Бизнис ИНФО, број 343

Page 1

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

Број 343

БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

1

FS 549642

goodini

192

www.mchamber.mk

Дискусија за мерките предвидени во „Планот за економски раст“

БИЗНИСОТ ПОРАЧУВА ШТО ПОБРЗО ДА ЗАПОЧНАТ ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ МЕРКИТЕ

2 - 2018

09.03.2018


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

3

РАБОТНА СРЕДБА

Дискусија за мерките предвидени во „Планот за економски раст“ - БИЗНИСОТ ПОРАЧУВА ШТО ПОБРЗО ДА ЗАПОЧНАТ ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ МЕРКИТЕ Во пресрет на активностите за усвојувањето на предложените мерки предвидени во „Планот за економски раст“ и започнувањето на нивната имплементација, на 5.3.2018 година се одржа работна средба во Стопанската комора на Македонија. На средбата, проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и м-р Крешник Бектеши, министер за економија во Владата на Република Македонија, дискутираа со претставници на компаниите - членки на Комората за мерките, кои се преточени во Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, како и во Предлог-програмата на Фондот за иновации и технолошки развој.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

РАБОТНА СРЕДБА Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, посочи дека бизнис-заедницата дава целосна поддршка за усвојувањето на предложените мерки, од причина што се очекува тие да придонесат за поголем раст и зголемена конкурентност на македонските компании, поради што препорака на Комората е овие мерки што побрзо да бидат усвоени, и да започне процесот на нивната имплементација. Тој истакна дека особено радува податокот што се очекува врз основа на предложените мерки, според добиените податоци од претставниците на Владата на Република Македонија врз основа на направените симулации, поддршка да добијат 8.000 компании. Воедно, претседателот Азески додаде дека позитивно е што мерките уредени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите не прават разлика во однос на големината на компанијата (дали ќе станува збор за мали и средни претпријатија или за големи претпријатија), туку единствено се зема предвид успешноста на таа компанија, а особено што е предвиден и посебен пакет на мерки насочени кон малите и средни претпријатија, кои треба да одговорат на специфичностите на нивното работење, и да придонесат за нивниот раст и зголемена иновативност и конкурентност.

Поради тоа, Азески повика на широк консензус во процесот на усвојување на овие мерки, како од страна на сите политички чинители во земјата, така и од страна на медиумите – сето тоа во насока на што побрзо започнување на нивната имплементација, затоа што станува збор за мерки кои значително ќе го подобрат деловниот амбиент во


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

5

РАБОТНА СРЕДБА државата, и за кратко време ќе дадат резултати. Претседателот Азески истакна дека Стопанската комора на Македонија веќе работи на втор пакет на мерки, кои се состојат од барања и предлози на бизнис-заедницата за подобрување на деловниот амбиент во државата, и колку побрзо мерките ќе се преточат во „Планот за економски раст“, ќе може да се пристапи кон постапување во однос на следниот пакет на мерки. Д-р Кочо Анѓушев и м-р Кресник Бектеши посочија дека Законот за поддршка на инвестициите наскоро ќе влезе во владина процедура и дека се очекува имплементацијата на овој Закон да ја раздвижи економската активност во Република Македонија.

Д-р Анѓушев истакна дека речиси шест месеци се спроведуваше јавна дебата во однос на предложените мерките во„Планот за економски раст“ со сите засегнати страни, а дел од забелешките и предлозите кои во досегашната процедура биле истакнати од страна на бизнис-заедницата биле интегрирани во предлог-законскиот текст. Тој ти повика присутните доколку имаат дополнителни сугестии за допрецизирање на одредбите, истите во што е можно пократок рок да бидат доставени, за да може да бидат разгледани и интегрирани во предлог-законскиот текст, а со цел прецизирање на решенијата кои ги нуди законот и негова поедноставна примена во практиката, како и создавање конкретни, јасни и применливи законски решенија. Воедно, д-р Анѓушев додаде дека исплатата на финансиската поддршка се планира да се врши еднократно, во рок од 45 дена по склучувањето на договорот согласно одредбите на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, за што од страна на Владата на Република Македонија се обезбедени потребните средства.


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

РАБОТНА СРЕДБА

М-р Кресник Бектеши посочи дека од страна на стопанствениците добиена е голема поддршка за мерките од „Планот за економски раст“. Тој ги повика сите компании да ги искористат мерките кои се нудат со Законот за финансиска поддршка на инвестициите и на тој начин да се подобри животниот стандард на граѓаните на Република Македонија и да се поттикне економскиот развој на државата.

На средбата беше дискутирано за повеќе конкретни решенија во Предлогзаконот за финансиска поддршка на инвестициите, а беше заклучено дека ваквите средби на бизнис-заедницата со претставниците на државните органи треба да продолжат како добра практика, од причина што дијалогот дава позитивни резултати за двете страни. д-р Татјана Штерјова


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

7

СОРАБОТКА

Централ Азија Металс: Продолжуваме со вложувањата во одржлив развој на рудникот САСА и на локалната заедница Пред претставници на Владата, Собранието, Стопанската комора на Македонија, локалнатa управа, бизнисот, академската заедница и другите општествени сегменти во Македонија, членовите на Бордот на директори на Централ Азија Металс (Central Asia Metals, AIM: CAML), новиот сопственик на рудникот САСА, ја претставија својата визија за идниот одржлив развој на најголемиот рударски комплекс во земјата. - Импресионирани сме од досегашните достигнувања на рудникот САСА, од неговиот потенцијал за понатамошен развој, како и од посветеноста, искуството и знаењето на вработените, што е уште еден показател за квалитетот на техничкото образование и експертизата во областа на рударството во Македонија, рече во своето обраќање претседателот на Бордот на директори на Централ Азија Металс, Ник Кларк, потенцирајќи дека компанијата, како нов сопственик, ќе продолжи да вложува во развој на рудникот преку примена на современа технологија и најдобри меѓународни практики и стандарди во рудаството, при што особено ќе се води сметка за здравјето и безбедноста на вработените, како и за заштитата на


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

СОРАБОТКА животната средина. Дополнително, Кларк нагласи дека рудникот веќе постигнал 495 дена без повреди на работно место. Раководството на Централ Азија Металс е децидно дека рудниот САСА ќе продолжи да обезбедува стабилност на работните места за околу 700 вработени во компанијата, а ќе продолжи и со реализацијата на голем број општествено одговорни проекти, важни за просперитетот на локалната заедница. - Како тим составен од професионалци за рударство, нашата определба е долгорочно да го развиваме рудникот САСА и со тоа да придонесеме за развојот на македонската економија, застапувајќи го концептот на општествено одговорно рударство. Многу меѓународни финансиски институции ја поддржаа нашата одлука за купување на САСА и затоа нашите резултати ќе бидат набљудувани одблизу и со голем интерес. Се надевам дека нашиот успех во иднина ќе поттикне и други странски инвеститори да го следат нашиот пример и да вложат во Македонија, истакна Кларк.

Централ Азија Металс е компанија од рударската индустрија што котира на Лондонската берза. Во ноември 2017 компанијата го купи рудникот за олово и цинк САСА во Македонска Каменица, а исто така е сопственик и на проектот за експлоатација на бакар Кунрад во Казахстан. Марија Петроска


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

9

ИНВЕСТИЦИИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА „МАКПРОГРЕС“ – ВИНИЦА

На 6.3.2018 година, компанијата „Макпрогрес“ од Виница го претстави својот нов бренд „ФАНТАЗИЈА“ како резултат на инвестицијата во новоотворениот погон за производство на иновативни производи за брзо готвење. Под брендот „ФАНТАЗИЈА“ на пазарот ќе се пласираат полуготови кондиторски производи за производство на мафини, како и додатоци за колачи и за готварството, што се користат за широка потрошувачка, коишто ќе се најдат на домашниот и на странските пазари.

Компанијата инвестираше 650.000 евра во изградбата и опремувањето на новоотворениот погон, што е навистина завидна инвестиција во прехранбената индустрија. Погонот, во којшто сега се вработени 10 лица, а во наредниот период ќе се вработат уште 30 лица, свечено го отвори претседателот на Стопанската комора


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

ИНВЕСТИЦИИ на Македонија Бранко Азески, кој го истакна значењето на компанијата „Макпрогрес“ за македонското стопанство, којашто инвестираше и во „Дониа“ од Прилеп. „Со инвестирањето во нов погон се дава импулс како на регионот, така и на целото македонско стопанство“, истакна Азески.

„Берлинскиот процес, помошта од Западен Балкан и новите инвестиции како оваа што се промовира денес - се излезот за македонското стопанство“, додаде Азески во своето обраќање. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, пред присутните истакна дека „Макпрогрес“ е лидер во Македонија во кондиторската индустрија, а неговиот бренд е лидер и во регионот. „Потврда за успешноста на оваа компанија е инвестирањето во нов погон и нов бренд. Имјаќи го предвид извозот на оваа компанија во над 55 земји во светот, со своето знаење и искуство, господинот Глигор Цветанов е избран за претседател на Клубот на извозници, којшто неодамна е формиран во рамките на Стопанската комора на Македонија. Очекуваме, со помош на Глигор Цветанов, да се отворат нови пазари на Блискиот Исток и во земјите од МАГРЕБ за извозниците од Република Македонија. Господинот Цветанов има своја визија и сите ние веруваме во него“, додаде Азески. Стопанската комора на Македонија, како заштитник на интересите на компаниите, се наоѓа пред нов предизвик, со новиот План за економски раст


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

11

ИНВЕСТИЦИИ на Владата на Република Македонија, да се поддржат успешните компании во нивниот раст и нови инвестиции. На свеченоста пред присутните се обрати и Глигор Цветанов, сопственик на „Макпрогрес“ од Виница. Тој го изрази своето задоволство од работењето на компанијата, што резултира и со инвестирањето во нов погон, односно проширување на производството и воведување нов бренд. „Со новата инвестиција ќе се зголеми и бројот на вработените, што во моментот изнесува 640 вработени во „Макпрогрес“ и 140 вработени во „Дониа“, или вкупно 780 вработени, што е завидна бројка. Имајќи предвид дека компанијата започна со работа пред 28 години, задоволни сме од своето работење. До сега компанијата инвестираше и 500.000 евра во „Дониа“ од Прилеп, а се планира во наредниот период да се инвестира уште повеќе во оваа компанија“, додаде Глигор Цветанов. Господинот Александар Цветанов, во своето обраќење истакна дека во 2017 година инвестирале во преземање на компанијата „Дониа“ од Прилеп, како и во отворањето нов погон на „Макпрогрес“.


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

ИНВЕСТИЦИИ На оваа свеченост се изврши и ребрендирање, редизајнирање и релансирање на брендот „ДОНИА“ со цел подобрување на квалитетот на производите од овој бренд, со подобар дизајн на амбалажата, што ќе значи и подобар пласман на овие производи во Македонија и во светот.

Компанијата „Макпрогрес“ е една од водечките македонски компании кои се извозно ориентирани, што се докажува со застапеноста на нивните производи во над 55 земји во светот. Се планира во најкус период да се посети Саемот во Њујорк, а потоа да се учествува и на Саемот „СИАЛ“ во Париз, со што ќе се прошири и листата на земји во коишто „Макпрогрес“ ги пласира своите производи. Станка Дамјановска


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

13

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА СОРАБОТКА

Асоцијација за управување со посебни текови на отпад - КОЛЕКТИВНИТЕ ПОСТАПУВАЧИ СО ОТПАД ОСНОВАНИ ОД БИЗНИС СЕКТОРОТ СЕ ДОБРО РЕШЕНИЕ, НЕДОСТАСУВА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата, одржана на 7.3.2018 година, ја најави Меѓународната конференција на тема: „Европските искуства за улогата на компаниите кои управуваат со посебните текови на отпад – сега и во иднина“, што ќе се одржи на 13 март 2018 година во Комората.

Пред претставниците на медиумите најнапред се обрати претседателот на Асоцијацијата, д-р Филип Ивановски, кој истакна дека конференцијата, која е наменета за претставниците на институциите, локалната самоуправа и за другите засегнати субјекти, има за цел да ги лоцира отворените прашања од аспект на практичната применливост на регулативата и да даде насоки за нејзино натамошно доградување со цел постигнување на поставените национални цели за рециклирање на посебните текови на отпад до 2020 година.


БИЗНИС ИНФО

14

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

СОРАБОТКА

Колку отпад создаваме и колку го рециклираме, дали сме на добар пат, учиме ли од земјите кои се пред нас во управувањето со отпадот, како понатаму? Ова се дел од прашањата на кои Конференцијата ќе се дадат одговори и насоки. Претседателот на Асоцијацијата, д-р Филип Ивановски, истакна дека колективните постапувачи со отпад основани од бизнис секторот се добро решение, но недостасува институционална поддршка. Управувањето со отпадот воопшто станува се` поактуелна тема во земјава. Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад при Стопанската комора на Македонија смета дека предлогот на Владата на РМ привремено да ги преземе ингеренциите од општините со цел побрзо решавање на регионалното управување со отпадот е позитивен чекор со цел побрзо решавање на проблемите со отпадот. Во Македонија се создаваат годишно над 700.000 тони различен отпад, од кои над 100.000 тони се отпад од пакувања, над 15.000 тони електронски и електричен, над 70 тони мали батерии и над 3.500 тони акумулатори. Ова според Асоцијацијата е над 20% од вкупниот отпад, но се` уште има голем број компании кои не ги почитуваат законите со кои се задолжени да го пријавуваат отпадот што го создаваат и да финансираат негово одделно собирање и рециклирање, истакна Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата. Компаниите-членки на Асоцијацијата се значаен дел од решението за интегрирано управување со отпадот, посебно затоа што се работи за фракции од отпадот кои или се рециклираат (отпад од пакување, акумулатори, метална електрика) и имаат вредност, или неправилното менаџирање може да има сериозни последици за здравјето на луѓето и за животната средина воопшто (батерии, електронски отпад, отпадни масла, гуми...). Како придонес за поефикасно решавање на проблемите со отпадот и учење од земјите кои се понапред од нас во управувањето со отпадот, Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад, на 13.3.2018 година, организира Меѓународна конференција: „Европските искуства за улогата на компаниите кои управуваат со посебните текови на отпадот – сега и во иднина“. На оваа конференција ќе учествуваат директори на најголемите компанииколективни постапувачи од Германија, Чешка, Бугарија и од ЕКСПРА (Асоцијација на колективни постапувачи со седиште во Брисел), кои ќе ги пренесат искуствата од нивните земји, каде што законите за управување со посебни текови на отпад се на сила повеќе од две децении. Асоцијацијата смета дека моделот кој сега го имаме со колективните постапувачи


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

15

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА формирани од индустријата е добар и дека недостасува институционална поддршка за негово целосно имплементирање. Соработката со општините мора да биде на повисоко ниво, како и санкционирањето на компаниите кои пуштаат на пазарот отпад од посебни текови, а не финансираат системи за негово собирање и рециклирање. Решавањето на проблемот со неформалните собирачи мора да се стави како приоритет во работата на општините и на институциите. Поради ова, на Конференцијата се поканети и ќе учествуваат и релевантни претставници од Владата на Република Македонија, МЖСПП, ДИЖС, како и на ЗЕЛС како асоцијација на општините, како и претставници на рециклаторите на овие типови отпад. Се очекува дека низ размена на искуства и дискусии ќе се дојде до предлози за решенија кои се апликативни за Македонија, а истите ќе бидат вклучени во претстојните законски измени кои се во изработка во МЖСПП. Членки на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад се компаниите за управување со отпад од пакување „Пакомак“ и „Еуро-Екопак“, како и компаниите за управување со батерии, акумулатори и електричен и електронски отпад „Нула Отпад“, „Елколект“, „Екон електрон“ и „Таб-Мак“. Членка е и Цементарницата „Усје“ – Скопје, како самостоен постапувач со отпад.

Зорица Мешкова


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

МЕЃУСЕБНА ТРГОВИЈА

НАДМИНУВАЊЕТО НА БАРИЕРИТЕ ВО МЕЃУСЕБНАТА ТРГОВИЈА

Стопанската комора на Македонија ја поздравува иницијативата на надлежните органи на Република Македонија и Република Србија за формирање на Меѓувладин комитет за решавање на трговските бариери и унапредување на размената помеѓу двете земји, кој ќе има за задача да ги нотира сите отворени прашања и да предложи решенија за отстранување на сите бариери и препреки во меѓусебната трговија. Воспоставувањето на ваков вид на соработка помеѓу надлежните органи во насока на надминување на бариерите во меѓусебната трговија беше континуирано барање на Стопанската комора на Македонија во изминатите 15 години. Неопходно е во што е можно покус рок да бидат отстранети сите бариери во меѓусебната трговија, и да се работи на забрзување и олеснување на процедурите на граничните премини, со што би се спречиле долги задржувања и би се овозможил брз


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

17

МЕЃУСЕБНА ТРГОВИЈА проток на стоки, што е во духот на Берлинскиот процес и создавањето на заеднички економски пазар. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Србија во 2017 година достигна вредност од 802,88 милиони САД $, со раст од 11% во споредба со 2016 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 249,05 милиони САД $ кој бележи раст од 15,94% споредено со 2016 година. Увозното салдо изнесува 553,8 милиони САД $ и истото бележи раст од 8,96% споредено со 2016 година. Евидентирано е негативно трговско салдо со дефицит од 304,8 милиони САД $, при што во однос на 2016 година истиот е зголемен за 3,87%. Во 2017 година, Србија е четврти најважен партнер во надворешно-трговската размена на Македонија, зад Германија, Велика Британија и Грција. Компаниите се` уште се соочуваат со многу тешкотии од административен и од технички карактер во меѓусебната трговија – непризнавање на сертификатите и другите документи кои се однесуваат на квалитетот и техничките стандарди на стоката што се тргува, обврски за приспособување на амбалажите на производите или за приспособување кон стандарди кои се применуваат само на српските пазари, спроведување анализи на граничните премини кои се поврзани со временско


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

МЕЃУСЕБНА ТРГОВИЈА оддолжување, но и зголемување на трошоците за извоз (што особено има влијание кога се извезува помала количина од одреден производ, па износот на овие трошоци може драстично да ја зголеми цената на производите и да ги направи неконкурентни на српскиот пазар, но и кај производите што имаат релативно пократок рок на важност). Потребата за обезбедување на слободното движење на стоки/услуги во целиот регион со цел намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на стоките и услугите на глобалниот пазар е прашање од витално значење за бизнисзаедницата, и во таа насока, цениме дека е потребно во работењето на Меѓувладиниот комитет, покрај претставниците на надлежните институции во Република Македонија и Република Србија, да бидат вклучени и претставници на бизнис-заедницата. Истовремено, Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка овој модел на соработка на надлежните државни органи во насока на изнаоѓање решенија за отворените прашања во меѓусебната трговија да послужи како пример и за надминување на отворените прашања во меѓусебната трговија со сите земји. Одделение за информирање


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

ај те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

19

ар Н

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


20

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

21


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.3.2018 година (понеделник) 9:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

Стопанската комора на Македонија на 12 март 2018 година организира еднодневен семинар на тема: „Оптимизација и уредување на работното место по 5С методологија“. 5С методологијата е една од основните алатки за изградба на KAIZEN филозофијата, како и воспоставување на LEAN системот во производствените и непроизводствените претпријатија. Цел на семинарот е учесниците: • да ја разберат и да ја прифатат суштината на 5С методологијата; • да знаат да ги препознаат потребите за имплементирање на 5С; • да ги научат чекорите за имплементација и како да ги применат во пракса; • да научат да вршат евалуација на имплементираната 5С методологија; • да научат како да ги промовираат и да ги унапредат имплементираните 5С. Предавач: - Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад. Како директор на компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 13 март 2018 година (вторник) 9:30 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

Се` поголем број претпријатија денес користат cloud базирана инфраструктура – виртуелни ресурси кои како сервис се обезбедуваат преку Интернет. Концептот на Cloud computing нуди големи можности за заштеда на ИТ-трошоци, но работењето во Cloud носи и одредени ризици. Тие безбедносни ризици можат да бидат значајно помали доколку за себе го најдете правото cloud решение и грижата за тоа да ја доверите на докажани специјалисти од ИТ-сферата. Целта на семинарот е учесниците: • да ги научат основните видови Cloud услуги и нивните специфичности; • да се запознаат со различните модели на безбедност на Cloud системите; • да се запознаат со безбедноста на Cloud инфраструктурата; • да се запознаат на кои начини може да се користи криптографијата во контрола на пристапот на Cloud средината; • да се запознаат со сигурносно управување на Cloud средината. Предавач: - доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Почитувани, Зголемената конкуренција на глобалниот пазар бара соодветна реакција од компаниите и нивно постојано приспособување на новиот начин на работа. Големите можности носат и големи одговорности, а бизнис секторот треба да ги искористи можностите на начин прифатен од пазарот. Имајќи за цел да предочиме на новите трендови во бизнисот, како и на приспособувањето на современите услови во насока на континуиран пазарен успех, на 16 март 2018 година во Скопје, Стопанската комора организира: САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ Имплементацијата на новата технологија во работењето на компаниите од малите земји им нуди неограничени можности. Достапноста до светскиот пазар ги доведува во скоро еднаква позиција со најголемите играчи во секторот и, секако, придонесува за зголемување на нивната конкурентност. Овогодинешната конференција има за цел да ги обработи темите поврзани со „blockchain“ технологијата и поврзаната регулатива, „crowdfunding“ моделите на алтернативно финансирање на бизнисите, роботика и автоматизација во корист на бизнисот и, секако, етичката страна на дигиталниот пазар. Учество на панел дискусиите ќе земат истакнати домашни и странски претставници од бизнисот, науката и државните институции. Информациите поврзани со темите и учесниците се наведени во агендата во прилог. Котизацијата за настанот по учесник изнесува 3100,00 ден + ДДВ, (секој дополнително пријавен учесник од исто правно лице добива 10% попуст). Вашето учество може да го пријавите со доставување на пријавниот лист на следните контакти: Борис Тримчев, е-адреса: boris@mchamber.mk, моб. 072 20 70 91 или Анита Рафајловска, е-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk, тел. 02 32 44 057


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21-22.3.2018 година (среда-четврток) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

Интергираната постапка ги дефинира редоследот на комплексни активности во процесот на деловно-административно работење со документи и записи, начинот на објавување, како и овластувањата и одговорностите за нивното извршување. Целна група - Директори/раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за деловно-административно работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на деловно-административно работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот за архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење е-деловодник). Извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање ресурси (човечки, технички и останати). Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 20 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.3.2018 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ДЕЛОТ НА: СУДСКА ПРЕСУДА КАКО ОСНОВ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ СО РАБОТА, ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА

Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа, пробна работа, правен основ за договор за вработување и другите договори, суспензија, права од договор за вработување и другите договори, потребно времено прекинување на социјалното осигурување, постапка пред отказ, и отказ поради штетно однесување, одавање деловна тајна и повреда на акти на рабoтодавачот, право на работа со скратено време и права од работен однос во случај на бременост, раѓање и родителство Предавачи: - д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје; - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II - Скопје и - Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II – Скопје.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.3.2018 година (среда) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ, СТЕКНУВАЊЕ ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ, СТВАРНИ ПРАВА НА СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА И ПОСТАПКА ЗА ЕКПРОПРИЈАЦИЈА

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката на тема: „Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација“ е наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните сектори на правните лица, како и лица од останатите сектори, особено во делот на сите правни лица кои се занимаат со правни прашања и проблеми поврзани со заштита на нивната сопственост, споровите во врска со сопственичките стварни права, стварните права на странските физички и правни лица, како и особено постапката за експропријација согласно Законот за експропријација и определувањето на надоместокот за експроприраната недвижност согласно Законот за вонпарнична постапка. Предавач: -м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат со искуство во сите области од правото, а особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р.Македонија. М-р Тутуновска има магистирано на тема од областа на договорното право и има посетувано обуки од различен карактер во делот на правните прашања поврзани со нејзината работа.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30.3.2018 година (петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

Во брзо и динамично бизнис опкружување, онлајн комуникацијата станува значаен дел од постојниот маркетинг микс. Од компаниите веќе се очекува да имаат прецизно дефиниран пристап кој ќе им овозможи претставување на нивните брендови во најдобро светло, без разлика дали фокусот е на развивање B2B или B2C врски. Едноставното објавување на социјалните медиуми повеќе не е доволно за еден бренд да го заслужи своето место на социјалните медиуми. Потребно е прецизно планирање, дефинирање чекори, спроведување кампањи и нивно мерење со цел да се остварат позитивни ефекти од онлајн комуникацијата. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 30 март 2018 година, го организира еднодневниот семинар на тема: „Развивање стратегија за настап на социјални медиуми“ чија цел ќе биде фокусирање кон теоретско и практично изучување на процесот на развој на стратегија за настап на социјалните медиуми. Предавач: - Ива Дујак, доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг, има седумгодишно работно искуство во дигиталниот маркетинг, пет од нив како менаџер на дигитални операции во најголемата дигитална маркетинг агенција во Македонија, Brand Union. Автор е на наградуваните блогови This is Not a Social Media Blog и Skopje Casual. Држи бројни обуки на тема маркетинг и дигитален маркетинг.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034

Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134 Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095

Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939


Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

БИЗНИС ИНФО

31

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632

Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921

Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 09 Март 2018, Бр. 343

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.