Бизнис ИНФО, број 310

Page 1

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

Број 310

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

09.6.017

КОНФЕРЕНЦИЈА “Актуелни предизвици на бизнис заедницата од областа на законската регулатива”

Потпишан Договор за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и Белоруската стопанска комора – УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ТРГОВСКО-ЕКОНОМСКИТЕ ВРСКИ ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА БЕЛОРУСИЈА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ЕФЕКТИТЕ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА НОТАРИЈАТОТ И НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ - ПРЕДЛОЗИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА КОНСТАТИРАНИТЕ СОСТОЈБИ Со новиот Закон за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“, бр.72/2016, 142/2016) и новиот Закон за извршување („Службен весник на Република Македонија“, бр. 72/2016, 142/2016) се воведоа повеќе измени кои се однесуваат на работењето на деловните субјекти. М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, истакна дека компаниите-членки на Комората во повеќе наврати, во процесот на донесување на овие закони, но и по започнувањето на нивната примена, ги истакнаа своите забелешки и сугестии во однос на решенијата кои се воведуваат со овие закони, како и дека за таа цел Комората организираше повеќе активности, вклучувајќи и стручни расправи околу овие два значајни прописа, а до Комората беа доставени и конкретни иницијативи за ревидирање на определени одредби во наведените закони. М-р Милевска Штрбевска посочи дека генералната оценка на


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА компаниите е дека решенијата кои се воведени со овие два закона предизвикуваат значајни импликации врз работењето на деловните субјекти, и тоа: - промени од организациска природа, во делот на реструктуирање на правните служби на компаниите, заради обврската за задолжително ангажирање адвокати во составување на акти или преземање дејствија во рамките на постапките пред нотар или извршител; - финансиски импликации во смисла на зголемени издатоци во постапките кои се спроведуваат согласно овие два закона, не само поради трошокот за адвокатска награда, туку и со оглед на околноста дека издатоците уредени со новите тарифи (Нотарска тарифа и Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите) се речиси непроменети во однос на претходно важечкото уредување; - одолговлекување на постапките за наплата на побарувањата, што директно се одразува врз ликвидноста на компаниите (како што е случајот со воведената обврска за вонсудска наплата на долг по основ на веродостојна исправа); - постојат и други бројни специфичности на постапките кои се уредуваат со овие закони, што за компаниите дополнително предизвикуваат и импликации од организациски и технички аспект. М-р Милевска Штрбевска накратко се осврна на финансиските импликации на новиот Закон за нотаријатот и новиот Закон за извршување, преку презентација на направените споредби на вкупниот износ на издатоци кои компаниите ги имаат во однос на дејствијата и постапките кои спаѓаат во делокругот на работа на нотарите и извршителите, и тоа преку споредување на вкупниот износ на издатоци (задолжителни издатоци кои мора странките да ги покријат) согласно одредбите кои беа важечки пред 31.12.2016 година, и согласно новиот Закон за нотаријат и новиот Закон за извршување. При тоа, беше посочено дека новите законски решенија доведуваат до зголемување на вкупниот износ на издатоци кои странките треба да ги направат во овие постапки, поради што бизнис заедницата предлага вкупниот износ на трошоци во овие постапки (постапки за потврдување на приватни исправи, за издавање на нотарски платен налог, односно при поведувањето на постапката за извршување) да биде редефиниран, така што вкупниот финансиски товар за деловните субјекти во секоја од овие постапки да не биде на повисоко ниво отколку што изнесуваше тоа финансиско оптоварување за компаниите пред 31.12.2016 година. Истовремено, м-р Милевска Штрбевска посочи на ефектите врз воведувањето на обврската за задолжително учество/присуство на адвокат во однос на поголем број дејствија согласно новиот Закон за нотаријатот, а се осврна и на влијанието на овие решенија врз работењето на деловните субјекти. М-р Татјана Штерјова, советник во Стопанската комора на Македонија, накратко ги


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА посочи ефектите кои ги предизвикуваат некои од решенијата воведени со Законот за извршување. Во однос на вонсудската наплата на долгови по основ на веродостојна исправа, беше посочено дека во однос на побарувањата од вршењето на комуналните услуги треба да се има предвид околноста дека компаниите од овие дејности и досега самите преземаа интерни дејствија, за да ги повикаат должниците доброволно да ги платат своите долгови, кои не предизвикуваа дополнителни трошоци, при што постапката за намирување на побарувањето се иницираше само ако овие активности биле без ефект, со што се поставува прашањето на целисходноста на вонсудската наплата на долговите во овие ситуации. Истовремено, беше укажано и на околноста дека некои побарувања неоправдано се ставени во групата на побарувања од комунални услуги за кои задолжително треба да биде спроведена оваа постапка за вонсудска наплата на долгови, како што се на пример, побарувањата кои произлегуваат од вршењето на дејноста на управување со станбени згради, која по својата суштина не претставува комунална услуга, во смисла на Законот за комунални дејности, туку комерцијално базирана услуга која се врши според посебен закон. Исто така, беа посочени и финансиските импликации кои ги предизвикуваат решенијата воведени со новиот Закон за извршување, вклучувајќи ја обврската за авансирање на трошоците во постапката за извршување и можноста оваа обврска за авансирање на трошоците да се применува и на постапките за извршување кои се поведени според претходно важечкиот закон, во ситуациите кога ќе биде преземено извршно дејствие во однос на ново средство за извршување. М-р Штерјова се осврна и на барањето на компаниите за соодветно уредување на прашањето за наплата на побарувањата на компаниите спрема субјектите од јавното право, поради околноста што во практиката покрај сите предмети и права, истовремено и паричните средства на сметките на овие субјекти кај сите носители на платниот промет се изземаат од извршување, како предмети и права кои се неопходни за вршење на дејноста, со што бизнис заедницата во многу случаи ефективно е оневозможена да ги наплати своите побарувања. Посочените прашања се само дел од прашањата опфатени со предлозите за изменување и дополнување на Законот за нотаријат и Законот за извршување во иницијативата, којашто е поднесена до Министерството за правда на РМ од страна на Стопанската комора на Македонија. М-р Елена Милевска Штрбевска


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ЗДРУЖЕНИЈА ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ДЕВЕТТИ ФОРУМ НА ЧИНИТЕЛИ И ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ ВО ОБЛАСТА НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА Групацијата на обновливи извори на енергија во рамките на Стопанската комора на Македонија, а во соработка со Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија, го одржа Деветтиот форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија (ОИЕ). На Форумот присуствуваа претставници од Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика, Агенцијата за енергетика и голем број стопанственици кои дискутираа на теми поврзани со насоките во кои треба да се движи политиката за ОИЕ, како што се перспективите на фотонапонските електроцентрали и системи, студијата за проценка на вкупните трошоци за интегрирање на ОИЕ во електроенергетскиот систем на Македонија, можните нови шеми за финансиска


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

7

ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

поддршка на производители од ОИЕ и потребните дополнителни промени во правната рамка за ОИЕ. Господин Звонко Марковски, сопственик на компанијата СИЕТО, зборуваше за условите, исплатливоста, предностите и слабите страни на фотонапонските системи со и без повластени тарифи, системите инсталирани за задоволување на сопствена потрошувачка на електрична енергија и net-metering системите. Потоа, Климент Наумоски, од АД „МЕПСО“ направи презентација за интегрирање на ОИЕ во преносниот систем на Македонија. Тој истакна дека сите субјекти во рамките на Електроенергетскиот систем (ЕЕС) не се финансиски одговорни за своите отстапувања, односно механизмот на балансирање не е поставен на задоволителен начин. На кракторочен период (2020 година) „МЕПСО“ и „ЕЛЕМ“ договорно да го регулираат обезбедувањето на помошни услуги во секундарна и брза терциерна p/f регулација. Регулаторната комисија за енергетика да го одобри договорот, а трошоците да се валоризираат преку преносната тарифа. На среднорочен период (2025 година), квалитетот на прогнозата на производството на ветерните електроцентрали (ВЕЦ) и фотоволтаичните електроцентрали (ФНЕЦ) треба континуирано да се подобрува. Во случај на недостиг од расположлива секундарна и брза терциерна резерва, потребно е во рамките на SMM-блокот да се пронајдат можности за обезбедување на дел од тие резерви. На долгорочен период (2030 и 2040 година), ако се реализираат планираните проекти за изградба на акумулационите хидроелектро централи (ХЕЦ) и новите термоелектро централи (ТЕЦ) на јаглен и гас, ако потребните резерви се намалат преку нивно делење и размена со соседните контролни области, не се очекуваат проблеми


БИЗНИС ИНФО

8

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ со недостиг на системски услуги потребни за балансирање на производството на ВЕЦ и ФНЕЦ. Ако планираните проекти не се реализираат, треба детално да се анализира разгледуваната проблематика и одново да се проценат можностите за понатамошна интеграција на ВЕЦ и ФНЕЦ, треба да се согледаат техничките можности и финансиските последици од вклучувањето на гасните ТЕЦ (дополнително и новите блокови на ТЕЦ на јаглен) во системските услуги за секундарна и брза терциерна p/f регулација. Консултантот на Проектот на УСАИД за инвестиции во ОИЕ Александар Дединец презентираше можности за нови форми на финансиска поддршка (субвенционирање) на производителите на електрична енергија од ОИЕ, како и нивните импликации. Дарко Јаневски, консултант на Проектот на УСАИД за инвестиции во ОИЕ, ги презентираше досегашните и идни потребни подобрувања на правната рамка за ОИЕ, и тоа подобрувања кои произлегуваат од иницијативи и дискусии на форумите, како и дополнителни поедноставувања на процедурите и начини на привлекување нови инвестиции во ОИЕ. Форумите на чинители и засегнати страни во областа на ОИЕ започнаа во 2013 година. Тие претставуваат механизам за јавно приватен дијалог во областа на ОИЕ. Нивната главна цел е да се овозможи на едно место да се соберат сите чинители и засегнати страни во оваа област, вклучително лица кои работат на развој на проекти, инвеститори, локални организации, претставници од релевантни министерства, агенции, образовни институции, невладиниот сектор и меѓународни донатори. Иницијативите кои произлегуваат од форумите придонесуваат за подобрување на законската и регулаторна рамка за инвестирање во оваа област, а воедно помагаат за решавање на проблемите со кои се соочуваат инвеститорите. Перо Авакумовски


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

9

ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Во Битола одржан вториот „САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ“ На 6.6.2017 година во Народен Театар Битола, околу 40-на фирми и организации од пелагонискиот регион учествуваа на Саемот за вработување, којшто Агенцијата за вработување на Република Македонија како организатор, го оддржа по втор пат во Битола. Како дел од манифестацијата со свој штанд се претстави и Регионалната комора со седиште во Битола, во улога на севкупен претставник на бизнис секторот во регионот и неговите потреби од изнаоѓање на квалитетен работен кадар. На настанот свое присуство имаа и поголем број на членки на комората како Киро Дандаро, Агроплод Свисслион, Витаминка, Кромберг и Шуберт, Исоурце, СН Финансии и други. Идејата на саемот за вработување во Битола е да понуди можност на сите лица што бараат работа директно да разговараат со работодавачите, а тие пак, да се информираат со профилот на лицата што бараат работа. По анализата на Центарот за вработување во Битола во моментов на пазарот на трудот во регионот се бараат кадри со средна стручна подготовка, односно возачи, монтери, работници во угостителство, текстилни работници, но се бараат и лица со високо образование и тоа со познавањаод информатички технологии, странски јазици и други струки. Ова е трет циклус Саеми за вработување кој се одржува во повеќе градови во Македонија. м-р Никола Димковски


БИЗНИС ИНФО

10

ПРОЕКТИ

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „Актуелни предизвици на бизнис заедницата од областа на законската регулатива“ На 7 јуни 2017 година во Стопанската комора на Македонија беше одржана Конференција на тема: „Актуелни предизвици на бизнис заедницата од областа на законската регулатива“, во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. На Конференцијата присуствуваа компании, претставници од Канцеларијата на УСАИД во Република Македонија, претставници од амбасадите, коморите, ресорните министерства, државните агенции и бироа, инспекциските служби и медиумите.


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

11

ПРОЕКТИ

Модератор на Коференцијата беше Јадранка Арзанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, која што истакна дека Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ има за цел да им помогне на компаниите од Македонија да ја подобрат нивната усогласеност со законските барања и да ги зајакне капацитетите на стопанските комори во воспоставување на конструктивен дијалог за подобра регулатива. Како дел од тековните активности што се преземаат во рамките на Проектот, Аризанковска ги наброја подготовката на Ваучер шемата наменета за директна поддршка на компаниите во имлементација на регулативата, креирањето на агрегатен портал со информации за бизнис регулативата и креирањето на „Листи за самоконтрола“ за проверка на усогласеноста на компаниите со законската регулатива. На Конференцијата се обрати и Н.Е. Џес Бејли, амбасадорот на САД во Република Македонија, кој што ги поздрави присутните, истакнувајќи дека целта на овој проект е да се зајакнат капацитетите на стопанските комори како глас на приватниот сектор и да им се помогне тие да се вклучат во конструктивен дијалог со Владата на РМ. Амбасадорот Бејли се повика на резултатот од неодамнешното истражување, кој говори дека недостигот од консултирање на малите и средни претпријатија во процесот на креирање на деловното законодавство и честата промена на премногу сложената регулаторна рамка се идентификуваат како клучна пречка за раст на бизнисот.


12

ПРОЕКТИ

БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Господинот Љубомир Димовски, директор на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и координатор на Проектот, накратко ги презентираше активностите и резултатите од одржаните 17 информативни настани во 11 градови во Република Македонија, на коишто учествуваа повеќе од 500 претставници од компаниите, како и претставници од локалната администрација. Информативните настани имаа за цел да ги запознаат микро, малите и средните претпријатија во Република Македонија и да им дадат насоки за полесно имплементирање на законската регулатива, воедно и да поттикнат дискусија за најчестите проблеми со кои се соочуваат претпријатијата, а кои произлегуваат од соодветните регулативи. Приоритетни сектори на овој четиригодишен проект се: земјоделие, текстил, градежништво, ИКТ-технологии и туризам. Овие сектори практично ќе послужат како модел за развој на натамошни мерки за усогласување со регулативата и за развивање на јавно-приватниот дијалог во останатите сектори. На Конференцијата учествуваа предавачи од четирите клучни области: м-р Славјанка Пејчиновска-Андонова, инж. за животна средина; Снежана Петковска, предавач од областа на работните односи; Славко Лазовски, предавач од областа на даноците и даночната политика и Ленка


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

13

ПРОЕКТИ

Петковска, предавач од областа на царините и царинската политика. Експертите ги презентираа актуелните предизвици на бизнис заедницата за секоја од областите коишто се во фокусот на Проектот, а потоа беше развиена дискусија на којашто присутните претставници од компаниите земаа активно учество. Дел од изнесените ставови на компаниите беа во насока на валидирање на заклучоците од досега одржаните информативни сесии, а дел содржеа дополнителни предлог-решенија. Проектот на УСАИД го реализираат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, консултантска куќа од Скопје како имплементациски партнер. Наредни активности кои следуваат во рамките на овој проект се: обработка на ставовите на бизнис секторот изнесени на досегашните настани, креирање на позициски документ усвоен од страна на трите комори вклучени во Проектот и презентација на овој документ пред релевантните државни институции. м-р Викторија Илиева


14

БИЗНИС ИНФО

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ ЕУ - ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО БЕЛГРАД Во организација на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, а во присуство на креаторите на економските политики, бизнис заедницата од регионот и ЕУ, во Белград се одржа ЕУ - Западен Балкан инвестицискиот форум (8 јуни 2017 година). Фокусот на Форумот е ставен на потребата за унапредување на инвестициската клима, зголемување на регионалната соработка, поврзување на деловните заедници, вклучување во заеднички проекти и постепено придвижување во процесот на европска интеграција на целиот регион. Во своето обраќање еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оцени дека создавањето на економска зона е подготовка на регионот за пристапување во ЕУ, на нејзиниот единствен пазар, со што ќе се создаде дополнителна вредност за стоките и пазар од 20 милиони луѓе, кој е привлечен за инвеститорите. Воедно, тој истакна дека за регионот се планирани дополнителни средства од ЕУ, кои нема да бидат наменети само за инфраструктурни проекти, туку и за унапредување на конкурентноста, преку јакнење на приватниот сектор кој ќе создава производи со конкурентска предност. Основната цел на земјите од регионот е натамошното регионално поврзување и развивањето на регионалните форми на соработка со што ќе се забрза процесот на целосна интеграција. Главен предизвик за земјите од Западен Балкан и натаму е потребата за унапредување на степенот на економска развиеност и конкурентска способност на стопанствата, раст на БДП и подобрување на животниот стандард, намалување на стапката на невработеност, намалување на увозната зависност на стопанствата, зголемување на приливот на инвестиции, отстранување на бариерите кои се јавуваат во меѓусебната трговија, како и реализирање на крупни енергетски и транспортни инфраструктурни проекти. Вклучувањето на приватниот сектор во формулирање и имплементирање на структурните реформи и регионалната економска интеграција како катализатор за развој на приватниот сектор се прашања од врвен приоритет на кои за време на Форумот дискутираа претседателите на стопанските комори на Србија и Косово, Марко Чадеж и Сафет Ѓергалиу и потпретседателот на Стопанската комора на Македонија д-р Глигор Бишев.


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

15

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА Според д-р Бишев, за да се развива регионалната соработка секој треба да го најде својот интерес, во спротивно таа нема да функционира. Важно е да се развива синџирот на производи во регионот и компаниите да ја градат својата конкурентност, за да може секој да го најде интересот во приказната наречена регионална соработка. Регионалниот пристап кон ЕУ во целина нема да ја намали важноста на секоја од државите за создавање на јаки и независни институции и владеење на правото. Дека прашањето за регионална економска интеграција има врвен приоритет, говори и отворањето на Берлинскиот процес од кој произлезе и формирањето на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ ЗБ) во 2015 година, во кој покрај Стопанската комора на Македонија и стопанските комори од земјите-членки на Западен Балкан, вклучени се и коморите на Словенија и Хрватска. Од почетокот на работата на КИФ покренати се голем број иницијативи, а предложени се и неколку проектни активности кои имаат за цел подобрување на бизнис климата, подвлекоа претседателите на коморите од регионот. Како целина, учеството на Западен Балкан во вкупната трговска размена на ЕУ во последните неколку години изнесува околу 1 до 1,2%, а спротивно на тоа, Европската унија е најголемиот трговски партнер на Западен Балкан, на која отпаѓаат повеќе од 75% од вкупната трговија во регионот. За првите четири месеци од 2017 година вкупниот обем на надворешно-трговската размена на Република Македонија со земјите од светот изнесува 3,87 милијарди САД долари, од кои 372,8 милиони САД долари или 9% е реализиран со земјите од Западен Балкан. На страната на извозот за четирите месеци од 2017 година кој вкупно изнесува 1,63 милијарди САД долари, македонскиот извоз со земјите од Западен Балкан изнесува 172,7 милиони САД долари, или 10% од вкупниот извоз. Јадранка Аризанковска


16

БИЗНИС ИНФО

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Средба на раководствата на стопанските комори во рамките на Централно-европската иницијатива во Минск и Министерска конференција за поврзување и рамномерен регионален развој во рамките на ЦЕИ - ЕКОНОМСКИ И ИНВЕСТИЦИСКИ МОЖНОСТИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НОВИ ФОРМИ НА СОРАБОТКА

Делегација од Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот Бранко Азески учествуваше на Министерската конференција за поврзување и рамномерен регионален развој во рамките на ЦЕИ, што се одржа на 8.6.2017 година во Минск, Белорусија. На Конференцијата се обратија Андреј Кобијаков, претседател на Владата на Република Белорусија и Анатолиј Сивак, министер за транспорт и комуникации во Владата на Република Белорусија, кои се осврнаа на прашањата за модернизација на транспортната и логистичката инфраструктура во регионот на ЦЕИ и градењето мостови за поврзување на Азија и Европа. Делегацијата на Стопанската комора на Македонија учествуваше и на состанокот на претседателите на стопанските комори на земјите од Централно-европската иницијатива, кој се одржа во рамките на Конференцијата. Господинот Владимир Улаховиќ, претседател на Белоруската стопанска комора, во своето обраќање го посочи клучното значење на ЦЕИ во поврзувањето и соработката на бизнисите од различни земји, и ја отвори дискусијата за различните економски и инвестициски можности за остварување на нови форми на соработка помеѓу земјите-членки на ЦЕИ. На состанокот учествуваа претставници на стопанските комори од 13 земји-членки на ЦЕИ (Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија,


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

17

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Италија, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Чешка, Украина и Унгарија), но и претставници од други бизнис-организации со кои земјите од регионот на ЦЕИ остваруваат соработка. На состанокот, свое обраќање имаше м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, која ја истакна потребата за зајакнување на ЦЕИ - бизнис димензијата и нејзино насочување кон поттикнување на меѓусебната соработка преку реализирање на бројни бизнис средби поддржани од ЦЕИ - Фондот за проекти. Притоа, таа посочи дека на тој начин ќе се зајакне меѓусебната бизнис соработка помеѓу земјите на ЦЕИ и ќе се даде акцент на отворањето на можности за зголемување на трговската размена, трансферот на знаење и технологии и ќе се придонесе за создавање производи и услуги со додадена вредност од страна на земјите кои се` уште не се членки на ЕУ. Централно-европската иницијатива е платформа која дава можност за соработка, кохезија и интеграција помеѓу земјите на ЕУ и земјите кои се` уште не се членки на ЕУ, како Република Македонија, покривајќи го регионот на Централна и Југоисточна Европа, притоа овозможувајќи со заедничка соработка да се елиминираат бариерите и да се поттикне меѓусебната соработка помеѓу земјите-членки на ЦЕИ. Активностите на оваа организација се насочени кон поттикнување на територијалната кохезија и регионалниот развој со цел намалување на разликите помеѓу различните региони, а со тоа промовирајќи балансиран и одржлив развој. Обемот на надворешно-трговската размена на Република Македонија со земјите-членки на ЦЕИ во 2016 година вредносно изнесува 3,5 милијарди САД долари, што претставува 30% од вкупната размена на Македонија со светот. м-р Татјана Штерјова


18

БИЗНИС ИНФО

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Потпишан Договор за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и Белоруската стопанска комора – УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ТРГОВСКОЕКОНОМСКИТЕ ВРСКИ ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА БЕЛОРУСИЈА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во насока на унапредување на деловните врски меѓу компаниите од Белорусија и Македонија, во рамките на состанокот на претседателите на стопанските комори на земјите од Централно-европската иницијатива, што се одржа на 8.6.2017 година во Минск, Белорусија, беше потпишан Договор за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и Белоруската стопанска комора. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески во своето обраќање истакна дека иницијативата за продлабочување на соработката помеѓу двете комори потекнува уште од февруари 2015 година, кога Стопанската комора на Македонија ја посети државно-стопанска делегација од Белорусија, а потпишувањето на овој договор се очекува реално да придонесе за зацврстување на трговско-економските врски меѓу Република Македонија и Република Белорусија. Притоа, тој потенцираше дека малата надворешнотрговска размена меѓу Македонија и Белорусија е голем предизвик да се направи нешто повеќе, а стопанските комори имаат можности, но и моќ да го поттикнат и претприемничкиот дух на бизнисмените од двете земји, како и да ја унапредат и промовираат бизнис климата на национално и на меѓународно ниво.


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

19

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Претседателот на Белоруската стопанска комора Владимир Улаховиќ посочи дека потпишувањето на овој Договор за соработка ќе даде позитивен импулс за продлабочување на соработката во сферата на економијата, трговијата и инвестициите, а воедно истиот треба да креира рамка за обезбедување помош и поддршка на белоруските и македонските компании и претприемачи во развојот на деловните врски, како и во насока на проширување на заедничката соработка на двете комори во границите на нивниот делокруг на работа. Со Договорот за соработка се поставува рамка за продлабочена соработка помеѓу двете комори, со цел за поефективна помош на компаниите и претприемачите околу прашањата за развој и продлабочување на сите форми на надворешно-трговската дејност, како и за обезбедување помош за нивното учество во имплементација на инвестициските проекти. Активностите, помеѓу другото, ќе се однесуваат на заедничка организација на настани, размена на комерцијални понуди за деловна соработка, обезбедување на деловно-техничка поддршка за членовите на коморите за воспоставувањето бизнис врски, како и соработка со цел за развој на меѓународната арбитража. м-р Елена Милевска Штрбевска


20

БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

КОМОРА ЗА МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА „ПАТОТ НА СВИЛАТА“

ОФИЦИЈАЛИЗИРАНО ЧЛЕНСТВОТО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО КОМОРАТА ЗА МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА „ПАТОТ НА СВИЛАТА“ (SILK ROAD CHAMBER OF INTERNATIONAL COMMERCE – SRCIC)

На маргините на состанокот на претседателите на стопанските комори на земјите од Централно-eвропската иницијатива, кој се одржува во Минск, Белорусија, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески оствари средба со Џемал Инаишвили, почесен претседател на Комората за меѓународна трговија „Патот на свилата“ (SRCIC). Со официјализираното пристапување во членство на оваа реномирана комора, на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија им се отвора простор за запознавање со нови клиенти и бизнис партнери од различни индустрии, преку учество на семинари и работилници, конференции и тркалезни маси во Кина, но и во останатите земји од „Патот на свилата“ и пошироко. Комората на своите членки ќе им нуди ексклузивна можност за вмрежување и поврзување, размена на искуства, know-how, експертиза, технологии и иновации. Основната цел на Комората за меѓународна трговија „Патот на свилата“ (SRCIC) е да го зголеми учеството на глобалниот бизнис во развојот на „Патот на свилата“ од 21. век со тоа што ќе поврзе повеќе од 60 земји со население од 4 милијарди жители.


bsi.

FS 549642

те ај

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

21

ар

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ISO 9001

Quality Management

Н

БИЗНИС ИНФО

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


22

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

23


БИЗНИС ИНФО

24

bsi.

BSI

TM

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ISO 9001

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на ДАНОЦИ И ЦАРИНА

12.06.2017 Инфо сесија Хотел “Романтик“ - Велес

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ДАНОЦИ И ЦАРИНА. Информативниот настан ќе биде спроведен од страна на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) иЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии воимплементирањето на самите закони. Информативниот настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на даноци и царини, ќе се одржи на 12 јуни 2017 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Романтик“ – Велес. Предавач на информативниот настан од областа на царинската регулатива ќе биде Ленка Петковска, која работи во областа на царинската законската регулатива од 1990 година, и како правник вработена во Министерството за финансии на Република Македонија, учествувала во изработката и донесувањето на сите акти во областа на законите за царина, правилници и подзаконски акти, почнувајќи од изработка, носење и имплементација на првиот Закон за царина во 1993 година и во изработка и носење на сите следни законски акти. Како претставник на Министерството за финансии, учествува во комисии и меѓуминистерски работни групи во текот на изработка на важечкиот царински закон, Законот за царинска тарифа и други прописи од областа на царинската регулатива. Од областа на даноците предавач ќе биде Славко Лазовски, кој целиот работен стажго поминал работејќи на полето на даноците, започнувајќи како општински даночен инспектор, па републички инспектор, началник на Републичкиот финансиски инспекторат до советник на неколкумина министри за финансии. По пензионирањето, како раководител на Одделението за ДДВ во Министерството за финансии, активно работи во Центарот за даночна политика (еден од основачите) и во Здружението на финансиските работници од локалната самоуправа, каде им стои на располагање на општинските даночни администрации за консултации. Потесни специјалности: ДДВ, даночна постапка и локални даноци. Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 8 јуни 2017 година (четврток), со регистрирање директно на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSftTQcGWLacq R2Hr-aNM8fC1PyjLYcEisuAUH8oKdC8F2BXgw/viewform?usp=sf_link .


26

БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

07.06.2017 Конференција Стопанска комора на Македонија

„АКТУЕЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ОД ОБЛАСТА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА“

Во рамките на Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, беа одржани вкупно 18 информативни настани во 11 градови во Република Македонија, на три клучни теми: 1. Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот; 2. Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективните договори 3. Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на даночната и царинската политика. Информативните настани имаа за цел да ги информираат микро, малите и средните претпријатија во Република Македонија и да им дадат насоки за полесно имплементирање на законската регулатива преку детектирање на проблемите и промените кои произлегуваат од соодветните регулативи, како и јакнење на јавно-приватниот дијалог во насока на донесување на подобра бизнис-регулатива. Приоритетни сектори на овој четиригодишен проект се: земјоделие, текстил, градежништво, ИКТтехнологии и туризам. Проектот на УСАИД го реализираат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, консултантска куќа од Скопје како имплементациски партнер на УСАИД-Проектот. Согледувајќи ја моменталната состојба на микро, малите и средните претпријатија во Република Македонија, проектот на УСАИД организира Конференција на тема: „ АКТУЕЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ОД ОБЛАСТА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА “, што ќе се одржи на 7 јуни 2017 година во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат со почеток од 10:30-14:30 часот. Предавачи на Конференцијата ќе бидат: м-р Славјанка Пејчиновска- Андонова, инж. за животна средина; Снежана Петковска, предавач од областа на работните односи; Славко Лазовски, предавач од областа на даноците и даночната политика и Ленка Петковска, предавач од областа на царините и царинската политика. На настанот е предвидено и присуство на претставници од канцеларијата на УСАИД во Република Македонија, Холандската амбасада, Владата на Република Македонија, ресорните министерства, државните агенции и бироа, инспекциските служби, како и на претставници на организации. Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 6 jуни 2017 година (вторник) на е-адресата: ivana@mchamber.mk, тел: 02/3 244-051


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули (електронски јавни набавки, дигитално потпишување, е-аукции/ конечна цена), тендерско досие, модул на завршени постапки

14 јуни 2017 година (среда) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Согласно задолжителното спроведување на електронските јавни набавки предвидени со Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15) и тоа: - во најмалку 50% од објавените огласи од 1 јануари 2017 година и - во 100% од објавените огласи од 1 јануари 2018 година, како и фактот дека голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) - регистрација, поставување на прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ и слично. Имајќи предвид дека голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување и слично, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: Успешно подготвување на електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули (електронски јавни набавки, дигитално потпишуавање, е-аукции/конечна цена), тендерско досие, модул за завршени постапки. Семинарот ќе се реализира на 14 јуни 2017 година (среда), од 10:00-16:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V кат. На семинарот за сите учесници ќе биде обезбеден водичот: „Е-ЈАВНИ НАБАВКИ: ПОДГОТВИ СЕ!“ во кој на едноставен начин се објаснети сите модули, чекори и алатки за правилно користење на ЕСЈН (електронски систем за јавни набавки), учеството на електронски јавни набавки, сите предизвици во врска со е-набавките во РМ и најчестите грешки при учество со електронска понуда, електронско потпишување, невалиди сертификати, електронски банкарски гаранции итн. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

31


32

БИЗНИС ИНФО

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото

Украина Валидно до: 31.07.2017 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

Украина

Украина Валидно до: 31.08.2017 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.

Валидно до: 02.06.2017 Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Украина Валидно до: 30.06.2017 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

Пакистан

Украина

Валидно до: 31.10.2017 Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат пресуван под висок притисок и е компанија која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата

Валидно до: 31.05.2017 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.


петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

БИЗНИС ИНФО

33

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина

Кина

Валидно до: 10.07.2017 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Валидно до: 30.06.2017 Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.

Пакистан Валидно до: 10.07.2017 Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Кина

Кина

Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.

Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 25.06.2017 Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 1 јуни 2017, Бр. 309

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.