Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
Број 348 345
БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
1
FS 549642
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018 13.04.2018
МАКЕДОНСКИОТ ЧЕЛИК ПОД СЕРИОЗНА ЗАКАНА ОД МЕРКИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УВОЗОТ НА ЧЕЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
МАКЕДОНСКИОТ ЧЕЛИК ПОД СЕРИОЗНА ЗАКАНА ОД МЕРКИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УВОЗОТ НА ЧЕЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ
На денешната прес-конференција, претседателот на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, д-р Митко Кочовски, ја истакна сериозноста на протекционистичките мерки што ги воведе САД за заштита од увоз на челични производи, но уште повеќе на мерките кои ги воведува Европската унија за заштита од увоз на производи од челик. Производителите на челик и челични производи од Република Македонија, на 26 март 2018 добија информација од Генералниот директорат за трговија на Европската комисија за започнување иницијатива за заштита во однос на увозот на одредени производи од челик. Како дополнителен документ на Вербалната нота до компаниите стига и копија од Информацијата за постапката во врска со спроведување на заедничка комерцијална политика, објавена во Службениот весник на Европската унија. Заштитните мерки кои ги најавува Европската унија, иако навидум се чинат како неповрзани, сепак се јавуваат како рефлексија на ограничувањата кои претходно ги воведуваат САД за увоз на челични производи.
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Двете мерки претставуваат сериозна закана за металургијата, како индустриска гранка со голем импакт врз македонската економија, изразен како преку директните, така и преку мултипликативните ефекти што ги има врз целокупната национална економија. Посебно силен негативен одраз би имале мерките на ЕУ за заштита од увоз на одредени челични производи, како и извоз на старо железо, поради фактот што македонската челична индустрија најголем дел од извозот го реализира на европскиот пазар, како главно комерцијално одредиште на оваа индустриска гранка која историски и географски припаѓа на пазарот на Европската унија. Истото важи и за увозот на старо железо од каде речиси целосно се снабдува македонската челична индустрија. Во Објавата на Европската комисија дадени се рокови во коишто секоја компанија треба да се ангажира да ја потврди својата конкурентност врз пазарни основи и преку пополнување на понудениот прашалник да докаже дека не може да го загрози европскиот пазар по однос на количини и цени. Во тој контекст, членките на Здружението на металургијата се договорија да имаат координиран и усогласен пристап со надлежните државни органи и дипломатски претставништва во процесот на истрагата што ја спроведува Унијата. Поконкретно, Здружението на металургијата, покрај задолженијата за самите деловни субјекти, очекува целосна и навремена вклученост на институциите на системот и политички да делуваат со цел македонската челична индустрија да биде изземена од мерките на САД и на ЕУ за ограничување на увоз на челични производи, од причина што таа не е фактор којшто на кој и да било начин би можела да го загрози нивниот пазар, но може да има крајно неповолни реперкусии врз економијата на земјата. Зорица Мешкова
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ВТОРА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КАВАДАРЦИ Регионалната комора со седиште во Кавадарци при Стопанската комора на Македонија, на 11.4.2018 година, ја одржа својата Втора пленарна седница. Пред присутните претставници од бизнис заедницата поздравно обраќање имаше градоначалникот на Општина Кавадарци и претседател на Регионалната комора со
седиште во Кавадарци при Стопанската комора на Македонија, Митко Јанчев, кој им се заблагодари на присутните за досегашната поддршка, а потоа ги предложи кандидатите за претседател и потпретседател на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, како и членовите на Управниот одбор, чиј број според одлуката изнесува 11 члена. На седницата присуствуваше и Љупка И. Самарџиска, од Стопанската комора на Македонија. На седницата едногласно се донесе одлука Никола Наумов од „Градба Промет“Кавадарци да биде нов претседател на Регионалната комора со седиште во Кавадарци при Стопанската комора на Македонија, а за потпретседатели беа избрани
БИЗНИС ИНФО
6
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Ласко Јованов од „Слога“ - Кавадарци и Славчо Јорданов од „КИМ“ - Неготино. Ирена Ѓоргиеска, од Фондот за иновации и технолошки развој, пред триесетина претставници од бизнис заедницата, ги претстави мерките од Планот за економски раст на Владата на РМ, од столб 3: финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој, преточени во Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој. Во Програмата на Фондот за иновации и технолошки развој, којашто неодамна ја усвои Владата на РМ, предвидени се пет мерки. Првата мерка претставува финансиска поддршка во износ од 30% од прифатливи директни трошоци за поддршка на микро, мали и средни компании, со тенденција на брз пораст („газели“), но не повеќе од 10.000.000 денари за инвестициски проекти како што се изградба на погон, набавка на опрема, купување земјиште, за имплементација на европски технички прописи за безбедност на производите, за воспоставување системи за управување со отпад и друго. Втората мерка од Програмата е финансиска поддршка за овие намени за микро претпријатија (со годишен приход до 3.000.000 денари) со покривање до 30% од прифатливи директни трошоци, но не повеќе од 5.000.000. денари. Бидејќи мерките се однесуваат пред се` за развој и примена на иновативни решенија, најголем процент на покривање на трошоците, до 70% (не повеќе од 20.000.000 денари) е предвиден за третата мерка од Програмата, односно за развој и воведување на нови производи или услуги или значително подобрување на постојните, како и за изработка на индустриски дизајн или редизајнирање на производите, нова амбалажа, изработка на маркетингпланови, подобрување на постојниот или воведување на нов производен процес и друго. Финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени е предвидена во четвртата мерка, со покривање до 30% од трошоците за обука и стручно усовршување на нововработени млади лица до 29-годишна возраст, но не повеќе од 1.000.000 денари. Поддршката преку Фондот ќе има и за „еквити“ и „мезанин“ инвестиции. За мерките во 2018 година превидени се средства во износ од 10,5 милиони евра и истите ќе се доделуваат по пат на три јавни повици. Мицева Тања
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕС ТРКАЛЕЗНА КОНФЕРЕНЦИЈА МАСА
ВО КИЧЕВО ОДРЖАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ФАКТОРИНГОТ КАКО АЛТЕРНАТИВЕН ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ Во Кичево, на 11 април 2018 година, се одржа тркалезна маса на тема: „Факторингот како алтернативен извор на финансирање“ во организација на Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија, a во соработка со Проектот за факторинг на УСАИД.
Проектот на УСАИД за факторинг има за цел да им помогне на малите и средни претпријатија преку едукација и информирање за пристап кон алтернативни финансиски продукти. Проектот за факторинг обезбедува техничка помош и имплементира низа активности преку три главни компоненти: подигнување на свеста и знаењето на малите и средни претпријатија за алтернативните финансиски можности; имплементација на правната регулатива за факторинг и финансиска едукација на малите и средни претпријатија. Пред присутните компании од бизнис секторот, поздравно обраќање имаше директорот на Проектот за факторинг Ловре Ристевски, кој истакна дека компаниите
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
ИНВЕСТИЦИИ МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ТРКАЛЕЗНА МАСА во Македонија, посебно микро, малите и средните фирми, многу малку го користат факторингот. На ниско ниво се и свеста, како и информираноста за овој алтернативен начин на финансирање. Тој додаде дека факторингот обезбедува свеж обртен капитал во моментот кога им е најпотребен, го поддржува нивниот раст и развој. Во основа, факторингот претставува преземање на недоспеани побарувања. Според него, одложеното плаќање е голем проблем за нашите мали и средни претпријатија, а факторингот може да го скрати рокот, па наместо да чекаат трговецот да им ги даде парите за 90 дена, фирмите ќе ги добијат веднаш и ќе ги искористат во некој друг, поприоритетен правец. Факторингот, како алтернативен извор на финансирање, го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансии, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите без дополнително обезбедување. Факторингот како производ го презентираа експертите од Македонска банка за поддршка на развојот, од финансиското друштво „Фактор Труст“ и од Капитал банка.
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
9
ТРКАЛЕЗНА МАСА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Дарко Стефановски, од Македонска банка за поддршка на развојот, го презентираше извозниот факторинг како придружен производ на осигурувањето за извоз, а притоа ги објасни условите за негово користење. Марија Танушева, од Капитал банка, го претстави факторингот како нов производ на банката од пред неколку месеци, со кој може да се кредитираат и домашните побарувања, а притоа се нуди можност и за откуп на застарени побарувања. Димитар Ангелкоски, од финансиското друштво „Фактор Труст“, ги запозна присутните со тоа што е факторинг, како функционира факторингот и кои се придобивките од истиот, бидејќи за разлика од банкарските кредити, факторингот не бара дополнително обезбедување. Финансиското друштво „Фактор Труст“ обезбедува три вида на факторинг производ и тоа домашен, добавувачки и извозен факторинг. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески, ги поздрави присутните, при што истакна дека на фирмите им треба поголема информираност за да се запознаат со факторингот и притоа додаде дека ги користат услугите на Македонска банка за поддршка на развојот и се задоволни, но треба да се зголемат средствата и да има директна поддршка од МБПР за фирмите. Компаниите покажаа заинтересираност за темата и заклучи да се организира обука за компаниите, со цел поддршка на економскиот раст на малите и средни претпријатија и поголемо користење на алтернативните извори на финансирање. Проектот за факторинг којшто е тригодишен проект, започна во октомври 2017 година. Дијана Лазороска Јованоска
БИЗНИС ИНФО
10
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
ИНВЕСТИЦИИСАМИТ ЕКОНОМСКИ
ТЕХНОЛОГИЈАТА НАСПРОТИ ПОЛИТИКАТА ВО ФОКУСОТ НА 21-ОТ ЕВРОАЗИСКИ ЕКОНОМСКИ САМИТ Во фокусот на овогодинешниот Евроазиски економски самит, кој се одржува од 11-12 април 2018 година во Истанбул, Република Турција, се темите поврзани со технологијата, енергијата и бизнисот, како и влијанието на политичките елити врз економските текови. Целта на овој самит е да даде придонес во зајакнувањето на економските врски помеѓу Европската унија и земјите од Централна Азија, Кавказ, Балканот и Блискиот Исток. Видни личности од политиката, бизнисот и науката од различни земји учествуваат на работните сесии во рамките на Самитот. Во наредните два дена на Самитот ќе бидат опфатени темите поврзани со „Технологијата наспроти политиката“; „Паметни градови“; „Климатски промени“ и „Жени кои го менуваат светот“.
Бизнис делегација од Македонија, предводена од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, учествуваше на Самитот во насока на зајакнување на врските помеѓу македонските компании и компаниите од евроазискиот регион. Со поддршка на Унијата на комори и берзи на Турција (TOBB -Türkiye Odalar ve Borsalar Birliği) беа остварени средби помеѓу македонските и турските бизнисмени,
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
11
ЕКОНОМСКИ САМИТ кои што дискутираа за идните чекори во насока на зголемување на економската соработка. ТОББ е главниот репрезент на приватниот сектор во Турција. Денес брои вкупно 365 членки, меѓу кои и регионални комори на трговијата, комори на индустријата, комори на поморски транспорт и берзи. Во ТОББ членуваат повеќе од 1,5 милиони компании. Професионалната поставеност на ТОББ има за цел да дава поддршка на бизнисите на национално ниво во Турција, како и помош при интернационализација на турските компании. Соработката помеѓу ТОББ и Стопанската комора на Македонија е на дневна основа со цел побрз проток на информации и премостување на бариерите во економската соработка помеѓу двете земји. На Самитот, покрај истакнатите претставници на политичкиот и на економски живот од Р. Турција, воведно обраќање имаше и д-р Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија, кој ја потенцираше добрата соработка помеѓу двете земји. Учеството е и предизвик, бидејќи секоја пролет дискутираме за важни и актуелни теми, но неоптоварени со дипломатски и бирократски бариери. Денес, во третиот милениум, ние сакаме да бидеме дел од новите проекти за развој на човечкиот капитал. Потребно ни е образование што ќе создава луѓе за третиот милениум, - истакна претседателот Иванов. На Самитот присуствуваше и претседателот на Владата на Р. Турција, господинот Бинали Јилдирим, кој покрај останатото ја истакна потребата за забрзана економска соработка помеѓу земјите од регионот, а овој Самит е местото каде што заедничката соработка може да се фокусира на конкретни проекти. - Сите сме обединети во желбата да имаме стабилен и економски напреден регион. Треба да работиме на вистинскиот предизвик, а тоа започнува со зголемена доверба помеѓу нас, - истакна претседателот на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ. Имајќи ги предвид моменталните економски текови, како насока од 21-от Евроазиски економски самит е бизнисот заедно со политичка поддршка да се насочат кон производство и услуги со поголема додадена вредност. За да се искористи оваа можност, неопходно е да се инвестира во нови технологии и, секако, да се зголемат иновациите и нивната комерцијализација во насока на подобрување на конкурентноста на економиите. М-р Борис Тримчев
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
Oдржано предавање на тема: „БРЕНДИРАЊЕ-ШТО Е БРЕНД?“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИПРЕТПРИЕМАЧИ Клубот на менаџери-претприемачи на 12.4.2018 година го реализираше едукативното предавање на тема: „Брендирање - Што е бренд?“, во соработка со Петар Лазаров, консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, извоз, автор и косопственик на „Македонија-Експорт“. Петар Лазаров со своето искуство, во развој на македонски брендови и бизниси, се издвојува како еден од ретките предавачи од третата генерација обучувачи, кој своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата.
Брендот е идентификациски симбол, ознака, лого, име, збор и/или реченица што ја користат компаниите за разликување на нивниот производ од другите.
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
13
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ СОРАБОТКА Комбинацијата на еден или повеќе од тие елементи може да се искористи за да се создаде идентитет на брендот. Правната заштита дадена на името на брендот се нарекува трговска марка. Всушност, брендот е еден вид на збир од сите импресии коишто клиент ги добива од сите интеракции со личноста, со производот и со компанијата која го произведува или го застапува производот или услугата. Логото на компанијата често ја вклучува пораката, слоганот или производот што го нуди компанијата. Целта е да се направи брендот незаборавен и привлечен за потрошувачот. Компанијата вообичаено се консултира со дизајнерска фирма или тим
за дизајн за да пронајде идеи за визуелните аспекти на брендот, како што е логото или симболот. Откако брендот ќе создаде позитивни чувства кај целната публика, фирмата се вели дека има изградено капитал на брендот. Некои примери на компании со капитал на бренд – коишто поседуваат препознатливи брендови на производи се: „Microsoft“, „Coca-Cola“, „Mercedes Benz“, „Apple“, „Burger King“ и многу други. Производите и услугите станаа толку слични што скоро и да не можат да се разграничат едни од други според нивниот квалитет, ефикасност, сигурност, гаранција и грижа. Брендовите додаваат емоции и доверба на овие производи и услуги, со што обезбедуваат индиции коишто го поедноставуваат изборот на потрошувачите. Овие додадени емоции и доверба можат да помогнат во создавање врска помеѓу брендовите и потрошувачите, којашто ја осигурува лојалноста на потрошувачите кон брендот. Брендовите создаваат аспиративни животни навики врз основа на овие односи со потрошувачите.
14
БИЗНИС ИНФО
РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
СОРАБОТКА
Повеќето претприемачи сфаќаат дека брендирањето е клучно за нивниот бизнис, но на големо изненадување многу од нив не знаат зошто. Голем дел од нив ја препознаваат поврзаноста помеѓу успешните бизниси и доброто брендирање, а исто така се стремат да изградат бренд кој ќе им овозможи сличен успех за нивниот бизнис. И тие сфаќаат дека брендирањето не е само лого, или начин на којшто нивниот бизнис се набљудува од надвор, но само неколкумина сфаќаат дека успешните брендови го всадиле брендирањето во срцето на бизнисот толку многу што тоа претставува клучна основа за неговото успешно функционирање. Додека брендовите им зборуваат на умот и срцето, идентитетот на брендот е опиплив и влијае на сетилата. Идентитет на брендот е визуелниот и вербален израз на брендот. Идентитетот го поткрепува, изразува, комуницира, синтетизира и го визуелизира брендот. Тој е најкратката, најбрзата, најуниверзалната достапна форма на комуникација. Според Лазаров, придобивките кои стратешки дефиниран бренд може да донесе се исти кога луѓето ќе се вљубат. Кога купувачите ќе се поврзат емотивно - затоа што ги делат истите вредности и верувања со брендот - тоа води до поголема продажба, и подобра диференцијација на брендот. Исто така води и до лојалност, застапување, па дури може и да ја заштити вашата цена кога конкурентите се потпираат на промотивни попусти за да си ја зголемат продажбата. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
15
ПРЕС СОВЕТ НА СТРАНСКИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИТОРИ ДЕЛОВНА СРЕДБА
СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР На последната пленарна седница на Советот на странски инвеститори (ССИ) при Стопанската комора на Македонија, одржана на 11 април 2018 година, беше избран нов состав на Управниот одбор на Советот и тоа: 1. Штефан Петар, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“ АД - Скопје, претседател на ССИ; 2. Ирена Јакимовска, извршен директор на „Конфи Ангел“ - Прилеп, потпретседател на ССИ; 3. Волфганг Марингер, извршен директор на „АрцелорМиттал“ - Скопје, потпретседател на ССИ; 4. Алпер Ерсој, извршен директор на „ТАВ Македонија“ - Скопје; 5. Јоанис Геруланос, главен извршен директор на „ОКТА“ АД – Скопје; 6. Михаел Солтер, извршен директор на „Филип Морис - Тутунски комбинат“ – Прилеп; 7. Ајхан Узун, извршен директор на „Рамстор Македонија“ - Скопје; 8. Александар Чадиковски, извршен директор на „Технички гасови Скопје“ - Скопје; 9. Аврам Стојчевски, извршен директор на „Ван Хол Македонија“, претседавач на Асоцијацијата на автомобилската индустрија при ССИ; 10. Ратко Христов, финансиски менаџер на „Сокотаб“ ДООЕЛ- Битола; 11. Катерина Бошевска, извршен директор на „ЕОС Матрикс“ ДООЕЛ - Скопје; 12. Димитар Цветковски, претседател на Одборот на директори на „Макстил“ АД – Скопје; 13. „Франческо Татоли, извршен директор на „КЕМЕТ Електроникс Македонија“; 14. Лидија Нанус, извршен директор на „Делоит Македонија“ ДОО; 15. Никола Битрак, извршен директор на „АФ-Консулт“ – Скопје.
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
М-р Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“ и Ирена Јакимовска, извршен директор на „Комфи Ангел“, се реизбрани за претседател на Советот на странски инвеститори, односно за потпретседател на Советот на странски инвеститори. Волфганг Марингер, извршен директор на „АрцелорМиттал“ - Скопје, е избран за потпретседател на Советот на странски инвеститори. Мандатот на секој член на Управниот одбор е две години. На настанот, господинот Марко Мантованели, менаџер на Светска банка за Македонија и Косово и господинот Бојан Шимбов, економист во Канцеларијата на Светската банка во Скопје, го презентираа последниот Редовен економски извештај за Западен Балкан, објавен од Светската банка. Влатко Стојановски
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
17
СТАВ ГРУПАЦИИ
Групација за безбедност и здравје при работа – УСОГЛАСЕНИ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ СТРУЧНИ РАБОТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА На состанокот на Групацијата за безбедност и здравје при работа, одржан на 12.4.2018 година, беа усогласени изменувањата и дополнувањата на Правилникот за висината на трошоците за извршување стручни работи за безбедност при работа. Членките на Групацијата констатираа дека донесените правилници се според Законот за безбедност и здравје при работа донесени од страна на министерот за труд и социјална политика.
Со Правилникот за висината на трошоците за извршување стручни работи за безбедност при работа се пропишува висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа врз основа на видот, начинот, обемот и местото на извршените стручни работи. Се констатира дека периодот на имплементација во пракса на овој Правилник, уште на почетокот покажа дека унифицираните цени за услугите не се реални и дека не треба да има унифицирање на истите, односно дека висината на цената мора да биде во правопропорционален однос со обемот и сложеноста на услугата која се испорачува, а се` во зависност од специфичноста на дејноста на работодавачот,
18
ГРУПАЦИИ
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
СОРАБОТКА
односно компанијата во која се извршува. Имено, ако се говори за услугата – обука на вработените за безбедност и здравје при работа, потребното време и потребните човечки ресурси за подготовка на: програма за обука, презентација за обука, тестови за проверка на стекнати знаења, за спроведување на теоретскиот и практичен дел на обуката, за евалуација на обуката, за изготвување документација од спроведената обука, во голема мера варира од работното место. Не е исто да се спроведе обука за безбедност и здравје при работа на административен работник и обука за безбедност и здравје при работа на висина на инсталатер на телекомуникациска опрема. Ако се зборува за услугата изработка на проценка на ризик - потребното време и потребните човечки ресурси за увид на лице место, снимање на работното место и работните задачи на вработените, разговор/анкета со вработените, увид во постојната документација (на пример, спроведени здравствени прегледи, случени повреди во изминат период, важечки стручни наоди од спроведени прегледи и испитувања на средствата за работа, на условите во работната средина - микроклима, осветлување, хемиски штетности и друго) за давање приказ на технолошкиот и работниот процес, опис на средствата за работа и опис на средствата и опремата за лична заштита при работа, спроведување, препознавање и утврдување на опасности и штетности на работното место и работната средина, одредувањето на нивото на ризик, утврдување на начинот и мерките за отстранување, намалување или спречување на ризикот, апсолутно е различно за работно место административен работник и за работното место инсталатер на телекомуникациска опрема. Во измените и дополнувањата на Правилникот не се опфатени електричните мерења бидејќи ќе се бара нов правилник за овие мерења. Заради погоре наведените причини, примената на овој Правилник води кон намалување на квалитетот на услугите кои се испорачуваат од страна на стручните лица и овластени компании, а секако и кон деградирање на инженерскиот кадар стручните лица за безбедност при работа. Воедно, во подготовка е и измена на Правилникот за издавање лиценци за стручни лица, со кој се регулира издавањето лиценци за стручните лица од оваа област, бидејќи не соодветствуваат со условите во нашата земја. Војкан Николовски
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
19
ПОСЕТИ
АМБАСАДОРКАТА НА РЕПУБЛИКА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП На 12.4.2018 година, амбасадорката на Република Босна и Херцеговина во Македонија, госпоѓата Лепа Бабиќ, во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, ја посети Регионалната комора со седиште во Прилеп.
Во присуство на поголем број членови на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, се разговараше за воспоставување економска, трговска и културна соработка меѓу Општина Прилеп и Општина Источно Сараево и пошироко, на ниво на републики. На средбата се разговараше за теми од стопанството, за трговската размена меѓу двете земји, а една од главните идеи на амбасадорката на Б и Х беше идејата за формирање бизнис клуб, со цел компаниите од двете земји полесно и побрзо да разменуваат информации и идеи, со што би се подобриле и унапредиле бизнис релациите меѓу двете земји.
БИЗНИС ИНФО
20
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ПОСЕТИ
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
СОРАБОТКА
На состанокот беа изнесени позитивните искуства од досегашната соработка на компаниите од регионот со компании од Република Босна и Херцеговина. Во контекст на тоа, свои согледувања изнесоа директорите на „Мермерен комбинат“, „Тутунски комбинат“, како и претставниците на „Комфи Ангел“, „Витаминка“ и сопственикот на детската конфекција „Хатра“. На крајот на средбата се заклучи што поскоро да се формира бизнис клуб и да се оствари средба на Регионалната комора со седиште во Прилеп со Комората на Источно Сараево. Горан Попоски
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
21
ар Н
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ РЕГИОНАЛНИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ КОМОРИ Quality Management
FS 549642
ај те
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
22
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
23
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
19.04.2018 - 20.04.2018 Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И МОЖНОСТИ-
Програмата на Конференцијата ќе опфати теми поврзани со арбитрабилноста и практичните прашања во врска со арбитражното решавање на споровите, Њујоршката конвенција, како еден од најзначајните меѓународни документи за развојот на арбитражата којшто оваа година одбележува 60 години од своето постоење на меѓународната правна сцена и инвестициската арбитража која доживува значителен подем во последните години. години. Конференцијата ќе се одржи на 19 - 20 април 2018 година, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат. Учесниците ќе имаат можност да слушнат динамични и практично применливи излагања на истакнати стручњаци од земјата и од странство, и заедно со нив да дискутираат подетално на темите кои се дел од програмата на настанот. Работни јазици на Конференцијата се македонски и англиски јазик. Котизацијата за настанот по учесник изнесува 3.600,00 денари со вклучен ДДВ (секој дополнително пријавен учесник добива 10% попуст, а секој трет пријавен учесник од истиот правен субјект може да учествува без котизација).
Контакт: Татјана Штерјова Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tatjana@mchamber.mk
Контакт: Нена Николовска Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: nena@mchamber.mk
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.4.2018 година (петок) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Овој семинар е наменет за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на корпоративни и маркетинг комуникации, продажба, социјални мрежи и односи со јавноста. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко и темелно разбирање за важноста, вредноста и функционалноста на современиот маркетинг, алатките, механизмите и медиумите, како и моделите за успешни комуникации со таргетираната јавност. Учесниците ќе спознаат функционални модели за маркетинг планирање, бренд стратегија и разбирање на социјалните мрежи. Воедно, учесниците ќе добијат материјали корисни за маркетинг планирање, медиа планирање и пристап до сознанија за оптимално комбинирање на традиционални и дигитални медиуми. Предавач: -д-р Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон Односи со Јавност, Бренд менаџмент, Интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – Агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24.04.2018 - 29.04.2018 Истанбул, Турција
СОВЕТУВАЊЕ ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА
Стопанската комора на Македонија од 24 до 29 април 2018 година, Ве поканува да земете учество на советувањето во Истанбул, Република Турција, на тема: „Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, можности за распоредување на вработените во јавниот сектор и на административните службеници, проблеми за распоредување на работниците согласно Законот за работните односи - непредвиденост на поимот рапоредување на работник, поим на повреда на работниот ред и дисциплина според Законот за работните односи и предвидени мерки за ваква повреда, дисциплинска неуредност и дисциплински престап како повреди предвидени во Законот за административните службеници, одговорност на вработените во јавниот сектор за извршувањето на работните задачи“. Предавач: - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, Одделение за работни спорови.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија
Стопанската комора на Македонија, во организација со Стопанската федерална комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи и Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „FUTURE OF BUILDING“ („ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“), што ќе се одржат на 8-9 мај 2017 година, во Виена, Австрија. Доколку сте заинтересирани, можете да ја искористете можноста за претставување на вашата фирма и да остварите директни средби со австриски фирми, поврзување со повеќе од 500 учесници од 40 земји, организирано посетување и разгледување на иновативни австриски градежни проекти во Виена и околината (6 различни тури) и вечерен прием во Австриската дипломатска академија на презентација и доделување на наградата на владиниот Проект „Austrian Green Planet Building”. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби со австриски фирми, ве молиме, да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https:// buildings2018.b2match.io/, најдоцна до 30.4.2018 година.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
29 мај – 4 јуни 2018 година Сицилија, Италија
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА НА БЗР ВО Р.МАКЕДОНИЈА)
Целта на работилницата: Целта на работилницата е унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на БЗР, воедно анализирајќи ги проблемите со кои се соочуваат работниците и работодавачите, анализирајќи ги и следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за БЗР, согледувања и правилна примена на ЕУ директивите, како и постапувања според Законот за безбедност и здравје при работа во согласност со Законот за работни односи, со цел да се развие модул за подобрување на здрава и безбедна работна средина, а со тоа и да се намали и ризикот за поврeда на работно место. *(Плаќањето на котизацијата е по добиена про-фактура од страна на Стопанската комора на Македонија на Вашата електронска пошта). *Поради ограничен број на места крајниот рок за пријавување е до 4 мај 2018 година. * Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата, најдоцна до 4 мај 2018 година. Пријавувањето за работилницата после овој рок ќе зависи од распoложливите капацитети на хотелот. Сигурна реализација е со пријавени минимум 15 учесници.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
30 мај – 1 јуни 2018 година Белград, Р. Србија
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград
Стопанската комора на Македонија во соработка со„Business France“ и Амбасадата на Република Франција во Македонија, ве покануваат да земете учество и да бидете дел од претстојниот тридневен Бизнис форум: Франција – Балкан 2018. Бизнис форумот ќе се одржи во периодот од 30 мај до 1 јуни 2018 година, во хотелот „Метропол Палас“ во Белград, Р. Србија. Овогодинешниот Бизнис форум се организира со цел да им помогне на компаниите од Балканот да најдат потенцијални партнери од Франција, и тоа од областа на: • агроиндустријата; • инфраструктурата; • енергетиката, со фокус на обновливи извори на енергија; • информатичките технологии и • туризмот. Сите компании заинтересирани за учество на претстојниот Бизнис форум: Франција – Балкан 2018, потребно е да се регистрираат на следниот линк: http://francebalkansforum18.talkb2b.net/members/register , или да го пополнат пријавниот лист во прилог (на англиски јазик) и да го достават до контакт-лицата: м-р Сања Николова, телефон: +389 2 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk и Игор Тасевски, телефон: +389 2 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk , најдоцна до 20 април 2018 година.
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: ++ 389 2 3244066 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: igor@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034
Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005
Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
БИЗНИС ИНФО
31
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632
Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921
Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912
www.mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 13 Април 2018, Бр. 348
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка
goodini 1
922 - 2018
Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088