Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
Број 356 345
БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
1
FS 549642
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018 08.06.2018
ИНФРАСТРУКТУРАТА НА КОРИДОРОТ 8 НЕОПХОДНА ЗА ПОТТИК НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ВО КОЖУВЧАНКА ДОО КАВАДАРЦИ, КОМПАНИЈА КОЈА СЕ ГРИЖИ ЗА ОПШТЕСТВОТО И НЕГОВИОТ КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
НОВИТЕ СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ВО НАСОКА НА КОНТИНУИРАН ПОРАСТ НА СТАПКАТА НА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДОТ Во тек е подготовка на два стратешки документи: Националниот план за управување со отпад (2018-2024) и првиот План на Република Македонија за спречување на создавање на отпад кои се во функција на намлувањето на создадените количини на отпад и за континуиран пораст на стапката на рециклиран за сметка на деопониран отпад, беше истакнато на денешната средба со новинарите во стопанската комора на Македонија.
За овие значајни стратешки документи, подготвени цво рамките на Твиниг проект, говореа Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад во Министерството за животн средина и просторно планирање и Греам Брн, од Северна Ирска, постојан твининг претставник во Македонија. Во своето обраќање за Националниот план за управување со отпад (2018-2024) г-дин Греам Брн истакна дека, за разлика од претходниот национален план, сега е изработен краток стратешки документ каде се наведени целите и роковите за нивна реализација, додека деталите ќе бидат дадени во регионалните планови кои ќе пропишат како ќе се релизираат националните цели за управување со отпад.
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Основната цел е стапката на рециклирање на отпадот постојано да расте за сметка на континуирано намалување на стапката на депонирање, продолжи Греам во своето излагање. Во моментот во Република Македонија имаме ниски стапки на рециклирање. Тој го даде примерот со Северна Ирска, која по бројот на население е слична на република македонија, кадешто со префрлање од централе на регионален систем во временски период од 15 години стапката на рециклиран отпад е зголемена од 9% на над 50%. Новините кои се очекува да придонесат во позитивен пресврт во управувањето со отпадот се формирањето на Агенција за животна средина каде ќе се реализираат политиките во секторот на животната средина. Во Република Македонија за прв пат се носи План за спречување на создавање на отпад чија што нацрт верзија истакна Ана Каранфилова Мазневска. Во хиерахијата на управувањето со отпад на прво место стои спречувањето на создавање на отпад, па оттаму Планот ги опфаќа мерки кои се во насока на намалување на создадени количини на отпад и тоа мерки кои треба да ги донесе централната власт, потоа мерките на локално ниво, мерки во образовниот сектор, најдобри практики во бизнис секторот како и мерки за граѓаните. Поаѓајќи од основното правило дека отпадот што не можеш да го измериш не можеш и да го менаџираш ќе ја наметне законската обврска индустриските капацитети да инсталираат опрема за мерење на отпадот и да ги доставуваат извештаите директно во Министерството за животна средина. Двата документи се очекува да придонесат во воспоставување на вистински системи на управување со отпад со што дадените цели во Националниот план може реално да се достигнат. Зорица Мешкова
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС РЕГИОНАЛНИ НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА КОМОРИ
ОДРЖАНА ДЕВЕТАТА СЕДНИЦА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП ПРЕЗЕНТИРАН ФАКТОРИНГАЛТЕРНАТИВЕН ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ Регионалната комора со седиште во Штип при Стопанската комора на Македонија, во рамки на деветтата седница што се одржа во просториите на компанијата Албатрос, пред присутните членки ја реализираше презентацијата на Факторингот како алтернативен извор на финансирање. Проектот на УСАИД за Факторинг е имплементиран од Фактор Труст, и има за цел да им помогне на малите и средни претпријатија преку едукација и информирање за пристап кон алтернативни финансиски продукти. Истовремено го помага и растот на претпријатијата преку обезбедување на брз пристап до финансиски, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите, консатираше, Ловре Ристевски директорот на Проектот за Факторинг.
Во име на проектот Димитар Ангелкоски како експрет за имплементација на Факторингот, ги запозна присутните што е факторинг, како функционира и кои се придобивките од неговата примена. Ангелкоски истакна дека проектот за факторинг
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ АРБИТРАЖА РЕГИОНАЛНИ - МЕЃУНАРОДНА КОМОРИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ обезбедува техничка помош и имплементира опсег на активности преку три компоненти: подигање на свеста и значењето на малите и средни претпријатија за алтернативните финансиски можности, имплементација на правната регулатива за факторинг и финансиска едукација за малите и средни претпријатија. Во рамки на седницата беше направена и презентација на сетификатот Excellent SME којшто го издава Стопанската комора на Македонија од страна на Валентина Цветковска, од Стопанската комора на Македонија. Присутните беа информирани дека основната мисија на сертификатот Excellent SME МАCEDONIA е да го надмине и да го премости недостатокот на доверба што може да го имаат партнерите и клиентите, прикажувајќи ја бизнис-успешноста /надмоќноста при првата посета на веб-сајтот на компаниите.
На седницата која ја водеше претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип Наум Барзов, во дискусијата и овој пат беше споменато дека бизнис-заедницата се соочува со потешкотии во работењето и дека е потребно покренување иницијативи и предлози за измени и дополнувања во законската и подзаконската регулатива со активно вклучување на бизнис секторот, се со цел за олеснување во работењето на компаниите. Моника Стоичева
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПОСЕТИ НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ КАПАЦИТЕТ ФОРУМ
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ИФТАРСКА СОФРА
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, присуствуваше на Традиционалната Ифтарска Софра, организирана од страна на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Средбата меѓу другото беше искористена и за дискусија за актуелните економски прашања, во насока на унапредување на состојбите на конкурентноста на македонската економија. На официјално организираната Традиоционалната Ифтарска Софра присуствуваа и претставници на државниот и политичкиот врв. Г-дин Азески на г-дин Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија и на сите припадници на исламската вероисповед им ги честиташе рамазанските пости и светиот месец Рамазан. Д-р Татјана Штерјова
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ГРУПАЦИИ
ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА КЕРАМИЧКИ ТУЛИ СО БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО На 7.6.2018 година, Групацијата на производители на керамички производи при Стопанската комора на Македонија одржа заеднички работен состанок со претставници од Министерството за економија и Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, на којшто се расправаше за состојбите поврзани со домашното производство на тули и нивниот пласман на домашниот пазар.
Групацијата алармираше за лошата економска состојба со која се соочуваат производителите на тули како последица на падот на домашното производство и затворање на фабриките од оваа дејност. Ваквата состојба, компаниите истакнаа дека се должи на големиот увоз на тули и ниските цени при увозот, што доведува до недоволна конкурентност на домашните компании и покрај тоа што тие располагаат со големи производствени капацитети и висок квалитет на производите. На пример, само во 2017 година, во Република Македонија се увезени тули во вредност од околу 5,1 милион долари, најмногу од соседните земји, додека извоз не е остварен. Компаниите сметаат дека пониските цени на увезените тули се должат на поддршката и поголемата заштита на производството на странските производители во нивните земји, како и на пониската цена на енергенсите кои ги користат во производството.
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
9
ГРУПАЦИИ Имајќи го предвид наведеното, компаниите побараа од претставниците на Министерството за економија итно да се изнајдат решенија за заштита на домашното производство со цел да се спречи затворање на фабриките и целосно згаснување на домашните производствени капацитети. Во оваа насока, на состанокот се заклучи во следниот период Групацијата да изготви детална анализа на состојбите во домашното производство и увозот на тули во изминатиот период, по што повторно ќе се иницира заеднички состанок со надлежните институции на којшто ќе се презентираат состојбите и ќе се определат насоки и механизм за заштита на домашните производители.
На состанокот, пред претставниците од Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, компаниите го покренаа и прашањето за фреквенцијата на мерење на емисиите на загадувачките супстанци во воздухот. Тие посочија дека како резулатат на падот на производството и лошата економска ситуација со која се соочуваат, кварталното мерење на загадувачките супстанци предизвикува дополнителни финансиски импликации врз работењето, за што предложија да се разгледа можноста мерењата да се вршат на поголем временски интервал соодветен на ангажираноста на производствените капацитети. Во моментот, во државата работат 6-7 компании кои вршат производство на тули и истите вработуваат од 50 до 100 лица. Бројот на овие компании и производствените капацитети во изминатите години бележи континуиран пад. М-р Нена Николовска
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ - РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ВО КОЖУВЧАНКА ДОО –КАВАДАРЦИ, КОМПАНИЈА КОЈА СЕ ГРИЖИ ЗА ОПШТЕСТВОТО И НЕГОВИОТ КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ Клубот на менаџери-претприемачи, за своите компании-членки ја реализираше темата “Општествена одговорност во малите и средните претпријатија” во компанијата Кожувчанка ДОО –Кавадарци, како дел од Агендата за 2018 година.
На членовите на Клубот на менаџери - претприемачи им се овозможи ексклузивна можност да го разгледаат производниот процес и целокупниот асортиман на производи на Кожувчанка ДОО Кавадарци. Кожувчанка ДОО Кавадарци со својата 20 годишна традиција во производството на вода и сокови е една од најбрзо растечките компании во Македонија. Кожувчанка ДОО е членка на Клубот на менаџери претприемачи, компанија која вработува преку 100 лица, но и компанија која се грижи за општеството и неговиот квалитетен живот.
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
11
РЕГИОНАЛНА ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС Денешната обука ја осмисли и спроведе на наше големо задоволство Михаил Китановски, предавач и консултант со долгогодишно и меѓународно искуство, сопственик и управител на компанијата „Д2ЕМ Консалтинг“. Михаил Китановски потенцираше дека општествена одговорност на претпријатијата претставува збир на сите економски, правни, етички и дискрециони очекувања што општеството ги има кон претпијатијата во одреден временски период. Општествената одговорност во претпријатијата (ООП) не значи само промена во начинот на водење бизнис туку и промена во влијанието на претпријатието врз заедниците воопшто. Иницијативите во доменот на општествената одговорност во компаниите се стремат да изнајдат иновативни решенија за намалување на проблеми поврзани со сиромаштијата, образованието, животната средина и биодиверзитетот. Одржливиот развој е клучна тема опфатена во ООП којашто се дефинира како „развој кој ги задоволува потребите на сегашноста без да ја загрози можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“.
Причината поради којашто досега ООП најмногу беше застапена кај големите компании, од една страна се должи на нивното поголемо присуство во медиумите и нивната значителна зависност од репутацијата и заштита на брендот, а од друга страна на начинот на кој ООП се промовираше и претставуваше во светот на бизнисот.
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ Многу компании се уште го поврзуваат концептот на ООП со големите филантропски вложувања, донации или спонзорства. Иако ваквите активности имаат голем придонес во подобрување на благосостојбата на нашето општество и во намалување на сиромаштијата, очигледно е дека ваквиот тип на активности се недостижни за многу помали претпријатија коишто често се соочуваат со недостаток на финансиски и човечки ресурси. Како последица, честопати се среќаваме со скептичен став од страна на МСП дека ООП е наменет за големите компании, а дека тие се соочуваат со предизвик да опстанат во бизнисот и не можат да си дозволат дополнителни трошоци. Иако , традиционално, претпријатието се посматра како субјект кој е примарно, ако не и единствено, одговорен на неговите сопственици или акционери, Концептот на општствена одговорност бара од претпријатијата да прифатат поширок обем на одговорности кои не ги вклучуваат само акционерите, но и многу други субјекти . Во таа смисла како засегнати страни кои се вклучени и кои ја анализираат и вреднуваат општесвената компонента и придонес на претпријатијата се: • вработените и нивните синдикати , • добавувачите и клиентите, • локалната заедница, • локалните и државните власти, • невладините здруженија и други форми на здружувања , интересни групи и поединци. На денешниот настан, покрај членките и соработниците на Клубот, беа присутни и компании од Кавадарци со што се овозможи вмрежување и Б2Б средби помеѓу компаниите сè со цел да се овозможи полесно следење на глобалните трендови и взаемно помагање за нивен постојан раст. Клубот на менаџери-претприемачи се повеќе прераснува во интегрирана мрежа на мали и средни претпријатија, здружени во целта преку едукација и вмрежување континуирано да растат и да постигнуваат успеси кои ќе ги диференцираат од останатите компании, а со тоа и да обезбедат конкурентна предност и лидерска позиција на пазарот.
Валентина Цветковска
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
ај те
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
РЕГИОНАЛНА ПРЕС НОВА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
13
ар Н
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
ИНФРАСТРУКТУРАТА НА КОРИДОРОТ 8 НЕОПХОДНА ЗА ПОТТИК НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА Стари патишта, лоша инфраструктура без железнико поврзување и гасоводна мрежа која е едвај 5 проценти искористена во просек, таква е сликата на Коридорот 8 на влезот од Бугарија кај Деве Баир, на најфрекфентниот граничен премин кон оваа соседна земја. Во таа насока еден од најзначајните приоритетни инвестиции во државата на економски план во следниот период треба да биде инвестиции долж Коридорот 8, што ги поврзува Турција, Бугарија, Македонија и Албанија, констатираше претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, во рамки на посетата на приклучокот на гасификациониот систем во Македонија кај селото Жидилово во Крива Паланка, заедно со потпретседателите и со членовите на Управниот одбор на Комората.
Само со инвестиции во соодветна инфраструктура, како еден од условите за поттикнување на извозот, може да се стимулира раст на земјата, посочи Азески. За значењето на Коридорот 8 говори податокот дека трите земји од овој регион со Република Македонија имаат меѓусебна вкупната вредност на стоковната размена во 2017 година од 1,2 милијарди американски долари што е 9,4% од вредноста на вкупната стоковна размена на Република Македонија со странство. Од аспект на вкупната количина на разменета стока со трите балкански земји од Коридорот 8 (Албанија, Бугарија и Турција) во 2017 година размената учествува со 22,1% во вкупниот обем на стоковна размена со странство.
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
15
РЕГИОНАЛНА ПРЕС ЕКОНОМСКИ КОНФЕРЕНЦИЈА РАЗВОЈ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Во вкупната патна инфраструктура на Коридорот 8 од вкупно 960 км патна мрежа, низ Република Македонија поминуваат околу 315 километри. Имајќи го во предвид фактот дека од планираните инвестициони активности на Владата за 2018 година, во
вкупна вредност од 268 милинои евра, дел се предвидени за изградба на експресен пат на делницата Ранковце-Крива Паланка, а патниот правец Крива Паланка - Деве Баир, во план е да се гради со кредит од Европска банка за обнова и развој, како Комора сметаме дека државните институции треба активно да работат на целосно исполнување и реализирање на планот, потенцира претседателот Азески. Во делот на гасоводната мрежа, магистралниот гасовод влегува во Македонија кај Деве Баир на границата со Бугарија и се протега преку Крива Паланка, Кратово и Куманово до Скопје, во должина од 98,197 km, разводна гасоводна мрежа. Преносниот гасоводен систем е проектиран за физички капацитет од 800 милиони нормални метри кубни природен гас годишно.
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Засега, со користење на само 5% од капацитетот овој енергенс, иако економски најисплатлив во Македонија, сеуште преставува голем финансиски трошок за компаниите, посочи Азески. Во таа насока, потребно е да се бараат алтернативни решенија и да се овозможи гасот да влегува и од други места во Македонија како на пример преку Грција. На тој начин ќе се поттикне конкурентноста и ќе се стимулираат пазарните законитости во делот на дефинирање на цената и снабдувањето со гасот. Согласно состојбата констатирана на терен, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески изјави дека преку својот претставник во Владата, во следниот период активно ќе лобираат да се реализираат капиталните инвестиции, да се исполни планот на Владата за период 2017 – 2021 година, да се изградат експресниот пат Ранковце – Крива Паланка и автопатот Крива Паланка – Деве Баи кој е всушност и најфрекфентниот пат кон Бугарија. Бизнис секторот презема вакви чекори бидејќи искуството востопанството покажува дека се потребни и повеќе од 3 години за да се реализираат инвестициските активности кои се испорачуваат до Владата. Сепак, актуелните чекори што ги презема Владата на економски план се во еден дел усогласени со барањата на бизнис секторот, вели Азески преку планот за еконмоски раст. Но на терен реализацијата на капиталните инвестици, процентот на раст на бруто домашниот производ и останатите макроекономски показатели покажуваат дека треба уште многу да се работи за остварување на планираните проекции. Даниела Михајловска Василевска
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
17
РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ИНТЕРВЈУ ПОСЕТИ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
Преземено - БРАНКО АЗЕСКИ: ТОТАЛНАТА ПАРТИЗАЦИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО ЌЕ НЕ ОСАКАТУВА И ВО СЛЕДНИТЕ 30 ГОДИНИ
ФОКУС: Бевте претседател на југословенската младина, па зошто од една таква позиција, со доаѓањето на плурализмот, не продолживте да пливате во политички води? АЗЕСКИ: Одговорот е едноставен, пред мене се распадна државата. Кога јас отидов на таа функција во 1988 година, Федерацијата повеќе не функционираше. Републиките ја имаа преземено целата власт, a изворните функции на државата, од областа на одбраната, безбедноста, надворешната политика не функционираа. И веќе се чувствуваше дека таа држава нема иднина. ФОКУС: Дали во рамките на југословенската младина се чувствуваа тие разлики од република до република. АЗЕСКИ: Најмногу се чувствуваа затоа што Организацијата на младината беше како некое опитно место на кое се испробуваа националистичките страсти, позицијата и силината на политиките на републиките. ФОКУС: Но во тие турбулентни времиња, младината одигра значајна улога, пред сѐ, ја земам Словенија, преку весникот „Младина“... Зошто македонската младина беше поспана? АЗЕСКИ: Кога станав претседател на југословенската младина во 1989 година, демократските процеси во Словенија беа до тој степен напреднати, така што ние изгледавме како некоја обична источна провинција, која има некаков деспотски режим. ФОКУС: Каде го гледате коренот за ваквите контрасти?
18
БИЗНИС ИНФО
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
ИНТЕРВЈУ АЗЕСКИ: Коренот го гледам во тоа што ние многу слабо комунициравме со Европа, во рамките на Југославија. Словенците имаа можност да патуваат, а словенечката младина многу брзо тие идеи ги прифаќаше. ФОКУС: Ама и ние овде со југословенскиот пасош можевме да патуваме на Запад. АЗЕСКИ: Па, можевме да патуваме на Запад, но за нас запад беше Албанија. Еве јас сум роден во Охрид. Општото мислење тогаш беше дека охриѓани не треба да одат на одмор на море, затоа што имаат езеро. Ако некој правеше нешто вон тие шеми, тогаш во Словенија си напреден, во Македонија си будала. Да речеме, мојата прва средба со политиката беше на една седница на Централниот комитет, а тогаш имав 24 години, на која не ми беше јасен материјалот. Поставив прашање, зошто материјалот носи наслов „Некои идејно -политички прашања во развој на агро -индустрискиот комплекс“, затоа што за аграрот треба да имаш мотика и лопата и да работиш, а не идејно -политички прашања. Настана штама во салата, и одма се даде пауза за да се провери „провокацијата“. ФОКУС: Но, сепак, станавте претседател на југословенската младина. АЗЕСКИ: Да, но кога ги поминав сите скалила во организацијата од општина, република до федерација и поминав во неа 12 години. Ние ги укинавме штафетата, слетот, работните акции затоа што мислевме дека времето помина за тоа и дека е потребна промена. И на 26 септември 1988 година во официјален документ на Претседателството на младината на Југославија побаравме повеќепартиски систем и пазарна економија. Факт е дека во тоа раководство на млади беше високо развиена свеста за потребата за промени и на општествено -политичкото и на државното уредување. ФОКУС: Кај претставниците на сите републики и покраини? АЗЕСКИ: Па, кај сите, со тоа што Словенија и Војводина во тој момент претставуваа јадро на најнапредните идеи, тие ги прифаќаа западните норми на поведение. Меѓутоа, затоа и уследи првиот удар на Милошевиќ на Војводина и ги набрка сите напредни сили. ФОКУС: Кога зборуваме за тие прогресивни елементи, објаснете ми го феноменот на вашето пријателство со Мило Ѓукановиќ, кој е „дете“ на Милошевиќ, а беше и меѓу водачите на антибирократската револуција во Црна Гора. АЗЕСКИ: Прво сакам да кажам дека во тоа претседателство на младина што јас го раководев, тројца станаа премиери или претседатели на држави, а тројцата се на листата на Форбс на најбогати луѓе на Балканот. ФОКУС: Ѓукановиќ во која листа го ставате? АЗЕСКИ: Ѓукановиќ го водеше економскиот систем во Федералната младина тогаш, и тоа беше значајна позиција. Ние станавме блиски поради тоа што сопругите ни беа бремени во исто време и добивме синови во исто време, што е човечки. Морам да ви кажам дека во периодот кога бев на чело на младинската организација, тој веќе се однесуваше како класичен политичар. Значи единствено тој политиката ја сфати како професија од сите нас. ФОКУС: Кога зборувавте дека тројца станале најбогати, а тројца државници-политичари,
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
19
РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОМОРА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНТЕРВЈУ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС Мило е спој и на политичар и на богат човек. АЗЕСКИ: Тоа за богатството не можеме да го кажеме затоа што тие работи тешко се докажуваат, а се шират и многу прикаски. Еве јас се дружам со него и не можам да го забележам тоа бидејќи тој кон мене се однесува, исто како што се однесуваше порано. Имам впечаток дека да биде и претседател на месна заедница, дека ќе работи исто како претседател на држава. ФОКУС: Во Белград останавте до 1990 година и ќе останете запишани како последен претседател на Сојузната младина. Како изгледаше сценариото за крајот на оваа организација? АЗЕСКИ: Видов дека таа работа не оди, ги собрав сите претседатели на младината од југословенските републики во Цавтат, во македонски хотел, се викаше „Македонија“. И таму донесовме одлука дека треба надлежностите на сојузната младина да се префрли на републиките. Во тој момент ние имавме огромен финансиски и кадровски потенцијал, немаше општина во Југославија во која ние немавме зграда, автомобили, многу сопствени одморалишта, објекти од работните акции ... И тоа сѐ се среди без никаков проблем. Значи успеав тоа да го направам, а на 25 мај одржав конгрес во Цанкарјев дом, кој Србија го сметаше за легло на растурањето на Југославија, поради собирот на Словенците наречен „Косово моја дежела“. Јас токму таму го одржав, затоа што даде најдобра понуда – нели влегувавме во пазарна економија. ФОКУС: И тоа на 25 мај, на роденденот на Тито... АЗЕСКИ: Не, на денот на младите, и си се вратив во „Слобода“ Охрид како заменик генерален директор. Тогаш сум имал 28 години и влегов во бизнисот. ФОКУС: Зошто не продолживте во политиката? АЗЕСКИ: Никогаш не ми беше опсесија политиката, затоа што бев исклучителен студент, завршив пред време со висок просек и опсесијата ми беше да останам таму, меѓутоа приликите ме однесоа на друга страна. Денеска не жалам што овие 30 години ги поминав во бизнисот, ги поминав сите скалила во бизнисот и исто како и качувајќи се на врвот на младинската организација. И тоа сакам да му го препорачам на секој млад човек, дека не може да се прескокнуваат скалилата. Мора да се помине сѐ за да можеш успешно да одговориш на предизвиците. ФОКУС: Ние имавме од независноста премиери како Бранко Црвенковски, па Љубчо Георгиевски, на кои безмалку прво или второ вработување им беше да бидат премиери на државата. АЗЕСКИ: Па, веројатно затоа ни е ваква ситуацијата. Се „шегувам“, не може да се генерализира. ФОКУС: Овие 27 години на независност, каде сметате дека е грешката, сега веќе споменавме кој ја водел државата, но зошто Македонија е на опашката, иако еден период бевме и пред Хрватска, Црна Гора, Србија, а сега сме на дното? АЗЕСКИ: Јас во животот секогаш сум тргнувал од еден принцип, тоа е да мора да се погледне во темелните принципи на функционирањето. Грешката е што ние при
20
БИЗНИС ИНФО
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
ИНТЕРВЈУ раздружувањето од Југославија не направивме проценка во низа клучни елементи што ќе ни се случи. Не ги презедовме добрите работи, а лошите да ги отфрлиме. ФОКУС: Но, владата тогашна имаше анализа... АЗЕСКИ: Имаше направено анализа, која никој не ја погледна и никој не сакаше да постапува по тие сериозни бројки и укажувања и мислам дека тоа е клучниот проблем. Југославија беше држава од 22 милиони и ние наеднаш станавме држава од 2 милиони. Југославија беше со огромен меѓународен респект, ние станавме држава што треба да се докажува, ги знаете сите проблеми низ кои поминавме. Никојпат во Македонија не се отвори сериозна дискусија за темелните принципи, а тоа се меѓунационалните односи, развој на економијата, почитување на човековите права. Тоа се универзални вредности кои ние моравме да ги почитуваме, да имаме цел кон која одиме. Еве, албанската заедница не гласаше ни за Уставот, ни за референдумот. И ние преминавме лесно преку тоа, мислејќи дека секое чудо е за три дена. ФОКУС: Дали сметате дека приватизацијата таква каква што ја спроведовме е сепак грешка затоа што ние не создадовме бизнисмени кои ќе доминираат барем во регионов. АЗЕСКИ: Приватизацијата апсолутно не е грешка, грешка е нејзината злоупотреба за политички цели. Ние имавме референдум за осамостојување? Имавме. Дали имавме референдум за промена на сопственоста? Немавме. Проблематично е зошто тоа не е направено бидејќи од таа расправа можеа да произлезат и одредени други решенија. Нашето брзање, нашето потпирање не на луѓе со бели коси, туку на експерименти со млади луѓе, доведе до еден погрешен правец, кој сите моравме да го платиме бидејќи во економијата и во политиката сѐ се плаќа. ФОКУС: Кога дојдовте на чело на Стопанската комора во 2005 година, ви беше приоритет нашето приближување кон ЕУ и НАТО. Прашање е колку бизнис заедницата нѐ приближи кон европските вредности, затоа што клучот за ваков прогрес е во рацете на политиката. АЗЕСКИ: Политиката и бизнисот се две различни работи. Политиката бара стрпливост, а бизнисот бара брзина. Но, од друга страна, огромно е влијанието на политиката врз бизнисот, особено во ситуација во која се најдовме. Значи ние направивме неколку системски пропусти на почетокот, на база на неискуство. Ако ги земеме бројките, ќе видиме дека ние во просек имаме раст на бруто домашниот производ кој не може да гарантира никакво приближување на Македонија кон евроатлантските земји. Ние лани направивме една студија со Виенскиот институт, јавно беше промовирана од Владимир Глигоров и тој тврди дека ќе ни требаат најмалку 30 години да го достигнеме европскиот стандард, и тоа под услов да имаме најмалку 4% раст годишно. ФОКУС: Значи бајаги сме утнале уште на почетокот? АЗЕСКИ: На база на тие грешки што се направени по растурањето на Југославија, особено што структурата на нашето стопанство беше врзана за најголемите југословенски компании. Да не зборувам за енергетиката затоа што Македонија ако направи раст од7 отсто, оваа енергетска состојба што ја имаме е недоволна да го поддржи тој раст.
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
21
РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОМОРА ИНТЕРВЈУ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ФОКУС: Дали со ова сте скептичен кон оние тези што се пласираат од одредени аналитичари, базирани на компаративни искуства, дека со нашиот влез во НАТО, а понатаму и во ЕУ, би имале многу повеќе инвестиции и дека можностите за развој ќе ни бидат многу подобри. АЗЕСКИ: Не сум скептичен, јас сум еден од најголемите оптимисти тука кај нас и тоа во јавните настапи секогаш сум го прокламирал. Меѓутоа реален сум, како човек што израснал во бизнисот, сакам ние јасно да кажеме што сме, каде сме и кои се нашите перспективи. Досега ниедна политичка елита во Македонија не смогна сила тоа да го направи. А ние сме една мала земја без големи потенцијали, со проблематична структура на бизнисот која остана од Југославија, и која практично треба двојни напори да направи за да може да направи исчекор. ФОКУС: Во која смисла е проблематична структурата? АЗЕСКИ: Ние во структурата на извозот сега имаме 13 отсто во металургијата, тоа се комбинати останати од социјализмот, кои веќе се во распаѓање, а ние не сме во состојба во еден таков објект вреден од 300 до 500 милиони евра да вложиме, но тие сите се во странска сопственост, така што ќе остане голема дупка за брзо во тој сектор, кој претставуваше носечки сектор во овие изминати 30 години. Втората гранка ни е текстилот, во кој повеќе од 90 отсто имаме лон, значи не успеавме да направиме поместување кон сопственото извозно производство. А во лонот има многу мала заработка, која практично ги покрива само платите во фирмите, а не овозможува профит за развој. Третата гранка ни е земјоделството, каде што вложивме огромни средства во субвенции, а добивме зголемување на увозот на храна од 16 отсто. Сето тоа зборува дека таа структура тешко може во денешно време, кога се зборува за дигитализација, за освојување на нови пазари по целиот свет, да партиципира во тие процеси. ФОКУС: Покрај владините политики, може ли да се каже дека имавме неспособни менаџери? АЗЕСКИ: Ќе ви кажам еден пример, кога „Фиат“ ја купи фабриката „Застава“, пред 7-8 години, Италијанците дојдоа тука, ги изложија своите позиции, но ниедна македонска фирма не успеа поради конкурентноста на цените, да добие ниедна работа, на ниедна позиција во „Застава“. А за време на Југославија, практично една третина од „Застава“ се правеше и се склопуваше во македонските фирми. Така што тоа е склоп на низа околности, во кои, во најголем дел Македонија има проблем со кадарот, стручниот, кој ние го изгубивме во меѓувреме. ФОКУС: Па, тој си бега надвор... АЗЕСКИ: Тоа се нормални процеси, ќе бега, и во Југославија бегале, и секаде бегаат за подобар стандард. ФОКУС: Овде од партиите на власт добиваат налог, тие што треба да инвестираат, да вработуваат партиски кадри. АЗЕСКИ: Тоталната партизација што настана во администрацијата, па и во општеството
22
БИЗНИС ИНФО
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
ИНТЕРВЈУ нас не осакати и ќе не осакатува и за наредните 30 години. ФОКУС: Ајде објаснете ми го феноменот на бизнис- заедницата за време на владеењето на Груевски. Мислам дека и членовите на Стопанската комора беа многу сервилни, многу молчеливи, владата им должеше повратно ДДВ, сите молчеа. Кога дојде Груевски да каже дека ќе вратат дел, доби аплауз. Страв од моќта на извршната власт? АЗЕСКИ: Не е, сликата е друга. Прво да нагласам дека фирмите што се сконцентрирани во Стопанската комора се најзначајните фирми во Македонија, тие учествуваат со 90 проценти во создавањето на бруто домашниот производ во стопанството, вработуваат 90 проценти од луѓето во стопанството и остваруваат профит 90 отсто од стопанството. Токму тие членки во првиот период на владеењето на Груевски добија огромни бенефиции ... Само да го споменам ослободувањето од данок на реинвестираната добивка, а имаше и низа мерки кои одеа во наш интерес. ФОКУС: За повратот на ДДВ ве прашав и аплаузите... АЗЕСКИ: Ние знаевме дека државата во тој момент се наоѓа во криза. Имавме многу сериозни разговори со владата на Груевски во кои укажувавме дека е потребен нов модел на економски развој, дека државата ќе почне да заглибува. Имавме разбирање за тоа што се случуваше и благонаклоно пуштивме неколку месеци да има застој во враќањето на ДДВ-то, мислејќи дека државата со тие средства ќе се извлече од ситуацијата. Тоа беше по големата финансиска криза во 2008 година. ФОКУС: Зарем ако се критикуваат потезите на владите е непочитување на институцијата? АЗЕСКИ: Јас на 1 февруари 2010 година, на ТВ А1, која имаше 37 отсто гледаност, во првиот прилог, пред Владата кажав дека државата не ги исплаќа обврските. Значи ние го кажувавме тоа, но секогаш сме настојувале да бидеме конструктивни, да се најде решение. Тоа што државата кај нас нема сенс да направи насочување, концентрација, тоа е проблем. Но, ние немаме друга алатка. Нашата алатка е само истрајноста. Ние не можеме да штрајкуваме. ФОКУС: Кога ги слушавте бомбите, во дел од нив имаше доста и за луѓе од бизнисот. Како за време на избори ќе се праќаат инспекции, каде ќе има пиштење-вриштење, како се бара од фирмите да помагаат за партиите. Разговаравте барем неформално во Комората? АЗЕСКИ: Да, разговаравме во Комората, но ние сме разговарале и со Владата за тие прашања затоа што ние тие сознанија ги имавме со години пред тоа. Но јас да ве прашам сега дали има случај во Македонија, во еден медиум да има напис против газдата или спонзорот. Нема таков случај. И сега истите вие се обидувате да наметнете теза дека ние треба да бидеме идеалните. Не можеме да бидеме идеални, никој во ниеден сектор, ако државата функционира на ваков начин каков што функционира. ФОКУС: Но, беа преземани дузина фирми од исти луѓе кои користеа исти фаци како наводни сопственици или управители. АЗЕСКИ: Кој можеше да го докаже тоа? Јас ви тврдам дека не можеше да се докаже. Значи тука имаше и многу озборување. Па видете во судските процеси не можеме да
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
23
РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОМОРА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНТЕРВЈУ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС докажеме ниедна работа. ФОКУС: Па, немојте, влезете во Централниот регистар на неколку фирми ќе ви се вртат истите имиња. АЗЕСКИ: Не е точно. Биле фирми од Белизе, фирми од не знам каде. ФОКУС: Истражувањата што сме ги правеле во „Фокус“ и колеги во други медиуми, ќе ве доведат до ист круг луѓе. А толку можат новинарите. АЗЕСКИ: Јас го поздравувам целото ваше ангажирање на тој план, ги поздравувам сите активности на сите луѓе што се борат да не дојде до такви неправилности. Но институцијата мора да дејствува во рамките на своите овластувања. Како би било јас да излезам како претседател на економска асоцијација и да зборувам за политика. Тоа не сум го направил никогаш. Значи, јас морам да го штитам интегритетот на институцијата. Зошто ние страдаме во Македонија? Од две работи. Неефикасна администрација и од нефункционални институции. Оваа институција, Комората постои 96 години, таа е постара од македонската држава, и тоа не е случајност, тоа е мудрост. ФОКУС: Една година од новата влада. Вашите оценки, задоволни сте, на планот на економијата? АЗЕСКИ: Ние мора да бидеме задоволни затоа што оваа влада кон нас пристапи со респект и со полна почит. Интегрира човек на второ место во владата од нашите редови. Доволно е на седниците на влада да се слушне неговото мислење. ФОКУС: Ама не е се во респектот, дали има резултати? Опозицијата смета дека тонеме. АЗЕСКИ: Па, јас не сум слушнал една опозициска партија да се изјасни со друга констатација, освен дека владата води катастрофална политика. Ние сме само една од коморите, кој го обединува крупниот капитал. Од наш аспект, се раководевме од два клучни постулати дека Македонија мора да се сврти кон реиндустријализацијата и кон извозот, а оваа влада тоа го поддржа. Ја форсира таа работа, особено преку програмата за финансиска помош на тие сектори и тие фирми. Така што очекуваме дека од тоа ќе имаме бенефит и ќе направиме пресврт кон вистинските правци за развој на Македонија. Дали е тоа доволно, не знам, ќе видиме. ФОКУС: Дали таа програма може да ги промени оние прогнози, од анализата што ја споменавте на Владимир Глигоров? АЗЕСКИ: Тешко дека може да ги промени, меѓутоа може да даде јасен сигнал каде Македонија треба да оди на база на истражувања, сериозни анализи и почитување на мислењето на бизнис-заедницата. Ние не сме безгрешни, некогаш ќе направиме и погрешна процена. Суштината е што состојбите во реалниот сектор ние ќе ги дознаеме веднаш, а не со статистичките показатели што излегуваат за 6 месеци. Значи, владата ако го респектира нашето мислење има 6 месеци понапред реална информација што се случува. Ако за кризата од 2008 година ние знаевме од јуни месец, првите реакции на тогашната влада беа на 1 ноември. Ако си ги повлекол мерките навреме, тогаш ќе превенираш многу работи. ФОКУС: Тогаш, која е слабата точка во економскиот дел на оваа влада, а што беше добро
24
БИЗНИС ИНФО
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
ИНТЕРВЈУ во претходната влада? АЗЕСКИ: Мислам дека претходната влада беше кадровски поекипирана на макроекономски план. И тоа нормално создава турбуленции. Така што на оваа влада би ѝ препорачал да се зајакне во тој правец. ФОКУС: Сметате ли дека беше реално определувањето на минималната плата затоа што има проблеми во пракса? АЗЕСКИ: Ти не можеш во пазарна економија да утврдуваш критериуми од надвор, од Влада. Значи, тоа, сепак, е израз на побарувачката и понудата, а со тоа се руши основното право на пазарната економија. Очигледно нас уште реликвиите од социјализмот ни се помили бидејќи и понатаму сакаме да градиме капитализам без капиталисти и капитализам без профит. ФОКУС: Рамен данок или прогресивен? АЗЕСКИ: За фирмите во Стопанската комора, каде што се наоѓаат компаниите што создаваат 90 проценти од профитот на државата, најдобро решение е рамниот данок. ФОКУС: Постојано нагласувате дека ги претставувате најпрофитабилните компании. Зарем тие немаат никакви проблеми? И како овие фирми станаа високо профитабилни? АЗЕСКИ: Тие фирми пребродија тешки кризи, тоа е ембаргото, одвојувањето прво од Југославија, блокадите од грчка страна, конфликтот во Македонија во 2001 година, тешката криза од 2008 година ... И кога ќе речам горд сум што остана таа структура, тоа има многу силно значење во контекст да не дојдеме до фаза низ која поминаа некои други држави, особено балканските, каде што се разви мафијата, каде што се развија некои девијантни форми, кои сигурно ќе оставеа потешки последици. ФОКУС: Но, тие се исчистија во Бугарија, се испотепаа во Србија... АЗЕСКИ: Не верувам. Јас сум добар познавач на балканските прилики затоа што во последно време бев претседател на Асоцијацијата на балканските комори и како потпретседател на Управните одбори на Коморскиот Инвестициски Форум сум присутен таму. Морам да кажам дека состојбата на Балканот во овој момент е полоша отколку во 1991 година. И по бројки и по реална ситуација. Корупцијата на Балканот е клучниот проблем, таа не е во проценти изразена како што слушаме, туку е целосна. Значи не можам да речам во проценти колку е тоа, но нема ткиво на балканските држави што не е зафатено од корупција. ФОКУС: Тоа значи дека елитите што водат го овозможуваат тоа, живеат на корупција, владеат на корупција… АЗЕСКИ: Па, затоа што ниедна елита од 1990 година наваму од тие држави не одговараше, и тоа е сериозен проблем. Нивото на задолженост на земјите на Балканот се движи од 60 отсто до скоро 190 отсто од бруто домашниот производ, колку што е на Грција. Значи рекордер на Балканот е Грција, по неа е Хрватска, која има 43 милијарди, а за споредба ќе кажам дека Југославија пропадна со 17 милијарди. ФОКУС: Ова го велите како оптимист?
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
25
ИНТЕРВЈУ АЗЕСКИ: Оптимист сум затоа што ниедна држава не пропаднала од економски причини. Државите пропаѓаат од големи геополитички поместувања. Во суштина, ако дојде до некои ломови на економски план се формираат технички влади, се формираат валутни бордови. Меѓутоа, ако овие бројки на задолженост на балканските земји, на невработеност во балканските земји се полоши отколку во 1990 година, а уште опстојуваат националистички партии, тогаш ситуацијата е многу лоша. Еве да го земеме прашањето на инфраструктурата. Ако тргнеме накај Јадранско Море од автопатот 10, кој поминува низ Балканот, ние ќе возиме 15 часа. Железницата ни е во катастрофална позиција. ФОКУС: Пругата кон Бугарија се ветуваше уште во 1990-тите ... АЗЕСКИ: Тоа е тешко прашање, затоа што 90 проценти поминува низ територија на Република Бугарија, а само 10 проценти кај нас. Таа пруга во Македонија треба да ја финансира Бугарија затоа што таа има интерес од тоа. ФОКУС: Се градеа споменици, а не автопатишта, дури на крајот владата на Груевски започна такви проекти. Но СДСМ како опозиција велеше дека ВМРО на чело со Груевски го зголеми буџетот за 1 милијарда и дека толку се краде годишно всушност. А еве и СДСМ донесе буџет, кој е и поголем од тоа. АЗЕСКИ: Јас не гледам проблем во големината на буџетот, туку во ефикасното трошење на средствата. Значи, тие средства мора да се потрошат за добивање на новосоздадена вредност, а не да се потрошат без врска. Еве сега имаме страшно лош процент на искористеност на капиталните инвестиции. Јас топло ѝ препорачувам на владата да го промени овој тренд. ФОКУС: Претпоставувате зошто? АЗЕСКИ: Претпоставувам, затоа што на почетокот сите министри кои треба да ги вложуваат тие средства, се плашат да потпишуваат. Тие не се бизнисмени. ФОКУС: Еве и министерот за надворешни патува со економска класа… АЗЕСКИ: Што, тоа ќе ја реши ситуацијата? Ние не смееме така да гледаме. Јас не можам како претседател на најмоќната бизнис-асоцијација, кога ќе одам во посета во странство да се кријам во хостел? Или да одам со велосипед? ФОКУС: Се отиде во друга крајност. АЗЕСКИ: Точно. На почетокот реков, дајте да ги видиме темелните принципи. Е сега кај нив имаме три работи. Имаме несклад и диспропорција меѓу неколку категории. Тоа е прво меѓу капиталот и трудот. Значи ниту работодавците се задоволни од тоа што го даваат работниците, ниту работниците се задоволни од тоа како се однесуваат работодавците. Второ, имаме несклад меѓу работоспособното и вработеното население, што е тешка работа. Трето е што ние имаме проблем при примопредавањето на власта. Не се почитуваат договорите што се склучуваат претходно. Тоа се тешки диспаритети, кои мора да се стават на маса. А решението е дијалог. Ни фали дијалог! Ајде да го унапредиме дијалогот. Сите заедно. И на сите нивоа.
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
ПОСЕТИ ЗДРУЖЕНИЈА
ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНДУСТРИЈАТА ЗА ПРЕРАБОТКА НА ДРВО И ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА МЕБЕЛ - Презентација од страна на TÜV NORT CERT – Како до сертификација на FSC® Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел, на 08.06.2018 година, во Стопанската комора на Македонија одржа состанок, на кој беа присутни претставници од TÜV NORT CERT и преставници на компании членки. На состанокот се дискутираше за актуелните состојби во примарното производство на дрво и производството на мебел, како и за актуелните проблеми со сертификацијата на шумите во РМ.
Господинот Љубе Неделковски, претседател на Здружението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел, го отвори состанокот и го истакна значењето на оваа стопанска дејност. Тој сподели информација до фирмите членки на Здружението за одржаната конференција за печат на ЈП Македонски шуми која се одржа на 05.06.2018 година на која била потпишан Меморандум за соработка со кој ЈП Македонски шуми започнуваат процес на сертификација на 4 хектари шуми во Пехчево. По однос на втората точка од дневниот ред беше извршена презентација од страна на
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
27
ЗДРУЖЕНИЈА TÜV NORT CERT – Како до сертификација на FSC® (Како компанија која би сакала да извезува производи од дрво, целулоза и хартија во ЕУ, ќе докаже дека прозводите произлегуваат исклучиво од правни и не-контроверзни извори). Според преставникот од TÜV NORT CERT Пенчо Дермендџиев, вредносните проценки на потрошувачите и бизнис корисниците во однос на производите од дрво,
целулоза и хартија се менуваат. Обраќајки се до компаниите присутни на настанот посочи дека секоја компанија која би сакала да извезува производи од дрво, целулоза и хартија во ЕУ, треба да докаже дека произведениот мебел и други производи произлегуваат исклучиво од правни и не-контроверзни извори. Во својата презентација г-дин Дермендџиев ги објасни целните групи за сертификација, патот до сертификатот и предусловите за сертификација. Со оглед на тоа што е ова нов сертификат во Р. Македонија, истиот побуди голем интерес, па побаравме од нив да направат обуки, во периодот од септември до декември оваа година, со што компаниите би се запознале подобро со спецификите/барањата на овој стандард. На крајот на состанокот беше споделена до компаниите и Понудата за настап на „ambienta“ 45–ти Меѓународен саем за мебел, внатрешно уредување и пропратни индустрии, кој ќе се одржи во Загреб од 10 - 14 октомври 2018 година и Меѓународен саем на материјали и технологија за дрвната индустрија од 10 - 12 октомври 2018 година како дел од овогодинешната „ambienta“. Компаниите производители на мебел и производи од мебел ќе имаат можност да ги изложат своите производи, а Република Македонија се јавува и како земја-партнер за организација на овој саем. Валентина Цветковска
28
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
29
БИЗНИС ИНФО
30
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
12-15 јуни 2018 година, Хановер, Германија
МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ИНФОРМАТИЧКОКОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ “CEBIT”
Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија информира дека на Саемот за телекомуникаци, информатичкокомуникациски и интернет услуги “CeBIT”, во Хановер, Германија, ќе се одржат бизнис средби „Future Match 2018“ од 12-15 јуни 2018 година. Во рамките на Саемот ,,CeBIT’’ ќе се организираат: изложба, конференција и фестивал, што опфаќа дигитализација на бизнисот, администрацијата и општеството. Паралелно со изложбата, во организација на Европската мрежа на претпријатија, ќе се случуваат и бизнис разговори „CeBIT 2018“. Повеќе информации на: https://futurematch2018.b2match.io/ Зошто да учествувате на деловните средби? -Запознајте се со најновите информации за ИКТ-трендовите и иновациите. -Промовирајте ги вашите производи, технологија и знаење. -Најдете решенија за вашите ИТ-проблеми. -Најдете нови партнери. -Најдете нови клиенти и креирајте нови партнерства со деловните партнери. -Разговарајте за нови идеи за проекти.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11 јуни 2018 година (понеделник) 15:00ч - 17:00ч Стопанска комора на Македонија
„ТРИЛАТЕРАЛЕН ДИЈАЛОГ ЗА КАНАДСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ОДРЖЛИВО РУДАРСТВО“
Со цел да се пренесат позитивните практики и стандарди за одржливо рударство од развиените земјите, понатамошен развој на рударските проекти за взаемна корист на сите заинтересирани страни и постигнување отворен дијалог во однос на правниот аспект во процесот на донесување одлуки, Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Канада во Р. Србија задолжена за Р. Македонија и Македонската асоцијација на рударството (МАР), ве покануваат да земете учество на претстојната Конференција на тема: „Трилатерален дијалог за канадските стандарди за одржливо рударство“. Конференцијата ќе се одржи на 11 јуни 2018 година (понеделник), со почеток во 15:00 часот, во просториите на Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да го пријават своето учество со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 8.6.2018 година.
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
11-15 јуни 2018 година Мадрид, Шпанија
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“
Стопанската комора на Македонија, Ве поканува да земете учество на 19. Меѓународен саем за градско планирање, уредување и градска чистота, кој ќе се одржи во периодот од 11 до 15 јуни 2018 година во Мадрид, Шпанија. Истиот за првпат ги соединува најголемите саеми од секторот и тоа: Форумот за одржливи решенија за животната средина – Меѓународен саем за рециклирање, Меѓународниот саем за урбанизација, градско планирање и животна средина и Трговскиот саем за хигиена и чистота. Во рамките на саемските активности, ќе бидат организирани и работни средби со раководни лица од градски комунални претпријатија од Мадрид со цел размена на искуства и споделување добри практики. За реализација на програмата потребно е минимум 10 лица. Последен рок за пријавување е 30 мај 2018 година.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
19-21.6.2018 ГОДИНА, Сараево, БиХ
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ
Зошто да учествувате? Учеството е бесплатно и вклучува: -персонализиран распоред за состаноци (однапред подготвени 20-минутни состаноци); -информативен пакет обезбеден на денот на настанот; -деловна помош на партнерите на Enterprise Europe Network. Рокови: -18 јуни 2018 година: Онлајн-регистрација на учесниците - внесување на профилот за соработка на веб-страницата за настани: http://www.energa2018.talkb2b.net/ . -18 јуни 2018 година: избирање на интересни профили и резервација на деловни средби на веб-страницата за настани. -19 јуни 2018 година: бизнис средби.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
34
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.6.2018 година (вторник) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ
Овој семинар е наменет за претставници од бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на корпоративни и маркетинг комуникации, односи со јавност и управување со социјални мрежи. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко и темелно разбирање за важноста, вредноста и функционалноста на современите односи со јавност во интеграција со социјалните мрежи, алатките на односите со јавност, механизмите и медиумите, како и моделите за успешни комуникации со таргетираната јавност. Учесниците ќе спознаат функционални модели за дигиталниот ПР, структура на содржина, визуелни приказни, развој на стратегија и временско усогласување на медиа планот со социјалните мрежи. Воедно, учесниците ќе добијат темплејти за маркетинг планирање, медиа планирање и пристап до сознанија за оптимално комбинирање на традиционални и дигитални медиуми. Предавач: Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односите со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханиби“’ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.6.2018 година (четврток) 9:30 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА
На еднодневниот семинар учесниците ќе се стекнат со корисни информации, практики и решенија од современиот транспортен и логистички сектор. Ќе се запознаат со економската улога на транспортната и логистичката дејност, целите за ефективна испорака на транспортните услуги, со логистичките информациски системи (ЛИС), вештачката интелигенција и електронската размена на податоци (ЕДИ), практичните решенија на моделите точно на време (JIT) и точно на место (JIP). Предавачи: -Проф. д-р Ристе Темјановски, редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Транспортната проблематика е постојано во фокусот на неговата академска сфера на истражување. -м-р Влатко Бежоски, управител на филијалата на компанијата „Quehenberger Logistics“ во Скопје.
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании
Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
БИЗНИС ИНФО
37
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912
www.mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка
goodini 1
922 - 2018
Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088