Бизнис ИНФО, број 298

Page 1

петок, 10 март 2017, Бр. 298

Број 298

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

1

Quality Management

FS 549642

10.3.2017

“ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА” тема на која дебатираа претседателите на коморите од Западен Балкан, на КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМОТ 2017

ВОВЕДУВАЊЕ НОВА РЕГУЛАТИВА ЗА КОНТРОЛА НА ЕМИСИИТЕ ВО ВОЗДУХОТ ОД ИНДУСТРИСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 10 март 2017, Бр. 298 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

3

ЗДРУЖЕНИЈА КОМОРИ И РЕГИОНАЛНИ НА ЗАПАДЕНКОМОРИ БАЛКАН

„ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА“ тема на која дебатираа претседателите на коморите од Западен Балкан, на КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМОТ 2017 Во рамките на Копаоник бизнис форумот, претседателите на коморите од Регионот на Западен Балкан дебатираа на тема„ Реформска програма на регионалните инвестиции: еден регион, една економија?“, кадешто свое обраќање имаше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, г-динот Бранко Азески. Генералниот секретар на Регионалниот освет за соработка (РСС), г-дин Горан Свилановиќ, како модератор на панелот истакна дека РСС како ЕУ иницијатива е во директен контакт со ЕУ и работи на регионална економска интеграција на Западен Балкан. „Од десет годишното импелментирање на ЦЕФТА договорот, каде во фокусот беше либерализација на трговските стоки, сега е време да се насочиме кон исполнување на Протоколите 5 и 6 кои се однесуваат на потполна либерализација на услугите“ – истакна Свилановиќ. Фокусот на политиките во регионот треба да бидат насочени кон паролата„Еден регион, една економија“, која во себи ги опфаќа трите главни столба: 1-единствен инвестициски


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 10 март 2017, Бр. 298

КОМОРИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН простор, 2-единствен пазар на труд и 3-единствена развојна ИКТ операбилност. За овие теми ќе се разговара и на идниот Самиот во Трст на 12 јули 2017 година во рамките на Берлинскиот процес, за што РСС подготвува Акционен план каде стрикно се дефинирани по години и по земји сите активности кои би требало да имаат за цел што побрза интеграција на регионот во ЕУ. Активна улога во овој процес треба да имаат бизнис заедниците преку коморите, кои што се дел од Берлинскиот процес преку Коморскиот инвестициски форум. „За сите овие активности имаме поддбршка од бизнис-заедницата којашто го зборува јазикот кој е разбирлив во целиот регион, за разлика од политичките елити“ – истакна Азески. „Пример за ова е ситуацијата во македонската економија, иако се соочуваме со криза во последните две години, економијата ја покажа својата еластичност, и успеа да се справи со предизвиците и да продуцира економски раст“. Македонија е добар пример и за привлекување на странски инвестиции во земјата. Но слободно може да кажеме дека инвестиции има повеќе видови. Странски инвестиции, кои ги очекуваме и за кои ветуваме многу поволности; странски инвестиции кои се тука и кои укажуваат на одредени разочарувања произлезени од начинот на којшто функционираме и домашни инвестиции, кои се тука и укажуваат на инвестиции кои не ги поттикнуваме. Сепак, странците што се одлучија да инвестираат, привлечени од поволностите, ни даваат до знаење дека постојат фелери во нашиот систем кои тие не можат да ги разберат. Од моментот на изнесување на идејата за формирање на индустриски зони во земјава и за агресивно привлекување на странски директни инвестиции, што е директно поврзано и со создавањето на пријателска бизнис клима, домашната бизнис- заедница се чувствува малку запоставена. Членките на Стопанската комора на Македонија, не само што ја поддржуваат секоја бизнис-иницијатива, туку и во рамки на секторските здруженија и совети имаат свои членки од слободните зони, што го потврдува фактот дека бизнис-заедницата нема ништо против интензивното привлекување на странски инвестиции, но домашните компании (овде вклучувајќи ги и странските инвеститори кои имаат регистрирани бизниси надвор од зоните) бараат изедначување на условите за водење бизнис на домашните и странските инвеститори во зоните, со цел да се избегне нерамноправниот третман на пазарот. Општ е впечатокот дека зголеменото ниво на странски инвестиции во регионот е од суштествено значење за економскиот развој на целокупниот регион. На Македонија, како и на секоја земја во развој, и се потребни странски вложувања, затоа што покрај потребниот капитал од странство, со него странците носат нови знаења, патенти и организација, насочена кон што поефективно производство кое може да конкурира на странскиот пазар, што всушност го оправдува потенцираното значење на странските дирекни инвестиции. За странските инвеститори секогаш од голем интерес е да најдат добавувачи на


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

5

КОМОРИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН локално ниво кои би ги задоволиле нивните потреби наместо да увезуваат од други земји, потенцирајќи дека бројот на македонски компании кои активно соработуваат со странските директни инвеститори, континуирано расте. Во моментов, повеќе од 500 домашни компании соработуваат со странските инвеститори. Ефектот на странските инвеститори врз домашниот бизнис-сектор е доста значаен. Домашните компании имаат корист од соработката бидејќи на некој начин и ги согледуваат стандардите кои се поребни за извоз во европските и во други земји, и по одреден период ќе можат да соработуваат не само со овие странски компании, туку директно да извезуваат на европските пазари, со зголемување на сопствениот квалитет на производи, стандардите, начинот на организација и слично. Локалните добавувачи се посигурни, пофлексибилни и побрзо се приспособуваат на барањата на странските партнери. Тие не се директно изложени на глобалните ризици во трговијата, поради близината значајно ги намалуваат транспортните трошоци, а на тој начин се редуцира и факторот на несигурност и непредвидливост при испорака на нарачките. Според проценките на надлежните институции околу 500 македонски фирми активно работат со компаниите од слободните економски зони. Годишно инкасираат и до 50 милиони евра. Ова, пак, создава нови работни места во домашниот приватен сектор. Македонските компании се вклучени во добавувачкиот синџир на странските инвеститори, ангажирани се за изградба на производствените хали и погони, за сервисирање на машините и на опремата, за изработка на делови за нив, но има и голем број фирми што се вклучени за најразлични услуги, како обезбедување, осигурување, кетеринг, логистика, транспорт. Соработката на домашните со странските фирми го мултиплицира ефектот на инвестицијата, генерира повисок економски раст, придонесува за отворање нови работни места, за трансфер на знаења и технологии кон македонскиот бизнис – сектор. РСС се фокусира и на градење на регионална инвестициска агенда каде ќе бидат претсавнеи комоаративни анализа за можностите кои ги нудат земјите од Западен балкан, но истоврмене и можностите за привлекување на регионални инвеститори и заеднички настап на трети пазари. Копаоник бизнис-форум е најважниот настан од ваков вид во регионот, а во јавноста, се препознава како “Српски Давос “. Затоа, исто како и на Светскиот економски форум во Давос, во вид на “проверка на реалноста” на глобален план, Форумот е место каде што се сумираат резултатите од економската политика меѓу двата форума, на кој годинава учествуваат 1000 учесници, претставници на бизнисот, политиката и науката. Софче Јовановска


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 10 март 2017, Бр. 298

МЕА - Македонска Енергетска Асоцијација

ВОВЕДУВАЊЕ НОВА РЕГУЛАТИВА ЗА КОНТРОЛА НА ЕМИСИИТЕ ВО ВОЗДУХОТ ОД ИНДУСТРИСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ Во тек е подготoвка на нов закон за индустриски емисии во којшто ќе биде транспонирана и имплементирана новата Директива за индустриски емисии 2010/75/ЕУ, беше истакнато на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија (6 март 2016 година). - Постојната домашна регулатива за интегрирани еколошки дозволи има имплементирано 60% од европската легислатива за индустриското загадување. Во Република Македонија на национално ниво досега има издадено 120 дозволи за интегрирана контрола и спречување на загадувањето и уште 200 Б интегрирани еколошки дозволи кои се издаваат на локално ниво, истакна Беса Татеши, советник во Министерството за животна средина и просторно планирање. Дополнувањето на постојната регулатива опфаќа два сегмента и тоа: категоризација на инсталациите кои треба да добијат дозвола и измена на техничкиот аспект за избор на најдобри техничко-технолошки практики како обврска за добивање на интегрираните еколошки дозволи. Капацитетите ќе имаат обврска да подготват основен извештај пред почеток на активностите и извештај откако ќе почнат со активности со цел


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

7

МЕА - Македонска Енергетска Асоцијација да се овозможи споредба на двете состојби. - Новата регулатива за индустриските емисии се изготвува во рамките на Твининг проектот: „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за индустриски емисии 2010/75/ EУ“, истакна Клеменс Конрад, постојан твининг советник од Австриската агенција за екологија. Најголемите индустриски инсталации имаат значителен удел во тоталните емисии од клучни атмосферски загадувачи и имаат други важни влијанија, вклучувајќи ги емисиите во вода и почва, генерирање на отпад и користење на енергијата. Директивата за индустриски емисии 2010/75/EУ (IED) ги поставува основните принципи за издавање дозволи и контрола на инсталациите, базирајќи се на интегриран пристап и на најдобри достапни техники (BAT). Директивата заменува седум постојни директиви поврзани со индустриски инсталации и пропишува обврзувачки барања за работа на индустриски инсталации и овие барања се построги од барањата кои важеле порано во законодавството на ЕУ. Понатаму, тој ја истакна целта на проектот, а тоа е зајакнување на административниот капацитет на национално и на локално ниво за транспонирање и спроведување на Директивата за индустриски емисии во Македонија. Проектот предвидува подготовка на примарно и на секундарно законодавство во согласност со оваа директива, проценка на економското влијание, градење на капацитети на централно и на локално ниво и проценка на потребната опрема за нејзино спроведување. - Македонија јасно ја покажува подготвеноста да ги спроведе правилно Европските еколошки стандарди за индустриски инсталации, истакна Конрад во своето натамошно излагање. Бенефитите од имплементација на новото законодавство за индустриските емисии се повеќекратни. Операторите ќе добијат облигации кои ќе бидат појасни и еднакви за сите оператори во земјата, а со почитување на новите стандарди Република Македонија ќе спроведува квалитетна контрола на емисиите во воздух, во вода и квалитетно управување со отпад. Но, најважниот аспект е придобивката за животната средина и заштита на здравјето на граѓаните од емисиите од страна на индустриските капацитети. На 14 март 2017 година, во Стопанската комора на Македонија, во рамките на Проектот, а со поддршка на Комората, ќе се одржи работилница на којашто сите засегнати страни, а пред се` индустријата, ќе можат да ја разгледаат првата верзија на новиот закон за индустриски емисии и да се произнесат по истиот, пред негово ставање во процедура за донесување. Зорица Мешкова


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 10 март 2017, Бр. 298

ТРИБИНА

Одржана трибина на тема „Ефектите на измените воведени со новиот Закон за нотаријатот и новиот Закон за извршување врз работењето на деловните субјекти“ – ПОСОЧЕНИ ИСКУСТВАТА НА КОМПАНИИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ОВИЕ ЗАКОНИ Стопанската комора на Македонија на 07.03.2017 година, согласно доставените барања на компаниите, а со цел да се креира форум на кој ќе се дискутира за ефектите на решенијата воведени со новиот Закон за нотаријатот (Службен весник на Република Македонија, бр.72/2016, 142/2016) и новиот Законот за извршување (Службен весник на Република Македонија, бр. 72/2016, 142/2016) врз работењето на компаниите, како и да се дефинираат предлози за надминување на констатираните состојби, одржа трибина посветена на ефектите кои измените воведени со овие закони ги предизвикуваат врз работењето на деловните субјекти. На трибината учество земаа претставници на повеќе компании од различни сектори и различни дејности, кои ги истакнаа нивните искуства


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

9

ТРИБИНА

во однос на примената на наведените закони во практиката и предложија начини за надминување на моменталните состојби. Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија м-р Елена Милевска Штрбевска накратко информираше дека Стопанската комора на Македонија во текот на минатата година презеде повеќе активности во однос на овие два закони, и накратко ги презентираше резултатите од спроведеното анкетно истражување за очекуваните ефекти на законите врз бизнис заедницата од месец септември 2016 година, како и кратката анализа изготвена од стручната служба на Комората, во која беше направена споредба на вкупниот износ на издатоци кои компаниите ги имаат во однос на дејствијата и постапките кои спаѓаат во делокругот на работа на нотарите и извршителите, и тоа преку споредување на вкупниот износ на издатоци (задолжителни издатоци кои мора странките да ги покријат) согласно одредбите кои беа важечки пред 31.12.2016 година, и согласно новиот Закон за нотаријат и новиот Закон за извршување. Учесниците на трибината изнесоа повеќе коментари и забелешки во однос на практичната примена на одредбите од овие закони, кои се однесуваа на неколку прашања. Од една страна, во однос на новиот Закон за нотаријатот беше истакнато дека обврската за задолжително учество/присуство на адвокат предизвикува значителни негативни финансиски импликации врз работењето на компаниите, и ја одолговлекува постапката, како и дека обврската за задолжително учество/присуство на адвокат е дискриминаторна и доведува до нееднаков третман на дипломираните правници – вработени во компаниите во однос на адвокатите. Од друга страна, во однос на новиот Закон за извршување од страна на учесниците


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 10 март 2017, Бр. 298

ТРИБИНА на трибината беше посочено дека постои невоедначена практика во постапувањето на извршителите во однос на можноста да биде поведена постапка за вонсудска наплата на долгови врз основа на повеќе веродостојни исправи спрема истиот должник истовремено, како и дека за компаниите проблематична во практиката е и обврската да обезбедат податоци – матични броеви за должниците, пред да поднесат барање за вонсудската наплата на долгови. Посочено беше и дека обврската доверителите за побарувања кои произлегуваат од комуналните услуги да бараат од Комората на извршителите да одреди извршител кому треба да му биде поднесено барањето за извршување ги става овие доверители во неповолна положба во однос на сите останати доверители. Истовремено, беше истакнато дека одредбите на новиот Закон за извршување дозволуваат ретроактивна примена, со тоа што се дозволува примена на одредбите кои се однесуваат на обврската за авансирање на трошоците на постапката и за постапки кои се поведени пред 01.01.2017 година за дејствијата кои се преземени според новиот закон, што на крајот, може да доведе до запирање на извршувањето, на штета на доверителите. Дополнително, компаниите кои вршат дејност управување со станбени згради истакнаа дека побарувањата кои се однесуваат на редовно одржување на заедничките делови на зградата што е во етажна сопственост, по својата природа не претставуваат комунални услуги, поради што истите треба да бидат изземени од


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

11

ТРИБИНА

групата за побарувања за кои треба да биде спроведена постапка за вонсудска наплата на долгови. Истакнато беше и дека компаниите се соочуваат со проблеми за наплата на побарувањата врз основа на извршна исправа од единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија, и треба да се определи прашањето што може да се смета за предмети и права кои се неопходни за вршење на дејноста на должникот, така што од таа категорија ќе бидат изземени паричните средства кои се наоѓаат на сметка кај носител на платен промет, и врз нив да може да се спроведува извршување без никакво ограничување. Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе продолжи да презема активности кои се однесуваат на примената на Законот за нотаријат и Законот за извршување, во насока на обезбедување на нивна поефикасна примена во практиката. м-р Татјана Штерјова


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 10 март 2017, Бр. 298

Групација за водовод и канализација

ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ ЗА ТАРИФА ЗА ВОДНА УСЛУГА И НА РЕГУЛАТОРНАТА ТАРИФА ЗА ВОДНА УСЛУГА

Членките на Групацијата за водовод и канализација во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, на денешниот состанок разговараа за Предлог-текстот на правилникот за начин и постапката за утврдување на тарифа за водна услуга и на регулаторната тарифа за водна услуга и за Предлог-текстот на методологијата за определување на тарифите за водна услуга, доставени од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Со овие документи всушност се регулираат подзаконските акти во рамките на Законот за утврдување на цени на водните услуги кој почнува со примена од 01.01.2018 година за општините со над 10.000 жители и од 01.01.2019 година во општините со помалку од 10.000 жители. Членките на Групацијата, анализирајќи ги двата нацрт-документа, изнесоа свои ставови и забелешки со образложение, зошто сметаат дека во одредени членови од Правилниот и во Методологијата треба да се направат одредени измени и


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

13

Групација за водовод и канализација дополнувања. При тоа беше посочено и дека согласно начинот на кој организациски и технички функционираат јавните комунални, односно, водоводните претпријатија, дека е добро почетокот на примена на Законот да биде одложен за најмалку една година. Ставовите на Групацијата, по завршување на состанокот, беа изнесени на трибината што на истата тема ја организираше Регулаторната комисија за енергетика, каде стручните луѓе од Комисијата детално ги образложија нацрт-документите. Претседателот на РКЕ Димитар Петров, посочи дека целта на трибината е да се дебатира по предлог-материјалите, за што засегнатите страни ќе може да достават и писмени забелешки. При тоа, тој ги информираше претставниците на јавните комунални претпријатија дека во периодот на донесување на подзаконските акти Комисијата е достапна за сите нејаснотии, забелешки, предлози и проблеми. Сепак, на крајот беше заклучено дека отстапување, односно пролонгирање на рокот за имплементација на Законот нема да се случи, бидејќи, согласно добиените грантови на повеќе комунални претпријатија за изградба на пречистителни станици, доколку се случи одложување на примената, државата ќе мора да ги врати сите пари на донаторите. Согласно новиот Закон за цени на водни услуги, во секоја општина водоводното, односно комуналното претпријатие ќе ја утврдува цената по одредени формули дефинирани во методологија кои ќе се базираат на економски оправдани принципи на работење. Регулаторната комисија за енергетика доби законска надлежност исто како и цената на енергенсите да ја регулира и цената на водните услуги. Даниела Михајловска Василевска


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 10 март 2017, Бр. 298

Здружение на информатички и комуникациони технологии

СОРАБОТКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИКТ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ ЦЕНТАР НА ИЗВОНРЕДНОСТ

На 7 март 2017 година претседателот на Здружението на информатичкокомуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија имаше состанок со претставници од „PwC“ од Луксембург. Цел на средбата беше размена на мислења во врска со Студијата на изводливост (физибилити студија) за воспоставување Центар на извонредност (Centre of Excellence), кој би ги покривал земјите од Западен Балкан. Студијата е финансирана од страна на Европската инвестициона банка (ЕИБ), а фокусот на студијата е на иновации во две области: Информациски и комуникациски технологии и Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Целта на студијата е да ја процени можноста за основање регионален Центар, кој би го поттикнал развојот на применети истражувања во рамките на еден регионален еко-систем, преку проценка на иновацискиот капацитет и потенцијал на постојните


БИЗНИС ИНФО

петок, 10 март 2017, Бр. 298

15

Здружение на информатички и комуникациони технологии институции; подготвеност и желба на институциите за придонес во развојот на регионален Центар на извонредност, како и моделот за управување и финансирање на Центарот на извонредност. Господинот Благој Христов, претседател на Здружението на информатичкокомуникациските технологии, укажа на неопходноста од правилна процена на улогата на сите институции посветени за поддршка на истражувањата, развојот и иновациите на еко-системот во Република Македонија и во регионот. Потоа, укажа дека треба да се дефинираат секторите за поддршка на иновативни решенија и применети истражувања, за претприемништвото во регионот и заокружување на локалните прописи за поддршка на стартап компании и младите претприемачи. На средбата беше потенцирана сегашната фаза на соработка на индустријата и академските и н с т и т у ц и и во регионот, потенцијалот за развој во областа на ИКТ и другите сектори, во насока на создавање простор за градење на капацитетите преку применети истражувања, со цел да се придонесе за развој на регионот. Помошта на активните чинители и зајакнување на соработката помеѓу академските институции и индустријата можат да бидат комплексни, преку финансиска поддршка на иновации и трансфер на технологија, креирање адекватни прописи, лобирање, вклучување на инвеститори, маркетинг, градење на капацитети, дисеминација итн. Лазо Ангелевски


БИЗНИС ИНФО

16

петок, 10 март 2017, Бр. 298

ЕДУКАЦИЈА

ОДРЖАН ЕДНОДНЕВНИОТ СЕМИНАР ЗА ПОСТАПКИТЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ХЕМИКАЛИИТЕ Во организација на Здружението на хемиската индустрија и Центарот за едукација при Стопанската комора на Македонија, на 7 март 2017 година, во Комората се одржа еднодневен семинар на тема: Регистрација на хемикалиите. Семинарот го отвори претседателот на Здружението на хемиската индустрија Зоран Костовски, кој во името на Стопанската комора на Македонија ги поздрави присутните - околу 50 учесници, изразувајќи го задоволството од нивниот голем интерес за следења на темата хемикалии. На денешниот едукативен настан, наменет за сите вклучени во процесот на производство и промет на хемикалии, како и други заинтересирани лица кои сакаат да ги прошираат своите знаења, се образложи законската регулатива во Република Македонија, постапките и потребната документација за увоз на суровини наменети за производство на домашен готов производ, регистрација на готови производи наменети за пазарот во Македонија, како и регистрација на домашен готов производ наменет за домашниот пазар и за извоз. Предавачот на денешниот семинар, д-р Татјана Петрушевска, раководител на сектор во Министерството за здравство, одржа презнетација во која ги опфати: - Законската регулатива за регистрација на хемикалии: o Услови кои треба да бидат исполнети за регистрација и увоз на хемикалии; o Услови кои треба да бидат исполнети за регистрација и увоз на опасни хемикалии; - Подготовка на досие за регистрација на хеммикалии во Република Македонија: o Хемикалии кои доаѓаат од Европската унија ; o Хемикалии на домашни производители; o Хемикалии кои доаѓаат од трети земји. На семинарот земаа учество и претставници на индустриите коишто користат хемикалии во своите производни процеси, кои иста така подлежат на постапки за нивна регистрација, исто како и хемикалиите кои се ставаат во промет. На семинарот, покрај другото, стана збор и за висината на надоместоците за постапките кои се водат согласно Законот за хемикалии, при што беше оценето дека е потребно таа да се преиспита во смисла на нејзино намалување. Во рамките на Здружението на хемиската индустрија ќе се покрене иницијатива за измена на Правилникот кој ги регулира овие надоместоци. Зорица Мешкова


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

17

Регионална комора со седиште во Прилеп

ПРОМОЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА „РОЈТЕМ“ ОД ПРИЛЕП На 7.3.2017 година во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп остварена е работна посета на компанијата „Ројтем“ од Прилеп, со цел да ја промовираме нивната компанија и нивните производи, со посебен нагласок на нивниот бренд - производ „Elitte kaffe”. Компанијата „Ројтем“ ДООЕЛ започна со работа во 1991 година со дејност трговија на прехранбени производи и стоки за широка потрошувачка. Во 1992 година започна со преработка и пакување на кафе со капацитет од 60 килограми на час во деловен објект од 200 метри квадратни, кога и започна самостојно да се занимава и со директен увоз на кафе од Бразил и од Индија. Во 1999 година компанијата „Ројтем“ стартува со пакување на мелено кафе во лименка под брендот „Clasik caffe“, a во 2002 година инвестира во нова опрема за пржење, мелење и пакување на различни грамажи кафе. Таа година го лансира и познатиот брен „Elitte caffe”. Трендот на воведување нови производи продолжува во периодот од 2003 до 2007 година кога ги лансира брендовите „Vip“ и „Rival caffe“, како и сладоледот во прав во пакување од 100 грама со три вкусови: ванила, чоколадо и јагода. Денес компанијата под брендот „Elitte“ на пазарот ги пласира производите: Elitte De Luxe caffe, Elitte црвено caffe, Elitte зелено caffe, Elitte exclusive caffe), Vip caffe, Rival caffe, Elitte Cappuccino, Elitte детско капучино, потоа кафето 3 во 1, какао, топло чоколадо и Elitte caffe Espresso. Со тек на времето и постигнатите резултати компанијата „Ројтем“ реализира поголеми инвестициони вложувања во изградба на нов деловен објект од 1800 метри квадратни, во кој имаат инсталирано најсовремена опрема и технологија за производство на кафе со капацитет од 250 тони/месечно. Компанијата ги има имплементирано HACCP стандардите и е опшествено одговорна компанија, учествуваќи на голем број донаторски и хуманитарни конференции кои ги организира деловната асоцијација, истовремено изразуваќи желба да стане активна членка во Стопанската комора на Македонија. Ристо Најдоски


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 10 март 2017, Бр. 298

Регионални комори со седиште во Кавадарци и во Штип

ЗАЕДНИЧКИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОТТИК НА РЕГИОНАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ

Регионалните комори со седиште во Кавадарци и во Штип при Стопанската комора на Македонија, на 3.3.2017 година, организираа заедничка деловна средба на компании од двата региона, која се одржа во Кавадарци во деловните простории на ,,Кожувчанка’’. Свои воведни обраќања имаа Митко Јанчев и Наум Барзов, претседатели на управните одбори на регионалните комори со седиште во Кавадарци и во Штип. На средбата активно учество земаа околу дваесетина компании од двата региона. На присутните им се обратија и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, претставничката од Општина Штип, Нада Наџинска, како и Љупка Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија. Деловната средба беше во функција на зголемување и интензивирање на соработката, како и воспоставување директни контакти и средби меѓу бизнисмените, со значајна поддршка на локалната самоуправа. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадрци, Митко Јанчев, ја потенцираше можноста за воспоставување на деловна соработка и за интензивирање на веќе воспоставената деловна соработка по одржувањето на вакви средби на компаниите од различни региони. Притоа, Јанчевски нагласи дека е потребно почесто одржување на вакви средби со што ќе се споделат и прашања кои се битни за развој на соодветните региони


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

19

Регионални комори со седиште во Кавадарци и во Штип и заеднички да се делува за надминување на проблемите што се однесуваат на деловното опкружување. Поддршката од локалната самоуправа е значајна во целиот процес и токму со неа може да се очекува развој на локалната економија. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип, Наум Барзов подвлече дека бизнисот од овие два региона ќе се раздвижи со самото меѓусебно запознавање на деловните луѓе од двата региона и дека се надева на воспоставување на конкретна деловна соработка меѓу компаниите од двата региона. Барзов истакна дека Штип е град со најмал број на невработени, трговски град кој ја развива индустријата, но се грижи за зачувување на околината (еколошка индустрија). Барзов истакна дека во добра економска клима и општествената одговорност е на повисоко ниво. Љупка Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, гo истакна значeњето на деловните средби за компаниите, значењето на инфраструктурното поврзување на регионите, а исто така ги информираше присутните компании и за иницијативата која се презема преку Коморскиот инвестициски форум за дигиталното поврзување на коморите од регионот за поддршка на компаниите од Западен Балкан за деловно поврзување. Присутните деловни луѓе ги презентираа своите дејности. Во оваа прилика застапени беа компании од областа на кожарската, текстилната и прехранбената индустрија, градежништвото, металургијата, земјоделието и трговијата. Бизнисмените разменија искуства и мислења за мерки кои се потребни да се преземат за подобрување на климата за инвестирања, а го посочија и проблемот со недостатокот на квалификувана работна сила според потребите на стопанството. Исто така, деловната средба беше искористена како директна можност за воспоставување меѓусебна соработка. Тања Мицева Моника Стоичева


20

БИЗНИС ИНФО

петок, 10 март 2017, Бр. 298

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

OДРЖАНО ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА: „МОЌТА НА ПОЗИТИВНОТО НЕ“ Секојдневно се соочуваме со ситуации кога сакаме да кажеме НЕ – кон нашите најблиски, нашите колеги, претпоставени или подредени, како и кон нашите бизнис партнери. Во бизнис јазикот користењето на зборот НЕ е начин како да ги заштитиме нашите интереси и позициите на нашата компанија, зачувувајќи го себепочитувањето, а притоа не нарушувајќи го односот со клиентите и бизнис партнерите. Тајната како да се каже НЕ, без да се нарушат односите со другите, лежи во уметноста на ПОЗИТИВНОТО НЕ, а токму таквата техника како дел од емоционалната интелигенција беше презентирана во Клубот на менаџери – претприемачи во рамките на едукативниот настан одржан на 3 март 2017 година на тема: „Моќта на позитивното НЕ“, во соработка со м-р Катерина Наумовска Ристовска, сертифициран тренер по емоционална писменост. Пред присутните беше презентирано дека НЕ изговорено од нашите верувања и сигурност има поголемо значење од ДА изговорено од желба да се излезе во пресрет


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

21

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

или уште полошо да се избегне неволја. Исто така, г-ѓа Наумовска Ристовска потенцираше дека за многумина зборот НЕ е најтежок за да се изговори, но кога знаеме како правилно да го користиме, ќе можеме да го создадеме она што го сакаме, да го заштитиме она што ни е важно и да го промениме она што не функционира. Едукативните настани при Клубот на менаџери – претприемачи кои се одржуваат во релаксирачка, но продуктивна работна атмосфера имаат за цел да го развијат претприемништвото. Преку остварување нови контакти и размена на идеи се поттикнуваат менаџерите практично да ги применуваат техниките од „меките“ вештини што им овозможува личен и професионален развој, како и унапредување на организациската култура во компаниите. А токму во таа насока се и активностите на Стопанската комора на Македонија, како најстара форма на коморско организирање во Република Македонија, која со својата логистика, поврзаност и контакти со домашни и странски институции преку Клубот на менаџери – претприемачи даде јасен сигнал дека Комората е партнер и на малите и средни компании и дека нивниот успех и раст е вреднуван и дава особен придонес во развој на македонското стопанство. Михајло Донев


22

БИЗНИС ИНФО

петок, 10 март 2017, Бр. 298

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

На 9.3.2017 година во Центарот за вработување во Штип, Стопанската комора на Македонија одржа уште еден од серијата бесплатни семинари на тема: „Утврдување и наплата на локалните даноци, такси и други надоместоци согласно Законот за даноците на имот“. На семинарот присуствуваше Валентина Цветковска, советник во Стопанска комора на Македонија, која пред присутните ги презентираше услугите што ги нуди Комората, и која истакна дека стоиме на располагање на компаниите, бидејќи ваквите семинари се од голема важност и истите се организираат на барање на компаниите. Пред голем број претставници од општините и од приватниот сектор беше презентирано утврдувањето и наплатата на локалните даноци, такси и други надоместоци согласно Законот за даноците на имот. Предавачи на семинарот беа Ивана Каранфилска и м-р Александар Георгиевски


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

23

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

од Секторот за финансиски прашања при град Скопје. Посебен осврт имаа на администрирањето на данок на промет на недвижности, како и на наследство и подарок. Исто така, детално беше презентирано за фискалните приходи како основен извор на приходи во единиците за локална самоуправа и локалните даноци. Од посебен интерес за присутните беше утврдувањето и наплата на локалните даноци, особено присилната наплата на даноците и таксите, односно постапката за спроведување на истата. По презентирањето на практични примери за присилна наплата, од страна на присутните се разви пообемна дискусија. Моника Стоичева


БИЗНИС ИНФО

24

петок, 10 март 2017, Бр. 298

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15.3.2017 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Еднодневен семинар: ОБВРСКИ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ ПРИ ВРШЕЊЕТО НА ГЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА И ИЗВЕДУВАЊЕТО НА РУДАРСКИТЕ РАБОТИ ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И НАДЗОР ПРИ ИСТРАЖУВАЊЕТО И ЕКСПЛОАТАЦИЈАTA НА МИНЕРАЛНИТЕ СУРОВИНИ

Со цел запознавање на компаниите (концесионери) со обврските при вршењето на геолошките

истражувања и изведување на рударсктие работи за експлоатација на минерални суровини и надзор при истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини, Стопанската комора на Македонија, на 15 март 2017 година, организира еднодневен семинар за оваа тема. Семинарот ќе им помогне на имателите на концесија како правилно да постапуваат согласно обврските кои произлегуваат од Законот за минерални суровини. Целна група се вработени во друштва кои се учесници во постапка за добивање концесија за детални геолошки истражувања/експлоатација, тековни концесионери, баратели на дозвола за експоатација и други правни и физички лица заинтересирани во областа на минералните суровини. Покрај излагањето на предавачите, семинарот предвидува активно учество со поставување прашања и споделување искуства од страна на учесниците. Предавач:

- д-р Eјуп Љатифи, раководител на Секторот за минерални суровини во Министерството за

економија;

- м-р Александра Митреска, советник во Секторот за минерални суровини во Министерството

за економија.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

AD WORDS – АЛАТКА ЗА НАПРЕДНО ПРЕБАРУВАЊЕ И ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

16.3.2017 година (четврток) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Сите сме свесни дека за успешното работење денес е неопходна присутност на компанијата на интернет. Интернетот донесе многу новини и ги намали трошоците на работењето на повеќе начини: -можете да имате своја продавница на интернет и на тој начин да ги намалите трошоците за закуп на локал и режиските трошоци; -можете да ги пласирате своите производи без трошоци за одење на терен: во друг град, регион, земја или континент; -да го рекламирате својот производ по драстично пониски цени во однос на off-line рекламирањето (билборди, радио, ТВ, весници); -можност за следење на Вашите потрошени пари; -можете да го менувате текот на рекламната кампања и сл. За време на семинарот секој учесник ќе има свој налог и ќе работи на рекламните кампањи за својата компанија. Со цел кампањите на Ad Words - платформата да бидат продуктивни, неопходно е добро да се постават и постојано да се следат и ажурираат за да се постигнат најдобри резултати. Преку Google Ad Words - платформата, огласите се поставуваат на: -Search; -Display; -Mobile; -Gmail; -YouTube. Обуката е наменета за: сопственици и менаџери на компании, вработени во маркетинг секторот, вработени и поединци кои сакаат да ги унапредат своите вештини и знаење во областа. Предуслови за учество на семинарот се: -поседување на Gmail - налог; -веб-страна која сакате да ја огласувате; -административен пристап на Google аналитиката на сајтот кој се огласува; -картичка за интернет-плаќање.

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

петок, 10 март 2017, Бр. 298

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

16 март 2017 година, во Месе Франкфурт, СР Германија

Меѓународни деловни средби „ISH 2017 Brokerage Event “- (енергетски сектор, животна средина и вода)

Стопанската комора на Македонија преку ЕЕН Мрежата во соработка со Европската мрежа

на претприемачи од Хесен, СР Германија, ве покануваат да учествувате на меѓународните деловни средби на настанот „ISH 2017 Brokerage Event“- Саем и деловни средби за дизајн на иновативни бањи, енергетско ефикасно греење, технологии за греење, еколошка климатизација, ладење и вентилација и обновливи извори на енергија на 16 март 2017 година, во Франкфурт на Мајна, СР Германија.

Хесен е една од шеснаесетте сојузни покраини во Германија, која има површина од 21.110 км2

и околу шест милиони жители. Главен град на Хесен е Висбаден, додека негов економски центар е Франкфурт на Мајна.

На овој настан главен акцент ќе се даде на најновите случувања во енергетскиот сектор,

животната средина и водата, со најновите технолошки и иновативни достигнувања, со цел да се најдат партнери за бизнис соработка во индустријата, дистрибутери, продавачи на големо, трговци на мало, како и други компании кои се во потрага по потенцијални партнери за да обезбедат развој на бизнисот во следните сектори:

• дизајн на бањи и санитарии;

• нови технологии за греење, климатизација, ладење и вентилација и инсталации;

• изградба и енергетски технологии;

• ефикасни системи и обновливи енергии.

„ISH“ е водечки светски саем за дизајн на иновативни бањи, енергетско ефикасно греење,

технологии за греење, еколошка климатизација, ладење и вентилација и обновливи извори на енергија, што ги опфаќа сите аспекти на идни решенија на зградите во хоризонтална и вертикална основа.

Учеството на меѓународните деловни средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на

товар на компаниите и на учесниците.

Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се

регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/ish2017 најдоцна до 13.3.2017 година.


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

14. МЕДИТЕРАНСКИ САЕМ ЗА ЗДРАВА ХРАНА И ЛЕКОВИТИ БИЛКИ

16-19 март 2017 година Хотел „Тирена“, Бабин Кук Дубровник, Р. Хрватска

Стопанската комора на Република Македонија, во соработка со „Дубровник Сан“ ве поканува на 14. Медитерански саем за здрава храна, лековити билки и зелени култури, што ќе се одржи во периодот од 16-19 март 2017 година, во хотел „Тирена“, Бабин Кук – Дубровник, Р. Хрватска. 14. Медитерански саем за здрава храна, лековити билки и зелени култури е една од позначајните саемски манифестации во Република Хрватска од областа на екологијата, традиционалното земјоделство и останатите земјоделски произвиди. Минатата година на Саемот учествувале 200 излагачи, а Саемот го посетиле преку 20.000 посетители. Оваа година саемската манифестација е ориентирана кон проширување на асортиманот на нови еколошки производи (хибриди, електрични возила, еко-мебел и гардероба), организирање денови на медот, како и подигање на квалитетот на еколошките и традиционално одгледуваните производи. Како и претходните, така и оваа година во рамките на саемската манифестација ќе бидат организирани и низа едукативни тркалезни маси и работилници, предавања и презентации со атрактивни културно-забавни гастроносмки содржини. Со цел да се развие и да се продлабочи контактот и да се отворат нови можности за соработка помеѓу хрватските компании и компаниите од светот, овогодинешниот 14. Медитерански саем за здрава храна, лековити билки и зелени култури има за цел на едно место да ги собере сите: • производители на житни култури, зачини и масла; • чај, кафе и опрема; • млеко и млечни производи; • замрзната и конзервирана храна; • свежи земјоделски производи и опрема; • лаборатории за испитување на храна; • производители на вино и алкохолни пијалаци; • производители на мед; • претставници на кондиторската индустрија и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 7.3.2016 година (вторник).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091 е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

петок, 10 март 2017, Бр. 298

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21.03.2017 година (вторник) 10:30-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема:

„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.

Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот

циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари.

По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје, од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата. Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 10 март 2017, Бр. 298

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата

2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

петок, 10 март 2017, Бр. 298

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

„Global Business & Markets“

Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува

да воспоставите контакти со нови деловни партнери

Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.

Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за

поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.

На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна

соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:

www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на

www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 10 март 2017, Бр. 298

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

31


32

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 10 март 2017, Бр. 298

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.