Бизнис ИНФО, број 287

Page 1

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО Број 287

www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

goodini

192

2 - 2016

9.12.2016

ЕНЕРГЕТСКИОТ БИЛАНС ЗА 2017 ГОДИНА ПРЕД МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА АСОЦИЈАЦИЈА (МЕА) ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ

ПРОМОВИРАН ПРИРАЧНИКОТ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ НА МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК И МАГРЕБ Клубот на компании за соработка со земјите од Блискиот Исток и од МАГРЕБ во рамките на Стопанската комора на Македонија има за цел ревитализирање на стопанските врски со овие земји, како и поддршка на фирмите преку взаемното информирање и промовирање, воспоставување коморска соработка и соработка со другите деловни асоцијации. Пазарите на земјите од Блискиот Исток и од МАГРЕБ се значајни пазари со над 400 милиони жители, што претставува нешто повеќе од 5% од светската популација, но пазари кои имаат висок стандард на стопански операции, стандардизирани производи и услуги, а присутна е исклучително остра конкуренција од целиот свет, истакна на прес-конференцијата Глигор

Цветанов, претседател на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и од МАГРЕБ во рамките на Стопанската комора на Македонија (5.12.2016 година).


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Со промовирање на Прирачникот за соработка со земјите од Блискиот Исток и од МАГРЕБ, Клубот има за цел да ги информира македонските компании за можностите и потенцијалите за извоз на овие пазари, бидејќи извозот е најглавниот генератор на економски раст, влијае на зајакнување на компаниите и отворање нови работни места во Република Македонија. Имајќи предвид дека македонската економија е отворена, извозно ориентирана, но со огромен трговски дефицит во размената, со изработката на овој Прирачник, меѓу останатото, и преку прегледот на досегашниот обем на размена, сакаме да упатиме на податокот дека извозот може да биде стратешки одговор за растот на секоја компанија и дека македонскиот извоз во следниот период дефинитивно треба да се фокусира во три насоки: зголемување на учеството на традиционалните пазари; освојување нови пазари во рамките на Европската унија, како и на можноста за раст на домашната економија преку зголемен извоз на македонски производи на нови алтернативни пазари во рамките на кои голем потенцијал претставуваат пазарите на Блискиот Исток и МАГРЕБ, подвлече Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор во Стопанската комора на Македонија. Потребата од храна, лекови, технологија, ги прават земјите од овој регион атрактивни за компаниите кои имаат интерес за ширење и продлабочување на извозниот потенцијал. Препораките на некои европски земји (на пример, Франција, Велика Британија) кои остваруваат значителна надворешно-трговска размена со земјите од МАГРЕБ и од Блискиот Исток, е да се почне со соработката прво со компании од Мароко и од Обединетите Арапски Емирати, како најинтернационално ориентирани земји од тој регион, преку кои полесно се пристапува и на останатите пазари на африканскиот континент. Во Прирачникот се наведени корисни информации за правната регулатива, економските параметри на земјите од овој регион, потенцијалите за извоз на овие пазари, како и појаснување на деловните односи, обичаите, традицијата, имајќи предвид дека станува збор за пазар со специфичен начин на функционирање инициран пред се` од религиското убедување како клучен сегмент во нивното живеење. - Правната рамка за соработка со земјите од Блискиот Исток и од МАГРЕБ покажува дека со речиси од половината од земјите кои спаѓаат во ова подрачје Република Македонија нема склучено никакви билатерални документи, а нема склучено ниту спогодби за слободна трговија со земјите од овие подрачја. Отсуството на склучени спогодби за слободна трговија со овие земји влијае и на неможноста да се применува дијагоналната кумулација која ја обезбедуваат меѓународните правни инструменти, како Регионалната конвенција за паневро-медитерански преференцијални правила за потекло, - истакна Пеева-Ѓуриќ. Кога станува збор за надворешно-трговската размена на Република Македонија со земјите од Блиски Исток и МАГРЕБ, во анализираниот шестгодишен период (2010 - 2015 година), податоците покажуваат дека економската соработка се одвива инцидентно, со


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

Osnovana 1922

5

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО Founded 1922

ПРИРАЧНИК ЗА СОРАБОТКА СО ЗЕМЈИТЕ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК И МАГРЕБ можности и перспективи за извоз на македонски компании

Октомври 2016 година

константни флуктуации од година во година, што укажува на фактот дека не станува збор за воспоставени стратешки партнерства меѓу компаниите. Вкупната размена на Македонија во посочениот период со овие земји достигна вредност од 429,4 милиони САД $, при што е остварен извоз во вредност од 107,7 милиони САД $ и увоз во вредност од 321,7 милиони САД $. Од податоците за остварениот вкупен обем на трговска размена со сите земји, евидентно е дека интересот за соработка со овој регион од година во година се зголемува, не толку на страната на извозот, туку пред се` на страната на увозот на производи од овие земји. За целиот анализиран период, Македонија има остварено најголема трговска размена со Израел, Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ, Алжир, Тунис, Ирак и Мароко. Македонските компании своите извозни активности во најголема мера ги насочиле кон пазарите во Ирак (32 милиона САД $), ОАЕ (27,3 милиони САД $), Израел (17 милиони САД $), Египет (6,3 милиони САД $), Саудиска Арабија (5,7 милиони САД $) и Иран со 4,1 милиони САД $, додека со останатите земји извозот во шестгодишниот период е далеку под 3 милиони САД $. Структурата на производи кои се извезуваат во земјите од овој регион е доста мала и главно се заснова на: тутун и цигари што содржат тутун, овошје (во Ирак – во 2014 и 2015 година вкупно 6,3 милиони САД долари), производи за исхрана од житарки и други


БИЗНИС ИНФО

6

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ кондиторски производи, лекови, заштитни покривки за глава, плоснато-валани производи од железо, мермер, травертин, машини и апарати, како и делови и прибор за моторни возила и друмски влекачи. Ова укажува на податокот дека извозот главно го реализираат компании од земјоделско-прехранбениот сектор, хемиската индустрија, металната и електроиндустријата, како и индустријата на неметали. Во самиот Прирачник компаниите можат подетално да се информираат за позначајните економски параметри за земјите од Блискиот Исток и од МАГРЕБ за да ги видат поточно потенцијалите за соработка, односно производите и услугите кои овие земји ги увезуваат и оттука да го видат својот интерес, каде и што, во која земја можат да понудат. Блискиот Исток нуди голем број можности за бизнисмени подготвени за успех. Но она што е многу важно е дека треба да се има познавање за културата, етиката, обичаите, традицијата за народите од Блискиот Исток бидејќи имаат свои специфики во функционирањето, истакна Даниела Михајловска-Василевска од Стопанската комора на Македонија. - Водењето бизнис на овие пазари многу повеќе е резултат на градење на лични односи, меѓусебно пријателство, доверба и чест. Комуникацијата е исто така доста формална и се одвива според хиерархиската структура, односно одлуките се донесуваат од страна на лицето од највисок ранг вклучено во преговорите. Ако се промени лидерот во преговорите, тие почнуваат одново. Културата на Блискиот Исток се базира многу повеќе на довербата на изречениот збор споредено со кој било потпишан писмен договор. Значи, пред да се вети дека нешто ќе се реализира, треба да се биде сигурен дека тоа ќе може да се исполни. Во спротивно, може да се загуби почитта и довербата. Договорите се многу повеќе само форма, меморандум за разбирање, отколку обврзувачки документ, - заклучи МихајловскаВасилевска. На крајот од прес-конференцијата Цветанов потенцираше дека, за да имаат македонските компании со што да конкурираат на странските пазари, најпрвин мора да ја одработат домашната задача, а тоа е да развиваат, дизајнираат и испорачуваат конкурентни производи и услуги. Потребно е секој од нас да го направи најдоброто од себе, да работи на својата понуда и со квалитет и конкурентна понуда да се избори за место на пазарот. Со самото проширување на македонските производи и услуги на повеќе светски дестинации, Република Македонија постепено ќе се трансформира во препознатлив бренд, а производите на македонските компании ќе станат препознатливи како квалитетни и конкурентни производи. Билјана Пеева-Ѓуриќ Даниела Михајловска-Василевска


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

МЕА - МАКЕДОНСКА ЕНЕРГЕТСКА АСОЦИЈАЦИЈА

ЕНЕРГЕТСКИОТ БИЛАНС ЗА 2017 ГОДИНА ПРЕД МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА АСОЦИЈАЦИЈА (МЕА) Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на 6.12.2016 година, го разгледуваше Енергетскиот биланс за 2017 година. На седницата која ја раководеше претседателот на МЕА, д-р Кочо Анѓушев, присуствуваа голем број фирми-членки на МЕА. Енергетскиот биланс е индикативен плански документ и во истиот се прикажуваат потребите од вкупните количества на енергија и од одделни видови енергија во државата и можностите за нивно обезбедување со производство од домашните капацитети и од увоз. Енергетскиот биланс на Република Македонија за 2017 година е изработен од Министерството за економија, во согласност со Законот за енергетика и со Правилникот за енергетски биланси и енергетска статистика.

Во 2017 година се предвидува дека потрошувачката на финална енергија ќе изнесува 2087 ktoe, што претставува зголемување за 2,3% во однос на потрошувачката на финална енергија во 2016 година. Во поглед на потрошувачката на енергенти, нафтените продукти остануваат со најголемо учество од 50,4% (1051 ktoe), електричната енергија со 26,9% (561 ktoe), биомасата со 12,1% (253 ktoe) и јаглените со 6% (125 ktoe). Сообраќајот го има приматот на секторот со најголема потрошувачка. Неговата потрошувачка во 2017 година се предвидува да биде 736 ktoe што е 35% од вкупната потрошувачка на финална енергија, а по него следуваат секторот домаќинство со 550 ktoe (26%), секторот индустрија со 514 ktoe (25%), комерцијалниот и услужниот сектор со 197 ktoe (9%),


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО МЕА - МАКЕДОНСКА ЕНЕРГЕТСКА АСОЦИЈАЦИЈА

земјоделството со 22 ktoe (1%) и неенергетските потреби со 68,6 ktoe (3%). Предвидените потреби од енергија за 2017 година се проектирани на 2755 ktoe, што е намалување за 2% во однос на 2016 година. Споредено со 2016 година, најголем пораст се забележува кај природниот гас од 53%, како резултат најмногу на најавите за зголемено производство од „ТЕТО“. Нето увозот на електричната енергија во 2017 година се предвидува да се зголеми за 16% во однос на 2015 година. Во 2017 година се предвидува нафтените деривати да учествуваат со 40% (1076 ktoe), а јаглените 32% (866 ktoe). Исто така, се предвидува, биомасата да учествува со 9% (253 ktoe), природниот гас со 6% (171 ktoe), хидроенергијата 5% (131 ktoe), а ветерната (10 ktoe), геотермалната (8 ktoe), биогасот (3 ktoe) и соларната енергија (2 ktoe) со нешто над 0% учество. Нето увозот на електрична енергија учествува со 8% (257 ktoe). Производството на електрична енергија на ниво на генератор во Република Македонија во 2017 година се предвидува да биде 5334 GWh што е за 4% пониско во однос на 2016 година. За 2017 година се предвидени 209.832 илјади mn3 природен гас, од кои 159.514 илјади mn3 е предвидено да бидат потрошени за производство на електрична и топлинска енергија. За финална потрошувачка се предвидени 49.256 илјади mn3 од кои 41.270 илјади mn3 се за индустријата, 7680 илјади mn3 за комерцијалниот и услужниот сектор, 190 илјади mn3 за сообраќајот и 115 илјади mn3 за домаќинствата. Се прогнозира намалување на потрошувачката на нафтени продукти во 2017 година за 2% во однос на 2016 година, односно прогнозирано е таа да изнесува 1076 ktое. Вкупно 1291 ktое се очекува да се обезбедат од увоз, од кои 215.7 ktое се наменети за извоз. За енергетски трансформации, во термоелектраните на јаглен за потпала и поддршка во просецот на согорување, е предвидено да се употребат 26 ktое, додека останатите 1.051 ktое се предвидува да се употребат за финална потрошувачка во секторите. Вкупно 5238 kt од кои 5013 kt лигнит, 195.0 kt суб-битоминозен јаглен (увозен лигнит со повисока калорична вредност), 25 kt камен јаглен и 6 kt кокс се предвидува да се потрошат во 2017 година. Потрошувачката на јаглен за енергетски трансформации се очекува да биде околу 4960 kt, количество што е наменето за производство на електрична енергија. Потреби од биомаса се предвидува да бидат 1443 илјади m3 огревно дрво, 39 kt дрвени отпадоци, брикети и пелети и 34 илјади m3 дрво од овошни насади или друг вид растителни отпадоци. Од вкупните количини на биомаса, 1.394 илјади m3 се предвидуваат да се потрошат во секторот домаќинство, 18 илјади m3 во индустријата и 23 илјади m3 во останатите сектори. Од категоријата дрвени отпадоци, брикети и пелети, 30 kt се наменети за домаќинствата, а останатите за индустријата, а од категоријата дрво од овошни насади или друг вид на растителни отпадоци вкупната количина е наменета за домаќинствата. Во 2017 година, предвидено е производство на топлина од 2.283 ТЈ што е на исто ниво како и потрошувачката во 2016 година. Од овие потреби 2.029 ТЈ се предвидени за домаќинствата, 496 ТЈ за комерцијалниот и услужен сектор, 118 ТЈ за индустријата и 252 ТЈ се загуби. Перо Авакумовски


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Битола

ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТИ НАМЕНЕТИ ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН На 5 декември 2016 година во просториите на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и во заедничка организација со Регионалната комора со седиште во Битола се одржа информативен настан за достапните ЕУ програми и финансиски инструменти кои се наменети за искористување од страна на бизнис секторот.

Настанот се одржа во оквир на интегрираната мрежа за регионален развој во пелагонискиот регион. Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион (ИМРР) е иницијатива предводена од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, 9-те општини од Пелагонискиот плански регион како и од регионалните стопански и занаетчиски комори, ЛАГ-овите, како и претставници на универзитетот и граѓанскиот сектор во Пелагонија. На настанот презентација имаше м-р Никола Димковски, самостоен советник во Регионалната комора со седиште во Битола кој на присутните им ја претстави програмата


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Хоризонт 2020 и МСП инструментот кој е исклучиво наменет за финансирање на проекти за мали и средни фирми. Детално беа опфатени и објаснати трите фази на проектната апликација во МСП инструментот и тоа: фаза 1 - концепт и физибилити студија, фаза 2 - истражување и развој, прототип и пазарна одржливост и фаза 3 - комерцијализација и експертска помош. Особен осврт се даде на темите кои се очекува да бидат од поголемо значење за аплицирање во 2017 година: · намалување на емисиите на јаглерод и енергетски ефикасни системи · транспорт и мобилност - паметни градови · килиматска акција, заштита на животна средина, ефикаснос на ресурсите и суровите материјали · биотехнологија · ИКТ иновации со висок ризик · нанотехнологија или друга напредна технологија за производство на материјали · вселенско истражување и развој · ИКТ решенија во здравството · одржливо и компетитивно земјоделие · син развој (енергетски ефикасен) · истражување и развој во безбедност ·

нови бизнис модели за вклучени, иновативни и рефлективни општества

За темата се отвори конструктивна и интерактивна дискусија во која присутните ги разменија своите искуства и идеи за апликација во оваа и слични програми кои се достапни во моментов за субјекти од Република Македонија. м-р Никола Димковски


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ЦЕФТА НЕДЕЛА 2016

Стопанската комора на Македонија со коморите од регионот со заеднички став за институционализирано партнерство меѓу приватниот и јавниот сектор

Стопанската комора на Црна Гора, во соработка со Министерството за економија на Црна Гора и ЦЕФТА Секретаријатот, на 7.12.2016 година го организира регионалниот настан ЦЕФТА Недела, во Подгорица, Република Црна Гора. Главен фокус на овогодинешното издание на ЦЕФТА Неделата во Подгорица е евалуација на резултатите од имплементацијата на ЦЕФТА Договорот во последните 10 години, за време на црногорското претседавање со ЦЕФТА 2006.


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Приоритетите во оваа јубилејна година се натамошната либерализација на трговијата со услуги, олеснување на трговијата, инвестициите и движењето на професионалци и квалификувана работна сила. Посебен акцент е ставен на подобрување на дијалогот меѓу приватниот и јавниот сектор и поголемо вклучување на бизнис заедницата од регионот во следењето на натамошната имплементација на Договорот. И покрај позитивните резултати во растот на обемот на трговската размена и во елиминирање на бариерите, заклучок е дека се` уште има големи можности за зголемување на регионалната економска соработка. Приватниот сектор, како главни корисници на ЦЕФТА 2006, со учеството на овој настан покажа подготвеност да придонесе значително за дефинирање и решавање на идентификуваните неусогласености кои се пречка за јакнење на економските врски во регионот. Кога станува збор за приватниот сектор, Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор во Стопанската комора на Македонија, во име на сите комори од ЦЕФТА регионот кои се дел од ЦЕФТА-ДИХК партнерскиот проект, истакна дека коморите-потписнички на ЦЕФТА-Договорот во април 2007 година го формираа ЦЕФТА Коморскиот форум, со кој се обезбеди рамка за идентификување на значајни активности кои ќе овозможат поддршка и зајакнување на следниве надлежности на Форумот: - зголемување на размената на податоци и информации во областите опфатени со ЦЕФТА 2006, лобирање на потписниците како важен партнер на владите во процесот на имплементацијата на ЦЕФТА 2006, воспоставување соработка со сите засегнати страни задолжени за прашања на нетарифните бариери во трговијата, воспоставување и спроведување на проектот во сите земји-потписнички во врска со водење евиденција на нетарифните бариери и ефективна примена на правилата за кумулација на потекло, создавање на заедничката програма на активности со цел да се обезбеди соодветна имплементација на ЦЕФТА 2006, како и дефинирање на заеднички проекти за аплицирање за добивање техничка и финансиска поддршка од страна на релевантните фондови и институции. Ставовите на стопанските комори од ЦЕФТА-регионот се темелат на потребата за интензивно вклучување на приватниот сектор во насока на имлементирање на Договорот. Коморите се на заеднички став дека јавно-приватниот дијалог за ЦЕФТАДоговорот треба да се институционализира со формирање на Советодавен одбор кој би бил организиран на темелите на ЦЕФТА Коморскиот форум. Мисијата и задачите на


БИЗНИС ИНФО

14

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

овој одбор би биле третирање на сите прашања врзани за олеснување на трговијата, привлекување инвестиции и олеснување на дијалогот преку презентирање на ставовите на приватниот сектор на државните органи во сите ЦЕФТА -потписнички на организиран начин. Поврзаноста со ЦЕФТА-структурите би била реализирана на начин препораките на Советодавниот одбор да се разгледуваат на состаноците на заедничкиот ЦЕФТАКомитет, а препораките на техничките одбори да се презентираат на состаноците на поткомитетите. Приватно-јавното партнерство во имплементација на ЦЕФТА 2006, без оглед на формата на неговото делување, е потребно да се унапреди за да се имаат повратни информации за неговата примена од страна на неговите главни корисници – приватниот сектор, за што полесно ќе се доаѓа до решение на предизвиците кои претстојат. Стопанските комори од ЦЕФТА-ДИХК партнерскиот проект за време на ЦЕФТА Неделата ќе ги презентираат и последните заклучоци од комоските работни групи во насока на елиминирање на бариерите и остварување на поефикасни трговски односи со регионот. Влатко Стојановски


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПРЕЗЕНТИРАНИ БАРАЊАТА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПРЕД ЧЛЕНОВИТЕ НА ЦЕФТА ПОТКОМИТЕТИТЕ ВО РАМКИТЕ НА ЦЕФТА НЕДЕЛАТА Во рамките на одржувањето на ЦЕФТА Неделата, како најважно годишно случување посветено на согледување на постигнатите резултати во текот на 10 години од примената на Централно-евроскиот договор за слободна трговија, претставниците на ЦЕФТА Коморскиот форум ги презентираа препораките и заклучоците на приватниот сектор од регионот на состанокот на ЦЕФТА контакт точките, односно надлежните лица од министерствата за економија од регионот задолжени за имплементација на Договорот и ЦЕФТА Секретаријатот (8.12.2016 година). Коморите уште еднаш ја истакнаа потребата приватниот сектор да биде повеќе вклучен во процесот на носење одлуки за имплементација на ЦЕФТА 2006, но не само како потреба и констатација на приватниот сектор, туку и насока од министрите од ЦЕФТА потписниците како заклучок од седницата на заедничкиот комитет, одржана во ноември 2015 година во Кишињев, Молдавија, во кој меѓу останатото е подвлечено: „дијалогот на јавно-приватниот сектор, како и советодавната улога на приватниот сектор во обезбедување на повратни информации на ЦЕФТА структурите во однос на имплементацијата на ЦЕФТА се од суштинско значење“. Пренесена е и поддршката за усвојување на Дополнителниот протокол 5, со кој се вклучени одредбите на Спогодбата за олеснување на трговијата на СТО, со што дополнително ќе се регулираат областите на прекуграничната трговија со стоки и поефикасно ќе се дојде до решавање на голем број отворени прашања, како соработката помеѓу националните власти во земјата, како и со земјите во регионот, признавање на сертификатите, граничните контроли, итн. Потребно е да се продолжи со активностите во насока на елиминирање на бариерите и да се зголеми ефикасноста со скратување на времето од моментот кога економскиот ентитет поднесува извештај за одредена бариера, до моментот на решавање на барањето. Воедно, имајќи го предвид фактот дека фреквенцијата на инспекции е голем, како и трошоците и времето потребно за нивно спроведување, со цел да се олесни регионалната трговија потребно е формирање и / или подобрување на системот за анализа на ризик во земјите од регионот. ЦЕФТА коморите укажуваат на потребата за постигнување договор за оценка на сообразност и признавање на индустриските производи не само меѓу земјите од


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

регионот, туку и со земјите од ЕУ. Потпишувањето на договор помеѓу ЕУ и земјите од ЦЕФТА ќе придонесе за автоматско и меѓусебно признавање на резултатите од тестирање на производите, кои во моментов се во рангот на најголемите технички бариери во трговијата. Меѓусебното непризнавање на оцена на сообразност на индустриски производи доведува до зголемување на трошоците и двојни проверки на граничните премини. На ова се надоврзува и потребата за потпишување на протоколи меѓу сите договорни страни на ЦЕФТА, во областа на стандардизација, акредитација и метрологија кои ќе влијаат на брзо усогласување на техничките прописи, со цел елиминирање на негативните ефекти кои произлегуваат како резултат на досегашното меѓусебно непризнавање на сертификатите за квалитет на производот, истакна Влатко Стојановски лидер на Работната група за нетарифни и технички бариери во трговијата од Стопанската комора на Македонија. Од страна на Работната група за царина и правила за потекло се истакна потребата секоја земја-потписничка да ги замени хартиените документи за прекугранична трговија со електронски еквиваленти (документи кои се потребни за увоз, извоз и транзит) во согласност со член 7 од Договорот за олеснување на трговијата на СТО, што ќе значи и меѓусебно електронски поврзани прегледи од страна на сите институции кои се


БИЗНИС ИНФО

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

17

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ дел од процесот на царинење. Не треба да се занемари и потребата за приклучување на сите земји од регионот во Конвенцијата за заеднички транзит, како и потребата за подобрување на капацитетите на царинските служби, зголемување на ефикасноста во спроведување на контролите (хармонизирани процедури, заеднички контроли), што како препорака е во согласност со членот 8 од Договорот за олеснување на трговијата, потенцираше Милјан Шестовиќ од Стопанската комора на Црна Гора. Во насока на подобрување на можностите за соработка со компании од регионот на ЦЕФТА и со цел заедничка продажба на трети пазари, преку воспоставување директни врски меѓу бизнис-заедниците, потребно е да се почитуваат потпишаните договори за меѓусебно признавање на сертификатите за меѓународна трговија во земјоделството и прехранбената индустрија. Според Огњенка Лаловиќ од Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, во случај кога нетарифните бариери кои се јавуваат во земјоделскиот сектор не може да се решат на билатерална основа, потребно е да се вклучи арбитражата наместо да се пролонгира решавањето за еден подолг временски период, кој може да резултира со губење на довербата во ЦЕФТА земјите или воведување на контра мерки од некоја од земјите потписнички на Договорот. Билјана Пеева-Ѓуриќ Влатко Стојановски

CEFTA

Central European Free Trade Agreement


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

18

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар на тема:

БЕЗБЕДНОСТ НА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ

15.12.2016 година (четврток) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

Безбедноста на компјутерските мрежи е многу важна за нормалното функционирање на ИТ-инфраструктурата. Постои можност за заштита на повеќе нивоа, како на серверите, така и на работните станици. Покрај активната заштита, постојат решенија за активно следење на мрежниот сообраќај. Во раните фази на развој на компјутерските мрежи, фокусот беше ставен на обезбедување на највисок можен пренос на податоци со најниска веројатност за грешки. Со појавата на интернетот и големиот број корисници и достапни услуги, ситуацијата драстично се промени. Денес, преку оваа мрежа се пренесуваат лични податоци на корисници, доверливи информации, деловни видео-конференции и интервјуа, финансиски трансакции и сл. Ова покажува дека користењето на компјутерските мрежи вклучува одредени ризици, кои треба да се препознаат и да се намалат. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 15 декември 2016 година организира еднодневен семинар на тема: Безбедност на компјутерски мрежи. Семинарот е наменет за раководители и вработени во ИТ-служби, лица одговорни за заштита на работните информации, мрежни инженери, лицата одговорни за управување со бази на податоци, управување со ИТ-ризици, спроведување контрола на ИТ-стандардите, добавувачите во врска со информациониот систем, како и сите кои имаат потреба од заштита на информациите поради висок степен на одговорност и ризик во стопанските друштва. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


20

БИЗНИС ИНФО

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

16.12.2016 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Еднодневен семинар на тема: Огласување на потреба од работници, права на кандидати за вработување, ...

Стопанската комора на Македонија, на 16.12.2016 година, организира еднодневен семинар на тема: „Огласување на потреба од работници, права на кандидати за вработување, избор на кандидат за вработување како дискреционо право на работодавачот, содржина на договорот за вработување, одредбите на договорот за вработување како основен акт за уредување на работниот однос, разлики во постапките за отказ на договорот за вработување на работниците и заштитените категории на работници“. Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: -Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје и -Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II – Скопје. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 14.12.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар: УЛОГАТА И ПРАВАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ВО СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКA И ПАРНИЦИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКА

20 декември 2016 година (вторник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Стопанската комора на Македонија, на 20 декември 2016 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата поврзани со правните последици од отворање на стечајната постапка врз правата на доверителите на стечајниот должник, пријавување и утврдување на побарувањата на доверителите, улогата на доверителите во органите на стечајната постапка и др. Предмет на разгледување ќе биде и статусот на стечајните доверители, доверителите со право на одвоено намирување, излачните доверители и доверителите на стечајната маса. Посебен осврт ќе биде даден на видовите на тужби кои произлегуваат од стечајната постапка, меѓу кои и тужбите за побивање на правните дејствија на должникот, со судска пракса. Ќе се анализираат поединечни одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на доверителите во стечајната постапка и нивната позиција во споровите кои произлегуваат од стечајната постапка. Паралелно за секој институт ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба. На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за стечај и да предложат можни солуции - решенија за нивно надминување.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.12.2016 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

Еднодневен семинар на тема: БАРАЊА И ПРОВЕРКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ДОБАВУВАЧИТЕ ВО СИНЏИРОТ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА

Стопанската комора на Македонија на 15 декември 2016 година организира еднодневен семинар на тема: „Барања и проверки на потрошувачите и добавувачите во синџирот на безбедност на храната“. Целта на семинарот е да ги запознае учесниците со основните барања и проверки на потрошувачите и добавувачите во синџирот на безбедност на храната – барања по ИСО и ХАСАП стандарди. Семинарот е наменет за сите лица кои се вклучени во процесот на производство на храна (примарна амбалажа, подготовка и послужување на храна, производство на безалкохолни пијалаци и сл.), снабдување и безбедност на храната. Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар на тема: ДАНОК НА ДОБИВКА, КОНЦЕПТ НА ОДАНОЧУВАЊЕ НА НЕПРИЗНАЕНИ РАСХОДИ И ПОМАЛКУ ИСКАЖАНИ ПРИХОДИ ...

21.12.2016 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Даночниот обврзник има законска обврска да води деловни книги согласно законската регулатива и меѓународните сметководствени стандарди, оданочувањето се темели на податоците од сметководствената документација, додека во процесот на даночна постапка даночните инспектори ги користат сите доказни средства потребни за утврдување на фактите кои се од значење за оданочувањето. Првиот дел од семинарот е дизајниран со цел да се презентира правилната примена на легислативата и законските измени кои го уредуваат поимот документација, значењето на електронската кореспонденција како доказна сила за даночни цели и во судски спорови. Во вториот дел од семинарот ќе се презентира даночниот третман на расходите направени во 2016 година, односно правилно постапување согласно одредбите од Законот за данок на добивка, методологијата за пресметка на добивката како разлика на вкупните приходи и расходи зголемени за непризнаени трошоци. На обуката ќе се споделат досегашните искуства и практики кои произлегуваат од инспекциските, односно даночните контроли во однос на доказната сила на електронската комуникација, дописи, преписи, како и значењето на пропратната документација во процесот на доказ за даночни цели, одговорноста за водењето на законски исправни трговски книги и изготвувањето на годишните сметки, како и правилна примена на одредбите од Законот за данок на добивка (непризнати трошоци) со што би се намалиле изречените санкции и искажаните податоци во даночните биланси и финансиските извештаи ќе бидат веродостојни. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.12.2016 година (понеделник) 10:00-14:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

Еднодневен семинар: „ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВНА ПРИРОДА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ И ВИДОВИТЕ ДОКАЗИ“

Стопанската комора на Македонија, на 26 декември 2016 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на договорите за превоз на стоки и шпедиција, нивната правна природа, видот на правата и обврските кои произлегуваат од нив и доказите кои се неопходни за разрешување на спорните прашања во текот на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат одредбите од Законот за облигациони односи кои се заеднички за сите видови договори кои се среќаваат при реализацијата на услугата транспорт на стоки, ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на превозникот или шпедитерот, нивната застапеност во споровите од трговското право. Паралелно за секој од видовите договори ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба при различни основи на побарувања, долг, штета, осигурување. Ќе им се овозможи на учесниците на семинарот да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигациони односи и ќе се дадат можни решенија за нивно надминување. Предавач: - Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители. Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 22.12.2016 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

12. САЕМ „INFRATECH“ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

18.01.2017 - 19.01.2017

Ротердам, Холандија

Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Холандија – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да присуствувате на 12. Саем „InfraTech“ за инфраструктура, што ќе се одржи од 18-19 јануари 2017 година, во Ахоу арената во Ротердам, Холандија. „InfraTech“ е основан во 1996 година во Холандија. На Саемот главен акцент ќе се даде на нови проектни идеи и нови партнери за соработка од областа на: 1. инфраструктурата; 2. водата; 3. јавниот простор и мобилност; 4. канализацијата; 5. иновации за инфраструктурата и др. На 18 јануари 2017 година учениците ќе имаат можност да остварат директни средби со холандските владини претставници од градот Ротердам. Во рамките на Саемот „InfraTech“, на 19 јануари 2017 година, ќе се одржат и деловни средби, кои ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со компании, универзитети и истражувачи од цела Европа, заинтересирани за споделување на нови проектни идеи и наоѓање соработка со компании и партнери од областа на инфраструктурата. 12. Саем за инфраструктура „InfraTech“ ќе се одржи од 18 до 19 јануари 2017 година, во Ахоу арената во Ротердам, Холандија, на простор од околу 30.000 м2. Доколку сакате да се пријавите и да присуствувате на Саемот „InfraTech“ и на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/infratech2017, најдоцна до 13 јануари 2017 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

9 - 12 февруари 2017 година Истанбул, Република Турција

„WIN EUROASIA METALWORKING“ САЕМ ЗА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Hannoover fairs Turkey“, ве покануваат да бидете дел од „WIN EUROASIA Metalworking“ - Саем за металопреработувачката индустрија. Овогодинешниот саем ќе се одржува во периодот од 9 - 12 февруари 2017 година, во Истанбул, Р. Турција. Саемот „WIN EUROASIA Metalworking“, како секоја, така и оваа година на едно место ќе ги собере водечките компании од металопреработувачкиот сектор. Саемот на сите посетители и учесници им нуди можност на едно место да ги видат сите најнови видови технологии поврзани со браварството, заварувањето и третманот на металните производи. Овогодинешниот Саем о отворен за сите компании од металопреработувачката индустрија и сите комплементарни индустрии и сектори. Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • бесплатно сместување во хотел со 4* или 5* (зависно од расположливите капацитети на хотелите); • организиразни билатерални деловни средби со компании • посета на компании и фабрики. Саемот можат да го посетат максимум двајца учесници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 23.01.2017 година (понеделник).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата

2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

петок, 9 декември 2016, Бр. 287

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка кој се занимава со трговија на големо и дистрибуција на разни прехраnбени производи, енергетски, алкохолни и безалкохолни пијалaци, како и храна за животни, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка производител на различни освежителни безалкохолни газирани и негазирани пијалaци, како природна изворска вода, енергетски пијалаци, овошни сокови, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 31.01.2017 година.

Локална компанија од Словачка која врши продажба и дистрибуција на алкохолни и безалкохолни пијалаци, како и зачини и кондиторски производи бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка чија главна дејност е дистрибуција, продажба на пиво и алкохол, како и безалкохолни пијалаци бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка која се занимава со трговија на големо и дистрибуција на пиво, алкохолни и безалкохолни пијалaци и храна, бара

Компанија од Украина, голем производител на мелнички производи бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 31.01.2017 година. Домашна компанија од јануари 2017 година издава ново изградени ладилници (температура од -25 до +4) и деловен простор, лоцирани во индустриската зона во Визбегово, Скопје. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Украина, составен дел на голем концерн, бара компании од Р. Македонија заинтересирани за купување на нивните производи. Произведуваат ротори за турбини, цилиндри за турбини, компресори со висок, среден и низок притисок, работни лопатки за парни турбини, дијафрагми, заптивки за дијафрагми, спроводни апарати, резервни делови за rегулирање и системи за дистрибуција на пареа,


петок, 9 декември 2016, Бр. 287

БИЗНИС ИНФО

29

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА аксијално лежиште, неповратни вентили и сл. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Украина која е производител на разни еколошки, природни сокови и вина бара соработка со компании од Р. Македонија за соработка, пласман и дистрибуција на нивните производи. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Шри Ланка, која произведува горна и долна облека (панталони, кошули, маици и боксерки), бара партери од Р. Македонија за пласман на своите производи. Валидност до 31.12.2016 година. Холдинг компанија од Шри Ланка заинтересирана е да соработува со компании од Р. Македонија и бара да купи ориз, кромид и шеќер. Валидност до 31.12.2016 година.

www.mchamber.mk

Компанија од Шри Ланка сака да соработува со компании од Р. Македонија кои сакаат да инвестираат во изградба на складишта, логистички парк и возен парк. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Македонија е заинтересирана да пронајде трговски партнер за експорт и дистрибуција на брендирани пива на пазарот во Албанија. Брендови кои може да се дистрибуираат се: Корона, Хоегарден, Хајнекен и многу други. Валидност до 31.12.2016 година.

Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.