Бизнис ИНФО број 382

Page 1

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

Број 382 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 08.2.2019

Aплицирање на алатката за информациско моделирање на градби – БИМ - во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ДА СЕ РЕГУЛИРА СТАТУСОТ НА БАЊИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА БАРАЊЕ ОД ГРУПАЦИЈАТА НА БАЊИ

Групацијата на бањите при Стопанската комора на Македонија, иницира регулирање на статусот на бањите како природни лекувалишта. Сите овие, сега веќе приватни правни субјекти кои се основани пред 1991 година, согласно измените на стариот Закон за здравствената заштита во 2004 година, се избришани како термин од Законот, односно не се веќе дел од субјектите кои функционираат како здравствена организација што врши здравствена дејност и дава здравствена услуга. Сепак, согласно важечките договори со Министерството за здравство од 1995 година, тие продолжија со работа се` до носење на новиот Закон за здравствената заштита до 2012 година. Но и со новиот Закон за здравствената заштита од 2012 година, природните лекувалишта не беа дефинирани како здравствени организации, што не е практика во другите земји од регионот и пошироко, кои денес имаат развиени природни лекувалишта и освен за примарната дејност за која се основани, имаат значаен удел и во развој на бањскиот


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА туризам како спа и велнес центри, кои работат со водни ресурси со природен фактор богати со минерали за кои плаќаат и концесија, информираше на прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Бањите, информира Михајловска Василевска, сепак продолжија со работа и склучуваа договори со ФЗОМ по препорака на Министерството за здравство, се` до 31.12.2018 година, кога истекоа последните договори склучени со Фондот на 5 години. Имено, законската неусогласеност е основен проблем поради кој од 1 јануари 2019 година бањите не склучија нови договори со Фондот за здравствено осигурување на Македонија за продолжено болничко лекување и за специјалистичка консултативна здравствена заштита на 5 години, како што тоа беше до 2018 година, туку Фондот им ги продолжи договорите со анекси и тоа со важност од 6 месеци, до 30 јуни 2019 година, со цел во меѓувреме Министерството за здравство на РМ да најде законско решение


Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА за статусот на природните лекувалишта. Претставниците на бањите укажуваат дека во нивното работење доминираат приходите од здравствените услуги и оттука, од особен интерес е да се надмине овој проблем, пред се` за осигурениците и пациентите кои ги користат нивните услуги, бидејќи постои опасност да се блокира процесот на користење на продолженото болничко лекување и специјалистичко консултативна здравствена заштита, што претставува нужен третман за пациентите кои имаат потреба од тоа. За информација, во бањите годишно се нудат над 35.000 болнички денови како продолжено болничко лекување, имајќи предвид дека во просек користат по 15 болнички донови, тоа се над 2500 осигуреници. Специјалистичко консултативна здравствена заштита во бањите користат над 14.000 осигуреници годишно. Иницијативата за регулирање на статусот на бањите во рамките на Законот за здравствената заштита е покрената и согласно искуството што е присутно во земјите од регионот, односно начинот на кој е регулиран статусот на природните лекувалишта во Република Србија, Република Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а за што се користени податоци од актуелните закони за здравствена заштита од наведените земји, кои имаат сличен закон со стариот Закон за здравствената заштита, а дополнително е уредено дека истите здравствени организации можат да вршат и услуги од областа на туризмот во согласност со закон. Имајќи ја предвид фактичката состојба и рокот од сега веќе 5 месеци во кој треба да се најде решение за статусот, а со цел да продолжат да работат како здравствени организации, претставниците на 4-те бањи донесоа заклучок да се покрене иницијатива за регулирање на статусот на природните лекувалишта во рамките на важечкиот Закон за здравствената заштита, со предлог да се дефинира нивниот статус како природно лекувалиште и да се дефинираат нивните активности, посочи Даниела Михајловска Василевска од Комората. Истовремено, членките на Групацијата на бањи при Стопанската комора на Македонија укажуваат дека е неопходно да се иницира измена и дополнување на Националната класификација на дејности бидејќи во истата не е предвидена соодветна дејност што природните лекувалишта како центри ја извршуваат. Со оглед на наведеното, членките на Групацијата на бањите при Стопанската комора на Македонија донесоа заклучок да се одржи и средба со министерот за здравство на Република Македонија, доц. д-р Венко Филипче, за подетално елаборирање на Иницијативата, со цел размена на мислења во насока на постигнување решение. Даниела Михајловска Василевска


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА На 4.02.2019 година, во работна посета на Регионалната комора со седиште во Битола беше амбасадорот на Чешката Република во Република Македонија, Н.Е. Мирослав Томан. Во својство на домаќин, претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, го поздрави почитуваниот гостин и се заблагодари на интересот и можноста за презентација на стопанството од битолскиот регион. Пред високата дипломатска делегација се претставија и неколку компании кои се заинтересирани за остварување соработка со партнери од Чешката Република. Претседателот Велковски и амбасадорот Томан заеднички констатираа дека е потребно зголемување на соработката од областа на економијата, а во таа насока неговата екселенција беше информиран за можностите што ги нуди битолскиот регион за вложување во економските капацитети. Од своја страна пак, амбасадорот истакна дека Чешката Република е подготвена да помогне во реализација на проекти со институции кои не се под ингеренции на Владата, како и во реализација на проекти за искористување на фондовите од Европската унија, во примена на современи технологии за производство, заштита на животната средина, инфраструктурни проекти и сл. Во контекст на оваа посета, амбасадорот Томан оствари средба и во Општина Битола, за интензивирање на досегашната активна соработка на полето на културата помеѓу двете земји, особено на градот Битола, преку двата меѓународни фестивала – ИФФК „Браќа Манаки“ и Малиот битолски Монмартр. Чешката Република преку своите уметници е присутна на двата фестивала, а минатата година, токму младите ликовни творци од Основното уметничко училиште „Плзен“ од истоимениот град во Чешка, беа добитници на Гран при наградата на 37-мото издание на Малиот битолски Монмартр. Амбасадорот Томан ги запозна присутните и за активностите кои се одвиваат во однос на претстојниот Бизнис форум, кој ќе се одржи на 2 и 3 април годинава во Скопје. На форумот ќе бидат претставени 25 компании од Чешката Република, а Томан упати покана за присуство на сите на овој форум, на кој ќе можат одблиску да се информираат за соработката со чешките компании. м-р Никола Димковски


БИЗНИС ИНФО ЦЕНТАР ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ BSI

bsi.

TM

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

FS 549642 Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382 СТОПАНСКА КОМОРА СТОПАНСКА КОМОРА ISO 9001:2008

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНИЈА НА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER ECONOMIC CHAMBER ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA OF OFMACEDONIA MACEDONIA

НА КВАЛИТЕТ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО И УСЛУГИТЕ

НАША ЦЕЛ • давање поддршка за имплементирање на меѓународните стандарди со цел полесен пристап на фирмите на европските пазари и зголемување на деловната активност со партнерите, • обезбедување на ажурирани податоци и информации од областа на квалитетот, стандардите , а од интерес на фирмите, • унапредување на знаењата и искуствата со цел подобрување на перформансите на работењето на фирмите Контакт: Емилија Тодоровска Телефон: +389 02 3244047 Факс: + 389 02 3244088 emilija@mchamber.mk www.mchamber.mk Стопанска Комора на Македонија ул.”Димитрие Чуповски” бр. 13 Скопје , Република Македонија

7

НАШИ АКТИВНОСТИ Консултантски услуги за : - имплементација на Систем за управување со квалитет согласно ISO 9001:2015; - имплементација на HACCP (систем за анализа на ризици и критични контролни точки); - имплементација на Систем за управување со безбедноста на храната согласно ISO 22000:2005; - имплементација на Систем за управување со животната средина согласно ISO 14001:2015; - имплементација на HALAL стандард; - имплементација на систем за управување со здравјето и безбедноста при работа, согласно OHSAS 18001


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

TRAINEE

Иницијатива за воведување иновација за одржливо, конкурентно и енергетски ефикасно градење со аплицирање на алатката за информациско моделирање на градби – БИМ - во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“ Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градби, на 5 и 6 февруари 2019 година во Центарот за трансфер на технологии и иновации - ИННО ФЕИТ, се одржа дводневна работилница за промоција на БИМ (алатка за информациско моделирање на градби) во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“ (http://trainee-mk.eu/mk), кој е дел од европската програма „Хоризонт 2020“. Дводневната работилница за промоција на БИМ-алатката за информациско моделирање на градби е иницијатива со цел да се воведе иновација за одржливо, конкурентно и енергетски ефикасно градење, за да се постигнат и да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење.


Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

БИЗНИС ИНФО

9

TRAINEE Настанот го отвори Јадранка Аризанковска, координатор на Проектот „ТРАИНЕЕ“, поздрави присутните од Стопанската комора на Македонија, која ги и даде информации за процесот и напредокот во спроведувањето на активностите на Проектот „ТРАИНЕЕ“. Активностите во рамките на Проектот се планирани во повеќе области со цел подигање на конкурентноста на македонските компании од градежниот сектор. - Така, еден сегмент на дејствување за подигање на конкурентноста на македонските компании од градежниот сектор е натамошно подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука и преквалификации, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност, - истакна Аризанковска. Ристо Иванов, претседател на Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, ги претстави алатките за зголемување на видливоста на Проектот „ТРАИНЕЕ“ и видливоста на активностите преку претставување на стратегијата на Проектот за да се видат и да се усогласат очекувањата и целите на Проектот. Игор Панчевски, експерт за енергетска ефикасност од Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, направи презентација на резултатите од спроведениот Анкетен прашалник за БИМ-алатката, во кој само 7,7% од вкупно анкетираните 312 лица веќе користат БИМ-алатка за свои цели во Македонија, а останатите анкетирани лица се само информирани дека постои ваков вид на БИМ-алатка. Проф. д-р Христина Спасовска, претседател на Инженерската институција на Македонија и координатор на Проектот од Факултетот за електротехника и информациски технологии, го презентираше Центарот за менаџирање на знаења и вештини и неговата улога во постигнувањето на општите цели, што ќе треба да создаде услови за континуиран процес за обука на работниците, техничарите и инженерите. - Исто така, со помош на домашни и странски експерти ќе се развијат обуки за БИМ-протоколите (Building Information Modeling), што секако претставува новина кај нас, - посочи проф. д-р Спасовска. На првиот ден на работилницата (5.02.2019 година) присутни беа над 60-тина учесници, архитекти, инженери и техничари, а вториот ден (6.02.2019 година) присутни беа околу 40-тина претставници на градежни компании, инвеститори, институции и универзитети кои преку предавањата и презентациите од страна на БИМ-експертите од Шпанија, Словенија и од Словачка се запознаа со процесот на БИМ-алатката и придобивките од нејзиното користење при проектирање, изведба и одржување на објекти. Игнаси Перез Арнал, БИМ-експерт од БИМ Академијата од Шпанија, партнер во Проектот, ги презентираше своите гледишта во однос на спроведувањето на


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

TRAINEE активностите поврзани со воведувањето на информациското моделирање на градби на национално ниво. Тој ја започна дискусијата за значењето и потребата за спроведување на БИМ-алатката, нивото за спроведување на ниво на ЕУ, како и аспектите на вклучувањето на БИМ во секоја организација согласно конкретните барања, цели и ресурси преку студија на случај за паметно градење во областа Каталонија во Шпанија. Проф. д-р Томаш Фунтик, потпретседател на Здружението БИМ од Словачка, професор на Факултетот за градежништво на Словачкиот универзитет за технологија, ги истакна придобивките и предизвиците за користење на БИМ-алтката, а воедно изнесе податоци за увидот во износот на инвестицијата на БИМ (во време и пари) на индивидуално и на ниво на компанија за да може лицето да стане БИМ-професионалец и за фирмата да може да испорачува БИМ-проекти. Проф. д-р Томо Церосек, заменик-директор на Одделот за градежништво на Универзитетот во Љубљана, Словенија, во својата презентација ги истакна начините за поттикнување на имплементацијата на БИМ-алатката, од страната на понудата и

побарувачката на пазарот. На крајот, учесниците имаа прилика од прва рака да слушнат и да ги разобличат митовите кои кружат за БИМ-процесот и за софтверите кои се користат при моделирањето. Република Македонија се приклучува кон иновации во градежниот сектор и прашањето е дали ќе успееме да искористиме дел од ова и да го подобриме процесот во земјата.


Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

БИЗНИС ИНФО

11

TRAINEE Градежниот сектор е специфичен по тоа што голем дел од работниците немаат формално образование или немаат официјални документи за вештините што ги поседуваат. Тоа ги прави компаниите неконкурентни во бизнисот, а работната сила неконкурентна на пазарот на трудот. Она што за нас ќе биде предизвик е токму да се спроведе препознавање на вештините што ги имаат работниците, техничарите и инженерите преку нивно сертифицирање, како и да се одржат акредитирани обуки што ќе бидат направени во согласност со потребите на инвеститорите, градежните компании и професионалните организации. Со цел да се постигне мултидисциплинарен пристап кај одржливото градење, ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално ниво. Примената на БИМ-алатката, што е едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија, во доменот на градежништвото, се спроведува со иницирање широка акција за подигање на свеста кај сите засегнати страни од градежниот сектор (градежните компании, инженерите, архитектите, работниците), но и инвеститорите и одговорните владини институции, како и крајните корисници на објектите, преку низа активности, работилници, семинари и други промотивни настани. Целта е преку примената на БИМ-алатките да се постигнат и да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење. Извештаите од спроведената анализа предвидуваат дека поширокото усвојување на БИМ ќе овозможи заштеда од 15-25% на пазарот на глобална инфраструктура до 2025 година. Владите и компаниите низ Европа при секоја јавна набавка поврзана со градежништвото, веќе ја препознаваат вредноста на БИМ како стратешка предност за постигнување на целите во однос на трошоците, квалитетот и политиките на градење. Многу од нив преземаат проактивни чекори да ја поттикнат употребата на БИМ во својот градежен сектор за да се осигурат дека ќе ги добијат овие економски параметри. Проектот „ТРАИНЕЕ“ е дел од повикот за енергетска ефикасност 2014-2016, Програма „Хоризонт 2020“ и се спроведува од Стопанската комора на Македонија како координатор во партнерство со: Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Јавната установа Центар за образование на возрасните Скопје (ЦОВ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ) и WITS INSTITUTE SL (BIM Academy) Академијата БИМ од Шпанија. м-р Ирена Мојсовска


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

СОРАБОТКА

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМИ ЕФИКАСНОСТА И КОНКУРЕНТНОСТА НА ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ НА ДОМАШНИОТ И МЕЃУНАРОДНИОТ ПАЗАР – ПРЕЗЕНТИРАНИ АКТИВНОСТИТЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „BIMCERT“ Придобивките од дигитализацијата и примената на современи технолошки програми и софтверски решенија во градежниот сектор, во насока на рационално користење на ресурсите во градежништвото, подобрување на енергетската ефикасност преку употреба на БИМ (Building Information Modelling), надградба на вештините и подобрување на квалификациите на вработените во секторот, воведување подобри процеси, материјали, производи и извори на енергија беа предмет на дискусија на денешниот настан во рамките на Проектот „BIMcert“ финансиран од Европската програма „Хоризонт 2020“. BIMCertНа настанот посветен на Проектот „BIMcert“ кој е имплементиран од страна на проектниот конзорциум составен од реномирани високообразовни и истражувачки центри, меѓу кои и Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ, во присуство на владини претставници, претставници од бизнис секторот, научната и стручната јавност, свое обраќање имаше и претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, Андреа


Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

БИЗНИС ИНФО

13

СОРАБОТКА Серафимовски. -Градежниот сектор во последните години доживува значителен подем. Зголемувањето и развојот на светската популација води кон паралелен развој на урбанизмот и градежништвото, како резултат на потребата за подобрување на квалитетот на живеењето на луѓето преку изградба на станбени, деловни објекти и индустриски објекти, како и изградба на сообраќајна инфраструктура за меѓусебно поврзување, побрз транспорт и олеснување на трговската размена. Меѓутоа, без оглед на подемот кој го доживува, градежништвото е еден од најмалку дигитализираните сектори, во кој има голем потенцијал за рационализација на процесите и зголемување на ефикасноста во работењето, - истакна Серафимовски во своето обраќање. Тој посочи дека за постепено воведување на дигиталната трансформација на градежниот сектор потребно е вклучување на сите чинители во процесот: институциите и државата чија улога треба да биде во насока на обезбедување поволно деловно опкружување и соодветна правна рамка која ќе овозможи воведување и имплементација на современите технолошки решенија, како и подготовка и јакнење на административните капацитети, образовните институции кои треба да дејствуваат во насока на приспособување на образовните програми и предметите на потребите на бизнис заедницата, со цел подготовка на стручен и квалификуван кадар кој ќе може веднаш да се приклучи на работниот процес и градежните компании кои треба да бидат подготвени да инвестираат во имплементација на нови програми и технологија, но и во обуки за усовршување на лицата кои ќе ги применуваат. Обраќање на настанот имаа и д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, претставници на членовите на проектниот конзорциум, Агенцијата за енергетика при Министерството за економија, партнери и соработници на Проектот. м-р Нена Николовска


14

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

15


bsi.

16

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

те ај ач ар Н

БИЗНИС ИНФО

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

БИЗНИС ИНФО

17

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 14.02.2019 година (четврток) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

Овој семинар го објаснува значењето на податоците и нивното користење за носење квалитетни бизнис одлуки. Наменет е за претставници на бизнис заедницата кои директно или индиректно се вклучени во процесите на бизнис анализите и носењето на деловни одлуки. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за data mining, бази на податоци, идентификација и класификација на сетови на податоци, бизнис анализа на кластери на податоци. Идентификувањето на сеопфатни и квалитетни бази на податоци и практикувањето подготовка на анализи е дел од бизнис културата на развиените компании. Особено е важно користењето на релевантни економски податоци на патот за зголемување на конкурентноста. Предавач: -Благица Новковска, експерт, професор и истражувач. Повеќе од 25 години работела во официјалната статистика, од кои 10 години како директор на Државниот завод за статистика. На академско ниво, Новковска е доктор на економски науки (докторирала на тема ,,Застапеност и мерење на сивата економија во Република Македонија,,) и доцент по група предмети од областа на економските науки на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Последен рок за пријавување: 8 февруари 2019 година. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.2.2019, 20.2.2019 и 21.2.2019 година Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

РЕАЛИЗИРАЊЕ ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

Со цел зајакнување на врските помеѓу пазарот на труд и вештините на младите што се развиваат преку образовниот систем, неопходно е зајакнување на соработката помеѓу работодавачите и училиштата. Се` поголем е интересот на компаниите да обучат ученици - идни вработени согласно нивните потреби, а идните учениците да се стекнат со соодветни вештини, да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да најдат соодветно вработување согласно стручната подготовка. Согласно законската регулатива, компаниите кои имаат интерес да се вклучат во процесот на практично обучување на ученици, треба да имаат обучено лице – ментор кое ќе ги води учениците низ процесот на практичната работа во компанијата. Со постоењето на обучени ментори во компании ќе се подобри квалитетот на соработката со училиштата и ќе се постигне поефективна практична обука на учениците. *Минимален број за реализација на обуката е 5 учесници. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

БИЗНИС ИНФО

19

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19 – 20.02.2019 година (вторник и среда) 9:00 -14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала1 на 5-ти кат

Стратегиско планирање со примена на SWOT матрица и Карта на врамнотежени резултати (КВР)

Стратегиското планирање е иницијална фаза во стратегискиот менаџмент, а претставува процес на дефинирање на приоритетните области, цели и активности што организацијата ќе ги реализира во иднина. Иако не може да се даде приоритет на било која од фазите на стратегискиот менаџмент, сепак квалитетниот стратегиски план е повеќе од половина завршена работа. Основна цел на обуката е да им помогне на организациите во процесот на стратегиско планирање и изработка на квалитетни стратегиски планови како солидна основа за нивниот развој, а со тоа и исполнување на мисијата за постоење на организацијата. Познавањето на основите за методологијата, формата и содржината на стратегискиот план ќе овозможи ефикасно остварување на целите и активностите предвидени во нив, како и соодветно управување со човечките и финансиските ресурси кои треба да ги поддржат програмите и активностите. Започнувајќи од најчесто поставуваното прашање, кој треба да го направи стратегискиот план, потоа преку прашањето кои алатки најчесто се користат во процесот на стратегиско планирање и насоки за нивна примена, потоа со употреба на Картата на врамнотежени резултати (КВР) и насоките за дефинирање на организациска визија и мисија ќе се добие комплетна слика за вкупниот процес на стратегиското планирање. Тоа е креативен пристап кој во фокусот ја има иднината на сегашните одлуки, преку прилагодување на потенцијалот на организацијата. Предавач: - проф. д-р Лидија Стефановска е професор во наставната област Стратегиски менаџмент и заменик директор на високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“(БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент. Рок за пријавување: 13.2.2019 година Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21 февруари 2019 година 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

Најнови измени на Законот за јавни набавки

НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Имајќи предвид дека од 1 април 2019 година стапува на сила новиот Закон за јавни набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, по одржаниот семинар на 31 јануари 2019 година, организира еднодневен семинар и на 21 февруари 2019 година и истиот е наменет за сите приватни компании како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки. Целта на овие семинари е понудувачите навреме да се подготват за добивање државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение. Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ. Поради голема заинтересиранотст и ограничен број на места, Ве молиме Вашите пријави да ги доставите најдоцна до 15 февруари 2019 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

БИЗНИС ИНФО

21

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 22.02.2019 година 10:00 - 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА

Секој вработен поседува знаење, сила, креативност и потенцијал. Овие содржини може да се искористат само ако вработениот е доволно мотивиран. Доколку организацијата има систем и менаџери кои можат да ги мотивираат луѓето во неа ќе се случуваат неверојатни работи и ќе има огромен успех. Мотивираните вработени се подготвени да вложат многу труд, многу енергија, многу посветеност, многу креативност и упорност за да ја постигнат поставената цел. Функционирањето на организацијата е сложен процес, кој опфаќа постојана размена на информации внатре во компанијата заради успешно работење. Свесноста за важноста на овој комуникациски тек е една од важните компоненти за успехот на работењето на компанијата. Доколку линиите на комуникација не се јасно дефинирани, доколку информациите не се пренесуваат целосно и до лицата за кои тие се наменети, ќе се успорува работењето, процесите ќе бидат не ефикасни, ќе се создава внатрешно незадоволство поради неорганизираноста и организацијата нема да биде во кондиција да се носи со сите надворешни предизвици. Предавач: -проф. д-р Гордана Петрушевска, експерт и менаџер. Д-р Петрушевска своите магистерски студии ги завршува во 2003 година, на Шефилд Универзитетот во Солун, на тема: „Тимско работење и активности за организрање успешни проекти“. Своите докторски студии ги завршува на Универзитетот за Мир на Обединетите нации во Белград, во 2012 година, на тема:„Позиционирање на производи во услови на криза“. На академско ниво, д-р Петрушевска, меѓу останатите предмети, предава: Меѓународна економија, Меѓународна трговија, Развивање на нови производи, Односи со јавност итн. Рок за пријавување: 18.2.2019 година Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.02.2019 година (вторник) 09:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

Стопанската комора на Македонија на 26 февруари 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО. Цел на семинарот: Запознавање на учесниците на семинарот со производствениот менаџмент, начините како можеме да го организираме и управувавме производството преку зголемување на ефикасноста и ефективноста преку оптимизирање и организирање на работните места; да влијаеме на зголемување на продуктивноста и намалување на ризикот од повреда на работно место; да се препознаат деловите во производството коишто додаваат вредност на крајниот продукт; да се воспостави ефикасна и одржлива комуникација помеѓу секторите производство, продажба и набавка; да се намали непотребното трошење на ресурси и време кое е потребно да се произведе некој производ; да се изгради систем за постојани подобрувања во коишто секој вработен во производството ќе придонесува во унапредувањето на работата на своето работно место; да се мотивираат вработените за да бидат поактивни чинители во воспоставениот систем на постојани подобрувања итн. Предавач: - Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Последен рок за пријавување: 18.02.2019 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

БИЗНИС ИНФО

23

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.02.2019 година (среда) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

Ефикасната комуникација е важна за развојот на една организација. Преку комуникацијата се извршуваат основните и комплексните работни задачи и менаџерски функции. Комуникациските вештини, без разлика дали се вербални или невербални, претставуваат основа за секоја деловна активност. Комуникацијата служи како основа за секој аспект на бизнисот, па токму затоа секојдневното подобрување на организациското комуницирање може да донесе многу придобивки за организациите: • Комуникацијата влијае на мотивацијата на вработените; • Комуникацијата претставува извор на информации и помага во процесот на донесување одлуки; • Комуникацијата помага во градење на ставот кај вработените; • Комуникацијата влијае на интерперсоналните односи меѓу вработените; • Комуникацијата помага во процесот на контролирање и сл. Предавач: - проф. д-р Даниела Карадаков, директор на БАС Високата школа и професор во наставната област Менаџмент на човечки ресурси. Рок за пријавување: 22.02.2019 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Елизабета АндриевскаЕфтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

3-7 март 2019 година Рим, Р. Италија

Советување на тема: ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

Стопанската комора на Македонија, од 3-7 март 2019 година, Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: „ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО“, што ќе се одржи во Рим, Р. Италија. Предавач: - Виш предавач м-р Горазд Смилевски, наставник по консултантство и претприемништво во високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“(БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент и еден од нејзините основачи. АРАНЖМАН Сместување и авионски превоз - Цената за сместување во хотел со 3 * во Рим на база 4 ноќевања со доручек во двокреветна соба, по учесник, изнесува 32.200 денари. За сместување во еднокреветна соба се доплаќа 7.450 денари за сите денови. - авионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје (тргнување на 3 март 2019 година, во 13:20 часот од Меѓународниот аеродром во Скопје и враќање на 7 март 2019 година во 15:35 часот од Аеродромот „Чампино“ во Рим; - транфер во Рим од аеродром до хотел и од хотел од аеродром на враќање; - користење конференциска сала; - кафе и освежување за време на паузата на советувањето; - пратител на групата; - разглед на Рим. Минимален број за реализирање на оваа обуката е 15 учесници. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

БИЗНИС ИНФО

25

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

11 април 2019 година, Диселдорф, СР Германија

Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија „Startup-Woche“

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Германија (Северна Рајна Вестфалија во западна Германија), преку Европската мрежа на претприемачи ЕЕН, ве покануваат да учествувате на Mеѓународните деловни средби на стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Германија „Startup-Woche“, што ќе се одржат на 11 април 2019 година во Диселдорф, СР Германија. Пазарите на Источна Европа се развиваат брзо и се сметаат за најбрзо растечки економии во Европа. Овие економии дефинитивно имаат што да понудат, но и да научат од високо развиените европски земји преку техники и начини за водење бизнис, деловни стилови за преговорање и договарање, трансфер на технологии и знаење. Ниските трошоци на работна сила, човечките ресурси со добри квалификации, географската близина, се битни фактори што земјите од Источна Европа можат да ги понудат на западноевропските развиени земји. На настанот ќе присуствуваат голем број источноевропски стартап компании, мали и средни компании кои ќе ги споделат своите бизнис планови, идеи, можности и проекти. Тие ќе работат во групи со ментори за да најдат соодветни решенија за одредени прашања, кои потоа ќе бидат презентирани пред посетителите. Ова ќе биде проследено со неформални деловни средби, кои ќе бидат почеток за воспоставување нови партнерства. Краен рок за избор и потврда за учество е 8.3.2019 година. Учеството е бесплатно, трошоците за патување и сместување се на товар на учесниците. Место на одржување на настанот: Schloß Mickeln, Alt-Himmelgeist 25, 40589 Düsseldorf. Ирена Мојсовска, ЕЕН Македонија Телефон: ++ 389 2 3244 009 E-адреса: irena@mchamber.mk Стопанската комора на Македонија


26

БИЗНИС ИНФО

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Србија

Продажба на фабрика за рециклажа во Србија

Хрватска

4-ти меѓународен конгрес за рурален туризам

Босна и Херцеговина

Босанска компанија производител на алуминиумска и ПВЦ столарија е заинтересирана за воспоставување на деловна соработка co компании од Република Македонија

Индија

Компанија од Индија, производител на најквалитетна сурова волна и волнени предива е заинтересирана за долгорочна соработка со бизнис партнери од Македонија

Босна и Херцеговина

Јавен повик за учество во реорганизацијата на ХИДРОГРАДЊА д.д. Сараево

Италија

Мултинационална компанија со седиште во Италија бара македонска компанија за пакување на производи

Турција

Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС

Украина

Италија

Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија

Египет

- Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“

Компанија која произведува маслиново масло,маринирани маслинки, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија

Украина

Египет

Украина

Иран

Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер)

Производител на метални мрежи и огради

Компанија од Египет е заинтересирана за увоз на минерални суровини

Македонија

СЕ ПРОДАВА МОНТАЖНА ХАЛА

Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и плас

Македонија

Иран

АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.

Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи.


Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

БИЗНИС ИНФО

27

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Мексико

Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги.

Македонија

Реномирана компанија од Македонија, производител на високо квалитени и стандаридизирани цевки, профили, спроводници, бара компании странски компании за соработка.

Македонија

Компанија нуди производство и печатење на самолепливи етикети во ролна.

други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспорт

Украина

Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Украина

Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Украина

Украина

Украина

Пакистан

Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за д

Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Украина

Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и

Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македон

Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат пресуван под висок притисок и е компанија која функционира од 1972 година со седиште во Либан.

Украина

Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 8 февруари 2019, Бр. 382

T

15

28

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.