Бизнис ИНФО, број 307

Page 1

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

Број 307

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

12.05.017

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАН ЗА ДЕЛОВНО ВМРЕЖУВАЊЕ СО ЦЕЛ ПОВРЗУВАЊЕ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СО ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ОД АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 12 мај 2017, Бр. 307 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 12 мај 2017, Бр. 307

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ ПРЕКУ ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ КОМПАНИИ Транспарентноста во работењето на компаниите е се` почест и широко експлоатиран термин, меѓу првите на кои помислуваат инвеститорите пред каква и да било инвестициска одлука, меѓу најексплоатираните во маркетингот на компаниите, меѓу најзначајните на кои укажуваат аналитичарите. Штом има толку многу засегнати страни за транспарентноста во работењето на една компанија, неспорно е големото значење на транспарентноста и кај малите и средни компании кои претставуваат 99% од сите европски компании. Европската економија, а и македонската, се базираат на МСП и тоа е причината што тие треба да добијат голем дел од вниманието и грижата во овие тешки времиња. Од вкупно 20 милиони компании, колку што се во Европската унија, 99% се мали и средни компании. Овие компании придонесуваат во бруто


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА домашниот производ на ЕУ со 75% и обезбедуваат преку 80 милиони работни места. Секторот на мали и средни претпријатија во Македонија опфаќа над 98% од вкупниот број постојни претпријатија (71.519) и е значаен чинител на економскиот раст со околу 68% учество во БДП и две третини од вработените. Во таа насока Стопанската комора на Македонија во изминатите неколку години преку своите секојдневни активности разви неколку нови услуги, наменети пред се` за поддршка на малите и средни компании за настап на странски пазари, намалување на нивниот ризик во работењето, за зголемување на транспарентноста на малите и средни компании од Р. Македонија, истакна на прес-конференцијата м-р Анета Трајковска, директор на Дирекцијата на други форми на организирање и работење при Стопанската комора на Македонија (8.5.2017 година). Стопанската комора на Македонија од 2013 година е ексклузивен издавач на Сертификатот „Excellent SME MACEDONIA“, со единствена цел создавање на една „бела листа“ на микро, мали и средни компании во Р. Македонија на кои ќе им се олесни пристапот до нови бизнис партнери и клиенти. Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средните компании, да се обезбеди и да се осигури бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Сертификатот се креира и поставува на веб-порталите на самите компании, со што се создава препознатливост, сигурност и доверба при создавање почетна соработка со партнерите. Тој претставува потврда за добро водена, финансиски стабилна компанија со умерен или низок ризик од неплаќање на договорните обврски, посочи Трајковска. Носителите на сертификатот во Македонија прават годишен обрт од 560.913.308,23 евра, добивка по оданочување е 32.835.770 евра и вработуваат вкупно 5.507 вработени. Во овој проект се вклучени 9 земји (Словенија, Србија, Македонија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Романија, Словачка, Унгарија, а во најава е и Германија). Сите носители на овој сертификат од сите земји од септември 2017 година ќе имаат можност преку единствена платформа да воспостават размена на информации, контакти, податоци и да ги претстават своите производи и услуги, да пребаруваат потенцијални партнери за соработка, а при тоа да се сигурни дека станува збор за компании кои се без ризик во работењето. Стопанската комора на Македонија за домашните компании овозможи достапност на бонитетни извештаи за повеќе од 12 милиони компании од 165 земји ширум светот (Хрватска, БиХ, Бугарија, Естонија, Финска, Франција, Италија, Латвија, Романија, Норвешка, Германија, Полска, Португалија, Чешка, Словачка, Словенија, Србија, САД,


петок, 12 мај 2017, Бр. 307

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Велика Британија, Шведска итн.), во насока на заштита и зголемување на својот капитал, да побараат бонитетен извештај за нивниот потенцијален деловен партнер, како помош во процена на потенцијалните деловни односи и категоризација на ризикот на нивните потенцијални деловни партнери. Со тоа се овозможува намалување на ризикот од можни злоупотреби во работењето со нивните нови потенцијални клиенти, ризик од стечај или задоцнети плаќања, информираше на прес конференцијата директорката Трајковска. Стопанската комора на Македонија од оваа година оди чекор понапред со тоа што самостојно започна со изработка и издавање на бонитетни извештаи или така наречени извештаи за категоризација на трговски друштва од областа на производството, услугите и трговијата за компании со седиште во Република Македонија, согласно утврдена Методологија. Со цел да се одговори на различните потреби на корисниците во поглед на деталите и опфатноста на извештаите за класификација на компаниите според степенот на ризик за плаќање на финансиските обврски, Комората започна со изготвување на три основни извештаи: • Извештај за парични текови; • Извештај за финансиски ризик и • Извештај за сеопфатен ризик. Мислењето за категоризацијата на компаниите според степенот на ризик се базира на квантитативна и/или квалитативна анализа. м-р Анета Трајковска


БИЗНИС ИНФО

6

ПОСЕТИ

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Делегација од Кралството Данска во посета на Стопанската комора на Македонија – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ТРОВСКАТА РАЗМЕНА НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ На 5 мај 2017 година Стопанската комора на Мекедонија ја посети делегација од Кралството Данска, составена од претставници на еминентни дански и светски познати компании како што се „TekPartner A/S“, „Alcatel-Lucent“, „NordPlus“, „Agilent Technologies“, DNCC Aps. и Copenhagen University – KU, коишто се воедно и членови на Copenhagen International Rotary Club. Делегацијата ја прими господин Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската Комора на Македонија. Бидејќи на членовите на делегацијата им беше прва посета на Стопанската комора на Македонија, Пешев ги претстави целокупната работа на Комората, нејзината историја, залагањата за бизнис заедницата и идните подвизи што дополнително ќе придонесат за развој на бизнис секторот во Македонија. Александра Крстевска-Ѓорѓевска од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Макеоднија ги презентираше можностите, поволностите и индустриските сектори коишто Македонија ги нуди на сите странски компании заинтересирани за инвестирање во Република Македонија. Претставниците на данските компнаии пројавија интерес за средби со македонски


петок, 12 мај 2017, Бр. 307

БИЗНИС ИНФО

7

ПОСЕТИ

компании од областа на текстилната индустрија, ИТ-секторот и производство на органска храна. По завршувањето на официјалниот дел и претставувањето на можностите, беа организирани и билатерални средби меѓу претставниците на данските компании и македонски компнаии од горе наведените области за коишто гостите претходно имаа пројавено интерес за средба. Со организирање меѓусебни посети на бизнис делегации на Македонија и Кралството Данска бизнисмените би имале директна можност да се запознаат едни со други и да разменат искуства. Двете страни се согласија дека во иднина ќе се создадат одлични предуслови за поттикнување и продлабочување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Данска во периодот јануарифевруари 2017 година достигна вредност од 3,5 милиони САД$, што претставува раст од 4,06 % во однос на 2016 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 1,05 милиони САД $ или раст од 35,27 %, додека увозното салдо изнесува 2,49 милиони САД $ или намалување од 5,19 % споредено со 2016 година. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 1,44 милиони САД $. Во вкупната надворешно-трговска размена, Данска е 39-ти трговски партнер на Република Македонија за првите два месеца од 2017 година. М-р Сања Николова


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАН ЗА ДЕЛОВНО ВМРЕЖУВАЊЕ со цел поврзување на странските инвеститори со домашните компании од автомобилската индустрија Асоцијацијата на автомобилската индустрија во рамките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, во просториите на „Ван Хол Македонија“, одржа редовна седница на којашто меѓу другото се дискутираше и за модалитетите за зајакнување на соработката на странските инвеститори во слободните зони со домашните фирми за нивно поефикасно интегрирање во локалниот синџир на добавување. Аврам Стојчевски, претседавач на Асоцијацијата на автомобилската индустрија, во таа прилика во изјавата за медиумите истакна дека со оглед на тоа дека поголемиот дел од странските инвеститори во земјава се претежно од автомобилската индустрија, логично е и најголем дел од македонските компании - потенцијални добавувачи да бидат токму од оваа индустрија. Од вкупно 50-тина македонски компании кои произведуваат, или се со капацитет да произведуваат различни делови, или пак да понудат услуги потребни во директното производство на автомобилската индустрија, засега ограничен број од нив можат да се пофалат дека тоа и го оствариле.


петок, 12 мај 2017, Бр. 307

БИЗНИС ИНФО

9

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

-Странските инвеститори на процесот на локализација на добавувачите секогаш обрнуваат големо внимание, се` со цел да се оптимизираат како трошоците, така и времето на доставување. Локалните добавувачи се пофлексибилни, можат побрзо да се приспособуваат на барањата на странските партнери и да ја искористат близината и намалените транспортни трошоци за да бидат поконкурентни, - истакна претседавачот на Асоцијацијата Стојчевски. -Странските инвестиции од доменот на автомобилската индустрија се релативно млада индустрија кај нас, и допрва очекуваме да се интензивираат ефектите од нивното работење, во однос на унапредување на соработката со постојните фирми во Македонија. Потенцијали за тоа знаеме дека постојат, – потенцираше Стојчевски. Токму во таа насока, а како продолжение на низата активности што Асоцијацијата на автомобилската индустрија ги презема, на денешниот состанок се иницираше одржување на билатерални деловни средби помеѓу странските компании и локалните добавувачи од автомобилската индустрија и придружните сектори. Првиот чекор е воспоставување комуникација, да се слушнат потребите и барањата на странските компании, како и да се презентираат можностите и понудите на домашните. Истовремено, на денешната седница, компаниите-членки на Асоцијацијата се запознаа и со Пилот-програмата за развој на синџирот на добавувачи во рамките на Програмата за конкурентни индустрии и иновации во Македонија, дизајнирана од страна на Светската


БИЗНИС ИНФО

10

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

банка по барање на Владата на Република Македонија со цел да се стимулираат врските помеѓу малите и средни компании и големите странски компании кои работат во Република Македонија. Претставникот на Дирекцијата за Ттехнолошко-индустриски развојни зони го презентираше консолидираниот Закон за технолошко индустриски развојни зони, преку кој се обезбедува полесен пристап на домашните компании и поедноставување на процедурите за бизнис-соработка со странските компании во зоните. Можноста за инвестирање во ТИР-зоните веќе е достапна и за домашните компании, а 2 македонски компании веќе инвестираат во слободните зони. Претставникот од Државниот инспекторат за животна средина имаше свое излагање во делот управување со опасен отпад. Согласно агендата, медиумите имаа можност да направат обиколка на фабричките погони на „Ван Хол Македонија“ и да се запознаат со условите за работа, во кои се имплементирани сите европски стандарди за квалитет и безбедност и заштита при работа. Моментално, Асоцијацијата брои околу 20-тина активни членови и тоа странските инвеститори од слободните економски зони и домашните компании кои се јавуваат во улога на потенцијални добавувачи. Како надворешни партнери – набљудувачи се јавуваат државните институции директно поврзани со привлекување на странски инвестиции и тоа: Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Царинската управа, потоа академската заедница претставувана преку Машинскиот факултет во Скопје, неколку средни стручни училишта, како и странските донатори во земјава, како Светската банка и Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ. Влатко Стојановски


петок, 12 мај 2017, Бр. 307

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

ОБВРСКИТЕ НА ЛИЦЕНЦИРАНИТЕ УПРАВИТЕЛИ ПО ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ - предмет на дискусија на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор Членките на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија, на денешниот работен состанок разговараа со претставник од Дирекцијата за заштита на лични податоци со цел надминување на проблемот како да ги обезбедат матичните броеви од граѓаните коишто, согласно Законот за извршување им е наложено да ги имаат како задолжителни елементи кои мора да се наведат во барањето за вонсудска наплата на долгови, во случај кога редовно не се плаќаат сметките. За лиценцираните управители, тоа што не смеат да собираат и да обработуваат матични броеви од станарите во влезовите, во голем дел им ја усложнува работата бидејќи се соочуваат со несоодветни податоци во постапките кога по судски пат се обидуваат да ги наплатат своите фактурирани обврски. Во дискусијата која се разви на состанокот беше констатирано дека е потребно да се организира заеднички состанок и со институции од каде реално би можело да се обезбедат потребните податоци, посочувајќи дека преку Катастарот реално може да се добијат информациите. Во таа насока, активноста на Групацијата во следниот период ќе биде заеднички со надлежното Министерство за транспорт и врски и со Регулаторната комисија за домување да се анализира како да се надмине проблемот, со користење на соодветни податоци за станарите во влезовите (точна адреса на живеење, матичен број и сл.), со цел да не се случува да застаруваат побарувањата од ненаплатени долгови од дел од станарите кои одат на штета на развојот на целата дејност. На состанокот членките на Групацијата беа информирани и дека во тек е постапката со која се бара дејноста домување да се изземе до дефинирање како комунална дејност во измените на Законот за извршување. Даниела Михајловска Василевска


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

Групација на агрегати, бетони и асфалти – средба со концесионерите на агрегат од охридскиот и струшкиот регион - КОНЦЕСИОНЕРИТЕ СЕ ЗАЛАГААТ ДА СЕ ЕЛИМИНИРА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА СО ПОГОЛЕМА ИНСПЕКЦИСКА КОНТРОЛА Групацијата на агрегати, бетони и асфалти при Стопанската комора на Македонија продолжи со реализација на заклучокот од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите за одржување состаноци со концесионери на агрегати, по региони во земјата и презентирање на новините од Законот за градежни производи. За таа цел, на 9.5.2017 година во Струга, во присуство на голем број заинтересирани концесионери, беше одржан состанок при што беше направена презентацијата: „Концепт на контрола на градежните производи согласно Законот за градежни производи и националните (европски) стандарди“, подготвена од страна на претставници од „ГЕИНГ“Скопје, Градежниот институт „Македонија“ (ГИМ) - Скопје и Заводот за испитување на материјалите (ЗИМ) - Скопје, а ја презентираше Марјана Топаловска Ангелевска од „ГЕИНГ“ - Скопје. Посебен акцент беше даден на обврските на производителот на градежниот производ согласно Законот за градежни производи, така што производителот за да може да издаде своја Изјава за својства, треба да има и Сертификат за сообразност на Фабричка контрола на производството (ФКП), издаден од страна телата за сертификација. Со тоа се создадени


петок, 12 мај 2017, Бр. 307

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

услови производот да се пласира на пазарот. По обемната дискусија беа поставени повеќе прашања околу самиот процес на контрола на квалитетот каде што беше потенцирано дека самиот производител мора да го контролира квалитетот на агрегатот било во сопствена и/или во друга акредитирана лабораторија и со овој модел се заменуваат досегашните атести кои произлегуваат од минатите мкд-стандарди. Голем дел од концесионерите имаат искуство во своето работење, така што со помош на акредитирани лаборатории и телата за сертификација, постепено ќе ги применуваат европските стандарди, со што ќе се создадат услови за елиминирање на нелојалната конкуренција. На состанокот, посебно беше потенцирано дека одредени фирми кои имаат добиено дозвола за користење на „позајмишта“ на агрегат кој треба исклучиво да се користи како насип, а не да се пласираат на градежниот пазар. Оваа појава создава нелојална конкуренција на каменоломите, од причина што за овој агрегат прво не се добива концесија како и за другите концесионери, се избегнува плаќање на давачки, а од друга страна, има и негативно влијание врз заштитата на животната средина. На крајот на состанокот се заклучи презентацијата да се достави до сите присутни, а дополнителните прашања и предлози околу законската регулатива за концесионерството, добивањето на концесии за агрегати и добивањето на дозволи за користење на„позајмишта“, да бидат дополнително разгледувани во присуство на претставници на министерствата за економија и за екологија. Игор Тасевски


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

Групација на агрегати, бетони и асфалти и Групација на водостопанските претпријатија - СЕПАРАЦИИТЕ НА РЕЧЕН ПЕСОК И ЧАКАЛ НЕ СЕ ИЗЗЕМЕНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ Групацијата на агрегати, бетони и асфалти заедно со Групацијата на водостопанските претпријатија при Стопанската комора на Македонија на 11.5.2017 година одржаа заедничка работна средба на којашто беа презентирани новините од Законот за градежни производи, со посебен акцент на добивање на квалитетен производ, кој понатаму ќе се пласира за производство на бетони и малтери. Презентацијата, подготвена од страна на претставници од „ГЕИНГ“- Скопје, Градежниот институт „Македонија“ (ГИМ) - Скопје и Заводот за испитување на материјалите (ЗИМ) Скопје, беше презентирана од Марјана Топаловска Ангелевска од „ГЕИНГ“ – Скопје, при што беше нагласено дека целта на оваа презентација е навремено запознавање на компаниите со обврските кои произлегуваат од законските решенија, а тоа е контрола на самото производство од страна на производителот. На работната средба беше истакнато дека водостопанските организации се само посредници меѓу компаниите кои имаат сепарации и кои го откупуваат ископаниот


петок, 12 мај 2017, Бр. 307

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

речен материјал, а понатаму го сепарираат, така што обврската за фабричка контрола на производот (речен песок и чакал) претставува нивна обврска. Целата постапка околу издавање на изјава за својства, треба да се почитува подеднакво, како и кај концесионерите на агрегати (варовници). Обврските околу начинот на обезбедување сертификат за сообразност издаден од страна телата за сертификација, подеднакво се однесуваат и за концесионерите и за сепарациите, така што, со исполнување на бараните технички услови, ќе се пласираат производи кои ќе ги задоволуваат стандардите, а со тоа ќе се обезбеди квалитетен краен производ кој ќе се вградува во објектите. Треба да се истакне дека со новите законски решенија веќе нема атести како досега, односно испитувања кои се правеа на секои шест месеци, туку има континуирана контрола на квалитетот на производот, со обврска да ја обезбеди производителот. Доколку ова нема да биде почитувано и не се обезбеди изјавата за својства, беше потенцирано, дека тие производи нема да можат да бидат пласирани на пазарот. На крајот, се заклучи презентациите да се достават до присутните водостопански претпријатија, а понатаму тие да ги достават до нивните партнери. Доколку има потреба, од страна на Комората и тимот кој ја изработи презентацијата, беше искажана спремност за одржување на дополнителни едукативни презентации, се` со цел да се исполнат бараните законски услови за квалитетен градежен производ. Марија Петроска Игор Тасевски


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

ИЗБРАНИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ И НОВ ЗАМЕНИКПРЕТСЕДАТЕЛ на Групацијата на водостопанските претпријатија

Групацијата на водостопанските претпријатија во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија одржа состанок на којшто беше усвоена оставката на досегашниот претседател на Групацијата Тони Мартиновски поради негово заминување од АД„Водостопанство на Република Македонија“. Во таа насока, на состанокот за нов претседател беше предложен и едногласно избран досегашниот заменик-претседател Љубе Димов, раководител на Подружница „Тиквешко Поле“, во рамките на АД „Водостопанство на РМ“. На негово место, за нов заменик-претседател е избран Марјан Героски, од ЈП „Стрежево“ - Битола. Како втор заменик-претседател останува Гордана Тошевска од Подружницата „Прилепско Поле“ во рамките на АД „Водостопанство на РМ“. Присутните на состанокот разговараа и за тековните активности во рамките на водостопанската дејност, за нивната вклученост согласно Законот за утврдување на цени на водни услуги, како и за можностите за воспоставување соработка со домашни и странски компании во насока на реализирање инвестициски активности, односно модернизација на производството. Даниела Михајловска Василевска


петок, 12 мај 2017, Бр. 307

БИЗНИС ИНФО

17

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Од активностите на Регионалната комора со седиште во Прилеп - ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИ НА ИМОТ Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп на 11.5.2017 година се одржа семинар на тема: „Утврдување и наплата на локалните даноци, такси и други надоместоци согласно Законот за даноци на имот“. Целта на семинарот беше запознавање на заинтересираните страни со утврдувањето и наплатата на локалните даноци, такси и други надоместоци согласно Законот за даноци и имот. На семинарот присуствуваа компетентни претставници на: „Витаминка“ АД; „Комфи Ангел“; „Мермерен комбинат“; „Тера Кота-инжинеринг“; „Хатра“; „Викели“; „Новоградба“; ЈКП „Комуналец“; „Де-Ни Компани“; „Дил Ком“ и од Општина Прилеп - Одделение за администрирање на даноци. Предавачи на семинарот беа Ивана Каранфилска и м-р Александар Георгиевски од Секторот за финансии на Град Скопје. Предавачите, според предложената програма за семинарот, посебно се осврнаа на администрирањето на данокот на промет на недвижности, данокот на наследство и подарок, на јавните и фискалните приходи како основен извор на приходи во единиците на локалната самоуправа, локалните даноци, нивната наплата, како и присилната наплата на даноците и таксите. За време на предавањата од страна на присутните се одвиваше интерактивна соработка со презентирање на голем број практични примери од секојдневното работење на надлежните институции и бизнис секторот. Посебно се потенцираа законските недоречености за наплата на данок на имот за неискористени земјоделски површини и наплатата на данок на имот од страна на закупците на деловни простории кои се во сопственост на државата, за што се донесе заклучок од страна на засегнатите страни да се бараат законски измени од надлежните институции. Ристо Најдоски


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair “

15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери БИЗНИС-СРЕДБИ „ AgroB2B@NSFair “ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија Ве повикуваат да учествувате на бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” во Нови Сад, Република Србија, на 15.5.2017 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак, настанот е отворен и за сродните сектори, како што се земјоделские машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да се покријат трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. За учество на меѓународните бизнис состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да се пријавите преку линкот http://agrob2b2017.talkb2b.net Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


петок, 12 мај 2017, Бр. 307

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Eднодневен семинар: ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

11 мај 2017 година (четврток) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат

Стопанската комора на Македонија на 11 мај 2017 година организира еднодневен семинар на тема: ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗРО, што се однесуваат на: преземените мерки и процесуираните постапки од надлежниот орган, потпишувањето на договор за вработување, со посебен осврт на неговата форма, содржина, измена, време за кое се склучува договорот, склучување на договор со странски државјани, видови договори, дополнителна работа, договор за работа во странство, посебни договори и престанок на договорот за вработување. Целта на семинарот е опсервирање на дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса, во однос на темите кои ги разработува семинарот преку прашања од присутните и посочување на одредени разлики во законските решенија и практичната работа на компанијата кога се работи за права од работен однос на работници од приватниот и од државниот сектор. На семинарот ќе бидат изнесени најчестите повреди на одредбите од законските решенија во областа на работните односи наведени во програмата, како и сите дилеми што се јавуваат при примена на истите во пракса. Дополнително на учесниците ќе им бидат одговорени прашања и за други проблеми кои ги имаат при примена на легислативата од областа на работните односи, а кои не се предвидени во агендата. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

15 мај 2017 година Стопанска комора на Македонија

БИЗНИС ФОРУМ МАКЕДОНИЈА - ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија

и Велика Британија, Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Јужен Лондон (London Southside Chamber of Commerce) организира Бизнис форум и деловни средби меѓу стопанственици од Македонија и од Велика Британија.

Целта на Бизнис-форумот е македонските компании и институции да се запознаат со

можностите за соработка со Велика Британија во делот на меѓусебната соработка и инвестициите со цел продлабочување на трговската размена. Настанот ќе им овозможи на македонските стопанственици да ги зајакнат економските релации, но и да се воспостават нови, повисоки облици на институционална соработка меѓу двете земји.

Претставниците на компаниите од Велика Британија се заинтересирани да остварат средби со

македонски компании од следните области: • прехранбена индустрија - месна индустрија, производители на алкохолни и безалкохолни пијалаци; • туризам – тур-оператори и туристички агенции; • хотелиерство и угостителство - опрема и мебел, декоративни материјали; • банкарство и финансии; • консултантски услуги; • развој и управување со недвижности и имот; • медицинска и лабораториска опрема и опрема за техничка и стручна обука; • македонска уметност и антиквитети.

Настанот ќе се одржи на 15 мај 2017година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во

Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество

можат да го пријават најдоцна до 11 мај 2017 година (четврток).

Ве молиме, за Вашиот интерес да не` информирате преку пополнување на пријавниот лист

даден во прилог.

Контакт: Сања Николова, телефон: 3244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 12 мај 2017, Бр. 307

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17-18 мај 2017 година, Виена, Австрија

Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската Федерална комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „THE FUTURE OF BUILDING“ – (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР), на 17-18 мај 2017 година, во Виена, Австрија. Овој настан е организиран од страна на Advantage Austria во соработка со Европската мрежа на претприемачи на Австрија и Австриската агенција за истражување и промоција (FFG). Исто така настанот е подржан и од страна на Министерството за наука на Австрија, Министерството за истражување и економија на Австрија и од страна на Австриската Федерална Стопанска комора. Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно. Превозот и сместувањето за останатите учесници се на товар на компаниите и на учесниците. Конференцијата и деловните средби ќе се одржат на 17-18 мај 2017 година, во Виена, Австрија. Успешното потврдување на деловните средби (директни средби/состаноци) со компаниите е предуслов за учество на овој настан. Контакт лица: Ирена Мојсовска, ЕЕН Македонија Телефон: ++ 389 2 3244 009 E-адреса: irena@mchamber.mk Herwig Wutscher, ЕЕН Австрија Austrian Federal Economic Chamber - Enterprise Europe Network www.wko.at +43 5 90 900 3662 herwig.wutscher@wko.at


БИЗНИС ИНФО

22

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Хотел „Фени “ Кавадарци 17.05.2017

ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија

преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективни договори.

Информативниот настан ќе биде спроведен од страна Стопанската комора на Македонија,

Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република

Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони.

Информативниот настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни

односи и односи и колективни договори ќе се одржи на 17ти Мај 2017 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Фени“ - Кавадарци.

Предавач на информативниот настан е Снежана Петковска, која почетоците на своето

професионално искуство ги започнува како адвокат за стопанско право, а од 1999 одина се вработува во Министерството за економија на Република Македонија, во Секторот за правни работи, како раководител на Одделението за правни работи и како раководител на Секторот за инспекциски надзор во чија надлежност е и областа за заштита при работа каде што работи се`до 2015 година. Од 2015 година до денес работи како адвокат за деловно право.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 16ти мај 2017 година (вторник), со

регистрирање директно на следниот линк Ctrl+Click: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSejty tn3uoOzTVg20MOdOx4Za8-4ou5Y2ztIpbsJ96BY1pnOQ/viewform?c=0&w=1 Контакт: Тања Мицева Тел: ++ 389 43 415 044 Факс:++ 389 43 415 044 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

23


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Валидно до: 2017-05-31 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.

Кина Валидно до: 2017-07-10 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Пакистан Валидно до: 2017-07-10 Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Украина Валидно до: 2017-07-31 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

Украина Валидно до: 2017-06-02 Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Украина Валидно до: 2017-06-30 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

Валидно до: 2017-07-01 Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 2017-07-01 Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 2017-06-30 Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.


петок, 12 мај 2017, Бр. 307

БИЗНИС ИНФО

25

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Валидно до: 2017-07-01 Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 2017-07-01 Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 2017-06-25 Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 2017-06-25 Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Грција Валидно до: 2017-06-20 Грчка компанија е голем производител на ламинат рачно изработени кујни и врати. Компанијата е

заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 2017-06-20 Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Грција Валидно до: 2017-06-20 Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.

Кина Валидно до: 2017-06-22 Компанија од Кина се занимава со обработка и производство на пластика и специјални облици и прототипови од пластика произведува.Таа има интерес за соработка со компании од Македонија.

Шведска Валидно до: 2017-06-20 Шведска компанија произведува хигиенски марамчиња,заштитни елечиња и инвалидски колички за подобра нега на пациентот.Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Стево Серафимов Тел: +389 2 3244-032 Моб: +389 72 236 484 stevo@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 12 мај 2017, Бр. 307

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.