Бизнис ИНФО, број 386

Page 1

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

Број 386 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 08.3.2019

КАКО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН?


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

2018 - НАЈУСПЕШНА ГОДИНА ЗА ОСИГУРИТЕЛНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ПОСЛЕДНАТА ДЕКАДА, ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА И РАЗВОЈОТ НА НОВИ И ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ НАЈВАЖНИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД

- Минатата 2018 година претставува најуспешна година за осигурителната индустрија во нашата земја во последнaта декада. Осигурителниот сектор забележа раст во однос на сите сегменти на неговото функционирање: бруто полисираната премија (БПП), број на продадени договори за осигурување, поголема исплата на штети, пораст на капиталот, пораст на активата и на финансиските вложувања како дел од активата, како и поголема профитабилност на друштвата за осигурување, - истакна д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија (4.3.2019 година). Во 2018 година остварена е БПП во вкупен износ од 9,93 милијарди денари, што претставува пораст на приходите од 10,40% во однос на претходната година. Во текот на 2018 година друштвата за осигурување склучиле 1.476.374 договори,


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА при што се забележува пораст од 6,55%, од кои 1.454.110 полиси се во рамките на неживотно осигурување, што претставува пораст за 6,26%, додека 22.264 се полиси за осигурување на живот, односно зголемување од 29,57% во споредба со 2017 година. Во својата презентација на остварените резултати на осигурителниот сектор во минатата година, д-р Попоски напомена дека во делот за неживотно осигурување остварена е БПП во износ од 8,55 милијарди денари (раст на приходите од 9,43%). Во структурата на БПП, најзначајна категорија е задолжителното осигурување од автоодговорност (АО) со учество од 43,45%. БПП за оваа класа на осигурување изнесува 4,31 милијарди денари и во споредба со 2017 година бележи пораст од 6,04%. Втора поголема категорија во структурата на БПП претставува осигурувањето на имот со 17,31% учество со остварен раст од 19,68%, додека доброволното осигурувањето на патнички возила (каско) кое учествува со 8,03% во вкупната БПП оствари зголемување од 5,42% со БПП 797,32 милиони денари при истовремен пораст и на бројот на склучени договори за 6,72%. Во минатата година се забележува голем подем и во продажбата на здравственото осигурување. Во 2018 година остварена е БПП од 125,71 милиони денари што претставува пораст од 116,37% во однос на претходната години. Кај осигурувањето на живот се забележува пораст на приходите од 15,48% во однос на претходната година со остварена БПП од 1,67 милијарди денари со што продолжува трендот на двоцифрена стапка на пораст на приходите. Друштвата за осигурување во 2018 година исплатиле бруто - износ на штети од 3,92 милијарди денари. Во споредба со 2017 година бруто исплатените штети бележат пораст од 9,53%, додека, учеството на реосигурувањето во бруто исплатените штети изнесува 13,19%. Во периодот 1.01.-31.12.2018 година осигурителниот сектор оствари добивка по оданочување во износ од 394,94 милиони денари. Ѓорѓе Војновиќ, претседател на Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија, истакна дека осигурителната индустрија во Македонија континуирано се развива и станува исклучително конкурентна и динамична, што секако придонесува за подобрување на квалитетот на услугите што се нудат. -Генерално, осигурителниот пазар во Македонија се` уште има простор за раст, особено во незадолжителните класи на осигурување и тоа кај осигурувањето на имот и на живот, приватното здравствено осигурување и посебно осигурувањето од професионална одговорност, имајќи го предвид се` поголемиот интерес и поголемата едукација на граѓаните за потребата од осигурување. Еден од најзначајните сегменти во осигурувањето е доброволното приватно


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА здравствено осигурување коешто во последните години доживува вистинска експанзија, за што Здружението на осигурувањето достави иницијатива за даночни олеснувања, бидејќи како уникатен финансиски производ опсегот на ризиците што ги покриваат пакетите и продуктите што ги нудат се` повеќе се препознаваат како голема придобивка за граѓаните. Дигитализацијата на процесите и на каналите на комуникација е еден од најважните и најнеизбежните предизвици со коишто се соочува и осигурителната индустрија во моментов. Оттука, за да ја олеснат интеракцијата со клиентите и да ги направат услугите подостапни, но и за да понудат едноставна и брза услуга, се` поголем број осигурителни друштва овозможуваат и „онлајн“ обновување на полисите за осигурување од автоодговорност, пријавување штета, следење на статусот на истата, полиси за патничко осигурување и други услуги, со што во земјава почна праксата којашто веќе подолго време е присутна на поразвиените пазари, - истакна претседателот на Здружението Ѓорѓе Војновиќ. На прес-конференцијата беше акцентирано дека банкоосигурувањето добива сѐ поголемо значење во однос на заинтересираноста на банките да станат дистрибутивен канал на продажба на осигурителни производи на задоволство на сите засегнати страни: друштвата за осигурување, осигурениците, како и на самите деловни банки. Во доменот на банките кои имаат дозвола за вршење на работи на застапување во осигурување функционираат 5 банки. Исто така, беше напоменато дека Македонија треба да ја усогласи законската регулатива со ЕУ-директивите и до крајот на 2019 година е предвидено да се донесе нов закон за осигурување, базиран на Директивата Солвентност 2. Со новиот закон за осигурување ќе се зајакне и заштитата на осигурениците, ќе се обезбеди транспарентност во работењето на осигурителните друштва и ќе се постигне поголема подготвеност на осигурителната индустрија за соочување со конкурентските притисоци од внатрешниот пазар на ЕУ. Инаку, на пазарот на осигурување во Република Македонија активно работат 16 друштва за осигурување. Во делот на неживотно осигурување бројот на пазарните субјекти е 11, додека во делот осигурување на живот бројот на субјекти е 5. Во доменот на посредувањето, осигурително брокерски работи вршат 35 осигурително брокерски друштва, што е намалување во споредба со 2017 година поради престанокот на работа на едно друштво (2017:36), а работи на застапување во осигурување вршат 11 друштва за застапување (2017: 11). Во доменот на банките кои имаат дозвола за вршење работи на застапување во осигурување функционираат 5 банки. Влатко Стојановски


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

НА КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ 2019 - 1500 УЧЕСНИЦИ, 26 ПАНЕЛИ, ЕДНА ЦЕНТРАЛНА ТЕМА: „КАКО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН?” Копаоник бизнис форумот, што се одржува од 3 до 6 март 2019 година, деновиве е епицентар на економските случувања на Балканот. На едно место, повеќе од 1.500 учесници, вклучувајќи истакнати професори, државни претставници, членови на дипломатскиот кор, стопанственици, домашни и странски инвеститори, како и претставници на меѓународни финансиски организации, дискутираат за најзначајните економски прашања во регионот. За прв пат годинава, 10-члена македонска делегација, предводена од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, учествува на најпрестижната манифестација која во изминатите 26 години успеа да стане најзначајниот бизнис настан на овие простори, со 160 панелисти и 26 панели и веќе одамна се нарекува Балкански Давос. ДАВОС КОПАОНИКНе смее да се дозволи политичките спорови да влијаат врз бизнисот во Западен Балкан. Регионалната економска соработка е неопходна за да можат компаниите од Западен Балкан да бидат поконкурентни на пазарот и да се приближат кон Европската унија. Бизнисот е клучот за решавање на проблемите на Балканот - е пораката пренесена од претставниците на Коморскиот инвестициски форум, кои учествуваа во Панел-дискусијата на тема: „ЗАПАДЕН БАЛКАН - РЕГИОНАЛНА ЕКОНОМСКА ОБЛАСТ“. - За да се елиминираат сите недостатоци кои се јавуваат во трговијата, сега е вистинското време да се повлечат мудри потези поткрепени со силна поддршка од Европската унија и од другите релевантни меѓународни чинители во насока на интензивирање на регионалната интеграција и трговска соработка, со што ќе се обезбеди економски просперитет за сите земји. Затоа, неопходни се политички консензус и волја кај сите чинители во регионот за придвижување на овој процес, како и директна поддршка од ЕУ, која е вклучена во интеграцискиот процес и го гледа регионот како просперитетен иден политички и економски партнер на Унијата. Одложувањето на што и да било за бизнисот е директна финансиска штета па макар и заеднички седници на владите. Бизнисот е „алергичен“ на тој збор. ЦЕФТА-Договорот е најголемо регионално промашување, a нетарифните бариери - најголем срам за нас. Ајде да покажеме дека можеме и поинаку и подобро, - истакна Азески пред учесниците


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

7

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА на Копаоник бизнис форумот. - Во последната деценија, свеста за корупција е зголемена во земјите од Западен Балкан и таа стана важен приоритет во политичката агенда на скоро сите земји од регионот, па така сите влади во своите програми, како еден од приоритетите ја ставаат и борбата против корупцијата. Се преземаат чекори за решавање на овој проблем, пред се` поради обврските кои произлегуваат од пристапувањето кон Европската унија, со цел последователно да ја приспособат националната законска регулатива во согласност со acquis communautaire (правото на ЕУ). Но, дали има конкретни резултати од борбата со корупцијата во регионот? Наодите од истражувањата спроведени на оваа тема покажуваат дека корупцијата останува доста застапена во многу области и продолжува да биде сериозен проблем и кочничар на економскиот раст. Сигурно дека дигитализацијата на јавната администрација е еден од клучните процеси кои ќе влијаат на ефикасноста и професионалноста на јавната администрација, а со тоа и на намалувањето на корупцијата, но потребни се радикални и усогласени заеднички чекори на овој план заради решавање на овој, ако можам да го наречам, голем регионален проблем, - нагласи претседтелот Азески. - Иако поминаа речиси 12 години од склучувањето на ЦЕФТА-Договорот, земјите од регионот не ја искористија можноста регионално да се поврзат и да соработуваат, по примерот на земјите од Европската унија, кои економскиот раст го темелат токму на трговската интеграција, - додаде Азески пред присутните. Нема никакви дилеми дека единствен извор за одржлив и инклузивен раст на земјите од Западен Балкан кој ќе ги приближи кон земјите од ЕУ е токму интензивирањето на регионалната економска интеграција и зголемувањето на трговската соработка во рамките на регионот. Земјите од Западен Балкан како мали економии можат да ја подобрат алокацијата на ресурсите и да ја зголемат својата продуктивност единствено преку искористување на економијата од обем со поголема регионална и меѓународна интеграција. Тие можат да ја подобрат својата позиција на глобалните пазари само ако соработуваат со други поразвиени земји, обезбедувајќи на тој начин трансфер на технологија и знаење што ќе им овозможи да се вклучат во нивните синџири на снабдување преку производство и извоз на производи со повисок степен на финализација и додадена вредност. м-р Анета Трајковска


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

ПО ПОВОД 5 МАРТ СВЕТСКИ ДЕН НА ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ Претприемачите се многу повеќе од само креатори на работни места и даночни обврзници. Тие се учители, обучувачи, иноватори, креатори, тие се активни членови во заедницата и движечка сила во рамките на светската агенда за широка конкурентност. Претприемачите обично не зборуваат за нивните „права“. Но, време е политичарите и службениците да бидат поактивни во тоа што нема да ги земаат нивните потреби здраво за готово и постојано да бидат централен дел од политичките процеси. Тие од владите очекуваат максимален ангажман во создавањето на претприемачки еко-систем кој треба да создаде олеснет пристап до финансирање, програми насочени кон потребите и целите на претприемачкиот развој, претприемачко образование, трансфер на знаење, истражување и развој, транспарентност на внатрешниот пазар кој ќе овозможи поттикнување на конкурентноста, пристап до претприемачката инфраструктура, како и поттикнување и поддршка на младите претприемачи на домашен терен поради стекнување соодветни услови за излез на меѓународните пазари. Минатата година, Асоцијацијата на Eвропските трговско-индустриски комори (Еурочемберс), по повод 60-годишнината од своето постоење до институциите на Европската унија поднесе „Декларација за претприемачки права“, која содржи 12 барања кои се однесуваат на предусловите за претприемачите и бизнисите во ЕУ, со цел истите да напредуваат, просперираат, а со тоа да се овозможи задржување на општествените вредности и стандарди. Во овој документ се собрани клучните препораки за спроведување реформи и мерки кои би требало да бидат иницирани и проследени на ниво на ЕУ во текот на законодавниот мандат 2019-2024 година, а се пред се` во насока да се поттикнат стартап компаниите и да им се даде можност на милиони веќе воспоставени бизниси да растат и да се развиваат. Најголем дел од укажувањата и препораките на Еурочемберс врзани за претприемачките права се во корелација со состојбите во македонското стопанство


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

9

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА и мерките кои и досега ги промовирала Стопанската комора на Македонија до креаторите на економските политики. Пред се`, тука се мисли на условите за создавање на квалификуван кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на труд, градење на конкурентноста преку намалување на бариерите во трговијата, воведување на иновациите и унапредување на технолошкиот развој, дигитализацијата, поголема интернационализација на бизнисите... Во насока на одбележување на денешниот ден 5 март како светски ден на претприемачите, а признавајќи ја потребата за понатамошно унапредување на заложбите на Комората како најстара и најбројна деловна асоцијација во земјата за унапредување на состојбите на конкурентноста на македонската економија и за поттикнување на претприемништвото, потребно е и натаму поинтензивно да се работи на надминување на постојните слабости во однос на: - отстранување на бариерите за понатамошна глобализација на македонската економија; - креирање на извозно ориентиран модел на раст; - надминување на недостатоците со соодветно обучена работна сила; - создавање на поволен деловен амбиент за стопанисување без пречки; - креирање на соодветна регулаторна и финансиска рамка за водење бизнис во земјата, која ќе овозможи зголемување на стапката на „преживување“ на новооснованите компании, соодветна рамка за поддршка на растот на постојните компании, но истовремено и ќе влијае поттикнувачки на ширењето на претприемачкиот дух во земјата; - креирање на екосистем за унапредување на иновативноста на компаниите; - поддржување на процесот на дигитална трансформација на македонските компании и користењето дигитални технологии за да се забрза нивниот раст, како и да се иновираат процесите, производите и услугите, со цел истите да се приспособат на новите генерации на потрошувачи; - обезбедување на достапно и сигурно снабдување со енергенси и суровини за македонските компании.

Дел од овие теми ќе се најдат сигурно и во фокусот на Вториот светски конгрес на претприемачи, кој ќе се одржи во втората половина на октомври оваа година, а на кој согласно одлуката на Меѓународниот економски форум „Перспективи“, Македонија ќе биде земја домаќин. Визијата на конгресот е да прерасне во еден од најквалитетните деловни собири кои во континуитет ќе ја претставуваат платформата на стручна расправа на претставниците на деловната и академската заедница, државните институции и граѓански организации, за улогата и придонесот на претприемништвото во глобалниот развој. Билјана Пеева-Ѓуриќ, в.д. извршен директор


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

СОРАБОТКА

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД НР КИНА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА На 4 март 2019 година, претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, оствари работна средба со делегација од кинескиот град Нингбо. Господинот Пешев потенцираше дека е потребно да се искористат сите можности за продлабочување на соработката, а од кинеските претставници беше побарано да достават понуда за соработка со македонските компании. На работната средба беа презентирани можностите за соработка на македонските иновативни компании и научни и истражувачки институции со „Нингбо Силк Роад“, иновативна компанија, која е специјализирана за истражување, наука и технологија за размена на услуги во земјите од Централна и Источна Европа. Нингбо е еден од 5-те најголеми градови во Кина кои се центри за развој на мали бизниси и иновативни технологии, и трет по извоз на технологија и иновации. Има отворено две филијали во Украина и во Бугарија и шест канцеларии за врски во странство, како што се канцеларијата за врски во Чешка, Словенија, Хрватска, Србија, Словачка и во Русија. Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во 2018 година изнесува 588,5 милиони САД$, со зголемување од 16,2% во споредба со 2017 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 65,3 милиони САД$ со зголемување од 4,8%, додека увозното салдо изнесува 523,2 милиони САД$, со раст од 17,8% споредено со 2017 година. Евидентиран е негативен биланс на страната на Република Македонија во трговската размена од скоро 458 милиони САД$, кој споредено со 2017 година е повисок за 19,9%. Во вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е 7-ми трговски партнер на Република Македонија во 2018 година. м-р Ивана Крстевска


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

11

СОРАБОТКА

СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - МЕКСИКО - НОВА РУТА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И МЕКСИКО -Потребно е да се смени перцепцијата и да се разбие клишето за Мексико како земја на текилата, вкусната храна и маријачите и да се претстави како земја со голем број можности за развивање економска соработка во повеќе области, особено во делот на туризмот и бројните културни и природни убавини коишто ги нуди земјата, - истакна Н.Е. Марко Антонио Гарсиа Бланко, амбасадор на Мексико во Белград задолжен за Македонија, во неговото поздравно обраќање на настанот организиран со цел презентирање на економските потенцијали и можностите за соработка со Мексико, пред претставниците од коморите, надлежните институции и туристичките агенции во просториите на хотел Парк, Скопје. Мексико е 14-та најголема земја во светот, со површина од речиси 2 милиона километри квадратни и популација од 130 милиони жители, претежно населени во градски подрачја. Поради големината, достапноста на природните ресурси и големиот производствен капацитет на земјата, особено во областа на прехранбената, автомобилската индустрија, технологиите и софтверските решенија, Мексико е 11-та најголема светска економија и 13-ти најголем извозник во светот. Покрај развиените индустрии и производство, туризмот исто така претставува една од основните гранки што придонесува за раст на економијата на земјата. Мексико е една од 10те најпосетувани туристички дестинации во светот со повеќе од 41,5 милиони посетители од целиот свет на годишно ниво. Туризмот генерира 8,7% од бруто домашниот производ на земјата, со вкупен придонес од околу 23 милијарди САД $ за 2018 година. Со цел интензивирање на размената на туристи и од двете страни, но и продлабочување на можностите за соработка и во останатите сектори, од 21 август 2019 година, Македонците ќе има можност 3 пати неделно, преку Истанбул да летаат до Мексико, односно Канкун, како една од најпривлечните туристички дестинации во земјата. Промотивните летови со „Туркиш Ерлајнс“ започнуваат во август, со промотивна цена од 599 евра за повратен билет. Главната цел за воведување на оваа линија е да се овозможи што поголем пристап на македонските туристи до Мексико, но и обратно, со креирање посебни туристички понуди и посета на атрактивни места, во земјите коишто до сега беа тешко достапни. - Се надеваме дека новите конекции ќе придонесат за зголемување на интересот и воспоставување нови релации меѓу претставниците на бизнис заедниците што во спротивно ќе придонесе и за зајакнување на економиите на двете земји, - додаде Н.Е. Марко Антонио Гарсиа Бланко. м-р Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

СОРАБОТКА

СОРАБОТКА СО МЕГАТРЕНД УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД БЕЛГРАД

Имајќи го предвид фактот дека решавањето на економските проблеми лежи во зголемување на конкурентноста, а конкурентноста се потпира на развојот на образованието, науката и иновациите, Стопанската комора на Македонија постојано работи на унапредување на релациите со реномирани домашни и странски образовни институции, со цел развивање на свеста кај креаторите на економската политика дека во времето на развојот на економија базирана на знаење, образовниот систем ја презема улогата на клучен развоен фактор. Токму во насока на размена на искуства и изнаоѓање можности за взаемна промоција беше и денешната работна средба на претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев и неговите соработници со делегација од Мегатренд универзитетот од Белград. На работната средба се разменија искуства околу трендовите кои доминираат на глобалниот пазар на трудот, кои се добар показател за динамиката во која се создаваат нови професии и исчезнувањето на некои од постојните. Проф. Никодијевиќ, декан на Факултетот за култура и медиуми при Мегатренд универзитетот, истакна дека овој


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

13

СОРАБОТКА

процес поставува сериозни барања пред образовниот систем и моделите коишто преовладуваат и нудат профилирани знаења за специфични професии нема да можат да одговорат на барањата во иднина на пазарот на трудот. - Имајќи предвид дека динамиката на технолошкиот развој постепено создава нови занимања, очигледно е дека промените се неопходни во самиот концепт на образованието, а секако, потребни се и нови начини на промоција и соработка на образовните институции со приватниот сектор, поголема врска со индустријата, а оттука и со стопанските комори, како глас на бизнис-заедницата, која во голема мера ја определува побарувачката на работна сила и потребите за соодветен вид образование. Едукацијата е жива материја, која не може да биде управувана од политиката, туку од потребите на индустријата, - посочи Пешев. Стопанската комора на Македонија и Мегатренд универзитетот од Белград ќе соработуваат на заеднички проекти за взаемна промоција на активностите, бидејќи со поттикнувањето на соработката меѓу високообразовните институции и економијата, во голема мера ќе се придонесе за поттикнување на претприемништвото и растот на стапката на вработеност. Затоа, како што беше заклучено на средбата, несомнено е дека постои итна потреба за проширување на опсегот и достапноста на квалитетно образование на сите нивоа и дека ни е потребно образование кое ги подготвува младите да се приспособат на идните иновации и предизвици. м-р Елена Милевска Штрбевска


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ОДРЖАНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА „САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМОТ“ - ИНВЕСТИЦИСКИ И ТРГОВСКИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ

Пред компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија, на 7.3.2019 година, беше одржана презентација на „Сараево бизнис форумот“, еден од најголемите инвестициски настани во регионот, кој ќе се одржи од 17-19.4.2019 година. Д-р Татјана Штерјова, в.д. директор на Дирекцијата за здруженија и регионални комори при Стопанската комора на Македонија, посочи дека со „Bosna Bank International“ денес е склучен Меморандум за соработка, кој поставува основи за заемна соработка на двете институции. Соработката ќе се одвива во неколку различни полиња - во насока на обезбедување поддршка за македонските компании кои сакаат да земат учество на настаните што ги организира „Bosna Bank International“ („Сараево бизнис форумот“, „Сараево Халал саемот“, како и другите меѓународни настани од сличен карактер), во насока на промоција на инвестициските можности на двете земји, но и на целиот регион на Западен Балкан, како и за преземање активности за подобрување на инвестициската клима во државите од Западен Балкан. Истовремено, врз основа на склучениот Меморандум за соработка, се обезбедува попуст од 15% на


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

15

ПРЕЗЕНТАЦИЈА надоместокот за котизација на Бизнис форумот за компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија, при што за да се вкалкулира попустот, ќе треба компаниите да приложат потврда од Стопанската комора на Македонија за членство. Д-р Штерјова истакна дека делегација на Стопанската комора на Македонија ќе биде присутна на Бизнис форумот, имајќи ги предвид активностите на Комората и ги повика компаниите активно да ги искористат инвестициските и трговските можности кои ги нуди настанот. Едина Хасечиќ од „Bosna Bank International“ накратко го презентираше профилот на Банката и посочи дека „Сараево бизнис форумот“ оваа година се одржува по десетти пат, при што во изминатите години, настанот го посетиле над 8.000 посетители, претставници од над 3.000 компании и институции од повеќе од 50 земји од светот, коишто пред публиката претставиле над 1000 проектни можности за инвестирање и оствариле над 1.500 директни деловни средби со потенцијални партнери. Низ годините, „Сараево бизнис форумот“ прерасна во меѓународна платформа за средби и размена на нови идеи и можности за соработка, како за бизнис секторот, така и за владини претставници, што придонесе за поголема посетеност, поддршка и афирмација на Бизнис форумот на светско ниво. Азра Чолиќ од „Bosna Bank International“ посочи дека со организацијата на настанот се стремат кон зголемување на соработката во регионот на Западен Балкан и кон негова промоција како отворен регион за инвестиции. Пред присутните накратко ја изложи предвидената програма на 10. Меѓународна инвестициска конференција „Сараево бизнис форум“, при што посочи дека во рамките на првиот ден планирано е, меѓу другото, да има претставници и обраќање од Економскиот форум во Давос, додека во останатите два дена фокусот ќе биде поставен на бизнис-програмата и реализирањето на директни деловни средби. Истовремено, таа ги информираше македонските компании од сите сектори и дејности за можноста своите инвестициски проекти да ги достават до организаторите, со цел истите да бидат презентирани пред потенцијалите инвеститори за време на конференцијата, можност што е отворена и за компаниите кои нема лично да бидат присутни на настанот. Таа посочи дека во рамките на настанот ќе биде организирано и доделување награди за најуспешните компании, со кои се оддава признание на најуспешните компании и претприемачи во регионот, во неколку различни категории. Македонските компании на „Сараево бизнис форумот“ ќе имаат можност за промоција на своите инвестициски проекти пред бизнис-заедницата од регионот, со можност за изнаоѓање деловни партнери, како и пред сите надлежни институции од регионот. д-р Татјана Штерјова


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

ЗДРУЖЕНИЈА & РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

МЕДИУМСКА КАМПАЊА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Управниот одбор на Здружението на осигурувањето ја одржа својата редовна седница на 6.3.2019 година на која како посебна точка на дневен ред беше најавената медиумска кампања за осигурување во земјоделството. Како што истакна Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ, производителите на земјоделски производи постојано се соочуваат со низа ризици кои непосредно влијаат на земјоделските приноси. Најголем дел од нив се производствените ризици кои се поврзани со временските услови, природните катастрофи, штетниците и болестите. Временските услови се значаен фактор за производството на земјоделските култури, кои, за жал, не може да бидат контролирани и претставуваат главен извор на неизвесност за земјоделците. -Во насока за подигнување на јавната свест и едукација на земјоделците за потребата од осигурување на своите посеви и плодови, заедно со друштвата за осигурување во наредниот период ќе започне медиумска кампања за придобивките од осигурувањето,


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА & РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

– потенцираше Николовска. -Разбирањето на изворот и природата на ризиците е неопходно заради развој на стратегии за управување со ризици. Тоа ќе овозможи земјоделците да ги ублажат влијанијата на ризиците кои не можат да бидат спречени, - истакна Билјана Петровиќ, претседателка на Земјоделското здружение „Современо земјоделство“. Д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, изјави дека иако се забележува пораст кај бројот на склучени договори во земјоделското осигурување, сепак се` уште е недоволен бројот на земјоделци и земјоделски стопанства кои ги осигуруваат своите посеви и треба да се работи на тоа да се изгради ефикасен систем на осигурување во земјоделството кое е се` поизложено на климатските промени. -Светските искуства покажуваат дека развојот на земјоделското осигурување може да се постигне со долгорочна и со одржлива имплементација на форма на јавно приватно партнерство и формирање на осигурителни пулови каде што сите засегнати страни ќе го пронајдат својот интерес, за што преку Берлинскиот процес ќе биде достапно и кај земјите од Западен Балкан, потенцира Попоски. Ѓорѓе Војновиќ, претседател на Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија, истакна дека Здружението и неговите членки ја поддржуваат кампањата за едукација и промовирање на осигурувањето во земјоделскиот сектор, нагласувајќи дека еден од начините за управување со ризиците е осигурувањето на земјоделските производи, со што ќе се обезбеди обештетување и заштита на приносите. Тоа ќе овозможи земјоделците да ги ублажат влијанијата на ризиците кои не можат да бидат спречени. Во натамошниот дел од седницата, присутните претставници на осигурителните друштва дискутираа за остварените резултати во 2018 година, за начинот на организација и работа на Здружението, беа разгледани актуелните состојби и предизвици со кои се соочува осигурителниот сектор, како и идните активности на Здружението на осигурувањето. Влатко Стојановски


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

ЗДРУЖЕНИЈА & РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ДОБИЈА НОВИ ЛИЦЕНЦИ ОД ДЕЈНОСТА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА ДОДЕЛЕНИ ОД ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ Членовите на Групацијата за противпожарна заштита на седницата одржана на 5.3.2019 година расправаа за актуелните состојби во оваа дејност, посебно за состојбите и проблемите во дејноста за противпожарна заштита по добивањето на новите лиценци за работа. Донесените нови правилници за поблиско определување на изборот на видовите и на количините на противпожарни апарати со кои треба да располагаат правните лица и граѓаните, како и за утврдување на критериумите што треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат сервисен преглед и контролно испитување на пп-апарати, кои се однесуваат на техничката опрема и просторот за работа, главно се испочитувани од правните субјекти од дејноста заштита од противпожарна дејност затоа што се добиени и нови лиценци за работа од Дирекцијата за заштита и спасување. На состанокот се констатира дека повеќе фирми добија лиценци за работа од Дирекцијата и тоа за Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси и Овластување за одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати. Во дискусијата се истакна дека и покрај краткиот процес на приспособување на условите што се предвидуваат во новиот Правилник кој можеше да трае повеќе години, што ќе значеше престанок со работа на повеќе стопански субјекти, со што наместо да се развиваат малите и средни бизниси, како што најави Владата, на овој начин околу 95% од сервисите за противпожарни апарати ќе беа затворени, со што ќе се доведеше во прашање егзистенцијата на стопанските субјекти и вработените во тие фирми, сепак истите успеаја да се приспособат кон новите услови наведени во Правилникот. Во дискусијата се наметнаа и старите наследени проблеми со учество на тендери во јавните набавки, висината на цената на услугата која се дава, како и понатаму нелојалната конкуренција при учество во јавните набавки и слично. На крајот на дискусијата се заклучи Групацијата за противпожарна заштита во наредниот период да изготви ценовник на минимална цена на услугите кои се даваат во делот на сервисирање на хидрантските мрежи и сервисирање на противпожарните апарати.


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА & РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ЌЕ СЕ ДОСТАВИ ДОПИС ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ЗА ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА СО ГРУПАЦИЈАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА На состанокот на Групацијата за безбедност и здравје при работа, одржан на 7.3.2019 година, се расправаше за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа и за измените и дополнувањата на подзаконските акти кои ја регулираат оваа дејност. Во дискусијата се истакна дека се потребни измени и дополнувања на Законот безбедност и здравје при работа во насока на усогласување со регулативата од Европската унија, како и сите подзаконски акти. Во рамките на Групацијата за безбедност и здравје при работа при Стопанската комора на Македонија во изминатиот период актуелизирани се одредени прашања и проблеми во врска со работата на фирмите кои се занимаваат со безбедност и здравје при работа. За надминување на отворените прашања кај субјектите од дејноста на безбедноста и здравјето при работа, Групацијата при Стопанската комора на Македонија сака да биде активно вклучена во постапките кои се однесуваат на донесување нови или за изменување и дополнување на постојните законски и подзаконски акти во делот на безбедноста и здравјето при работа. Како Групација за безбедност и здравје при работа, соработката со Министерството за труд и социјална политика се покажа и од позитивното решавање на иницијативата за измени и дополнувања на Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат (донесен согласно измените на ЕУ-директивите) со подготовка на предлогверзија која беше доставена до Министерството за труд и социјална политика во 2017 година На крајот на состанокот се заклучи да се достави допис до Министерството за труд и социјална политика за поголема соработка со Групацијата за безбедност и здравје при работа при Стопанската комора на Македонија при секое носење на закони и други подзаконски акти, односно да биде консултирана Групацијата. На состанокот беше договорено во наредниот период да се организира работен состанок со претставници на МАСИТ за нефискалните трошоци. Војкан Николовски


20

БИЗНИС ИНФО

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

ОБЈАВЕНИ НО


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

ОВИ ПРОПИСИ

21


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

НОВИ ПРОПИСИ

ПРОПИСИ И ИЗВЕСТУВАЊА ОБЈАВЕНИ НА ЕДИНСТВЕНИОТ НАЦИОНАЛЕН ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР НА ПРОПИСИ (ЕНЕР) 01.03.2019 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште 01.03.2019 Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 04.03.2019 Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните 05.03.2019 Известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за нус-производи од животинско потекло 05.03.2019 Известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за изменување и дополнување на Законот идентификација и регистрација на животните 05.03.2019 Известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за безбедност на храната за животни 08.03.2019 Нацрт на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните 08.03.2019 Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за за изменување и дополнување на Законот за виното


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

23

НОВИ ПРОПИСИ

ЗАКОНИ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА 01.03.2019 Предлог на закон за инспекциски надзор 04.03.2019 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија 06.03.2019 Предлог на закон за електронско управување и електронски услуги 06.03.2019 Предлог на закон за Централен регистар на население 06.03.2019 Предлог на закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги 08.03.2019 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа (*) 08.03.2019 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности

ЗАКОНИ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ 01.03.2019 „Службен весник на РСМ“ бр. 46 од 26 февруари 2019 година 05.03.2019 „Службен весник на РСМ“ бр. 47 од 28 февруари 2019 година 05.03.2019 „Службен весник на РСМ“ бр. 48 од 1 март 2019 година


24

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 8 март 2019, Бр. 386

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 8 март 2019, Бр. 386

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

25


bsi.

26

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

те ај ач ар Н

БИЗНИС ИНФО

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

27

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.03.2019 Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат, Македонија

НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Имајќи предвид дека од 1 април 2019 година стапува на сила новиот Закон за јавни набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневен семинар на 12 март 2019 година и истите се наменети за сите приватни компании како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки. Целта на овие семинари е понудувачите навреме да се подготват за добивање државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение. Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ.

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 13.3.2019 година (среда) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат

ЗАКОНСКИ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАЈ НА ДОКУМЕНТИ ЗА НИШТЕЊЕ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ ВО ДРЖАВНИОТ АРХИВ

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на архивското и канцелариското работење, приемот и движењето на документите, распределувањето на документите по организациони единици и доставувањето до одговорните лица за нивно натамошно процесирање во рамките на институциите и пошироко. Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на определување и разграничување на документите и останатата пропратна документација, согласно Законот и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, како и начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување. Целна група за семинарот: -директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење. Предавач: -м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

29

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15.3.2019 година (петок) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАТИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ (CORPORATE SECURITY MANAGEMENT)

Бизнис организациите се соочуваат со обврски кои произлегуваат од законите и прописите кои се однесуваат на физичка и техничка безбедност, заштитата на деловни тајни и доверливи информации, информации за безбедноста на ИКТ системите, прва помош, противпожарна заштита, безбедност и здравје при работа, заштита од несреќи што може да се случат поради самата активност и слично. Овој семинар има за цел да сподели нови сознанија, методи и алатки за спроведување на ефикасна корпорациска безбедност. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, за владиниот и невладиниот сектор кој е вклучен во процес на менаџирање на безбедносните аспекти при работа, пред се` корпорациска безбедност и ефикасност, заштита на индивидуалната безбедност, заштита на податоци и сл. Знаењата и вештините на менаџерите и вработените треба да бидат на високо ниво со цел да се координираат сите неопходни мерки за време на изготвувањето на потребните документи и нивна соодветна примена во пракса, бидејќи се среќаваат со голем број обврски: • примена на национални и меѓународни стандарди; • изработка на детална документација и нејзино приспособување кон големината и видот на бизнисот; • приспособување на организациската структура и реалните потреби. Последен рок за пријавување: 13.3.2019 година. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 22.3.2019 година (петок) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ДИГИТАЛНИ ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ – КАКО ДА СОЗДАВАМЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ?

Овој семинар е наменет за претставници од маркетинг и комуникациската индустрија, академија и невладин сектор, како и носители на комуникациски функции од владиниот сектор, кои директно или индиректно се вклучени во процесите на корпоративни и маркетинг комуникации, односи со јавност и управување со социјални мрежи. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко и темелно разбирање за важноста, вредноста и функционалноста на современиот односи со јавност во интеграција со социјалните мрежи, алатките на односите со јавност, механизмите и медиумите, како и моделите за успешни комуникации со таргетираната јавност. Посебно ќе се вкрстат комуникациските механизми со сегментиранатa публика преку моделот на генерациска интелигенција со фокус на краткиот ,,распон на внимание,,. Учесниците ќе спознаат функционални модели за дигиталниот ПР, структура на содржина, визуелни приказни, развој на стратегија и временско усогласување на медиа планот со социјалните мрежи. Воедно, учесниците ќе добијат темплејти за маркетинг планирање, медиа планирање и пристап до сознанија за оптимално комбинирање на традиционални и дигитални медиуми. Предавач e д-р Љупка Наумовска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

31

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.3.2019 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

МЕХАНИЗМИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИ ОБВРСКИ И НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ

Стопанската комора на Македонија, на 25 март 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Механизми за исполнување на парични обврски и наплата на побарувања помеѓу правните субјекти“. Правната, но, и економската сигурност во бизнисот во голема мера зависат од способноста на правните субјекти да веруваат дека трансакциите во кои стапуваат, односно договорите кои ги склучуваат ќе бидат исполнети целособразно, навремено и комплетно. Во насока на обезбедување што поголема правна заштита за правните субјекти, цел на работилницата е да се одговори на секогаш актуелното прашање: Како настанува исполнување на паричните обврски и кој е најдобриот и најсигурниот начин за НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊАТА помеѓу правните субјекти, и тоа како во домашниот, така и во надворешниот промет со странски субјекти. Одговорот на ваквото прашање ќе се обезбеди преку преглед на правната регулатива која ја засегнува темата од интерес, а особено: настанувањето и докажувањето на постоењето на побарување, доброволната, но и присилната наплата на побарување, договорното регулирање на исплаќањето на паричните побарувања, како и облиците на меѓусебно намирување. Посебен осврт ќе биде направен на каматните побарувања и сите аспекти поврзани со казнената камата. При тоа, детално ќе бидат објаснати сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и пресуди, како и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на исполнувањето и наплатата на паричните обврски. Предавачи: - Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари - Викторија Спасовска, правен консултант и предавач на обуки Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29.3.2019 година (петок) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВАТА НА РАБОТНОТО МЕСТО (ABSENCE MANAGEMENT)

Студиите покажуваат дека доколку работниците имаат континуирана потреба да отсуствуваат од работното место, време е за организациски промени во системот на организацијата. Овој семинар има за цел да сподели нови сознанија, методи и алатки за намалување на директните трошоци од апсентизмот во компаниите и подобрување на квалитетот на работниот процес. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно се вклучени во процесите на менаџирање на човечките ресурси, но и на заштитата при работа и правните сектори. Исто така, семинарот се препорачува и за сопствениците и менаџерите на малите и средни претпријатија кои немаа јасно разграничена функција на управување со човечките ресурси. Семинарот особено ја потенцира потребата за правна доедукација во односната проблематика, особено поради честите недоразбирања, погрешните толкувања, а со тоа и примена на правната регулатива во контекст на апсентизмот. Последен рок за пријавување: 26.3.2019 година.

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 8 март 2019, Бр. 386

БИЗНИС ИНФО

33

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Хановер, од 1-4 април 2019 година

БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

За време на одржувањето на Саемот во Хановер, СР Германија, ќе се одржат Денови на деловна и технолошка соработка, од 1 до 4 април 2019 година. Целта на организацијата на Enterprise Europe Network Македонија и Стопанската комора на Македонија е да го зголемите Вашиот бизнис со европски проекти за истражување и развој. Овој меѓународен брокерски настан е место каде што иновативните компании за дигитална економија и истражувачките институции можат да најдат партнери за технолошки и истражувачки кооперации или деловни партнерства на однапред организирани средби. Главниот фокус на настанот е: - индустрија 4.0 и Smart Factory решенија; - енергетски ефикасни технологии за производство; - одржлива енергија и мобилност; - алатки за мерење. Редовната цена е 119 евра, а Бесплатно за компаниите кои ќе се регистрираат до 1 март 2019 година. Регистрацијата за состаноците е можна до 17 март 2019 година, а до 24 март 2019 година може да се потврдат барањата за средба. Искористете ја Вашата шанса да иновирате! Стекнете нови можности и конкурентни предности преку истражување и развој и технолошка и деловна соработка.

Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244090 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


34

БИЗНИС ИНФО

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019 Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи Контакт: Белинда Миновска и огради

Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 Компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

35


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 8 март 2019, Бр. 386

T

15

36

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.