Бизнис ИНФО, број 357

Page 1

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

Број 357 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 08.06.2018 14.06.2018

Конференција на тема:

„ТРИЛАТЕРАЛЕН ДИЈАЛОГ ЗА КАНАДСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ОДРЖЛИВО РУДАРСТВО“


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

3

КОНФЕРЕНЦИЈА

Конференција на тема: „ТРИЛАТЕРАЛЕН ДИЈАЛОГ ЗА КАНАДСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ОДРЖЛИВО РУДАРСТВО“ Во насока на користење на позитивните практики и стандарди за одржливо рударство од развиените земји, натамошен развој на рударските проекти за взаемна корист на сите заинтересирани страни и постигнување отворен дијалог во однос на правниот аспект во процесот на донесување одлуки, Стопанската комора на Македонија преку Македонската асоцијација на рударството (МАР), во соработка со Амбасадата на Канада во Р. Србија задолжена за Р. Македонија одржаа Конференција на тема: „Трилатерален дијалог за канадските стандарди за одржливо рударство“.

Овој настан претставува одлична можност за поттикнување и раздвижување на моменталната состојба во рударскиот сектор во Република Македонија констатираше претседателот на Македонската Асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Македонија Николајчо Николов. При тоа посочи дека позитивните искуства и практики во реформските процеси и мерки, како и високите етички стандарди, пренесени од канадските експерти на денешнаѕа Конференција, ќе придонесат за подобра имплементација на напредната рударска технологија и иновативен пристап во развојот и управувањето со рудниците во Република Македонија.


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

КОНФЕРЕНЦИЈА Министерот за економија Крешник Бектеши истакна размената на искуства во начинот на регулирањето на една област е од клучно значење за напредокот, економскиот и социјалниот развој, но и за унапредувањето на односите меѓу двете земји. Како резултат на преструктуирањето на рудниците, Македонија бележи зголемување на учеството на оваа гранка во вкупното индустриско производство. Бектеши информираше дека министерството за економија во моментов работи на унапредување на законската регулатива, но и на подазаконските акти од областа на геологијата и рударството, а долгорочно има за цел да ги надгради техничките нормативи и стандардите од оваа област. Истовремено се разгледува и можноста за искористување на петротермалната енергија од подземни жешки карпи, за што има голем потенцијал во Македонија.

Амбасадорката на Канада во Србија, задолжена и за Македонија и Црна Гора, Нејзината Екселенција Кати Чаба истакна дека нашата земја има големи предности што има пристап до минерални суровини, кои доколку се користат рационално можат да обезбедат раст на животниот стандард. Одговорното рударство може да одигра значајна улога во економскиот раст и општествениот развој, како и управувањето со рудниците. Канада има одлична репутација во светот како бизнис лидер во користење на напредна рударска технологија и иновативен пристап во развојот и управувањето со рудниците, посочи амбасадорката Чаба, потенцирајќи дека одговорно, одржливо рударство не значи по автоматизам штета на другите економски сектори, како земјоделието или туризмот, туку може да коегзистира во хармонија со нив.


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА Искуството од канадските рударски компании можат да помогнат во креирање и развој на рударството како силна водечка гранка која може да понуди високи стандарди, примена на одговорни практики за заштита на животната средина и општествената заштита, како и транспарентна комуникација во нивните проекти во Македонија, посочи Чаба. Во рамки на Конференцијата се одржа и панел дискусија на којашто експерти од рударскиот сектор со претставниците од владиниот сектор, градоначалниците на поголемите македонски општини и компании од рударската индустрија дискутираа за можностите и потенцијалите за понатамошен развој на секторот во Република Македонија. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Канада за првите три месеци од 2018 година изнесува 3,17 милиони САД $, и бележи пораст од 60% споредено со истиот период од минатата година. Извозот изнесува 1,8 милиони САД $, што претставува зголемување од 109%, додека увозното салдо изнесува 1,37 милиони САД $, или зголемување од 22,3% споредбено со истиот период лани. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Канада за споредбениот период, остварен е трговски суфицит од 423,7 илјади САД $. м-р Ивана Крстевска м-р Сања Николова


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА РЕГИОНАЛНИ АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА КОМОРИ ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

НЕДАНОЧНИТЕ И ПАРАФИСКАЛНИ ДАВАЧКИ КАКО ОПТОВАРУВАЊЕ НА ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Стопанската комора на Македонија спроведе истражување на тема: “Неданочните и парфискални давачки како оптоварување на правните субјекти во Република Македонија” кое беше презентирано пред органите на Комората и како резултат на материјалот се усвоија препораки за унапредување на постојниот систем на јавни приходи во Р.Македонија (посебно системот на парафискалните давачки), за која цел е организирана и денешната прес конференција, истакна в.д. Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија м-р Анета Трајковска.

Познат е фактот дека со рамниот данок, односно кај основните даноци (данок на добивка, данок на имот, персонален данок и ДДВ) Македонија има најниска даночната стапка во регионот и во Европа, како и ставот дека тоа само по себе би требало да претставува доволен услов за привлекување инвестиции (домашни и странски) . Меѓутоа, она што недостасува во така изнесениот став всушност беше фокусот на спроведеното истражување – а тоа е не малиот и растечкиот број на разни неданочни и парафискални давачки во Република Македонија. Како што може да се види од истражувањето, кога ќе се земат предвид и неданочни и парафискални давачки, доаѓаме до фактот дека ефективното оптоварување на


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ КАПАЦИТЕТ ФОРУМ стопанските субјекти е поголемо за разлика од ситуацијата кога би се анализирале само даночните давачки. Зголемувањето на бројот на неданочни и парафискални давачки е евидентно во последните години во Република Македонија. Поради тоа, намалувањето и рационализацијата на неданочните и парафискални давачки е неопходен процес, со цел создавање на поволен деловен амбиент во Република Македонија, со што би се овозможило раст на приватниот сектор кој би бил двигател на економскиот развој, образложи в.д. Оперативниот директор на Комората. Целта на истражувањето во кое се анализираше периодот од 2008 до 2016 година, беше да се спроведе соодветна финансиска анализа на наплатените приходи по тој основ во буџетот, потоа, да се направи анализа колку по основ на парафискални давачки плаќаат избраните правните субјекти како примерок и колкаво е нивното оптоварување, а со тоа да се добие слика за оптоварувањето на бизнисот со парафискални и неданочни давачки и да се изведат заклучоци и предлог-мерки со основни препораки за унапредување на целиот систем на парафискални давачки во Р.Македонија. Како заклучоците кои произлегоа од истражувањето се следните: 1. Даночниот систем во Македонија оставил неограничен простор со разни секторски закони, подзаконски акти, локални одлуки, одлуки на управните одбори на агенциите или одборите на јавните претпријатија, да се воведуваат разни давачки кои тешко се контролираат, па Министерството за финансии не може да има комплетна слика и некој вид контрола врз овој систем во нашата земја. 2. Отсуството на транспарентност е карактеристика на процесот на воведување на одредени давачки и промените на истите. 3. Констатирано е прелевање на наплатата на претходно воспоставени надоместоци и тоа од буџетската сметка на сметките во деловните банки на разни органи на управата (агенции, дирекции, центри, бироа и слично). 4. Една од клучните констатации е зголемување на бројот на неданочни и парафискални давачки во последниве години во Република Македонија, а причините за ваквата состојба се бројни, но во суштина се сведуваат на потребата на јавните институции да обезбедат средства, не водејќи сметка за нивното негативно влијание врз конкурентноста и деловната клима во Р.Македонија. Сублимирано во период од 2008 година до 2016 година има воведено вкупно 84 нови давачки кои се уплатуваат на буџетската сметка (18 видови давачки што се вклучени во т.н. други даноци, 41 вид неданочни давачки и 25 нови глоби) со што е постигнато дополнително оптеретување на правните и физичките лица на годишно ниво во износ околу 20 милиони евра или поединечно прикажани: 5. Ако се анализира наплатата на неданочните и парафискални давачки во 2016 година споредбено со 2008 година наплатени се повеќе од 32,7 милиони евра. Имено, забележан е раст од 18,2% споредбено 2016 година со 2008 година, и со оваа наплата во 2016 година само по основ на неданочни и парафискални давачки наплатени се над 15.467 милиони денари или над 251,5 милиони евра.


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА 6. Со помош на анкетата спроведена во компании од пет различни дејности анализирана е структурата на вкупните неданочни и парафискални давачки во 2008, 2013 и 2016 година, нивното зго лемување/нама лување, потоа анализирано е учеството на вкупните неданочни и парафискални давачки, на данокот на добивка и персоналниот данок во добивката пред оданочување, во вкупните приходи од оперативно работење и во вкупните расходи од оперативно работење за 2008 година, за 2013 година и за 2016 година. Потоа, направена е пресметка на оптоварувањето по вработен за 2008 година, 2013 година и за 2016 година со вкупните неданочни и парафискални давачки, данокот на добивка и персоналниот данок на доход. Согласно анализите и истражувањата од спроведената анкета потврдено е веќе претходно изнесеното, односно од година во година значително расте оптоварувањето на компаниите со неданочни и парафискални давачки, како што расте и бројот на ново воспоставените давачки и промената во висината на тие давачки. Имено, се потврди фактот дека ефективното оптоварување на стопанството е поголемо отколку што може тоа да се заклучи само врз основа на постојните даночни давачки. Тргнувајќи од комплексноста на овој процес Стопанската комора на Македонија заедно со компаниите членки се подготвени да се вклучат во овој процес на реформа на системот на јавни приходи и да дадат свои активен придонес во сите активности, истакна Трајковска. Како предлог-препораки за унапредување на постојниот систем на јавни приходи во Р.Македонија се следните: - На прво место, од посебна важност е да се истакне дека е потребно системот на сите јавни приходи во Република Македонија да биде строго уреден и секогаш мора да е под клучен надзор од Министерството за финансии на Република Македонија. Имено, потребна е реформа на комплетната законска и подзаконска регулатива коа е поврзана со неданочни и парафискални давачки. Потоа, да не може да се воведе ниту една дополнителна давачка без согласност од Министерството за финансии или мислење доколку се работи за одлуки на Владата. Со ова значително ќе се ограничи можноста и денес воспоставената пракса каде различни органи или носители на јавни овластувања директно влијаат на бројот и основните елементи на одредени давачки. - Неопходно е сите досегашни сопствени приходи на државните органи, органите на управата и локалните самоуправи, агенции, дирекции, бироа и сл., да станат приходи на буџетот т.е. сите тие ентитети да се воведат во системот на на буџетот


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА - Неопходно е да се спроведе прецизна класификација и разврстување на сите фискални форми кој постојат во даночниот систем и како даноци можат да се наречат само тие давачки кои имаат карактер на даноци, но не и надоместоците, таксите за одредени добра и услуги. Оваа разграничување и класификација предлагаме да ја спроведе Министерството за финансии во најкраток рок. - Министерството за финансии како координатор на активноста заедно со Коморите, деловните банки, НБРМ, ЛС и представници од реалниот сектор да отпочне постапка за воспоставување на Регистар на неданочни давачки кои постојат во Македонија - Во привичните препораки не се бара намалување на висината на одредени давачки или нивно укинување. Одредени давачки имаат своја оправданост и секако треба да постојат (пред се давачки за заштта на животна средина, концесии за користењето на природните богатства и сл.), тоа мора да биде предмет на подлабоки и сеопфатни анализи кои би биле пратени со природата на самите давачки, нивната намена во системот, користењето на приходите кои се остваруваат по тој основ и соодветната меѓународна практика. Затоа се предлага врз основа на направениот Регистар на парафискални и неданочни давачки од страна на Министерството за финансии во соработка со општините, други државни органи и представници од Коморите и реалниот сектор да се отпочне со соодветни анализи и донесат соодветни првични предлог решенија, а би се однесувале на следново: - оправданоста и целисходноста од постоење и воведување на одредени надоместоци и давачки односно нивно укинување, бидејќи одредени давачки и сега покажуваат дека не поседуваат фискален капацитет т.е. не остваруваат значаен фискален приход, а претставуваат значаен трошок, како за државната администрација која го утврдува и наплатува, така и за обврзниците кои ги плаќаат; - интегрирање на одредени слични давачки; - изедначување на висините на давачките за исти и слични видови на административни или други услуги; - изготвување на преглед на давачки од страна на правните лица кои се плаќаат во различни општини; - изготвување на преглед на разни плаќања кои се плаќаат на сметките на деловните банки и произлегуваат од државни агенции, бироа, јавни претпријатија и слично; Имајќи впредвид дека парафискалните и неданочни давачки се комплексна материја и со направеното истражување се дојде до основни сознанија и заклучоци, давањето препораки за унапредување на системот за јавни двачки представува еден од најкомплексните задачи и затоа препораките не се конечни и бизнисот подржува давање на додатни препораки и вклучување на сите засегнати страни во остварување на заедничката цел, истакна м-р Анета Трајковска, в.д. оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. м-р Анета Трајковска


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ СВЕТСКИ ПИКНИК BSI

TM

Совет на странски инвеститори

ISO 9001:2008 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER ECONOMIC CHAMBER OF OFMACEDONIA MACEDONIA

� l � � w 3 PICNIC

Foreign Investors Council

СВЕТСКИ ПИКНИК

Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори ве 24.6.2018 (недела) покануваат на Светскиот пикник, на којшто од 12:00 до 15:00 часот ќе се запознаете со културата на земјите од каде што потекнуваат странските ГРАДСКИ ПАРК, Скопје инвеститори. зад споменикот на Гоце Делчев Преку нивната традиционална храна ќе го вкусите целиот свет и ќе уживате во звуците на музиката на музичката група Eye Cue. Се гледаме во недела, 24 јуни, во 12 часот, во Градскиот парк во Скопје, на Светскиот пикник на кој по симболична цена ќе пробате храна од секој дел од светот, а собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели.


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ЕВРОПСКИ - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ФОРУМ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА СЕСИЈА ПРЕС

„ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЗАПАДНО ТЕТИЈСКИТЕ МЕТАЛОГЕНИ РЕСУРСИ “, ТЕМА НА 3-ОТ ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ „MINEX EUROPE 2018 “ ШТО СЕ ОДРЖУВА ВО СКОПЈЕ Иновациите во испитувањето и вадењето руда, обработката, управувањето со отпад, перспективите на рударскиот бизнис во Европа и светот, се темите за кои ќе се дебатира на 3. Европски форум за рударство и истражување „MINEX EUROPE 2018“, под мотото „Одржлив развој на западно тетијските металогени ресурси“, што денеска и утре се одржува во Скопје и завршува третиот ден со посета на рудникот Бучим.

Во своето поздравно обраќање, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев истакна дека Владата на Република Македонија интензивно работи на нови законски мерки за стабилизирање на македонската економија и усогласување со стандардите и регулативите на развиените земји. Во Македонија постои голем потенцијал за успешно развивање на рударскиот сектор. Од тие причини ги охрабрувам присутните на денешниот Форум, активно да се вклучат во панел дискусиите и разговорите за добрите практики за одржлив развој на рударските проекти во земјава и заштитата на животната средина – потенцираше Анѓушев. Истовремено посочи и дека од големо значење е да постојат координирани


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

ЕВРОПСКИ ФОРУМ активности со локалните самоуправи во развојот на овој процес преку анимирање на жителите и за бенефитите од инвестиците во рударскиот бизнис со истовремено зачувување на животната околина и елиминирање на штетите по земјоделскиот сектор чие учество во домашната економија не е за занемарување.

Амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, г-дин Чарлс Гарет, ги претстави британските компании кои присуствуваа на Форумот, како и британските инвестиции во рударскиот сектор коишто веќе се присутни и работат на Македонскиот пазар и ги охрабри да ја прошират својата рударска експертиза во регионот. Г-ѓа Кати Чаба, амбасадор на Канада во Република Србија задолжена и за Република Македонија во своето излагање додаде дека нашата земја има големи предности, што има пристап до минерални суровини, кои доколку се користат рационално можат да обезбедат раст на животниот стандард. Одговорното рударство може да одигра значајна улога во економскиот раст и општествениот развој, како и управувањето со рудниците. Канада има одличен углед во светот како бизнис лидер во користење на напредна рударска технологија и иновативен пристап во развојот и управувањето со рудниците, посочи амбасадорката Чаба, потенцирајќи дека одговорно, одржливо рударство не значи по автоматизам штета на другите економски сектори, како земјоделието или туризмот, туку може да коегзистира во хармонија со нив. На првата панел дискусија на тема: Рударскиот сектор во Република Македонија, предизвици и потенцијали, г-дин Николајчо Николов, претседател на Македонската Асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Македонија, потенцираше


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

13

РЕГИОНАЛНА ПРЕС НОВА ЕВРОПСКИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ФОРУМ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА дека иако постојат големи потенцијали во рударскиот сектор за жал не се во целост искористени. Потребно е да се воведат нови и адекватни законски регулативи коишто ќе бидат усогласени со тие на развиените земји, со што ќе се овозможи правилно функционирање на рудниците и здрава и безбедна животна средина за населението. Од тие причини, тој додаде дека ја поддржува работата на Владата во делот на носењето на новите законски мерки и регулативи за рударскиот сектор и се надева дека во што поскоро време истите, активно и успешно ќе се имплементираат.

Конференцијата организирана од МИНЕХ продолжува со реализирање на панел дискусии и конференицја на стручни теми во рамки на дејноста, со странски и домашни експерти, преставници на бизнис секторот, аналитичари. м-р Сања Николова Даниела Михајловска Василевска


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

ПРОЕКТ НА УСАИД

ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ - ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВИОТ АГРЕГАТЕН ВЕБ ПОРТАЛ www.biznisregulativa.mk На 13 јуни 2018 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација на новиот агрегатен веб портал www.biznisregulativa.mk во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Модератор на настанот беше Љупчо Димовски, директор на „Епицентар интернационал“–Скопје, којшто што им посака добредојде на присутните и ја истакна важноста на веб порталот. - Ова е првиот веб портал во земјата каде што претпријатијата ќе имаат можност на едно место да се информираат, прашаат и самооценуваат, преку уникатни алатки кои се соодветно дизајнирани да им овозможат на компаниите брз пристап до информации- додаде Димовски.

Тој истакна дека овој веб портал кој за прв пат се прави во Македонија е од големо значење за компаниите бидејќи ќе имаат можност за брз пристап до информации кои ќе им помогнат подобро да ја разберат и да се усогласат со сложената регулаторна рамка која досега многупати довела до забуни и доцнења во усогласувањето со законските регулативи во земјата. Сите информации достапни на веб порталот се подготвени врз основа на потребите и барањата на бизнис заедницата доставени и усогласени од страна на четирите стопански комори, партнери во проектот.


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА На настанот свое обраќање имаше и Едвард Гонзалес, директор на канцеларијата за општ развој на УСАИД Македонија, кој додаде дека УСАИД во Македонија веќе 25 години посветено работи во делот на економскиот развој, а по речиси 2 години со отпочнувањето на овој проект е задоволен со неговата имплементација бидејќи за прв пат во Македонија се отпочнува една мошне долго очекувана проектна иницијатива, за подобрување на бизнис климата кај домашните микро, мали и средни претпријатија кои треба да се поддржат, преку подобрување на нивните капацитети со цел подобро усогласување со постојните прописи, како и поефикасно да ги изразат своите мислења во процесот на креирање политики во Македонија. Приватниот сектор игра важна улога во македонската економија и општество и создавањето на работни места, услуги и производи за јавноста-истакна Гонзалес. - УСАИД посветено ги поддржува иницијативите за создавање на средина која ќе ви помогне да бидете конкурентни со вашите регионални и ЕУ партнери и Ви овозможува да растете и да соработувате со нови пазари, и во исто време, да ги исполнувате сите ваши регулаторни обврски за заштита на животната средина и јавниот интерес во Македонијапосочи Гонзалес.

Партнерството меѓу четирите стопански комори се потпира на единствен приод кон многу прашања со кои најчесто се соочуваат засегнатите страни во деловната заедница и поради оваа причина, ние во УСАИД сме горди што можеме да бидеме иницијатор на заедничка соработка на коморите коишто градат посилни врски меѓу јавниот и приватниот сектор и прават значајни чекори за да напредуваат по прашањата на правните регулативи во Македонија-заврши Гонзалес.


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

ПРОЕКТ НА УСАИД Во вториот дел од сесијата, беше презентиран и агрегатниот веб портал biznisregulativa.mk од страна на Стефан Додевски, вработен во Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ кој одговараше на поставените прашања од присутните. Во продолжение на настанот посебен осврт беше даден на позициските документи изработени од страна на Проектот. Павлина Димовска, правен советник на Проектот на УСАИД “Партнерство за подобра бизнис регулатива”, во својата кратка презентација го истакна начинот на подготвување на позициските документи, кој се темели врз иденитифкуваните проблеми со коишто се соочуваат претпријатијата во Македонија, а истите беа посочени на реализираните информативни настани и форуми организирани од проектот. Oд 2017 година формирана е работна група од членови на коморите во рамките на Проектот на Усаид, со цел утврдување, разработка, доставување и следење на реализација на предлозите на бизнис заедницата за подобрување на законската регулатива. Утврдените предлози се заеднички став на сите партнери и го претставуваат гласот на бизнис заедницата, а истите се спроведуваат на систематизиран начин преку разработка на т.н. policy position paper. Разработените позициски документи се доставуваат до надлежните институциии со цел да се влијае на промените на регулативата за прашања кои директно влијаат врз бизнис условите во државата.


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

17

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ЕКОНОМСКИ ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА ИНТЕРВЈУ ПОСЕТИ РАЗВОЈ УСАИД ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Во периодот од 2017 заклучно со јуни 2018 година идентификувани се вкупно 150 проблеми на бизнис заедницата поврзани со законската регулатива. Од нив разработени се вкупно 35 во форма на позициски документи и истите се доставени до надлежните институции во следните области: даночна политика, царинско работење, работни односи, градежништво, земјоделство, туризам, животна средина, управување со отпад и јавни набавки. Дополнително, партнерите во рамки на проектот спроведуваат и стручни анализи за утврдување на ставот на бизнис заедницата, во однос на определени прашања. Во моментот се спроведува истражување за утврдувањето на ставот на бизнис заедницата во однос на даночната политика. Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог меѓу сите засегнати страни.

На настанот присуствуваа околу 50 претставници на бизнис заедницата од Република Македонија, кои претходно беа информирани со информативни настани и форуми од проектот и инволвирани во работните групи. www.biznisregulativa.mk е продукт на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Сојуз на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на северозападна Македонија. Идејата започна од потребата иновативноста да се спои со функционални решенија кои ќе им бидат лесно достапни на претпријатијата во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија. м-р Ивана Крстевска м-р Сања Николова


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

ИНТЕРВЈУ СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ОДРЖА СЕДНИЦА НА УПРАВЕН ОДБОР - НОВО ИЗДАНИЕ НА БЕЛАТА КНИГА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИЗНИС КЛИМАТА И ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ На 12 јуни 2018 година Управниот одбор на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија одржа редовна седница на којашто се дискутираше за повеќе точки на дневниот ред. Алесандро Занота, економски советник во Делегацијата на Европската унија во Скопје ги презентираше клучните поенти од последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, со посебен акцент на економските критериуми и перформанси на земјата во изминатиот период. Членовите на Управниот одбор на Советот донесоа одлука до крајот на годината да се објави ново издание на Белата книга за евалуација на актулените услови за водење бизнис и инвестирање во земјава, како и нови предлог-мерки и препораки за унапредување на деловниот амбиент и олеснување на деловното работење за странските и домашните компании. Во таа насока, работните групи при Советот на странските инвеститори, составени од експерти од различни области, ќе ги дефинираат клучните препораки за побрз економски развој во делот на: даночната политика, јавна администрација, имотноправни односи, законската регулатива, работни односи, екологија итн. На седницата, исто така беа презентирани и организиционите активности за реализација на овогодинешното издание на хуманитарниот хепенинг Светски пикник којшто ќе се одржи на 24 јуни 2018 година во Градски парк, со почеток во 12 часот. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

ај те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОМОРА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНТЕРВЈУ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

19

ар Н

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

ИНТЕРВЈУ БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ

БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ПОМЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ЗА ПОГОЛЕМА ИНКЛУЗИВНОСТ ВО ГЛОБАЛНИОТ ЛАНЕЦ НА НАБАВКИ Деловни средби за зацврстување на соработката меѓу странските инвеститори и локалните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи, во организација на Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, заедно со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржаa на 13.6.2018 година во Стопанската комора на Македонија.

Настанот е во рамките на Проектот„Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“ што ќе трае 24 месеци е финансиран од фондови на ЕУ, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува во партнерство со виенскиот универзитет за технологија - Институт за менаџмент во науката и е поддржан од Владата на Република Македонија која посветено ја охрабрува ваквата соработка.


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

21

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА БИЛАТЕРАЛНИ НОВА ЕКОНОМСКИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ИНТЕРВЈУ ПОСЕТИ СРЕДБИ РАЗВОЈ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Деловните средби се следна фаза на проектот по успешно реализираната конференција и тркалезна маса на која претставниците на Владата на РМ и приватниот сектор дебатираа за можностите за поголема соработка меѓу странските инвеститори и домашните компании, како и за политиките и мерките на финансиските институции и странските донаторски организации за поддршка на локалните мали и средни компании и зацврстување на нивните капацитети. Билатералните деловни средби претставуваат одлична можност домашните компании на директен начин да им ги презентираат своите производи и услуги на странските инвеститори, во насока на воспоставување заедничка соработка и нивно вклучување во глобалниот ланец на набавки. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

ИНТЕРВЈУ СТАВ

КАКО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА КОНЕЧНО ДА ЗАЧЕКОРИ ПО ВИСТИНСКИОТ ПАТ ! доц. д-р Дарко Лазаров, Професор на факултет, УГД

Економски

Перформансите на македонската економија во изминатата година и првиот квартал годинава! Резултатите што македонската економија ги испорача во изминатата година се лоши и спротивни од очекувањата. Последните официјални податоци на Државниот Завод за статистика покажуваат дека тој лош резултат минатата 2017 година продолжува и во првиот квартал од 2018 година. Ако ги погледнеме причините за таквата лоша динамика на растот во првиот квартал од годината ќе видиме дека тоа е заради значителниот пад на градежништвото (особено нискоградбата) од 38%, кој како сектор има значителен удел во БДП на земјата (околу 8%). Ова воопшто не треба да изненадува ако го земеме во предвид фактот дека македонската економија е мала и плитка економија во која мал потрес кај некој сектор веднаш може силно да се рефлектира врз целата економија. Всушност, еден од постулатите на кој почиваше растот на македонската економија во изминатиот период беше токму градежната експанзија која беше стимулирана преку капиталните инвестиции на државата. Оттука, нискиот степен на реализација на капиталните инвестиции во изминатиот период негативно се одрази врз градежништвото, а истовремено и врз стапката на раст на економија во изминатата година, при што, тој негативен тренд продолжува и во првиот квартал од оваа година. Дополнително, државата скрати дел од јавната потрошувачка заради како што тие посочија консолидирање на јавните финансии и кратење на непродуктивни трошења, што исто така се одрази негативно врз стапката на растот на краток рок.


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

23

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС Сепак, овие негативни трендови на краток рок не треба да се злоупотребуваат во политички контекст и треба да им оставиме простор на владата да ја имплементира својата економска програма, па после одреден период да ги анализираме нејзините резултати. За мене е крајно несериозно да зборуваме за економски раст и политики на растот со податоци за еден квартал. Всушност, теоријата на економски раст е макроекономија на долг рок и ние треба да ја анализираме развојната динамика на економијата единствено во една подолга временска дистанца и врз таа основа да влечеме заклучоци за квалитетот на економските политики. Претходниот модел на раст генерираше стапки на раст кои беа долгорочно неодржливи! Моделот на раст на македонската економија во периодот од 2006 до 2016 година се базираше на неколку столбови. Прво, поттикнување на извозот преку привлекување на СДИ. Второ, експанзивна фискална политика со цел стимулирање на агрегатната побарувачка преку користење на фискалниот простор што Република Македонија како ниско задолжена земја на почетокот од тој период го имаше. Трето, спроведување на што е можно повеќе реформи (do as much reforms as you can) во сите сфери. Практично, сите три столбови на овој модел имаа за цел испорачување на економски резултати (просечна стапка на раст од 3% во анализираниот период) без некои сериозни долгорочни развојни потенцијали. Згора на тоа, за реализација на тие политики беа потрошени огромни буџетски средства кои ја продлабочија буџетската дупка зголемувајќи го енормно јавниот долг на државата (од 35% во 2006 година на 48% во 2016 година што значи зголемување за повеќе од 23 процентни поени). Во продолжение ќе се обидам накратко да ги елаборирам ефектите од овие политики со цел да добиеме една појасна слика. Претходната влада се обиде да обезбеди раст воден од извозот преку политики за привелкување на СДИ засновани на давање значителни безусловни поволности и олеснувања за странските компании. Таквите политики не беа базирани на претходни секторски анализи и истите беа без претходно изградена платформа за интегрирање на домашните компании во ланците на снабдување на странските компании како основен предуслов за целосно искористување на потенцијалните позитивни ефекти од СДИ за домашната економија. Сето тоа придонесе за значителна „увозна комонента“ на извозот од технолошкоразвојните зони и незначителни ефекти за македонската економија во смисла на креирање локална додадена вредност, трансфер на технологија, знаење, know-how, работни и организациски практики и сл.


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

СТАВ Уште повеќе, изостанаа политиките за поддршка на домашните извозно ориентирани компании во насока на зголемување на нивната конкуретност, иновативност и подобрување на нивните капацитети за настап на глобалните пазари преку поддршка и поттикнување на извозот на нови производи со поголема додадена вредност. Резултатот од таквите политики беше значителен пораст на извозот (просечен раст на извозот од 8% во периодот 2006-2016 година) без значителни ефекти врз растот на економијата (просечен раст на економијата од 3% во истиот период) во однос на она што првично се очекуваше и она што емпириските истражувања го потврдуваат. Ова укажува дека корелацијата помеѓу извозот и растот беше позитивна, но магнитудата (јачината) на таа позитивна корелација не беше доволно силна за да поттикне посериозни поместувања, ниту пак тој извоз придонесе за некакви квалитативни промени во извозната структура. Напротив, и покрај тоа што вредноста на извозот се зголеми од 2,66 милиjарди американски долари во 2006 година на 4,76 милиjарди американски долари во 2016 година, бројот на производи што земјата ги извезува со компаративни предности забележа значително намалување од 675 производи во 2006 година на 461 производи во 2016 година. Ова не треба да не изненадува ако го земеме во предвид фактот дека најголемиот дел од тоа зголемување (дури 90%) е засновано на само неколку производи кои ги извезуваат странските компании во технолошкоразвојните зони. Вториот столб беше заснован на стимулирање на економијата преку експанзивна фискална политика што подразбираше зголемување на јавната потрошувачка на државата. За мене лично не е толку сериозен проблемот во водењето на експанзива фискална политика (нормално е за земја која се обидува да ја придвижи економија напред да ја користи фискалната политика како инструмент за тоа) колку што беше проблематично начинот на користење на буџетски трошења. Претходната влада наместо да ги насочи средствата за зголемување на конкуретноста, продуквтивноста и иновацискиот капацитет на бизнис сектор, поголем дел од буџетските трошења ги насочуваше кон непродуктивни цели или кон капитални инвестиции кои имаа незначителни мултипликативни ефекти за економијата на подолг рок. На крај, третиот столб кој се однесуваше на спроведување што е можно повеќе реформи во сите сфери не ги даде посакуваните резултати бидејќи таквата политика немаше јасна визија и претходно поставени вистински приоритети како истата да се имплементира ефикасно. Всушност, ниту институциите имаат толкав капацитет, ниту државата има неограничено средства да спроведува таква политика на симултано спроведување на реформи во сите сфери без претходно направени детални и сериозни анализи , добро


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

25

СТАВ дизајнирани механизми и редослед на нивно операционализирање, јасно дефинирани цели и очекувани резултати. Тоа беше прилично хаотично со голема доза на популизам, што наликуваше на „пукање со калашников без да се има ориентација за тоа каде е метата со надеж дека сличајно целта ќе биде погодена“. Кои се развојните перспективи и излезните решенија за македонската економија! Во изминатите 27 години од македонската независност и етаблирање на пазарниот систем на стопанисување бевме сведоци на негативен тренд на деиндустријализација (релативното учество на индустријата во БДП се намали од 32% во 1992 година на 15% во 2016%) без никакви значителни промени во прилично неповолно наследената индустриска и извозна структура (доминантно трудо-интензивни и некои капиталноинтезивни сектори со релативно ниска продуктивност). Од друга страна, поновите светски искуства на брзорастечките земји укажуваат, а тоа современата економска теорија и наука јасно го потврдува дека клучот за економски успех на една земја лежи во процесот на ре-индустријализација и структурни промени во индустријата и извозот. Оттука, единствената алтернатива која им стои на располагање на Република Македонија е забрзување на процесот на извозна диверзификација (зголемување на бројот на индустриски производи и услуги што земјата ги извезува со компаративна предности), структурна трансформација на економијата (пренасочување на производството и извозот од производи со помал степен на финализација и додадена вредност кон производи со поголема софистицираност и продуктивност) и нејзино интегрирање во глобалните ланци на снабдување на оние места каде додадената вредност и продуктивноста се поголеми. Клучното прашањето кое се поставува е „како тие процеси на ре-индустријализација, извозна диверзификација и структурна трансформација да се иницираат и интезивираат?“. Според мене постојат неколку предуслови за тоа. Прво, потребно е детално проучување на одделните индустриски гранки (на ниво на производ) и нивните репродукциски поврзаности (вертикално и хоризонтално) со цел идентификување на развојните можности и потенцијали на оние индустриски сектори кои поседуваат реални економски претпоставки да се развиваат во иднина и оние стратешки гранки каде македонската економија согласно постоечката структура може да гради компаративни предности. Стопанската Комора на Македонија во соработка со релевантни меѓународни институти и научни истражувачи од земјата започна со такви истражувања на неколку сектори, при што, се надеваме дека во соработка со владата ќе биде направена детална студија за целата индустрија.


26

БИЗНИС ИНФО

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

ПОСЕТИ СТАВ Второ, откако ќе се идентификуваат стратешките индустриски сектори (на ниво на производ) кои имаат најголем развојни можности треба да се адресираат сите ограничувања и бариери кои се исправаат како најсериозни предизвици (на макро и микро ниво) во преструктурирањето на економијата и развивање на конкуретнска предност на тие сектори. Трето, врз база на идентификуваните стратешки сектори и адресираните предизвици креаторите на политики треба да влезат во еден посериозен процес на градење на вистински индустриски и економски политики кои треба да го поддржат процесот на реиндустријализација и извозна диверзификација преку стимулирање на стратешките сектори. Владата тој процес во одредена мера преку програмата за економски раст веќе го започна. Но, се разбира треба да се вложат многу поголеми напори во таа насока, и преку континуирано надградување на политиките и поголема оперативна справедливост да се забрза тој процес со цел што поскоро истите да се почуствуваат во економијата и да бидат видливи во статистиката. Четврто, паралелно со погоре посочените активности потребно е да се работи на менување на менталитетот на бизнис секторот, зајакнување на институционалните капацитети на државата и реформирање на јавната администрација. Имено, во денешниот глобален свет каде конкурентската борба на корпорациите е базирана на постојани технолошки, производни и организациски иновации и стратешки подобрувања, потребно е да разбереме дека претприемачкиот дух на македонскиот бизнис час поскоро треба да биде длабоко вграден во кодексот на делување. Не помалко важно е реформирањето на јавната администрација на сите нивоа (од највисоко до најниско) во насока на специјализација, деполитизација, усовршување, надградување и дигитализација со цел да истата да постане вистински сервис на бизнисот. Потребно е политиката да се тргне од бизнисот, да се зајакнат капацитети на правните, политичките и економските институции, и конечно бизнисот да си го завземе своето место како моторна сила и двигател на економијата.


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

27

РЕГИОНАЛНА ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА КОМОРА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ЗДРУЖЕНИЈА ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС

„ МЕРЕЊЕ НА ВРЕДНОСТА, ЗАДРЖУВАЊЕ И СТЕКНУВАЊЕ НА КЛИЕНТИ “ Најновите трендови во делот на продажбата и односите со клиентите ја издвојуваат вредноста за купувачите како еден од најважните двигатели на растот на продажбата. Во оваа смисла, компаниите поголемиот дел од своите ресурси го прилагодуваат на зголемување на вредноста за купувачите. Големите компании веќе направија

прилагодување на своите кориснички центри, синџири на логистика, постпродажба и сервис во насока на зголемување на вредноста за корисниците. Кога се зборува за вредноста (customer value) која купувачите ја добиваат, не се мисли само на употребната вредност на самиот производ, туку и на задоволството на клиентот од услугата при продажбата, комуникацијата, личниот пристап на продавачите, постпродажбата итн. Клубот на менаџери-претприемачи денес , 14.06.2018 година реализираше едукативното предавање токму на оваа многу актуелна тема: „Мерење на вредноста, задржување и стекнување на клиенти “.


28

БИЗНИС ИНФО

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

ИНТЕРВЈУ КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ Обуката беше реализирана со Митко Керамитчиев кој е деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Тој е еден од најдокажаните македонски консултанти со повеќе од 600 успешно реализирани обуки, семинари, работилници и консултантски сесии за најуспешните македонски компании со речиси сите деловни сектори. Според г-дин Керамитчиев, најголем удел во концептот на вредноста за клиентот е способноста на продавачите да го испорачаат она што претходно го понудиле и во целост и беспрекорно да ги исполнат очекувањата на клиентите во однос на понудата или промотивните активности поврзани со продажбата. Ова е секако, најважно за клиентите, со оглед на тоа што во услови на таргетирана продажба, рекламни кампањи, промотивните активности, очекувањата на клиентите се подигнуваат над реалниот квалитет и можности на производот. Во овие услови на неисполнети очекувања на клиентите и неиспорачување на вредноста на производот, негативните ефекти веќе се појавуаваат на краток рок и се со последици во однос на брендот и компанијата. Ова практично значи дека незадоволните клиенти, не само што нема да го купат повторно вашиот производ, туку и ќе дадат негативни препораки и на други потенцијални клиенти. Во овие случаи јасно е дека во иднина, дури и со намалување на цените на производите, тешко дека ќе можат да се привлечат нови или задржат постоечките клиенти. Компанијата, исто така, мора да одлучи како ќе им служи на таргетираните купувачи - како ќе се издиференцира и позиционира себеси на пазарот.


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

29

РЕГИОНАЛНА ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС Вредносната понуда на компанијата е група на придобивки или вредности кои таа ветува дека ќе ги испорача на купувачите за да ги задоволи нивните потреби. Компаниите мора да дизајнираат цврсти вредносни понуди кои им даваат најголема предност во нивните целни пазари. Искусниот и добар менаџмент на односи со купувачите се труди да создаде купувачка восхитеност, последователно на тоа купувачот ќе зборува добро за компанијата и ќе остане лојален. Студиите покажуваат голема разлика во лојалноста на купувачите кои се помалку задоволни, повеќе задоволни и комплетно задоволни. Дури и мал пад од комплетното задоволство може да создаде енормен пад во лојалноста. Компаниите треба внимателно да менаџираат со купувачкиот капитал. Тие треба да гледаат купувачите како потенцијали кои треба да бидат менаџирани и да се максимизираат. Технолошките иновации создадоа поквалитетни нови начини да се пронајдат купувачите и да се креира производ и услуга создадена за личните интереси на потрошувачите. Новите иновации овозможуваат компаниите да ги дистрибуираат своите производите и на поефикасен и ефективен начини остварува комуникација со потрошувачите еден на еден или во големи групи. Користејќи ги денешните моќни компјутери, компанијата или трговците можат да обезбедат свои бази на податоци за потрошувачите, кои подоцна би ги искористиле да гипривлечат индивидуалните потрошувачи со понуда која ќе биде дизајнирана да одговара на специфични потреби кои ги имаат Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери.

Валентина Цветковска


30

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

31


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19-21.6.2018 ГОДИНА, Сараево, БиХ

Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

Зошто да учествувате? Учеството е бесплатно и вклучува: -персонализиран распоред за состаноци (однапред подготвени 20-минутни состаноци); -информативен пакет обезбеден на денот на настанот; -деловна помош на партнерите на Enterprise Europe Network. Рокови: -18 јуни 2018 година: Онлајн-регистрација на учесниците - внесување на профилот за соработка на веб-страницата за настани: http://www.energa2018.talkb2b.net/ . -18 јуни 2018 година: избирање на интересни профили и резервација на деловни средби на веб-страницата за настани. -19 јуни 2018 година: бизнис средби.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 3.7.2018 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ: Семинарот за вовед во ISO 37001 Ви овозможува да ги разберете основните поими на системот за борба против подмитување (ABMS). Со учеството на воведниот семинар ISO 37001, ќе ја разберете важноста на системот за борба против подмитување и предностите кои организацијата, општеството и Владата ќе ги добијат. Ќе ги научите поимите, методите, техниките и пристапите кои се користат за имплементација на системот за борба против давање мито. Ќе ги разберете основните елементи на системот за борба против подмитување (ABMS). Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 - 9 ноември 2018 година, Нови Сад, Србија

Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Од 7-9 ноември 2018 година во Нови Сад, Србија, ќе се одржи Меѓународен саем, со конференција и придружна програма за ИТ - Tелекомуникации - иновации - Интернет и игри. На Саемот се очекуваат 150 меѓународни излагачи, 2000 посетители и 1000 крајни корисници. Настанот опфаќа 15 тематски конференции, работилници и деловни средби. Саемот ќе се одржи на Новосадскиот саем, а организатор е ResEnva Consulting. Подетални информации: http://see-it-summit.com/SIS18/Public/Content.aspx?ID=88&sortMenu=110002 За бизнис средбите, Ве покануваме да се регистрирате бесплатно на Европската мрежа на претпријатија и платформата Matchmaking за состаноците во текот на сите 3 дена на Самитот, од 7-9 ноември во Нови Сад, Србија.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.6.2018 година (четврток) 9:30 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

На еднодневниот семинар учесниците ќе се стекнат со корисни информации, практики и решенија од современиот транспортен и логистички сектор. Ќе се запознаат со економската улога на транспортната и логистичката дејност, целите за ефективна испорака на транспортните услуги, со логистичките информациски системи (ЛИС), вештачката интелигенција и електронската размена на податоци (ЕДИ), практичните решенија на моделите точно на време (JIT) и точно на место (JIP). Предавачи: -Проф. д-р Ристе Темјановски, редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Транспортната проблематика е постојано во фокусот на неговата академска сфера на истражување. -м-р Влатко Бежоски, управител на филијалата на компанијата „Quehenberger Logistics“ во Скопје.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании

Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.


Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

БИЗНИС ИНФО

37

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 08 Јуни 2018, Бр. 356

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.