Бизнис ИНФО, број 279

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

Quality Management

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО Број 279

www.mchamber.mk

ISO 9001

FS 549642

goodini

192

2 - 2016

14.10.2016

Шести европски конгрес за мали и средни претпријатија

МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА КАКО ДВИЖЕЧКА СИЛА ЗА РАЗВОЈОТ НА ЕКОНОМИИТЕ ВО ЕВРОПА

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

3

ЕВРОПСКА ПОДВЛЕЧЕНО УНИЈА

Малите и средните претпријатија како движечка сила за развојот на економиите во Европа

ВО КАТОВИЦЕ, ПОЛСКА, СЕ ОДРЖУВА ШЕСТИОТ ЕВРОПСКИ КОНГРЕС ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Под насловот “Наука - бизнис - сопствено управување - сите заедно за економијата”, со годинешнoто мото “Три дена за инспирација и иновации” во периодот од 10 до 12 октовмри 2016 во Катовице, Полска година се одржува Шестиот европски конгрес за мали и средни претпријатија. Како позначајни прашања за кои се дискутира на овој Конгрес, се темите поврзани со иновации, финансирање на разните видови на истражувачки студии, инвестирање и одржливост на бинзисите, како и за новите технологии за поддршка на микро, малите и средните претпријатија. Споменатите теми се само дел од многубројните работни сесии кои се очекува, преку презентираните дискусии, бизнис-средби и размена на искуства, да дадат значаен придонес во унапредување на работата на малите и средни претпријатија, не само во Полска, туку и во пошироко. За таа цел, на Конгресот ќе земат учество бројни значајни


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

ЕВРОПСКА УНИЈА претставници од европските институции, претседатели на стопанските комори и други бизнис-асоцијации од земјата и од светот, чија работа е во насока на подддршка на малите и средните претпријатија, како и други значајни претставници од државните институции од Полска и од други европски земји. Имајќи ги предвид новите трендови на успешен раст и развој на МСП во Европа, а секако поттикнати и од успесите кои ги постигнуваат големиот број брзорастечки мали и средни претпријатија во изминатиот период во полската економија, оценивме дека треба да биде уште еден предизвик за нас за организација на овогодинешниот Конгрес за мали и средни претпријатија. – истакна Тадеус Доноцик, претседател на Регионалната трговскоиндустриска комора на Катовице. На конгресот оваа година учествува делегација од Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески. “Улогата на малите и средните претпријатија во македонската економија е се поголема и позначајна. Повеќе од било кога, нашите активности во овој период во Комората, се сконцентрирани на малите и средните претпријатија и тоа ќе продолжи и во иднина. За таа цел, формиравме Клуб на претприемачи, во чиј фокус се едукативните активности за подобро упрваување и соочување со предизвиците за малите и средните претпријатија. Преку разните иновативни облици на организирање во Комората за подобро вмрежување и помош во унапредувањето на нивната работа, не само што веруваме, туку и реално придонесуваме во нивниот развој, а тоа го покажуваат бројните успешни приказни на мали и средни компании кои имале голем бенефит од нашето досегашно долгогогодишно искуство и работа на овој план. Во таа насока е и неодамна формираниот македонско-полски бизнис-клуб, чија приоритетна цел ќе биде приближување и соработка меѓу македонските и полските мали и средни претпријатија и унапредување на взаемната трговска размена” – истакна претседателот Азески. На централниот панел за претприемачите од малите и средните претпријатија во меѓународното опкружување што се одржа на 10.10.2016 година, учествуваа релевантни


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

5

ЕВРОПСКА ПОДВЛЕЧЕНО УНИЈА претставници од науката, бизнисот и политиката, меѓу кои и Јержи Бузек, бивш премиер на Полска и бивш претседател на Европскиот парламент, како и Елизабета Биенковска, еврокомесар за внатрешен пазар, индустрија, претприемништво, МСП и претприемништво, како и претседатели на комори и бизнис-асоцијации на претприемачи кои ги обединуваат малите и средните претпријатија од разни региони од Полска, од другите европски земји и од светот, како и бројни официјални претставници од институциите на Европската унија, од областана внатрешниот пазар и претприемништвото, областа труд и социјална политика и други значајни сектори значајни за регулативата и за унапредувањето на практичното работење на малите и средните претпријатија. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Полска во периодот јануари-јули 2016 година изнесува 85,7 милиони САД долари, што претставува зголемување од 25,5% во однос на истиот период од претходната година. Извозот од 18 милиони САД долари, бележи зголемување за 11,4%, а увозот од 67,7 милиони САД долари е зголемен за 29,9%. Во овој период, Република Полска е 19-ти трговски партнер на Република Македонија. М-р Елена Милевска Штрбевска

Одржана средба на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески со претседателот на Полската стопанска комора, Андреј Арендарски

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ПОЛСКИТЕ КОМПАНИИ Е ЗНАЧАЕН ПРЕДИЗВИК ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ

Во рамки на одржувањето на Европскиот конгрес за мали и средни претпријатија во Катовице- Полска, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, оствари средба со претседателот на Полската стопанска комора, Андреј Арендарски. Една од основните теми на средбата беше можноста за унапредување на соработката меѓу македонските и полските компании во наредниот период. “Имајќи го предвид силниот потенцијал за развој на приватниот сектор во изминативе години во Полска, како и бројните домашни и странски инвестиции во повеќе сектори во стопанството, за македонските компании претставува голем предизвик соработката со Полска. За таа цел, минатата година го формиравме Македонско-Полскиот бизнис-клуб кој има за цел да ја унапреди соработката меѓу македонските и полските компании, со цел да се помогне во ориентирање на македонските стопанственици и кон други европски пазари, покрај германскиот, што ќе резултира и зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Полска.” – истакна претседателот Азески. Претседателот на Полската стопанска комора, Андреј Арендарски, изрази подготвеност и волја за соработка, при што како позначајна клучна активност за наредниот период се утврди можноста за оргнаизација на бизнис-средби во Скопје, меѓу стопанственици од Македонија, Србија, Полска и Бугарија, што ќе се реализираат во првиот квартал од 2017 година. Во периодот што следува исто така ќе се воспостави поблиска соработка меѓу стопанските комори на Македонија и Полска, преку размена на искуства и организација на настани во делот на едукацијата, алтернативните начини за решавање спорови, како и преку организација на секторски средби меѓу стопанствениците од определени стопански сектори од двете земји. Република Полска има потенцијал да стане водечка земја во ЕУ по производство на храна, бидејќи силно го развива аграрниот сектор. Важи за една од земјите во ОЕЦД во која е најлесно да се основа и да се води бизнис благодарение на прецизноста, ефикасноста и неутралноста на законската рамка за компаниите. Просечната плата во земјата е поголема од 1.200 евра и постојано се зголемува, како и вредноста на полската валута (злота), а се намалува стапката на невработеност, која сега изнесува само 9%. Во Полска се наоѓаат 40% од 500 најголеми компании во Централна Европа.


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

Централно-европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА

Стопанската комора на Македонија домаќин на Регионалната конференција на тема

„ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ И ХАРМОНИЗАЦИЈА НА ЦАРИНСКИТЕ ПОСТАПКИ ВО РЕГИОНОТ“

Стопанската комора на Македонија во рамките на Партнерскиот проект со Унијата на трговско-индустриските комори на Германија и коморите од ЦЕФТА-земјите (ДИХК - ЦЕФТА) и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ ЗБ), на 6 октомври 2016 година (четврток), беше домаќин на Регионалната конференција на тема: „Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“. Главен акцент на Регионалната конференција се стави на согледувањето на практичната примена на царинските постапки во регионот, од аспект на унифицираност и функционалност, како и на можностите за целосно електронско поврзување на системите, со посебен акцент на функционирањето на е-царина. Иницијативата за одржување на оваа значајна Регионална конференција произлезе од програмските насоки на Централно-европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА, која преку своите програмски активности насочени кон остварувањето на основната цел – либерализација на трговијата со стоки и создавање единствена зона за економска соработка, фокусирана е и на процесот на олеснување на царинските постапки во земјите кои се потписнички на Договорот. Поздравно обраќање до сите учесници и гости и вовед во работата на Конференцијата


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

7

Централно-европскиот договор за слободна трговија ПОДВЛЕЧЕНО – ЦЕФТА имаше претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој истакна дека оваа средба, всушност претставува продолжување на започнатите активности во рамките на ЦЕФТА-Проектот за либерализација на трговијата со стоки и создавање единствена зона за економска соработка во Регионот и пошироко. Воедно оваа активност се вклопува и во актуелниот момент кога меѓународната бизнис заедница се соочува со низа проблеми од различна природа, посебно присуството на митото и корупција која е присутна во осетливи сегменти од економското работење на компаниите, за чие надминување мерките што се преземаат не се доволно радикални за нивно отстранување, па затоа е потребен поактивен приод и заедничка соработка не само од претставниците на бизнисот, како непосредни учесници во меѓународната трговија, туку и од носителите на економската политика во земјите, креатори на односите во целокупниот процес на меѓународна соработка, подвлече Азески. ЦЕФТА Договорот, а сега и Берлинскиот процес се сериозни алатки за постигнување економски напредок во регионот, кои имаат јасна цел, стабилен финансиер и персонал кој може да ги реализира клучните елементи за освојување на нови пазари, интензивирање на меѓународната соработка и олеснување на трговијата, заклучи Азески. Регионалното економско поврзување покрај тоа што претставува генератор на развојот на одделните национални економии и подобрување на конкурентноста на светските пазари, претставува и придобивка која ќе им го олесни и отвори патот за побрз пристап на оние земји кои не се членки на ЕУ да бидат нејзини членки, а со тоа и влез во единствениот заеднички пазар на обединета Европа, без царини, без бариери, без администрирање и сл.., а во тој контекст широко се отварени вратите и за заеднички конкурентен настап на земјите од регионот на трети пазари ширум светот. Како препорака во своето обраќање, претседателот на Стопанската комора на Македонија ја нагласи потребата за поблиска соработка на јавниот и приватниот сектор во насока кон остварување на заложбата за “олеснување на трговијата”, бидејќи единствено преку дијалог може да се дојде до решение како да се забрза процесот на поедноставување на прекуграничните процедури од регионот. ЦЕФТА Договорот е еден од најдобрите договори за економијата во регионот и како механизам ќе овозможи негово побрзо интегрирање во ЕУ, се согласе и министерот за економија на Р. Македонија Дритон Кучи, подвлекувајќи дека земјите-членки на ЦЕФТА треба да овозможат непречено и побрзо движење на стоките, преку хармонизација на царинските


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

Централно-европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА

прописи, кои се императив на земјата во рамки на годишните програми на ЦЕФТА, како и во рамки на Стратегијата на ЈИЕ 2020. Во своето обраќање, директор на Царинската управа на Република Македонија, г-ѓа Наташа Радеска Крстевска се осфрна на неколку значајни аспекти од работењето, развојот и постигнувањата на Царината во процесот на поедноставување на царинските процедури во земјата, при што посебен акцент стави на примената на поедноставените постапки, пристапот на Република Македонија кон Новиот Компјутеризиран Транзитен Систем (НКТС), примената и степенот на развој на едношалтерскиот ситем (EXIM и ASICUDA), активностите во врска со примената на интегрираната тарифна околина, а од инфраструктурен аспект најавената надоградбата на царинските терминали Табановце и Ќафасан. Во продолжение од конференцијата настап имаа повеќе дискутанти за теми поврзани со царинските процедури, за регионалниот пристап при решавање на одредени отворени прашања и проблеми од тековното работење на бизнисот (нетарифните бариери и нивното влијание врз брзината на прекуграничниот проток на стоките) и сл. Во таа насока говореа г-дин Никола Бертолини, раководител на сектор за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, на тема: „Примена на заедничка транзитна процедура и нејзиното влијание врз трговското олеснување во регионот“, потоа г-динот Умут Ергезер, в.д. директор на ЦЕФТА Секретаријатот во Брисел на тема: Тековни активности во регионот (достигнувања и пречки). Осврт на потребата за натамошна пазарна интеграција и либерализација преку хармонизација на трговските и инвестициски политики како и насоките кои произлегуваат од Спогодбата за трговско олеснување на СТО како глобална рамка за олеснување на прекуграничните процедури, дадоа г-динот Газменд Турдиу, заменик генерален секретар на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево и


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

9

Централно-европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА д-р Гордана Тошева од Проект на УСАИД за Регионален економски раст. Регионален пристап во спроведувањето на постапките учество зедоа претставници од Царинската Управа и стопанските комори од регионот на ЦЕФТА. Од богатите и обемни излагања произлегоа повеќе констатации и препораки кои во форма на заклучоци, откако ќе бидат усогласени од страна на сите комори од ЦЕФТА земјите, ќе бидат доставени до надлежните институции во земјите од регионот, како сет на мерки: - поширока примена на поедноставените царински постапки од страна на биознис заедницата на ниво на регион; - практично заживување на електронското наспроти хартиеното работење за постапките поврзани со трговијата, што е поврзано со потребата за целосна функционалоност на едношалтерскиот систем во прекуграничната трговија во сите земји во регионот. Ова значи и поврзување со инспекциските служби односно другите агенции кои се дел од процесот на царинење; - заживување на концептот на овластен економски оператор, за што се потребни сет на мерки од страна на царинските управи за поголема промоција и подигнување на степенот на интерес од деловните субјекти за стекнување со ваков статус. За ова потребно е заокружување на прашањето за меѓусебно признавање на национално стекнатиот статус; - пристапноста на земјите од Регионот во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка со цел користење на бенефитите од имплементирање на Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС); - потребата за повисок степен на соработка на коморите како застапувачи на бизнис заедницата со ЦЕФТА Комитетот за олеснување на трговијата кој има задача решавање на прашања кои се однесуваат на потребата за намалување на трошоците предизвикани од неефикасни постапки за царинење; - преземање на активности за примена на концептот за заеднички гранични премини, со поголема хармонизација на граничните контроли, што ќе го забрза движењето на стоките, како дел од посебен интерес за бизнис заедницата; - надградување на капацитетите на инспекциските служби во поглед на обезбеденост со соодветен персонал како и услови за поефикасно спроведување на контролите од аспект на соодветна техничка опременост, како и меѓусебна соработка на инспекциските служби со соодветните служби од други земји; - ревизија на казнената политика, која во голема мера го обременува работењето на деловните субјекти, за што е потребно покренување на иницијатива за промени во соодветната законска регулатива. Митко Митевски Билјана Пеева-Ѓуриќ


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ТУРСКОМАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС СОВЕТ ПРИ ДЕИК, господинот Хасан Хошбан и господинот Есер Џевахир со извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, д-р Јелисавета Георгиева

Претседателот и потпретседателот на Турско-македонскиот бизнис совет при ДЕИК, господинот Хасан Хошбан и господинот Есер Џевахир беа примени на работна средба во Стопанската комора на Македонија од страна на извршниот директор, д-р Јелисавета Георгиева. На средбата беа дефинирани конкретни чекори во насока на зголемена соработка на македонските и турските компании, како и дефинирање на заеднички настап на компаниите од двете земји на трети пазари на кои турските компании се веќе традиционално присутни, како што се пазарите на земјите од Блискиот Исток и од МАГРЕБ. Во таа насока, претседателот на Турско-македонскиот бизнис совет при ДЕИК, господинот Хасан Хошбан достави и официјална покана за учество на македонска бизнис делегација на претстојниот Турско-африкански економски и бизнис форум што ќе се одржи во Истанбул, Република Турција, на 2-3 ноември 2016 година. На Форумот се очекува присуство на над 300 компании од африканските земји, како и повеќе од 200 компании од Република Турција, што претставува одлична можност за нови контакти и соработка на македонските компании и за пласман на нивните производи на овие пазари. На состанокот беше договорена и средба во Истанбул помеѓу бизнис делегација на Стопанската комора на Македонија и мешовитите турско-африкански деловни совети, планирана за крајот на месец ноемри 2016 година, со цел отворање на нови можности за соработка на македонските компании со компании од африканските земји. Двете бизнис асоцијации се договорија заеднички да изготват агенда за следниот период за идни меѓусебни заеднички средби, а компаниите од двете земји пројавиле интерес за развивање на меѓусебната соработка. Јадранка Аризанковска


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

Актуелните состојби во текстилната индустрија и проекции за наредниот период

ПРЕКУ СУБВЕНЦИИ ЗА НОВА ОПРЕМА ДО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА МАКЕДОНСКАТА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА

Текстилната индустрија во Република Македонија е од особено значење, како по бројот на вработените, така и според извозот каде во овој сектор особено дојдоа до израз претприемничките иницијативи, кои создаваат солидна материјална основа. Во текстилната индустрија во Република Македонија преовладува „ЛОН“-работењето, кое се сведува главно на шиење како еден од најнедоходовните видови на соработка со странските партнери. Во вкупниот извоз „ЛОН“-работењето учествува со околу 93%, а на класичното производство на извоз отпаѓаат 7%. Според податоците за индустриското производство за осум месеци од 2016 година споредено со истиот период од 2015 година, кај производството на текстилни ткаенини има зголемување на производството за 14,8%, а додека кај производството на облека намалување од 5%. За 7 месеци од 2016 година извозот во оваа дејност изнесува 359 милиони долари а


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

13

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ пооделно кај производството на текстилни ткаенини изнесува 46 милини долари, а додека кај производството на облека изнесува 313 милиони долари што е зголемување од 4-5% во споредба со истиот период од претходната година, и то претсттавува околу 11% од вкупниот извоз во државава. Во истиот период, увозот изнесуваше 310,3 милиони САД долари, од кои облека во износ од 44,3 милиони САД долари, а текстил во износ од 266,8 милиони САД долари, или 8,1% од вкупниот увоз во државава. Бројот на вработени од година во година постепено се намалува, односно од 43.848 вработени во 2007 година, последните години се движи околу 35-36 илјади вработени во оваа дејност, односно во 2015 година 36.877 вработени, oд кои 5.135 во производство на текстил и 31.742 во производство на облека што сепак претставува голем процент на вработени, односно околу 35-37% од вработените во преработувачката индустрија. Очекувањата за до крајот на 2016 година се дека ќе бидат на исто ниво како 2015 година. Ваквиот раст на извозот најмногу се должи на два фактора и тоа: - на повисоките фази на обработка и доработка на производите каде што веќе дел од производствените операции се вршат во земјава (печатење, везење, пакување и сл.) и - поволната економија во Европската унија што компаниите ги продолжуваат на договорите и задржување на најзначајните партнери од западноевропските земји. Македонските текстилни компании сеуште се интересни за странските партнери пред сe поради близината до европскиот пазарот и производството на мали серии со висок квалитет и солидна цена. Со цел да бидеме конкурентни во однос на опкружувањето, македонската текстилна индустрија мора да добие поддршка од државата во смисла на поволни кредитни линии, субвенции, обезбедувања преку користење на гарантни фондови итн. Тоа ќе овозможи да се направат вложувања во автоматизација на производните процеси, а со тоа подобрување на квалитетот и обезбедување на поголема продуктивност од страна на текстилните компании. Ангел Димитров претседател на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата, го истакна и проблемот со недостиг на стручен кадар за работа во текстилната индустрија, и барањето да се воведат дополнителни стимулативни мерки од страна на државата, како би се постигнало зголемување на бројот на обучени текстилни работници. Исто така, побара и еднаков третман на домашните и странски компании на пазарот, каде што се јавува нелојална конкуренција со работната сила, бидејќи за малку повисок паричен износ странските компании ги преземаат работниците, а знаеме колку време, знаење и труд се потребни за да се може стручно да се оспособи еден добар работник во текстилот. Сашо Деспотоски


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

РАБОТЕН СОСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА БАНКАРСТВОТО СО ЕКСПЕРТИТЕ ОД ИПА ПРОЕКТОТ SCBL

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија (12.10.2016 година) оствари работен состанок со експертите од ИПА-Проектот SCBL „Strengthening the administrative capacities for implementation of the legal framework for bankruptcy and liquidation of companies“ и со претставниците од Министерството за економија. Целта на состанокот беше развивање и подобрување на добрите судски практики и можни измени на законската рамка која ја регулира инсолвентноста во Република Македонија, а е во насока на подобрување на стабилноста на банкарскиот систем во земјата. На состанокот експертите од Проектот побараа банките како различни доверители во стечајните постапки да дадат соодветни предлози за промена на законската регулатива.


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Членовите на Здружението посочија проблеми со кои секојдневно се соочуваат со фирмите и разговараа за можни начини за решавање преку реорганизација на извршните и стечајните постапки. Во име на нашата делегација од Здружението на банкарството разговорите ги водеше потпретседателот на Здружението, Тони Стојановски со колегите од Правната комисија при Здружението. Поради бројноста на проблемите посочени од членовите на Здружението на банкарството, екпертите од Проектот понудија соработка со банките на повеќе нивоа. Во рамките на Проектот оваа и следната година ќе се организираат тркалезни маси, со цел да се вклучат сите инволвирани чинители со свои предлози и решенија, како што се министерствата за економија и финансии, Централниот регистар, УЈП, судии, комората на стечајни постапки и банките од Република Македонија. м-р Ирена Мојсовска


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Групацијата за безбедост и здравје при работа

ПОБАРАНО НОСЕЊЕ НОВ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Членките на Групацијата за безбедност и здравје при работа, на состанокот одржан на 13.10.2016 година во Стопанска комора на Македонија, расправајќи за предлог-активностите на Групацијата за безбедност и здравје при работа за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, а согласно моменталните актуелни состојби, истакнаа дека фирмите од оваа дејност се соочуваат со сериозни проблеми во своето работење кои произлегуваат од сегашната законска регулатива и донесените правилници. Во дискусијата се посочи дека сегашната законска регулатива не соодветствува со моменталните актуелни состојби во дејноста, за што се сугерира системски измени на овој закон и подзаконски акти или донесување на нов Закон за заштита при работа. Исто така, потребно е и изменување на Законот за градба во делот на издавањето лиценци од областа на безбедноста и здравје при работа. Имено, се сугерира прв филтер за издавање лиценци за стручни лица од оваа област да биде Стопанската комора на Македонија, односно Групацијата за безбедност и здравје при работа да дава мислење или препораки како прв филтер за издавање на


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ лиценци. Во делот на бодувањата на стручните лица кои се бодираат според Правилникот за бодување на лиценцирани лица за безбедност и здравје при работа, не се до крај дефинирани условите за активно или пасивно усовршување во земјата и во странство, со оглед дека на фирмите од оваа дејност им е потребен обучен и стручен кадар. Во расправата повторно се актуелизираа одредбите од Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа, при што се истакна дека со истиот се утврдуваат минималните и максималните цени за извршување на стручните работи за безбедност при работа, кои не кореспондираат со трошоците кои ги имаат фирмите за извршување на својата дејност. Исто така, во Правилникот не се опфатени дел на работи кои се извршуваат при мерења за имплементирање за безбедност и здравје при работа. Исто така, беше нагласено дека со примената на овој правилник забележани се и некои неправилности при објавувањето на тендери за имплементирање на овие стандарди во определени компании и установи кои цени се под минимумот од утвредните со важечкиот Правилник. На состанокот се изврши реизбор на претседател и потпретседател на Групацијата. За претседател, со мандат од две години, е реизбран Сашко Стојмановски од „Техноинспект“ од Скопје, а за потпретседател Борче Стојчевски од „Прориск“ од Скопје.

Војкан Николовски


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ОДРЖАН ОСМИОТ ФОРУМ НА ЧИНИТЕЛИ И ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ ВО ОБЛАСТА НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Групацијата на обновливи извори на енергија во рамките на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија, го одржа Осмиот форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија (13.10.2016 година). На Осмиот форум се презентираа и дискутираа неколку актуелни теми, како што се промените и примената на прописите за планирање и управување со земјишта и за градење, прашања поврзани со склучување и примена на договорите за концесија на води за производство на електрична енергија од мали ХЕЦ, како и можности за нова методологија за интеграција на повластените производители на пазарот на електрична енергија. Во првиот дел на Форумот, г-ѓа Дивна Анастасова, помошник раководител на сектор во Министерството за транспорт и врски ги презентираше промените во одредбите од прописите за планирање и управување со земјишта и за градење што се од интерес на инвеститорите во обновливи извори на енергија (ОИЕ) и притоа даде насоки како истите да се


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ применуваат. Потоа, г-ѓа Мелита Гочевска од Министерство за животна средина и просторно планирање, се осврна на процедурални прашања и обврски од договорите за концесија на кои треба да посветат внимание концесионерите на мали ХЕЦ. Во вториот дел на Форумот беа презентирани можности за нови форми на финансиска поддршка (субвенционирање) на производителите на електрична енергија од ОИЕ. Од страна на консултантот на Проектот, Александар Дединец, беа презентирани насоките за промена на шемата за поддршка на производителите на електрична енергија од обновливи извори. Претставникот на МЕПСО, Зоран Георгиевски презентираше можности за нова методологија за интеграција на повластените производители на пазарот на електрична енергија, кој истакна дека во фаза на изготвување е детална анализа: Студија за нов метод за интеграција на повластените производители на пазарот на електрична енергија во услови на постоење на организиран пазар Иницијативите кои произлегуваат од форумите придонесуваат за подобрување на законската и регулаторната рамка за инвестирање во оваа област и помагаат за решавање на проблемите со кои се соочуваат инвеститорите. Перо Авакумовски


БИЗНИС ИНФО

20

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионалната комора со седиште во Велес

ОДРЖАНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ - ПОТРЕБА И РИЗИЦИ

На 12 октомври 2016 година во просториите на Регионалната комора со седиште во Велес се одржа презентација на тема: „Имотно осигурување - потреба и ризици“ на којашто присуствуваа петнаесетина претставници од компаниите од овој регион. Присутните се запознаа со основните карактеристики на осигурувањето, односно со поделбата и функциите и елементите на осигурувањето, и кој се` може да биде субјект на осигурувањето. Исто така, беше објаснето и осигурувањето како облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските загуби на компаниите и нивните права. Компаниите беа запознаени и со потребата за осигуривање, ризиците, начинот на осигурување, видот, продуктот и сл. Во презентацијата детално беа објаснети постапка на увид, проценка, пресметување и исплаќање на штети настанати како последица од несреќен случај и др.

Ирена Жарова


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

21

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ

ОД ПОКРОВИТЕЛИТЕ: „ВЕЗЕ ШАРИ“ ДОНИРАШЕ ЗА ПРВИТЕ „ГРАДСКИ ДРВА“ Компанијата„Везе Шари”донираше средства за набавка на првите инвентивни билборди City Tree, кои во текот на месецов ќе бидат поставени во Скопје и во Тетово. City Tree или „градско дрво” е вертикална структура од мов, висока четири метри и широка три метри. Овие зелени еко-билборди, кои ги привлекуваат и ги собираат ситната прашината, азотните оксиди и озонот, веќе се поставени во Берлин, Дрезден, Париз, Осло... „Везе Шари” е со високо развиена свест за значењето на екологијата и секогаш сме отворени за поддршка на инвентивни идеи што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот на луѓето. City tree е проект што многу значи за издигнување на јавната свест за прочистување на воздухот во двата најзагадени градови во земјава. Се надеваме дека ќе придонесеме во активностите за подобрување на квалитетот на воздухот, што е основен услов за квалитетен живот на луѓето, изјави Арбен Абдурахмани, сопственик на компанијата.


БИЗНИС ИНФО

22

петок, петок, 14 14 октомври октомври 2016, 2016, Бр. Бр. 279 279

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА СО ЦИКЛУС НА БЕСПЛАТНИ ПРЕДАВАЊА НА ТЕМА: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ Тргнувајќи од потребите за запознавање на компаниите со осигурителните услуги со акцент на имотното осигурување и изложеноста на ризикот, Здружението за осигурување при Стопанската комора на Македонија организира циклус на бесплатни предавања на тема: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ. Учесниците на семинарот ќе се запознаат со основните карактеристики на осигурувањето, поделбата и функциите како и кој се може да биде субјект на осигурувањето и кои се елементи на осигурување. Осигурувањето како облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските губитоци ќе биде презентирана на самиот семинар како и кои се правата на осигурениците. Предавачи на семинарот: експерти за имотно осигурување, претставници на Здружението на осигурување. Со цел планирање на бројот на учесниците заради навремено и професионално организирање на семинарите, пријавувањето на учесниците е задолжително. Во прилог е дадена табела со распоредот на одржување на семинарите: Датум

Место

Краен рок за пријавување

Kонтакт лице

20.10.2016

Хотел Милениум, Битола

18 октомври 2016 година

Никола Димковски, Тел: 047 225-088, Mоб. 078 375 174, E-адреса: regiobt@mchamber.mk

21.10.2016

Регионална комора Кичево

16 ноември 2016 година

Дијана Лазороска, Тел: (045) 257067, E-адреса: dijana@mchamber.mk

4.11.2016

Стопанска комора на Македонија

1 ноември 2016 година

Ивона Каранфиловска, Тел: 02 3244084, E-адреса: ivona@mchamber.mk

8.11.2016

„Кожувчанка“ ДООКавадарци

4 ноември 2016 година

ања Мицева, Тел (043) 415 044, regionalnakavadarci@mchamber.mk

17.11.2016

Работен Клуб на АВРМ, Штип

15 ноември 2016 година

Моника Стоичева, Тел: (032) 300 282, E-адреса: monika@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

24

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18-19 октомври 2016 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Дводневен семинар: „ ВЕШТИНИ ЗА ВОДЕЊЕ УСПЕШНА НАБАВКА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА“

Целта на семинарот е запознавање на учесниците со начинот на правилното менаџирање со набавките, со учесниците во набавките како купувачи, како доставувачи, правилна интерна комуникација во организацијата - набавка во однос на магацин, комуникација со добавувачите, приоритетни набавки, WIN-WIN стратегија, стратешко поврзување со добавувачите, критериуми за оценување на добавувачите и др. Семинарот е наменет за сите вработени кои се вклучени во набавката раководители и менаџери за набавка, вработени кои вршат логистичка работа (организирање набавка, магацинско работење, транспорт и др). Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Рок за пријавување: 20.10.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

НАДВОРЕШНА И ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА, ОБВРСКА, ПОТРЕБА И ПРИДОБИВКИ

18 октомври 2016 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Во услови на перманентна промена на постојните законски решенија и носење на нова законска регулатива, менаџментот секогаш е загрижен дали истите се спроведуваат правилно сé со цел вистинито и објективно информирање на сите корисници на информациите презентирани во финансиските извештаи, со што ќе се им помогне да се донесат оптимални одлуки од една страна и минимизирање на можноста од пропусти и грешки од друга страна кои подоцна може да предизвикаат соочување со високи казни, глоби, забрани за вршење на дејност и дисконтинуитет во работењето. Целта на семинарот е: да се идентификува обврската, потребата и придобивките од воведување на сектор за внатрешна ревизија, ангажирањето на надворешен ревизор, соработката помеѓу внатрешните и надворешните ревизори како и местото и улогата на одборот за ревизија. Предавач: Проф. д-р Јанка Димитрова – вонреден професор на Економскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев Штип, овластен ревизор од 2003 година, овластен сметководител, овластен проценител на капитал од 1994 година, овластен брокер од 1995 година, инвестициски советник, вешто лице од областа на материјално финансиското работење, советник специјалист и генералист на АППРМ, ЦЕФЕ тренер, учесник и имплементатор на домашни и меѓународни проекти, со 35 годишно работно искуство во стопанството. Рок за пријавување: 14 октомври 2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20.10.2016 година Стопанска комора на Македонија (сала 4 на 5-ти кат)

Бесплатна презентација на “EncryptiDATA” - дигитално пенкало за пишување на точни информации, вклучувајќи слики, потписи, скици и GPS локации, наменето за сите компании и институции

Стопанската комора на Македонија како ваш бизнис-партнер, ве поканува на бесплатна презентација на англиска иновативна компанија „Onorach”, http://www.onorach.com/encryptiDATA1.cfm која се занимава со производство и продажба на иновативно дигитално пенкало “EncryptiDATA”, за пишување на точни информации, вклучувајќи слики, потписи, скици и GPS локации, наменето за сите компании и индустрии. Onorach® е динамична, брзо-растечка англиска компанија фокусирана на обезбедување на иновативен пристап за клиничко испитување на медицински помагала и мобилни иновативни производи, со седиште во североисточниот дел на Шкотска, Велика Британија. Onorach работи на глобално ниво и нуди високо ниво на услуги во целиот свет. Onorach сака да го претстави својот иновативен производ и пред македонските компании. “EncryptiDATA” - иновативното дигитално пенкало е безбедна електронска форма за внес на податоци, дизајнирано за високо регулирани барањата на GMP, каде корисниците можат безбедно да ги напишат податоците и со помош на пенкалото во е-форма веднаш да ги испратат на сите можни јазици и ракописи онлине, преку таблет, Bluetooth или друг мобилен уред со Wi-Fi. Компатибилност: encryptiDATA работи на Андроид, iOS и Windows платформи. Усогласеност: encryptiDATA исто така, нуди електронска “архива”, со цел да им помогне на клиентите со барањето во прописите на клиничкото испитување за да се сочуваат, на пример: медицинските досиеја и основните документи за најмалку 5 години по завршувањето на судскиот процес. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Плата и надоместоци од плата согласно Закон за работни односи, надоместување на трошоци поврзани со работа низ призма на даночна регулатива - Закон за персонален данок на доход и Закон за данок на добивка ЗАДОЛЖИТЕЛНИ - Правилници и акти на работодавачот, практични примери на пресметки на плата и надоместоци на плата

20.10.2016 година (четврток) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3 кат

Целта на семинарот е правилна примена на легислатива со која се уредува пресметката на плата и надоместоци на плата, пресметка на придонеси кај економските вршители на дејност, специфичности во начинот на пресметка на плата, практични примери како и кои се задолжителните интерни акти-правилници на работодавачот во согласност со законската регулатива за дадената тема. Учесниците ќе бидат запознаети со надоместоците на плата низ призма на даночна регулатива односно Законот за персонален данок на доход и Законот за данок на добивка. Исто така на учесниците ќе им објасни како правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област со што ќе се избегне ризикот од изрекување на глоба при инспекциски надзор. Семинарот е наменет за сите вработени во сметководствено-финансискиот сектор, правните служби и останати законски застапници, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење во делот на пресметката на плати и надоместоци, кои се задолжителните акти и правилници на работодавачот како и даночниот третман на надоместоците како право кое произлегуваат од Законот за работни односи и КД. Предавачи: - Адвокат Александар Геровски – 7 годишно работно искуство од кои 4 како приправник- стручен соработник во Адвокатска канцеларија и 3 години како самостоен Адвокат. Примарна дејност во досегашното практицирање на правото се проблематиките од областа на трговското право, трудовото право, работните и облигационите односи; - Гордон Јовановски, дипломиран правник – раководител на секторот за правни работи на Каунт ДООЕЛ – Скопје, со 7 - годишно работно искуство од областа на финансовото, деловното, трговското и трудовото право. Негова специјалност се човековите ресурси, трговски друштва и административно правното работење; - М-р Симонида Георгиевска - косопственик и раководител на секторот за финансиски и сметководствени работи во друштвото за даночен консалтинг КАУНТ ДООЕЛ Скопје, со 16 години работно искуство во областа на даночниот менаџмент, сметководството и деловното планирање. Магистар од областа на сметководството на тема: „Хармонизација на финансиското известување во Република Македонија базирано на МСФИ и МСФИ за МСЕ“.


БИЗНИС ИНФО

28

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21 октомври 2016 година (петок), во Хотел „Александар Палас“ - Скопје, со почеток во 14:30 часот

СВЕЧЕНО ОТВАРАЊЕ НА МУСИАД МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНСКИОТ БИЗНИС ФОРУМ

Стопанската комора на Македонија во соработка со МУСИАД Македонија (Асоцијација на бизнисмени и индустријалци од Турција) со особена чест и задоволство ве поканува на свеченото отварање на новата канцеларија на МУСИАД во Македонија. МУСИАД, имајќи ги во предвид денешните политички и економски системи и клучната улога на глобалното вмрежување и управување, дава огромно значење на структурно градење на надворешните односи. До сега МУСИАД функционира во вкупно 66 земји ширум светот, со вкупно 169 контакт центри, значајни за нивната тековна работа. Во насока на постигнување на нивните цели, МУСИАД во период од една година успеваат дополнително да ја прошират својата мрежа и да отворат нови канцеларии во Вашингтон, Пекинг, Брисел, Париз и Цирих, а сега и во Македонија. Со цел унапредување и зајакнување на досегашната економска соработка со Република Турција и останатите земји од балканскиот регион, во склоп на свеченото отварање на МУСИАД - канцеларијата во Македонија, ќе се одржи и голем Балкански Бизнис Форум и билатерални средби помеѓу стопанственици од Македонија и Балканот. Настаните ќе се одржат на 21 октомври 2016 година (петок), во Хотел „Александар Палас“ - Скопје, со почеток во 14:30 часот Стопанската комора на Македонија во соработка со МУСИАД Македонија ве поканува да земете учество на официјалниот настан и билатералните средби на коишто ќе бидат присутни компании од балканските земји следните сектори: Земјоделие, Градежништво, Металургија, Текстил, Туризам. Контакт-лица:

- Сања Николова, тел. + 389 2 3 244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk и - Борис Тримчев, тел. +389 2 3 3 244-04, е-адреса: boris@mchamber.mk


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневна обука на тема: Управување со човечките ресурси и градење доверба со нетрадиционални и иновативни менаџерски алатки преку практични примери и креативен приод на размислување

21.10.2016 година (петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Целта на оваа обука е да се воведат учесниците во нетрадиционални и иновативни менаџерски алатки за градење доверба и ефикасност на човечките ресурси. Со креативен приод на размислување и решавање на проблеми, преку игри ќе ги откријат своите стилови на управување. Ќе осознаат разновидни начини на размислување и ќе научат како да се контролира личната перцепција во раководните процеси. Овој семинар е наменет за менаџери во компании и државни институции, за професионалци и експерти за човечки ресурси кои се одговорни за управување на нивните корпоративни тимови, проекти и луѓе. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер (WIFI - Институт за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора), со повеќе од 15 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток. Еспертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., National Chambers of Commerce in Banja Luka, Bosnia and Herzegovina, Leoni Wiring Systems Southeast, Institute for Sustainable Communities Civil Society Forward Program (CSF) и други. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.10.2016

Стопанска комора на Македонија, 5 кат, сала 4

СО GS1 СТАНДАРДИТЕ ДО ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНТНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА

GS1 Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија Ве поканува на бесплатен еднодневен едукативно-информативен семинар, на кој за прв пат во Република Македонија ќе имате можност да се запознаете со примената на GS1 стандардите во текстилната индустрија и бенефитите од нивно користење. Тоа е можност да се запозанете со најновите трендови во означувањето на производите кои имаат влијание на подобрување на Вашите деловни процеси и модели, како и со новите техники и технологии во глобалната трговска размена и водењето на бизнисот во светот. Примената на GS1 стандардите Ви овозможува да ги намалите трошоците, ги подобрите транспортните и логистичките операции, ги одржите залихите на оптимално ниво, ја зголемите продажбата и извозот. Семинарот е наменет за сите компании од областа на текстилната индустрија, (облека, мода и обувки). Предавач на семинарот е г-дин Маркус Милер, германски експерт за воведување на GS1 стандардите во текстилната индустрија, со долгогодишно практично искуство во најголемите текстилни брендови. Од оваа година е вработен во Меѓународната организација GS1 AISBL- GS1 Global Office, Brussels, како директор на индустријски развој во делот за текстил и производи за широка потрошувачка. Искористете ја оваа можност за бесплатно проширување на Вашите знаења во функција на зголемување на конкурентноста на Вашата компанија и интернационализација на Вашиот бизнис. Ве молиме да се пријавите најдоцна до 21 октомври (петок) 2016 година.

Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневна практична обука на тема:

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК

25 октомври 2016 година 9:00 – 17:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија заедно со Мокрогорската школа за менаџмент од Србија организираат практична обука на тема: УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК. Мокрогорската школа за менаџмент е основана во 2009 година како иницијатива на успешните менаџери во Србија, со цел трансфер на менаџерското знаење и подигнување на нивото на стручност на менаџерите во Србија и регионот. Во нивното досегашно работење, повеќе од 5000 учесници од домашни и меѓународни компании се стекале со знаења и вештини со крајна цел обезбедување на континуиран развој на вработените, стабилен развој на компанијата и обезбедување на додадена вредност на производите и услугите кои ги испорачува кон своите клиенти. Овој семинар е наменет за менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, шефови на смени, водачи на тимови, експерти и други раководни позиции. Предавач: Д-р Бојан Костадиновиќ, директор за развој во Мокрогорската школа за менаџмент, со долгогодишно теоретско работно искуство како професор на Факултетот за инженерски менаџмент во Белград и практично во автомобилската индустрија, а 4 години како раководител на продажба на компанијата „Мерцедес бенз СЦГ“. Работа во Дајмлер АГ во Штутгарт, одговорен за продажба, маркетинг и спроведување на корпоративна стратегија во застапништвото на Фиат и Рено Нисан во Белград, стратегиски развој на стартап компанија, организација и обука корпоративни тимови. Од 2011 година е член на Одборот на директори на клубот за одбојка на “Црвена Ѕвезда”..

Рок за пријавување 20.10.2016 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 октомври 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА

Стопанската комора на Македонија на 26.10.2016 година организира еднодневен семинар на тема: „ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА („Службен весник на РМ“, бр. 124/2015) И ПРИМЕНАТА НА МАТРИЈАЛНИТЕ ЗАКОНИ СО СУБСИДИЈАРНИОТ ЗАКОН“ Предавачи: - Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, - Лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. - М-р Рено Рисковски, - адвокат во Адвокатска канцеларија Рисковски, консултант во областа на концесии, геолошки истражувања и рударство, магистер во областа на стратегиски менаџмент и менаџмент на човечки ресурси, активен учесник на многубројни семинари и тренинг-обуки од областа на правните науки и човечките ресурси. - Јане Севдински, правен советник во друштвото „Некст Левел Консалтинг“ ДОО Скопје; Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20.10.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244074 Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Eднодневен семинар: ,,УСПЕШНО ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОНУДИ, КОРИСТЕЊЕ НА ЕСЈН-СИТЕ АЛАТКИ И МОДУЛИ (ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ, ДИГИТАЛНО ПОТПИШУАВАЊЕ, Е-АУКЦИИ/КОНЕЧНА ЦЕНА), ТЕНДЕРСКО ДОСИЕ, МОДУЛ ЗАВРШЕНИ ПОСТАПКИ“

27.10.2016

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Со измената на Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15) се воведoa задолжителни електронски јавни набавки прогресивно во периодот од следните три години. Договорните органи се должни да ги спроведуваат отворените постапки, ограничените постапки и постапките со барање за прибирање понуди со користење електронски средства преку ЕСЈН, и тоа: - во најмалку 30% од објавените огласи од 1 јануари 2016 година, - во најмалку 50% од објавените огласи од 1 јануари 2017 година и - во 100% од објавените огласи од 1 јануари 2018 година. Имајќи во предвид дека, голем број на понудувачи се уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), регистрација, поставување на прашања пред јавно отварање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување и слично, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: ,,Успешно подготвување на електронски понуди, користење на ЕСЈН-сите алатки и модули (електронски јавни набавки, дигитално потпишуавање, е-аукции/конечна цена), тендерско досие, модул завршени постапки“. Семинарот ќе се реализира на 27 октомври 2016 година (четрвток), од 10:00-16:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V кат. На семинарот за прв пат ќе биде промовиран водичот: „Е-ЈАВНИ НАБАВКИ: ПОДГОТВИ СЕ!“ во кој на едноставен начин се објаснети сите модули, чекори и алатки за правилно користење на ЕСЈН (електронски систем за јавни набавки), учеството на електронски јавни набавки, сите предизвици во врска со е-набавките во РМ и најчестите грешки при учество со електронска понуда, електронско потпишување, невалиди сертификати, електронски банкарски гаранции итн. Контакт: Ивона Каранфиловска Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244084 Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk E-адреса: beti@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28 октомври 2016 година Белград, Република Србија Стопанска комора на Србија Ул. Ресавска 13-15 (Савски Венац), Белград

МАКЕДОНСКА БИЗНИС-ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СРБИЈА СО ПРИСУСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Србија, Стопанската комора на Македонија организира посета на Стопанската комора на Србија, при што ќе бидат организирани и деловни средби меѓу македонски и српски компании. Бизнис делегацијата од Македонија ќе биде предводена од претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорѓе Иванов и претседателот на Стопанската комора на Македонија, г-дин Бранко Азески. Од српска страна домаќини на настанот ќе бидат претседателот на Република Србија, Н.Е. Томислав Николиќ и претседателот на Стопанската комора на Србија, г-дин Марко Чадеж. Целта на посетата на македонската бизнис делегација во Белград е понатамошно интензивирање на економските релации помеѓу двете земји како и воспоставување на нови, повисоки облици на соработка меѓу компании од сектори согласно пројавениот интерес. Деловните средби ќе се одржат во просториите на Стопанската комора на Србија, на 28 октомври 2016 година (петок), со почеток во 16:00 часот. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 07 октомври 2016 година, за да може Стопанската комора на Србија навремено да обезбеди соодветни партнери за македонските компании. Ве молиме, за Вашиот интерес да не информирате преку пополнување на пријавниот лист даден во прилог. Детална програма за средбите ќе биде дополнително доставена до сите заинтересирани учесници. Контакт-лице: -Сања Николова, тел. + 389 2 3 244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Исполнување и други начини на престанување на обврските oд должничко-доверителски односи согласно Законот за облигациони односи низ призмата на судските постапки

28 октомври 2016 година (петок) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Стопанската комора на Македонија, на 28 октомври 2016 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата врзани за исполнувањето/ затворањето на побарувања од должничко-доверителски односи согласно Законот за облигационите односи и низ призмата на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат особено општите услови на исполнувањето, задоцнувањето на доверителот и должникот, компензацијата, отпуштањето на долг, новацијата, соединувањето, невозможноста за исполнување, истекот на време и отказот, застареноста од сите аспекти.Пресметување на исполнувањето и цесијата се согласно одредбите од ЗОО. Ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на доверителот и должникот, нивната позиција во споровите од трговското право. Паралелно за секој институт ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба. На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигационите односи и ќе се дадат можни солуции - решенија за нивно надминување. Предавач: - Маринела Јакасановска, судија во трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители. Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 21.10.2016година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 03.11.2016 Стопанска комора на Македонија

Еднодневен семинар на тема:

ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

Дигитална форензика претставува примена на техники за компјутерска истрага и техничка анализа со цел утврдување на потенцијалните докази. Докази собрани преку форензички методи може да се користат во повеќе видови на истражувања неопходни на реалниот сектор. Семинарот е наменет за раководители и вработени во ИТ-служби, лица одговорни за заштита на работните информации, ИТ-ревизори, програмери и личности задолжени за интерен развој на софтвер, мрежни инженери, службите за финансии, обезбедување, правна служба, извршителите на банкарски и други работи, осигурителните друштва, лицата одговорни за управување со бази на податоци, управување со ИТ-ризици, спроведување контрола на ИТ-стандардите, заштита на системите за плаќања и платежни картички, добавувачите во врска со информациониот систем, како и сите кои сакаат да го надоградат своето знаење. Предавач: Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Основач на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting, каде е извршен директор. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија. *Напомена: заради практичниот карактер на семинарот, учесниците треба да носат лап-топ компјутер. Краен рок за пријавување: 28.10.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


38

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2 ноември 2016 година (среда) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Eднодневна обука на тема:

ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ, КВАЛИТАТИВНО ДОПОЛНУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБАТА

Со цел подобрување на вештините и зголемување на конкурентноста на компаниите преку користење на дигиталниот маркетинг, Стопанската комора на Македонија на 2 ноември 2016 година (среда) организира еднодневна обука на тема: ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ, КВАЛИТАТИВНО ДОПОЛНУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБАТА, на којшто детално ќе се обработат темите за зголемување на онлајн видливоста на брендот на компаниите, креирање стратегии за содржински маркетинг и за зголемување на продажбата со користење социјални медиуми, раст и развој на бизнисот со помош на SEO.

ЦЕЛ И ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА Семинарот ќе помогне да се актуелизира прашањето за развој и унапредување кај компаниите за нивниот бренд, искористување на можностите за успешни кампањи на интернет, правилно избирање на медиум за презентирање на својот производ, таргетирање на вистинската целна публика, создавање трајна врска со потрошувачите, олеснување на продажбата по пат на интернет, информирање на клиентите за своите новитети, следење на трендовите и технологијата, стратегии за победување на конкуренцијата, организација и создавање на вистински тим за успешно работење, дефинирање на цели и годишен буџет за влог во маркетинг, развој на бизнисот со помош на SEO, креирање квалитетни содржини за зајакнат бренд. На обуката претставниците на компанииите ќе ги увидат проблемите со кои се соочуваат во тековното работење и ќе осознаат нови можности или начини за унапредување на продажбата, ќе можат да научат начини и техники со кои би се обезбедила ефективност на секој претставник во компанијата каде работи, како и споделување практични искуства од оваа област и дискусија во однос на темата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар на тема: ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

9.11.2016 година (среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија на 9 ноември 2016 година организира еднодневен семинар на тема: ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, на којшто со посебно внимание ќе бидат обработени и елементите како: плата, додатоци, надоместоци на плата, годишен одмор, дополнителен одмор, судска одлука за незаконски престанок на работен однос и нејзино извршување, вршење на работи надвор од договорот за вработување и видови договори и права кои можат да произлезат од истите. Целта на семинарот е опсервирање на дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса, во однос на темите кои ги разработува семинарот преку прашања од присутните и посочување на одредени разлики во законските решенија и практичната работа на компанијата кога се работи за права од работен однос на работници од приватниот и државниот сектор. На семинарот ќе се третираат и прашања кои не се опфатени во агендата, а се од интерес на учесниците и се поврзани со Законот за работни односи. Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби, адвокатите и останати законски застапници, менаџери во компаниите, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните односи.

Предавачи: •Миле Стојановски, државен советник при Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и •Злате Стојановски, раководител во Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд.

Краен рок за пријавување: 4.11.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

40

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Париз, Франција, од 6-9 декември 2016

Меѓународен брокерски настан „MIDEST 2016“

Здружението на трговијата и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан „MIDEST 2016“, што ќе се одржи на Саемот во Париз, Франција, од 6-9 декември 2016 година. Билатералните средби се поддржани од Enterprise Europe Network и од многу други професионални организации во светот, со цел да се олесни и дополнително да зајакне развојот на билатералната трговија меѓу заедниците и склучување договори во Европа и пошироко. Саемот „MIDEST“ е познат како еден од најважните клучни платформи во светот за компаниите на меѓународно ниво, на којшто учествуваат повеќе од 1.600 изложувачи,со над 41.000 посетители - професионалци од 78 различни земји во светот. На билатералните средби во „MIDEST“ од 2011 година до денес имало: 723 компании од 28 земји; 5.400 деловни средби; повеќе од 50 партнери организации кои се вклучени. Услови за учество: За изложувачите: 95,00 евра (нето цена), вториот учесник плаќа 50,00 евра. За посетителите: специјална цена за партнери на ЕЕН: 125,00 евра (нето цена), за вториот учесник 75,00 евра. Настанот matchmaking оваа година ќе се прошири и на „Конвергенција за индустрија на иднината”, главниот тематски настан под покровителство на Франсоа Оланд, претседател на Република Франција, која ќе се одржи во рамките на„MIDEST 2016“. Настанот ќе собере организации и компании кои напредуваат кон големи промени во моментов. Германија ќе биде почесен гостин во рамките на овој настан оваа година. Посетете ја веб-страната: www.een-matchmaking.com/midest2016

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата

2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународен форум „Building Green Connections“

2-3 ноември 2016 година, Копенхаген, Данска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на Форумот за градежништво „Building Green Connections“, најголем во Европа. На овој форум главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, дизајн, како и влијанието на животната средина врз градбата. „Building Green Connections“ кој по петти пат се одржува во Данска, ги собира на едно место сите иновативни компании и организации кои сакаат да воспостават взаемна комерцијална и технолошка соработка. Досега на овој форум присуствувале повеќе од 350 компании од 16 европски земји кои имаат остварено околу 620 средби. Билатералните средби на учесниците обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа: градежни компании, архитекти, изведувачи, дистрибутери, трговци, развојно истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на „Building Green Connections“ ќе се одржат на 2-3 ноември 2016 година, во Копенхаген, Данска. Учеството на деловните средби и на Форумот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/greenconnections2016/contact.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


петок, 14 октомври 2016, Бр. 279

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА

24 - 28 ноември 2016 година Тирана, Р. Албанија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете дел од 23. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 24 – 28 ноември 2016 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија. Минатогодишниот 22. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска, беа посетени од повеќе од 20.000 посетители. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • градежништво; • енергија и обновливи извори на енергија; • туризам; • образование; • храна; • земјоделие. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 12 октомври 2016 година (среда).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.