БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО Број 294
www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
10.02.2017
Одбележување значаен јубилеј како што доликува
ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ ОД МАЛИТЕ ЗЕМЈИ И НИВНАТА ПОЗИЦИЈА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈA CEFTA
Central European Free Trade Agreement
ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЦЕФТА ДОГОВОРОТ – резултати, предизвици и идни насоки за остварување на поголема трговска размена
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
БИЗНИС ИНФО
3
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ
Одбележување значаен јубилеј како што доликува
ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ ОД МАЛИТЕ ЗЕМЈИ И НИВНАТА ПОЗИЦИЈА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈA Домашни и странски реномирани претставници од научната и стручната јавност, сегашни и поранешни претседатели и премиери на мали држави од регионот, како и звучни имиња од бизнисот - на 95-годишнината од коморското организирање и работење во Македонија Водејќи се од појдовните претпоставки дека во малите земји (за нас мали држави се оние држави чие население брои помалку од десет милиони жители), најголемата пречка за развој на бизнисот е недоволната регионална инфраструктурна поврзаност, како и фактот дека условите за водење бизнис во малите земји се разликуваат од оние во големите земји, реални се тврдењата дека на мал пазар ретко се случува да се заработи основен капитал за проширување на деловните активности. Дополнително на тоа, факт е дека големите држави и нивните големи деловни субјекти често знаат да ја искористат својата моќ на меѓународните пазари и со тоа да ги стават малите држави и нивните деловни субјекти во нерамноправна
1922
goodini
2017
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ положба. Исто така, на малите земји често им се наметнуваат, при нивното меѓународно интегрирање, такви мерки кои се штетни за нивните бизниси и деловните иницијативи, без да се направи критички осврт што значат овие мерки за деловното опкружување. Поради наведеното, се оценува дека е неопходно потребно да се зголеми директната соработка и поврзување меѓу претприемачите од малите земји, при што заеднички ќе се работи и на унапредување на взаемната економска соработка, истакна м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, на пресконференцијата одржана на 6 февруари 2017 година. Како дојде до оваа иницијатива за поврзување на претприемачите од малите земји? На 31.01.2015 година во Скопје, иницијатива на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и претседавач на Асоцијацијата на балканските комори за 2015 година, се состанаа група бизнисмени од регионов (Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Албанија, Босна и Херцеговина), кои играа значајна улога во градењето на независноста на сопствените земји. Идејата беше да се поразговара како да им се овозможи на бизнисите од тие земји да бидат поефикасни. Размислувањата одеа во правец на тезата дека нема јасно утврдени приоритети, дека се поставуваат неостварливи цели и дека треба да се промени стратегијата во правец на одење чекор по чекор, а не на распливнување на сите страни. Многу брзо во текот на дискусијата, но и едногласно се дојде до заклучок дека би било корисно деловната заедница да формулира една заедничка цел чија реализација би создала нови можности за претприемачите на целата територија. Една од предложените цели беше создавање на модерна железничка инфраструктура со која би се поврзал целиот регион. Се сметаше дека тоа е најголемата пречка за развој на бизнисот бидејќи Балканот е слабо поврзан регион, а интеграциите на земјите не се на задоволително ниво. Меѓу условите што припаѓаат тука се заедничко планирање на инфраструктурата, заеднички настап за привлекување меѓународни инвеститори и обезбедување услови за заштита на овие инвестиции. Дискусијата што започна тогаш помина низ различни фази и многу брзо сите заедно излеговме од границите на идеализмот или со други зборови иницијативата ги надмина првичните цели отворајќи ги клучните и темелни прашања: каква е позицијата на малите земји во поголемите интегративни процеси, дали процесите во малите земји имаат посебни карактеристики, дали тие можат да се сублимираат на едно место и дали некој се занимавал со овие прашања?. Така дојдовме и до оваа иницијатива за подобрување на економските можности на бизнисите од малите земји, т.е. држави.
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
Во нашите активности мораме да се водиме од помислата дека општествените проблеми не можат да се решаваат рестриктивно. За да се најде решение за сложените општествени проблеми важно е да се даде јасна дефиниција на интересите. Во нашиот случај тоа се интересите на претприемачите од малите држави. Наша задача е да ги надминеме реалните бариери, кои им наштетуваат на можностите на претприемачите од малите земји. Тие се ограниченоста и безначајноста на малите иницијални пазари, недостигот на деловно искуство и недоволното познавање на општествената мрежа. Така ги поставивме и основните тези: • условите за водење бизнис во малите земји се разликуваат од оние во големите земји; • на мал пазар ретко се случува да се заработи основен капитал за проширување на деловните активности; • големите држави и нивните големи деловни субјекти често знаат да ја искористат својата моќ на меѓународните пазари и со тоа да ги стават малите држави и нивните деловни субјекти во нерамноправна положба; • малите земји имаат многу послаби дипломатски мрежи; • на малите земји често им се наметнуваат, при нивното меѓународно интегрирање, такви мерки кои се штетни за нивните бизниси и деловните иницијативи, без да се направи критички осврт што значат овие мерки за деловното опкружување, нагласи м-р Милевска Штрбевска, оперативен директор на Комората. За да ги разработиме и да ги разгледаме овие теми со релевантни субјекти од земјата, регионот и пошироко, оценивме дека е најсоодветно да организираме тркалезна маса на тема: „ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈA - предности и недостатоци“, и тоа на денот кога ја одбележуваме 95-годишнината од коморското организирање и работење во Македонија. На тркалезната маса ќе учествуваат домашни и странски реномирани претставници од научната и стручната јавност, сегашни и поранешни претседатели и премиери на мали држави од регионот, како и звучни имиња од бизнисот, кои потекнуваат или работат во мали земји. Тркалезната маса ќе биде организирана во еден несекојдневен амбиент, со проследување на излагањата на еминентните учесници од страна на најуспешните компании-членки на Стопанската комора на Македонија. М-р Елена Милевска Штрбевска
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Преку инвестирање во енергетска ефикасност во хотелите, во осветлување, BMS-управување и финансирање до ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ
Компаниите „И-Импулс“ и „Кабтел“ во соработка со Стопанската комора на Македонија реализираа презентација на имплементација на проекти за енергетска ефикасност во хотели и во други угостителски објекти за сместување, финансиска поддршка за проекти за енергетска ефикасност и хотелски BMS-решенија - интелигентно управување со хотели за висок комфор и ниски трошоци. На презентацијата пред претставниците на заинтресираните правни субјекти, организаторите ги претставија можностите и начините како да се обезбеди поголема конкурентност на хотелите, рестораните и останатите угостителски објекти, преку инвестиции во иновативни решенија, кои пред се` ги намалуваат трошоците на работењето и го модернизираат системот на нивно контролирање.
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
БИЗНИС ИНФО
7
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Горан Богатиновски, сопственик на „И-Импулс“, пред присутните зборуваше за предизвиците и решенијата за енергетски ефикасно осветлување во хотелите. Влатко Китановски од „Кабтел“, зборуваше за интелигентно управување со хотели за висок комфор и ниски трошоци, таканаречени хотелски BMS-решенија, а Ловре Ристевски за финансиската поддршка за енергетски ефикасни проекти поддржани од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Идејата на овие иновативни решенија, како што беше речено на презентацијата, е во фокусот на своето работење да го стават истражувањето и развојот на одржливи решенија, имајќи го предвид фактот дека под притисок на глобалното затоплување и континуирана деградација на животната средина, потребата во светот за користење расветни уреди со енергетски ефикасни компоненти станува неминовност. „И-Импулс“ повеќе од 10 години работи во областа на проектирање и е специјализирана за професионално енергетски ефикасно осветлување со користење на иновативна ЛЕД-технологија и традиционални решенија за сите типови на објекти. Македонската компанија „Кабтел“ повеќе од 15 години е активна на пазарот во областа на комуникациите, телефонијата, поврзувањето, ПП-дојава, јавен разглас и иновативни BMS-системи, со посебно внимание на хотелските иновативни решенија. Даниела Михајловска Василевска
8
БИЗНИС ИНФО
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА НОВ ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ПРЕТСТАВЕНА ПРЕД ЗДРУЖЕНИЕТО НА КОМУНАЛНИТЕ ДЕЈНОСТИ Идејата за изработка на нов закон за управување со отпад кој ќе се изготвува согласно новата Директива на ЕУ за управување со отпад 2008/98 и Регулативата 333/2011, беше претставена пред членките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија. На седницата на Здружението, Ана Каранфилова Мазнева, раководител на Секторот за управување со отпад при Управата за животна средина информираше дека е започнат Твининг-проектот, кој има за цел зајакнување на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните видови на отпад (пакување, батерии и отпад од електрична и електронска опрема, кој се состои од 3 компоненти. Со цел поголема координација помеѓу институциите ќе се формира Управен одбор на Проектот, кој ќе се состои од високи претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, Делегацијата на Европската унија, Секретаријатот за европски прашања и Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии, како и од Стопанската комора на Македонија. Новина ќе биде што со законот ќе се дефинира кога отпадот престанува да биде отпад, а ќе се утврдуваат и нови дефиниции за тоа што претставува комунален отпад, каде е улогата на отпадот од домаќинствата во комуналниот отпад и сл. За таа цел Каранфилова Мазнева посочи дека е значајно јавните комунални претпријатија да дадат свој придонес со тоа што ќе нотираат кои се спорни членови или одредби од постојниот Закон, како основа за изработка на новиот. Членките на Здружението констатираа дека во сферата на отпадот повеќе од 15 години нема голем напредок, не од непостоење закони, туку од нивна лоша примена и немање соодветна контрола на системот. За таа цел, беше констатирано дека е потребна поголема улога на надлежниот Државен инспекторат. Претседателот на Здружението Златко Ристески посочи дека комуналните претпријатија перспективата на своето работење треба да ја гледаат во оптимално искористување на ѓубрето, инвестирајќи во примарна и секундарна селекција, како и во компостари, со што речиси и да нема да остане отпад кој ќе треба да се складира на депониите. При тоа беше потенцирано дека треба да се работи на изградба на центри за рециклирање со цел наместо за извоз селектираниот отпад во вид на суровина да се преработува во Македонија. Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ИНФО
10
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
ЈУБИЛЕЈ 95 години
Господин Бранко Роглиќ, сопственик и претседател на Надзорниот одбор на „Орбико“ ДОО, најголемиот дистрибутер во Европа – еден од учесниците на тркалезната маса на тема: „ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈА - ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ“ Господин Бранко Роглиќ е роден во 1943 година, во Макарска, каде што неговото семејство се преселило по италијанската окупација на Сплит. Во 1954 година заедно со семејството се враќа во Сплит, каде што завршува основно и средно училиште. Тој дипломирал на Електротехничкиот факултет при Загребскиот универзитет во Сплит, а веднаш потоа се вработил во сплитската компанија „Ирет“ (Индустрија за радиоелектроника и телекомуникации), каде што за кратко време станал комерцијален директор. Господинот Роглиќ неколку години го водел претставништвото на германската компанија „Варта“ во Југославија и во Бугарија. Заедно со германски партнер во 1987 година ја основа компанијата „СБЈ Орбико АГ“ во Швајцарија. Во 1989 година ја приватизира компанијата „Унис-Елкос“ во Љубљана, од која во 1990 година се развива дистрибутивната компанија „Орбико“ ДОО – Љубљана, како една од првите приватни фирми во Југославија. Потоа, во 1991 година ја основа и компанијата „Орвас“ ДОО, исто така во Љубљана. Во 1991 година, господинот Роглиќ ја основа компанијата „Лаура БББ“ ДОО во Загреб, а потоа, во 1992 година во Сплит ја основа компанијата „Орвас“ ДОО. Во 1993 година, на јавен тендер ја приватизира компанијата „КРОАЦИЈА-БАТЕРИЈЕ“ - Загреб. Склучувајќи договор со „Проктер и Гембл“, во 1997 година во Сараево ја основа „ОРБИКО“ ДОО - Сараево, „ОРВАС“ ДОО - Сараево и „ОРБИКО“ ДОО - Загреб, а во 1999 година ја основа „ОРВАС ПЛУС“ ДОО - Загреб, што се занимава со дистрибуција на козметика. Во 2003 година ја основа компанијата „ОРБИКО ЕООД“ во Бугарија што исто така се занимава со дистрибуција, а потоа следуваат компаниите „ОРБИКОП“ Приштина, „ОРБИКО“ - Скопје, „ОРБИКО“ - Белград и „ОРБИКО МА“ - Молдавија. Во 2011 година ги основа „ОРБИКО БЈУТИ“ - Германија и Австрија и „ЕГЕА ОРБИКО“ - Романија. Господинот Роглиќ ги основа и компаниите „ОРБИКО“ во Унгарија, Чешка, Словачка, Црна Гора и во Полска.
БИЗНИС ИНФО
11
ЈУБИЛЕЈ 95 години Тој е сопственик или мнозински сопственик на над дваесет компании во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Србија, Косово, Албанија, Молдавија, Германија, Австрија, Романија, Унгарија, Црна Гора, Чешка, Словачка, Полска и Украина. Неговите синови, Стјепан и Јосип, се активно вклучени во управувањето и ги контролираат финансиските и комерцијалните работи во рамките на Групацијата. Вкупниот промет на сите компании во 2016 година, со 5000 вработени, изнесувал приближно една милијарда и 800 милиони евра, додека во 2017 година се очекува истиот да достигне 2 милијарди евра, со 5500 вработени. Господинот Роглиќ, покрај големите деловни успеси, исто така е и почесен генерален конзул на Република Словенија, на чело на Генералниот конзулат на Република Словенија во Сплит. Во неговата компанија, „ОРБИКО“, се наоѓа и Хрватско-словенечкиот деловен клуб, чии членови работат на развој на соработката помеѓу хрватските и словенечките фирми. Господинот Роглиќ е добитник на Наградата за живото дело („HUM CROMA“) и Наградата за животно дело во претприемништвото за 2016 година („Stvaratelji za stoljeća“). Веруваме дека можноста да се слушне повеќе за богатото искуство на господинот Роглиќ во бизнисот и за постигнатите и признати успеси, ќе придонесе за исполнување на клучната иницијатива на тркалезната маса - зголемување на директната соработка меѓу претприемачите од малите земји, како и зголемување на економската соработка меѓу малите земји. м-р Викторија Илиева м-р Елена Милевска - Штрбевска
БИЗНИС ИНФО
12
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
ЈУБИЛЕЈ 95 години bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОЗИЦИЈАТА НА ВО МЕЃУНАРОДН
Стопанската комора на Македонија на 17 февруари 2017 година (петок) ќе одбележи з Македонија. По тој повод, продолжувајќи ја традицијата на организирање значајни настани организира тркалезна маса на тема: „ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАР На тркалезната маса ќе учествуваат домашни и странски реномирани претставници о порано, сега и понатаму... Тркалезната маса ќе биде организирана во еден несекојдневен амбиент, со проследув Стопанската комора на Македонија.
Дел од учесниците на
Мило Ѓукановиќ
Стипе Месиќ
црногорски државник
хрватски државник
Светозар Јаневски ВВ „Тиквеш“
Д-р Владимир Глигоров
Проф. д-р Драган Микеревиќ
Џемал Инаишвили
македонски бренд во бизнисот и менаџерството
државник и професор од Босна и Херцеговина
Санди Чешко „Студио Модерна“ најбогат Словенец 2013-2015, творец на најголемиот ТВ бренд „Top Shop“
меѓународен економски експерт од Виенскиот институт за меѓународни економски студии
претседател на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговскоиндустриски комори и член на Генералниот совет на Светската коморска федерација
М-р Сава Далбоков член на Управниот одбор на „Steiermärkische Bank und Sparkassen AG“ - Австрија
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ЈУБИЛЕЈ 95 КОМОРИ години
А МАЛИТЕ ЗЕМЈИ НАТА ЕКОНОМИЈА
2017
1922 goodini
значаен јубилеј - 95 - годишнината од коморското организирање и работење во Република на овој ден, поврзани со реализација на клучните коморски иницијативи, Комората ќе РОДНАТА ЕКОНОМИЈА - предности и недостатоци“. од бизнисот, научната и стручната јавност, значајни за политичкиот и економскиот живот
вање на излагањата од учесниците од страна на најуспешните 1000 компании-членки на
тркалезната маса: Бранко Роглиќ „Орбико“
Миодраг Костиќ „МК Груп“
хрватски милијардер, водечки европски дистрибутер
менаџер на една од најголемите вертикално интегрирани земјоделски компании во Европа
Проф. д-р Александар Влаховиќ
Проф. д-р Кочо Анѓушев
главен организатор на Копаоник бизнис форумот во регионот познат како „Српскиот Давос“
Марко Чадеж
претседател на Стопанскaта коморa на Србија прв српско-косовски бизнис тандем
Проф. д-р Глигор Бишев Mодератор на тркалезната маса ќе биде проф. д-р Глигор Бишев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД - Скопје.
„Енерџи Деливери Солушнс“ ЕДС професор и успешен македонски бизнисмен и претприемач
Проф. д-р Сафет Ѓерѓалиу
претседател на Стопанскaта коморa на Косово
прв српско-косовски бизнис тандем
... ГОЛЕМИТЕ глобализираат, малите СОРАБОТУВААТ ...
14
БИЗНИС ИНФО
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
ЦЕФТА
ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЦЕФТА ДОГОВОРОТ – резултати, предизвици и идни насоки за остварување на поголема трговска размена
Во Белград (8.02.2017 година) беше одржана конференција на која беше одбележан јубилејот, 10-годишнина од имплементацијата на ЦЕФТА-Договорот. На конференцијата поздравно обраќање имаше Расин Љајиќ, потпретседател на Владата на Република Србија и министер за трговија, туризам и телекомуникации. Господинот Љајиќ ги истакна економските параметри во однос на ЦЕФТА-Договорот и ги потенцира можностите за понатамошна соработка помеѓу земјите од регионот. Господинот Мајкл Девенпорт, шеф на Делегацијата на ЕУ во Србија, во своето обраќање ја потенцира поддршката која Европската унија ја дава при имплементацијата на ЦЕФТА-Договорот. Имајќи предвид дека во фокус на ЦЕФТА-Договорот е зголемување на соработката на економски план, претседателите на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Србија, Бранко Азески и Марко Чадеж во своите обраќања ја истакнаа важноста на имплементацијата на ЦЕФТА-Договорот за поединечните економии, а согласно на тоа и бенефитите кои компаниите можат да ги искористат од достапноста на поголемиот заеднички пазар.
БИЗНИС ИНФО ЦЕФТА ЦЕФТА-регионот е втор најважен трговски партнер на компаниите од Р. Македонија (по ЕУ-земјите) и со натамошното регионално поврзување и развивањето на регионалните форми на соработка ќе се забрза процесот на целосна интеграција на регионот. Согласно економските индикатори, растот на обемот на трговската размена на Македонија со ЦЕФТА-потписничките беше евидентиран од почетокот на спроведувањето на Договорот. Од 2006 година, кога беше потпишан Договорот, растот на трговијата меѓу Македонија и останатите ЦЕФТА-земји порасна за 35,7% во 2007, односно 35,5% во 2008 година. Но тој тренд не се задржа во годините кои следеа. За целиот период од десет години, учеството на размената со земјите од ЦЕФТА во вкупната трговија на Македонија се движеше од 18,7% (во 2007 година) до 20,7% (во 2009 година), за од 2010 година тоа учество почна да се намалува и во последните две години изнесуваше околу 11%. Вкупната размена на Република Македонија со ЦЕФТА-земјите во изминатите 10 години изнесува 16,1 милијарда САД долари, од кои половината отпаѓаат на размената со Србија. За целиот овој период, Македонија има остварено трговски суфицит од 2,8 милијарди САД долари, што во најголема мера се должи на соработката со Косово, односно реализираниот суфицит со Косово учествува со 77,5% од вкупниот суфицит кој го имаме со останатите земји од ЦЕФТА-регионот. Поконкретно, континуиран суфицит во размената имаме со Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово. Но гледано по години, суфицитот на наша страна е присутен од 2006 година до 2013 година, а веќе во 2014 и 2015 година бележиме трговски дефицит. Истиот се должи делумно на Хрватска која од 1 јули 2013 година стана членка на Европската унија, но најмногу на Косово каде имавме значително учество на страната на извозот. Заклучно со 2011 година имавме континуиран раст на извозот во Косово, кој во последните 4 години почна полека да се топи, со што од реализиран извоз од 541 милион САД долари во 2011 година, истиот во 2015 година падна на 187 милиони САД долари. Инаку, најголемо учество во извозот како и во увозот на Република Македoнија во и од ЦЕФТА-земјите имаат: земјоделско-прехранбени производи, производи од црната и обоената металургија, лекови и градежни материјали. На останатите панели на конференцијата беше дискутирано за постигнатите резултати од ЦЕФТА-Договорот во минатите десет години од аспект на регионот, насоките за развој на дијалогот помеѓу јавниот и приватниот сектор, како и за предизвиците при примената на ЦЕФТА-Договорот. М-р Борис Тримчев
16
БИЗНИС ИНФО
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ продолжува со редовните активности - одржано предавање на тема: „Дигитален маркетинг“
Секојдневното соочување со барања за профитабилност, квалитет и одржлив КЛУБ НА развој се постојан притисок, кој за да СКМ ♦ КМ МЕНАЏЕРИ се претвори во предност во време на ПРЕТПРИЕМАЧИ променливи надворешни влијанија, условува континуирано подобрување на знаењата и вештините на работниците. Високото ниво на знаење, компетенциите и вештините на вработените, се оној важен фактор кој ќе ја реализира ефикасноста на работењето во услови на постојани економски и општествени промени. Во таа насока во Клубот на менаџери – претприемачи, на 10.02.2017 година, се реализираше предавањето “Дигитален маркетинг” , каде низ предавање исполнето пред се со отворена дискусија се актуелизираше прашањето како компаниите да го унапредат својот бренд, а при тоа искористувајќи ги можностите за успешни кампањи на интернет, правилно избирање на медиуми за презентирање на својот производ, таргетирање на вистинската целна публика, создавање трајна врска со потрошувачите, олеснување на продажбата по пат на интернет и слични достапни техники. Дополнитено беа беа разработените темите по актуелните прашања и тоа за како да се одбере дигитален медиум кој ќе биде најсоодветен за компанијата и кој ќе биде придонест од истиот. Говорник на предавањето беше г-дин Михаил Китановски, предавач и консултант со долгогодишно меѓународно искуство, сопственик и управител на компанијата„Д2ЕМ
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
БИЗНИС ИНФО КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
Консалтинг“. Клубот на менаџери-претприемачи во својот домен на работа освен што ги едуцира својоте членови преку едукативните активности со еминентни предавачи, каде членовите имаат можност и за свои излагања, Kлубот секојдневно своите членови ги информира и за економските информации во земјата и во светот, за можностите за аплицирање на проекти достапни од ЕУ-програмите, за правните прописи, за саемите и деловните настани во земјата и надвор од неа, за арбитражата како ефикасен начин на решавање на стопанските спорови, како и за други прашања од интерес за фирмите. Ивона Каранфиловска
БИЗНИС ИНФО
18
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 20.2.2017 година (понеделник) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ
Стопанската комора на Македонија на 20 февруари 2017 година организира еднодневен
семинар на тема: „Контролинг во набавките“. Контролингот ги обединува сите процеси од работењето на компанијата, преку него менаџментот може да добие квалитетни информации за сите активности на компанијата и врз основа на истите да креира деловни одлуки кои го унапредуваат работењето.
Цел на семинарот:
Запознавање на учесниците на семинарот со:
• Управувањето со набавките; • учесниците во набавките – купувачи и добавувачи; • интерна комуникација во организацијата – набавка наспроти магацин; • комуникација со добавувачите; • приоритети во набавката; • WIN-WIN стратегија за стратешко поврзување со добавувачите; • оценување на добавувачите – критериуми за оценување.
За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во управување на
процесите на набавка – раководители на набавката, менаџери на набавка, како и оние чии работни задачи вклучуваат логистика во организацијата (организирање на набавките, магацинско работење, транспорт и сл.).
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
21 февруари 2017 година (вторник) 10:30-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема:
„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.
Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот
циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари.
По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје, од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата. Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
АПМ
БИЗНИС ИНФО
20
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24.02.2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ
Оптимизација на производството и управување со проекти во реална околина, претставува
клучен предизвик за многу компании кои како главни процеси имаат различни типови на производство, поради фактот дека во 2017 година потребно е да се реализира баланс помеѓу одржувањето на тековните деловни процеси (профитабилност, квалитет на услугите, односи со клиентите, продуктивност, компетентност на вработените итн.), од една страна, а од друга страна т.н. деловен напредок и имплементација на интерни промени, кои ќе дадат максимален придонес.
PRINCE2 претставува една од корисните алатки и знаење во сите клучни процеси во
компанијата, посебно во делот на производството. Клучните ефекти во работењето на една компанија можат да се добијат преку имплементација на систем на работење кој има за цел трансформација (во континуитет на работењето) од управување на бизнисот во управување на проектно работење во реална и контролирана околина. Целта на овој семинар е учесниците да се стекнат со клучни знаења за PRINCE2 методологијата и истите да ги применат во реалното работење земајќи ги предвид реалните услови во Македонија. Речиси во секој производствен процес постои потреба за проектно управување и имплементација на знаење и создавање на мултифункционални тимови.
Овој семинар е наменет за проектни менаџери и раководители на проекти, раководители на
набавка, раководители на производство, интерни проверувачи (контрола на квалитет), раководители во големопродажба, како и за сите оние кои сакаат да го надградат своето знаење.
Рок за пријавување: 21.02.2017 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
6. МЕЃУНАРОДНИ ДЕНОВИ НА ЕНЕРГЕТИКАТА И ИНВЕСТИЦИИТЕ
2 - 3 март 2017 година Нови Сад, Република Србија
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Новосадскиот саем, ве покануваат да бидете дел од 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите, собир на енергетсккиот сектор и инвестициите, што ќе се одржи во периодот од 2 - 3 март 2017 година во Нови Сад, Република Србија. Настанот 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите има за цел да ги поттикне бизнис контактите и соработката помеѓу сите релевантни чинители во областа на енергетиката, градежништвото, заштитата на животната средина и локалниот развој во Србија и во регионот, како и да се стимулира поголема инвестиција во овие области. Настанот ќе се одржи во пресрет на 5 Март - Денот на енергетската ефикасност. Целта е да се обезбедат презентации на проекти и изнаоѓање соодветни финансиски и технички партнери за нивно спроведување Во фокусот на Меѓународниот ден на енергијата и инвестициите ќе бидат темите во областа на енергетиката, финансирањето и изградбата, како и специјални градежни обврзници и енергија преку енергетската ефикасност во зградите. Исто така, посебен акцент ќе биде ставен на најактуелната тема денес - борбата против климатските промени. Настанот на сите учесници им нуди единствена можност за дводневна презентација на своите компании, технологии и проекти пред компании инволвирани во енергетскиот сектор, како што се претставници од локалната самоуправа, агенции, здруженија, како и воспоставување директна цврста врска со посетителите и учесниците на настанот.
Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават
за посета на настанот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 16.02.2017 година (четврток).
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 3.3.2017 година (петок) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
Стопанската комора на Македонија на 3 март 2017 година организира еднодневен семинар на
тема: „Оптимизација и уредување на работното место по 5С методологија“.
5С методологијата е една од основните алатки за изградба на KAIZEN филозофијата, како и
воспоставување на LEAN системот во производствените и непроизводствените претпријатија.
5С е структуиран пристап за развој на работната дисциплина. Всушност, 5С е јапонска
методологија развиена од страна на „Toyota“. Тоа е техника во 5 чекори која служи за промена на свеста на вработените во работното опкружување. Оваа методологија можеби изгледа како една од техниките за чистење, но не е само тоа, заднината е подлабока! 5С помага да се идентификуваат и елиминираат некорисните работи/отпад на работното место. Помага во воспоставување на попродуктивно и поквалитетно работно опкружување. Ја поттикнува компанијата да ги следи објектите/прашањата кои често се занемарени. 5С е алат за оптимизација на работните места.
Суштинската корист која 5С методологијата треба да ја донесе во компанијата е промена на
однесувањето или промена на навиките на вработените во целите на оптимизација на работата во работните места, а со самото тоа и оптимизација на работата на компанијата.
Тоа подразбира запознавање со нејзините 5 принципи: Сортирање и класификација
(Sort), Функционално распоредување или уредување (Set in Place), Чистење (Shine & Sweep), Стандардизирање (Standardise) и Прием и одржување (Sustain).
За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во работните или
производните системи на организацијата, како и лица кои се на раководни позиции во компанијата, а посебно доколку компанијата во која работат е класифицирана како добавувач во автомобилската индустрија.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„WIN EUROASIA METALWORKING“ САЕМ ЗА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА
9 - 12 февруари 2017 година Истанбул, Република Турција
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Hannoover fairs Turkey“, ве покануваат да бидете дел од „WIN EUROASIA Metalworking“ - Саем за металопреработувачката индустрија. Овогодинешниот саем ќе се одржува во периодот од 9 - 12 февруари 2017 година, во Истанбул, Р. Турција. Саемот „WIN EUROASIA Metalworking“, како секоја, така и оваа година на едно место ќе ги собере водечките компании од металопреработувачкиот сектор. Саемот на сите посетители и учесници им нуди можност на едно место да ги видат сите најнови видови технологии поврзани со браварството, заварувањето и третманот на металните производи. Овогодинешниот Саем о отворен за сите компании од металопреработувачката индустрија и сите комплементарни индустрии и сектори. Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • бесплатно сместување во хотел со 4* или 5* (зависно од расположливите капацитети на хотелите); • организиразни билатерални деловни средби со компании • посета на компании и фабрики. Саемот можат да го посетат максимум двајца учесници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 23.01.2017 година (понеделник).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.03.2017 година (вторник) 10:30-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема:
„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.
Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот
циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари.
По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје, од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата. Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
петок, 10 февруари 2017, Бр. 294
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
„Global Business & Markets“
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува
да воспоставите контакти со нови деловни партнери
Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.
Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за
поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.
На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна
соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:
www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на
www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088