петок, 07 април 2017, Бр. 302
Број 302
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
1
Quality Management
FS 549642
07.4.2017
НЕДОСТИГА КВАЛИФИКУВАНА РАБОТНА СИЛA СОГЛАСНО ПОТРЕБИТЕ НА БИЗНИСОТ
2 2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 07 април 2017, Бр. 302 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
3
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОМОРИ
Групација за безбедност и здравје при работа - ПОДОБРУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА УСПЕШНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА Висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност и здравје при работа, регулирано во Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа донесен во 2014 година од страна на Министерството за труд и социјална политика, беа основната тема на денешната прес конференција на Групацијата за безбедност и здравје при работа при Стопанската комора на Македонија (03.4.2017). - За надминување на оваа приоритетно прашање од работењето на субјектите од областа на здравје и безбедност при работа, во рамките на Групацијата е подготвен нов предлог текст на Правилник и истиот ќе биде доставен до надлежните институции, истакна претседателот на Групацијата Сашко Стојмановски. - Со измени во Законот за безбедност и здравје при работа на кои се темели правилникот и по донесување на истиот со регулирање на цените, само се спречува конкурентноста и
БИЗНИС ИНФО
4
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
развојот на овластените правни лица. Невозможно е со регулација на цените да се постигне квалитет, а особено нема да се намалат појавите на неквалитетно извршување на работите. Ова пак, од друга страна, не е поволно ниту за работодавачите за кои се извршува услугата ниту за овластените правни субјекти. Оваа состојба е присатна дури и по три години од донесувањето на правилникот, при што се доведува во прашање изборот на најдобра понуда во согласност со Законот на јавни набавки. Кога се усвојуваше правилникот од страна на Министерството за труд и социјална политика, од страна на правните лица до нив беа поставени неколку прашања на кои тогаш не се доби одговор. Дали денес може да се добие одговор на овие прашања, бидејќи и по три години сеуште многу работи се нејасни, а се прифатени како вообичаена практика. На конференцијата учествуваа и потпретседателот на Групацијата Борче Стојчевски и Коста Костов како член на Групацијата. Тие посочија на едно отворено прашање кое сеуште не е разјаснето: дали во трошоците дефинирани во Правилникот влегуваат и материјалните трошоци како пат и слично, особено што во Правилникот не се земени во предвид начинот и местото на извршување на стручните работи со што се губат основните принципи на пазарната економија и усогласеноста со член 53 од Уставот на Република Македонија. Во правилникот исто така не е јасно дали дефинираните цени се минимални, максимални или фиксни, дали помеѓу договорните страни може да се договори и попуст за пакет на услуги, дали државните институции кои имаат овластувања (факултети, училишта и сл.) ќе имаат исти цени особено што нив ги финансира државата од даноци и како такви се појавува нелојална конкуренција. Од финансиска гледна точка, не е јасно дефинирано на кој ден ќе се пресметува вредноста на еврото денот на понуда, денот на склучување на договор или денот на фактурирање, до која децимала ќе се заокружува вредноста на еврото, дали договорните страни можат да договорат цена за ангажман на надворешно стручно лице со сите други пропратни услуги како пакет услуга или потребно е да се фактурира посебно. Новиот предлог текст на Правилник, којшто го подготви Групацијата за безбедност и заштита при работа, се очекува да ги надмине посочените отворени прашања кои се од витално значење за работење на правните лица од оваа област. Војкан Николовски
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
5
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
НЕДОСТИГА КВАЛИФИКУВАНА РАБОТНА СИЛA СОГЛАСНО ПОТРЕБИТЕ НА БИЗНИСОТ Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во соработка со Американската стопанска комора – AmCham и Делегацијата на германското стопанство во Македонија, организираше тркалезна маса на тема: СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ПО МЕРКА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР – МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА. Тркалезната маса, на која земаа учество релевентни чинители од оваа област, вклучително и претставници на Министерството за образование и наука, средните училишта, научната и деловната заедница претставувана од странските компании во земјава, отвори низа прашања и наметна размена на мислења и идеи од кои ќе произлезат можни решенија за подобрување на практичните вештини на учениците и поефикасно поврзување на средното образование со потребите на пазарот на трудот. Главната констатација на учесниците на тркалезната маса е дека е потребна поинтензивнна соработка и придонес на сите инволвирани страни за унапредување на образовниот систем во земјата. Влатко Стојановски
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали
АГРЕГАТИТЕ ПОДЛЕЖАТ НА КОНТРОЛА НА ФАБРИЧКОТО ПРОИЗВОДСТВО, СПРОВЕДЕНО ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите одржа состанок (5.4.2017 година) со компании кои имаат концесии за експлоатација на минерални суровини - варовници, кварц, песок и чакал на повеќе различни локации, со цел да се изнесат одредбите од Законот за градежни производи, кои воведуваат промени во начинот на контролата на производството кај градежните производи, на начин што се дава многу поголема одговорност на производителот на градежен производ во поглед на контролата на квалитетот и одржување на постојаност на својствата на градежниот производ. На состанокот беа презентирани обврските на производителите на агрегат согласно Законот за градежни производи, со посебен акцент на обврските на производителот пред агрегатот да биде пуштен на пазарот, од причина што Законот е донесен пред две години (2015 година), а агрегатите преставуваат основна суровина во производството на сите градежни материјали како што се: бетон, бетонски елементи, малтери, асфалти и други производи. Според званичните статистички податоци, во последните две до три години, производството на варовнички камен се движи од околу 1.000 илјади до 1.110 илјади тони, потоа на песок за градежништво околу 120 илјади до 150 илјади тони, а кршен камен или дробен камен кој се употребува како агрегат за бетон, за насипување на патишта и за други намени се движи од 350 илјади до 400 илјади тони. Само за мала споредба, кршен или дробен камен во 2012 година имавме производство од околу 60.000 тони, а во 2013 година околу 100 илјади тони. Зголемувањето на производството секако е поврзано и со зголемените инвестиции во изградба на капитални инфраструктурни објекти, но и изведба на објекти од високоградбата. За состанок, беше подготвена презентација изработена од страна на работната група во состав: Марјана Топаловска Ангелевска од ГЕИНГ, Златко Илевски од ГИМ и Лиле Силјаноска од ЗИМ, кои имаат големо искуство во имплементација на Законот, а посебно и искуство стекнато во испитувањето на градежните материјали, работејќи во
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
7
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ лабораториите во нивните компании. Презентацијата поттикна и отвори многу прашања, при што беше посебно потенцирано дека со новите законски одредби, поголема одговорност има самиот производител, кој треба сам да го контролира континуирано квалитетот на агрегатот, било со сопствена лабораторија или да ангажираат акредитирана лабораторија. За да може да го пласира својот производ на пазарот, треба производителот да добие оценка и потврда на својствата на градежниот производ која ја спроведува овластено лице од страна на именуваното Тело за сертификција, односно ова Тело треба да направи почетна контрола (инспекција) на производството и фабричка контрола на производството (ФКП), но и да има постојан надзор, оцена и контрола (евалуација) на фабричкото производство. Беа изнесени повеќе дилеми, како што се испитувањата за абење, нивните минеролошки петрографски анализи и нивна примена и друго. Околу овие стручни податоци и анализи догорено е компаниите да се консултираат со акредитираните лаборатории. Имајќи во предвид дека на денешниот состанок, се отворија повеќе прашања за кои треба натамошна едукативна расправа, господинот Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, предложи натамошната активност да се води во рамките на Групацијата на агрегати, бетони и асфалти (ГАБА). За таа цел, предложи да се избере нов претседател на Групацијата на агрегати, бетони и асфалти од причина што претходниот претседател, господинот Иван Ангелов од Цементарница Усје – Скопје, подолго време е на друго работно место, и неговите обврски се насочени кон темата за безбедност и здравје при работа. Во името на Стопанската комора на Македонија, името на членките на Комората, како и во свое име, упати јавна благодарност за неговиот ангажман и придонес за промовирање на Групацијата на агрегати, бетони и асфалти или скратено ГАБА. Во овој момент, истакна Серафимовски, без да има конфликт на интереси, а во консултации со повеќе стручни лица, да биде предложен Никола Крајчевски, вработен во Синтек Специфик - Скопје кој има големо искуство во областа за која е формирана и Групацијата – ГАБА. Предлогот беше едногласно усвоен. Марија Петроска
8
БИЗНИС ИНФО
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ – одржана четвртата информативна сесија во Прилеп Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, се одржа четвртата по ред информативна сесија на тема: „Права и обврски кои произлегуваат од Законските одредби од областа на животна средина и урбанизам“ во хотел „Салида“ во Прилеп на 05.04.2017 година. Пред присутните накратко беше претставен проектот и активностите од проектот од страна на Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, која ги поздрави присутните и истакна дека во рамките на Проектот четири клучни сектори - животна средина, текстил, градежништво и прехрамбен, ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива. Исто така посочи дека ова е можност да се слушнат проблемите на малите, микро и средните претпријатија во овие области со цел да послужат како материјал за организирање на други целни активности во рамките на Проектот. Предавач на информативниот настан беше госпоѓа м-р Славјанка Пејчиновска – Андонова, инженер за животна средина, национален експерт за ОВЖС и СОЖС, овластен проценувач од областа на животна средина и управител на “ЕкоМозаик” ДООЕЛ Скопје, компанија која работи успешно и интензивно веќе 7 години со домашни и меѓународни компании нудејќи високо стручни услуги согласно законските норми. Пред присутните компании м-р Славјанка Пејчиновска – Андонова, го објасни Законот за животна средина, чија основна цел е зачувување, заштита, обновување и унапредување на квалитетот на животната средина, заштита на животот и на здравјето на луѓето и на природните богатства, како и унапредување на мерките за решавање на глобалните проблеми на животната средина. На настанот присуствуваа повеќе од 25 учесници од повеќе сектори и тоа: животна средина, градежништво, текстил, дрвна и прехрамбена индустрија, комунален, маркетинг, сервис за компјутери, одржување и користење на пазари на големо и мало, производство на пиво и производство на технички ламинати. Овој настан претставуваше одлична можност да се слушнат проблемите на микро,
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
9
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
малите и средните претпријатија кои секојдневно се соочуваат за да се направат напори за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во наредните години во кои ќе се спроведува Проектот. Организирањето на овие информативни сесии е отпочнато со одржувањето на првата информативна сесија во Велес на 22 март 2017 година, со втората информативна сесија во Тетово (27.3.2017 година) и со третата во Кавадарци (29.03.2017). Сите вкупно предвидени 18 информативни сесии ќе бидат организирани до 7 јуни 2017 година во неколку градови во Македонија и тоа во Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и во Скопје на три теми: 1.Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и Законот за безбедност и заштита при работа; 2. Права и обврски кои произлегуваат од Законот за даночна и царинска политика и 3. Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот. Со цел полесно имплементирање на законите, како и јакнење на јавно-приватниот дијалог за донесување на подобра бизнис-регулатива ќе бидат главните приоритети на овој четиригодишен проект предводен од трите стопански комори во Македонија и тоа: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Ивана Крстевска
10
БИЗНИС ИНФО
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена
ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА На седница на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, одржана на 3.04.2017 година, беше разгледана законската регулатива од секторот, при што беше констатирано дека подолго време не се вршени тековни усогласувања и затоа се потребни значајни измени и дополнувања, согласно Европските директиви и анализираните тековни состојби во работењето на членките. Основен закон во оваа област е Законот за оружјето, со кој е уредуваат условите за набавување, поседување, носење, чување, производство, поправање, промет и превоз на оружје и муниција. Дефинирањето на поимите е неопходно за јасно разграничување, за тоа, сите да имаат еднакво толкување на Законот и за тоа што се смета со тој поим при производството, трговијата, евиденцијата и прецизирање на категоризацијата на оружјето
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
11
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ и опремата, и режимот на дозволите и одобренијата од секторот. Членките на Групацијата за оружје и опрема укажуваат на потребата за поедноставување на постапките за добивање дозволи и одобренија од надлежните државни органи и организации, за набавка на оружје, опрема и муниција, потоа, за начинот на набавка, со или без одобрение или потврда, за одделни видови оружје, за главни делови за оружје и за муниција. Компаниите ја потврдија потребата од соработка со надлежните министерства и другите државни институции и побараа истата да е на соодветно ниво. Тоа ќе овозможи правните субјекти да ја пратат сегашната законска регулатива, но и да влијаат на идните измени, во функција на заеднички прецизно дефинирани одредби и оптимално планирање на стопанските активности. За таа цел, членките на Групацијата ќе настојуваат да ги интензивираат контактите со преставниците од државните министерства и продолжат да ги презентираат своите ставови за донесување на соодветни законски измени. Бизнис заедницата активно ќе учествува во работните групи од ресорните министерства за анализа и во завршната подготовка на квалитетни нови предлог-текстови за измени и дополнувања на законските решенија. Лазо Ангелевски
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
ГЛАВНИТЕ ЧИНИТЕЛИ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР ЈА ПРОМОВИРАА БРОШУРАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Здружението на осигурувањето и Асоцијацијата на осигурително брокерските друштва при Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување, на 6 Април 2017 година, организираа неформално дружење на фелата од осигурителната индустрија. Поводот за неформалното дружење беше промоција на брошурата на друштвата за осигурување и осигурително брокерските друштва, која е прва публикувана каталогизација на осигурителниот сектор во Република Македонија. Имено брошурата е наменета за членките и за оние кои допрва ќе се приклучат во работење. Таа претставува приказ на дел од реализираните активности со посебен осврт на улогата на осигурувањето и осигурителниот пазар во Република Македонија. Горди сме на досегашниот допринос во општеството кој сме го дале во насока на подобрување на работење на компаниите од осигурителната индустрија, посочи м-р Анета Трајковска, директор на Дирекција во Стопанската комора на Македонија. Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, секоја година, по повод својот јубилеј доделува награди на компаниите и државните институции, според утврдени критериуми.
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ За 2016 година, Агенцијата за супервизија на осигурување ја доби наградата за најдобар партнер на Комората од државните институции, додаде Трајковска. Соработката помеѓу Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурување во изминатите години е на високо ниво. Во 2016 година соработката се официјализира и со потпишување на Меморандум за соработка со цел поддршка и унапредување на заедничките деловни активности преку организирање на заеднички проекти, во насока на понатамошно развивање на осигурителниот сектор – посочи д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Ратка Целаковски, координаторот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување ги покани сите друштва за осигурување и осигурително брокерски друштва да присуствуваат на завршниот настан од караванот на Глобалната недела на парите на тема: „Учи! Штеди! Заработи”, кој ќе се одржи на 19 април 2017 година во Градскиот парк во Скопје. Настанот е во насока на поголема едукација и зголемување на финансиското знаење од областа на осигурувањето, за граѓаните, а особено за младата популација. Да се биде успешен во високо конкурентно опкружување значи континуирано да се работи на унапредување и да се има способност за приближување кон секој клиент, а воедно да се одржи рамнотежата помеѓу потребата за ефикасност и контрола на трошоците од една страна и постојаните побарувања и потреби со голем степен на квалитет на услуги од друга страна. Се надевам дека и во иднина секој од позиција на неговата улога и функција која ја има во процесот на осигурувањето, ќе придонесеме за доброто на сите. Да ја искористиме таа шанса и можност! – посочи Рената Варга Мицева, претседател на Здружение на осигурувањето. Асоцијацијата за осигурително брокерски друштва континуирано и објективно ги застапува интересите на членките, како во подобрување на работењето, така и во давање релевантни предлози за подобрување или изменување на законската регулатива. Искрено се надевам дека сите заедно со упорна работа и максимален професионализам ќе придонесеме за зголемување на свесноста за осигурувањето, како и за подобрување на квалитетот на осигурителните производи и услуги - објасни Верица Ѓоргиевска, претседател на Асоцијација на осигурително брокерски друштва. Моќноста на фелата ќе расте со бројот на членки, но и со индивидуалниот придонес и активно вклучување на секој од нас. За следниов период поставивме клучни акции и високи цели - да ги реализираме заедно! – апелираше Ивона Каранфиловска, секретар на Здружението на осигурувањето и Асоцијацијата на осигурително брокерските друштва при Стопанската комора на Македонија. Ивона Каранфиловска Михајло Донев
14
БИЗНИС ИНФО
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ЗАПАДЕН БАЛКАН
Трговијата и инвестициите во регионов, во фокусот на овогодинешниот 20-ТИ МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА СТОПАНСТВО ВО МОСТАР Хрватскиот премиер г-дин Андреј Пленковиќ и Претседавачкиот претседател на Босна и Херцеговина г-дин Младен Иваниќ го отворија овогодинешниот„20-ти Меѓународен саем за стопанство“ во Мостар. На саемот учествуваа повеќе од 800 излагачи од над 30 земји, кои имаат заеднички став - овој саем е одлична можност за развивање на регионалната соработка помеѓу земјите и овој саем е водечка стопанска манифестација не само во Босна и Херцеговина, туку и пошироко. Земја партнер на саемот оваа година беше Хрватска, при што хрватскиот премиер г-дин Андреј Пленковиќ истакна дека овој саем е дополнителен чекор за унапредување на трговската размена и зголемување на инвестициите. Само во 2016 година, трговската размена помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина изнесувала 1,8 милијарди евра, а досега Хрватска има инвестирано околу милијарда евра кое е доволен сигнал колку е важна Бoсна и Херцеговина како трговски партнер, истакна Пленковиќ. Говорејќи за Мостарскиот саем, тој истакна дека тоа е еден од најдобрите саеми во Југоисточна Европа и целосно е насочен на кон подобрување на трговската соработката во целиот регион. На свеченото отварање на саемот присуствуваа и премиерот на Република Србија, г-дин Александар
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
15
ЗАПАДЕН БАЛКАН Вучич, претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ како и кинеска делегација предводена од заменик министерот за земјоделство на Народна Република Кина, г-дин Qu Dongyu, како и претставници и претседатели на стопанските комори од регионот, меѓу кои свое учество имаше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, г-дин Бранко Азески. За време на саемската манифестација, во организација на Министерството за надворешни работи и економски односи на Босна и Херцеговина, се одржа тркалезна маса на тема: „ Вино и земјоделски производи на земјите 16 + 1“ на која учествуваа производители на вино до Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора и Бугарија, при што се презентираа капацитетите, потенцијалите и перспективите за развој на овој сектор. Сашо Деспотоски
16
БИЗНИС ИНФО
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ПРЕНЕСЕНО ИНТЕРВЈУ
Интервју за „Капитал“: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија - ПОТРЕБНИ СЕ ДИРЕКТНИ СТИМУЛАЦИИ НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ЗА РЕИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА ► Македонија веќе неколку месеци е во своевидна институционална блокада и без влада. Како тоа се одразува врз економијата и како реагира бизнисот на оваа ситуација? Се чувствува многу подобро отколку во 1991 година, кога се распадна државата и целиот систем, во 1993 година кога имаше блокади кон Грција и Србија, 1999 година кога имаше војна во соседството, 2001 година кога имаше војна на нашата територија, 2008 година кога почна светската економска криза. Веројатно и сите овие неизвесности и екстерни шокови кои се многу чести на Балканот придонесоа бизнисот да изгради еден посилен имунолошки систем. Затоа и сметам дека и овој шок го пречекуваме поподготвени. Не можам да кажам дека бизнисот е изненаден и дека немал проценки дека политичката криза ќе трае многудолго. Токму затоа велам дека оваа ситуација е очекувана, дури можам да кажам дека бизнисот е подготвен и за натамошно комплицирање на ситуацијата. Но, подготвен е и адекватно да реагира на евентуално комплицирање на ситуацијата. Она што можам да го потврдам е дека инвестиционата активност е намалена и постои поголема внимателност кога станува збор за плаќањата. Тоа се отежнувачки фактори, но засега не се до тој степен изразени за да го сопрат крвотокот на бизнисот во Македонија. Она што можам да го кажам е дека бизнисот е подготвен и на поголеми шокови и во тој случај она што сигурно ќе се случува е одливање на капиталот надвор од границите на Македонија. Капиталот секогаш е подготвен да бара побезбедна и поизвесна локација. Тоа ќе биде одговорот на бизнисот на понатамошното комплицирање на ситуацијата во Македонија. Но, да се надеваме дека нема да дојде до таква ситуација. ► Каква е ситуацијата со плаќањата во економијата. Дали државата доцни со плаќањето на своите обврски кон фирмите и дали има задоцнети плаќања меѓу компаниите? Каква е ликвидноста кај компаниите? Плаќањата во Македонија никогаш не се спроведувале перфектно. Ни во добрите, ни во лошите времиња за водење бизнис. Се обидовме проблемите со плаќањата да ги разрешиме со законска регулатива. Она што треба да се прави е доследно да се почитува законската регулатива, што е донесена во договор со бизнис заедницата, со која се надминаа
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
17
ПРЕНЕСЕНО ИНТЕРВЈУ
многу несогласувања. Но, во делот на плаќањата на јавниотсектор кон приватниот сектор се оставија некои хибридни решенија кои го фаворизираа јавниот сектор, што создаваат проблеми. Она што е поголем проблем во делот на плаќањата е нефункционирањето на правосудниот систем, каде што нема никаков напредок со години, а што сериозно влијае на ликвидноста на компаниите. Правосудниот систем е бавен, неефикасен, споровите траат премногу долго и се фаворизира јавниот во однос на приватниот сектор. Секако дека и ние како комора упорно работиме на овој план, преку промоција и афирмација на користењето на алтернативните методи за решавање на споровите меѓу деловните субјекти, како што се медијацијата и арбитражата, но потребно е уште да се работи на овој план. Не очекуваме дека проблемот со плаќањата и неликвидноста ќе се реши со волшебно стапче и преку ноќ. Она на што мора да се работи е целосна реформа на правосудниот систем и доследно почитување и спроведување на законските обврски во делот на плаќањата. ► Сите проценки и пораки од меѓународната заедница се во насока дека на Македонија и е потребно итно формирање на влада и дека економијата не може долго да издржи ваква институционална блокада. Што како бизнис заедница очекувате од новата влада? Кои треба да бидат економските приоритети на новата влада? За нас не постои стара и нова влада, туку постои само влада. Ние како бизнис заедница преговараме и разговараме за прашања и приоритети кои сме ги поставиле и кои сметаме дека се важни. Овој концепт го започнавме во 2010 година и ќе продолжиме да го спроведуваме и понатаму. Тој почива на три темелни принципи. Првиот принцип е дека на Македонија и е потребен склучување на договор помеѓу јавниот и приватниот сектор, по примерот на тој што се склучи во Германија во 1949 година. Со еден таков договор мора јасно да се разграничи мешањето на државата во приватниот сектор и обратно.
18
БИЗНИС ИНФО
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ПРЕНЕСЕНО ИНТЕРВЈУ Вакви договори постојат и во многу други земји и сметаме дека еден таков договор и е неопходен на Македонија, кој потоа ќе мора да го почитуваат сите следни влади и бизнис заедници. Вториот принцип е дека Македонија мора да направи долгорочна стратегија за економски развој. Ние немаме таква стратегија и затоа секој влада си носи свои економски политики, кои потоа многу тешко се применуваат во пракса, бидејќи претставуваат шокови за бизнисот. Значи, ние како бизнис заедница и како држава мора да ги поставиме и да ги знаеме кои се определбите за следните 10, 20 или 30 години, како би можеле бизнисмените да ги конципираат своите цели и планови. Плановите на компаниите ќе бидат поинакви ако владата ни каже дека проблемот со името со Грција нема да се реши во следните 30 години, а сосема поинакви ќе бидат ако се каже дека тој проблем ќе биде решен во следните три години. Претпоставките и очекувањата во бизнисот се многу значајни. Третиот принцип е потребата за единствен и функционален коморски систем во Македонија. Иако Стопанската комора на Македонија е водечка бизнис асоцијација во Македонија, ние сакаме ова прашање да се отвори и коморскиот систем конечно да се стави во функција на економскиот развој. Сите бизнис асоцијации треба да седнат заедно со државата и да го договорат патот каде и како ќе се движиме во следниот период. Во Германија и Австрија, на пример, имаатзадолжително коморско членство и тоа дава подобри резултати, бидејќи е целосно ставено во функција на моделот на економски развој договорен со државата. Сметам дека овие три клучни столбови мора да се договорат помеѓу бизнис секторот и државата во функција на поголем економски развој, без разлика што ќе се случува на политички план. Ние како Стопанска комора на Македонија уште во 2010 година понудивме модел на економски развој кој вклучуваше 10 клучни прашања на кои ќе продолжиме да работиме и во следниот период. Тоа се изработка на нов модел на економски развој кој ќе ги поттикне производството и извозот, стратегија за забрзан економски развој, во чија основа ќе биде и економската поврзаност со претприемачите од малите земји, задолжителна консултација на бизнисот при донесување на законите и подзаконските акти, поддршка и промоција на извозот како потреба на бизнисот и привлекување на странски инвестиции како приоритетза зголемување на надворешно-трговската размена, социјално партнерство и трипартитен дијалог, подобрување на состојбите во правосудството како императив за подобра бизнис клима, квалитетни и брзи услуги испорачани од државната администрација, создавање на кадар во согласност со потребите на стопанството, научно-истражувачки анализи и вистински дијалог, а не паушални констатации и кадровско и организационо подигнување на Стопанската комора на Македонија. ► Ако треба да издвоите три проблеми кои се најгорливи за бизнисот на кои
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
19
ПРЕНЕСЕНО ИНТЕРВЈУ новата влада итно треба да се ангажира, кои би биле тие? Тоа би биле реформа на правосудството, решавање на неликвидноста кај компаниите и сивата економија. Но, за овие проблеми да бидатнадминати, потребно е претходно спроведување на низа конкретни мерки кои се систематизирани и поткрепени во нашите 10 барања кои претходно ги споменав, а кои сметам дека се во интерес и на целата држава, а не само за бизнисот. ► Во последно време бизнисмените и бизнис заедниците се се погласни дека е потребен еднаков третман помеѓу домашните и странските инвеститори. Што конкретно значи тоа и дали домашните инвеститори треба да ги имаат истите поволности и субвенции? Концептот кој го застапува Стопанската комора на Македонија е отсекогаш јасен. Ние сме и за привлекување на странски инвестиции и за поддршка на домашниот бизнис. Она што можам да го кажам е дека агресивната политика на владата во делот на привлекувањето на странските инвеститори како да ги фрустрира домашните инвеститори, а не ги поттикна. Членките на Стопанската комора на Македонија, не само што ја поддржуваат секоја бизнис-иницијатива, туку и во рамките на секторските здруженија и совети имаат свои членки од слободните зони, што го потврдува фактот
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ПРЕНЕСЕНО ИНТЕРВЈУ дека бизнис-заедницата нема ништо против интензивното привлекување странски инвестиции, но домашните компании (вклучувајќи ги и странските инвеститори кои имаат регистрирани бизниси надвор од зоните) бараат изедначување на условите за водење бизнис на домашните и на странските инвеститори во зоните, со цел да се избегне нерамноправниоттретман на пазарот. Секаде во светот постојат технолошко-индустриски развојни зони кои имаат определени поволности во работењето, но сепак не треба да се занемаруваат сите домашни и странски инвеститори кои имаат компании надвор од зоните. Мислам дека требаше да има конкретна алтернативна поддршка на домашниот бизнис која требаше да оди преку државната развојна банка Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). Нашето стопанство, како мала, отворена економија, за да одржи долгорочен раст, треба и понатаму да ја поддржува извозната ориентација на домашните компании. Добро би било во наредниот период да се работи на обезбедување рамноправен третман на домашните со странските инвеститори во делот на поддршка на извозни програми, за што треба да се изгради соодветна системска регулатива. Значи, да заклучам ние сме Македонија да продолжи со политиката на привлекување на странските директи инвестиции, но истовремено да се поддржат домашните компании преку директни стимулации на извозот и реиндустријализацијата и да изградиме една стабилна развојна банка којa ќе биде вистинска поддршка на развојните политики. Дали се потребни даночни олеснувања и субвенции кои би се доделувале на транспарентен начин како за странските, така и за домашните инвеститори? Очигледно е дека работењето на новите странски инвестиции во последните години влијаеше на диверзифицирање на нашиот извоз, како во поглед на производите и дестинациите, така и во поглед на зголемената технолошка интензивност. Би било добро политиките да се надградат и во делот на субвенционирање и на домашните компании со државна помош во делот на вработување и стручно оспособување, како и со мерки на економската политика со кои ќе се стимулираат партнерството помеѓу странските производствени компании што работат во Република Македонија, локалните мали и средни претпријатија и финансиските институции преку обезбедување помош за унапредување на квалитетот, количествата и сигурноста на производите преку технички и менаџерски вештини, деловно планирање и пристап до капитал. Зголемената технолошка и деловна софистицираност на локалните добавувачи, за возврат, ќе овозможи повратни врски со странските директни инвестиции и ќе го стимулира извозот. Значи, покрај одредени даночни ослободувања, домашните компании треба да се стимулираат и со мерки за модернизација на капацитетите и иновирање на технологијата, помош и даночни ослободувања за отворање на нови работни места и за обука и усовршување на
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
21
ПРЕНЕСЕНО ИНТЕРВЈУ вработените кадри кои што му недостасуваат на пазарот на трудот. Поагресивно треба да се стимулира воведувањето и примената на нова технологија, да се наградува ангажирањето на домашни иноватори и да се организира производство на база на домашни иновации. Но, сепак македонските компании во овие услови на глобализација и неизвесности и шокови во кои работат остваруваат солидни резултати. Ние како мала економија мора да најдеме начин како да преживееме и да се прилагодиме на глобализацијата, во спротивно ќе бидеме жртви. Ако овие големи странски инвеститори не влезеа кај нас, ќе влезеа во некоја друга земја од регионот. ► Во последно време многу компании посочуваат дека имаат проблем со работната сила. Како ќе се одразува овој проблем врз македонската економија во услови кога многу луѓе одлучуваат да се иселат од земјата? Проблемот со вработувања е проблем, но миграцијата и иселувањето на луѓето од земјата не е причина заради која постои тој проблем. Иселувањето и миграцијата постоела и ќе постои, и тоа е глобален процес. Не треба да се занимаваме со проблемот дали некој ќе одлучи да си замине од државата, туку треба сите напори да ги насочиме кон тоа како да создадеме подобри услови за тие да одлучат да останат да работат и создаваат во Македонија. Секој може да има предизвик да си замине од Македонија, бидејќи едноставно Македонија е мала земја. Реалниот проблем со работната сила е неусогласеноста на образовниот систем со потребите на стопанството. На оваа индустрија којаја има Македонија, вклучително и на странските инвеститори кои отвораатфабрики во земјава, им се потребни квалификувани кадри со специјализирано стручно образование, а не им требаат толкав број на високообразовни кадри. Станува веќе бесмислено какви кадри се произведуваат во нашиот образовен систем. Стигнавме во фаза во која и оние кои работат на шалтер во банки, уште малку и касиерките, ќе треба да имаат завршено факултет. Ние ги лажеме младите генерации, бидејќи македонската економија не може да го апсорбира тој кадар. Мора да го слушнеме гласот и потребите на бизнисот и на индустријата. Стопанската комора на Македонија има конкретно решение, а тоа е воведување на дуалниот систем на образование во средните стручни училишта. Тој принцип е воведен во Германија и во некои други земји и според него образованиот систем произведува кадар, каков што и потребен на индустријата, и што е уште позначајно, таквиот систем на образование, доведува до намалување на стапката на невработеност на помалку од 8%, посебно на младата популација. Конкретно, треба само да се донесат соодветни законски решенија и тие да се имплементираат во пракса.
22
БИЗНИС ИНФО
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ПРЕНЕСЕНО ИНТЕРВЈУ ► Како ги коментирате овие лицитации за зголемување на минималната плата кои во изминатиов период доаѓаат од двете најголеми политички партии? Како реагира бизнисот на овие предлози? Ние сме одлучиле да градиме капитализам, но сакаме да имаме капитализам со социјалистички обележја или капитализам без капиталисти. Имаме примери на успешни бизнисмени кои се на судот на срамот во Македонија и мораат да се бранат зошто се успешни, зошто направиле голем профит, зошто откако платиле данок го изнесле профитот надвор од земјата или зошто некој, откако ги платил сите придонеси и даноци, зема толку висока плата. Во последниве 15 години има напредок во сфаќањето и фокусирањето на бизнисот и економијата. На пример, денес нема сериозна политичка партија во која економијата не е во фокусот, се зборува многу повеќе за економијата во медиумите... Тоа е поразлично. Но, имаме уште многу за да ги прифатиме правилата и принципите на капитализмот. Она што јас би го посакал е во следните 20-30 години да останеме стабилни и независни како држава. Откако ќе преживееме барем 50 години, потоа ќе биде полесно. Југославија не успеа да преживее 50 години, веројатно затоа што немала цврсти темели. Македонија како држава, па и нејзината економија и компаниите, преку сите овие кризи и шокови станува поцврста и поотпорна. Добрите компании ќе преживеат и ќе се надградува системот. ► Гледате ли некоја конкретна опасност за тоа? Да, гледам три опасности или лимитирачки фактори, гледано од аспект на бизнис заедницата која ја претставувам. Првиот ограничувачки фактор е меѓународен. Се наоѓаме во фаза на меѓународно прегрупирање. Македонија е мала земја и постои реална опасност повторно да останеме последни, затоа што немаме навреме информации за процесите кои се случуваат во светот. Денес, на меѓународната сцена ги има Кина, Индија, Бразил, кои до пред 30 години не претставувале никаков значителен фактор. Сите овие процеси можат да создадат опасност за малите земји, кои можат да бидат колатерална штета од прегрупирањето на односите помеѓу големите сили. На регионален план опасноста
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
23
ПРЕНЕСЕНО ИНТЕРВЈУ ја гледам во фактот што ние досега не успеавме да изградиме никакви препознатливи регионални иницијативи, инфраструктура... Европската унија е изградена врз основа на регионална соработка, и таа порака ние никогаш не успеавме да ја разбереме. Денеска, ситуацијата во регионот на полето на регионална соработка е полоша отколку во 1991 година. Кога пред неколку години зборував дека бизнисот е единствениот кохезивен фактор во регионот, на многумина тоа им звучеше како флоскула. Во денешните разнебитени политички односи на Балканот, само бизнисмените одржуваат комуникација и на релација Србија со Хрватска, Србија со Косово, Македонија со Грција... Секаде каде што политичарите не успеваат да најдат заеднички јазик, бизнисмените ги имаат воспоставено тие врски и односи, и комуницираат помеѓу себе. Третиот ограничувачки фактор е домашната економска сцена. После 25 години ние се уште зборуваме за модел и стратегии на економски развој, за нов систем на образование кој ќе биде во функција на економијата, се уште зборуваме дека економските закони не смеат да се носат по скратена постапка без да се консултира бизнис заедницата. Бизнисот и во вакви неизвесни услови полни со шокови има постигнато многу. Дали сме можеле повеќе? Сигурно сме можеле, да не биле условите вакви какви што се, и да сме имале функционално правосудство и владеење на правото и нормални услови за бизнис како што има во нормални држави. Она што сакам да го кажам е дека мора да бидеме свесни за опасностите и за ограничувањата во кој работи бизнисот во Македонија. ► Дали меѓународната заедница гледајќи што се случува во регионот на политички план почнува се посилно да турка регионални економски проекти за да не научи како треба да се соработува? Сега последна е идејата за царинска унија во регионот која јавно ја турка Србија, а зад која застана официјално и Европската унија? Целосно го потврдувам тоа. Факт е дека се работи на иницијативи за економско поврзување и сметам дека е добро економски да се зацврстува соработката во регионот. Уште во 2014 година со отпочнувањето на Берлинскиот процес тоа беше јасно кажано како правец во кој ќе се движи регионот. Најмоќната европска земја Германија е официјално зад таа идеја на регионално економско обединување на Западен Балкан и ние како земји мора да ја искористиме оваа шанса. Ние ќе бидеме принудени да го научиме јазикот кој го зборуваат развиените западни земји. Во јули годинава во Италија се одржува следната средба на која ќе се разговара за Берлинскиот процес и на која ќе треба да се предложат заеднички регионални проекти за кои ЕУ има обезбедено конкретни фондови.
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 07 април 2017, Бр. 302
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
9-10 мај 2017 година во Луксембург
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017”
Enterprise Europe Network и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при
Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017” 9-10 мај 2017 година во Луксембург
Ве информираме дека на 9 и 10 мај 2017 година, се организираат средби „ИКТ пролет во Европа
2017” во Европскиот конвенциски центар, во Луксембург. Во 2016 година, беа организирани средби за 93 компании од 15 земји во текот на овој настан.
„ИКТ пролет во Европа“ е една од најголемите меѓународни информатичко-комуникациски и
технолошки конференции во Европа. Настанот е посветен на излагање и прикажување на најновите релевантни трендови и иновации и се дискутира за нивното влијание врз општеството и работниот свет. За повеќе информации во врска со „ИКТ пролет во Европа 2017“ посетете ја веб-страната: www. ictspring.com .
На годинешново издание ќе има неколку главни теми: ИКТ во банкарството, Иднината на
филмовите и дигиталната реалност, простор за апликација: технологија, финансирање, конкурентност, претприемништво, истражување на вселената: освојување на просторот, рударски простор, набљудување на Земјата, просторни ресурси и индустријата со иднина на автоматизација и текови на економијата.
Настанот ќе понуди: два дена деловни средби, можност да се изградат силни врски и
партнерства во ИКТ-секторот, мрежно поврзување за дигитални лидери, менаџери, иновации, истражувачи, стартап, итн,
Услови за учество: еден претставник од компанија плаќа: 100,00 евра, а секој нареден учесник
од иста компанија плаќа 75,00 по лице. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair “
15 мај 2017, во Нови Сад, Србија
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери БИЗНИС-СРЕДБИ „ AgroB2B@NSFair “ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија Ве повикуваат да учествувате на бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” во Нови Сад, Република Србија, на 15.5.2017 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак, настанот е отворен и за сродните сектори, како што се земјоделские машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да се покријат трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. За учество на меѓународните бизнис состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да се пријавите преку линкот http://agrob2b2017.talkb2b.net Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
петок, 07 април 2017, Бр. 302
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
„Global Business & Markets“
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува
да воспоставите контакти со нови деловни партнери
Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.
Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за
поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.
На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна
соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:
www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на
www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
петок, 07 април 2017, Бр. 302
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
27
28
БИЗНИС ИНФО
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Грција 2017-06-20 (валидност) Грчка компанија е голем производител на ламинат рачно изработени кујни и врати.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина 2017-06-20 (валидност) Компанија од Кина се занимава со транспорт,дистрибуција,увоз и трговија на различна стока.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Грција 2017-06-20 (валидност) Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. Кина 2017-06-20 (валидност) Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина 2017-06-20 (валидност) Кинеска компанија која се занимава со производство и продажба на квалитетни градежни дигалки.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина 2017-07-01 (валидност) Компанија од Кина се занимава со дистрибуција и транспорт на разновидна стока.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина 2017-07-01 (валидност) Компанија од Кина се занимава со производство на челик,градежни материјали,обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. Кина 2017-06-25 (валидност) Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг,челик,бакар,железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина 2017-06-25 (валидност) Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има заинтересираност за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина 2017-06-22 (валидност) Компанија од Кина се занимава со обработка и производство на пластика и специјални облици и прототипови од пластика произведува.Таа има интерес за соработка со компании од Македонија. Кина 2017-06-25 (валидност) Компанија од Кина e голем производител на челик кастинг,нерѓосувачки челик и свое леење.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Шведска 2017-06-20 (валидност) Шведска компанија произведува хигиенски марамчиња,заштитни елечиња и инвалидски колички за подобра нега на пациентот.Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. Кина 2017-06-20 (валидност) Производител од Кина на селотејп, ПВЦ ленти за заштита од опасности на патишта.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
петок, 07 април 2017, Бр. 302
БИЗНИС ИНФО
29
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина 2017-06-20 (валидност) Компанија од Кина е голем производител на сите видови на пвц и хартиени картички(иц карта,сд-карт,метал карт итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Португалија 2017-06-20 (валидност) Компанија од Португалија се занимава со производство на тела за автобуси и камиони.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина 2017-06-20 (валидност) Компанија од Кина е една од поголемите производители на квалитетни гумени подлоги во различни модели.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина 2017-06-20 (валидност) Специјализирана компанија од Кина се занимава со производство на челична жица ,спирала хидроулични црева,метални црева итн.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. Кина 2017-06-20 (валидност) Кинеска компанија се занимава со производство на ласерска технологија(оптички влакна,ласерски извор сродни производи). Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина 2017-06-20 (валидност) Компанија од Кина се занимава со производство на разновидна машки јакни.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. Грција 2017-06-15 (валидност) Грчка компанија која се занимава со производство и преработка на месо.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина 2017-06-15 (валидност) Компанија од Кинае професионален производител на производи од гума (подвижна лента,гумен лист,груба гума итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Грција 2017-06-15 (валидност) Компанија од Грција се занимава со производство и трговија на мебел за внатрешна и надворешна употреба и апарати за домакинство.Таа има интерес за соработка со компании од Македонија. Грција 2017-06-15 (валидност) Грчка компанија се занимава со производство и
трговија на луксузни крзна со врвен квалитет. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Шведска 2017-06-15 (валидност) Компанија од Шведска се занимава со пакување и дистрибуција на производи.Компаниајата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Грција 2017-06-10 (валидност) Компанија од Грција се занимава со квалитетно печатење на разновидни метални и пластични производи.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кореа 2017-06-15 (валидност) Компанија од Северна Кореа се занимава со производство на опрема за автоматика,систем за поврзување за дистрибуција и бар код.Таа е заинтересирана за соработка со Македонски компании. Грција 2017-06-10 (валидност) Компанија од Грција се занимава со увоз и трговија на апарати за течен сладолед.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Шпанија 2017-06-12 (валидност) Компанија од Шпанија со долгогодишно искуство во производството на регенерирани влакна,памук,вискоза,полипр опилен итн.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.
Контакт: Александро Крстевски Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-036 Факс: +389 2 3244-088 aleksandro@mchamber.mk
www.mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
петок, 07 април 2017, Бр. 302
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088