СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
Број 58 од 16.06.2011
БИЗНИС ИНФО
контакт call центар (02) 15015
1
www.mchamber.mk
Во Македонија зголемен интересот за ИПАРД-средствата
ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ ФАЌААТ КОРЕН ПОРАКИ М-р Зоран Ставрески, Миле Јанaкиески и Марјан Ристески на работна средба со локалната бизнис-заедница во Регионалната комора со седиште во Прилеп
ПРВ ПРИОРИТЕТ ВО ЕКОНОМИЈАТА ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ
АПЕЛИ Се бројат на прсти деновите до стартот на Законот за управување со пакување и отпад од пакување
ТРГОВСКИТЕ СИНЏИРИ ВО ПАНИКА, БАРААТ ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ
БИЗНИС ИНФО
2
ПОДВЛЕЧЕНО ПОДГОТВЕНИ ЈА ДОЧЕКУВАМЕ ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА НА ПАЗАРОТ Либерализацијата на пазарот доаѓа како неопходност диктирана од правилата на Европската унија и од домашното
Македонија и во коректната соработка со нашите потрошувачи ќе успееме да ги оствариме заедничките развојни цели во годините што доаѓаат. (Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија) КЕРОЗИНОТ Е СКАП ЗАТОА ШТО НЕМА ВТОР СНАБДУВАЧ И НЕМА ПОТРОШУВАЧКА
законодавство. Групацијата ЕВН има богато искуство во либерализирани пазари. Научивме дека основа за фукционирање на отворениот пазар е соодветно и навремено имплементирање на пазарни правила. ЕВН Македонија веќе направи некои неопходни подготовки и сe уште сме фокусирани на тоа, за да можеме подготвени да го дочекаме понатамошното отворање на пазарот. Воведувањето на новиот систем за наплата (билинг-системот), реорганизацијата на нашите интерни процеси, на кориснички енергоцентри, воведувањето на информатичката технологија во насока на севкупна модернизација на услугата се основа за сите надградби и идни промени кои ќе следуваат со отворањето на пазарот. Со ова ќе продолжиме и понатаму, за да можеме на нашите корисници да им нудиме производ со највисок квалитет, преку најдобра услуга. Сигурен сум дека со залагање на сите вработени во ЕВН
Во земјава керозинот е прилично поскап отколку во регионот. Слободниот пазар ја утврдува цената на керозинот. Цената зависи од потрошувачката. Ако компанијата има голем обрт, ако аеродромите нудат попусти, ако има голема потрошувачка, ќе има и пониска цена на авионското гориво. Во Македонија нема домашни компании кои ќе ја зголемат потрошувачката, па врз основа на тоа да се намали и цената на керозинот. Странските авиокомпании добиваат многу привилегии од матичните аеродроми и кога ќе слетаат во Македонија дополнуваат многу мала количина керозин. Скапи сме затоа што нема втор снабдувач, нема потрошувачка. (Зоран Крстевски, директор на ТАВ Македонија)
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
СЛОВЕНИЈА ИЗЛЕГУВА ОД КРИЗА, СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ НА БАЛКАНОТ Според најновите резултати Словенија полека излегува од криза, имаме раст на БДП, додека последните година или две словенечките фимри беа закочени. Сега кризата полека поминува и кај нас, и ако оди во иднина добро кај нас, всушност најпрво ако оди добро во Германија, ќе оди добро и кај нас, а така ќе можеме да инвестираме и на Балканот.
Исто така, Македонија како држава ни е приоритет и за нашата развојна помош. Неодамна потпишавме Меморандум за соработка за оваа година и на есен продолжуваме со програмата 2012-2015. Значи имаме многу планови, јас мислам дека оваа година ќе биде доста успешна и на економски план, и Словенија е една од првите инвеститори во Македонија, секако дека понекогаш имаме и проблеми кои ги решаваме на солидно ниво и можам да кажам дека секогаш имаме поддршка од Ваша страна. (Ален Бергант, амабасадор на Република Словенија во Република Македонија)
ЗЛАТЕН ПАРТНЕР
ПРЕМИУМ Покровители
Златен партнер за 2011 година
Покровители
на
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
БИЗНИС ИНФО
3
МОЖНОСТИ
Промоција на Регионалниот проект „Агро-полис“ за унапредување агросекторот во земјите на Западен Балкан и негово усогласување со новата аграрна политика на ЕУ
ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАСМАНОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ
Дефинирање на побарувачката, обезбедување конкретна понуда, соработка со сериозни, проверени партнери и заеднички настап на трети пазари, се целите на Регионалниот проект „Агро-полис“ на презентацијата во Стопанската комора на Македонија (15.6.2011 година). На презентацијата присуствуваше и Олга Мезериду Фауова, трговски советник при Канцеларијата за врски на Република Грција.
Основните цели на Проектот се унапредување и обединување на регионалната аграрна понуда и унапредување на извозните можности, а деталите може да се видат на вебпорталот: www.agro-polis.eu Иницијативата цели кон значително поголема, поквалитетна и на нови основи воспоставена соработка на земјите од Западен Балкан од областа на агрокомплексот, базирана на примена на нови технологии и знаења, воспоставување на заедничко производство и на тој начин доближување на регионот кон Европската унија, – истакна Продромос Усулџоглу, менаџер во Проектот.
– Всушност, оваа иницијатива треба да биде прозорец за регионот и за зголемен пласман на земјоделски производи во земјите од Југоисточна Европа, Северна Африка и Блискиот Исток. Проект-лидери на целата оваа иницијатива се експертот Павлидис Димитрис и Стопанската комора на регионот Иматиja. Партнери се регионалнаите комори на Скопје, Битола, Серес, коморите на Србија и Австрија, од Солун - Факултетот за информатика и математика и Институтот за земјоделско истражување, како и Институтот за надворешна трговија на Израел... Проектот вклучува компании од земјите на Западен Балкан чија дејност е производство или трговија во земјоделскиот сектор. Неговата имплементација се очекува да го осовремени и унапреди пласманот, но и да овозможи усогласување со заедничката аграрна политика на Европската унија чии најнови измени стартуваат од 2013 година. Проектот треба да демонстрира соработка на терен. Идејата е да се воспостават врски меѓу производителите, трговците и науката, да се унапреди логистиката. Практично, се подготвуваме за задничката аграрна политика на ЕУ по 2013 година. Тоа значи дека е неопходно да се посвети повеќе внимание на современите технологии и иновации, на заедничката понуда, на настапот на трети пазари и на нови видови производи, истакна Љубица Нури, директор на Дирекцијата за
меѓународна соработка, промовирање и информирање во Стопанската комора на Македонија. - Проектот тргна со три основни компоненти. На заедничката интернет-страница веќе се логирани македонските компании кои нудат свои производи, тие се воедно влезени и во директориумот на Агрополис, а минатиот месец реализиравме и директни бизнис-средби со грчките партнери. Следниот чекор е денешната презентација со која сакаме да ги повикаме фирмите од земјоделската дејност што сакаат да се промовираат. Ќе организираме и информативни средби за новата заедничка аграрна политика на ЕУ со учество на грчки експерти кои работата во Брисел, информира Нури. Предвидено е да се воспостави комуникација и меѓу македонските здруженија на фармери со соодветни асоцијации во Грција. - Целта на „Агро-полис“ е унапредување и обединување на регионалната аграрна понуда, како и унапредување на извозните можности преку интрарегионална соработка. Проектот - инцијатива на Комората на Иматиа е во насока на остварување значително поголема, поквалитетна и на нови основи воспоставена соработка меѓу земјите од Западен Балкан во областа на агрокомплексот, базирана на примена на нови технологии и знаења, заедничко производство и понуда, како и поквалитетно учество на регионот на пазарот на ЕУ, напомена раководителот на проектот Павлидис Димитрис.
ЈУБИЛЕИ Пет години од рестартирањето на рудникот „Саса“ од Македонска Каменица ПРОИЗВЕДЕНИ 3,9 МИЛИОНИ ТОНИ СУРОВА РУДА Рудникот „Саса“ од Македонска Каменица денеска ја одбележа петгодишнината од неговото рестартирање. Во изминатиот петгодишен период произведени се 3,9 милиони тони сурова руда и извршени се сите потребни работи за успешно менаџирање на рудникот. Рудникот посветува внимание и на животната средина во согласност со меѓународните
стандарди со сертификатот ИСО1401. Се врши контрола на состојбата на водата, воздухот и почвата. Разработена е и успешно се реализира Програмата за заштита на животната средина и се работи на добивање А-интегрирана дозвола, посочил генералниот директор Александар Кристин на денешната свеченост, а го цитира МИА. Тој додал дека секоја година во „Саса“ се спроведува обука за работниците за зголемување на квалификациите и за управување со машините „бомер“ и „вагнер“. Во идните планови на рудникот, меѓу другото, се и геолошките истражувања на перспективните
делови од рудното поле во ревирите Свиња Река, Козја Река и Голема Река.
Во рудникот „Саса“ работат 700 работници, а просечната брутоплата изнесува 630 евра. Над 120 луѓе вработени во други компании исто така работат за потребите на рудникот.
4
АПЕЛИ
БИЗНИС ИНФО
Се бројат на прсти деновите до стартот на Законот за управување со пакување и отпад од пакување
ТРГОВСКИТЕ СИНЏИРИ ВО ПАНИКА, БАРААТ ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Управниот одбор на Здружението на трговијата, на седницата одржаната на 13.6.2011 година, расправаше за Законот за управување со пакување и отпад од пакување, кој е донесен уште пред една година, а ќе почне да се применува од 1.7.2011 година. Според законот, домашните производители, увозниците и сите оние што создаваат отпад од пакување до 30.6.2011 година ќе мора да имаат склучено договор со фирмата „Пакомак“ формирана да управува со отпадот од пакување. Ако тоа не го направат, фирмите создавачи на отпад од пакување ќе имаат обврска да и` плаќаат на државата 3 пати повисока цена од таа што сега „Пакомак“ ја нуди на пазарот.
Од друга страна, според Законот чиј изготвувач е Министерството за животна средина и просторно планирање трговските синџири кои нема да имаат писмени потврди од увозниците на стока дека склучиле договор со „Пакомак“ за управување со отпадот не смеат да ја примаат стоката од истите, односно ако инспекторите за животна средина го контролираат работењето можат да добијат казна. Трговските синџири се во паника, не знаат како ќе продолжат со работа по 1 јули годинава бидејќи велат дека соработуваат со повеќе од 250 добавувачи, а досега добиле писмена потврда само од неколку за регулирано управување со отпад од пакување. За таа цел, УО на Здружението на трговијата на состанокот разговараше и со директорот на „Пакомак“, Филип Ивановски, од кој побараа објаснување што ќе се случи доколку не ги исполнат законските обврски и до 30.6.2011 година нема да добијат писмена потврда од сите добавувачи дека им е регулирано управувањето на отпадот од пакување. Филип Ивановски појасни дека „Пакомак“ се` уште работи на терен и ги информира компаниите за нивните обврски согласно Законот. Се надева дека повеќето од нив до крајниот рок ќе ја испочитуваат обврската. Законот предвидува, една фирма да може да управува со најмалку 30% од вкупниот отпад во земјата, а најмногу до 55%. Ваквата законска одредба овозможува на пазарот да се регистрираат уште две компании кои ќе се занимаваат, исто така, со управување со отпад од пакување. УО на Здружението на трговијата констатираше дека немаат ништо против постоењето на овој закон, но бараат да биде јасен и применлив за целата територија на државата. Бараат точно да се дефинира на кого и што ќе се плаќа. Поради многуте нејаснотии со кои се соочуваат
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
трговците не е исклучено да се бара одложување на примената на Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Веќе за в петок е закажана седница на УО на трговците со претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање. Даниела Михајловска Василевска Седница на Здружение за комунални дејности
НАСКОРО СЕМИНАР ЗА ДОСЛЕДНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ Здружението за комунални дејности на седницата одржана на ден 14.6.2011 година, расправаше за “Обврските на јавните комуналните претпријатија, согласно одредбите на членот 26 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување (членот 26 од Законот)” чија примена стартува од 1.7.2011година. За таа цел претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и од фирмата „Пакомак“ која е првиот и засега единствен управувач со отпад од пакување ги информираа комуналните претпријатија за законските одредби кои ги засегаат, за релациите на ЈП со општините согласно овој закон и релациите со „Пакомак“ и Министерството за животна средина и просторно планирање. Претставниците на комуналните фирми попрецизно се интересираа за нивната улога и активностите кои ќе ги имаат паралелно со настанување и постоење на новата компанија „Пакомак“ која ќе управува со отпадот од пакување.
По расправта беше заклучено дека има потреба од организирање семинар на кој подетално вработените во јавните претпријатија задолжени за секторот отпад ќе бидат информирани за нивните права и обврски. Истовремено на семинарот ќе бидат поканети и претставници од општините (пред се комуналните инспектори ) со цел и на двете страни да им се објасни причината за поврзано дејствување на локалната власт со јавните претпријатија, се со цел правилно функционирање и доследна приемна на законот за управување со пакување и отпад од пакување, чија крајна цел е помалку ѓубре како отпад да завршува на депониите, да се заштити животната средина и поголемиот дел од отпадот да се рециклира и да се врати назад во прометот како нов производ. Даниела Михајловска Василевска
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
БИЗНИС ИНФО
М-р Зоран Ставрески, Миле Јанaкиески и Марјан Ристески на работна средба со локалната бизнис-заедница во Регионалната комора со седиште во Прилеп
ПРВ ПРИОРИТЕТ ВО ЕКОНОМИЈАТА ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ
Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп, на 9.6.2011 година, во Хотелот „Кристал Палас“ се одржа работна средба на бизнис-секторот од градот со заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески.
5
ПОРАКИ
во индустриска зона за потребите и на домашните инвеститори; - изградба на инфраструктура во помалите индустриски зони за мали и средни претпријатија со посебен приоритет на индустриската зона во „Металец“; - интензивна изградба на колективни и индивидуални градби преку реализација на Проектот „купи куќа - купи стан“. Во врска со заштитата на домашното производство и домашните брендови, како и царинското работење, договорена е нова средба со м-р Зоран Ставрески, а во присуство на директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов. Ристо Најдоски
НА ИСТА ЛИНИЈА: ДОБРОВОЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ ДОБИВААТ И РАБОТОДАВЕЦОТ И – РАБОТНИЦИТЕ
Непосредно после одржаните парламентарни избори се одржа работна средба меѓу претставниците на бизнис-секторот од градот и претставниците на победничката партија, со цел под хитно да се отпочне со активности за реализација на економската програма во која прв приоритет имаат домашните и странските инвестиции. За таа цел, м-р Зоран Ставрески најави проактивна политика на новата влада со бизнис-секторот. Поконкретно, тој побара од прилепските бизнисмени да се изјаснат за нови инвестиции и притоа напомена тие да не бараат само помош од Владата, а истовремено да не преземаат ништо. Од страна на бизнис-секторот се најавија неколку конкретни инвестиции, меѓу кои изградба на нова фабрика за производство на флексибилни црева од страна на Џорџ Атанасоски, изградба на нови капацитети за преработка на оникс и травертин од страна на „Васидора“, изградба на угостителски објект под Марковите кули од страна на „Македонска куќа“, изградба на неколку производни хали во текстилната индустрија, проширување на производните капацитети на „Витаминка“ и Прилепска пиварница, како и многу други помали капацитети од страна на малите бизниси. Исто така, министрите Ставрески и Јанакиески, ги потенцираа стратешките приоритети за регионот, предложени од страна на Управниот одбор на Регионалната комора, како што се: - изградбата на „експресниот пат“ со трета лента од клучката кај Градско со заобиколници на Фаришката клисура, се` до изградената делница со трета лента на превојот Плетвар; - изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“; - изградба на гасоводна мрежа преку Неготино до Прилеп и Битола; - пренамена на бесцаринската зона во с. Алинци
Доброволното осигурување дефинитивно е корисна работа за една компанија, особено кога е во прашање менаџерскиот тим на фирмата. Тоа претставува дополнителна мотивација за тие вработени, од која придобивки ќе има и самиот работодавец. Значи, добива и едната и другата страна. Cепак, дека овој вид осигурување не е доволно актуелизиран во земјава и треба да се поработи на негова промоција.
на
вработените
(Глигор Цветанов, cопственик на прехранбената компанија „Макпрогрес„)
ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ИДНИНАТА
„Витаминка„ одлучи да одвои средства за своите вработени, со кои дополнително ќе им ја осигура иднината. Сметам дека на тој начин на вработените им оставаме поголем избор и еден вид индивидуално алтернативно штедење. Но, придобивки дефинитивно очекуваме и во делот на растот на компанијата. Мислам дека секоја фирма во Македонија може да си го дозволи тоа. Околу 500 вработени од „Витаминка„ имаат можност за поголема пензија и за акумулирање средства кои можат да ги подигнат на 54-годишна возраст, односно 10 години пред пензионирање. На секој вработен месечно линеарно му влегуваат по 300 денари во доброволниот фонд. (Сашо Наумоски, генерален директор на ПИ „Витаминка„)
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
МОЖНОСТИ: ЕВРОПСКИ ФОНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ Во јули четврти јавен повик за користење на средства од Петтата компонента на ИПАРД
Објавен вториот јавен повик за проекти од ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Бугарија
Во јули ќе биде објавен четвртиот јавен повик за доставување барања за користење средства од Петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија (ИПАРДПрограмата 2007-2013). Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информираат дека
Министерството за локална самоуправа го објави вториот јавен повик за проектни предлози од ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Повикот е отворен во наредните три месеци, до 14 септември 2011 година. Како што соопштува Министерството за локална самоуправа, средствата за финансирање на проектите во вкупен износ од 5 милиони и 870 илјади евра се обезбедени од ИПА-Програмата на Европската унија за прекугранична соработка и 15 проценти национално кофинансирање од Македонија и од Бугарија. - Во рамките на вториот повик ќе бидат финансирани проекти во две приоритетни области и тоа - економски развој и социјална кохезија, за што се наменети 2 милиона и 610 илјади евра и подобрување на квалитетот на живеење од аспект на користење на природните и културните ресурси, со финансиска покриеност во износ од 3 милиони 260 илјади евра, се вели во соопштението. Првиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка со Бугарија беше објавен на 14 септември 2009 година. Во рамките на овој повик беа примени вкупно 93 апликации, 79 во канцелариите на Заедничкиот технички секретаријат во Ќустендил и 14 во канцеларијата во Струмица. Оценети се 82 проекта, од кои на крајот беа одобрени 13 од македонска страна и 23 од бугарска страна. За финансирање на овие проекти беа обезбедени 7,5 милиони евра од ИПА-Програмата за прекугранична соработка, кои се насочени кон подобрување на квалитетот на живеење и за социјална кохезија на населението од граничните подрачја на двете држави.
ПРЕДВИДЕНИ 18,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИНВЕСТИЦИИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА
планираните финансиски средства за овој јавен повик изнесуваат 18.565.000,00 евра, од кои 75 проценти се придонеси од ЕУ, а 25 проценти од Буџетот на Република Македонија. Средствата се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства и инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности. Огласот ќе трае 45 дена од денот на објавување на повикот во дневните весници. Потребната документација за подготовка и поднесување барања и упатствата за корисниците на средства од ИПАРДПрограмата 2007-2013 ќе бидат објавени на вебстраната на Агенцијата во периодот до објавување на јавниот повик. Подетални информации за типовите на инвестиции, критериумите за добивање финансиска поддршка и висината на поддршката по мерки може да се добијат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството. Во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството ќе може да се добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање. Од Агенцијата за финанансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информираат дека во тек е исплата на средствата за корисниците кои успешно ги реализирале своите инвестиции согласно потпишаните договори за користење на средства од ИПАРД-Програмата.
ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ, СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВЕЕЊЕ
Во Македонија зголемен интересот за ИПАРД-средствата, но ќе се менуваа критериумите за да бидат што поприфатливи и подостапни за потенцијалните корисници
ОТВОРАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И НА ГОЛЕМИТЕ СТОПАНСТВА
Македонскиот аграр нема во целост да ги искористи средствата од европските претпристапни фондови, но добар сигнал е тоа што интересот за аплицирање се зголемува, оценуваат од Европската комисија за следење на ИПАРД-Програмата. - Ова е се уште почеток за македонските земјоделци и фармери. Некои од нив се уште не се навикнати на условите и не знаат како точно да поднесуваат барања. Сепак, бројот на одбиени проекти секоја година се намалува, изјавил Жерар Кили,
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
БИЗНИС ИНФО
7
МОЖНОСТИ: ЕВРОПСКИ ФОНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ
претставник на ЕК за ИПАРД пред минатонеделниот состанок на Комитетот за следење на Програмата, а го цитира МИА . Според Кили, проблем во однос на ИПАРДреализацијата постои и во Македонија и на европско ниво, не само кај примарните производители, туку и во индустријата за производство и преработка на храна. По досега објавените три ИПАРД-огласи одобрени се 64 проекти вредни осум милиони евра. Половина од оваа сума се кофинансира со пари од ЕУ и од Буџетот на Република Македонија. Моментно се разгледува последниот трет јавен повик на кој се доставени 74 апликации. - Апсорбцијата на ИПАРД-средствата зависи од повеќе причини. Владата сака да обезбеди максимални услови за да се пријават што повеќе апликанти и да се искористат што повеќе пари што ни се на располагање
од Европската унија, нагласил заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски. Комитетот ги разгледа и предлозите за евентуално менување на критериумите во Програмата за да ја направи што поприфатлива и подостапна за потенцијалните корисници. - Се предлага подигање на максималните критериуми за да аплицираат и поголемите стопанства, но и спуштање на минималните во насока на проширување на опфатот - одредени инвестиции што беа врзани само реконструкција на постоечки објекти да бидат пренасочени во изградба на нови или нивно дислоцирање, информирал Иваноски. Тој очекува реализацијата на ИПАРД-средствата во следниот период да биде поголема зашто веќе е евидентно и надминувањето на ефектите од економската криза. Заменик-министерот смета дека реализацијата на Програмата во добар дел зависи и од волјата на инвеститорите да вложуваат. До крајот на годинава се планира објавување на уште два ИПАРД-огласа, во јули и во октомври. Оваа динамика ќе продоложи и во следните години. Ќе се објавуваат, како што рече Иваноски, по најмалку два до три повици. На првите два ИПАРД-огласи објавени лани со финансиска конструкиција од 64 милиони евра искористеноста беше околу 10 отсто. Со третиот повик објавен годинава ставени се на располагање 20 милиони евра.
Најголем интерес на првиот и вториот оглас имаше за модернизација на земјоделските стопанства, за преработка и маркетинг, а на третиот за диверзификација на руралните економски активности. Претставниците од Директоратот за земјоделство при ЕК во посета на Неготино и Кавадарци, задоволни од
искористеноста на ИПАРД ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ ФАЌААТ КОРЕН
Претставници од Директоратот за земјоделство при Европската Комисија во Брисел, на Делегацијата на ЕУ во Македонија и од Оперативната структура на ИПАРД програмата ги посетија општините Неготино и Кавадарци, со цел да се запознаат како се реализираат инвестициите половично финансирани од оваа Програма на претпристапните фондови на Европската унија. Во Неготино и во Кавадарци, успешно се реализирани два проекти од ИПАРД програмата 20072013 од првиот јавен повик од јануари 2009 година. За време на посетата европските претставници изразија задоволство од интересот на македонските бизнисмени за овие фондови. Тие ја посетија фирмата „Фрутема“ во Неготино каде можеа да се уверат во искористеноста на средствата од ИПАРД програмата и тоа за осовременување во лозовите насади поточно воведување системот капка по капка, како и инвестициите во овоштарството. Европските претставници ја посетија и винарската визба на „Пеца Комерц“ од Кавадарци која претставува пример за успешно реализирана инвестиција половично финансирана од ИПАРД програмата на претпристапните фондови на Европската унија. - Ова е новина се уште за македонските фармери, но како минува времето бројот на проектите кои се одбиваат значително се намалува, изјави Жерар Кили претставник на ЕК за ИПАРД програмата. Според него, досега одобрени се 64 проекти кои тежат 8 милиони евра.
- Оваа програма е за оние земјоделци кои имаат капацитети и финансиски средства кои можеби ќе бидат утре конкурентни затоа што ќе ја приближат нивната фарма до стандардите на ЕУ. ИПАРД не е социјална програма, туку токму програма за модернизирање на фармите, појаснуваат европските претставници.
8
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА „Т-Мобиле“ општествено одговорно претпријатие
ПЛАСТИЧНИ ПОНТОНСКИ МОСТОВИ ПОДАРОК ЗА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ
Како збогатување на понудата за забава и рекреација на гостите и туристите во Охрид, шест плажи добија понтонски пластични мостови. Платформите се наменети за подобар пристап и вкотвување на лесни пловни објекти - чамци, глисери и скутери, како и за забава на капачите. Со мала свеченост на плажата “Потпеш” главниот извршен директор на „Т-Мобиле“ Македонија, Жарко Луковски, викендов официјално ги пушти во употреба платформите. Тој се надева дека со оваа акција ќе се придонесе во поглед на квалитетот на услугите што им ги нуди Охрид на туристите во претстојната сезона.
- „Т- Мобиле Македонија“ како социјално одговорна компанија уште еднаш сака да даде придонос за претстојната сезона, да го украси и да му даде еден белег на Охрид. Брендиравме вкупно шест плажи на Охридското Езеро. На шест пристапни места направивме понтонски пластични мостови за сигурност и убавина на крајбрежјето, за зачувување на околината и непречено и контролирано пристапување на чамците и скутерите, – изјавил Луковски, а го цитира МИА. Платформите се поставени на плажите „Потпеш”, „Немо”, „Кадмо”, пред хотел „Тино”, пред ресторанот „Рибар“ и „Вила Милан” во Трпејца и пред ресторанот „Марија Блаж” во Радожда. На истите овие локации, рекреативците и туристите ќе можат да се приклучат на интернет, со што ќе им биде овозможено бесплатно и неограничено да се информираат за најновите случувања.
БИЗНИС ИНФО
хектари површини на насади со праски приносите изнесуваат околу 1.700 тони род што се пласира на странските пазари и тоа најмногу во Русија, Белорусија, Хрватска, Словенија и во Украина. - Секоја година имаме нови плантажи на праска, во што многу ни помагаат и субвенциите кои ги добиваме од Владата за нови насади. Задоволни сме од цената, која во моментов изнесува од 70-80 евроценти. Имавме мал проблем во 2009 година кога почна кризата. Тогаш имавме проблем со цената, но во 2010 година се подобри ситуацијата, а еве 2011 година стартуваме со многу добра цена како што беше од 2006 до 2008 година, истакнува Шошев, а го цитира МИА. Тој потенцирал дека располагаат со повеќе сорти на праски. Почнале со берба на сортата спринг тајм којашто трае десетина дена, а потоа следува бербата на сортата спринг крес. - Првата зделка е за 200-250 тони од првата сорта, но нашите договори се посебни за секоја сорта. Родот како созрева така и ќе се пласира на рускиот пазар и тоа ќе се одвива до крајот на август, - изјавил Шошев. Тој посочил дека нивното претпријатие произведува и аспарагос, којшто веднаш се пласирал на пазарите во Данска и Германија по цена од 2,5-3 евра по килограм. Бранко Минчевски од „Иви пром“ рекол дека имаат фирми во Русија и Белорусија, и стоката којашто денеска се товари оди во супермаркетите во Русија, а само во супермаркетите во Москва треба да пласираат околу 450-500 тони. - Мојот партнер во Русија имаше побарување од околу 600 тони само од оваа прва сорта спринг тајм, меѓутоа нашиот капацитет е помал, рекол Минчевски, кој додал дека праски извезуваат и за Латвија, каде планираат да пласираат 1.200 до 1.400 тони од ова овошје.
- Извозот на земјоделски производи Испратена првата пратка на праски од во Русија во последните години бележи Росоман на пазарите во Русија извонреден раст. Во првите 4 месеци од И НОВИТЕ ПЛАНТАЖИ НЕ МОЖЕ оваа година за 7 пати е поголем извозот на ДА ЈА ЗАДОВОЛАТ земјоделски производи во Русија. Минатата година над 5 милиони евра се извезени во ПОБАРУВАЧКАТА земјоделски производи од Македонија и Земјоделското претпријатие тоа најмногу јаболка од ресенско и зелка „Душан Ќириќ“ во Росоман преку фирмата од струмичко, а еве сега почнуваме и со извозник „Иви пром“ ја испрати првата извоз на праски од околината на Росоман, истакнал Ставрески при неодамнешната пратка на праски на рускиот пазар. Сопственикот на „Душан Ќириќ“, посета на „Душан Ќириќ“. - Очекувам Кире Шошев изјавил дека годишно од 270 дека овој пораст на извозот на овошјето и
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
зеленчукот од Македонија ќе продолжи и во иднина. Рускиот пазар е огромен и ние на најдобар начин треба да го искористиме тој потенцијал и нема причина да не стигнеме до десетина милиони евра годишно извоз барем на рускиот пазар, се разбира и на сите останати пазари на поранешниот СССР. На седум локации во Македонија постои можност за изградба на пумпнореверзибилни електрани
ЗАШТЕДИ ОД БАЛАНСИРАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА Македонија на седум локации има можност за изградба на пумпнореверзибилни електрани, покажува студијата што беше презентирана во рамките на саемот за енергетика „Пауер Џен“ во Милано, Италија. Студијата првично изработена во 1989 година од страна на ЕМО Охрид е преработена од стручниот тим на ЕЛЕМ, а минатата година е направен и подробен проект за пумпно-реверзибилната
хидроелектрана Ташмаруниште во близина на Струга. Како што информира стручниот соработник на ЕЛЕМ, Илија Андонов Ченто, при изработката на студијата се барало барем една од акумулациите да е веќе изградена. - Предвидено е изградба на пумпнореверзибилни електрани на Мавровското и Глобочичкото езеро. Специфично е што Мавровското езеро може да биде и како горен, но и како долен базен, изјавил Андонов Ченто, а го цитира МИА. Тој прецизира дека Мавровското езеро може да се користи како долен базен ако се изгради акумулацијата Бистра во местото Тонивода, а електраната да биде лоцирана во селото Маврово, а како горем базен, доколку се изгради акумулацијата Куново во месноста Лакавица кај селото Сретково каде ќе биде и електраната Ѓоновица. - Изградбата на акумулацијата Куново ќе овозможи хидроцентралите Равен и Вруток да работат како електрани и во летниот период, а не како досега да работат постојано летно време за да се овозможи наводнување на Полог. На Глобочичкото езеро треба да се гради електраната Ташмаруниште со горем базен во месноста Церов дол, а Глобочица да биде долен базен, истакнал Андонов Ченто. Другите пумпно-реверзибилни електрани се предвидени на акумулациите што допрва ќе се градат на Црна Река за хидроцентралите Чебрен и Галиште, како
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
и за Вардарска долина со изградбата на електраната Градец, како и на реката Радика кај селото Јанче каде ќе се наоѓа долниот базен, а горниот ќе биде над Галични. - Имаше и некои размислувања да се прави ваква електрана на Охридското и Преспанското Езеро, каде Преспанското ќе биде горен базен, а Охридското долен, но за тоа треба да се направат подетани истражувања од еколошки аспект како ќе влијае враќањето на водата од Охридското во Преспанското Езеро, истакна Андонов Ченто. Пумпно-реверзибилните електрани се користат за балансирање на енергијата. Во времето кога има најголем конзум на електрична енергија ја произведуваат, а во вечерните часови кога има вишок на произведена струја од термопостојките ја трошат за препумпување на водата од долната во горната акумулација.
БИЗНИС ИНФО
9
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
електрична енергија ЕВН-Македонија, како и МЕПСО и ЕЛЕМ. ЕФТ-Македонија е основана во 2006 година и веднаш доби лиценца за тргување со електрична енергија. Летна акција на „Бимилк“ и „Виталиа“ во маркетите на “Веро“
„ЗАПОЧНЕТЕ ГО ДЕНОТ СО ЗДРАВ ОБРОК ПОВКУСНИ СМЕ ЗАЕДНО“
Во склад со здравиот начин на исхрана двата домашни производители на храна „Бимилк“ и „Виталиа“ во текот на месецов организираат заедничка летна акција во сите маркети на „Веро“. Имено,
ЕФТ-Македонија лани има доставено 1,47 терават-часови електрична енергија
ИСПОРАКА ВРЕДНА 66 МИЛИОНИ ЕВРА
ЕФТ објави дека нејзината компанија во земјава ЕФТ-Македонија има доставено 1,47 терават-часови електрична енергија со вредност од 66 милиони евра во минатата година во однос на испорачаното количество од 0,9 терават-часови доставени во 2009 година.
-Ваквите резултати доаѓаат врз основа на закрепнувањето од рецесијата од страна на големите индустриски производители во Македонија и последичниот раст на побарувачката за електрична енергија од “Југохром Феролегури” за производство на феролегурите - пишува ЕФТ во својот годишен извештај за 2010. ЕФТ-Македонија е водечки снабдувач со електрична енергија на слободниот нерегулиран пазар, кој засега го користат само големите индустриски капацитети и во овој сегмент компанијата покрива 90 отсто од пазарот. Групацијата, исто така, ги снабдува со електрична енергија фабриката за феролегури ФЕНИ, рудникот за бакар “Бучим”, топилницата “Скопски легури”, челичарниците “Макстил” и “Арчелормитал”, производителот на цемент “Усје Титан”, компанијата за дистрибуција за
со секој купен Баланс + од 500 грама секој купувач ќе добие подарок „Виталиа мусли“ од 50 грама. Со сметката од јогуртот купувачите ќе можат да си изберат по едно пакување од петте различни вкусови на мусли „Виталиа“. Под мотото „Започнете го денот со здрав оброк - повкусни сме заедно” овие две компании сакаат да го поттикнат консумирањето на здравата и лесна храна која посебно во летниот период не само што е пожелна, туку и неопходна заради заштита од вишокот килограми и виталност во текот на денот.
АМБАСАДОРИ НА КОМОРАТА Симон Трпчески ќе ја заврши концертната сезона со турнеја низ Австралија и Нов Зеланд
ОБЈАВЕН И ВТОРИОТ КОМПАКТДИСК СО КРАЛСКИОТ ФИЛХАРМОНИСКИ ОРКЕСТАР ОД ЛИВЕРПУЛ
Со неодамнешниот настап на престижниот „Мидсамер мјузик фестивал“, Симон Трпчески ја заокружи најновата серија оркестарски, камерни и рецитални настапи низ Велика Британија, во чии рамки беше солист и на три концерти со Филхармонија оркестарот и диригентот Василиј Петренко, меѓу кои беше и настапот во лондонската
Ројал фестивал хол. Крајот на исклучително успешната концертна сезона 2010/2011 година е резервиран за повторна средба со публиката во Австралија и Нов Зеланд. - Се радувам што по четврти пат ќе одам во Австралија и што повторно ќе имам можност да се сретнам со австралиската публика и во Мелбурн и Аделаида. Во Аделаида ќе настапам првпат, а во Мелбурн третпат и ќе се претставам со Концертот број 1 за пијано и оркестар од Рахманинов. Потоа продолжувам и со втората тура низ Нов Зеланд, на неколку концерти со Новозеландскиот симфониски оркестар кој ми остави исклучително пријатен впечаток за време на мојата посета во 2008 година. Таму ќе го свирам Концертот број 3 на Сергеј Прокофјев, изјавил Трпчески за Македонското радио. Во рамките на турнејата, македонскиот виртуоз на пијано ќе одржи и семинар на Универзитетот во Оукленд, град во кој ќе биде и завршниот концерт на 15 јули. Турнејата на овој дел од светот почнува со концертот во Клејтон, Австралија, на 24-ти овој месец. Деновиве е објавен и втор компакт-диск од соработката на Трпчески и Кралскиот филхармониски оркестар од Ливерпул под диригентската палка на Василиј Петренко. Цедето ги содржи концертите за пијано и оркестар број 1 и 4 и „Рапсодијата на тема од Паганини“ на Сергеј Рахманинов, комплетирајќи ги сите дела што за пијано и оркестар ги напишал овој руски музички великан. Продуцент на двете изданија е Џон Фрејзер, - соопштува Здружението „КултурОп“. Првиот компакт-диск на кој оваа екипа ги свиреше Вториот и Третиот концерт за пијано и оркестар на Рахманинов, го освои престижното француско меѓународно признание „Златен дијапазон“, а на специјализираната британска топ-листа за дела од класичната музика се искачи на третото место. Издавач на двете изданија е „АВИ Рекордс“.
10
ВЕСТИ ОД МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
БИЗНИС ИНФО
Ново еколошко гориво од „Лукоил“
е среќен, бидејќи во Македонија се посветува многу внимание на заштитата на животната средина и енергетската ефикасност, а доказ за тоа е промоцијата на новото гориво на „Лукоил“.
Нафтената компанија „Лукоил“ во Скопје го промовираше новото енергетски ефикасно и еколошко гориво под брендот ЕКТО, кое на македонскиот пазар ќе се продава на бензиските станици на компанијата. Новото гориво, кое во Македонија се воведува прв пат на Балканот, ќе се продава по истите цени, како и другите стандардни горива и нема да има зголемување на цените, – објавува МИА. Главни карактеристики на горивото, според Андреј Куку, генерален директор на „Лукоил“ – Македонија, се енергетска ефикасност, моќност и заштита на животната средина. Горивото има подобрени експлоатациски и еколошки својства кои го штитат моторот и ја подобруваат неговата работа, а ги намалува и штетните материи во издувните гасови. На македонскиот пазар ќе се продаваат три типа деривати под брендот ЕКТО, односно бензинот „ЕКТО плус“ кој е соодветен на стандардот Еуросупер БС 95, бензинот „ЕКТО спорт“ кој е соодветен за Еуросупер БС 98 и „ЕКТО дизел“ соодветен за Еуродизел БС. Куку посочи дека ЕКТО има и прочистувачки својства, бидејќи го исфрла талогот, штити од корозија и од формирање на емлузија и пена врз горивото при точење. Како пример, примената на „ЕКТО плус“ во зависност од режимот на возење дава дополнителни 30 км повеќе возење со полн резервоар.
Извозот на земјоделски и сточарски производи во Струмичко во првиот квартал зголемен за 5 отсто
„ЕКТО“ СО ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, МОЌНОСТ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
На прес-конференцијата на која беше промовирано новото гориво присуствуваше и вицепремиерот за економија, м-р Владимир Пешевски кој рече дека на македонските потрошувачи им се нуди производ кој не само што задоволува енергетски потреби, туку и ги достигнува највисоките еколошки светски стандарди. - Не е доволно само да се обезбеди гориво, туку тоа треба да биде со опреден квалитет. Македонските потрошувачи ќе имаат достапност до најновите технолошки достигнувања во оваа област, што е показател што значи кога се има сериозен странски инвеститор во државата. За нас е многу важно да негуваме позитивни искуства со странските инвеститори и во таа насока и во следниот период ќе продолжиме со соработката со оваа компанија и ширењето на нејзината мрежа во земјава, - додал Пешевски. Амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак рекол дека
ОСТВАРЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА
Извозот на ран зеленчук и на други земјоделски и сточарски производи во првиот квартал од годинава во Струмичко е зголемен за пет проценти во споредба со истиот период лани.
Според непотполните податоци со кои располагаат извозните фирми, до крајот на март годинава на странските купувачи им се изпорачани над 35.000 тони рани краставици, домати, зелка, пиперки, вино, конзервиран зеленчук и овошје, јагнешко месо, ферментиран тутун и други производи, од што се остварени повеќе од 40 милиони евра. Најголеми извозни резултати се остварени на пазарите во соседните земји, но и во Европската Унија, Украина, Русија, Белорусија и други. - Пласманот на земјоделски и сточарски производи на странските пазари би бил уште поголем доколку се олеснат постапките за царинење, потоа за обезбедување 24 часовна контрола и инспекциски надзор на замјоделски и сточарски производи, како и побрзо поминување на границата, велат во земјоделските здруженија. Како што се очекува, годинава од Струмичкиот регион вкупно ќе бидат извезени околу 150.000 тони земјоделски и сточарски производи и преработки. Во Пехчево почна изградбата на нов хотел
НА КЕЈОТ НА ПЕХЧЕВСКА РЕКА 60 СОБИ СО СПА-ЦЕНТАР Компанијата „Кит - Го“ од Штип почна со изградба на хотел во центарот на Пехчево. Објектот, што ќе се наоѓа покрај кејот на Пехчевска Река, се гради според европски стандарди и ќе има капацитет од 60 легла.
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
Предвидено е хотелот да има сопствен СПА-центар, ресторан, летна тераса и други придружни простории за ваков вид објекти. Сопственикот и главен менаџер на „Кит-Го“ очекува градежните работи да завршат летово, а следната година хотелот официјално да биде пуштен во употреба. Според градоначалникот на Пехчево Јованчо Станоевски, оваа инвестиција и зголемениот интерес за изградба на приватни вили и викендкуќи во Туристичко-рекреативниот центар Равна Река отвораат можности за развој на туризмот во општината. Туристичка промоција УБАВИНИТЕ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ НА ЕДУКАТИВНА МАПА Со финансиска поддршка од фондацијата „Про натура“ и Македонското еколошко друштво отпечатена е туристичко - едукативната мапа посветена на убавините на Осоговските планини. Автор на проектот и на фотографиите е Ванчо Петров-Фафа, културен работник и долгогодишен фотограф од Кочани.
Низ објективот на Петров се прикажани природните реткости на Осоговијата, туристичките локалитети, манастирските комплекси „Св.Јоаким Осоговски“,С.Гаврил Лесновски“ и „Св. Пантелејмон“, петвековниот даб, ретките видови на флора и фауна, како и планинарските трансферзали кои водат низ Осоговијата од повеќе градови од овој дел на Македонија. „ВИПРО“ со два нови медала за квалитет на Меѓународниот Агро саем во Нови Сад, Србија
ЗЛАТО И СРЕБРО ЗА АЈВАРОТ
Златен медал за „Домашен ајвар со ладно цедено масло“ и сребрен медал за „Екстра домашен ајвар“ доби гевгелискиот производител „ВИПРО“ на годинашниот 78-ми по ред Меѓународниот Агро саем во Нови Сад, Србија. Ова се последните две награди од долгата листа освоени 18 во текот на дведецениското постоење на гевгелиската фабрика за преработка на земјоделски и овошни производи. - Првата награда ја освоивме во 2000-та година, златен пехар „Еурека“ од Брисел за иновација на домашен ајвар. Оттогаш сериозно се посветивме на подготовка на јадења од традиционалната домашна македонска кујна, прилагодена според количинските потреби на пазарот, - вели сопственикот и менаџер, Виктор
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
Петков, а го цитира МИА. Првите шест години од своето формирање дејноста била насочена кон производство на природните сокови „Наја“, а подоцна и на полнење, како и на квалитативно збогатување на природната минерална вода од Кожув, од изворите на познатата и лековита Смрдлива вода. Во погоните на „ВИПРО“ моментно се произведува слатка од сезонско овошје кое, како и целокупното производство, е наменето за странскот пазар. Со посредство на 14 диструбутивни меѓународни компании производите на „ВИПРО“ стигнуваат до маркетите во земјите од Европа, Австралија, Нов зеланд, САД и Канада.
ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Правилници за уредување на пазарот со овошје и зеленчук
МИНИМАЛНИ СТАНДАРДИ ЗА ПРЕРАБОТКА И ТРГУВАЊЕ На пазарот да се продаваат само здрави, унифицирани, соодветно класифицирани, спакувани и складирани плодови, предвидуваат правилниците што ги подготвува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Целта е дефинирање на минималните стандарди за преработка и тргување со овошјето и зеленчукот. Со дел од правилниците ќе се прецизираат и надлежностите на Државниот инспекторат за земјоделство кој треба да ја спроведе контролата на квалитетот на овошјето и зеленчукот на домашниот пазар, како и на увезените и извезените количества.
Новите подзаконски акти, освен минималните стандарди, ќе ги пропишуваат и дозволените отстапувања во однос на квалитетот, начинот на класифицирање, пакување и обележување, како и специфичните стандарди што ќе се бараат за одредена категорија овошје и на зеленчук. Ќе мора да се обрне внимание и на пакувањето и на начинот на складирање на овошјето и на зеленчукот како предуслов за квалитет и создавање услови за лесен и непречен транспорт без да се наруши квалитетот на производите, велат од МЗШВ. Новите правилници за
БИЗНИС ИНФО
11
ВЕСТИ ОД МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
уредување на пазарот со овошје и зеленчук се и предуслов за зголемување на конкурентноста на земјоделските производи и преработки на домашниот и на странските пазари. - За да се задоволат барањата на земјите увознички на земјоделски производи и преработки, согласно Законот за квалитет на земјоделските производи треба да се исполнат и специфичните барања во однос на калибрирањето, складирањето, пакувањето, етикетирањето и на транспортот, истакнуваат од Министерството за земјоделство. Мерки за обезбедување алтернативни пазари за македонските градинарски производи
ЗЕЛЕНЧУКОТ ПАТУВА ВО РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА И НА КОСОВО
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство презело итни мерки за обезбедување алтернативни пазари за македонските градинарски производи, а со цел интензивирање на нивниот пласманот на нови и на регионалните пазари, поради појавата на епидемијата од бактеријата ешерихија коли во повеќе европски земји. Како што соопштува Министерството, во изминатиот период, направени се контакти со нашите дипломатски претставништва, по што изминатите денови е евидентиран прогрес во извозот на градинарските производи, особено на пазарот на Руската Федерација и на Косово. Воедно, сите испораки се проследени со неопходната потврда за фитосанитарна исправност на производите. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во постојан контакт со произведувачите на градинарски производи и во рамките на своите надлежности излегува во пресрет на нивните барања. Водејќи се од европскиот принцип на следливост на производството „Од нива до трпеза“ Владата на Република Македонија и ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со исклучителна посветеност и следење на светските и европските стандарди во производството гарантираат дека во производството на овошјето и зеленчукот и на другите земјоделски култури во Македонија се применуваат највисоките стандарди за квалитет и за безбедност, се нагласува во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Работилница со бизнис заедницата од регионот на Битола иницирана од Советодавното тело, а во организација на СИЗ „Македонија сообраќај “ – АМЕРИТ
ПРАКТИЧНА РАСПРАВА ЗА ТИР СИСТЕМОТ И ЗА ЦАРИНСКИТЕ ПОСТАПКИ
На 8.6.2011 година во Битола се одржа првата работилница со бизнис заедницата од регионот иницирана од Советодавното тело, а во организација на СИЗ „Македонија сообраќај “ – АМЕРИТ. На работилницата учествуваaa и претставници
на Царинската управа на Република Македонија. На работилницата беа разгледани следните теми: * ТИР – конвенцијата и географската покриеност; * Исполнување на законската обврска за однапред најавување на стоките при влез/излез од територијата на ЕУ. Бенефиции во користењето на интернет апликацијата за испраќање на електронски пред-декларации, ТИР – ЕПД; * Како правилно да се пополни ТИРКарнетот; * Царинска постапка – ТРАНЗИТ; * НЦТС и заедничка транзитна конвенција на ЕУ и ЕФТА земјите. За придобивките и постапката за прием во ТИР системот говореше Драган Ивановски, директор на АМЕРИТ. Како што нагласи, за значењето на системот говори и бројката од 3 милиони издадени ТИР – Карнети низ целиот свет годишно од страна на ИРУ. Драган Ивановски ја нагласи улогата на системот и неговите погодности во меѓународната трговија. Најголемиот интерес од страна на економските оператори беше околу потребните гаранции и обврски што произлегуваат од употребата на ТИР – системот. Учесниците на работилницата беа и практично запознаени со функционирањето на ТИР-ЕПД системот низ соодветни примери, а беа изнесени и совети за правилно пополнување на ТИРКарнетот. Беа опфатени аспекти на кои компаниите треба посебно да внимаваат при заверката и отворањето на самиот ТИРКарнет и роковите на важност. Горан Георгиев, советник на директорот на Царинската управа на Република Македонија, низ примери ги објаснуваше пројавените случаи во царинските испостави низ Република Македонија и како препорака кон
стопанските субјекти им сугерираше дека секогаш треба да бидат поупорни во барањето на своите права во текот на било која царинска постапка. Претставниците на Царинската управа на Република Македонија најповеќе се осврнаа на областа на транзитната царинска постапка, на основните начела, како и новите промени во правилникот за работење за истата. Акцент беше и ставен на новиот компјутерски транзит систем – НЦТС кој што е воведен во земјите на ЕУ и ЕФТА, со надеж дека до 1.1.2013 година и Република Македонија ке биде поканета да биде земја потписничка на оваа конвенција. Сите теми побудија особен интерес за присутните кои отворено ги искажуваа и дебатираа за проблеми со кои се судираат во секојдневното работење со транспорт на стоки. Никола Димковски
12
ОПШТИНСКИ БИЗНИС
БИЗНИС ИНФО
ОпштинаЃорче Петров ќе гради нова општинска зграда ИНВЕСТИЦИЈА ОД 12 МИЛИОНИ ЕВРА СО ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО Распишан е оглас за инвеститор за изградба на новата зграда што Општина Ѓорче Петров уште лани најави дека ќе ја гради со цел задоволување на просторните потреби на својата администрација. Ќе се примени моделот на јавно-приватно партнерство. Локацијата ќе се даде на инвеститор, кој ќе вложи свои средства во изградбата, а на крај изградената површина ќе се дели по претходно договорен сооднос. Огласот ќе трае до 21 јули годинава. Новата локација предвидена за општинска зграда е во паркот зад маркетот „Тинекс“, со површина од 15.000 квадратни метри, плус подземен
паркинг. Општината ќе поседува 40 отсто од административно-деловниот објект, а фирмата-инвеститор 60 отсто. Вредноста на објектот, изјавија од Ѓорче Петров, ќе биде околу 12 милиони евра
издвоени од националниот буџет за поддршка на планските региони. Дојран заинтересиран за развој на спортскиот туризам ПРВО РЕШАВАЊЕ НА ИМОТНОПРАВНИТЕ ОДНОСИ, ПА ИНВЕСТИТОР
експертите во Пелагонија годинава се очекува производство на 50.000 тони пченица за што во прилог се погодните временски услови како и навреме завршената сеидба. Стартува користењето на мобилните лаборатории за педолошки анализи во Југозападниот плански регион СЕИДБА И ТРЕТМАН НА КУЛТУРИ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗА НА ЗЕМЈИШТЕТО Земјоделските производители од Југозападниот плански регион веќе можат да ги користат услугите за испитување на почвата преку мобилните лаборатории што Советот на регионот им ги додели на подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод.
Во Пелагонија е зголемен интересот за одгледување житни култури, маслодајна репка и сончоглед СУБВЕНЦИИТЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола соопшти дека во Пелагонија е зголемен интересот за одгледување житни култури, маслодајна репка и сончоглед. Зголемениот број земјоделски површини е резултат на зголемените субвенции што се овоможуваат за различни земјоделски производи. Површините со сончоглед се зголемени за дополнителни 2.500 хектари, површините со засејана пченка годинава се на 5.000 хектари, житните култури се на 25.000 хектари и севкупните градинарски култури годинава се на 13.500 хектари, посочил подрачниот раководител на МЗШВ, Илија Србиновски, а го цитира МИА. Според проценките на агро-
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
Овие современи лаборатории кои овозможуваат да се анализира квалитетот на земјиштето се од голема помош за определување на земјоделското производството, но и за степенот на користење ѓубрива. Центарот за развој на Југозападниот плански регион заедно со добавувачот на опремата „Фармахем“ од Скопје денеска спроведе обука со стручни лица од подрачните единици. Од утре земјоделците ќе можат да ја искористат оваа погодност. Набавката на лабораториите се реализира во рамки на регионалниот проект „Промоција на земјоделски и млечни продукти“ што на Центарот за развој му го одобри Бирото за регионален развој. Средствата се
Општина Дојран како покровител и домаќин на повеќе спортски настани кои се одржуваат на терените во оваа локална самоуправа води сериозна грижа за развој на спортскиот туризам. Во Дојран вчера заврши Државното првенство во триатлон, а се најавува одржување на Балкански шампионат во оваа тројна олимписка дисциплина за следната година. Лани општината Дојран беше домаќин на Балканскиот шампионат во одбојка, тука се возеше Џип рели трката за Југоисточна Европа, а викендов во Спортскиот Центар „Истатов“ се одржаа 19-те републички Синдикални спортски игри. - Сето ова не вбројува во места каде можат да се организираат големи и важни спортски настани. Се надевам дека тоа ќе биде погодно за спортистите, но и за оние кои имаат намера да ги следат спортските настани, со што очекуваме и поголема посетеност на Дојран, изјавил градоначалникот Глигор Чабулев, а го цитира МИА. Тој потсети дека минатата недела било предадено во употреба новото тениско игралиште во Спортскиот центар „Партизан“, а се планираат и други проектни зафати за комплетирање на спортската понуда на овој комплекс. - За жал уште не се работи на овој проект поради нерешеноста на имотното прашање со лицата кои сега стопанисуваат со СЦ „Партизан“. Ќе треба како општина да настапиме поостро на тој план за да најдеме
соодветен инвеститор, кој ќе го реализара комплетно проектот што е предвиден на овој простор, нагласил Чабулев. Тој најави дека од следниот месец локалната самоуправа ќе има можност да издава дозволи за спортски риболов со што, како што рече, и овој сегмент ќе биде во полза на развојот на спортскиот туризам во Дојран.
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
НБРМ оцени дека продолжува растот на економската активност во првиот квартал и се задржува позитивната динамика на БДП, но... УМЕРЕНО ЗАБАВУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СТАПКА НА РАСТ НА ВКУПНИТЕ КРЕДИТИ Народна банка на Република Македонија (НБРМ) оцени дека најновите статистички показатели и показателите базирани врз анкетните истражувања укажуваат на раст на економската активност во првиот квартал и задржување на позитивната динамика на БДП и во текот на вториот квартал од годинава (9.6.2011 година). Индициите за зајакната домашна побарувачка, како што информираат од НБРМ, се потврдуваат
и со остварувањата во надворешниот сектор, каде што во првите четири месеци од годинава е забележано зајакнување на увозната побарувачка. – се вели во соопштението на НБРМ. Девизниот пазар се карактеризира со релативно стабилни движења. Бруто девизните резерви на 31 мај изнесувале 1.883 милиони евра и се повисоки за 169 милиони евра во споредба со крајот на 2010 година што во најголем дел се должи на остварените приливи врз основа на повлечените средства од кредитната линија за претпазливост на ММФ од страна на државата. Податоците за инфлацијата покажуваат дека во мај првпат по девет месеци има намалување од 0,2 проценти и имајќи предвид дека на годишна основа таа изнесува 5,2 проценти, а просечната стапка во првите пет месеци од годината е 4,5 проценти, НБРМ очекува нивото на инфлацијата за вториот квартал да биде пет проценти. Во однос на кредитирањето на приватниот сектор забележано е дека во текот на април тоа се одвива со нешто поумерен интензитет во споредба со претходниот месец, што придонело за умерено забавување на годишната стапка на раст на вкупните
БИЗНИС ИНФО кредити до ниво од 7,8 проценти. - Ваквите поместувања на кредитниот пазар беа остварени во услови на забавување на годишната стапка на раст на вкупниот депозитен потенцијал од 12,4% во март на 9,6% во април, првенствено под влијание на еднократни фактори што предизвикаа висок одлив од сметките на претпријатијата во април (исплата на дивиденда од страна на една голема домашна компанија), додека кај депозитите на домаќинствата е забележано умерено забрзување на годишната стапка на раст, информираат од НБРМ. Усвоени се Одлуката за купување и продавање хартии од вредност на привремена и дефинитивна основа од страна на НБРМ, Правилата за начинот и постапката за тргување и порамнување на трансакциите со хартии од вредност на пазарите преку шалтер и Одлуката за Сметковниот план за банките. Заради усогласување со новиот Закон за Народната банка усвоени се и повеќе акти поврзани со внатрешната организација и работата на Банката. – соопштуваат од НБРМ.
13
ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО неговата кредитна изложеност.
ПОТТИКНУВАЊА Развој на сточарството во Македонија ГОДИНАВА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ПОДРШКА Владата годинава издвои речиси две милијарди денари за поддршка на сточарското производство. Фармерите кои одгледуваат говеда ќе добиваат по 2.700 денари за грло. За регистрирано и заклано говедо субвенцијата е 1.500 денари, а за набавка на високостелна јуница со познато потекло 40.000 денари. За одгледувачите на овци кои имаат минимум 30 грла од сите категории,
Стопанска банка АД - Скопје со промотивна понуда НА ОДМОР СО НОВА МАСТЕРКАРД Во пресрет на летниот период и одморите, Стопанска банка излезе со промотивна понуда за сите клиенти
кои ќе поднесат барање за нова мастеркард кредитна картичка во периодот 6 јуни до 6 август 2011 година. За нив годишната каматна стапка до крајот на годината ќе изнесува 6,9 проценти. По истекот на промотивната понуда во примена ќе биде редовната променлива каматна стапка која во моментов изнесува 10,8 проценти за клиенти кои платата ја примаат преку Стопанска банка. Минималната месечна отплата е само 5 отсто од искористениот кредитен лимит, а овозможен е и 45-дневен грејс период. Кредитниот лимит кој може да биде до 5.000 евра зависи од примањата на клиентот и
износот на директни плаќања е 950 денари. Набавените приплодни грла од јануари до септември ќе се субвенционираат со 5.000 до 15.000 денари. Сточарите-одгледувачи на кози ќе добиваат по 850 денари за сите категории грла. За произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко, фармерите ќе бидат поддржани со поголема субвенција од лани, предвидени се 3,5 наместо досегашните 2,5 денари за литар. Во свињарството субвенцијата ќе изнесува 800 денари за најмалку две грла, а за одгледани и заклани минимум пет гоеници износот на директни плаќања е по 1.000 денари. За одгледани и за заклани бројлери, износот на директните плаќања е 25 денари, а за несилки 22 денара. Земјоделските стопанства што произвеле и продале еднодневни бројлери во периодот од октомври лани до септември оваа година, имаат право на поддршка од три денари. Толку ќе добијат и за произведени еднодневни хибридни женски пилиња за носење јајца.
14
СТАТИСТИКА Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар
ПОРАСТ ОД 10,8 ОТСТО НА ГОДИШНО НИВО Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2011 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,9% на месечно ниво, а се повисоки за 10,8% на годишно ниво. Во мај 2011 година, во споредба со април 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Интермедијарни производи, освен енергија, за 1,7%, Енергија за 0,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4%. Во мај 2011 година, во споредба со мај 2010, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 17,3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,1% и Капитални производи за 1,9%.
Индекси на цените во земјоделството
РАСТАТ И ВЛЕЗНИТЕ И ИЗЛЕЗНИТЕ ЦЕНИ
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во мај 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 15,7%, а кај аутпутот е зголемен за 23,5%. Во мај 2011 година, во споредба со мај 2010 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 116,0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
БИЗНИС ИНФО земјоделството) изнесува 101,1. Во делот аутпут, во мај 2011 година, во споредба со мај 2010 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 127,3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 109,0.
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
45,5%, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 4,5%. Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат единствено Скопскиот регион со индекс 155,8 и Пелагонискиот регион
Индекси на трошоците на животот (според COICOP)
РЕКРЕАЦИЈАТА И КУЛТУРАТА ПОЕФТИНУВА Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во мај 2011, во однос на април 2011 изнесува 99.8, а во однос на мај 2010 изнесува 105.2. Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во мај 2011, во однос на април 2011, намалување на индексите е забележано
со индекс 109,7. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија. Најмал бруто-домашен производ по жител, во однос на националниот просек, има Полошкиот регион со индекс 46,9.
Откуп и продажба на земјоделски производи
ОТКУПОТ ОД ИНДИВИДУАЛНИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ЗГОЛЕМЕН ЗА 134,8 ОТСТО во групите: Рекреација и култура за 1.2%, Транспорт и Останати стоки и услуги за 0.4%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3%, Комуникации и Ресторани и хотели за 0.1%. Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите: Облека и обувки, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Здравје за 0.3% и Алкохолни пијалаци, тутун за 0.1%. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Образование.
Бруто-домашен производ, по региони
СКОПСКИОТ РЕГИОН СО УЧЕСТВО ОД 45,5 ОТСТО Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија во 2009 година има Скопскиот регион со
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во април 2011 година изнесува 563 364 илјади денари што претставува зголемување за 6,4% во споредба со април 2010 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 134,8%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 32,2%. Зголемување на вредноста на вкупниот откуп и продажба е забележано кај житата и индустриските растенија, овошјето, млекото, млечните производи и рибата, додека намалување е забележано кај зеленчукот, фуражните растенија, добитокот, живината и јајцата.
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
БИЗНИС ИНФО
ЕИБ лани му одобрил кредити на Западен Балкан во износ од 2,4 милијарди евра НАЈВИСОКИ СУМИ ЗА СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА Европската инвестициска банка (ЕИБ) минатата година му одобрила заем на Западен Балкан, вклучувајќи ги и Словенија и Хрватска, од 2,4 милијарди евра, а од 2004 година вкупно шест милијарди евра, изјавил шефот на претставништвото на ЕИБ за Западен Балкан, Андреас Беикос. Од вкупните минатогодишни кредити на ЕИБ, 1,4 милијарди евра заминаа во Словенија и Хрватска, истакнал Беикос.
Тој нагласил дека балканските земји се најголеми корисници на кредити од ЕИБ, што е и логично бидејќи тие се најголем пазар во регионот. По Србија најголеми кредити од ЕИБ добила БиХ, потоа Македонија, Црна Гора и на крајот Албанија. Според него, кредитите главно се насочени во секторите за сообраќај, инфраструктурата, индустријата, енергетиката, енергетската ефикасност, здравството, образованието, малите и средни претпријатија.
американски долари. Доколку не се исплати сумата, од први јули ќе се пресметува четири процентна камата. Овој долг е наследен од времето на комунистичкиот режим. Албанскиот парламент дозволи приватизација на ХЕЦ НАДЕЖ ДЕКА ЌЕ СЕ СОБЕРАТ 80 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДРУГИ ИНВЕСТИЦИИ Иако без гласовите од опозицијата, албанскиот парламент даде „зелно светло“ за продажба на првите мали хидроелектрични централи (ХЕЦ). Станува збор за електраните Улза, Шкопет, Бистрица 1 и 2 и Ланабрегаси. Нивното вкупно годишното производство изнесува 406 милиони киловат-часови, што претставува 5,5 отсто од вкупното домашно производство на електрична енергија. Со нивната продажба, албанската Влада се надева да инкасира најмалку 80 милиони евра.
Албанија ќе плати долг од милион долари кон поранешниот СССР РАСЧИСТУВАЊЕ СО КОМУНИСТИЧКОТО НАСЛЕДСТВО Албанија ќе и плати на Русија долг во износ од милион долари, направен во време на поранешниот СССР. Албанскиот парламентот го ратификува договорот со Руската федерација за исполнување на финансиските обврски на Албанија, јавува дописникот на МИА од Тирана. Врз основа на овој договор Албанија до 30 јуни годинава треба да и плати на Русија 1.036.723,48
Наскоро Министерството за економија, трговија и енергетика ќе објави меѓународен тендер, на кој првпат ќе имаат можност при продажба на стратегиски објекти да се пријават и домашни компании. На купувачот ќе му се понудат најмалку 51 отсто од акциите на секоја од нив поединечно, – пишува скопски „Дневник“. Владата планира овие ХЕЦ да ги продаде во текот на годинава и добиените пари да
15
РЕГИОН ги употреби за инвестиции. Оваа практика може да го отвори патот и за други големи продажби во областа на енергетиката. Само пред една недела премиерот Сали Бериша, најавувајќи нов бран приватизација, рече дека државата во своја сопственост ќе ги остави само големите ХЕЦ, училиштата, болниците и националните паркови. Република Црна Гора во пресрет на претстојната туристичка сезона СЕЗОНСКА РАБОТА ЗА ОКОЛУ 15.000 РАБОТНИЦИ Работодавците во Република Црна Гора за претстојната туристичка сезона ќе понудат работа за околу 15.000 работници, најавено е од црногорската Унија за работодавци. Според оценките на Унијата за работа, ќе можат да конкурираат и странци, бидејќи нема доволно домашна работна сила.
Синдикатот на Црна Гора смета дека нема дефицит на домашни работници, но дека на работодавците повеќе им се исплати да вработуваат странци, бидејќи нив и помалку ги плаќаат. Според некои тврдења, во Црна Гора како сезонски работници се вработуваат и работници од Кина и од Велика Британија. „Јапонија Тобако“ пет години во Србија ГОДИНАВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 2 МИЛИОНИ ЕВРА Компанијата „Јапонија Тобако Интернешнал“ (ЈТИ) одбележува пет години од успешната приватизација на Тутунската индустрија Сента и по тој повод најавува и инвестиција во Србија вредна два милиони долари, соопшти компанијата. Од преземањето на
16
РЕГИОН Тутунската индустрија Сента до денес, ЈТИ има инвестирано повеќе од 100 милиони долари во Србија, ги модернизираше фабричките постројки, го поттикна
производството на цигари и започна извоз во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, како и извоз на тутун во земјите на ЕУ. При преземањето, Тутунската индустрија Сента имала 85 вработени, а денес ЈТИ има над 300 работници во Сента и Белград, а соработува и со 650 одгледувачи на тутун и сезонски работници. За железничкиот коридор 10 преку Србија потребни се четири милијарди евра ПОЧНАТИ ПРЕГОВОРИ ЗА КРЕДИТИ ПО НАЈПОВОЛНИ УСЛОВИ За завршување на железничкиот коридор 10 преку Србија потребно е да се обезбедат околу четири милијарди евра во следните осум години, изјавено е во Белград на отворањето на меѓународната конференција „Инвестиции во железниците во Југоисточна Европа“. Во сумата се вклучени
изградбата на 750 километри железничка линија и трошоците за документација и експроприација. - Србија веќе започна преговори со Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, изјави српскиот заменик министер за
БИЗНИС ИНФО инфраструктура Дејан Ласица, додавајќи дека овие банки даваат најповолни кредити. Реализирањето на железничкиот коридор 10 преку Србија ќе значи електрифицирана, двонасочна железничка пруга, на која возовите ќе можат да се движат со брзина од 160 километри на час. Брендовите од регионот Адриатик во седиштето на ЕУ ОСВОЈУВАЊЕ НА СРЦЕТО И ПАРИЧНИКОТ НА СТАНСКИТЕ КУПУВАЧИ „Супербрендс Адриатик“ на 1 јуни годинава ги отвори вратите на претставништвото во Брисел, седиштето на ЕУ, со цел непосредна промоција на брендовите од регионот Адриатик. - Брендовите во регионот Адриатик мораат да ги прошират границите на своето дејствување – да се освои срцето и паричникот на домашните купувачи повеќе не е доволно. Отворање на границите и пазарните бариери претставува голема шанса, но и обврска. Да се квалификува на врвно спортско натпреварување не е доволно. Во бизнисот ќе преживеат само оние брендови кои освојуваат медали – евра, долари и јени на своите купувачи. Создавање интензивни и единствени контакти со претставниците на европските регии може да претставува брз пат кон нови потрошувачи, кои се клучни за опстојување на пазарот, се вели во писмената изјава на Борут Земљич, директор на „Супербрендс“ за регионот Адриатик. Од „Супербрендс“ информираат дека Брисел претставува оптимална точка за контакт со претставниците на водечките региони во Европа кои одлично го познаваат бизнисот во рамките на своите региони и можат во многу кус рок со голема прецизност и со препорака, да ги насочат сопствениците на брендовите на вистинската адреса кон идниот деловен партнер. М е ѓ у н а р о д н а т а организација „Супербрендс“ е единствен глобален и независен
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
авторитет во областа на брендингот. Присутна е на четири континенти и во 88 држави ширум светот. Во рамките на регионот Адриатик присутна е од 2006 година. АКТУЕЛНО Вчудовидувачки е колку „економијата на Босфорот“ се опорави од кризната 2009 година ТУРСКО ЕКОНОМСКО ЧУДО Додека ЕУ се должничката криза, економија бележи
бори со турската бум.
Економскиот полет ги привлекува и германските фирми. Станува ли збор за турско економско чудо? Облакодерите во финансиските квартови Маслак и Левент, во 15-милионскиот Истанбул, се протегаат кон небото како џинови со стаклени мантили. Големи рекламни паноа пред градилиштата откриваат дека тука се градат нови седишта на фирми, канцеларии, банки. Според турскиот завод за статистика, Туркстат, економијата на Турција минатата година остварила пораст од 8,9 проценти. Турците во Европа беа први, а меѓу државите од Групата 20 само Кина имаше повисока стапка на пораст. Даночните олеснувања ја поттикнаа потрошувачката Земји во забрзан подем, како Турција, економски растат многу повеќе и побргу од индустриските држави. Но, сепак, вчудовидувачки е колку турската економија се опорави од кризната 2009 година, вели Зумрут Имамоглу од Економскиот истражувачки институт „Бетам“ на истанбулскиот универзитет „Бахчесехир“: „Владата им даде на потрошувачите даночни олеснувања за многу производи, особено за автомобили и
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
електронски апарати како фрижидери, печки или компјутери. Во текот на овие месеци потрошувачката се зголеми и тоа и‘ помогна на економијата.“
БИЗНИС ИНФО Владејачката партија во Турција победи на парламентарните избори ОСВОЕНИ БЛИЗУ ПОЛОВИНА ГЛАСОВИ Владејачката Партија на правдата и развојот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган освои на минатонеделните парламентарните избори близу 50 отсто од гласовите, но не и доволно места за да повика на референдум за нов устав, покажаа прелиминарните резултати засновани на 99,7 отсто преброени гласови.Партијата на Ердоган освои 49,9 отсто од гласовите, што значи дека ќе има 326 од вкупно 550 места во новиот состав на Парламентот.
17
РЕГИОН и поголем број мали и средни претпријатија кои се осмелуваат да направат чекор во Турција.“ Во Турција, на крајот на 2010 година, беа регистрирани околу 4.300 германски претпријатија, со тренд на пораст. „Придонесите на плати во Турција се, се разбира, помали отколку во Германија, но земјата веќе не е евтина. Таа во меѓувреме е толку развиена, што може да се реализира и покомпликувано производство.“ Пример за тоа е германскиот производител на камиони и автобуси - МАН. Во Анкара концернот склопува патнички автобуси и од таму ги извезува во над 40 земји. Интерес за Германија пројавуваат и турските фирми.
Финансискиот кварт Маслак во Истанбул Турција мораше да ја преброди својата финансиска криза уште во 2001 година. Новата влада на Реџеп Таип Ердоган и неговата Партија за правда и развој потоа го реструктуираа финансискиот сектор, ги намалија државните долгови и ја ориентираа економијата повеќе кон извоз: „Токму ваквата модернизација, ваквата растечка конкурентност на турското стопанство во гранки кои не се, како порано, само текстил или јужно овошје, туку и автомобилска индустрија, хемија, машиноградба, челик и железо, значи една широка палета, тоа сигурно беше основата врз која можеше повторно да се фати чекор по кризата во 2008-2009 година“, вели Маркус Кнуп, претставник за Турција на државното Друштво за поттик на економија насочена кон извоз, Џермани Трејд енд Инвест (ГТАИ). Младото население е значаен фактор Кнуп наведува дека економскиот полет бил поттикнат и од младото население, ориентирано кон потрошувачка. Во Турција живеат околу 75 милиони луѓе, од кои половината се помлади од 30 години. А тие имаат повеќе пари во џебот - приходот по глава на жител денес е речиси четири пати поголем отколку пред осум години, вели статистиката. Силниот внатрешен пазар и политичката стабилност
Реџеп Таип Ердоган Опозициска Републиканска народна партија на Кемал Калачдароглу доби 25,9 проценти од гласовите и 135 мандати во Парламентот. Партијата на националистичко дејствие доби 13 отсто од гласовите и 54 места во Парламентот. Другите партии не успеаја да го преминат десетпроцентниот праг за влез во Парламентот. Во новиот состав на Парламентот влегуваат и 36 пратеници од прокурдската Партија за мир и демократија, кои учествуваа како независни кандидати. Според законот, тие можат да формираат парламентарна група. На тој начин новиот состав на турскиот Парламент ќе биде составен од четири политички сили.
привлекуваат се‘ повеќе странски капитал на Босфорот. „Овде можат да се видат се‘ повеќе познати брендови од Германија, но и консултанти, адвокатски канцеларии итн. Има
Така, во 2007 година концернот Кок го купи германскиот производител на телевизори Грундиг. Кризите во соседството кочат Сепак, постојат и предупредувачки гласови. Дел од набљудувачите стравуваат дека како последица на брзиот економски развој цените и стапката на инфлација би можеле да излезат од контрола. Улога играат и кризите во соседството. Имамоглу оценува: „Поради кризата, побарувачката од Европа за турски производи се намали за 26% во текот на изминатата година. Затоа турските претпријатија почнаа да извезуваат повеќе на Блискиот Исток и Северна Африка, но најновите немири во Египет, Либија, Тунис и Сирија му нанесоа штети на извозот.“ Годинава, како што проценуваат аналитичарите, турското стопанство ќе порасне за 4,6%. За споредба - во еврозоната се смета со пораст помал од 2%.
18
ЕВРОПСКА УНИЈА Брисел препорача Хрватска да биде примена во ЕУ ЧЛЕНКА ОД 1 ЈУЛИ 2013 ГОДИНА Европската комисија даде „зелено светло“ за прием на Хрватска во Европската унија од 1 јули 2013 година, изјави во Брисел претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо. - Европската комисија реши да му предложи на Советот на министри на ЕУ да бидат затворени и последните четири поглавја од вкупно 35 во преговорите со Хрватска за нејзиното присоединување кон Унијата, се вели во изјавата на Баросо.
- Тоа го отвора патот за присоединувањето на Хрватска кон ЕУ од 1 јули 2013 година, ако датумот, предложен од Комисијата, биде потврден од Советот, истакна Баросо и додаде дека „ова е историски ден за Хрватска и за целата Унија“. - Хрватска денеска е подготвена за чекор напред, а тоа е знак и за останатите земји од Југоисточна Европа, дека ЕУ е конзистентна и реформите си ја прават цената, додаде Баросо. Шефовите на дипломатиите на 27-те членки на Унијата се повикани од своја страна да го дадат своето одобрение на 21 јуни, неколку дена пред средбата на врвот на европските лидери, соопштија дипломатски извори во Брисел. Преговорите со Хрватска долго време беа во ќорсокак поради поглавјето правосудство. ЕУ бараше од Хрватска да одбележи напредок во областа на борбата против корупцијата, потрагата по воените злосторници и соработката со Хашкиот трибунал, како и да изврши реформа во правосудството, со што ќе се обезбеди независност на судиите. - Не верував дека Хрватите ќе успеат да го постигнат тоа. Но за една година тие целосно го реформираа судскиот систем, изјави денеска еврокомесарот за правда Вивиен Рединг.
БИЗНИС ИНФО Филе очекува до крајот на годината да започнат преговори за членство во ЕУ со уште земји од Западен Балкан „НАСТАПУВА МОМЕНТОТ НА МАКЕДОНИЈА“ Гледам перспектива до крајот на годината Европската комисија да почне преговори за присоединување кон ЕУ со уште земји од Западен Балкан, на пример, со Македонија, каде што имаше успешни парламентарни избори, изјави на прес-конференција во Брисел еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Тој оцени дека „моментот за Македонија сега настапува“ и изрази очекување Атина и Скопје да го искористат за да постигнат решение, како што препорачува ЕУ. - ЕК ги заврши преговорите со Хрватска, работата е завршена, додаде Филе. Сега земјите од ЕУ треба да одлучат дали може преговорите да се сметаат за завршени и да се потпише договор за присоединување, посочи еврокомесарот. Еврокомесарот истакна дека патот на Хрватска кон ЕУ започнал уште во октомври 2005 година, и за тоа време земјата извршила сериозни промени кон обезбедување на владеење на правото и кон пазарната економија. Хрватска ги почна преговорите за присоединување кон ЕУ во 2005 година. Хрватска е втората држава од поранешна Југославија која ќе влезе во ЕУ, по Словенија, која стана членка на Унијата во 2004 година.
Расте бројот на Норвежаните кои се против влез во ЕУ СТРАВ ОД ПОЛИТИЧКА ИЛИ ЕКОНОМСКА КРИЗА И ОД ГУБЕЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО Расте бројот на Норвежаните кои се против влез на нивната земја во ЕУ - 66 проценти од анкетираните се против присоединувањето на Норвешка кон Унијата, а околу 25 отсто го поддржуваат, покажуваат резултатите од истражувањето на „Сентио рисрч“ за весникот „Национен“. Осум отсто од граѓаните немаат никакво мислење. Во споредба со минатата
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
година 60 проценти од Норвежаните биле против влезот во ЕУ. Според шефот на Норвешкиот институт за меѓународни прашања Улф Свердруп во резултатите од истражувањето нема ништо изненадувачко.
Сите истражувања покажуваат дека кај Норвежаните влијае прашањето за економијата и вработеноста. Повеќето земји кои се присоединуваат кон ЕУ преживеале политички или економски кризи или пак работниот однос со стапувањето во Унијата престанал да им функционира, истакна тој за „Национен“. Норвежаните гласаа против членството во ЕУ во 1972 и 1994 година. Засега не е закажан друг референдум. Жан-Клод Трише, претседател на ЕЦБ, побара итни финансиски реформи во еврозоната ФИСКАЛНА И МАКРОЕКОНОМСКА КОНТРОЛА НА ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Претседателот на Европската централана банка Жан-Клод Трише денеска како реакција на должничката криза во еврозоната, побара спроведување на „итни“ финансиски реформи кои ќе овозможат брзо и ефикасно санкционирање на земјите од ЕУ кои ќе ги прекршат прописите.
Трише на конференција во Лондон истакна дека должничката криза што ја принуди ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
финансиски да ги помогнат презадолжените земји-членки на еврозоната Грција, Ирска и Португалија, ги става под знак прашање регулативите во еврозоната. Должничката криза на три помали земји-членки на еврозоната укажа на потребата од итно спроведување на реформи во фискалната и макроекономска контрола над институциите во Европа, изјави Трише во своето излагање пред студентите на „Лондонската Економска Школа“. Кризата ги покажа слабостите на законската рамка за економско управување со еврозоната, што е проблем кој треба итно да биде решен, изјави првиот човек на ЕЦБ и повика на воведување на брзи и во голема мера автоматски казни за членките на еврозоната со голем буџетски дефицит. Освен тоа, казнувањето мора да биде и поефикасно со цел земјите членки да бидат принудени да се придржуваат до прописите, истакна Трише.
БИЗНИС ИНФО годината ќе биде на ниво од 5,8 отсто БДП во споредба со 5,6 отсто лани. Државниот долг на Словенија, според предвидуавњата, на крајот на декември ќе достигне 42,8 од БДП, иако пред една година беше на ниво од 38 проценти. Шведска наскоро ќе увезува работна сила НЕДОСТАСУВААТ ИТ – ТЕХНИЧАРИ, ГРАДЕЖНИЦИ И ОБРАЗОВАНИ ИНДУСТРИСКИ РАБОТНИЦИ Шведскиот завод за вработување смета на 107.000 нови работни места годинава и уште 61.000 идната година, пренесува дописникот на МИА од Гетеборг. Со тоа невработеноста во Шведска ќе се намали од сегашните 8,4 на ниво од 6,7 отсто, а само по неколку години се проценува дека ќе има потреба од увоз на работна сила во земјата, јави Шведското радио.
Словенија стравува од развој на кризата по грчко сценарио ДРЖАВНИОТ ДОЛГ СКОКНАЛ НА 42,8 ОТСТО ОД БДП Централната банка на Словенија ја предупреди Владата во Љубљана дека земјата, која досега во Источна Европа важеше за пример, и се заканува должничка криза, слична на грчката.
Државниот долг на Словенија веќе надмина 40 отсто од БДП, што е крајно сериозен проблем за малата земја. - Доколку вака се продолжи, наскоро ќе се најдеме во ситуација во која се Грција, Португалија или Ирска, изјави гувернерот на банката на Словенија Марко Крањец. Според последните оценки на Европската комисија, буџетскиот дефицит на Словенија до крајот на
–Ние уште денеска размислуваме околу увозот на работна сила и на каков начин ќе работиме со тоа прашање, вели генералниот директор на шведскиот Завод за вработување, Ангела Бермудез-Сванквист. Во повеќе бранши во Шведска веќе се забалежува недостиг од квалификувана работна сила, пред се, станува збор за ИТтехничари, градежни работници и образувани индустриски работници. –Убедени сме дека одделени бранши во 2013 и 2014 година ќе имаат проблем со вработување, рече Ангела Бермудез-Сванкивист.
19
ЕВРОПСКА УНИЈА И Норвешка ќе „увезува“ работници од странство ДО 2014 ГОДИНА 220.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА Норвешкото Статистичко централно биро (ССБ) проценува дека до 2014 година во Норвешка ќе бидат отворени 220.000 нови работни места, од кои поголемиот дел се очекува да бидат пополнети со работна сила од странство, пишува норвешкиот дневен весник „Афтенпостен“. - Побарувачката бележи силен раст во норвешката економија.
Како приватната потрушувачка, така и инвестициите, ќе имаат силен раст, вели директорот на ССБ, Ханс Хенрик Шел. Како што јави дописникот на МИА, прирастот најмногу се очекува во норвешките привтани сектори како нафтената индустрија, граджниот сектор и во хидроенергетските објекти. Во случај да продолжи сушата во Франција ОПАСНОСТ ОД НЕДОСТИГ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Производството на електрична енергија во Франција може да се намали за десет проценти во текот на ова лето, во случај да продолжи сушата од која е зафатена земјата, јавува дописникот на МИА од Париз. Според анализата на претпријатието за пренос на електричната енергија (РТЕ) постои опасност да се почувствува недостиг на електрична енергија за време на летниот период, бидејќи предвидувањата покажуваат дека во случај на горештини може да дојде до намалување на производството за 11.300 мегавати, односно количество кое го произведуваат десет нуклеарни реактори. Имено за нуклеарните реактори е потребна вода за нивно
20
ЕВРОПСКА УНИЈА ладење, а водостојот на реките во Франција е доста низок. За да се воспостави рамнотежа меѓу понудата и побарувачката Франција ќе треба да увезе околу 6.000 мегавати кон крајот на септември, што претставува 50 проценти повеќе во споредба со летото 2010 година.
Ситуацијата може да се усложни ако високите летни температури и сушата ги погодат соседните земји на Франција. Според објаснувањата од РТЕ, во перидот на високи летни температури за седум степени од нормалните ќе доведат намалување на производството и зголемување на потрошувачката на електрична енергија. Како пример се дава периодот околу пладне, кога во лето се зголемува температурата за еден степен потрошувачката се зголемува за околу 500 мегавати, што се објаснува со зголеменото користење на клима уреди и вентилатори за разладувања.
Европската унија го поздравува опаѓањето на злоупотреба на детскиот труд НЕВЕРОЈАТНИ 115 МИЛИОНИ ДЕЦА СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ОПАСНА РАБОТА Европската унија го поздравува постојаниот пад на злоупотреба на детски труд. Во 2006 година Меѓународната организација на трудот (МОТ) постави визионерска цел да се елиминираат најлошите форми на детски труд од 2016 година. - Охрабрени сме од извештајот на МОТ од минатата година, кој покажа намалување на стапката на злоупотреба на детскиот труд, во повеќе области каде децата се назагрозени, но сепак не постои
БИЗНИС ИНФО причина за задоволство, неверојатни 115 милиони деца се сеуште изложени на опасни работи, се вели во заедничката изјава на високиот преставник на Европската комисија Кетрин Ештон и еврокомесарите за развој и за трговија. Додека ЕУ ги консолидира достигнувањата од минатогодишните иницијативи, се додава во изјавата, ние мора да ги забрзаме нашите напори за борба против злоупотреба на детскиот труд, особено во консолидирање на правата на децата преку сеопфатен пристап кој се однесува на основните причини за оваа појава. Европската унија, како што се наведува, води политика за развој на борбата против основните причини на злоупотреба на детскиот труд преку насочени образовни програми и намалување на сиромаштијата, како на пример „Стоп за злоупотребата на детскиот труд“, „Образование за сите“ и специфични планови за образование.
Во меѓувреме, ги повикуваме нашите партнери да ја ратификува и да се имплементираат релевантни конвенции на МОТ, како и Конвенцијата на ОН за правата на детето и двата факултативни протоколи, се вели во заедничката изјава. За потсетување минатата година Европската комисија упати повик за предлози за борба против злоупотреба на детскиот труд во вредност од 11 милиони евра, преку невладините организации, приватниот сектор и регионалната власт.
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
Истражување на француски банкар покажува парадоксални резултати ГЕРМАНЦИТЕ РАБОТАТ ПОМАЛКУ ОД ГРЦИТЕ! Според статистичкото истражување на главниот економист на француската банка „Натиксис” Германците работат годишно во просек 1.390 часови, додека Грците, на кои им виси банкрот над глава, работат 2.119 часови годишно. По нив највредни се Италијанците кои годишно во просек работат 1.773 часови, Португалците 1.719 часови, па Шпанците 1.654, а Французите во просек работат 1.554 часови годишно Европјаните што живеат на југот од континентот работат повеќе и подолго од Германците, покажало статистичкото истражување на главниот економист на француската банка „Натиксис”. Со ова се побива ставот на германската канцеларка Ангела Меркел дека работниците во земјите погодени од кризата Грција, Шпанија и Португалија, се мрзеливи. Иако, според сегашните закони Германците одат во пензија со 65 години и тој број треба да биде зголемен на 67, Португалците и Шпанците работат подолго просечните години за одење во пензија се 62,6 односно 62,3, додека кај Германците се 62,2 години. Со оглед на планираните реформи на пензискиот систем во рамки на мерките на грчката влада за штење, Грците до 2015 година во пензија ќе одат со 65, наместо како досега со 60 години, така што просечниот број на години на
одење во пензија ќе се зголеми од 61,5 на 63,5 години. Истражувањето исто така покажа дека Французите (60 години) и Италијанците (60,1) во просек заминуваат во пензија две години порано од Германците. Македонците пак, во пензија заминуваат на 62 години за жени и 64 години за мажи.
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
БИЗНИС ИНФО
Италија повторно најголем производител на вино и шампањ во светот НАЈМНОГУ ИЗВЕЗЕНО ВО САД, ГЕРМАНИЈА И ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Италија повторно го врати епитетот најголем производител на вино во светот, што во 2009 година и` го отстапи на Франција, објави весникот „Дејли телеграф“ повикувајќи се на податоци од Европската комисија и Унијата на италијански фармери „Колдиретти“. Италија минатата година успеа да произведе 4,96 милијарди литри вино, а Франција 4,62 милијарди. Производството на вино во Франција во 2010 година е намалено, додека Италија успеа да го задржи производството на нивото од претходната година. Производството на шампањ во Италија, според весникот „Дејли телеграф“, го достигнало нивото од
420 милиони литри, додека Франција успеала да произведе 400 милиони литри шампањско. Италија, последен пат успеа да ја надмине Франција во производството на вино во 1998 и 2008 година. Во тројката европски лидери во производството на вино влегува и Шпанија. Најголеми увозници на италијанското вино се САД, Германија и Велика Британија. Казахстан предалага создавање Исламаски фонд за храна СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕДОСТИГОТ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРЕХРАНБЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев предложи муслиманските земји да создадат сопствени резерви од храна за да го спречат недостигот и да ја подобрат прехранбената безбендост на исламскиот свет. На исламскиот економски форум што неодамна се оддржа во главниот град на Казахстан, Астана, Назрабаев предложи да се формира регионален фонд на муслиманските земји, сличен на Фондот на Организацијата на ОН за
21
СВЕТ поради корупциски шеми, изјавил украинскиот претседател Виктор Јанукович на седница на националниот антикорупциски комитет. - Тоа се средства кои не стигнаа во буџетот или се украдени по пат на корупциски шеми. Преку корупциски договори, според различни проценки, во
храна и земјоделие (ФАО) и неговата земја, како најголем светски извозник на брашно, да биде домаќин на ова тело, пренесоа агенциите. Во оваа организација би биле вклучени Исламската банка за развој, со седиште во Саудиска Арабија, и пул за храна составен од претставници на земјите членки на Организацијата на исламската конференција (ОИК). Никола Саркози бара од Г20 да воспостави контрола врз цените на храната СПРАВУВАЊЕ СО ПАЗАРНИТЕ ШПЕКУЛАНТИ Францускиот претседател Никола Саркози побара од Групата 20 индустриски најразвиени земји и држави со брз стопански раст да воспостават систем за информирање за цените на храната со цел да да воспостави контрола врз цените и пазарните шпекуланти. Саркози на меѓународната конференција за суровини во Брисел наведе дека поради тоа што следните
децении веројатно ќе се зголеми неизвесноста во снабдувањето со храна, пазарот мора во поголема мера да биде регулиран за да се избегне големиот недостиг на храна предизвикан со шпекулативното тргување. Франција во моментов претседава со Г-20, а Саркози сака да го искористи тоа за да го протурка својот план за поголема транспарентност на пазарот на земјоделски производи. Украина годишно има загуба од 2,5 милијарди долари поради корупција ТЕШКО СПРАВУВАЊЕ СО ВОСПОСТАВЕНИТЕ ШЕМИ Украина секоја година има загуба од околу 2,5 милијарди долари
областа на државните набавки меѓу 10 и 15 отсто од државниот буџет завршува во џебовите на службениците, додал Јанукович. Според шефот на украинската држава, податоците на финансиската инспекција покажуваат дека лани директните загуби во државната каса во областа на државните набавки изнесувале повеќе од 1,2 милијарди долари. САД планираат извоз на оружје во висина од 46,1 милијарда долари ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ! САД планираат да извезат 46,1 милијарда долари оружје и воена опрема оваа година, што е двојно повеќе отколку во 2010 година. Во фискалната 2011 година, која завршува на 30 септември, Вашингтон очекува значаен раст на продажбата на опрама и оружје во рамките на програмата „Продавање оружје во странство“ (ФМС). Се пресметува дека околу 79 отсто од извозот ќе се финансира од земјите и организациите врз основа на посебни договори со администрацијата на САД, а остатоткот ќе биде финансиран во рамките на проектот за помош од Вашингтон. Продажбата на американска воена опрема која во 2000 година чинеше
22
СВЕТ десет милијарди долари речиси е тројно зголемена на околу 30 милијарди по 2005 година. - Од 2005 до 2010 година испорачавме преку ФМС програмата 96 милјарди долари вредна опрема, стоки и услуга на партнерските земји, изјави директорот на Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста, вицеадмиралот Вилијам Ландеј. Кина ќе стане второ најголемо потрошувачко општество на светот ДОВОЛНО ПАРИ ДА КУПАТ 14 ОТСТО ОД СВЕТСКАТА СТОКА ДО 2015 ГОДИНА До 2015 година Кина ќе стане второ најголемо потрошувачко општество во светот, стои во извештајот на Американската трговска комора во Шангај. Со растот на приходите Кинезите ќе имаат доволно пари да купат 14% од светската стока до 2015 што е три пати повеќе од сегашните 5%.
Поширокиот пристап до информациите, патувањата и интернетот ја подигнаа свеста за различните начини на живот и ја придвижуваат потребата за поголем избор. Кинезите се поподготвени да платат повеќе за гаранција на квалитетот на ова што го купуваат, растечката средна класа ќе го зголемува обемот на продажба, особено преку електронската мрежа, стои во извештајот. ФОКУСИРАНО: ЕНЕРГЕТСКАТА ИДНИНА НА СВЕТОТ Истражување на БП: Кина стана најголем светски потрошувач на енергенси ВО НАФТАТА И НАТМУ ВОДИ САД Кина во текот на минатата година стана најголем потрошувач на енергенси во светот, надминувајќи ги САД, соопштува енергетската компанија БП. Според БП, во текот на 2010 година Кина го зазде првото место според уделот во вкупната глобална потрошувачка на енегренси со 20,3 проценти, потиснувајќи ги од лидерската
БИЗНИС ИНФО позиција САД, кои лани во вкупната побарувачка учестувале со 19 отсто. Кинеската потрошувачка на енергенси лани на годишно ниво се зголемила за 11,2 проценти, а американската за 3,7 отсто. Во истовреме вкупната гобална потрошувачка лани забележала зголемување од 5,9 отсто во споредба со 2009 година, што претставува најголем годишен раст од 1973 година, се наведува во соопштението на БП.
Кина лани била убедливо најголем потрошувач на јаглен во светот, заземајќи 48 проценти од вкупната глобална потрошувачка на овој енергенс, додека САД и натаму остануваат најголем светски потрошувач на нафта со удел од 21 отсто во вкупната побарувачка, се вели во извештајот на БП, при што се додава дека САД трошат двојно повеќе нафта од Кина. Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) лани во јули соопшти дека Кина уште во 2009 година станала најголем светски потрошувач на енергенси, но подоцна кинеските власти ги негираа ваквите тврдења. САД повеќе од еден век се најголем потрошувач на енергенси во глобалните рамки.
ОПЕК неочекувано ги задржа непроменети производните квоти КАРТЕЛОТ НА САКА ПАД НА ЦЕНАТА Членките на Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) неочекувано на крајот од минатата недела одлучија да го задржат производството на непроменето ниво, што доведе до поскапување на тој енергенс на светските пазари.
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
- За жал, овојпат не успеавме да постигнеме консензус за намалување или зголемување на производството, изјави генералниот секретар на ОПЕК ,Абдула ел-Бадри по завршувањето на состанокот во Виена. На пазарите се шпекулираше дека картелот би можел да го зголеми производството за да се помогне во оживувањето на економскиот раст и да се надоместат загубите од испораките во Либија. Претставници на 12-члениот ОПЕК укажаа дека изостанокот на договор значи дека производството ќе се задржи на сегашното ниво, со најава за одржување нов состанок во следните три месеци. Прогнози на лондонски „Тајмс“ ОПЕК СЕ СООЧУВА СО НЕМИНОВНА „ШЕКСПИРОВСКА СМРТ“ Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) се соочува со неминовната „смрт во Шекспировски стил“ по случувањата на последниот нејзин самит, што заврши во целосен неуспех, пишува лондонски „Тајмс“. Како што јавува дописникот на МИА од Лондон, на својот последен самит, што беше означен како исклучително важен, членките ОПЕК не успеаја да се договорат околу решението за зголемување на нафтеното производство, со цел да се намали цената на нафтата на светските берзи. Предлогот за зголемување на производството што го застапуваше Саудска Арабија не доби поддршка од мнозинството членки на картелот, пред се поради острото спротивставување на некои од нив и поради неодлучноста на повеќето членки, што се смета за првиот „пораз“ на Саудијците во ОПЕК. Саудиска Арабија, како најголем производител на нафта и земја со најголеми резерви на „црното злато“, секогаш го имаше последниот збор во ОПЕК, поради што и се сметаше дека картелот главно е под нејзина контрола, но овој пат Ријад не успеа да се избори за својата позиција. Тоа би можело да значи крај на ОПЕК која во изминатите триесетина години важеше за една од најмоќните меѓународни организации, оценува „Тајмс“. Британски експерти сметаат дека неиспехот на последниот самит на оваа организација е и пораз за САД и удар врз настојувањата на Вашингтон, низ зголемување на производството да се намали цената на нафтата, а на тој начин да се помогне заздравувањето на
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
домашната економија. Дел од членките на ОПЕК бараат од Американците да ги отворат своите стратешки резерви и наоѓалиштата што не ги користат и ги чуваат за иднина, за да придонесат за намалувањето на светската цена на нафтата.
Скапата нафта, чија цена продолжува да расте поради исклучувањето на Либија од производството по воената интервенција на Западот, како и по немирите низ Блискиот Исток и арапскиот свет, го отежнува закрепнувањето на светската економија. Асоцијацијата на авиопревозниците во Лондон соопшти дека скапото гориво се повеќе го отежнува работењето на овој бизнис, што не ќе може долго да ја издржи трката со се поскапата нафта. Договорот за „Набуко“ потпишан во Турција ИЗГРАДБАТА ПОЧНУВА ОД 2013 ГОДИНА, ГАСОТ ЌЕ ПОТЕЧЕ ЧЕТРИ ГОДИНИ ПОДОЦНА Договорот за поддршка на проектот за гасоводот „Набуко“ беше потпишан неодамна во турскиот град Кајсери. Документот, кој е определен како еден од најклучните етапи во реализацијата на проектот, беше потпишан од националните компании кои учествуваат во реализација на проектот за гасоводот, и соодветните
министерства на петте земји, преку кои ќе преминува транзитот на природен гас - Австрија, Бугарија, Унгарија, Романија и Турција. Спогодбите претставуваат билатерални договори меѓу компаниите-
БИЗНИС ИНФО акционери во проектот и владите на секоја од транзитните држави. Во исто време започна работа и конзорциумот „Набуко“, кој ќе се занимава со подготовката на следната етапа во реализацијата на проектот непосредната изградба на гасоводот, планирана за 2013 година. Претходно беше планирано изградбата да започне уште во 2011 година, но по почетокот на практичните дејности плановите беа одложени за 2013 година, при што се очекува транспортот на гас да почне во 2017 година. Управниот директор на конзорциумот „Набуко“ Рајнхард Мичек изјави по церемонијата дека „освен дека е важен чекор кон реализиација на проектот, потпишувањето на договорот за поддршка ја зацврстува уште повеќе соработката со владите на транзитните држави“. Специјалниот претставник на Стејт департментот за енергетски прашања во Евроазија Ричард Морнингстар изјави дека многу близу до потпишување е и договорот за продажба и транзит на природен гас меѓу Азербејџан и Турција, што е важно за „Набуко“. - Гасоводот „Набуко“ ќе обезбеди директен достап на европскиот пазар до каспискиот регион, изјави во Кајсери еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер по потпишувањето на договорот за поддршка на проектот. „Набуко“ има за цел да доставува касписки гас за Европа , заобиколувајќи на Русија преку Азербејџан, Грузија, Турција, Бугарија, Романија и Австрија. Проектната моќност е 31 милијарди кубни метри, што е речиси пет проценти од потребите на ЕУ од гас до 2020 година. Словенија уште 20 години смета на науклеарна енергија „КРШКО“ ВО СИТЕ ВАРИЈАНТИ Словенија ќе продолжи да ја експлоатира нуклеарната централа „Кршко“ уште најмалку 20 години и покрај нуклеарната катастрофа во јапонската нуклеарка „Фукушима“, изјави словенечката министерка за економија Дарја Радич. - Словенија нема да се откаже од нуклеарната енергија поради несреќата, рече Радич на прес-конференција на која ја претстави владината програма за енергетика. Владата предлага пет варијанти за покривање на енергетските потреби до 2030 година, и сите ја вклучуваат
23
СВЕТ нуклеарната енергија, истакна таа.
Нуклеарката „Кршко“, изградена заедно со Хрватска во поранешна Југославија во 1984 година, е единствената нуклеарна централа во Словенија, која и обезбедува 40 отсто од нејзијата електрична енергија. Досега и Словенија и Хрватска заедно ја експлоатираат „Кршко“. Нуклеарката „Козлодуј“ во Бугарија ќе добие седми реактор БЕЗБЕДНОСТА ВО ПРЕДЕН ПЛАН Бугарија во следните неколку години ќе го гради седмиот реактор на нуклеарната централа „Козлодуј“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов. По повод потпишувањето на меморандумот за разбирање и проучување на можностите за соработка во нуклеарната енергетика меѓу Бугарскиот енергетски холдинг и американската компанија „Вестингхаус“ во Софија, Борисов истакна дека целта на тој меморандум е да се продолжи работењето на петтиот и шестиот реактор на „Козлодуј“ за барем десет години. Бугарскиот премиер нагласи дека за Бугарија најважна е безбедноста, како и ефективноста и цените при реализацијата на проектите поврзани со нуклеарната енергија. Тој повтори дека по изградбата на депонија за нуклеарен отпад, Бугарија ја очекува изградбата на седмиот реактор на „Козлодуј“ во следните неколку години. „Козлодуј“ има шест реактори, од кои првите два се исклучени во 2003 година, а четвртиот престана да работи во 2007 година поради безбедносни причини и непосредно пред влегувањето на Бугарија во Европската унија. Петтиот и шестиот реактор со јачина од по илјада мегавати во моментов се во одлична состојба, но не ги задоволуваат потреби на земјата за електрична енергија, па Бугарија поради тоа планира изградба на нова нуклеарка „Белене“.
24
КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС Еврокомисијата даде зелено светло за преземање на „Пармалат“ од страна на компанијата „Лакталис“ ИТАЛИЈАНСКАТА МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА ВО РАЦЕТЕ НА ФРАНЦУЗИТЕ Европската комисија даде зелено светло за преземање на италијанската млечна индустрија „Пармалат“ од страна на француската компанија „Лакталис“, пренесоа француските медиуми повикувајќи се на аноинимни извори во Брисел. Како што јавува дописникот на МИА од Париз, со ова преземање „Лакталис“ ќе стане најголема компанија во светот во млекопреработувачкиот сектор. По разгледувањето на досието Еврокомисијата оцени дека со ова преземање нема да се јават проблеми во областа на конкуренцијата, ниту во Италија, ниту во другите европски земји. Зеленото светло од Комисијата не е условено со ништо. „Лакталис“ најави дека ќе го зголеми својот удел во „Пармалат“ на 29 отсто со што дефакто ја презема контролата над италијанската млечна индустрија, што предизвика бура на незадоволство во Италија. „Лакталис“ започна со јавна понуда за купување на преостанатите акции на „Пармалат“. Оваа понуда започна на 23 мај и ќе трае до 8 јули. Нејзиниот успех е условен со преземање на контролата на најмалку 55 отсто од акциите. По првичните неуспешни обиди да се спречи продажбата на уделот на италијанската банка „Интеса Санпаоло“ која поседува 2,4 проценти од акциите на „Пармалат“, нејзиниот директор најави дека акциите најверојатно ќе ги продаде на „Лакталис“. Француските власти со барање до „Ер Франс“ „ЕКОНОМСКИ ПАТРИОТИЗАМ“ ПРИ НАБАВКА АВИОНИ Францускиот државен секретар за надворешна трговија Пјер Лелуш најави дека има намера да го повика генералниот директор на авикомпанијата „Ер Франс-КЛМ“, ПјерАнри Гуржон да даде објаснувања за идната нарчка на стотина нови авиони од „Ербас“ или „Боинг“. Како што јавува дописникот на МИА од Париз, „Ер Франс-КЛМ“ се подготвува да купи стотина нови авиони за околу десетина милијарди долари, кои посакува да ги подели меѓу „Ербас“ и „Боинг“. Лелуш нагласи дека Париз „многу и помогна“ на авиогрупацијата кога таа имаше проблеми со Брисел и дека сега очекува компанијата „да ја врати топката“, потсетувајќи дека француската држава поседува 15 отсто од акциите на „Ер Франс-КЛМ“. Повикот за „економски патриотизам“ до „Ер Франс“ го иницира пратеникот од редовите на владејачката Унија на народното
БИЗНИС ИНФО движење (УМП), Бернар Карејон, кој за таа цел изработи и петиција што веднаш ја потпишаа стотина други пратеници од сите политички партии. Имено, според овај пратеник, „Ер
Франс“ сака да нарача авиони од типот „Боинг 787“, наместо „Ербас А350“. Европските авиони за долги летови се многу помалку застапени во францускохоландската команија во споредба со американските, односно 73 се „Боинзи“, а 35 „Ербаси“. Цената на новата нарачка на околу стотина нови авиони од страна на „Ер ФрансКЛМ“, според проценките, би се движела околу 25 милијарди долари. „Форд“ тројно го зголемува производството на електромобили и хибриди НАЈАВЕНИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 135 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО ТРИ ФАБРИКИ ВО МИЧИГЕН Американската фабрика за автомобили „Форд“ планира до 2013 година за трипати да го зголеми производството на електрични и хибридни автомобили во Северна Америка, на повеќе од 100.000 возила. Одлуката е составен дел од поголем план кој предвидува повеќе од четвртина на автомобилите на Форд барем делумно да се придвижуваат на струја. Компанијата моментално изработува околу 35.000 вакви возила. Во напорите да го зголеми производството, фабриката најавува дека ќе инвестира 135 милиони долари во три фабрики во Мичиген за изработка на пет „електрифицирани“ модели. Инвестицијата би требало да овозможи отворање на 220 нови работни места. „Фолксваген“ и ГАЗ договорија заедничко производство „ШКОДА ЈЕТИ“ ОД НИЖЊИ НОВОГОРОД Германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“ и руската групација ГАЗ договрија заедничка инвестиција во производни капацитети за монтажа на автомобили, вредна 200 милиони евра. Со договорот склучен меѓу двете автомобилски индустрии се предвидува монтажа на автомобили од марките „Фолксваген“ и „Шкода“ во фабриката на ГАЗ во Нижњи Новогород.
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
Руската компанија во овој зеднички проект ќе вложи 85 милиони евра, додека останатите 115 милиони евра ќе бидат инвестиција на „Фолксваген“. Предвидено е уште есенва во погонот на ГАЗ да почне склопување на автомобилите
„Шкода Јети“, а од 2012 ќе започне и монтажа на „Џета“ и „Шкода Октавија“. Во фабриката во Нижњи Новогород годишно би требало да се монтираат по околу 110.000 возила, додека за во иднина се предвидува проширување на производството. Во фабриката на ГАЗ во рускиот град Калуга уште од ноември 2007 година се монтираат возила од марките „Фолксваген“ и „Шкода“ . Овој погон има годишен капацитет на производство од 150.000 возила. Вредноста на „Фејсбук“ до 2012 година ќе достигне 100 милиони долари ДО СТАРТОТ НА КОТИРАЊЕ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД СЕГА Вредноста на „Фејсбук“ до стартот на котирањето на компанијата на берзата, што се очекува да се случи во почетокот на 2012 година, би требало да продолжи да расте и да достигне 100 милиони долари, што би било двојно повеќе во однос на вредноста од јануари годинава, јави американската телевизија Си-ЕнБи-Си. Анализата на истражувачката компанија „Инсајд Фејбук“ меѓутоа покажа дека оваа најголема социјална интернет мрежа во светот минатиот месец загуби шест милиони корисници во САД, со што нивниот број опадна на 149,4 милиони од 155,2 милиони колку што изнесуваа кон крајот на април. Тенденцијата на намлување на бројто на корисници на „Фејсбик“ е присутна и во другите земји, пред се во Канада, Норвешка, Русија и Велика Британија. „Фејсбук“ вкупно има 700 милиони регистрирани корисници во целиот свет, од кои на почетокот на јуни активни биле 687 милиони. Најголемиот број од новите корисници потекнуваат пред се од земјите кои со „задоцнување“ се приклучија на оваа социјална мрежа, оценува компанијата „Инсајд Фејсбук“.
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ПРОИЗВОДИ „Боинг“ ќе го претстави новиот голем авион 747-8 на аеромитингот во Париз ЕНЕРГЕТСКИ МНОГУ ПОЕФИКАСНА ВЕРЗИЈА Американската компанија „Боинг“ првпат надвор од САД ќе го промвира најновиот голем авион од типот 747-8, патничка и товарна верзија на парискиот аеромитинг (Paris Air Show). Новиот патнички авион „747-8 интерконтинентал“ на 19 јуни ќе слета на аеродромот Бурже, додека товарната верзија
на новиот 747-8 ќе слета на 20 јуни, кога се отвора парискиот саем. Двата модела ќе се приклучат на новиот патнички авион „787 дримлајнер“, како и на другите комерцијални и воени летала на американската компанија. Новиот „Боинг 747-8“ е модернизирана, подолга и енергетски многу поефикасна верзија на огромниот авион 747 со две платформи, кој е во употреба од 1970 година. Првиот 747-8 за превоз на товар ќе биде испорачан на фирмата „Карголукс“ од Португалија во септември годинава. Првиот модел „747-8 интерконтинентал“ ќе биде испорачан во последниот квартал од годинава на приватен нарачател, додека „Луфтханза“ ќе биде првиот авиопревозник кој ќе го добие тој авион на почетокот од 2012 година. „Боинг“ на аеромитингот во Париз, што се одржува секоја втора година ќе ги претстави и авионот 737-700 на компанијата „Ер Берлин“, како и новиот 777-200ЛР за најдолги летови, кој е нарачан од „Катар ервејз“. Во Париз американската авиокомпанија ќе го претстави и воениот авион „Ц-17 глобмастер III“, воениот повеќенаменски авион Ф-15Е, како и хеликоптерот за превоз на товар „ЦХ-37 чинук“. Погоните за експлоатација на соларна енергија во Сахара СТРУЈА ОД ПУСТИНА ЗА ЕВРОПА Погоните за експлоатација на соларна енергија во Сахара, и тоа во голем број, би требало во иднина да обезбедат големо количество електрична енергија за Европа. Тоа е визија на проектот „Дезертек“. „Концептот ’Дезертек’ ги спојува најдобрите светски локации за користење на сончевата енергија, а тоа се пустините, и најдобрата светска технологија од најразвиените земји“, вели Герхард Книз, соосновач на фондацијата „Дезертек”, од кого потекнува идејата за производство на струја во
БИЗНИС ИНФО пустината за потрошувачи кои се далеку. „Развиените и земјите од пустинските предели на овој начин можат да се снабдуваат со огромно количество чиста енергија. Можеме да произведуваме стотина пати повеќе струја отколку што било кога ќе му биде потребна на човештвото“, вели Книз.
Соларни електроцентрали со голема ефикасност Сонцето во Сахара свети многу посилно отколку во Европа, затоа соларни електроцентрали во Северна Африка се значително поефикасни отколку во Централна Европа. Тие не се составени од соларни ќелии, какви што можат да се видат на покриви од куќи. Станува збор за соларно-термички електроцентрали, во кои големи огледала ја концентрираат сончевата енергија врз котел со вода. Пареата што се создава од загреаната вода ги придвижува турбините за производство на струја. „Предност на овој метод е што овозможува соларната енергија, насобрана во текот на денот, да се сочува и ноќе како топлина. Така, соларна енергија може да се произведува и испорачува кога ќе е потребна”, објаснува Книз. Од пустинската струја нема да профитира само Европа, која инвестира во овој проект, туку и Северна Африка. Во Мароко, Египет или Тунис ќе се создадат нови работни места, се надева Книз: „Ние овде имаме технологија, но не и можности да ја примениме. Тие имаат можности, но не и технологија. Ако успееме тие држави да ги здружиме во заеднички проект, може да се постигне максимум во добивањето енергија, во развојот на Северна Африка и во заштита на климата.” Дали Европа е сигурен партнер? Но, некои од потенцијалните северноафрикански партнери се плашат дека Европа не е заинтересирана за рамноправно партнерство, туку само за струја и тоа колку е можно поевтина. „Историјата не´ учи дека Европа си го зема она што и’ треба, без оглед дали другите го сакаат тоа или не”, вели Абделазиз Бенуна, поранешен генерален секретар на мароканскиот Центар за истражување и техника. „Прашање е дали Европа оди во насока кон партнерство и соработка? Тоа би можело да доведе до синергија за која можеме само да сонуваме. Се надевам дека ќе биде прифатено. Ние мораме, немаме друг избор.” Сомничави во однос на проектот „Дезертек” има и во Европа. Тие сугерираат да се почека со проектот додека да се стабилизира политичката ситуација во Северна Африка,
25
КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС зафатена од безредија. Герхард Книз има сосема поинакво мислење: „Со политичките промени во северноафриканските земји работава може да добие силен поттик. Досегашните влади таму беа пред се´ заинтересирани да ги обезбедат својата положба и моќ, а новите мора да се погрижат за разумни животни услови за населението, за што, пак, мора да бидат создадени нови работни места.“ „Дезертек” - двигател на демократските процеси во Африка Токму затоа, сега би требало да се вложува во „Дезертек”, тоа би ја помогнало демократизацијата на северот на Африка, смета Абделазиз Бенуна. „Полагам големи надежи во тоа дека демократска Европа во иднина ќе ги помага демократиите кај нас, а не како досега - диктаторите. Тогаш ќе постои добра основа за плодна соработка.” Се´ уште не се знае кој и колку ќе треба да издвои за пустинските електроцентрали, инвестиција што ќе чини милијарди евра. Првиот чекор го направи Европската Унија, најавувајќи дека ќе вложи 30 милиони евра за пилот-постројки, кои веќе се градат во Египет и Мароко.
Планови на Француската компанија „Суез Енвиронмент“ БИО-ГАС ОД УПОТРЕБЕНИ БЕБЕШКИ ПЕЛЕНИ Органскиот отпад, како урината и фекалните материи, можат да бидат претворени во биогас или во хумус, па затоа француската компанија „Суез Енвиронмент“ има идеја да ги искористи бебешките употребени пелени за производство на енергија. Компанијата ја претставилa својата пилот-програма „Хапи Напи“ (Среќни пелени) со која е предвидено масовна преработка на детските пелени. Според проценките, во првите две години од животот на едно бебе му се потребни околу 6.000 пелени, односно еден милион тон отпад само во Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.
Програмата „Хапи Напи“ се состои од две експериментални фази. Првата е „мелење“ на валканите пелени за да се одделат различните состојки од кои таа е направена, а потоа се преминува во фазата на преработка. Органискиот отпад, урината и фекалните материи кои претставуваат 70 отсто од искористените пелени, можат да бидат преработени во био-гас или хумус, додека пластичните материи од пелените ќе дозволат производство на преработени материи, тврдат од „Суез Енвиронмент“.
26
СВЕТСКИ ПЕЧАТ ЕУ се подготвува за десет годишнина на еврото ПЕПЕРУТКА, ПЧЕЛА ИЛИ ДЕЦА НА ЈУБИЛЕЈНАТА МОНЕТА Комесарот на Европската унија за економски и монетарни прашања Оли Рен неодамна објави конкурс за избор на најдобар дизајн за ограничена емисија на метални пари од две евра, чие пуштање во оптек на 1 јануари 2012 година треба да ја одбележи десет
годишнината од воведувањето на заедничката валута. За прв пат 330 милиони жители на 17 членки на ЕУ кои го користат еврото ќе имаат можност по пат на гласање преку Интернет од пет понудени решенија да изберат како треба да изгледаат нивните пари. Металната пара се избира на страницата www.eurocoin-come��on.eu. Иако еврото моментално не е најомилена валута во Атина, Лисабон или Даблин, тоа нема да ја спречи ЕУ да ја прослави неговата десет годишнина. - Ова е можност за секој кој живее во еврозоната да помогне во изборот на дизајнот за сопствената
валута, рече Рен, кој најавува дека ќе бидат исковани околу 90 милиони такви меморијални парички. Меѓу предложените дизајни се и слика на пеперутка која лета над хоризонт со симбол на еврото, слика на пчела над саќе со евро во позадина и две деца кои, држејќи се за рака, чекорат кон еврото. Гласањето е отворено до 24 јуни, а победничкиот дизајн ќе биде прогласен на 30 јуни,
БИЗНИС ИНФО соопшти Европската комисија. Одбележувањето на десет годишнината од воведување на еврото не е популарна идеја кај граѓаните на Грција, Ирска, Португалија, каде многумина сметаат дека членството во еврозоната донесе големи економски проблеми во должничката криза во изминатите две години. Едно истражување во Финска, Германија, Холандија и други членки покажа дека еврото сега не е ни блиску толку популарно како што беше кога се воведе, наспроти тоа што многу ги олеснува патувањата и плаќањата на стоката во еврозоната. Без оглед на сегашните различни мислења за заедничката европска валута, таа во текот на изминатите децении беше релативно успешна. Кога се воведе еврото вредеше 90 американски центи, но од тогаш постојано јакнеше, достигнувајќи рекордна вредност од околу 1,60 долари во јули 2008 година, покажаа податоците на Европската централна банка. Потоа вредноста на еврото варираше, но и натаму вреди околу 1,45 долари, што е зголемување од 61 отсто во однос на првобитното ниво. Со запаѓањето на Грција во криза, се појавија шпекулации дека Атина може да го напушти еврото и да ја врати драхмата, но економистите оценуваат дека тоа е малку веројатно, наспроти големите проблеми во земјата. Аналитичарите сепак укажуваат дека ЕУ, без јасни решенија на повидок за должничките проблеми во еврозоната, можеби нема да има доволно ентузијазам за прославата на десет годишнината на еврото, која ќе се одржи идниот јануари. (Политика – Белград) Суша за египетската економија РЕЧИСИ НИКОЈ НЕ ИНВЕСТИРА ВО НОВИ ФАБРИКИ *Египет, на патот кон демократија, е соочен со демонстрации на луѓето незадоволни од темпото на
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
промените и од влошената економска состојба. Туризмот доживеа слом, странските инвеститори се воздржуваат од нови вложувања Од самитот на Г8 дојде информација дека меѓународните финансиски институции ќе им понудат помош на Египет и на Тунис во форма на кредити, во вкупен износ од 20 милијарди долари за периодот до 2013 година. На есен, во Египет треба да се одржат парламентарни избори, први по соборувањето на режимот на Хосни Мубарак. Неизвесно е дали тие ќе дадат импулс за подобрување на состојбата. Самир Маана од Каиро вели дека порано сосем добро заработувал, оти многумина туристи сакале да јаваат на неговите камили минувајќи покрај пирамидите: „Сега кај пирамидите доаѓаат 300 до 400 туристи на ден. Пред револуцијата ги имаше десетпати повеќе, секој ден доаѓаа 4 до 5 илјади“.
Неизвесната политичка иднина произведува слом на инвестициите Неговиот впечаток го потврдуваат податоците од министерот за финансии: приливот на приходи, кои веќе беа планирани во буџетот, е помал за приближно 1,6 милијарди евра. И инвестициите доживеаја слом. Севкупно, според сметката на министерот, економските последици на револуцијата досега изнесуваат околу двеипол милијарди евра. Прекинат е долгогодишниот бум на египетското стопанство. „За Египет ова значи дека за наредните една-две години мора да смета на значително понизок стопански пораст, а годинава дури и
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
на пад на економијата. Тоа пред се’ се должи на фактот дека и натаму е неизвесна политичката иднина на земјата“, оценува Михаел Маркс од агенцијата „Џермани трејд енд инвест“ од Каиро. Многу странски фирми за време на револуцијата ги повлекоа своите експерти и соработници, но во меѓувреме речиси сите се вратија во Египет. Обновено е производството, повторно се монтираат автомобили во погонот на „Дајмлер“, а германскиот енергетски концерн РВЕ (ер-вее) повторно експлоатира гас во Египет. Но, речиси никој сега не инвестира во нови фабрики. „Решенијата за инвестирање се во прв ред психолошки. Ако има висок ризик или неизвесност, никој не инвестира. А ние уште се наоѓаме токму во таква фаза“, вели Маркс, кој е советник на инвеститорите. Тој очекува заживување на инвестиционите активности дури од средината на наредната година - и тоа ако во меѓувреме се’ се одвива нормално. Помош е неопходна На Египет му треба помош од странство, за да не стане економски и социјално уште понестабилен и да го турне во криза целиот регион. САД ветија отпишување на долгови од една милијарда долари, Саудиска Арабија вети поддршка од повеќе од три милијарди долари. ЕУ многу би помогнала кога би го отворила пазарот за земјоделски производи од Египет, но таа уште се штити со високи царини. „Уште ќе има дискусија, посебно се средоземноморските земји-членки на Унијата, чии сопствени производи така би добиле конкуренција на пазарот. Нам во Германија ни‘ е полесно, оти кај нас не растат портокали и маслинки. Но, големиот интерес за успех на ’арапската пролет‘ ни‘ налага да ги отвориме пазарите“, изјави во Каиро експертот за надворешна политика на ЦДУ, Рупрехт Поленц.
БИЗНИС ИНФО Ниту еден од најбогатите луѓе во Србија не се наоѓаат на листата на најголемите даночни обврзници, но се на врвот на најголемите даночни должници ВНИМАНИЕ, ТАЈКУНЛЕНД * Најбогатите стопанственици во Србија се и најголеми должници, за даноци и придонеси должат 170 милијарди динари, а
сите нивни долгови изнесуваат над неверојатни 500 милијарди динари, т.е. околу 5 милијарди евра Ниту еден од најбогатите луѓе во Србија не се наоѓаат на листата на најголемите даночни обврзници, но се на врвот на најголемите даночни должници, дознава НИН од извори во Министерството за финансии. Во долговите кон државата и Даночната управа први се Мирослав Мишковиќ, Милан Беко и Зоран Дракулиќ. Исто така, според извори на НИН ниту едно име од врвот на полицијата не се наоѓа во белите книги на организиран криминал. Во полицијата тврдат дека не е нивна работа да го испитуваат богатството на тајкуните. „Таа истрага бара прво накрсно испитување на приходите и расходите и потеклото на имот. Тоа е надлежност на Даночната управа, а ако Даночната управа тоа го бара, во конкретните случаи полицијата е подготвена да даде логистичка поддршка. Без разлика кој е во прашање, ние сме подготвени за такви постапки“, вели нашиот извор од МВР. Во самиот врв на полицијата велат дека од исклучително значење е Законот за одземање на имот стекнат со криминал, бидејќи тоа е најголем удар кој може државата да го зададе на било кој, кој што се занимава со организиран криминал, вклучувајќи го и организираниот криминал на тие од врвот. Полицијата се заколнува дека е подготвена да удри на
27
СВЕТСКИ ПЕЧАТ тајкуните кои со нелегални малверзации создале цели империи и оствариле монополски позиции, но во нејзиниот врв велат дека „не е доволно некој на некого да не му се допадне само затоа што е богат, туку неопходно е барање од обвинителството“. Сосема е јасно дека тука не се работи за недопаѓање и дека за полицијата и за сите други надлежни државни органи има доволно работа, само кога би сакале да ја вршат. Но, одговорот на прашањето зошто работењето на најбогатите луѓе не е испитувано и не се предмет на истрага, очигледно лежи во друг факт – сите водечки тајкуни преку фирмите од сенка ги финансираат речиси сите политички партии. Сепак, на списоците на Агенцијата за борба против корупцијата кои ги доставија партиите ги нема имињата Мирослав Мишковиќ, Милан Беко, Вук Хамовиќ и многу други. Ниту пак некој се потруди да дознае на кој начин се отсликува нивното влијание на партиите. Во Даночната управа тврдат дека немаат начин на проверка за финансирање на
партиите и дека за тоа се надлежни други институции. Очигледно е дека во многу државни органи големите стопанственици имаат заштита. Во Даночната управа тврдат дека државата ги заштитува големите неплаќачи и дека на нив, како на извршниот орган на Министерството за финансии, според Законот за даночна постапка во даночната администрација (член 7) им се врзани рацете јавно да ги обелоденат, на пример, најголемите даночни должници во Србија. Отварањето на тие списоци најверојатно би ги потврдило неофицијалните сознанија на НИН, дека најбогатите стопанственици, т.е. нивните фирми должат на
28
СВЕТСКИ ПЕЧАТ државата околу 170 милијарди динари само врз основ на данок на приход, здравствено и пензиско осигурување, додека сите нивни долгови достигнуваат над неверојатни 500 милијарди динари, или околу 5 милијарди евра. Тој данок е ненаплатлив низ принудна наплата од сосема бизарна причина, бидејќи прописите за стечај и приватизација забрануваат секакви дејности поврзани за редовна и принудна наплата од страна на Даночната управа. На овој начин државата овозможува заштита на големите стопанственици. Само навидум постоеше обид за исправка на грешката со донесување на закон за поврзување на стажот на вработените. Државата така, според наводите на извори на НИН, преку Даночната управа ќе ги наплати Фондот на ПИО. Од кого? Тоа прашање остана без одговор. И додека тајкунските империи се шират, а многу од нив се сопственици на вили во нај елитните делови на Лондон, Москва или Монте Карло, нивните неисплатени побарувања не остануваат само на ниво на државата. Остварувајќи монополска положба тие функционираат по принцип на пазарните цени и кога се во прашање домашни набавувачи. Тајкуните настанаа од време на режимот на Слободан Милошевиќ, во текот на 90-тите, дел бидејќи беа привилегирани, дел поради немање на механизам за контрола на неприлагодените новонастанати општествени услови. Проследена со кадровски чистки, реконструкцијата на државата се основаше по партиска линија. И новиот состав на богаташи беше регрутиран од технократскиот раководен слој од сферата на стопанството или политиката. Таа елита имаше увид во самиот пазар и создавајќи финансиска база, исцицувајќи ги парите на општествените компании, ги префрлуваше на сопствени сметки, низ нереална вредност на стоките и услугите, дел даваа за одржување на режимот на Милошевиќ, а најголемиот дел го земаа за себе. Тоа им овозможи создавање на такви монополи што
БИЗНИС ИНФО нивната бариера тешко можеше да се пробие и за кусо време станаа милијардери. За колкави суми станува збор? Богатството на само двајца водечки бизнисмени Мирослав Мишковиќ и Милан Беко, моментално се проценува на околу 500 милиони евра, иако претходните години се спомнуваа далеку поголеми суми. Како е можно за кусо време во сиромашна држава да се создадат такви империи? Одговорот на тоа прашање веќе цела деценија го должат правосудните, полициските, даночните и другите органи на државата. Прво во воените услови се создаде општествена претпоставка за лов во матно, беа искористени санкциите и војната, а потоа приватизацијата, на која и претходеше процес на девастирање на сите стопански субјекти и владееше принцип на работење – уништи па дојди до тоа џабе, а потоа препродади. Според таа логика, стотици фабрики и илјадници хектари земја се купуваа за неколку марки, создавајќи од друга страна работничка маса соочена со голема сиромаштија и целосно зависна од волјата на сопствениците на фирмите во кои се вработени. Зграбија дејности кои некогаш ги вршеа државните извозни фирми „Генекс“ и „Инекс“. Беше тоа дива зона во која се формира нова класа на богаташи, приватни стопанственици, кои ги преземаа работите на државата. Вук Хамовиќ и Зоран Дракулиќ ги преземаа работите на филијалата „Генекс“ во странство. Покрај Хамовиќ, бизнис почна и Војин Лазаревиќ. Мирослав Мишковиќ во тоа време почна да работи од својот стан, од кој претходно се исели Слободан Милошевиќ на Дедиње. Милан Беко во тоа време беше министер и еден од основачите на Законот за приватна трансформација. За само неколку години најдоходовните дејности на државата се префрлија во раце на приватни фирми кои работеа под директна контрола на режимот, издавајќи пари за негови потреби. Тајкунските врски се тесни. Ги поврзуваат конкретни интереси, а
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
се вмрежуваат во пониски нивоа на легални принципи во кои секој има своја цена, а ако тоа не поминува, со мито и корупција. Таквата пајакова мрежа на софистициран организиран криминал задира во самата есенција на државата.
Новите богаташи претежно немаа склоност кон новата влада по 5 октомври. Но, во своите раце имаа пари, клучни луѓе на важни позиции на извршната власт, во банкарскиот сектор, како и синдикатот. Тоа им овозможи да ги зајакнат своите позиции и да се впуштат во вториот чин на приватизацијата. Врските во новата власт ги остварија откако почна да се насетува крајот на ерата на Милошевиќ. За услугите на финансирање на опозициските партии новата влада им се реваншира со посебни повластици, вклучувајќи и донесување на закон по нивна мера. Припадниците на деловната елита на Милошевиќ станаа најважни тајкуни, позиционирајќи се на сега веќе свои луѓе на клучни позиции во државата. И иако вработија вкупно само 45.000 луѓе, нивното влијание на раководењето со државата беше многу посмело и од тоа ја црпеа речиси целата можна корист која можеа да ја добијат, вклучувајќи и кредити од државата за малите и средни претпријатија по поволни услови кои завршија во нивните компании. Тие заедно учествуваат во бизнисите. Милан Беко и Мирослав Мишковиќ се спомнуваа како косопственици на Лука Белград, Мирослав Мишковиќ и Богољуб Кариќ сега се поврзани и во роднинска врска. Ќерката на Мишковиќ е мажена за синот на Сретен Кариќ, брат на Богољуб. Кариќ кој се бара поради
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
злоупотреба на позицијата во „Мобтел“, само е еден од тајкуните на Милошевиќ, кој никогаш немаше да биде на црната листа да не навлезеше таму каде што не треба – отворено во политиката, како опозиција на новата влада. Тие се здружени и во деловно здружение, кое се собира на ул. Шекспирова, во клубот „Привредник“, во кое се и Данко Ѓуниќ, Жељко Митровиќ, Драган Томиќ, Миодраг Бабиќ... Не можеме да кажеме дека сите нови богаташи се исти. Но, државата никогаш не ги заштити тие кои својот капитал го стекнаа со легално транспарентно работење, со процесуирање на тие другите со мрачни текови на парите. Никогаш не е даден одговор од државата како тоа сиромашна Србија да ги има најбогатите луѓе во регионот. И тоа во толкав број. Економистот Мирослав Прокопијев има едноставен одговор: „Најмногу беа негувани, им одеа на рака и при донесувањето на законите, како антимонополскиот, кој не предвидуваше санкции и всушност претставуваше само формално извршување на барањата на ЕУ. Србија нема ни нафта ни гас, ни дијаманти, кои паднаа во рацете на руските олигарси, но затоа имаше државни претпријатија чија приватизација всушност претставуваше целосна кражба. И затоа речиси нема тајкун од толку висок ранг кој се појавил по 2001 година. Сите тие со помали или поголеми империи постоеја во времето на Милошевиќ. И не е точно дека новите власти имале било какви долгови кон нив. Требаше само да го отворат пазарот и тие ги покажуваа своите способности. Е, сега работите ќе дојдат на свое место“. Во зависнот кој знае да работи, а кој не знае, ќе се одвива нивниот опстанок. Стјепан Грдељ, член на Советот за борба против корупцијата, вели за НИН дека тајкуните и понатаму се добро распоредени, вешти, имаат слаба држава против себе и многу од нив се одговорни за упропасените извори на финансии на државата, а нивниот механизам не се искомплицира. Напротив, се темели на одземање и потоа
БИЗНИС ИНФО
29
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
на размножување. „Советот за борба против корупцијата се обидуваше се. Предупредуваше дека Миодраг Костиќ не смее да купи три шеќерани за по три евра, дека Милан Беко не смее да ја купи „Лука Белград“, бидејќи таа работа не е легална. Но, ништо не вредеше. Како тоа да го пријавите на тие кои се вмешани во мрежата со нив. Обвинителството во текот на сите овие години мораше макар на погрешен сигнал на Советот да покрене истрага, но истраги немаше и речиси секогаш се повикуваа на недостиг на докази“. Лука Белград сега е прв тест за обвинителството, кое води преткривична постапка за злоупотреба при секундарната приватизација. (НИН – Белград) Со влезот во ЕУ, кондиторите ги очекува ограничен настап во земјите на поранешна Југославија СЕ ЈУЖНО СТАНУВА СТРАНСТВО
Хрватските кондитори забележуваат голем пад на продажбата на своите производи. Во прилог на тоа најдобро говорат податоците според кои лани на домашниот пазар продадоа 5.625 тони свои производи, а пред две години 6.578 тони. И извозот е намален, па според податоците на кондиторите е намален од 7.650 на 6.711 тони свои производи. Помал е и увозот. Оваа година во првиот квартал увезени се 18.205 тони кондиторски производи, а лани 19.611 тони кондиторски производи. Како што наведува Стипан Билиќ, директор на здружението Кондин, кое ги собира хрватските кондитори, од овие податоци јасно е дека поголем пад има домашната продажба (14,5 отсто) од намалениот увоз (7,2 отсто). Србија е поконкурентна - Меѓутоа, треба
да
се истакне дека состојбата на кондиторската индустрија е одраз на состојбата на вкупната прехранбена индустрија, која е многу неповолна бидејќи цените растат, а производството се намалува, што е најлошо сценарио кое може да се случи на една стопанска гранка, вели Стипан Билиќ.
Еден од поголемите проблеми со кои со години се соочува целокупната индустрија е неконкурентноста. За разлика од Хрватска, некои од земјите од соседството со кои сакаме да се споредуваме, како Србија, со тоа немаат проблеми. - Србија има земјоделски вишоци (брашно, шеќер, растителни масла, па и млечни) кои мора да ги извезува и ги продава по светски цени намалени за трошоците за превоз. За да ги намали тие извозни загуби, Србија на своите извозници ги субвенционира основните земјоделски производи кои се вградени во кондиторските производи и на тој начин го поттикнува извозот на своите земјоделски производи. Така, поради пониските цени на тие суровини и поттик на извозот имаат најмалку за 20 отсто пониски влезни трошоци и за тој дел објективно се поконкурентни. Хрватската кондиторска индустрија беше и остана поконкурентна само во квалитетот, стоковите марки и слично, но во сегментот на трошоците нивната индустрија е поконкурентна. Порано хрватската кондиторска индустрија подмируваше 35-40 отсто од пазарот во Србија, а сега не повеќе од 7-10 отсто. Во тоа време производите од Србија беа застапени на нашиот пазар не повеќе од 10-12 отсто, а сега
30
СВЕТСКИ ПЕЧАТ на нашиот пазар кондиторските производи од Србија имаат удел од 7-8 отсто. Дополнителен проблем за зголемување на меѓусебната размена е поврзан за психолошките бариери, но и за големото влијание на политичките фрустрации поради кои неоправдано страдаат стопанските односи, вели Билиќ. Направени се многу пропусти Кога се работи за наближувањето на влезот во ЕУ на Хрватска, многумина сметаат дека во делот кој се однесува на целокупната прехранбена индустрија направени се многу пропусти. Имено, и Билиќ наведува дека во подготвителната фаза требало да се направат службени проценки за ефектот и да се објави аналитичка подлога на која ќе се темелат тие проценки. - Проценките до сега не се направени официјално па сега секое поединечно тврдење може да се толкува како политичка поддршка или политичко опонирање на нашиот пристап во ЕУ. Соодветни тела требаше да изработат и јавно да прикажат аналитичка подлога која ќе покаже како влезот во ЕУ ќе се одрази на нашето стопанство. Вака стручната расправа е исклучена. Но, генерално за хрватската кондиторска индустрија може да се каже дека таа во последните 20 години дупло го зголеми извозот во земјите во светот, а сега (во 2010) остварува околу 25 отсто од поранешната продажба на пазарите во поранешните југословенски републики, вели Билиќ, па наведува дека со влезот во ЕУ, пазарот на поранешните југословенски републики станува странски пазар, а пазарот на ЕУ станува наш домицилен пазар. Поради тоа, истакнува Билиќ, малку е веројатно дека со влезот во ЕУ ќе се зголеми извозот во поранешните југословенски републики, бидејќи ќе се зголемат царинските бариери, а нашите поединечни договори за намалување на царините ќе се пренесуваат на сите држави во ЕУ. - Увозот на кондиторските производи, поради ЕУ ограничувањата и ЕУ царините,
БИЗНИС ИНФО од тие подрачја веројатно исто така ќе биде мал, а проценката на ефектот на подолг рок и со влезот на тие земји во ЕУ повеќе личи на претскажување отколку на стручни проценки, бидејќи ни за тоа нема службена подлога, заклучува Билиќ. (Глас Славоније – Осиек) Преживувањеето на грчката економија може да се постигне само со храбри програмски реформи ДОЛГОТ ВО ЕДНОСТАВНА МАТЕМАТИКА
Потребно е едно списание кое ќе каже дека Германија е подготвена да се согласи за дополнителен заем од 60-65 милијарди евра, за оптимимот да се појави во Грција. Дури и задушената берза во Атина почна да дише. Сепак, вистината е дека облаците продолжуваат да го затемнуваат хоризонтот, се додека меморандумот е базиран на претпоставки дека до почетокот на 2012 година, Грција ќе биде подготвена да се врати на пазарот. Иако како сега изгледаат работите, не изгледа дека пазарите ќе бидат подготвени за да ги отворат своите порти за Грција. Со цел да се избегне враќањето на старо, Грција треба или да го реконструктуира нејзиниот долг, или да добие дополнителни заеми. Европската централна банка го одби предлогот за реструктурирање. Единствена опција која сега се разгледува е доброволно репрофилирање за да се избегне распалувачката размена на кредити. Ова е причината зошто еврозаната се повеќе предупредува за предлогот за нов пакет заеми. Но, да го разгледаме проблемот преку бројки. Дури и да постои шанса Грција целосно да го избрише долгот, во 2012 таа ќе треба да исплати 52 милијарди евра (35 милијарди во доспеани побарувања и 17 милијарди за
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
камати), додека се очекува од тројката да добие 12 милијарди евра. Во 2013, Грција не очекува да добие ништо од тројката, но сепак ќе мора да плати отприлика 44 милијарди евра (27 милијарди во доспеани побарувања и 17 милијарди за камати). Значи, нејзе и требаат повеќе од 84 милијарди евра само за периодот 2012-2013, па така дури и ако добие заем од 60-65 милијарди евра, сепак, ќе биде пократка за 20-25 милијарди евра. Како поткрепа, оваа сума се претпоставува дека ќе се покрие со приватизацијата и со продажбата на државниот имот. Како и да се, животот не завршува во 2013. Каде Грција ќе најде десетици милијарди евра кои и се потребни годишно за да го сервисира огромниот долг? И што ќе се случи по 2014, кога сумата која ги покрива каматите ќе порасне?
Рецептот за кратење на потрошувачката не може да го направи долгот на Грција одржлив, така што таа ќе почне да позајмува од пазарите. Во меѓувреме, варијантите во перманетниот европски механизам повеќе би тежнееле да рециклираат отколку да го решаваат проблемот со потхранувањето на шпекулациите за можното излегување на Грција од еврозоната. Преживувањеето на грчката економија може да се постигне само со храбри програмски реформи и затегнувањето на потрошувачката и добивката, во комбинација со големо засилување на државните потенцијали преку експлоатација на потецијалот за раст од една страна, и кастрењето на долгот од друга. (Катимерини – Атина)
БИЗНИС ИНФО
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
31
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ
Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Назив на Проектот
Референца
ME - Подгорица: ИПА надградување на ИТ-капацитет на даночната администрација Дополнување EuropeAid/130984/C/SER/ME
Финансиска референца Вид на набавка
Услуги
Финансиер
Европска комисија
Земја
Црна Гора
Објавено на
7.6.2011 година
Краен рок за апликација
12.7. 2011 година
Сектори
Информатичка технологија
Опис на Проектот
Поддршка на трансформацијата на даночната администрација
Контакт Delega�on of the European Union to Montenegro, Vuka Karadzica 12, 81000 Podgorica, MONTENEGRO, For the a�en�on of: Finance, Contracts and Audit Sec�on, Room 0.10. Tel. +382 20444600 Назив на Проектот
Приштина: Испорака на ИТ опрема бр. 4Дополнување
Референца
EuropeAid/131311/D/SUP/XK
Финансиска референца Вид на набавка
Услуги
Финансиер
Европска комисија
Земја
Косово
Објавено на
7.6.2011 година
Краен рок за апликација
11.8. 2011 година
Сектори
Информатичка технологијаОпштествени служби
Опис на Проектот
LOT 1. equipment, parts, tools and consumables. LOT 2. network equipment. LOT 3. servers & storage. LOT 4. printers & copiers. LOT 5. audio-visual equipment. LOT 6. specific law enforcement equipment
Контакт
EULEX, Procurement Sec�on, Main Warehouse Compound, Zona Industriale Veternik, PO Box 268 (opposite Gorenje Hotel, next to fuel sta�on), 10000 Pris�na, KOSOVO
Назив на Проектот
Проект на обнова на патиштата во ТиранаДополнување
Референца
EBRDZ37708
Финансиска референца 5902-GPN-36228; 6402-GPN36228 Вид на набавка
Испораки, изведбени работи
Финансиер
ЕБРД
Земја
Албанија
Објавено на
7.6.2011 година
Краен рок за апликација
Отворен до јуни 2012 година
Сектори
ГрадежништвоИнженерингТра нспорт Урбан развој
Опис на Проектот
Контрола на сообраќајниот систем на Тирана
Контакт Mr. Mihail Cico PIU Director Tel./Fax.: +355 4 2238 245 e-mail: mcico@icc-al-org Назив на Проектот
РС - Белград: Рехабилитација на патишта
Референца
EIBZ65874
Финансиска референца 2011/S 109-178832 Вид на набавка
Изведбени работи
Финансиер
ЕИБ
Земја
Србија
Објавено на
8.6.2011 година
Краен рок за апликација
19.7. 2011 година
Сектори
Градежништво - инженеринг
Опис на Проектот
Проект за рехабилитација на патишта и мостовиLot XX: подобрување на патот од секцијата M-19 во должина од 10,890 km Lot XXI: подобрување на патот од секцијата M-19 во должина од 1 6,638 km, подобрување на делови од патот во Дебрц и Српљен и реконструкција на делови од патишта во Шабац
Контакт Mr. Jovan Jovic, JP “Roads of Serbia”, Bulevar kralja Aleksandra 282 - ground floor, 11000Belgrade, Republic of Serbia; e-mail: jjovic@rrp-scg.com. Telephone +381 11 30 34 744. Telefax +381 11 30 34 832
32
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ
БИЗНИС ИНФО
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Опис на Проектот Назив на Проектот
Проект за рехабилитација на хидророцентрала
Референца
WB2468-801/11
Финансиска референца Loan No. 4795-UA, Project ID No. P083702
Консултантски услуги за народните банки во развојот на нивните монетарни политики
Контакт EBRD Contact Person: Maria Haugh, Consultancy Services Unit Telephone number: + 44 207 338 7185 E-mail address: haughm@ebrd.com (submissions should be sent through eSelec�on and NOT to this email address
Вид на набавка
Испорака
Финансиер
Светска банка
Земја
Украина
Објавено на
8.6.2011 година
Краен рок за апликација
19.8. 2011 година
Сектори
Информатичка технологијаЕнергетика
Финансиска референца 2011/S 111-182176 (2011/S 90147341
Опис на Проектот
Испорака и инсталација на софтвер за мониторинг на браната
Вид на набавка
Испораки
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Објавено на
10.6.2011 година
Краен рок за апликација
28.6. 2011 година
Сектори
Здравство
Опис на Проектот
Промени на количините во првобитниот тендер
Контакт Open Joint-Stock Company “UkrHydroEnergo” . A�n: Mrs. Zhanna Gu�na. OJSC “UkrHydroEnergo” office 207. 07300, Vyshgorod, Kyiv region, Ukraine. Tel: +38 04596 582 27. Fax: +38 04596 220 07. E-mail: gu�na@ges.kv.energy.gov.ua
Назив на Проектот
Рамковни политики за развој на локалниот пазар на капитал
Референца
EBRDZ65896
Финансиска референца 33671 Вид на набавка
Услуги
Финансиер
ЕБРД
Земја
Albania, Armenia, Azerbaijan, Belarus, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Croa�a, Estonia, Georgia, Hungary, Kazakhstan, Kyrgyz Republic, Latvia, Lithuania, Macedonia, Moldova, Montenegro, Poland, Romania, Russian Federa�on, Serbia, Slovakia, Slovenia, Tajikistan, Turkey, Turkmenistan, Ukraine, Uzbekistan
Објавено на
10.6.2011 година
Краен рок за апликација
27.6. 2011 година
Сектори
Финансии банкарствоУправување со програми
Назив на Проектот
MK - Скопје: Фармацевтски стокиДополнување
Референца
ECZ65112-земји кандидати
Контакт ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологијаВодњанска 17, СкопјеЗа: Магда ДоковскаРепублика Македонија Tel. +389 23111749 +389 23111749 . E-mail: magdadokovska@yahoo.com. Fax +389 23111749 +389 23111749 . (Supplement to the Official Journal of the European Union, 11.5.2011, 2011/S 90-147341
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 е-маил-aco@mchamber.mk www.mchamber.mk
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Дебата: „Балканот, Израел и Арапската пролет” Учесници: експерти за Блискиот Исток, дипломати, новинари 16 јуни 2011 година, 12 часот, Стопанска комора на Македонија, сала на 5 кат Учесници: експерти за Блискиот Исток,
дипломати, новинари Дебатата ќе се фокусира на следните прашања: - Политичките, социјалните, културните и економските ефекти на “Арапската пролет” врз Македонија и врз Балканот - Улогата на Евроската Унија и САД во Израел и во арапскиот свет - Сценарија за арапскоизраелскиот мировен процес - Иднината на арапскоизраелското присуство на Балканот и во Македонија Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: lence@mchamber.mk
На 17 јуни 2011 година МАКЕДОНСКО-РУСКИ БИЗНИС-ФОРУМ СО КОМПАНИИ ОД РЕГИОНОТ ВОЛОГОД Стопанската комора на Македонија, во 10 часот, сала 1 на 5 кат Група бизнисмени од Руската Федерација, на 17 јуни 2011 година ќе ја посетат Р. Македонија. Нивната цел е воспоставување на деловни контакти со компании во земјава од повеќе стопански дејности. Вологодскиот регион се наоѓа околу 458 км североисточно од главниот град Москва. Станува збор за еден од најразвиените региони во Руската Федерација познат по
производство на железо, челик и преработка на дрво и го зазема деветото место на БДП по глава на жител во целата земја. Бизнисмените од рускиот регион Вологод ќе имаат прилика да се запознаат со можностите за инвестирање и за потенцијалите за водење бизнис во нашата земја. По завршување на официјалниот дел на бизнис- форумот, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од неколку области: градежништво, прехрамбена индустрија, пренос на електрична енергија, трговија на мало со храна, пијалоци, како и со алкохол и цигари, обезбедување на имоти и лица итн. На средбите ќе учествува и градоначалникот на градот Череповец и раководството на Вологодската стопанска комора. Предлог-програма, Список на руски компани и пријавен лист може да се преземе од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Контакт: Љубица Нури, тел. (02) 3244045, моб. 075475220, nuri@mchamber.mk Влатко Стојановски, тел. (02) 3244004, моб. 071220036, vlatko@mchamber.mk
Презентација на тема: “ФИНАНСИРАЊЕ НА РЕАЛНАТА ЕКОНОМИЈА - КАКО ДА СЕ ПРИВЛЕЧЕ КАПИТАЛ ЗА РАЗВОЈ ПРЕКУ БЕРЗАТА?” 23 јуни 2011 година, 11:00-13:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат Пазарите на хартии од вредност и функционирањето на берзите се значаен сегмент во економијата на секој земја. Берзите се место каде се вкрстуваат интересите на издавачите на хартии од вредност, финансиските посредници и инвеститорската јавност. Од аспект на компаниитеиздавачи на хартии од вредност, берзите се место преку кое истите можат да обезбедат адекватно пазарно вреднување на компанијата, односно адекватно формирање на вредноста на нивните акции, зголемена визибилност на компанијата и на нејзините производи и брендови, унапредување на корпоративниот имиџ на компанијата и зголемување
на довербата на потрошувачите, а пред се, берзите претставуваат место за пристап до нови извори за флексибилно и поевтино финансирање на компаниите. Со цел запознавање на компаниите со можноста за ваков алтернативен начин на финансирање на нивниот развој и претставување на придобивките од котирање на Берзата, Македонската берза на хартии од вредност и Групацијатаза работење со хартии од вредност при Стопанската комора на Македонијана 23 јуни 2011 година со почеток во 11 часот организираат презентација на тема: “Финансирањена реалната економија – Како да се привлече капитал за развој преку Берзата?”. Агенда: 11:00 - 11:15 Воведно излагање 11:15 - 12:00 Хартиите од вредност како извор на капитал за иден развој на компанијата - Која стратегија да се избере за финансирање на развојните проекти? - Како до капитал преку издавање на хартии од вредност? - Каква е постапката за издавање на хартии од вредност? - Која е цената на ова финансирање на компаниите? - Дали средна или мала компанија може да смета на пазарот на хартии од вредност како алтернатива за финансирање на бизнис проекти? 12:00 - 12:15 Пауза за кафе 12:15 - 12:45 - Котација на Берза - Што значи котација на акции на Берзата? - Кои се придобивките од котацијата? - Што треба да се очекува од котацијата? 12:45 - 13:15 Улогата на финансиските посредници при издавањето на хартии од вредност и при котација на хартии од вредност 13:15 - 13:30 Дискусија и прашања Презентери: - Иван Штериев, Главен Извршен директор, Македонска берза - Елена Јакимовска Петровска, Извршен директор, Македонска Берза - Евита Иванова, Советник на Управата, Македонска Берза - претставници на финансиски посредници и учесници на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 21 јуни 2011 година. Контакт: Ленче Зикова тел: 02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 anita.mitrevska@mchamber.mk Oд 28 до 30 септември 2011 година „CULINARIA FINE FOOD“ во „БЕЛЕКСПО – центарот“ во Белград, Република Србија ЗАЕДНИЧКИ ШТАНД НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ПО ПОВЛАСТЕНИ УСЛОВИ * Купувачите на храна и пијалоци Ве бираат Стопанската комора на Македонија организира групно учество на македонските компании на зеднички штанд под повластени услови и единствена можност за средба со светски познатите синџири на маркети, како „ЛИДЛ“, „ТЕСКО“, „МЕТРО“ и други. Специјализираниот саем „Culinaria Fine Food“ ќе се одржи од 28-30 септември 2011 година, во конгресниот Белекспо-центар во Белград, Република Србија. Оваа саемска манифестација не е наменета за широка публика, посетители, веќе за професионалните купувачи кои однапред имаат договорени средби со излагачите. Ова саемска манифестација на добра храна и пијалаци се одржува по втор пат и ги спојува водечките производители и клучните купувачи од регионот и од Европа, а со цел снабдување големи трговски синџири, меѓународни организации, специјализирани работилници за деликатесна храна, институции и кетеринг-компании, хотели и ресторани. • Одделни компании ќе се претстават преку национални павилјони (Италија, Грција, Хрватска, Словенија, Турција ...).
• Саемскиот концепт овозможува непосредна комуникација и остварување средби меѓу излагачите и домашните и странски купувачи (Lidl, Tesco UK, Globus, Supreme Group, Ax Food, Horeca, НАТО, малопродажни трговски синџири, увозници итн.) врз основ на селекција од страна на купувачите. • Ќе бидат организирани дегустации и натпревари на различни национални кујни. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за организирано учество на Саемот, најдоцна до 20 јуни 2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: 3244 004 факс: 3244 088 vlatko@mchamber.mk Венера Андриевска Тел: 3244037; факс 3244088 venera@mchamber.mk Бесплатен семинар СИМУЛАЦИЈА „ПОДГОТВЕНОСТ ЗА КРИЗА” ЗА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 29 јуни 2011 година 14:00-17:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5. кат Предавач: Д-р Никос Мулонопоулос, вонреден професор по информатички системи, Продекан на ALBA Graduate Business School Симулацијата “Подготвеност за криза” е развиена од страна на конзорциумот на универзитети и организации, меѓу кои се и INSEAD & ALBA Graduate Business School. Симулацијата се фокусира на идејата за подготвеност за криза, којашто директно влијае врз способноста на носителите на одлуки за ефективно справување со кризни ситуации. Симулацијата обезбедува платформа во која учесниците може да видат како организациите, во блиска иднина, ќе можат да одговорат правилно и продуктивно на кризната ситуација за да ја избегнат натамошната ескалација на кризата. Ова ја дава основата за дијагностицирање на организациските бариери и
спречување на организациите да постигнат повисоко ниво на подготвеност за кризата. Симулацијата обезбедува за кандидатите алатка за авто-дијагностика на организациска подготвеност за криза, за која тие можат директно да аплицираат во нивните организации за да се процени на еден систематски начин сегашното ниво на Организациска подготвеност за криза, како и можни акции за значително подобрување на истата. Сесијата ќе се: • фокусира на претставите / идеите за соработка – тимска работа и способноста за одлучување во ситуации на ограничена комуникација; • ќе им помогне на учесниците да имаат можност да проценат и постепено да ги подобрат своите вештини за управувањето со кризи. Агенда * Вовед во управувањето со кризи и на важноста на ефективна соработка * Прашалник за подготвеноста за соочување со кризна ситуација * Симулација на опасност/ неволја. Прва видео снимка: Почеток * Групна вежба: Извори на кризата и ефектите * Втора видео снимка: Првите реакции * Групна вежба: Разбирање на кризата * Трета видео снимка: Завршување/ крај * Групна вежба: Решавање на криза * Презентација на резултатите од прашалникот- Дискусија * Заклучоци – Проценки Семинарот е наменет за: менаџери на човечки ресурси, тренинг менаџери Предавањето ќе се одвива на англиски јазик. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 24 јуни 2011 година. Контакт: Ленче Зикова тел: 02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk Елизабета Ефтимова Андриевска тел: 02 32 44 047 факс: 02 32 44 088 be�@mchamber.mk
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 30.6.2011 до 2.7.2011 година, во Бурса, Република Турција MЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА БЕБЕ, ДЕТСКА ОБЛЕКА И ДЕТСКИ ПОТРЕБИ * Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување Во периодот од 30 јуни до 3 јули 2011 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржи 6. Меѓународен саем за бебе, детска облека и детски потреби. Станува збор за еден од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании за: • бебешка и детска облека; • постелнини, бањарки, пелени; • образование и обука; • друга дополнителна опрема и додатоци; • мебел и декорација; • играчки; • бебешки и детски игралишта; • хигиенски производи; • козметика; • храна и слатки производи; • здравствени установи; • забавишта; • консултантски услуги и психолошки центри; • осигурување и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 30.6. до 2.7. 2011 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот.
Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз
- 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20 јуни 2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Од 25 – 31 јули 2011 година, Охрид МЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА 2011 „НАПРАВИ РАЗЛИКА – СТАНИ ИНОВАТИВЕН ЕВРОПСКИ ЛИДЕР“ Целта на летната школа e градење на лидерски вештини и компетенции во областа на иновациите и зголемувањето на јавната свест за потребата да се дејствува и да се промовира иновативното размислување (повеќе информации на сајтот: h�p://www.wix.com/macecomm/ieul2011). Со интерактивна групи од 30 студенти, модерирани од македонски и меѓународни експерти, летната школа ветува дека ќе обезбеди одлично учење.
Детали за летната школа : Учесници: студенти од целиот свет Место: Хотел „Славија Спектар“ Охрид Цена: 100 евра, во кои се вклучени сместување, на база полн пансион, предавања, паузи за кафе. * За сите идни учесници кои студираат по ЕКТС, Летната школа обезбедува 2 кредита, кои можат да се искористат на вашиот факултет.
Контакт : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: lence@mchamber.mk Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk Од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина САЕМ ЗА АВТОДЕЛОВИ CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo) Од страна на Канцеларијата за економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина, Стопанската комора на Македонија е информирана е дека од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина, ќе се одржи 5. Саем CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo).
На Саемот ќе се презентираат најеминентните производители, купувачи и корисници на автоделови, електроника, автогалантерија од Кина и регионот. Минатата година на Саемот учествуваа 1.356 компании од 122 земји, а истиот беше посетен од околу 50.000 посетители. Доколку има заинтересирани компании да го посетат Саемот CIAPE, организаторот ги покрива трошоците за две ноќевања во хотел, како и трошоците за транспорт од хотелот до местото на одржување на Саемот. Исто така, организаторот зема обврска да договори средби со најмалку 10 кинески компании со македонските компании-посетители на CIAPE. Подетални информации за посета на Саемот може да се добијат во Стопанската комора на Македонија или во Канцеларијата на економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина ( e-mail: eco@t-home.mk, тел.: 02 3069-658 и 02 3069 668).
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 568
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Заинтересираните за посета на Саемот можат да се регистрираат на веб-страницата www.iapechina.com, најдоцна до 10 август 2011 година. Контакт: Војкан Николовски Тел.: 02 3244 068 Факс: 02 3244 088 Call Центар : (02) 15015 vojkan@mchamber.mk Од 4 до 13 ноември 2011 година во Швајцарија САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН * Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земјапартнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за храна и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови: - бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување; - во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалаци; - за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна; - за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно). „COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа:
- месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници; - млеко и млечни производи; - риба; - какао, бонбони, чоколади, сладолед; - брашно и производи од брашно; - диетална, макробиотичка храна; - производители на здрава, био и органска храна; - пакување (хартија, фолија, пластика); - конзервирана храна; - природна минерална и изворска вода; - безалкохолни и енергетски пијалаци; - сокови, сирупи и екстрати; - пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво; - вина од сите винарски земји и региони; - вински и овошни ликери, овошни и други ракии; - јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство; - опрема и машини за винарство. Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност за учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на
прехранбената индустрија. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни), туристички агенции, хотелскоугостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество
за излагање на Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 1 август 2011 година. Контакт: Венера Андриевска тел:3244037; факс:3244088 Venera@mchamber.mk Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 16 јуни 2011, Бр. 58
37
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Македонска компанија нуди на продажба станови на атрактивна локација во населбата Рача во Охрид, становите се во објект кој се наоѓа на самиот регионален пат Свети Нум - Охрид, веднаш до училиштетото во населбата Рача, на само 100 м од езерото и познатите охридски плажи и на само 2 км оддалеченост од центарато на градот. Валидност до: 8.12.2011 година
Израелска компанија нуди консалтинг-услуги за македонски компании кои се заинтересирани да влезат на израелскиот пазар. Валидност до: 19.9.2011 година
Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на преси за балирање на метални отпадоци, преси за хартија, картон и пластика во различни големини Валидност до: 8.10.2011 година
Компанија од Хрватска е заинтересирана за набавка на суров тутун во лист од типот вирџинија класа 1, 2 и 3, со пласман од 10 тона месечно. Валидност до: 19.12.2011 година
Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на челични јажиња. Валидност до: 8.12.2011 година Производител на фета сирење од Канада со бренд Macedonian Feta Cheese заинтересиран е дел од производството да го пренесе во Република Македонија Валидност до: 13.12.2011 година Компанија од Германија бара да инвестира во отворање на погон во Република Македонија за производство на грејачи за седишта и клими за седишта за потребите на автомобилската индустрија. Валидност до: 13.10.2011 година Македонска компанија нуди ПВЦ канализациони цевки и фитинг, ПЕ-црева и фитинг, комплетен и докажан асортиман на одводна и доводна монтажа. Валидност до: 14.10.2011 година Полско-руска трговска компанија бара соработка со производители на овошје и зеленчук во Република Македонија за пласман на рускиот пазар. За успешна соработка бара заинтересираните македонски компании да им испратат фотографии од нивните производи, информации за истите (спецификација), начини на одгледување, начини за нивно чување од расипување, начини на пакување и ценовник за истите. Побарувачката за којашто се заинтересирани е 100 тони од секој производ неделно. Тие се подготвени за испорака франко или испорака во.(Ростов или Санкт Петербург). Бараат да бидат информирани за можностите и профилот на заинтересираните македонски компании. Валидност до: 14.12.2011 година Консалтинг компанија од Франција во име на компанијата Holding Trophy бара потенцијален бизнис-партнер за производство на текстил или кожа во Република Македонијана, којшто ќе може технички да ги изведе производите кои ќе се произведуваат по европски стандарди и ќе го задоволат пазарот. 80% од нивните производи се водоотпорни и се потребни специјални машини за шиење. Валидност до: 14.12.2011 година
Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за заварување. Валидност до: 19.9.2011 година
Компанија од Израел заинтересирана е да увезува шеќер и сончогледово масло од Република Македонија. Валидност до: 19.12.2011година Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на акрилни, волнени и други предива. Валидност до: 5.08.2011 година Претставништво на кинеска компанија во Лондон бара да инвестира во Република Македонија во областа на инженерството, фармацевтската индустрија, производство на електрична енергија (соларна енергија), производство на текстил, производство на машини, електронски и ИТ-производи, инструменти и мерачи и др. Валидност до: 7.9.2011 година Компанија од Грција бара застапник за продажба на машки чевли во Република Македонија. Валидност до: 2.7.2011 година Македонска компанија нуди инструменти и апарати за мерење, контрола, испитување, управување и други намени, освен опрема за индустриска процесна контрола. Валидност до: 31.12.2011 година Турска компанија бара дистрибутер на современа медицинска апаратура наменета за уролошки клиники. Валидност до:1.7.2011 година Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електронски мерни инструменти кои се употребуваат во медицината и лабаратории, инкубатори, стерилизатори, дестилатори, миксер, апарати за дестилирање на вода, опрема за фототерапија. Валидност до:1.7.2011 година Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на 100% акрил предиво за плетење и ткаење: - 100% ПП конец за ткаење теписи; - 50% памук + 50% акрил (котонел); - 50% акрил + 50% вискоза; - предива и мешано предиво од акрил. Валидност до:1.7.2011 година
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
Германски интердисциплинарен центар за специјалистички прегледи во неврохирургија, ортопедија, траумо-хирургија, неврологија и физикална терапија за лекување на спинални и зглобни болести бара соработка со здравствени клиники од Република Македонија. Валидност до:1.7.2011 година Романска компанија бара да откупува македонско вино за потребите во 2011 година 5.000.000 литри бело и црвено вино со следните карактеристики: - бело вино околу 2.000.000 литри ферментирано, но под контролирана температура свежо, богато по вкус, арома и мирис минимум 11,5% алкохол; - црно вино 3.000.000 литри индекс на бојата најмалку 7-8 пуени минмум 11,5% алкохол. Бараат достава на мостри и по нивната анализа на мострите, заинтересирани се да ги посетат сите винарии за идна соработка. Валидност до:2.12.2011 година Македонска компанија бара соработка со партнери од Европа за пласман на производство на брановидна хартија и картон и амбалажа од хартија и картон. Валидност до:2.12.2011 година Германска компанија бара соработка со македонски производители на овошно и зеленчуково пире/каша. Валидност до: 2.12.2011 година Бугарска компанија нуди шпедитерски и логистички услуги во патниот, морскиот и воздушниот сообраќај на македонски извозници и увозници. Валидност до: 3.7.2011 година Компанија од Србија бара соработка со топлани, хидроелектрани, термоелктрани и водоводни претпријатија во Република Македонија за пласман на индустриска арматура, затворачи и електромоторни погони. Валидност до: 10.7.2011 година Српска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за апарати за дозирање на хлор и дезинфексија на водата за пиење и хлорогени системи. Валидност до:10.7.2011 година Бугарска компанија заинтересирана е за соработка со македонски фирми што се занимаваат со трговија на брашно и производи од брашно. Валидност до:10.7.2011 година Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088
тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk