Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
Број 367 345
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018 05.10.2018
„ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ И ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“
БИЗНИС ФОРУМ „DOING BUSINESS WITH FINLAND“
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ОЧЕКУВАНИ ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ ОД НАДМИНУВАЊЕТО НА КЛУЧНИТЕ ПРИЧИНИ ЗА ПАДОТ НА ИНДУСТРИЈАТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПИВО
-Производството и продажбата на пиво во Република Македонија во изминатите десет години има континуиран негативен тренд, спротивно на европските тенденции каде се евидентира раст на потрошувачката на пиво, истакна в.д. извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева – Ѓуриќ, на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (1.10.2018). Образложувајќи ги причините за ваквите состојби, таа посочи дека според анализите на домашната индустрија за пиво, главните фактори кои влијаат на намалувањето на потрошувачката на пиво на домашниот пазар цела една деценија, се: 1. воведувањето на законските ограничувања за продажба на алкохол во трговијата – забраната за продажна на сите алкохолни пијалаци по 19/21:00 часот; 2. воведувањето лиценци за продажба на алкохол - кои стапија на сила во втората половина на 2008 година и 3. зголемувањето на акцизата на пиво за 33% во јули 2013 година (од 3 на 4 денари за литар, по степен на алкохол).
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Наспроти трендот на постепено зголемување на потрошувачката на пиво присутен во Европа помеѓу 1% и 2% годишно, во Македонија, во изминатата деценија потрошувачката драстично се намали, од над 33 литри по жител, колку што беше регистрирана во 2008 година, на околу 28 литри по жител во 2017 и 2018 година. Македонија има најмала потрошувачка на пиво по жител во цела Европа и пошироко. На пример, во Бугарија и Романија годишно во просек се консумираат над 75 литри пиво по жител, во Австрија и Германија потрошувачката на пиво надминува 95 литри по жител, во Полска над 98 литри, а рекордер во Европа според консумација на пиво по жител е Чешка со близу 140 литри по жител. Податоците говорат дека во 2008 година вкупната потрошувачка на пиво во земјава надминала 680.000 хл. Наспроти ова, најоптимистичките проценки на компаниите од домашната пивска индустрија се дека оваа година вкупната потрошувачка на пиво во земјата нема да надмине 570.000 хл, што е приближно исто ниво на потрошувачка во последните 4 години. Овие податоци јасно покажуваат дека во последната деценија, обемот на домашниот пазар на пиво се намалил за околу 110.000 хл, што е намалување за над 16% во однос на 2008 година. Осврнувајќи се на првата причина за падот на пивската индустрија, Билјана ПееваЃуриќ го истакна барањето на Стопанската комора на Македонија преку Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија и преку Здружението на трговијата за укинување на забраната за продажба на сите алкохолни пијалаци по 19/21:00 часот, прифатено со измените на Законот за трговија од крајот на јуни оваа година. При тоа, посочи Пеева-Ѓуриќ, бизнис секторот укажува дека во комбинација со веќе усвоените измени на Законот со трговија, со кои се укина временското ограничување за продажба на алкохолни пијалаци, треба да се земе предвид и барањето на Групацијата за алкохолни и безалкохолни пијалаци и води и на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија да се интервенира во Законот за трговија, во делот на обврската за поседување лиценци за продажба на алкохол од страна на трговците на мало. Постојниот режим за поседување лиценци за продажба на алкохолни пијалаци не само што е ограничувачки фактор за пивската индустрија во земјата, туку има и негативно влијание врз работењето на компаниите кои вршат дејност трговија на мало. Податоците говорат дека со воведувањето на лиценците за продажба на алкохол од 2008 година, над 5.500 помали трговски објекти во земјата, од вкупно околу 13.000 трговски објекти кои пред 2008 година продавале вакви производи, се откажале од продажба на алкохол, со што драстично се намалил вкупниот промет во трговијата на
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА мало. Загуба од прометот кај ваквите мали трговски објекти е голем затоа што дури 60% од прометот во овие објекти се остварувал токму со продажба на алкохолни пијалаци, со што дополнително загубила и државата поради намалениот прилив на ДДВ што се остварува при продажба на алкохолни пијалаци.
За продолжување на лиценцата согласно Законот за трговијата, трговецот е должен да плати надоместок во износ од 5.000 денари за секој продажен објект ако има до три продажни објекти и 15.000 денари за секој продажен објект, ако има над три продажни објекти, како и 0,05% од вкупниот промет остварен во претходната година. Ова значи дека за да може да се добие продолжување на лиценцата за продажба на алкохолни пијалаци потребно е да се плати 0,05% од вкупниот промет кој се остварува на ниво на деловниот субјект, а јасно е дека од продажбата на алкохолни пијалаци се остварува само дел од вкупниот промет, кој во најголем дел се остварува од продажбата на останатиот широк асортиман на производи на деловниот субјект. Многу од европските држави воопшто не предвидуваат обврска за поседување посебни лиценци за продажба на алкохолни пијалаци (на пример, во Австрија, Германија, Хрватска, Словенија, Чешка...). Напротив, ваквите мерки се карактеристични за земји со голема потрошувачка на алкохол по глава на жител. Согласно податоците на Светската здравствена организација, во 2015 година потрошувачката на алкохол по глава на жител изнесувала 11,9 литри во Финска; 12 литри во Обединетото Кралство; 8,7 литри во Шведска, а додека во Република Македонија изнесувала 5,7 литри, што е
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА значително помалку од европскиот просек од околу 10 литри по глава на жител. - Покај најниската потрошувачка на пиво по жител, Македонија има повисока стапка на акциза на пивото во однос на останатите земји во Југоисточна Европа, како и од голем број земји-членки на ЕУ кои имаат неколкукратно поголема потрошувачка на пиво во однос на нашата земја, - истакна Пеева-Ѓуриќ, осврнувајќи се на третата клучна причина за намалување на потрошувачката на пиво. За разлика од Македонија, каде акцизата за пиво со 5 степени алкохол изнесува 32,5 евра/хл, во Романија таа изнесува само 8.63 евра/хл, во Бугарија 9,2 евра/хл, во Германија 9,44 евра/хл, Чешка 14,69 евра/ хл, Австрија 24 евра/хл и Хрватска - 25,89 евра/хл. Истовремено, Македонија има многу повисока акциза за пиво во однос на пропишаниот минимален праг на акциза што треба да го почитуваат земјите - членки на ЕУ поставен со Директивата 92/84 EEC, а кој изнесува 1,87 евра/хл, по алкохолен степен, наспрема акцизата во Македонија од 6,5 евра/хл (за еден степен алкохолен), што е за три ипол пати поголем од минималниот праг што треба да го почитуваат земјитечленки на ЕУ. Оваа споредба е од аспект на фактот дека Македонија и сега е далеку над пропишаниот минимален праг на акциза наспроти просечната потрошувачка споредена со ЕУ-земјите. Пресметките покажуваат дека, доколку не се воведеа законските ограничувања во продажбата на алкохол во трговијата и не се зголемеше акцизата на пивото, домашниот пазар на пиво би ја задржал стапката на раст на потрошувачка помеѓу 1,5% и 1,8% годишно, со што, само во периодот од 2009 до 2014 година на државата ќе и` донесеше вкупно од 23 до 30 милиони евра дополнителен прилив на име акциза и ДДВ од продажбата на пиво, што претставува загубена можност за државата. Истовремено, треба да се земат предвид и анализите на Светската здравствена организација кои упатуваат на тоа дека високите акцизи на алкохолните пијалаци, меѓу кои и на пивото, влијаат на зголемување на нерегистрирано производство и трговија со алкохол, што нанесува штета за државите и на општествата во целина. За таа цел, Групацијата на производители на алкохолни, безалкохолни пијалаци и води при Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија во рамките на Стопанската комора на Македонија, достави предлог за намалување на акцизата за пиво од 4 на 3 денари за литар, по алкохолен степен, што во суштина би претставувало нејзино враќање на нивото од пред последното покачување на акцизата, направено во јули 2013 година. Осврнувајќи се на позитивните ефекти и за државата, Билјана Пеева-Ѓуриќ посочи дека намалувањето, односно враќањето на акцизата на пивото на нивото од пред
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА последното покачување во 2013 година (во комбинација со веќе усвоените измени на Законот за трговија, со кои се укина временското ограничување за продажба на алкохолни пијалаци) ќе донесе повеќекратни придобивки: 1. Зголемени даночни приходи анализите јасно покажуваат дека со пониска акциза, пивото ќе стане ценовно подостапно, што пак ќе го зголеми нивото на потрошувачка по жител. На тој начин, реално е да се очекува во наредните три до пет години домашниот пазар на пиво постепено да се врати на нивото на потрошувачката пред 2008 година, односно на пазарен обем од околу 680 000 хл годишно ниво. Ваквото зголемување на потрошувачката ќе предизвика и зголемување на приходите од акциза од околу 2,5 милиони евра во однос на сегашното ниво. Доколку кон ова се додадат и приходите од ДДВ што ќе се остварат поради зголемената потрошувачка на пиво, тогаш реално е да се очекува дека вкупните даночни приходи, само по овие основи, од домашните пиварници, ќе надминат 30 милиони евра годишно. 2. Од социо-економски аспект, пивската индустрија е значајна за обезбедување работа за повеќе илјади добавувачи. Со намалување на потрошувачката на пиво, забавува и производството, што се одразува дестимулативно директно на конкретната индустриска дејност и индиректно на уште 15 витални сектори од домашната економија (земјоделството, трговијата на големо и мало, угостителството и туризмот, транспортот). Дополнително, секое работно место во оваа индустрија придонесува за стабилноста на 4 други работни места во земјата. Љупка Илиевска-Самарџиска
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
„ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ И ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“
Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Стопанската комора на Македонија, Владата на Република Македонија и Народната банка на Република Македонија, во Охрид, на 4 и 5 октомври 2018 година, се одржува Научната конференција на тема: „Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија“. Конференцијата беше отворена од страна на академик Тaки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, кој изрази искрена благодарност на коорганизаторите на оваа Конференција за соработката и помошта за нејзина реализација. - Прашањето за промена и модернизација на структурата на македонската економија, мерките кои треба да го поддржат овој процес и изградбата на институционални капацитети за имплементација на промените, добиваат висок приоритет. Секако, ова прашање е тешко и комплексно, бидејќи процесот на промена на структурата на економијата е долгорочен, не постои унифициран и готов модел на
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
9
НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
индустриска политика која би го поддржала овој процес, а промената на структурата на економијата е работа на претприемачкото промислување истакна, - академик Таки Фити. Пред присутните се обрати и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, кој потенцираше дека МАНУ е највисока научна институција во земјава, таа е основа и столб на политичкиот и економскиот живот и има големо позитивно влијание во креирањето на економските политики во државава. -Економските политики на нашата економија се поволни, имаме раст на БДП во вториот квартал од 3,1%, раст, на индустриското производство од 5%, извозот е во пораст од 14%, 327 милиони евра се странски директни инвестиции во првото полугодие оваа година. Новите економски политики и Планот за економски раст даваат ефети на економијата, како и другите економски перформанси се добри и покажуваат раст, имаме рекордно ниска невработеност од 21,1% и во првото полугодие од годинава имаме 10.000 нови вработувања. Економијата може и мора да генерира повисоки стапки на раст на БДП на годишно ниво, а затоа мора да постои и долгорочна стратегија за економски развој, да се воведат нови технологии во производните процеси, целосна поддршка за извозно ориентираните компании, квалитетен образовен систем, квалитетна патна и железничка инфраструктура кои се основа за развој на една економија, а бенефит секако ќе имаат самите стопанственици и граѓани, - посочи премиерот Зоран Заев. Во рамките на Научната конференција свое обраќање имаше и претседателот
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој се осврна на потребата од модерна реиндустријализација и извозна диверзификација како главни процеси о забрзување на економскиот раст на македонската економија.
Азески истакна дека Република Македонија, како мала и отворена економија, мора да изврши преструктурирање на индустриската политика преку пренасочување на ресурсите од индустриските дејности со пониска додадена вредност, кон сектори и производи кои имаат повисока додадена вредност и продуктивност, а сето тоа ќе доведе до подобрување на индустриските перформанси на целокупната економија и зголемување на извозната конкурентност. Во таа насока, неопходни се економски политики кои ќе го поттикнат процесот на модерна реиндустријализација (зголемување на учеството на преработувачката индустрија во БДП) и ќе го забрзаат процесот на извозна диверзификација (преку зголемување на бројот на извозни производи кои имаат повисок степен на финализација во рамките на глобалните синџири на снабдување). Тоа значи дека структурните промени во самата економијата, процесите на реиндустријализација и извозна диверзификација се фундаментални процеси кои ќе генерираат високи и одржливи стапки на економски раст, каде брзината и успешноста во спроведувањето на овие процеси во голема мера се детерминирани од индустриската и извозна структура на земјава. -Стопанската комора на Македонија, како и досега, активно ќе продолжи да работи на идентификување на развојните можности за преструктурирање на
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
11
НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА македонската економија, за подобро дизајнирање на економските политики кои ќе обезбедат поддршка на процесот на модерна индустријализација и подобрување на извозната конкурентност на земјата. Предлог-политиките и мерките кои се содржани во неколку клучни столбови, како финансиска поддршка на инвестициите, подобрување на кадровските и менаџерските способности на извозно ориентираните домашни компании, редефинирањето на програмата за привлекување странски директни инвестиции, градењето инфраструктура, како и зајакнувањето на институционалните капацитети на државата и подобрување на бизнис регулативата, веруваме дека ќе придонесат за значително забрзување на динамиката на економски раст. Имајќи ја предвид важноста на индустриската конкурентност, односно нејзиниот придонес врз ефикасноста на целокупната национална конкурентност, Македонија треба итно да ја зајакне основата на својата индустрија со цел да се овозможи одржлив раст на вкупната економија, создавање повисоки вредности на економските активности и решавање на општествените предизвици со кои се соочува, - потенцирање претседателот Азески. На Конференцијата свое учество и излагање имаа голем број еминентни професори, министри, претставници на академската заедница и економски аналитичари и научни соработници кои се осврнаа на прашањата за реформи на системот на јавните финансии, јавните инвестиции и економскиот раст, даночните реформи, предизвиците на монетарната политика, како и за макроекономската стабилност на една економија. Воедно, тие истакнаа дека економските реформи во земјава се неопходни и мора истите да бидат спроведени, со цел зголемување на економскиот раст, а истиот тој раст ќе доведе до подобрување на општествениот и материјалниот живот на луѓето. Сашо Деспотоски
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИСОТ И ОБРАЗОВАНИЕТО
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ НА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ Во Аулата на Економскиот факултет - Скопје, на 1.10.2018 година, се одржа свечен академски час со кој официјално беше одбележан почетокот на новата академска 20182019 година. На свеченоста присуствуваа идните академски граѓани кои се одлучија своето образование да го продолжат на некој од седумте департмани од првиот циклус на студии на Економски факултет - Скопје. Свечениот академскиот час беше отворен од страна на професор д-р Љубомир Дракулевски, декан на Економскиот факултет, кој на идните академски граѓани им посака добредојде во најпрестижната високообразовна институција како дел од 69та генерација, нагласувајќи ги традицијата и знаењето, но и придонесот кон развој на земјата кој Економскиот факултет го има дадено во изминатите неполни седум декади. -Во изминатиот период на Економскиот факултет во Скопје дипломирале 22.416 студенти, магистрирале вкупно 2.038 магистранти, а со највисок академски степен доктор на економски науки се стекнале 348 докторанди, - истакна проф. д-р Дракулевски. Над 4000 студенти ја имаат можноста да учат по наставни програми компатибилни со светските економски факултети согласно Болоњскиот систем, усогласени со првите 50 универзитети од Шангајската листа. Економскиот факултет нуди соработка со бизнис заедницата преку можноста за пракса во над 1000 компании, но исто така претставниците од бизнис заедницата се вклучени во наставата како гости-предавачи,
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
13
БИЗНИСОТ И ОБРАЗОВАНИЕТО непосредно споделувајќи ги своите знаења и искуства. Пред присутните се обрати и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој пред бруцошите ја искажа благодарноста што тие ќе бидат дел од реномираното најстаро и најпрестижно универзитетско семејство препознатливо по црвениот индекс и им порача дека пред нив е нова етапа од нивниот живот, која бара сериозен пристап и ангажираност од нивна страна. Ректорот исто така им порача на студентите предизвиците да не ги гледаат како пречка, туку како дополнителен стимул на патот кон остварување на целта. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како достоен наследник на епохалното дело на браќата Кирил и Методиј, постојано ги следи потребите на стопанството и современите пазарни трендови, а тоа може да се види и преку долгорочната соработка со реномирани меѓународни универзитети. -Пазарот на знаење и пазарот на трудот се брутално сурови - бараат квалитет, бараат одличност и извонредност, не признаваат ниту површност, ниту импровизација, - додаде проф. д-р Јанкуловски. Исто така, пред идните студенти се презентираше и можноста за реализација на Еразмус+ пракса преку стажирање во компании во некоја од земјите-членки на Европската унија. Во рамките на академскиот час свое обраќање имаше и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, кој на присутните им порача дека оваа генерација треба знаењата и вештините кои ќе ги стекне да ги примени во својата земја. Преку создавање бизниси, со вистинска проценка на ризикот, успешните претприемачи со своите иновативни идеи би се издигнале на пиедесталот на успешни македонски бизнис приказни. -Образованието е вашата прва инвестиција, а вие како идни економисти знаете дека секоја инвестиција на долг рок дава резултати. Тоа е вашиот основачки влог кој во текот на годините ја зголемува својата вредност и прераснува во ваше богатство. Инвестирајте паметно и ќе профитирате добро, - истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Идните академски граѓани исто така беа поздравени и од претседателот на АИЕСЕК ЛК - Скопје, Анастасија Милковска, како и од претседателот на Студентскиот парламент при УКИМ, Виктор Блажевски, кои ги презентираа можностите од членувањето во студентските организации и асоцијации, по што свечено беа доделени индексите на првите 10 рангирани студенти. Михајло Донев
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИСОТ И ОБРАЗОВАНИЕТО
УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРИВАТНОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „САБА“ ВО ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП Учениците од прва година од средношколска академија за бизнис и администрација Приватното стручно училиште„САБА“; беа во посета на Регионалната комора со седиште во Штип, согласно програмските насоки, учениците да се запознаат со работењето на Стопанската комора на Македонија, кои услуги им ги нуди таа на компаниите. Учениците беа информирани за работата на Коморите како застапници на интересите на стопанството, што е карактеристика на сите опшествено-економски и политички системи. За тековите активности кои Комората ги врши во интерес на компаниите. Дека подготвува и организира седници на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Штип, презема активности за реализација на стратешките заклучоци и приоритети кои се донесени од страна на Управниот одбор на Регионалната комора, разгледува прашања за развој на организирано стопанство, унапредување на производството, прометот, трговската размена и правните проблеми, иницира прашања и предлози за регионот од областа на подобрување на стопанската и патната инфраструктура за побрз трансфер, согласно потребите на стопанствениците од овој регион, иницира активности на меѓукоморска соработка, размена на искуства и информации со другите регионални комори во Република Македонија, како и надвор од неа, заверува извозни документи. Регионалната комора со седиште во Штип во рамките на своите активности, издава и сертификати за потекло на стоките, за преференцијален третман на стоките, мислење за исполнување на економски услови, потврди за единствен производител, како и потврда за членство во Комората. Регионалната комора со седиште во Штип и во иднина им стои на располагање на средношколците и на студентите кои ќе изразат интерес да им се презентира коморското работење, како и да ги вклучи во обуките и работилниците, со цел подобро запознавање со нејзиното работење. Моника Стоичева
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
15
БИЗНИС ФОРУМ
БИЗНИС ФОРУМ „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ Во насока на претставување на можностите за соработка и директни поврзувања на компании од Република Македонија со компании од Република Финска, како и со останатите скандинавски земји, а со цел унапредување и интензивирање на економската соработка, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Финска во Република Србија и „Finnpartnership“, организираше Бизнис форум на тема: „Doing Business with Finland“.
Во своето поздравно обраќање, Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, истакна дека ова е прв настан од ваков вид кој Стопанската комора на Македонија го организира во соработка со Амбасадата на Република Финска, наменет пред се` за развивање на соработката со компаниите од информатичко-комуникациските технологии, прехранбената индустрија, металната индустрија, но и во делот на третирање на отпадот, каде македонскиот модел е поставен во согласност со скандинавскиот.
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ФОРУМ Финска е една од водечките земји во светот со диверзифицирано и развиено индустриско портфолио, а позната е и по успешните деловни релации кои ги развива како на скандинавскиот и на европскиот пазар, така и на светскиот. Наше очекување
е дека на овој денешен бизнис форум, организиран со поддршка на „Finnpartnership“, покрај презентацијата на бизнис климата во Република Финска, ќе се детектираат можностите за соработка со финските компании на повеќе полиња, од компании коишто веќе го познаваат македонскиот пазар и се спремни за проширување на деловните активности. Постоењето на солидна правна рамка меѓу двете земји која ги вклучува договорите за поттикнување и заштита на инвестиции, за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход, а кои се на сила повеќе од 15 години, согласно ниското ниво на досегашна соработка е јасен сигнал дека не се целосно искористени можностите и потребно е многу повеќе да се работи, па и преку коморите на двете земји, за директно запознавање на бизнис можностите кои им стојат на располагање на стопанствениците, - додаде Пешев. Министерот за економија во Владата на РМ, м-р Крешник Бектеши, во своето обраќање истакна дека оваа иницијатива за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Република Финска е од големо значење за поттикнување на нови форми на соработка и зголемување на целокупната трговска и економска размена меѓу двете земји. - Постои голем простор за подобрување на соработката, со оглед на фактот што вкупната трговска размена меѓу двете земји е со релативно
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
17
БИЗНИС ФОРУМ мал обем и во периодот 2015–2017 година се движи меѓу 9,1 и 16,8 милиони евра, додека кај инвестициите во периодот од 1997-2017 година е регистриран прилив од Република Финска во износ од 1,4 милиони евра, што претставува 0,03 проценти во однос на вкупните странски директни инвестиции во Македонија, - додаде Бектеши. Тој посочи дека Финска е земја од којашто можат да се преземат добрите практики не само во бизнис секторот, туку и во социо-економскиот сегмент со посебен акцент на образовниот систем. Амбасадорот на Република Финска во Република Србија, задолжен за Република Македонија и Република Црна Гора, Н.Е. Перти Иконен, истакна дека соработката меѓу двете земји е на незадоволително ниво, но дека со приближувањето на Македонија кон ЕУ, сѐ повеќе ќе се зголемува нејзината економска соработка со сите земји-членки на Унијата. - Со приближувањето на Македонија кон ЕУ, се приближуваме сите ние, - изјави Иконен. Тој исто така додаде дека во Република Македонија постои голем потенцијал за продлабочување на соработката со Финска, но и со останатите нордиски земји. Република Македонија во последните години бележи голем раст во развивањето на дигитализацијата и напредните технологии, за што Финска може да послужи како одличен пример, но и како партнер за идна имплантацијата на истите. -Почестата комуникација и организирањето деловни настани помеѓу деловните субјекти од Македонија и од Финска, треба да создадат предуслови за поттикнување и продлабочување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји, - истакна Светозар Јаневски, почесен конзул на Република Финска во Република Македонија. Тој во своето обраќање додаде дека е потребно македонските компании да бидат пофокусирани и сконцентрирани кон целта за освојување на финскиот пазар, преку следење на трендовите и имплементација на иновативни решенија коишто ќе влеат од една страна доверба кај финските партнери, но ќе создадат и можности за присуство на пазарите на останатите нордиски земји. По официјалниот дел, Патрик Бредбадцка, програмски директор на „Finnpartnersip“ и „Finfund“, со својата детална презентација ја претстави бизнис климата во Република Финска, „on-line“-алатките што ги нуди „Finnpartnership“ за сите македонски компании заинтересирани за соработка со фински компании, како и профилите на финските компании коишто веќе го истражиле македонскиот пазар, препознале потенцијал и изразиле интерес за соработка со компании од Република Македонија. На настанот присуствуваа повеќе од 40 претставници на македонски компании, кои што воедно имаа можност да се претстават пред присутните претставници од
БИЗНИС ИНФО
18
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ФОРУМ
Финска и да остварат контакти во насока на понатамошна соработка. Вкупната надворешно-трговска размена на Македонија со Финска за седумте месеци од тековнава година изнесува околу 12 милиони САД $, со раст од 65% споредено со истиот период од 2017 година. Извозот изнесува 667 илјади САД $, кај кој се забележува пад од околу 5%, додека за компарираниот период во споредба со истиот лани, увозот од Финска пораснал за скоро 73%, при што се увезени стоки во вредност од 11,3 милиони САД $. Во вкупната надворешно-трговска размена на двете земји, во седумте месеци од годинава, остварен е трговски дефицит од 10,6 милиони САД $, при што Финска е 48ми трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија. Во структурата на извозот најзастапени се: производи од земјоделството и текстилната индустрија, но со веќе започнатата индустриска диверзификација и зголемена продуктивност на македонското стопанство се отвора една опсежна палета на производи од другите гранки, како прехранбената и металната индустрија, како и информатичко-комуникациските технологии, за што впрочем и е наменет овој настан. Кај увозот најмногу доминираат градежните производи, производите од хемиската, металната и електроиндустријата. м-р Сања Николова
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
19
20
БИЗНИС ИНФО
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
Предавање на тема „РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ“ Изминатите неколку години вложувањето во развојот на вработените е во голем пораст и компаниите се подготвени да издвојат повеќе пари за своите вработени. Минатите години за развој на своите вработени, светските компании издвоиле дури 130 милијарди САД долари. Тоа е доказ дека квалитетот на работата, мотивацијата и продуктивноста на вработените не може да ги одржуваат само високите плати и бонуси на крајот на годината. За да се следат промените на пазарот и во начинот на работење, неопходно е компаниите да ги едуцираат своите вработени за да се приспособат на моменталната состојба и за да можат вработените да ги стекнат потребните вештини кои ќе им помогнат во изградбата на своите кариери. Една од клучните желби кај вработените е желбата за напредок. Ако таа желба се совпадне со желбата на компанијата и истата вложи во развојот на тој вработен, добивате среќен и мотивиран работник. Исто така, на тој начин, компаниите покажуваат грижа за својот вработен, а кај вработениот се создава чувство на лојалност кон компанијата. Лојалниот вработен ќе биде мотивиран за работа, а со самото тоа тимот ќе биде попродуктивен. Со цел приближување на оваа комплексна тема до членовите на Клубот на менаџери-претприемачи, на 29.3.2018 година, се одржа предавањето на темa: „Развој на вработените“, реализирано од страна на д-р Лазар Ѓуров, основач и претседател на Институтот за индивидуален и организациски развој „Симбиотика“. Според Ѓуров, развојот претставува континуирана активност за подобрување на капацитетите на вработените и на менаџерите за справување со различни задачи и градење на способности над оние што се бараат за моменталното работно место. Развојот е корисен и за индивидуата и за организацијата затоа што луѓето со соодветно искуство и способности можат да ѝ помогнат на организацијата да се приспособува на промените и да продолжи да расте.
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
21
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Постои разлика помеѓу обука и развој на вработените и на менаџерите и многу организации се фокусираат на развојот како алатка за зголемување на севкупното ниво на способности и знаења во една организација и во последно време се нарекуваат организации што учат. Овие организации се свесни дека мора да поседуваат одлични вработени и менаџери кои постојано учат и решаваат предизвици и проблеми што сè уште не ги решиле другите организации и конкуренцијата. Развојот на вакви вработени и менаџери бара организациите да имаат способност за учење преку континуирано и тимско решавање проблеми и учење на нови алтернативни начини. Овие организации приоритет ставаат на учењето преку соработка, размена на информации, култура и водство што ја охрабрува и ја потенцира важноста на учењето на секој поединец во организацијата. Според д-р Ѓуров, клучна улога во претставувањето и промовирањето на стратегијата за човечки ресурси има ТОП менаџментот. Ако биде доволно уверлив во своите аргументи за предложената стратегија, вработените ќе ја прифатат и ќе веруваат во посветеноста на менаџерскиот врв. Процесот на планирање на развојот на вработените вклучува идентификација на развојните потреби на вработените, избор на развојни цели, дефинирање на активности неопходни за да се остварат поставените цели, дефинирање на квантитативните индикатори на прогресот во остварување на целите и формулирање на временскиот распоред на активности. Компаниите кои паметно вложуваат во развојот на своите ресурси, свесни се за големото значење на мотивираните вработени за успехот на компанијата. Тие користат микс од финансиски бенефиции кои ги нудат на своите вработени, но модерните теоретичари сметаат дека материјалните бенефиции немаат толку големо влијание на мотивацијата колку што има структурата на самото работно место. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и со странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска
22
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
23
15
T
O
IS
БИЗНИС ИНФО
24
9001:20
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 5.10.2018 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?
Социјалните медиуми и електронската комуникација во маркетинг светот повеќе не се потреба, туку неопходност. Брендовите кои сè уште се потпираат на објавување содржина без претходно истражување, тестирање и целокупна подготовка се изложуваат на ризик нивната електронска комуникација да биде запоставена па дури и незабележена. Денес, со илјадниците бизниси кои комуницираат по електронски пат, неопходен е стратешки пристап во комуникацијата кој на публиката ќе и` ги пренесе пораките на брендот на нејзин начин, во време и со пристап каков што и` одговара. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 5 октомври 2018 година, организира семинар на тема: „CONTENT MARKETING – како да ја создадете вистинската содржина за вашиот бренд?“ кој се фокусира на теоретско и практично изучување на content marketing, метод на комуникација на дигиталните медиуми. Употребата на content marketing им дава на брендовите можност да ја ангажираат и da ja мотивираат целната публика на начин кој е релевантен за неа, притоа остварувајќи најдобри резултати од електронската комуникација. Семинарот ќе го опфати процесот на развој на content marketing, со што главен акцент ќе биде даден на развивање содржина за социјалните медиуми. Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација.
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16-18 октомври, 2018 година Стопанска комора на Србија Ул. Ресаваска бр. 15, Белград
БИЗНИС ФОРУМ - МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА НА РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СО НОРДИСКИТЕ ЗЕМЈИ
чесниците на форумот и претставниците на компаниите од земјите од регионот на Западен Балкан ќе имаат можност да се информираат за нордиската деловна култура, примери и придобивки од спроведувањето на нивниот деловен пристап, како и да идентификуваат потенцијални области за соработка со нордиските инвеститори во Србија, како и со претставници на стопанската делегација од нордиските земји кои ќе учествуваат на форумот. Главната цел на форумот е да ги поврзе локалните бизнисмени преку билатерални разговори со соговорниците од соодветните сектори, претставување на можностите на нивните компании и производи и воспоставување на идна соработка. Работен јазик на настанот е англиски јазик. Форумите се поделени по денови со цел да се обезбеди поголема вклученост на секоја земја од нордискиот пазар, а првиот форум ќе се одржи на 16 октомври, 2018 година каде ќе учествуваат претставниците од регионот на Западен Балкан и бизнисмените од Шведска. Економскиот форум што ќе се одржи на 17 октомври, 2018 година ќе вклучува претставници од регионот од Западен Балкан и бизнисмени од Данска, додека пак форумот на 18 октомври, 2018 година е резервиран за бизнисмени од Западен Балкан и Финска. Регистрацијата за настанот ќе се одвива преку следниот линк: http://nordiccountriesweek2018.talkb2b.net/ . Рокот за регистрација за компаниите од Западен Балкан е 8 октомври, а комуникацијата на бизнис средбите ќе се одвива на англиски јазик. Лице за контакт: Влатко Стојановски, тел. 3244-004, vlatko@mchamber.mk .
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18.10.2018 година (четврток) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Логистика е подрачје со најголем потенцијал за штедење и унапредување на работата на секоја компанија, без оглед на нејзината дејност, големина и пазарна позиција. Доколку компанијата ги намали логистичките загуби и трошоци би остварила значајни заштеди, при тоа би ја унапредила и конкурентноста на своите производи и услуги на пазарот. Целта на овој семинар е учесниците низ предавањето и примерите, да се стекнат со потребните знаења за организирање на секторот логистика во својата организација со цел зголемување на организираноста и намалување на трошоците за логистика, како и намалување на флуктуацијата на работниците. За кого е наменет семинарот? За сите оние кои се вклучени во управувањето со логистиката – раководители на логистика, менаџмент во транспорт, раководители во магацин, набавка и останати вработени во секторот за логистика и менаџментот на организацијата. Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Рок за пријавување: 10.10.2018 година. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 октомври 2018 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА
Со цел подобрување на вештините на компаниите (концесионери) во писмената комуникација со концедентот и управните органи, изготвување стратегии и решавање на тековни проблеми, Стопанска комора на Македонија на 26 октомври 2018 година, организира еднодневен семинар на насловната тема. Семинарот ќе помогне концесионерите да се стекнат со знаења и искуства за тоа како да ги менаџираат правилно документите кои се потребни за добивање дозвола за експлоатација, како да ги толкуваат роковите, да се стекнат знаење за правните механизми/лекови за заштита на нивните права, како и кои се условите за одземање на една концесија, а кои се за пренос на концесија. Семинарот е наменет за друштвата кои се учесници во постапка за добивање на концесија за детални геолошки истражувања/експлатација, тековни концесионери, баратели на дозвола за експлоатација и други правни и физички лица заинтересирани во областа на минералните суровини. Освен излагањето на предавачите, активно учество со поставување прашања и споделување искуства ќе имаат и учесниците. Предавачи: - д-р Eјуп Љативи, раководител на Секторот за минерални суровини во Министерството за економија. - м-р Александра Митреска, советник во Секторот за минерални суровини во Министерството за економија. - Рено Рисковски, Адвокат од Скопје, претходно Заменик Раководител на Правната служба во Цементарница Усје АД Скопје и вработен во истата од 2008-2016, учесник во многубројни постапки поврзани со Законот за минерални суровини. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29-30 октомври 2018 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
Односите со јавноста во презентацијата на своите пораки користат канали на комуникација, со што освен економскиот аспект, треба да се истакне специфичноста на фирмите, каде општествените и економските мотиви се единствена целина. Во создавањето на таквата комуникација, насочена кон пазарот и јавноста, вклучени се сите промотивни активности, како и односите со јавноста, кои меѓусебно се дополнуваат во создавањето на целосна слика на пазарот и во јавноста. Во креирањето на пораките на односите со јавноста, потребно е познавање на техниките на комуникација, исто како и при обликувањето на пропагандните пораки. Притоа, односите со јавноста може да вклучат некои други промотивни елементи, користејќи ги на поинаков начин и за поинаква намена од нивната вообичаена. Целна група: Извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурси, односи со јавност и маркетинг менаџери; директорите/ раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење. Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент; - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 23 години искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
30
БИЗНИС ИНФО
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032
Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034
Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
БИЗНИС ИНФО
31
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.
GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930
www.mchamber.mk
Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS
O
Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366
T
15
32
9001:20
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2-2
018
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088