Бизнис ИНФО, број 262

Page 1

bsi.

БИЗНИС ИНФО

ISO 900

Quali Mana

bsi. НА МАКЕДОНИ СТОПАНСКА КОМОРА СТОПАНСКА КОМОРА

FS 549

Osnovana 1922

ISO 9001

goodini

Quality Management

192

2 - 2016

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

БИЗНИС ИНФО Founded 1922

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 262

www.mchamber.mk

7.4.2016

Преку стандардизација до поконкурентни македонски производи

ЗБИР НА МОЌНИ БИЗНИС И МАРКЕТИНГ АЛАТКИ ЗА КОМПАНИИТЕ • ISO 9001 • ISO 22000 • ISO 14001 • ISO 17000

• ISO 27000 • ISO 50001 • OHSAS 18001

Средба на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија со Михаи Дарабан, претседател на Трговско-индустриската комора на Романија

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОФИЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК НА „ROMEXPO“ ЗА МАКЕДОНИЈА


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

B

UR

O

НИКО

SE

C

MC Robin

ЕЗБЕД ОБ У

Б

ЊЕ ВА

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ФУНКЦИЈАТА НА АЛТЕРНАТИВНО ПРИБИРАЊЕ НА КАПИТАЛ СЕУШТЕ НЕ ЗАЖИВЕА КАКО ШТО ТРЕБА Плановите пред 20 години беа амбициозни и базираа на нашиот ентузијазам и убедувањата настранските експерти. Се сметаше дека градењето на новиот економскисистем врз пазарни принципи автоматски ќе доведе до создавање наефикасен пазар на хартии од вредност штоќе ги привлекува финансиските вишоци иќе врши оптимална алокација на капиталот.Набрзо моравмеда се соочиме со реалниот транзициски амбиент и совистинските потреби на економските агентиза постоење на функционална берза. Сепојавија низа ограничувачки фактори штого лимитираа побрзиот развој на берзата.Следеше поинтензивна приватизација иконсолидација накреиранитесопственички структури, дооформувањеи модернизација на правната,институционалната и техничката пазарнаинфраструктура, по што се случи големиотберзански бум подигајќи ги превисокоочекувањата. Оваа епизода заврши содрастична пазарна корекција. Развиенитепазари поминувале повеќе циклуси од овојвид, но за нас ова беше прво вакво искуство.


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

ПОДВЛЕЧЕНО

Дојдоа кризни години, за денес ситепазарни учесници пореално да го осознаатместото на берзата во создадената хибриднаекономско-општествена структура. Генерално, берзата ефикасно ја вршеше функцијата на спојување на понудата и побарувачката на домашните хартии од вредност и континуирано испорачуваше пазарни цени што потоа различните економски субјекти соодветно ги користеа. Од друга страна, функцијата на алтернативно прибирање на капитал од страна на компаниите и покрај многубројните заложби и активности сеуште не заживеа како што треба, што е феномен присутен многу пошироко од Македонија. Како и да е,впечаток е дека во јавноста, перформансотна Македонската берза се оценува низ екстремнадиоптрија – од несоодветно големиочекувања до прелесна резигнираност одпремалите остварувања во посткризнитегодини. На берзата моментално речиси сите компании се котирани како производ на приватизацијата (во кој процес истите се корпоратизирани) и нормативна присила (двата брана на задолжителна котација). Значи, историски гледано, акционерството и котацијата не се прифатија доброволно и поради опиплив економски интерес. Впрочем, слично беше и на многу други берзи во повеќето европски „пазари во појавување“. Може да се каже дека сето тоа беше своевиден процес на учење за компаниите, но и за инвеститорите. Во меѓувреме транспарентноста од еден вид баук се претвори во нешто релативно нормално, иако на овој план очекувањата на инвеститорите се секогаш поголеми од преовладувачката пракса. Паралелно со ова, обелоденувањето на компаниите стана високорегулирана законска материја. Наша оценка е дека денес причината за некотирање на берзата на поголемите домашни, успешни, семејни компании, коишто и тоа како би биле добредојдени на пазарот, не е примарно стравот од транспарентноста, туку дека сеуште доминира аверзијата од разводнување на сопственичките структури, недостаток на деловна агресивност и неприфаќање на ризиците генерално. (Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза во „Капитал“)


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

КЛИЕНТОТ Е НА ПРВО МЕСТО GO4 всушност претставува платформа врз основа на која во иднина ќе се гради партнерството помеѓу Шпаркасе Банка Македонија, С-Лизинг, Винер неживотно осигурување и Винер живот. Имено, стартешкото партнерство помеѓу нашите компании постои веќе долги години во рамките на нашата групација, а мене ми е особено мило што токму С-Лизинг преку GO4 лизинг пакетот го промовираше тоа партнерство на македонскиот пазар. Всушност, GO4 пакетот го структуриравме како пакет во кој клиентот е на прво место, и во кој сите компании направивме максимални напори со цел тој пакет да биде атрактивен. Имено, С-Лизинг настапи со исклучително поволни каматни стапки за корисниците на пакетот, Шпаркасе Банка овозможи бројни бесплатни услуги и поволности, а Винер неживот мошне атрактивни цени на каско осигурувањето само за корисниците на овој пакет. Нашиот план е приказната за GO4 лизинг пакетот и понатаму да се шири и подобрува, а во исто време GO4 платформата веќе ја надополнија други производи на Шпаркасе Банка и Винер осигурување. Наша стратешка определба е долгорочно присуство на пазарот и поддршка во остварувањето на потребите како на граѓаните така и на стопанството. Во таа намера поддршка ни е нашата силна поврзаност со Ерсте&Штаермеркише Шпаркасе групацијата и со нашата локална Шпаркасе Банка Македонија, а со цел дополнително промовирање на компанијата, во текот на втората половина од 2016 година планирано е и ребрендирање на С-Лизинг во Шпаркасе Лизинг со што дефинитивно ќе се искористи и добрата пазарна и маркетиншка позиција на банката што ќе доведе и до наша поголема препознатливост помеѓу генералната популација. (Марјан Манчев, извршен директор на С-Лизинг во „Фактор“)


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

ПОДВЛЕЧЕНО

ЖЕНИТЕ СЕ НЕДОВОЛНО ИСКОРИСТЕНИОТ ИЗВОР НА ТАЛЕНТИ Во земјите од Европската Унија 2,7 милиони луѓе работат во ИКТ секторот, но само 20% се жени. До 2020 се предвидува 7,6% раст на секторот и според некои проценки, во моментот има 700.000 непотполнети работни места. Глобалните компании согледуваат дека луѓето се една од основните конкурентски предности на компаниите во ИКТ секторот, а жените се сеуште недоволно искористениот извор на таленти во индустријата. Родовиот баланс не е само добра работа, туку е и паметна стратегија на брзорастечки и напредни компании кои согледуваат дека компаниите кои имаат жените на менаџерски позиции им носат 53% поголема стапка на поврат на капитал, 42% поголем принос од приходите и 66% поголем принос од инвестираниот капитал. Поголема диверзификација на работната сила носи поголема креативност за решавање на проблемите и за пристап кон разни групи на клиенти. Особено ни е мило што МАСИТ како Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии го препозна значењето на овој глобален тренд и ова како информација им го нуди на своите членки и сите заинтересирани компании. Во светските компании, како на пример Google има 30% жени, а 22% на лидерски позиции, во Microsoft има 26,8% вработени жени, а 17,3 на лидерски позиции, кај Oracle овој сооднос е 29% од вработените, а 25 на лидерски позиции и кај SAP 32 % сo 23%. Во Република Македонија, според истражувањата на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементирана од Свисконтакт и Преда Плус, во фирмите за развој на софтвер и ИТ услуги има 27% жени, а на раководни места се само 12% и покрај поголемиот број на академски образувани жени. На пример во Македонија од сите дипломирани на додипломски студии 56% се жени, од кои: на природно математички струки 54%, а на техничко технолошки струки 35% жени и 65% мажи. Може да се каже дека споредено со светските трендови, македонските компании покажуваат слични состојби, но верувам дека може многу повеќе да се направи, особено земајќи ги во предвид тенденциите за благ пораст на девојки за техничките науки. (Жаклина Гештаковска Алексовска, експерт за родови прашања за „Денар“)


БИЗНИС ИНФО

Бизнис центар за тренинг и оБука Bussines center for traning and education bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922

Бизнис акаДеМиЈа за контроЛинг МенаЏер настаВна ПрограМа од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

МЕЃУНАРОДНА АКТИВНОСТ Средба на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија со Михаи Дарабан, претседател на Трговско-индустриската комора на Романија

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОФИЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК НА „ROMEXPO“ ЗА МАКЕДОНИЈА Во насока на унапредување на соработката меѓу стопанските комори на Македонија и Романија, како и заради примопредавање на претседателството со Асоцијацијата на балканските комори (АБК) за 2016 година, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, на 29.3.2016 година оствари работна средба со Михаи Дарабан, претседател на Трговско-индустриската комора на Романија. На средбата е договорено Стопанската комора на Македонија да склучи договор за соработка со „Ромекспо“ (кој е основан и управуван од Комората на Романија), како официјален застапник на оваа саемска организација за Македонија. „Ромекспо“ е една од најголемите и најзначајните саемски организации во Романија со која управува Комората на Романија и може да понуди голем број можности за претставување и пласирање на македонските производи и услуги на големиот романски пазар, а со тоа да се придонесе и за унапредување на трговската размена меѓу Македонија и Романија, се согласија двајцата претседатели. Претседателот Азески изрази задоволство што успешно е реализирана Иницијативата за прогласување на 2015 година за година на конкурентноста, во согласност со Заклучокот од седницата на Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори што се одржа во Скопје, на 18 февруари 2015 година, за време на претседателството на Стопанската комора на Македонија со АБК. Со цел да се согледаат достигнувањата на коморите-членки на АБК кои во текот на целата година реализирале бројни активности за унапредување на конкурентноста на националните економии и на регионот воопшто, Стопанската комора на Македонија изработи публикација со наслов: „2015 година на конкурентноста“, која ќе биде дистрибуирана до сите коморичленки на Асоцијацијата на балканските комори.


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

9

МЕЃУНАРОДНАПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТ

Во насока на продолжување на активностите на Асоцијацијата на балканските комори, на средбата беше разговарано и за примопредавањето на претседателствувањето со АБК од Стопанската комора на Македонија на Трговскоиндустриската комора на Романија и организирањето на следното Генерално собрание во Букурешт, Романија, во текот на оваа година. Воедно, како позначајни теми на кои ќе се разговара на следната сесија, беа посочени: • можноста за воспоставување на обичајно право (common law) за коморското организирање и работење во рамките на Асоцијацијата на балканските комори и • потребата од воспоставување заедничка дигитална платформa (база на податоци за компаниите-членки) на Асоцијацијата на балканските комори, што ќе биде од интерес за бизнис-заедниците на сите земји-членки. М-р Елена Милевска Штрбевска


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

МЕЃУНАРОДНА АКТИВНОСТ Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија Минчо Јорданов учествуваше на „Загреб Бренд Форум 2016“

БРЕНДОВИТЕ СЕ РАЗВИВААТ СО МНОГУ ВОЛЈА, СТРАСТ, ПОСВЕТЕНОСТ И НЕКОНЗЕРВАТИВНОСТ И ВЕРБА ВО КРАЈНАТА ЦЕЛ На 31.3.2016 година, во организација на „Бизнис плус“, се одржа Меѓународната конференција „Загреб Бренд Форум 2016“. На Конференцијата учествуваа околу 350 учесници, меѓу кои и еминентни сопственици и менаџери на компании од регионот. Главна цел на Конференцијата беше размена на искуства и размислувања околу тоа како да се измери вредноста на брендот, колку вреди неговиот нематеријален дел, дали и како се гради брендот, како да се бориме со глобалните брендови, како настануваат, се губат или траат новите брендови и слично. Исто така, се разменија мислења и околу тоа дали во последните 20 години сме создале нови брендови и како се позиционирани старите, дали франшизингот и лиценцирањето се добри за новите развојни циклуси на брендовите и како старт-ап револуцијата отвора простори за побрза препознатливост? На сесијата за глобалните наспроти локалните брендови учествуваше и потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, господинот Минчо Јорданов. На панелите на Конференцијата свое учество земаа и Анте Тодориќ, заменикпретсеател на „Агрокор“, Дамир Булиќ, претседател на Управата на „Краш“, Денис Матијевиќ, сопственик на „Агрофруктус“, Омер Сенгулер, сопственик на „Globar Magic Brend“ од Истанбул (стручњак кој ги брендирал „Улкер“, градот Истанбул, турската железница, „Waikiki“ и др.). Учесниците на панелите го истакнаа огромното значење на брендот, како ветување и обид за воспоставување долгорочни односи засновани на функционалните вредности, но и на емоционалните и симболичките вредности, на кои всушност треба да се стави тежиштето. Начелна оценка е дека нашите брендови во својата симболичка вредност се` уште „се бараат“ и овде постои голем неискористен простор за промоција и развивање. Имено, основната комуникациска, културна и економска карактеристика на брендот


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

11

МЕЃУНАРОДНАПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТ

е неговото функционирање на повеќе нивоа истовремено, од свеста и потсвеста на корисникот на информацијата до јавното мислење во рамките на општеството и сите овие се полиња во чии рамки треба да се формира свест за важноста на брендот (brend awareness), – беше истакнато на Конференцијата. Истовремено, беше посочено дека брендовите се развиваат доколку постои многу волја, страст во работата, посветеност и неконзервативност, а доколку се верува во крајната цел, а тоа е приближување до крајните корисници и зголемување на задоволството од продажбата и користењето на конкретните брендови, тогаш успехот е неизбежен. Но, несомнено е дека добрите менаџери и сопственици сакаат да развијат брендови и да работат на унапредување на својата дејност на повеќе различни нивоа, без предрасуди, политички одлуки и влијанија. Вербата во својот производ е и верба во брендот кој се создава. М-р Елена Милевска Штрбевска


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

МЕЃУНАРОДНА АКТИВНОСТ Средба меѓу претставниците на Регионалната комора со седиште во Скопје и Здружението на стопанственици на Грција - БАГ во Солун, Република Грција

ПОТПИШАНИОТ ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ГИ ЗБЛИЖУВА ДВЕТЕ БИЗНИС-ЗАЕДНИЦИ Со цел продлабочување на соработката помеѓу бизнис-заедниците на Република Македонија и Република Грција, на 4 април 2016 година во Солун беше потпишан Договор за соработка помеѓу Регионалната комора со седиште во Скопје во рамките на Стопанската комора на Македонија и Здружението на стопанственици на Грција со седиште во Солун. Договорите беа потпишани од страна на претседателите на двете комори, д-р Горан Рафајловски и г-дин Јоанис Мандринос. Претседателот на Здружението на стопанственици на Грција (БАГ), Јаонаис Мандринос потенцираше дека за Грција и Македонија многу е важно да се работи на создавање позитивна клима помеѓу двете земји, зближување и поттикнување на поблиска и подлабока економска соработка. Потребно е, според неговите зборови, да се подобри взаемната размена на деловните и трговските информации, како би се создала поголема доверба помеѓу компаниите од двете земји. Д-р Рафајловски истакна дека со потпишувањето на овој Договор за соработка ќе се остварат многу прашања што заеднички детално ќе се разгледуваат и решаваат, при што воедно ќе се создаде и широко поле за соработка во сите сфери. Првиот чекор е многу тежок, но е многу важен, особено бидејќи се започнува со спојување


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

13

МЕЃУНАРОДНАПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТ

на бизнисите коишто се и главните двигатели на економиите на двете земји. Потребно е да се оформи позитивно мислење помеѓу бизнисмените за да можат да се иницираат и други промени што позитивно би влијаеле и на двете страни. Потпишувањето на овој договор го поддржа и генералниот конзул на Р. Македонија во Солун, г-ѓа Маја Апостолова Балабурски, при што, таа истакна дека ваквиот вид на соработка ќе ги поттикне не само бизнис-релациите на двете земји, туку ќе овозможи и да се создадат услови за потпишување идни економски спогодби меѓу двете земји. За наредниот период и двете комори планираат преземање на низа заеднички активности коишто ќе придонесат за зацврстување на взаемните трговски и економски врски и зајакнување на конкурентноста на странските пазари на компаниите нивни членки. Инаку, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Грција во 2015 година достигна вредност од 664,9 милиони САД$, што претставува пад од 25,62 % во однос на истиот период од 2014 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 165,7 милиони САД $ или намалување од 26,90%, додека увозното салдо изнесува 499,2 милиони САД $ или намалување од 25,18 % споредено со истиот период од 2014 година. Република Македонија со Република Грција за 2015 година лани бележи трговски дефицит од 333,5 милиони САД $. Република Грција е четврти трговски партнер на Република Македонија за 2015 година. Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

МОЖНОСТИ

Преку стандардизација до поконкурентни македонски производи

ЗБИР НА МОЌНИ БИЗНИС И МАРКЕТИНГ АЛАТКИ ЗА КОМПАНИИТЕ

Стандардизацијата треба да се толкува како поедноставување, кое води до намалување на трошоците и зголемување на ефективноста на квалитетот. Гледајќи од овој агол, стандардизација значи преземање на средна вредност или решение наоѓање на средина или просек од спротивставени идеи и нивна консолидација во една која ќе поедностави две или повеќе активности. Денес, стандардизацијата се однесува на активности што човекот ги создава напредувањето на технологијата води до напредок на стандардизацијата - но суштината е да се постигне универзално прифатлив квалитет на производ/услуга.


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

15

ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема:„Преку стандардизација до поконкурентни македонски производи“ (4.4.2016 година). Пред претставниците на медиумите на оваа тема зборуваа д-р Ружица ЈовановиќМалиновска од Институтот за стандардизација на Република Македонија и Емилија Тодоровска, експерт за стандардизација во Стопанската комора на Македонија. Стандард е документ утврден со консензус и усвоен од страна на признато тело, со кој за општа или повеќекратна употреба, се утврдуваат правила, насоки или карактеристики и нивни резултати, со цел да се постигне оптимално ниво на регулирање во одредена област. До пред дваесет години стандардите беа врзани главно за областите од техниката, кога доаѓа до појава на првиот меѓународен стандард за систем за управување (менаџмент) кој донесе нов пристап во комуникациите меѓу бизнисот низ целиот свет. Најчести стандарди во употреба се: • ISO 9001 Систем за управување со квалитет; • ISO 22000 Систем за управување со безбедност на храната; • ISO 14001 Систем за управување со животната средина; • ISO 17000 Систем за различни организации вклучени во евалуација; • ISO 27000 Систем за управување со безбедност на информации; • ISO 50001 Систем за управување со енергијата; • OHSAS 18001 Систем за управување со здравјето и безбедноста при работа. Веќе десет и повеќе години наназад Стопанската комора на Македонија активно ги следи современите текови во примената на стандардите во развиените земји на ЕУ и работи на промовирање и имплементација на истите во македонското стопанство, со цел да даде свој придонес во зајакнувањето на конкурентноста на компаниите и унапредувањето на извозот, преку исполнување на се` построгите барања на овие пазари. Согласно сопствениот регистер на фирми/компании, го има воведено стандардот ISO 9001 во 161 компанија, ISO 14001 во 15, HACCP/ISO 22000 системот/ стандардот во 40, а HALAL стандардот во 5 компании. Стопанската комора на Македонија континуирано го обучува својот кадар за новините во стандардите. Таков е случајот со транзицијата и новата ревизија на најприменетите стандарди за системи за управување со квалитет и животна средина. Процесот на транзиција е веќе започнат. До септември 2018 година сите оние компании кои ги имаат имплементирано и сертифицирано ISO 9001: 2008 и ISO 14001 :2004, ќе


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

МОЖНОСТИ мора да ги воспостават новите ревизии на овие стандарди во сопственото работење. Колку и да ни се гледа далечен конечниот термин за транзиција, сепак е пожелно истата да се отпочне навреме. Ние како единствена Стопанска комора во Република Македонија која го има имплементирано ISO 9001, веќе во мај ќе ја реализираме екстерната проверка и ќе поминеме кон ISO 9001:2015. Стопанската комора на Македонија воедно и активно соработува со Институтот за стандардизација на РМ и како асоцијација на стопанственици дава придонес во изработката на стандардите, а преку тоа влијае и врз нивната практична апликативност. Институтот за стандардизација на Република Македонија – ИСРМ е основан во 2003 година со Одлука на Владата на Република Македонија и тој е единствено национално тело за стандардизација во Република Македонија. Европскиот стандард, според д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска заменува 33 различни национални стандарди во Европа и овозможува пристап до пазар од повеќе од 500 милиони ппотрошувачи. Стандардите и стандардизацијата претставуваат една од основните потреби, услови и претпоставки за успешен развој на македонската економија. Производите кои се во согласност со македонските стандарди имаат конкурентна предност пред производите кои не се изработени во согласност со стандардите – потрошувачите ја знаат разликата. Безбедни и квалитетни производи на глобалниот пазар може да се пласираат само со имплементирање на барањата на стандардите. Тие можат да им помогнат на компаниите да бидат во согласност со барањата поставени во законодавството на ЕУ во повеќе сектори (директиви, регулативи). Употребата на стандарди може да понуди збир на моќни бизнис и маркетинг алатки за организациите. - Тие може да се користат за да се подобрат перформансите и управувањето со ризиците со кои се соочуваат компаниите, работејќи на поефикасен и одржлив начин. Стандардите овозможуваат на клиентите на компаниите да им го демонстрирате квалитетот на она што го работите, и ќе ви помогнат да ги имплементирате најдобрите практики во вашата организација. Стандардите можат да ја зголемат продуктивноста и обемот и воедно да придонесат до поголем развој, намалување на трошоците и ризиците, зголемување на конкурентноста, одржлив развој, како и справување со еколошки, социјални и економски влијанија. Стандардите ги поттикнуваат иновациите, ги подобруваат услугите и задоволството на клиентите. Може да се зголеми продуктивноста и обемот и воедно да се придонесе за поголем развој и намалување на трошоците и ризиците, зголемување на конкурентноста и одржлив развој -


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

17

ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ

справување со еколошки, социјални и економски влијанија поттикнуваат иноваци и услуги - подобрување на услугите и задоволството на клиентите, здравје и безбедност - заштита на луѓето од ризици, – истакна д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска. Јакнењето на свеста за стандардизација е првиот и најважен чекор. Зголемената свест за стандардите ќе им помогне на компаниите да разберат како тие можат да се користат како алатки за постигнување на нивните бизнис-цели. За таа цел, ИСРМ организира разни промотивни активности, презентации, работилници, семинари итн. Инаку, на прес-конференцијата беше соопштено дека Годишното собрание на Европските комитети за стандардизација - CEN/CENELEC ќе се одржи во Скопје од 6 до 8 јуни 2016 година. На настанот ќе бидат присутни сите врни луѓе од областа на стандардизацијата на европско, но и на меѓународно ниво. Ова претставува одлична можност за компаниите од Република Македонија да учествуваат на еден ваков настан каде ќе бидат презентирани најновите информации за достигнувањата во стандардизацијата. Исто така, на овој настан компаниите ќе имаат можност и да закупат штанд за да можат да ги презентираат своите услуги, производи, дејности итн. Емилија Тодоровска


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

ФОКУСИРАНО

Клубот на менаџери-претприемачи продолжува со редовни активности

ВТОРО ПРЕДАВАЊЕ ОД МОДУЛОТ ЗА „КОМУНИКАЦИСКИ И ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ“: МОТИВАЦИЈА И ЕЛЕМЕНТИ НА ВЛИЈАНИЕ Клубот на менаџери-претприемачи на 1.4.2016 година, во бутик-салата „Дуна компјутери“ во Стопанската комора на Македонија, организираше уште еден успешен настан како дел од годишната програма. Во рамките на модулот „Комуникациски и продажни вештини“ се одржа второто предавање во соработка со Љупчо Георгиев, лиценциран тренер за „Густав Кезер Тренинг Интернационал“ во Македонија и новиот генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово. Преку методологијата на која се базираат „Густав Кезер“-тренинзите и која е призната и применета во светски рамки, учесниците имаа можност преку интерактивни вежби да дознаат повеќе за техниките на мотивација на вработените, разлики меѓу мотивација и манипулација, како и елементите на влијание на еден менаџер врз своите вработени. Менаџерите беа во можност да го споделат своето искуство и знаење со реални примери од пракса, што поттикна размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација. Клубот на менаџери-претприемачи претставува мрежа на мали и средни претпријатија, во кој членуваат претставници од менаџерскиот тим на компаниите, кои ги користат бројните поволности во рамките на Клубот во делот на: пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство и експерти од компаниите, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

19

ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО

ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување и сл. Покрај мали и средни претпријатија, во Клубот членуваат и големи компании со цел поттикнување на размена на контакти, информации и искуство, а особено во насока на отворање можности за деловна соработка. Симона Ристоска


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

ФОКУСИРАНО

Конституирана Асоцијација на автомобилската индустрија при Советот на странски инвеститори

ЗА ПРЕТСЕДАВАЧ ИЗБРАН АВРАМ СТОЈЧЕВСКИ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА „ВАН ХУЛ МАКЕДОНИЈА“ Во рамките на Советот на странски инвеститори, на денешната седница е основана Асоцијацијата на автомобилска индустрија (6.4.2016 година), во присуство на претставници на странските инвеститори од автомобилската индустрија и домашни компании од овој сектор, со поддршка на државни институции директно поврзани со привлекување на странски инвестиции, потоа академската заедница и странските донатори во земјава. Главна цел за формирање на Асоцијацијата на автомобилската индустрија е да се соберат на едно место сите релевантни чинители од овој сектор со цел дефинирање насоки и стратегија за развој на автомобилската индустрија во Македонија. Како што истакна претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, мисијата на новата Асоцијација при Советот е да се крeира модерна платформа за развој на автомобилската индустрија, која ќе биде во можност да понуди значаен концепт за развој на човечките ресурси и менаџмент, трансфер на технолошки и иновациски процеси, како и да се генерираат нови локални синџири за набавка, имајќи го предвид фактот дека овој сектор е доминантен кај странските инвеститори,


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

21

ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО а се отвораат и се` повеќе нови можности за соработка со домашни добавувачи. Главни задачи на Асоцијацијата во наредниот период ќе бидат: - да се изгради и да се развие ефикасна мрежа на комуникација меѓу компаниитечленки и да се креира солидна база на податоци на компаниите од овој сектор; - поддршка за истражување и развој на нови производи и услуги со високо додадена вредност; - да ги претставува и промовира интересите на членовите на национално и на меѓународно ниво; - да се поттикне соработката меѓу странските инвеститори и домашните компании кои би се вклучиле во синџирот на добавувачи; - да се стимулираат инвестициите во автомобилскиот сектор; - да се воспостави одржлив систем за образование и обука во областите релевантни за членовите на Асоцијацијата итн.

Пред присутните компании свои обраќања и презентации имаа претставниците од Директоратот за Технолошко-индустриски развојни зони, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ и др. Заедно е констатирано дека основањето на оваа Асоцијација, којашто е поддржана од страна на државните институции и на академската заедница, претставува добра основа за развој на автомобилската индустрија во земјава и пред се` за зајакнување на соработката меѓу сите засегнати страни од овој сектор, како еден од приоритетите на ова тело. За претседавач на Асоцијацијата на автомобилската индустрија од страна на присутните компании е избран господинот Аврам Стојчевски, генерален директор на „Ван Хул Македонија“.

Влатко Стојановски


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ЕВН Македонија со нова кампања

НАГРАДИ ЗА ШТЕДЛИВ ДОМ ЕВН Македонија од понеделник почнува со наградната игра „Награди за штедлив дом” чија цел е да мотивираат и наградат корисниците, да се промовираат позитивни промени и унапредување на добрите практики во однос на домот и заштедата на енергија. Ова е првата наградна игра организирана на територија на Македонија во која учествуваат и оние кои не се пријавиле, ниту купиле нешто како услов за учество, туку едноставно сите регистрирани корисници од базата на ЕВН, што ги ажурирале своите податоци се учесници во наградната игра. Наградната игра, која е во знак на посветеност кон лојалните корисници, ќе се емитува во рамките на емисијата “На гости кај“. Право на учество имаат потрошувачи од категоријата Домаќинства и Мали бизнис корисници, кои имаат доставено лични податоци, т.е. име и презиме, адреса и матичен број до ЕВН Македонија. Сите корисници имаат можност да добијат вредносен ваучер од 100.000 или 30.000 денари од Нептун Македонија, наменет за купување на апарати за домаќинство или сет за енергетска ефикасност во вредност од 1.923 денари, составен од мерач за електрична енергија, тајмер и електронска метеоролошка станица. Во 12-те кола ќе бидат извлечени по 24 награди. Емисијата „На гости кај“ ќе ги наградува и ќе ги инспирира гледачите на позитивни практики за менаџирање на домот преку разговори со лица од јавниот живот, гостувајќи во нивните домови или работни простории. Извлекувањето на наградите ќе се врши по електронски пат, по случаен избор, а водител на емисијате ќе биде Зорица Црношија. „На гости кај“ ќе се емитува секој понеделник во 20.15 на МТВ1 и во вторник на ТВ АлСатM во 23:00. Сите корисници на ЕВН Македонија кои не ги ажурирале досега своите податоци, тоа може да го направат на повеќе начини - со пополнување на формулар за ажурирање на личните податоци достапен во кој било наплатен пункт или КЕЦ (Кориснички енергоцентар) на ЕВН Македонија или со пополнување на формуларот кој ќе го добијат со фактурата за електрична енергија од ЕВН. (ЕВН)


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

23

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА

Соработката на ОКТА со високообразовните институции во земјава се одвива во континуитет

ДОУСОВРШУВАЊЕ НА НОВА ГРУПА ПРАКТИКАНТИ Нова група практиканти добија можноста теоретското академско знаење практично да го применат на реални работни задачи како дел од програмата за практиканти на ОКТА. Компанијата веќе неколку години ја спроведува програмата за практиканти со цел да им помогне на младите луѓе да се изградат во професионалци и да станат конкурентни на пазарот на трудот. -ОКТА и оваа година останува доследна во поддржувањето на образовните процеси во земјава, нудејќи можност на младите професионалци да го унапредат своето академско знаење преку пракса во меѓународна компанија. Нашето искуство покажа дека практикантската програмата претставува одличен начин за студентите да одлучат дали одредена индустрија или професија е вистинската опција во која би ја развивале својата професионална кариера. Преку извршување на конкретни работни задачи под менторство на професионалци, во ОКТА практикантите ги развиваат своите лични и професионални вештини и имаат прилика да го искусат ритамот на работниот ден во една динамична атмосфера, - изјави главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос. Во текот на оваа програма практикантите ќе бидат ангажирани на работните задачи кои одговараат на нивниот образовен профил, во период од 3 месеци со полно работно време, а нивната практична едукација ќе биде надгледувана од ментори. Селекцијата на кандидатите се одвива во неколку циклуси во кои се ценат постигнатите резултати во текот на академското образование, како и нивниот ентузијазам, амбиција и желба за унапредување и градење на успешна професионална кариера. Програмата за практикантство е дел од соработката на ОКТА со високообразовните институции во земјава која што се одвива во континуитет. Во последниот циклус кандидатите се избираа од повеќе државни и приватни факултети кои се блиски до оперативните процеси и дејноста на компанијата.(OKTA)


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Втора година по ред ТАВ Македонија го добива престижното признание на „Скајтракс“

СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ МЕЃУ ДЕСЕТТЕ НАЈДОБРИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА Втора година по ред ТАВ Македонија го добива престижното признание на „Скајтракс“ - Светски аеродромски награди, рангирајќи го скопскиот меѓународен аеродром „Александар Велики“ меѓу десетте најдобри аеродроми во источна Европа. Аеродромот „Александар Велики“, со кој оперира ТАВ Македонија, е рангиран меѓу десетте најдобри авиопристаништа во источна Европа за 2016 година во рамки на Светските аеродромски награди што неодамна се одржаа во германскиот град Келн. Овој светски собир го организира реномираната британска организација „Скајтракс“ којашто престижното признание на скопскиот аеродром му го доделува втора година по ред. „Среќни сме што по вторпат ја добиваме Светската аеродромска награда на „Скајтракс“, која што го рангираше скопскиот аеродром меѓу десетте најдобри во источна Европа, што е уште еден доказ за посветеноста на ТАВ Македонија кон нашите ценети патници и авиопревозници. Ова е престижно признание во авијацијата кое што се доделува секоја година во конкуренција на 550 аеродроми ширум светот, при што се оценува искуството на патниците во различни аеродромски услуги, како што се чекирање, пристигнување, трансфери, шопинг, безбедност и т.н. Фокусирани на главниот аеродром во Република Македонија, во ТАВ Македонија сме посветени на развој на успешен лидерски тим и ги вреднуваме важните улоги кои аеродромските работници ги имаат на аеродромот“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија. Скопскиот аеродром годинава се најде на 9. позиција на топ 10 листата на аеродроми во источна Европа, во категоријата – Најдобри аеродроми според регионот. Листата ја предводи аеродромот во Будимпешта, по што следат воздушните пристаништа во Талин, Киев, Рига, Белград, Тбилиси, Софија, Братислава, Скопје и Варна. „Скајтракс“ наградите беа доделени на саемот за аеродромски услуги ,,Passenger Terminal Expo’’, кој неодамна се одржа во германскиот град Келн.


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

25

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА Според Светските аеродромски награди, најдобрите 10 аеродроми во светот за 2016 се: Чанги во Сингапур, Инчеон во Јужна Кореја, Минхен, Ханеда во Токио, Хонг Конг, Центраир во Нагоја - Јапонија, Цирих, Хитроу во Лондон, Кансаи во Јапонија и Хамад во Доха. „Скајтракс“ е истражувачка организација основана во 1989 година со седиште во Лондон, Велика Британија. Организацијата е специјализирана за спроведување на истражувања во авиоиндустријата посветени на подобрување на услугите што авиокомпаниите и аеродромите им ги нудат на патниците низ светот. Изминативе 16 години ги спроведува истражувањата за најдобрите авикомпании и аеродроми во светот. Доделувањето на Светските аеродомски награди почна во 1999 година, кога„Скајтракс“ го спроведе првото глобално истражување за задоволството на патниците од аеродромите. Денес, оваа награда се базира на спроведени 13,2 милиони анкети и прашалници, пополнети од аеродромски патници од 106 националности за време на периодот на испитување, кој траеше од јуни 2015 година до февруари 2016 година. Со истражувањето беа опфатени 550 аеродроми во светот, а преку него се проверуваа искуствата на патниците во поглед на различни аеродромски услуги како чекирање, пристигнување, трансфери, шопинг, безбедност и други услужни сегменти. Скопскиот аеродром „Александар Велики“ минатиот месец ја доби наградата ASQ (Airport Service Quality) за најдобар аеродром за 2015 година во Европа, во категоријата - аеродроми со помалку од 2 милиона патници, што е трет пат како го добива ова признание од страна на престижната авијациска организација ACI, по добивањето на наградата во истата категорија во 2012 и 2013 година. ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со пораст од 22 проценти на вкупниот број на патници на двата македонски аеродрома – „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, достигнувајќи бројка од 1.560.381 патник. Истовремено, вкупниот број на воздухопловни операции беше 15.510, со пораст 11 отсто на годишно ниво. Трендот на зголемен сообраќај продолжува и годинава. Во првите два месеци од 2016 година преку двата македонски аеродроми биле превезени 219.378 патници, што е пораст од 28 отсто во однос на истиот период во 2015 година. Истовремено, бројот на операции (полетувања и слетување) на двата аеродроми е зголемен за 15 проценти.(ТАВ Македонија)


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Македонска берза

KОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА, „AЛКАЛОИД“ И НЛБ ТУТУНСКА БАНКА ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „КРИСТАЛНО ЅВОНО“ ЗА 2015 ГОДИНА Во рамките на Годишната конференцијата на Македонска берза АД – Скопје, што се одржа на 29 март 2016 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, Македонската берза по деветти пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво. И оваа година беа доделени награди на три друштва кои од вкупно котираните 113 акционерски друштва на Македонската берза АД - Скопје беа оценети како најтранспарентни во 2015 година. Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2015 година беа избрани: Комерцијална банка АД - Скопје, „АЛКАЛОИД“ АД - Скопје и НЛБ Тутунска банка АД – Скопје. (Македонска берза)


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија. • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка. • Се добива сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: М-р Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Често се случува во отпад да завршат производи кои не се расипани

ТРЕБА ЛИ ДА СЕ УКИНЕ РОКОТ НА УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОДИТЕ? *Германскиот министер за земјоделство, Кристијан Шмит се залага да се укине одредбата за препорачан рок на употреба на прехранбените производи.Тоа всушност не е реален рок на траење на храната, објаснува тој. Секој од речиси 80-те милиони граѓани на Германија секоја година фрла во отпад 82 килограми прехранбени производи - значи, во целата земја во ѓубре завршуваат повеќе од 6,5 милиони тони храна годишно! По правило, само малку од фрлените производи се навистина расипани и им поминал рокот по кој тие можат да бидат опасни по здравјето на потрошувачот. Значи често се случува во отпад да завршат производи на кои им поминал рокот кој е означен како „препорачан рок за употреба“. Тоа е всушност еластичен поим: до тој датум производителот гарантира дека производот ќе ги има особините кои би требало да се однесуваат на вкусот, мирисот, бојата,

конзистенција и хранлива вредност. По тој датум, многу е веројатно дека производот ќе ги задржи тие својства и можеби ќе помине долго време додека производот навистина се расипе. Се покажа оти производителите се прилично „штедливи“ во тие препорачани датуми, поради тоа што сметаат дека, ако потрошувачот го фрли призводот додека можеби е се’ уште добар, тој најверојатно


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

29

СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ потоа едноставно ќе купи - нов. Резултатот е куп фрлена храна. Тоа германскиот министер го наведе да започне иницијатива за укинување на ознаките „препорачан рок на употреба“: „Масовно фрламе добри производи затоа што производителите оставија преголеми безбедносни периоди до рокот кога производот ќе се расипе“, изјави министерот Кристијан Шмит за медиумската група „Функе“. Чип на пакување на јогурт Таков препорачан рок на употреба во Германија е воведен уште пред 30 години и тој само во ретки случаи навистина има смисла. Тоа е случај особено кај некои пекарски производи, како Наместо во отпад во супермаркет крекери или двопек - тие можеби ќе можат да НЕ САМО ЕТИЧКО, ТУКУ И ПРАШАЊЕ НА ПАРИ се јадат и неколку години по истекот на рокот, Исто така, кај пакуваното месо производителите но можеби нема да бидат крцкави како што експериментираат со налепници кои ја менуваат бојата биле по напуштање на фабриката. Кај некои ако во производот се јавуваат хемиски соединенија производи „препорачаниот рок“ едвај да кои укажуваат на тоа дека месото е расипано. Веќе по има смисла: подморските археолози најдоа бојата на налепницата потрошувачот може да види амфори од античкиот период со вино или дали тоа месо може да се најде во тавче или во отпад. маслиново масло- тие за волја на вистината И самото германското министерство помага за развојот и не биле премногу вкусни, но не биле ни на таквите интелигентни пакувања, а првите разултати отровни. Кај некои производи тоа е навистина би требало да бидат претставени за 3 години. во целост бесмислено- кај шеќерот или солта, Поимот препорачан рок на употреба е преземен „препорачаниот рок“ е веќе укинат. во цела ЕУ, но германскиот министер тврди дека и Секако дека министерот Шмит кој е на европско ниво се шири свеста за тоа оти нашето на чело на Министерството за исхрана и општество едноставно фрла премногу добра храна. Тоа земјоделство и во чиј состав е и независната не е само етичко прашање, со оглед на милионите луѓе Канцеларија за заштита на потрошувачите на планетата кои гладуваат, туку тоа сосема конкретно и безбедност на храната, не сака со тоа на и нас нѐ „удира по џеб“. Според резултатите на германските потрошувачи да им наметне истражувањето на универзитетот од Штутгарт од 2012. штетни или расипани производи. Тој се залага година, Германците годишно фрлаат во отпад храна во таквите ознаки за трајност на производот да вредност од 16,6 до 21,6 милијарди евра. Тоа значи дека се заменат со „интелегентни пакувања“ какви секој граѓанин на Германија секоја година фрла во отпад што веќе одамна се достапни: „Во пакувањата од 200 до 260 евра во форма на храна која најверојатно како што се чашите за јогурт може да се сѐ уште можел да ја јаде. вгради чип“, објаснува министерот. Тој чип може да мери како содржината на производот се менува од ден во ден. Може, на пример, да се постави скала во бои, од зелена до црвена, и секој потрошувач може сам да одлучи до која нијанса сака да го конзумира производот. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

30

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Начин да се отежне перењето пари, корупцијата и финансирањето на теророт

ПЛАЌАЊЕТО ВО КЕШ ДА СЕ УКИНЕ? *Дали плаќањето во готово треба да се ограничи? Треба ли кешот сосема да се укине на долг рок? Германската влада смета дека со ограничувањата би се отежнало перењето пари и финансирањето на тероризмот. И ЕЦБ е „за“. Околу банкнотата од 500 евра има различни ставови. Кој може да си дозволи да плаќа со ваква банкнота и пред сѐ - што може да плати со неа? Тоа мириса дубиозно, полумрачно, криминално - беше заклучено неодамна во раководните структури на Европската централна банка. Оттука, Советот на ЕЦБ се заложи за укинување на банкнотата од 500 евра, за да се отежне перењето пари, корупцијата и финансирањето на теророт. И германската влада се надева дека нејзиниот план за забрана на банкнотата од 500 евра ќе го донесе тоа. Профитери од ваквата идеја би можеле да бидат технолошки фирми како Самсунг или Епл, кои сакаат да придобијат повеќе корисници на нивните смартфон-системи за плаќање. Меѓутоа, причина за ваквото ограничување на плаќањето во готово, или дури и неговото укинување, може да биде и друга. Имено, ако Европската централна банка и натаму ги намалува своите камати и ако со тоа чувањето пари во банка почне да чини пари, би можела да почне трка на банкарските шалтери по готовина. Ако готовината биде укината, тогаш не би имало ваков проблем. Но, во Германија има жесток отпор на планираните ограничувања. А, за укинување не е ниту претседателот на Бундесбанката, Јенс Вajдман. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


D CE ON IA

M

A

БИЗНИС ИНФО

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME


БИЗНИС ИНФО

32

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12 април 2016 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: НАЈНОВИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ

12

(„Службен весник на РМ“, бр. 44/15; 129/15; 217/15; 226/15, 30/16, 31/16 и 39/16)

Програма на семинарот: - Закон за градење; - Учесници во изградбата; - Најнови измени на Законот за градење 2015/2016; - Проектна документација; - Програми за објекти за кои не е потребно одобрение за градење; - Градење - надградба согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и - Проблеми на кои наидуваат инвеститорите. Предавач: - Дивна Анастасова, дипл.инж.арх., пом. раководител на Секторот за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „НАПРЕДЕН EXCEL ЗА АНАЛИЗА НА BREAK-EVEN И ЛЕВЕРИЏ И ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ“

13 април 2016 година (среда) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Програма - Финансиска контрола - буџетирање и левериџ и пресметка на оперативна и финансиска преломни точки на прекршување; - Оперативен левериџ; - Финансиски левериџ; - Комбиниран левериџ; - Практична работа – изготвување на софтвер во Excel за break-even анализа; - Практична работа – изготвување на софтвер во Excel за анализа на левериџот; - Практична работа – изготвување на софтвер во Excel за предвидување на продажбата и трошоците на компанијата. Обуката е наменета за: менаџери, управители, лица од областа на финансиското работење, сметководството, финансиското известување, лица кои имаат потреба да ги препознаваат информациите и пораките кои се носат во нивните финансиски извештаи, вработени во банки и други финансиски институции. Истата особено е корисна за менаџерските позиции, управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата. Предавач: - проф. д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и во странство. *НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, ПОТРЕБНО Е НОСЕЊЕ НА ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР ОД УЧЕСНИЦИТЕ. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15.4.2016 година (петок) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 кат

Семинар: РАБОТНИ ОДНОСИ

„Годишен одмор, траење, стекнување со право, право на пропорционален дел, користење и плаќање на неискористениот дел од годишниот одмор, разлики помеѓу поимите на годишен одмор и отсуство на работникот од работа, видови на отсуства од работа и права на работникот за времетраење на отсуството од работа, случаи на мирување на работниот однос и неговото влијание врз правата на работникот, разлики во постапките за отказ на договорот за вработување поради лични причини и причини на вина на страна на работникот и работодавачот, постапка при отказ од деловни причини“

15

Стопанската комора на Македонија, на 15.4.2016 година, организира еднодневен семинар на тема: „Годишен одмор, траење, стекнување со право, право на пропорционален дел, користење и плаќање на неискористениот дел од годишниот одмор, разлики помеѓу поимите на годишен одмор и отсуство на работникот од работа, видови на отсуства од работа и права на работникот за времетраење на отсуството од работа, случаи на мирување на работниот однос и неговото влијание врз правата на работникот, разлики во постапките за отказ на договорот за вработување поради лични причини и причини на вина на страна на работникот и работодавачот, постапка при отказ од деловни причини“. На семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. ПРОГРАМА: - Годишен одмор, траење, стекнување со право, право на пропорционален дел, користење и плаќање на неискористениот дел од годишниот одмор; - Разлики помеѓу поимите на годишен одмор и отсуство на работникот од работа; - Видови на отсуства од работа и права на работникот за времетраење на отсуството од работа; - Случаи на мирување на работниот однос и неговото влијание врз правата на работникот; - Разлики во постапките за отказ на договорот за вработување поради лични причини и причини на вина на страна на работникот и работодавачот; - Постапка при отказ од деловни причини. Предавачи: - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје и - Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II - Скопје. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ И ТЕХНИКИТЕ ЗА ПРОЦЕНКА И ЕЛИМИНИРАЊЕ НА РИЗИКОТ ВО КОМПАНИЈАТА ПРЕКУ ОСНОВНИОТ СТАНДАРД ЗА МЕНАЏМЕНТ НА РИЗИК ISO/IEC 31010:2009“ Организираност на советувањето: Ова дводневно советување е организирано по принцип на тренинг-обука, каде учесниците низ предавања и практични вежби ќе стекнат нови и ќе ги унапредат постојните знаења за управување со ризиците од аспект на примена на стандардите кои се занимаваат со управување на ризиците ISO 31000 и ISO/IEC 31010. По завршување на тренингот ќе се стекнат со сертификат на научени вештини и знаења од „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад.

Теми кои ќе се обработуваат на советувањето:

ВОВЕД ВО МЕНАЏМЕНТОТ СО РИЗИК - Целта и користа од управувањето со ризикот; - Преглед на термини и дефиниции; - Преглед на рамката за управување со ризикот; - Преглед на процесот за управување со ризикот; - Идентификација на ризикот; - Анализа на ризикот: контролна процена, анализа на последиците, веројатноста на анализата и веројатноста на проценката, прелиминарна анализа, неизвесност и осетливост; - Евалуација на ризикот; - Пратење и преглед на проценка на ризикот; - Преглед на техниката за процена на ризикот. ISO/IEC 31010:2009 – МЕНАЏМЕНТ СО РИЗИК – ТЕХНИКИ ЗА ОЦЕНКА НА РИЗИКОТ - Техники за идентификација на ризикот- BUSINES IMPACT ANALISIS – BIA; - Техники за анализа на ризикот: Последици, веројатност и степен на ризикот; - Техники за процена на ризикот; - Како да се одбере вистинска техника за оценка на ризикот?

Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. АРАНЖМАН: - Цена за сместување во двокреветна соба по учесник изнесува 105 евра. - Цена за сместување во еднокреветна соба по учесник изнесува 146 евра. (* Плаќањето е по добиена про-фактура од Хотел„Парк“ – Белград на ваша електронска пошта)

Советување 14-16.4.2016 година Хотел „Парк” - Белград www.hotelparkbeograd.rs

Превоз: - Цената за организиран превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Белград - Скопје по учесник изнесува 2.650,00 денари. (тргнување на 14 април 2016 година, во 6:00 часот и враќање на 16 април 2016 година во попладневните часови). Котизација за совеувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.500 денари + 18% ДДВ (5.310 денари); • Секој трет и нареден учесник добива 20% попуст на котизацијата. Во цената на сместувањето е вклучено: - 2 ноќевања со појадок во Хотелот „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; - организација на советувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Последен рок за пријавување: 7 март 2016 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. За сите учесници на советувањето ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за сертификат на научени вештини и знаења од “TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 15 април 2016 година Мeѓународен саем за градежништво, Р. Словачка

„TATRA EXPO CONSTRUCTION AND LIVING 2016“ ВО ПОПРАД

15

Стопанската комора на Македонија посетата на саемот ја организира во соработка со Словачката бизнис агенција. Овогодинешниот саем ќе се одржи во просториите на спортската сала „Арена“ во Попрад, Р. Словачка. Меѓународниот саем за градежништво секоја година на едно место ги носи новите трендови во градежништвото и архитектурата. Таму под еден покрив можете да најдете се што ви е потребно доколку сте дел од градежниот сектор: од градежни материјали и прозорци, врати, покриви, вентилација, електрични инсталации, сауни, гаражни врати и градинарска опрема. Понудата е надополнета со револуционерни нови материјали кои обезбедуваат енергетска ефикасност. Главен акцент ќе биде ставен на: • билатерални средби и разговори; • презентации на партнерски понуди; • тендери; • презентација на достапни производни капацитети, како и • пронаоѓање партнери за меѓународна соработка на полето на градежништвото, енергетиката, греењето, климатизацијата, како и инвестирањето во градежната индустрија и производството на материјали за мебел и ентериер. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 27 до 31 март 2016 година

БАЛКАНСКИ ФОРУМ ДОХА - ДУБАИ - АБУ ДАБИ

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, Стопанската комора на Македонија, во соработка со „MyLeisureAdvisor“ Ltd, организира посета на претстојниот „Балкански Форум – Доха – Дубаи – Абу Даби 2016“. Овогодинешниот Форум претставува повеќедневен настан за претставување на понудата на производи на компании од балканските земји, како и запознавање со културата, бизнисклимата и правната регулатива во овие земји пред пошироката јавност во Катар и во Обединетите Арапски Емирати. Форумот претставува можност за поврзување на компаниите од балканските земји со компании од горенаведените земји за започнување на меѓусебна соработка. Настанот ќе се одржи во Доха, Катар, и во емиратските градови Дубаи и Абу Даби, во периодот од 27 - 31 март 2016 година, со следниот распоред: • Доха 27 - 28 март 2016 година; • Дубаи 29 - 30 март 2016 година; • Абу Даби 31 март 2016 година. Оваа година на Форумот се очекуваат повеќе од 150 учесници од Катар и од Обединетите Арапски Емирати и повеќе од 70 учесници од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина од следните дејности: • градежништво и проектирање (нискоградба и високоградба); • информатичка технологија (производство на компјутерски софтвер и високотехнолошки производи); • медицина (производство на фармацевтски

МАРТ

производи и медицинска опрема); • прехранбена индустрија (производство на раноградинарски производи, овошје, зеленчук, сувомесни и кондиторски производи); • енергетика; • туризам; • металургија и рударство. Сите пријавени за учество на Форумот сами ги подмируваат трошоците за: o повратна авионска карта; o визи за Катар и за Обединетите Арапски Емирати; o хотелско сместување за шест ноќевања со вклучен појадок; o локален превоз; o деловни ручеци и o деловни средби со компании. Цената на целосниот аранжман изнесува 2.175,00 САД долари (фиксна цена без разлика на можни дополнителни варијабилни трошоци). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 18 до 21 април 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународен конгрес и саем за паметните мрежи и за градовите во Република Турција

„ICSG ISTANBUL 2016“ ВО ИСТАНБУЛ

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ICSG Istanbul 2016 “. Оваа манифестација е посветена на иновациите во полето на паметното организирање на дистрибуцијата на електрчна енергија, гас и вода. На овогодишниот саем се очекуваат повеќе од 5000 посетители кои ќе можат да посетат повеќе од 150 штандови од 39 земји од светот. На овогодинешното издание на „ICSG Istanbul 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: • паметна дистрибуција на електрична енергија; • паметна дистрибуција на гас; • паметна дистрибуција на вода; • паметен начин на градење на градови и технологии за постигнување на тоа. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking).


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија најдоцна до 3.4.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјална веб- страна на саемот: http://www.icsgistanbul.com/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: sanja@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„THE FUTURE OF BUILDING“– (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР)

Конференција и меѓународни деловни средби во Австрија http://www.b2match.eu/building2016 18-19 април 2016 година, во Виена

Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на оваа Конференција. На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на европските можности на градба и влијанието на енергетската ефикасност врз градбите од следните сектори: • инженерство и планирање - архитектура и градежни услуги; • градежништво -договори за подизведувачка работа; • градежни материјали - видови; • обновливи енергии - технологии за градење и клима уреди; • бизнис-агенции (кластери и асоцијации), агенции за планирање на нов/стар простор. Конференцијата и деловните средби ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со можност да се дознае повеќе за најновите трендови на иновативни решенија за градење објекти од високоградба, за континуиран и одржлив процес на реновирање на старите објекти и изградба на висококвалитетни згради со цел да се најдат нови деловни партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери и слично. Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://www.b2match.eu/building2016. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМ ЗА ХРАНА ВО БУДВА

Од 21 до 23 април 2016 година во Р. Црна Гора

Стопанската комора на Македонија постетата ја организира во соработка со Јадранскиот саем од Будва. Овој 42. Саем за храна е место каде што се поврзуваат стратешките економски гранки на земјоделството и туризмот, и каде што се дава можност за промоција на квалитетот на производите и воедно да се подобрат сите бизнис-можности. Паралелно со Саемот за храна ќе се организира и 25. Саем за туризам, хотелска опрема и кетеринг, што им дава можност на учесниците да ги спојат овие два настана и да оставарат голем број нови контакти и потенцијални можности за соработка. Саемот за храна има за цел на едно место да ги собере: • индустријата за храна; • земјоделството; • одгледувачите на лозје; • производителите на вино; • производителите на алкохолни и безалкохолни пијалаци; • медитеранската култура; • индустријата за кафе; • производителите на маслиново масло; • органско производство на храна; • производсво на риба; • производство на слатки; • амбалажа; • производители на машини за преработка на храна; • увозници и дистрибутери на механизација за земјоделството и сл. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

42

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 25 до 28 април 2016 година во Шпанија

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО БАРСЕЛОНА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со„Alimentaria Exhibitions Slu“ - Барселона, ве покануваат да бидете дел од оваа саемска манифестација што ќе се одржи во просториите на „Gran Vía“ изложбениот салон во Барселона. Веќе четири децении овој саем придонесува за мотивирање на најголемите промени во индустријата на храна, како и на прехранбените навики. Од 1976 година светската прехранбена индустрија го избира „Алиментариа“ како настан на кој ќе ги презентираат своите бројни креации, откритија и иновации во сите сфери и аспекти на производството (процесите, аблажата, материјалите, состојките и одржувањето), како и дистрибуцијата, логистиката и технологијата во индустријата коишто со тек на време станаа значаен дел од „Алиментариа“. Целта е да се излезе во пресрет на секојдневните потреби на потрошувачите и нивните нови купувачки навики. Денес „Алиментариа“ е посветена на промоција на прехранбената индустрија и зголемување на нејзиното севкупно интернационално присуство, што воедно го направи и еден од главните светски саеми и лидер во оваа индустрија. Оваа година предвидено е Саемот да го посетат повеќе од 140.000 професионалци од дадените области, од кои 42.000 доаѓаат од повеќе од 143 земји од светот. Водечките оперативци во интернационалните сиџири на прехранбената индустрија ќе ја посетат „Алиментариа“ со цел да пронајдат нови иновативни решенија за производство на храна и пијалаци со врвен квалитет. Саемот „Алиментариа“ можат да го посетат, но и да земат учество на истиот: увозници; дистрибутери; агенции за купување; угостители; кетеринг услуги; трговци на големо; трговци на мало; менаџери и генерални директори на угостителски објекти, произведувачи на храна; комерцијални директори и директори на продажба; раководители на маркетинг; готвачи; сомелиери; професионални носители на одлуки во прехранбената индустрија. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО


44

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 2 до 5 мај 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународниот саем за санитарија, водовод, греење, ладење и климатизација во репоублика Турција

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ISK-SODEX 2016“. Станува збор за еден од најважните настани во секторот, кој е значаен за сите професионалци кои сакаат да останат во чекор со најновите случувања и иновации. На него ќе се појават повеќе од 1300 изложувачи, кои ќе ги посетат повеќе од 80.000 посетители од 126 земји од светот. На овогодинешното издание на „ISK – SODEX 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: • греење; • ладење; • климатирирање и вентилација; • конструкторство; • енергетика; • прочистување на вода; • инсталација на пумпи; • соларна енергија; • производство на механизација и друго. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција.

„ISK-SODEX 2016“ ВО ИСТАНБУЛ Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 17.4.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна на Саемот: http://www.sodex.com.tr/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

45

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-ФОРУМ ВО САРАЕВО

На 4 и 5 мај 2016 година во Република Босна и Херцеговина

Бизнис-форумот има за цел да ги собере бизнисмените и сопствениците на проекти од Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија од една страна и нивни потенцијални соработници од повеќе од 30 земји од светот. Настанот претставува платформа за поврзување на бизниси и отворање на можности за инвестиции во регионот на Југоисточна Европа со единствена цел да се поттикне економскиот развој. Секоја година Бизнис-форумот под еден кров собира повеќе од 1000 учесници и има комплетна медиумска поддршка како на локално така и на глобално ниво. Бизнис-форум во Сараево на учесниците ќе им понуди презентации од инвеститори од областа на: • енергетиката; • инфраструктурата; • земјоделието; • ИТ-секторот; • туризмот; • здравата храна; • образованието. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Бизнис-форумот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 25.4.2016 година (понеделник). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


46

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 11 до 15 мај 2016 година во Р. Црна Гора

САЕМ НА ЕКОЛОГИЈАТА ВО БУДВА

Учеството на саемот Стопанската комора на Македонија го организиеа во соработка со Јадрански сеам – Будва. Саемот, покрај останатото, има за цел дополнително да ja унапреди и поттикне соработката помеѓу граѓанскиот сектор, владините институции и бизнис-секторот во областа на екологијата. На манисфестацијата ќе бидат организирани различни тематски настани од бизнискарактер, кои примарно ќе бидат наменети да излезат во прилог на барањата и потребите на посетителите и учесниците на Саемот. Саемот за екологија е наменет пред се` за: • производителите и давачите на услуги од областа на заштитата на животната средина; • одржливиот развој на животната средина; • енергетската ефикасност; • обновливи извори на енергија; • рециклажа; • нови технологии околу планирање и изградба на објекти; • мониторинг на системи и друго. За сите заинтересирани компнании коишто ќе се пријават за учество како излагазчи на оваа саемска манифестација, Стопанската комора на Македонија им овозможува заеднички попуст од 30 %. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТЕХНИКА ВО БЕЛГРАД

Од 16 до 20 мај 2016 година во Р. Србија

Стопанската комора на Македонија учеството на саемот го организира во соработка со Белградскиот саем. Меѓународниот саем за техника веќе 60 години претставува најголем развојно-технолошки настан во целиот регион. Тој е голем поттикнувач на меѓународната деловна соработка овозможувајќи им на странските излагачи да ги претстават на српскиот пазар нивните експонати кои не се произведуваат во државата, а на домашните компании да ги прикажат сопствените производи наменети за извоз. Минатата година на Саемот учествувале 510 излагачи од 23 земји од светот, а настанот го посетиле повеќе од 20.000 посетители. Саемот за техника има за цел на едно место да промовира повеќе сегменти, но како главен акцент ќе биде ставен на: • електроенергетиката; • индустриската автоматизација и фабриките на иднината; • иновациите и новите технологии; • телекомуникациите; • новите материјали; • инсталациите; • опрема за професионална и научна цел. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

48

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 20 до 22 мај 2016 година во НР Кина

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2016 – BITE ВО ПЕКИНГ

Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, да им овозможи на излагачите промоција на своите услуги, да ги зајакнат своите брендови, како и да ја подобрат својата меѓусебна соработка со професионалци од истата дејност. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 81 држава и 27 локални провинции, а се очекуваат и над 120.000 посетители од целиот свет. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

49

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ „AgroB2B@NSFair“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Бизнис-средбите „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 16.5.2016 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак настанот е отворен и за сродните сектори, како што се: земјоделски машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување, итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Во 2016 година, земја-партнет е Холандија. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да си ги покриете трошоците трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. Пријавата и барањето за учество на меѓународните бизнис-состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да го направите преку линкот http://agrob2b.talkb2b.net Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Факс: (02) 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk


50

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 18 и 19 мај 2016 година во Загреб, Р. Хрватска

AUSTRIA CONNECT Југоисточна Европа 2016 „БИЗНИС СУБВЕНЦИИ И ФИНАНСИРАЊЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Трговското одделениот при Амбасадата на Австрија во Македонија, ве покануваат да бидете дел од Конференцијата AUSTRIA CONNECT Југоисточна Европа 2016 – „Бизнис субвенции и финансирање во Југоисточна Европа”, што ќе се одржи на 18 и 19 мај 2016 година, во хотелот„Дубровник“, во Загреб, Р. Хрватска. Главен акцент на Конференцијата ќе биде ставен на можностите за унапредување и финансирање во земјите од Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија, Косово и Грна Гора). Паралелно со тоа се отвора поле за меѓусебно поврзување на компаниите и размена на искуства. Целта на Конференцијата е на едно место да ги собере претприемачите од Австрија, управителите на австриски компании во Хрватска и во регионот, како и нови потенцијални инвеститори и економски експерти за стимулирање и развој на екомониите во Југоисточна Европа. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Конференцијата со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 15.4.2016 година . Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

51

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ЕНЕРГА 2016“ ВО ТУЗЛА

Од 7 до 9 јуни 2016 година Меѓународен саем за енергетика во Р. Босна и Херцеговина

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Тузланскиот саем од Тузла, ве поканува да бидете дел од 6. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2016“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 7 - 9 јуни 2016 година, во Тузла, Р. Босна и Херцеговина. Во изминатите години Саемот и Конференцијата „Енерга“ се етаблираат како успешни и атрактивни бизнис-настани, а со тоа и си го зацврстија местото меѓу најзначајните манифестации во областа на енергетиката во Босна и Херцеговина и во регионот. Саемот е место за средба на угледни компании и институции, кои на стручната јавност и` ги презентираат своите разновидни истражувачки и производствени достигнувања, трендови и остварувања во модерната енергетика, како и различни облици на меѓусебна соработка. Организаторите на Саемот им овозможуваат на учесниците во рамките на деловните средби да остварат директен контакт и да запознаат потенцијални деловни партнери. Структурата на деловната и стручната јавност заинтересирана нза учество на оваа манифестација го потврдуваат стекнатиот углед и позиција на „Енерга“. 6. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2016“ главен акцент ќе стави на следните дејности: електрична енергија; јаглен; гас и нафта; соларна енергија; еолската (ветерна) енергија; биомаса; енергетска ефикасност и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 20.5.2016 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


52

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 8 до 10 јуни 2016 година, Саем за текстил и мода во Р. Албанија

„TEXTILE, FASHION AND FAÇON SHOW“ ВО ТИРАНА

Учеството на саемот, што ќе се одржи во Конгресната палата, го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со „Klik Ekspo Group. Покрај изложбениот дел ќе бидат организирани и: деловни средби; ревија (претставување модели); посета на институции и конференции, на коишто ќе се дискутира за развојот на текстилната индустрија со претставници од албанските институции, како што се Албанската агенција за инвестиции и равој и Стопанската комора на Албанија. Ќе бидат организирани и посети на албанските производствени капацитети, како и модни ревии на кои ќе бидат прикажани сите производи од Саемот. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 18.4.2016 година (понеделник).

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

53

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА - ММЕ

Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид, Република Македонија

Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.

Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).

Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера. Дополнителни информации: cmum16@tmf.ukim.edu.mk www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16

Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk


54

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

55

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„КИНА – ЦИЕ“ - САЕМ ЗА ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА Стопанската комора на Македонија, во соработка со Меѓународниот изложбен центар „НИНГБО“, ве покануваат да земете учество на овогодинешниот „Кина ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа. Настанот ќе се одржува во Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, во провинцијата Жеџијанг, НР Кина. „Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа е првиот сеопфатен тематски настан што ќе се занимава исклучиво со инвестиции и трговска размена меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Главни организатори на настанот се Министерството за трговија на НР Кина и Владата на провинцијата Жеџијанг, а како коорганизатори се надлежните служби и бироа во рамките на Министерството за трговија, Владата на Нингбо и Министерството за трговија на провинцијата Жеџијанг. Со тема „Промовирање на соработката и заеднички развој”, ЦИЕ Експо оваа година ги постави своите активности во четири групи: • Инвестициски симпозиум во којшто се вклучени владини и коморски претставници; • Саем на којшто ќе бидат претставени

Од 9 до 12 јуни 2016 година во провинција Жеџијанг, Нингбо, НР Кина

повеќе од 3.000 најразлични производи за широка потрошувачка, на површина од над 5.000 м2; • Конференции и форуми - соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 2. Форум на тема: Меѓуопштинска соработка - Кина и земјите од Централна и Источна Европа; Соработка во едукативниот систем и др.; • Културна размена - промоција на туристичката соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 3. Светска изложба на фотографии - Како Кина го гледа светот; јазични работилници и др. Како и претходните, така и оваа година, со цел зајакнување на одличната партнерска релација со Саемот „НИНГБО“, Стопанската комора на Македонија обезбедува дополнителни поволности и бенефиции за сите заинтересирани посетители и излагачи на претстојниот настан. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


56

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2016, Бр. 262

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Позната компанија од Украина производител на машини и опрема за поставување, одржување и поправка на железнички пруги, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 6.6.2016 година. Компанија од Украина која произведува земјоделска, градежна механизација и друга специјална опрема (трактори, натоварувачи, приколки, како и котли на цврсто гориво, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 6.6.2016 година. Компанија од Украина од областа на металургијата, која произведува алуминиум, полупроизводи и готови алуминиумски призводи бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 6.6.2016 година. Интернационална компанија од Белгија, заинтересирана е за набавка на мрежа од стаклени влакна (фиберглас мрежа), ленти (самолепливи, армирани, ленти од неткаен Компанија од Србија нуди пелени од чешко материјал), ПВЦ аголна перфорирана лајсна, производство и бара компании од Р. Македонија алатки за изведба на градежни работи со гипсза дистрибуција и пласман на пелените. картон (ѕидови, тавани, обложување). Валидност до 6.6.2016 година. Валидност до 3.6.2016 година. Реномирана компанија од Украина, производител на земјоделски машини и приклучна механизација, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.. Валидност до 06.6.2016 година.

Холдинг компанија од Украина која се занимава со трговија на големо, складирање и преработка на жито, маслодајни култури и нивни деривати, транспорт и шпедиција, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 27.5.2016 година.


четврток, 7 април 2016, Бр. 262

БИЗНИС ИНФО

57

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Холдинг компанија од Украина бара инвеститори за проширување и зголемување на производните и преработувачките капацитети на свинско месо, трговија со жито, маслодајни растенија, нивни деривати и др. бара заинтересирани компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 31.5.2016 година. Холдинг компанија од Украиа која покрај другите дејности се занимава со изградба и поправка на бродови и чамци од сите видови, класи и за различни потреби, врши инсталација на опрема за бродови и други на индустриски производи, бара компании заинтересирани за соработка од Р. Македонија. Валидност до 3.6.2016 година.

www.mchamber.mk

Украинска компанија една од најголемите компании во светот за иградба на пристаништа, пловечки објекти, понтони од армиран бетон и челик, како и кејови и подвижни платформи за разни намени (ветерници, гаражи, хотели, ресторани, магацини, складови, платформи за дупчење), бара компании заинтересирани за соработка од Р. Македонија. Валидност до 3.6.2016 година.

Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.