петок, 14 април 2017, Бр. 303
Број 303
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
14.4.2017
Стопанската комора на Македонија ја промовираше Публикацијата „РАЗВОЈНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА КОМОРСКИОТ СИСТЕМ ВО МАКЕДОНИЈА“
2 2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 14 април 2017, Бр. 303 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
3
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОМОРИ
Бизнисот бара стручен кадар согласно потребите на економијата – НEДОСТАСУВААТ РЕЧИСИ СИТЕ ЗАНИМАЊА ОД ТЕХНИЧКИТЕ СТРУКИ Недостатокот од квалификувана работна сила во македонската економија е сѐ поизразен. Оваа појава станува се` поалармантна и затоа итно се неопходни ефективни мерки со кои ќе се надмине овој проблем кој прераснува во реалeн предизвик за оперативното работење на странските компании од различни индустриски сектори, истакна Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори на редовната прес-конференција на Стопанската комора на Македонија (10.4.2017 година). Ова е и главната констатација на учесниците на тркалезната маса организирана од страна на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во соработка со Американската стопанска комора – AmCham и Делегацијата на германското стопанство во Македонија, одржана на 6.4.2017 година. Тркалезната маса на тема: СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ПО МЕРКА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР – МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, на која земаа учество
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 14 април 2017, Бр. 303
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА релевантни чинители од оваа област, вклучително и претставници на Министерството за образование и наука, средните училишта, Стопанската комора на Македонија, научната и деловната заедница претставувана од странските компании во земјава, наметна размена на мислења и идеи од кои ќе произлезат можни решенија за подобрување на практичните вештини на учениците и поефикасно поврзување на средното образование со потребите на пазарот на трудот. Претседателот на Советот Штефан Петер истакна дека според истражувањето спроведено меѓу членките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во соработка со Американската стопанска комора – AmCham и Делегацијата на германското стопанство недостигаат кадри со средна стручна подготовка во речиси сите сектори.
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Реформите во образованието и наставните програми мора да ги следат потребите на стопанството и тоа во временска рамка во која приватниот сектор би можел веднаш да ги почувствува бенефитите. Потребна е професионална ориентација на учениците уште во основното образование и промоција на средните стручни училишта и занимања. Едно од можните решенија е воведување на дуалниот систем на средно стручно образование или т.н. „учење преку работа“, по примерот на успешните системи на дуално образование што функционираат во западните земји како Германија, Австрија, Швајцарија, преку системска поддршка и субвенции за учениците кои би се определиле за таков вид на образование. Улогата на стопанските комори е клучна во процесот на реформирање на средното стручно образование при поврзување на приватниот сектор со средните стручни училишта, како и во подготовката на завршните испити и сертифицирањето на учениците за положен испит. - Овој модерен систем на средно стручно образование подразбира вклучување на компаниите во практичната обука на учениците во средните стручни училишта, со цел да се профилираат кадри, кои потоа ќе бидат оспособени за работа токму во компаниите кои овозможиле нивна практична обука уште во процесот на нивното образование, - истакна господинот Петер. Друга причина за континуираниот недостаток на квалификувана работа сила, посебно кај техничките струки, е слабиот интерес кај младите да работат во овие гранки. Зборуваме за тинејџери од 14-15 години (т.н. генерација З) кои треба да донесат одлука за нивната идна професионална определба. Дури и нивните родители немаат такво искуство. Тие секако го сакаат најдоброто за своите деца. Токму поради тоа, тие посетуваат атрактивно средно училиште со цел подоцна да се запишат на факултет. Приватниот сектор во наредниот период може да понуди нови 5.000 работни места на регионално ниво, доколку се обезбеди потребниот кадар на пазарот на работна сила. - Со цел да дојде до промени во образовниот систем, во наредниот период ни е потребна сеопфатна информативна кампања за барањата на приватниот сектор од квалификувана работна сила којашто ќе допре до учениците и до родителите. А за да се случи тоа, неопходна е поинтензивна соработка и заеднички придонес на сите засегнати страни за ефикасни реформи во образовниот систем и намалување на јазот помеѓу потребите и понудата на пазарот на трудот, поентираше претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер. Влатко Стојановски
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 14 април 2017, Бр. 303
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
Лиценцираните управители за домување членки на Стопанската комора на Македонија ДЕБАТИРАА ЗА ТЕКОВНИТЕ АКТИВНОСТИ И АКТУЕЛНИ ПРОБЛЕМИ ВО ДЕЈНОСТА Групацијата за домување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија, каде членуваат лиценцираните управители кои менаџираат со влезовите во станбените згради и деловно станбените комплекси, одржа состанок на кој се разговараше за актуелни проблеми и тековни активности во рамки на дејноста. Како еден од клучните проблеми кои го оптоваруваат нивното работење, управителите го посочија новиот Закон за извршување, согласно кој се третираат со истите законски обврски како и комуналните дејности, што го усложнува нивното работење бидејќи дејност домување согласно матичниот закон не е комунална дејност. Лиценцираните управители констатираа дека и натаму се соочуваат со одредени технички проблеми во комуникацијата со „ЕВН Македонија“, во делот на времето кога сметките се испорачуваат, користење заеднички струјомери на два и повеќе влеза, пренос на корисник на броило од еден на друг лиценциран управител и слично. За таа цел на состанокот беа присутни претставници од енергетската компанија, кои посочија дека согласно нивните процедури, се обидуваат да излезат во пресрет на барањата на управителите и колку што Законот дозволува ги приспособуваат услугите, но целиот
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
7
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
систем е многу сложен и поради тоа останува констатацијата дека кога некој проблем останува нерешен во рок од 5 дена, истиот да биде актуелизиран преку Групацијата за домување со станбен и деловен простор, при Стопанската комора на Македонија, и на тој начин канализирањето на проблемот има основ за побрзо решавање. Лиценцираните управители и на овој состанок го отворија прашањето за обврските и одговорностите согласно функционирањето на лифтовите во влезовите како дел заедничките простории, односно сопственост на станарите, за што беше присутен и претставник од Државниот технички инспекторат. Беше повторен ставот на Групацијата дека се бара законска интервенција со цел додефинирање на обврските и одговорноста во случај кога лифтовите не се технички исправни а се во функција на барање на станарите, односно не се носат одлуки за санирање на пропустите. Сето ова е со цел гарантирање на безбедноста на човечкиот живот за што, како што посочија и претставниците на компаниите лиценцирани управители, е и нивна цел. Станарите во станбените згради пред се` во Скопје, се` помасовно имаат проблем со потрошувачката што се дефинира кај главните водомери, каде одеднаш се појавуваат големи долгови за изминати повеќе години, а за кои до сега никој не ги информирал. Во таа насока беше договорено во следниот период да се активира комуникацијата со надлежното водоводно претпријатие со цел надминување на овој проблем. На состанокот на Групацијата беа присутни и претставници од Регулаторната комисија за домување и од Министерството за транспорт и врски, како надлежно министерство каде е креиран Законот за домување. Даниела Михајловска Василевска
8
БИЗНИС ИНФО
петок, 14 април 2017, Бр. 303
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
Македонија веќе трета година по ред е дел од ГЛОБАЛНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА “ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИ” Агенцијата за супервизија на осигурување како дел од Координациското тело на регулаторни институции за финансиска едукација веќе трета година по ред го организира настанот “Глобална недела на парите”, во периодот март-април. Овој настан се случува на глобално ниво под иницијатива и подршка на Child & Youth Finance International. Единствена цел на настанот е да се зголеми финансиското знаење на населението, особено на младите низ светот, да им се обезбеди пристап до финансиските услуги, за подобрување на нивната свест за своите права при купување на производите и да ги поттикне да инвестираат во својата иднина. Агенцијата за супервизија на осигурување во насока на развој на осигурителниот пазар го јакне финансиското знаење на населението за осигурувањето и цели кон
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
9
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ обезбедување на целосни и разбирливи информации за потрошувачите на основа на кои можат да извршат споредба на осигурителните производи и услуги со кои се среќаваат на пазарот. Финансиски писмени потрошувачи можат да допринесат за јакнење на довербата во финансискиот сектор. Агенцијата за супервизија на осигурување пред Здружението на осигурување и Асоцијацијата на осигурително брокерските друштва ја презентираше иницијативата за организација на хепенинг во рамки на глобалната недела на пари, на тема: Финансиско знаење во областа на осигурувањето. Хепенингот ќе се оддржи на 19 април 2017 година во Градскиот парк-Скопје, (пред школка), со почеток од 11:00 часот. На настанот ќе бидат присутни институции од финансискиот систем во Република Македонија - друштва за осигурување, банки, пензиски фондови, инвестициони фондови, осигурителни брокерски друштва кои ќе имаат можност да покажат како тие придонесуваат за поголемо финансиско знаење на населението во нашата земја. На настанот исто така, ќе присуствуваат претставници од регулаторните тела на финансисиот систем и други релевантни институции како и голем број на ученици од основни и средни училишта. Ивона Каранфиловска
БИЗНИС ИНФО
10
петок, 14 април 2017, Бр. 303
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионалната комора со седиште во Прилеп УЧЕСТВУВАШЕ НА САЕМОТ „СПРЕГ 2017“ ВО ВАЛЕВО, РЕПУБЛИКА СРБИЈА Регионалната комора со седиште во Прилеп водена од мотото „Позиција на малите земји во меѓународната економија“ и „Иницијативата за поврзување на претприемачите од малите земји“, на покана на организаторот на Саемот за стопанство на западна Србија „СПРЕГ 2017“, учествуваше со свој штанд од 6 – 8 април 2017 година во Омни центарот во Валево. Регионалниот 14. Саем на стопанството за западна Србија „СПРЕГ 2017“ ја потврди својата лидерска позиција на регионални саеми со повеќе од 200 излагачи од Србија, БиХ, Република Српска и Македонија, како и повеќе од 15.000 посетители и 4000 стопанственици. „СПРЕГ“ е неспецијализиран саем на којшто секоја година се претставуваат повеќе од 5000 производи и услуги од најразлични стопански гранки, а на којшто учествуваат голем број мали, средни и големи компании, како и локални самоуправи од целиот регион. На штандот на Регионалната комора со седиште во Прилеп свое учество имаа компаниите од нашиот регион и тоа: - „Хатра“ (детска конфекција со сопствени брендови);
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
11
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
- „Настески 2007“ (производители на кроасани); - „Витаминка АД“; - „Прилепска пиварница“; - „Дониа“ и - „Марфил“ (месна индустрија). Со цел да се продолжи меѓусебната соработка на збратимените градови Прилеп и Валево, нашата делегација ја предводеше градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески кој имаше поздравен говор на свеченото отворање на Саемот. За време на престојот во Валево заедно со градоначалникот Марјан Ристески имавме работни средби со градоначалникот на Валево д-р Слободан Гвозденовиќ, директорот на Регионалната стопанска комора од Валево господинот Станко Марковиќ, како и директно учество во утринската емисија на Телевизија Валево. Од страна на градоначалникот Марјан Ристески искажана е голема благодарност за гостопримството до градоначалникот на градот Валево и раководството на Регионалната стопанска комора од Валево кои логистички помогнаа за нашето успешно претставување на Саемот и пошироко. Исто така, остваривме средба и со директорот на Валевската пиварница господинот Александар Рајевац во врска евентуално нивно учество на Фестивалот за пиво во Прилеп, кој ќе се одржи кон крајот на месец јули оваа година. На крајот од нашата посета и учество на Саемот во Валево се заблагодаривме до организаторот за нивната покана да учествуваме на Саемот и за доделувањето на комплетно уредениот штанд од нивна страна, каде нашите компании остварија голем број контакти со потенцијални купувачи и компании со кои ќе ги продолжат контактите со цел да остварат добра долгорочна меѓусебна соработка. Исто така, од наша страна им упативме покана за возвратна посета на Регионалната комора со сдиште во Прилеп и Општина Прилеп до крајот на месец јуни годинава, како и учество на Фестивалот за пиво „Пиво фест Прилеп“. Ристо Најдоски
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 14 април 2017, Бр. 303
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Презентација на отворениот повик од Фондот за иновации и технолошки развој во Охрид – УЧЕСТВО НА КОМПАНИИ ОД РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој и поддршка на Регионалната комора со седиште во Кичево, организираше Инфо сесија за Четвртиот повик, што се одржа на 8 април 2017 година, во хотелот „Инекс Горица“ - Охрид. Претставниците на Фондот за иновации и технолошки развој пред присутните двасетина компании ги презентираа условите и поволностите за новите отворени повици наменети за финансирање на проекти на мали и средни претпријатија со иновативен пристап со цел детално појаснување на начинот на аплицирање за отворениот повик и правилата и процедурите за финансирање на инструментот. На Четвртиот отворен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, кој е отворен од 3.02.2017 година се аплицира на два повика, односно Кофинансирани грантови за
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
13
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации. Инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф е наменет за претпријатија кои имаат потенцијал за брз раст и кои постојат најмногу 6 години во моментот на аплицирање. Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 85 проценти од вкупниот буџет за Проектот, до максимален износ од 30.000 евра, додека Кофинансирани грантови и условни заеми за комерцијализација на иновации може да бидат финансирани микро, мали и средни претпријатија од сите сектори, што сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 70 проценти од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 100.000 евра. Повикот е отворен до 3.5.2017 година и можат да аплицираат сите микро, мали и средни претпријатија од сите стопански гранки. Дијана Лазороска Јованоска
БИЗНИС ИНФО
14
петок, 14 април 2017, Бр. 303
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионална комора со седиште во Штип – ПРЕЗЕНТИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА КРЕДИТИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ На 12.04.2017 година во просториите на компанијата Албатрос од Штип, се одржа шесттата седница на Регионалната комора со седиште во Штип која што ја водеше претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип, Наум Барзов. На седницата присуствува Александар Станојковски и Дарко Стефановски од Македонската банка за поддршка на развојот, Лидија Михова раководител на Одделението за Катастар на недвижности Штип, како и Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија. Пред членките на Регионалната комора со седиште во Штип беше презентирана програмата за кредитирање на МБПР, односно кои кредитни линии ги нуди оваа банка. Понатаму, кратко излагање за кредитното осигурување имаше Дарко Стефановски, директор на сектор за кредитно осигурување. Исто така, тој пред присутните даде свој осврт за новиот финансиски производ-факторинг, којшто е единствен на финансискиот пазар во РМ, и којшто претставува услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
15
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ фактурата се добиваат веднаш. Факторингот комбинира кредитна заштита, регистар на побарувања, наплата на побарувања и финансирање за компаниите кои продаваат производи и услуги со одложено плаќање пократко од 180 дена. МБПР откупува фактури и исплаќа аванс по основа на доставена фактура во износ од 80%. На седницата присуствуваше и Лидија Михова, којашто даде појаснување за бесплатното впишување на правото на сопственост во Катастарот за недвижности, кадешто беа спомнати кои се` општини влегуваат во ова бесплатно впишување за 2017 година. Исто така, таа упати апел до бизнис заедницата за свои предлози за 2018 година, односно компаниите да истакнат каде сметаат дека е неопходно ова бесплатно впишување на правото на сопственост, се со цел потранспарентно функционирање на оваа институција. На крајот, во дискусијата повторно беше спомнато дека бизнис-заедницата како и досега и понатаму ќе предлага измени и дополнувања во законската и подзаконската регулатива, и активно ќе се вклучува со свои предлози и препораки, се со цел за олеснување во работењето на компаниите, коишто периодов се соочуваат со потешкотии во работењето. Моника Стоичева
БИЗНИС ИНФО
16
петок, 14 април 2017, Бр. 303
ПРОМОЦИЈА
Стопанската комора на Македонија ја промовираше Публикацијата „РАЗВОЈНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА КОМОРСКИОТ СИСТЕМ ВО МАКЕДОНИЈА“ Стопанската комора на Македонија издаде публикација „РАЗВОЈНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА КОМОРСКИОТ СИСТЕМ ВО МАКЕДОНИЈА“ од авторите Бранко Азески и м-р Елена Милевска Штрбевска. Во публикацијата се опфатени активностите поврзани со досегашното коморско организирање и работење, но и проекциите за натамошниот развој на оваа значајна институција, преку претставување на десетте клучни прашања на кои Стопанската комора на Македонија ќе ги фокусира своите активности во наредиот период, со цел обезбедување забрзан и одржлив економски раст и создавање поттикнувачка и просперитетна деловна клима. Промоцијата на публикацијата се одржа во Стопанската комора на Македонија, пред претставниците на органите и телата на Комората. „Има многу дефиниции за бизнисот. Уште толку книги, научни трудови, рецензии, докторати и што ли уште не. Народски кажано, бизнисот во суштина се состои во тоа дали прифаќаш ризик или не. Клучна разлика помеѓу тој што успева во бизнисот и тој што не успева е ризикот. Колку поголем ризик, толку поголем профит. Просто како грав. Сè друго е изговор за неуспешноста. А изговори има колку што сакате.“ – истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и еден од авторите на Публикацијата. Претставувајќи ја улогата на Комората, како институција која опстојува поради интересот
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
17
ПРОМОЦИЈА
на компаниите, претседателот Азески истакна и дека Комората е целосно подготвена со сите коморски искуства и потенцијали да придонесе во структурирањето на поефикасен и пофункционален коморски систем кој ќе одговара на интересите на државата. Предлозите кои беа изнесени со цел подобрување на условите за водење бизнис, беа во насока, каква што произлегува од предлозите и барањата на членките на Комората, односно дека: • Во Македонија мора да се направи договор меѓу јавниот и приватниот сектор за регулирање на односите меѓу Владата и другите државни органи, од една страна, и бизнис-заедницата, организирана и претставена преку репрезентативна и респектабилна бизнис-асоцијација, од друга страна; • Македонија мора да има стратегија за забрзан и одржлив економски раст; При презентацијата, беше потенцирано и тоа дека само со попис на сите економски релевантни индикатори, ќе има добра појдовна основа за планирање, проектирање и преземање конкретни реформски чекори во економијата или во која и да било друга област. М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Комората и еден од авторите на Публикацијата, ги презентираше развојните перспективи на Комората во наредниот период, односно клучните прашања на натамошното дејствување на Комората, кои се резултат на барањата, иницијативите и предлозите на компаниите членки на Комората и претставуваат битни претпоставки за подобрување на деловниот амбиент во државата и
18
БИЗНИС ИНФО
петок, 14 април 2017, Бр. 303
ПРОМОЦИЈА
поттикнување на економскиот раст. Меѓу нив, посебно внимание се посвети на моделот на економски развој, поврзувањето на претприемачите од малите земји, потребата од создавање кадар по мерка на бизнисот, решавање на состојбите во правосудството како императив за подобра бизнис-клима, задолжителна консултација на бизнисот при донесување на правната регулатива, брза и ефикасна администрација, научноистражувачки анализи и вистински дијалог, наместо паушални констатација, поддршка и промоција на извозот, но и привлекување странски инвестиции како приоритет за
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
19
ПРОМОЦИЈА
зголемување на надворешно-трговската размена и други значајни прашања кои треба да бидат дефинирани во договорот за уредување на односите меѓу јавниот и приватниот сектор, а дел од нив задолжително да најдат и свое место во Стратегијата за забрзан и одржлив економски развој.. Притоа, беше посочено дека Комората и понатаму ќе ги продолжи своите активности во делот на предлагање конкретни мерки и активности наместо критикување, со директно учество во сите процеси кои го засегаат бизнисот наместо набљудување, со вклученост во креирањето стратегии и политики кои се клучни за поттикнување на економскиот раст, наместо со давање забелешки на истите... Комората е веќе подготвена за тоа со умствен, кадровски и административно-логистички капацитет. Но за сето тоа да се постигне, не треба само Комората да биде подготвена, туку и институциите на системот треба да и` овозможат Комората да биде тоа што и доликува - гласот на бизнис-заедницата која е значаен фактор во создавањето на БДП, во плаќањето на даноците, во вработувањето и создавањето нови работни места, и воопшто во севкупниот економски живот. М-р Елена Милевска Штрбевска
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 14 април 2017, Бр. 303
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
НОВ ПРОДАЖЕН САЛОН НА НАЈПОЗНАТИОТ БРЕНД ЗА ПРОДАЖБА НА ЧАСОВНИЦИ B-WATCH На 07.04.2017 година (петок), компанијата BWatch која е една од водечките брендови во продажба и сервисирање на часовници, а истовремено и членка на Клубот на менаџери претприемачи при Стопанската комора на Македонија, ја отвори својата осма продавница во срцето на Битола, на познатиот Широк сокак. B-Watch е компанија со најголемо искуство во продажба и сервисирање на часовници
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
21
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
која датира од далечната 1920 год кога Стефан Салџиев започнува со изучување на часовничарскиот занает, за да веќе во 1928 година Стефан отвари свој сопствен дуќан во Струмица. Вистинскиот подем на компанијата B-Watch стартува во 1991 година кога Емилија Богоевска (Салџиева) со сопругот Владимир Богоевски ја продолжуваат семејната традиција. Денес B-Watch може да се пофали со реномирани продажни салони во Скопје: во Градскиот трговски центар, во Трговскиот центар “Веро”, Capitol Mall, нас. Аеродром и во Skopje City Mall, каде љубителите на урбаниот и спортскиот стил можат да си одберат часовник од омилените марки CASIO, ESPRIT, ESPRIT накит, FESTINA, LOTUS накит, CERRUTI 1881, PIERRE CARDIN, CALYPSO, JAGUAR, HARIBO, SWISS MILITARY . Покрај во Скопје, B-Watch има свои продажни салони во Штип и во Охрид. Во B-Watch можете да најдете часовник за себе, без разлика дали преферирате класичен, спортски, елегантен или пак префинет стил. Едноставно B-watch е синоним за добар часовник и новата главна станица на сите љубители од Македонија и регионот каде ќе можете да одберете часовник кој ќе биде дел од Вашето секојдневие. Валентина Цветковска
22
БИЗНИС ИНФО
петок, 14 април 2017, Бр. 303
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
19 април 2017 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат
Еднодневен семинар: ПРИСТАП ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИИ
Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедноста и здравјето при работа, притоа следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија на 19 април 2017 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: ПРИСТАП ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИИ (Намалување на ризици од влијанието на хемиски супстанции во работната средина). Целта на оваа обука е да се дефинираат основните концепти на безбедноста и здравјето при работа поврзани со влијанието на хемиските супстанци кои се присутни во работната средина. Минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработените од ризици поврзани со изложување на хемиски супстанци, проценка на ризик при професионална изложеност, гранични вредности на професионална изложеност, превентивни мерки, следење на здравствената состојба на вработените, насоки во избор на соодветна лична заштитна опрема – ова се само дел од точките кои ќе бидат презентирани од страна на експерти во областа на безбедноста и здравјето при работа. Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА
19 април 2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат
Содржината на оваа напредна обука за управување со промени, претставува презентирање и имплементација на реални методи и примери за управување со промени во рамките на компанијата, како и соодветно учење во врска со индивидуални промени во рамкита на компанијата. Компаниските промените се потребни и се од исклучителна важност поради континуираните промени во врска со процесите во компанијата, пазарот, производите, конкуренцијата, вработените и слично. Прилагодувањето на тие промени подразбира потреба за имплементација на систем за управување со промени и користење на соодветни техники на сите нивоа во компанијата. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со конкретни карактеристики на системот за промени, како и техники за имплементација на истите. Предавач: Михаил Китановски, сопственик и управител на „Д2ЕМ“ Консалтинг со повеќе од 16 години консултантско искуство во 20 земји во светот. Главна експертиза во областите: Организациски инженеринг; Balanced Scorecard; Системски дел и процес на продажба; Лидерство и управување; Оптимизација на производствени процеси; Стратешки менаџмент и Бизнис планирање; Менаџмент на финансии, како и Имплементација на меѓународни стандарди. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 14 април 2017, Бр. 303
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
20 април 2017 година Скопје, Р. Македонија
БИЗНИС ФОРУМ МАКЕДОНИЈА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Во склоп на официјалната посета на Република Македонија од страна на Претседавачот на
претседателството на Босна и Херцеговина, д-р Младен Иваниќ, Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надрворешни работи на Република Македонија, ве поканува да бидете дел од бизнис форумот Македонија - Босна и Херцеговина којшто ќе се одржи на 20 април 2017 година почеток во 11:00 часот, во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Главна цел на бизнис форумот е да се создадат заеднички интереси за продлабочување на
соработката во областа на: - земјоделството и прехранбената индустрија, - градежништвото, - металопреработувачката индустрија, - дрвната индустрија и - туризмот како и заеднички да се искористат можностите за користење на придобивките кои ги нудат договорите за слободна трговија, регионалната соработка и проекти.
Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават
со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 18 април 2017 година (вторник). Учеството на средбите е бесплатно.
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091,
Е-адреса: sanja@mchamber.mk
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар на тема: ПРИНЦИПИ ЗА УСПЕХ
20.4.2017 година (четврток) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат
Во која мера ќе владеете со Вашите способности е од суштинска важност за да разберете зошто една личност во животот има напредок, додека некоја личност со ист степен на интелект се доведува до ситуација да стагнира и развива чувство на апатија (демотивираност). Често пати запаѓаме во замка на обвинување на другите луѓе за тоа како се чувствуваме и за тоа што ни се случува во животот. Стануваме завлечени од состојбата на барање решение на нашите проблеми надвор од нас самите. 99% од сите неуспеси доаѓаат од луѓе кои имаат навика да бараат изговори. За таа цел Стопанската комора на Македонија на 20.4.2017 година организира еднодневен семинар на тема: Принципи за успех, која е дел од програмата за личен развој, базирана според принципите за успех по методот на познатиот американски тренер за успех Jack Canfield, со која се постигнува поголема продуктивност, врвни перформанси и еден нов став на „Јас можам“ во секоја област на Вашиот живот, како приватно така и професионално. Цел на обуката: Програмата е фокусирана на професионален и одржлив развој. Вклучува различни техники и алатки за личен развој и психолошки теории кои се дел од секојдневната пракса. Програмата е базирана на холистички модел на раст и развој: ум, имагинација, емоција, тело, интуиција, волја, свесност.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 mihajlo@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
петок, 14 април 2017, Бр. 303
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.4.2017 година 12:00 часот Агенција за поттикнување и развој на земјоделието - Штип
Информативен настан на тема: ИПАРД 2 - ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА АГРОБИЗНИСИТЕ
Регионалната комора со седиште во Штип, во соработка со Агенцијата за поттикнување и
развој на земјоделието, организира заеднички информативен настан на тема: „ИПАРД 2 – Европски пари за агробизнисите“. Целта е да се информираат потенцијалните апликанти за можностите кои ги нуди новата ИПАРД Програмата 2014-2020.
На овој настан акцент ќе се стави на две мерки : 1) Инвестиции во физички средства на
земјоделски стопанства и 2) Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизниси од ИПАРД-Програмата 2014-2020, а воедно ќе се разгледуваат прифатливи инвестиции, критериуми, потребни документи за поднесување барања, склучување договори, поднесување барања за исплата, проблеми од претходниот програмски период ИПАРД 2007-2013 година.
Предавачи на овој информативен настан ќе бидат Ристо Огнанов и Илчо Маролов од Агенцијата
за поттикнување и развој на земјоделието во Штип.
Предвидено е свое излагање пред присутните да има и м-р Васко Златковски од Земјоделскиот
факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Настанот ќе се одржи на 21.4.2017 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во просториите на
Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието - Штип (сала за состаноци).
Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите кај Моника Стоичева, тел: (032) 300-282; 070 275-801; е-адреса: monika@mchamber.mk најдоцна до 20.4.2017 година (четврток).
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Регионална конференција „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“
26 април 2017 година (среда) Хотел „Александар Палас“- Скопје
Стопанската комора на Македонија во заедничко партнерство и со поддршка на ДИХК – ЦЕФТА (Асоцијација на трговско-индустриските комори на Германија и ЦЕФТАкоморите) организира Регионална конференција на тема: „Медијацијата како ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови“, што ќе се одржи на 26 април 2017 година (среда) во хотелот „ Александар Палас“ во Скопје. Целта на Регионалната конференција е подигнување на јавната свест за мирното решавање на споровите со помош на алтернативни начини на решавање на споровите како што е медијацијата и тоа со посебен осврт на стопанските спорови, тргнувајќи од фактот што организатор на оваа конференција е Стопанската комора на Македонија, а таа по вокација е заштитник на бизнис заедницата и стопанството. На Конференцијата ќе бидат презентирани актуелните случувања од областа на медијацијата, односно како функционира истата во земјата, регионот и во други европски земји низ примери од пракса.
Ве молиме за присуството на Регионалната конференција да не` информирате најдоцна до 20 април 2017 година. Контакт-лице од Стопанската комора на Македонија: Елизабета А.Ефтимова, тел: 02 32 44 074, е-адреса: beti@mchamber.mk .
БИЗНИС ИНФО
28
петок, 14 април 2017, Бр. 303
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
27 април 2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар на тема:
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ
Целта на обуката е стекнување со теоретски и практични знаења за правилната примена на
законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско, девизно, благајничко работење и евиденција - уплата на дневниот промет (малопродажба). Со синергија на законската регулатива која го уредува благајничкото работење, даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадената проблематика во изминатите 20 години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а ризикот ќе го сведат на минимум на изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции.
На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата
на дневници за службени патување како во земјата така и во странство и управување со која законски пропишана документација се врши исплата / уплата на готовински пари сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум.
Исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите
(процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива.
Предавачи:
- м-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје, со 18-годишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент, деловното планирање и хармонизација на финансиското известување во Р.М. - м-р Билјана Патлиџанковска, раководител на Секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје, со 16-годишно работно искуство во областа на административното и благајничкото работење.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 21 април 2017 година.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“
6 - 8 јуни 2017 година Сараево, Р. Босна и Херцеговина
Стопанската комора на Македонија, ве поканува да бидете дел од 7. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2017“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 6 - 8 јуни 2017 година, во Сараево, Р. Босна и Херцеговина. Во изминатите години Саемот и Конференцијата „Енерга“ се етаблираат како успешни и атрактивни бизнис-настани, а со тоа и си го зацврстија местото меѓу најзначајните манифестации во областа на енергетиката во Босна и Херцеговина и во регионот. Саемот е место за средба на угледни компании и институции, кои на стручната јавност и` ги презентираат своите разновидни истражувачки и производствени достигнувања, трендови и остварувања во модерната енергетика, како и различни облици на меѓусебна соработка. Организаторите на Саемот им овозможуваат на учесниците во рамките на деловните средби да остварат директен контакт и да запознаат потенцијални деловни партнери. Структурата на деловната и стручната јавност заинтересирана нза учество на оваа манифестација го потврдуваат стекнатиот углед и позиција на „Енерга“.
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Игор Тасевски, телефон + 389 (02) 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk - Сања Николова, телефон:+ 389 (02) 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
петок, 14 април 2017, Бр. 303
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
9-10 мај 2017 година во Луксембург
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017”
Enterprise Europe Network и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при
Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017” 9-10 мај 2017 година во Луксембург
Ве информираме дека на 9 и 10 мај 2017 година, се организираат средби „ИКТ пролет во Европа
2017” во Европскиот конвенциски центар, во Луксембург. Во 2016 година, беа организирани средби за 93 компании од 15 земји во текот на овој настан.
„ИКТ пролет во Европа“ е една од најголемите меѓународни информатичко-комуникациски и
технолошки конференции во Европа. Настанот е посветен на излагање и прикажување на најновите релевантни трендови и иновации и се дискутира за нивното влијание врз општеството и работниот свет. За повеќе информации во врска со „ИКТ пролет во Европа 2017“ посетете ја веб-страната: www. ictspring.com .
На годинешново издание ќе има неколку главни теми: ИКТ во банкарството, Иднината на
филмовите и дигиталната реалност, простор за апликација: технологија, финансирање, конкурентност, претприемништво, истражување на вселената: освојување на просторот, рударски простор, набљудување на Земјата, просторни ресурси и индустријата со иднина на автоматизација и текови на економијата.
Настанот ќе понуди: два дена деловни средби, можност да се изградат силни врски и
партнерства во ИКТ-секторот, мрежно поврзување за дигитални лидери, менаџери, иновации, истражувачи, стартап, итн,
Услови за учество: еден претставник од компанија плаќа: 100,00 евра, а секој нареден учесник
од иста компанија плаќа 75,00 по лице. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair “
15 мај 2017, во Нови Сад, Србија
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери БИЗНИС-СРЕДБИ „ AgroB2B@NSFair “ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија Ве повикуваат да учествувате на бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” во Нови Сад, Република Србија, на 15.5.2017 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак, настанот е отворен и за сродните сектори, како што се земјоделские машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да се покријат трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. За учество на меѓународните бизнис состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да се пријавите преку линкот http://agrob2b2017.talkb2b.net Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
петок, 14 април 2017, Бр. 303
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
„Global Business & Markets“
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува
да воспоставите контакти со нови деловни партнери
Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.
Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за
поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.
На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна
соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:
www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на
www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
петок, 14 април 2017, Бр. 303
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
33
34
БИЗНИС ИНФО
петок, 14 април 2017, Бр. 303
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина
Валидно до: 2017-07-01
Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хем икалии,полипропилен,полиестер итн Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-30
Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик,алуминиум,пластика итн). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-07-01
Компанија од Кина се занимава со дистрибуција и транспорт на разновидна стока.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-07-01
Компанија од Кина се занимава со производство на челик,градежни материјали,обложување на хемикалии итн.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-25
Кина
Валидно до: 2017-07-10
Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Пакистан
Валидно до: 2017-07-10
Компанија од Пакистан се занимава со производство на хир ушки,стоматолошки,ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-07-01
Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед осветлувања.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг,челик,бакар,железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-25
Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови.Таа има заинтересираност за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има заинтересираност за соработка со компании од Р.Македонија.
Грција
Валидно до: 2017-06-20
Грчка компанија е голем производител на ламинат рачно
петок, 14 април 2017, Бр. 303
БИЗНИС ИНФО
35
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА изработени кујни и врати.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Кина се занимава со транспорт,дистрибуција,увоз и трговија на различна стока.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Грција
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Кинеска компанија која се занимава со производство и продажба на квалитетни градежни дигалки.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-22
Компанија од Кина се занимава со обработка и производство на пластика и специјални облици и прототипови од пластика произведува.Таа има интерес за соработка со компании од Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-25
Компанија од Кина e голем производител на челик кастинг,нерѓосувачки челик и свое леење.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Шведска
Валидно до: 2017-06-20
Шведска компанија произведува хигиенски марамчиња,заштитни елечиња и инвалидски колички за подобра нега на пациентот.Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Производител од Кина на селотејп, ПВЦ ленти за заштита од опасности на патишта.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Кина е голем производител на сите видови на пвц и хартиени картички(иц карта,сдкарт,метал карт итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Португалија
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Португалија се занимава со производство на тела за автобуси и камиони.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Кина е една од поголемите производители на квалитетни гумени подлоги во различни модели. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Специјализирана компанија од Кина се занимава со производство на челична жица ,спирала хидроулични црева,метални црева итн.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. Контакт: Стево Серафимов Тел: +389 2 3244-032 Моб: +389 72 236 484 stevo@mchamber.mk
www.mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
петок, 14 април 2017, Бр. 303
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088