Петок, 15 март 2019, Бр. 387
Број 387 345
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
1
97 godini
192
2 - 2019
23.03.2018 15.3.2019
ПОСЛЕ НАТО, ЕВРОПСКА УНИЈА Средба Азески – Жбогар
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
2
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ДОСТАПНИТЕ ЕВРОПСКИ ФОНДОВИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА И ИНОВАТИВНОСТА НА КОМПАНИИТЕ И НИВНАТА ИСКОРИСТЕНОСТ
Европските фондови во разни облици се средства кои треба да придонесат пред се` за поддршка на целите кои ги има поставено Европската унија во насока на реализација на приоритетите за развој, беше истакнато на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (11.3.2019 година). -Република Северна Македонија во континуитет има пристап до одредени европски фондови. Од 2007 година на располагање се претпристапните фондови кои имаа за цел да ја подготват државата, институциите но и граѓанското општество за достигнување на нивото на развој приближно еднакво со земјите-членки на Европската унија За приватниот сектор и за градење на конкурентноста на компаниите кои за нас како Стопанска комора на Македонија е од исклучително значење, во рамките на ИПА - фондовите не се определени значителни средства, освен Програмата за рурален развој позната како ИПАРД-Програма која нуди директна финансиска поддршка
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА за компаниите од областа на земјоделството, прехранбената индустрија, развој на руралниот туризам и развој на економијата во руралните области истакна Јадранка Аризанковска, виш советник при Стопанската комора на Македонија. Искористеноста на овие фондови е се` уште многу мала (околу 20%) пред се заради огромната документација, сложеноста на апликативниот процес, но и покрај тоа неопходно е компаниите да се охрабрат и да влезат во процес на аплицирање пред се` затоа што тоа значи нивна подготовка за искористување на многу поголеми фондови кои ќе бидат достапни со отпочнување на самите преговори но и по влезот во Европската унија кога на располагање ќе ги имаме кохезионите и структурните фондови -Од аспект на развој и јакнење на конкурентноста на приватниот сектор за нас како Стопанска комора на Македонија од посебно значење се европските фондови кои се наменети за развој на иновативноста, истражувањето, технолошки напредок и создавање производи со додадена вредност. Од 1 јули 2014 година во континуитет на Македонија на располагање и` се фондовите во рамки на Програмата „Хоризонт 2020“, која е отворена за учество на широк спектар на бизнис организации и индивидуални истражувачи, универзитети, истражувачки центри, лаборатории, мултинационални компании, мали и средни претпријатија посочи Аризанковска. Програмата „Хоризонт 2020“ претставува финансиски инструмент на ЕУ со кој се поддржуваат истражувањето и иновациите, со крајна цел за економски раст, креирање на нови работни места и конкурентност. Располага со буџет од над 80 милијарди евра за период од 2014 до 2020 година. За овој двегодишен период ( 2018-2020) на располагање се 30 милијарди евра. Програмата поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи во рамки на компаниите и универзитетите, зајакнување на меѓународните мрежи и размена на добри практики и искуства, стекнување на нови знаења и експертиза, како и зајакнување на соработката помеѓу академските институции и индустријата, во насока на постигнување конкретни резултати, а тоа се воведување на одредени иновативни решенија во самите компании. Користењето на овој финансиски инструмент е врз основа на аплицирање на предлог-проект на претходно објавен повик и изграден конзорциум – партнерство со субјекти од минимум 3 земји-членки на ЕУ или асоцијативни земји кон Програмата. Како дел од оваа програма е и Инструментот за мали и средни компании, кој е наменет исклучиво за приватниот сектор и каде не е потребно партнерство, туку компаниите можат сами да аплицираат за средства од оваа програма. Овој инструмент од страна на македонските компании не е воопшто искористен, иако имаше обиди на неколку македонски компании да поднесат апликации. Клучен приоритет во овој
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
инструмент за МСП е воведување на иновации и иновативни решенија и производи во самите компании. Искористеноста на средствата наменети за проекти во целина на Програмата „Хоризонт 2020“ за период од 2014 година покажува зголемени капацитети на искористување и последните податоци покажуваат дека Македонија има искористено повеќе од 7 милиони евра преку проекти кои значат реализација на одредени проекти за јакнење на конкурентноста на македонската економија. Меѓу овие 7 милиони евра е и Проектот „ТРАИНЕЕ“ кој го реализира и координира Стопанската комора на Македонија, а е наменет за јакнење на конкурентните способности на градежниот сектор за имплементирање на принципите на енергетска ефикасност во градби. Европската унија веќе интензивно работи на креирање на новите програми за конкурентност и иновации во приватниот сектор и веќе од мај 2018 година определени се постулатите на новата Програма за истражување и развој „ХОРИЗОНТ ЕВРОПА“ која е предвидена да започне на 1 јануари 2021 година. Расположливи средства во рамките на седумгодишниот период на оваа Програма „Хоризонт Европа“ ќе бидат повеќе од 100 милијарди евра. Новина во оваа програма е огромната финансиска поддршка за компаниите пред се` во интензивирање на соработката со универзитетите и истражувачките центри во насока на конкретна примена на самите иновации и иновативни решенија во компаниите. Ова значи дека секое истражување мора да има конкретна примена во индустријата во насока на создавање иновативни производи и решенија кои ќе значат и јакнење на европската економија во целина. Јадранка Аризанковска
БИЗНИС ИНФО
6
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
ЕВРОПСКА УНИЈА
После НАТО, Европска унија - Бизнис заедницата бара отпочнување на претпристапните преговори со Европската унија веднаш
СРЕДБА АЗЕСКИ – ЖБОГАР Преговорите за членство да започнат што поскоро беше пораката која ја упатија претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар. Македонија е земја - кандидат за членство во Европската унија и очекува почеток на преговорите за членство. Следната фаза во процесот на пристапување е добивање датум за преговори за членство во Унијата. Процесот на преговори за членство во Европската унија за Република Северна Македонија ќе значи финална фаза на процесот на приближување кон Унијата, усвојување на нејзините придобивки и вредности, како и целосно приспособување на македонските институции кон начинот на функционирање на институциите на Унијата. Преговорите истовремено ќе значат и создавање основи и подготовка за идно успешно функционирање на Република Северна Македонија како земја-членка на Унијата. Од аспект на бизнис заедницата неопходно е воведување на мерки кои ќе значат подигнување на продуктивноста и конкурентноста на македонската економија имајќи предвид дека со самото започнување на преговорите важен фактор ќе биде постоење на активна пазарна економија, способна да го издржи притисокот на конкуренцијата и дејствувањето на пазарните правила во рамките на Унијата. Жбогар--Критериумите за членство се дефинирани на Самитот на Европскиот совет во Копенхаген, во 1993 година, а тие се: политички критериуми, кои се однесуваат на постоење стабилни институции кои ги гарантираат демократијата, владеењето на правото, човековите права и почитувањето и заштитата на малцинствата; економски критериуми, кои се однесуваат на постоење на активна пазарна економија која е способна да го издржи притисокот на конкуренцијата и дејствувањето на пазарните правила во рамките на Унијата и правни критериуми, кои се однесуваат на способноста за преземање на обврските кои произлегуваат од членството, односно преземање на правната рамка на ЕУ, - истакна амбасадорот Жбогар. -ЕУ континуирано ќе работи на подобрување на владеењето на правото и имплементирање на законодавството бидејќи на крај на денот исполнувањето на сите критериуми за поконкурентна економија се сведува на владеење на правото во Република Северна Македонија, додаде Жбогар. Целокупниот процес на европските интеграции треба да се разгледува преку
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
7
ЕВРОПСКА УНИЈА севкупниот процес на европеизација на општествата, која подразбира воспоставување и спроведување сеопфатни реформи и прифаќање на европските стандарди и вредности кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. Азески--Коморскиот инвестициски форум кој произлезе од Берлинскиот процес, составен од шесте комори од земјите на Западен Балкан, активно работи на подобрување на регионалната соработка во насока на создавање eдинствен економски регион, кој со заедничка соработка ќе бидe поконкурентен за настап на европските пазари, - истакна Азески. Тој додаде дека проблемите во регионот на интра-регионалната соработка, поради слабото функционирање на ЦЕФТА, се` уште се присутни и загрижува фактот што во 2018 година забележан е пад во трговската размена од 8%. Од тие причини, Азески побара поддршка од Европската унија за унапредување на процесот на интеграција на регионот како економска област со што сите земји од Западен Балкан ќе имаат заеднички бенефит. Стопанската комора на Македонија во континуитет придонесува за креирање на подобра бизнис клима во државата и во таа насока креира активности и проекти кои значат зголемување на конкурентноста и капацитетите на компаниите за да можат да ги достигнат вредностите на компаниите од земјите-членки на Европската унија, како предуслов во економските поглавја на преговорите. Во иста насока, Комората игра главна улога и во регионот каде преку Коморскиот инвестициски форум работи на креирање на проекти за јакнење на капацитетите на коморите и на извозно ориентираните компании. -Стопанската комора е во континуиран дијалог со Владата на Република Северна Македонија во однос на седумте поставени приоритети од страна на Комората, како што се фискалната политика, независност на регулаторните тела, што поскоро спроведување на попис, децентрализација, даночна реформа, реформи во правосудниот систем, мерки за спречување на корупцијата со цел постигнување на континуиран економски раст, - потенцираше Азески. -За постигнување на значителен економски раст кој мора да биде на ниво на просекот на економскиот раст на регионот, македонската економија треба да биде извозно ориентирана со поттикнување на креативни компании кои придонесуваат кон креирање на производи и услуги со додадена вредност. За 2018 година забележан е раст во извозот, во износ од 5,65 милијарди САД$ во трговската размена со ЕУ, каде што Република Северна Македонија за прв пат ја заврши со суфицит од 20,62 милиони САД$, - истакна Азески. Јадранка Аризанковска м-р Сања Николова
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
НАМАЛУВАЊЕ НА ОПТОВАРУВАЊАТА НА ИКТ-СЕКТОРОТ И КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, на 13.3.2019 година, одржа редовна седница за оптоварувањето на стопанството, посебно на членките на Здружението. На седницата, на која присуствуваа претставници на најголемите кабелските оператори во земјата, се нагласи дека стопанството е под постојан притисок на оптоварувања во своето работење, со постојните законски решенија во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за филмски фонд, како и најавата на нови здруженија за авторски и сродни права, со тарифници, во кои се наведени енормни проценти на зафаќања од приходите од редовното работење на кабелските оператори и од другите сектори на стопанството. Присутните укажаа дека овие високи зафаќања од тековниот приход секогаш се на товар на компаниите кои редовно ги подмируваат законските обврски. Но, овие и нетарифните оптоварувања се дополнителен товар што се појавува во нередовни процедури и не се испочитувани тековни законски решенија. Дополнително, на овие негативни појави кои катастрофално влијаат на тековната
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
9
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ профитабилност во работата на членките на Здружението на информатичкокомуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, се појавуваат субјекти коишто вршат нерегистрирана стопанска дејност. Појавата на „сивата“ економија и во дигиталната медиумска дејност треба веднаш да се забрани, да се спречи појавата на слични субјекти и да се оневозможи загрозување на редовната стопанска активност на компаниите кои ги подмируваат своите обврски кон државата. Членките на Здружението, односно сите оператори кои вршат реемитување преку различни платформи (ИПТВ, кабелски, ДВБТ и сателитски), заклучија дека ќе настапуваат заеднички, аргументирано и со факти за изнаоѓање реални и применливи законски решенија, ќе ги актуелизираат своите ставови на прес-конференции, ќе бараат странски експерти, ќе прават компаративни анализи за состојбите во земјите од опкружувањето, ќе продолжат и со интензивни контакти во текот на идниот период со ресорните министри, се` до конечното донесување на прифатливи законски решенија за сите засегнати страни. Лазо Ангелевски
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Стопанската комора на Македонија, на 14.3.2019 година, одржа седница на која беа разгледани идните насоки за унапредување на агросекторот во Република Северна Македонија. Материјалот, кој беше изработен од страна на стручната служба на Комората, од страна на компаниите беше оценет како стратешки и визионерски за секторот, и како таков има силен развоен правец доколку истиот биде прифатен од страна на надлежните институции. Предлозите од претставниците од агросекторот беа поддржани, со сугестија истите да се надополнат во делот на географско потекло, етикетирање и промовирање на производите, за што словенечкиот модел беше посочен како успешен пример за решавање. Создавањето на конкурентен земјоделско-прехранбен сектор, кој ќе ги искористи компаративните предности на Република Северна Македонија, бара доследно спроведување на сеопфатни мерки во низа области, вклучувајќи: ефективни земјишни политики, финансирање, преструктуирање на земјоделското производство во насока на производи со дефицит на високи примања и ефективен пазар кој обезбедува соодветна средина за техничките и претприемачките вештини на домашните фармери. Целта е да се зајакне свеста за македонските земјоделски и прехранбени производи чии имиња се заштитени со оригинални ознаки за потекло, заштитени географски ознаки или загарантирани традиционални специјалности со цел да се зголеми нивната побарувачка, да се зголеми интересот на производителите за влез во производство на заштитени производи за да се постигне нивно подобро позиционирање и да се спречи злоупотреба на заштитени имиња на пазарот. На Македонија и` недостасуваат економски одржливи рурални заедници кои ќе допринесат во развојот на македонското земјоделство и пласман на македонските производи на странските пазари. Предлог-буџетот за оваа година за секторот земјоделство, предвидува мерки и политики кои се во насока на унапредување на земјоделството, преку зголемување на обработливите површини, создавање услови за модерно и конкурентно земјоделско производство. Најголемиот дел од предвидените средства се наменети за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција преку која што се исплаќа финансиската поддршка за земјоделството преку директните плаќања од Програмата за рурален развој и ИПАРД Програмата. Се планира инвестирање во модерно земјоделство, со конкурентни производи и цени на странските пазари. Овој тип на поддршка има за цел отворање /рестартирање на преработувачки капацитети во државата,
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
11
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ пласман на финални производи со додадена вредност, подобрување на капацитетите во руралните средини и овозможување услови за развој на руралниот туризам, задржување на традиционалното селско семејство и негова поддршка за инвестирање во земјоделството, поддршка и поттикнување на земјоделско здружување и промоција на македонските земјоделски производи, инвестиции во примарното земјоделство и промоција на органска фарма. Еден дел од буџетските средства се наменети за развој на инфраструктурните капацитети за развој на земјоделството (инвестиции во системи за наводнување, во модерни мелиоративни системи насекаде низ државата, изградба на брани, регулирање на водни корита итн.). Неопходно е да се спроведат активности поврзани со промените во животната средина за да може во еден догледен период да се видат резултатите од добрата земјоделска пракса, подигнување на свеста на населението за значењето на можностите кои ги дава Македонија за производство на здравствено безбедна храна. При тоа, посебно внимание треба да се посвети на адаптација кон климатските промени (како во растителното производство, така и во анималното), контролирано управување со водните ресурси, биоенергијата и биодиверзитетот во државата. Земјоделството (вклучително лов, шумарство и рибарство) е третиот најголем сектор по услугите и индустријата. Учеството на земјоделскиот сектор во вкупниот БДП остана релативно стабилен со околу 10-12%, а заедно со преработувачката индустрија, процентот се зголемува на 16-18%. Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија се значително поголеми од прикажаните, затоа што расположивите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај поволните климатски услови (220 сончеви денови во годината). Повеќе од една третина од земјоделското обработливо земјиште не се обработува. Субвенциите кои почнаа да се исплаќаат од 2007 година не ги дадоа саканите ефекти, наместо развојна нота тие беа искористени како социјално-политичка алатка Но македонското земјоделство во изминатите 25 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги прошири можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција. При тоа, напуштањето на ценовната поддршка на земјоделските производи во 1997 година, за разлика од ЕУ и соседните земји, услови нелојална конкуренција од увозното субвенционирано производство. Отсуството на други мерки, како супституција на укинатите субвенции, услови продлабочување на дефицитот од година во година. И покрај системската поддршка која беше вратена во 2006 година, производните резултати во земјоделскиот сектор не забележаа подинамичен пораст. Васко Ристовски
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
СЕДНИЦА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА КОЖАРСКОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА На 14.3.2019 година во Стопанската комора на Македонија се одржа седница на Здружението на кожарскопреработувачката индустрија, на којашто беше истакнато дека Република Македонија е земја со традиција во оваа индустрија, каде компаниите се познати по својот висок квалитет на производите и производството го извезуваат, што придонесува за ублажување на девизниот дебаланс на земјава. Лидија Миладиновска, претседател на Здружението на кожарско-преработувачката индустрија, ги презентираше и актуелните состојби и проблеми во работењето на компаниите од оваа дејност, каде според податоците за индустриското производство за 2018 година споредено со истиот период од 2017 година кај производството на кожа и слични производи од кожа има намалување за 14,1%, а учеството во БДП е минимално и изнесува 0,3%. Што се однесува до извозот за 2018 година, учеството на извозот на кожарските производи и обувки изнесува 60.9 милиони американски долари или 0,98% од вкупниот извоз на земјата и е на исто ниво со претходната година, а додека увозот на кожарски производи и обувки за 12 месеци 2018 година во нашата земја е 110.8 милиони американски долари или 1,36% од вкупниот увоз во земјава. Како проблеми со кои се соочуваат компаниите во работењето беа наведени застарениот машински парк кој мора компаниите под итно да го модернизираат ако сакаат да бидат поконкурентни и попродуктивни во работењето, немањето стручна и квалификувана работна сила, неопходноста да се подобрат условите за работа во самите компании, како и насочување и стимулирање на извозот на оваа дејност. Компаниите - членки на Здружението го истакнаа и проблемот со огромната документација која треба да ја пополнуваат во меѓуфазното производство при извоз на нивните производи и побараа од страна на Царинската управа да им се овозможи поедноставување на царинските постапки кај „ЛОН“-производството во кожарскопреработувачката индустрија. Сашо Деспотоски
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ЛИДЕРСТВО НА 21. ВЕК - КОИ СЕ НАЈВАЖНИТЕ РЕСУРСИ НА 21. ВЕК И КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТАТ? Mоже да се каже дека никогаш не постоела поголема потреба за ефективно лидерство како што постои во овие времиња на се’поголеми турбуленции, комплексност и неодреденост на опкружувањето во кое се појавуваат современи формации. Ништо во 21-от век не е како што некогаш било, се` константно тече и се менува. Тоа е реалноста со која новата генерација на лидери мора да се соочи. Лидерите на 21-от век кои се однесуваат кон промените како кон непријатели, не се успешни лидери. Промената е константна и успешните лидери на новото време мораат постојано да се менуваат во согласност со променливото опкружување. Ако промените и новите трендови не се истражуваат во доволна мера, тогаш неуспехот е загарантиран. Лидерството на 21-от век се занимава со лидери кои ќе бидат лидери на промената, кои ги преземаат предизвиците. Клубот на менаџери-претприемачи денес, 14.3.2019 година, реализираше едукативното предавање токму на оваа многу актуелна тема: „Лидерство на 21. век - кои се најважните ресурси на 21. век и како да се искористат?”. Обуката беше реализирана со Митко Керамитчиев, кој е деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Тој е еден од најдокажаните македонски консултанти со повеќе од 600 успешно реализирани обуки, семинари, работилници и консултантски сесии за најуспешните македонски компании од речиси сите деловни сектори. Според Керамитчиев, како основни факти кои треба да се земат предвид при разгледување на лидерството на 21-от век можат да се наведат: • Ништо не е едноставно во новото време – ништо не е стабилно, опкружувањето се менува пред нашите очи и тоа рапидно, брзо, радикално, драматично и зачудувачки. • Што и да правиме не е доволно – во новото време мора да се приспособиме, мора да се креираат промените и тоа големи промени – и тоа многу брзо. • Се` што постои е под знак прашање – старите начини на раководење, организирање, традиционално планирање и контрола едноставно повеќе не функционираат. • Се` е подложно на промени – не само што мораат да се менуваат постапките и делата, туку треба да се менуваат и луѓето. Валентина Цветковска
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
ПРОЕКТИ
ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ВО СКОПЈЕ „НАДМИНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ И ИНСТИТУЦИОНАЛНИТЕ БАРИЕРИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ОТПАДОТ“
Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, во Стопанската комора на Македонија се одржа информативна сесија на тема: „ РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАД – ИСКУСТВА, БАРИЕРИ, МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ (14.03.2019 година). Меѓу присутните претставници на бизнис заедницата и експертите се отвори дебата за oбемот на текстилниот отпад и неговото влијание врз животната средина во Република Северна Македонија, техничките аспекти на рециклирање на текстилниот отпад и можностите за нови производи и последици за индустријата, презентирање на европските практики на царински третман на отпад од привремен увоз и потекло на рециклираните. Целта на овој информативен настан беше презентирање на сегашната практика во рециклирање на отпадот во Северна Македонија, научени лекции, што може да се направи поинаку (институционални измени, законски измени, јакнење на капацитетите, иновативни решенија и соработка со научните институции, итн.), со цел да се зголеми
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
15
ПРОЕКТИ уделот на рециклирање на отпадот, а со тоа да се заштеди во потрошувачка на нови суровини, енергија, вода, да се намали притисокот врз животната средина, да се отворат нови работни места и да се подобрат позициите на компаниите и да се зголеми конкурентноста на пазарот. Воведно обраќање на настанот имаше Даниела Михајловска Василевска, самостоен советник при Стопанската комора на Македонија, која истакна дека при рециклирањето на отпадот, со посебен акцент на текстилниот отпад потребно е да се надминат законските и институционални бариери со поодржливо користење на ресурсите и заштита на животната средина и здравјето на луѓето. -Ова е втора активност на Проектот заедно со холандската Амбасада. Проектот досега значително влијаеше врз подигнување на свесноста за важноста на оваа тема и за надминувањето на бариерите во пракса кои се однесуваат на раздолжувањето во текстилното „ЛОН“-производство. Првиот настан посветен на справување со текстилниот отпад беше реализиран во 2017 година по што се формираше и Работна група за отпад во која беа вклучени експерти од Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Холандија, Царинската управа, претставници од бизнис секторот кои активно работеа на решавање на проблематиките со управување и справување со отпадот посочи, - Василевска. Свое обраќање имаше и амбасадорот на Холандија, н. е. Ваутер Пломп, кој што го поддржа денешниот настан и истакна дека постигнат е напредок во третирањето на текстилните остатоци како ресурс наместо како отпад од одржувањето на првиот настан посветен на справување со текстилниот отпад – „ТексРек“ во 2017 година. -Истовремено сум среќен што холандскиот „полдер“ модел кој подразбира вклучување на сите чинители и дискутирање за одредено прашање се` додека не се најде взаемно прифатливо решение во овој случај се покажа како успешен. Останува уште многу работа, а ние сме подготвени да го ставиме на располагање холандското искуство и знаење во оваа област, - посочи амбасадорот на Холандија, н.е.Ваутер Пломп. Љубомир Димовски, директор на „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“, консултантска куќа од Скопје, накратко ги претстави проектните активности и додаде дека преку Проектот ќе се идентификуваат проблемите со коишто се соочуваат компаниите со цел подобрување на законската регулатива и преземање конкретни мерки за поддршка на бизнис секторот. Анализите покажуваат дека годишната количина на отпад која се генерира од текстилното производство изнесува околу 9.000 тони, додека вкупните годишни трошоци кои ги имаат компаниите за раздолжување и депонирање на отпадот се движат и до 1,5 милиони евра. Дополнително обемните царински процедури, времето
БИЗНИС ИНФО
16
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
ПРОЕКТИ
на чекање за уништување на отпадот и нередовното раздолжување на банкарските гаранции во голема мера влијаат на намалување на конкурентноста на компаниите. Според Државниот завод за статистика, вкупното количество создаден отпад според секторите на економска активност во Република Македонија, во 2016 година изнесува 1.437.492 тона. Најголемо количество отпад (700.550 тони) е создадено во секторот Рударство и вадење на камен. Вкупното количество создаден опасен отпад изнесува 57.373 тони. Најголемо количество опасен отпад e создадено во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација - 42.723 тони. Од вкупното количество создаден отпад, 491.338 тони се предаден отпад, односно отпад што деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство, во текот на 2016 година. Вкупното количество примен отпад, односно отпад што деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство во текот на 2016 година изнесува 583.873 тони. Во текот на 2016 година преработени се 8.191 тон отпад. Вкупното количество отстранет отпад изнесува 838.052 тона. Во делот на комуналниот отпад, според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2017 година изнесува 635.875 тони. Споредено со 2016 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2017 година бележи зголемување од 4,2 %. Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 164.246 тони или 25,8 % од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
17
ПРОЕКТИ вкупното количество на собран комунален отпад, 527.700 тони или 83% се собрани од домаќинствата, а останатите 17% од правни и физички лица (комерцијален отпад). Според видовите на отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, 554.280,00 тони или 87,2 %, а најмало количество отпад од гума, 1.007 тони или 0,2 % од вкупното количество собран комунален отпад. Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2017 година изнесува 786.881,00 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2017 година изнесува 379 кг по жител, што е за 1,3 % помалку од истото количество во 2016 година. Најголемото количество на собран комунален отпад (99,4 %) се отстранува на депонија. Настанот беше поделен на две панел-дискусии на тема: „Рециклирање на отпад и од текстилен отпад до нов производ - предизвици и можности“ на која зборуваа експерти од реалниот сектор, успешни луѓе кои со задоволство ги споделија своите искуства и разговараа за справувањето со отпадот што претставува еден од најголемите предизвици на бизнис секторот. Модератор на панел-дискусиите беше м-р Славјанка Пејчиновска - Андонова, инж. за животна средина, консултант за животна средина со повеќе од 15 години искуство во областа на животната средина, оценка на влијание на проекти врз животната средина, основач и сопственик на Друштвото за технички консултантски услуги “ЕкоМозаик“ ДООЕЛ – Скопје. На информативниот настан присуствуваа повеќе од 60-тина претставници од повеќе сектори и тоа: текстилна индустрија, трговија, туризам и угостителство, ИТ-сектор, прехранбена индустрија, техничко испитување и анализа, комунални претпријатија, општини и колективни постапувачи. Информативниот настан беше организиран во соработка со холандската Амбасада во Република Северна Македонија која се јавува како еден од клучните актери во надминување на бариерите со менаџирање на текстилниот отпад во Северна Македонија, преку креирање решенија и изнаоѓање ефективни и еколошки практики за негова повторна ре-употреба во соработка со четирите стопански комори: Стопанската комора на Македонија со партнерите во Проектот, Стопанската комора за информатички технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија партнери во Проектот на УСАИД и „Епицентар“ како главен имплементациски партнер. м-р Ивана Крстевска
18
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
ОБЈАВЕНИ НО
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
ОВИ ПРОПИСИ
19
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
НОВИ ПРОПИСИ
ПРОПИСИ И ИЗВЕСТУВАЊА ОБЈАВЕНИ НА ЕДИНСТВЕНИОТ НАЦИОНАЛЕН ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР НА ПРОПИСИ (ЕНЕР) 14.03.2019 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните Постоечкиот Закон за идентификација и регистрација на животните го уредува начинот на идентификација и регистрација на фармските животни и други животни. Податоците за сите видови на фармски и други животни, се внесуваат ... 15.03.2019 ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ Со Предлог - законот се уредуваат општите и посебните барања за храната за животни наменета за исхрана на животни кои се одгледуваат за производство на храна за луѓе и храната за животни наменета за исхрана на животни ко ... ЗАКОНИ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА 12.03.2019 Предлог на закон за урбанистичко планирање Со Предлог на Законот за урбанистичко планирање, се уредува системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови ... 12.03.2019 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност Со членот 1 од Предлог - законот, се врши допрецизирање и дополнување на ослободувањата без право на одбивка на претходен данок во делот на образовните услуги, притоа вклучувајќи ги и
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
21
НОВИ ПРОПИСИ
услугите кои се вршат кон високо обр ... 12.03.2019 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина се врши понатамошно усогласување со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции 2011/7/ЕУ, во делот на прези ...
ЗАКОНИ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА ЗАКОНИ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ 11.03.2019 „Службен весник на РСМ“ бр. 51 од 7 март 2019 година Врз основа на член 24, став (1), точка 1), алинеја 14 и член 30 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Маке ... 11.03.2019 „Службен весник на РСМ“ бр. 51 од 7 март 2019 година Врз основа на член 24, став (1), точка 1), алинеја 3 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на ... Контакт лице: Љупка И.Самарџиска Телефон: ++ 389 2 3244018 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: ljupka@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
22
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 15 март 2019, Бр. 387
СТОПАНСКА КОМО
Osnovan
ECONOMIC CHAM
Founded
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 15 март 2019, Бр. 387
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОРА НА МАКЕДОНИЈА
na 1922
FS 549642
MBER OF MACEDONIA
d 1922
23
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 22.3.2019 година (петок) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ДИГИТАЛНИ ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ – КАКО ДА СОЗДАВАМЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ?
Овој семинар е наменет за претставници од маркетинг и комуникациската индустрија, академија и невладин сектор, како и носители на комуникациски функции од владиниот сектор, кои директно или индиректно се вклучени во процесите на корпоративни и маркетинг комуникации, односи со јавност и управување со социјални мрежи. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко и темелно разбирање за важноста, вредноста и функционалноста на современиот односи со јавност во интеграција со социјалните мрежи, алатките на односите со јавност, механизмите и медиумите, како и моделите за успешни комуникации со таргетираната јавност. Посебно ќе се вкрстат комуникациските механизми со сегментиранатa публика преку моделот на генерациска интелигенција со фокус на краткиот ,,распон на внимание,,. Учесниците ќе спознаат функционални модели за дигиталниот ПР, структура на содржина, визуелни приказни, развој на стратегија и временско усогласување на медиа планот со социјалните мрежи. Воедно, учесниците ќе добијат темплејти за маркетинг планирање, медиа планирање и пристап до сознанија за оптимално комбинирање на традиционални и дигитални медиуми. Предавач e д-р Љупка Наумовска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
25
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.3.2019 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
МЕХАНИЗМИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИ ОБВРСКИ И НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ
Стопанската комора на Македонија, на 25 март 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Механизми за исполнување на парични обврски и наплата на побарувања помеѓу правните субјекти“. Правната, но, и економската сигурност во бизнисот во голема мера зависат од способноста на правните субјекти да веруваат дека трансакциите во кои стапуваат, односно договорите кои ги склучуваат ќе бидат исполнети целособразно, навремено и комплетно. Во насока на обезбедување што поголема правна заштита за правните субјекти, цел на работилницата е да се одговори на секогаш актуелното прашање: Како настанува исполнување на паричните обврски и кој е најдобриот и најсигурниот начин за НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊАТА помеѓу правните субјекти, и тоа како во домашниот, така и во надворешниот промет со странски субјекти. Одговорот на ваквото прашање ќе се обезбеди преку преглед на правната регулатива која ја засегнува темата од интерес, а особено: настанувањето и докажувањето на постоењето на побарување, доброволната, но и присилната наплата на побарување, договорното регулирање на исплаќањето на паричните побарувања, како и облиците на меѓусебно намирување. Посебен осврт ќе биде направен на каматните побарувања и сите аспекти поврзани со казнената камата. При тоа, детално ќе бидат објаснати сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и пресуди, како и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на исполнувањето и наплатата на паричните обврски. Предавачи: - Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари - Викторија Спасовска, правен консултант и предавач на обуки Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29.3.2019 година (петок) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВАТА НА РАБОТНОТО МЕСТО (ABSENCE MANAGEMENT)
Студиите покажуваат дека доколку работниците имаат континуирана потреба да отсуствуваат од работното место, време е за организациски промени во системот на организацијата. Овој семинар има за цел да сподели нови сознанија, методи и алатки за намалување на директните трошоци од апсентизмот во компаниите и подобрување на квалитетот на работниот процес. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно се вклучени во процесите на менаџирање на човечките ресурси, но и на заштитата при работа и правните сектори. Исто така, семинарот се препорачува и за сопствениците и менаџерите на малите и средни претпријатија кои немаа јасно разграничена функција на управување со човечките ресурси. Семинарот особено ја потенцира потребата за правна доедукација во односната проблематика, особено поради честите недоразбирања, погрешните толкувања, а со тоа и примена на правната регулатива во контекст на апсентизмот. Последен рок за пријавување: 26.3.2019 година.
Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
БИЗНИС ИНФО
27
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Хановер, од 1-4 април 2019 година
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА
За време на одржувањето на Саемот во Хановер, СР Германија, ќе се одржат Денови на деловна и технолошка соработка, од 1 до 4 април 2019 година. Целта на организацијата на Enterprise Europe Network Македонија и Стопанската комора на Македонија е да го зголемите Вашиот бизнис со европски проекти за истражување и развој. Овој меѓународен брокерски настан е место каде што иновативните компании за дигитална економија и истражувачките институции можат да најдат партнери за технолошки и истражувачки кооперации или деловни партнерства на однапред организирани средби. Главниот фокус на настанот е: - индустрија 4.0 и Smart Factory решенија; - енергетски ефикасни технологии за производство; - одржлива енергија и мобилност; - алатки за мерење. Редовната цена е 119 евра, а Бесплатно за компаниите кои ќе се регистрираат до 1 март 2019 година. Регистрацијата за состаноците е можна до 17 март 2019 година, а до 24 март 2019 година може да се потврдат барањата за средба. Искористете ја Вашата шанса да иновирате! Стекнете нови можности и конкурентни предности преку истражување и развој и технолошка и деловна соработка.
Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244090 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
28
БИЗНИС ИНФО
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019 Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи Контакт: Белинда Миновска и огради
Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk
Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 Компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.
T
O
15
БИЗНИС ИНФО
IS
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
9001:20
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
29
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS
O
Петок, 15 март 2019, Бр. 387
T
15
30
9001:20
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
97 godini 1
922 - 2019
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088