Бизнис ИНФО, број 376

Page 1

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

Број 376 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

ПРОМОВИРАНО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ „БЕЛА КНИГА 2018“ НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

ТРИБИНА: „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА РЕГИОНАЛНАТА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА“ СО АЛЕКСАНДАР ВЛАХОВИЌ

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 14.12.2018


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ЗА ПОГОЛЕМ ДЕВИЗЕН ПРИЛИВ ОД УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ ПОТРЕБНA Е СТРАТЕГИЈА ЗА ТУРИЗАМ

Следејќи ги трендовите на пораст на бројот на туристи и на ноќевања во Македонија, коишто годинава согласно статистичката евиденција ќе достигнат над 1 милион туристи со околу 3 милиони ноќевања, а во отсуство на стратегија за туризам на Македонија, бизнис секторот констатира дека ваквите позитивни текови треба да бидат основ за дефинирање на сериозна платформа која ќе го креира развојот на секторот туризам и угостителство, е пораката од прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија. Во периодот јануари - септември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13,6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14,1%, а кај странските има зголемување за 13,3%. Во периодот јануари - септември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 15,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14,3%, а кај странските има зголемување за 16,4%.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Туристи и ноќевања

Анализирано по земји, Турција останува земјата со најголем број туристи кои ја посетиле Македонија. Следуваат Србија, Бугарија, Грција, Холандија. ТУРИСТИ 2018 година по месеци

Од аспект на реализирани ноќевања, најбројни се повторно турските туристи, потоа холандските, а меѓу петте земји од каде туристите реализирале најмногу ноќевања се и Полска, Србија, Бугарија и Грција. Девизниот приход од туризмот е во континуиран пораст. Во 2017 година споредено со 2010 година, кога започна процесот на субвенционирање на странските туристи, девизниот приход реализра раст од 65,23 проценти и изнесува 326,9 милиони американски долари во 2017 година.


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НОЌЕВАЊА 2018 година по месеци

Во првите 9 месеци од 2018 година евидентирани се 196 милиони американски долари девизен приход од туризмот, што е 26,6% поголем девизен приход од истиот период 2017 година - 155 милиони американски долари. Учеството на туризмот во бруто домашниот производ изнесува 1,8% директно учество. Иако некои анализи калкулираат со податокот од вкупно учество на туризмот во БДП со 5,1 %, (што претставува 1,8% директно и 2,9% индиркетно учество), сепак македонската статистика официјално се` уште не го калкулира индиректниот инпакт на туризмот во БДП. -Сепак, за долгорочен развој на туризмот како сериозен чинител во домашната економија постојат серија прашања на кои треба да се работи во следниот период, истакна Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Во таа насока, Стопанската комора на Македонија, преку Здружението на угостителството и туризмот, но и преку Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, организира форум на тема: СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА. Целта е претставниците на бизнис заедницата, владини претставници, како и домашни и странски експерти да споделат искуства и да дадат предлози за развивање


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА на секторот за туризам и угостителство освен со иновативни идеи и согласно поддршкaта од страна на државата преку креирање на нови туристички производи, услуги и алатки со цел да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација. За ваквата констатација и за она што ќе произлезе од Форумот за туризам, а ќе биде основ за иницирање нови предлози до надлежните државни институции, во рамки на Проектот беше спроведена Анкета меѓу угостителските објекти за исхрана и хотелите, информираше Горан Дамчевски, заменик-претседател на Здружението на угостителството и туризмот во рамките на Комората. Анкетата беше поделена во три сегмети со цел да се даде одговор за потребата од вработени во секторот, дали се имплементираат стандардите во рестораните и хотелите и колку државната поддршка овозможува натамошен развој на угостителството и туризмот. Во таа насока, повеќе од 90 проценти од анкетираните ресторани и хотели одговорија дека имаат голем проблем со квалификувана работна сила, стандардите се имплементираат согласно законските, но и пазраните прилики, а државната поддршка и натаму е потребна за стимулирање поголем број странски гости, покажува анкетата. Дамчевски информира дека во одговорите на хотелиерите се препознава дека не постои визија како би се развивал натаму туризмот доколку бидат укинати субвенциите, односно нивниот опстанок е сериозно зависен од државната поддршка на тур-операторите кои носат странски гости. Македонија се` уште нема стратегија за туризам. Во моментов постои финална верзија на предлог-стратеија која веќе 3 години е во фаза на таков документ. Сепак, и во неа е констатирано дека туризмот во Македонија се соочува со повеќе проблеми, како што се класификација на хотелите, туристички ознаки, субвенции за тур-операторите, субвенции за авиопревозниците, визна политика или генерално, инфраструктурата. Се посочува дека е потребно да се подобри општата инфраструктура, што подразбира освен инфраструктура во патишта, струја, отпадни води, канализации и сл., да се дефинираат идни тела одговорни за развој на туризмот на национално ниво (бидејќи оваа дејност е меѓусекторска тема), како и тело за координација на сите активности поврзани со туризмот, заради избегнување паралелни активности. А се посочува дека се потребни посебни стартегии и за образовниот систем во дејноста, поттикнување на свеста на локалното население и сл. Даниела Михајловска Василевска


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

7

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

Промовирано печатеното издание „Бела книга 2018“ на Советот на странски инвеститори - ПЛАТФОРМА ЗА ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР И ВЛАСТИТЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА И ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО ЗЕМЈАТА

На 12 декември 2018 година, во Стопанската комора на Македонија, во присуство на премиерот Зоран Заев, амбасадори, бизнисмени и членови на странски инвеститори, беше промовирана „Белата книга 2018“ на Советот на странските инвеститори. „Белата книга 2018“ е најпрепознатлива публикација на Советот, која има за цел да придонесе за унапредување на бизнис климата во земјата преку конструктивни препораки и мислења од компаниите - членки.


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ - Овогодинешното издание опфаќа сет на приоритети на економските политики, од перспектива на странските инвеститори, но дополнително нуди и предлози за олеснување на работењето во специфични области, со цел да се стимулира подинамично инвестирање на странскиот капитал во земјата, - истакна Штефан Петер, претседател на Советот на странските инвеститори. Во уводниот дел на настанот претседателот Петер се осврна на содржината на „Белата книга 2018“ нагласувајќи дека истата е конципирана во неколку делови и клучни сектори од интерес на странските инвеститори и тоа: - Меѓународно и регионално опкружување и преглед на економската состојба во Република Македонија; - Анализа на деловната клима и клучни сектори од интерес за странските инвеститори; - Проценка на регулаторната средина - Аспирации за приклучување кон НАТО и Европската унија; - Извештаи и рангирање на Република Македонија од меѓународни институции и тела; - Поважни проекти на Владата на РМ за предвидливо деловно окружување, макроекономска стабилност и поттикнување на економскиот развој. Деветтата глава од изданието ги содржи препораките, предлозите и мислењата на петте работни групи составени од компании - членки на Советот на странски инвеститори. Петте работни групи ги опфатија законските одредби во делот на: даноци и финансии, имотно-правни работи, човечки ресурси, административно-правни работи и безбедност и здравје при работа и заштита на животна средина. Претседателот на Советот на странските инвеститори Штефан Петер исто така нагласи, за да се придвижи македонската економија во вистински правец, неопходно е да се осигури евроатлантската перспектива на земјата, за што Советот даде недвосмислена поддршка. Тоа ќе биде најсилната гаранција дека економскиот развој ќе продолжи со забрзано темпо. - Членството во ЕУ и НАТО ќе и` донесе на Македонија позитивни перспективи, посебно за бизнис секторот, преку воспоставување на европските стандарди и полесен пристап на компаниите до ЕУ-пазарот, - додаде Петер. Во своето обраќање Штефан Петер се задржа и на актуелната економска ситуација, Можете да ја превземете целосната верзија тука: БЕЛА КНИГА 2018 You may download the publication here: THE WHITE BOOK 2018


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

9

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

нагласувајќи дека преостануваат бројни предизвици и проблеми коишто треба да се решат и да се отстранат во наредниот период , во насока на подобрување на деловниот амбиент, зголемување на конкурентноста, намалување на невработеноста и економски развој и благосостојба на граѓаните на Македонија. Во таа насока, најголемиот дел од препораките од„Белата книга 2018“ се фокусирани за подобрување на деловната клима и олеснување на бизнисот пред се` преку создавање предвидливо деловно опкружување, поефикасна администрација, стеснување на просторот за коруптивни активности, намалување на целокупните административни постапки и правни оптоварувања и преструктурирање на образовниот систем во Македонија со цел да се создава висококвалитетна и стручна работна сила. Ова е неопходно за предвидливо деловно опкружување, со што би се привлекле и би се задржале странските инвеститори во земјава. Исто така претседателот на Советот ја акцентира потребата од поголема вклученост на бизнис заедницата при носењето на законската регулатива, која во одредени случаи е предмет на брзи и чести промени со повремена консултација на сите засегнати страни, што доведува до одредени импликации во работењето на странските инвеститори во земјава. На крајот на своето излагање Штефан Петер истакна дека со објавувањето на „Белата книга 2018“, Советот на странските инвеститори се стреми кон тоа да стане активен партнер во креирањето на подобра деловна средина во Македонија и унапредување на условите за инвестирање на странскиот капитал во земјава. Во понатамошниот дел на настанот, на панел-дискусијата одржана во рамките на настанот за актуелни економски теми и прашања поврзани со предизвиците на


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ македонската економија во наредниот период дискутираа: претседателот на Владата на Република Макeдонија, Зоран Заев, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, како и претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер. Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ја поздрави новата едиција на „Белата книга 2018“, нагласувајќи дека 2019 година ќе биде година на економијата за што несомнено говорат и податоците за остварениот раст во 2018 година, кој во вториот квартал изнесува 3,1%, следен од 3% во третиот квартал, а се очекува раст во четвртиот квартал до 3,5%. Овие индикатори покажуваат дека има огромна перспектива и надеж за економски раст во државата, во таа насока беа иницирани и промени во законските регулативи кои треба да резултираат со намалување на „сивата“ економија. - А токму политичката стабилност и јасноста за нашата интеграција, вклучувајќи ги и регионалните аспекти за раст на трговската размена се главните придонесувачи кон досегашниот раст, - посочи премиерот. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, потенцираше дека за едно барање на реалниот сектор да се реализира во просек потребни се три години. Тој исто така го повтори ставот дека ЦЕФТА е мртва и оттука заложбите за креирање дополнителен раст во економијата треба да се насочат кон реиндустријализација и зголемување на извозните активности – работи кои Стопанската комора на Македонија ги презентираше во 2010 година преку предложениот Модел за економски развој кој треба да ги поддржи сите компании кои ќе испорачаат нови работни места. За да се обезбеди долгорочен економски развој, неопходен е договор за јавно приватно партнерство, како и јак коморски систем кој ќе биде во функција на целниот раст. Во вториот дел од дебатата акцентот беше насочен кон недостигот на квалификувана работна сила и потребните мерки кои треба да се преземат во делот на образованието, при што Штефан Петер се насочи кон потребите за реструктуирање на оние 21,2% невработени лица давајќи им можност да стекнат стручни знаења и вештини. Следејќи ја интеграцијата на Македонија кон ЕУ свесни сме дека во иднина граѓаните на Македонија ќе бидат достапни уште по конкурентен пазар на труд, што од една страна претставува закана за нас кои делуваме и работиме тука. Но доколку сега започнеме да обезбедиме перспектива за овие лица, ќе успееме да ги задржиме и на тој начин ќе спречиме процес со кој несомнено се соочија и други земји-членки на ЕУ. Ние веќе го сторивме тоа и за една година од сега во соработка со СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје ќе обезбедиме кадар од 30 електромонтери кои по завршувањето на средното образование ќе бидат квалификуван кадар за соодветното работно место. Премиерот Заев посочи дека фокусот на Владата на Република Македонија и во иднина ќе биде кон образованието, со посебен фокус на средното стручно и високото


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

11

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

образование, а со донесувањето на Законот за практикантство ќе се овозможи младите преку пракса да се стекнат со вештини кои ќе им овозможат вработување, младите ќе останат тука и со тоа на стопанството му се генерира нова работна сила. Потребно е менување на перцепцијата кај компаниите кон дуалното образование дека истото генерира трошоци на товар на стопанствениците од една страна, но исто така потребно е и враќање на дигнитетот на стручните училишта. Во својство на заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум, Азески ги најави можностите за аплицирање за проекти од областа на едукација помеѓу земјите од Западен Балкан кои ќе бидат финансирани од владите на Германија, Јапонија и на Австрија. Во последниот дел беше спомната и можноста за соработка помеѓу домашните компании со странските инвеститори во Македонија. Господинот Петер истакна дека странските инвеститори кои во Македонија бројат 130 компании, се отворени за соработка и набавка од домашните компании, тие треба да покажат иницијативност, но исто така и подготвеност да понудат производ или услуга со ист или подобар квалитет од нивните моментални добавувачи, а секако локалните производители имаат предности во побрзо испорачување на производот или услугата, но тоа треба да ги следи и другите параметри кои треба да ги направат поконкурентни. Целта на оваа „Бела книга 2018“ останува иста како и на претходното издание: да се наведат посакуваните промени со цел да се подобрат условите за стопанисување и да се понудат конкретни предлози за тоа како тие може да се подобрат. Тоа треба да служи како основа за конструктивен дијалог меѓу приватниот сектор и властите за надминување на останатите пречки за поинтензивно инвестирање во земјава. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

ПРОМОЦИЈА

СТРУКТУРНИТЕ РЕФОРМИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО ДРЖАВИТЕ ОД РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН - ОДРЖАНА ТРИБИНАТА: „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА РЕГИОНАЛНАТА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА“ СО АЛЕКСАНДАР ВЛАХОВИЌ

Продолжувајќи ја успешната практика на организирање трибини од интерес на бизнис заедницата со цел дебатирање на теми релевантни за економскиот развој на земјата, на 13.12.2018 година, во Стопанската комора на Македонија, во присуство на голем број стопанственици се одржа трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ на која дебатираа претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на Сојузот на економисти на Србија и идеен творец и организатор на најзначајниот бизнис настан на Балканот – Бизнис форумот на Копаоник, Александар Влаховиќ.


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

13

ПРОМОЦИЈА На трибината се дискутираше за предизвиците на регионалната економска соработка, како неопходен предуслов за иднината на регионот на Западен Балкан како целина, но и за секоја држава поодделно, за зачетоците на Бизнис форумот на Копаоник кој од идеја прерасна во еден од најзначајните настани за бизнис заедницата, уште нарекуван и Балканскиот Давос, како и за спроведувањето на процесот на приватизација во овие земји. Во своето излагање Влаховиќ ги презентираше економските состојби во државите од Западен Балкан, искажани преку клучните макроекономски показатели, осврнувајќи се на причините кои ги кочат државите да остварат поголем раст и да го достигнат стандардот на развиените европски држави. -Ако го погледнеме стандардот на државите од Западен Балкан, може да констатираме дека овие држави заостануваат зад државите-членки на Европската унија. Државите од Западен Балкан достигнуваат половина од стандардот на државитe кои пристапија кон членство во Европската унија во 2004, односно 2007 година (Словенија, Чешка, Словачка, Естонија…), една третина од стандардот на југозападните европски држави (Италија, Шпанија, Малта, Кипар Грција...) и една четвртина од стандардот на најразвиените европски држави (Германија, Франција, Австрија, Шведска, Холандија...). Со цел да погледнеме колку време ни е потребно за да го достигнеме просечниот стандард на европските држави, може да тргнеме од 3 претпоставки. Прва претпоставка е дека земјите од Западен Балкан ќе се развиваат по просечните стапки кои се остварени по Светската економска криза, за што би им биле потребни 25 години за да го достигнат стандардот на земјите - членки на Унијата, втора, дека ќе се развиваат по просечните стапки остварени во периодот 2001 - 2008 година и трета, којашто е најреална, е дека ќе се развиваат по просечните стапки на раст кои се остварени во периодот од 2001 2016 година, за што би им биле потребни околу 200 години, - истакна Влаховиќ. -Ако се погледне пак растот на бруто домашниот производ во овие држави во последните години, може да се забележи дека истиот не надминува 4%. Во контекст на наведеното, за да може државите да проценат која стапка на раст им е потребна за да можат во рок од 10 години да го удвојат бруто домашниот производ, може да го користат правилото 72, односно бројот 72 да го поделат со бројот 10, со што ќе дојдат до заклучок дека им е потребна стапка на раст од 7,2%. Имајќи го предвид наведеното, со стапка на раст од 3,5 % како што се движат просечните стапки во моментот, може да очекуваме двојно зголемување на бруто домашниот период, а со тоа и пораст на животниот стандард за околу 20 години, - заклучи Влаховиќ. Според Влаховиќ, овие состојби се резултат на тоа што државите од регионот на Западен Балкан сė уште го немаат завршено процесот на економска транзиција, како и на нестручноста и слабоста на институциите, не земајќи го предвид влијанието на


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

ПРОМОЦИЈА институционалниот развој врз севкупниот развој на државата. Тој се осврна и на јавниот долг, истакнувајќи дека иако во 2007 година државите од Западен Балкан ја дочекаа економската криза со идеално учество на јавниот долг во бруто домашниот производ, недоволната политичка храброст во овие држави за преземање на суштински мерки за фискална консолидација по почетокот на кризата, влијаеле за зголемување на јавниот долг кој според Влаховиќ во услови на финансиска нестабилност може да предизвика сериозна финансиска нерамнотежа. Говорејќи за важноста од создавање на регионален

економски пазар, Влаховиќ даде приказ и на трговската размена на земјите од овој регион. Според податоците, најголемо учество во увозот и извозот во овие земји имаат увозот и извозот кои се остваруваат од државите - членки на Европската унија, што е логично ако се земат предвид стратешките определби на овие земји, но потребно е да се работи во насока на зголемување и на меѓусебната трговска размена и креирање на единствен регионален економски пазар кој би се приклучил кон европскиот, како и на намалување на транспортните бариери помеѓу овие држави. Во рамките на трибината, присутните стопанственици покренаа дискусија за повеќе прашања, вклучувајќи ги прашањата за влијанието на моделот на приватизација кој се спроведувал во овие држави врз денешните економски случувања, влијанието на јавниот долг врз севкупните макроекономски движења во земјата, како и препораките како да се постигне повисок стандард и повисоки стапки на економски раст. Како дел од препораките, Влаховиќ акцентираше дека е потребно да се работи на јакнење на регионалната економска соработка, имајќи предвид дека државите од


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

15

ПРОМОЦИЈА

регионот се мали и недоволно конкурентни за да успеат самите, на привлекување странски директни инвестиции, но и поттикнување на домашните инвестиции, преземање чекори за структурни реформи и градење на силни институции кои ќе одговорат на потребите на пазарот, како и создавање услови за раст и развој на малите и средните претпријатија. На крајот, Влаховиќ и претседателот Азески дискутираа за почетоците на Бизнис форумот на Копаоник, кој се одржува последните 25 години и на едно место обединува повеќе од 1.400 учесници, вклучувајќи истакнати професори, државни претставници, членови на дипломатскиот кор, стопанственици, домашни и странски инвеститори, како и претставници на меѓународните финансиски организации, кои дискутираат за најзначајните економски прашања во Србија, но и во регионот. Дваесет и шестото издание на Бизнис форумот ќе се одржи во периодот 3-6 март 2019 година и на истиот Стопанската комора на Македонија ќе учествува со делегација на стопанственици од земјата. Ова е четврта од сериите економски трибини организирани во Стопанската комора на Македонија. На изминатите трибини се одржаа дебати со гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска Бежоска, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и амбасадорот на Република Финска во Србија задолжен за Република Македонија и Црна Гора, Н.Е. Перти Иконен. Практиката на одржување настани од ваков карактер ќе продолжи и во иднина. м-р Нена Николовска д-р Татјана Штерјова


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ФОРУМ

Одржан Форум на тема: „СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА“

Форумот на тема: „Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка“, во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа на 11 декември 2018 година, во Стопанската комора на Македонија. На Форумот присуствуваа претставници на бизнис заедницата, владини претставници, домашни и странски експерти кои ги споделија своите искуства и дадоа предлози за развивање на секторот за туризам и угостителство. Главниот фокус на настанот беше ставен на потребата од воведување категоризација и лиценци на угостителските објекти преку овозможување соодветен начин за регулирање на нелојалната конкуренција и поддршкa од државата преку креирање нови туристички производи, услуги и алатки со цел Македонија да стане атрактивна туристичка дестинација. „Активно работиме на премостување на проблемите и предизвиците со кои компаниите во Македонија се соочуваат секојдневно. Денес сме тука како одговор на потребите на компаниите за подобрување на квалитетот на стандардите, лиценците и категоризацијата на угостителските објекти и регулирање на нелојалната конкуренција,


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

17

БИЗНИС ФОРУМ како и потребата од квалитетна работна сила, со цел компаниите да бидат поконкурентни на пазарот“, изјави Даниела Михајловска Василевска, координатор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори и на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. „Следејќи ги позитивните трендови на раст на секторот угостителство и туризам кој во просек расте со над 13 проценти на годишно ниво, како по бројот на туристи кој годинава реално ќе достигне над 1 милион, со околу 3 милиони ноќевања, очекувано е дека ќе биде податок за поздравување достигнувајќи резултати од пред речиси три децении“, - потенцираше Соња Бибановска, претседателка на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. „Она што треба да се акцентира е дека ваквите позитивни движења угостителството и туризмот ги бележат во отсуство на стратегија за туризмот, како клучен документ кој треба да го креира развојот на туризмот кој е трета најбрзо растечка гранка во светот по хемиската и нафтената индустрија. Веќе трета година секторот функционира без стратегија, бидејќи претходната беше со важност до 2015 година, а постојниот документ е само во форма на финална верзија за кој бизнис секторот има свои забелешки и констатации зошто не може да биде официјален документ кој ќе поттикне раст и развој на дејноста, - додаде претседателката на Здружението на угостителството и туризмот. Целта на Форумот е да се отвори дискусија за фактичката состојба на секторот и за можностите за негов развој и поддршка преку креирање нови туристички производи, услуги и алатки со поголема додадена вредност кои ќе ја направат Македонија уште поатрактивна туристичка дестинација, девизниот прилив од туризмот ќе бележи


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

ПРОМОЦИЈА

поголеми резултати и поголемо учество во вкупната домашна економија. Државниот секретар при Министерството за економија, Зоран Павловски, потенцираше дека во владина процедура е донесување на стратегија за туризам со акционен план до 2020 година. Со Светската банка паралелно се работи и на долгорочна стратегија за одржлив туризам до 2030 година. Имајќи предвид дека Република Македонија има пристап кон секторот за туризам како приоритетен економски сектор преку Министерството за економија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, континуирано се преземаат низа активности со што Македонија станува се` повидлива како дестинација на светската туристичка мапа. Со денешниот настан потребно е да се заокружи мултипликативниот ефект на туризмот, како и синергијата помеѓу стопанските комори во РМ и Владата на РМ, ресорните министерства, бизнис заедницата и граѓаните. Поздравувајќи ги присутните, м-р Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ, потенцираше дека од 2018 година со препораки на Светската туристичка организација воведени се светски стандарди за промоција на Македонија преку интернет-промоции преку одредени артикли за информирање и мотивирање на туристите. На туристичкиот пазар за 2018 година во Македонија најголем пораст има на туристи од Полска кои што во последните девет месеци ја посетиле Македонија во зголемен обем од 60 до 80% по ноќевања, додека најбројни се турските туристи. Во своето поздравно обраќање Едвард Гонзалес, директор на Канцеларијата за општ развој на УСАИД во Македонија, истакна дека туризмот и угостителството се многу важни сектори во земјата и имаат огромен потенцијал за раст. Нивниот развој


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

19

БИЗНИС ФОРУМ може да ја зајакне економијата, да го поттикне растот на руралните региони, го оживува природното и културното наследство, ја зголемува меѓународната препознатливост на Македонија и привлекува странски инвестиции, како и приходи од туризмот. Исто така, има потенцијал да создаде стотици работни места, особено за младите. Љубомир Димовски, директор на „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“, консултантска куќа од Скопје, посочи дека со поддршка на УСАИД сите четири комори од Македонија се инволвирани како партнери во имплементацијата на овој проект и тоа Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ од Скопје, и сите посветено работат на подобрување на проблематиките со коишто секојдневно се соочуваат компаниите. Преку Проектот потребно е да се идентификуваат проблемите со коишто се среќаваат компаниите со цел подобрување на законската регулатива, преземање конкретни мерки за поддршка на секторот за туризам и угостителство. Форумот беше поделен во две панел-дискусии на коишто учествуваа експерти, професори, претставници на бизнис секторот и на јавни институции кои што дискутираа на две значајни теми и тоа: Фактичката состојба во секторот угостителство и туризам и Успешни туристички приказни од земји во транзиција. Сите заклучоци кои ќе бидат истакнати на Форумот ќе бидат детално разгледани од страна на коморите, што е всушност и главна цел на овој четиригодишен проект каде што е потребно да се идентификуваат проблемите со коишто се среќаваат компаниите со цел подобрување на законската регулатива. Проектот е имплементиран од страна на Стопанската комора на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. м-р Ивана Крстевска


15

T

O

IS

БИЗНИС ИНФО

20

9001:20

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

21

ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА

ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ БАРААТ ПОГОЛЕМ НАДЗОР И КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ НА ДОМАШНИТЕ И УВЕЗЕНИТЕ ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ СО ЦЕЛ ПОДИГНУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ГРАДБИТЕ

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија на 11.12.2018 година одржа работна средба со претставници на Царинската управа на Република Македонија, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Институтот за стандардизација на Република Македонија. Целта на работната средба беше да се отвори дискусија за квалитетот на градежните производи кои се пуштаат на пазарот и нивната сообразност со соодветните стандарди, надзорот над спроведувањето на Законот за градежните производи, надзорот на квалитетот на производите пуштени на пазарот, контролата на градежните производи при вградување во градежните објекти и увозот. Претседателот на Здружението, Андреа Серафимовски, истакна дека вредноста на градежните материјали чини околу 50 – 70% од вкупната вредност на градежните работи поради што градежниците посветуваат особено внимание при изборот на материјалите кои се вградуваат во објектите. Покрај од аспект на економичното работење, од правилниот избор на градежните материјали зависи и квалитетот и


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА долготрајноста на градбите, а за да можат објектите да ја исполнат својата намена и да бидат долготрајни неопходно е градежните материјали да ги имаат потребните својства и да одговорат на потребните барања за квалитет. Осврнувајќи се на состојбите во индустријата на градежни материјали и неметалите, Серафимовски истакна дека непостоењето на механизми за заштита на домашното производство оневозможува индустријата на градежни материјали да го искористи својот полн капацитет. - Иако во индустријата на градежни материјали има компании кои постигнуваат значителни резултати и успешно работат, има и компании чие производство згаснува, истите работат со залихи и се принудени да ги затворат погоните. Пример за тоа се туланите чие производството од некогашните петнаесетина фабрики се сведе на осум фабрики од кои во моментот периодично работат 5 фабрики со нецелосна искористеност на капацитетите и кои исто така навестуваат дека ќе бидат принудени да ги затворат погоните и да ги отпуштат вработените лица, доколку во најкус можен рок не се изнајдат решенија за подобрување на економската состојба и не се создадат услови за непречено функционирање на оваа индустриска гранка, - посочи Серафимовски. Здружението е запознаено со постоењето на меѓународни договори за слободна трговија, но истите договори постојат и во соседните држави кои сепак изнаоѓаат начини за да го заштитат домашното производство и да ги поддржат домашните компании. На состанокот беше посочено дека и покрај тоа што македонските компании ги поседуваат потребните сертификати за производите, истите сертификати се признаваат само во одредени земји од регионот, додека во другите, при извозот повторно се земаат примероци и материјалите се испитуваат во нивните лаборатории. Дискутирајќи за многубројните проблеми со кои се соочува градежниот сектор, компаниите-членки истакнаа дека е потребно во соработка со надлежните органи да се изнајдат механизми со кои преку поголема контрола на терен ќе се подигне квалитетот на домашните и на увезените градежни производи, со оглед дека на домашниот пазар се забележува пласирање на градежни производи кои не ги исполнуваат стандардите за квалитет, како и увоз на производи по нереално ниски цени, кои индиректно влијаат врз работењето на македонските производители. Ваквата состојба, според компаниите, придонесува за сė поголема нелојална конкуренција на пазарот, која го засега работењето на домашните производители. Во таа насока, побараа и поголема координација помеѓу инспекциските органи и контрола на квалитетот на домашните и увезените производи, од причина што од квалитетот на производите, зависи и квалитетот и долготрајноста на објектите за кои постојано се залага Здружението. Надлежните инспекциски органи истакнаа дека органите постапуваат во рамките


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

23

ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА на законски определените надлежности, како и дека контролите се вршат по доставени пријави за сомнителен квалитет на производите. Според директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски, активностите треба пред сė да се движат во насока на поддршка на домашното производство и зајакнување на конкурентноста на производителите, а во однос на подигнувањето на квалитетот, компаниите да реагираат до надлежните служби во случаи на сомневање за квалитетот на производите кои се увезуваат и се пласираат на пазарот. На состанокот се заклучи дека подигнувањето на квалитетот на градежните производи и на севкупниот квалитет во градежниот сектор е од заеднички интерес и за државата и за компаниите. Спречувањето на нелојалната конкуренција и пласманот на градежни производи кои не ги исполнуваат барањата за квалитет треба да се одвива во заедничка соработка со инспекциските органи и бизнис секторот, поради што состаноците од ваков карактер треба да продолжат да се одржуваат и во иднина, со цел утврдување на законските недоречености и усовршување на правната рамка во насока на поцелисходно разграничување на надлежностите на органите и учесниците во изградбата на објектите и јакнење на улогата на инспекцискиот надзор. Трговската размена на Република Македонија најчесто се одвива со земјите од регионот, од причина што самите производи не трпат голем транспорт со исклучоци на мал број производи, така што сите се пласираат во радиус од околу 200 - 250 км. Во однос на извозот на градежните производи, во 2017 година е остварен извоз на кварц во износ од 1,9 милиони американски долари, мермер и травертин во износ од речиси 40 милиони американски долари, портланд цемент во износ од 14,6 милиони американски долари, керамиди во износ од 4,5 милиони американски долари, производи од битумен или од слични материјали во ролни во износ од околу 1 милион американски долари. Во истиот период е остварен увоз на портланд цемент во вредност од 14,6 милиони американски долари, керамички ѕидарски тули во вредност од 4,8 милиони американски долари, керамиди во износ од 3,5 милиони американски долари и др. м-р Нена Николовска


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА

ГРУПАЦИЈАТА ЗА ОРУЖЈЕ И ОПРЕМА СО БАРАЊЕ ДА СЕ ВРШИ ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА НА ПРОМЕТОТ СО ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА

Управниот одбор на Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена при Стопанската комора на Македонија на 12.12.2018 година одржа работна средба со директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Сашо Тасевски, на којашто се дискутираше за проблемите со кои се соочуваат компаниите – членки од областа на пиротехниката и реализацијата на огнометите предизвикани од нелојална конкуренција од поединци и фирми кои нелегално работат во споменатата област. Претставниците на Групацијата на средбата истакна дека постапките за увоз и експлоатација на пиротехнички средства се законски дефинирани, средствата се увезуваат со дозвола, пиротехниката се верифицира и тестира од страна на експерти од надлежните служби на Министерството за внатрешни работи, за неа се издаваат дозволи за безбедна експлоатација и истата се складира во верифицирани складишта за експлозивни средства. Дополнително, инспекциските служби вршат и периодични инспекциски контроли за проверка на легалноста и безбедноста на пиротехниката. Меѓутоа, покрај законски уредените постапки, во практиката подолг период се


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

25

ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА

забележува нелегално вршење продажба на пиротехника, особено за време на новогодишните празници, посочуваат од Групацијата. Изминатите години нелегалната продажба на пиротехнички средства се врши со особено зголемен интензитет, со што се загрозува работењето на компаниите кои легално вршат промет на овие производи. Дискутирајќи за прашањата од интерес за Групацијата, членките посочија дека е потребно во заедничка соработка со Бирото за јавна безбедност да се изнајдат решенија за спречување на наведените негативни појави, што е од заеднички интерес на институциите и на компаниите од оваа дејност. Во таа насока, истакнаа дека е потребно и унапредување на правната рамка која ја уредува оваа материја, со оглед дека во моментот постојат одредени недоречености во прописите, како и обременети постапки за превоз и употреба на пиротехничките производи, што дополнително го отежнува легалниот промет на производите и деловното работење на компаниите. Директорот на Бирото за јавна безбедност изрази подготвеност да ги слушне согледувањата и предлозите на Групацијата и во иднина да продолжи реализирањето на средби од ваков карактер, со цел Групацијата и Министерството преку заедничка соработка да дејствуваат во насока на унапредување на правната рамка и состојбите од областа на пиротехниката. м-р Нена Николовска


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА

ПРИДОНЕС ВО ЗАШТИТАТА НА ОКОЛИНАТА ПРИ УПОТРЕБАТА НА ТЕХНИЧКА СТОКА

На 10.12.2018 година се одржа седница на Групацијата на провајдери на дигитални решенија во областа на дигиталното печатење и менаџмент со документи, во рамките на Стопанската комора на Македонија. Се констатира дека е постигнат значителен напредок во подигнување на свеста од штетните влијанија на старата и расходувана ИТ-опрема на македонскиот пазар. Компаниите-членки на Групацијата апелираат до надлежните власти за регулирање на увозот на употребувана техничка стока и забрана за нејзино пуштање на пазар. Групацијата се дефинира како група компании кои вложуваат неизмерно време и ресурси да понудат најнови и висококвалитетни решенија во областа на дигиталното печатење и менаџирање со документи на македонскиот пазар. Присутните од Групацијата на провајдери на дигитални решенија при Стопанската комора на Македонија расправаа и за воведување европски стандарди во врска со зачувувањето на животната средина во Република Македонија, промена на законската регулатива поврзана со увоз и пуштање во промет на производи, особено од информатичката технологија, кои не се во согласност со европските регулативи, промовирање, како и имплементација на најновите светски технологии од информатичката област и развој на информатичкото општество. На македонскиот пазар се`уште има набавка и употреба на стари мултифункциски уреди и друга ИТопрема од страна на државните институции и компаниите. Групацијата продолжува да работи во остварување на барањата пред надлежните институции и во досегашното работење има остварено неколку средби со претставници од надлежните министерства. Компаниите од ИТ-секторот ја препознаа вредноста и позитивниот импакт на акцијата и се вклучуваат да дадат свој придонес со еколошка активност за заштита и зачувување на животната и работната средина. Лазо Ангелевски


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

27

ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА

ОДРЖАН САЕМОТ НА КАРИЕРА ВО БИТОЛА ОД ИНФОРМАЦИЈА ДО КАРИЕРА! Младинскиот културен центар - Битола и Инфо Клубот - Битола на 14 декември 2018 година го организираат настанот „Саем на кариера 3“ во просториите на Центарот за култура во Битола. Настанот е во рамките на Регионалната платформа „YOUSEE“ за социјални иновации за намалување на невработеноста на младите во соработка со Инфо Клубот - Битола, а поддржан од УНДП, Oпштина Битола, Фондот за иновации и технолошки развој и Регионалната комора со седиште во Битола. На настанот се презентираа компании кои нудат слободни работни места, иновативни бизниси, а посетителите имаа можност да се запознаат и да разменат контакти. На настанот се слушнаа и интерактивни, инспиративни и едукативни говори за мотивација. Меѓу учесниците беа и голем број компании-членки на Стопанската комора на Македонија, меѓу кои и: Млекара „ИМВ – Вемилк“, „Витаминка“ - Прилеп, „Кромберг и Шуберт“, „Интерворкс“, „Стентон Градба“, „С/Н Брокер“, „Синпекс“ и други. Регионалната комора со седиште во Битола учествуваше со свој штанд и материјали на настанот и го промовираше новиот Проект на Стопанската комора на Македонија, „Helvetas Swiss Intercooperation“ и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО):„Образование за вработување во Македонија (E4E@mk)“! Проектот ги поддржува провајдерите за обуки во неформалното образование со цел да понудат програми и активности за развој на стручни вештини коишто се бараат на пазарот на трудот, го поддржува и развивањето механизми кои ќе обезбедат стекнување на достапните стручни вештини и понудата на нови, а ќе го промовира неформалното стекнување на стручни вештини како клучен елемент за доживотно учење и вработување. Саемот за кариера обезбедува простор за да можат младите лица да ја пронајдат својата идна работна позиција. Регионалната комора со седиште во Битола и во иднина ќе дава поддршка на ваков и сличен вид на настани на кои ќе се промовира развојот на економијата во регионот, но и на ниво на целата држава. м-р Никола Димковски


28

БИЗНИС ИНФО

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

МОЈ СТАВ

Бранко Азески, заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум

ПРЕКРШОЦИ, ПРИВАТИЗАЦИИ, ПЕРСПЕКТИВИ И покрај тоа што не` разделуваат гранични премини, економските искуства во секоја од земјите од Западен Балкан, помалку или повеќе, се применливи во секоја од останатите држави во регионот. Регионалните економски односи, предизвиците и можностите, како и перспективите за унапредување на регионалната економска соработка помеѓу државите од Западен Балкан се исти, без оглед низ призмата на која држава се гледаат. Затоа, особено ми е драго кога ќе имам прилика да дискутирам со врвните познавачи на овие состојби – токму една таква личност ќе ни биде гостин во Стопанската комора на Македонија претстојнава недела. Александар Влаховиќ, претседателот на Сојузот на економисти на Србија е еден од врвните економски аналитичари на овие простори. Веројатно најдобар приказ за неговото дејствување е успехот на Бизнис форумот на Копаоник, кој во изминатите 26 години успеа да стане најзначајниот бизнис-настан на овие простори и веќе одамна го носи називот Балкански Давос. Бизнис форумот придонесе секоја година во првата недела на март, на неколку дена Копаоник да станува епицентарот на економските случувања на Балканот. На едно место се обединуваат повеќе од 1.400 учесници, вклучувајќи истакнати професори, државни


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

29

МОЈ СТАВ претставници, членови на дипломатскиот кор, стопанственици, домашни и странски инвеститори, како и претставници на меѓународните финансиски организации, кои дискутираат за најзначајните економски прашања во Србија, но и во регионот. Речиси секоја година делегација на Стопанската комора на Македонија, како и на сите комори од Коморскиот инвестициски форум се дел од тие случувања, и таму ќе бидеме и следната година. Но, во дискусијата со господинот Влаховиќ ќе опфатиме и уште едно прашање што секогаш во домашната јавност предизвикува сериозно внимание – процесот на приватизацијата. Неговите излагања по овие прашања може да бидат прилично занимливи, имајќи предвид дека тој беше министер за стопанство и за приватизација во првата демократска Влада на Република Србија, предводена од Зоран Ѓинѓиќ, од 2001 година до март 2004 година. За време на неговиот мандат биле подготвени и усвоени повеќе важни реформски закони, вклучувајќи го и Законот за приватизација, а во текот на неговиот мандат биле приватизирани повеќе од 1.300 компании. Процесот на приватизацијата во Србија беше спроведуван по сличен модел како македонскиот, но резултатите беа различни – или можеби не? Затоа очекувам интересна дискусија на трибината – доколку времето Ви дозволува, во четврток 13 декември, трибината со Александар Влаховиќ во Стопанската комора на Македонија е настанот на кој треба да бидете! П.С. Најавата за олабавувањето на казнената политика со новиот Закон за прекршоците треба гласно да биде поздравена од бизнисот – целта на системот е да се влијае корективно на субјектите, а не да се оди со репресивни мерки, кои по нив ќе имаат толку штетни ефекти, што ќе доведат до тоа субјектите да се одлучат да го затворат бизнисот.

Chamber Investment Forum


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС СРЕДБИ

БИЗНИС СРЕДБИ НА КОМПАНИИ ОД АГРОСЕКТОРОТ ОД БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА Во организација на „Enterprise Europe Network“ - Стопанска комора на Македонија и ЕЕН - Сандански, Бугарија, на 27 и 28 ноември 2018 година, во Струмица, се одржуваат Бизнис средби и форум меѓу македонски и бугарски компании од областа на аграрот. На настанот присуствуваат над 100 компании од земјоделскиот сектор, кои се занимаваат со конвенционално и органско производство на храна, односно производители на градинарски производи и овошје, компании од прехранбената индустрија, производители на пијалаци, трговски друштва од областа на аграрот, пчеларството и компании и консултанти за заштита на растенијата. Производителите, трговските друштва и консултантите за заштита на растенијата од двете земји - Бугарија и Македонија, пројавија огромен интерес за настанот и реализираат многубројни деловни средби. Компаниите разговараат и договараат за унапредување на деловната соработка за производство и трговија на прехранбени производи и пијалаци; машини за земјоделство и опрема; хемиски производи за земјоделство; пакување; обновлива енергија; логистика, применета наука и истражување и иновативни технологии во земјоделството. Во рамките на форумот се презентираат нови трендови, иновации и новата законска регулатива за заштита на земјоделските растенија во ЕУ, методи за модернизација на одгледување на почвата и искуства за производство на квалитетна храна од поновата генерација. Лазо Ангелевски


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

31

БИЗНИС СРЕДБИ

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА НА БИЗНИС-ФОРУМ ВО АТИНА Делегација на Стопанската комора на Македонија на 30.11.2018 година (петок), во Атина, Република Грција, ќе учествува на еднодневниот Бизнис форум и билатерални средби меѓу македонски и грчки стопанственици, настан кој Комората го организира во соработка со Атинската трговско-индустриска комора, во насока на интензивирање и зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Грција. Во делегацијата од Стопанската комора на Македонија учество ќе земат компании-членки на Комората од повеќе различни сектори (вклучувајќи компании од градежништвото, металната индустрија, прехранбената индустрија и трговијата). На Бизнис-форумот компаниите ќе имаат можност да ги презентираат своите интереси за соработка и можности за инвестирање, во насока на зајакнување на деловните односи меѓу двете земји, а по завршувањето на официјалниот дел, компаниите ќе можат да остварат и директни средби со компании од соодветните дејности. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Грција за периодот јануари - септември 2018 година е во вредност од 748,1 милиони САД$, со пораст од 24,9% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 171,4 милиони САД$, со пораст од 9,8% споредено со периодот јануари - септември 2017 година, додека увозот изнесува 576,7 милиони САД$, со пораст од 30,2% споредено со истиот период минатата година. Република Грција е втор трговски партнер на Република Македонија. Одделение за информирање


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

РАБОТНА СРЕДБА

Работна средба со раководството на ВМРО-ДПМНЕ

РАЗМЕНА НА МИСЛЕЊА ОКОЛУ ЕКОНОМСКИТЕ ПРАШАЊА ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА БИЗНИСОТ

Во насока на спроведување редовни консултации со најголемите политички партии во Република Македонија, претставници на раководството на Стопанската комора на Македонија остварија работна средба со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од претседателот проф. д-р Христијан Мицкоски. При првата заедничка средба меѓу двете раководства, реализирана на 1 март оваа година, беше заеднички констатирано дека ќе се интензивира дискусијата за сите отворени економски прашања, преку одржување почести средби, со цел да се обезбеди поддршка за решенијата кои се значајни за потребите и интересите на бизнис-заедницата, без оглед на тековните политички случувања. Во оваа прилика се разговараше за стратешката определба на Комората извозната диверзификација и модерната реиндустријализација да бидат фундаментални процеси


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

33

РАБОТНА СРЕДБА во забрзување на растот на македонската економија, која беше презентирана на Научната конференција организирана од страна на МАНУ, НБРМ, Владата на РМ и Стопанската комора на Македонија на 4 и 5 октомври 2018 година во Охрид. Од исклучителна важност за успешност на овој процес е што кон истиот се приклучува и ВМРО-ДПМНЕ, со што е постигнат консензус дека е неминовна потребата да се изврши преструктурирање на индустриската политика преку пренасочување на ресурсите од индустриските дејности со пониска додадена вредност, кон сектори и производи кои имаат повисока додадена вредност и продуктивност, со цел подобрување на индустриските перформанси на целокупната економија и зголемување на извозната конкурентност. Воедно, неопходно е спроведување на економски политики кои ќе го поттикнат процесот на модерна реиндустријализација (зголемување на учеството на преработувачката индустрија во БДП) и ќе го забрзаат процесот на извозна диверзификација (преку зголемување на бројот на извозни производи кои имаат повисок степен на финализација во рамките на глобалните синџири на снабдување), со што овие структурни промени во самата економија ќе генерираат високи и одржливи стапки на економски раст. Тргнувајќи од податокот дека ограничувањата во остварувањето на повисоки стапки на раст се должи пред сé на недостатокот од соодветен стручен кадар, на средбата беше отворена и темата за неопходна реформа во образовниот систем, а не помалку важни се и прашањата за спроведување реформа во правосудниот систем и јавната администрација, со цел испорака на квалитетни и брзи државни услуги што му се потребни на бизнисот. И оваа средба покажа дека Стопанската комора на Македонија, како најголема, најстара и најбројна бизнис-заедница во Република Македонија, цврсто стои на својата определба дека држењето настрана од политиката е наша суштинска определба скоро еден век, а нашата основна функција е да се обидеме ставовите, анализите и мислењата на бизнисот да бидат еднакво третирани со сите други, при градење на економските политики. Потребен ни е консензус за најважните економски прашања, а тоа го правиме со овие средби, на кои низ разговор со најзначајните чинители на економската политика, се обидуваме да постигнеме заеднички ставови по клучните економски прашања. Неопходно е да опстане консензусот околу независноста на монетарната политика и обезбедувањето директна буџетска поддршка на извозот и индустријата, ако сакаме високи стапки на раст во наредниот период. Одделение за информирање


34

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

35


БИЗНИС ИНФО

36

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 20-21.12.2018 година (четврток и петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Дводневна обука на тема: МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

Менаџерите и луѓето во реалниот бизнис секојдневно се соочуваат со голем број предизвици за донесување различни одлуки во работењето на своите фирми, одлуки кои се однесуваат на оптимизација на производството, минимизација на трошоците, ефикасно управување со финансиите, ефикасно менаџирање со обртните средства, лансирање и комерцијализација на нови производи на пазарот, реализирање на нови инвестициски проекти, градење стратегија за настап на странски пазари и слично. Процесот на донесување на сите тие одлуки станува се` потежок и помалку предвидлив како што деловното бизнис опкружување станува се` покомплексно. Оттука, примената на квантитативните методи претставува моќна алатка во донесување ефикасни бизнис одлуки. Исто така, примената на квантитативните методи овозможува предвидување на идните бизнис услови на пазарот потребни за приспособување на бизнис стратегиите, што всушност им овозможува на менаџерите да носат одлуки засновани на егзактни и прецизни пресметки, а не како досега, одлуки базирани на интуиција и искуство. Предавач: - д-р Марко Петровиќ, истражувач на Универзитетот „Jaume I“ во Шпанија. Тој магистрирал на престижниот Институт „ЦЕРГЕ“ во Прага во областа на квантитативни методи за економија. Работел на повеќе европски проекти, меѓу кои проекти финансирани преку Програмата „Хоризонт 2020“. - доц. д-р Дарко Лазаров, професор и раководител на катедрата Економија на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.12.2018 година (петок) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

Овој семинар има за цел да сподели нови сознанија и практични искуства за подобрување на квалитетот на работата во компаниите преку генерирање квалитетни човечки ресурси, како носители на процесот. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно се вклучени во процесите на менаџирање на човечките ресурси. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за ургентноста од привлекување и задржување на квалитетни работници, психолошки договор, генерациски разлики, дизајнирање на работно место и прераспределба на работното време. Семинарот особено ја потенцира потребата за правна доедукација за предметната проблематика, особено поради честите недоразбирања, погрешните толкувања и примена на правната регулатива во контекст на работното време и неговата распределба. Предавач: -Александра Стоилковска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски фокус е ориентиран кон менаџментот на човечки ресурси, деловното лидерство, организациското однесување, организациското учење и менаџирањето на човечките ресурси во семејните бизниси. - Јана Илиева, професор и член на Светската академија на науки и уметности, со долгогодишно искуство од областа на правото. Нејзината експертиза ја вклучува проблематиката на работните односи, деловното право и човековите права.Јана Илиева е доктор по правни науки, во областа на меѓународното право и е доцент по група предмети од областа на правните науки. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

38

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24.12.2018 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Стопанската комора на Македонија, на 24 декември 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: „Исполнување на паричните обврски помеѓу правните субјекти и начини за наплата на побарување“. Правната, но и економската сигурност во бизнисот во голема мера зависи од способноста на правните субјекти да веруваат дека трансакциите во кои стапуваат, односно договорите кои ги склучуваат ќе бидат исполнети целособразно, навремено и комплетно. Оттука, цел на работилницата е да се одговори на секогаш актуелното прашање: Како настанува исполнување на паричните обврски и кој е најдобриот и најсигурниот начин за наплата на побарувањата помеѓу правните субјекти, и тоа како во домашниот, така и во надворешниот промет со странски субјекти? Одговорот на ваквото прашање ќе се обезбеди преку преглед на правната регулатива која ја засегнува темата од интерес, а особено: настанувањето и докажувањето на постоењето на побарување, доброволната, но и присилната наплата на побарување, договорното регулирање на исплаќањето на паричните побарувања, како и облиците на меѓусебно намирување. При тоа, детално ќе бидат објаснети сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и пресуди, како и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на исполнувањето и наплатата на паричните обврски. Предавач: - Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми - Викторија Спасовска, правен консултант и предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право. Контакт: Елизабета АндриевскаКонтакт лице: Анита Митревска Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244088 Тел: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19-20 февруари 2019 година (вторниксреда) 9:00 -14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

Стратегиското планирање е иницијална фаза во стратегискиот менаџмент, а претставува процес на дефинирање на приоритетните области, цели и активности што организацијата ќе ги реализира во иднина. Иако не може да се даде приоритет на било која од фазите на стратегискиот менаџмент, сепак квалитетниот стратегиски план е повеќе од половина завршена работа. Цел на обуката: Основна цел на обуката е да им помогне на организациите во процесот на стратегиско планирање и изработка на квалитетни стратегиски планови како солидна основа за нивниот развој, а со тоа и исполнување на мисијата за постоење на организацијата. Познавањето на основите за методологијата, формата и содржината на стратегискиот план ќе овозможи ефикасно остварување на целите и активностите предвидени во нив, како и соодветно управување со човечките и финансиските ресурси кои треба да ги поддржат програмите и активностите. Предавач: - проф. д-р Лидија Стефановска е професор во наставната област Стратегиски менаџмент и заменик директор на високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“(БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент. Ангажирана е како самостоен консултант во ДЕТРА Центар каде се стекнува и со експертиза за примена на СКИТОП методологијата, посебно во делот на организациска дијагноза и стратегиско планирање. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 14 Декември 2018, Бр. 376

T

15

40

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2-2

018

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.