Бизнис ИНФО, број 271

Page 1

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БИЗНИС ИНФО Број 271

www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

goodini

Quality Management

192

2 - 2016

FS 549642

16.06.2016

Последици од блокадите на македонско-грчката граница и штрајкот на работниците во пристаништето во Солун

ВКЛУЧЕН АЛАРМОТ ЗА ИТНО НАДМИНУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО Последици од блокадите на македонско-грчката граница и штрајкот на работниците во пристаништето во Солун

ВКЛУЧЕН АЛАРМОТ ЗА ИТНО НАДМИНУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ Од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и од генералниот директор на „Македонски железници – Транспорт“, Никола Костов, е доставен ургентен допис до Унијата на грчките трговско-индустриски комори, до Железничката управа на Република Грција и до Управата на Пристаништето во Солун, како и до постојниот амбасадор на ЕУ во Македонија, неговата екселенција г-дин Аиво Орав, за нивно соодветно вклучување во реализирањето на поставената цел, истакна д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија на редовната прес-конференција (13.6.2016 година). За да ја оствари планираната цел, Стопанската комора на Македонија најпрво пристапи кон анкетно прибирање на потребни информации за состојбите што се случуваат на терен, како и за пресметките за предизвиканите штетни, во кое беше вклучено членството на Комората, 650 компании од секторите: сообраќај, металургија, прехранбена индустрија, текстил, енергетика, метална и елетроиндустрија, градежништво. Генерална констатација од анкетата е дека со предизвиканите блокади и нефункционирањето на Солунското пристаниште, штетни последици трпи целото стопанство, без разлика дали дел од нив непосредно го користат транспортниот Коридор 10, или Пристаништето во Солун, бидејќи нивната поврзаност со коминтентите што го користат овој правец и услугите, на индиректен начин ги чувствуваат последиците. Причините за предизвиканите блокади може да се набљудуваат од два аспекта и тоа, од првиот аспект (блокадите на железничкиот превоз од мигрантите) и од економски аспект (штрајк на царинските и на пристанишните работници и сл.).


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

АКТУЕЛНО - Што се однесува до претрпените штети, влијанието на блокадите може да се лоцира по три основи и тоа: врз стопанството во целина, врз давателите на услуги во сувоземниот сообраќај (железничкиот превоз и камионскиот превоз) и врз посредниците во областа на прометот (шпедитерските компании и логистичките оператори), - подвлече д-р Георгиева. Според резултатите од анкетата, со блокадите е предизвикана широка лепеза на несакани состојби како: o кумулирање на трошоците за лежарина на стоките и контејнерите; o дополнителни трошоци за пристанишни услуги доколку стоката во увоз и извоз се преупатува преку други водени пристаништа (Волос, Пиреја, Патра и др.); o зголемена цена на увозната суровина поради преупатување на испораките преку други, алтернативни превозни правци и пристаништа; o високи пенали поради доцнење на договорените испораки; o притисок врз ликвидноста на компаниите за навремено подмирување на финансиските обврски кон партнерите за редовно испорачаната суровина од нивна страна, без разлика што истата не е пристигната во производствените погони на нашите компании; o непредвидени трошоци за купување на дополнителни количини на суровини од други партнери по повисоки цени, со цел запазување на роковите за испорака на производите и задржување на традиционалните партнери; o трошоци по основ на оштетување на производите поради претоварање; o губење на квалитет на одредени осетливи производи; o дирекна штета врз лесно расипливата стока, која е предмет на трговија меѓу двете земји, како и на онаа стока која транзитира преку Грција и сл.; o изгубена добивка за ненавремено продолжување на производниот процес и испорака на производите на деловните партнери; o откажување на веќе договорените деловни зделки од страна на партнерите поради намален кватитет и непочитување на договорите; o реална опасност во моментот на завршување на штрајкот, поради бродски испораки, е целата испорачана суровина за компаниите да пристигне во исто време, што ќе предизвика огромни увозни трошоци и големи непотребни залихи. Попрецизна слика за манипулативните трошоци и финансиските последиците што настануваат за компаниите со неработењето на пристанишните работници во


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО

Солунското пристаниште може да се добие преку пресметките на шпедитерските компании и логистички оператори, кои се посредници во транспортниот синџир преку ова пристаниште, според кои: o за возилата со извозни контејнери коишто чекаат во Солун за да се преупатат за Пристаништето во Пиреја, минималните дополнителни трошоци (само гориво, патарини и документација) изнесуваат околу 800 евра по возило, при што не се пресметани трошоците за возачите, амортизацијата, администрација, профит и сл.; o за преземање на контејнерите за увоз од пристаништата во Пиреја и Волос минималните дополнителни трошоци изнесуваат околу 800 евра по контејнер, во коишто не влегува регуларната цена којашто е пресметана доколку контејнерите се товараат од Солун; o пристанишните трошоци во Пиреја и Волос во старт се осетно повисоки во однос на трошоците во Солун и тоа за 120-180 евра; o Грчката железница, за транспорт на контејнерите од Пристаништето во Пиреја за Македонија дава цени и услови за транспортот, меѓутоа со една голема забелешка дека не гарантира дека може да стави вагони на располагање на корисниците; o согласно последната информација од стопанствениците, штрајкот на Солунското пристаниште е продолжен до вторник (14.6.2016 година), така што сите бродови што требаше да пристигнат во Солун, се преупатени на пристаништата во Пиреа и Волос, што предизвикува големи дополнителни трошоци. Втор проблем по овој основ е што крајно е искомплицирана и доставата бидејќи Грчките железници немаат слободни капацитети, па затоа се прават напори „Македонски железници“ да


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

АКТУЕЛНО се обиде да собере доволен број на вагони за да би можело колку што може повеќе да се извлече пристигнатата стока од овие грчки пристаништа. Кога е во прашање обемот на контејнерски превоз преку Пристаништето во Солун, д-р Георгиева презентираше и неколку податоци со кои располага Комората и тоа: - вкупниот обем на превоз на стоки со контејнери што транзитира преку Солунското пристаниште во 2014 година во влез и во излез изнесува 2.598.900 тони, додека во 2015 година изнесува 2.284.252 тони, што значи дека обемот на транзитирана стока со контејнер во 2015 година во однос на 2014 година бележи намалување за 12,1 отсто; - вкупниот број на контејнери што се вклучени за контејнерскиот превоз на стоки преку Солунското пристаниште, вклучувајќи ги и контејнерите за Македонија, Косово и Србија, во 2014 година во влез и во излез изнесува 28.821 контејнер, а во 2015 година 32.715 контејнери, односно бројот на ангажирани контејнери преку Солунското пристаниште во 2015 година е за 13,5 отсто поголем во однос на претходната година; - што се однесува до користените контејнери за превоз на стока само за Македонија, Косово и Србија, во 2014 година во влез и во излез биле ангажирани 18.976 контејнери, а во 2015 година 20.134 контејнери, со што е забележан раст на бројот на ангажирани контејнери за 6,1 % споредено со претходната година. Слободна проценка е дека во околу 70% до 80% од ангажираните контејнери се превезува македонска стока. - Во констелацијата на вкупните односи, посебно е нагласена и алармантната состојба во металуршкиот сектор, кој поради природата на производите не може во целост да најде замена за железничкиот превоз. Како резултат на пренасочувањето на испораката на производите од овој сектор, како и допремата на полуфабрикатите и на другите влезни импути преку други алтернативни пристаништа, истите го поскапуваат транспортот за најмалку 20 САД долари по тон, - подвлече д-р Георгиева. Во однос на железничкиот превоз, „МЖ – Транспорт“ како национален железнички оператор, поради овој прекин на железничкиот Коридор 10, трпи големи загуби и штети, кои во последните три месеци изнесуваат околу 3 милиони евра како директни штети, односно околу 5 милиони евра како индиректни штети, потенцираше генералниот директор на „Македонски железници – Транспорт“ АД - Скопје, Никола


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО

Костов. Кога се работи за индиректните штети, најголем проблем е неисполнувањето на договорите со коминтентите, кај кои се губи довербата и кои носат одлуки превозите да се преупатат преку Коридорот 4 (Србија, Бугарија, Грција). Во вакви услови, крајно загрижувачки е што се губи атрактивноста за користење на пан-европскиот Коридор 10, за сите превози кои одат во правец север – југ. Неможноста за навремено и редовно реализирање на испораките на производите, ќе доведе до состојба компаниите да се најдат на дното на листата на добавувачи, што е крајно непосакувано сценарио за реалниот сектор, но доколку тоа се случи загубите за стопанството ќе бидат ненадоместливи, истакна Ирена Јакимоска косопственик на компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп и заменик-претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

ЈУБИЛЕИ

РУДНИКОТ „САСА“ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ГИ ОДБЕЛЕЖА 10-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ ОД РЕСТАРТИРАЊЕТО И 50-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ ОД ОТВОРАЊЕТО

Во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија, господинот Емил Димитриев, градоначалници, голем број вработени, деловни соработници, новинари и други гости Рудникот „САСА“ од Македонска Каменица ги одбележа 10-годишниот јубилеј од рестартирањето и 50-годишниот јубилеј од отворањето.


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

9

ПОДВЛЕЧЕНО ЈУБИЛЕИ Пред присутните се обрати директорот на рудникот, господинот Александар Раков, кој заблагодарувајќи им се на присутните, а посебно на вработените, упати искрени честитки по повод двата јубилеја, со надеж дека и во иднина ќе продолжат со инвестиции во нови технологии, со што ќе се продолжи векот на работењето на самиот рудник. Посебна благодарност искажа до Владата на Република Македонија и до локалната самоуправа на Општина Македонска Каменица за сеопфатната поддршка во создавањето поволна бизнис-клима и за доделувањето на проширена концесија за експолатација на олово-цинкова руда. Во овој рудник се вработени 750 работници, а со дополнителни деловни партнери бројката достигнува и до илјада. Пред присутните се обрати и градоначалникот на Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, кој истакна дека рестартирањето на рудникот придонесе за зголемување на вработеноста, но и за развој на целата општина. Претседателот на Владата на Република Македонија, господинот Емил Димитриев, обраќајќи се пред присутните истакна дека Владата ги следи и ги поддржува инвестициите во рударскиот сектор, што има големо влијание во намалувањето на невработеноста, како во Општина Македонска Каменица, така и во регионот. Рудникот „САСА“ од рестартирањето на редовното производство во 2006 година до денес бележи врвни резултати како една од најуспешните и најпрофитабилни компании во земјава, еден од 5-те најголеми рудници за олово и цинк во Европа и еден од најголемите нето-извозници во земјите-членки на Европската унија од Македонија. Овој успех е резултат на постојаните инвестиции во опрема, капитални објекти и долгорочни инвестиции насочени како кон добивање и преработка на руда, така и кон вложувања во заштитата на животната средина, безбедноста при работа и детални геолошки истражувања со цел обезбедување рудни резерви за идниот период. Во одбележувањето на јубилејот - 10 години од рестартирањето и 50 години од отворањето на Рудникот „САСА“, се приклучи и претседателот на Стопанската комора на Македонија, господиот Бранко Азески со своите соработници. Марија Петроска


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите

ЗА КВАЛИТЕТЕН ГРАДЕЖЕН ПРОИЗВОД ПОТРЕБНО Е И ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА Иницијативата за одржување на состанокот (14.6.2016 година) е покрената на повеќе состаноци на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, како и на Македонската асоцијација на рударството (МАР), при што се дискутираше за експлоатација на неметалните минерални суровини, нивната преработка, а пред се`, честата нелојална меѓусебна конкуренција, но и нелојалната конкуренција од така наречените „диви“ копачи.

Во насока на изнаоѓање решенија, разговарано е со ресорното Министерство за економија, посебно со Секторот за минерални суровини, подготвена е и Информација која е доставена до Владата на РМ, при што се направени измени во Законот за кривична постапка, но и измени на Законот за минерални суровини, и донекаде состојбата веќе е подобрена. Сепак, со донесување на Законот за градежни производи, постои надеж дека сите


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ субјекти кои се вклучени во експлоатација на неметални минерални суровини и почитувајќи ги одредбите, заедно со сопствените лаборатории или овластените лаборатории, ќе се успее да се елиминира нелојалната конкуренција и на крај ќе се добие квалитетна суровина која ќе има своја соодветна намена и ќе биде вградена во објектите. За таа цел, одржан е состанок со инспекциските органи, односно со институции кои се надлежни за надзор на пазарот, контролата и инспекциски надзор, и тоа со претставници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (согласно Законот за градење), Министерството за финансии – Царинска управа, кои во соработка со Државниот пазарен инспекторат имаат надлежност согласно Законот за надзор на пазарот. На повеќето состаноци беше договорено да се организираат едукативни работни средби, каде беа изнесени сите релевантни информации и постапки што треба да ги подготви концесионерот, во овој случај, само за агрегати (варовници, кварц, кварцити, песок и чакал и сл.). Според последните податоци добиени од Министерството за економија – Секторот за минерални суровини, посебно од Одделението за експлоатација на минерални суровини: - вкупно се издадени 378 локации за концесии на метални и неметални минерални суровини; - 205 локации се за неметали и тоа за: варовници, песок, чакал , кварц, кварцити, кои ги експлоатираат 157 компании, што значи дека некоја компанија има повеќе локации за експлоатација на овие неметални минерални суровини. Според статистичките податоци, производството во последните три години се движи околу 1,2 милиони тони варовнички камен, потоа околу 42.000 до 90.000 тони кварц и кварцити, потоа околу 300.000 тони свеж бетон и околу 80.000 тони малтери. На состанокот, Марјана Топаловска Анѓелевска, од „Геинг“ - Скопје, ги презентираше обврските на производителите на градежни производи, односно кои документи треба да ги подготви производителот за пласман на производот на пазарот, како и оцена и потврда на постојаноста на својствата на градежните производи (системите за оцена 1+, 1, 2+, 3, 4). За производите од системите 1+ (тука спаѓа арматура, цемент....) и 2+ (агрегат за бетон, агрегат за малтер, агрегат за асфалтни мешавини, агрегат за толченички застор, агрегат за тампонски материјал, бетон, асфалтни мешавини....), оцената и постојаноста на својствата на градежниот производ, како и постојан надзор на фабричкото производство, покрај производителот, треба да се врши и од страна на тело за сертификација согласно МКС EN ISO/IEC 17065. Кога станува збор за производ агрегат (за производство на бетон, асфалтни мешавини, малтери и др.) тогаш се зборува за систем за оцена и потврда на својствата 2+. Тоа значи постојана проверка дефинирана со планот за контрола од страна на производителот


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ и изработка на изјава за својства и потврда на изјавата за својства на градежниот производ

(во случајов агрегат) од страна на тело за сертификација. Тоа би значело секој каменолом треба да има план за контрола на фабричкото производство, каде е дефиниран типот на испитувања за докажување на својствата на производот во обем и фреквенција, за што повеќето од концесионерите не беа целосно запознаени. Во обемната дискусија беше нагласено дека вакви едукативни средби треба да се прошират и со надзорните инженери, кои имаат обврска и согласно Законот за градба, да вршат контрола на градежните производи кои се вградуваат во објектите. На крајот на состанокот се заклучи дека информирањето треба да оди паралелно кај сите инволвирани субјекти, не само кај производителите и надзорите, туку и кај надлежните министерства за заокружување на регулативата и донесување на правилниците за технички спецификации, кои се неопходни за целосна имплементација на законите. Во нашата земја има акредитирани лаборатории, но сепак, како што беше истакнато, веќе има во постапка за добивање решенија за именувани тела на одделни лаборатории, со што ќе се заокружи и целиот процес во контролата на квалитетот на самиот производ. Марија Петроска


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

Здружение на информатичко-комуникациски технологии

ФОРМИРАНА ГРУПАЦИЈА ЗА ПРОМЕТ СО ИКТ-ОПРЕМА

Заради ефикасно остварување на специфичните интереси во рамките на прометот со ИКТ-опрема, на иницијатива на повеќе компании, на 15.6.2016 година се одржа конститутивна седница на која се формираше Групација за промет со ИКТ-опрема како посебна форма на организирање и работење во рамките на Здружението на информатичко-комуникациски технологии. Групацијата ќе работи на разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, ќе усвојува заклучоци и ќе предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а согласно законските прописи и добрите деловни обичаи. Покрај тоа, Групацијата ќе разгледува предлози на закони и други прописи, ќе дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и ќе покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите. За претседател на Групацијата за промет со ИКТ-опрема е избран Бобан Тотовски, генерален менаџер на „ТНТ ИТ Маркет“ - Скопје, а за заменици-претседатели се избрани Никола Настевски од „Нико Фон“ - Скопје и Горан Димитровски, директор на „АМЦ“ - Скопје. Марија Дукоска


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Штип

ПРЕД СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ПРЕТСТАВЕНИ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА, НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА И ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ Во организација на Регионалната комора со седиште во Штип при Стопанската комора на Македонија, на 14.6.2016 година, во Агенцијата за вработување во Штип, се одржа еднодневен семинар на тема: „Новиот Закон за општа управна постапка - Најновите измени на Законот за финансиска дисциплина, постапување на правните лица од приватниот сектор согласно Законот за заштита на укажувачи“. Предавачи на семинарот беа д-р Костадин Дуковски, од Консултанското друштвото „Некс Левел Консалтинг“- Скопје, со соработниците м-р Лидија Јаќимовиќ и Јане Севдински. Пред бројни претставници од бизнис-заедницата од Штип, Свети Николе и Кочани најпрвин беше презентиран новиот Закон за општа управна постапка, потоа новите решенија на Законот за финансиска дисциплина со кои се прецизираат роковите за наплата во случаите кога е утврдено паричната обврска да се исполни на рати, за решенијата контролата од страна на надлежните институции да се врши по доставување на известување од суд, нотар, односно извршител само за донесена правосилна судска пресуда, односно правосилно решение, како и изменетите решенија на прекршочните одредби, односно решението доколку од страна на органите на надзор се утврди дека прекршокот на одредбите на Законот е направен по прв пат од страна на субјектот на надзорот, надзорните органи да остават рок за отстранување на прекршокот. Пообемна дискусија во текот на семинарот се разви околу новото законско уредување согласно Законот за заштита на укажувачи, односно начините на усогласување на своето работење во однос на заштитеното пријавување и обезбедување на заштита на пријавувачите, согласно овој закон и Правилникот за насоки за донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување во правното лице во приватниот сектор. Свое излагање пред присутните имаше и м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. Моника Стоичева


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

Стопанска комора - Регионална комора со седиште во Штип и Универзитетот „Гоце Делчев“

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА На 14.6.2016 година во Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип, господин Наум Барзов и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Блажо Боев, потпишаа Меморандум за

соработка со цел подобрување на квалитетот на образовниот процес и усогласување со потребите на стопанството, што ќе придонесе за развој на пазарот на работна сила во Република Македонија. Претседателот Наум Барзов истакна дека делувањето на Регионалната комора со седиште во Штип има за цел да придонесува за подобрување на условите за работа и развој на компаниите во штипскиот регион и заради тоа Регионалната комора треба да биде во непосреден контакт со сите релевантни институции во регионот и во државата. - Иако главно обележје на стопанството од овој регион се текстилната и кожарската


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

индустрија, сепак постојат бројни сектори со одлични можности за инвестирање, како што се развојот на руралниот туризам, прехранбената индустрија, металопреработувачката индустрија, градежништвото и трговијата, - истакна Барзов. На оваа средба се обрати и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф.д-р Блажо Боев, кој истакна дека соработката на Регионалната комора со Општина Штип ќе се продлабочи и ќе придонесе за креирање и реализација на идни заеднички активности и проекти, форуми, стручни расправи, работилници и други настани кои се од заеднички интерес на двете страни. На потпишувањето на Меморандумот за соработка пред присутните се обрати и оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија м-р Елена Милевска Штрбевска, која посочи дека со потпишувањето на Меморандумот ќе се придонесе за унапредување на соработката меѓу стопанството и образованието како клучна активност на Комората, со цел создавање кадри во согласност со потребите на стопанството. Oбезбедувањето на квалификувана работна сила според современите стандарди е клучен предизвик денес. Меѓу останатите чинители кои имаат придонес во економскиот развој и просперитет не треба да се занемари и улогата на системот на високото образование, кој треба да одигра клучна улога во зголемувањето на националната конкурентност. Моника Стоичева


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

Македонски и чешки компании на Бизнис-форум во Охрид

ИМПУЛС ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТА ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

Како дел од официјалната посета на претседателот на Република Чешка, господинот Милош Земан на Република Македонија, во Охрид се одржа Македонско- чешки бизнисфорум. Форумот се одржа на 10 јуни 2016 година во хотелот „Гранит“ во Охрид. Стопанската комора на Македонија беше домаќин на истоимениот форум, на кој пред присутните се обратија претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов и претседтаелот на Република Чешка, господинот Милош Земан. Како домаќини на Бизнис-форумот, од Стопанската комора на Македонија ја презентираа работата на Комората на национално и на меѓународно ниво. Пред присутните беше претставена економската соработка со Република Чешка која беше реализирана во минатото, а беше разговарано и за приоритетите во иднина.


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Свое обраќање имаше и градоначалникот на Охрид, господинот Никола Бакрачески, кој ја истакна досегашната соработка помеѓу чешки компании и Општината, а особен акцент стави на соработката со реномираниот Факултет за филмска уметност од Прага. Во обраќањата претседателот Иванов и претседателот Земан потенцираа дека во иднина ќе се работи на интензивирање на релациите помеѓу двете земји за поттикнување на економската соработка и продлабочување на бизнис-релациите во сите сфери каде што ќе се отворат нови можности за зголемување на трговската размена. Како дел од делегацијата присутни беа еминентни чешки бизнисмени со кои што македонските компаниии имаа можност да остварат директни бизнис-средби од различни области и тоа: автомобилската индустрија, ИТ, угостителството и туризмот, електро, машинската индустрија, банкарскиот сектор, градежништвото, фармацевтската индустрија, прехранбената индустрија - производство и извоз на прехранбени производи, земјоделието, консултантски фирми и др.


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

Согласно податоците, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Чешка во периодот јануари - март 2016 година достигна вредност од 30,8 милиони САД$, што претставува раст од 35,05 % во однос на истиот период од претходната 2015 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 7,9 милиони САД $ или зголемување од 15,97 %, додека увозното салдо изнесува 22,9 милиона САД $, што е зголемување од 43,27 % споредено со истиот период од 2015 година. Во овој период од 2016 година, Република Чешка е 20-ти трговски партнер на Република Македонија. Свои видувања за продлабочување на економската соработка презентираа и господинот Христијан Делев, заменик-министер за економија во Владата на Република Македонија и господинот Владимир Бартл, заменик-министер за индустрија и трговија на Република Чешка. Во своите обраќања тие ги презентираа поволностите и можностите што и двете земји ги нудат за сите компании заинтересирани за инвестирање, како за чешки компании во Македонија, така и за македонски компании во Чешка. Имајќи го предвид големиот интерес на бизнисмените за овој настан, овој Бизнисфорум ќе биде значаен импулс во унапредувањето на соработката помеѓу Република Македонија и Република Чешка. М-р Борис Тримчев


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

АКТУЕЛНО

Одржан состанок со Бен Лион, директор на Куќата на тренингот – Агенција за трансфер на финансиска технологија (АТТФ)

МОЖНОСТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА ПОЛЕТО НА ЕДУКАЦИЈА ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР

Потпретседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, Тони Стојановски, на 13.6.2016 година оствари работна средба со Бен Лион, директор на Куќата на тренингот - Агенција за трансфер на финансиска технологија од Луксембург. На состанокот присуствуваа и Иван Недев и Ивана Јовиќ, координатори на Куќата на тренингот – Агенција за трансфер на финансиска технологија (АТТФ) во Министерството за финансии на Република Македонија. На состанокот, господинот Лион накратко ги образложи структурните промени на организацијата, која од јануари 2016 година како Куќа на тренингот функционира во рамките на тростолбната структура која ја сочинуваат Агенцијата за трансфер на финансиска технологија (ATTF), Институтот за банкарска обука во Луксембург (IFBL) и Стопанската комора на Луксембург. Господинот Лион накратко ги изнесе активностите на организацијата, како и плановите за едукативните настани кои се организираат од страна на Куќата на тренингот.


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

21

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО Господинот Стојановски накратко го образложи работењето на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, притоа истакнувајќи ги активностите кои се преземаат за едукација во областа на банкарството во Република Македонија. На состанокот беше разговарано за темите за коишто банките во Република Македонија би биле заинтересирани да бидат организирани тренинг-програми и обуки, како и за можностите за унапредување на соработката помеѓу Куќата на тренингот – Агенција за трансфер на финансиска технологија (АТТФ) и банкарскиот сектор во Република Македонија, во насока на поактивно вклучување на банкарскиот сектор во креирањето на програмите на Куќата на тренингот. М-р Татјана Штерјова

„МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ ДОНИРА КОМПЈУТЕРСКА ОПРЕМА ЗА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

„Македонски телеком“ донира компјутерска опрема за студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Опремата од компјутери, ТВ-уреди, печатачи и телеком-услуги е достапна за сите студенти во читалницата во реновираниот блок „Б“. - Основниот мотив за донацијата е поддршката на младите и образованието и унапредувањето на информатичкото општество. Со опремувањето на читалницата со компјутери, телевизија и интернет, студентите добиваат современо катче за учење, информирање и дружење - изјави Kлиментина Тунтева Kржаловска, директор на Стратегија и корпоративни комуникации во „Македонски телеком“. Донираната опрема е во вредност од над 900.000 денари. Инсталирани се и вмрежени 20 нови десктоп-компјутери, два ТВ-уреда и два печатача. Обезбедена е и опрема за безжичен интернет и пакет-услуги на „Македонски телеком“: Telekom HotSpot, MaxTV-пакети и два телевизиски пакета Max Sport+. „Македонски телеком“ во насока на својата стратегија за поврзани живот и работа, ги поддржува проектите за поддршка и развој на дигиталното општество и унапредувањето на животот и образованието на младите.


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Н.Е. Даниел Шаер, амбасадор на Република Естонија за Република Македонија во посета на Стопанската комора на Македонија

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦИТЕ ТРЕБА ПОИНТЕНЗИВНО ДА СОРАБОТУВААТ

Н.Е. Даниел Шаер, амбасадор на Република Естонија за Република Македонија, со седиште во Талин, Естонија, беше во работна посета на Стопанската комора на Македонија заедно со Сашко Миладинов, почесен конзул на Република Естонија во Република Македонија (14.6.2016 година). Гостите ги примија и со нив водеа разговори Јадранка Аризанковска, виш советник и Ирена Мојсовска, советник во Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка. Покрај информациите за состојбата со економијата на двете земји, Даниел Шаер информираше дека од јануари 2016 година од Талин ги покрива покрај Македонија и останатите земји во регионот, како Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. На средбата беа посебно разгледани можностите за продлабочување на економските релации меѓу компаниите од Естонија и од Македонија, а како најинтересен за идна соработка беше посочен ИТ-секторот. Јадранка Аризанковска истакна дека Македонија за Естонија, како и за голем број други земји, претставува одлична можност за соработка и инвестирање особено во делот на земјоделието, информатичката технологија, електрометалната индустрија, автомобилската индустрија и туризмот. На Македонија треба да се гледа како


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

23

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА стратешки партнер и мост за поврзување со останатите земји од балканскиот регион. Според Н.Е. Даниел Шаер размената на информации и искуства е многу важен фактор за креирање позитивна перцепција за земјите кај бизнисмените од двете земји. Потребно е создавање поволна клима и услови за да може естонските компании да се запознаат и со бизнис-климата во Македонија, со цел тоа да придонесе за нивен настап и во овој регион. На средбата беше договорено да се организираат посети на бизнис-делегации од двете земји, при што деловните луѓе би имале можност да се запознаат, да разменат искуства и да се договорат за соработка. Со особено значење беше истакната соработката во делот на европските програми, во насока на заедничко аплицирање на проекти, трансфер на нови технологии и развој на нови услуги и процеси кои ќе придонесат за подигање на конкурентноста на македонските во партнерство со естонските компании. Размената меѓу Македонија и Естонија е на многу ниско ниво. Естонија е 68-ми надворешно-трговски партнер на Република Македонија во периодот јануари-март 2016 година. Тоа е причина повеќе за интензивирање на соработката меѓу двете земји, најпрво во размена на информации во двете насоки, за да можат компаниите да се информираат за потенцијалите на земјите, - истакна Јадранка Аризанковска. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Естонија во 2015 година достигна вредност од 839 илјади САД$, што претставува намалување од 26,15 % во однос на претходната 2014 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 98 илјади САД$ или намалување од 73,42 %, додека увозното салдо изнесува 740 илјади САД$ или намалување од 3,28 % споредбено со 2014 година. Евидентиран е негативен биланс на страната на Република Македонија во трговската размена од 648 илјади САД$. Во вкупната надворешно-трговска размена, Естонија е 80-ти трговски партнер на Република Македонија во 2015 година. М-р Ирена Мојсовска


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ЕБРД ЈА НАГРАДИ КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА ВО ГЛОБАЛНИ РАМКИ Европската банка за обнова и развој по дванаести пат ја награди Комерцијална банка, како најактивен учесник во ЕБРД ТФП – Trade Facilitation Program – за унапредување на меѓународната трговија во глобални рамки. Наградата се доделува еднаш годишно, а на 06.06.2016 година на Комерцијална банка и Секторот за односи со странство им беа врачени наградите за 2014 и 2015 година. Наградата се однесува на обемот и квалитетот на издадени акредитиви и гаранции со цел подршка на надворешната трговија, и претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува една од најтранспарентните и најреномирани банки во Република Македонија.

ВИНАТА НА „ТИКВЕШ“ СО 13 НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА НА „ДЕКАНТЕР“ Сите вина на „Тиквеш“ пријавени на најмасовниот светски вински натпревар „Декантер“ во Лондон освоија награди. Од вкупно 16.000 пријавени вина од целиот свет, винарската визба „Тиквеш“ освои вкупно 13 награди, од кои 7 бронзени медали и 6 признанија. Медали добија вината „домен лепово гранд куве 2013“ и „домен лепово шардоне 2014“; „гренаш бланк“ и „шардоне“ од серијата „спешл селекшн“, берба 2015; „александрија куве“ 2014, црвено; како и „бела вода“ црвено од бербата 2013-та и „барово“ црвено од бербата 2012-та. Покрај медалите, овие вина добија и одлична препорака од судиите-оценувачи.


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

25

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА

STONE BRIDGE SUITES АПАРТМАНИ ХОТЕЛСКИ ТРЕТМАН ВО ДОМАШЕН АМБИЕНТ Апартманите се погодни за сместување на бизнис партнери и други гости, бидејќи нудат комоција, а третманот кој го добиваат гостите е хотелски. Тие имаат промотивна цена од 50 евра од први јуни до први септември 2016. Посетителите ќе имаат можност да уживаат и да се чувствуваат како дома, а истовремено да ги користат сите придобивки како во хотел од висока категорија. Секој од апартманите во Stone Bridge Suites се простира на 72м2 модерно уреден простор, целосно опремен со функционален мебел. Исполнети со природна дневна светлина и стилски избор на комфорен мебел, апартманите овозможуваат поинакво сместувачко искуство во градот. Апартманите се со 24 часовно обезбедување, гостите имаат обезбедено користење на фитнес центар, како и бесплатен паркинг, а влезот од паркингот до апартманите е преку приватен лифт . Секако преку услугите на 24 часовната рецепција можат да добијат и дополнителна услуга, доколку имаат потреба. Stone Bridge Suites се апартмани каде гостите уживаат беспрекорни услуги на луксузен хотел, а ја чувствуваат посакуваната приватност како во својот дом. Замислен е таков модел на угостителство и домување кој им овозможува на гостите безгрижен престој во просторен и целосно опремен апартман кој може да се резервира и за повеќемесечен престој по прифатлива цена. Stone Bridge Suites апартманите имаат комплетно опремена кујна подготвена да одговори на кулинарските потреби на гостите, кои уживаат во приготвувањето на храна за себе и своите блиски. Спална соба опремена со пространи кревети со софистициран, анти-алергиски душек. Купатило со сите неопходности за приватниот престој на гостите и нивните семејства. Елегантен дневен престој, со пространа гарнитура, ЛЕД ТВ приемник со голем избор на сателитски програми и панорамски поглед кон градот и околните планини. Апартманите се во локациска предност од секој можен аспект што овозможува брз и лесен пристап до скопскиот аеродром и деловниот центар на градот, а како составен дел на Капитол мол и достапност на сите атрактивни содржини на еден современ трговски центар. Ексклузивни бутици, ресторани и кафулиња, куглана, детска игротека и фитнес центар, аптека, супермаркет, се само дел од можностите кои на гостите на Stone Bridge Suites им се на прагот. http://stonebridge-suites.com/


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТРИЕМАЧИ

Клуб на менаџери-претриемачи

ЧЕТВРТО ПРЕДАВАЊЕ ОД МОДУЛОТ ЗА „КОМУНИКАЦИСКИ И ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ“: ГРАДЕЊЕ ТИМ И СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ

Членовите на Клубот на менаџери – претприемачи на 10.6.2016 година присуствуваа на четвртото предавање од Модулот „Комуникациски и продажни вештини“ во соработка со Љупчо Георгиев, лиценциран тренер за„Густав Кезер Тренинг Интернационал“ во Македонија и генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово. Преку методологијата на која се базираат „Густав Кезер“ - тренинзите и која е призната во светски рамки, учесниците имаа можност со примена на интерактивни вежби да разменат искуство и знаење со реални примери од пракса. Тренерот ги воведе учесниците во фазите на креирање на нов тим и како да се надминат предизвиците кои можат да настанат, како и да се справат со жалби на работно место и истите да ги пренасочат во позитивни искуства.


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

27

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТРИЕМАЧИ ПОДВЛЕЧЕНО

Дополнително, на учесниците им беше претставена алатката Skype for businesses со функциите кои ги нуди, а се особено корисни за секоја работна средина. Клубот на менаџери – претприемачи претставува мрежа на мали и средни претпријатија, во кој членуваат претставници од менаџерскиот тим на компаниите, кои ги користат бројните поволности во рамките на Клубот во делот на: пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство и експерти од компаниите, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување и сл. Покрај мали и средни претпријатија, во Клубот членуваат и големи компании со цел поттикнување на размена на контакти, информации и искуство, а особено во насока на отворање можности за деловна соработка.


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21.6.2016 година (вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ И ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО БАРАЊАТА ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДРЖАВНИОТ И ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО БАРАЊАТА ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени и од референтни предавачи разработени повеќе категории прашања во врска со управувањето со ризик, односно процесот во кој компанискиот персонал врши идентификација, проценка и степенување по важност на ризиците, проследено со координирана и економски одржлива примена на превентивно- заштитни ресурси за да се минимизира, надгледува и контролира веројатноста и/или влијанието на инцидентните настани. Цели на семинарот: Ризикот континуирано и директно влијае врз вредностите, а консеквенциите од неговите несакани дејствија манифестирани во форма на пропусти, грешки, незгоди, несреќи, прекршоци и кривични дела, делуваат на стабилноста и на успешноста. Ризиците се негативни фактори и непожелни настани кои може да продуцираат загуби, а посебно доаѓаат до израз кога во управувањето постојат или се манифестирани слабости. За да се редуцираат овие чувствителни точки во административниот - деловен процес неопходно е организацијата да имплементира комбинирани превентивни контра-мерки. Предавачи: д-р Зоран Доревски, менаџер за безбедност и Милијана Георгиевска, координатор за безбедност.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Контакт: Зорица389 Мешкова Факс:++ 2 3244088 Тел:Контакт ++ 389 2Центар 3244019 : (02) 15015 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita@mchamber.mk E-адреса: zorica@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ КУРС ЗА СТЕКНУВАЊЕ ВЕШТИНИ ЗА АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ Целна група: Специјалистичкиот курс може да го посетуваат лица вработени во организациона единица за архивско работење, како и сите други заинтересирани лица кои имаат желба да ги прошират своите знаења и вештини во областите од наведенава тематика и да се стекнат со сертификат признат од Министерството за образование и наука. Дополнителни информации: • Времетраење на обуката е вкупно 50 школски часа, од кои 30% од наставата теорија и 70% практична настава, распоредени во 6 тренинг дена, односно истите се одржуваат два пати неделно. • Обуката започнува на 21 јуни 2016 година и ќе се реализира со следната динамика: - 21 и 22 јуни 2016 година од 09:00 до 16:00 часот; - 28 и 29 јуни 2016 година од 09:00 до 16:00 часот; и - 6 и 7 јули 2016 година од 09:00 до 16:00 часот. • Број на учесници во група: 10 – 15 учесници. • Сите учесници добиваат потврда за пристуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Тренери: М-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Некст Левел Консалтинг“ ДОО – Скопје Доц. д-р Костадин Дуковски, консултант во друштвото „Некст Левел Консалтинг“ ДОО – Скопје Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ КОИ ЧЕСТОПАТИ ПОГРЕШНО СЕ ПРИМЕНУВААТ И СЕ ПРЕКРШУВААТ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ И ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ВО СМИСЛА НА НЕЈЗИНО УРЕДУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ И ИЗРЕКУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ“

23 – 25 јуни 2016 година Хотел „Солемио“ Нови Сад (www.hotelsolemio.rs)

Стопанската комора на Македонија од 23 до 25 јуни 2016 година во хотелот „Солемио“ – Нови Сад, Република Србија, организира советување на тема: „Правни институти од работните односи кои често погрешно се применуваат и се прекршуваат од страна на работодавачите и дисциплинска постапка во смисла на нејзино уредување, водење и изрекување дисциплински мерки“. Целта на советувањето е на учесниците да им бидат образложени законските решенија во однос на одредени правни институти од областа на работните односи, а дополнително ќе имаат можност да бидат советувани од страна на експерти и за сите тековни проблеми и дилеми што се јавуваат при примена на законодавството од областа на работните односи во тековното работење. Советувањето е наменето за сите вработени во правните служби, адвокатите и останати законски застапници, менаџери во компаниите, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните односи. Организација Ова дводневно советување е организирано по принцип на тренинг-обука, со цел учесниците низ предавања и практични примери од пракса да се стекнат со нови и да ги унапредат постојните знаења во областа на работните односи.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт: Зорица Мешкова Контакт Центар : (02) 15015 Тел: ++ 389 2 3244019 E-адреса: anita@mchamber.mk Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Тренинг обука 23.06.2016 - 02.09.2016 Стопанска комора на Македонија

согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение бр.11-20103/2-14 од 09.01.2015 година

Методологија Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. Целна група: Обуката можат да ја посетуваат лица кои се ориентирани кон градење кариера во делот на управување со човечки ресурси, вработени од секторите за управување со човечки ресурси во компаниите кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат и да стекнат сертификат признат од Министерството за образование и наука.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27.6.2016 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРАВИЛНИЦИ И АКТИ НА РАБОТОДАВАЧОТ, ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА, ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ ПРЕСМЕТКА НА ПРИДОНЕСИ КАЈ ВРШИТЕЛИ НА ЕКОНОМСКА ДЕЈНОСТ

Стопанската комора на Македонија во соработка со „Каунт“ - Скопје на 27.6.2016 година организира еднодневен семинар на тема: „Правилници и акти на работодавачот, плата и надоместоци на плата, практична примена на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување при пресметка на придонеси кај вршители на економска дејност, вршители на професионална и друга интелектуална услуга, практични примери на пресметки на плата и надоместоци на плата, пресметка на придонеси и надоместоците од плата низ примена на Законот за персонален данок на доход и Законот за данок на добивка“. Цел на семинарот Примена на легислативата со која се уредува пресметката на плата и надоместоци на плата, пресметка на придонеси кај економските вршители на дејност, специфичности во начинот на пресметка на плата, практични примери, како и кои интерни акти мора да ги има компанијата во согласност со законската регулатива за дадената тема. На семинарот ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област со што ќе се избегне ризикот од изрекување на глоба при инспекциски надзор. Предавач: -- М-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје - Гордон Јовановски, правник, Сектор за правни работи на „Каунт“ ДООЕЛ - Скопје

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ СТРУЧЕН ИСПИТ ПО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

28 јуни 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел да им се овозможи соодветна стручна подготовка на лицата кои се имаат пријавено за полагање стручен испит по безбедноста и здравјето при работа, Стопанската комора на Македонија на 28 јуни 2016 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневна обука на тема: МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ СТРУЧЕН ИСПИТ ПО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА („Службен весник на Р. Македонија“ БР.138). Врз основа на член 46, став 2 од Законот на безбедност и здравје при работа („Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 92/07), донесен е Правилник за условите, начинот и програмата за полагање сручен испит за безбедност и здравје при работа. Обучувачи на оваа обука ќе бидат: Претставници на Држaвен Инспекторат за труд, инженери и стручни лица за безбедност при работа, кои работат и делуваат секојдневно во областа на безбедноста и здравјето при работа во сите индустриски гранки и доктор по медицина на труд.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до: 23 јуни 2016 година.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29 јуни 2016 година (среда) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ШТО ВЛЕГУВА ВО СИЛА ОД 1 АВГУСТ 2016 ГОДИНА

-Компарација на стариот и новиот Закон за градежно земјиште -Начин на водење на постапките за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп, давање на трајно користење, засновање на стварна службеност и пренесување на право на сопственот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/15, 98/15, 193/15, 226/15 и 31/16). Со Законот за градежно земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште. Целта на семинарот е да се разработи новиот начин на водење на постапките предвидени во Законот, како и сите теми и случаи кои се појавуваат како основ за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Предавач: - Анета Јорданова, дипломиран правник, Раководител на Сектор за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИСКИ РИЗИЦИ ВО КОНТЕКСТ НА НОВАТА ДИРЕКТИВА СОЛВЕНТНОСТ II

30 јуни 2016 година (четврток) 11:00-17:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Солвентност II (Solvency II) ќе донесе значајни промени во разбирањето на функцијата за управување со ризици во осигурителните друштва. Со оваа регулаторна рамка, осигурителните друштва ќе требa да пресметуваат 99,5% VAR за период од една година преку употреба на интерен модел или стандардната формула дадена од EIOPA. Од друга страна, финансиските пазари стануваат се` понепредвидливи и состојбата на околина на ниски каматни стапки на долг рок, комбинирана со зголемена волатилност на пазарите на акции и обврзници претставуваат комплексни фактори за осигурителните друштва во насока на обезбедување на краткорочните и долгорочните обврски. Поради тоа, станува клучно практичарите од индустријата во потполност да ги разберат клучните концепти на кои се темели наведената регулаторна норма, како и основните очекувања кои се поставени пред организацијата во доменот на управување со ризици, капитал и ликвидност. Насоките за надзор, кои по малку прераснуваат во практики за надзор, бараат од управите на компаниите да работат на креирање на рамка на стандардизирани процеси во управувањето со ризици во насока на создавање на интерни акти на практично дејствување и добиените релевантни информации (мислења, проценки, извештаи) за менаџерите за управување со ризик да бидат достапни низ сите сегменти на организацијата. На тој начин системот за управување на ризици на ниво на организација ќе биде вклучен во работните процеси на сите нивоа: од долгорочни стратешки до краткорочни оперативни. Гостин-предавач: Д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурување. Краен рок за пријавување: 28.6.2016 година.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30 јуни 2016 година 10:00-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

„МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОРИ, ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ДРУШТВАТА“

Семинарот има за цел да ги обучи учесниците за значењето на добро поставените работни односи преку квалитетно изготвување и спроведување на договори за вработување и менаџерски договори, со кои се регулираат суштинските прашања за успешното водење на бизнисот. На семинарот учесниците ќе имаат можност на практичен начин преку примери на различни видови договори постепено да бидат запознаени со сите релевантни и практични аспекти на работните договори, во смисла на нивно правилно изготвување, спроведување, можни причини за раскинување, како и повреди на одредби или делови од договорите. Семинарот овозможува практично запознавање со сите аспекти од работењето во смисла на изготвување и спроведување на менаџерските договори, договорите за вработување и нивно откажување Предавачи: Данче Чакаровска Гроздановска, адвокат, има долгогодишно адвокатско искуство во работење на предмети од областа на работните спорови и облигационите односи, како и широко познавање на корпоративното право. Д-р Марјан Маџовски има повеќегодишно искуство во стручното следење на економското законодавство, автор е и коавтор на студии и публикации од оваа област, а има магистрирано на прашањата поврзани со квалитетот на работните услуги, административно-управните и легислативните аспекти на работниот ангажман.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународен форум „Building Green Connections“

2-3 ноември 2016 година, Копенхаген, Данска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на Форумот за градежништво „Building Green Connections“, најголем во Европа. На овој форум главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, дизајн, како и влијанието на животната средина врз градбата. „Building Green Connections“ кој по петти пат се одржува во Данска, ги собира на едно место сите иновативни компании и организации кои сакаат да воспостават взаемна комерцијална и технолошка соработка. Досега на овој форум присуствувале повеќе од 350 компании од 16 европски земји кои имаат остварено околу 620 средби. Билатералните средби на учесниците обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа: градежни компании, архитекти, изведувачи, дистрибутери, трговци, развојно истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на „Building Green Connections“ ќе се одржат на 2-3 ноември 2016 година, во Копенхаген, Данска. Учеството на деловните средби и на Форумот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/greenconnections2016/contact.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 26 до 28 август 2016 година во Сиан, НР Кина

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, ВОДОВОДИ И САНИТАРНИ ТЕХНОЛОГИИ

Саем 21-25 септември 2016 година Будва, Р. Црна Гора

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од Саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 21 - 25 септември 2016 година, во Будва, Р. Црна Гора. Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации: • на Саемот за градежништво оваа година на јавноста ќе и` бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; • Саемот за енергетика е можност да ги престават своите нови технологии и достигнувања компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кој истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; • саемската платформа и компаративната предност која ја нуди Саемот за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 5 септември 2016 (понеделник).

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на обновливите извори на енергија (ОИЕ), бара соработка со компании од Р. Македонија. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Кина која произведува спортска опрема за пливање, маски, перки, дишалки и сл. бара компании за соработка од Р. Македонија, за дистрибуција и пласман на своите производи. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Р.Хрватска нуди сликарски платна кои се нов и иновативен производ и бара компанија за дистрибуција на платната за територијата на Р. Македонија и за други соседни земји. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Македонија која се занимава со производство на слатко, кое е изработено по сите стандарди во строго контролирани услови и по НАССР Реномирана холдинг компанија од Романија систем бара компании за соработка и која може да обезбеди комплетни решенија дистрибуција во Европа и пошироко. Нуди традиционални македонски слатка со за енергетска контрола, консултантски препознатлив вкус кој со векови се сервира услуги за енергетска ефикасност и на македонските трпези, а тоа се слатката обновливи извори на енергија; програми, од смокви (зелени и зрели) и од тиква. дизајн и специјализирани инженеринг Исто така, произведува и слатко со вкус услуги, претприемништво за сложени на капини, портокал, рендана тиква со електрични инсталации, производство сусам, вишна и јагода, кои спакувани во на среден и низок напон, опрема, уникатна амбалажа нудат прекрасно вкусно електрична опрема, практичната примена


четврток, 16 јуни 2016, Бр. 271

БИЗНИС ИНФО

43

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА доживување. - Слатко од зелени смокви/пакување 900 и 350 гр. - Слатко од зрели смокви / пакување 900 гр. - Слатко од зрели смокви / пакување 350 гр. - Слатко од тиква / пакување 900 гр. / 350 гр. - Слатко од рендана тиква со сусам/ пакување 350 гр. - Слатко од портокали / пакување 900 гр./350 гр. - Слатко од вишни / пакување 350 гр. - Слатко од капина / пакување 350 гр. - Слатко од јагода/ пакување 350 гр. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија за превод и толкување од Македонија, како една од најголемите

www.mchamber.mk

агенции за јазични услуги во Република Македонија со над 35-годишно искуство во преведувачката дејност, нуди квалитетни услуги по поволни цени: превод и толкување од/на сите европски јазици, заверка на документи од овластен судски преведувач, лекторирање и уредување. Валидност до 29.7.2016 година.

Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.