Бизнис ИНФО, број 352

Page 1

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

Број 352 345

БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

Quality Management

1

FS 549642

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 11.05.2018

ОФИЦИЈАЛИЗИРАНА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ЧЕТИРИТЕ СТОПАНСКИ КОМОРИ И ВЛАДАТА НА РМ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

3

РАБОТНА СРЕДБА

РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРКАТА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ, ЗОРИЦА АПОСТОЛСКА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА НА РМ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ На 7 мај 2018 година, во Стопанската комора на Македонија, се одржа работен состанок и презентација на мерките на Владата на РМ за финансиска поддршка на инвестиции. На работната средба учествуваа Н.Е. Карло Ромео, амбасадор на Р. Италија во Македонија, Зорица Апостолска, министерка без ресор задолжена за странски инвестиции во Владата на Р. Македонија и господин Александар Младеновски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Пред присутните претставници од италијански компании присутни на македонскиот пазар, беа презентирани најновите владини мерки за финансиска поддршка на странските инвестиции.

Работната средба се одржа на иницијатива на Амбасадата на Р. Италија во Македонија и „Конфиндустрија – Македонија“, Здружение на италијански компании во Република Македонија. Во своето поздравно обраќање пред присутните, Н.Е. Карло Ромео, амбасадор на Р. Италија во Македонија, истакна дека во последните неколку години поради политичката криза во Македонија бројот на италијански инвестиции


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

РАБОТНА СРЕДБА беше намален, но ги охрабрува странските инвеститори да продолжат понатаму со инвестирање во Технолошките индустриски развојни зони и да ги искористат поволностите коишто ги нуди Владата на Република Македонија. Тој истакна дека странските инвестиции се важен фактор за раст на економијата и за намалување на невработеноста на Република Македонија. Во последните години, поради зголемениот број странски инвестиции во Македонија, извозот е значително зголемен, отворени се 23.000 нови работни места, а технологијата и знаењето се на повисоко ниво. На настанот, госпоѓа Зорица Апостолска, министерка без ресор задолжена за странски инвестиции во Владата на Р. Македонија, ги запозна присутните со условите и можностите за користење на мерките на Владата на РМ за финансиска поддршка на инвестиции. Според министерката, околу 8 илјади компании би можеле да ги користат новите мерки на Владата на РМ. Таа најави дека интензивно се преговара со странски компании за инвестирање во Република Македонија и се надева дека новите мерки ќе придонесат за уште поголем број на инвестиции.

На настанот свое обраќање имаше и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Александар Младеновски. Тој одржа кратка презентација за активните на индустриските развојни зони во Македонија. Исто така, тој напомена дека во моментот има 8 активни зони низ целата држава и ги претстави поволностите за инвестирање во технолошките индустриски развојни зони.


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕСРАБОТНА КОНФЕРЕНЦИЈА СРЕДБА

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија во периодот јануари - февруари 2018 година изнесува 104,72 милиони САД долари, со раст од 38,5% споредено со анализираниот период од минатата година. Извозот изнесува 32,75 милиони САД долари, при што претставува раст од 37,5%, додека пак увозното салдо изнесува 71,97 милиони САД долари, со раст од 39,1% споредено со јануари февруари 2017 година. Остварен е дефицит од 39,22 милиони САД долари кој во однос на јануари - февруари 2017 година е зголемен за 40,42%. Италија е шести најголем трговски партнер на Р. Македонија во периодот јануари - февруари 2018 година. м-р Ивана Крстевска


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ

УСЛОВИТЕ И НАЧИНОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ НАМЕНЕТИ ЗА МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РАМКИТЕ НА ТРЕТИОТ СТОЛБ ОД ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД КОМПАНИИТЕ На 8.5.2018 година во присуство на претставниците од бизнис секторот, Стопанската комора на Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој одржа инфо сесија за отворениот јавен повик за поднесување на предлог проекти за

финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за мерките од третиот столб од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија. В.д. извршниот директор на Стопанската комора на Македонија Билјана Пеева-Ѓуриќ, посочи дека целта на денешната информативна сесија е презентирање и промовирање на поволностите кои компаниите може да ги искористат преку првиот Јавен повик објавен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, а кои се предвидени во рамките на третиот столб од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија. В.д. извршниот директор во своето поздравно обраќање им порача на компаниите максимално да ги искористат можностите и средствата предвидени со овој повик и ги покани на денешната информативна сесија да се информираат за сите прашања коишто

се од важност за подготвувањето на предлог-проектните апликации.


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, пред присутните стопанственици ги презентираше условите и начините за аплицирање за добивање финансиски средства, кофинансирани грантови и тоа: - кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („газели“); - кофинансирани грантови за микро претпријатија; - кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста и - кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица. Основните критериуми кои компанијата треба да ги исполнува за да аплицира во рамките на повикот, како што објасни Деспотовски, се да станува збор за трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија, кое претставува микро, мало или средно претпријатие против кое не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација, да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси, против него да не се започнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања, како и да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош. Покрај наведените основни критериуми, за да биде подобна компанијата за добивање кофинансиран грант за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („газели“) треба да станува збор за компанија која има најмногу 250 вработени и да има остварено годишен приход од најмалку 3.000.000,00 денари. Износот на финансиска поддршка која се обезбедува преку овој инструмент е до 30% од инвестицискиот проект, но не повеќе од 10.000.000 денари по апликант.


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

ИНВЕСТИЦИИ МЕЃУНАРОДНА ИНФО СЕСИЈА КОНФЕРЕНЦИЈА

За да биде подобен апликантот за добивање кофинансиран грант за микро претпријатија, покрај исполнувањето на основните критериуми, потребно е да станува збор за микро компанија која има од 5 до 10 вработени и годишен приход до 3.000.000,00 денари. Финансиската поддршка преку инструментот за поддршка - кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („газели“) или кофинансирани грантови за микро претпријатија се обезбедува за инвестициски активности поврзани со прифаќање и спроведување на европските технички прописи во однос на безбедноста на производите, активности за анализа, подготовка, стекнување и заштита на права од индустриска и интелектуална сопственост, подготовка и спроведување на активности за подобрување на енергетската ефикасност, изработка на елаборати за заштитата на животната средина, подготовка и воспоставување системи за управување со отпадот, воведување информациони системи, подготовка на развојни проекти за деловно поврзување и воспоставување деловна соработка (во период од 3 до 5 години) со странски инвеститори и домашни претпријатија. Подобни трошоци за финансирање преку овој инструмент за поддршка се трошоци поврзани со изнајмување или изградба на опрема и хали, софтвер, алатки од информатичка технологија, трошоци поврзани со подготовка и реализација на обуки, договорни услуги за истражување и развој и други трошоци поврзани со реализацијата на проектот. Преку кофинансираните грантови за подобрување на иновативноста, за коишто Деспотовски посочи дека постои најголем интерес кај компаниите, се обезбедува


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

9

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС финансирање до 70% од вкупниот буџет на инвестицискиот проект, но не повеќе од 20.000.000,00 денари по апликант, при што е потребно апликантот да биде со доминантно македонска сопственичка структура (од 50,1% или повеќе). Инвестициските активности за коишто аплицира компанијата потребно е да се однесуваат на разработка на техничко-технолошките аспекти во развој и воведување нови производи или услуги, изработка на нови модни колекции, изработка на индустриски дизајн или редизајнирање на производите, изработка на нова амбалажа, изработка на маркетинг планови и подобрување на постојните или воведување нови производни процеси. Подобни трошоци за финансирање преку овој инструмент се трошоците за набавка и изнајмување опрема и потрошни материјали за истражување и развој, ангажирање консултанти, иновациски и финансиски менаџмент, бизнис развој, маркетинг, заштита на интелектуална сопственост, подготовка и поднесување пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн, маркетинг и канцелариска и деловна поддршка во максимален износ од 10% од вкупниот буџет на проектот.

Преку кофинансираните грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица до 29 години се обезбедува финансирање до 30% од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 1.000.000,00 денари по апликант.


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

ИНВЕСТИЦИИ ИНФО СЕСИЈА Финансиската поддршка преку овој грант обезбедува инвестициски активности поврзани со стручна обука и пракса за нововработено младо лице кај апликантот (вклучително и Fast Track Management Programme) и стручна обука и пракса за нововработеното младо лице кај организатор. Подобни трошоци за финансирање преку овој инструмент се трошоците поврзани со подготовка и реализација на план за зајакнување на стручни и технички вештини, трошоци за аплицирање, котизација и други надоместоци за стручно усовршување и/или пракса и други директни трошоци поврзани со организација или учество во програма за стручно усовршување или пракса преку овој инструмент. Во своето излагање Деспотовски посочи дека во насока на јакнење на транспарентноста, евалуацијата на проектните апликации ќе ја вршат надворешни стручни лица за евалуација на предлог-проектите. Предлог-проектот најнапред ќе подлежи на административна проверка од страна на Комисијата за административна проверка сочинета од лица вработени во Фондот, додека процесот на евалуација ќе се состои од две фази: фаза на предселекција и фаза на селекција. Конечната оцена на проектот ќе ја врши Комитет кој треба да ги земе предвид мислењата на стручните лица во фазата на предселекција, при што доколку Комитетот донесе одлука која е спротивна на евалуацијата и стручното мислење подготвено во фазата на предселекција за тоа треба да го извести апликантот, со цел компанијата да може да ја комплетира и да ја подобри својата проектна апликација и да аплицира во некој од следните објавени повици. Повикот за поднесување предлог-проекти за финансиска поддршка беше објавен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој на 28.4.2018 година, откако Владата на РМ ги донесе подзаконските акти со кои се допрецизираат критериумите и постапките според кои ќе се доделува финансиската поддршка за иновации и технолошки развој и истиот ќе биде активен до 11.6.2018 година. Вкупниот буџет за првиот повик изнесува 185.000.000,00 денари, додека вкупниот буџет за 2018 година за финансирање проекти на малите и средни претпријатија изнесува 645.000.000,00 денари. м-р Нена Николовска


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

ПОСЕТА

ај те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

11

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ар Н

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ СОРАБОТКА

ОФИЦИЈАЛИЗИРАНА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ЧЕТИРИТЕ СТОПАНСКИ КОМОРИ И ВЛАДАТА НА РМ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, како претставници на бизнис заедницата, потпишаа Меморандум за формално воспоставување на јавно приватен дијалог со Владата на Република Македонија. (9.5.2018 година).

Меморандумот за соработка претставува голем чекор во процесот на градење стабилна и плодна соработка помеѓу бизнис заедницата и Владата на Република Македонија, како и зајакнување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор, особено во делот на легислативата. -Јавно приватниот дијалог овозможува структуриран пристап, со учество и инклузивност на главните засегнати страни во креирањето на политиките во насока на реформи на владеењето и реформи на амбиентот за создавање стимулативно деловно опкружување, истакна претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. Како Влада која промовира демократско и отворено владеење, сметаме дека само


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

13

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА СОРАБОТКА ДЕЛОВНА СРЕДБА само енергичен придонес на приватниот сектор во меѓусебниот дијалог, со учество во креирањето политики, заложба кон подобрување на квалитетот на претставувањето на бизнисот и усогласеност со демократските институции, можат да бидат предуслов за добро владеење и одржливи реформски измени, - изјави Заев.

Директорот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалес, посочи дека е зголемен дијалогот меѓу Владата на РМ и приватниот сектор во последните месеци, дефинирајќи го Меморандумот како форма на договор помеѓу Владата на Република Македонија и четирите стопански комори кои ја претставуваат бизнис заедницата. Коморите, поаѓајќи од заедничките интереси во застапување на компаниите, заедно со Владата на Република Македонија ќе ги градат политиките што го засегаат секој сектор во стопанството, особено микро, малите и средните претпријатија, изјави Гонзалес и додаде дека заедничкиот дијалог и градење на консензус е вистинскиот прв чекор кој се очекува да даде позитивни резултати кои ќе ги олеснат регулаторните оптоварувања со кои се соочуваат компаниите и ќе го поттикне растот на приватниот сектор во Република Македонија. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ја поздрави иницијативата за потпишување на Меморандумот за соработка на коморите со Владата


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ СОРАБОТКА и ги сподели искуствата на Австрија, според кои треба да се водат засегнатите страни со цел функционирање на јавно приватниот дијалог. -Парламентот во Австрија, како што посочи Азески, не прифаќа закон доколку не е запазена процедурата на транспарентност и не е добиено мислење од Комората на Австрија, кога станува збор за законски решенија кои ја засегаат бизнис заедницата.

Поради тоа, треба да се следи примерот на Комората на Австрија, која е партнер на сите 4 комори во Македонија, а која е дел од Меѓуминистерската група / тело за консултации по одредени закони, каде членови се и синдикатите, а воедно е и советодавно тело на Владата на Австрија кога се носат економски реформи/закони/ стратегии, а консултациите се одвиваат од самиот почеток на нивната подготовка. -За да се одвива јавно приватниот дијалог, треба да се почитува Деловникот за работа на Владата, според кој доколку не е спроведен процес на консултации со засегнати страни, потребно е да се врати предложениот закон до надлежното министерство. Ова се однесува и на законите кои се носат по скратена постапка, - подвлече Азески. Според Азески, причините зошто не функционира јавно приватниот дијалог во РМ е дека законите се` уште се носат во поголем број, ад хок, без да се предвидат во годишниот план на Владата. Азески се осврна и на функционирањето на ЕНЕР системот кој, според него, треба да биде проширен и на подзаконските акти, како и на потребата да бидат определени роковите за одговор или повратно мислење од страна на институциите зошто е, или не е прифатено одредено мислење или забелешка.


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

15

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА СОРАБОТКА ДЕЛОВНА СРЕДБА

На крајот, претседателот на Стопанската комора на Македонија, упати апел и до Собранието на РМ, дека согласно Деловникот за работа на Собранието, неопходно е почесто организирање јавни расправи на надлежните работни тела во Парламентот, кога станува збор за законски решенија каде засегната страна е деловната заедница. Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се спроведува од страна на „Епи Центар Интернационал“ во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанската комoра на Северозападна Македонија и МАСИТ. м-р Ирена Мојсовска Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ ГРУПАЦИЈА

МЕЛНИЧАРИТЕ БАРААТ РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЖЕТВАТА Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, по Одлуката на Владата на РМ за враќање на стариот Правилник за маркички за увозно брашно и по одржаниот состанок, на којшто беше разгледана истата, заклучи да побара итна средба со претставници од сите релевантни институции, со цел решавање на долгогодишните проблеми пред почеток на овогодинешната жетва.

Како резултат на погрешните политики кон мелничарството од страна на претходните влади, овој сектор постепено се уништува, а со тоа последици трпат и индивидуалните производители на пченица, беше истакнато на денешната пресконференција на Групацијата, во Комората. По неколкуте дописи и укажувања до надлежните институции, дојде до измена на четирите правилници, со што се чинеше дека работите конечно ќе се стават во ред. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансто даде ветување дека ќе ги заштити мелничарството и земјоделците.


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

17

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА Со оглед на тоа што овој сектор опфаќа 30.000-40.000 луѓе, мелничарите сметаат дека не требаше да се попушти на притисоците од српската страна. Статистичките податоци укажуваат на зголемен увоз на брашно од соседството, наместо истиот да се намали. Целта на измената на правилниците и воведувањето на маркички не беше да се стопира увозот на брашно, туку да се стави ред на домашниот пазар, сметаат мелничарите. Се поставува прашањето како да се продолжи понатаму со оглед на најавите од страна на ресорното Министерство дека целосно ќе се укинуваат маркичките и ќе се увезува храна без контрола (поради заемно прифаќање на фито-анализите). Поддршка на ваквите барања и иницијативи дадоа и индивидуалните производители кои земаа учество во работата на новоформираното здружение. Последните години пченицата е со лош квалитет, а проблемот ќе мора итно да се решава пред да започне жетвата. Решение мора да се најде во најкраток можен рок, бидејќи Србија годинава има рекордни приноси на пченица, цената на брашното во моментот е 12,5 ден/кг и се очекува цена на лебното жито од 6-7 ден/кг. Македонија беше лидер во мелничарството пред десетина години, но поради лошите политички одлуки дојде до пад на приносите, квалитетот, цената и сл. Потребно е да се преиспитаат и субвенциите кои се даваат на производителите, прашањето со семенскиот материјал, пестицидите и сл., но и да се размислува за склучување договори помеѓу мелничарите и производителите за гарантиран откуп. Субвенциите се прераспределуваат на погрешен начин, а кога ќе „легнат“ парите на сметка кај производителите, тие само отплаќаат долгови. Србија и понатаму при извоз од РМ пратките ги става под царински надзор, поради што е потребно да се возврати и тоа со контрола од страна на фитосанитарен инспектор на македонската граница. Искуството на мелничарите е дека кога и да се договори нешто со институциите, на крајот договореното не се исполнува. Пченицата и брашното треба да се во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансто, брашното и законски да се третира како земјоделски производ и истото да се субвенционира. Земјоделците немаат добра семенска пченица, па затоа немаат сметка и да сеат, додека домашните мелничари се принудени се` помалку да мелат и наместо тоа, увезуваат брашно. Државата треба да се изјасни дали и` е потребно производство на пченица и како истото да се субвенционира. Васко Ристовски


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА - ПРЕТПРИЕМАЧИ КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ

Одржано предавање на тема: „ПРЕТВОРИ ГО ВНАТРЕШНИОТ КРИТИЦИЗАМ ВО ВНАТРЕШЕН ТРЕНЕР“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Една од главните активности на Клубот на менаџери - претприемачи, покрај организирање едукативни настани кои ќе ги задоволат потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, е вмрежувањето во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти. Следејќи ја својата Годишна програма за 2018 година и со цел обезбедување сe` поголеми предности и бенефиции за

своите членови, на 10.5.2018 година, беше реализирано предавањето на тема: „Претвори го внатрешниот критицизам во внатрешен тренер“, во соработка со предавачот Катерина Ангеловска, која е прв сертифициран тренер на Балканот за принципи за успех по методот на Џек Канфилд (Jack Canfield). Катерина Ангеловска е тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор на книгата „333 афирмации“.

Програмата „Успех без граници“, по која ја препознаваме Катерина Ангеловска, е базирана според принципите за успех по методот на Џек Канфилд. Оваа програма е фокусирана на професионален и одржлив развој.


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

19

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ ДЕЛОВНА СРЕДБА Претвори го внатрешниот критицизам во внатрешен тренер е една од алатките која во голема мера го забрзува процесот за постигнување успех. Една од најмоќните вежби да можеме да го претвориме нашиот внатрешен критичар во внатрешен тренер, е да ни ја кажува целосната вистина. Најчесто критиките и осудите кои си ги даваме на себеси се мотивирани од љубов. Дел од нас се труди да не` мотивира, останатиот дел од нас да направи нешто добро за нас. Исто како нашите родители, така и нашиот критичар има најдобри намери кога не` критикува. Сака да направиме нешто подобро, бидејќи сака да добиеме бенефит од тоа подобро однесување. Проблемот е што тој критичар ни кажува само дел од вистината. Со претворање на внатрешниот критичар во внатрешен тренер, ние сме во можност да престанеме да се чувствуваме како неуспешни и да започнеме со активности кои ќе направат нашиот сон да стане реалност.

Личниот развој ни овозможува да ја освестиме личната природа и нашите огромни потенцијали кои ги носиме во себе. Во која мера некој ќе владее со своите способности е од суштинска важност за да разбереме зошто една личност во животот има напредок, додека некоја друга личност со ист степен на интелект го нема. Емоционалниот талент е способност со кој се одредува колкав е успехот од користењето на квалитетите кои ги имаме.


20

БИЗНИС ИНФО

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА - ПРЕТПРИЕМАЧИ КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ Преку својата презентација Катерина Ангеловска на многу интересен и сликовит начин успеа на сите присутни да им го приближи патот до претворање на внатрешниот критицизам во внатрешен тренер, преку следење на четирите чекори: лутина, страв, барање и љубов. Членовите на Клубот на менаџери - претприемачи, покрај учеството на едукативниот настан кој е креиран да ги задоволи потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, учествуваа и во меѓусебно вмрежување, во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти.

Валентина Цветковска


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

21

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НАСТАН ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА

ОТВОРЕН ХОТЕЛ „MERCURE“ ВО ТЕТОВО, ПОД ФРАНШИЗА НА ФРАНЦУСКИОТ БРЕНД, СОПСТВЕНОСТ НА ФРАНЦУСКАТА ГРУПАЦИЈА „ACCOR“ Првиот хотел брендиран под името на меѓународниот синџир на хотели „Mercure“ е отворен во Тетово. Хотелот е отворен во рамките на неодамна изградениот комплекс „РЕМ Центар“ во центарот на градот, со пет ѕвезди, располага со 101 соби и апартмани, а во објектот има ресторан, бар, конференциска сала, свечена сала и велнес центар. Сопственикот на„Ренова“, Шефки Идризи, кој воедно е и претседател на Регионалната комора со седиште во Тетово при Стопанската комора на Македонија, пред присутните владини претставници, бизнисмени, хотелиери, гости, истакна дека хотелот кој ја има највисоката категоризација на хотелски објект во Македонија, претставува значителна додадена вредност за градот Тетово. После долго време градот, но и полошкиот регион во целост, добиваат угостителски објект кој особено ќе биде од важност за деловниот амбиент на тој дел од државата, со достапност на конференциски сали за одржување разни видови бизнис настани, можност за престој во исклучително модерни и со високи стандардни услови, но и потенцијал за развој на туризмот во Тетово и околината.


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ НАСТАН На отворањето на хотелот „Mercure“, присуствуваше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со своите соработници, а со свое присуство почетокот со работа на „Mercure“ во Тетово го одбележаа и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, министри, истакнати бизнисмени, претставници на хотелскиот и угостителскиот бизнис во Македонија. Тетовскиот хотел „Mercure“ како дел од меѓународниот бренд „Mercure“, во чии рамки на крајот од минатата година се наоѓале 747 хотели низ 55 земји од целиот свет, е во сопственост на француската групација „Accor“, којашто веќе неколку години е присутна на македонскиот пазар преку хотелот „Ibis“ во Скопје.

Даниела Михајловска Василевска


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

23

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗДРУЖЕНИЈА ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА КОЛЕКТИВНИТЕ ПОСТАПУВАЧИ СО ОТПАД И НА ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ФУНКЦИЈА НА УСПЕШНО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ И ПОСТИГНУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ЦЕЛИ Постои голем потенцијал за соработка на колективните постапувачи со посебните текови на отпад и на јавните комунални претпријатија во насока на унапредување на процесот на управување со отпад, а со крајна цел - што е можно поголеми количини од отпадот да завршат на рециклирање, беше истакнато на денешната работилница, што во организација на Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад и на Здружението на комуналните дејности се одржа во Стопанската комора на Македонија.

Присуството на сите лиценцирани колективни постапувачи со отпад од пакување, од батерии и акумулатори и од електрична и електронска опрема, како и на 15-ина претставници на јавните комунални претпријатија на работилницата на тема: „Интензивирање на соработката на колективните постапувачи со отпад и на јавните комунални претпријатија во функција на успешно управување со отпадот и постигнување на националните цели“, го покажа интересот на субјектите инволвирани


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА ЗДРУЖЕНИЈА во процесот на управување со отпад за нивна активна партиципација и запознавање со можноста за реализација на заеднички активности со цел на најдобар начин да се искористат придобивките од соработката. На почетокот, претставниците на јавните комунални претпријатија накусо ги изнесоа информациите и податоците за нивните расположиви капацитети, за количините на отпад што ги собираат на годишно ниво, ставот кон неформалните собирачи на отпад, како и за нивната инволвираност во регионалните планови за управување со отпад. Од изнесеното, евидентно е дека со исклучок на неколку, речиси сите јавни комунални претпријатија се соочуваат со идентични проблеми, како што се недоволната инфраструктура и истрошениот возен парк. Овие две прашања, како и немањето доволно јавна свест кај населението се основните причини за нискиот степен на примарна и секундарна селекција на отпадот. Претседателот на Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад, д-р Филип Ивановски, најнапред ги запозна присутните со членките на Асоцијацијата - субјектите за колективно постапување со отпад од пакување, со електричен и електронски отпад и со отпад од батерии и акумулатори, а до крајот на годината се очекува кон Асоцијацијата да се приклучат и колективните постапувачи со отпад од автомобилски гуми, од отпадни масла и отпад од текстил. Натаму, тој ги изнесе податоците дека од вкупните количини на отпад на ниво на РМ кои се над 700.000 тони/годишно, посебните текови на отпад генерираат годишно над 100.000 тони отпад од пакување, над 15.000 тони електричен и електронски отпад, 70 тони отпад од мали батерии и 3.500 тони отпад од акумулатори. Но посебно индикативен е податокот дека од вкупно потенцијалните компании создавачи на отпад од посебните текови само 4,6% се дел од колективните системи, што значи дека најмалку 5.000 компании не ги почитуваат законите за посебните текови на отпад.


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

25

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗДРУЖЕНИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА Трите основни активности на секој колективен постапувач се: инвестирање во комунална инфраструктура (контејнери, садови за селекција, возила, линии за селекција), собирање и транспорт на селектираниот отпад и подигање на јавната свест за селекција и рециклирање на отпадот. Понатаму, во своето излагање, Ивановски ги посочи предизвици кои треба да се решаваат и тоа: решавање на проблемот со неформални собирачи кои ја оштетуваат инфраструктурата за селекција; вклучување на инспекциските служби во намалување на т.н. „фрирајдери“ - компании кои генерираат отпад од посебни текови, а не плаќаат никаде; наплаќање од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање ретроактивно, за 6 години наназад, на компаниите кои не плаќале никаде за отпад од посебни текови и инвестирање на тие средства во нова инфраструктура (тоа се околу 5 милиони евра годишно); поголем притисок на општините и нивните јавни комунални претпријатија во делот на селекција на отпадот и подигање на јавната свест како да се стимулираат граѓаните и компаниите кои не го селектираат отпадот, односно како истите да се санкционираат во случај на неселектирање отпад. Посебно внимание треба да се посвети на решавање на прашањето со неформалните собирачи на отпад. На крајот на работилницата, претседателот на Асоцијацијата Филип Ивановски ги лоцираше трите основни натамошни заеднички активности за зголемување на комуналната инфраструктура (контејнери, возила, преси и сл.), подобро собирање и транспорт на селектираниот отпад и кампањи за подигање на јавната свест кај населението за потребата од селектирање на отпадот. Крајната заедничка цел е, заклучи тој, да се направи селектирањето на отпадот да стане навика и секојдневие на населението. Зорица Мешкова


26

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

27


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

12-15 јуни 2018 година, Хановер, Германија

МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ИНФОРМАТИЧКОКОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ “CEBIT”

Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија информира дека на Саемот за телекомуникаци, информатичкокомуникациски и интернет услуги “CeBIT”, во Хановер, Германија, ќе се одржат бизнис средби „Future Match 2018“ од 12-15 јуни 2018 година. Во рамките на Саемот ,,CeBIT’’ ќе се организираат: изложба, конференција и фестивал, што опфаќа дигитализација на бизнисот, администрацијата и општеството. Паралелно со изложбата, во организација на Европската мрежа на претпријатија, ќе се случуваат и бизнис разговори „CeBIT 2018“. Повеќе информации на: https://futurematch2018.b2match.io/ Зошто да учествувате на деловните средби? -Запознајте се со најновите информации за ИКТ-трендовите и иновациите. -Промовирајте ги вашите производи, технологија и знаење. -Најдете решенија за вашите ИТ-проблеми. -Најдете нови партнери. -Најдете нови клиенти и креирајте нови партнерства со деловните партнери. -Разговарајте за нови идеи за проекти.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

Бизнис средби „AgroB2B@NSFair” 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

ГЛАВНИ ТЕМИ: * Прехранбени производи и пијалаци и трговци; * Машини за земјоделство и опрема; * Хемиски производи за земјоделство; * Пакување; * Обновлива енергија; * Обработка и опрема за стаклена градина; * Применета наука и истражување; * Иновативни технологии во земјоделството. РОКОВИ * 10 мај 2018 година: Онлајн регистрација (внесете го вашиот профил за соработка). * 10 мај 2018 година: Изберете интересни профили и закажете ги вашите деловни состаноци. * 16 мај 2018 година: Брокерски настан „AgroB2B @ NSFair”.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

Бизнис средби „AgroB2B@NSFair” 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

ЗОШТО ДА СЕ УЧЕСТВУВА? Меѓународните бизнис средби обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите да најдат меѓународни партнери. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Состаноците ќе се одржат на одредено место и точно време. Секој учесник ја добива својата лична листа најмалку еден ден пред настанот. Учеството во „AgroB2B @ NSFair“ е бесплатно и учесниците само треба да добијат со билет за да влезат на Саемот. Повеќе информации на: http://agrob2b2018.talkb2b.net/ РОКОВИ * 10 мај 2018 година: Онлајн регистрација (внесете го вашиот профил за соработка). * 10 мај 2018 година: Изберете интересни профили и закажете ги вашите деловни состаноци. * 16 мај 2018 година: Брокерски настан „AgroB2B @ NSFair”.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: lazo@mchamber.mk


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18.5.2018 година (петок) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Еднодневен тренинг: ДЕН ЗА МЕНЕ - АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ

За кого е наменет тренингот? Тренингот е приспособен за претставници на бизнис заедницата од линиски, среден и врвен менаџмент кои сакаат да развијат вештини и техники применливи во секојдневниот живот со цел превенција на негативните ефекти од стресот. Тренингот се базира на употреба на научно базирани стрес менаџмент стратегии кои на посетителите ќе им овозможат да ги применуваат техниките на работното место и во секојдневието, да го идентификуваат оптималното ниво на стрес, а когнитивно бихејвиоралниот модел ќе им овозможи полесно самопознавање и справување со стресните ситуации. Предавач: - д-р Вера Јовановска Типко, психијатар и когнитив бихејвиор психотерапевт. Нејзиното долгогодишно професионално искуство се темели на научно базиран третман, истражување и едукација за подобрување на психичкото здравје и личната благосостојба. Во тек на професионалната кариера ја изработува програмата за здрава компанија - стратегија за долготраен корпоративен успех која вклучува обуки за стрес менаџмент, mindfulness, комуникациски обуки со асертивен тренинг, емотивна интелигенција, конфликт менаџмент, вештини за јавен говор и преговарачки вештини.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29 мај – 4 јуни 2018 година Сицилија, Италија

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА НА БЗР ВО Р.МАКЕДОНИЈА)

Целта на работилницата: Целта на работилницата е унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на БЗР, воедно анализирајќи ги проблемите со кои се соочуваат работниците и работодавачите, анализирајќи ги и следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за БЗР, согледувања и правилна примена на ЕУ директивите, како и постапувања според Законот за безбедност и здравје при работа во согласност со Законот за работни односи, со цел да се развие модул за подобрување на здрава и безбедна работна средина, а со тоа и да се намали и ризикот за поврeда на работно место. *(Плаќањето на котизацијата е по добиена про-фактура од страна на Стопанската комора на Македонија на Вашата електронска пошта). *Поради ограничен број на места крајниот рок за пријавување е до 4 мај 2018 година. * Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата, најдоцна до 4 мај 2018 година. Пријавувањето за работилницата после овој рок ќе зависи од распoложливите капацитети на хотелот. Сигурна реализација е со пријавени минимум 15 учесници.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30 мај – 1 јуни 2018 година Белград, Р. Србија

Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Стопанската комора на Македонија во соработка со„Business France“ и Амбасадата на Република Франција во Македонија, ве покануваат да земете учество и да бидете дел од претстојниот тридневен Бизнис форум: Франција – Балкан 2018. Бизнис форумот ќе се одржи во периодот од 30 мај до 1 јуни 2018 година, во хотелот „Метропол Палас“ во Белград, Р. Србија. Овогодинешниот Бизнис форум се организира со цел да им помогне на компаниите од Балканот да најдат потенцијални партнери од Франција, и тоа од областа на: • агроиндустријата; • инфраструктурата; • енергетиката, со фокус на обновливи извори на енергија; • информатичките технологии и • туризмот. Сите компании заинтересирани за учество на претстојниот Бизнис форум: Франција – Балкан 2018, потребно е да се регистрираат на следниот линк: http://francebalkansforum18.talkb2b.net/members/register , или да го пополнат пријавниот лист во прилог (на англиски јазик) и да го достават до контакт-лицата: м-р Сања Николова, телефон: +389 2 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk и Игор Тасевски, телефон: +389 2 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk , најдоцна до 20 април 2018 година.

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: ++ 389 2 3244066 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: igor@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза

Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од


Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

БИЗНИС ИНФО

35

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 11 Мај 2018, Бр. 352

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.