Бизнис ИНФО, број 349

Page 1

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Број 340

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЈА ОДБЕЛЕЖУВА 96 - ГОДИШНИНАТА

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

16.02.2018


2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

БИЗНИС ИНФО

3

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЈА ОДБЕЛЕЖУВА 96-ГОДИШНИНАТА goodini

192

2 - 2018

Почитувани,

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

Стопанската комора на Македонија во целокупното опстојување и работење заедно со своите респектирани и значајни компании-членки, ја изгради и ќе продолжи да ја гради позицијата на најголема, најуспешна, највлијателна и најпочитувана бизнисасоцијација во државата. Денес, таа е препознатлива куќа на бизнисот, лидер во коморскиот систем кај нас и во регионот. Држењето настрана од политиката ќе продолжи да биде суштинска потреба за најоптимално извршување на коморската функција.

ZAN MITREV

C L I N I C

Со над 11.000 претставници на фирми - учесници на коморските настани, над 17.000 издадени документи, преку 200 бизнис-настани, над 90 едукативни настани, 86 електронски публикации и 44 прес-конференции, на годишно ниво, Стопанската комора на Македонија претставува вистински репрезент на интересите на деловната заедница. Нејзината големина, успех, влијание и почит во домашното и меѓународното опкружување го создаваат токму компаниите-членки, кои со своите иницијативи, активности, барања, но и потреби за вмрежување, преку Комората ќе дејствуваат и здружено ќе се соочуваат со сите предизвици за водење бизнис во особено тешки времиња, како што се денешниве.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia

Како и досега, Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе биде главниот поддржувач во напорите за натамошен раст и развој на бизнисот, со кој успешно ќе ја дочека и ќе ја прослави 100-годишнината од коморското постоење и дејствување, раководејќи се од слоганот: со членството моќни – во визиите истрајни! Одделение за информирање


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ПОТРЕБНО Е РЕВИДИРАЊЕ НА ПРЕКРШОЧНИТЕ САНКЦИИ И ЗАБРЗАНИТЕ ПОСТАПКИ ЗА ПОРАМНУВАЊЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ СО ЦЕЛ СОЗДАВАЊЕ ПОВОЛНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ За да се создаде поволно деловно опкружување потребни се промени во прекршочната политика, беше посочено на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (12.02.2018 година), и тоа како во однос на прекршочните санкции кои се изрекуваат на правните лица, така и во однос на спроведувањето на забрзаните постапки за порамнување.

Со Законот за прекршоците, кој почна да се применува од јули 2015 година, во однос на прекршочните санкции за правните лица, воведени беа две новини – прво, воведена беше опомената, и беше променет моделот на одмерување на глобите кога сторител на прекршокот е правно лице.

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Д-р Татјана Штерјова, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија, посочи дека воведувањето на опомената како санкција за правните лица беше по предлог на Стопанската комора на Македонија, во насока на зајакнување на превентивната за сметка на репресивната функција на санкционирањето на деловните субјекти, кои полесно ги повредиле законските одредби. Притоа, беше посочено дека е потребно да се зајакнува превентивната функција на инспекциските служби, за сметка на казнувањето, и почесто да се користи можноста за едукација на компаниите, особено на оние кои за прв пат направиле некаков прекршок, така што ќе им се укажува на направените пропусти во работењето преку посочување каде да го корегираат своето работење, во насока на постигнување на целосна усогласеност на нивното работење со применливите прописи. -Иако менувањето на моделот на одмерување на глобите беше резултат на забелешките од страна на бизнис заедницата, пред се`, поради големите износи кои беа уредени во одделните закони, како и непостоењето механизми за контролирање на износите кои ќе бидат изречени во секој поодделен случај, ставот на бизнис заедницата е дека голем дел од овие прашања се` уште остануваат отворени. Имено, важечкото решение уредува дека висината на глобата за правните лица се одмерува согласно три критериуми: вкупниот приход на правното лице во претходната година (по кој основ може да се изрече најмногу 70% од пропишаната глоба), просечниот број на вработени кај субјектот (по кој основ може да се изрече најмногу 20% од пропишаната глоба) и околноста дали на тоа правно лице претходно му биле изрекувани прекршочни санкции (по кој основ може да се изречат 10% од пропишаната глоба). Сепак, ваквиот модел на одмерување на глобата се заснова единствено на критериуми кои се засноваат на перформансите на самиот субјект кој се казнува, и не оставаат можност за градација на прекршокот кој ќе биде направен - при одмерувањето воопшто не се земаат предвид природата и тежината на сторениот прекршок, степенот на одговорност за сторениот прекршок и околностите под кои е сторен прекршокот. Поради тоа, бизнис заедницата смета дека и овие критериуми треба да бидат земени предвид при одмерувањето на глобите, - посочи д-р Штерјова. Второто прашање во врска со глобите се однесува на висината која е пропишана. Имено, иако самиот Закон за прекршоците уредува дека глобата за правно лице е поставена во распон помеѓу 200 и 5000 евра во денарска противвредност, самиот закон во продолжение остава можност со законот со кој се пропишува прекршокот да се пропише и повисока глоба од рамките определени со Законот за прекршоците, и таа можност многу често се користи од законодавецот. Поради наведеното, бизнис заедницата смета дека сите прекршочни одредби во кои глобите се пропишани во


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

БИЗНИС ИНФО

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА износ над максимумот од 5.000 евра, што е уредено со Законот за прекршоците, треба да бидат предмет на темелно ревидирање. Овие заклучоци произлегоа и од анкетата која беше спроведена во септември минатата година, во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, кој Стопанската комора на Македонија го спроведува во партнерство со коморите и „ЕПИ Центар Интернационал. Од аспект на Законот за прекршоците, во практиката како проблематично се покажа функционирањето на забрзаните постапки за порамнување (односно, постапките за издавањето на мандатниот платен налог и на прекршочниот платен налог). Имено, во нивното уредување постои спротивставеност помеѓу самата нивна природа (која треба да е насочена кон постигнување на согласност на сторителот на прекршокот и прекршочниот орган за да се избегне водењето на прекршочна постапка) и модалитетот низ кој истите се уредени во конкретните закони. Од една страна, Законот за прекршоците уредува дека за спроведувањето на забрзаните постапки треба да има согласност на сторителот на прекршокот (така што тој ќе го потпише записникот и ќе се согласи да се спроведе оваа забрзана постапка откако тоа ќе му биде предложено од прекршочниот орган, како алтернатива на водењето на прекршочна постапка). Од друга страна, во законите каде се уредени мандатниот и прекршочниот платен налог изречно се уредува дека тој се изрекува секогаш кога ќе биде сторен прекршок за кој е превидено изрекување на платен налог. Дополнително, одредбите уредуваат и дека мандатен, односно прекршочен платен налог може да се издаде и во ситуациите кога сторителот одбива да го потпише – во ситуациите кога прекршокот бил утврден лично од службеникот или со употреба на соодветни технички средства и направи, односно со податоци од службена евиденција. Можноста да биде спроведена ваква забрзана постапка во ситуација кога не постои согласност на сторителот на прекршокот е особено проблематична во случајот на мандатниот платен налог, каде не е предвидена можност за поднесување жалба или некој друг правен лек - ако не биде платена глобата во рок од 8 дена, тој добива својство на извршна исправа, и оваа можност може да остави отворени повеќе прашања во ситуациите кога сторителот не се согласил да биде издаден мандатниот платен налог. Поради тоа, бизнис заедницата смета дека потребата од постоењето на мандатниот, односно на прекршочниот платен налог и модалитетите на нивното уредување треба да бидат преиспитани.

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА На прес-конференцијата свое обраќање имаше и Ѓино Шкријељ, претседател на Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори при Стопанската комора на Македонија. Господинот Шкријељ ги изложи практичните искуства од примената на Царинскиот закон, при што посочи дека се поддржуваат напорите на Царинската управа за ревидирање на прекршочната политика во Царинскиот закон и намалувањето на износите на пропишаните глоби и глобите кај мандатниот, односно прекршочниот платен налог. При тоа, тој истакна дека е потребно почесто на правните субјекти најнапред да им биде изречена опомена од страна на службените лица, со цел да се остави можност и простор тие да ги отстранат недоследностите и да го усогласат своето работење со важечките прописи пред да им биде изречена глоба, а воедно се осврна и на искуствата од примената на мандатниот платен налог, кој е уреден во Царинскиот закон, отворените прашања кои се поставуваат при неговото применување, како и на потребата во што е можно покус рок истиот да биде ревидиран. Господинот Шкријељ посочи и на ситуациите кога се изрекува глоба, односно се издава мандатен платен налог дури и во ситуациите кога се прави техничка грешка во поднесена царинска декларација (најчесто пермутација на бројки), дури и во ситуациите кога подносителот на декларацијата самоиницијативно, во најкраток можен рок, по воочувањето на направената техничка грешка самиот ја корегира поднесената царинска декларација и ја надоместува евентуално настанатата штета поради тоа. Тој предложи изречно да се уреди можноста во ваквите ситуации да биде изрекувана опомена, или да се уреди можност за ослободување од санкција на сторителот на прекршокот, во ситуациите кога прекршокот е направен под особено олеснувачки околности, и станува збор за прекршок за кој е предвидена глоба од помала вредност, а субјектот кој го сторил прекршокот самиот го воочил и преземал дејствија за да ги отстрани недостатоците во своето постапување или на друг начин да ги санира последиците во краток рок, и самиот му укажал на надлежниот орган за тоа. На прес-конференцијата беше истакнато дека бизнис заедницата очекува нејзините предлози и сугестии да бидат земени предвид при најавеното ревидирање на Законот за прекршоците. Д-р Татјана Штерјова


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

АСОЦИЈАЦИИ

АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД ЌЕ ОРГАНИЗИРА ПРВА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОД КОЛЕКТИВНОТО УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД Со цел афирмирање на местото и улогата на системите за колективно постапување со посебните текови на отпад, во организација на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад, во средината на март 2018 година, во Стопанската комора на Македонија ќе се организира Меѓународна конференција, беше договорено на денешната седница на Асоцијацијата. Преку афирмирање на досегашните активности, на местото и улогата на колективните постапувачи со отпад од пакувања, од батерии и акумулатори и од електрична и електронска опрема, како и преку презентирање на системите на управување од страна на учесници од други земји, ќе се потврди дека овој модел на постапување со посебните текови на отпад дава најдобри резултати во постигнување на поставените национални цели

БИЗНИС ИНФО

9

АСОЦИЈАЦИИ На конференцијата се планира да земат учество претставници на реалниот сектор, лиценцирани постапувачи со овие видови отпад од земјата и од странство, на надлежните институции, како и на општините, на комуналните претпријатија и на другите чинители во процесот на управување со посебните текови на отпадот. За остварување на поставените цели, Асоцијацијата ги разгледа можностите за организирање заедничка промотивна кампања за подигање на јавната свест на населението, како особено значаен сегмент во реализација на зацртаните цели во управување со отпадот и зачувување на животната средина. Во следниот период Асоцијацијата во континуитет ќе го следи донесувањето на рамковниот закон за отпад, како и на законите за посебните текови на отпад и со свои сугестии ќе помогне во дефинирање применливи решенија. Во скоро време членките ќе излезат со своја оценка и ќе дадат свое видување за реалноста за исполнување на националните цели до 2020 година. Зорица Мешкова


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА

ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ - ОДРЖАНА ПЕТТАТА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ВО СКОПЈЕ

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

БИЗНИС ИНФО

11

ИНФОРМАТИВНА СОРАБОТКА СЕСИЈА дека правното усогласување е едно од најсериозните прашања за претпријатијата, коморите ќе го спојат своето искуство и капацитети во насока на решавање на овој проблем. Проектните активности вклучуваат оценки на тековните регулативи и правните барања во однос на претпријатијата и да им се помогне да ги исполнат тие барања, како и воспоставување механизми за јавно-приватно партнерство за да се унапредат реформите за регулаторната рамка.

Во соработка со Министерството за финансии на Република Македонија, на 14 февруари 2018 година во Стопанската комора на Македонија се одржа петтата информативна сесија на тема: „Реформи во јавните набавки со посебен осврт на Нацртзаконот за јавни набавки“, во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

-Денешниот настан преку дебата и дискусија придонесе да се слушне мислењето на компаниите по текстот на Нацрт-законот кои со своите искуствени практики како економски оператори можат да дадат голем придонес во потребата за интервенирање на определени предложени решенија, нивна измена или дополнување, се` со цел креирање решенија кои ќе значат надминување на проблемите со кои се соочуваат во примената на сегашниот Закон за јавните набавки, - посочи м-р Милевска Штрбевска. На настанот се обрати и д-р Драган Тевдовски, министер за финансии во Владата на РМ, кој ги претстави реформите во јавните набавки и се вклучи во дискусијата со бизнис заедницата. Модератор на настанот беше м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, која што им посака добредојде на присутните на настанот и напомена дека Законот за јавни набави е исклучително значаен закон за компаниите и придонесува за јакнење и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Таа додаде дека проектот има за цел да се унапредат реформите за регулаторната рамка, а се предвидува и вложување на постојани напори преку точно претставување на одржливото јавно-приватно партнерство кое ќе се користи за лобирање и нагласување на тековните потреби на претпријатијата. Знаејќи

- Законот за јавни набавки е дел од Програмата за управување со јавни финансии 2018-2021 година. Оваа стратегија ја водиме заедно со Европската унија и таа има за цел да го реформира системот на јавните финансии. Преку оваа стратегија имаме обврска новиот закон за јавни набавки да биде усвоен од страна на Собранието на Република Македонија до октомври 2018 година, а да започне со примена од јануари 2019 година. Од денес почнуваме со јавни расправи за Нацрт-законот за јавни набавки преку кои ќе се овозможи сите засегнати страни од деловната заедница да ги дадат своите коментари и сугестии во однос на новиот закон за јавни набавки. Сакам да им се заблагодарам на УСАИД за можноста овој процес на работење на нов закон да го


12

БИЗНИС ИНФО

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

СОРАБОТКА

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

БИЗНИС ИНФО

13

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА

направиме транспарентно и одговорно. Текстот на Нацрт-законот за јавни набавки го изработи Бирото за јавни набавки и тој се базира на европските директиви за јавни набавки. Согласно европските правила и пракса, новиот закон дава можност покрај цената да се вреднува и квалитетот. Притоа, договорниот орган зависно од предметот на набавка самиот ќе може да утврди дали како критериум ќе ја користи најниската цена, исплатливоста врз основа на животниот век на производот или најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот. Целта е да се зајакне транспарентноста и контролата на постапките, а во исто време да ги направи поедноставни и полесни за примена истакна министерот Тевдовски.

Предавачи на информативниот настан беа истакнати експерти во наведената област, кои го презентираа пред компаниите Нацрт-законот за јавни набавки и поттикнаа дискусија со присутните. Во првиот дел од сесијата, Мариан Лемке, претставник од СИГМА, пред присутните одржа презентација за европските директиви во областа на јавните набавки.

На настанот свое обраќање имаше и Едвард Гонзалес од Канцеларијата за економски развој на УСАИД Македонија, кој додаде дека УСАИД во Македонија веќе 25 години посветено работи во делот на економскиот развој и ја истакна важноста на јавните набавки. Тој додаде дека 1/3 од буџетот е определен за јавните набавки. Господинот Љупчо Димовски, директор на „Епицентар интернационал“ – Скопје, истакна дека целта на овие сесии е подобра усогласеност на бизнисот со законската регулатива преку информирање и детектирање на промените што фирмите би сакале да ги видат во соодветните регулативи. Тој додаде дека предлозите од бизнис заедницата по завршувањето на информативниот настан ќе бидат дополнително разработени и доставени до Владата на Република Македонија. Во дискусијата учествуваше и директорот на Бирото за јавни набавки на Република Македонија, Ѓорѓи Георгиевски, кој одблиску успеа да ги чуе мислењата на бизнис заедницата во врска со можните подобрувања на новиот Закон за јавни набавки.

Во вториот дел од сесијата, д-р Анета Данева Мострова, експерт за јавни набавки, пред присутните одржа презентација за текстот на Нацрт-законот за јавни набавки. Д-р Мострова истакна дека од особено значење е денешниот настан, на којшто за прв пат јавно се отвора анализа и дебата за Нацрт-законот за јавни набавки, кој е изработен во духот на европското законодавство и добрите практики на земјите - членки на Европската унија. На настанот присуствуваа над 130 претставници на бизнис заедницата од Република Македонија.


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

БИЗНИС ИНФО

15

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА Организирањето на овие информативни сесии е веќе започнато и досега беа одржани пет информативни сесии, од вкупно 20 планирани за оваа година. На информативните сесиите ќе бидат опфатени следните теми: јавни набавки, даноци, работни односи, пазарна инспекција, лиценци за угостителска дејност, земјоделство и животна средина. Предавачи ќе бидат истакнати експерти во наведените области, кои ќе ги доближат до учесниците законските регулативи на овие теми и ќе поттикнат дискусија. Предлозите од бизнис заедницата ќе бидат дополнително разработени и доставени до Владата на Република Македонија.

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА: СОЗДАВАМЕ ПОЗИТИВЕН ЕКОНОМСКИ АМБИЕНТ ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈ НА КОНКУРЕНТНОСТА

Сите проектни активности ги спроведуваат „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и четирите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија; Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

По повод значајниот јубилеј - 96 години од постоењето на Стопанската комора на Македонија, во свечената сала на Владата на Република Македонија беше организиран свечен прием за делегацијата на комората што ја предводеше претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, заедно со потпретседателите и членовите на УО на комората.

м-р Ивана Крстевска


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев го честитаа јубилејот и отворија дебата со претставниците на бизнис заедницата за економските политики на владата и за постигнатите резултати. Премиерот Заев го честиташе јубилејот на Стопанската Комора на Македонија со желби за продлабочување на соработката и партнерскиот однос помеѓу Владата на Република Македонија и бизнис заедницата, и ја истакна важната улога што Стопанската комора на Македонија ја има со својата плодна работа и придонес во градењето на економскиот амбиент во државата цели 96 години. „Прогресот и благосостојбата на граѓаните ги гледаме преку успешноста на вашите бизниси. Вашиот успех е економски успех и на Владата на Република Македонија и нејзините граѓани. Затоа силно го поддржуваме стопанството и преку заеднички дијалог со бизнис заедницата ги градиме економските политики“, порача премиерот Заев.

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

БИЗНИС ИНФО

17

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА Претседателот на Стопанска Комора на Македонија, Бранко Азески го оцени Планот за економски раст како успешен проект кој воедно претставува и резултат на заложбите на Стопанската комора на Македонија за кој изрази очекувања дека ќе придонесе кон значително раздвижување на економската инвестициска активност. „Мала држава како Македонија мора регионално да соработува и економски да се развива, Потребно е да им помогнеме на државните институции да ги зајакнат своите капацитети и да бидат вистински сервис на бизнисот и граѓаните. Заедно да градиме клима во државата за развој на бизнисот“ посочи претседателот Азески. Во однос на оваа прашање, премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев порача дека владата заедно со државните институции коишто го опслужуваат бизнис секторот, веќе работат на поедноставување на административните постапки се цел да се поедностават процедурите и компаниите да ги реализираат своите планови навремено и без пречки. „Се создава позитивен економски амбиент за нови инвестиции и развој на конкурентноста. Законското решение што го уредува Планот за економски раст е веќе прикачено на ЕНЕР. Ве повикувам да ги разгледате мерките и заедно да ги мотивираме домашните компании да ја искористат поддршката што државата им ја овозможува. Нивниот интерес е се поголем и слободно можам да кажам дека очекуваме многу нови инвестиции од домашни фирми во ТИР зоните и надвор од нив“, порача премиерот Заев. Премиерот Заев посочи дека бизнис заедницата и Стопанската комора на Македонија преку вицепремиерот Анѓушев имаат свој претставник во владата кој со огромното практичното знаење и прагматичниот пристап, но и со дијалог со бизнис секторот, посветено работи на креирање на економски политики. „Успехот на Владата ќе го мериме преку успехот на економските параметри што ќе ги постигнува бизнис секторот“, порача премиерот Заев.


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПРЕТСТАВНИК ОД РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП - ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СОЛИДАРНИОТ ФОНД ПРИ ОПШТИНА ШТИП

На плодната дебата премиерот и потпретседателите на Стопанска Комора на Македонија разменија мислења и идеи поврзани со економските политики и постигнатите резултати. Беше истакнато како многу значајно изедначувањето на домашните со странските инвеститори што го овозможува Планот за економски раст и беше оценето дека носењето на законското решение за поддршка на инвестициите ќе биде голем бенефит за македонската економија. Се разговараше и на други теми од значаен економски интерес, како што е земјоделството, за што беше изразена взаемна согласност дека во иднина треба да се поддржи развојот на преработувачката индустрија. На средбата беше оценето дека соработката помеѓу Владата на Република Македонија и Стопанска комора на Македонија продолжува во насока на унапредување на економската клима во земјата.

Одделение за информирање

На 14.02.2018 година, во просториите на Општина Штип, се одржа првата средба на членовите на Управниот одбор на Солидарниот фонд, којшто се формира по иницијатива на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Оваа тема беше наметната по многуте проблеми и барања за хумано и солидарно активирање на Општина Штип кога се работи за случаи кои бараат неопходни средства за спасување човечки живот.


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ На предлог на Регионалната комора со седиште во Штип, како претставник од бизнис секторот е избран Владимир Хилјадников, сопственик на компанијата „ФС Штампа Хил“ од Штип. Како претставници од Советот на Општина Штип се советничките Слободанка Момчилова и Весна Ничева, претставник од невладините организации е Борис Шарковски од ФРЛЗ, претставник од ОО Црвен крст - Штип е Никола Камчев, претставник од Лекарската комора е д-р Ален Георѓијев, претставник од медиумите е новинарот Зоран Зарински, а претставник на Општина Штип во Управниот одбор на овој Солидарен фонд е градоначалникот Благој Бочварски. Освен Управниот одбор, за непречено и транспарентно работење на Фондот ќе бидат вклучени родителите кои веќе биле засегнати со проблемот на обезбедување финансии за лечење на нивните најблиски, и тоа во Надзорниот одбор. Како членови на Надзорниот одбор на Солидарниот фонд избрани се Марина Зафировска, Душанка Стојанова и Зоран Мијалков.

Моника Стоичева

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

БИЗНИС ИНФО

21

ГРУПАЦИИ

Одржано предавање на тема: „ГЛЕДАЈ ГО ТОА ШТО ГО САКАШ, ДОБИЈ ГО ТОА ШТО ГО САКАШ - ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Една од главните активности на Клубот на менаџери - претприемачи, покрај организирање едукативни настани кои ќе ги задоволат потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, е вмрежувањето во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти. Следејќи ја својата Годишна програма за 2018 година и со цел обезбедување сe` поголеми предности и бенефиции за своите членови, на 15.02.2018 година како трет настан во агендата на Клубот, беше реализирано предавањето на тема: „Гледај го тоа што го сакаш, добиј го тоа што го сакаш – Визуелизација “, во соработка со предавачот Катерина Ангеловска, која е прв сертифициран тренер на Балканот за принципи за успех по методот на Џек Канфилд (Jack Canfield). Катерина Ангеловска е тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор на книгата „333 афирмации“.


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

БИЗНИС ИНФО

ГРУПАЦИИ

23

ГРУПАЦИИ

Програмата „Успех без граници“, по која ја препознаваме Катерина Ангеловска, е базирана според принципите за успех по методот на Џек Канфилд. Оваа програма е фокусирана на професионален и одржлив развој. „Гледај го тоа што го сакаш, добиј го тоа што го сакаш – Визуелизација “е една од најефективните алатки која во голема мера го забрзува процесот на постигнување на успехот. Визуализацијата ја активира креативната моќ на нашиот потсвесен ум. За да ја користиме визуализацијата не е потребно да веруваме во метафизички идеи, туку потребно е само да сакаме да го збогатиме сопственото знаење и искусво и да се обидеме со нешто ново. Визуализацијата е техника, алатка на користење на нашата фантазија за да го креираме тоа што сакаме да го постигнеме во нашиот живот. Оваа техника као што истакна предавачката Катерина Ангеловска не е нешто што не го знаеме , туку напротив оваа техника ја користиме во нашето секојдневие, во секој момент без разлика дали тоа го правиме свесно или несвесно. Сите учесници на Клубот на менаџери - претприемачи врз основа на добиените инструкции од предавачката Ангеловска спроведоа многу успешна интерактивна вежба, креирајќи визуализација за копнеж. При тоа можеа да се користат два вида на визуализација рецептивен и активен. Рецептивниот начин на визуализација е начин каде се опуштаме и дозволуваме ликовите или впечатоците да доаѓаат без особено замислување на било какви детали, прифаќаме каква и да ни дојде слика. А при активниот начин на визуализација, свесно ги избираме и ги создаваме сликите кои сакаме да ги видиме и да ги замислиме.

Преку својата презентација Катерина Ангеловска на многу интересен и сликовит начин успеа на сите присутни ученици да им го приближи патот до визуализација преку објаснување на основните четири чекори кои ги среќаваме на овој пат. И овој пат членовите во Клубот на менаџери – претприемачи, покрај учеството на едукативниот настан кој е креиран да ги задоволи потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, тие учествуваа и во меѓусебно вмрежување, во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти.

Валентина Цветковска


24

БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА 1922 СТОПАНСКАOsnovana КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA ECONOMICFounded CHAMBER OF MACEDONIA 1922 FS 549642

Quality Management

FS 549642

Founded 1922

25


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Еднодневен семинар: ОДГОВОРНОСТ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЈНОСТ И ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРОФЕСИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ

Стопанската комора на Македонија, на 23 февруари 2018 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за извршување, Законот за нотаријат, Законот за адвокатура и Законот за облигационите односи кои предвидуваат одговорност за надомест на штета од професионална дејност. На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки. На семинарот ќе биде опфатена и анализа на законските прописи и одредби кои се однесуваат на осигурувањето од професионална одговорност. Предавачи: - Љубица Колиќ судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје и - Кети Германова, судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23 февруари 2018 година 9:30-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5ти кат

БИЗНИС ИНФО

28.2.2017 година (среда) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

Стопанската комора на Македонија на 28 февруари 2018 година организира еднодневен семинар на тема: „Контролинг во набавките“. Контролингот ги обединува сите процеси од работењето на компанијата, преку него менаџментот може да добие квалитетни информации за сите активности на компанијата и врз основа на истите да креира деловни одлуки кои го унапредуваат работењето. За кого е наменета обуката? Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во управување на процесите на набавка – раководители на набавката, менаџери на набавка, како и оние чии работни задачи вклучуваат логистика во организацијата (организирање на набавките, магацинско работење, транспорт и сл.). Предавач: - Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

27 февруари - 1 март 2018 година Штутгарт, Германија

Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Германија – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да присуствувате на Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали, што се организираат во рамките на Саемот „R + T 2018“ што ќе се одржи од 27 февруари - 1 март 2018 година, во Штутгарт, СР Германија. „R + T 2018“ е водечки светски саем за ролетни, врати, системи за заштита од сонце, противпожарни врати и опрема за безбедност. Учеството на деловните средби е бесплатно и доколку сакате да учествувате можете да се регистрирате најдоцна до 27 февруари 2018 година на следниот линк: https://www.b2match.eu/RT-2018. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДНИТЕ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО И ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ „R + T 2018

БИЗНИС ИНФО

7 март 2018 година, Лондон, Велика Британија

МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА САЕМОТ „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Европската мрежа на претприемачи ЕЕН Македонија при Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Велика Британија, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, рециклажа како и новини и трансфер на технологии во енергетиката. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 7 март 2018 година, во ExCel конференциски центар во Лондон, Велика Британија. Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://ecobuild2018.b2match. io/signup до 5 март 2018 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Еднодневна обука на тема: УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

ПРОГРАМА: 1. Основите на GDPR: -Преглед и основно запознавање со законската регулатива со фокус на клучните елементи, обврски кои произлегуваат, санкции и средства за заштита. 2. Усогласување со GDPR: -Иницијални чекори и методи на пристап кон патеката на усогласеност со законската регулатива. 3. Модели на усогласеност: -Преглед на моделите кои постојат за постигнување на усогласеност во кои компаниите лесно ќе се препознаат и ќе дефинираат модел за нив. 4. Конструкција на трошоци за усогласеност: -Во поглед на типовите на модели постојат и типови на трошоци со посебен пристап на нивна конструкција. Предлог-планирање на буџет за GDPR усогласеност. Предавачи: - Мане Пиперевски, искусен експерт за информатичка технологија со долгогодишно искуство во безбедноста на информациите. - Горан Велески, дипломиран економист по менаџмент и експерт за деловна анализа и развој на бизнис, со работно искуство во меѓународните прописи за заштита на податоци за приспособување на деловните барања и усогласување со прописите.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20.02.2018 година (вторник) 10.00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

БИЗНИС ИНФО

26.2.2018 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката на тема: „ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА“ е наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните и другите сектори на правните лица кои се занимаат со продажба, т.е. деловно и трговско работење, со посебен акцент на договорот за продажба и неговото законско регулирање и практичните прашања, како и трговските спорови во оваа област, кои се однесуваат на овој договор и на сите клучни аспекти повразани со продажбата. Предавачи: - м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат, магистер од областа на договорното право, со особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. Маринела Јакасановска, судија на Основен суд Скопје II - Скопје. Предавач во примарна и континуирана обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје. - д-р Татјана Штерјова, доктор на правни науки од областа на граѓанското процесно право, секретар на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Клучно за овој семинар се: учење, надградување на знаењето, реални примери и интерактивна комуникација на тема: • Управување со конфликти (хоризонтално и вертикално во компанијата); • Мерење перформанси (сектори/процеси) и конкретни совети за реално подобрување на работата; • Врска помеѓу мерењето перформанси и конфликт-менаџментот. Целна група Интерактивната работилница/обука е наменетa за раководители на продажба, на комерција, на набавка, на производство, на финансии, на човечки ресурси, раководител на правна служба, како и вработени во продажба, производство, набавка, финансии, односно сите главни процеси во компанијата, извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање, како и вработени чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на решавање на конфликти и подобрување на перформанси. Предавач: - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант (обука, консалтинг) во 20 земји со 22-годишно искуство и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27.02.2018 година (вторник) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

БИЗНИС ИНФО

28.02.2018 година (среда) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Менаџерите ги планираат своите барања за човечки ресурси, исто онака како што ги планираат останатите ресурси, тие се обидуваат да се осигураат дека имаат доволен број на лица на вистинско место, во вистинско време во насока на реализација на стратешкиот план на организацијата. Користејќи го тој план, наменет за реализација на нивните цели, а притоа имајќи ги предвид сите финансиски и други пречки, како и промени во средината, систематски ги анализираат барањата за човечки ресурси. Предавач: - д-р Татјана Џокиќ, помошник раководител на сектор за нормативно правни работи во Министерството за транспорт и врски, доктор на науки со посебна специјализација во областа на стратегискиот менаџмент на човечки ресурси во државната администрација, автор на трудовите: „Нови правци во менаџментот на човечки ресурси“ и „Управување со знаењето во менаџментот на човечките ресурси“ – објавен во „Економија и Бизнис“. Во делокругот на своите квалификации, г-ѓа Џокиќ е и сертифициран координатор за управување со ризици ISO 9001:2008, Quality Management System –Requirements and ISO 19011:2011 Guidelines for Auditing Management System – Internal Auditor. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

БИЗНИС ИНФО

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034

Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134 Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095

35

Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031

Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632

Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921

Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912

www.mchamber.mk

Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 16 Февруари 2018, Бр. 340

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.