петок, 5 мај 2017, Бр. 306
Број 306
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
05.05.017
ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“
2 2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 5 мај 2017, Бр. 306 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
БИЗНИС ИНФО
3
ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА
ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ – ОДРЖАНА ЕДИНАЕСЕТТАТА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ВО ШТИП Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, на 5.5.2017 година, во хотелот „Изгрев“ во Штип, се одржа единаесеттата информативна сесија на тема: „Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот“. Пред присутните се обрати м-р Ирена Мојсовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија, која ги поздрави учесниците и истакна дека целта на овие инфо-сесии e информирање на претставниците на бизнис-заедницата за законската регулатива од областа на животната средина и урбанизмот, како и детектирање на клучните прашања што би требало да се изменат или дополнат во соодветните закони или подзаконски акти, со цел нивна ефикасна примена во практиката. Таа посочи дека
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА во рамките на Проектот пет клучни сектори: земјоделие, текстил, градежништво, ИКТтехнологии и туризам ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива и дека оваа инфо сесија претставува исклучителна можност да се слушнат проблемите на малите, микро и средните претпријатија во овие области со цел да послужат како материјал за организирање на други целни активности во рамките на Проектот. М-р Ивана Крстевска, од Стопанската комора на Македонија, накратко ги претстави Проектот и активностите кои произлегуваат од него, а Ана Марија Маневска од „Епицентар“ ги покани присутните да поставуваат прашања во СЛИДО-системот, со можност за поголема интерактивна дискусија во однос на проблематиките кои ги засегаат компаниите. Предавач на информативниот настан беше м-р Славјанка Пејчиновска - Андонова, инженер за животна средина, национален експерт за ОВЖС и СОЖС, овластен проценувач од областа на животна средина и управител на „ЕкоМозаик“ ДООЕЛ
- Скопје, компанија која работи успешно и интензивно веќе 7 години со домашни и меѓународни компании нудејќи високо стручни услуги согласно законските норми. М-р Пејчиновска - Андонова пред присутните компании ги објасни законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот, чија основна цел е зачувување, заштита, обновување и унапредување на квалитетот на животната средина, заштита на
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
БИЗНИС ИНФО
5
ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА
животот и на здравјето на луѓето и на природните богатства, како и унапредување на мерките за решавање на глобалните проблеми на животната средина. На настанот присуствуваа повеќе од 30 учесници од повеќе сектори и тоа: градежништво, енергетика, производство на здрава храна, трговија на мало со земјоделски производи, производство на бакарна руда и концентрати, производство на системи за наводнување, хидранти и метални контејнери, собирање, обработка и отстранување на отпад, еколошко друштво, од туризмот, како и од областа на животната средина. Овој настан претставуваше одлична можност да се слушнат проблемите со кои секојдневно се соочуваат микро, малите и средните претпријатија, како и можност за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во наредните години во кои е предвидено да се спроведува Проектот. Организирањето на овие информативни сесии е веќе отпочнато и досега беа одржани 11 информативни сесии во повеќе градови во Македонија и тоа во: Велес, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Куманово, Битола, Струга, Струмица, Охрид, Штип. Од вкупно предвидените 18 информативни сесии, уште 7 информативни сесии ќе бидат организирани до 7 јуни 2017 година во следниве градови: Куманово, Битола, Струга, Кавадарци, Охрид и во Скопје на три теми: 1. Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективни договори; 2. Права и обврски кои произлегуваат од законите од областа на даночната и царинска политика и 3. Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот. Полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог за донесување подобра бизнис-регулатива ќе бидат главните приоритети на овој четиригодишен Проект предводен од трите стопански комори во Македонија и тоа: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Моника Стоичева
БИЗНИС ИНФО
6
ПОСЕТИ
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Делегација на Советот на Кина за промоција на меѓународната трговија - ХЕЈЛОНГЏИАНГ КОМИТЕТ ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА На 28 април 2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа средба со делегација на Советот на Кина за промоција на меѓународната трговија - Хејлонгџианг комитет, предводена од господинот Гуан Хаибин, генерален секретар на Советот. Делегацијата беше примена од Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија. На средбата беа разгледани можностите за идна соработка со цел продлабочување на трговската размена и зајакнување на економските релации, како и можностите да се воспостават нови, повисоки облици на институционална соработка помеѓу двете институции. Јадранка Аризанковска ја претстави целокупната работа на Комората, нејзината историја, залагањата за бизнис-заедницата, активностите кои Комората ги реализира со цел поттикнување на меѓународната соработка на македонските компании кои дополнително треба да придонесат за развој на бизнис-секторот во Македонија, како и активностите
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
БИЗНИС ИНФО
7
ПОСЕТИ
на Комората во делот на организација на саемските манифестации, со што директно се поттикнува билатералната соработка и размената на информации, искуства и продукти помеѓу двете земји. Господинот Гуан Хаибин, генерален секретар на Советот на Кина за промоција на меѓународната трговија - Хејлонгџианг комитет, истакна дека присутноста на македонските компании на кинескиот пазар се` уште е незначителна, но се надева дека со нивна поддршка ќе се интензивира на повисоко ниво, што ќе придонесе за продлабочување на билатералната соработка и повисока трговска размена помеѓу двете земји. Тој упати покана до Стопанската комора на Македонија за учество на претстојниот 28. Кина Харбин меѓународен економски и трговски саем, со македонска бизнис делегација. Саемот ќе биде одлична можност македонските компании да воспостават контакти со компании од Кина, како и заеднички настап на трети пазари кои се веќе отворени и достапни за кинеските компании. НР Кина е 7-ми трговски партнер на Република Македонија во 2016 година. Вкупната трговска размена на Република Македонија достигна вредност од 469 милиони САД$, а остварен е извоз во вредност од 47,8 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 421,2 милиони САД$. Игор Тасевски
8
БИЗНИС ИНФО
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
Тренинг-програма со WIFI
Во рамките на Тренинг-програмата со WIFI: „ЕФЕКТИВНА ПРОДАЖБА КАКО РЕЗУЛТАТ НА УСПЕШНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА“ реализирани деловни средби во Австрија Дваесет и седум австриски компании од различни дејности (од фармацевтската, месната, осигурителната, нафтената индустрија, градежништвото и транспортот) ги отворија вратите за посета на македонските компании и ја разгледаа можноста за остварување на деловна соработка. Ова е втор и успешен обид на Стопанската комора на Македонија во соработка со WIFI - Институтот за промоција на економскиот развој при Австриската федерална комора во реализација на деловни средби во рамките на Тренинг-програмата на тема: „ЕФЕКТИВНА ПРОДАЖБА КАКО РЕЗУЛТАТ НА УСПЕШНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА“. Целта на програмата е преку личен развој да се обезбеди прогрес на компаниите и нивна подготовка за настап на австрискиот пазар, а воедно, преку воспоставување успешни и продуктивни деловни средби на македонските со австриските компании, да се засили и да се подобри билатералната соработка помеѓу двете земји. Деловните средби се одржаа од 25-27 април 2017 година во Виена, Австрија, а учесниците реализираа посети во седиштата на компаниите низ Австрија со цел реализирање деловна соработка за искористување на стратегиските партнерства и развој на бизнисот. Тренинг-програмата овозможи надградување на личните вештини, вештини потребни за водење бизнис и потребниот know-how за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет. По реализираната деветдневна обука за 3 поединечни модули во
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
БИЗНИС ИНФО
9
Тренинг-програма со WIFI
Македонија, учесниците се стекнаа со меѓународно признат WIFI Сертификат. Оваа успешна приказна на Стопанската комора на Македонија и WIFI продолжува и понатаму со организација на третата тренинг-програма на тема:„МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГМЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР“, со ангажирање на странски експерти со долгогодишно искуство во светот на бизнисот. Ивона Каранфиловска
БИЗНИС ИНФО
10
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
8 - 10 мај 2017 година Будимпешта, Република Унгарија
„MACH-TECH & INDUSTRY DAYS 2017“ Саем за металната и металопреработувачката индустрија
Стопанската комора на Македонија во соработка со Унгарската национална трговска куќа во
Македонија ве покануваат да земете учество на претстојниот „MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017“ што ќе се одржува во Будимпешта, Р. Унгарија, во периодот од 8 до 10 мај 2017 година.
Саемот „MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017“ како и претходните, така и оваа година, за цел
има на едно место истовремено да ги претстави новитетите во речиси сите сегменти на металната и металопреработувачката индустрија, од машинско производство, нови технологи на заварување, автоматизација и заштита на животната средина, до новитети во безбедноста во електронската технологија.
Стопанската комора на Македонија во соработка со Унгарската национална трговска куќа на
сите заинтересирани посетители на Саемот им обезбедуваат:
• бесплатен превоз;
• бесплатни влезници за Саемот;
• организирана заедничка вечера за сите посетители;
• можност за организирани индивидуални билатерални средби;
• можност за посета на одредени компании согласно интересот на компаниите.
Сите пријавени учесници сами ги покриваат трошоците за сместување (2 ноќевања).
Саемот можат да го посетат максимум двајца учесници од една компанија.
Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават
за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 3 мај 2017 година (среда).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091
е-адреса: sanja@mchamber.mk
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
БИЗНИС ИНФО
11
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“
6 - 8 јуни 2017 година Сараево, Р. Босна и Херцеговина
Стопанската комора на Македонија, ве поканува да бидете дел од 7. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2017“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 6 - 8 јуни 2017 година, во Сараево, Р. Босна и Херцеговина. Во изминатите години Саемот и Конференцијата „Енерга“ се етаблираат како успешни и атрактивни бизнис-настани, а со тоа и си го зацврстија местото меѓу најзначајните манифестации во областа на енергетиката во Босна и Херцеговина и во регионот. Саемот е место за средба на угледни компании и институции, кои на стручната јавност и` ги презентираат своите разновидни истражувачки и производствени достигнувања, трендови и остварувања во модерната енергетика, како и различни облици на меѓусебна соработка. Организаторите на Саемот им овозможуваат на учесниците во рамките на деловните средби да остварат директен контакт и да запознаат потенцијални деловни партнери. Структурата на деловната и стручната јавност заинтересирана нза учество на оваа манифестација го потврдуваат стекнатиот углед и позиција на „Енерга“.
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Игор Тасевски, телефон + 389 (02) 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk - Сања Николова, телефон:+ 389 (02) 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
12
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
9-10 мај 2017 година во Луксембург
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017”
Enterprise Europe Network и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при
Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017” 9-10 мај 2017 година во Луксембург
Ве информираме дека на 9 и 10 мај 2017 година, се организираат средби „ИКТ пролет во Европа
2017” во Европскиот конвенциски центар, во Луксембург. Во 2016 година, беа организирани средби за 93 компании од 15 земји во текот на овој настан.
„ИКТ пролет во Европа“ е една од најголемите меѓународни информатичко-комуникациски и
технолошки конференции во Европа. Настанот е посветен на излагање и прикажување на најновите релевантни трендови и иновации и се дискутира за нивното влијание врз општеството и работниот свет. За повеќе информации во врска со „ИКТ пролет во Европа 2017“ посетете ја веб-страната: www. ictspring.com .
На годинешново издание ќе има неколку главни теми: ИКТ во банкарството, Иднината на
филмовите и дигиталната реалност, простор за апликација: технологија, финансирање, конкурентност, претприемништво, истражување на вселената: освојување на просторот, рударски простор, набљудување на Земјата, просторни ресурси и индустријата со иднина на автоматизација и текови на економијата.
Настанот ќе понуди: два дена деловни средби, можност да се изградат силни врски и
партнерства во ИКТ-секторот, мрежно поврзување за дигитални лидери, менаџери, иновации, истражувачи, стартап, итн,
Услови за учество: еден претставник од компанија плаќа: 100,00 евра, а секој нареден учесник
од иста компанија плаќа 75,00 по лице. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
БИЗНИС ИНФО
13
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair “
15 мај 2017, во Нови Сад, Србија
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери БИЗНИС-СРЕДБИ „ AgroB2B@NSFair “ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија Ве повикуваат да учествувате на бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” во Нови Сад, Република Србија, на 15.5.2017 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак, настанот е отворен и за сродните сектори, како што се земјоделские машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да се покријат трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. За учество на меѓународните бизнис состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да се пријавите преку линкот http://agrob2b2017.talkb2b.net Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
14
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
9 мај 2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар на тема: БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО
Градежниот сектор во моментот е локомотива на македонската економија. Според податоците
од Државниот завод за статистика учеството во вкупниот бруто домашен производ на градежништвото е 7%. Без градежништвото економијата во вториот квартал од 2016 година би била во негатива од 0,1%. Државата со инфраструктурните проекти ја стимулира градежната експанзија. Како сектор кој е носител на економската активност во земјата градежништвото се соочува со различни предизвици. Едно од нив е буџетирањето, односнно менаџирање на парите и менаџирање на трошоците.
Семинарот е наменет за: менаџери на градежни компании, менаџери за финансии и
сметководство, проект менаџери, вработени во секторот за финансии и сметководство, аналитичари, новинари, како и за сите оние кои имаат интерес да го надополнат своето знаење во областа.
Целта на семинарот е стекнување на знаеања за буџетирање, буџетирање во градежништвото,
буџетирање на градбата, буџетирање на општите административни трошоци, менаџирање со пари, менаџирање на трошоци. Предавач:
Вејсел Сарач, консултант и тренер од областа на финансии. Дипломиран менаџер на
Факултетот за деловна администрација при Истанбулскиот универзитет. Директор за сметководство во градежната компанија „Лимак“ – Скопје, која е дел од Групацијата „Лимак Холдинг АШ“ од Турција.
Претходно работно искуство:
o2014-2016 година - директор за финансии и сметководство во градежната компанија „Елиф
Инсаат“ ДООЕЛ;
2006-2010 година - извршен директор во „Сабах Трејд“;
2003-2005 година - кредитен аналитичар и советник за клиенти во Прокредит банка Македонија;
од 2005 година - предавач и консултант.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
БИЗНИС ИНФО
15
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Eднодневен семинар: ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ
11 мај 2017 година (четврток) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат
Стопанската комора на Македонија на 11 мај 2017 година организира еднодневен семинар на тема: ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗРО, што се однесуваат на: преземените мерки и процесуираните постапки од надлежниот орган, потпишувањето на договор за вработување, со посебен осврт на неговата форма, содржина, измена, време за кое се склучува договорот, склучување на договор со странски државјани, видови договори, дополнителна работа, договор за работа во странство, посебни договори и престанок на договорот за вработување. Целта на семинарот е опсервирање на дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса, во однос на темите кои ги разработува семинарот преку прашања од присутните и посочување на одредени разлики во законските решенија и практичната работа на компанијата кога се работи за права од работен однос на работници од приватниот и од државниот сектор. На семинарот ќе бидат изнесени најчестите повреди на одредбите од законските решенија во областа на работните односи наведени во програмата, како и сите дилеми што се јавуваат при примена на истите во пракса. Дополнително на учесниците ќе им бидат одговорени прашања и за други проблеми кои ги имаат при примена на легислативата од областа на работните односи, а кои не се предвидени во агендата. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
16
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
9-10 мај 2017 година во Луксембург
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017”
Enterprise Europe Network и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при
Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017” 9-10 мај 2017 година во Луксембург
Ве информираме дека на 9 и 10 мај 2017 година, се организираат средби „ИКТ пролет во Европа
2017” во Европскиот конвенциски центар, во Луксембург. Во 2016 година, беа организирани средби за 93 компании од 15 земји во текот на овој настан.
„ИКТ пролет во Европа“ е една од најголемите меѓународни информатичко-комуникациски и
технолошки конференции во Европа. Настанот е посветен на излагање и прикажување на најновите релевантни трендови и иновации и се дискутира за нивното влијание врз општеството и работниот свет. За повеќе информации во врска со „ИКТ пролет во Европа 2017“ посетете ја веб-страната: www. ictspring.com .
На годинешново издание ќе има неколку главни теми: ИКТ во банкарството, Иднината на
филмовите и дигиталната реалност, простор за апликација: технологија, финансирање, конкурентност, претприемништво, истражување на вселената: освојување на просторот, рударски простор, набљудување на Земјата, просторни ресурси и индустријата со иднина на автоматизација и текови на економијата.
Настанот ќе понуди: два дена деловни средби, можност да се изградат силни врски и
партнерства во ИКТ-секторот, мрежно поврзување за дигитални лидери, менаџери, иновации, истражувачи, стартап, итн,
Услови за учество: еден претставник од компанија плаќа: 100,00 евра, а секој нареден учесник
од иста компанија плаќа 75,00 по лице. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
БИЗНИС ИНФО
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair “
15 мај 2017, во Нови Сад, Србија
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери БИЗНИС-СРЕДБИ „ AgroB2B@NSFair “ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија Ве повикуваат да учествувате на бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” во Нови Сад, Република Србија, на 15.5.2017 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак, настанот е отворен и за сродните сектори, како што се земјоделские машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да се покријат трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. За учество на меѓународните бизнис состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да се пријавите преку линкот http://agrob2b2017.talkb2b.net Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
18
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
15 мај 2017 година Стопанска комора на Македонија
БИЗНИС ФОРУМ МАКЕДОНИЈА - ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија
и Велика Британија, Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Јужен Лондон (London Southside Chamber of Commerce) организира Бизнис форум и деловни средби меѓу стопанственици од Македонија и од Велика Британија.
Целта на Бизнис-форумот е македонските компании и институции да се запознаат со
можностите за соработка со Велика Британија во делот на меѓусебната соработка и инвестициите со цел продлабочување на трговската размена. Настанот ќе им овозможи на македонските стопанственици да ги зајакнат економските релации, но и да се воспостават нови, повисоки облици на институционална соработка меѓу двете земји.
Претставниците на компаниите од Велика Британија се заинтересирани да остварат средби со
македонски компании од следните области: • прехранбена индустрија - месна индустрија, производители на алкохолни и безалкохолни пијалаци; • туризам – тур-оператори и туристички агенции; • хотелиерство и угостителство - опрема и мебел, декоративни материјали; • банкарство и финансии; • консултантски услуги; • развој и управување со недвижности и имот; • медицинска и лабораториска опрема и опрема за техничка и стручна обука; • македонска уметност и антиквитети.
Настанот ќе се одржи на 15 мај 2017година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во
Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.
Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество
можат да го пријават најдоцна до 11 мај 2017 година (четврток).
Ве молиме, за Вашиот интерес да не` информирате преку пополнување на пријавниот лист
даден во прилог.
Контакт: Сања Николова, телефон: 3244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“
17-18 мај 2017 година, Виена, Австрија
Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската Федерална комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „THE FUTURE OF BUILDING“ – (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР), на 17-18 мај 2017 година, во Виена, Австрија. Овој настан е организиран од страна на Advantage Austria во соработка со Европската мрежа на претприемачи на Австрија и Австриската агенција за истражување и промоција (FFG). Исто така настанот е подржан и од страна на Министерството за наука на Австрија, Министерството за истражување и економија на Австрија и од страна на Австриската Федерална Стопанска комора. Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно. Превозот и сместувањето за останатите учесници се на товар на компаниите и на учесниците. Конференцијата и деловните средби ќе се одржат на 17-18 мај 2017 година, во Виена, Австрија. Успешното потврдување на деловните средби (директни средби/состаноци) со компаниите е предуслов за учество на овој настан. Контакт лица: Ирена Мојсовска, ЕЕН Македонија Телефон: ++ 389 2 3244 009 E-адреса: irena@mchamber.mk Herwig Wutscher, ЕЕН Австрија Austrian Federal Economic Chamber - Enterprise Europe Network www.wko.at +43 5 90 900 3662 herwig.wutscher@wko.at
БИЗНИС ИНФО
20
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Хотел „Фени “ Кавадарци 17.05.2017
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија
преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективни договори.
Информативниот настан ќе биде спроведен од страна Стопанската комора на Македонија,
Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.
Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република
Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони.
Информативниот настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни
односи и односи и колективни договори ќе се одржи на 17ти Мај 2017 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Фени“ - Кавадарци.
Предавач на информативниот настан е Снежана Петковска, која почетоците на своето
професионално искуство ги започнува како адвокат за стопанско право, а од 1999 одина се вработува во Министерството за економија на Република Македонија, во Секторот за правни работи, како раководител на Одделението за правни работи и како раководител на Секторот за инспекциски надзор во чија надлежност е и областа за заштита при работа каде што работи се`до 2015 година. Од 2015 година до денес работи како адвокат за деловно право.
Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 16ти мај 2017 година (вторник), со
регистрирање директно на следниот линк Ctrl+Click: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSejty tn3uoOzTVg20MOdOx4Za8-4ou5Y2ztIpbsJ96BY1pnOQ/viewform?c=0&w=1 Контакт: Тања Мицева Тел: ++ 389 43 415 044 Факс:++ 389 43 415 044 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
21
22
БИЗНИС ИНФО
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Валидно до: 2017-05-31 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.
Кина Валидно до: 2017-07-10 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Пакистан Валидно до: 2017-07-10 Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина Украина Валидно до: 2017-07-31 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.
Украина Валидно до: 2017-06-02 Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.
Украина Валидно до: 2017-06-30 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.
Валидно до: 2017-07-01 Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина Валидно до: 2017-07-01 Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина Валидно до: 2017-06-30 Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
БИЗНИС ИНФО
23
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Валидно до: 2017-07-01 Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина Валидно до: 2017-07-01 Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина Валидно до: 2017-06-25 Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина Валидно до: 2017-06-25 Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Грција Валидно до: 2017-06-20 Грчка компанија е голем производител на ламинат рачно изработени кујни и врати. Компанијата е
заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина Валидно до: 2017-06-20 Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Грција Валидно до: 2017-06-20 Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.
Кина Валидно до: 2017-06-22 Компанија од Кина се занимава со обработка и производство на пластика и специјални облици и прототипови од пластика произведува.Таа има интерес за соработка со компании од Македонија.
Шведска Валидно до: 2017-06-20 Шведска компанија произведува хигиенски марамчиња,заштитни елечиња и инвалидски колички за подобра нега на пациентот.Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
www.mchamber.mk
Контакт: Стево Серафимов Тел: +389 2 3244-032 Моб: +389 72 236 484 stevo@mchamber.mk
24
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
петок, 5 мај 2017, Бр. 306
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088