Бизнис ИНФО, број 364

Page 1

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

Број 364 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 14.09.2018

ОДРЖАНА ПРОМОЦИЈА НА ИЗДАНИЕТО „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“

ЕФЕКТИТЕ ОД ВОВЕДУВАЊЕTO НА ОДЛУКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНАТА ДАВАЧКА ЗА СМРЗНАТО СВИНСКО МЕСО ЗА ПРЕРАБОТКА


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ГРАДЕЊЕ НА КОНКУРЕНТНИТЕ СПОСОБНОСТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „ПАЗАРНО ОРИЕНТИРАНИ ВЕШТИНИ ЗА ОДРЖЛИВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ГРАДЕЊЕ“ (ТРАИНЕЕ)

Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на градење на капацитетите на вработените во градежниот сектор за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите започна со реализација Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (ТРАИНЕЕ) кој се реализира во рамките на Европската програма „Хоризонт 2020“. -Активностите на Проектот се планирани во повеќе области со цел постигнување поголем број од резултатите предвидени да се постигнат со реализација на повикот. Така, еден сегмент на дејствување е кон натамошно подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука и преквалификации, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност. Во таа смисла, Проектот „ТРАИНЕЕ“ ги надградува веќе постигнатите резултати во претходните два проекта - „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност 2014-2016“ и „Градење на вештини за енергетска ефикасност 2012-2013“, со развој на тренинг шеми и проширување на обуките и на градежните


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА професионалци - архитекти, инженери и техничари, - истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата на Комората (10.9.2018 година). Преку активности во рамките на Проектот ќе се иницира прифаќање на надградените вештини на градежните работници од страна на пазарот преку остварување соработка со различни професионални групи. Една од задачите е поттикнување на потребата од користење на квалификувана работна сила во градежништвото со предлози за корекција на легислативата, во насока на исполнување на стандардите зацртани со Правилникот за енергетски карактеристики на градби. - За да се зголеми бројот на енергетски ефикасни згради во Македонија и тој процес да стане одржлив, потребно е да има обучена работна сила на пазарот на трудот. Затоа, во рамките на Проектот ќе се формира Образовен центар што треба да создаде услови за континуиран процес за обука на работниците, техничарите и инженерите. Исто така, со помош на домашни и странски експерти ќе се развијат обуки за „БИМ“-протоколите (Building Information Modeling), што секако претставува новина кај нас, - истакна проф. д-р Христина Спасевска, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и претседател на Инженерската институција на Македонија. Градежниот сектор е специфичен по тоа што голем дел од работниците немаат формално образование или немаат официјални документи за вештините што ги поседуваат. Тоа ги прави компаниите неконкурентни во бизнисот, а работната сила неконкурентна на пазарот на трудот. Она што за нас ќе биде предизвик, е токму да се спроведе препознавање на вештините што ги имаат работниците, техничарите и инженерите преку нивно сертифицирање, како и да се одржат акредитирани обуки што ќе бидат направени во согласност со потребите на инвеститорите, градежните компании и професионалните организации. Сертифицираните обуки во Образовниот центар ќе се развијат за сите занимања во градежниот сектор, како и за сите нивоа на квалификации, од работници до инженери, тоа се околу 10 занимања, кои би требало да ги надградат своите знаења за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, особено од делот на искористување на сончевата енергија. Се очекува, во рамките на Проектот, низ овие обуки да поминат околу 500 професионалци, и тоа 150 техничари, 80 градежни инженери, 20 проектанти на фотоволтаични системи и сончеви топлински колектори и 250 работници. Методологијата за препознавање на нивните знаења и вештини во претходните проекти веќе беше спроведена на околу 1100 работници од градежниот сектор. Сега оваа методологија ќе се развие и за инженерите. Македонија е земја лидер во регионот со спроведување на методологија за препознавање на знаења и вештини, а нашите искуства се цитирани и на европско ниво. Ќе се организираат 35 сесии за препознавање на знаења и вештини каде ќе вклучат


Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА околу 200 компании и 10 образовни институции. За зголемување на видливоста ќе се направи листа на сертифицирани обуки и јавно достапен регистар на 10 провајдери на обуки, 240 сертифицирани тренери, 80 сертифицирани инженери и околу 1500 техничари и работници. За промовирање на овие активности ќе се организираат две меѓународни работилници и една меѓународна конференција со 100 учесници. Со цел да се постигне мултидисциплинарен пристап кај одржливото градење, ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално ниво. Воведување на примена на информациско моделирање на градби, што е едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија, во доменот на градежништвото, ќе се спроведе со иницирање широка акција за подигање на свеста кај сите засегнати страни од градежниот сектор (градежните компании, инженерите, архитектите, работниците), но и инвеститорите и одговорните владини институции, како и крајните корисници на објектите, преку низа активности, работилници, семинари и други промотивни настани. Целта е преку примената на „БИМ“-алатките да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење. „БИМ“ претставува интелигентен процес/платформа за соработка и централно проектирање, моделирање, планирање во архитектурата, градежништвото и другите инженерски фази. „БИМ“-процесот го развива градежниот објект во 3Д-модел, каде потоа сите учесници во Проектот можат да придонесуваат, вметнуваат нивни проекти, да анализираат и да пресметуваат трошоци. „БИМ“-процесот го разгледува градежниот објект во текот на целиот негов животен циклус и на тој начин се добиваат големи придобивки од неговото користење. Во рамките на активностите ќе бидат вклучени околу 30 заинтересирани компании кои ќе добијат едукација и конкретни насоки за имплементација на „БИМ“. - Проценето е од досегашното искуство дека со имплементација на „БИМ“-процесот при градењето, можат да се достигнат значителни финансиски заштеди, во висина од 15-25% од севкупната инвестициска вредност на објектот, - истакна Игор Панчевски, експерт за енергетска ефикасност од „ЗБК Креација“. По теркот на Англија и Холандија и Европската комисија работи на промена на легислативата за јавни набавки. Проектот ќе пилотира две студии на случај, каде ќе бидат земени 4 згради на кои ќе се имплементира „БИМ“-процесот и дел од „БИМ“-алатките кои дополнително ќе се развијат за време на Проектот. Јадранка Аризанковска


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ЕФЕКТИТЕ ОД ВОВЕДУВАЊЕTO НА ОДЛУКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНАТА ДАВАЧКА ЗА СМРЗНАТО СВИНСКО МЕСО ЗА ПРЕРАБОТКА -Мерката за времено укинување на царината при увоз на замрзнато свинско месо за преработка, која ја донесе Владата на РМ во мај оваа година, беше неопходна за спас на домашната месна индустрија од колапс и пропаѓање, - истакна претседателот на Групацијата за преработка на месо и производство на сувомесни преработки при Стопанската комора на Македонија, Гоце Трајчев, на денешната прес-конференција (15.9.2018 година). -Целта на времената мерка е намалување на увозот на месните преработки, зголемување на конкурентноста на домашните готови производи, како на домашниот пазар така и на странските пазари, раст на обемот на производство, бројот на вработените и платите на работниците. Впрочем, целта беше домашните потрошувачи да консумираат домашно

произведен готов производ по еднакви или пониски цени од увозните, а воедно со највисок квалитет и без последици за производителите на свежо свинско месо, - потенцираше претседателот на групацијата Трајчев. Мерката беше барана и образложувана наназад многу години, но без каква било реакција од надлежните во тој поглед. Имајќи предвид дека во мај оваа година Владата излезе во пресрет на барањата на Групацијата за преработка на месо и производство на сувомесни производи при Стопанската комора на Македонија, сакаме да посочиме дека носењето на мерката со времетраење од шест месеци, а која се однесува за одредени тарифни броеви, даде можност на домашната месна индустрија да ги оправда овие барања - без субвенционирање, туку само еднакви услови, како и странските производители во поглед на набавка на суровината на замрзнато свинско месо (споредено со давачките во земјите од соседството и Европската


Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА унија, увозните давачки кај нас се највисоки), а во исто време да не се наруши домашното фармерско производство на свежо месо (кое е поддржано соодветно со субвенции). Во моментов сме на половина од истекот на периодот за кој е на сила мерката иако е прерано да се презентираат детални ефекти од воведување на истата, на располагање се одредени првични ефекти и видувања кои се позитивни и во насока на оправдување на преземените обврски. -Согласно податоците за увоз на месо и преработки од месо за периодот 1.6.-10.9.2018 година, се забележува намалување на увезено свежо свинско месо за 38%, а во исто време раст на увезено замрзнато свинско месо за 29%. Истовремено, извозот на сувомесни преработки бележи раст од 61%. Има зголемување на обемот на целокупното производство за 40% согласно податоците од АХВ за извршена наплата кај регистрираните оператори со храна споредено со истиот период од 3 месеци лани. Ова е добра основа да се очекува дека надлежните институции ќе ја продолжат мерката уште за шест месеци, со цел таа да биде укината во целост, -информираше претседателот на Групацијата. Согласно податоците од Царинската управа на РМ, но и спроведената анкета од страна на Комората меѓу своите членки, искористеноста на мерката е 52% и е резултат на доискористувањето на претходно увезените суровини (пред да се донесе мерката), како и периодот потребен за собирање на потребната документација на фирмите и издавање мислење од Комората. -Денешната работна средба во Стопанската комора на Македонија беше во насока да се видат ефектите од донесената мерка. Состојбата се акумулираше повеќе години наназад, капацитетите работеа со 28% од вкупниот инсталиран потенцијал, а некои компании беа и принудени да ги затворат своите капацитети. Повеќе од 70% од преработките доаѓаа од увоз што беше аларм за оваа Влада, а во соработка со Комората, да се излезе во пресрет на индустријата. Денес сведоци сме дека мерката дава резултати за што сведочат и презентираните показатели, - истакна проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација на економските ресори. -Сите релевантни институции направија детална анализа пред да се донесе мерката за укинување на увозната давачка за смрзнато свинско месо за преработка. Владата покажа и слух и чувство за проблемите на месната индустрија, а резултатите презентирани на денешната средба се потврда за досегашната политика, -подвлече Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на РМ. До крајот на мерката ќе бидат видливи и сите други резултати за кои компаниите се обврзаа. Клучно со носење на истата беше домашните компании да се спасат од целосен колапс, како и да се зголеми извозот на домашни месни преработки без да се наруши домашното фармерско производство. Во таа насока се и новите мерки на ресорното Министерство -10% зголемување на средствата за домашно производство, како и оглас за мерката за производство на сточна храна на површина до 3 хектари и над 3 хектари. Истовремено, залагајќи се за унапредување на земјоделскиот сектор, но и на домашната преработувачка индустрија, Министерството за земјоделство ќе предложи наскоро и нови мерки, -истакна на крајот министерот Николовски. Васко Ристовски


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ СТАВ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕС СВЕТСКИ СОРАБОТКА КОНФЕРЕНЦИЈА ПИКНИК

ПРЕД БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ПРЕЗЕНТИРАН ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИ ПРОГРАМИ И МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И УСЛУГИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ ЗА 2019 ГОДИНА

Во насока на подобра информираност и детализирање на мерките за вработување, пред главните чинители на пазарот на труд, вклучувајќи претставници од државните институции и бизнис заедницата, денес (16.09.2018) во Скопје беше презентиран Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година. Целта на средбата беше да се презентираат можностите за добивање на финансиска поддршка преку активните мерки и програми за вработување, како и споделување на идеите и препораките поврзани со мерките и програмите првично наменети за компаниите. Пред присутните се обратија, д-р Кочо Анѓушев - Заменик претседател на Владата на Република Македонија, Мила Царовска - Министерка за труд и социјална политика, Луиза Винтон - Постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации и Билјана Јовановска - Директорка на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Во своите обраќања тие ја истакнаа заложбата на државата да помогне при вработувањето


Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

9

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА СОРАБОТКА СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС како и да го олесни целокупниот административен процес што во крајна линија би водел кон подобрување на состојбите на пазарот на трудот. Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои имаат за цел да обезбедат создавање на нови работни места и зголемување на вработливоста кај невработените лица. Сите работодавачи имаат пристап до програмите, односно мерките и услугите за вработување кои се реализираат преку Агенцијата за вработување на Рапублика Македонија. Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма, односно мерка и услуга за вработување, а подетални информации можат да се најдат на веб страната на Агенцијата за вработување. Консултациите со компаниите при програмирањето на мерките за вработување е суштинска работа со цел нивна најдобра искористеност и секако поттикнување на интересот на компаниите да аплицираат за нив. Одделение за информирање


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕЗЕНТАЦИИ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕС СВЕТСКИ СТАВ КОНФЕРЕНЦИЈА ПИКНИК

ОДРЖАНА ПРОМОЦИЈА НА ИЗДАНИЕТО „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“

Во присуство на претставници на Владата на Република Македонија, Архиепископот Охридски и Македонски и Митрополит Скопски, г.г. Стефан, голем број стопанственици, истакнати филантропи и пошироката јавност, на 14.9.2018 година, во Стопанската комора на Македонија беше одржана промоција на изданието „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“ од авторот Венко Андоновски, посветена на македонската филантропија олицетворена преку ликот и делото на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој воедно е и генерален директор на градежната компанија „АДОРА Инженеринг“ – реномирана членка на Стопанската комора на Македонија. -Изминатите години македонските бизнисмени ги помагаа сите сегменти на општествениот живот, меѓутоа за прв пат филантропијата на македонски стопанственик е презентирана пред пошироката јавност и чест ни е што тоа се случува во храмот на бизнисот - Стопанската комора на Македонија, како најстара и најбројна бизнис асоцијација во земјата, - истакна во своето воведно обраќање претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Дискутирајќи со претседателот Азески за најзначајните моменти од својата кариера, д-р Чифлиганец посочи дека себе си најмногу се гледа во бизнисот и неговите амбиции се и понатаму да се афирмира во деловното опкружување, работејќи на подигнување


Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИИ СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС на стандардите и квалитетот во градежништвото во Македонија, но и во финансискиот сектор во земјата. На настанот свое обраќање како промотори на изданието имаа и академик Владо Камбовски и дописниот член на МАНУ и ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Блажо Боев, кои што посочија дека ваквите дела се од важност за афирмирање на филантропијата во македонски рамки, а филантропските активности на македонските бизнисмени се основа за градење општество во духот на европските вредности и современото живеење. Авторот на монографијата, проф. д-р Венко Андоновски, истакна дека изданието е само мал сублимат на филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец кој во изминатите години на пошироката општествена заедница и на граѓаните на Република Македонија подарил околу 3,5 милиони евра за најразлични цели (наука, образование, спорт, медицина, приватни донации). На крајот на настанот, претседателот на Стопанската комора на Македонија му додели на проф. д-р Чифлиганец пригодна Благодарница за активниот придонес во работењето на Комората. Заеднички беше констатирано дека треба да се размислува преку Стопанската комора на Македонија во иднина на годишно ниво да се организира ден кој што ќе биде посветен на филантропијата на македонските стопанственици. м-р Нена Николовска


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

ТРИБИНА

ОДРЖАНА ТРИБИНА НА ТЕМА: „ГМО, ГМО-ХРАНА И ГМО-ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ“

Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство, во насока на својата добра соработка насловена како „подобра легислатива, подобар бизнис“, ја организираа денешната трибина на тема: „ГМО, ГМО-ХРАНА И ГМО-ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ“, - истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. - Агенцијата е расположена да ги презентира новините во делот на безбедност на храната, како кај нас, така и во земјите од регионот, Европската унија но и во светот. Поканети се сите релевантни чинители од областа на науката во оваа област кои ќе се обидат да ја доближат темата до претставниците на бизнис секторот, но и до крајните потрошувачи, по што конечно и Агенцијата, но и релевантните институции ќе знаат во која насока треба да се движат и што ќе мора да се направи со цел олеснување на работата на домашните компании, -истакна во своето обраќање Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.


Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

13

ТРИБИНА

За прв пат во Република Македонија во 2008 година е донесен Закон за генетски модифицирани организми и генетски модифицирани микроорганизми, односно ЗАКОН ЗА ГМО („Службен весник на РМ“, бр. 35/08). Со овој закон се уредува: - управувањето со генетски модифицираните организми; - мерките за спречување и намалување на можните негативни влијанија врз здравјето на луѓето и животната средина, како последица при ограниченото користење на генетски модифицирани организми; - намерното ослободување на генетски модифицирани организми во животната средина или пуштањето на пазар на производи коишто содржат генетски модифицирани организми и - прекуграничното движење на генетски модифицирани организми и на производи коишто содржат генетски модифицирани организми и/или се состојат или потекнуваат од комбинација на генетски модифицирани организми вклучувајќи и генетски модифицирани организми како производ. Дефиниција: Генетски модифицирана храна (ГМО-ХРАНА) е храна што содржи генетски модифицирани организми (ГМО), храна составена од генетски модифицираните организми (ГМО) или храна произведена од генетски модифицирани организми (ГМО). -Член 56 од Законот за ГМО ги утврдува обврските на операторите со храна кои работат со ГМО-храна и ги утврдува основите за носење правилници за посебните барања за безбедност кои треба да ги исполни ГМО-храната и начинот на означување, следење и начинот за одобрување за пласирање на оваа храна на пазарот во Република Македонија, - информираше Ленче Јовановска од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство во 2011 година и во 2013 година донесени се подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за безбедност


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

ТРИБИНА на храната, а се во врска со ГМО-храната: • Правилник за начинот и постапката за издавање одобрение, нејзино времетраење, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање одобрение за ставање во промет на производот од групата на ГМО-храна („Службен весник на РМ“, бр. 137/11) и • Правилникот за посебните барања за безбедност на ГМО-храна, означувањето и барањата за следливост на прехранбените производи кои содржат ГМО-храна или се составени од ГМО и барањата за следливост на храната („Службен весник на РМ“, бр. 119/13).

Со носењето на овие правилници се направи целосна хармонизација на националната легислатива за ГМО-храна со европската легислатива од оваа област (Регулатива 1929/2003 и Регулатива 1930/2003 ). Оваа состојба траеше, за жал, многу кратко време односно само еден месец, така што имплементацијата на овие правилници во пракса немаше можност да се спроведе. Во моментов имаме предлогтекст на Правилник за начинот на вршењето на официјалната контрола на забраната за производство, ставање во промет, увоз во Република Македонија на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО, доставен до Владата на РМ за да се донесе одлука за објавување на истиот. Со објавувањето на овој правилник би се пополнила правната рамка за контрола на ГМО-храната, односно за


Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

15

ТРИБИНА спроведување на забраната за производство, ставање во промет и увоз на ГМО-храна во Република Македонија. Генетски модифицираните организми (ГМО) се живи организми со чиј генетски материјал се манипулира во лабораторија преку генетски инженеринг. Праг на прифатливост е случајно или технички неизбежно присуство на генетски модифициран материјал кој е востановен со проценка на ризик и методи на утврдување на присуство на ГМО во храната и изнесува до 0,9 %, - истакна Лидија Дамевска, од Агенцијата за храна и ветеринарство. Европската унија има воспоставено сеопфатен и строг правен режим за одобрување на генетски модифицираните организми (ГМО), односно на храната и храната за животни која се состои или содржи ГМО. Законодавството и политиката на ЕУ за ГМО, врз основа на принципот на претпазливост загарантирана со законодавството на ЕУ и меѓународната заедница, е дизајнирано да ги спречи несаканите ефекти врз животната средина и здравјето и безбедноста на луѓето и животните како резултат на загриженоста изразена од скептичните потрошувачи, земјоделците и еколозите. Поголемиот дел од загриженоста околу храната која содржи или е составена од генетски модифицирани организми се однесува на можноста нивниот потенцијал да предизвика негативни ефекти врз животната средина и врз здравјето на луѓето. Постојат неколку видови потенцијални несакани ефекти што можат да резултираат од внесување на нов ген во организмот. Здравствени ефекти од примарна загриженост на проценувачите на безбедноста се создавањето нови алергени, зголемена токсичност, намалена нутритивна вредност и антимикробна резистенција. Контроверзите и јавната загриженост околу ГМО-храната и ГМО-културите најчесто се фокусираат на безбедноста на човекот и животната средина, означувањето и изборот на потрошувачите, правата на интелектуална сопственост, етиката, безбедноста на храната, намалување на сиромаштијата и зачувување на животната средина. Претставниците на домашните компании ја искористија трибината да ги презентираат своите видувања, но и проблеми со кои се соочуваат како резултат на контрадикторноста на Законот, од една страна, и инспекциските служби, од друга. На крајот на трибината беше деговорено тие да се обратат до Комората за сите отворени прашања во однос на ГМО-делот по што би се покренале итни разговори со највисоките претставници од Агенцијата за нивно итно решавање, а се` со цел да се создаде поповолна бизнис клима за работа на компаниите од прехранбениот сектор. Васко Ристовски


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

СООПШТЕНИЈА

БАРАЊЕ НА КОМОРИТЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА НАЈАВЕНАТА ДАНОЧНА РЕФОРМА Четирите стопански комори бараат одложување на најавената даночна реформа за најмалку 5 години. Спроведеното истражување врз 546 компании и анализата на резултатите покажаа дека доколку прогресивното оданочување се реализира, во моментов би имало негативни последици врз целата бизнис заедница. Само преку суштествено и релевантно истражување, анализа на проблемите и бизнис условите во Р. Македонија може да се донесуваат закони и други правни акти кои имаат реална корист и се функционални за бизнис-средината. По низа истражувања и организирање на 2 фокус групи беше изготвен Позициониот документ изработен и усогласен од страна на четирите стопански комори како став на бизнис заедницата по однос на најавените даночни промени. Документот е придружен и со изработената студија – Ефекти од политиката на рамни даноци во Република Македонија, која е земена за основа во процесот на дефинирање на доставениот Позиционен Документ. Оваа активност е дел од Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива„ финансиран од страна на УСАИД а имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори. Извор: http://www.biznisregulativa.mk/mk-MK/Pages/Find/27


15

T

O

IS

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

17


18

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

19


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 20 септември 2018 година (четврток) Стопанска комора на Македонија (сала 4 на 5-ти кат)

МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби. Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби од областа на металната и металопреработувачката индустрија, поконкретно во делот на: • производство на метални конструкции и делови на конструкции; • производство на садови, префабрикувани гасоводи, хидраулични агрегати и механичка обработка; • производство на метални и челични делови; • добавувачи на компоненти за земјоделски машини; • добавувачи на заварени констукции од алуминиум, повеќе компонентни конструкции и монтажа, лиење и обработка на лиени делови, обработка на делови на автоматски струг и ЦНЦ машини; • заварување и обработка на метали и др. Ве покануваме да земете учество на презентацијата на австриските компании и на деловните средби, на коишто ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби своето учество можат да го пријават најдоцна до 17 септември 2018 година, за да може да се организираат средби со соодветни партнери. Контакт: м-р Сања Николова Телефон: ++ 389 2 3244091 E-адреса: sanja@mchamber.mk


Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

На 26 септември 2018 година, во Нови Сад, ќе се одржи Меѓународен брокерски настан – Бизнис средби, за време на Регионалниот бизнис форум. На Регионалниот бизнис форум и на бизнис средбите ќе бидат претставени секторите: - Земјоделство и храна; - Метална преработувачка индустрија; - Туризам. Настанот ќе ја промовира деловната соработка меѓу регионите, вклучувајќи и договори за трговија и производство, заеднички вложувања и заеднички пристап на трети пазари, како и размена на технологија и „know-how“ и соработка на проекти со цел зголемување на конкурентноста и иновациите, финансирани од ЕУ и други донатори. Зошто да учествувате: Бизнис средбите обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите да најдат меѓународни партнери на Форумот. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Потоа се изготвува листа на состаноци што се одвиваат на одредено место и во точно одредено време. Секој учесник ја добива својата листа на состаноци најмалку еден ден пред настанот. Учеството на меѓународниот брокерски настан е бесплатно. Пријавете се преку линкот: http://rbf2018novisad.talkb2b.net/ Забелешка за учесниците: превозот од аеродромот во Белград до Нови Сад го обезбедуваат организаторите. Контакт лице: Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 септември 2018 година (среда) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стопанска комора на Македонија организира еднодневен семинар наменет за приватните компании како учесници на пазарот за јавните набавки, имајќи го предвид фактот дека во 2018 година се 100% ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ, а голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество, недоволно ги познаваат можностите и предностите што ги нуди (ЕСЈН) - регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба - „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ, анализа на ОТВОРЕНИ податоци, пребарување и слично. Предавачи: - Марија Јованоска и Горан Давидовски, експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, директно вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија. Минимален број за реализација на семинарот е 20 учесници. На семинарот ќе бидат презентирани и некои од новините кои се однесуваат на областа на е-набавките, а кои се предложени во Нацрт-законот за јавни набавки, како што се: концепт на е-пазар за набавки од мала вредност и е-каталози; објава на е-план измени/дополнувања; новиот концепт на Економски најповолна понуда; е-жалба; пристап до сите понуди на конкретен тендер и останати теми. Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.9.2018 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

Стопанската комора на Македонија, на 28.9.2018 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за договорен залог кои го регулираат начинот, условите и постапката за засновање, постоење, реализација и престанување на договорното заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарување и други права (рачен залог) и врз недвижности (хипотека), и Законот за облигациони односи, кои предвидуваат воспоставување на заложно право, како и судски спорови кои произлегуваат од реализацијата на заложното право. На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки.

ПРЕДАВАЧ: - Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7 октомври 2018 година Стопанска комора на Австрија, Виена https://food2018. b2match.io

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ - ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ГОЛЕМО И МАЛО

Стопанската комора на Австрија, заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, организираат деловни средби меѓу австриски фирми - производители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи од целиот свет. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. Настанот ќе се одржи на 17.10.2018 година (среда), во Стопанската комора на Австрија во Виена. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди можност за компаниите увозници на прехранбени производи, храна и пијалаци од Македонија и од светот со цел да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат деловна соработка со познати компании и експерти за производство и трговија на големо и на мало со храна и пијалаци од целиот свет. На средбите ќе учествуваат најпознатите увозници и трговски фирми на прехранбени производи од регионов, како, на пример: „Atlantic Grup“, „Delhaize“ - Србија („Maxi“- супермаркети), „Delta DMD“, „METRO Cash & Carry“ - Србија, „Orbico“, „Al Grosso“ - Србија, „Balfin Group-Spar“ - Албанија, „Distribution & Development ADD“ - Албанија, „RE WE-Group-Billa“ - Хрватска и други, кои се пријавени и ќе учествуваат на овој настан. За дополнителни информации во врска со настанот, обратете се до лицата за контакт од Стопанската комора на Македонија: м-р Ивана Крстевска, телефон: 02 3244-051, е-адреса: ivana@mchamber.mk и м-р Ирена Мојсовска, телефон: 02 3244-009, е-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk.


Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 - 9 ноември 2018 година, Нови Сад, Србија

Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ

Од 7-9 ноември 2018 година во Нови Сад, Србија, ќе се одржи Меѓународен саем, со конференција и придружна програма за ИТ - Tелекомуникации - иновации Интернет и игри. На Саемот се очекуваат 150 меѓународни излагачи, 2000 посетители и 1000 крајни корисници. Настанот опфаќа 15 тематски конференции, работилници и деловни средби. Саемот ќе се одржи на Новосадскиот саем, а организатор е ResEnva Consulting. Подетални информации: http://see-it-summit.com/SIS18/Public/Content.aspx?ID=88&sortMenu=110002 Стопанската комора на Македонија е поддржувач на настаните. - За бизнис средбите, Ве покануваме да се регистрирате бесплатно на Европската мрежа на претпријатија и платформата Matchmaking за состаноците во текот на сите 3 дена на Самитот, од 7-9 ноември во Нови Сад, Србија. За обезбедување на поединечен или групен штанд ќе добиете посебен попуст. Пријавете се на: http://seeitsummit2018.talkb2b.net/

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032

Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода


Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

БИЗНИС ИНФО

27

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

www.mchamber.mk

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 14 Септември 2018, Бр. 364

T

15

28

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2-2

018

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.