Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
Број 371 345
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
1
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018 09.11.2018
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ОЛЕСНУВАЊЕ НА ВИЗНИОТ РЕЖИМ ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НА ГЛОБАЛНИОТ БАЛКАНСКИ ТУРИСТИЧКИ ПАЗАР
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПРВАТА ДЕЦЕНИЈА ОД БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ОЛЕСНУВАЊЕ НА ВИЗНИОТ РЕЖИМ ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НА ГЛОБАЛНИОТ БАЛКАНСКИ ТУРИСТИЧКИ ПАЗАР
Статистичките податоци и анализите во секторот угостителство и туризам покажуваат дека развојот на секторот има континуирано позитивен тренд повеќе години, иако во најголем број случаи се должи на субвенционираната поддршка на туроператорите кои носат странски туристи и субвенционирањето на ниско буџетските авио-дестинации. За долгоречен развој на туризмот како сериозен чинител во домашната економија постојат серија прашања на кои треба да се работи во следниот период, е констатацијата на прес-конференцијата организирана во Стопанската комора на Македонија, на која фокусот беше ставен на потребата од олеснување на визниот режим со цел Македонија да остане на глобалниот балкански туристички пазар (5.11.2018 година). -Девизниот приход од туризмот е во континуиран пораст. Во 2017 година споредено со 2010 година, кога започна процесот на субвенционирање на странските туристи, девизниот приход во 2017 година реализира раст од 65,23 проценти и изнесува 326,9 милиони американски доалри. Во првите 6 месеци од 2018 година евидентирани се 151,8 милиони американски долари девизен приход, што е 27 % повеќе од истиот период лани, кога се евидентирани 119,5 милиони американски долари, - информираше Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
Учеството на туризмот во бруто домашниот производ останува 1,8% директно учество. Иако некои анализи калкулираат со податокот од вкупно учество на туризмот во БДП со блузи 5 % (што претставува 1,8% директно и 2,9% индиректно учество), сепак македонската статистика официјално се` уште не го калкулира индиректниот инпакт на туризмот во БДП. -Светските трендови покажуваат дека расте интересот на туристи, пред се` од Азија. Повеќе од 135 милиони туристи од Кина на годишно ниво излегуваат од земјата, со проценка дека трошат 330 милијарди САД долари на годишно ниво. Во регионот на Западен Балкан, статистиката покажува дека се` поголем е бројот на туристи од Кина, но и од ГОЛФ - земјите. Како поддршка на ваквите движења се и одлуките на државите од Западен Балкан за олеснување на визниот режим, - потенцираше Славе Сирачевски, заменик-претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. За таа цел, соседните држави, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, имаат направено сериозно олеснување на визниот режим со овие земји, од коишто туристи на кружни тури патуваат во регионот. Сите земји во регионот го имаат во голем дел либерализирано визниот режим со ГОЛФ-земјите, само Македонија има визи за речиси сите наведени земји, освен што за туристите од Обединетите Арапски Емирати виза се вади на граница. Србија има безвижен режим со Кина, Катар, Кувајт, Бахреин, Оман, Обединетите Арапски Емирати. Визи има само за потенцијални туристи од Саудиска Арабија. Босна и Херцеговина има ист безвизен режим со земјите од ГОЛФ-регионот, а со Кина имаат договор за взаемно ослободување од визи во рок до 90 дена. Црна Гора и Косово, исто како и Македонија, имаат визен режим со Кина. Црна Гора има визи и за Бахреин, Оман и Саудисака Арабија, а Косово има безвизен режим со сите земји од ГОЛФ-регионот. Албанија има визи само за туристи од Бахреин, а од 1 арил до 31 октомври годинава имаат безвизен режим со Кина. Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија,
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА веќе одреден период во официјална комуникација со Министерството за надворешни работи, укажува на трендот во регионот и доколку Македонија не направи олеснување на визниот режим, ќе остане надвор од глобалниот балкански туристички пазар. За таа цел, преку официјален допис бараме заедничка средба до министерот за внатрешни работи и со министерот за надворешни работи за да укажеме уште еднаш на потребата од приспособување на визниот режим за туристи од посочените дестинации. Заменик-претседателот на Здружението, Сирачевски, на прес-конференцијата посочи дека визното олеснување е само една од алките во синџирот кој треба да овозможи Макеоднија да биде атрактивна туристичка дестинација за кинеските туристи и за оние од ГОЛФ-земјите. Паралелно треба да се работи и на други активности со кои би ги привлекле туристите во помасовен број од Кина и богатите туристи од останатите азиски земји. Станува збор за воведување стандради во угостителските објекти согласно желбите и барањата на туристите, согласно нивните традиции, обичаи, култура. Согласно укажувањата на наши членки, познати хотелски бренодви пред се` во Европа асктивно работат на креирање туристичкиу понуди и сместување согласно желбите и потребите првенствено на кинеските туристи, како најбројни во светот, но и туристи кои трошат во рамките на патувањата. Согласно официјалните податоци од Државниот завод за статистика на РМ, за периодот јаниари - август 2018 година, наспроти истиот период лани, реализиран е пораст на вкупните доаѓања на туристи за 15%, од кои домашни за 14,5% и странски за 15,3%. Кај делот во остварените ноќевања за истиот компариран период исто така се бележи вкупен раст од 16%, од кои остварените ноќевања од страна на домашните резиденти се зголемиле за 14,8%, додека од страна на странските резиденти ноќевањата се во пораст за 18%. Анализирано по земји, Турција останува земјата од којашто најголем број туристи ја посетиле Македонија. Втора е Србија, Бугарија, Грција, Холандија. Од аспект на реализирани ноќевања, најбројни се повторно турските туристи, потоа холандските, а меѓу петте земји од каде туристите реализирале најмногу ноќевања се и Србија, Бугарија, Грција и Полска. Даниела Михајловска Василевска
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
ЈУБИЛЕИ ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПРВАТА ДЕЦЕНИЈА РАБОТЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАК
„По повод одбележувањето на првата деценија од банкарското работење во Р. Македонија, Шпаркасе Банка на ден 3.11.2018 година организираше неколку едукативни трибини и хуманитарни активности, во кои беа вклучени претставници од менаџментот, како и дел од вработените во Банката. Во рамките на сензорната градина на Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје беа засадени 10 садници, кои симболично ги означуваат 10-те години јубилеј на Шпаркасе Банка Македонија. Со оваа хуманитарна акција вработените и менаџментот на Банката придонесоа за дополнително збогатување на сензорната градина и разубавување на просторот достапен за учениците од ова училиште. Истиот ден се одржаа две едукативни трибини, во исто време, на две различни локации. Во просториите на „Јавна соба“ се одржа едукативна трибина на тема „Улогата на малите бизниси и поддршка од банките за нивниот развој“, додека на трибината во гимназијата „НОВА“ се зборуваше за „Улогата на финансиските институции во развојот на претприемништвото и пристапот до фондовите“. Говорници и на двете теми беа реномирани претставници од Штаермаркише Шпаркасе Групацијата и од домашната
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
7
ЈУБИЛЕИ ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ
ОД БАНКАРСКОТО КЕДОНИЈА финансиска фела. На настанот во „Јавна соба“ свое поздравно обраќање имаше г. Саша Боко, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, додека на панел-дискусијата на темата зедоа учество и г. Сава Далбоков, член на Управниот одбор на Штаермаркише Шпаркасе и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, како и г. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Р. Македонија. Г-ѓа Марија
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
ЈУБИЛЕИ ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ
Матовска, национален координатор на Наградата за социјално претприемништво, говореше на темата „Улогата на банките во развојот на социјалното претприемништво“. Во просториите на гимназијата „НОВА“, едукативната трибина со свое обраќање ја отвори г. Иван Новаковски, менаџер на меѓународното училиште „НОВА“, а панелисти на темата беа и д-р Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермаркише Шпаркасе Банка, и г-ѓа Дијана Десподов, извршен директор на Американската стопанска комора на Македонија. Трибините претставуваа одлична можност за споделување важни препораки и насоки за унапредување на развојот на малите бизниси како една од алтернативите за поголем економски развој и секако за охрабрување на младите претприемачи да преземат иницијатива и со поддршка на банките како Шпаркасе Банка да ги реализираат своите бизнис-идеи и да изградат успешни приказни во Македонија.“
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
9
ЈУБИЛЕИ ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ
БИЗНИС ИНФО
10
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
УПРАВЕН ОДБОР НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ЗАКЛУЧОЦИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, 06.11.2018 Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, во проширен состав, со потпретседателите на Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 6.11.2018 година, на којашто присуствуваше и д-р Драган Тевдовски, министер за финансии во Владата на Република Македонија, ги усвои следните Заклучоци: 1. Стопанската комора на Македонија, како најстара, најбројна и најзначајна бизнис асоцијација во земјата, која претставува повеќе од 15.000 компании-членки, смета дека најсоодветен начин за уредување на прашањето за обезбедување дополнителни средства во буџетот на Република Македонија во насока на обезбедување подобар квалитет на јавните услуги е прво да се искористат сите расположливи можности за рационализација на расходите, а пред сé рационализација на процесите на државната администрација, пред да се пристапи кон воведување поголеми обврски за субјектите во системот и поголемо даночно зафаќање, особено ако се има предвид континуираниот тренд на раст на сите даночни приходи во буџетот во периодот 2005-2017 година.
(во милиони денари)
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
11
УПРАВЕН ОДБОР НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА 2. Искуствата покажуваат дека системски промени од ваков вид треба да бидат најавени и усвоени многу претходно во текот на календарската година, во партнерски однос, преку усогласување со најзначајниот партнер од деловниот сектор, како би можеле субјектите навремено да го усогласат своето работење. Во конкретниот случај, предложената даночна реформа е презентирана на почетокот на месец ноември, на помалку од 60 дена до започнувањето на новата фискална и даночна година, во време кога голем број од деловните субјекти веќе ги имаат утврдено финансиските планови за следната година, што има сериозни импликации врз предвидливоста и стабилноста на деловното опкружување. 3. Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија смета дека најдобриот начин за усогласување на ставовите по однос на ова прашање е Барањето доставено до Владата на Република Македонија во септември 2018 година, во рамките на Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, кој се спроведува со поддршка на американската агенција за меѓународен развој УСАИД. Во поднесеното Барање, четирите комори во државата заеднички побараа одложување на реформата за воведување прогресивно оданочување. При тоа, посочениот период треба да биде искористен за спроведување на широки консултации со сите засегнати страни, вклучувајќи ја и бизнис заедницата, во насока на согледување не само каков ќе биде планираниот ефект врз приходната страна на буџетот, туку и какви ќе бидат ефектите врз севкупното деловно опкружување и продуктивноста на македонската економија. 4. Стопанската комора на Македонија никогаш, па ниту сега не е против вложувањата во унапредувањето на социјалниот, образовниот и здравствениот систем. Напротив, секогаш силно ги поддржува ваквите активности и е социјален партнер во нив. Сепак, мислиме дека предложените мерки подобро би се имплементирале доколку предлагачот ги земе предвид предлозите и мислењата на бизнис заедницата. Одделение за информирање
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ОДРЖАНА РЕВИЗИСКА МИСИЈА ПО ТВИНИНГ-ПРОЕКТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИОТ КАПАЦИТЕТ НА ЛОКАЛНО И НА ЦЕНТРАЛНО НИВО ЗА ТРАНСПОНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НОВАТА ДИРЕКТИВА ЗА ИНДУСТРИСКИ ЕМИСИИ 2010/75/EU
Во рамките на Здружението на металургијата, а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, денес во Стопанската комора на Македонија се одржа состанок во врска со Твининг-проект за зајакнување на административниот капацитет на локално и централно ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за индустриски емисии 2010/75/EU. Целта на состанокот беше да се направи ревизија сите аутпути кои произлегоа од Директивата, односно на досегашните активности и предложените законски решенија во рамките на Проектот, како и да се дадат предлози за натамошна соработка. Во оваа ревизиска мисија учествуваа претставници на одреден број големи индустриски и енергетски капацитети од државата и меѓународните експерти: Клеменс Конард, поранешен постојан твининг-советник, адвокат за животна средина од Агенцијата за животна средина на Австрија и Хуиб ван Вестен, твининг експерт за ревизија и виш инспектор во Инспекторатот за животна средина и транспорт од Холандија. Претставниците на индустријата ги истакнаа своите искуства од реализираниот Проект, особено во делот на направените пилот-извештаи за индустриските емисии
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
согласно новите гранични вредности, но истакнаа и воочени слабости како што е ненавременото вклучување на индустријата во подготовка на нацрт-верзијата на законот за индустриски емисии, како и потребата од поголем временски простор за давање сугестии и предлози од аспект на спецификата на материјата што ја регулира овој закон. Беа дадени предлози за натамошна соработка во делот на едукација и подготовка на индустријата за соодветно аплицирање за добивање интегрирани дозволи за идентификација на извори на емисии и за извештаи за вредностите на емисиите. На крајот, од присутните претставници на индустриските капацитети беше побарано да се добие одговор на доставените сугестии и предлози по втората верзија од нацртзаконот за индустриски емисии. Индустријата во целост ги поддржува активностите на надлежното Министерство во насока на хармонизирање на националното со европското законодавство, со цел постигнување високо ниво на заштита на животната средина, но забелешките укажуваат на неопходноста при дефинирањето на крајните законски решенија да се има предвид истите да не предизвикаат нерационални финансиски обврски за индустријата за сметка на незначителни еколошки бенефити, особено за лесно загадувачките индустрии. Зорица Мешкова
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
МАРКЕТИНШКА ПОДДРШКА ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА АТРАКТИВНОСТА НА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ
Здружението на металната и електроиндустријата одржа состанок на 7.11.2018 година, на тема: Иницирање предлог-решенија за подигнување на атрактивноста на средното стручно образование во 2019 година, преку активноста во рамките на Проектот „Е4Е“ (образование за вработување). На состанокот беше истакнато дека овој Проект почна да се имплементира од мај 2018 година, а е поддржан од Швајцарија, од страна на „Хелветас Македонија“, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија. Проектот има за цел да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини. Во следните десет години Проектот ќе овозможи повеќе граѓани, особено младите, да се стекнат со квалитетно стручно образование и обуки, како и да помогне
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
15
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ во развојот на стручни вештини кои ќе придонесат за зголемување на вработеноста во земјата. Генерална оценка за состојбите е дека има сериозни наталожени проблеми. Во услови на задолжителен систем на средно образование, во којшто доминира гимназиското образование, се создава премногу гимназиски кадар. За да се надмине проблемот со недостаток на квалификувана работна сила и да се обезбеди нормално работење на компаниите, потребно е во иднина да се третираат најмладите лица преку едукативни и информативни сесии, со цел да се привлечат да се запишуваат во средни стручни училишта кои нудат ваков тип на образование, во спротивно, проблемите со кои се соочуваат фирмите денес, во иднина би биле неспоредливо поголеми. Во друга насока, се смета дека е потребно да се направат поголеми напори во организирање и спроведување обуки за преквалификација и доквалификација на возрасните невработени лица кои имаат несоодветно образование, со цел да бидат квалификувани за она што се бара на пазарот на трудот, за да им се даде шанса да се обучат и да можат полесно да одговорат на потребите на работодавачите. Исто така, потребни се нови мерки кои би го подобриле системот на образование, во соработка со средните стручни училишта во државата. Тоа би се постигнало преку заедничка комуникација со училиштата и разменување искуства со компании надвор од Р. Македонија, како и воведување дуално образование. Ваквото образование се покажува како најдобра пракса во повеќе држави од Европската унија, а воедно има и некои обиди да се воведе и кај нас. За да се воведе овој вид на образование, би требало да има поголема активност од страна на образовните институции особено во делот на градење наставни програми и планови, каде што компаниите од металната и електроиндустријата можат да се вклучат во давање стручни совети за занимањата. Војкан Николовски Перо Авакумовски
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ЈАВНА РАСПРАВА ЗА УРЕДБАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА И ПРАВИЛНИКОТ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Македонската енергетска асоцијација (МЕА), во соработка со Министерството за економија и со Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, организираше јавна расправа за Уредбата за поддршка на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија и Правилникот за обновливи извори на енергија. На јавната расправа присуствуваа заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев, министерот за економија, м-р Крешник Бектеши, претставници на голем број стопански субјекти, идни инвеститоти во оваа област и надлежни институции. Целта на јавната расправа беше да придонесе за подобрување на текстот на овие подзаконски акти кои се очекува да бидат донесени во најскоро време. Со предложените подзаконски акти се заокружува правната рамка за обновливи извори на енергија (ОИЕ). Со нивното донесување се очекува поголема транспарентност во доделувањето и користењето на мерките за
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
17
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ поддршка, зголемен обем на инвестиции во ОИЕ и, во крајна линија, зголемено учество на ОИЕ во вкупната потрошувачка на енергија во Република Македонија. Со Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија се доразработуваат одредбите за ОИЕ од неодамна усвоениот Закон за енергетика. Во него е предвидено дека поддршката на производителите ќе биде во форма на повластени тарифи и премии. За разлика од повластените тарифи, за кои нема позначајни промени во однос на досегашната постапка за доделување, износот и видовите технологии за кои се доделуваат, премиите се сосема нова форма на поддршка. Премии ќе се доделуваат за производство на електрична енергија од ветерни и фотонапонски електроцентрали, додека за сите останати технологии ќе се применува повластена тарифа. Уредбата предвидува ограничувања, како во однос на вкупната инсталирана моќност за одредена технологија, така и за инсталирана моќност по електроцентрала. Периодот на користење на мерките за поддршка изнесува 15 или 20 години во зависност од технологијата.
Премиите ќе се доделуваат во тендерска постапка со електронска аукција, при што критериум за избор ќе биде најнискиот понуден износ на фиксна премија. Во огласот и тендерската документација ќе биде даден максималниот референтен износ
18
БИЗНИС ИНФО
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ на премија утврден според методологија содржана во Уредбата, додека понудувачите ќе може да доставуваат понуди со понизок износ. Фиксната премија ќе се доделува како дополнителен фиксен износ на цената која производителот ја остварил со продажбата на секој произведен kWh на пазарот на електрична енергија на големо. Уредбата овозможува доделување премија за електроцентрала која ќе се гради на градежно земјиште во државна сопственост и премија за електроцентрала која ќе се гради на земјиште коешто не е во сопственост на Република Македонија или на земјиште во сопственост на Република Македонија на кое е воспоставено право
на користење. Пред склучување на договорите, избраните понудувачи доставуваат документи со кои го докажуваат исполнувањето на условите, меѓу другото и банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот. Министерството за економија ќе ја спроведува тендерската постапка, ќе ги склучува договорите за стекнување право за користење премија и договорите за користење премија, ќе ги врши исплатите на премиите од буџетот, ќе води евиденција на повластени производители кои користат премија и ќе ја следи реализацијата на договорите. Регулаторната комисија за енергетика и понатаму останува надлежна за донесување одлука за користење на повластена тарифа, која се исплаќа согласно договорот за откуп на електрична енергија кој го склучуваат повластениот производител и операторот на пазарот на електрична енергија. Со Правилникот за
обновливи извори на енергија се доразработува
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
19
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
можноста што ја дава Законот за енерегика за изградба на објект за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, при што произведената електрична енeргија се користи за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената електрична енергија се предава во електродистрибутивна мрежа. Доколку домаќинство, мал потрошувач и буџетски корисник и единка корисник ги исполнува условите утврдени во Правилникот, ќе стекне статус на производител-потрошувач кој има право да склучи договор со снабдувачот кој го снабдува со електрична енергија. Во договорот ќе се дорегулираат условите за предавање на вишокот произведена електрична енергија во електродистрибутивната мрежа. Правилникот содржи формула по која се пресметува цената на електричната енергија што снабдувачот ја презема од потрошувачотпроизводител. Во однос на одредбите за издавање и начин на мерење на потенцијалот на ветерот и на издавање и признавање на гаранциите за потекло нема некои суштински промени, но има одредени подобрувања и појаснувања во однос на важечкиот правилник. Агенцијата за енергетика останува надлежен орган за издавање на одобренијата и гаранциите, како и за водењето на регистрите, вклучително и регистарот на електроцентрали од ОИЕ, кој се предвидува да стане сеопфатен. Перо Авакумовски
20
БИЗНИС ИНФО
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА И ПОДДРШКАТА НА СТОПАНСТВОТО ДА СЕ ПЛАНИРА ВО СОРАБОТКА СО БИЗНИС СЕКТОРОТ - ПОРАЧАА СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ОД РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КАВАДАРЦИ НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИК-ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА, Д-Р АНЃУШЕВ
Потенцијалите за поголем развој на индустријата преку зголемување на конкурентниот развој на земјоделството, локалниот развој и развој на инфраструктурата се само дел од приоритетите за коишто членките на Стопанската комора на Македонија од Кавадарци денес разговараа со заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев. Пред присутните бизнисмени од Кавадарци, Неготино и од Демир Капија, како дел од Регионалната комора со седиште во Кавадарци, проф. д-р Кочо Анѓушев потенцираше дека Владата преку Законот за финансиска поддршка има за цел да поддржи разни форми на иновативни проекти, потенцирајќи дека иновативноста значи доусовршување, и тоа само на одреден дел од производниот процес, со што се намалуваат трошоците на компаниите, се зголемува конкурентноста и расте продуктивноста. Д-р Анѓушев истакна дека од исклучителна важност е поддршката што ја нуди државата за технолошки развој на компаниите, особено за нова опрема, машински парк, со цел тие да бидат поконкурентни на пазарот. Крајна цел е да се поттикне извозната ориентираност на домашните компании во услови кога е речиси незначителен нивниот број како извозници на светските пазари. Во дискусијата бизнисмените укажаа на одредени слабости на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кој се оневозможува некои од перспективните компании да
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
21
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ ги користат поволностите поради ограничувањата што ги наметнува европската регулатива. Заменик-претседателот на Владата потенцираше дека оваа Влада акцентот за поддршка на стопанството го става на растот на конкурентноста, намалување на бирократските и административните бариери и на обезбедувањето соодветен кадар за стопанството преку Законот за практикантство. Особено се нагласува потребата од дуално образование и преземање активни мерки за брзо вработување, согласно поддршката на Владата за нови вработувања. Бизнисмените посочија дека треба да се зголеми старосната граница на нововработените лица која сега изнесува 29 години. Интерес за дебатирање имаше и околу најавеното воведување на прогресивниот данок, при што стопанствениците истакнаа дека Владата треба да размислува во насока на намалување на даночната евазија, со што би се овозможила дополнителна наплата на значителни средства по тој основ. Заменик-претседателот на Владата, потврдувајќи ја тезата на бизнисмените, посочи дека „сивата“ економија најверојатно крие многу повеќе пари ,отколку што може да се соберат со даночни реформи, но сепак станува збор за владина одлука. На дебатата беше констатирано дека треба да се работи на реформирање на администрацијата, а акцент беше ставен и на проблемот со наплатата на средствата од јавните општински и државни претпријатија, по реализирање на одредена деловна активност. Заокружувајќи ја дебатата, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, констатираше дека ваквите средби се одлична можност да се разговара за проблеми кои се од регионален карактер, а чие решение ќе биде од интерес и за локалниот и за регионалниот економски развој. На денешната работна средба со проф. д-р Кочо Анѓушев, иницирана од Регионалната комора со седиште во Кавадарци, присуствуваше и градоначалникот на Општина Кавадарци, м-р Митко Јанчев, кој се осврна на неколку клучни прашања кои треба да се решат во интерес на стопанството. За таа цел, градоначалникот посочи дека преку Стопанската комора на Македонија ќе иницира работна група од бизнис секторот да учествува во дефинирање на комуналната инфраструктура на локално ниво. Воедно, преку Комората ќе биде иницирано претставници од бизнис секторот задолжително да учествуваат при креирањето на законската регулатива. Регионалната комора со седиште во Кавадарци, кон која припаѓаат и компании од Демир Капија, Неготино и Росоман, е дел од Вардарскиот плански регион. Како што истакна претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, Никола Наумов, овој регион е најголем производител на грозје и вино во земјата. Регионот изобилува и со фероникел, има енергетски потенцијал и можност за развој на туризмот. Затоа, неопходно е бизнис секторот, локалната самоуправа и Владата на РМ да работат на развој на различните сегменти од економскиот развој. Тања Мицева
22
БИЗНИС ИНФО
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
Одржано предавање на тема: „ПРЕПОЗНАВАЊЕ И РЕДУЦИРАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА НЕГАТИВНИТЕ КРИТИКИ“
Клубот на менаџери-претприемачи, на 8.11.2018 година, реализираше едукативното предавање на тема: „Препознавање и редуцирање на влијанието на негативните критики“ со м-р Катерина Наумовска-Ристовска, психолог и сертифициран тренер по емоционална писменост, едукатор во Центарот за едукација при Друштвото за деловни и консултанстки активности „Гравитрон “ – Скопје. Она што не е сосем јасно, а е многу битно и е неизоставен дел од деловниот успех, лежи во нивниот начин на соочување со критиките од кои секогаш знаат да извлечат корист. Критиката има два различни вкуса: конструктивен и деструктивен. Со обата треба да се постапува внимателно, иако спрема секој треба да се има поинаков став. Повеќето луѓе зборот „критика“ автоматски го поврзуваат со негативна конотација бидејќи веднаш помислуваат дека критиките секогаш им носат нешто деструктивно.
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
23
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Деструктивната критика и не е сосем искористлива. Може да ни се укаже на грешката, но доколку упатената порака не содржи начин за решавање на настанатиот проблем, критиката ќе резултира со исклучиво негативен ефект, па поради тоа најдобар начин за соочување е едноставното занемарување, односно игнорирање на пораката со негативна заднина и обид за промена на нејзиниот предзнак во позитивен. Со конструктивната критика можеме да ја подобриме својата работа. Најдобро се учи на истите грешки. На пример, претпоставениот ќе ни упати критика: „Благодарам за извештајот, гледам дека си вложил/а голем труд. Меѓутоа, мислам дека би можел/а да го подобриш со малку повеќе текст и повеќе статистички податоци“. Според Катерина Наумовска-Ристовска, најважно е како да го претвориме негативното во позитивно, односно мораме да ја разбереме критиката. Треба да бидеме поаналитични кон она што сме го направиле, бидејќи можеби и навистина сме можеле подобро да го сработиме. Треба да прашаме што конкретно не е квалитетно направено и зошто. Ако не добиеме повратна информација, едноставно би требале да ја игнорираме критиката и да сметаме дека сме постапиле исправно. Дури и најпознатите и најталентираните работници добиваат понекогаш негативен фидбек за нивната работа. Некои од негативните критики се навистина на место, дури понекогаш и сами ја воочуваме грешката, други се пресубјективни, а трети дури и навредливи по самата личност. Кога добиваме критика, без разлика дали негативна или позитивна, најбитно е да останеме до крај професионалци. Крајниот чекор е спроведување на договорените подобрувања на дело. Не смееме да заборавиме да и’ се обратиме на личноста која прва ни упати критики за да провериме дали истата е задоволна со нашата работа. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и со странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска
24
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
25
15
T
O
IS
БИЗНИС ИНФО
26
9001:20
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.11.2018 година (среда) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ
Во 2008 година професорите Гарет Џонс и Џенифер Џорџ во книгата „Современ менаџмент“ потврдуваат дека само компаниите во кои менаџментот е способен конструктивно да ги менаџира конфликтите имаат максимална ефиканост. Другите (каде што конфликтите се ставаат „под тепих“ или каде што ескалираат) имаат минимална ефикасност. Целата енергија се троши во сопки и штитење наместо во заедничко ефикасно работење. Конфликтите во себе носат голем потенцијал, нови идеи и тие треба да се добродејдени. Науката потврдува дека во организациите е добро конфликтите да бидат присутни во едно оптимално ниво. Само доколку вработените имаат слобода јасно и гласно да го изразат своето мислење и да кажат што мислам дека треба поинаку да биде направено, ќе се дојде до најдоброто решение и до резултати. Во исто време треба да се знае дека конфликтите во себе имаат голем деструктивен потенцијал. Ако не бидат соодветно менаџирани, тие можат да ја нарушат работната атмосфера, да ги влошат меѓучовечките односи, да ја влошат комуникацијата и да влијаат на мотивацијата на вработените. Предавач: -Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.11.2018 година (понеделник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци
Стопанската комора на Македонија, на 19 ноември 2018 година, во просториите на Комората, организира еднодневен семинар на тема: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци, отказ на договорот за вработување, разлики помеѓу отказ на договорот за вработување од страна на работодавачот и од страна на работникот, влијание на одлуката за отстранување од работа на работникот врз одлуката за отказ на договорот за вработување на работникот, разлики помеѓу отказ на договорот за вработување поради повреда на работниот ред и дисциплина и отказ на договорот за вработување од деловни причини, права на работниците предвидени со колективните договори во случај на отказ на договорот за вработување од деловни причини, постапување на овластениот инспектор за труд во случаи на отказ на договорот за вработување поради повреда на работниот ред и дисциплина, постапување на овластениот инспектор за труд во случаи на отказ на договорот за вработување од деловни причини Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: - д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје; - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II - Скопје и - Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23 ноември 2018 година (петок) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ
Безбедноста на информациите и информативните системи во целина се едни од најважните теми денес. Во ера на се` почести и различни видови на напади, малициозни софтвери и ransomware, многу е тешко да се најде вистинскиот начин за одбрана. За да ги одредите техниките и технологијата која ви е потребна за одбрана, треба да одредите што и како ве напаѓа. Она што хакерите го користат, како тие размислуваат и како доаѓаат до нас, се само дел од прашањата на кои се бара, но е тешко да се најде одговор. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 23 ноември 2018 година организира семинар на тема: „ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ“ чија цел е запознавање на учесниците со сите видови на напади и презентација на техники и начини за нивна примена, со цел демистификацијата на хакирањето и дефинирање на начините за одбрана. Исто така, ќе се разгледаат сите чекори на напад - од нулта точка до целосна контрола; ќе се објаснат сите техники на напад; ќе се демонстрираат напади и користење на алатки; ќе се дефинираат и ќе се објаснат техниките за одбрана на секој од нападите, како и деловите од тој напад. Целна група: менаџери и вработени во служба за безбедност на информатичките системи, одговорните лица за заштита на безбедност на информации, како и сите оние кои имаат интерес за учество на семинарот. Предавач: - Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – „SECIT security consulting“. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS
O
Петок, 9 Ноември 2018, Бр. 371
T
15
30
9001:20
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2-2
018
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088