Бизнис ИНФО, број 335

Page 1

Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

Број 335

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

12.01.2018

Бранко Азески,

претседател на Стопанска комора на Македонија

ДАЛИ НИ Е ПОТРЕБЕН БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ИЛИ НИЕ РЕГИОНАЛНО СОРАБОТУВАМЕ И ГО ДОБИВАМЕ БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС КАКО НАГРАДА?


2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

БИЗНИС ИНФО

3

СТАВ

ДАЛИ НИ Е ПОТРЕБЕН БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ИЛИ НИЕ РЕГИОНАЛНО СОРАБОТУВАМЕ И ГО ДОБИВАМЕ БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС КАКО НАГРАДА? Бранко Азески, претседател Стопанска комора на Македонија Факт е, дека повеќе од 25 години на овие простори не беше сфатена главната порака од ЕУ, дека мора да се соработува регионално. Напротив, државите од Западен Балкан бегаа од таа иницијатива, бидејќи во таквиот вид на соработка ја препознаваа идејата за обновување на поранешна Југославија, иако свесни дека и самата ЕУ е настаната како резултат на принципиелна регионална соработка. Историски гледано, економијата секогаш е таа која прва гради мостови на поврзување меѓу земјите. Ако се погледне деценија наназад, слободно од оваа дистанца, со сигурност може да се истакне дека од 2000 година наваму Западниот Балкан доживува економски трансформации. Несомнено е дека уште многу треба да се направи, особено сега кога сите земји во регионот се насочени


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

СТАВ кон заедничка европска иднина. За ова сведочат и реформите кои се спроведуваат во земјите на Западен Балкан, иако постојат ризици и неизвесности, но сепак има напредок во однос на изминатите години. Сепак, трговските текови покажуваат дека растот на извозот во регионот не е поттикнат од зајакнувањето на внатрешно-регионалната трговија, туку главно поради зголемената побарувачка на клучните пазари на ЕУ (на пример, Италија и Германија). Иако вкупниот износ на извозот на ЦЕФТА регионот се зголеми од 20 милијарди евра во 2011 година на 25 милијарди во 2015 година, обемот на трговијата во регионот едвај се зголемил. Повеќето од земјите во голема мера зависат од пазарот на ЕУ (6070 отсто од нивниот извоз), а ЦЕФТА се наоѓа на второто место со учество од околу 10 отсто. Ваквата статистичка слика доволно говори дека земјите од регионот самостојно сеуште не успеваат да стимулираат поголема трговска соработка. И после 10 години од имплементацијата на ЦЕФТА-договорот, регионот се` уште не е консолидиран и не е постигната целосна хармонизација на пазарот во мера која на подолг рок би гарантирала стабилност и исплатливост на инвестициите кои доаѓаат од надвор. Пред 6 години кога заедно со коморите од регионот организиравме регионална конференција за германските инвестиции како развоен фактор на ЦЕФТА земјите, се обидовме да најдеме предлог решенија како ЦЕФТА-регионот да стане единствена инвестициска дестинација, со посебен осврт и на можностите за инвестирање внатре во самиот регион. Притоа од страна на Унијата на германските трговско-индустриски комори беше укажано дека германските инвеститори сакаат да вложуваат во држави со подобра бизнис-клима во делот на административните процедури и сертифицирањето, без ризични зделки и без корупција. Во сите нивни анкети што ги направиле кај претпријатијата, како најголеми проблеми секогаш биле посочувани административните постапки, сертифицирањето и корупцијата. Кога ова беше посочено не се мислеше само на Македонија, туку на сите земји во регионот. Не треба да се занемари и фактот дека станува збор за различни култури и различни деловни етики. Но, нашите компании и покрај децениската примена на ЦЕФТА, работат на регионален пазар во кој немаме меѓусебно признавање на сертификатите и други документи кои гарантираат квалитет и технички стандарди, прописите не се усогласени, цените на администрирање на увозот и извозот се различни и високи, царинските процедури се неповрзани. За сите овие прашања ние како комори во регионот сме имале свои укажувања и истите сме ги презентирале во рамки на официјалните активности и настани пред ЦЕФТА структурите.


Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

БИЗНИС ИНФО

5

СТАВ Перспективите за унапредување на соработката Во повеќегодишниот акционен план за регионална економска област е предложена структурирана агенда за регионална економска интеграција, промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање на агенда за дигитална интеграција. Очекувањата се дека со овие активности ќе се овозможи непречен проток на стоки, услуги, капитал и висококвалификувана работна сила, со што регионот ќе стане поатрактивен за инвестиции и трговија, ќе се услови процесот на забрзување на патот кон ЕУ и просперитет на сите граѓани, создавајќи еднакви услови за сите во регионот. На економско ниво, приоритет се дава на транспортната и енергетската инфраструктура, развој на малите и средни претпријатија и поттикнување на инвестициите. Спроведувањето на сеопфатната агенда изнесена во планот ќе бара силно партнерство меѓу властите во ЗБ, приватниот сектор, меѓународните организации и донаторите активни во обезбедување на поддршка и Европската унија. Притоа многу е значајна посветеноста во партнерскиот однос со приватниот сектор во регионот за да се осигура дека активностите кои се спроведуваат имаат целосна поддршка на бизнисот во регионот, односно дека половина милион компании кои работат во земјите од Западен Балкан имаат подобра средина во кои тие ќе може да растат, да инвестираат, вработуваат и да го користат Регионалниот економски простор како основен пат до надворешните пазари. Во таа насока за следниот период активностите на деловните асоцијации ќе бидат насочени кон: • обезбедување на слободното движење на стоки / услуги во целиот регион со цел намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на стоките и услугите на глобалниот пазар. Во таа насока потребно е сите царински постапки да бидат јавно достапни на веб-страниците на царинските испостави низ целиот регион и со тоа да бидат транспарентни, достапни и предвидливи. Да се постигне унифицирање на сите царински декларации, процедури (исто така овозможувајќи целосна кумулација на потекло и враќање на давачките) и стандардизација на сите инспекции, вклучувајќи санитарни, фитосанитарни, ветеринарни и др., на регионално ниво во согласност со стандардите на ЕУ, така што секоја земја ќе ги признае истите гранични декларации, документација за одреден тип на производи од сертифицирани лаборатории, агенции, итн. Дизајнирање и имплементација на регионален ИТ систем за поврзување на сите царини во регионот за поддршка на хармонизирана и


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

СТАВ усогласена регионална царинска документација и постапки за инспекција со цел да резултира со минимално време на чекање на границите. Неопходно е елиминирање на сите нетарифни бариери во целиот регион како и либерализација на трговијата со услуги, особено во областа на финансиите, осигурувањето, транспортот (на пример, дозволи за патниот транспорт), туризмот; либерализација на електронската трговија, либерализација во прекуграничен пренос на податоци итн. • слободно движење на луѓето од регионот да патуваат, работат и студираат во рамките на регионот без дополнителна документација и премногу административни процедури. Ова би му овозможило на заедничкиот пазар на труд до одредена мера да ги реши проблемите со невработеноста во регионот (високи стапки на невработеност во ЗБ со тоа што најниската е 15% во Србија и Албанија, а највисоката е 32.5% во Косово) и да се направи чекор кон спречување на одлив на мозоци од регионот (сите земји во регионот имаат ниска стапка на задржување на талентите во земјата) и би отворило повеќе можности во регионот. За да се постигне оваа цел потребно е да се овозможи склучување мултилатерални договори за социјално осигурување и пензиски фондови кои ќе бидат признаени во одредени сектори, отстранување на пречките за мобилност на студентите, научниците и академиците во регионот за да се овозможи пренос на знаење, укинување на барањето виза за туристите кои го посетуваат регионот како и изготвување на регионална стратегија за хармонизација на образовниот систем со предвидените потреби на пазарот на трудот. • повик за заедничка стратегија за дигитална трансформација која ќе придонесе за економски раст, создавање на работни места и подобра конкурентност и деловен просперитет на регионот и ќе доведе до обемни промени во традиционалните индустрии (автомобилска индустрија, електронска индустрија). • повик за заедничка регионална енергетска стратегија особено во областа на производството на електрична енергија/трговијата со електрична енергија што може да го направи регионот поодржлив, а со тоа и енергијата ќе биде пообезбедена со оглед на тоа дека ќе се потпира на сопствени ресурси. • заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање со здружување на фондовите и напорите во презентирањето на инвестицискиот потенцијал на регионот, како и неговата креативност, храна и традиционална кујна, туристички атракции со акцент на потребите на бизнисот. При тоа ќе се развива интернет платформа за на инвеститорите да им се презентираат потенцијалите на регионот.


Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

БИЗНИС ИНФО

7

СТАВ Како стопанските комори можат да го дадат потребниот импулс за поголема конкурентност и поголем економски раст на регионот? Бизнис асоцијациите можат може да направат за подобрување на овие состојби. Во моментов единствената Коморска регионална платформа која има за цел унапредување на деловниот амбиент во регионот и активно вклучување на бизнис-заедницата во Берлинскиот процес, со цел зголемување на просперитетот на регионот преку одржлив раст, е Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој го основаше Стопанската комора на Македонија заедно со Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово. Со имплементацијата на заклучоците од Берлинскиот процес, преку јакнењето на регионалната соработка, на 27 август 2015 година, во Виена, за време на одржувањето на Виенскиот самит, потпишана е Спогодба за формирање Коморски инвестициски форум, со што се потенцираше намерата за активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес. На Коморскиот инвестициски форум се гледа како на инструмент кој може да ја поттикне економската соработка и да биде кохезионен фактор на политичкото функционирање на Западен Балкан. Постои јасно дефиниран акционен план и добро организирана структура, којашто може до крај да оди во исполнување на целите, за што се формирани и работни групи кои својот акцент го ставаат на транспортната, енергетската и комуналната инфраструктура, унапредување на деловната и инвестициската клима и развој на приватниот сектор. Целта на Коморите здружени во КИФ е зголемување на конкурентноста на малите и средните претпријатија, создавање на поволна претприемачка клима, намалување на невработеноста, создавање на зона на економска стабилност, како и намалување на стапката на иселување на младите. Потребно е да се интензивира дијалогот меѓу членовите на КИФ, ЕУ и меѓународните организации, со цел да се покаже новата моќ на коморите во регионот. Формирањето на КИФ е почеток на нова ера во соработката во регионот, којшто има за цел да изгради цврсти темели за идна соработка во наредните 10 години. Заедничките активности на коморите се заокружија во Трст со отворање на канцеларија на постојан Секретаријат на КИФ, кој ќе биде главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжена за реализација на заеднички проекти, кои ќе станат дел од повеќе годишниот план за создавање регионална економска област на Западен Балкан. Овие проекти е планирано да условат подигнување на нивото на инвестиции,


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

СТАВ конкурентност, слободно движење на работната сила. Регионалната интеграција на трговијата на Западен Балкан е нејзиниот придонес кон политичката стабилност и раст на регионот, пред се`, во поглед на европската перспектива на регионот, нејзиниот придонес кон европската политичка стабилност и безбедност и просперитет, што е всушност еден од приоритетите во општата политика на ЕУ. Јасно е дека основен клуч за успехот на регионот е чувството за самостојно владеење со процесите – и сознанието дека истите ги водат самите земји-потписнички на ЦЕФТА. Како позитивен пример за успешна регионална соработка, поддржана од приватниот и јавниот сектор истовремено, би ја споменал брзата реакција на коморите од Србија, БиХ и Македонија, во однос на барањето за итно повлекување на Правилникот за инспекциски надзор и контрола за усогласеност на овошјето и зеленчукот со пазарните стандарди, кој во јули оваа година беше донесен од страна на Република Хрватска, а со кој трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот кои се увезуваат на хрватскиот пазар од трети земји (односно земји кои не се членки на ЕУ, што ги опфаќа и земјите од Западен Балкан) повеќекратно се зголемија. Паралелно со барањето на коморите до надлежните директорати во Европската Комисија, реагираа и ресорните министерства на Република Македонија, Република Србија и Босна и Херцеговина, со што преку изградениот заеднички став и реакција, се постигна повлекување на предметниот правилник. Факт е дека во изминатиот период, а посебно од почетокот на работата на Коморскиот инвестициски форум покренати се голем број на иницијативи, проекти со кои ќе се подобри бизнис климата. Особено, се мисли на изградбата на дигитална платформа на коморите, која ќе го обедини сите информации и услуги од коморите, потоа интернационализација на КИФ со чија помош малите и средни претпријатија полесно ќе зачекорат на странските пазари. Не помалку значаен е проектот за дуално образование, со кој во земјите на КИФ би се разрешил проблемот на неусогласеност меѓу образовниот систем и пазарот на трудот. Покренати се иницијативи за унапредување на соработката по дејности, особено во металната и електроиндустријата, како и во градежништвото, со формирање на конзорциуми и други облици на здружување, со цел заеднички настап на пазарите во Западен Балкан, како и на трети пазари. Сето ова укажува дека постои интерес и желба за развој на регионалната соработка преку решавање на клучните регионални предизвици, а самиот факт дека на повеќе полиња се преземаат заeднички активности, потврдува дека довербата е присутна.


bsi.

Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

те ај ач ар Н

БИЗНИС ИНФО

9

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


10

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

11


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

25.01.2018 година (четврток) 9:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

Стопанската комора на Македонија во изминатите 4 години во континуитет организираше семинари за совладување на техниките и методите на ‘Risk management’, a согласно барањата во законската регулатива на Република Македонија, (Закон за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“, бр. 188/2013); Законот за заштита и спасување („Службен весник на РМ“, бр. 93/1212) и Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на РМ“, бр. 53 од 11.04.2013) и други). Нашето анализирање на бизнис секторот покажува дека компаниите во Република Македонија се соочуваат со поедини тешкотии при дизајнирање на сопствен, рационален и ефективен - одржлив систем за управување со ризикот како дел од компанискиот менаџмент систем и интегриран сегмент во системот за управување со квалитет. Предавач: д-р Зоран Доревски консултант за безбедност.

Краен рок за пријавување: 22 јануари 2018 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

БИЗНИС ИНФО

13

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

25-27 јануари 2018 година Солун, Грција

Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

Стопанската комора на Македонија од 25-27 јануари 2018 година , Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози) кое ќе се одржи во во Солун, Грција. Согласно Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15), од јануари 2018 година истите задолжителното - 100% ќе се спроведуваат по електронски пат. На советувањето ќе се разгледаат најчести грешки и проблеми кои настануваат при спроведување на јавните набавки и тоа од подготовка на годишниот план за јавни набавки до објавување на склучените договори, електронските постапки и на што треба да се ВНИМАВА, што е исклучително важно за сите лица инволвирани во јавните набавки. Котизација за советувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ). Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 10% попуст на котизацијата; - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Солун - Скопје (тргнување на 25 јануари 2018 година, во 6:00 часот и враќање на 27 јануари 2018 година во вечерните часови); - 2 ноќевања на база ноќевање со доручек во хотел сo 4 * во Солун; - свечена вечера во традиционален грчки ресторан, таверна „Лададика“; користење конференциска сала; - кафе и освежување за време на паузите на советувањето; - панорамски разглед на Солун: Белата кула, Гаелерисовата арка, црквата Свети Димитрија; - посета на шопинг центарот „Медитеран Космос“ и на „Икеа“. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21.12.2017 година (четврток) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

Стопанската комора на Македонија, на 21 декември 2017 година, организира еднодневен семинар на тема: „Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ, причини и услови за отказ; основи за престанување на важноста и за прекин на договорот за вработување; мирување на правата и обврските од договорот за вработување; плаќање на работата, надоместоци на плата; работно време, скратено работно време, распределба на работното време, прекувремена работа, работа во смени, ноќна работа”. Во рамките на семинарот опфатени се сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предмената проблематика. Предавачи: М-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II Скопје Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II Скопје Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

25-27 јануари 2018 година Солун, Грција

Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

Стопанската комора на Македонија од 25-27 јануари 2018 година , Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози) кое ќе се одржи во во Солун, Грција. Согласно Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15), од јануари 2018 година истите задолжителното - 100% ќе се спроведуваат по електронски пат. На советувањето ќе се разгледаат најчести грешки и проблеми кои настануваат при спроведување на јавните набавки и тоа од подготовка на годишниот план за јавни набавки до објавување на склучените договори, електронските постапки и на што треба да се ВНИМАВА, што е исклучително важно за сите лица инволвирани во јавните набавки. Котизација за советувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ). Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 10% попуст на котизацијата; - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Солун - Скопје (тргнување на 25 јануари 2018 година, во 6:00 часот и враќање на 27 јануари 2018 година во вечерните часови); - 2 ноќевања на база ноќевање со доручек во хотел сo 4 * во Солун; - свечена вечера во традиционален грчки ресторан, таверна „Лададика“; користење конференциска сала; - кафе и освежување за време на паузите на советувањето; - панорамски разглед на Солун: Белата кула, Гаелерисовата арка, црквата Свети Димитрија; - посета на шопинг центарот „Медитеран Космос“ и на „Икеа“. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

8 јануари 2018 - 26 јануари 2018 година.

БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018”

Enterprise Europe Network, Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ве информираат дека Стопанската комора на Србија, во соработка со ЕУ Делегацијата во Република Србија, го организира Бизнис настанот, на 31.01.2018 година, под покровителство на Европскиот парламент. ГЛАВНИ ТЕМИ - Аграр; - Дигитализација; - Индустрија 4.0; - Бизнис услуги. ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ? Настанот ќе претставува единствена можност за претпријатијата, со цел: - испитување на бизнис можностите за инвестирање; - испитување на пазарот во Србија и неговите клучни играчи; - воспоставување прекугранични контакти со локални компании; - реализирање состаноци со потенцијални деловни партнери. Учеството е бесплатно. За конференцијата ќе биде обезбеден превод. Регистрација: 11 декември 2017 година - 26 јануари 2018 година, на http://eu-serbia.talkb2b.net/ Селекција на состаноци: 8 јануари 2018 - 26 јануари 2018 година. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 1-2 февруари 2018 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

Стопанската комора на Македонија на 1-2 февруари 2018 година организира акредитирана дводневна тренинг-обука за интерни проверувачи под PECB (Professional Evaluation and Certification Board) www.pecb.com акредитација, што ќе ја спроведува акредитиран PECB-партнер „TQM KONSALTING“ на тема: „ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007“. На оваа тренинг-обука учесниците имаат можност да полагаат тест со што ќе се стекнат со сертификат којшто ќе им овозможи да се стекнат со CPD (Continuing Professional Development) бодови неопходни за аплицирање за водечки аудитор за систем менаџмент (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001…). Целта на обуката е учесниците да стекнат потребни вештини и знаења за самостојно вршење на интерна проверка во рамките на своите компании. Притоа, обуката ќе им овозможи доволно ниво на самостојност и ефикасност при спроведувањето на проверки на квалитетот на услугите и производите, во насока на зголемување на вкупната ефикасност на работењето на компанијата како и задоволување на побарувачката на пазарот. Под поимот „проверка на квалитет“ се подразбира процес на усогласување на низа мерки и нивно спроведување, како би се постигнале одредени цели во рамките на организацијата. Предавач: - Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042035

Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134

Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги. UA00000041975

Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095

Украина Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар. UA00000041963

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно

Украина Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово


Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

БИЗНИС ИНФО

19

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000041950 Украина Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно. UA00000041951 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947

Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000037834

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1432

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939

Кина Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041923

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


20

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 12 јануари 2018, Бр. 335

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.