БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО Број 290
www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
goodini
192
2 - 2016
13.01.2017
Македонска асоцијација на рударството - МАР
НЕОПХОДНО Е ДОНЕСУВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА РУДАРСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2025 - 2030 ГОДИНА ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
ПРЕКУ ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ ДО ПОДОБРО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ И ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ Заеднички проект на коморите за подобра бизнис регулатива
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
СИЛВЕР Покровители
БИЗНИС ИНФО
Здружението на осигурувањето и Агенцијата за супервизија на осигурувањето ги презентираа
СОСТОЈБИТЕ ВО ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР ВО 2016 ГОДИНА, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЕЛЕМЕНТАРНИТЕ НЕПОГОДИ На 26.12.2016 година, на редовната прес-конференција на Стопанската комора на Македонија, Рената Варга Мицева, претседател на Здружението на осигурувањето при Комората ги претстави првичните анализи на осигурителниот пазар за оваа година и предизивиците со кои истиот ќе се соочува во 2017 година.
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Осигурителниот сектор во Република Македонија повеќе години по ред забележува позитивен тренд кој може да се идентификува преку постојаниот раст на бруто полисирана премија, како и преку зголемен број на друштва за осигурување. Во моментот на пазарот на осигурување во Република Македонија активно работат 15 друштва за осигурување, од кои 11 друштва вршат работи на неживотно осигурување, а 4 друштва вршат работи на осигурување на живот. Во текот на оваа година делуваат 33 осигурително брокерски
БИЗНИС ИНФО
4
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
БИЗНИС ИНФО
5
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ друштва и 3 деловни банки кои делуваат како застапници на осигурувањето. Бруто полисираната премија за третиот квартал од 2016 година изнесува 6,62 милијарди денари, што претставува пораст од 4,86% во однос на истиот период минатата година. Позитивниот тренд е присутен во двата сегмента на осигурување со тоа што во делот на неживотно осигурување е остварена бруто полисираната премија во износ од 5,80 милијарди денари, односно пораст од 3,09% во однос на истиот период од минатата година, а кај животното осигурување е остварена бруто полисираната премија во износ од 825,17 милиони денари, односно пораст од 19,22% во однос на третиот квартал од 2015 година. Маргината на солвентност, како главен индикатор за процена на стабилноста на осигурителниот сектор, изнесува 1,24 милијарди денари, со што капиталот на осигурителниот сектор е 4,2 пати над нивото на маргината на солвентност. Поттикнати од последните случувања во скопскиот регион, во изминатиов период Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија го стави во фокус на влијанието на елементарните непогоди. За таа цел, Здружението реализираше циклус бесплатни предавања во седум региони низ Македонија на тема: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ. Во вториот циклус на предавања за 2016 година се вклучија 7 експерти за имотно осигурување и директно се опфатија повеќе од 110 лица кои се запознаа со основните карактеристики на имотното осигурувањето, како и со управувањето со ризик, првенствено насочено кон намалување на финансиските загуби. Со оваа промотивна активност, Здружението на осигурувањето ја подигна свеста на граѓаните за потребата од склучување на домаќинско осигурување и изложеноста на ризикот, т.е. штетите со кои непосредно би се соочиле доколку немаат осигурителна полиса. Во рамките на Националната програма за ИПА Компонентата 1 - ТАИБ за 2012-2013 година, во 2016 година започна со имплементација и Проектот „Понатамошно усогласување со ЕУ во областа на осигурувањето и зголемување на пазарните активности“. Со цел усогласување на регулативата согласно реалните потреби на
осигурурителните компании, Здружението на осигурувањето
формираше Работна група составена од правници делегирани од осигурителните компании, која активно ќе се вклучи во процесот на изготвување на новиот Закон за осигурување. На овој начин, преку директна вклученост на стопанството во процесот на креирање на регулативата ќе се овозможи создавање на правила кои ќе бидат во корелација со барањата на осигурителните компании и реално ќе ги отсликуваат потребите на осигурителната дејност. - Корисници на овој проект кој е од особена важност за осигурителниот сектор се Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување. Во таа насока, не можам а да не ја истакнам досегашната одлична и успешна деловна соработка со овие институции. Затоа, оваа прилика ќе ја искористам за да ја објавам и иницијативата за потпишување меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување, која има интенција покрај соработката со Здружението, да овозможи продлабочување на соработката и со останатите здруженија при
Стопанската комора на Македонија, - посочи В. Мицева. Д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурувањето се осврна на подетална анализа во делот на осигурувањето на имот од катастрофални ризици каде се забележува раздвижување. Во сегментот на осигурување од поплава вкупниот број на продадени договори за осигурување, заклучно со 3-от квартал од 2014 година изнесувал 22.683 и пораснал за 46,59% или вкупно 33.252 договори за 3 квартали во 2016 година. Посебно треба да се истакне силниот пораст на продажба на договори за осигурување кај физичките лица кој од 3.201 за трите квартали во 2014 година, порасна на 10.252 договори во истиот период од 2016 година. Истото се однесува и на бројот на продадени договори за осигурување на имот од ризик земјотрес. Заклучно со 3-от квартал од 2014 година продадени се 1.818 договори за осигурување, а овој број пораснал на 5.118 договори заклучно со 3-от квартал од 2015 година и 6.183 договори заклучно со 3-от квартал од 2016 година. Треба да се потенцира дека 86,5% од продадените договори за осигурување на имот од ризик земјотрес се однесуваат на физички лица. Друштвата за осигурување за трите квартали од 2016 година исплатиле бруто - износ на штети од 2,62 милијарди денари. Учеството на реосигурувањето во бруто исплатените штети изнесува 26,04%. Во споредба со трите квартали од 2015 година бруто исплатените штети бележат пораст од 14,11% (за трите квартали од 2015 година: 2,30 милијарди денари). Оваа година е исплатена најголемата поединечна штета во Република Македонија и тоа, во износ од 398 милиони денари, а се однесува на незгодата со хеликоптери од 2014 година. Овогодишните катастрофални настани предизвикани од поплавата во скопскиот регион во август и земјотресот во септември имаа влијание на исплатата на штети кај друштвата за осигурување. Од ризик поплава беа пријавени 867 штети и тоа, од физички лица 621, од правни лица 246. Притоа, од вкупно пријавените штети по основ на осигурување на имот беа пријавени 821 штета, а за каско на моторни возила 46 штети. Вкупно исплатен износ на штети како последица на поплавите изнесува 35.491.624 денари. Додека, во однос на ризикот земјотрес пријавени се вкупно 94 штети, од кои 4 се исплатени. - Зголемената понуда на осигурителни продукти од страна на друштвата за осигурување, поголемата осигурителна култура кај граѓаните и се` поизразеното препознавање на предностите коишто ги нуди осигурувањето како механизам за компензирање потенцијални финансиски загуби од се` почестите случувања на ризични настани, влијае на позитивната стапка на пораст на бруто полисираната премија, - објасни д-р Попоски. Ивона Каранфиловска
БИЗНИС ИНФО
6
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
Македонска асоцијација на рударството - МАР
НЕОПХОДНО Е ДОНЕСУВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА РУДАРСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2025 - 2030
Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата (9.01.2017 година) ги изнесе состојбите во експлоатацијата на минералните суровини во земјата, плановите за оваа година, како и перспективите на рударството во Република Македонија. На почетокот беа дадени статистички податоци за сегашната состојба и тоа за индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен. За периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, бележи опаѓање од 16,8%%, или одделно кај вадење на јаглен и лигнит има опаѓање од 13,4%, кај вадење на руди на метал има опаѓање од 8,0% и кај вадење на други руди и камен има опаѓање од 4,5%. Рударството и вадење на камен во структурата на индустриското производство учествува со 10,11%, од кои 5,53% се кај вадење на руди на метал. Кај производството на други неметални минерални производи, индустриското производство бележи зголемување од 18,2% споредено за единаесетте месеци од оваа
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ
година со истиот период од лани, со учество во структурата на индустриското производство од 5,14%. Извозот кај рударството и вадење камен учествува со 2,8% во вкупниот извоз на државата, или околу 111 милиони САД долари, а увозот учествува со 0,57 % или околу 28 милиони САД долари. Кај други неметални минерални производи, извозот изнесува околу 40 милиони САД долари или со учество од 1,0% во вкупниот извоз на државата, а продолжува високото учество на увоз од околу 5,6% или во вредност од околу 310 милиони САД долари. Само кај неметалните минерални производи има дефицит од 270 милиони САД долари. Извозот најчесто се остварува во Бугарија, каде се пласира бакарен, оловен и цинков концентрат, потоа во Косово, Србија, Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, при што се извезуваат мермерни блокови и мермерни плочи, керамички тули и керамиди, огноотпорни тули, фелспад и друго. Увозот најчесто се реализира скоро од истите земји од регионот - Албанија, Србија, Косово, Грција, Бугарија, Италија и од други земји. Посебно треба да се нагласи дека се увезуваат производи кои дел не се произведуваат во нашата земја, но има и производи кои се произведуваат на нашиот пазар, како што е портланд цемент, огноотпорни тули и малтери, камена волна и друго. Во наредниот период, може да се очекува да се зголеми индустриското производство, како во рударството и вадење на камен, така и кај производството на неметални производи, со рестартирањето на старите и отворањето на нови рудници, но и да се задржат и цените на металите на светската берза, истакна Николајчо Николов, претседател на МАР. Македонската асоцијација на рударството (МАР) на повеќе состаноци, како и на последната седница одржана на 22.12.2016 година, се залага за донесување стратегија за развој на рударството за периодот до 2025 година. Преку Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија ќе се побара од Министерството за економија, доколку, а според сознанијата имаат, подготвено текст на стратегија за геолошки истражувања, одржливо искористување на минералните суровини за подолг период, да се достави текстот на стратегијата во Комората, каде треба да се започне организирање стручни расправи и трибини по тој текст, а стручно мислење ќе треба да дадат и експерти од областа на минералните суровини, еминентни стручњаци, како и бизнис заедницата, преку вклучување и инженерски кадар од праксата, се разбира, во соработка и со одговорните и надлежни државни органи. Стратегија се бара и заради тоа што рударскиот сектор како важна стопанска гранка во Република Македонија има важна улога во севкупниот развој на стопанството, како од аспект на вработување, извоз - увоз, така и од аспект на стратешки развој на државата во наредниот период.
БИЗНИС ИНФО
8
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
АКТУЕЛНО
ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ НА ПРВАТА ГРУПА УЧЕСНИЦИ КОЈА УСПЕШНО ЈА ЗАВРШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА МЕНАЏМЕНТ АКАДЕМИЈА На 26 декември 2016 година, во Стопанската комора на Македонија, се доделија сертификати на првата група која успешно го заврши циклусот од 6 тренинг-дена во рамките на „Интернационалната менаџмент академија“. Програмата во целост се реализираше по методологијата на реномираната швајцарска консултантска куќа „Густав Кезер Тренинг Интернационал“. За време на академијата учесниците имаа можност да го откријат својот вистински потенцијал преку теоретска подготовка до практична примена на наученото, што доведува до мерливи резултати во секојдневното работење. Учесниците имаа можност да ги усовршат менаџерските и лидерските техники, за да постигнат натпросечни резултати во комуникацијата со останатите, преку комбинација на три клучни аспекти: техника, став и влијание. Пред учесниците тренерот Љупчо Георгиев потенцираше дека позитивните промени во стратегијата на однесувањето на вработените во менаџментот, продажбата и целокупната организација, се темел за успешна политика на секоја фирма. Тргнувајќи од општата слика за човекот, секој од учесниците, во согласност со своите особини, ги разви своите способности и ги насочи кон усовршување на процесите во претпријатието. За учесниците од особено значење беше
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ АКТУЕЛНО КОМОРИ
интерактивноста и работењето на конкретни случаи, без примена на класични презентации, користејќи вистински пристап кон работата и обврските со влијанието во нашето опкружување. Од страна на присутните беше споделено позитивното искуство и практичната примена, која креира дополнителна вредност во компаниите, а со тоа ја потврдува и тезата на Густав Кезер - „Да се биде успешен, значи да се постигне она што навистина сакаме да го постигнеме“. Стопанската комора на Македонија, следејќи ги глобалните трендови од една страна, но и барањата и потребите на компаниите од друга страна, продолжува со организирање на едукативни семинари кои ќе ги подготват вработените и менаџерите да ја насочат својата компанија во правец кој ќе и` донесе најдобри резултати.
БИЗНИС ИНФО
10
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
БИЗНИС ИНФО СОБРАНИЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Стопанската комора на Македонија, по повод 95-годишнината од коморското организирање во Македонија, ќе организира тркалезна маса на тема: „ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ“
goodini
192
2 - 2017
Кои се нашите очекувања од тркалезната маса? Големите држави и нивните големи деловни субјекти често знаат да ја искористат својата моќ на меѓународните пазари и со тоа да ги стават малите држави и нивните деловни субјекти во нерамноправна положба. Исто така, на малите земји често им се наметнуваат, при нивното меѓународно интегрирање, такви мерки кои можат негативно да влијаат врз нивните бизниси и деловните иницијативи, без да се направи критички осврт што значат овие мерки за деловното
опкружување. Очекуваме дека врз основа на излагањата и дискусиите на оваа тркалезна маса, проследена од домашната деловна заедница организирана преку Комората, ќе се утврдат конкретни заклучоци кои ќе имаат значајна улога во дефинирањето на идните чекори насочени кон обединување на напорите за соработка на претприемачите и малите држави меѓусебно и дефинирање на предизвиците, решенијата и активностите за градење единствени вредности за сите претприемачи од малите држави и унапредување на капацитетот на претприемачите од малите држави. Очекуваме дека активностите на планот на поврзување на претприемачите од малите земји нема да завршат ни потоа. Тркалезната маса ќе биде првиот чекор кон реализација на нашата повисока цел: организација на првиот самит на претприемачите од малите држави. Тој самит треба да ja прикаже моќта на здружувањето со директно состанување на најдобрите претприемачи од малите земји. Секој самит ќе се одржува еднаш годишно во различна мала земја. Планираме првиот состанок да се одржи во 2017 година во Скопје, а вториот во 2018 година на Арапскиот Полуостров. Разликата во споредба со останатите деловни состаноци и конференции
ќе биде во тоа што ова нема да биде самит со говорници, каде намерата е да се слуша и учи, ова нема да биде академско излагање на разни теми. Ова е создавање на организација со две мисии кои претходно ги образложивме: унапредување на економската соработка меѓу малите земји и унапредување на економската соработка меѓу претприемачите од тие земји. Суштина на иницијативата ќе биде непрекинатата активност. Во функција на првиот самит ќе се изработи меѓународна студија за состојбата на бизнисите од малите држави на меѓународниот пазар која ќе даде одговор на следните прашања: тековната состојба; кои се предностите и недостатоците, кои се идеите и мерките за подобрување на состојбата, како најдобро да се вклучат политичките елити кон оваа иницијатива за да се остварат подобри резултати? Во таа насока ќе се изработи и посебна стратегија за комуникација за континуирано дејствување после првиот самит. Основните цели на стратегијата ќе се состојат во создавање услови каде претприемачите ќе можат слободно да дискутираат за своите гледишта, да се сретнат со партнери од другите земји и да разменат информации, како и создавање услови за промена на менталитетот и размислувањата на луѓето во малите држави. Нашите очекувања се големи, но не се неостварливи... секако, со помош на претприемачите од малите земји и нивните идеи и предизвици кои обично се поголеми од нашите... Затоа, нема сомнежи дека нема да успееме во нашите намери. М-р Елена Милевска Штрбевска
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионална комора со седиште во Кичево Одржана Конститутивна седница на Локалниот економскосоцијален совет на Општина Кичево
АКТИВНО УЧЕСТВО И НА БИЗНИС СЕКТОРОТ
Во Општина Кичево, на 10.01.2017 година се одржа Конститутивна седница на Локалниот економско-социјален совет на Општина Кичево, на којашто учествуваа и претставници од Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија. На седницата на Локалниот економско-социјален совет на Општина Кичево, се верифицираа 12 членови, претставници на Општината и Советот, претставници на репрезентативните работодавачи од бизнис секторот, синдикати, како и надворешни членови. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески, како член во Советот, го поздрави формирањето на ЛЕСС и оцени дека е значаен фактор за развој на бизнисот и се надева дека ќе произлезат конкретни мерки со кои ќе се подобрат условите и инвестициската клима во регионот.
За Претседател на Локалниот економско-социјалниот совет (ЛЕСС) на општина Кичево се избра Рамиз Реџепи, вработен во Општина Кичево, кој нагласи дека Општина Кичево ќе вложи максимален ангажман со цел реализирање на активностите. За замениик-претседател од бизнис секторот се избра Снежана Миноска од „Кодекс Консалтинг“, која е членка на Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија. Локалниот економско-социјалниот совет на Општина Кичево првпат е формиран на 27 јуни 2016 година како заедничко советодавно и консултативно тело на Општината, кое ќе доставува свои мислења и предлози до градоначалникот и до Советот на Општината за важни прашања од економско-социјален карактер, за политиките на Општината, политиките за вработување, образование, безбедност и здравје при работа, поттикнување на заеднички иницијативи и слично. Основањето на Локалниот економско-социјален совет во Кичево е во рамките на Проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Дијана Лазороска Јованоска
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
12. САЕМ „INFRATECH“ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија;
• Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
15
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
• Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка;
БИЗНИС ИНФО
Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •
Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;
•
• • • • •
Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.
18.01.2017 - 19.01.2017
Ротердам, Холандија
Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Холандија – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да присуствувате на 12. Саем „InfraTech“ за инфраструктура, што ќе се одржи од 18-19 јануари 2017 година, во Ахоу арената во Ротердам, Холандија. „InfraTech“ е основан во 1996 година во Холандија. На Саемот главен акцент ќе се даде на нови проектни идеи и нови партнери за соработка од областа на: 1. инфраструктурата; 2. водата; 3. јавниот простор и мобилност; 4. канализацијата; 5. иновации за инфраструктурата и др. На 18 јануари 2017 година учениците ќе имаат можност да остварат директни средби со холандските владини претставници од градот Ротердам. Во рамките на Саемот „InfraTech“, на 19 јануари 2017 година, ќе се одржат и деловни средби, кои ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со компании, универзитети и истражувачи од цела Европа, заинтересирани за споделување на нови проектни идеи и наоѓање соработка со компании и партнери од областа на инфраструктурата. 12. Саем за инфраструктура „InfraTech“ ќе се одржи од 18 до 19 јануари 2017 година, во Ахоу арената во Ротердам, Холандија, на простор од околу 30.000 м2. Доколку сакате да се пријавите и да присуствувате на Саемот „InfraTech“ и на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/infratech2017, најдоцна до 13 јануари 2017 година.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
16
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
„WIN EUROASIA METALWORKING“ САЕМ ЗА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Hannoover fairs Turkey“, ве покануваат да бидете дел од „WIN EUROASIA Metalworking“ - Саем за металопреработувачката индустрија. Овогодинешниот саем ќе се одржува во периодот од 9 - 12 февруари 2017 година, во Истанбул, Р. Турција. Саемот „WIN EUROASIA Metalworking“, како секоја, така и оваа година на едно место ќе ги собере водечките компании од металопреработувачкиот сектор. Саемот на сите посетители и учесници им нуди можност на едно место да ги видат сите најнови видови технологии поврзани со браварството, заварувањето и третманот на металните производи. Овогодинешниот Саем о отворен за сите компании од металопреработувачката индустрија и сите комплементарни индустрии и сектори. Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • бесплатно сместување во хотел со 4* или 5* (зависно од расположливите капацитети на хотелите); • организиразни билатерални деловни средби со компании • посета на компании и фабрики. Саемот можат да го посетат максимум двајца учесници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 23.01.2017 година (понеделник).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
9 - 12 февруари 2017 година Истанбул, Република Турција
БИЗНИС ИНФО
12. САЕМ „INFRATECH“ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
Бизнис-средби
06.04.2017 Софија, Р. Бугарија
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува да воспоставите контакти со нови деловни партнери Бизнис-средби „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2017“ 6 април 2017 година, Софија, Република Бугарија Ве информираме дека Enterprise Europe Network во соработка со Интер Експо Центар ги повикува заинтересираните индустриски компании да учествуваат на годишниот брокерски настан, со однапред договорени деловни средби, „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2017“ на 6 април 2017 година (четврток), од 10: 30-18: 00 часот, во Софија, Република Бугарија. Деловните состаноци ќе се одржуваат за време на меѓународните изложби „MachTech & InnoTech“ (http://machtech.bg/en); Саемот „MachTech & InnoТech“, е најголемиот меѓународен саем на машини, технологии и индустриска опрема. Целни сектори: - „MachTech“: машини за сечење метал, опрема за заварување, пумпи, компресори, хидраулични машини и алатки, пневматски машини и алатки, ласерска опрема; - „InnoТech“: индустриска автоматизација и софтвер, системи за автоматизација, контрола и мерење, опрема, индустриска електроника, опрема, роботика. Целна група се претставници на светски компании кои работат во секторите за автоматизација, роботика, машиноградба, металургија, леење и алати, електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги и др. Консултантски компании и посредници, без техничка експертиза во соодветните сектори не се целна група на овој настан. Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен јазик: англиски.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
петок, 13 јануари 2017, Бр. 290
БИЗНИС ИНФО
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Босна и Херцеговина чија основна дејност е увоз и дистрибуција на алкохолни и безалкохолни пијалаци, вино, кондиторски производи, чаеви и многу други производи наменети за угостителството, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на голем број разни семки, како и суровини за кондиторската индустрија бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година.
Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка со акцент на кондиторски производи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на нивните производи на пазарот во Б и Х. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на кондиторски, хемиски производи козметика, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на производи на пазарот во Б и Х. Валидност до 28.02.2017 година.
21
Компанија од Полска која врши големопродажба и дистрибуција на безалкохолни и енергетски пијалаци е заинтересирана за соработка со компании од Р. Македонија. Валидност до 28.02.2017 година. Полска компанија која врши дистрибуција на освежителни безалкохолни пијалаци бара компанија од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Една од најголемите компании од Полска кои вршат дистрибуција на алкохолни, безалкохолни, газирани и негазирани пијалаци, како и пиво, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Една од најголемите дистрибутерски компании од Босна и Херцеговина,
којашто врши дистрибуција на огромен број познати брендови со врвен квалитет, со широк асортиман на козметика, прехранбени и непрехранбени производи, технички и електрични апарати, фармацевтски производи, текстил, играчки, цигари и моторни масла, бара компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуција на цигари, производи од тутун, прехранбени производи и стока за широка потрошувачка, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуција на разновидни
www.mchamber.mk
производи за широка потрошувачка, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуциоја на прехранбени, кондиторски производи и сокови, бара компании од Р. Македонја за соработка. Валидност до 28.02.2017 година.
Контакт: Александро Крстевски Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-036 Факс: +389 2 3244-088 aleksandro@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088