Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
Број 363 345
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
1
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018 07.09.2018
Трибина со учество на претседателот Азески и премиерот Заев во Стопанската комора на Македонија
ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕКУ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ, ИНФРАСТРУКТУРАТА И ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН - ПОРАКА ОД ЗАЕДНИЧКАТА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА И НА КОСОВО, АЗЕСКИ И РУКИЧИ Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, заедно со претставници од бизнисот во земјата, реализираше работна средба со претседателот на Стопанската комора на Косово, Берат Рукичи, на која претходеше и заедничка посета со делегацијата од Косово на последната делница што е изградена од автопатот кој се гради кон Македонија, во близина на Урошевац (Феризаи).
-Средбата се реализираше директно на градилиштето каде е завршена уште една делница од автопатот кон Македонија со цел на таков начин бизнис секторот да ја изрази поддршката на инвестиционите активности во инфраструктурата кои се всушност и основата за развој на секоја земја која има за цел економски раст, потенцираше претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. -Бизнис секторот, посочи Азески, конечно лоцираше дека основата на развојот на земјите од Западен Балкан е регионалниот развој како што впрочем се развиваат и регионите во Европа кои се дел од Европската унија. Триесет години одевме во погрешна насока, создавајќи, творејќи, но бизнисот препознава кои се основните предуслови за раст. Не е логично да имаме мала регионална соработка, а многу голема со земји кои се илјадници километри далеку од нас.
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
Креирањето бизнис клима во регионот на Западен Балкан е единствено можно доколку континуирано се реализираат средби меѓу бизнис секторот, инсистирајќи на поддршка за раст на извозот, индустријата и вложување во инфраструктурата. Претседателите Азески и Рукичи заеднички апелираа - владите на земјите од регионот да се сконцентрираат повеќе на унапредување на економските политики преку поддршка на инвестициите, извозот и инфраструктурата. Невозможно е да се креира раст со 70 % учество на услугите во БДП, без инфраструктурни проекти и работа на мали ограничени пазари. Претседателот Азески пред присутните медиуми го потенцираше задоволството што држава која постои само 10 години речиси целосно ја има заокружено инфраструктурата што по дефиниција е еден од клучните предуслови за економски развој на една држава. На македонска страна трасата на автопатот кон Косово која почнува од Обиколницата на Скопје и се движи кон границата со Косово кај Блаце е со вкупна должина од 13 километри, чија проценета вредност изнесува 63 милиони евра и претставува дел од главната рута од Скопје до Приштина. Веќе се започнати подготвителните работи за проектирање и реализација на нашиот дел од автопатот, за што се веќе обезбедени 1,3 милиони евра за проектирање и студија на теренот. Според планираното, изградбата на автопатот Скопје - Блаце треба да започне во втората половина на 2019 година и да заврши до крајот на 2022 година. Проектот за автопатско поврзување со Косово се актуелизираше во последните години, откако претходно, повеќе од една деценија беше ставен во мирување. Со изградбата на автопатот, патувањето од Скопје до Приштина ќе се намали од над два часа, на помалку од еден час. За потребата од подобрување на квалитетот на овој патен правец, покрај податоците за перманентното зголемување на остварениот обем на стоковна размена, зборува и податокот дека во 2017 година на граничниот премин
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Блаце поминале 2,7 милиони возила во двата правца, а не треба да се занемарат и бројките од 30-те милиони евра проценети трошоци на косовските државјани што на годишно ниво ги трошат во Македонија за здравствени услуги. Согласно поставените рокови, но и важноста на ова сообраќајно решение, а имајќи го предвид фактот дека од косовска страна целосно автопатот ќе биде завршен до крајот на оваа година, претседателот Азески вети дека пред Владата на Р. Македонија ќе се залага за скратување на роковите за реализација на дел од патот на македонска страна. Претседателот на Стопанската комора на Косово, Берат Рукичи, потенцираше дека за развој на Косово, но и на регионот како целина, потребни се заеднички активности за регионален развој, за што можности нуди Коморскиот инвестициски форум каде двете комори се активни учесници. Косово е еден од позначајните економски и трговски партнери на Македонија, коешто во вкупната вредност на остварената стоковна размена со странство во првото полугодие од 2018 година е на 14. место и учествува со 1,8%, а 18,8% во остварената вредност на стоковна размена со земјите од Западен Балкан. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Косово за првата половина од 2018 година изнесува 137 милиони САД$ и во однос на истиот период лани бележи раст од 17,75%. Извозот во Косово изнесува 118,3 милиони САД$, кој бележи зголемување од 19,25%, додека увозот изнесува 18,73 милиони САД$, и исто така бележи зголемување од 9,2% во споредба со 6-те месеци од претходната година, при што во трговската размена остварен е суфицит на македонска страна од 99,57 милиони САД$ кој бележи зголемување од 21,35% во споредба со првото полугодие од 2017 година. Ова е прва официјална средба меѓу претседателите на двете комори, по изборот на Берат Рукичи за претседател на Стопанската комора на Косово во јуни оваа година. Исклучително добрата заедничка соработка ќе продолжи и во иднина, со цел решавање и надминување на сите отворени прашања кои се јавуваат во меѓусебната економска размена., како и надминување на евентуалните бариери. На средбата со двајцата претседатели на коморите присуствуваа и компании од областа на земјоделството, хемиската и металната индустрија. Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
6
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
ТРИБИНА
ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕКУ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО Во рамките на серијата активности кои се преземаат за остварување на стратешките определби и цели, а со цел да биде перманентно во служба на бизнисот, придонесувајќи во остварувањето побрз раст и развој на економијата преку зголемување на инвестиционите активности, поврзување и проширување на соработката на внатрешен и на меѓународен план со партнери од потесното и поширокото опкружување, Стопанската комора на Македонија организираше Трибина на тема: „ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕКУ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО“, на која пред голем број стопанственици, дебатираа претседателот на Комората, Бранко Азески, и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
Преку симболиката на моќноста на моторот кој премиерот Заев често го користи, претседателот Азески побара коментар од премиерот со каква брзина треба да се движи македонската економија на патот кон ЕУ и НАТО интеграциите. Според Заев, Македонија треба да се движи со голема брзина доколку има за цел да „фати чекор“ со развиените земјите. Акцентирајќи го значењето на членството на Македонија во ЕУ и во НАТО, претседателот Азески се осврна на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија. Премиерот Заев истакна дека е од големо значење што со Бугарија како наш сосед, со Договорот се воспоставени пријателски односи и се отвора можност за зголемување на економската соработка помеѓу двете земји која сега изнесува само 300 милиони евра. Во таа насока беше посочено дека
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
7
ТРИБИНА инфраструктурата меѓу двете земји е ставена како приоритетно прашање. Договорот со Бугарија, потпишан во август 2017 година, е вовед во решавањето и на неколку деценискиот политички спор со Грција.
Една година подоцна се воспоставени релациите и со јужниот сосед, со кој на економски план, Македонија со години наназад има добра трговска соработка. Одредбите од Договорот со Грција најавуваат интензивирање на економската соработка на сите полиња, поттикнување на заемните инвестиции, поактивно вклучување на коморите во поттикнување и воспоставување бизнис релации меѓу двете држави, како и дефинирање на правото на користење на морето, бидејќи Македонија нема излез на море. На Трибината беше акцентиран и фактот дека, тоа што Македонија се` уште не е членка на НАТО-алијансата е пречка домашните компании самостојно да учествуваат
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
ТРИБИНА во јавните набавки на НАТО во сите сектори, имајќи предвид дека НАТО-базата има околу 16 милиони добавувачи, а нивните производи има можност да се најдат меѓу 32 милиони производи со кои се снабдува Северноатлантската алијанса.
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
9
ТРИБИНА Дебатирајќи за клучните прашања кои го отвораат патот на Македонија во евроатлантските интеграции со претседателот на Комората, Бранко Азески, премиерот Заев информираше дека во најава се позитивни статистички показатели за растот на БДП за второто тримесечје од 2018 година, позначителен раст на индустриското производство и на извозот и раст на приливите по основ на даноците во буџетската каса. Ваквата позитивна слика, според Заев, е очекувана согласно политиката на Владата за приближување на земјата кон ЕУ и НАТО. Сепак, она на што треба да се посвети особено внимание во следниот период е решавање на проблемот со недостиг на соодветен стручен кадар за потребите на стопанството, како едно од клучните прашања за развој на компаниите. Според претседателот Азески тоа е основната причина зошто Стопанската комора на Македонија ја отвора дилемата дали во услови на недостиг на стручен кадар во следниот период не треба да се забави активноста за привлекување странски инвестиции. Во оваа насока, премиерот Заев информираше дека и покрај постојниот 21% на невработени лица, проблемите со образовани кадри се се` поголеми, поради што за адаптација на дел од нив за потребите на стопанството, првенствено ќе се реализираат обуки и практично оспособување во компаниите. Паралелно се работи и на процесот за воведување дуален систем на образование, кој дава позитивни резултати во земјите каде се применува (Германија, Австрија, Швајцарија), очекувајќи дека процесот ќе биде поддржан од бизнис секторот. Во име на сите присутни на Трибината организирана во Стопанската комора на Македонија беше пратена порака дека бизнис секторот се надева на позитивни процеси кои ќе овозможат отворање на нови пазари за македонското стопанство и поволна деловна клима. Љупка И. Самарџиска
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ СОРАБОТКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕС СВЕТСКИ СТАВ КОНФЕРЕНЦИЈА ПИКНИК
СКЛУЧЕН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на 5 септември 2018 година, реализираше работна посета на Општина Крива Паланка. Цел на посетата беше склучувањето на Меморандумот за соработка помеѓу двете страни, со кој се предвидува интензивирање на соработката помеѓу Комората и Општината во поглед на заедничко третирање на определени прашања на локално и регионално ниво, преку вклучување на бизнис заедницата во активностите на локалната самоуправа, со посебен акцент на прашањата од областа на локалниот економски развој и образованието. Во современиот свет, конкурентноста на економиите се базира на знаења и вештини кои се стекнуваат низ процесот на квалитетно образование. Еден од проблемите
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
11
РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА СОРАБОТКА СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС кои ги идентификувавме, а кои беа потенцирани и од стопанствениците е проблемот со недостиг на квалификувана работна сила и нејзино бавно адаптирање на работните задачи и процеси. Затоа денеска имаме за цел да дадеме поттик на Општината, во соработка со бизнисите, континуирано да го подобрува образовниот процес, а ние преку поддршка од неколку проекти кои ги реализираме во моментот сакаме да останеме партнери во тој процес, нагласи претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Со потпишаниот меморандум се зголемува можноста за заедничко делување по однос на прашањата кои нашите институции ги засегаат и верувам дека на тој начин придонесот ќе биде поголем и позначаен за локалната економија, посочи Борјанчо Мицевски, градоначалник на Општина Крива Паланка. Градоначалникот потенцираше дека на соработката и престојат многу заеднички проекти и верува дека најавата за отворање на Регионална канцеларија на Стопанската комора на Македонија со седиште во Крива Паланка ќе служи како линк на стопанствениците од кривопаланечкиот регион, што ќе им обезбеди побрз и поефикасен пристап до услугите на Комората од една страна, но и можност за активно вклучување во активностите кои се од значење за регионот. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Никола Димитров кој ја поздрави соработката и истакна дека реализирањето на стратешките определби за влез во ЕУ и НАТО ќе отвори нови перспективи во регионот, како дел од големата европска фамилија и евро-атланската алијанса дополнително ќе ја зајакне нашата економија и ќе се добие пристап до многу фондови кои ќе бидат од помош за граѓаните и бизнис заедницата. Во рамки на средбата беше констатирана и потребата од што побрзо осовременување на патната инфраструктура и значењето што Пан-Европскиот Коридор 8, го има врз идниот економски развој на Крива Паланка кој ги поврзува Скопје и Софија. Беа потенцирани и заедничките напори кои Комората и Општината ќе ги вложат за побрза реализација на овој клучен инфраструктурен проект. Пред присутните свое обраќање имаше и Курт Вутрих, тим лидер на Проектот „Образование за вработување во Македонија“, кој е поддржан од Швајцарија и којшто во наредниот десетгодишен период има за цел да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини во земјава. Тој посочи дека во рамки на проектот ќе се овозможи поактивно вклучување на компаниите во интеракција со здруженијата и регионалните комори во рамките на Стопанската комора на Македонија, преку предлагање на активности кои ќе бидат од корист за подобрување на квалитетот на стручното образование. Михајло Донев
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА ОРУЖЈЕ, ОПАСНИ И ЕКСПЛОЗИВНИ МАТЕРИИ, ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА И ОПРЕМА ЗА ВОЕНА И ЦИВИЛНА НАМЕНА Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена при Стопанската комора на Македонија, на седницата на Управниот одбор, одржана на 05.09.2018 година дискутираше за тековните состојби од областа на оружјето и идните насоки за дејствување на Групацијата.
На состанокот се дискутираше за динамиката на издавање на одобренијата за набавка на оружјето, при што беше оценето дека бројот на издадени одобренија за набавка на оружје континуирано се намалува во изминатиот период, за што е потребно да се утврдат причините за ваквите состојби, во која насока ќе се одвиваат и активностите на Групацијата во следниот период, но и дека е потребно надлежните органи – Министерството за внатрешни работи на РМ да ги преиспита причините поради кои се одбиваат голем дел од поднесените барања. Членовите на Групацијата истакнаа и дека во моментот се соочуваат со
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
потешкотии при реализацијата на постапките за доделување на договорите за јавни набавки за потребите на надлежните органи, од причина што постапките честопати се одолговлекуваат и бавно се спроведува нивната реализација, поради што во следниот е потребно во соработка со ресорните министерства да се отстранат одредени недоследности во постапките за да се овозможи непречено учество на фирмите и реализација на тендерите. Дискутирајќи за актуелните прашања, Групацијата се осврна и на преспективите за компаниите од оваа дејност преку членството во НАТО и ЕУ. Во таа насока се дискутираше дека членството може да донесе придобивки за македонските компании за што во соработка со институциите во следниот период е потребно да се разгледаат и презентираат можностите за настап и учество во тендерите за јавни набавки на меѓународниот пазар, како и проширување на деловната соработка со компаниите од земјите – членки на овие меѓународни организации. М-р Нена Николовска
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ НА РАБОТНА СИЛА ВО ПОВЕЌЕТО СТОПАНСКИ ГРАНКИ ВО РЕГИОНОТ ТЕМА НА СЕДНИЦАТА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП
Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, на состанокот во проширен состав на којшто присуствуваше и градоначалникот на Општината, д-р Илија Јованоски, дискутираше за актуелните состојби во стопанството на регионално ниво, со посебен осврт на проблемот со недостиг на работна сила во повеќето стопански гранки. На состанокот беа присутни и претставници од компаниите од секторите за човечки ресурси кои континуирано прават подлабински анализи за причините и последиците од проблемот со недостиг на работна сила. Согласно информациите, беше посочено дека проблемот со квалификуван кадар и воопшто работна сила не е само проблем во Македонија, туку и во регионот генерално, а причината не е само иселувањето во земјите на Западна Европа, туку и големиот број слободни работни места што се нудат во земјите-членки на ЕУ, како Полска, Чешка, Словачка.
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
15
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Во дискусијата којашто се разви меѓу присутните заеднички беше констатирано дека освен надворешните фактори постојат и неколку внатрешни кои го усложнуваат и така големиот проблем со недостиг на стручен и квалификуван кадар за потребите на стопанството. Беше даден и предлог за интензивирање на соработката на компаниите со средните стручни училишта, преку стипендирање на ученици, платена работна пракса во компаниите и сл. Како позитивен пример беше посочена активноста на „Тутунскиот комбинат“, кој заедно со „Филип Морис“ инвестираат 80.000 САД долари во реновирање на 4 училници во Средното индустриско училиште во Прилеп, со цел да се обезбедат подобри услови и учениците да имаат мотив за едукација, а својата иднина и опстанок би ги гледале во општината. Дискусијата на бизнис секторот беше поддржана и од градоначалникот на Општина Прилеп, кој посочи дека согласно вака поставената дискусија ќе бидат изградени конкретни предлози и иницијативи. На крајот на седницата, членките на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп го избраа Симон Наумоски, претседател на Бордот на директори на „Витаминка“ за почесен претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп, согласно неговото активно ангажирање на регионално ниво, кој ја раководеше Комората во Прилеп во изминатиот период. Горан Попоски
БИЗНИС ИНФО
16
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
ПОКРОВИТЕЛИ
ВИНАТА НА „ТИКВЕШ“ СО ШЕСТ МЕДАЛИ НА НАТПРЕВАР ВО КИНА Вина на „Тиквеш“ на натпревар на вина и жестоки пијалаци во Хонг Конг, Кина освои шест медали. Генералниот директор на ВВ „Тиквеш“ Радош Вукиќевиќ смета дека освоените награди значајно ќе ги зголемат шансите за соодветно позиционирање на „Тиквеш“ како производител на квалитетни вина кои потекнуват од Европа, што е особено важно за потрошувачите на кинескиот пазар. - До неодамна Кина не се вбројуваше во традиционалните светски вински пазари, но сведоци сме дека ситуацијата се менува рапидно. Прогнозите се дека во 2020-та година увозот на вина на кинескиот пазар ќе достигне вредност од 22 милијарди долари, со што Кина ќе ги надмине водечките вински пазари, како Франција и Велика Британија. „Тиквеш“ веќе неколку години сериозно ги следи и анализра ваквите пазарни трендови и презема конкретни чекори за зголемување на пласманот на нашите вина на овој огромен пазар, вели Вукиќевиќ. Од ВВ „Тиквеш“ соопштуваат дека наградени се црвеното вино „Вранец Special Selection 2016“ со освоен двоен златен медал, „Т’га за југ 2016“, „Барово 2015“ и „Alexandria Cuvée 2016“ со златни медали. „Chardonnay Domaine Lepovo 2016“ со сребрен медал и белото вино „Alexandria Cuvée 2017“ со бронзен медал. Наградите се добиени во конкуренција на над 5000 светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од страна на претставници на 100 најголеми увозници на вино, ресторани, хотели, специјализирани продавници и трговски ланци во Кина, кои годишно увезуваат над 90 милиони шишиња вино.
15
T
O
IS
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
9001:20
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
17
18
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
19
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11.9.2018 година (вторник) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ
Овој семинар ги обединува маркетингот и човечките ресурси во нов напреден концепт на холистички маркетинг од кој неодврзлив дел е таканаречениот интерен маркетинг. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на маркетинг комуникации, социјални мрежи, односи со јавноста, организација и човечки ресурси. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за ургентноста од практикувањето на интерниот маркетинг насочен кон вработените, за потребата од негово усогласување со екстерниот маркетинг, за моделите и функционалноста, како и планот (темплејт) за примена на стратегијата за интерен маркетинг. Особено е важна оваа дисциплина во компаниите од областа на ИКТиндустријата и останатите динамични индустрии. Предавач: -Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односите со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност. Последен рок за пријавување: 7.9.2018 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 14 септември 2018 година (петок) 9:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ
Изработката на добар бизнис план е од особено значење за една компанија, особено ако се земе во предвид дека истиот го објаснува концептот на бизнисот, ги сумира неговите цели, ги идентификува ресурсите кои ќе му бидат потребни на бизнисот, дава опис како ќе се добијат тие ресурси и објаснува како бизнисот ќе ги оствари тие цели. Бизнис планот не е еднаш за секогаш поставен, истиот потребно е да се ажурира во текот на постоењето на компанијата и да ги следи промените во делокругот на работењето. На долг рок потребна е стратешка насоченост за остварување на Вашата визија! Пократкорочно пак, потребно е тактичко размислување за тоа како да се насочи бизнисот во правец на остварување на целите и мисијата. Токму тоа е задачата на бизнис планот - преку детална анализа на моменталните поставености во интерното и екстерното окружување и издржани проекции на идните пазарни трендови и насоки, истиот да се насочи правилно. Предавач: - Александар Илиќ, магистар на економски науки при Универзитетот во Белград, извршен директор на консултантската компанија „Certus consaltung“ од Р.Србија со повеќе од 10-годишно работно искуство во приватниот и во јавниот сектор, консултант во областа на инвестиционо-финансиски и менаџмент услуги. Во своето професионално искуство ја вбројува и специјализацијата на тема „Pricing Optimization Strategy“ (Стратегија на ценовна оптимизација) при Универзитетот Вирџинија во САД. Последен рок за пријавување за семинарот: 10 септември 2018 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
22
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 14.9.2018 година (петок) 9:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Стопанската комора на Македонија, на 14 септември 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: 5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ - ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ. Целта на семинарот е пред се` запознавање на учесниците со концептот на успешно управување со компaнијата, преку употреба на техниките „5 ЗОШТО“ и „ДИЈАГРАМОТ РИБЈА КОСКА“ и создавање навика да со примена на овие техники, се размислува не само процесно туку и систематски, со што се овозможува да се добие пошироката слика за работата. Доколку се констатира грешка, најпрвин потребно е да се разбере интеракцијата помеѓу сите причинителни кои довеле до истата, да се анализираат поединечно и да се пронајдат меѓусебните врски со што ќе се оневозможи нивно дополнително преплетување. Доколку не се користи сисематски пристап за анализа на некое случување/проблем, можеме да се добие погрешна слика и да се детектираат причинители кои не се клучни, да се потроши време и ресурси на нивно отстранување и за кратко време да се повтори истиот проблем и целата ситуација. Секундарната цел се однесува на оние кои веќе ги користат технологиите „5 ЗОШТО“ и „ISHIKAWA“ за анализа на клучни причинители, а немаат резултат од овие анализи во согласност со очекуваното, т.е и покрај примената на овие техники, клучните причинители им бегаат од фокусот и тогаш е потребно да се открие постоењето на некоја “систематска грешка“ кај нивното применување. Рок за пријавување: 7.9.2018 година. Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 20-21 септември 2018 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА
Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите. Целна група: - извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурсите (човечки, технички и останати); - директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на обукаѕа, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот за архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење на е-деловодник). Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент; - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 23 години искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје. Последен рок за пријавување: 14.9.2018 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 20 септември 2018 година (четврток) Стопанска комора на Македонија (сала 4 на 5-ти кат)
МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби. Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби од областа на металната и металопреработувачката индустрија, поконкретно во делот на: • производство на метални конструкции и делови на конструкции; • производство на садови, префабрикувани гасоводи, хидраулични агрегати и механичка обработка; • производство на метални и челични делови; • добавувачи на компоненти за земјоделски машини; • добавувачи на заварени констукции од алуминиум, повеќе компонентни конструкции и монтажа, лиење и обработка на лиени делови, обработка на делови на автоматски струг и ЦНЦ машини; • заварување и обработка на метали и др. Ве покануваме да земете учество на презентацијата на австриските компании и на деловните средби, на коишто ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби своето учество можат да го пријават најдоцна до 17 септември 2018 година, за да може да се организираат средби со соодветни партнери. Контакт: м-р Сања Николова Телефон: ++ 389 2 3244091 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија
На 26 септември 2018 година, во Нови Сад, ќе се одржи Меѓународен брокерски настан – Бизнис средби, за време на Регионалниот бизнис форум. На Регионалниот бизнис форум и на бизнис средбите ќе бидат претставени секторите: - Земјоделство и храна; - Метална преработувачка индустрија; - Туризам. Настанот ќе ја промовира деловната соработка меѓу регионите, вклучувајќи и договори за трговија и производство, заеднички вложувања и заеднички пристап на трети пазари, како и размена на технологија и „know-how“ и соработка на проекти со цел зголемување на конкурентноста и иновациите, финансирани од ЕУ и други донатори. Зошто да учествувате: Бизнис средбите обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите да најдат меѓународни партнери на Форумот. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Потоа се изготвува листа на состаноци што се одвиваат на одредено место и во точно одредено време. Секој учесник ја добива својата листа на состаноци најмалку еден ден пред настанот. Учеството на меѓународниот брокерски настан е бесплатно. Пријавете се преку линкот: http://rbf2018novisad.talkb2b.net/ Забелешка за учесниците: превозот од аеродромот во Белград до Нови Сад го обезбедуваат организаторите. Контакт лице: Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 септември 2018 година (среда) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
Стопанска комора на Македонија организира еднодневен семинар наменет за приватните компании како учесници на пазарот за јавните набавки, имајќи го предвид фактот дека во 2018 година се 100% ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ, а голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество, недоволно ги познаваат можностите и предностите што ги нуди (ЕСЈН) - регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба - „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ, анализа на ОТВОРЕНИ податоци, пребарување и слично. Предавачи: - Марија Јованоска и Горан Давидовски, експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, директно вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија. Минимален број за реализација на семинарот е 20 учесници. На семинарот ќе бидат презентирани и некои од новините кои се однесуваат на областа на е-набавките, а кои се предложени во Нацрт-законот за јавни набавки, како што се: концепт на е-пазар за набавки од мала вредност и е-каталози; објава на е-план измени/дополнувања; новиот концепт на Економски најповолна понуда; е-жалба; пристап до сите понуди на конкретен тендер и останати теми. Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.9.2018 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО
Стопанската комора на Македонија, на 28.9.2018 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за договорен залог кои го регулираат начинот, условите и постапката за засновање, постоење, реализација и престанување на договорното заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарување и други права (рачен залог) и врз недвижности (хипотека), и Законот за облигациони односи, кои предвидуваат воспоставување на заложно право, како и судски спорови кои произлегуваат од реализацијата на заложното право. На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки.
ПРЕДАВАЧ: - Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7 октомври 2018 година Стопанска комора на Австрија, Виена https://food2018. b2match.io
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ - ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ГОЛЕМО И МАЛО
Стопанската комора на Австрија, заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, организираат деловни средби меѓу австриски фирми - производители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи од целиот свет. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. Настанот ќе се одржи на 17.10.2018 година (среда), во Стопанската комора на Австрија во Виена. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди можност за компаниите увозници на прехранбени производи, храна и пијалаци од Македонија и од светот со цел да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат деловна соработка со познати компании и експерти за производство и трговија на големо и на мало со храна и пијалаци од целиот свет. На средбите ќе учествуваат најпознатите увозници и трговски фирми на прехранбени производи од регионов, како, на пример: „Atlantic Grup“, „Delhaize“ - Србија („Maxi“- супермаркети), „Delta DMD“, „METRO Cash & Carry“ - Србија, „Orbico“, „Al Grosso“ - Србија, „Balfin Group-Spar“ - Албанија, „Distribution & Development ADD“ - Албанија, „RE WE-Group-Billa“ - Хрватска и други, кои се пријавени и ќе учествуваат на овој настан. За дополнителни информации во врска со настанот, обратете се до лицата за контакт од Стопанската комора на Македонија: м-р Ивана Крстевска, телефон: 02 3244-051, е-адреса: ivana@mchamber.mk и м-р Ирена Мојсовска, телефон: 02 3244-009, е-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk.
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 - 9 ноември 2018 година, Нови Сад, Србија
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ
Од 7-9 ноември 2018 година во Нови Сад, Србија, ќе се одржи Меѓународен саем, со конференција и придружна програма за ИТ - Tелекомуникации - иновации Интернет и игри. На Саемот се очекуваат 150 меѓународни излагачи, 2000 посетители и 1000 крајни корисници. Настанот опфаќа 15 тематски конференции, работилници и деловни средби. Саемот ќе се одржи на Новосадскиот саем, а организатор е ResEnva Consulting. Подетални информации: http://see-it-summit.com/SIS18/Public/Content.aspx?ID=88&sortMenu=110002 Стопанската комора на Македонија е поддржувач на настаните. - За бизнис средбите, Ве покануваме да се регистрирате бесплатно на Европската мрежа на претпријатија и платформата Matchmaking за состаноците во текот на сите 3 дена на Самитот, од 7-9 ноември во Нови Сад, Србија. За обезбедување на поединечен или групен штанд ќе добиете посебен попуст. Пријавете се на: http://seeitsummit2018.talkb2b.net/
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032
Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034
Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
БИЗНИС ИНФО
31
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930
www.mchamber.mk
Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS
O
Петок, 07 Септември 2018, Бр. 363
T
15
32
9001:20
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2-2
018
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088