Бизнис ИНФО, број 391

Page 1

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

345 Број 391

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 12.4.2019

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и’ врачи Плакета на деканот на Универзитет од Љубљана, проф. Метка Текавчич, за меѓусебна успешна соработка и препознавање на Комората како нивен долгогодишен партнер во земјата

“БИЗНИС ОТВОРЕН ДЕН 2019“ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЉУБЉАНА


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

3

ce

llent SM

E

ПОВИСОК КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ НА ЗЕМЈАТА ЗА ПОДОБАР БОНИTЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИЗВОЗНИЦИ ПРЕД СТРАНСКИТЕ ПАРТНЕРИ

Ex

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Small & Medium Enterprises

Стопанската комора на Македонија соработува со светски познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE – Хрватска, со цел поддршка на развојот и заштитата на компаниите и нивното деловно работење. Во насока на промовирање на малите и средни компании, обезбедување добри бизнис пракси и зголемување на пазарната транспарентност, Стопанската комора на Македонија, за своите компании - членки го започна проектот Excellent SME MACEDONIA, во април 2013 година и континуирано бројот на Excellent SME сертификати расте, односно бројот на успешни компании од година во година се зголемува, беше истакнато на пресконференцијата на Комората (8.4.2019 година). Стопанската комора на Македонија, за последните 6 години од 2013 година наваму издаде над 800 excellent-sme извeштаи за успешни компании. COFACE –Хрватска беше избрана за соработка бидејќи е кредитна и бонитетна куќа која е присутна директно или преку мрежа


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

COFACE - Хрватска е бонитетна куќа која анализата на бонитетите на компаниите ги вреднува со оценка од 1 до 10, a успешните компании или Excellent - SME компании кои можат да го користат сертификатот се оценуваат со оцена од 6 до 10. Во Македонија, во изготвувањето на бонитетниот извештај за секоја компанија влегува и ризикот на земјата, кој до сега учествуваше со околу 25 % во оценката што ја добиваа компаниите. Така што, најголемата оцена во минатите години што ја добила некоја македонска компанија е 8 (осум).

llent SM e c

E

од партнери во 100 земји, давајќи поддршка на клиентите преку осигурување на нивните купувачи во 200 земји од светот. Во својата база имаат податоци за околу 80 милиони компании, со 540 милијарди евра на осигурени побарувања во 2018 година.

Ex

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Small & Medium Enterprises

При детерминирање на кредитниот рејтинг на една држава, предвид се земаат неколку важни фактори: • националниот приход по глава на жител; • растот на бруто домашниот производ (БДП); • стапката на инфлација; • фискалната рамнотежа; • јавниот долг и • економскиот развој. Кредитниот ризик на Република Северна Македонија во февруари 2019 година, според Coface е оценет со Б (B), со тенденција за стабилност до крајот на 2019 година, a бизнис климата со А4. Ова е напредок за разлика од претходните години кога државата беше оценета со ознака Ц (C) за ризик на земјата и Ц (C) за бизнис климата во земјата. При изготвувањето на анализата на кредитниот рејтинг на земјата наведени се предностите: • интеграција во германскиот синџир на производство (40% од вкупниот извоз); • близината до централно-европските фабрики; • конкурентност на платите; • поддршка од меѓународни донатори; • високи нивоа на дознаки од работници во странство; • денар кој е врзан за еврото.


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Ако направиме паралела со другите држави во регионот, ќе дојдеме до следните покaзатели за кредитниот рејтинг: Србија и Црна Гора имаат ист кредитен рејтинг како Северна Македонија, Б (B) за ризик на земјата и А4 за состојбата на бизнис климата. Со подобар рејтинг е Словенија каде ризикот на земјата е А3 и состојбата во бизнис климата е оценета со А2, Бугарија со А3 и А4, Хрватска која има рејтинг А4 (ризик на земјата) и А3 (бизнис климата) и Грција која има ист ризик на земјата со Северна Македонија Б (B), но состојбата на бизнис климата е оцената со А3. Послаб рејтинг бележат Босна и Херцеговина (ризик на земјата оценет со ознака Ц (C), а бизнис климата е со Б (B) и Албанија со ризик на земјата Ц (C) и бизнис климата е Ц (C). Бонитетниот извештај и сертификатот Excellent SME MACEDONIA обезбедува вредни информации кои им помагаат на компаниите во проценка на потенцијалните деловни партнери и категоризација на купувачите врз основа на нивната кредитна и платежна историја. Специфичност на услугата Бонитетен извештај во тоа што: • дава пристап до интернет-бази на податоци кои што опфаќаат над 12 милиони компании од Централна и Источна Европа; • извештајот дава избор помеѓу моменталното пронаоѓање на претходно обработени онлајн извештаи или нарачка на најсвежи информации; • годишна ревизија од 4,2 милиони комплетни финансиски извештаи (350 милиони индивидуални финансиски извештаи); • информации за несолвентност поврзани со повеќе од 570.000 компании од Централна и Источна Европа; • извештаи кои вклучуваат кредитен рејтинг, информации за плаќања и максимално препорачани кредитни лимити. Зголемениот кредитен рејтинг ќе им помогне на клиентите и бизнис-партнерите да го намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори. Поголемата оцена во бонитетниот извештај ќе овозможи поголем кредибилитет во очите на клиентите и бизниспартнерите помал бизнис-ризик, поголема доверба, полесно, побрзо и помалку ризично донесување бизнис одлуки. Затоа ги повикуваме успешните компании да го верификуваат својот бонитет, односно да се стекнат со сертификатот, Excellent SME МACEDONIA, а преку него до полесен пристап на странските пазари. Валентина Цветковска


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ОТВОРЕН ДЕН

БИЗНИС ОТВОРЕН ДЕН 2019 НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ - ЉУБЉАНА

Државниот Универзитет на Република Словенија, Економски факултет - Љубљана, ги презентираше програмите за магистерски студии ИБА (Интернационална бизнис академија) и тековните активности на Факултетот, којшто континуирано е високо рангиран меѓу најдобрите бизнис-школи на светско ниво. „Економскиот факултет во Љубљана претставува пример на овие простори како треба економијата и бизнисот да бидат поставени во корелација и меѓусебно да соработуваат“, посочи претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на денешната презентација во Комората. Фокусот на своето излагање го стави на тема „Европската унија - една држава, приказна со 5 ѕвезди“. Така, како што истакна Азески, ја гледа ЕУ кон чие членство се стреми и нашата земја, што заедно со моделот на регионално поврзување треба да ја придвижи на економски план, но и регионот во целина, во насока на постигнување економски раст и развој како земјите - членки на Европската унија во регионот. „Потенцијалот со којшто располага Унијата претставува најголем предизвик за


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

7

БИЗНИС ОТВОРЕН ДЕН нашата земја“, вели претседателот Азески. Јасно е дека ЕУ е нешто помеѓу федерација и конфедерација, најстар континент кој до 40-тите години бил тло со многу војни, но по овој период доаѓа до поставување на нова стратегија која се базира на економски развој на континентот. Почнувајќи како заедница на производители на јаглен и челик, се’ до денеска кога економското обединување по разни основи е причината за поврзување на земјите од Европа, како единствен пазар за 500 милиони луѓе кои функционираат во различни политички системи. „Тоа, вели Азески, треба да биде порака и за Балканот, дека спојувањето на економски план е рецептот кој треба да го примени овој регион, ставајќи го акцентот на регионалното поврзување.“ „Во таа насока, како исклучително перспективна земја од регионот која направи сериозен исчекор со влезот во Европската унија е Словенија, вели Азески, а Економскиот факултет во Љубљана е на листата на светски признати факултети и бизнис - школи. А токму преку образовниот модел што го нудат програмите за магистерски студии ИБА (Интернационална бизнис академија) и тековните активности на Универзитетот од Љубљана - Школа за економија и бизнис, доскорешен Економски Факултет - Љубљана, граѓаните имаат можност за дообразување во насока на примена на европски модели на учење и пракса, за оние што ќе се запишат на постдипломските студии на Факултетот во Љубљана да бидат мост помеѓу нашата земја и влезот во ЕУ.“ Економскиот факултет - Љубљана од 25.3.2019 година, со Одлука на Парламентот на Р. Словенија, е преименуван во Универзитет од Љубљана - Школа за економија и бизнис.


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ОТВОРЕН ДЕН Факултетот минатата година трет пат ја доби EQUIS акредитацијата (најреномирана акредитација за практична бизнис-академска мастер програма во Европа), носител е и на AACSB акредитацијата (највисока акредитација за практична бизнис-академска мастер програма во САД), ја поседува и акредитацијата AMBA за меѓународни постдипломски студии. Факултетот се вбројува меѓу 50 најдобри факултети и бизнис школи во светот и е рангиран на второ место во Југоисточна Европа и во првите 500 факултети на Шангајската листа. Според „Financial Times“, во 2018 година, е во првите 100 најдобри бизнис - школи на светско ниво. Во рамките на презентирањето на програмите за магистерски студии и тековните активности на Факултетот, свое излагање имаше и д-р Андреја Кодрин, член на

Инвестицискиот комитет на Европскиот фонд за стратешки инвестиции и воедно основач и директор на неколку светски познати иновативни компании. Во излагањето на тема: „Краток преглед на иднината на Европската унија: меѓу мир, глобална конкуренција и инвестиции“, д-р Кодрин посочи дека моќта на Унијата е што на огромен простор со неколку стотици милиони жители обезбедува мир и стабилност, кои се основата за раст и развој на одредена територија, земја континент. Тоа и се случи со Европа, вели Кодрин, по обединувањето во ЕУ-семејството. Денеска Европската унија нуди многу можности за развој преку користење средства од европските фондови за иновации, образование, животна средина, дигитализација, климатски промени. Лидер во Европа при користење на овие можности се Естонија


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

9

БИЗНИС ОТВОРЕН ДЕН и Литванија кои имаат повлечено до 3.000 евра по жител во просек средства од ЕУфондовите. Словенија има искористено 1.100 евра по жител. За таа цел, д-р Кодрин порача дека нашата земја треба да има стратегија како и во која форма ќе успее да ги искористи средствата што и’ стојат на располагање од Европа. Професор Метка Текавчич, декан на Универзитет од Љубљана - Школа за економија и бизнис, се осврна на значењето на Универзитетот со којшто раководи од аспект на креирање кадри со богато знаење применливо во пракса. При тоа, таа посочи дека и овде, но и во Љубљана имаат многу студенти кои ги запишуваат нивните програми, но од лани работат на привлекување на нашите ученици по завршување на студиите да се вратат во земјата и да го дадат својот придонес што го стекнале преку европско знаење. Пред присутните се обрати и Зорица Апостолоска, министер без ресор, задолжена за привлекување странски инвестиции во Владата на Република Северна Македонија, која посочи дека државниот Економскиот факултет од Љубљана, несебично го спроведува билатералниот договор помеѓу двете земји и веќе две децении ги држи отворени своите студиски програма за нашите сограѓани, што им нуди несебична можност своето образование да го оформуваат согласно модерните образовни трендови, да се стекнуваат со нови знаења и know-how, односно да се профилираат согласно барањата кои ги поставуваат глобалните економски трендови. Апостолоска потенцираше дека државниот Економски факултет од Љубљана преку својата достапност за граѓаните на нашата земја станува партнер во градењето на човечките капацитети на економијата и институциите на системот да одговорат на предизвиците кои ги поставуваат модерните економски текови. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и’ врачи Плакета на деканот на Универзитет од Љубљана, проф. Метка Текавчич, за меѓусебна успешна соработка и препознавање на Комората како нивен долгогодишен партнер во земјата. Претседателот Азески е член на Советодавното тело на Универзитетот од Љубљана - Школа за економија и бизнис и, како што рече, навистина е редок пример да се има чест да се биде во друштво на интелектуалци какви што има на Факултетот во Љубљана. На крајот, свои излагања имаа и неколку студенти кои своите успешни образовни приказни успеале да ги преточат во конкретен бизнис во нашата земја. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ФОРУМ

ГОДИШНАTA КОНФЕРЕНЦИЈА НА ФОРУМОТ НА КОРПОРАТИВНИ РЕГИСТРИ – СИЛНА ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВА ДЕЛОВНА КЛИМА Во насока на вмрежување, поттикнување на соработка, дигитализација и полесен пристап до информации за правните субјекти, во периодот од 7-11 април 2019 година, во организација на Централниот регистар на Република Северна Македонија, во Скопје и Охрид се одржува 16. Годишна конференција на Форумот на корпоративни регистри. Пред 160 делегати од над 60 држави, за време на конференцијата ќе бидат разменети искуства за водење бизнис во меѓународни рамки, предизвици при управување со модерните регистри и новите ИТ-технологии од оваа област. Модернизацијата на корпоративните регистри претставува чекор напред од досегашната изолација на регистрите, земајќи ги предвид глобализацијата, брзото и динамично движење на процесите, неминовно е квалитетните официјални информации да го следат темпото на останатите текови. Настанот беше препознаен од страна на Стопанската комора на Македонија како најголема и најбројна бизнис асоцијација, репрезент на над 15.000 членки кои креираат најголем дел од БДП на државата и кои претставуваат глас на бизнис заедницата во земјата. Ваквите настани кои имаат за цел поттикнување на регионална соработка се во согласност со долгорочната заложба на Комората за креирање на деловни односи кои ја унапредуваат положбата на домашните компании преку се’ поголема видливост и присуство на регионалните пазари, кои по својата природа се доста слични на домашниот пазар. Комората ги следи и ги поздравува сите иницијативи за поголемо вклучување на активните чинители во насока на развивање деловни односи и креирање на дополнителна вредност на пазарот. Во рамките на конференцијата беше промовиран и Регионалниот регистарски портал (Business and Financial Data Exchange-BIFIDEX) кој претставува силна поддршка за здравата деловна клима, а воедно и ја промовира нашата земја како поволна дестинација за инвестиции и за поврзување на регионот. Ваквата платформа, како дел од пошироката рамка на Берлинскиот процес за Западен Балкан претставува уште еден инфраструктурен проект кој го поврзува регионот, обезбедувајќи слободен проток на информации и деловни потфати и креирање на заеднички пазар. Михајло Донев


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

11

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ

МОДУЛ: „ОБУКА (COACHING)“ Обуката (Coaching) најдобро функционира со оние личности кои секогаш се стремат да постигнат повеќе. Tаквите поединци но и компании најчесто знаат што сакаат и за нив не постојат проблеми, туку исклучиво предизвици, кои доколку правилно се постават и решат, овозможуваат простор за натамошен напредок. Според тоа, логичен е заклучокот дека истиот е брз и ефикасен начин за постигнување резултати. Клиентот, преку структуриран разговор, помогнат со конкретни алатки и техники, наместо да се концентрира на минати искуства или причини за актуелни состојби, се придвижува кон посакуваната цел. До целта стигнува преку конкретни чекори кои водат до фундаментални промени во став, однесување и навики што ја прави оваа методологија ориентирана кон акција или делување. Токму оваа карактеристика пак го прави обучувачот неодoлив за современите корпоративни култури на успешните компании. Лидерите во ваквите компании нужно ја применуваат оваа техника во секојдневното работење, со цел да ја унапредат комуникација со своите тимови, како и да ја утврдат позицијата на секогаш иновативни и резонантни лидери. Предавачот Љупчо Георгиев на присутните им посочи дека „Обуката (коучингот) има покреативни идеи, модели и однесувања кои водат до успех. Задачата на обучувачот е јасно и непристрасно да претстави што работи и како работи клиентот, со цел заедно да дојдат до нови сознанија кои подоцна клиентот би ги пренел во секојдневниот живот. Развојот е клучен елемент на обуката. Развојот се дефинира како континуиран процес на раст и учење, па во склад со оваа дефиниција целта на обуката можеме да ја дефинираме и како личен и професионален развој на поединецот преку моменталните рамки. Обуката е успешна кога клиентот ќе ја надмине постојната блокада или ќе развие вештина (или способност) која му помага да оствари одредена цел. Основната цел на обуката е да се унапредат резултатите и учинокот на клиентите во најразлични деловни и животни области. Обуката има улога на покренувачка сила која ги ослободува човечките потенцијали за создавање нови и покреативни идеи, модели и однесувањa кои водат кон успех. Бројните едукативни програми и обуки кои се вклучени во Годишната програма ќе им овозможат на менаџерите да го поттикнат сопствениот стручен и професионален развој, но и да обезбедат адекватна и мотивирана работна сила, иновативни производи и конкурентска предност која произлегува од подготвеноста на менаџерот - претприемач да се носи со своите обврски и секојдневно да инвестира во својот тим. Валентина Цветковска


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

КОЈ КОЛКУ РАСТЕ ЕКОНОМСКИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН? М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Македонската економија е една од шесте економии на Западен Балкан, заедно со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Во основа, регионот помалку или повеќе има големи сличности во поглед на минатото, карактеристиките и последиците од екстерните економски влијанија. Во овој контекст, за да видиме каде се наоѓа македонската економија во групата на земји од Западен Балкан, според брзината на својот раст, корисно е да видиме што покажуваат податоците. Тие даваат прилично јасна слика и упатуваат на недвосмислен заклучок. Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, во првата деценија од овој век (2001 година - 2010 година) економскиот раст на нашата земја, мерен преку реалниот раст на бруто домашниот производ, изнесувал во просек 3% годишно. Во истиот период, другите пет земји од регионот, анализирани заедно како група земји, имале просечен економски раст од 4,5%. Тоа значи дека македонската економија во тие десет години имала побавен економски раст од просекот на другите пет земји од нашиот регион за цели 1,5 процентни поени! И не само што сме заостанувале во однос на просекот зад другите земји во регионот, туку сме имале побавен раст од секоја земја поединечно во рамките на регионот. За споредба, во периодот 2001 - 2010 година, кога просечниот раст на македонската економија бил 3% годишно, просечниот економски раст на Албанија бил 5,6%, на Србија 5%, на Косово 4,6%, на Босна и Херцеговина 3,9% и на Црна Гора 3,3%. Трендот на побавен раст на македонската економија во споредба со економиите во нашиот регион продолжува и во втората деценија од овој век, но сега веќе


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

13

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР заостанувањето е значително помало. Така, во периодот 2011-2018 година, петте други земји од нашиот регион имаат како група просечен економски раст од 2,5% годишно. Во истиот период македонската економија оствари просечен раст од 2,2% годишно, или побавен раст за 0,3 процентни поени годишно. Набљудувано по поодделни земји, во периодот 2011-2018 година, побавен просечен раст од нашата земја имаа Србија (1,8%) и БиХ (2%), а побрз раст имаа Албанија (2,5%), Црна Гора (2,7%) и Косово (3,5%). Набљудувано по поодделни години во овој период, во пет од осум анализирани години сме имале побавен раст од просекот на другите пет земји од Западен Балкан, при што заостанувањето се движи во распон од 0,3 до 3,3 процентни поени годишно. Во три години сме имале побрз раст, при што распонот на нашиот побрз раст е од 0,3 до 2,7 процентни поени годишно. Кога ќе земеме сé заедно, во периодот 2001 - 2018 година, македонската економија во просек растела просечно годишно 2,7%. Во истиот тој период, групата на останатите пет земји од Западен Балкан имала просечен годишен економски раст од 3,6%. Значи, просечно годишно растот на македонската економија бил понизок за 0,9 процентни поени! Уште повеќе, не само што сме заостанувале во однос на просекот зад другите пет земји, туку сме имале побавен просечен годишен раст и од секоја од тие пет земји поединечно. Најбавен економски раст на Западен Балкан! Се поставува прашањето: што носи иднината, како ги перципира Меѓународниот монетарен фонд перспективите за раст за оваа и за наредната година? За 2019 година, Меѓународниот монетарен фонд предвидува раст на македонската економија од 3% годишно. Тоа е за 0,5 процентни поени побавно од просекот на растот на другите пет земји од регионот. Поединечно, само за Црна Гора е проектиран понизок раст од нашиот. За 2020 година, проекциите на Меѓународниот монетарен фонд ја следат истата патека. Проекцијата за македонската економија е годишен раст од 3,1%, за другите шест земји од регионот просечен раст од 3,5% годишно и повторно само за Црна Гора проекцијата е пониска од нашата. Се разбира, проекциите на Меѓународниот монетарен фонд не мора да бидат точни, како што се покажа во 2018 година кога последната проекција на ММФ беше 1,9%, а беше остварен раст од 2,7%. Сепак, јасно е дека македонската економија не може да се пофали со брзината на својот раст во изминатите 18 години, но и со проекциите за иднината. На крајот, се поставува и клучното прашање: што може нашава земја и сите економски чинители во неа да преземат во однос на економскиот раст? Крајно време е да го вклучиме алармот!


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ д-р Елена Милевска Штрбевска Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Општествената одговорност на компаниите се развива уште од 18 век, а меѓу првите дефиниции на овој поим е онаа на американскиот економист Хауард Бовен (Howard Bowen): за корпоративната одговорност е определбата на компаниите дека принципот на општествена одговорност треба да биде предмет на стратешко управување, а не некоја странична цел. Тоа во суштина би значело остварување на четири значајни одговорности на секоја компанија: • економска одговорност, како основа на делувањето на секоја компанија, чија цел е создавање профит; • правна одговорност, што се состои во почитување на законската регулатива при работењето; • етичка одговорност, како значаен принцип кој значи да се работи исправно и во согласност со вредностите кои се дел од организациската култура и • филантропска одговорност, која значи активно да се придонесува и за благосостојбата на целокупното општествено опкружување.


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

15

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР Во современи услови, корпоративната општествена одговорност е принцип кој е длабоко вграден во корпоративното управување, како сет на процеси, обичаи, политики и прописи кои го одредуваат начинот на кој се донесуваат одлуките и се следат перформансите во една компанија, на патот кон остварување на поставените цели – компаниски и општествени. Со раздвојувањето на сопственоста од управувањето со капиталот, неминовно доаѓа и до промени во начинот на управување на компаниите, па сите чинители имаат директен или индиректен поединечен интерес од работата на компаниите: вработените и менаџментот добиваат плати и награди, акционерите добиваат приходи од капиталот, купувачите ги добиваат потребните добра и услуги, а добавувачите добиваат соодветен надомест за продадените добра. Со тоа, сите чинители обезбедуваат определена вредност, но доколку кон сите овие вредности не се додаде и јасно прокламира и стремежот на компанијата кон некоја јасно определена заедничка цел, која е општествено корисна за еден поширок круг во заедницата, тогаш остануваат незабележани и компаниските поединечни цели. Водечките корпорации, меѓу кои „Coca Сola“, „Microsoft“, „Sony“, „Intel“, „Procter & Gamble“, „Dell“, „IBM“ и многу други, познати се по своите производи и услуги, но и по корпоративната филантропија. Тие ја придобиле лојалноста на своите купувачи преку долгогодишното вложување напори насочени кон исполнување на целите и очекувањата на интересните групи, што, секако, на крајот резултирало и со финансиски ефекти и водечки позиции на светскиот пазар. Токму затоа, општествената одговорност на компаниите е прашање кое е дискрециона одлука на секоја компанија, односно прашање кое не треба да се уредува со прописи, туку треба да биде дел од една високо развиена јавна свест, корпоративна култура и вредности , чија цел не се состои во обезбедување на определени даночни повластувања заради дадените донации или спонзорства во јавните дејности, туку истата придонесува кон јакнење на нивната конкурентност во глобалната економија преку зголемување на додадената вредност на нивните производи и услуги, придонесува за подобрување на угледот и имиџот, заштита на животната средина, подобрување на социјалните услови во заедницата, како и промовирање на етичкото управување.


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

КОМПАНИИ-ЧЛЕНКИ

ПРИЗНАНИЕ ЗА ВИТАМИНКА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ И ПРОМОЦИЈА НА СЕМЕЈНИТЕ ВРЕДНОСТИ Компанијата Витаминка од Владата доби признание за општествена одговорност и промоција на семејните вредности, за воведување на скратеното работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство, стои во соопштението. Признанието го прими Претседателот на одборот на директори, Симон Наумоски, кој истакна дека ова, пред сè е заслуга на Генералниот извршен директор и младиот менаџерски тим во компанијата. Тој уште дополни дека во Витаминка се воведуваат и други новини со кои се зголемува задоволството кај вработените и се стимулираат семејните вредности. “Витаминка е предводник во создавање подобри услови за сопствените вработени. Со последните одлуки и иницијативи, покрај скратеното работно време во период од три месеци за родителите кои се враќаат од породилно отсуство, Витаминка уште воведе и надоместок за трето дете, што претставува уште една мерка со која се подобрува статусот на вработените и се поттикнуваат семејните вредности и успешното родителство“, истакна Наумоски. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на доделувањето истакна дека за квалитетен пазар на труд, но и за успешно родителство многу е важно да се прави баланс помеѓу професионалните и приватните обврски. Таа порача оваа иницијатива да биде инспирација и пример за сите останати компании. Неодамна компанијата со цел заштита на здравјето на вработените и будење на свеста за рана детекција на ракот на дојка, организираше бесплатни ехо прегледи на дојка како и предавања на истата тема.


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

17

КОМПАНИИ-ЧЛЕНКИ

МРЕЖИТЕ ОД СЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА ТРЕБА ДА СЕ ГРАДАТ ПАРТНЕРСКИ И ДА БИДАТ ВО КОРИСТ НА ГРАЃАНИТЕ Дигитална трансформација, унапредување на регионалната соработка, употреба на електронски услуги од доверба, како и утврдување на условите за дигитално поврзување на економиите од Западен Балкан се неопходни за забрзан развој на регионот. Ова беше истакнато на вториот по ред Дигитален самит за земјите од Западен Балкан што се одржа од 4 до 5 април во Белград. Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев кој учествуваше на панел дискусијата на тема „Мрежи и поврзување“, истакна дека потребата од сигурна мрежа со брз интернет мора да биде комплементарна со потребите на граѓаните во новото дигитално време. „Ова не е одговорност само на операторите туку потребено е и вклучување на сите засегнати страни во еко–системот. Најголем бенефит од потенцијалот на мрежата може да се добие доколку таа се искористи за поврзување на граѓаните со содржини кои ќе го унапредат и поедностават секојдневието, како: дигитална администрација, дигитално образование, дигитално здравство итн“. За да се постигнат амбициозните дигитални агенди за економиите на земјите од Западен Балкан, фокусот на операторите е кон интегриран и технолошки неутрален пристап. Движејќи се напред, мораме суштински да го смениме нашиот продукциски модел со прифаќање на фундаментално поефикасни технолошки архитектури и решенија: 5G, Software Defined Networks (SDNs), Network Function Virtualization (NFV) итн. На инвеститорите треба да им се обезбедат стабилни и фер услови за инвестиции во предвидлива рамка, пропишани од регулаторот. Единствено така се можни сериозни инвестициите во инфраструктурата. Оттука, владите и регулаторите треба да промовираат модели на соработка и заедничко користење на инфраструктурата меѓу провајдерите врз основа на комерцијални договори. Неприфатливо е некој што ризикувал и сериозно инвестирал во мрежите од следната генерација, за брзо време да се соочи со нова регулатива која драматично ја менува конкурентската околина. Таквите случувања имаат негативно влијание врз развојот на мрежната инфраструктура од нова генерација и унапредување на дигиталното општество.


18

БИЗНИС ИНФО

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ

Петок, 12 април 2019, Бр. 391


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

19

НОВИ ПРОПИСИ

ПРОПИСИ И ИЗВЕСТУВАЊА ОБЈАВЕНИ НА ЕДИНСТВЕНИОТ НАЦИОНАЛЕН ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР НА ПРОПИСИ (ЕНЕР) 11.04.2019 ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИНОТО I. Со Предлог-законот се регулира воведување на нови производи во рамки на Законот за виното (органско вино, ароматизирани вина и пијалаци кои се базираат на вино), како и дефинирање на условите за производство на вино к ... Контакт лице: Љупка И.Самарџиска Телефон: ++ 389 2 3244018 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: ljupka@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


20

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 12 април 2019, Бр. 391

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 12 април 2019, Бр. 391

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

21


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ај ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

ар Н

22

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

23

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Април-мај 2019 година

ВЕШТИНИ ВО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ

Согласно верифицираната Програма на Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение УП1 бр.10-10 од 7.8.2017 година, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Бизнис центарот за тренинг и обука од Охрид, го организираат специјалистичкиот курс: „Вештини во финансиското работење“. По успешното завршување на програмата и позитивната оценка, учесникот добива сертификат за стекнати вештини во финансиското работење кој е признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Главната цел на курсот е кандидатите да се стекнат со знаење и вештини потребни за работа во финансискиот сектор и општото благајничко работење. Програмата е составена од четири тематски целини во кои се разработуваат функциите и активностите поврзани со финансиското работење, а кои се од особена важност за непречено функционирање и работење на сметководствено-финансискиот сектор. Според наставниот план, обуката трае 70 училишни часа, од кои 30% од наставата е теорија и 70% практична настава. Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со правилна имплементација на законската регулатива која го уредува готовинското денарско и девизно благајничко работење со посебен акцент на пресметка, исплата и евиденција, како и стекнување на практично знаење за правилна имплементација на одредбите од поврзаните закони и подзаконски акти. Курсот може да го посетуваат лица вработени во секторите финансии, сметководство, благајна, како и сите други заинтересирани лица, со основни познавања од сметководствено-финансиска област или без работно искуство кои имаат желба да ги прошират своите знаења и вештини во областите од наведенава тематика и да се стекнат со сертификат кој е валоризиран и препознатлив на пазарот на труд.. Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15-16.04.2019 година (понеделник-вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ЕФИКАСНОСТ НА ОБУКА НА ВРАБОТЕНИ

Обука и развој на вработените во една организација подразбира зголемување на нивните знаења, вештини и однесувања во насока на остварување на организациските цели. Во оваа обука фокусот е ставен на утврдување на потреба и вид на програми за обука и развој, како и нивна евалуација со цел обезбедување ефикасен систем на обука и развој насочен кон континуирано учење и напредок на вработените. Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот: • Што подразбира процесот на обука и развој на вработени? • Како да утврдиме кои вработени имаат потреба од обука? • Што претставуваат компетенциите? • Која е улогата на компетенциите во процесот на обука и развој на вработени? • Како да утврдиме каков вид на програми се потребни за обука и развој на вработените? • Како да извршиме евалуација на програмите за обука и развој со помош на моделот Киркпатрик? • Како да го следиме напредокот на вработените по имплементација на знаењата и вештините кои ги научиле од програмите за обука и развој? • Како се поврзува процесот на обука и развој на вработените со системите за мерење на резултати и квалитет во работењето, регрутација и управување со таленти, програмите за промоција, кариерен пат и планирање на наследување? Рок за пријавување: 9 април 2019 година. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015.


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

25

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16 и 17 април 2019 година (вторник-среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ОСНОВИ НА КОРИСНИЧКО ИСКУСТВО (USER EXPERIENCE) – РАЗЛИКИ МЕЃУ ДОБАР И ОДЛИЧЕН ПРОДУКТ

Има многу повеќе од случајност зошто Airbnb, Facebook, Google, Apple и други водечки компании инвестираат огромна сума, дури поголема од сумата која ја инвестираат во одделот за развој и во тимовите за корисничко искуство (user experience). Сите продукти, без разлика на видот, дигитални или физички мораат со себе да носат висок квалитет и високо ниво на корисничко искуство (user experience) или да ризикуваат да бидат прегазени од конкуренцијата. Продуктот како продукт нема никаква вредност без неговите корисници. Продуктите со подобро корисничко искуство секогаш се продаваат побрзо, впрочем сите бизниси чии стратегии се базираат на „user-centered” пристапи носат двојно поголем профит годишно од останатите. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 16 и 17 април 2019 година, организира семинар на тема: „ОСНОВИ НА КОРИСНИЧКО ИСКУСТВО (USER EXPERIENCE) - РАЗЛИКИ МЕЃУ ДОБАР И ОДЛИЧЕН ПРОДУКТ“, чија цел е да ви овозможи да се запознаете подобро со она што до сега ви беше несфатливо и да ги разберете процесот и етапите на создавање одлично корисничко искуство кај продукт или сервис. Како што ќе се одвива тренингот, ќе ја сфатите важноста на истото во вашиот бизнис, проследено со вовед во тестирање, оценување, примена на психологија, дизајн и останати елементи. Преку овој тренинг ќе се стекнете со вештини кои ќе ви помогнат да научите како да ги анализирате корисниците, како да ја осмислите правилната стратегија и како да му помогнете на вашиот продукт да биде подобро и побрзо прифатен од страна на неговите сегашни и идни корисници. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

10. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ - 17-19.04.2019 САРАЕВО, БиХ

10. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Bosna Bank International, ве поканува да бидете дел од „10. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ“. Овогодинешниот Бизнис форум ќе се одржи во периодот од 17-19 април 2017 година во Сараево, Р. Босна и Херцеговина. Бизнис форумот има за цел да ги собере бизнисмените и сопствениците на проекти од земјите од Западен Балкан од една страна и нивни потенцијални соработници од повеќе од 50 земји од светот. Настанот претставува платформа за поврзување на бизниси и отворање можности за инвестиции во регионот на Југоисточна Европа со единствена цел да се поттикне економскиот развој. Секоја година Бизнис форумот под еден кров собира повеќе од 1000 учесници и има комплетна медиумска поддршка како на локално така и на глобално ниво. Стопанската комора на Македонија за сите свои членки оваа година обезбеди специјален попуст за учество на претстојниот Бизнис форум. Со цел навремена регистрација и користење на поволностите, ги покануваме сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Бизнис форумот со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 12.4.2019 година (петок). По достава на пријавниот лист, ќе ви бидат испратени дополнителни инструкции во врска регистрацијата. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страна на „Сараево бизнис форум“, https://www.sarajevobusinessforum.com/, или контактирајте со: Даниела Михајловска Телефон: ++ 389 2 3244021, M. 072 220 037 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: daniela@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Сања Николова Телефон: ++ 389 2 3244091, M. 070 390 009 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: sanja@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

27

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 17.04.2019 - 19.04.2019 Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат, Македонија

МЕТОДИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО СТАНДАРДОТ IATF16949 - APQP, PPAP, FMEA, MSA, SPC

Стопанската комора на Македонија на 17,18 и 19 април 2019 година организира тродневна специјалистичка обука на тема: МЕТОДИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО СТАНДАРДОТ IATF16949 - APQP, PPAP, FMEA, MSA, SPC. Кои се наведените методи? APQP - метод за предвремено планирање на квалитетот на производот, кој гарантира дека производот ќе ги задоволи барањата на купувачот и на другите заинтересирани страни; PPAP - кои документи/барања се потребни за заверување на нов производ. Целта на PPAP е да се утврди дали добавувачуваот правилно ги разбрал сите технички барања од страна на купувачот за дизајн на производот, како и бараните спецификации и дали процесот има потенција во редовно производство да произведе таков производ во бараната количина, кој ќе ги задоволи барањата на купувачот; FMEA - анализа на сите можни грешки и последици од истите (Failure Mode and Effect Analysis), систематска и формализирана метода за анализа на проектни решенија на производот и процесот од аспект на ризикот од појавата и последицата на производните грешки кои би можеле да се изложат кај купувачот, односно крајниот корисник; CONTROL PLAN - документ со кој се дефинира целата контролата на производот со цел да се исполнат очекуваните барања. Наведениот документ се наоѓа на местото каде што се изведува производот/процесот; MSA - Анализа на мерни системи како метода служи за дефинирање и обезбедување на потребните ресурси кои се: мерна/контролна опрема; компетентно обучен кадар; и предвидени услови за мерење - со обезбедување на претходното се гарантира дека не може да се случат грешки поврзани со мерниот систем; SPC - Статистичка контрола на процесот, служи за статистичко следење на воспоставените процеси по пат на дефинирани карти и информатички апликации, за калкулирање на способноста и стабилноста на процесот во кој се изготвуваат производите.

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.4.2019 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕНАЏИРАЊЕ НА КОНФЛИКТИ СО КЛИЕНТИТЕ

Задоволниот купувач дава препораки на други потенцијални купувачи, се враќа повторно да купи, а понекогаш е подготвен да плати и двојно повеќе за соработка со компанија на којашто и` верува. Ниту една компанија не смее да си дозволи да ја занемари важноста од задоволството и лојалноста на клиентите. Колку што е скапо да се придобие нов клиент, толку е скапо да се задржи постојниот. Истовремено, поради профитабилноста потребно е да се идентификуваат клучните фактори кои придонесуваат за задоволството на клиентите и да се преземат мерки кои ќе имаат најсилен ефект во подобрувањето на купувачкото искуство. Неопходно е да се дознае кои се сопствените предности со коишто се воодушевуваат купувачите, а со кои мани се бркаат кај конкуренцијата. Иако секоја компанија сака да овозможи услуга која ги задоволува потрошувачите, тоа не е единствената цел, бидејќи иста компанија може да изгуби контрола врз други бизнис цели, како што се достигнувањето на конкурентна предност или профит. Меѓутоа, задоволството на клиентот донесува многу предности. Повисок степен на задоволство води кон поголема лојалност. На долг рок, попрофитабилно е да се задржи добар клиент отколку константно да се привлекуваат нови клиенти коишто ги заменуваат оние што си одат. Висок степен на задоволство значи обезбедување на компанијата од т.н. „лоши нешта“, затоа што долгорочните клиенти вообичаено се потолерантни во ситуации каде што истоименото лошо искуство ќе биде заменето со претходните позитивни искуства. Задоволството на клиентот често е поврзано со неговото задржување, дел од пазарот и профитот. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

29

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 22.4.2019 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРАКТИЧНА АНАЛИЗА И КОМПАРАЦИЈА НА ЛИЧНИ ПРИМАЊА ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛО

Стопанската комора на Македонија, на 22 април 2019 година, организира еднодневна работилница на тема:„Практична анализа и компарација на лични примања по основ на договор за вработување и по основ на договор за дело“, со цел да се направи сеопфатна анализа на сите дилеми поврзани со плаќањето на работата по основ на работен однос и по основ на договор за дело, преку разработка на бројни практични примери. Притоа, по спроведената дискусија, дел од прашањата кои ќе бидат одговорени се следните: од што е составена платата како сложена категорија, кои се најновите параметри за пресметка на плата, по што платата се разликува од другите лични примања по основ на договор за дело, кои се најчестите дилеми кои произлегуваат од надоместоците на плата за боледување и годишен одмор, што се трошоци поврзани со работата, како и на кој начин може да се врши порамнување и задржување на исплаќањето на платата. Со еднодневната работилница ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област, сé во насока на поголема правна заштита и сигурност. Предавачи: - Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и - Викторија Спасовска, правен консултант, Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23.4.2019 година (вторник) 9:50-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ

Грижата за потрошувачите и корисниците на услугите е постојан и бескраен процес. Со промените на потрошувачките навики и напливот на лесно достапни информации, компаниите се судираат не само со борба за стекнување со нови клиенти, туку и со постојана потреба од задржување на постојните клиенти, зголемување на нивното задоволство и класифицирање во најпосакуваната категорија клиенти – лојални. Учениците на овој семинар активно ќе учествуваат во идентификацијата на сите клучни фактори кои ја прават услугата една од клучните продажни, односно деловни алатки и во таа интеракција ќе добиваат тековна повратна информација за своите знаења, ставови, идеи и следни чекори во нивната работна пракса. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 23 април 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ“. Предавач: Митко Керамитчиев, деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

31

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23.4.2019 година (вторник), 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Стопанската комора на Македонија, на 23 април 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: Кршењето на работниот ред и дисциплина или работните обврски како предуслов за отказ на договорот за вработување, заштита на правата пред работодавачот и пред надлежен суд, привремени мерки во спорови од работен однос, синдикалниот претставник и негова заштита согласно Законот за работни односи. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II - Скопје и - Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 14.05.2019 Бизнис средби Меѓународен саем за земјоделство, Нови Сад

Бизнис средби „AgroB2B@NSFair“

Enterprise Europe Network Македонија и Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери на Меѓународниот брокерски настан „AgroB2B@NSFair“, кој ќе се одржи на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, на 14 мај 2019 година. Главни сектори на настанот се: * производители на храна и пијалаци и трговци; * машини за земјоделство и опрема; * хемиски производи за земјоделство; * пакување; * обновлива енергија; * обработка и опрема за стаклена градина; * применета наука и истражување; * иновативни технологии во земјоделството. AgroB2B Зошто да учествувате? Меѓународните брокерски настани обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите со цел да најдат меѓународни партнери. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Потоа ќе се објави распоред на состаноци што ќе се одвиваат на одредено место и точно определено време. Секој учесник добива своја лична листа најмалку еден ден пред настанот. Учеството во „AgroB2B@NSFair“ Б2Б бизнис средбите е бесплатно. Пријавете се на: http://agrob2b2019.talkb2b.net/


Петок, 12 април 2019, Бр. 391

БИЗНИС ИНФО

33

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

4-5 јуни 2019 година, Виена, Австрија

Конференција и деловни средби „FUTURE OF BUILDING“

Стопанската комора на Македонија, во организација со Стопанската федерална комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „FUTURE OF BUILDING“ („ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“), што ќе се одржат на 4-5 јуни 2019 година, во Виена, Австрија. Учесниците на Конференцијата ќе имаат единствена можност, преку различни предавања, панел-дискусии, работилници и други активности да се запознаат со најновите технологии за иновативни решенија и идни трендови во следниве области на градежништвото: - модерно урбанистичко планирање (Smart City-Виена); - интелигентни згради; - нови градежни методи и роботика; - нови градежни материјали / компоненти и склопови; - енергетска ефикасност (нула, плус, пасивни куќи); - одржлива и зелена зграда; - градежна конструкција; - природни материјали со нулта емисија; - патишта и тунели, сообраќајна инфраструктура; - интелигентна и домашна автоматизација; - дигитализација BIM и VR; - модерно реновирање на градот; - социјално и достапно домување. Доколку сте заинтересирани, можете да ја искористите можноста да остварите директни средби со над повеќе од 60 австриски фирми и 300 интернационални фирми, поврзување со повеќе од 600 учесници од 50 земји и организирано посетување и разгледување на иновативни австриски градежни објекти во Виена. Во прилог се програмата и дополнителни информации за настанот, а следниот линк ве води директно на веб-страната на настанот каде можете електронски да се регистрирате: https://buildings2019.b2match.io/home, почнувајќи од 18.3.2019 година.


34

БИЗНИС ИНФО

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019 Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи Контакт: Белинда Миновска и огради

Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 Компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

35


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 12 април 2019, Бр. 391

T

15

36

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.