Бизнис ИНФО, број 339

Page 1

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

Број 339

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

09.02.2018

Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) – 10 ГОДИНИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА ВО МАКЕДОНИЈА


2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) – 10 ГОДИНИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА ВО МАКЕДОНИЈА Ефектите и резултатите од 10-годишното успешно работење Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) беа презентирани на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (5.02.2018 година). Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) е најголемата мрежа на контактни центри во Европа со цел да им помогне на малите и средни претпријатија да ги искористат можностите што ги нуди европскиот пазар. Мрежата е застапена во повеќе од 60 држави и е најголема мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија, во чии рамки се вклучени повеќе од 600 партнерски организации и институции, при што повеќе од 3.000 експерти се вклучени во активностите на мрежата, давајќи поддршка и практична помош за компаниите кои сакаат да ги освојуваат европските пазари.


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА -Годишно, во просек повеќе од 250.000 мали и средни претпријатија добиваат некаква услуга од партнерските организации на мрежата, при што просечно 52.000 мали и средни претпријатија добиваат совети од експертите во мрежата во насока на унапредување на нивната иновативност, раст и интернационализација, додека повеќе од 20.000 претпријатија преку мрежата учествуваат на меѓународни настани, форуми и средби. Мрежата има за цел да им овозможи на претприемачите што полесно и што побрзо да пронајдат партнери на европските пазари. Користењето на услугите е целосно бесплатно, - посочи д-р Татјана Штерјова од Стопанската комора на Македонија. Стопанската комора на Македонија е дел од Европската мрежа на бизнис можности, преку Националниот конзорциум во којшто, покрај Комората, партнери се и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување - МИР.

Проф. д-р Виктор Стојмановски, проектен менаџер на ЕЕН Македонија посочи дека Европската мрежа за бизнис можности (Enterprise Europe Network - ЕЕN) претставува моќна алатка и е најголемата мрежа за подобрување на процесот на имплементација на иновациите во реалниот сектор, за интензивирање на деловните соработки, за поефикасна соработка на науката и индустријата, трансферот на технологии и користењето на резултатите од научните истражувања во стопанството.


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Во изминатата година, преку македонскиот национален конзорциум на Европската мрежа за бизнис можности информациите од мрежата стигнале до 5.213 компании, 489 компании учествувале на локални и на регионални настани организирани од ЕЕН Македонија, а 119 компании добиле индивидуална поддршка за партнерство преку експертите од мрежата. Организирани биле 23 деловни средби, на кои македонските компании оствариле 227 средби со партнери од странство. Преку мрежата, 137 странски компании искажале интерес за соработка со македонски компании, при што биле остварени 36 партнерства. Прашањата кои се поврзани со интернационализација на локалните мали бизниси, пронаоѓањето нови пазари и бизнис-партнери, стандардите и критериумите кои ги уредува европското законодавство, но и можностите за склучување партнерства за аплицирање на европските програми и фондови, се само дел од прашањата за кои може да се обратите до експертите од ЕЕН Македонија. д-р Татјана Штерјова


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

СОРАБОТКА

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ МОЖНОСТИТЕ ЗА СОРАБОТКА СО РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА

Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристиан Тимоние, со директорот на Канцеларијата„Бизнис Франција”, Пиер Лињо, на 5 февруари 2018 година, реализираa посета на Стопанската комора на Македонија и одржаa состанок со претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев. На состанокот се разговараше за можностите за зголемување на трговската размена помеѓу двете земји, што може да се поттикне и преку планираниот бизнис форум Франција – Балкан 2018, кој ќе се одржува во Белград, во периодот од 30 мај до 1 јуни 2018 година. Презентирајќи го форумот, амбасадорот и господинот Лињо, истакнаа дека овој форум е одлична можност за поврзување со деловни партнери од 12 земји, меѓу кои, покрај Франција и земјите од Западен Балкан, ќе бидат и Хрватска, Кипар, Грција, Молдавија и Романија, со што се очекува развој на деловна платформа со повеќе од 250 учесници. Тридневниот форум ќе биде наменет за компании од 5 сектори (земјоделско-


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

7

СОРАБОТКА прехранбен сектор, инфраструктура, енергетика, информатичка технологија и туризам) и покрај организираните деловни средби, учесниците ќе имаат можност да ги проследат панелите за инвестиции на Балканот, финансирање и развој на бизнисите во регионот.

Како што е договорено, учеството за македонските компании ќе биде без надоместок, а Стопанската комора на Македонија ќе се вклучи во организирањето на стопанствениците за нивно претставување на овој мултилатерален деловен форум. Претседавачот на Собранието на Комората, Антони Пешев, се заблагодари за поканата и можноста што се отвора за поширока соработка со Франција и останатите земји од регионот, укажувајќи дека доколку постои интерес и простор, средбите би можеле да се прошират и во секторите на фармацевтската и металната индустрија која има значителни извозни активности во наведените земји. Размената конкретно со Франција не е на задоволително ниво, имајќи предвид дека во 2017 година Франција е 23-ти трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија, но состојбите полека се стабилизираат и сега е време поактивно да се работи за да расте соработката и да се зголемува присутноста на француските компании на македонскиот пазар. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Франција за периодот јануари - ноември 2017 година достигна вредност од 157,3 милиони САД$, што претставува раст од скоро 44% во однос на истиот период 2016 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 51,3 милиони САД $ со раст од 126%, додека увозното салдо од 106 милиони САД $ има раст од 22,7%. Билјана Пеева-Ѓуриќ


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС СРЕДБИ

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ЗА ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ НА ИНОВАТИВНИ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕТО НА „INNOVFIN“ - ИНСТРУМЕНТИТЕ На 05.02.2018 година Стопанската комора на Македонија, заедно со Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, како дел од Конзорциумот „Enterprise Europe Network – Македонија“ го организираше настанот „Access4SMEs: Подобрување на состојбата за пристап до финансии на иновативни мали и средни претпријатија“. На настанот на кој присуствуваа претставници од банкарскиот сектор, инвестициските фондови, бизнис инкубатори и бизнис акселератори за поддршка на мали и средни претпријатија, беа претставени „Innovfin“ – инструментите на Програмата Хоризонт 2020.

“InnovFin – EU Finance for Innovators” претставува заедничка иницијатива на Европската инвестициона банка и Европскиот инвестициски фонд во соработка со Европската комисија во рамките на Програмата „Хоризонт 2020“ и има за цел да го олесни пристапот до финансии за иновативните бизниси. Наменет е за развојно ориентирани компании и иновативни проекти, компании кои вложуваат во современи


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

9

БИЗНИС СОРАБОТКА СРЕДБИ технологии, енергетска ефикасност и го унапредуваат своето работење. При тоа, како иновација се смета секоја инвестиција која е нова за компанијата и која придонесува за модернизација на процесите, и за постигнување поголема економичност и ефикасност во работењето. Пред присутните беа презентирани можностите за поддршка на иновациите на малите и средни претпријатија, преку активностите кои се преземаат од страна на Стопанската комора на Македонија за поддршка за поголема ефективност, преку Мрежата на национални контакт лица за поддршка на пристапот до финансии за иновативните мали и средни претпријатија, како и преку Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ за унапредување на нивните иновации и научно истражувачки капацитети. На настанот, свое излагање имаа и претставници од француската инвестициска банка – „BpiFrance“, г-ѓа Силви Коњо и г-дин Александр Жан кои пред присутните ги споделија искуствата на „BpiFrance“ во користењето на овој инструмент, и позитивните примери за унапредување на можностите за пристап до финансии на малите и средни претпријатија. Посочено беше дека „BpiFrance“ поддржува иновативни проекти преку обезбедување на грантови, повратни аванси, безкаматни кредити, кредити за финансирање на иноватиивни производи и услуги, како и кредити за почетни и капитални инвестиции. „BpiFrance“ го обезбедува пристапот на малите и средни претпријатија до „Innovfin“ инструментите на директен начин, преку обезбедување на грантови и кредити директно наменети за компаниите, и индиректно преку преземање на ризикот на банките и инвеститорите во висина од 40 до 70%. Главните инструменти на Европската инвестициона банка и Европскиот инвестициски фонд за поддршка на МСП се обезбедуваат преку: - COSME Loan Gurantee Facility (обезбедува поддршка на претпријатија во фаза на раст, преку заеми во максимален износ од 150 000 евра во времетраење од 12 месеци) - Innovfin SME Guarantee (обезбедува поддршка за иновативни претпријатија во износ од 25.000 до 7,5 милиони евра за период од 1 до 10 години) - Innovfin Mid cap Guarantee (за иновативни фондови под пазарни услови, за износи поголеми од 7,5 милиони евра) - Creative Europe (Creative Cultural Sector Guarantee Facility за поддршка на претпријатија од креативните индустрии, во износ до 150 000 евра за период до максимум 12 месеци).


БИЗНИС ИНФО

10

БИЗНИС СРЕДБИ

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

СОРАБОТКА

На настанот обраќање имаше и г-дин Милан Дамчевски, претставник од Прокредит Банка АД Скопје, како локален корисник на Innovfin инструментите. Пред присутните, г-дин Дамчевски посочи дека Прокредит Банка е корисник на “InnovFin” инструментите започнувајќи од јуни 2016 година, и дека досега преку оваа гарантна шема досега биле дадени вкупно 261 кредит, при што главна целна група се мали и средни претпријатија кои се ориентирани кон развој и иновативни активности. При тоа, најголем дел од корисниците на кредити преку оваа гарантна шема се од секторот трговија (34%), градежништво (23%), транспорт и други услуги (21%), производство (16%), додека мал е бројот на корисници од секторот земјоделство (6%), имајќи предвид дека користењето на овој инструмент е неспоиво со можноста за користење на средства преку други европски програми. Посочи дека „InnovFin” инструментите обезбедуваат поголем круг на поволности како за клиентите, така и за самите банки. Присутните имаа можност да ги разменат позитивните практики и искуства за искористување на овие инструменти, со цел истите да станат подостапни за македонските субјекти.

Д-р Татјана Штерјова


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ВО БИТОЛА ОДРЖАНА ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, на 06.02.2018 година во Битола се одржа настан на тема: „Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ и подготовка на предлог Закон за практикантство – дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози.


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Информативниот настан беше спроведен од страна Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во проектот. Целта на ваквата информативна сесија е да се посочат одредбите кои во пракса се покажуваат проблематични за примена, кои различно се интерпретираат и кои не кореспондираат со современите потреби на работниот процес. Да се иницираат конкретни решенија за законски промени имајќи ја во предвид релацијата на Законот за работни односи со други прописи. Овој вид на настани е наменет е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Како теми на настанот беа разгледани и споделени информации за: • Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи - предлози за подобрување на постоечките решенија и прецизирање на услови и процедури за едноставна примена на Законот при работењето на друштвата заради избегнување на правна и материјална несигурност и • Подготовка на предлог Закон за практикантство – дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози - презентација на анализата од спроведеното истражување направено за студентите од факултетите и користење на мерките за практикантство на АВРМ Настанот го проследија и во него зедоа активно учество околу 40-тина компании од битолскиот регион. м-р Никола Димковски


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

13

ГРУПАЦИИ

Групација за противпожарна заштита - ПОКРЕНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТРИБИНА НА ТЕМА “СОСТОЈБИТЕ СО ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ ВО Р.МАКЕДОНИЈА” Членовите на Групацијата за противпожарна заштита на седницата одржана на 08.02.2018 година расправаа за актуелните состојби во оваа дејност. Од страна на претседателот г-дин Милан Клопчевски присутните беа информирани за одржаниот состанок во Дирекцијата за заштита и спасување на Р.Македонија со членови од Груупацијата. На состанокот во Дирекцијата беа отворени повеќе проблеми кои влијаат на работата на фирмите од оваа дејност. Беше истакнато дека Дирекцијата е отворена за соработка со членките на Групацијата при што искажаа спремност секоја измена која се планира на одредени правилници да биде доставена до Групацијата при Стопанската комора на Македонија за заедничко разгледување и решавање на проблемите. Членовите на Групацијата за ПП заштита констатираа дека досегашната соработка не беше на доволно ниво и очекуваат подобрување на соработката во иднина.


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

ГРУПАЦИИ Уште еднаш присутните напоменаа дека е потребно да се имплементираат директивите на ЕУ од областа на пожарникарството, со постапно предлагање на измени и дополнувања на правилниците од оваа област. Една од темите за кои треба да се разговара со надлежните органи е зголемувањето на нелојалната конкуренција врз која влијае и недоволната активност на надлежните инспекциски органи и злоупотреби на инспекторатот при отварање на сервисни фирми од оваа област.

Присутните ги посочија проблемите за дефинирање на надлежна институција која треба да ги спроведува и ги контролира уредите, опремата и средствата за гасење пожар, проверка на истите дали се увезени во согласност со прописите за стандардизација, акредитација и оценка за сообразност. Во дискусијата се истакна дека за подобрување на работата на стопанските субјекти неопходно е да се изврши ревидирање на овластувањата и да се провери нивната усогласеност со Законот за пожарникарство, а ревидираната листа на издадени овластувања редовно да се објавува на сајтот на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ.


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

15

ГРУПАЦИИ Укажана е и потребата од донесување на дополнителни прописи од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, за начинот, постапката и роковите во кои треба да се изврши испитувањето на останатата противпожарна опрема и опрема за заштита и спасување. Ова посебно се однесува на професионалните и индустриски единици и доброволните протипожарни друштва.

На седницата повторно се поддржаа заклучоците за изготвување на измени и дополнување на прописите со кои ќе се издвојат овластувањата за вршење на работа на сервисирање и одржување на системи за откривање и јавување на пожар, за гасење пожар и за системи за откривање експлозивни смеши, и воведување правна обврска за полагање стручен испит кој покрај сервисирањето ќе опфати и проектирање и изведба на ваквите системи. На состанокот се заклучи да се достави до Дирекцијата за заштита и спасување на РМ барање за информација за листа на сервисни фирми кои имаат легални овластувања за работа. Исто така се покрена иницијатива за одржување на Трибина на тема: „Состојбите со заштита од пожари во Р.Македонија“. Војкан Николовски


16

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

17


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

3-14.2.2018 година (вторник-среда) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

КВАЛИТАТИВНО УЧЕСТВО НА ДЕЛОВНИТЕ АСИСТЕНТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ

Деловниот асистент има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски. Целна група Извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурси (човечки, технички и останати). Директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење на е-деловодник). Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 20 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

14.02.2018 година (среда) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5ти кат

Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊАЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

Стопанската комора на Македонија, на ден 14.02.2018 година, во просториите на Комората организира еднодневен семинар нa тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА- ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА, чија цел ќе биде длабинска разработка на реализацијата на регресните побарувања. Притоа, во текот на разработката најпрво ќе дадеме една сублимирана дефиниција поимот регрес односно истиот ќе го извлечеме од сите законски одредби кои истиот го третираат, за да понатаму продолжиме со посочување на сите законски одреби кои го задираат реализирањето на правото на регрес. Имајќи го предвид ограниченото време, во текот на семинарот ќе се задржиме на најчесто присутните побарувања по основ на регрес во праксата на работењето на правните лица (согласно подолу утврдената програма). Притоа, во текот на семинарот ќе биде оставен простор за разработка и на останатите правни ситуации кои го задираат правото на регрес, а за која разработка би пројавиле интерес присутните слушатели Предавач: - М-р Тања Петковска адвокат од Скопје

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27 февруари - 1 март 2018 година Штутгарт, Германија

Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018

Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Германија – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да присуствувате на Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали, што се организираат во рамките на Саемот „R + T 2018“ што ќе се одржи од 27 февруари - 1 март 2018 година, во Штутгарт, СР Германија. „R + T 2018“ е водечки светски саем за ролетни, врати, системи за заштита од сонце, противпожарни врати и опрема за безбедност. Учеството на деловните средби е бесплатно и доколку сакате да учествувате можете да се регистрирате најдоцна до 27 февруари 2018 година на следниот линк: https://www.b2match.eu/RT-2018. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 март 2018 година, Лондон, Велика Британија

Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Европската мрежа на претприемачи ЕЕН Македонија при Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Велика Британија, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, рециклажа како и новини и трансфер на технологии во енергетиката. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 7 март 2018 година, во ExCel конференциски центар во Лондон, Велика Британија. Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://ecobuild2018.b2match. io/signup до 5 март 2018 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20.02.2018 година (вторник) 10.00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Еднодневна обука на тема: УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

ПРОГРАМА: 1. Основите на GDPR: -Преглед и основно запознавање со законската регулатива со фокус на клучните елементи, обврски кои произлегуваат, санкции и средства за заштита. 2. Усогласување со GDPR: -Иницијални чекори и методи на пристап кон патеката на усогласеност со законската регулатива. 3. Модели на усогласеност: -Преглед на моделите кои постојат за постигнување на усогласеност во кои компаниите лесно ќе се препознаат и ќе дефинираат модел за нив. 4. Конструкција на трошоци за усогласеност: -Во поглед на типовите на модели постојат и типови на трошоци со посебен пристап на нивна конструкција. Предлог-планирање на буџет за GDPR усогласеност. Предавачи: - Мане Пиперевски, искусен експерт за информатичка технологија со долгогодишно искуство во безбедноста на информациите. - Горан Велески, дипломиран економист по менаџмент и експерт за деловна анализа и развој на бизнис, со работно искуство во меѓународните прописи за заштита на податоци за приспособување на деловните барања и усогласување со прописите.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.2.2018 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката на тема: „ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА“ е наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните и другите сектори на правните лица кои се занимаат со продажба, т.е. деловно и трговско работење, со посебен акцент на договорот за продажба и неговото законско регулирање и практичните прашања, како и трговските спорови во оваа област, кои се однесуваат на овој договор и на сите клучни аспекти повразани со продажбата. ПРЕДАВАЧИ: - м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат, магистер од областа на договорното право, со особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. Маринела Јакасановска, судија на Основен суд Скопје II - Скопје. Предавач во примарна и континуирана обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје. - д-р Татјана Штерјова, доктор на правни науки од областа на граѓанското процесно право, секретар на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27.02.2018 година (вторник) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Клучно за овој семинар се: учење, надградување на знаењето, реални примери и интерактивна комуникација на тема: • Управување со конфликти (хоризонтално и вертикално во компанијата); • Мерење перформанси (сектори/процеси) и конкретни совети за реално подобрување на работата; • Врска помеѓу мерењето перформанси и конфликт-менаџментот. Целна група Интерактивната работилница/обука е наменетa за раководители на продажба, на комерција, на набавка, на производство, на финансии, на човечки ресурси, раководител на правна служба, како и вработени во продажба, производство, набавка, финансии, односно сите главни процеси во компанијата, извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање, како и вработени чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на решавање на конфликти и подобрување на перформанси. Предавач: - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант (обука, консалтинг) во 20 земји со 22-годишно искуство и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.02.2018 година (среда) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Менаџерите ги планираат своите барања за човечки ресурси, исто онака како што ги планираат останатите ресурси, тие се обидуваат да се осигураат дека имаат доволен број на лица на вистинско место, во вистинско време во насока на реализација на стратешкиот план на организацијата. Користејќи го тој план, наменет за реализација на нивните цели, а притоа имајќи ги предвид сите финансиски и други пречки, како и промени во средината, систематски ги анализираат барањата за човечки ресурси. Предавач: - д-р Татјана Џокиќ, помошник раководител на сектор за нормативно правни работи во Министерството за транспорт и врски, доктор на науки со посебна специјализација во областа на стратегискиот менаџмент на човечки ресурси во државната администрација, автор на трудовите: „Нови правци во менаџментот на човечки ресурси“ и „Управување со знаењето во менаџментот на човечките ресурси“ – објавен во „Економија и Бизнис“. Во делокругот на своите квалификации, г-ѓа Џокиќ е и сертифициран координатор за управување со ризици ISO 9001:2008, Quality Management System –Requirements and ISO 19011:2011 Guidelines for Auditing Management System – Internal Auditor. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034

Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134 Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095

Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939


Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

БИЗНИС ИНФО

27

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632

Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921

Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 09 Февруари 2018, Бр. 339

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2017

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.