Бизнис ИНФО, број 278

Page 1

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Број 278

БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk

goodini

192

2 - 2016

07.10.2016

Стопанската комора на Македонија домаќин на Регионална конференција

ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ И ХАРМОНИЗАЦИЈА НА ЦАРИНСКИТЕ ПОСТАПКИ ВО РЕГИОНОТ ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО

СОГЛЕДУВАЊА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ПРЕКУ ДИЈАЛОГ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ДО РЕАЛНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА

Стопанската комора на Македонија преку Здружението на угостителството и туризмот и Здружението на информатичко-комуникациските технологии, во соработка со Американската стопанска комора во Македонија, подржана од ЕУ твининг проектот “Зајакнување на заштитата на правата од интелектуална сопственост”, на денешната прес конференција (26.9.2016 година), организирана во Комората, информираше за заклучни согледувања од страна на бизнис заедницата кои беа усвоени по одржувањето на Тркалезната маса на 22 септември на тема “РЕАЛНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА”. Во дискусијата на тркалезната маса беа вклучени повеќе од 40 учесници, претставници на бизнис секторот кои плаќаат високи цени за користење на авторски права, институции, правни застапници, здруженија застапници на специфични видови сродни права, како и претставници на Министерството за култура од секторот за авторското право и сродните права, меѓународни експерти и претставници на дипломатскиот кор, информираше Даниела Михајловска Василевска од Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ комора на Македонија. На тркалезната маса, претставниците на бизнис секторот ја потврдија својата одлуката дека треба да се плаќа надомест за авторското право и сродните права, во насока на негување на авторските дела, но при тоа се забележува на висината на трошоците кои ги имаат согласно оваа обврска и бараат изработка на Правилник со тарифа за користење авторски музички дела кој ќе обезбеди соодветен надомест за авторите од една страна и економски одржливи трошоци на другата страна. Во таа насока, со цел да се направи паралела и согледување, дали трошоците согласно висината и методологијата по која се утврдуваат се реални, и како е тоа дефинирано во други земји, слични по одредени карактеристики на нашата, беше организирана и тркалезна маса, на која учествуваа меѓународни експерти од Ерменија, Полска и Србија, посочи Михајловска Василевска. Согласно дискусијата, меѓународните експерти потврдија дека процесот на поставување на тарифи се соочувал, а некаде и се уште се соочува со слични или идентични проблеми. Во Ерменија, Здружението за заштита на авторски музички права е непрофитна организација и сите средства кои ќе се соберат мора и да се распределат на авторите. Системот на Колективно управување со авторските права во Ерменија е релативно нов од пред 10-тина години, но сепак го прилагодиле на вкупниот деловен амбиент на функционирање на општеството. Во Србија, постојат повеќе од 10-тина Здруженија за заштита на авторски музички права, но секој со посебни ингеренции во делот на обезбедување наплата од корисниците. Клучен акцент се става на системот на преговарање, но многу повеќе и на транспарентноста на самиот процес имајќи во предвид дека станува збор за Здруженија кои имаат јавни овластувања од државата и во име на авторите и уметниците, прибираат средства од компании претставници на повеќе дејности. Во Полска, постојат повеќе Здруженија за заштита на авторските права, а правните субјекти имаат право на избор со кое од нив ќе склучат договор. Но и овој модел покажува слабости од аспект на докажување на компетентноста кое Здружение треба да има право да наплатува од корисниците. Како и да е, во суштината на целиот процес клучен аспект се става на сегментот на преговарање. Во таа насока, а имајќи го предвид фактот дека процесот на преговарањето кога се случува само како резултат на добра воља на двете страни без оглед за која земја и да станува збор, многу често е долг процес без позитивен исход, Европската Унија пропишала Директивата за колективно остварување на авторското право која е обврзувачка за сите членки на унијата и согласно која процесот на дефинирање на реалната пазарна вредност на авторските права, треба да биде резултат на претходно реализирани преговори меѓу засегнатите страни, врз основа на издржани аргументи, со цел да се дојде до вредност која ќе биде прифатлива за двете страни.


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО Во таа насока, по обемната дискусија на крајот на тркалезната маса беа донесени заклучни согледувања од страна на Бизнис заедницата, истакна Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија. Во таа насока Бизнис секторот бара: 1. Транспарентност во процесот на утврдување на обврските по основ на авторските права, обврска што за земјите членки од Европската унија е веќе дефинирана и согласно постојната Директива за колективно остварување на авторското право. 2. Континуирана информираност од страна на Здружението за заштита на авторски музички права, за што се трошат парите, кои ги собира од правните субјекти согласно законската обврска, кој се правни субјекти плаќаат. 3. Да постои процес на преговарање и дијалог на засегнатите страни со Здружението за заштита на авторски музички права, но при тоа процесот да има утврдени рокови, во кој треба да се најде решение на одредени проблеми. По тие рокови да постои јасно дефинирана постапка, како проблемите ќе бидат надминати. 4. Да постои соодветна методологија за пресметка и утврдување на висината на тарифите предвидени во Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, која ќе ги земе во предвид и економските параметри, односно висината ќе зависи и од економскиот амбиент во државата. 5. Претставник од бизнис секторот да биде дел од Управниот одбор на Здружението за заштита на авторски музички права, со цел да даде реален придонес во утврдувањето на висината на тарифите и моделот по кој истите се утврдуваат. Александар Нарашанов, менаџер за политики и комуникации во Американската Стопанска комора во Македонија, на прес конференцијата информираше за засегнатоста на комората да биде иницијатор и ко организатор на ваков настан. Имајќи го во предвид фактот дека голем дел од фирмите засегнати со плаќањето на обврските по основ на законот за авторското право и сродните права се членки на Американската стопанска комора во Македонија, како комора работи на проекти за заштита интелектуалната сопственост со акцент на трговската марка во чие делување и зафаќа плаќањето по основ на авторското право и сродните права. При тоа беше истакната и поддршката од европската унија со учество на Јане Хедегард, Постојан твининг советник на ЕУ проектот за “Зајакнување на заштитата на правата од интелектуална сопственост”, како и меѓународните експерти, Сузана Нарсисиан, Директор на Армаутор, организација за колективно управување со авторските права од Ерменија; Слободан Нешовиќ, Директор на Маском – продукциска куќа од Белград и Дариуш Урбански, Министерство за култура на Р. Полска. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

6

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

АНКЕТНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – ОЧЕКУВАНИ ЕФЕКТИ ОД ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ И ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ ВРЗ БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

Според анкетното истражување на Стопанската комора на Македонија, новиот Закон за нотаријатот и Законот за извршување, кои Собранието на РМ ги донесе во април оваа година и кои со измените од 1 август 2016 година, ќе отпочнат да се применуваат од 1 јануари 2017 година, ќе имаат импликациии врз работењето на деловните субјекти, информирше оперативниот директор во Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска на денешната прес конференција на Стопанската комора на Македонија (03.10.2016 година). Појаснувајќи ги добиените одговори, наведе дека се добиени 226 пополнети анкетните прашалници, од компании со различна големина според бројот на вработени и различен просечен годишен обрт во последната финансиска година. Компаниите се од различна дејност и тоа: трговија на големо и трговија на мало, текстилната индустрија, прехранбената индустрија, градежништвото, рударството, фармацеутската индустрија, металуршката дејност, металната индустрија, транспортот, хемиската индустрија и услужната дејност.


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Од 226-те компании, 61,5% имаат сопствена правна служба со околу 7-8 вработени. Кај 30,7% од компаниите, дел од вработените лица во правните служби имаат положен правосуден испит и нивниот број се движи од 1 до 5 лица. Најголем дел од компаниите кои имаат правни служби одговорија дека ретко или многу ретко покрај кадарот во правните служби имале потреба да ангажираат и надворешни соработници. 30% од компаниите одговорија дека имаат ангажирано надворешни соработници (адвокат/адвокатско друштво) за оваа намена на постојана основа и тоа се во поголем дел компании кои немаат правни служби. Според дадените оценки, новите решенија најмногу ќе влијаат врз зголемување на трошоците во работењето, одолговлекување на постапките и потребата од реорганизација на правната служба во компаниите. Новиот Закон за нотаријат, наведе м-р Милевска-Штрбевска, посочувајќи ги новините кои се од интерес за работењето на деловните субјекти, воведува обврска сите поднесоци кои се поврзани со постапката за издавање на решение за нотарски платен налог задолжително да бидат составени од адвокат и да содржат адвокатски печат и потпис. Воедно Законот воведува обврска приватната исправа за правната работа врз основа на кои се стекнува, престанува, пренесува или ограничува право на сопственост или друго право на недвижност, или права за кои се водат јавни книги, задолжително да биде составена од адвокат и да содржи адвокатски печат и потпис доколку се работи за правна работа со вредност над 10.000 евра во денарска противвредност Според новиот Закон за извршување, барање за извршување на извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 евра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис. Истото се однесува и на приговорот и на жалбата на извршно дејствие во предметите по извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 евра. И покрај тоа што во предлог на законите, предлагачите образложија дека постапките нема да поскапат, односно дека за сметка на трошоците за награди за адвокат ќе се намалат трошоците за награди на нотар и за извршител, компаниите сметаат дека ваквите решенија ќе претставуваат дополнителен непотребен трошок за ангажирање на адвокати, особено ако се земе во предвид дека за многу покомплексни работи за кои било потребно да се поднесе тужба и други поднесоци пред надлежен суд или да се застапува компанијата пред надлежен суд, составувањето на правните акти и дејствијата се преземаат од страна на дипломираните правници кои се во работен однос во компаниите. Вработените - дипломираните правници имаат најдобар увид во правните работи на компанијата, ги следат реализациите и трансакциите кои претходеле на потребата да се иницираат постапки за издавање на нотарски платен налог или барање за извршување на извршна исправа (кое пак во голем дел е и врз основа на правосилни пресуди за кои правниците ги застапувале компаниите пред судовите). Правните лица преку сопствените


БИЗНИС ИНФО

8

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ служби правовремено и превентивно можат да делуваат за конкретни/одредени работи, со што се намалува можноста од настанување на штети, спорови и сл. во работењето на друштвото. Поради тоа што со ваквите решенија се оневозможува лицата дипломирани правници кои се во работен однос со учесниците во таа постапка (компаниите) да можат во улога на полномошници на компаниите да ги превземаат дејствијата во постапките за солемнизација на приватна исправа, за издавање на решение за нотарски платен налог и за извршување на извршна исправа, за компаниите тоа би можело да предизвика дополнителни организациски, кадровски и административни процедури околу исполнувањето на наведените нови обврски. Исто така, компаниите сметаат дека ваквите решенија ја доведуваат во прашање еднаквата положба на професиите и прават дискриминација на дипломираните правници наспрема адвокатите, иако имаат исти квалификации - дипломирани правници, искуство на правни работи и положен правосуден испит. Финансиското оптеретување во услови во кои правните лица се борат со конкурентноста на компаниите од странство кои немаат вакви ограничувања дополнително ќе ги елиминира можностите и стремежите за поголем успех. Во секоја високоразвиена земја, бизнис заедницата е двигател и носител на економскиот раст, а ваквите ограничувања само ги спречуваат насоките кон обезбедување на целите, нагласи м-р Елена Милевска Штрбевска. Затоа, се упатува порака до предлагачот на законите за измена на Законите и на идентичен начин како што е регулирано во чл. 81 и 82 од Законот за парничната постапка, да се уреди можноста сите поднесоци во постапките пред нотар и извршител да можат да бидат составени и од страна на лице дипломиран правник кое е во работен однос во тоа правно лице, а кое соодветно ќе се легитимира во постапката дека ги исполнува условите за да може да ги составува неведените поднесоци во име на правното лице во кое е вработено. Воедно, да не се воведуваат нови или поголеми трошоци во соодветните постапки кои се поврзани со исполнување на обврските за задолжително присуство на адвокат и за задолжително составување на соодветните поднесоци од адвокат, ако правното лице нема вработено дипломиран правник согласно горенаведениот предлог. Со оглед на големиот обем на вакви постапки кои деловните субјекти ги имаат секојдневно, ваквите обврски ќе претставуваат големо финансиско оптоварување за нив и значително ќе се одразат врз нивното работење. Поради тоа, овие прашања да бидат уредени на начин што вкупниот финансиски товар за деловниот субјект (вклучувајќи ги нотарсаката такса, нотарската награда, адвокатската награда и судските такси) за секоја од овие нотарски исправи да не биде на повисоко ниво отколку што изнесува тоа финансиско оптоварување за компаниите сега според важечките закони. Љупка И. Самарџиска


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

9

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА

Амбасадорот на кралството Белгија на работна посета во Комората

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА ВО ФОКУСОТ НА МАНДАТОТ Новоименуваниот амбасадор на Кралството Белгија за Република Македонија, Н.Е. господин Франсоа Бонтан, реализираше официјална посета на Стопанската комора на Македонија. На средбата присуствуваа Ан Дефоуни, економски советник во Амбасадата и Елена Никодиновска, почесен конзул на Кралството Белгија во Република Македонија. Високата делегација одржа состанок со м-р Елена Милевска Штрбевска оперативен директор и м-р Борис Тримчев сам. советник во Стопанската комора на Македонија. На средбата се разговараше за актуелните економски теми кои можат да бидат од интерес за двете земји како и за добрата слика во делот на странски инвестиции од Кралството Белгија према Република Македонија. Од Комората истакнаа дека соработката со Белгија е од особен интерес за македонската економија. Имено Кралството Белгија е 10-ти трговски партнер на Република Македонија во првата половина на 2016 година. Вкупната трговска размена во наведениот период изнесува 110,68 милиони американски долари, што претставува зголемување од 35,29% споредено со истиот период од 2015 година. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во структурата на извозот најзастапени се делови за моторни возила, фероникел и тутун, додека во структурата на увозот учество имаат керамички производи за лабараториска, хемиска и индустриска употреба, текстилни ткаенини, влекачи за полуприколки и друго. Имајќи го во предвид фактот за белгиските инвеститори во РМ кои подолго време работат, дава значаен сигнал за постоењето солидна база за продлабочување на економската соработка и во други сегменти. Средбата во Стопанската комора на Македонија беше реализирана веднаш по предавањето на акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор. м-р Борис Тримчев


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Новоименуваниот Амбасадор на Република Франција во Република Македонија, H.E. Кристиан Тимоние на средба со Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески

Новоименуваниот Амбасадор на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристиан Тимоние на својата прва средба во Стопанската комора на Македонија се сретна со Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, д-р Јелисавета Георгиева. Подобрувањето на трговската размена и отврање на можности за соработка помеѓу македонските и француските компании беа клучни теми за разговор со цел продолжување на активностите и заложбите на двете институции за поттикнување, унапредување и проширување на деловната соработка меѓу стопанствата од двете земји. „Одличната соработка на Стопанската комора на Македонија со Амбасадата на Франција ќе продолжи и во иднина и се надеваме дека со нашите заложби ќе успееме да ја унапредиме соработката и подобриме трговската размена помеѓу македонските и француските компании“- истакна Претседателот Азески. Простор за унапредување на соработката постои бидејки Република Франција е 24ти трговски партнер на Република Македонија во периодот јануари-јули 2016 година. „Надворешно-трговската размена на Република Македонија со Република Франција, во подолг период не бележи суштински развој и покрај потенцијалите на двете страни и присутноста на инвестиции во Република Македонија од страна на француските компании,


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

11

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА сепак не може да се пофалиме со успешна стопанска соработка, иако македонските компании гледаат на компаниите од Франција како компании кои имаат иновативни технологии и производи кои би имале суштинско влијание во развојот на македонската економија“ - ова го оцени претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Со цел зголемување на интересот на француските компании за соработка, извршниот директор д-р Јелисавета Георгиева, ги посочи заложбите на комората за заеденички регионален настап на компаниите од регионот на претстојните значајни саеми и бизнис средби во Франција. Во таа насока Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристиан Тимоние посочи дека се размислува за организирање на Регионален бизнис форум во првата половина од следната 2017-та година и се надева дека со одличната соработка со Стопанската комора на Македонија и со коморите од Регионот ќе успеат да го привлечат вниманието на што повеќе француски компании кои ќе пројават интерес за директни контакти, како со македонските така и со компаниите од регионот. Тој истакна дека политичката криза има големо влијание на одлуката за соработка на француските компании и се надева дека до организирање на претстојниот Регионален бизнис форум таа ќе биде надмината. Амбасадорот Тимоние упати покана до претседателот Азески со бизнис делегација да учествува на претстојниот Форум на Франкофоните каде свое учество најавил и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Амбасадорот беше запознат со постоењето и функционирањето на Македонскофранцуски франкофонски клуб при Комората и беше поканет да земе активно учество на наредната средба на Клубот. Професионалната мобилност на млади и размена на кадри кои ќе работат во француски компании и со кои ќе се градат и персонални контакти како важен сегмент во поттикнување на довербата за соработка ќе продолжат да бидат заложба и од двете страни . И двете страни истакнаа дека со дополнителни заложби ке успееме да ја подобриме и трговската размена која во моментот не е импресивна. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Франција во периодот јануари-јули 2016 година достигна вредност од 70,02 милиони САД $, што претставува пад од 8,02% во однос на истиот период од претходната 2015 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 14,02 милиони САД $ или пад од 41,79%, додека увозното салдо изнесува 56 милиони САД $ или зголемување од 7,56% споредбено со претходниот период. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговското салдо од 42,1 милиони САД $. Јадранка Аризанковска


БИЗНИС ИНФО

12

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

МИСИЈАТА НА ММФ

во посета на Стопанската комора на Македонија

Во посета на Стопанската комора на Македонија претстојуваше мисија на Меѓународниот монетарен фонд предводен од шефот на ММФ мисијата госпоѓата Јесмин Рахман. Од страна на комората мисијата ја прими д-р Глигор Бишев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Претставниците на ММФ се интересираа за реалните состојби во економијата од аспект на приватниот сектор и како актуелната политичка криза влијае на бизнисите и на економските параметри генерално. Во рамки на дискусисијата беа посочени позитивните ефекти од субвенционирање на вработувања во приватниот сектор, што придонесува за зголемување на вработеноста, но беше посочена потребата од креирање на програми за дополнителна едукација на работната сила со цел да се одговори соодветно на потребите на пазарот на трудот. Од аспект на намалување на одливот на млади едуцирани кадри од Република Македонија и двете страни се согласија дека треба да се работи на подобрување на економскиот амбиент кои ќе придонесе младите да останат и работат во државата. Д-р Глигор Бишев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија истакна дека е неопходно да се изедначат условите за инвестирање како за странските инвеститори така и за домашните инвеститори со цел да се поттикне циклусот на инвестиции од страна на домашните компании со цел да се генерира поголем економски раст и зголемување на вработеноста во Република Македонија. Исто така беше истакнато дека улогата на странските инвеститори и улогата на домашните инвеститори во генерирањето на бруто домашниот производ треба да се анализира пооделно за да се добие вистинската слика за раст на македонската економија. Јадранка Аризанковска


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

13

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Стопанските комори на Македонија, Србија, Косово и Eurochambers на прием кај државниот врв на Косово

ПОДДРШКА ЗА РЕГИОНАЛЕН ЕКОНОМСКИ ПРОСПЕРИТЕТ Во насока на зголемување на регионалната соработка, претседателите на Стопанските комори од Македонија, Србија, Косово и Европската комора (Eurochambers), денеска 28.9.2016 година, во Приштина реализираа одделни средби со државниот врв на Република Косово, со Претседателот г-дин Хашим Тачи, Претседателот на Собранието г-дин Кадри Весели и со Премиерот г-дин Иса Мустафа. На приемот во претседателскиот кабинет се разговараше за важноста на регионалната соработка која несомнено може да биде интензивирана преку економиите, но со силна поддршка од властите во секоја од земјите од регионот. Претседателот Тачи безрезервно ја поддржа иницијативата за зголемување на регионалната соработка преку коморите, која би требало да овозможи поголема благосостојба на овие простори и ќе внесе нов импулс во понатамошниот развој. „Целта ни е да креираме подобар свет, исполнет со повеќе можности, а за тоа


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

користиме инструмент што најдобро го знаеме, а тоа е економијата. Сепак економската слика на државите е под влијание на политичките процеси, затоа е потребна соработка помеѓу различните чинители“ – истакна Арналдо Абрузини, претседател на Eurochambers. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, во своето обраќање истакна дека, иако протокот на стоки помеѓу Македонија и Косово се одвива без поголеми проблеми, сепак нагласи дека од клучно значење за зголемувањето на обемот на трговската размена е модернизација на железничката пруга која ги поврзува двете земји и изградба на модерен автопат од двете страни на границата. На средбата реализирана во кабинетот на Претседателот на Собранието г-дин Кадри Весели, акцентот беше ставен на економијата, која делува побрзо од политиката, но и на фактот дека политичката поддршка е важна за решавање на систематските проблеми кои го кочат слободниот проток на стоки и услуги, со потребата за намалување на трговските бариери. „Добро е да се види дека постои интерес за зголемување и продлабочување на соработката меѓу бизнисмените од овие земји, што за политичарите од другата страна е позитивен сигнал. Имајќи предвид дека нашите економии се мали по обем, од особен интерес е регионалното поврзување на економски план, што во крајна линија ќе ја зголеми конкурентноста и позицијата на меѓународен план “, посочи Весели. Последната работна средба беше реализирана во кабинетот на Премиерот на Република Косово, г-дин Иса Мустафа, каде поконкретно се разговараше за економските потенцијали на регионот, а подетално беше анализирана и економската структура на Косово.


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Имено „зголемувањето на косовскиот бруто домашен производ од околу 4%, во изминатите два квартали, е генериран пред се од приватните компании, додека јавната потрошувачка во истиот приод е многу мала. Во таа насока е и констатацијата дека, бизнисите се тие кои можат да придонесат за зголемување на благосостојбата на државите.“ – истакна Мустафа. Премиерот на Косово, ја потенцираше важноста на постоењето и развојот на малите и средни претпријатија и поради фактот што ваквиот тип компании остануваат да работат во земјата, за разлика од големите кои согласно расположливиот капацитет, бизнис интересот го бараат на поширокиот регионален и меѓународен пазар, барајќи подобри услови на стопанисување. Во таа насока, премиерот Мустафа констатираше дека државите, секоја поединечно, треба да работат на стимулација на малите претпријатија, а партнерството на коморите да ја финализира успешната регионална економска политика. На крајот од официјалната посета на Приштина, делегациите од коморите од Македонија, Србија и Eurochambers, присуствуваа на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделски и прехранбени производи, во организација на Стопанската комора на Косово, на кој учествуваат и истакнати и реномирани компании од целиот регион. м-р Борис Тримчев


БИЗНИС ИНФО

16

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА

Здружение на хемиска индустрија

ВМРЕЖУВАЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ ЛАБОРАТОРИИ ВО ИНТЕРЕС НА БИЗНИС СЕКТОРОТ Во организација на Здружението на хемиската индустрија при Стопанската комора на Македонија и Технолошко металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје на 27 септември во Комората се одржа презентација на Лабораторијата за ласерска хемија и технологија на која претставниците на бизнис секторот и другите заинтересирани се запознаа со мисијата, активностите и можностите што ги нуди Лабораторијата, особено делот кој се користи за испитување на пластиката. Во воведниот збор Д-р Александра Бужаровска, редовен професор и продекан за наука при Технолошко металуршкиот факултет при УКИМ - Скопје, ја потенцираше потребата од поголемо искористување на можностите за анализа што ги нуди лабораторијата за испитување на квалитетот на суровината која се користи за производство на пластика како и за испитување на квалитетот на крајниот пластичен производ кој ќе биде наменет за домашниот пазар и за извоз. Во рамките на лабораторијата се одвиваат наставни, истражувачки и апликативни активности, истакна д-р Јадранка Блажевска-Гилев, вонреден професор на Технолошко металуршкиот факултет УКИМ - Скопје при презенатацијата на можностите на лабораторијата. Тука се реализира наставната програма по Хемија на полимерни материјали, Механика на полимерни материјали, Модификација на полимери, Деградација и рециклирање на полимерите, Примена на ласерите, а од истражувачките активности најзначајни се ласерска аблација на полимерни и композитни системи со инфрацрвен пулсирачки TEA CO2 ласер. Во лабораторијата има можности за испитување на механичките и карактеристики на полимерни и композитни системи, испитување на компресиони карактеристики на полоиемрни и компзитни пени, испитување на тврдина на полимерни и композитни системи, испитување на карактеристиките на добиените на полимерни и композитни системи а лабораторијата располага и со дополнителна опрема за припрема и караткеризација. По презентацијата следеше разговор во кој што присутните стопанственици и претставници на научни институти ги пројавија интерес за користење на можностите што ги нуди оваа лабораторија во фармацевтската, хемиската, градежната индустрија и во производството на храна. Заслужува внимание идејата за вмрежување на лабораторитите во државата во интерес на бизнис секторот, а активностите Здружението на хемиска индустрија и Технолошко металуршкиот факултет ќе продолжат во насока на поголема апликативна функција на лабораторијата. Зорица Мешкова


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

17

ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА

Дводневна работилница за образовните политики

КОНСУЛТАЦИИ СО ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ ОКОЛУ СТРАТЕГИЈАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ 2016 – 2020 На 26 и 27 септември 2016 година се одржа дводневната работилница финансирана од ИПА Програмата насловена како: „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020“. Целта на оваа работилница беше да се дискутира изгледот и можните механизми за вклучување на сите засегнати страни во процесот на осмислување, примена, следење и оценка на документите во кои се содржани образовни политики. Воведни обраќања имаа министерот за образование и наука, г-дин Пиштар Љутфиу, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, г-дин Јаќим Неделков, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г-дин Ангел Димитров и Борис Тримчев, советник во Стопанската комора на Македонија. Министерството за образование и наука како носител на образовните политики “... започнувајќи од февруари оваа година води еден широк консултативен процес за креирање на нов релевантен стратешки документ за образование. При што амбициите се насочени кон вклучување на што е можен поширок круг на образовни практичари од сите нивоа на образование, организации што работата за унапредување на образованието, но и институции и организации кои се повразни со пазарот на труд. Сопственоста и транспарентноста во процесот ќе овозможат и подобра имплементација на новат визија. “- нагласи министерот Лутфиу. Борис Тримчев од Стопанската комора на Македонија ги истакна активностите кои комората ги презема во делот на образованието, како и досегашните вложени напори околу иницијативата за воведување на дуалното средно стручно образование на национално ниво. Имено, согласно направените анализи „во земјите каде што функционира системот на дуално образование стапката на невработеност е помала од 10 отсто. Целта е да се произведат кадри кои ќе бидат во согласност со пазарните потреби“ – истакна Тримчев. На работилницата учествуваат претставници на ЕУ, претставници од општините, училишта, универзитети, социјалните партнери, образовни институции, донатори и организации. Оваа работилница помогна во координацијата помеѓу засегнатите страни и даде дополнителен импулс во соработката и размената на информации помеѓу нив. Борис Тримчев


БИЗНИС ИНФО

18

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

ПРИЗНАНИЈА

Министерството за економија на Република Македонија ги прогласи најдобрите хотели и ресторани за 2016 година

ПРИЗНАНИЕ ЗА СОРАБОТКА И ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО НА УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА По повод Светскиот ден на туризмот, 27 септември, Министерството за економија и оваа годинава додели признанија на 50 најуспешни претставници од туристичкиот сектор, во 6 категории: хотели, ресторани, туристички агенции, манифестации, плажи и соработка во областа на туризмот (факултети и деловни здруженија, односно комори). Во категоријата најуспешни хотели за 2016 година, беа дефинирани 4 подгрупи: нова туристичка понуда, квалитетна туристичка понуда, хотели во планински предели и хотели со спа. Согласно номинациите предложени од Здружението на угостителството и туризмот, при Стопанската комора на Македонија, признанија добија хотелите: СОЛУН Скопје, ДРИМ Струга, ГРАНИТ Охрид, МИЛЕНИУМ Охрид, АУРОРА СПА И РЕСОРТ Берово, ИЗГРЕВ Струга и ДЕБАРСКИ БАЊИ И ЦАПА Дебар. Воденица Мулино доби признание за најдобар ресторан, а за најуспешни туристички агенции, во инкаминг туризмот награди добија: ТА ФИБУЛА ЕР ТРАВЕЛ Скопје, ТА АУРОРА Скопје, ТА БАДЕМ ТУР Скопје, ТА МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ Скопје, а во аутгоинг туризмот, ТА САВАНА Скопје. Министерството за економија на РМ од оваа година воведе нова категорија, соработка во областа на туризмот, во рамки на која Признание доби и Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. За одбележување е дека предлозите за номинации и годинава се направени заедно со туристичките здруженија и комори, имајќи ги предвид и извештаите од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во делот на доделени субвенции за организиран туристички промет, како и активностите на комисиите кои работат на категоризација на хотели, ресторани и лиценцирање на туристички агенции. Даниела Михајловска Василевска


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

19

ПРИЗНАНИЈА

Сопственикот на Аурора ресорт и спа Славе Сирачевски, прогласен за БРЕНД ЛИДЕР ЗА 2016 ГОДИНА од страна на Мас медиум Интернационал Сопственикот на хотелот Аурора ресорт и спа, на ТА Аурора и косопственик на тур операторот АСА, Славе Сирачевски, кој истовремено е и заменик претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, е добитник на годинешната награда “Бренд Лидер за 2016 година”од страна на Мас медиум Интернационал во Република Србија, компанија која повеќе од 20 години работи на иновативен и афирмативен пристап во креирањето и организирање на деловни содржини на пазарот на Југоисточна Европа, манифестација која традиционално се одржува под покровителство на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија. Критериумите и предиспозициите за добивање на наградата “Бренд Лидер”, се темелат на збир на стандардизирани критериуми, кои вклучуваат иновации, висок степен на признавање на пазарот и позиционирање на автентичен производ. Наградата “Бренд Лидер”, Сирачевски, ја добива за објектот Аурора ресорт и спа, кој се дефинира како иновативен и автентичен објект по градбата, во целост изработен од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина. Ако на сето тоа се додаде фактот дека хотелот е изграден во рурално подрачје, во општина со само 7 илјади жители, тогаш постоењето на ваков комплекс има значење и од аспект на стимулирањето и развојот на регионот во целост, преку можност за нови вработувања, развој на туризмот во тој регион и сл. Дополнителна потврда за квалитетот на Аурора ресорт и спа е и фактот дека објектот е добитник на повеќе од 10-тина награди од домашни и светски реномирани институции. Во рамки на манифестацијата беше одржана и Бизнис Конференција за туризам на пазарот на Југоисточна Европа, на која се дискутираше и за: најдобрите практики во туризмот во Југоисточна Европа, влијанието на секторот врз националните економии, стратегија за извозна експанзија, потребата од системска поддршка за развој на одржлив туризам, можности за развивање на нови туристички производи и заеднички туристички проекти од кои Регионот во целина ќе има долгорочен економски бенефит. Даниела Михајловска Василевска


20

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ДОПРЕЦИЗИРАЊЕ НА ЗАКОНСКИ И ПОД ЗАКОНСКИ АКТИ ЗА СИСТЕМСКА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ, БАРА ЗДРУЖЕНИЕТО НА УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, одржа работен состанок на кој разговараше за предлозите што ќе бидат доставени до Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во насока на поголема системска поддршка на секторот. Состанокот беше одржан како резултат на веќе закажаната седница на Советот на АППТ, на која меѓу другите точки на дневниот ред беа и за, поддршка и јакнење на капацитетите на македонските туристички агенции што работат на дојдовен туризам, субвенции – проблеми со кои што се соочуваат агенциите при аплицирањето за добивање на субвенции, заеднички напори на АППТ и Агенциите да се изберат Б2Б настани на кои ќе се учествува во иднина, предлози за учество на меѓународни саеми за туризам за 2017 година.


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

21

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Во таа насока, беше разговарано, како може компаниите кои работата на привлекување и носење странски туристи во Македонија во соработка со партнери од странство, да бидат подржани во насока на поголема нивна афирмација на странските пазари. Беше договорено да се побара од Агенцијата допрецизирање на одредени членови од Правилникот за начинот, видот и висината на субвенциите. Во делот на саемското претставување на Македонија дискусијата се движеше во насока на тоа, да се предложи учество на 5 до 6 квалитетни и големи европски саеми на кои ќе биде присутна АППТ и ќе ја промовира Македонија, со цел и претставувањето таму да биде соодветно по квалитет и стандарди. Во рамки на работниот состанок, беше констатирано дека треба да се побара од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да даде информација, колку средства се потрошени на годишно ниво за учество на саеми, Б2Б средби, промотивни активности согласно планираното во годишните програми, за изминатите години од 2010 до 2015 година и при тоа да се добие информација, колку согласно преземените активности, е зголемен финансискиот учинок или друг вид бенефит на секторот туризам и угостителство. Даниела Михајловска Василевска


22

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ЗАЕДНИЧКА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА И ЕКОНОМСКИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

На заедничката седница на Управниот одбор и Економскиот совет присуствуваа претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп Симон Наумоски, заменик претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп Сашко Самарџиоски, градоначалникот на град Прилеп Марјан Ристески како и членовите на Управниот одбор и Економскииот совет. Како гости на заедничката седница присуствуваа директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски, директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Емилија Геровска и оперативниот директор на Стопанска комора на Македонија м-р Елена Милевска Штрбевска. Со заедничката седница претседаваше претседателот на Регионалната комора Симон Наумоски, кој ги поздрави присутните и се заблагодари за големото присуство на членовите од Управниот одбор и Економскиот совет и имаше воведно излагање по дневниот ред на седницата. Од страна на директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Емилија Геровска, беше презентирана информацијата за одржувањето на меѓународна конференција за унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион кој че се одржи од 25 - 28 Октомври 2016 година во Битола меѓу компаниите од Пелагонискиот регион и компаниите од регионот на Измир, Република Турција. Беше заклучено да се побара подршка од страна на турските компании


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

23

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ и турските државни институции за да се овозможат подобри законски предуслови за увоз на македонски производи во Турција. Свое излагање во врска со изградбата на приватни детски градинки имаше директорот на АВРМ. Од страна на бизнис секторот произлезе предлог барање компаниите да изградат приватни детски градинки, но државата да ги субвенционира трошоците како и во државните детски градинки со цел цената на услугата за корисниците да биде иста како и во државните градинки. Градоначалникот Марјан Ристески иформираше за изградбата на инфраструктурните објекти во регионот на Општина Прилеп со посебен акцент за изградбата на пречистителна станица финансирана од ЕУ, изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, изградба на делот за гасовод од Неготино до Прилеп, индустриските зони Прилеп-1, Прилеп-2, ТИРЗ во Алинци во која две странски компании веќе се започнати со работа а се очекуваат уште две странски компании до крајот на оваа година. За вложувањата во спортот се донесе заклучок бизнис секторот од нашиот регион да се вклучи поинтензивно во финансирањето на спортските клубови особено во фудбалот, ракометот, како и во поединечните спортови. За актуелните состојби во стопанството од регионот што го покрива Регионалната комора со седиште во Прилеп се донесе заклучок сите компании во писмена форма да ги достават нивните забелешки и предлози за подобрување на условите за стопанисување во наредниот период кои преку органите на Стопанската комора на Македонија ќе бидат доставени до надлежните државни институции. За флуктуацијата на работната сила од домашните компании во компаниите со странски инвестиции, се предложи државата да не ги субвенционира работниците кои преминуваат од домашните компании во странските компании, но да ги субвенционира само невработените лица кои се водат во АВРМ како невработени минимум една година. Своја презентација во врска со дуалниот модел на образование излагање имаше Оперативниот директор на Стопанска комора на Македонија м-р Елена Милевска Штрбевска на тема: „Активности на Стопанската комора на Македонија за имплементација на дуалниот модел на образование во ССО во РМ, во насока на обезбедување стручен и квалификуван кадар во согласност со потребите на бизнисот“. Компаниите го прифаќаат предлогот и измените во законската регулатива. Од страна на Деканот на Економскиот факултет од Прилеп Гоце Манчески, беше истакнато дека за добро обучени занаетчии треба да се користи искуството од западноевропските земји каде за стручните занимања се организираат интензивни курсеви пропратени со практична обука (за што добиваат посебни Сертификати) и од каде за кратко време излегуваат врвно специјализирани стручни работници. По остварените контакти на претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп Симон Наумоски со претседателот на Комората на АП Војводина Ратко Филиповиќ, беше заклучено дека соработката со овој регион подолго време вродува со добри резултати. Токму затоа, Управниот одбор на РК Прилеп ја прифати поканата од страна на Комората на АП Војводина, да се реализира работна посета на Нови Сад кон крајот на месец Октомври 2016 година. Ристо Најдоски


БИЗНИС ИНФО

24

петок, петок, 07 07 октомври октомври 2016, 2016, Бр. Бр. 278 278

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА СО ЦИКЛУС НА БЕСПЛАТНИ ПРЕДАВАЊА НА ТЕМА: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ Тргнувајќи од потребите за запознавање на компаниите со осигурителните услуги со акцент на имотното осигурување и изложеноста на ризикот, Здружението за осигурување при Стопанската комора на Македонија организира циклус на бесплатни предавања на тема: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ. Учесниците на семинарот ќе се запознаат со основните карактеристики на осигурувањето, поделбата и функциите како и кој се може да биде субјект на осигурувањето и кои се елементи на осигурување. Осигурувањето како облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските губитоци ќе биде презентирана на самиот семинар како и кои се правата на осигурениците. Предавачи на семинарот: експерти за имотно осигурување, претставници на Здружението на осигурување. Со цел планирање на бројот на учесниците заради навремено и професионално организирање на семинарите, пријавувањето на учесниците е задолжително. Во прилог е дадена табела со распоредот на одржување на семинарите: Датум

Место

Краен рок за пријавување

Kонтакт лице

6.10.2016

Регионална комора со седиште во Прилеп

4 октомври 2016 година

Ристо Најдоски , Тел: 048 415-536, Mоб. 070309555, E-адреса: regiopr@mchamber.mk

12.10.2016

Регионална комора со седиште во Велес

7 октомври 2016 година

Ирена Жарова, Тел: 043 227 736, Mоб. 078 375 174, E-адреса: irena.zarova@mchamber.mk

20.10.2016

Хотел Милениум, Битола

18 октомври 2016 година

Никола Димковски, Тел: 047 225-088, Mоб. 078 375 174, E-адреса: regiobt@mchamber.mk

21.10.2016

Регионална комора Кичево

16 ноември 2016 година

Дијана Лазороска, Тел: (045) 257067, E-адреса: dijana@mchamber.mk

4.11.2016

Стопанска комора на Македонија

1 ноември 2016 година

Ивона Каранфиловска, Тел: 02 3244084, E-адреса: ivona@mchamber.mk

8.11.2016

„Кожувчанка“ ДООКавадарци

4 ноември 2016 година

ања Мицева, Тел (043) 415 044, regionalnakavadarci@mchamber.mk

17.11.2016

Работен Клуб на АВРМ, Штип

15 ноември 2016 година

Моника Стоичева, Тел: (032) 300 282, E-адреса: monika@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

13. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ „ECOFAIR“ и 12. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ „ЕНЕРГЕТИКА“

12-14 октомври 2016 година Белград, Република Србија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Србија, ве поканува да ги посетите 13. Меѓународен саем „Ecofair“ и 12. Меѓународен саем „Енергетика“, што ќе се одржат од 12 до 14 октомври 2016 година во Белград, Република Србија. Меѓународниот саем „ЕНЕРГЕТИКА“ е најголем настан на годишно ниво под покровителство на Министерството за енергетика и рударство на Р. Србија и сите ресорни здруженија и асоцијации во земјата и регионот. Под слоганот „Нова Енергија“ овогодинешниот саем има за цел да ги собере сите компании, корпорации, институции и професионалци од областа на електричната енергија, јагленот, нафтата и гасот, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и рударството од целиот регион. Главни теми на овогодинешниот саем се: инвестициските проекти во енеретскиот и рударскиот сектор, зелени инвестиции, регионално вмрежување низ проекти од енергетскиот сектор, билатерални средби помеѓу компании од регионот и соработка преку моделот на јавно-приватно партнерство. Сите заинтересирани компании, по пријавувањето во Стопанската комора на Македонија ќе имаат можност електронски да се пријават за деловни средби со веќе регистрираните учесници, со што воедно ќе им биде обезбедена и бесплатна влезница за Саемот, како и можност за резервација за присуство на настаните. Сите пријавени учесници ќе бидат дополнително контактирани во врска со електронското пријавување кое ќе биде достапно за сите пријавени учесници од средина на месец септември. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 5.10.2016 година (среда).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:

- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk или -Перо Авакумовски, телефон: + 389 32 44 048, е-адреса: pero@mchamber.mk.


28

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

13-16 октомври 2016 година Загреб, Република Хрватска

„Ambienta“ 43. Меѓународен саем за мебел, внатрешно уредување и комплементарни индустрии

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Загрепскиот саем, ве поканува да го посетите „Ambienta“ - 43. Меѓународен саем за мебел, внатрешно уредување и комплементарни индустрии, што ќе се одржува од 13 до 16 октомври 2016 година во Загреб, Република Хрватска. Овогодинешниот саем „Амбиента“ има за цел да им овозможи на сите производители и трговци на мебел и опрема за внатрешно и надворешно уредување, како и на сите дизајнери, архитекти, бизнисмени и експети од областа, од реионот и пошироко да ги понудат своите производи и услуги на едно место. Покрај изложувачкиоти/промотивниот дел, „Амбиента 2016“ ќе им овозможи на сите учесници и посетители да учествуваат и во стручниот – едукативниот дел на настанот, каде што реномирани експерти, научници, дизајнери, архитекти и производители ќе ги пренесат своите знаења и искуства на присутните. Традиционалнта богата и разновидна стручна програма ќе започне со Меѓународната конференција за дрвната индустрија во организација на Стопанската комора на Хрватска и Здружението на дрвната индустрија, којашто ќе биде придружена со изложба во Музејот на современата уметност во Загреб, а ќе продолжи со низа други настани, од кои најзначајни се „Денот на архитектите“ и „Денот на дизајнерите“. Стопанската комора на Македонија и оваа година ви овозможува: - бесплатни влезници; - хотелско сместување со повластени цени; - повластени цени за изложувачи. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 3.10.2016 година (понеделник). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сашо Деспотоски телефон:+ 389 32 44 089, е-адреса: saso@mchamber.mk или -Сања Николова телефон: + 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА

13.10.2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

На овој семинар учесниците ќе се запознаат со алатките, практиките и техниките за правилно управување со персоналната администрација во организациите. Тие ќе добијат основа за имплементација на системи кои ќе им овозможат оптимизација на администрацијата и нејзините процеси, како и подобро управување со човечките ресурси. Предавач: - Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во Компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“, компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функцијата на човечки ресурси, структурна транформација на функцијата на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност. Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечки ресурси со повеќе од 10-годишно искуство, вклучувајќи меѓународни средини во јавни и приватни претпријатија, како и поранешни јавни претпријатија трансформирани во приватни ентитети. Докажано и успешно лидерство во компании кои го менуваат начинот на раководење преку развој и примена на современи практики за човечки ресурси кои водат до блиски врски на деловните партнери со целите на компанијата по пат на регрутирање, развој на кадри, управување со таленти, управување со ефективност во работењето, информатички системи за човечки ресурси, консалтинг со извршното раководство, сè со цел да се постигне оптимално планирање, управување и искористување на внатрешните потенцијали и ресурси. Широко познавање и практично искуство во законска регулатива, буџетирање, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациско порамнување, управување со промени и односи со синдикати и вработени. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18-19 октомври 2016 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Дводневен семинар: „ ВЕШТИНИ ЗА ВОДЕЊЕ УСПЕШНА НАБАВКА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА“

Целта на семинарот е запознавање на учесниците со начинот на правилното менаџирање со набавките, со учесниците во набавките како купувачи, како доставувачи, правилна интерна комуникација во организацијата - набавка во однос на магацин, комуникација со добавувачите, приоритетни набавки, WIN-WIN стратегија, стратешко поврзување со добавувачите, критериуми за оценување на добавувачите и др. Семинарот е наменет за сите вработени кои се вклучени во набавката раководители и менаџери за набавка, вработени кои вршат логистичка работа (организирање набавка, магацинско работење, транспорт и др). Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Рок за пријавување: 20.10.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

НАДВОРЕШНА И ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА, ОБВРСКА, ПОТРЕБА И ПРИДОБИВКИ

18 октомври 2016 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Во услови на перманентна промена на постојните законски решенија и носење на нова законска регулатива, менаџментот секогаш е загрижен дали истите се спроведуваат правилно сé со цел вистинито и објективно информирање на сите корисници на информациите презентирани во финансиските извештаи, со што ќе се им помогне да се донесат оптимални одлуки од една страна и минимизирање на можноста од пропусти и грешки од друга страна кои подоцна може да предизвикаат соочување со високи казни, глоби, забрани за вршење на дејност и дисконтинуитет во работењето. Целта на семинарот е: да се идентификува обврската, потребата и придобивките од воведување на сектор за внатрешна ревизија, ангажирањето на надворешен ревизор, соработката помеѓу внатрешните и надворешните ревизори како и местото и улогата на одборот за ревизија. Предавач: Проф. д-р Јанка Димитрова – вонреден професор на Економскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев Штип, овластен ревизор од 2003 година, овластен сметководител, овластен проценител на капитал од 1994 година, овластен брокер од 1995 година, инвестициски советник, вешто лице од областа на материјално финансиското работење, советник специјалист и генералист на АППРМ, ЦЕФЕ тренер, учесник и имплементатор на домашни и меѓународни проекти, со 35 годишно работно искуство во стопанството. Рок за пријавување: 14 октомври 2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

18.10.2016 - 02.11.2016

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ КУРС ЗА СТЕКНУВАЊЕ ВЕШТИНИ ЗА АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ“

• Времетраење на обуката е вкупно 50 школски часа, од кои 30% од наставата теорија и 70% практична настава, распоредени во 6 тренинг дена, односно истите се одржуваат два пати неделно. • Обуката започнува на 18 октомври 2016 година и ќе се реализира со следната динамика: - 18 и 19 октомври 2016 година од 09:00 до 16:00 часот; - 25 и 26 октомври 2016 година од 09:00 до 16:00 часот; и - 1 и 2 ноември 2016 година од 09:00 до 16:00 часот. • Број на учесници во група: 10 – 15 учесници. • Сите учесници добиваат потврда за пристуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Тренери: М-р Валентина Тодоровска, генерален менаџер на „Акаунтинг Солушнс“ ДООЕЛ – Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење како консултант, обучувач и специјалист во областа на финансиски менаџмент. Доц. д-р Костадин Дуковски, управител и консултант во друштвото „Некст Левел Консалтинг“ ДОО – Скопје, лиценциран вештак, внатрешен ревизор и член на најголемата Асоцијација за финансиски измама ACFE, како и обучувач за архивско и канцелариско работење. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ EUROTOOL

18-20 октомври 2016 година Краков, Р. Полска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Targi w Krakowie“, ве поканува да бидете дел од 21. Меѓународен саем за машини, алати, уреди и опрема за преработка на материјали –„Eurotool“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 18-20 октомври 2016 година во Краков, Р. Полска. Меѓународниот саем за машини, алати, уреди и опрема за преработка на материјали – „Eurotool“ е еден од најзначајните настани кој на едно место ги обединува професионалците од Источна и Централна Европа. Секоја година овој саем ги отвора своите врати за водечките компании од Полска и од странство за да го презентираат своето портфолио. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • машини за редуктивна обработка; • машини за пластика; • алати; • мерни и контролни инструменти и уреди; • опрема за машини; • опрема за индустриски работилници; • услуги и други консултации и др.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20.10.2016 година Стопанска комора на Македонија (сала 4 на 5-ти кат)

Бесплатна презентација на “EncryptiDATA” - дигитално пенкало за пишување на точни информации, вклучувајќи слики, потписи, скици и GPS локации, наменето за сите компании и институции

Стопанската комора на Македонија како ваш бизнис-партнер, ве поканува на бесплатна презентација на англиска иновативна компанија „Onorach”, http://www.onorach.com/encryptiDATA1.cfm која се занимава со производство и продажба на иновативно дигитално пенкало “EncryptiDATA”, за пишување на точни информации, вклучувајќи слики, потписи, скици и GPS локации, наменето за сите компании и индустрии. Onorach® е динамична, брзо-растечка англиска компанија фокусирана на обезбедување на иновативен пристап за клиничко испитување на медицински помагала и мобилни иновативни производи, со седиште во североисточниот дел на Шкотска, Велика Британија. Onorach работи на глобално ниво и нуди високо ниво на услуги во целиот свет. Onorach сака да го претстави својот иновативен производ и пред македонските компании. “EncryptiDATA” - иновативното дигитално пенкало е безбедна електронска форма за внес на податоци, дизајнирано за високо регулирани барањата на GMP, каде корисниците можат безбедно да ги напишат податоците и со помош на пенкалото во е-форма веднаш да ги испратат на сите можни јазици и ракописи онлине, преку таблет, Bluetooth или друг мобилен уред со Wi-Fi. Компатибилност: encryptiDATA работи на Андроид, iOS и Windows платформи. Усогласеност: encryptiDATA исто така, нуди електронска “архива”, со цел да им помогне на клиентите со барањето во прописите на клиничкото испитување за да се сочуваат, на пример: медицинските досиеја и основните документи за најмалку 5 години по завршувањето на судскиот процес. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Плата и надоместоци од плата согласно Закон за работни односи, надоместување на трошоци поврзани со работа низ призма на даночна регулатива - Закон за персонален данок на доход и Закон за данок на добивка ЗАДОЛЖИТЕЛНИ - Правилници и акти на работодавачот, практични примери на пресметки на плата и надоместоци на плата

20.10.2016 година (четврток) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3 кат

Целта на семинарот е правилна примена на легислатива со која се уредува пресметката на плата и надоместоци на плата, пресметка на придонеси кај економските вршители на дејност, специфичности во начинот на пресметка на плата, практични примери како и кои се задолжителните интерни акти-правилници на работодавачот во согласност со законската регулатива за дадената тема. Учесниците ќе бидат запознаети со надоместоците на плата низ призма на даночна регулатива односно Законот за персонален данок на доход и Законот за данок на добивка. Исто така на учесниците ќе им објасни како правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област со што ќе се избегне ризикот од изрекување на глоба при инспекциски надзор. Семинарот е наменет за сите вработени во сметководствено-финансискиот сектор, правните служби и останати законски застапници, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење во делот на пресметката на плати и надоместоци, кои се задолжителните акти и правилници на работодавачот како и даночниот третман на надоместоците како право кое произлегуваат од Законот за работни односи и КД. Предавачи: - Адвокат Александар Геровски – 7 годишно работно искуство од кои 4 како приправник- стручен соработник во Адвокатска канцеларија и 3 години како самостоен Адвокат. Примарна дејност во досегашното практицирање на правото се проблематиките од областа на трговското право, трудовото право, работните и облигационите односи; - Гордон Јовановски, дипломиран правник – раководител на секторот за правни работи на Каунт ДООЕЛ – Скопје, со 7 - годишно работно искуство од областа на финансовото, деловното, трговското и трудовото право. Негова специјалност се човековите ресурси, трговски друштва и административно правното работење; - М-р Симонида Георгиевска - косопственик и раководител на секторот за финансиски и сметководствени работи во друштвото за даночен консалтинг КАУНТ ДООЕЛ Скопје, со 16 години работно искуство во областа на даночниот менаџмент, сметководството и деловното планирање. Магистар од областа на сметководството на тема: „Хармонизација на финансиското известување во Република Македонија базирано на МСФИ и МСФИ за МСЕ“.


36

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

13-15 октомври 2016 година Софија, Р. Бугарија

„SOFIA SPORT& HEALTHY LIFE EXIBITION“ 13-15.10.2016-СОФИЈА, БУГАРИЈА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Via Expo“, ве поканува да бидете дел од „Sofia Sport & Healty Life Exibition“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 13-15 октомври 2016 година во Софија, Р. Бугарија. Второто издание на Саемот за спорт и здрав живот повторно ќе ги обедини темите на здрав живот и спорт и рекреација. Главната цел на настанот е да им се даде шанса на домашните и на странските компании да ги презентираат своите производи на бугарскиот пазар и да најдат нови бизнис-контакти, да остварат директни средби со дистрибутери и произведувачи. На Саемот ќе бидат изложени: • спортска опрема; • производи за заштита; • природна и органска храна и козметика; • диетална храна; • нутриционистички и хербални суплементи. Стопанската комора на Македонија во соработка со „Via Expo“ за сите заинтересирани учесници обезбеди 10% попуст на цената за изложбениот простор. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 30 август 2016 година (вторник). Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневна обука на тема: Управување со човечките ресурси и градење доверба со нетрадиционални и иновативни менаџерски алатки преку практични примери и креативен приод на размислување

21.10.2016 година (петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Целта на оваа обука е да се воведат учесниците во нетрадиционални и иновативни менаџерски алатки за градење доверба и ефикасност на човечките ресурси. Со креативен приод на размислување и решавање на проблеми, преку игри ќе ги откријат своите стилови на управување. Ќе осознаат разновидни начини на размислување и ќе научат како да се контролира личната перцепција во раководните процеси. Овој семинар е наменет за менаџери во компании и државни институции, за професионалци и експерти за човечки ресурси кои се одговорни за управување на нивните корпоративни тимови, проекти и луѓе. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер (WIFI - Институт за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора), со повеќе од 15 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток. Еспертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., National Chambers of Commerce in Banja Luka, Bosnia and Herzegovina, Leoni Wiring Systems Southeast, Institute for Sustainable Communities Civil Society Forward Program (CSF) и други. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.10.2016

Стопанска комора на Македонија, 5 кат, сала 4

СО GS1 СТАНДАРДИТЕ ДО ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНТНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА

GS1 Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија Ве поканува на бесплатен еднодневен едукативно-информативен семинар, на кој за прв пат во Република Македонија ќе имате можност да се запознаете со примената на GS1 стандардите во текстилната индустрија и бенефитите од нивно користење. Тоа е можност да се запозанете со најновите трендови во означувањето на производите кои имаат влијание на подобрување на Вашите деловни процеси и модели, како и со новите техники и технологии во глобалната трговска размена и водењето на бизнисот во светот. Примената на GS1 стандардите Ви овозможува да ги намалите трошоците, ги подобрите транспортните и логистичките операции, ги одржите залихите на оптимално ниво, ја зголемите продажбата и извозот. Семинарот е наменет за сите компании од областа на текстилната индустрија, (облека, мода и обувки). Предавач на семинарот е г-дин Маркус Милер, германски експерт за воведување на GS1 стандардите во текстилната индустрија, со долгогодишно практично искуство во најголемите текстилни брендови. Од оваа година е вработен во Меѓународната организација GS1 AISBL- GS1 Global Office, Brussels, како директор на индустријски развој во делот за текстил и производи за широка потрошувачка. Искористете ја оваа можност за бесплатно проширување на Вашите знаења во функција на зголемување на конкурентноста на Вашата компанија и интернационализација на Вашиот бизнис. Ве молиме да се пријавите најдоцна до 21 октомври (петок) 2016 година.

Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневна практична обука на тема:

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК

25 октомври 2016 година 9:00 – 17:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија заедно со Мокрогорската школа за менаџмент од Србија организираат практична обука на тема: УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК. Мокрогорската школа за менаџмент е основана во 2009 година како иницијатива на успешните менаџери во Србија, со цел трансфер на менаџерското знаење и подигнување на нивото на стручност на менаџерите во Србија и регионот. Во нивното досегашно работење, повеќе од 5000 учесници од домашни и меѓународни компании се стекале со знаења и вештини со крајна цел обезбедување на континуиран развој на вработените, стабилен развој на компанијата и обезбедување на додадена вредност на производите и услугите кои ги испорачува кон своите клиенти. Овој семинар е наменет за менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, шефови на смени, водачи на тимови, експерти и други раководни позиции. Предавач: Д-р Бојан Костадиновиќ, директор за развој во Мокрогорската школа за менаџмент, со долгогодишно теоретско работно искуство како професор на Факултетот за инженерски менаџмент во Белград и практично во автомобилската индустрија, а 4 години како раководител на продажба на компанијата „Мерцедес бенз СЦГ“. Работа во Дајмлер АГ во Штутгарт, одговорен за продажба, маркетинг и спроведување на корпоративна стратегија во застапништвото на Фиат и Рено Нисан во Белград, стратегиски развој на стартап компанија, организација и обука корпоративни тимови. Од 2011 година е член на Одборот на директори на клубот за одбојка на “Црвена Ѕвезда”..

Рок за пријавување 20.10.2016 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 октомври 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА

Стопанската комора на Македонија на 26.10.2016 година организира еднодневен семинар на тема: „ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА („Службен весник на РМ“, бр. 124/2015) И ПРИМЕНАТА НА МАТРИЈАЛНИТЕ ЗАКОНИ СО СУБСИДИЈАРНИОТ ЗАКОН“ Предавачи: - Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, - Лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. - М-р Рено Рисковски, - адвокат во Адвокатска канцеларија Рисковски, консултант во областа на концесии, геолошки истражувања и рударство, магистер во областа на стратегиски менаџмент и менаџмент на човечки ресурси, активен учесник на многубројни семинари и тренинг-обуки од областа на правните науки и човечките ресурси. - Јане Севдински, правен советник во друштвото „Некст Левел Консалтинг“ ДОО Скопје; Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20.10.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244074 Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Исполнување и други начини на престанување на обврските oд должничко-доверителски односи согласно Законот за облигациони односи низ призмата на судските постапки

28 октомври 2016 година (петок) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Стопанската комора на Македонија, на 28 октомври 2016 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата врзани за исполнувањето/ затворањето на побарувања од должничко-доверителски односи согласно Законот за облигационите односи и низ призмата на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат особено општите услови на исполнувањето, задоцнувањето на доверителот и должникот, компензацијата, отпуштањето на долг, новацијата, соединувањето, невозможноста за исполнување, истекот на време и отказот, застареноста од сите аспекти.Пресметување на исполнувањето и цесијата се согласно одредбите од ЗОО. Ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на доверителот и должникот, нивната позиција во споровите од трговското право. Паралелно за секој институт ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба. На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигационите односи и ќе се дадат можни солуции - решенија за нивно надминување. Предавач: - Маринела Јакасановска, судија во трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители. Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 21.10.2016година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 03.11.2016 Стопанска комора на Македонија

Еднодневен семинар на тема:

ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

Дигитална форензика претставува примена на техники за компјутерска истрага и техничка анализа со цел утврдување на потенцијалните докази. Докази собрани преку форензички методи може да се користат во повеќе видови на истражувања неопходни на реалниот сектор. Семинарот е наменет за раководители и вработени во ИТ-служби, лица одговорни за заштита на работните информации, ИТ-ревизори, програмери и личности задолжени за интерен развој на софтвер, мрежни инженери, службите за финансии, обезбедување, правна служба, извршителите на банкарски и други работи, осигурителните друштва, лицата одговорни за управување со бази на податоци, управување со ИТ-ризици, спроведување контрола на ИТ-стандардите, заштита на системите за плаќања и платежни картички, добавувачите во врска со информациониот систем, како и сите кои сакаат да го надоградат своето знаење. Предавач: Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Основач на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting, каде е извршен директор. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија. *Напомена: заради практичниот карактер на семинарот, учесниците треба да носат лап-топ компјутер. Краен рок за пријавување: 28.10.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МАКЕДОНСКА БИЗНИС-ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СРБИЈА СО ПРИСУСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА СРБИЈА

28 октомври 2016 година Белград, Република Србија Стопанска комора на Србија Ул. Ресавска 13-15 (Савски Венац), Белград

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Србија, Стопанската комора на Македонија организира посета на Стопанската комора на Србија, при што ќе бидат организирани и деловни средби меѓу македонски и српски компании. Бизнис делегацијата од Македонија ќе биде предводена од претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорѓе Иванов и претседателот на Стопанската комора на Македонија, г-дин Бранко Азески. Од српска страна домаќини на настанот ќе бидат претседателот на Република Србија, Н.Е. Томислав Николиќ и претседателот на Стопанската комора на Србија, г-дин Марко Чадеж. Целта на посетата на македонската бизнис делегација во Белград е понатамошно интензивирање на економските релации помеѓу двете земји како и воспоставување на нови, повисоки облици на соработка меѓу компании од сектори согласно пројавениот интерес. Деловните средби ќе се одржат во просториите на Стопанската комора на Србија, на 28 октомври 2016 година (петок), со почеток во 16:00 часот. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 07 октомври 2016 година, за да може Стопанската комора на Србија навремено да обезбеди соодветни партнери за македонските компании. Ве молиме, за Вашиот интерес да не информирате преку пополнување на пријавниот лист даден во прилог. Детална програма за средбите ќе биде дополнително доставена до сите заинтересирани учесници. Контакт-лице: -Сања Николова, тел. + 389 2 3 244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

44

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Париз, Франција, од 6-9 декември 2016

Меѓународен брокерски настан „MIDEST 2016“

Здружението на трговијата и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан „MIDEST 2016“, што ќе се одржи на Саемот во Париз, Франција, од 6-9 декември 2016 година. Билатералните средби се поддржани од Enterprise Europe Network и од многу други професионални организации во светот, со цел да се олесни и дополнително да зајакне развојот на билатералната трговија меѓу заедниците и склучување договори во Европа и пошироко. Саемот „MIDEST“ е познат како еден од најважните клучни платформи во светот за компаниите на меѓународно ниво, на којшто учествуваат повеќе од 1.600 изложувачи,со над 41.000 посетители - професионалци од 78 различни земји во светот. На билатералните средби во „MIDEST“ од 2011 година до денес имало: 723 компании од 28 земји; 5.400 деловни средби; повеќе од 50 партнери организации кои се вклучени. Услови за учество: За изложувачите: 95,00 евра (нето цена), вториот учесник плаќа 50,00 евра. За посетителите: специјална цена за партнери на ЕЕН: 125,00 евра (нето цена), за вториот учесник 75,00 евра. Настанот matchmaking оваа година ќе се прошири и на „Конвергенција за индустрија на иднината”, главниот тематски настан под покровителство на Франсоа Оланд, претседател на Република Франција, која ќе се одржи во рамките на„MIDEST 2016“. Настанот ќе собере организации и компании кои напредуваат кон големи промени во моментов. Германија ќе биде почесен гостин во рамките на овој настан оваа година. Посетете ја веб-страната: www.een-matchmaking.com/midest2016

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

45

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата

2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


46

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународен форум „Building Green Connections“

2-3 ноември 2016 година, Копенхаген, Данска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на Форумот за градежништво „Building Green Connections“, најголем во Европа. На овој форум главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, дизајн, како и влијанието на животната средина врз градбата. „Building Green Connections“ кој по петти пат се одржува во Данска, ги собира на едно место сите иновативни компании и организации кои сакаат да воспостават взаемна комерцијална и технолошка соработка. Досега на овој форум присуствувале повеќе од 350 компании од 16 европски земји кои имаат остварено околу 620 средби. Билатералните средби на учесниците обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа: градежни компании, архитекти, изведувачи, дистрибутери, трговци, развојно истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на „Building Green Connections“ ќе се одржат на 2-3 ноември 2016 година, во Копенхаген, Данска. Учеството на деловните средби и на Форумот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/greenconnections2016/contact.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА

24 - 28 ноември 2016 година Тирана, Р. Албанија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете дел од 23. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 24 – 28 ноември 2016 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија. Минатогодишниот 22. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска, беа посетени од повеќе од 20.000 посетители. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • градежништво; • енергија и обновливи извори на енергија; • туризам; • образование; • храна; • земјоделие. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 12 октомври 2016 година (среда).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


48

БИЗНИС ИНФО

петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Шри Ланка, една од најголемите сопственици на плантажи и производители на чај, кокос, први светски меѓународно сертифицирани производители на органски чаеви, нуди зелен, црн и чај од билки, во различно пакување. Исто така, нуди и сушен и обезмастен кокос. Бараат компанија од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 7.11.2016 година.

Компанија од Шри Ланка бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Нуди хербален крем, лосиони за тело, производи за миење лице, пилинг, тонер, производи за темелно чистење на лицето. Целокуониот асортиман на производи е изработен од лековити растенија и е користена илјада годишната традиција во нивната изработка. Валидност до 3.10.2016 година.


петок, 07 октомври 2016, Бр. 278

БИЗНИС ИНФО

49

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Шри Ланка производител на супстрат од кокосови влакна во облик на торба или коцка за одгледување растенија, кокосов тресет, срцевина, кокосови лушпи во бали и брикети, машински или механички свиткани кокосови влакна, бара компании од Р. Македонија заинтересирани за купување на нивните производи. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Шри Ланка која приозведува сапуни и козметички производи за лична хигиена, хербални и ајурведски, бара компании од Р. Македонија за соработка за пласман на своите производи или заедничко вложување за производство во нашата држава на нивни производи. Валидност до 2.12.2016 година. Компанија од Иран, која обезбедува најсоодветни инженеринг решенија кои се еколошки, поекономични, остварливи со највисоки стандарди. Работи во повеќе области, како што се рударството, енергијата, водата, градежништвото, изградбата на инсталации и опрема. Компанијата бара туристички компании и агенции за соработка од Р. Македонија. Валидност до 2.12.2016 година. Компанија од Крит, Р. Грција, производител на квалитено маслиново масло и мед, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 31.12.2016 година.

Семејна компанија, фарма од Р. Грција, која произведува бостан (лубеници), бара компании од Р. Македонија заинтересирани за соработка. Валидност до 2.12.2016 година. Винарница од Крит, Р. Грција, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи на македонскиот пазар. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Атика, Р. Грција, која обединува над 70 земјоделски задруги од Грција, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на земјоделски прехранбени производи. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Атика, Р. Грција, која произведува конци за плетење, како и плетени ткаенини, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 2.12.2016 година.

Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.