Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
345 Број 398
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО
1
97
www.mchamber.mk
ТРИБИНА: „ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ - ИДНИ ЧЕКОРИ“
ПРОМОВИРАНА ЈАПОНСКА МЕНАЏМЕНТ ПРОГРАМА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ОБУКА
godini
192
2 - 2019
23.03.2018 07.6.2019
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
2
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ И СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРААТ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ
Претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, м-р Штефан Петер, на прес-конференцијата одржана на 5.6.2019 година, го најави четвртото издание на јавниот хепенинг, т.н. „Светски пикник“, кој ќе биде отворен за сите посетители. Еден од препознатливите настани на Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, кој веќе станува традиционална манифестација од хуманитарен тип, е и „Светскиот пикник“. Како интересна идеја, произлезена токму од самите компании, „Светскиот пикник“ претставува своевиден спој на забавни и општествено корисни содржини преку кои се запознаваме со странските инвеститори во земјата на неформален начин. По големиот успех од минатогодишните изданија на „Светскиот пикник“, продолжуваме да ја одржуваме идејата за промовирање на позитивните ефекти на странските инвеститори врз националната економија по пат на неформално дружење и претставување на културата на земјите од каде што потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни, како и другите културни обележја. Во суштина, најдобриот начин да се запознаат странските инвеститори е преку нивната традиционална храна, - истакна Петер.
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Оваа година „Светскиот пикник“ ќе се организира по четврти пат, на 9 јуни во Градскиот парк, зад споменикот на Гоце Делчев, со почеток во 12:00 часот, каде што граѓаните ќе имаат можност да ја вкусат традиционалната храна на дванаесетина земји од каде што доаѓаат странските инвеститори во земјава. Средствата собрани од организацијата на овој настан ќе се искористат за хуманитарни цели, односно оваа година ќе бидат донирани на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Битола. На таков начин, придобивките за заедницата се повеќестрани и се состојат во приближување на странските инвеститори до граѓаните со нивната култура и традиција преку традиционалната храна на еден неформален начин, во релаксирана атмосфера, со музика, забава и анимирање на разни интересни групи на посетители, вклучувајќи ги и најмладите, претставниците од компаниите, медиумите и воопшто граѓаните, но исто така многу позначајна придобивка е хуманитарната димензија на овој настан, што ја покажува цврстата определба на странските инвеститори да бидат пример за општествено одговорно и грижливо работење, потенцира Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори. Влатко Стојановски BSI
TM
ISO 9001:2008 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER ECONOMIC CHAMBER OF OFMACEDONIA MACEDONIA
Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори ве покануваат на Светскиот пикник, на којшто ќе се запознаете со културата на земјите од каде што потекнуваат странските инвеститори. Преку нивната традиционална храна ќе го вкусите целиот свет и ќе уживате во прекрасниот пикник, пропратен со музиката на женското музичко трио „The Chicks – Девојките“ и забавни содржини за сите членови на семејството, вклучувајќи ги и најмладите.
Совет на странски инвеститори Foreign Investors Council
w��l�4 PICNIC
СВЕТСКИ ПИКНИК
9.6.2019 (недела) од 12:00 до 16:00 часот
ГРАДСКИ ПАРК, Скопје зад споменикот на Гоце Делчев Се гледаме во недела, 9 јуни, во 12 часот, во Градскиот парк во Скопје, на Светскиот пикник на кој по симболична цена ќе пробате храна од секој дел од светот, а собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели.
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ЗА КВАЛИТЕТЕН И ЕФЕКТИВЕН ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ Стопанската комора на Македонија, Центарот за образование на возрасните и Швајцарската федерација за образование на возрасните, ја официјализираа соработката преку потпишување Меморандум, во насока на воспоставување партнерство за поддршка и развивање на неформалното образование и доживотното учење кое има за цел промовирање и унапредување на квалитетот на неформалното образование и зголемување на знаењата, вештините и компетенциите кај младите и возрасните за одржливо вработување. -Главната заложба на Стопанската комора на Македонија, како најстара и најбројна бизнис асоцијација е преку соработка со релевантните институции да се постигне поедноставување на ригидните и долготрајни законски процедури кои постојат во неформалниот систем на образование во делот на верификување на програмите за образование на возрасните. Важноста на овие програми се согледува и во фактот дека истите се поддржани и преку Оперативниот план на Владата како мерка која на брз и флексибилен начин одговара на потребите на реалниот сектор за обезбедување на бараната работна сила, - изјави м-р Анета Трајковска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. -Швајцарија веќе 25 години ја поддржува Република Северна Македонија, а една од областите на која во изминатите години дадовме најмногу приоритет е токму економскиот развој. Свесни сме дека приватниот сектор се соочува со парадокс, каде од една страна се нивните потреби за обучена работна сила, а од друга страна имаме понуда на работна сила која не кореспондира со барањата и потребите на приватниот сектор, -додаде Стефан Томагиан, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Швајцарија. Тој пред присутните го презентираше швајцарскиот систем на стручно образование, кој се карактеризира со голема флексибилност и висока вклученост на приватниот сектор во креирањето и реализирањето на образовните процеси. Брзото и динамично опкружување и самиот процес на дигитализација несомнено не примора да ги следиме сите промени во технологијата што од друга страна наложува на приспособување на вработените преку обука и дополнителна стручна подготовка. Идентификувавме елементи од швајцарскиот образовен систем кои можат да се применат во Северна Македонија, а кои се однесуваат на стручното образование и обука, а токму овој меморандум за соработка помеѓу институциите предвидува конкретни активности кои ќе бидат реализирани во следниот период, - додаде Томагиан. Пред присутните свое обраќање имаше и Андре Шлефли од Швајцарската федерација за образование на возрасните кој 25 години бил директор на оваа реномирана институција. Тој пред присутните ги нагласи потребите од поголема видливост и признавање на неформалното образование како дел од доживотното учење. - Изминатите извештаи за Северна Македонија ја покажуваат потребата од фокус кон иден развој на неформалното образование. Држава која сака да постигне добри економски резултати, на долг рок потребно е да се посвети на развојот на неформалното образование, имајќи предвид дека работните позиции не се еднаш за секогаш дадени и дека светските трендови идентификуваат почести промени на работните позиции, за кои се потребни нови вештини и компетенции, - изјави Шлефли. Во своето обраќање, Шлефли се повика и на Проектот „Образование за вработување“ чија крајна цел е обезбедување работни места за младите, нагласувајќи ја важноста од иницираната соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија, Центарот за образование на возрасните на Република Северна Македонија и Швајцарската федерација за образование на возрасни кон реализирање на главната цел – вработување на младите. -Следејќи ги праксите од развиените земји, во Република Северна Македонија од 2009 година функционира институцијата Центар за образование на возрасните, која промовира модерен и функционален систем на образование, - нагласи Линдита Ќазими, директор на Центарот за образование на возрасните. Таа исто така додаде дека овој меморандум претставува одлична прилика за продлабочување на соработката во насока на промоција на неформалното образование и доживотното учење, интензивирање на соработката со приватниот сектор и развивање нови стручни квалификации и програми. Михајло Донев
БИЗНИС ИНФО
6
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
ПРОМОЦИЈА
ПРОМОВИРАНА ЈАПОНСКА МЕНАЏМЕНТ ПРОГРАМА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ОБУКА
Економски Факултет – Скопје при УКИМ во соработка со Стопанската комора на Македонија, организираа промоцијата на новата Јапонска менаџмент програма за професионална обука: „Quality management and Competitiveness“. Станува збор за специјализирана програма по менаџмент на квалитет и конкурентност која претставува плод на соработката помеѓу Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA), Универзитетот од Нагасаки, Јапонија, Универзитеот за Национално и Светско Стопанство Стопанство (UNWE) од Софија, Бугарија и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Во име на Стопанската комора на Македонија присутните ги поздрави д-р Јелисавета ГеоргиеваЈовевска, потпретседател на Комората. Потенцирајќи ги реформите во средното стручно и високото образование во насока на воспоставување стандарди кои ќе овозможат сигурност, напредок, верба, задоволство од сопствените постигнување и мерило за споредба со останатите, ГеоргиеваЈовевска инфорираше дека и Стопанската комората на Македонија активно е вклучена во напорите на општеството во целина за подигање на квалитетот на образовниот систем, преку користење на меѓународните искуства кои ги пренесуваат еминентни професори и експерти со што се овозможува задоволување на стандардите кои сме ги поставиле. Живееме во ера на економија базирана на знаење, споделувајќи знаења и добри практики и кон тоа треба да целат и перспективите во високото образование. Оваа програма ќе ја подобри конкурентноста на претприемачите и на домашните компании и претставува дел од заложбата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за соработка на ниво Универзитет – Влада - приватен сектор. Во ера на брз технолошки развој овие програми преставуваат адекватен одговор за брз трансфер на знаење, истакна проф. д-р Биљана Ангелова, Проректор за финансии, инвестиции и развој при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Универзитетите отсекогаш биле носители на иновации, па затоа несомнено е потребна
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕНЕСЕНО поврзаност на бизнис заедницата и универзитетите во доменот на истражување и развој. Јапонија како лидер во иновациите остварува резултати кои ги надминуваат резултатите на ЕУ и САД во просек, па оттука ова е голем предизвик и можност и ние да научиме нешто од подобрите и истовремено да бидеме вклучени во реализацијата на програмата – изјави проф. д-р Сашо Јосимовски, в.д. Декан на Економскиот факултет – Скопје. Претставникот на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) за Балканот, г-динот Хидеја Којабаши посочи дека оваа програма е резултат на Иницијативата за Соработка со Западен Балкан како дел од активностите на Агендата во Софија. Преку програмите на JICA 14 македонски компании имаа можност во текот на минатата година да поминат менаџерски обуки, што претставува можност овие лица да прераснат во идни JICA ментори кои би го споделувале своето знаење со останатите – додаде Којабаши. Иницијативата е особено важна и ја претставува волјата на трите Влади за меѓусебна соработка – нагласи проф. д-р Бојан Жеков, претседател на JICA Alumni Association, Бугарија кој пред присутните ги сподели искуствата од минатогодишната генерација учесници на програмата во Бугарија, кои по завршувањето на истата израснале во успешни менаџери, основајќи компании во Бугарија и низ светот. Проф. д-р Иван Стојчев, директор на Институтот за постдипломски квалификации, Универзитет за национално и светско стопанство (UNWE), Софија, Бугарија пред присутните изјави дека специјализираната програма на уникатен начин овозможува пренесување на добрите јапонски практики на Балканот. Пред претставниците од дипломатскиот кор, академската заедница и бизнис секторот свое обраќање имаше и Проф. д-р Леонид Наков, директор на Центарот за економски истражувања, при Економскиот Факултет- Скопје кој ја претстави Програмата како уникатна менаџмент филозофија на постигнување на најбисок квалитет во бизнисот и задовоството на потрошувачите преку јапонски техники за континуирано унапредување н аквалитетот и создавање на извонредност на процесите. Програмата опфаќа 11 апликативни менаџмент дисциплини, развиени согласно јапонските менаџмент практики и вредности, кои ќе бидат спроведени од страна на еминентни јапонски, бугарски и македонски професори од трите универзитети партнери во Програмата. Јапонската менаџмент програма за професионална обука ќе се реализира на Економскиот Факултет – Скопје, истата е наменета за менаџери на мали и средни претпријатија, претприемачли и иноватори, професионалци кои се заитнересирани за најновите трендови во управувањето со квалитетот како и за сите сопственици на бизниси кои се стремат кон подигнување на конкурентноста на бизнисите и настап на нови пазари. Важноста на овие програми, кои се реалиизраат паралелно со реформите на Владата имаат за цел преку развој на иновации, примена на ИТ решенија да се постигне зголемена конкурентност што ќе придонесе до раст на извозот – изјави Зоран Шапуриќ, Министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија. Обраќајќи се пред присутните го поздрави долгогодишното присуство на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) во Република Северна Македонија, која е активна во повеќе сфери како инфраструктура, економија, животна средина и образование. Михајло Донев
БИЗНИС ИНФО
8
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
ТРИБИНА
ТРИБИНА: „ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ - ИДНИ ЧЕКОРИ“
Потребата од воведување на дуалното образование како комбинација на практични вештини, теоретски знаења и клучни компетенции и воспоставување рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на стручни, квалификувани и лесно вработливи кадри, беше целта за организирање на трибината: „Предизвици за подобрување на дуалното образование – идни чекори“, организирана од страна на Стопанската комора на Македонија во соработка со Европската бизнис асоцијација. Учесници на трибината беа личности кои директно, од различни страни, се вклучени во процесите на обезбедување стручен и квалификуван кадар со цел да се задоволат потребите од работна сила на бизнис секторот, имајќи предвид дека околу 80% од невработените се долгорочно невработени, како одраз на неусогласеност на вештините и компетенциите. Првиот панел насловен: „Реалната состојба и потребите на бизнис секторот“ започна со пренесување на искуството од имплементацијата на дуалното образование во Србија. М-р Мирјана Ковачевиќ, раководител на Центарот за едукација, дуално образование и образовани политики при Стопанската комора на Србија, пред присутните образложи дека од особено значење е да се има компании кои имаат желба да се вклучат во процесот на стручно образование. Покрај добрата волја, желба и интерес за вклучување во дуалното образование, потребно е да постојат и капацитети кои ќе даваат поддршка, а таква институција со потребниот капацитет е Комората . Потребна е соработка со сите релевантни министерства чии надлежности се преклопуваат со вклучувањето на учениците во учењето преку работа во компанија. При тоа, Ковачевиќ акцентираше дека е од особено знаење дуалното образование да се реализира во дејности кои се значајни за домашната економија, потенцирајќи ги оние што значително учествуваат во креирањето на бруто домашниот производ, извозно ориентираните дејности и компании и компаниите со странски капитал. Дуалното образование за што подолго време наназад укажува Стопанската комора на Македонија и како модел итно треба да се примени и во средните стручни училиште во нашата земја веќе е предмет на анализа и во Владата. Во таа насока, д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата, задолжен
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
9
ТРИБИНА за економски прашања и за координација на економските ресори, на трибината информираше дека анализите кои Владата ги изработи во изминатиот период откриваат дека постои нерамнотежа помеѓу понудата на вештини и квалификации и побарувачката од страна на реалниот сектор. - Во моментов има 185.000 невработени (19,4%), од нив 105.444 се активни баратели, што ја сведува реалната невработеност на 11%. Од реалната невработеност пак, 45% се лица над 50 години кои во текот на транзицијата останале без работа, но истите во најголем дел вршат некаква работа и остваруваат одредени приходи кои никаде не се евидентираат, а истовремено овие работници имаат обезбедено минимум услов за пензија од 15 години работен стаж, - посочи Анѓушев. Паралелно направена е и анкета на 3143 работодавачи од кои 1883 одговориле дека во моментот се спремни да вработат 18.453 работници што дополнително го потврдува претходно изнесениот став дека постои нерамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на труд. Проблемот е комплексен и за да се постигнат резултатите потребна е, меѓу другото и промена во менталитетот за да сме на сигурно дека сите се бориме во иста насока . Компаниите покажуваат интерес за ваков вид на образование, тие се свесни за придобивките за долгорочно обезбедување работен кадар, но паралелно треба сите аспекти да се решаваат истовремено за да се постигнат резултати. Заменик - претседателот на Владата сепак посочи дека најголемиот проблем во овој момент е уписната политика, која изминативе две децении создаде состојба каде над 95% од завршените ученици во средно образование се запишуваа на високо образовните институции и не одговараат на потребите на стопанството и на општеството во целина. За да се смени оваа слика, потребни се коренити и болни промени во сите сегменти. Сепак, дел од компаниите во обид да обезбедат стручен и квалификуван кадар, во соработка со Стопанската комора на Македонија и образовните институции, се вклучија во пилот-проекти на дуално образование, но наменски, само за свои потреби. Како пример и на трибината беше посочено искуството на „ЕВН Македонија“, преку нивната Програма: „20-20-20“ која започна уште во 2015 година. - Првите две години „ЕВН Македонија“ водеше процес на дизајнирање на програмата, вклучувајќи ги во дискусија сите релевантни институции, министерства, Комората, - посочи Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на австриската енергетска компанија. Тој исто така истакна дека водени од потребата за обезбедување идна работна сила, покрај вложувањето во учениците, треба да се вложува и во едукација на наставниот кадар со цел осигурување на зацртаниот квалитет од Програмата. - А за да се стигне до бараниот квалитет, несомнено потребно е идентификување на улогата на чинителите, мисијата и стратегијата како да се постигнат резултатите, – изјави Штефан Петер. -Недостиг од кадар чувствуваат сите компании. За таа цел, потребно е да се преземат радикални мерки доколку сакаме да добиеме квалитет во образованието, – потенцираше Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница „УСЈЕ“ АД - Скопје. -За да се постигнат резултатите во оваа сфера, потребно е процесот да започне од највисоко ниво на соработка, компаниите се спремни да ги отворат вратите, а тоа навистина е добар импулс и за образованието
БИЗНИС ИНФО
10
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
ТРИБИНА и за развојот на вештините на учениците, – нагласи Тобијас Боле од Делегација на германското стопанство во Северна Македонија искуството од Германија. Вториот панел од Трибината беше посветен на моменталната состојба во македонското образование и постојната законска рамка. Во овој дел свое обраќање имаше министерот за образование и наука, д-р Арбер Адеми, кој нагласи дека во образованието нема лесни, туку храбри одлуки кои се носат врз основа на анализа , а не на перцепција. Започнат е нов концепт на средно стручно образование врз основа на барањата на бизнис заедницата за стекнување потребни знаења и вештини. Дизајнирани се 1000 модуларни наставни програми во кои 55% од предметите се стручни, додека 45% се општо образовни предмети во насока на струката. - Мора да се сруши митот дека само со факултетска диплома успешно се заработува, особено доколку се земат предвид бараните занимања на пазарот на труд кои се со стручни квалификации, – истакна министерот Адеми. -Потребен е системски приод во решавање на проблемот за дуално образование, односно системот треба да биде во можност да идентификува колку ученици влегуваат во основно образование и колку излегуваат од средното образование, па врз основа на истите да се планира и креира стратегија на долг рок. Тоа е како затворен круг, врз основа на бројот на ученици може да се планираат и предвидуваат квалификации во согласност барањата на пазарот на трудот, – нагласи Мила Царовска, министер за труд и социјална политика. -Едно е системски да се реагира, но друго е да се примени во пракса, дали сме подготвени за таква реализација, имајќи предвид дека наставниот кадар не е подготвен за ваков систем на учење од една страна и недоволна опременост на лаборатории и кабинети во насока на успешна реализација на наставата од друга страна, – изјави проф. д-р Абдулменаф Беџети, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа. Тој исто така додаде дека професорите не се соодветно платени за работата која ја извршуваат, се користи застарен модел за финансирање на високото образование, според кој вреднувањето е врз основа на влезни критериуми, а не врз основа на излезни критериуми, односно резултати. Секоја земја има различни услови како во сферата на економијата, така и во сферата на образованието, потребно е образованието да ги следи потребите и динамиката со која се развива економијата, она што е предизвик за секоја земја е како да го направи стручното училиште поатрактивно за учениците. Исто така, предизвик треба да биде и квалитетот во испораката на образовните услуги затоа што работодавачите се вистинските оценувачи за квалитетот на образованието, – изјави Софи Бемон, програм менаџер во делегацијата на Европската унија во Скопје. Како резиме на сите претходно посочени дискусии, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, констатираше – оваа трибина покажа дека постои политичка волја за преземање чекори во образовната политика која на среден и долг рок ќе даде позитивен импакт во економијата. А, исто така покажа и дека компаниите се подготвени да се вклучат во процесот на дуалното образование во насока на создавање кадар за нивните потреби кои ќе придонесат за раст на економијата во целост. Азески исто така истакна дека и во рамки на КИФ, коморите на земјите членки интензивно ќе работат за имплементирање на моделот на дуално образование, користејќи ги искуствата на дел од земјите од Западен Балкан, но и искуствата од Швајцарија, Австрија и Германија каде моделот на дуално образование дава исклучително позитивни резултати. -Сегашната состојба говори за постоење на 195 факултети наспроти само 130 средни училишта, а во реалноста бројките треба да бидат обратни, повеќе средни стручни училишта, а помалку факултети. Ваквата состојба, вели претседателот на Комората, ни наложува да се фокусираме кон заедничка промоција и активности кон спроведување на моделот на стручно образование и промена на перцепцијата дека тоа не обезбедува побрзо вработување и достоинствена заработувачка. Напротив, стручното образование е
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
11
ТРИБИНА
клучно за потребите на реалниот сектор. На трибината присуствуваше и претседателот на Здружението на новинари на РСМ, Младен Чадиковски, кој од аспект на соодветно пренесување на информацијата во јавноста посочи дека е потребна кампања за пошироката јавност да се запознае со концептот на дуално образование. -Улогата на медиумите не е да ѝ помага на Владата, туку да ѝ помага на јавноста да донесе права одлука, – додаде Чадиковски. На трибината беа идентификувани предизвиците на кои треба да се работи, како и следни чекори и препораки за успешна имплементација на дуалното образование: · системско решавање на дуалното образование преку измени и дополнување на постојниот Закон за стручно образование и обука и останатите закони кои го третираат дуалното образование; · прецизирање на улогите на чинителите во обезбедување на дуалното образование; · измена на уписната политика од страна на Министерството за образование и наука и предвидување високи критериуми, за гимназиско образование и за одредени квалификации во стручното образование и обука (во сектор здравство и социјална заштита, економија, право и трговија); · измена на уписната политика и квотите за упис во високото образование; · рационализација и соодветна реалокација на мрежата на стручни училишта; · кампањи за подигање на свеста на родителите за стручно образование на нивните деца; · кариерно советување уште во основно образование за насочување на учениците кон образование за кое има можности, амбиции и талент. м–р Наташа Јаневска Михајло Донев
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
ПРОМОЦИИ
ПРОМОВИРАН ИЗВЕШТАЈОТ НА ОЕЦД ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН И ТУРЦИЈА ЗА 2019 ГОДИНА
Поглавјата од Индексот на политики за мали и средни претпријатија: Западен Балкан и Турција 2019 обезбедуваат сеопфатен преглед на деловното окружување во шесте економии од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Србија) и Турција. Врз основа на мерењата и анализите кои се спроведени во овие држави и резултатите кои се добиени во различни области, во Извештајот се дадени препораки насочени кон надминување на утврдените слабости, со цел да ги поддржат напорите на земјите - кандидати за влез во Европската унија во креирањето поволни деловни политики за претпријатијата, со посебен акцент на малите и средни претпријатија. Споредено со последната публикација на актот за мал бизнис (2016 година), Извештајот вели дека нашата земја покажала прогрес во имплементирањето на предлог-мерките од страна на ОЕЦД: усвоена е Стратегија за МСП во кои се инкорпорирани предлозите на ОЕЦД, зголемени се финансиските средства во Фондот за иновации наменети за мали и средни претпријатија, извршена е хармонизација на Законот за јавни набавки со законодавството на ЕУ и намалени се трговските бариери заради меѓусебното признавање на бизнис инфраструктурните тела во регионот кои го олеснуваат патот кон извозот. Во споредба со останатите земји од регионот, најдобро стоиме во областа на иновациите, институционалната и законската регулираност за креирање политики за МСП, односно во поддимензијата за поедноставување на регистрација на претпријатија, во под-димезијата за јавните
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
13
ПРОМОЦИИ набавки, под-димезијата на владините иницијативи за подржување на услугите кај бизнисот и поддимензијата која се однесува за олеснет пристап до финансии. Но, сепак нотирани се и слаби страни во однос земјите во регионот, а тоа се: небанкарското финансирање, во делот на процедурите за издавање лиценци, во делот на следењето и евалуацијата на стечајните постапки, како и во делот на преприемничкото учење и претприемничките вештини. Согласно наведеното во овој Извештај, во иднина Република Северна Македонија потребно е да ги интензивира своите активности кои се однесуваат на: претприемничкото учење, женското претприемништво, дигитализација при издавањето лиценци, дозволи и другу документи, како и воведување на „one stop shop“ за бизнисот, олеснување на пристап на МСП кон стандардизација и интенрационализација на МСП и нивна интеграција во глобалните текови, промоција на е-трговија, поддршка за развој на „зелени“ МСП, намалување на „сивата“ економија и др. Игор Тасевски
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
ИНДУСТРИЈА (статистика)
ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА ДОГОВОРЕНИТЕ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО СТРАНСТВО
Податоците на Државниот завод за статистика во периодот јануари – март 2019 година наспроти истиот период во 2018 година покажуваат значителен пораст на договорените градежни работи во странство за 415,3 %. Порастот на договорени градежни работи во најголем дел се должи на потпишувањето Договор за изградба на првата фаза на автопатот во рамки на коридорот 5Ц кој минува низ Република Српска - правец помеѓу клучката Јоховац (Товир) и Руданка (Костајница), од страна на „Гранит“ АД - Скопје во проектен конзорциум со „Интеграл Инженеринг“ од Лакташи и Јавното претпријатие „Автопати“ на Република Српска во вредност од 62,5 милиона евра, во март оваа година. Истовремено, според податоците, извршените градежни работи во странство забележуваат пад од 81,4 %, што се должи на завршувањето на градежните инфраструктурни проекти на кои беа ангажирани македонските компании, во последното тримесечје изминатата година. Компаниите - членки на Здружението имаат капацитет за настап на странските пазари. Во делот на инфраструктурата има компании кои се докажани во реализацијата на сериозни инфраструктурни
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
15
ИНДУСТРИЈА (статистика) проекти и имаат стекнато високи референци во проектирањето и изведувањето инвестициони работи во земјите од регионот и пошироко, додека во делот на високоградбата, извршените градежни работи повеќе се сведуваат на користење на домашниот работен кадар. Сепак, во моментот мал број компании се присутни на странскиот пазар, претежно во Босна и Херцеговина, поради што има простор за разгледување на можноста во соработка со надлежните институции да се изнајдат механизми за поддршка на домашните градежни компании за работа во странство и освојување нови пазари. Работата на градежните компании во странство несомнено би придонела за поголем развој, препознатливост и афирмирање на македонското градежништво на меѓународен план, како и стекнување искуство кое компаниите подоцна би го пренеле на домашниот пазар. Работата во странство, исто така би го поттикнала и растот на домашната економија ако се земе предвид дека градежништвото е поврзано со околу 25 други стопански гранки и би се повлекол поголем ангажман на домашната работна сила, поголемо искористување на градежни материјали и ресурси. м-р Нена Николовска
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)
Четири столба за имплементација на агендата на КИФ - Методологија за работа на КИФ (I) м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија Со цел забрзување на процесите и интензивирање на имплементацијата на точките зацртани во агендата за работа на КИФ, а во пресрет на потребните измени коишто беа неопходни да се спроведат во структурата на КИФ, на иницијатива на потпретседателот на КИФ, г-дин Бранко Азески, на состанок на Управниот одбор на почетокот на оваа година, едногласно се донесе одлука за спроведување на оперативен план со конкретни мерки, изразени во четири столба со заеднички активности на шесте комори од земјите на Западен Балкан. Првиот од овие четири столба ги опфаќа следните мерки: I. Формирање на тимови за реализација на активностите и координација на работата на експертите во рамки на Коморите од КИФ. Со цел операционализација на активностите на КИФ, и поефикасно спроведување на истите во изминатиот период во рамки на КИФ се формираше и оперативен тим составен од претставници од Коморите- по едно задолжено лице / национален координатор- експерт за координација на сите активности на КИФ - и лица директно вработени во Секретаријатот на КИФ во Трст. Овие лица се експерти во дадени области, одговорни за реализација на одредени активности поврзани со КИФ, согласно нивната експертиза. Оперативниот тим е под раководство на канцеларијата во Подгорица, којашто воедно е и седиште на Управниот одбор на КИФ, а сите активности се директно координирани од потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум, г-дин Бранко Азески.
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
17
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) Вака поставениот оперативен тим е задолжен за : координирање на оперативното работење на Управниот одбор, закажување седници, подготовка на материјали, планирање на активностите и информирање на членовите на УО за реализираните активности, комуникација со надлежни институции, подготовка на материјали за реализација на одредени активности согласно нивната експертиза и др. Покрај оперативниот тим, во функција е ставен и тим составен од експерти за имплементација на проектните активности. За секој одделен проект што се имплементира во рамките на КИФ, именувани се посебни лица од редот на вработените во Коморите коишто раководат со проектот во координација со Секретаријатот на КИФ во Трст. На овој начин координацијата и имплементацијата на секој проект засебно се одвива поефикасно и поефективно. Тимот за проектни активности е координиран од страна на претседателката на Унијата на комори за трговија и индустрии на Албанија Инес Мукостепа во директна соработка со Секретаријатот на КИФ со седиште во Трст. Со цел креирање заеднички производи и услуги за компаниите од земјите на Западен Балкан за олеснување на нивната работа и спроведување поефикасно поврзување на бизнисите од регионот за заеднички настап на трети пазари, воспоставен е и посебен тим за креирање и спроведување на производи и услуги. Тимот е координиран од страна на претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, г-дин Властимир Голубовиќ и претседателот на Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина, г-дин Ахмет Егрлиќ., во соработка со националниот координатор од комората на Босна и Херцеговина. Во рамки на КИФ активно функционира и лоби тимот, а истиот е координиран од страна на претседателот на Коморскиот инвестициски форум којшто воедно е и претседател на Стопанската комора на Србија, г-дин Марко Чадеж и претседателот на Стопанската комора на Косово и активен член на управниот одбор на КИФ, г-дин Берат Рукичи во соработка со генералниот секретар на КИФ, г-дин Сафет Герџалиу. Лоби тимот има за цел да воспостави соработка со државните институции во земјите од Западен Балкан и да иницира активно спроведување на активностите зацртани во агендата на Коморскиот инвестициски форум. Продолжува...
БИЗНИС ИНФО
18
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
ДАНОЦИ И ЦАРИНИ
НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДДВ Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија
Данокот на додадена вредност (ДДВ) е данок на потрошувачка и спаѓа во категоријата посредни даноци. Неговото пресметување и плаќање се уредува со Законот за данокот на додадена вредност. Во различните фази на пресметувањето и наплатата на ДДВ во ланецот на префрлање на даночниот товар на крајниот потрошувач (инциденцата на ДДВ) вклучени се многу субјекти кои остваруваат право на одбивање на данокот кој го платиле за своите набавки во претходните фази. Бидејќи, измените во Законот за ДДВ засегаат голем број на даночни обврзници, истите предизвикуваат внимание во јавноста. Во моментов во собраниска процедура се наоѓаПредлог за измени и дополнување на Законот за ДДВ, со кој се предвидуваат неколку новини. Најнапред, се предвидуваат измени во рокот во кој регистрираните даночни обврзници за цели на ДДВ остануваат во системот. Имено, според постојното законското решение даночните обврзници кои се регистрирани за цели на ДДВ се обврзани да останат регистрирани најмалку во рок од пет календарски години, независно од висината на вкупниот промет кој го остваруваат во текот на истите. Како резултат на ваквото законско решение голем број на даночни обврзници покрај тоа што не го надминале пропишаниот праг и немаат искажано претходен данок за одбивање, во периодот од пет години по нивната регистрација обврзани се да поднесуваат даночни пријави за ДДВ. Со предложеното законско решение се предвидува исклучок од ова правило и на барање на даночниот обврзник надлежниот даночен орган може да изврши прекинување на регистрацијата во случај ако во секоја од двете претходни календарски години даночниот обврзник поднесува даночни пријави со вкупен промет кој не го надминува износот од 1.000.000 денари и ако во даночните пријави нема искажано претходен данок за одбивање. Со ова решение се намалува административниот товар за даночниот обврзник. Покрај измените во делот на регистрацијата на даночните обврзници со предложените измени и дополнувања се предвидува проширување на опсегот на даночни ослободувања во земјата без право на одбивка на претходниот данок. Имено, според постојното законско решение ослободени од ДДВ без право на одбивка на претходен данок се образовните услуги и тоа: услугите за образование и воспитување на деца и младинци и услугите за доквалификување, преквалификување, како и услуги на училишта и центри за изучување на
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
19
ДАНОЦИ И ЦАРИНИ странски јазици. Ваквата дефиниција во постојниот закон значи дека правото на користење на образовни услуги кои нема да бидат оданочени со ДДВ, но за кои исто така не постои право на одбивка на претходен данок се само услугите поврзани со образование и воспитување на деца и младинци, што значи многу тесен опфат и проблеми во примена на законот во практиката, особено во високото образование. Со цел да се допрецизира постојната одредба во предложеното законско решение се предвидува ослободувањето да се однесува и за услуги на училишно и универзитетско образование, како и за у слуги кои се вршат кон високообразовни установи со цел да се обезбедат услови за стекнување способности и вештини за вршење научно истражувачка дејност , вклучувајќи и менторирање за изработка и одбрана на магистерски или докторски трудови и за услуги кои се резултат на научно-истражувачка дејност согласно закон со кој се регулира научно истражувачката дејност. Наредната измена се однесува на проширување на производите кои се оданочуваат по повластена даночна стапка од 5%. Така, имајќи го во предвид значењето на ветеринарната дејност за здравствената заштита на животните со понуденото законско решение се предлага лековите за ветеринарна медицина да се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5%, наместо со општата стапка од 18%. Последно, со предложените измени и дополнувања на Законот за ДДВ е предвидено враќањето на данокот на додадена вредност покрај на шефот на дипломатското претставништво, на членовите на дипломатскиот персонал на странското дипломатско претставништво, на конзуларните функционери, како и на нивните брачни другари, (доколку овие лица стекнале добра или користеле услуги за лични потреби или за потреби на членовите на семејствата кои ги сочинуваат нивните домаќинства), да се врши и на административниот и техничкиот персонал на дипломатски и конзуларни претставништва кои не се државјани во земјата или немаат постојано престојувалиште во земјата. Со истото всушност се врши усогласување со Виенската конвенција за дипломатски односи.
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
ОБРАЗОВАНИЕ
ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ - ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ИДНИНАТА Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија Пред неколку дена, повторно ја прочитав приказната за сиромавиот човек кој побарал риба од рибарот за да се прехрани. Наместо риба, рибарот му ја дал јадицата и го повел со себе на отвореното море. Сиромавиот човек бил вчудоневиден од оваа постапка. Очекувал риба, а не јадица. Тогаш рибарот му рекол дека е помудро да го научи да лови риба за да може сам да се прехрани, отколку да му даде риба и во моментот да ја задоволи потребата од храна, а утредента пак да биде гладен. Оваа приказна ме поттикна да направам споредба со улогата на дуалното образование. Да се оспособат учениците со теоретски и релевантни практични знаења и вештини и да се подготват полесно да бидат препознаени нивните компетенции од страна на работодавачите за побрзо вработување. Со тоа младата личност ја обезбедува својата иднина. Тоа всушност значи дека дуалното образование е инвестирање во иднината. Но што, навистина, претставува дуалното образование? Самиот збор наведува образование за стекнување квалификација неопходна за ефикасна и продуктивна работа во одредено занимање, преку теорија и пракса што се стекнуваат во училиштето и практична обука што се реализира кај соодветен работодавач . Тоа е зајакната врска и соработка помеѓу образовните институции и реалниот сектор, без разлика на големината на компанијата во испораката на релевантни квалификации од II, III, IV, V или VI ниво на Националната рамка на квалификации (Закон за Националната рамка на квалификации). Гледано низ времето, пред три години, дуалното образование беше процес на препознавање, но сега станува потреба за компаниите. На почетокот, беше пилот-проект само во едно стручно училиште како плод на меѓусебната соработката на ЕТУЦ „Михајло Пупин“ Скопје и компанијата „ЕВН Македонија“, а сега се движи во насока на решавање на проблемот на реалниот сектор за обезбедување адекватна работна сила. Расте бројот на компании кои бараат соработка со стручните училиштата за развивање и обезбедување квалификации за
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
21
ОБРАЗОВАНИЕ нивните потреби. Ваквиот тип на образование игра клучна улога во интеграцијата на образованието и обуката во процесот на обезбедување стручни знаења, развој на вештини и компетенции, како и вклучување во процесот на работа, со фокус на технолошките и работните процеси. Низ процесот на дуалното образование и креирање на образовни програми за потребите на соодветната компанија, учениците се оспособени да покажат стручност и да преземат одговорност и самостојност што ќе придонесе за конкурентност на претпријатието. Затоа, дуалното образование има незаменлива улога во обезбедувањето адекватна работна сила со потребните вештини и компетенции за поддршка на економскиот раст на општеството, имајќи го предвид Извештајот на ЕК за нашата држава во кој стои дека околу 80% од невработените се долгорочно невработени, како резултат на неусогласеност на вештините. Но, иако дуалното образование станува неопходно за да се воспостави рамнотежа помеѓу побарувачката на оспособена работна сила и понудата на релевантни квалификации, во процесот на воведување се воочуваат низа предизвици и се јавува потреба од системски пристап на решавање на предизвиците. Но не шминка, туку вистински и издржани решенија. На почетокот мора да се разграничи дека постојат два модела на дуално образование, односно два приода за стекнување иста квалификација: 1. Дуално образование, преку процесот на учење преку работа, за квалификација која се стекнува во училиште , поголем дел се реализира во училиште (55% - теорија и пракса) и помал дел, практичната обука, се реализира во компанија (45%) и 2. Дуално образование, преку процесот на учење преку работа, за квалификација која се стекнува на барање на работодавач, при што најголем дел од практичната обука се реализира во компанија (60-70%), додека помал дел се реализира во училиште (40-30% - теорија). Кога ова ќе се расчисти, следен чекор е системско решавање на процесот на воведување на дуалното образование, односно неопходни се измени во Законот за стручното образование и хармонизација со останатите закони што ја регулираат оваа област, како и надминување на пречките за целосно воведување во системот. И на крај, обезбедување финансиски средства, односно опремување на стручните училишта, субвенционирање на работодавачите за реализација на практичната обука и надомест за работата на учениците. Реализацијата на квалитетно дуално образование бара одржливи финансиски средства. Ни останува да заклучиме: Учениците треба да ги научиме да ловат и да бидат оспособени за својата работа, а не да им дадеме уловена риба. Тоа значи дуалното образование е вложување во иднината. Ако дуалното образование овозможува долгорочно планирање на развојот на бизнисот, обезбедување работна сила и решавање на празнините за потребните вештини и квалификации, тогаш е потребна квалитетна имплементација, а не импровизација.
БИЗНИС ИНФО
22
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР
КАКО ГЛЕДА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НА ЕКОНОМИИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН? М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања
Во последните 9 текстови што ги напишaв за порталот на Стопанската комора на Македонија, четири во насловот ги имаат зборовите Западен Балкан. Некој веројатно ќе се запраша зошто е тоа така. Ништо не е случајно. „Регионалната интеграција е клучот за зголемување на животниот стандард на Западниот Балкан“ – пишува во Политиката за проширување на ЕУ за 2019 година, објавена пред десетина дена. Ова е документот во кој Европската комисија ги споделува своите погледи за економиите на Западниот Балкан и Турција со Европскиот парламент, Советот, Европскиот економски и социјален комитет и Комитетот на регионите. Пораката од ЕУ е јасна, ако вие од Западниот Балкан сакате подобар живот ќе мора да се интегрирате. За каква интеграција станува збор? Не станува збор за политичка интеграција, не е ова идеја за воскреснување на поранешна Југославија. Овде се сугерира економска интеграција, регионална економска област во рамките на Западниот Балкан која треба да ги зацврсти шесте економии од регионот. Притоа, регионалната економска интеграција треба да биде не каква било, туку базирана на правилата и стандардите на ЕУ. На тој начин интегрирањето всушност е своевидна подготовка за подоцнежно интегрирање на регионот во ЕУ. Европската комисија очекува ваквата регионална економска интеграција да доведе до позитивни ефекти кои би произлегле од постигнување економија од обем заради поголемиот пазар од домашниот, како и до зголемена трговија помеѓу шесте земји. Нормално, ЕУ упатува и на потребата од подобро регионално поврзување во транспортот и енергетскиот сектор. Од лично искуство, пред месец дена на едно службено патување морав да згазнам на азиска почва, менувајќи авион во азискиот дел на Истанбул, за да стигнам од Скопје во Сараево - перфектен показател за нашите регионални транспортни ирационалности.
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
23
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР Патем, Европската комисија смета дека формирањето на Регионална економска област ќе го направи Западниот Балкан поатрактивна дестинација за инвестиции. Тоа е точна оценка. Странските инвеститори кои сакаат да инвестираат во некоја од земјите од нашиот регион и да продаваат тука, размислуваат своите активности да ги насочат регионално, а не само во една земја од Западниот Балкан. Документот на Европската комисија испраќа уште една важна порака до економиите од Западниот Балкан. Тие мора, како регион, да развијат отпорност во однос на странски економски влијанија, при што тука се мисли на влијанија кои не доаѓаат од ЕУ. Конкретно, посочена е Кина за која се вели дека, иако инвестира во странски земји, таа не води многу сметка за можните последици за земјите во поглед на одржливоста на проектите (финансиска, економска, социјална) и не води сметка за правилата на ЕУ за јавни набавки. Европската комисија посочува дека тоа носи ризик за земјите во кои Кина остварува економско влијание, а тој ризик е земјите да не можат да ги вратат кредитите што ги зеле за финансирање на проектите и за возврат да мора да пренесат на Кина сопственост на стратешки важни домашни ресурси. Ова не е став без основа, бидејќи има такви случаи какви што наведува документот на Европската комисија. Пораката до земјите од нашиот регион е да се придржуваат до одредбите на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Кога веќе смета дека не е упатно земјите од Западниот Балкан да подлегнуваат на економски влијанија надвор од ЕУ, Европската комисија знае дека е потребно да обезбеди финансиски средства за помош на нашиот регион. Предложено е финансискиот инструмент IPA III со износ од 14,8 милијарди евра да биде вграден во следната финансиска рамка за периодот 2021 – 2027 година. Помошта ќе биде во линија со новата Стратегија за Западен Балкан и клучните приоритети поврзани со она што се бара за членство во ЕУ. Кои се главните слабости на економиите од Западниот Балкан нотирани од Европската комисија во Политиката за проширување на ЕУ 2019 година? Најсеопфатна е перцепцијата дека треба да се реформира структурата на економиите, а таа реформа не се одвива со посакуваното темпо. Потоа, пазарот на работна сила има значителни слабости. Постои големо несовпаѓање помеѓу вештините што се нудат и вештините што се бараат на овој пазар , а тоа е придружено со висока невработеност на младите лица. Европската комисија упатува и на неповолното влијание на „сивата“ економија. Што се однесува до економскиот амбиент, тој е оценет како не многу пријателски, придружен од ниско ниво на иновации. Во основа, ова се слабости кои ги знаеме за македонската економија, а очигледно се распространети ширум нашиот регион. Проблемот е што тие постојат подолг временски период, што очигледно упатува на потребата од систематизиран пристап за нивно надминување. Во секој случај, Европската комисија ни испраќа порака дека регионот е нашата иднина, барем за еден предвидлив иден временски период. Носителите на економските политики треба да размислат кој би бил прагматичниот пристап во вакви околности за да се извлече максимум полза за македонската економија и за граѓаните.
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР
ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА д-р Елена Милевска Штрбевска Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања
Ако зборуваме за подобрување на бизнис климата во државата како предуслов за зголемување на економскиот раст, не може, а да се не се споменат прашањата поврзани со правосудниот систем, посебно од аспект на нивната ажурност и во делот на поголемите дискрециони овластувања во одредени случаи. Стопанската комора на Македонија секогаш ги почитува и верува во институциите на системот, а прашањата кои се покажале како проблематични за компаниите - членки, се обидува да ги решава на институционален начин, онака како што доликува на една долгогодишна и успешна „куќа на бизнисот“. Состојбите во областа на правосудството, иако навидум не толку знач a јни за компаниите, сепак имаат големо влијание врз нивната ликвидност и секојдневно нормално функционирање. Доказ за тоа се секако и многубројните извештаи на домашни и меѓународни институции и експерти за оценка на состојбите и за напредокот на државата, во кои оценката на состојбите во правосудството и констатациите за негово подобрување се неизоставен дел. Така , согласно последниот Извештај на Европската комисија за земјава, судскиот систем се оценува како умерено подготвен, при што позитивно се оценуваат напорите на властите за усогласување на правилата со кои се регулира судскиот систем со меѓународните стандарди и практики. Во Извештајот, експлицитно е наведено и едно суштинско прашање, а тоа е дека покрај измените во легислативата, неопходно е и во практиката на работа на судовите, преку дополнителни напори, да се работи на враќање на довербата на јавноста во судството. Во спроведените анкети во изминатите години во Комората, како слабости на судскиот систем, кои најчесто се посочуваат од страна на компаниите се долгото траење на судските постапки (без оглед дали станува збор за редовна парнична постапка, постапка во стопански спорови, или постапка во споровите од работните односи), при што просекот се движи околу 3 (три) години, но голем број од компаниите имаат спорови кои траат 7-8 години само во спроведувањето na првостепената постапка, или спорови кои траат речиси 10 години. И покрај ваквите искуства на компаниите, практиката покажува дека само мал број од нив се одлучуваат да поднесат барање за заштита на правото на судење во разумен рок до Врховниот суд на Република Македонија, а уште помалку да поднесат претставки и поплаки за работата на судовите и судиите до Судскиот совет на Република Северна Македонија. Сето ова најчесто е резултат на непочитување на законските
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
25
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР одредби за роковите за преземање на определени дејствија во постапката или неажурност на судските службеници, проблемите со доставата, но во одредени случаи и поради невоедначената судска пракса, предолгото траење на постапката по жалба и слично. Дополнително, во практиката долги години претставува проблем постапувањето на претседателите на основните судови, применувајќи го членот 218 , став 2 од Законот за извршување , согласно кој, во ситуации кога треба да се спроведе извршување врз предмети и права на Република Северна Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија, претседателот на судот на чие подрачје се спроведува извршното дејство определува кои предмети и права се неопходни за вршење на дејноста и задачите на должникот. Притоа, во праксата, постојат голем број случаи каде како такви се определени, ни повеќе ни помалку - сите подвижни предмети и сите парични средства кои се наоѓаат на сметка во банка и со тоа целосно се оневозможува спроведувањето на присилно извршување кон овие субјекти иако имаат правосилна и извршна пресуда за постоечки долг за кој не само што не го наплатиле навреме, туку и повеле и ја завршиле успешно судската постапката за негова наплата, но на крајот повторно се оневозможени да ја реализираат, односно извршат донесената пресуда. Одредбата од членот 211 (сега член 218) ја доведува до прашање еднаквоста на субјектите во правниот промет, што во крајна линија, го попречува нормалното функционирање на правниот поредок. Токму ова прашање, години наназад преку Иницијатива на Стопанската комора на Македонија, беше посочено како проблематично, со конкретен предлог за негово надминување. Но, законските одредби се` уште се исти, непроменети и понатаму останува нерешен наведениот проблем. Ефикасното функционирање на системот на заштита на правата има големи импликации врз работењето на деловните субјекти. Неможноста во судска постапка да се оствари заштита на правата кои се оспорени, повредени или на друг начин загрозени, или неможноста тоа да биде остварено во што пократок рок и со што помали трошоци, директно влијае врз ликвидноста на деловните субјекти, а со тоа и на резултатите на нивното работење. Иако компаниите забележуваат определен напредок, сепак нивниот генерален став е дека траењето на постапките за наплата на побарувања во должничко-доверителските односи е се` уште неразумно долго. Во секој случај, за пофалба е фактот што го потврдува и Европската комисија во својот Извештај за оваа година, дека нема заостанати случаи во судовите и дека се подобрува ефикасноста во нивното постапување. Но, исто така, особено значајно е што се идентификува и потребата за холистички пристап во спроведувањето на реформата на правосудниот систем, која ќе ги вклучи сите засегнати страни, не заборавајќи ја и бизнис заедницата, во соочувањето со преостанатите предизвици на овој план. Подобрувањето на состојбите во правосудството е значајно прашање кое директно ќе влијае и врз подобрување на ликвидноста на компаниите, а со тоа и поттикнување на економскиот раст – она што е во основата на нашето постоење и залагање. Во таа насока се и нашите залагања за пократко траење на судските постапки, а уште повеќе и за користење за алтернативните начини на решавање на споровите, како што е Арбитражата, ефикасно спроведување на донесените правосилни пресуди, без какви било правни пречки, воедначена судска пракса, помалку правни празнини, а многу повеќе владеење на правото, како темелна вредност на уставниот поредок.
26
БИЗНИС ИНФО
ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
27
НОВИ ПРОПИСИ 31.05.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОГОВОРЕН ЗАЛОГ Според Известувањето на Министерството за правда, со Законот за инвестициски фондови („Службен весник на РСМ“ бр.12/09, 67/10, 24/11, 188/13, 145/15 и 23/16) воведен е нов тип на инструмент – удели на инвестициски фондов ... 03.06.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НАПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ОПШТА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Согласно Известувањето на Министерството за економија, со Предлог-законот за општа безбедност на производите се уредува општата безбедност на производите кои се пуштаат во прометот, критериумите за оценување на сообразно ... 06.06.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ТЕХНИЧКИТЕ БАРАЊА И ОЦЕНА НА СООБРАЗНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Според известувањето на Министерството за економија, со Предлог - законот за техничките барања и оцена на сообразност на производите се уредуваат начинот на пропишување на технички прописи за техничките барања што одреде ... 06.06.2019 ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА Со предложените измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестиции се врши прецизирање на одредбите за тоа кој субјект не може да стане корисник на финансиска поддршка, односно се прецизира дека корисни ...
28
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
СТОПАНСКА КОМО
Osnovan
ECONOMIC CHAM
Founded
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОРА НА МАКЕДОНИЈА
na 1922
FS 549642
MBER OF MACEDONIA
d 1922
29
БИЗНИС ИНФО
30
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Сараево, од 11-12 јуни 2019 година
Бизнис средби на „ЕНЕРГА 2019“ во Сараево, од 11-12 јуни 2019 година
Агенцијата за развој на Сараево и Enterprise Europe Network во Босна и Херцеговина организираат Бизнис средби „ЕНЕРГА 2019“, за време на 9-тиот Меѓународен саем за енергија, рударство, заштита на животната средина и сродните индустриски дејности. Бизнис средбите на „ЕНЕРГА 2019“ ќе се одржат на 11-12 јуни 2019 година во Сараево, Босна и Херцеговина и би сакале да ве поканиме да учествувате на настанот. Бизнис настанот „ЕНЕРГА 2019“, ќе обезбеди дополнителна поддршка на компаниите во изнаоѓањето меѓународни партнери на Саемот. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и интереси и да разговараат за можната соработка. Во изминатите години, изложбата и конференцијата „ЕНЕРГА 2019“, со нивните програми и структура на учесниците, беа потврдени како успешен и атрактивен бизнис настан и го зазедоа своето место меѓу најзначајните настани поврзани со енергијата во регионот. Саемот „ЕНЕРГА“ е местото каде што се среќаваат истакнати домашни и странски компании, како и сегашните трендови и различни истражувачки и производствени достигнувања во производството и дистрибуцијата на електрична енергија, фосилни горива, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, сродна индустрија (метал, машини, градежништво и инженеринг) и различни форми на деловна соработка меѓу домашните и меѓународните компании. Свесни за фактот дека иновациите и технолошкиот напредок претставуваат основа за понатамошен развој на секторот, за деветтото издание на „ЕНЕРГА 2019“, објавуваме поголемо присуство на студенти, млади експерти и нови компании кои ќе можат да ги презентираат своите бизниси преку специјално дизајнирана програма, сесии и дизајнирани идеи и проекти за Саемот. Контакт лице: Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244090, M. 070 271 731 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
31
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18 јуни 2019 година (вторник) 10:00- 15:00 часот Стопанска коморa на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА МОТИВИРАЊЕ, ОЦЕНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Стопанската комора на Македонија, на 18 јуни 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА МОТИВИРАЊЕ, ОЦЕНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА“. Целта на семинарот е преку интерактивни вежби да научите како да ги унапредите своите вештини при креирање на ефикасен систем за мотивирање, оценување и развој на вработените, се со цел да се постигнат подобри и поефикасни резултати од самите вработени, а со тоа и постигнување на целта на самата компанија, притоа не занемерувајќи го нивното задоволството за вложениот труд. Креирањето на систем за оценување и мотивирање е еден од важните механизми за развој на организацијата. Многу често организациите се базирани на постојано бркање на рокови, интензивно работење и влегување од еден проект во друг. Недостатоците и грешките се корегираат во тек на работење. Таквиот пристап прави вработените да немаат јасна претстава кои се нивните силни и слаби страни, каде грешат и каде треба да се поправат. Многу пати и менаџерите имаат сознанија за тоа што не им се допаѓа од начинот на пристап и работење на своите вработени, но немаат канал како тоа да го изразат. Таквата состојба создава недореченост и незадоволство на двете страни. Тоа директно се одразува на начинот на работење и на ефикасноста на организацијата. За кого е наменет семинарот? • Менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите; • Раководители и останати вработени од сите нивоа во човечки ресурси, правен сектор, финансии, производство, набавки и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења на дадената тематика;
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
32
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18.06.2019 година (вторник) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат
ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИЈА И НАЧЕЛА НА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на организација на водење и управување со документите, нивна распределба, чување и складирање, согласно Законот и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, како и начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување. Целна група за семинарот се директори, раководители на сектори за нормативноправни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење. Предавач: м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
33
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.06.2019 година (среда) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
НАПРЕДНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА MICROSOFT EXCEL
Многу организации и поединци во својата секојдневна работа го користат Excel, но повеќето корисници не употребуваат дури 95% од неговите функции со што губат од својата ефикасност, односно не го користат времето кое им е на располагање на вистински начин. Excel претставува моќна алатка во аналитичките процеси чии резултати можат да се употребат за донесување на многу значајни деловни одлуки од каде и произлегува потребата за подлабоко запознавање со оваа програма за табеларно пресметување. Овој семинар има за цел учесниците да стекнат понапредни вештини и знаења во Excel – да се запознаат со користењето на многубројните напредни опции кои ги нуди оваа програма, а потоа и стекнатите знаење да ги применат на своето работно место. Резултатот ќе бидат извештаи, табели и графикони кои резултатите од работата ќе ги прикажат на еден модерен и разбирлив начин. Семинарот е наменет за претприемачи, искусни менаџери и раководители на тимови со цел да ги комплетираат и осовременат своите вештини, за лица кои се занимаваат со напредна калкулација на трошоци и обработка на податоци, за сите оние кои сакаат да ги унапредат своите аналитички способности во насока на донесување правилни одлуки или едноставно кажано семинарот е наменет за секој кој веќе имал прилика да се запознае со основите на користењето на Excel, а има желба или потреба стекнатите знаења да ги подигне на едно повисоко ниво. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер, со посебен акцент на основното користење на програмата Excel. НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
34
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19 јуни 2019 година (среда) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ПРАВЕН ТРЕТМАН НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ВО СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКА - ДОВЕРИТЕЛИ СО ПАРИЧНИ ПОБАРУВАЊА, ИЗЛАЧНИ И РАЗЛАЧНИ ДОВЕРИТЕЛИ
Стопанската комора на Македонија, на 19 јуни 2019 година организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата поврзани со прваниот третман на доверителите во стечајната постапка (доверителите со парични побарувања, излачните и разлачните доверители). Предмет на анализа ќе бидат одредбите од Законот за стечај („Сл.весник на РМ” број 34/2006, 126/2006, 84/2007, 47/11, 79/13,164/13, 29/14,98/15,192/15) кои се однесуваат на правата и обврските на доверителите во стечајната постака и нивна имплементација во судската пракса. На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови и проблеми во врска со практичната имплементација на одредбите на Законот за стечај и другите посебни закони (Закон за нотаријат , Закон за извршување) поврзани со остварување на правата на доверителите по отварањето на стечајната постапка на стечајниот должник
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
35
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
19.06.2019 - 20.06.2019 Коаџели, Турција
Co-Matching билатерални средби, 19 и 20 јуни 2019 година во Коаџели, Турција
На 19 и 20 јуни 2019 година во Коаџели, Турција, се организираат Co-Matching билатерални средби, во организација на Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО), Doğu Marmara ABİGEM и Трговско индустриска комора на Коџаели со Европска претприемачка мрежа. Компаниите на Б2Б деловните средби ќе можат да ги презентираат производите, проектите и услугите на водечките индустриски компании, да развиваат деловни мрежи, да воспостават нови трговски и технолошки соработки и да остварат проектни партнерства. Брошурата за настанот Ви ја проследуваме во прилог. Во рамките на настанот, турските компании можат да ги угостат преставниците на компаниите од странство и во нивните фирми. На првиот ден од настанот ќе се остварат посети на водечките компании од регионот и на странските учесници ќе им се овозможи на лице место и од првата рака да се запознаат со деловната клима во индустријските зони на Коџаели. На вториот ден од настанот турските и странските компании ќе имаат пожност да остварат билатерални средби во Стопанска комора на Коџаели. За бесплатно учество на билатералните средби можете да се регистрирате на https://co-matching2019.b2match.io во делот “Register”. За да ја погледнете листата на учесници на домашни и странски компании на истиот линк во делот “Participants”.
Ивана Крстевска Телефон: ++ 389 2 3244051 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Ivana@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Ирена Мојсовска Телефон: ++ 389 2 3244009 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: irena.mojsovska@mchamber. mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
36
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.06.2019 Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат
KAIZEN – ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ
Стопанската комора на Македонија, на 21 јуни 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „KAIZEN – ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ“. Целта на семинарот е пред се` запознавање на учесниците со концептот на KAIZEN работната филозофија. Етимолошки, овој збор доаѓа од два јапонски поими и тоа KAI што во превод значи промена и ZEN што значи добра. Буквален превод би било одржување на состојбата на добро работење, низ континуирана “промена на подобро”, а во пракса тоа би значело константно унапредување, што всушност преставува и најкратката дефиниција за основниот принцип на KAIZEN. Некои од практичните аспекти од примена на KAIZEN се: според концептот на KAIZEN одржување на постојана/непроменлива состојба на организацијата воопшто не е добра, бидејќи се` во светот брзо се менува, па оттука секоја организација која сака да опстои, треба да ги следи светските трендови и потреби од постојани промени, се` со цел одржување и напредок на организација, а тоа се постигнува со автоматско менување на сите системи кои не функционираат во организацијата, вклучување на вработените во стратешкото креирање и промени во организацијата, изнаоѓање економични извори во тековното работење како и имплементирање на нови стандарди и технологии. Еден од клучни поими врзан за KAIZEN e GEMBA што во слободен превод значи “на лице место”, а тоа би значело увид на самото место каде што настанал проблемот (магацин, производството или слично), а не решавање на проблемот од канцеларија. Семинарот е наменет за топ менаџери, директори и раководители од сите нивоа во организацијата и тоа од секторите човечки ресури, производство, логистика, финасии, сите структури на вработени кои се вклучени во оптимизација на процесите и стандардите за квалитет, анализа и планирање и останатите системи за управување во самата организација.
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
37
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.06.2019 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРАВА И ОБВРСКИ НА РАБОТНИКОТ И РАБОТОДАВАЧОТ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ОСНОВИ ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Стопанската комора на Македонија, на 21 јуни 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: Права и обврски на работникот и работодавачот од работен однос, основи за отказ на договорот за вработување, суспензија на вработениот до конечна одлука за отказ на договорот за вработување, задолжителност /незадолжителност на водење на дисциплинска постапка пред отказот на договорот за вработување, улогата на инспекторатот за труд во случаи на отказ на договорот за вработување. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: - м-р Бојана Велковска, Претседател на одделот за работни спорови во Основен суд Скопје II-Скопје и - Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд.
Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
38
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24.06.2019 година 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ВО ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА И ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
Овој семинар пред се, има за цел да ги појасни и доближи пропишаните законски измени во Законот за регистрирање на готовинските плаќања, Службен весник на РСМ, бр. 98 од 2019 година кој влегува во сила на 29 Мај 2019 година и Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Службен весник на РСМ, бр. 120 од 2018 година, а согласно член 182 став 2 кој влегува на сила од 1 Јуни 2019 година. На еднодневниот семинар, учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за пропишаните законски измени кои имаат за цел појаснување на одредбите на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, во делот на издавањето фискална сметка, временско ограничување на издавањето на сторно сметка кај угостителите, кај вршителите на промет на храна и пијалоци и обложувалниците како и описот на плаќањето- со платежна картичка или во готово. Учесниците ќе добијат и подлабоко разбирање за начинот и контролата од страна на УЈП во делот на двата Закони. Предавач: Мери Каровска, Дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издаден од ИСОС. Предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството. Со искуство и како надворешен соработник и предавач во центрите за едукација Achieve Global потоа Link Across и Американ Колеџ, Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија, Информиран Корисник.
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
39
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25 јуни 2019 година 10:00 -16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
НОВИНИ ВО ПРЕКРШОЧНАТА ПОСТАПКА НИЗ ПРИЗМА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ
Имајќи предвид дека на 17 мај 2019 година стапи на сила новиот Закон за прекршоците (Сл.весник на РСМ бр.96/19), Стопанската комора на Македонија, на 25 јуни 2019 година организира еднодневен семинар на тема: „Новини во прекршочната постапка низ призма на новиот Закон за прекршоците (Сл.весник на РСМ бр.96/19 од 15.5.2019 година)“. Семинарот е наменет за сите приватни компании кои во текот на своето работење може да сторат прекршок од било каков вид, а особено за оние компании кои се учесници во царинските постапки (во својство на увозници / извозници / застапницишпедитери / превозници и др.). Целта на овој семинар е компаниите да се запознаат со целите, новините и очекуваните ефекти од новиот Закон за прекршоците, правата и обврските кои ги имаат сторителите на прекршок во прекршочната постапка, а пред се дејствијата кои истите треба да ги преземат во моментот на сторување на прекршок како и во натамошниот тек на постапката, а воедно да се запознаат со погодностите кои за сторителите на прекршок ги нуди новиот Закон за прекршоците споредбено со стариот закон, со крајна цел компаниите што поуспешно да ги заштитат своите права и интереси во прекршочната постапка
Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
40
БИЗНИС ИНФО
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.06.2019 - 26.06.2019 Тренинг обука
Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат
РАЗВИВАЊЕ КОМПЕТЕНЦИИ И ЗНАЕЊА ПОТРЕБНИ ЗА ВОДЕЊЕ НА СИТЕ ПРОЦЕСИ ВО СОГЛАСНОСТ СО БАРАЊАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА
Цел на обуката: • Разбирање на барањата GDPR и основните принципи на приватност; • Разбирање на улогите, обврските и одговорностите DPO – data protection officer; • Разбирање на концептот, пристапот, методите и техниките неопходни за имплементација на законската рамка за заштита на податоци. За кого е наменет семинарот? За сите работни организации, без разлика на нивната дејност и големина, за сите вработени кои обработуваат и чуваат лични податоци, како и сите останати кои се вклучени во процесите на заштита на лични податоци и информатичка безбедност, како и поединци кои сакаат да се стекнат со вештини и знаења во принципите на приватност и да изградат кариера во областа на заштита на лични податоци. ПРОГРАМА o Секција 01: General Data Protection Regulation (GDPR); o Секција 02: Core consideration for the GDPR (Основи на GDPR); o Секција 03: Roles, obligations, and processing activities (Улоги, одговорности и овластувања); o Секција 04: Data protection policy (Политика за заштита на податоци); o Секција 05: Risk assessment and Privacy Impact Assessment /PIA (Процена на ризикот и процена на приватноста на податоците) o Секција 06: Documentation management and communication plan (Управување со документацијата и план за комуникација): o Секција 07: Data protection controls and technology (Технологија и контрола на заштита на лични податоци); o Секција 08: Incident reporting and management (Управување со инциденти и извештаи); o Секција 09: Consent and subject access requests and transfer of data (Барања за прифаќање, пристап и пренос на податоци); o Секција 10: Monitoring, measurement, analysis, and evaluation (Мониторинг, мерење, анализа и евалуација од примената на GDPR); o Секција 11: Corrective actions and continual improvement (Корективна акција и постојано подобрување); o Секција 12: Competency, evaluation and closing the training (Компетенции, евалуација и затварање на обуката)..
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
БИЗНИС ИНФО
41
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.06.2019 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПЕРСОНАЛНА АСИСТЕНЦИЈА – ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМПАНИСКАТА ЕФИКАСНОСТ
Во модерното деловно опкружување, улогата на деловните асистенти е се поголема. Како расте комплексноста на активностите на една компанија, тие преземаат се повеќе и поголеми одговорности. На семинарот ќе се обработат сегментите како зголемување на самодовербата, техники за ефективна деловна комуникација и услуга кај извршните асистенти, методи кои ќе помогнат како да се завршат повеќе работи за пократко време, техники за зајакнување на комуникациските вештини кај деловните асистенти и што е најважно - станување незаменлив деловен асистент. Програмата на семинарот ќе придонесе во унапредувањето на вештините на овие клучни човечки ресурси, ќе се идентификуваат клучните области во кои треба да се работи на едукација за унапредување на потребните вештини и клучни карактеристики кои треба да ги поседува еден “современ” деловен асистент во услови на динамичниот развој на компаниите. Семинарот ќе ви помогне: - Да научите да завршите повеќе активности за пократко време; - Да научите да ја контролирате Вашата работа и да не дозволите таа Вас да Ве контролира; - Да ја потенцирате важноста на деловниот асистент и неговото место во компанијата; - Да станете незаменлив деловен асистент; - Да научите да ги унапредете Вашите деловни вештини кои се неопходни за успех и напредок во кариерата; - Да се стекнете со практични решенија за ефикасно управување со времето и приоритетите; - Да размените искуства со други деловни административни професионалци; - Да се стекнете со ефективна деловна комуникација која е 100% употреблива во пракса.
Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
42
БИЗНИС ИНФО
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи и огради Потекло на понудата: Грција Валидност на понудата: 07.08.2019 TSIRONIS WOODEN TOYS & LOGISTICS Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 ДОО КТ Украина 1999
Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.
Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 Арјес Украина ДДО 2013 Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019
Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk
T
O
15
БИЗНИС ИНФО
IS
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
9001:20
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
43
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS
O
Петок, 7 јуни 2019, Бр. 398
T
15
44
9001:20
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
97 godini 1
922 - 2019
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088