.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна: http://www.ankomak.com/ .
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„CPhl ISTANBUL 2016“
Од 30 мај до 2 јуни 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународниот саем за фармацевтски производи во Република Турција
Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „CPhl Istanbul 2016“. Станува збор за саемска манифестација која на едно место ги собира сите турски и регионални производители на фармаколошки производи кои имаат глобални добавувачи. На овој настан ќе има повеќе од 200 изложувачи и се очекува да го посетат повеќе од 4000 посетители од Турскија, Блискиот Исток и од Северна Африка. На овогодинешното издание на „CPhl Istanbul 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: фармацевстки состојки; производство на фамацевстки производи; фармацевстка машинерија, технологија и оппрема; амбалажа на производи и нивна достава. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 19.5.2016 година.
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
44
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 2 до 4 јуни 2016 година Саем за кинески производи во Истанбул
„CHINA HOMELIFE TURKEY 2016 “
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија ве поканува да бидете дел од Саемот за кинески производи „China homelife Turkey 2016“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 2 - 4 јуни 2016 година во просториите на Istanbul Expo Center, во Истанбул, Р. Турција. Саемот „China homelife Turkey 2016“ ќе биде домаќин на 1150 менаџери од Иран, Ирак, Бугарија, Алжир, Азербејџан, Грузија, Обединетите Арапски Емирати и други. Ова се остварува преку Програмата „VIP Buyer program“, чија главна цел е да ги поврзе кинеските производители со купувачи од реионот на Евроазија и Истанбул. Организаторите на Саемот оваа година предвидуваат манифестацијата да се одржи на над 17.000 метри квадратни, со над 15.000 посетители, 800 излагачи и 750 деловни средби. Саемот за кинески производи „China homelife Turkey 2016“ пред се` е наменет за оние кои се занимаваат со: облека и модни додатоци; текстил; мебел; апарати за домаќинство; градежни материјали; производи за осветлување и ЛЕД; храна и технологии за преработка на храна и др. Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија на учесниците им овозможува: 2 бесплатни ноќевања со појадок; деловни средби со компании; бесплатни влезници; трансфер (аеродром – хотел - саем и обратно).
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
45
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ЕНЕРГА 2016“ ВО ТУЗЛА
Од 7 до 9 јуни 2016 година Меѓународен саем за енергетика во Р. Босна и Херцеговина
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Тузланскиот саем од Тузла, ве поканува да бидете дел од 6. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2016“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 7 - 9 јуни 2016 година, во Тузла, Р. Босна и Херцеговина. Во изминатите години Саемот и Конференцијата „Енерга“ се етаблираат како успешни и атрактивни бизнис-настани, а со тоа и си го зацврстија местото меѓу најзначајните манифестации во областа на енергетиката во Босна и Херцеговина и во регионот. Саемот е место за средба на угледни компании и институции, кои на стручната јавност и` ги презентираат своите разновидни истражувачки и производствени достигнувања, трендови и остварувања во модерната енергетика, како и различни облици на меѓусебна соработка. Организаторите на Саемот им овозможуваат на учесниците во рамките на деловните средби да остварат директен контакт и да запознаат потенцијални деловни партнери. Структурата на деловната и стручната јавност заинтересирана нза учество на оваа манифестација го потврдуваат стекнатиот углед и позиција на „Енерга“. 6. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2016“ главен акцент ќе стави на следните дејности: електрична енергија; јаглен; гас и нафта; соларна енергија; еолската (ветерна) енергија; биомаса; енергетска ефикасност и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 20.5.2016 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
46
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 8 до 10 јуни 2016 година, Саем за текстил и мода во Р. Албанија
„TEXTILE, FASHION AND FAÇON SHOW“ ВО ТИРАНА
Учеството на саемот, што ќе се одржи во Конгресната палата, го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со „Klik Ekspo Group. Покрај изложбениот дел ќе бидат организирани и: деловни средби; ревија (претставување модели); посета на институции и конференции, на коишто ќе се дискутира за развојот на текстилната индустрија со претставници од албанските институции, како што се Албанската агенција за инвестиции и равој и Стопанската комора на Албанија. Ќе бидат организирани и посети на албанските производствени капацитети, како и модни ревии на кои ќе бидат прикажани сите производи од Саемот. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 18.4.2016 година (понеделник).
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
47
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА - ММЕ
Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид, Република Македонија
Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.
Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).
Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера. Дополнителни информации: cmum16@tmf.ukim.edu.mk www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16
Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk
48
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 26 до 28 август 2016 година во Сиан, НР Кина
САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)
Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
49
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„КИНА – ЦИЕ“ - САЕМ ЗА ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА Стопанската комора на Македонија, во соработка со Меѓународниот изложбен центар „НИНГБО“, ве покануваат да земете учество на овогодинешниот „Кина ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа. Настанот ќе се одржува во Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, во провинцијата Жеџијанг, НР Кина. „Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа е првиот сеопфатен тематски настан што ќе се занимава исклучиво со инвестиции и трговска размена меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Главни организатори на настанот се Министерството за трговија на НР Кина и Владата на провинцијата Жеџијанг, а како коорганизатори се надлежните служби и бироа во рамките на Министерството за трговија, Владата на Нингбо и Министерството за трговија на провинцијата Жеџијанг. Со тема „Промовирање на соработката и заеднички развој”, ЦИЕ Експо оваа година ги постави своите активности во четири групи: • Инвестициски симпозиум во којшто се вклучени владини и коморски претставници; • Саем на којшто ќе бидат претставени
Од 9 до 12 јуни 2016 година во провинција Жеџијанг, Нингбо, НР Кина
повеќе од 3.000 најразлични производи за широка потрошувачка, на површина од над 5.000 м2; • Конференции и форуми - соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 2. Форум на тема: Меѓуопштинска соработка - Кина и земјите од Централна и Источна Европа; Соработка во едукативниот систем и др.; • Културна размена - промоција на туристичката соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 3. Светска изложба на фотографии - Како Кина го гледа светот; јазични работилници и др. Како и претходните, така и оваа година, со цел зајакнување на одличната партнерска релација со Саемот „НИНГБО“, Стопанската комора на Македонија обезбедува дополнителни поволности и бенефиции за сите заинтересирани посетители и излагачи на претстојниот настан. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
ИНФОи оБука БизнисБИЗНИС центар за тренинг Bussines center for traning and education bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
Бизнис акаДеМиЈа за контроЛинг МенаЏер настаВна ПрограМа од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
51
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ПРВ ИНТЕР-БАЛКАНСКИ ФОРУМ ВО СОЛУН
На 7 и 8 јули 2016 година во Р. Грција
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за надворешни работи на Македонија, ве поканува да бидете дел 1. Интер-балкански форум. Овој форум ќе се одржи во периодот од 7 – 8 јули 2016 година, во просториите на саемот HELEXPO во Солун, Р. Грција. Земји-учесниснички на Форумот се: Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Романија и Србија. Со оглед на динамичниот развој на индустријата за храна и пијалаци кој води кон подобрување на бизнис-климата, Интер-балканскиот форум ги повикува сите истакнати индивидуалци од светот на политиката и Балканската бизнис-заедница да учествуваат во дебатата, на којашто ќе ги утврдат проблемите со цел да ги подобрат своите уникатни производи кои би отвориле можности за инвестиции. Главен акцент на форумот ќе биде ставена на можностите за инвестирање кои можат да бидат поддржани од меѓугранични партнерства и примена на нови технологии на полето на програмите за рурален развој, државната помош и мерките за финансирање. Теми на коишто ќе се дискутира на Интер-балканскиор форум: • Меѓугранична економска соработка; • Можностите за зголемување на просперитетот и одржливиот развој; • Презентација на секторите за храна и пијалаци од страна на државите учесници и потенцијални можности за инвестиции; • Промоција на истражувања; • Промоција на производи; • Бенифициите на медитеранската храна; • Презентација и проучување на успешни бизнис-идеи; • Проблемите кои го засегаат банкарскиот сектор (програми за финансирање, програми за развој на руралниот сектор, државна помош итн.). Во рамките на Форумот ќе бидат организирани и деловни средби. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Форумот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 10 јуни 2016 година (петок).
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
52
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ФИНАНСИРАЊЕ ЗА СОРАБОТКА ЗА И РАЗВОЈ НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ 28 и 29 јуни 2016 година, Ливерпул, Англија Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на РМ, а во организација на Стопанската комора на Англија, преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве поканува да учествувате на брокерскиот настан на тема „Финансирање за соработка за истражување и развој на креативните индустрии“, на 28-29 јуни 2016 година, во Ливерпул, Англија. Настанот „Финансирање за соработка за истражување и развој во креативниот сектор”, ќе има за цел поттикнување на соработката и обезбедување финансиски средства за развој на креативни и дигитални проекти во различни индустрии со директни бизнис-средби. Овие ЕЕН-средби се совршена можност за размена на знаења, идентификување на потенцијалните партнери за соработка, со цел да се обезбедат начини за финансирање и инвестиции преку директни средби со компании кои ќе помогнат за побрз и подобар развој на иновативни проекти, производи и услуги.
На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на следните сектори: • дизајн: архитектура, мода, графички дизајн, дизајн на производи; • медиуми: дигитални медиуми, аудио-визуелни, телевизија, музика, филмови, телевизиски продукции, апликации; • уметност: визуелни уметности, изведувачки уметности, музика; • автомобилската индустрија, авиоиндустријата, градежништвото, образованието, животната средина, инженерингот, здравството, ИКТ, технологијата на материјали, текстилот и туризмот.
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
53
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ИСТРАЖУВАЊЕ И И“ ВО ЛИВЕРПУЛ
Деловните средби ќе се одржат на 28-29 јуни 2016 година, во Ливерпул, Англија.
Сите заинтересирани за учествуво на деловните средби, треба да ги следат следните чекори: • електронски да се регистрираат на оваа веб-страна: https://www.b2match.eu/finance4creativeprojects; • да пријават свој проект за соработка; • да ја погледнат листата на пријавени учесници и да закажат средби со нив, а две недели пред настанот, нивниот распоред на закажани средби ќе го добијат на е-адреса. Доколку македонските компании први се регистрираат за учество и закажат средби со пријавените компании од целиот свет, организаторот нуди рефундирање на трошоците за патување и сместување, но притоа треба да се приложат авионските борд-карти и фактурата за платено хотелско сместување 2 недели по завршување на настанот по барање на организаторот од ЕЕН Англија и да се пратат до info@eenw.org за рефундација.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
54
БИЗНИС ИНФО
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Полска која преработува компири и произведува готиви производи и полупроизводи од компирите, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 8.7.2016 година. Компанија од Полска која произведува голема палета на производи од компир, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 8.7.2016 година. Компанија од Полска која произведува, препработки од зеленчук (сушено и смрзнати), бара компании од Р.Македонија за соработка и пасман на своите производи. Валидност до 8.7.2016 година.
Една од најголемите Унгарски компании, која ја снабдува средна Европа со материјали за работни облеки бара компании од текстилната индустрија од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 8.7.2016 година.
Компанија од Украина која произведува и извезува во повеќе земји во светот моркови, семки од сончоглед, коријандер, сенф, пченка, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 1.7.2016 година.
четврток, 5 мај 2016, Бр. 266
БИЗНИС ИНФО
55
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украинска компанија организирана како холдинг во областа на земјоделието и сточарството бара компании заинтересирани за инвестирање во капацитетите за производство и преработка, како и за пласман на своите производи од Р. Македонија. Валидност до 1.7.2016 година. Компанија од Унгарија која одгледува фазани, нуди млади еднодневни и постари пилиња и птици, бара заинтересирани компании од Р. Македонија за пласман на фазани. Валидност до 1.7.2016 година.
www.mchamber.mk
Компанија од Република Крим, Руска Федерација, која произведува и пакува разни видови билни чаеви, кафе, бара да купи сушени билки за чаеви и контакт со компании од Р. Македонија кои сакаат да извезуваат во Руската Федерација и други земји. Валидност до 1.7.2016 година. Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088