Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
Број 344
БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
1
FS 549642
goodini
192
www.mchamber.mk
2 - 2018
16.03.2018
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ -
НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКИ ПАРК КАКО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
3
БИЗНИС ФОРУМ
ЈАКНЕЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ЕСТОНИЈА
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Естонија, Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, на 12 март 2018 година организираа Бизнис форум и деловни средби меѓу претставници од бизнис секторот од двете земји.
Бизнис форумот и деловните средби се одржаа во рамките на посетата на бизнис делегацијата од Република Естонија, предводена од Вајно Реинарт, потсекретар за развој и економски работи во Министерството за надворешни работи на Р. Естонија, а во соработка со Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија. Како дел од делегацијата беа присутни и еминентни естонски бизнисмени со кои што македонските компании имаа можност да остварат директни бизнис-средби од областите на: земјоделството и прехранбениот сектор; ИТ-технологиите и софтверски решенија
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ФОРУМ во делот на управување со клиенти, одбрана, транспорт и логистика, комунални дејности, банки, штедилници и осигурителни компании, како и консултантски услуги. Во своето воведно обраќање, Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, кој што воедно беше и домаќин на денешниот настан, истакна дека оваа средба може да биде поттик за унапредување на стопанската соработка меѓу двете земји и да се создадат услови за подобро меѓусебно запознавање, што ќе се заокружи со конкретни резултати на деловен план. -Тргнувајќи од фактот дека Естонија се препознава како една од земјите - лидери во креирањето иновативни софтверски решенија во насока на олеснување на административните процедури во државните институции, во системските решенија на компаниите, вклучително и програмските пакети за разни видови потреби на граѓаните, како дел од развојот на информатичката технологија, сегмент кој е исто така од особено значење и за македонската економија, сметам дека има простор за развивање и продлабочување на меѓусебната соработка на полето на информатичката технологија. Воведувајќи го е-државјанство, Естонија ги отвори вратите на својот
пазар и овозможи отворање компании со само еден клик, без физичка присутност во државата, - истакна Пешев.
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
5
БИЗНИС ФОРУМ Пешев исто така додаде дека согласно структурата на економијата, соработката меѓу Македонија и Естонија, покрај ИТ-секторот, може да се развива и во делот на земјоделството, прехранбениот сектор, туризмот. Индустриите на кои се потпира естонската економија се и: електрониката, дрвната индустрија, текстилната индустрија, телекомуникациите, земјоделието (пред се` во делот на производство на жито, зеленчук, добиток, млечни производи и риба), што отвора простор меѓусебната соработка да се одвива и во овие индустрии. -Македонија и Естонија иако се многу далечни, сепак се многу слични земји и од тие причини потребно е да се работи на интензивирање на соработката. Македонија ја оценуваме како земја во којашто владее одлична бизнис - клима и поволна даночна политика, фактори коишто се привлечни за естонските бизнисмени, - истакна Ваино Реинарт, потсекретар за економски работи и развој во Министерството за надворешни работи на Естонија. Тој додаде дека во последните три години соработката меѓу двете земји е зголемена за 15 пати, што е значителен напредок, но верува дека постои простор за уште позначајни резултати. Во своето обраќање тој ја најави и новата авионска линија на релација Охрид - Талин, којашто верува дека дополнително ќе придонесе во меѓусебното запознавање и зближување на двете земји. Трговската размена меѓу Република Македонија и Република Естонија покажува неконзистентност, истата од година во година е променлива, што укажува на податокот дека не постои познавање на потенцијалите на двете земји и согласно на тоа не се воспоставени трајни деловни врски меѓу стопанствениците. Во 2017 година реализирана е вкупна размена во вредност од 5,11 милиони САД $, што претставува зголемување од 190% во однос на 2016 година и при тоа остварен е суфицит на македонска страна од 3,1 милиони САД $. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2017 година во структурата на извозот се застапени: други електрични спроводници, за напон што не надминува 1000 В, додека од Естонија се увезува само конзервирана риба.
м-р Сања Николова
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „ЕВРОПСКИТЕ ИСКУСТВА ЗА УЛОГАТА НА КОМПАНИИТЕ КОИ УПРАВУВААТ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД – СЕГА И ВО ИДНИНА“ Во организација на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Македонија, денес во Комората се одржа Меѓународна конференција на тема: „Европските искуства за улогата на компаниите кои управуваат со посебните текови на отпад – сега и во иднина“, којашто имаше за цел да ги актуелизира/афирмира активностите кои ќе придонесат за унапредување на процесот на колективното управување со посебните текови на отпад (отпад од пакување, електронски и електричен отпад, отпадни батерии и акумулатори).
На Конференцијата учествуваа претставници на бизнис секторот, претставници на Владата на РМ, на Министерството за животна средина и просторно планирање, на институциите, локалната самоуправа и другите засегнати субјекти, како и претставници на колективни постапувачи со отпад од пакување, електричен и електронски отпад и отпад од батерии и акумулатори од СР Германија, Р. Бугарија и Чешка Република,
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
7
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА кои ги презентираа своите искуства на овој план. Колку отпад создаваме и колку го рециклираме, дали сме на добар пат, учиме ли од земјите кои се пред нас во управувањето со отпадот, како понатаму? Ова се дел од прашањата на кои Конференцијата се обиде да даде одговори и насоки. Во поздравното обраќање претседателот на Асоцијацијата, д-р Филип Ивановски, истакна дека управувањето со отпадот воопшто станува се` поактуелна тема во земјава и дека предлогот на Владата привремено да ги преземе ингеренциите од општините со цел побрзо решавање на регионалното управување со отпадот е позитивен чекор со цел побрзо решавање на проблемите со отпадот.
-Во Македонија се создаваат годишно над 700.000 тони различен отпад, од кои над 100.000 тони се отпад од пакувања, над 15.000 тони електронски и електричен, над 70 тони мали батерии и над 3.500 тони акумулатори, - истакна Ивановски. Ова според Асоцијацијата е над 20% од вкупниот отпад, но се` уште има голем број компании кои не ги почитуваат законите со кои се задолжени да го пријавуваат отпадот што го создаваат и да финансираат негово одделно собирање и рециклирање. Компаниите – членки на Асоцијацијата се значаен дел од решението за интегрирано управување со отпадот, посебно затоа што се работи за фракции од отпадот кои или се рециклираат (отпад од пакување, акумулатори, метална електрика) и имаат вредност, или неправилното менаџирање може да има сериозни последици за здравјето на луѓето и животната средина воопшто
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА (батерии, електронски отпад, отпадни масла, гуми...). -Асоцијацијата смета дека моделот кој сега го имаме со колективни постапувачи формирани од индустријата е добар и дека недостасува институционална поддршка за негово полно имплементирање. Соработката со општините мора да биде на повисоко ниво, како и санкционирањето на компаниите кои пуштаат на пазарот отпад од посебни текови, а не финансираат системи за негово собирање и рециклирање, - истакна Ивановски. Со свој поздравен збор се обратија и м-р Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање во Владата на РМ, д-р Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата на РМ задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија и заменик претседателот на ЗЕЛС Висар Ганиу, кои го потенцираа значењето на управувањето со отпад во
рамките на активностите за зачувување на животната средина, а на Конференцијата присуствуваше и амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Вилем Ваутер Пломп. На конференција учествува директори на најголемите компании - колективни постапувачи од Германија, Чешка (двете земји со најголеми количини рециклиран отпад), потоа од Бугарија и од Aсоцијацијата на колективни постапувачи со седиште во Брисел – „ЕКСПРА“, кои ги пренесоа искуствата од нивните земји каде законите за управување посебни текови се на сила повеќе од две децении.
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
9
МЕЃУНАРОДНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА За состојбите и предизвиците на колективните постапувачи со посебните текови на отпад во нашата земја презентираше потпретседателот на Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад, Фана Христовска, како и претседателот на Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори, Владо Момировски, кој ги посочи натамошните заеднички активности во насока на успешно управување со овие текови на отпадот. За претстојните измени во националната регулатива за отпад, носење на нов закон за управување со отпад, на Законот за продолжена одговорност на производителот и за новите регулативи за посебните текови на отпад информираше м-р Ана К. Мазневска, раководите на Секторот за отпад при Управата за животна средина. Таа посочи дека се подготвува регулатива и за другите видови на отпад, како што се текстилниот, отпадните гуми, отпадни масла, школки од автомобили. Се очекува во следните два месеца предлог-текстови на новите закони да бидат ставени на јавна расправа. Асоцијациите при Комората, како и досега, ќе дадат свој конструктивен придонес кон градење на квалитетни и апликативни решенија. Беше констатирано дека моделот кој сега го имаме во делот на управувањето по посебните текови на отпад, со колективни постапувачи формирани од индустријата е добар и дека со поголема институционална поддршка за негово полно имплементирање ќе се постигнат и националните цели. Зорица Мешкова
БИЗНИС ИНФО
10
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
ИНВЕСТИЦИИ РАБОТНА СРЕДБА
Работна средба на членките на Стопанската комора на Македонија со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој – ДИСКУСИЈА ЗА МЕРКИТЕ ОД ТРЕТИОТ СТОЛБ ОД ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ На работната средба што се одржа во Стопанската комора на Македонија (14.03.2018), пред присутните стопанственици директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, ги претстави мерките од Планот за економски раст на Владата на РМ, столб 3: финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој, преточени во Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој.
-За разлика од мерките на првите два столба од Планот за економски раст, предвидени во Предлог-законот за финансиска поддршка на иновациите каде е предвидено субвенционирано финансирање по реализирана инвестиција, овие мерки, посочи директорот Деспотовски, претставуваат можност за дополнителна финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија по одобрен проект на апликантите. Станува збор за сет од пет мерки предвидени во Програмата на Фондот која неодамна ја усвои Владата на РМ.
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
11
РАБОТНА СРЕДБА Првата мерка претставува финансиска поддршка во износ од 30% од прифатливи директни трошоци за поддршка на микро, мали и средни компании со тенденција на брз пораст („газели“), но не повеќе од 10.000.000 денари за инвестициски проекти како што се изградба на погон, набавка на опрема, купување земјиште, за имплементација на европски технички прописи за безбедност на производите, за воспоставување системи за управување со отпад и друго. Втората мерка од Програма е финансиска поддршка за овие намени за микро претпријатија (со годишен приход до 3.000.000 денари) со покривање до 30% од прифатливи директни трошоци, но не повеќе од 5.000.000. денари. Бидејќи мерките се однесуваат пред се` за развој и примена на иновативни решенија, најголем процент на покривање на трошоците, до 70% (не повеќе од 20.000.000 денари), е предвиден за третата мерка од Програмата, односно за развој и воведување на нови производи или услуги или значително подобрување на постојните, како и за изработка на индустриски дизајн или редизајнирање на производите, нова амбалажа, изработка на маркетинг-планови, подобрување на постојниот или воведување на нов производен процес и друго. Финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени е Мерката 4, со покривање до 30% од трошоците за обука и стручно усовршување на нововработени млади лица до 29-годишна возраст, но не повеќе од 1.000.000 денари. Поддршката преку Фондот за еквити и мезанин инвестиции дополнително ќе се разработи, со додефинирање на условите и роковите за повлекување на учеството на сосопственичкиот капитал на државата.
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
РАБОТНА СРЕДБА -За реализација на овие мерки, за 2018 година превидени се средства во износ од 10,5 милиони евра и истите ќе се доделуваат по пат на три јавни повици. Првиот јавен повик се очекува да биде за две до три недели, - информираше Деспотовски.
- Добро е што оваа средба се одржува пред финализација на подзаконските акти со кои се допрецизираат критериумите и постапките според кои ќе се доделува финансиската поддршка за иновации и технолошки развој, посочи Деспотовски, бидејќи предлозите и сугестиите на компаниите ќе придонесат повиците да бидат појасно дефинирани. Од страна на присутните компании мерките беа поддржани и беше посочено дека истите се подготвени врз основа на посеопфатно направена анализа и се поддржува концептот на поддршка од идеја до реализација. При евалуацијата треба да се земе предвиди и критериумот за заштита на животната средина, сите критериуми да бидат јасни и прецизни и да се следи реализацијата на проектите, порачаа компаниите. - Постои тим за мониторинг и согласно реализацијата на проектите, средствата за финансиска поддршка ќе се одобруваат на квартално ниво, – одговори Деспотовски. Со објавувањето на повиците ќе бидат објавени и подзаконските акти, извести Деспотовски, а компаниите дополнително можат да се информираат преку Центарот за комуникации на Фондот, каде стручни лица ќе даваат едукативна помош за подготовка на проекти за аплицирање. Љупка И. Самарџиска
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
13
РЕГИОНАЛНИ СОРАБОТКА КОМОРИ
РЕГИОНАЛНА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП – ОДРЖАНА БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА ВЕШТИНИ ЗА ПРЕЗЕНТИРАЊЕ И ЈАВЕН ГОВОР Регионалната комора со седиште во Штип при Стопанската комора на Македонија, во соработка со НУБ „Гоце Делчев“ - Штип и Општина Штип, на 14.3.2018 година, организираше бесплатна обука за вештини за презентирање и јавен говор. Обуката беше наменета за компаниите - членки на Комората. Можноста да се зборува пред публика, независно дали пред тројца или пред триста луѓе, претставува шанса да се пренесе идејата, пораката, да се продаде бизнисот, услугата или одреден производ на таа публика.
БИЗНИС ИНФО
14
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
СОРАБОТКА
Со бројни интервјуа за работа, групни состаноци, презентации, работилници и јавни настани, сè повеќе и повеќе луѓето ја разбираат важноста на развивањето добри комуникациски вештини во нивната компанија. На обуката учесниците имаа можност да се запознаат како да се подготват за јавен настап со поголема леснотија, јасна намера и структура; како да ги препознаваат своите внатрешни пречки и да ги отстранат, за да ги намалат тремата и непријатното чувство; како полесно да настапат на медиуми, како и да дадат кратка изјава ако им биде побарана без претходна подготовка. Предавач на обуката беше лиценцираниот обучувач Драган Ристов, од Одделот за односи со јавноста при Општина Штип. Присутните учесници на обуката покажаа голем интерес и побараа и во иднина да се организираат вакви и слични обуки. Регионалната комора со седиште во Штип им стои на располагање на своите компании - членки, и во иднина ќе продолжи со реализација на семинари, работилници и обуки коишто се од голема важност како за сопствениците, така и за вработените во компаниите. Моника Стоичева Моника Стоичева
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
ај те
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
15
ар Н
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ
СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА САМИТОТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ Следењето на технолошкиот развој во услови на динамично опкружување, проследено со зголемена конкуренција, преставува главен предуслов за опстанок на бизнисите, креирајќи ги контурите и перспективите за иден раст, развој и освојување нови пазари. Гл о б а л и з а ц и ј а т а несомнено носи можности и закани за бизнисите, па оттаму се упатува потребата од постојана флексибилност и адаптација на пазарните услови. Со цел актуелизирање на прашањата и предизвиците од имплементирање на новите технологии, Стопанската комора на Македонија, во рамките на своите активности по повод одбележувањето на својот значаен јубилеј - 96 години коморско организирање во Македонија, на 16 март 2018 година, во просториите на Клиниката „Жан Митрев“, го организираше „САМИТОТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ“. Идејата за организирање настан кој на едно место ги собра најуспешните македонски бизнисмени, е во континуитет
со минатогодишната тркалезна маса на тема: „Позицијата на малите земји во меѓународната економија - предности и недостатоци“, која беше иницирана од потребата за обединување на претприемачите од малите земји со цел нивно заедничко дејствување. Токму местото на одржување е вистински репрезент за македонска успешна компанија, која континуирано користи најсовремени технологшки достигнувања во функција на здравјето на луѓето.
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
17
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ Денешниот Самит го отвори заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев, кој во своето обраќање истакна дека малите земји како Република Македонија немаат голем избор, треба да се отворат кон светот, а не да останат затворени сами кон себе. Владата на Република Македонија сака да има добри деловни односи со сите, но без владеење на правото
и стабилна држава не може да се зборува за стабилен бизнис. Тој исто така посочи дека во фокусот треба да бидат ставени две клучни работи: зголемување на извозот и капиталните инвестиции. - Извозот на Република Македонија изнесува 54% и доколку се стремиме да оствариме раст од 6% на бруто домашниот производ мораме да осигураме дополнителен раст на извозот на годишно ниво од 65%, - истакна д-р Анѓушев. Во делот на капиталните инвестиции беше потенцирано дека истите треба да се насочат кон инфраструктурни објекти кои на долг рок ќе ја оправдаат инвестицијата и ќе бидат од корист на граѓаните. Токму во таа насока Владата ги прифати препораките на Стопанската комора на Македонија и на Виенскиот институт за економски студии и излезе со План за економски раст, кој особено ќе биде насочен кон малите и средни претпријатија, - нагласи д-р Анѓушев.
18
БИЗНИС ИНФО
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
СОРАБОТКА
Пред присутните се обрати и академик Жан Митрев, чија Клиника претставува в и с т и н с к и репрезент за македонски успешен пример, бидејќи континуирано к о р и с т и најсовремени т е х н о л о ш к и достигнувања во функција на здравјето на луѓето. Во своето обраќање академик Митрев посочи дека медицината не треба да се гледа како бизнис, но исто така и дека истата мора да биде економски оправдана. Рационализацијата на трошоците во голема мера се должи на воведувањето на современите технологии, но исто така за да се обезбедат тие технологии потребни се инвестиции, кои најчесто се обезбедуваат како задолжување што го сведува функционирањето на ниво на фондација која ги покрива трошоците. За бенефитите од напредната технологија во медицината говореше и д-р Тања Анѓушева, субспецијалист кардиолог во Клиниката „Жан Митрев“ која потенцираше дека главниот бенефит се должи на фактот дека навремената дијагноза обезбедува навремена терапија, споредувајќи ги високите стапки на морталитет во Македонија од кардиоваскуларни болести со светските стапки.
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
19
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ Првиот панел од денешниот самит беше посветен на „Нови трендови во бизнисот - шанса за п р е т п р и е м а ч и т е “, а модератор беше господинот Мојмир Оцвирк од Словенија, кој во своето воведно обраќање посочи дека постои голема разлика помеѓу статусот на претприемачите во малите држави основани по Втората светска војна и оние во деведесетите години, кои не располагаат со значајни природни ресурси како злато и нафта. Првиот говорник, д-р Бојан Јербиќ, професор на Факултетот за механичко инженерство и бродоградба при Универзитетот во Загреб, истакна дека преку креирањето на Регионален центар за истражување чиј резултат од 10 - годишно работење е креирањето на неврохируршкиот робот РОНА (RONNA), кој веќе во 2016 година ја извршил својата прва успешна операција. Тоа говори за фактот дека и мала земја како Хрватска може да развива висока технологија и да достигнува резултати во сферата на технологијата. За првиот старт-ап основан во Р. Словенија учесниците имаа прилика да го слушнат искуството директно од коосновачот на„Земанта“, Боштјан Спетич, кој со гордост вели дека тоа е првата словенечка компанија која излегува од акцелератор. Во своето излагање тој ги истакна проблемите со кои се соочувале при користењето и развивањето на нови технологии, а токму тоа било инспирација стекнатото знаење да го сподели со останатите словенечки компании со цел креирање на општество базирано на знаење. Исто така, Спетич посочи дека не треба да бидат големи очекувањата на компаниите за државни субвенции. Според него улогата на државата треба да биде во отстранување на сите бариери за пристап на локалните компании на светскиот пазар.
20
БИЗНИС ИНФО
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
СОРАБОТКА
Нетипичен пример за регионот претставува приказната на господинот Горан Јерас и неговата Кооперација за етичко финансирање, чија основна функција е локалните ресурси да ги пренасочи кон домашните бизниси, минимизирајќи го профитот од една страна и сведувајќи ги трошоците на ниво на оперативни од друга страна, се’ со цел задржување на финансиските средства внатре во заедницата. Автоматизираните процеси и вештачката интелигенција во голем дел ги забрзуваат процесите, а трендовите од функционирањето на ваквите кооперации за етичко финансирање говорат за фактот дека банките почнуваат да го губат монополот врз финансиските ресурси. „Blockchain“ технологиите и Биткоинот несомнено се најактуелни теми во изминатите години. Матјаж Слак, основач на „Cofound.it“ од Словенија, ни ги презентираше бенефитите од таквата технологија кои, пред се, се’ базираат на безбедна трансакција помеѓу две страни кои немаат меѓусебна доверба, без да инволвираат трета страна. „Blockchain“ технологијата не треба само да се ограничува во сферата на финансиите, таа може да се примени и во многу други дејности, како што се: осигурувањето, здравството, судството, доколку законската регулатива ќе биде приспособена и ќе се овозможи таквите записи да бидат креирани како трансакции.
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
21
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ
На крајот на првиот панел свое обраќање имаше и г-ѓа Елена Докузов, менаџер на „Noordung Blоckchain hub“, која говореше за поддршката на словенечките компании во функција на развој и поддршка на новите технологии преку Европската вселенска асоцијација и други меѓународни институции насочени кон развој на вселенски технологии и програми. Големите можности носат и големи одговорности, а бизнис секторот треба да ги искористи на најдобар можен начин. Стопанската комора на Македонија и понатаму ќе продолжи да биде активно вклучена во имплементирањето на современите технолошки решенија, следејќи ги глобалните трендови од една страна, но и барањата и потребите на компаниите, од друга страна, а во насока на остварување на приоритетите на Европската комисија, дефинирани преку Иницијативата за дигитална агенда, која е елаборирана во Стратегијата 2020 и има за цел да ги интензивира инвестициите и проектите во овој домен. Михајло Донев
22
БИЗНИС ИНФО
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ - НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКИ ПАРК КАКО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ
Зголемената конкуренција на глобалниот пазар бара соодветна реакција од компаниите и нивно постојано приспособување на новиот начин на работа. Да се разговара за современите трендови во водењето бизнис под влијание на техничките достигнувања и роботиката, па се` до алтернативните форми на финансирање на бизнисите, т.н.„croudfunding” модели беше една од целите на денешниот „САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ“, што го организнираше Стопанската комора на Македонија на 16.3.2018 година, во просториите на Клиниката „Жан Митрев“. На Самитот свое излагање во рамките на вториот панел на тема: „Што ќе донесе дигиталната трансформација во секојдневието на бизнисот?“ имаше Љупчо Георгиев, генерален директор на„Мајкрософт“ за Македонија и Косово, кој говореше за реалните потреби од дигитализација на јавната администрација, овозможувајќи работа од дома и виртуелни канцеларии, употребувајќи „Cloud“ системи, се’ со цел олеснување на работењето и излегување во пресрет на реалните потреби на правните и на физичките лица.
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
23
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ - Фактот дека јавната администрација мора да се дигитализира е повеќе од потребен. Една од иницијативите е реформата за поврзување на работењето на 17 државни институции преку едношалтерски систем, со што би се обезбедила поддршка на бизнисот, - истакна Дамјан Мачевски, министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија. Исто така, во делот на информатичко - комуникациските технологии заложба на државата е основањето на Националниот совет на информатичко - комуникациски технологии, чија основна цел ќе биде преку иновативност и интелектуален капитал да се обезбеди поголем раст на економијата во државата.
Позитивното искуство од примената на новите технологии во бизнис секторот беше споделено од страна на Мирослав Јовановиќ, главен директот за техника и ИТ во „Македонски Телеком“, кој истакна дека во фокус е развивањето на нови дигитални услуги за „B2B“ и „B2C“, со примена на „Cloud“ технологија во над 90% во внатрешната инфраструктура на овој оператор, со што се олеснува пристапот на корисниците до потребните податоци. Во третиот панел акцентот беше ставен на потребата од иновации за зголемување на конкурентноста на економијата, а панелист беше и Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, кој нагласи дека во изминатиот период биле искористени само 9% од обезбедените
24
БИЗНИС ИНФО
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ средства за поддршка на иновативноста на компаниите. За малата искористеност причините се дијагностицираат во малата препознатливост на Фондот помеѓу другите институции кои обезбедуваат поддршка и големиот фокус кон ИТ-бизнисите, како и несоодветноста на критериумите на реалните потреби на апликантите. За таа цел, во 2018 година, Планот за економски раст предвидува пакет мерки за микро, мали и средни претпријатија, кои сочинуваат 95% од бизнисите во Македонија, со финансиска поддршка од 20 милиони евра, средства кои за првпат се предвидуваат во Буџетот на Република Македонија за оваа намена.
Компанијата „Групер“, се појави на македонскиот пазар во 2010 година, како една од првите компании која ја воведе е-трговијата во Македонија, во услови кога интернет - пенетрацијата беше под 50%, а бројот на платежни картички беше занемарлив, истакна д-р Нина Ангеловска, основач на „Групер“ и претседател на Асоцијацијата за е-трговија. Таа посочи дека само 42% од населението во Македонија има основни познавања за ИТ- вештините, што укажува на фактот дека е потребна едукација на населението како дел од остварувањето на визијата за дигитална Македонија. Д-р Иван Кунгуловски, сопственик и управител на „Био Инженеринг“ и коосновач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во Клиниката „Жан Митрев“, истакна дека со користењето на средства од ЕУфондовите може да се воведат нови технологии. Со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој неговата компанија основала 2 лаборатории, притоа подигнувајќи го имиџот на Болницата со примена на „On the edge“
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
25
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ технологија за првпат во Македонија.
На крајот на денешниот Самит се заклучи дека Фондот поддржува идеи за кои постои пазар и кои генерираат профит, дека е потребен пренос на „know how“ од успешни бизнис модели од странство, едукација на корисниците за производите кои се нудат, со цел запознавање со бенефитите и приближување на производите и услугите до крајните корисници. Притоа, беше нагласена и идејата за научнотехнолошки парк како иницијатива за поврзување на истражувачките капацитети на универзитетите со компаниите, обезбедување ментори и финансирање на произлезените идеи преку обезбедени средства. Михајло Донев
26
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
27
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21-22.3.2018 година (среда-четврток) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ
Интергираната постапка ги дефинира редоследот на комплексни активности во процесот на деловно-административно работење со документи и записи, начинот на објавување, како и овластувањата и одговорностите за нивното извршување. Целна група - Директори/раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за деловно-административно работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на деловно-административно работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот за архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење е-деловодник). Извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање ресурси (човечки, технички и останати). Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 20 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.3.2018 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ДЕЛОТ НА: СУДСКА ПРЕСУДА КАКО ОСНОВ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ СО РАБОТА, ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа, пробна работа, правен основ за договор за вработување и другите договори, суспензија, права од договор за вработување и другите договори, потребно времено прекинување на социјалното осигурување, постапка пред отказ, и отказ поради штетно однесување, одавање деловна тајна и повреда на акти на рабoтодавачот, право на работа со скратено време и права од работен однос во случај на бременост, раѓање и родителство Предавачи: - д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје; - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II - Скопје и - Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II – Скопје.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.3.2018 година (среда) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ, СТЕКНУВАЊЕ ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ, СТВАРНИ ПРАВА НА СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА И ПОСТАПКА ЗА ЕКПРОПРИЈАЦИЈА
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката на тема: „Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација“ е наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните сектори на правните лица, како и лица од останатите сектори, особено во делот на сите правни лица кои се занимаат со правни прашања и проблеми поврзани со заштита на нивната сопственост, споровите во врска со сопственичките стварни права, стварните права на странските физички и правни лица, како и особено постапката за експропријација согласно Законот за експропријација и определувањето на надоместокот за експроприраната недвижност согласно Законот за вонпарнична постапка. Предавач: -м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат со искуство во сите области од правото, а особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р.Македонија. М-р Тутуновска има магистирано на тема од областа на договорното право и има посетувано обуки од различен карактер во делот на правните прашања поврзани со нејзината работа.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30.3.2018 година (петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ
Во брзо и динамично бизнис опкружување, онлајн комуникацијата станува значаен дел од постојниот маркетинг микс. Од компаниите веќе се очекува да имаат прецизно дефиниран пристап кој ќе им овозможи претставување на нивните брендови во најдобро светло, без разлика дали фокусот е на развивање B2B или B2C врски. Едноставното објавување на социјалните медиуми повеќе не е доволно за еден бренд да го заслужи своето место на социјалните медиуми. Потребно е прецизно планирање, дефинирање чекори, спроведување кампањи и нивно мерење со цел да се остварат позитивни ефекти од онлајн комуникацијата. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 30 март 2018 година, го организира еднодневниот семинар на тема: „Развивање стратегија за настап на социјални медиуми“ чија цел ќе биде фокусирање кон теоретско и практично изучување на процесот на развој на стратегија за настап на социјалните медиуми. Предавач: - Ива Дујак, доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг, има седумгодишно работно искуство во дигиталниот маркетинг, пет од нив како менаџер на дигитални операции во најголемата дигитална маркетинг агенција во Македонија, Brand Union. Автор е на наградуваните блогови This is Not a Social Media Blog и Skopje Casual. Држи бројни обуки на тема маркетинг и дигитален маркетинг.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
10.4.2018 (вторник) Мостар, Босна и Херцегови
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „МОСТАР“ 10 АПРИЛ 2018 ГОДИНА
Интера технологија парк во Мостар, заедно со Стопанската комора на Македонија,Стопанската комора на Србија, Хрватската стопанска комора и Комората занадворешна трговија на Босна и Херцеговина организираат на Меѓународни Б2Бсредби на првиот ден од саемот Мостар, 10 Април 2018 година, со почеток во 15часот на првиот кат на Комора 1 (административна зграда). Како учесник ќе имаат и можност да се слушне деталите за можностите зафинансирање преку програмите на ЕУ (Хоризонт 2020 / SME инструмент) и на услугиза развој и интернационализација на бизнисот понудени од страна на Европскатамрежа на претпријатија (ЕЕН). ЗОШТО ДА СЕ УЧЕСТВУВА? Овие меѓународни Б2Б средби ќе олеснат и ќе ги забрзаат наоѓањето намеѓународните партнери на саемот затоа ние ви нудиме можност за избор напотенцијални партнери во согласност со нивните потреби и информации заделовните партнери и интересите на партнерите. Ова потоа се претвора во листана состаноци што се одвиваат на одредено место и место. Секој учесник добивасвоја сопствена листа на состаноци најмалку еден ден пред самиот B2B настан. РОКОВИ до 04. 04. 2018. - Онлајн регистрација (поставување на профил за соработка) до 09. 04. 2018. - Изберете интересни профили и закажете B2B средби 10. 04. 2018.год - Меѓународни B2B Состаноци Мостар 2018
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 13-14.04.2018 година Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН МРЕЖА 13–14 АПРИЛ 2018 ГОДИНА, БАЊА ЛУКА РЕПУБЛИКА СРПСКА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Европската мрежа на претприемачи од Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Република Српска, Босна и Херцеговина, ве покануваат да учествувате на 6. Конференција на„РЕДЕТ 2018“ за претприемништво и економски развој на земјите во транзиција и на меѓународните деловни средби што се организираат од 13 - 14 април 2018 година, во Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина. Зошто да учествувате? Имате можност да пронајдете бизнис партнери за соработка, нови клиенти, добавувачи, дистрибутери, да иницирате можности за заедничка деловна или проектна соработка. Учеството на деловните средби е бесплатно и доколку сакате да учествувате можете да се регистрирате на следниот линк: http://www.redete.talkb2b.net/members/register. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034
Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134 Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095
Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
БИЗНИС ИНФО
35
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632
Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921
Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912
www.mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 16 Март 2018, Бр. 344
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка
goodini 1
922 - 2018
Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088