Бизнис ИНФО, број 360

Page 1

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

Број 360 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 06.07.2018

ПОДОБРУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТОТ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ФОКУС НА ПРОЕКТОТ „ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА“

ЗАКЛУЧОЦИ ОД 5. САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ВИЕНА – ПОДДРШКА НА АКТИВНОСТИТЕ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

3

СВЕТСКИ ПИКНИК

ПОДОБРУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТОТ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ФОКУС НА ПРОЕКТОТ „ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА“ Амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Сибил Сутер Техада, на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија го промовираше Проектот „Образование за вработување во Македонија (Е4Е@mk)“. Проектот поддржан од Швајцарија во наредниот десетгодишен период има за цел да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини во земјава. Проектот ќе биде имплементиран во партнерство помеѓу швајцарската невладина организација „Хелветас“, Стопанската комора на Македонија и Македонскиот центар за граѓанско образование. Проектот

има за цел да овозможи повеќе граѓани, со посебен фокус на младите, да се стекнат со квалитетно стручно образование и обуки, како и да помогне во развојот на стручни вештини кои ќе придонесуваат кон зголемено вработување во земјава. Имајќи ја предвид важноста на постоењето на систем за развој на стручни вештини во една земја, амбасадорката Сутер Техада посочи дека намерата на овој проект не е да се претстави швајцарскиот модел во Македонија, туку преку приспособување на одредени елементи од швајцарскиот систем, соодветни за тоа, да се развие посебен систем за развој на стручни вештини кој ќе биде карактеристичен за Македонија.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

СВЕТСКИ ПИКНИК „Еден таков елемент е принципот на партнерство. Партнерството помеѓу стручните училишта и приватниот сектор е од клучно значење за да се осигура дека младите ги стекнуваат вештините што им се потребни на работодавците и кои ќе им помогнат полесно да добијат вработување. Ова е причината зошто вклучувањето на приватниот сектор е во суштината на нашиот проект. Освен тоа, како резултат на партнерство и блиска соработка помеѓу засегнатите страни, стапката на невработеност на младите лица во Швајцарија изнесува само 3 проценти“, - истакна амбасадорката Сутер Техада. Имајќи ја предвид важноста на квалитетот на средното стручно образование и позитивните ефекти кои ги има врз развојот на економијата, Стопанската комора на Македонија со останатите државни институции од една, и приватниот сектор од друга страна, зазема активно учество при имплементацијата на националните образовни стратегии кои на среден и на долг рок ќе бидат почувствувани на пазарот. „Освен осовременување на наставните програми и подигнување на квалитетот на практичната настава, наша заложба е учениците во стручното образование да бидат подготвени за влез на современ пазар на труд кој брзо се менува, а тоа може да се реализира со флексибилни наставни програми, каде бизнис секторот ќе има зајакната улога при едукативниот процес“, - истакна Билјана ПееваЃуриќ, в.д. извршен директор на Стопанската комора на Македонија.


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА Во своето обраќање Пеева-Ѓурик додаде: „Она што сакаме да го истакнеме, а е во тесна врска со образованието, е продуктивноста на трудот која согласно извештаите и во првиот квартал од 2018 година продолжува да опаѓа, а од друга страна евидентен е раст на трошоците за труд по единица производ. Тоа не е позитивен сигнал за бизнис секторот, но ние сметаме дека ваквите проекти ќе помогнат за подобрување на економската слика во Република Македонија“. Курт Вутрих, тим лидер на Проектот „Образование за вработување во Македонија“ ги истакна главните поенти на кои се темели работата во следните години. Тој истакна дека целта е да се воспостави функционален образовен систем кој ќе образова

квалитетни кадри, а тие ќе бидат препознаени од страна на приватниот сектор. „Нашата работа ќе го нагласи системскиот пристап, ќе ги поддржува клучните чинители и ќе ги зајакнува капацитетите на македонските институции имајќи за цел одржлив развој на вештините за вработување“, - нагласи Вутрих. „Во нашата работа ќе се фокусираме на два кластера кои инкорпорираат различни економски сектори. Едниот е кластер на технологија и производство кој ги вбројува струките и вештините од областа на земјоделието, прехранбената технологија и машинството; додека другиот е кластер на услуги кој ги вбројува туризмот, но со посебен акцент на угостителството, личните услуги и здравство и социјални услуги“, истакна Вутрих.


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА РЕГИОНАЛНИ АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА КОМОРИ ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Зборувајќи за важноста на информатичката технологија и влијанието кое го има во секојдневното живеење, Курт Вутрих нагласи дека Проектот ќе го третира влијанието на новите технологии во рамките на наведените струки.

Она што е битно да се истакне е фактот дека активностите во рамките на Проектот се флексибилни и се приспособуваат врз основа на потребите на засегнатите страни и пазарот. Стопанската комора на Македонија заедно со партнерите на Проектот ги охрабрува компаниите во интеракција со здруженијата и регионалните комори во рамките на Стопанската комора на Македонија да предложат активности кои ќе бидат од корист за подобрување на квалитетот на образованието во наведените области. м-р Борис Тримчев


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС НОВА СВЕТСКИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПИКНИК НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ КАПАЦИТЕТ ФОРУМ

ЧАДЕЖ И АЗЕСКИ ИЗБРАНИ НА ЧЕЛО НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ СО СЕДИШТЕ ВО ТРСТ ВО НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, е избран за претседател, а претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, е избран за заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ) со седиште во Трст, со четиригодишен мандат.

Коморскиот инвестициски форум е основан во 2015 година, како резултат на имплементацијата на Заклучоците од „Берлинскиот процес“, кој започна под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел, преку јакнењето на регионалната соработка, во насока на активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес. Во јули 2017 година, за време на Самитот за Западен Балкан кој се одржа во Трст, Коморскиот инвестициски форум основаше Генерален секретаријат со седиште во Трст, Италија, а од крајот на годинава, планирано е да биде отворено и оперативно седиште на Коморскиот инвестициски форум во Подгорица, Црна Гора. Коморскиот инвестициски форум има за цел да овозможи поефикасно вклучување на бизнис заедницата од регионот во имплементацијата на проектите кои се од важност за економскиот просперитет на регионот.


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ СТАВ ПРЕС СВЕТСКИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПИКНИК Овој избор на двоецот Чадеж - Азески е нов предизвик и нова можност да се разигра регионалниот пазар и со тоа да им се помогне на компаниите да ги искористат можностите и средствата предвидени во рамките на „Берлинскиот процес“. Македонските компании со ова добиваат нова можност да се вклучат во проектите на Европската унија кои се поврзани со заедничкиот настап на трети пазари, за создавање регионални синџири на производство и забрзување на протокот на стоки и услуги, прашања кои до сега беа сериозен проблем за зголемување на трговската размена. После извршувањето на функцијата претседател на Асоцијацијата на балканските комори, ова е нов предизвик за претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, како добар познавач на балканските економски прилики, да отвори перспективи за нашите компании надвор од македонскиот пазар. Одделение за информирање


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕС НОВА СВЕТСКИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПИКНИК СТАВ НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ КАПАЦИТЕТ ФОРУМ

СТАВ: ВРЕМЕ Е ЗА ГИЛОТИНИРАЊЕ НА ПАРАФИСКАЛНИТЕ ДАВАЧКИ Полека но сигурно, даночните прашања легнуваат на маса. Но види чудо – неданочните и парафискалните давачки не се дел од менито. Непишаното правило вели дека во земјите со рамен данок, висината на овие (дополнителни) неданочни и парафискални давачки експоненцијално расте – а случајот на Република Македонија е неспорна потврда за тоа.

Во Стопанската комора на Македонија уште во 2013 година започнавме истражување со цел да се добие целосна слика за вкупното оптоварување на бизнисите со вакви дополнителни давачки, но буџетските податоци од Министерството за финансии ги добивме дури на почетокот на оваа година – а тие покажуваат дека ова оптоварување е сериозно големо. Во 2016 година, по основ на неданочни и парафискални давачки во буџетот се наплатени над 251,5 милиони евра – колку за споредба, истата година по основ на


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕЗЕНТАЦИЈА СВЕТСКИ ПИКНИК персоналниот данок на доход наплатени се 230 милиони евра, а по основ на данок на добивка 175 милиони евра. А морам да потенцирам дека тоа е само износот кој е уплатен на буџетските сметки – никој нема евиденција за средствата кои се плаќаат на сметките во комерцијалните банки на различните агенции, регулаторни тела и управи. Затоа, време е да речеме – доста е! Зголемувањето на конкурентноста бара немилосрдност, и крајно време е за гилотина на овие дополнителни давачки. Ако се промовираме како држава која има рамни даноци, вкупните давачки кон јавниот сектор треба да останат само во рамките на даноците – ако не, дајте да видиме што сé, по која основа и на кого компаниите се должни да плаќаат давачки, да ја процениме оправданоста и целисходноста од постоењето и воведувањето на одредени надоместоци и давачки, да ја усогласиме висината на давачките. Затоа што овие дополнителни давачки и нивната непредвидливост ја уништуваат и онака кревката конкурентност на македонското стопанство – а тоа не смееме да си го дозволиме. Бранко Азески, Претседател на Стопанска комора на Македонија


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА СВЕТСКИ - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПИКНИК СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС

Коморски инвестициски форум – НЕОПХОДЕН Е РЕАЛЕН НАПРЕДОК ВО РЕГИОНАЛНАТА ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА, ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ ВИДЛИВИ ПРИДОБИВКИ ЗА КОМПАНИИТЕ Во пресрет на одржувањето на Самитот на министрите за економија, кој ќе се одржи на 4 јули 2018 година во Виена, Австрија, како дел од„Берлинскиот процес“ и Самитот во Лондон следната недела, Коморскиот инвестициски форум ги сумираше заклучоците од постигнатите резултати една година по усвојувањето на Повеќегодишниот акциски план за спроведување на Регионалната економска област, и отворањето на Секретаријатот на Коморскиот инвестициски форум во Трст. Создавањето на целосно функционална Регионална економска област е најважната цел на „Берлинскиот процес“ и цел чие остварување бизнис заедницата од регионот, претставена од Коморскиот инвестициски форум, со нетрпение го чека, со оглед на тоа дека таа би го направила регионот поконкурентен на глобалната инвестициска мапа и би го овозможила потребниот економски раст, а со тоа ќе донесе стабилност и развој. Оваа цел е поткрепена и со минатогодишната студија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, која покажува дека доколку мерките за регионална интеграција бидат спроведени, растот во регионот во периодот 2018 – 2022 година би бил повисок од 4% годишно, што ќе резултира со 15-17 милијарди САД долари повеќе во номиналниот БДП, регионално, со тенденција за понатамошен раст дури и по 2022 година.


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ РЕГИОНАЛНА ЕВРОПСКИ СВЕТСКИ ПИКНИК ФОРУМ ПРЕЗЕНТАЦИЈА Од Стопанската комора на Македонија, која е еден од основачите на Коморскиот инвестициски форум, посочуваат дека се поздравува напредокот што до сега беше постигнат во имплементацијата на Повеќегодишниот акциски план за спроведување на Регионалната економска област, особено назначувањето на координатори за регионална економска соработка во рамките на кабинетите на премиерите, напредокот постигнат во насока на усвојување и спроведување на сите протоколи на ЦЕФТА, напредокот постигнат во овозможувањето воведување електронски документи со цел да се намали времето на чекање на камионите во регионот, напредокот постигнат со признавањето на квалификациите во рамките на регионот. Сепак, посочуваат дека, претставувајќи ја бизнис заедницата во регионот, потребен е реален напредок во регионалната економска интеграција, која ќе донесе видливи придобивки за бизнисите - Свесни сме дека е потребно време за да се почувствуваат резултатите од инфраструктурниот развој, промената на регулаторната рамка, зацврстувањето на владеењето на правото, градењето доверба и на функционални односи меѓу владините институции. Сепак, за да може процесот на регионална економска интеграција целосно да се спроведува, владите во регионот треба активно да учествуваат во планирањето и спроведувањето на агендата за регионална соработка, при што ќе ги земат предвид моменталните фази на усогласување со регулативата на ЕУ и нејзината имплементација, сè уште кревките политички односи во регионот и различните нивоа на економски развој, - посочува Бранко Азески, заменик-претседател на Коморскиот инвестициски Форум и претседател на Стопанската комора на Македонија. Агендата за регионална соработка треба да биде резултат на заемно признаени интереси на сите регионални засегнати страни, при што ќе се адресираат развојните приоритети на секое стопанство и ќе се стават во контекст на регионален развој со цел да се создаде економска област што ќе биде конкурентна на глобално ниво. Формулирани се конкретни препораки, како придонес на бизнис заедницата од регионот за поефикасна имплементација на проектите кои се од важност за економскиот просперитет на регионот, кои од страна на Коморскиот инвестициски форум ќе бидат претставени на состанокот што ќе се одржи на (4 јули 2018 година). Д-р Татјана Штерјова


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

13

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА РЕГИОНАЛНА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА СВЕТСКИ - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПИКНИК СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС

НЕДАНОЧНИТЕ И ПАРАФИСКАЛНИТЕ ДАВАЧКИ СЕ СЕРИОЗНО ОПТОВАРУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО Иако Македонија има рамни даноци, и во однос на основните даноци (данок на добивка, данок на имот, персонален данок и ДДВ) ги има едни од најниските даночни стапки во регионот и во Европа, ефективното оптоварување со давачки за компаниите е од поголеми размери. Вообичаено, во земјите со рамен данок експоненцијално расте висината на неданочни и парафискални давачки, а случајот на Република Македонија е неспорна потврда за тоа. Во основа, тоа се сите „скриени“ давачки, дополнително од даноците – сите видови на надоместоци, такси, дозволи, лиценци, плаќања за издвојување средства по разни основи, кои ги воведуваат централната власт, општините, независните агенции, регулаторните тела, бироа, управи, фондови и други организации. Во моментот постојниот систем на ваквите „скриени“ давачки е непредвидлив и непостојан, и тоа сериозно влијае на конкурентноста на македонското стопанство.


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

СТАВ Стопанската комора на Македонија неодамна ги презентираше резултатите од спроведеното истражување за бројот и висината на неданочните и парафискалните давачки во државата. - Целта на истражувањето во кое се анализираше периодот од 2008 до 2016 година, беше да се спроведе соодветна финансиска анализа на наплатените приходи по тој основ во буџетот, потоа, да се направи анализа колку по основ на парафискални давачки плаќаат избраните правни субјекти како примерок и колкаво е нивното оптоварување, а со тоа да се добие слика за оптоварувањето на бизнисот со парафискални и неданочни давачки и да се изведат заклучоци и предлог-мерки со основни препораки за унапредување на целиот систем на парафискални давачки во Република Македонија, – вели м-р Анета Трајковска, в.д. оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. - При тоа, посочува м-р Трајковска, најголем проблем претставува околноста што во моментот согласно важечката законска регулатива, постои неограничен простор со разни секторски закони, подзаконски акти, одлуки на единиците на локалната самоуправа, одлуки на управните одбори на агенциите или одборите на јавните претпријатија, да се воведуваат разни давачки кои тешко се контролираат, па Министерството за финансии не може да има комплетна слика и некој вид контрола врз овој систем во нашата земја. Дополнително, овој процес се карактеризира со отсуство на транспарентност, што го отежнува следењето на воведувањето на определени давачки или нивните промени. Табела: Преглед на наплатени износи на даноци и парафискални давачки 2008/2013/2016 година

Извор: Истражување спроведено од Стопанската комора на Македонија


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА УСАИД СТАВ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Износите наплатени по основ на неданочни и парафискални давачки се незанемарливо големи, и овие давачки се во континуиран пораст од година во година, што е состојба евидентна и кај данокот на додадена вредност, персоналниот данок и акцизите како најзначајни приходи во буџетот. Податоците покажуваат дека парафискалните и неданочни давачки во 2016 година заземаат значително учество од 14%, наспроти персоналниот данок 12% и данокот на добивка 9%. Имено, парафискалните давачки со учество од 14% заземаат трето место во однос наплатените приходи во буџетот во 2016 година, односно веднаш после данокот на додадена вредност (41%) и акцизите (20%), а пред персоналниот данок (12%), данокот на добивка (9%) и увозните давачки (4%). м-р Анета Трајковска


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

СРЕДБА

АМБАСАДОРКАТА НА ЈАПОНИЈА ВО Р. МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА На 5 јули 2018 година, во Стопанската комора на Македонија, претседателот Бранко Азески и Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, остварија работна средба со амбасадорката на Јапонија во Р. Македонија, Н.Е. Кеико Ханеда.

Амбасадорката Ханеда се заблагодари за приемот и воедно изрази интерес во иднина ваквите средби да станат редовна пракса и на ниво на претставници на бизнис заедниците на двете земји. Претседателот Азески ја претстави целокупната работа на Комората, нејзината историја, залагањата за бизнис заедницата и идните подвизи што дополнително ќе придонесат за развој на бизнис секторот во Македонија. Тој истакна дека Македонија и Јапонија имаат долгогодишни одлични политички релации и пријателски однос. Македонија е млада и мала земја во развој на којашто пријателскиот однос, поддршката и големиот број на донации особено во здравството се од големо значење за понатамошното развивање на Р. Македонија. Претседателот Азески додаде дека во изминатите неколку години Стопанската комора на Македонија, во соработка со Владата на Јапонија, активно зема учество во проектите за дообучување и размена на искуства на стручниот кадар од Комората, во Јапонија.


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

17

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА СРЕДБА УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА На состанокот беа дискутирани и разгледани можностите како да се продлабочи релацијата помеѓу Јапонија и Македонија и да се зголеми економската соработка. Амбасадорката Ханеда истакна дека Јапонија е заинтересирана за инвестирање во Македонија и пренесување на своите бизнис практики и „know-how“ на нашиот пазар. Според амбасадорката, Македонија нуди одлични услови за сите јапонски компании коишто имаат потреба своите производствени капацитети да ги преселат тука, од североисточна Азија, Кина и Африка, и воедно полесно да ги пласираат своите производи на европскиот пазар. Антони Пешев истакна дека Македонија за Јапонија, како и за голем број други земји, претставува одлична можност за инвестирање, особено во делот на земјоделието, информатичката технологија, енергетскиот сектор, телекомуникациите и едукацијата. Според Пешев, потребно е двете институции да ја продлабочат соработката во делот на едукацијата. Во последните неколку години трендот на студирање и завршување

постдипломски и докторски студии во странство, се` повеќе расте меѓу македонските студенти. Од тие причини, потребно е да се работи на поголем број проекти коишто ќе им овозможат на македонските студенти да студираат во Јапонија, да ја запознаат културата, но и начинот на функционирање, којшто од друга страна ќе им помогне и на бизнис заедниците полесно да се поврзат. Претседателот Азески истакна дека на Македонија треба да се гледа како стратешки партнер и мост за поврзување на Јапонија со останатите земји од балканскиот регион, но и Европа. Азески додаде дека Македонија е земја отворена за соработка, проевропски ориентирана, со одлични поволности за инвестирање и развој на бизнисите според потребите на ЕУ.


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

СРЕДБА Според амбасадорката Ханеда, размената на информации и искуства е многу важен фактор за креирање позитивна перцепција за земјите, кај бизнисмените од двете земји. Многу јапонски компании се присутни веќе на европскиот пазар, но потребно е да се запознаат и со бизнис климата во земјите во „периферијата“ на ЕУ, коишто, според неа, можат да придонесат за поголем успех, развој и пласман не само на европскиот, туку и на балканскиот пазар. Според амбасадорката, со отворањето на јапонската амбасада во Скопје, се создаваат предуслови за продлабочување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји, преку реализација на почести посети на бизнис делегации од Јапонија на Македонија и обратно, но и поинтензивна работа на заеднички проекти. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Јапонија во периодот јануари - април 2018 година достигна вредност од 39,2 милиони САД $, со раст од 21,2% во однос на истиот период од претходната 2017 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 145,7 илјади САД $ со пад од 1,25%, додека увозот изнесува 39 милиони САД $ или зголемување од 25,1% споредено со истиот период од 2017 година. Евидентиран е негативен биланс на страната на Република Македонија во трговското салдо од 38,9 милиони САД $, при што компарирано со истиот период од минатата година, дефицитот е зголемен за 25,3%. Јапонија е 28-ми трговски партнер на Р. Македонија во периодот јануари - април 2018 година. м-р Сања Николова


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

ај те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

19

ар Н

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА СРЕДБА

ВО СТРУМИЦА СЕ ОДРЖА РЕГИОНАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА“ – ВО ФОКУСОТ: ЗГОЛЕМЕНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ И СТРУЧНИТЕ УЧИЛИШТА Проектот „Образование за вработување во Македонија“, во Струмица ја одржа регионалната презентација која имаше за цел да ги претстави активностите кои ќе бидат имплементирани во наредниот период. Настанот беше проследен од претставници на бизнис секторот, училиштата и локалната самоуправа. Во фокусот на работа на Проектот е соработка со компаниите и оттука поддршката од бизнис секторот е клучна, беше истакнато на презентацијата. Поздравно обраќање имаше градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, кој истакна дека локалната самоуправа ќе ги поддржи активностите кои ќе

бидат имплементирани на локално ниво. „Многу сум задоволен што Општина Струмица има континуитет во работењето на проекти. Верувам дека тоа е така поради атмосферата и условите на локално ниво. Она што ми дава посебна надеж и задоволство е тоа што станува збор за долгорочен проект од кој ќе можат да произлезат добри резултати, а Општина Струмица е тука да ги поддржи сите активности и да даде свој придонес во активностите“, - истакна Јаневски.


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

21

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ РАБОТНА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА СРЕДБА УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Курт Вутрих, тим лидер на Проектот, истакна дека целта на овој проект не е да се претстави швајцарскиот модел во Македонија, туку преку приспособување на одредени елементи од швајцарскиот систем, соодветни за тоа, да се развие посебен систем за развој на стручни вештини кој ќе биде карактеристичен за Македонија. Партнерството помеѓу стручните училишта и приватниот сектор е од клучно значење за да се осигура дека младите ги стекнуваат вештините што им се потребни на работодавците и кои ќе им помогнат полесно да добијат вработување. Ова е причината зошто вклучувањето на приватниот сектор е во суштината на овој проект. „Во нашата работа ќе се фокусираме на два кластера кои инкорпорираат различни економски сектори. Едниот е кластер на технологија и производство кој ги вбројува струките и вештините од областа на земјоделието, прехранбената технологија и машинството; додека другиот е кластер на услуги кој ги вбројува туризмот, но со посебен акцент на угостителството, личните услуги и здравство и социјални услуги“, - истакна Вутрих. Имајќи ја предвид важноста на квалитетот на средното стручно образование и позитивните ефекти кои ги има врз развојот на економијата, Стопанската комора на Македонија со останатите државни институции од една, и приватниот сектор од друга страна, зема активно учество при имплементацијата на националните образовни стратегии кои на среден и на долг рок ќе бидат почувствувани на пазарот. „Вештините кај учениците ќе се подобрат доколку се овозможи изведување на практична обука во реални услови во компаниите. Клучна е соработката на образовните институции со компаниите“, - истакна Бранко Алексовски, советник во Центарот за стручно образование и обука.


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА СРЕДБА Проектот „Образование за вработување во Македонија“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од „Helvetas Swiss Intercooperation“, Стопанската комора на Македонија и Македонскиот центар за граѓанско образование е долгогодишен проект кој започна со реализација во март оваа година.

м-р Борис Тримчев


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

23

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА РЕГИОНАЛНА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА СВЕТСКИ - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПИКНИК СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НАБАВКА НА 13.000 ТОНИ ДОМАШНА ПЕЧНИЦА ЗА СТОКОВИ РЕЗЕРВИ. ЌЕ ТРАЕ ДО 15-ТИ АВГУСТ До 15 ти август е отворен јавниот оглас на Агенцијата за стокови резерви за набавка на домашна меркантилна за потребите на стоковите резерви. Јавниот оглас се објави пред два дена. Со огласот е предвидено откуп на в к у п н о 13.000 тони домашна пченица. Конкретно распишани се 10 лота по 100 тони и 3 лота по 4.000 тони пченица. По завршувањето јавниот оглас, мелничарите ќе можат да ја понудат откупената пченица од домашните производители на Агенцијата за стокови резерви.

шумарство и водостопанство. Паралелно, министерството ги разгледува опциите за можни интеврентни измени на Програмата за директни плаќања 2018, во скалестиот начин на субвенции за полјоделските култури, а пред се за пченицата. Жетвата на пченицата з а п о ч н а деновиве, а екипите од

министерството како што инофрмираат ги следат приносите и квалитетот, врз основа на што деновиве ќе биде објавена производната цена на годинешната пченица. МЗШВ ќе ја исполни оваа обрска не само за пченицата туку и за останатите Оваа мерка која што произлезе земјоделски култури. Откупната цена на како предлог од досегашните одржани јачменот достигна 9 денари за килограм состоноци пред почетокот на жетвата јачмен. со земјоделците и мелничарите, Министерство за земјоделство, ќе придонесе за зголемување на водостопанство и шумарство откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена, објавува Министерството за земјоделство,


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА СРЕДБА

ЗАКЛУЧОЦИ ОД 5. САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ВИЕНА – ПОДДРШКА НА АКТИВНОСТИТЕ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ На состанокот на министрите за економските ресори, кој се реализираше во рамките на Петтиот Самит за Западен Балкан, на 4 јули 2018 година во Виена, беше разгледуван и придонесот на Коморскиот инвестициски форум во процесот на воспоставување на дијалогот помеѓу бизнис заедницата од регионот и европските институции, со цел да се олесни работењето на компаниите од регионот на Западен Балкан. Коморскиот инвестициски форум, предводен од Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија, и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, работи на маркирање на проблемите со кои се соочуваат компаниите

од регионот на Западен Балкан, и со поддршка на Европската унија се работи на што побрзо отстранување на препреките за работење и инвестирање во регионот. Во Заклучоците од состанокот кој се реализираше во рамките на Петтиот Самит за Западен Балкан, особено беше потенцирана улогата која Коморскиот инвестициски форум преку својот Секретаријат во Трст ја имаше во развивањето на јавно-приватниот дијалог и унапредувањето на конкурентноста на регионот на Западен Балкан, залагањето за отстранување на бариерите за меѓусебна соработка и креирањето на поволно деловно опкружување за поттикнување на странски инвестиции.


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

25

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА РЕГИОНАЛНА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА СВЕТСКИ - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПИКНИК СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС При тоа, беше поздравено лансирањето на инвестициската платформа (http://investinsee.com/), која го претставува регионот како единствена инвестициска дестинација, и функционира како централна точка од која потенцијалните инвеститори ги добиваат сите потребни информации за инвестирање во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи пристап до база на податоци за макроекономските показатели, правната рамка, пазарот, финансиските и други стимулации, потенцијалните партнери и добавувачи, како и конкретни проекти во кои може да го вложат својот капитал. Коморскиот инвестициски форум, преку својот Секретаријат и мрежата од коморичленки, кои претставуваат повеќе од 350.000 компании во регионот, упати апел до сите засегнати страни - влади од ЗБ6, Европската комисија, земјите-членки од ЕУ во „Берлинскиот процес“, Советот за регионална соработка и сите други заинтересирани страни да бидат земени предвид следниве препораки: - Заеднички да се работи на зголемувањето на конкурентноста на регионот при привлекувањето на странски директни инвестиции, како и да се поттикнуваат интрарегионални инвестиции, преку отстранување на бариерите и поедноставување на постапките и регулативите. - Да се предвидат пречките за имплементација при креирањето на политиките и стратегиите, со цел да се намали времето меѓу дефинирањето на политиките и нивното целосно спроведување. - Да се овозможи побрза трговија со добра со намалени цени во регионот и да се елиминираат долгите редици од камиони на граничните премини преку отстранување на сите нетарифни бариери, преку заемно признавање на сертификатите и забрзување на процесот за усвојување на стандардите на ЕУ, како и воведувањето на можностите за добивање на потребните документи по електронски пат. - Да се овозможи подобар и полесен пристап до финансии за малите и средни претпријатија во регионот, со цел обезбедување побрз раст и отворање на нови работни места. При тоа, треба да се работи на отстранување на бариерите за пристап до заеми од банките и на унапредување на алтернативните форми на финансирање. - Да се продолжат активностите за реализација на дигиталната агенда, да се обезбеди квалитетно образование кое ќе биде пристапно за сите, вклучувајќи го особено стручното образование и обуки, и да се обезбеди мобилност на луѓето за да се овозможи високо образуваните кадри да останат и да работат во регионот. д-р Татјана Штерјова


26

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

27


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.7.2018 година (четврток) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА, ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА ВРЕМЕНА НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА – БОЛЕДУВАЊЕ, ПАУЗИ И ОДМОРИ

На присутните ќе им се овозможи лесно да ги применуваат позитивните прописи од оваа област во своето работење, со што ќе се избегне ризикот од изрекување глоба при инспекциски надзор. Дополнително, ќе се придонесе кон заштита како на работодавачите, така и на вработените од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика. Предавачи: - Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и - Викторија Спасовска, правен консултант во „Консалтинг Интер Груп“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 9.7.2018 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Еднодневен семинар на тема: НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Стопанската комора на Македонија, на 9 јули 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: „Најновите измени во Законот за работните односи“. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од Законот за работни односи. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: - д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје; - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II - Скопје и - Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 - 9 ноември 2018 година, Нови Сад, Србија

Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Од 7-9 ноември 2018 година во Нови Сад, Србија, ќе се одржи Меѓународен саем, со конференција и придружна програма за ИТ - Tелекомуникации - иновации - Интернет и игри. На Саемот се очекуваат 150 меѓународни излагачи, 2000 посетители и 1000 крајни корисници. Настанот опфаќа 15 тематски конференции, работилници и деловни средби. Саемот ќе се одржи на Новосадскиот саем, а организатор е ResEnva Consulting. Подетални информации: http://see-it-summit.com/SIS18/Public/Content.aspx?ID=88&sortMenu=110002 За бизнис средбите, Ве покануваме да се регистрирате бесплатно на Европската мрежа на претпријатија и платформата Matchmaking за состаноците во текот на сите 3 дена на Самитот, од 7-9 ноември во Нови Сад, Србија.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 10-12 септември 2018 година Хотел „Мона“ Златибор, Р. Србија

Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Србија, ве поканува да бидете дел од овогодинешниот Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE, што ќе се одржува во периодот од 10-12 септември 2018 година, во хотелот „Мона“ - Златибор, Р. Србија. Организатори на овогодинешниот Самит се Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Р. Србија, Јавното претпријатие „Скијачки одморалишта на Србија”, Централноевропската иницијатива и Центарот за туризам, истражување и студии. Целта на Самитот којшто оваа година се организира на тема: „Развивање на планинскиот туризам“ е пред се` да се разменат позитивните практики и искуства во делот на инвестициите, иновациите брендирањето, промоцијата и подигањето на конкурентноста на планинскиот туризам, но и да се поттикне и продлабочи меѓусебната регионална соработка во областа. Патните трошоци и трошоците за сместување се на товар на учесниците. Хотел „Мона“ - Златибор, за сите учесници на самитот овозможува и дополнителен попуст за сместување. За дополнителни информации околу сместувањето, обратете се кај назначеното лице за контакт.

Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032

Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

33

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.