Бизнис ИНФО, број 276

Page 1

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Број 276

БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk

goodini

192

2 - 2016

16.9.2016

Европска интеграција, демократизација на процесите и модернизација на економиите во фокусот на седницата на EUROCHAMBRES во Брисел

Промоција на активностите на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ)Промовирана брошура за популаризација на Медијацијата под мотото: промоција афирмација - успех и промовирана веб-страната на Асоцијацијата (www.apm.mk)

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО МЕДИЈАЦИЈА

РЕАЛИЗИРАНИ И БЕСПЛАТНИТЕ СЕМИНАРИ ЗА МЕДИЈАЦИЈАТА како ефикасен начин на решавање на споровите со предавања во Прилеп и Битола

На 2-ри септември во Прилеп и на 3-ти септември во Битола, Стопанската комора на Македонија продолжи со организација и реализација на семинарите за медијација како ефикасен начин на решавање на споровите пред стопанствениците и останатите заинтересирани посетители од овие градови и региони. На овие семинари кои беа продолжение на агендата на Комората за неколку месечна презентација на медијацијата беа апострофирани предностите на медијацијата, беше детално објаснета медијацијата во нашата земја согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети, како и се даде осврт и на медијацијата во работните спорови, и заштитата на потрошувачите во постапката за медијација. Како и на претходно реализираните семинари во Штип, Кавадарци, Кичево и Охрид, така и сега од сите дискусии на учесниците произлегуваат и одредени дилеми кои се јавуваат при практична примена на медијацијата и потребата од усогласување на повеќе закони со Законот за медијација. Стопанската комора на Македонија од сите забелешки дадени од учесниците е подготвува информација до носителите на законските решенија со цел разјаснување на процесите а се со цел целосна поддршка и поголема


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

МЕДИЈАЦИЈА апликативност на медијацијата. Оваа комплетна информација до релевантните институции Комората ќе ја достави на 14 септември по завршување на првиот циклус на семинарите за медијација, најнапред до Министерството за правда и Министерството за финансии бидејќи забелешките ги задираат некои од законите за кои се надлежни токму тие министерства и низ конструктивна соработка каква што постојано Комората и има со министерствата, ќе се насочиме кон пронаоѓање на соодветни решенија. Инаку, Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација на медијацијата ќе се намалат непотребно долгите и скапи судски постапки и ќе се зголеми ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката.

Оттука, согласно потребите на компаниите од една страна како, и заради поголема афирмација на оваа ефикасна алатка, од друга страна, Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, прва започна со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките. За таа намена Комората отвара и канцеларија во која ќе се вршат медијациите со лиценциран медијатор согласно Законот за медијација. Како пристапи Комората во овој процес? Со цел најпрво да се информираат компаниите и за законските измени на Законот за парнична постапка кои се поврзани за медијацијата, за текот на постапката на медијацијата, како и за можностите за тоа кои спорови се медијабилни и да се поттикне користењето на доброволната медијација, Стопанската комора на Македонија започна со циклус на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи – лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација. Така, првите семинари за промоција на медијацијата беа одржани на 1-ви и 2-ри јули во Штип, односно Кавадарци пред голем број на компании од тие региони. Потоа


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО МЕДИЈАЦИЈА продолживме со семинарите во Кичево и Како информација наведуваме дека Охрид, а последните бесплатни семинари се со донесување на Законот за изменување реализира на 2-ри септември во Прилеп и и дополнување на Законот за парнична 3-ти септември во Битола. Заокружувањето постапка („Службен весник на РМ“, на првиот циклус на семинари ќе биде бр.124./15) со член 47 од Законот, извршена со одржување на семинар во Скопје, е измена на член 461 од пречистениот текст во Стопанската комора на Македонија на ЗПП според кој:„ Во стопанските спорови на 14-ти септември 2016 година. Исто за парично побарување чија што вредност така со цел активно вклучување на сите не надминува 1.000.000 денари, а по кои заинтересирани страни во овој процес на постапката се поведува со тужба пред суд, поддршка на медијацијата, Стопанската странките се должни, пред поднесување комора на Макеоднија на 15.07.2016 на тужбата, да се обидат спорот да го решат година формираше посебна Асоцијација по пат на медијација. При поднесување на за поддршка на медијацијата (АПМ) при Комората каде освен лиценцирани тужбата тужителот е должен да приложи медијатори, вклучени се експерти со доказ издаден од медијатор дека обидот за познавање од оваа област, компании решавање на спорот по пат на медијација и други институции кои ќе работат на не успеал. Тужбата кон која не е приложен искористување на бенефитите од оваа доказот од ставот (2) на овој член судот ќе алатка. ја отфрли”. Оваа одредба од ЗПП е влезена Според новиот Закон за медијација и во сила од 1-ви февруари 2016 година. неговите измени и дополнувања („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, и 55/16), постапките за медијација може да ги спроведува единствено медијатор на кого му е издадена лиценца за вршење на медијаторски работи согласно член 46 од Законот за медијација, од страна на Министерството за правда на Република Македонија – Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Медијаторот врши работи согласно ЗПП и погоре потенцираната законска одредба, како и спроведување на постапки за решавање на сите видови медијабилни спорови за кои спротивставените страни ќе изјават волја доброволно, спорот да го решат по пат на медијација. Со формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора на Македонија ќе продолжат сите активности за промоција и поддршка на медијацијата преку разни начини, алатки и облици на промоција и тоа за сите фирми (и членки и нечленки на Комората) и за сите заинтетесирани страни во РМ. Повеќе информации во врска со Медијацијата можете да добиете во Комората на тел. 02/3244031. Лице за контакт д-р Јелисавета Георгиева. д-р Јелисавета Георгиева


БИЗНИС ИНФО

6

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

ПРЕС конференции

Промоција на активностите на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ)-Промовирана брошура за популаризација на Медијацијата под мотото: промоција - афирмација - успех и промовирана веб-страната на Асоцијацијата (www.apm.mk) Тргнувајќи од фактот дека скоро секаде во коморите една од главните цели и активности е и поддршка и промоција пред компаниите на алтернативните начини на ефикасно решавање на споровите, како медијацијата, од една, како и следење на имплементацијата на европските правила и стандарди, пред се` директивите и другите акти на Европската унија, препораките на Советот на Европа и останатите меѓународни документи од областа, од друга страна, и Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка на тој процес. Ова го истакна д-р Јелисавета Георгиева, претседател на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата, на прес-конференцијата (12.9.2016 година). Оваа поддршка, како што нагласи Георгиева, која ја дава Стопанската комора на Македонија ја следи и поддршката која ја дава и Владата на РМ, преку поттикнување за носење и институционализација на медијацијата преку Законот за медијација од 2006 година и промените на Законот во 2013 година. Д-р Јелисавета Георгиева потенцираше дека Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, прва во РМ започна со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на медијација како за членките, така и нечленките. Согласно наведеното и согласно потребите на компаниите заради поголема промоција и афирмација на оваа ефикасна алатка, на 15.7.2016 година се формираше Асоцијација за поддршка на медијацијата како форма на организирање и работење во рамките на Комората. Д-р Георгиева истакна дека во Асоцијацијата за поддршка на медијацијата освен лиценцирани медијатори согласно Законот за медијација, доброволно учествуваат и членуваат и експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други кои што даваат поддршка за популаризација на медијацијата. Таа нагласи дека активностите на оваа Асоцијација се насочени кон користење на медијацијата со цел искористување на сите бенефити кои ги нуди медијацијата за изнаоѓање на прифатливи решенија за компаниите и продолжување на нивната идна деловна соработка. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата работи на надградба на локалните знаења преку поврзување и соработка со слични асоцијации од странство со цел размена на искуства, како и промоција пред асоцијациите во рамките на Комората и давање поголема поддршка на медијацијата. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата, подвлече д-р Георгиева, континуирано своите активности ќе ги остварува преку соработката со Комората на медијатори на РМ, Комората на


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС конференции ПОДВЛЕЧЕНО

АПМ

извршителите, Нотарската и Адвокатската комора, како и со сите заинтересирани надлежни институции од Република Македонија за поддршка на медијацијата. Д-р Јелисавета Георгиева истакна дека Асоцијацијата според своите програмски активности ќе работи на организација и одржување на семинари, предавања, промоции и други форми на промоција на медијацијата за трговските спорови за компаниите, во Скопје и во регионалните канцеларии на Комората низ градовите во Република Македонија, а првиот нареден семинар ќе се одржи на 14 септември 2016 година во Стопанската комора на Македонија, а останатите ќе се одржат во месец октомври во регионалните комори. Таа истакна дека во месец октомври Асоцијацијата за поддршка на медијацијата ќе има активности за одржување на денови на медијацијата, во соработка со локалната самоуправа и со други државни институции како начин на поголема промоција на медијацијата. На прес-конференцијата повеќе за промотивните активности кои ги прави во моментов Асоцијацијата за поддршка на медијацијата презентираше м-р Драган Дамески, член на Асоцијацијата, кој ја промовираше првата брошура за медијација под мотото: Промоција - афирмација - успех. Исто така, истакна Дамески, со цел сите компании да се запознаат подлабоко со можностите за медијација, Асоцијацијата за поддршка на медијацијата креираше и посебна веб-страна: www.apm.mk каде што има повеќе информации за Асоцијацијата за поддршка на медијацијата и за активностите кои Асоцијацијата за поддршка на медијацијата ги презема со цел промоција и поддршка на медијацијата. За бенефитите од медијацијата пред другите постапки, за тоа дека постапката е: доброволна, има исклучување на јавноста, дека е доверлива, поефикасна, побрза, поекономична, правична


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

ПРЕС конференции

со постигнување на спогодба според интересите на двете страни кои во иднина остануваат во добри деловни односи информираше м-р Славе Младеновски, член на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата. Младеновски истакна дека медијацијата може да биде применлива и ефикасна во мноштво спорови. Но оваа постапка се применува особено во: имотноправни, семејни, работни, трговски, потрошувачки, осигурителни спорови, спорови од областа на образованието, заштитата на животната средина, спорови во врска со дискриминацијата, како во други спорни односи каде што медијацијата одговара на природата на спорните односи и може да помогне за нивно разрешување. Оваа постапка се применува и во кривични спорови, доколку со посебен закон не е исклучена нејзината примена. Постапката за медијација може да биде бесплатна за страните во случај кога страните и медијаторот ќе се договорат за тоа или кога тоа е уредено со закон. Поддршката на медијацијата од страна на Владата се гледа и во субвенционирањето на трошоците на постапката за првите 4 часа медијација (според правилник со поблиски критериуми и начинот на субвенционирањето и образецот за наплатената награда и трошоци на медијаторот). Повеќе за досегашните активности кои ги направија Стопанската комора на Македонија и


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕС конференции ПОДВЛЕЧЕНО Асоцијацијата за поддршка на медијацијата се осврна м-р Илија Манасиев, член на Асоцијацијата, кој истакна дека поддршката се огледа преку активностите кои досега ги преземаат Стопанската комора на Македонија и Асоцијацијата за поддршка на медијацијата за промоција на медијацијата со одржаните семинари во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп и Битола, со присуство на повеќе од 120 учесници. Тој потенцира дека од одржаните промотивни активности и забелешките кои ги даваат компаниите и учесниците може да произлезат одредени барања кои би биле идни активности на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата да разгледува предлози на закони и други прописи, да дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренување иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите доколку е потребно. На прес-конференцијата од говорниците беа потенцирани активностите кои Асоцијацијата за поддршка на медијацијата ги промовира пред компаниите за медијацијата, односно за користењето на доброволната медијација во нивните договорни односи, но и потребата од задолжителен обид за медијација согласно последните законски измени во Законот за парнична постапка од 23.7.2015 година, кои започнаа со примена од февруари 2016 година, каде фирмите треба пред поднесување на тужба на суд за стопански спор, да се обратат кај медијатор кој ќе се обиде да го реши спорот на мирен начин и со помалку трошоци. Така, според измените во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000,00 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесувањето на тужбата да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. Ова не важи за постапките по платен налог пред нотарите. При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи писмен доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која нема да биде приложен доказот од медијаторот дека предметот не може да се реши пo пат на медијација судот ќе ја отфрли. Беше потенцирано дека Комората ќе продолжи со промоција на алтернативните начини на решавање на споровите како арбитражата која работи уште од 1994 година преку независниот Постојанен избран суд Арбитража при Стопанската комора на Македонија, преку медијацијата и други алатки кои само се надополнуваат и имаат можност да пружат многу предности доколку се искористени од страна на компаниите. На крај, беше истакнато дека Асоцијацијата за поддршка на медијацијата континуирано ќе ги информира сите заинтересирани за сите активности на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата за промоција на медијацијата, за листата на медијатори и сите неопходни информации кои им се потребни на компаниите. Оттука, преку Асоцијацијата за поддршка на медијацијата се информираат компаниите дека постапката на медијација ја вршат лиценцирани медијатори согласно Законот за медијација. Листата на лиценцирани медијатори е објавена на веб-страната на Министерството за правда www.pravda.gov.mk Асоцијацијата за поддршка на медијацијата ги повикува сите заинтересирани страни и е отворена за соработка со сите кои сакаат да ја поддржат промоцијата на медијацијата и да се вклучат во активностите на Асоцијацијата. д-р Јелисавета Георгиева


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

АНКЕТА на Стопанската комора на Македонија

Анкетно истражување на Стопанската комора на Македонија

ЛИКВИДНОСТА КАЈ КОМПАНИИТЕ Стопанската комора на Македонија континуирано следејќи ги движењата во стопанството, а поаѓајќи од актуелните состојби во земјата, во два наврата досега (април и мај 2016 година) спроведе анкетни истражувања меѓу своите членки, во насока на дефинирање на проблемите со кои моментално се соочуваат компаниите и кои влијаат на условите за стопанисување. Од овие истражувања меѓу компаниите, генерално можеше да се констатира дека во голема мера проблемите кои се јавуваат во тековното работење не се резултат само на моменталните состојби во земјата, туку најголемиот дел од нив се проблеми што континуирано се провлекуваат веќе подолг период, а сега само е поизразена нивната тежина. Со цел согледување на моменталните движења и состојби, спроведено е и трето анкетно истражување во месец август 2016 година, а во врска со повратот на ДДВ, наплатата на побарувањата и ликвидноста, на кое е добиен одговор од околу 800 компании од различни стопански сектори, истакна Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор во Стопанската комора на Македонија, на пресконференцијата (5 септември 2016 година). Од анализата на добиените одговори: 1. Во однос на повратот на данокот на додадена вредност, 97% од компаниите одговориле дека не се соочуваат со позначајни проблеми по овој основ. Во моментов повратот на ДДВ најчесто се движи со задоцнување од еден до три месеци, што засега од компаниите е оценето дека е во рамките на прифатлива динамика. Единствено компаниите кои имаат барања по основ на поврат на ДДВ кои се веќе доспеани за наплата, а се работи за поголеми износи, се соочуваат со проблеми со ликвидноста и неможноста планираните средства да ги користат за друга намена во процесот на производство или да ги сервисираат своите обврски. 2. Скоро идентична е оценката на компаниите во однос на наплатата на побарувањата, како во претходните 2 истражувања, односно околу 40% од нив наведуваат дека наплатата е со многу подолги рокови од обврската за плаќање. Ова особено е потенцирано дека се однесува кога компаниите даваат услуги на јавниот сектор и оваа наплата е со продолжени рокови кои иако се договорни на (30, 60 или 90 дена), повторно истите не се почитуваат. Како резултат на ваквите состојби, од страна на бизнис заедницата e посочено непочитување на одредбите од Законот за финансиска дисциплина, кој системски треба да ги регулира меѓусебните плаќања и исполнување на меѓусебните договори. Воедно, се јавуваат и случаи кога компаниите се приморани да земаат нови кредити за да ги подмируваат своите потреби и обврски во работењето, бидејќи навремено не успеваат да ги наплатат побарувањата за услуги кои веќе ги реализирале кон клиентите со кои соработувале. На овој начин компаниите генерираат дополнителни трошоци и загуби, со што значително се нарушува нивната


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

11

АНКЕТА на Стопанската комора на ПОДВЛЕЧЕНО Македонија

тековна ликвидност, - посочи Пеева-Ѓуриќ. 3. И во најновото истражување компаниите посочуваат дека не може да се извршат правосилно донесени пресуди за наплата на побарувања од причина што согласно член 211 од Законот за извршување (член 218 од новиот Закон за извршување кој отпочнува да се применува од 1 јануари 2017 година), претседателот на судот на чие подрачје се спроведува извршувањето има право да одлучи кои предмети и права се неопходни за извршување на дејноста и задачите на должникот, така што во пракса се носат решенија дека сите подвижни права и сите парични средства кои се наоѓаат на сметка кај носител на платен промет се определуваат како неопходни за вршење на дејноста и задачите на должникот. Во врска со ова прашање, Стопанската комора на Македонија во повеќе наврати го покрена прашањето за изнаоѓање решенија за надминување на нееднаквоста со која се соочуваат доверителите, односно приватните субјекти, наспроти субјектите на јавното право, со предлог изречно да се уреди дека за предмети и права во смисла на членот 211 (односно членот 218 од новион Закон за извршување) не се сметаат паричните средства кои се наоѓаат на сметка кај носител на платен промет, и врз нив може да се спроведува извршување без никакво ограничување. И покрај наведеното, предлозите на Стопанската комора на Македонија не беа земени предвид, и ова прашање остана уредено на ист начин и со одредбите на новиот Закон за извршување. Со оглед дека примената на Законот за извршување кој е донесен на 12 април 2016 година и кој требаше да отпочне да се применува на 20 август оваа година, се одложи и истиот започнува да се применува од 1 јануари 2017 година, Комората уште еднаш го актуелизира ова прашање со цел да посочи дека е потребна измена на посочениот член 218 од Законот за извршување до неговото отпочнување со примена, - заклучи Пеева-Ѓуриќ. На прес-конференцијата, уште еднаш беа презентирани и податоците поврзани со ликвидноста, кои беа предмет на анализа и во претходните две анкетни истражувања. Билјана Пеева-Ѓуриќ


БИЗНИС ИНФО

12

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА ВО ТУРИЗМОТ ЗА ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ И ФИНАНСИСКИ ЕФЕКТ ВО ДРЖАВАТА Членките на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, алармираат дека на туристичкиот пазар е присутна нелојална конкуренција, која негативно се одразува како од аспект на ширење на „сивата“ економија, преку работа на човек-фирми, така и преку нарушување на угледот на земјата како туристичка дестинација преку поплаките што тур-операторите и хотелите ги добиваат од странските гости, особено во шпицот на летната сезона. Дополнителен проблем е и работата на некои од туристичките водичи кои работат самостојно на пазарот, директно поврзани со странски гости, како и туристички водичи кои доаѓаат со странските гости и при тоа не се контролирани што и како презентираат, посочи Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата на Здружението на угостителството и туризмот (9.9.2016 година). Во насока на надминување на ваквите појави, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, во јули 2016 година достави Барање за заедничка координирана акција на надлежните институции за елиминирање на нелојалната конкуренција поради присуство на фирма-човек туристички агенции на терен до Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи, Одделението за инспекциски надзор - Инспекторат Општина Охрид, градоначалникот на Општина Охрид, градоначалникот на Општина Струга, Министерството за внатрешни работи - Сектор за гранични работи и миграции и согласно надлежностите на институциите очекувавме дека ќе се елиминира нелојалната конкуренција која крајно негативно се одразува на туризмот во Македонија со негативни последици и за вкупната економија. На барањето на бизнис секторот одговори Државниот пазарен инспекторат, со чии претставници беа реализирани и последователни состаноци, при што беше добиена и информација дека е постапено по Барањето на Здружението од страна на Државниот пазарен инспекторат и дека се направени контроли на терен.


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

13

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО

Заменик-претседателот на Здружението на угостителството и туризмот Славе Сирачевски, посочи неколку спорни точки каде се чувствува нелојалната конкуренција и каде има основ за „сива“ економија. Имено: спортски клубови, културно-уметнички друштва и други институции организираат сами патувања, надвор од државата што е незаконски и на директна штета на работата на туристичките агенции; - на терен работат туристички агенции кои добиле лиценца А, но во текот на работењето ги намалиле дел од условите, реално функционираат како со лиценца Б, а организираат работи како за А лиценца и при тоа никој не ги контролира; - транспортни фирми се јавуваат како организатори на патувања и организираат тури надвор од границите на државата, што е исто така незаконски; странски тур-оператори сами организираат тури во Македонија, без домашен посредник, не користејќи дури ни туристички водич. Таков случај има со туристи од Бугарија, Грција и други подалечни земји; има ситуации кога странски тур-оператори земаат домашни туристички водичи и целокупната организација на престојот е преку водичите. При тоа се` се плаќа во готово и се избегнува плаќањето на давачките; има голем број апартмани во Македонија кои не се евидентирани и се издаваат на странски туристи и на тој начин се избегнуваат сите давачки кон државата. Фирмите-членки на Здружението укажуваат дека пред се` во летните топ


БИЗНИС ИНФО

14

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ туристички дестинации (Охрид и Струга), во екот на летната сезона, кога е зголемен бројот на странски гости, се појавуваат човек-агенции кои склучуваат договори со превозници или туристички агенции и нудат сомнителни услуги на јавни места: шеталишта, кејови, на улица и директно во ресторани и кафетерии, се демонстрира нападно и насилно однесување кон туристите кои што доаѓаат во нашата земја, посебно од Холандија и Белгија, на кои им се нудат флаери со неквалитетна и несоодветна содржина. Човекагенциите гравитираат на целото охридско-струшко крајбрежје, но најголема е нивната фреквенција во центарот на градот. На тој начин, посочи Асим Меѓедовиќ, член на Здружението при Комората, се руши угледот кај странските гости кои имаат влијание во вкупното учество на туризмот во домашната економија, а се намалува и рејтингот на Македонија како атрактивна туристичка дестинација. Имајќи предвид дека немаше повратна реакција од останатите надлежни институции кои беа повикани да интервенираат, Здружението при Комората ќе достави допис до Инспекцискиот совет како надлежно тело за сите инспекторати, со цел да се воочи важноста на проблемот. Здружението на угостителството и туризмот писмено ќе ги информира и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како и Секторот за туризам при Министерството за економија за активностите што се преземаат во насока на надминување на проблемот. Преку Здружението ќе бидат иницирани и измени и дополнувања на Законот за туристичка дејност со цел да се овозможи спроведување на ред во работењето согласно почитување на Законот. Решавањето на овие проблеми може повеќекратно да се одрази на домашната економија: преку растот на бројот на странски туристи кои во континуитет имаат нагорна линија; преку учеството на девизниот прилив во државната каса; преку активирање на голем број правни субјекти и поединци кои живеат од туризмот, директно и индиректно, како и на - инвестициите во туризмот за модернизација и развој во услови на нерешени проблеми кои ја доведуваат под знак прашање атрактивноста на Македонија како туристичка дестинација. Даниела Михајловска Василевска


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА, ПОДВЛЕЧЕНО ГРУПАЦИИ

ГРУПАЦИЈАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВОСПОСТАВИ КОНТАКТИ СО ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА РАБОТА СО СКАЛИ НА ВИСОКИ ОБЈЕКТИ ОД АНГЛИЈА Членките на Групацијата за безбедност и здравје при работа, на состанокот одржан на 13.9.2016 година во Стопанската комора на Македонија, расправајќи за активностите на Групацијата согласно моменталните актуелни состојби, истакнаа дека фирмите од оваа дејност се соочуваат со сериозни проблеми во своето работење кои произлегуваат од законската регулатива и донесените правилници. Како приоритет се посочи дека во правилниците за комисиите за утврдување на условите кои треба да ги поседуваат правните лица за безбедност и здравје при работа, во делот на бројот на вработени не е прецизирано работното време на тие лица за што се предложи пред секој збор „вработен“ да стојат зборовите „со полно работно време“, со што би се избегнало вработување на два, четири или повеќе часови. Исто така, се истакна дека бодувањата на стручните лица кои се бодираат според Правилникот за бодување на лиценцирани лица за безбедност и здравје при работа не се до крај дефинирани условите за активно или пасивно усовршување во земјата и во странство, со оглед на фактот дека на фирмите од оваа дејност им е потребен обучен и стручен кадар. Претседателот на Групацијата ги информира присутните дека истата има покана од Македонското здружение за заштита при работа за соработка, со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, а притоа се предложи тројца претставници од Групацијата да присуствуваат на состанокот на Македонското здружение, на 15.9.2016 година. Во расправата повторно се актуелизираа одредбите на Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа, при што се истакна дека со истиот се утврдуваат минималните и максималните цени за извршување на стручните работи за безбедност при работа, кои не кореспондираат со трошоците кои ги имаат фирмите за извршување на својата дејност. Исто така, во Правилникот не се опфатени дел на работи кои се извршуваат при вршењето на мерења за имплементирање за безбедност и здравје при работа. Исто така, беше нагласено дека со примената на овој правилник забележани се и некои неправилности при објавувањето на тендери за имплементирање на овие стандарди во определени компании и установи, бидејќи цените се под минимумот од утврдените со важечкиот Правилник. Во расправата посебен акцент беше даден на воспоставувањето на меѓународна соработка со слични организации од земјите на Европската унија, со цел согледување и имплементација на нивните искуства во нашата законска регулатива. Во оваа насока, се информира дека Групацијата веќе воспоставила контакти со Здружението за работа со скали на високи објекти од Англија. Војкан Николовски


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

МОЖНОСТИТЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО КОМПАНИИТЕ преку обука за оптимизација на системи на пареа (SSO) во индустријата

Стопанската комора на Македонија во континуитет настојува да ги информира своите членки со можностите за подобрување на енергетската ефикасност во компаниите. Групацијата за климатизација, греење, ладење и проветрување, во соработка со Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ), организира презентација на Проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија“. Проектот има за цел да ја зголеми енергетската ефикасност во индустријата, а со тоа да придонесе во намалување на емисиите на стакленички гасови во Република Македонија преку користење на најдобри практики и технологии достапни во светот. Проектот е составен од три компоненти: • Политика, регулатива и институционалното ниво – Проектна Компонента 1 (ПК1); • Индустриска енергетска ефикасност на македонскиот пазар – Проектна Компонента 2 (ПК2) и


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

17

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО

• Инвестиции за индустриска енергетска ефикасност – Проектна Компонента 3 (ПК3). Во рамките на проектните компоненти 2 и 3, се спроведува обука во следните технички области: 1. системи за управување со енергија (EnMS) - Имплементација во индустријата (во согласност со ISO 50001); 2. оптимизација на системи на пареа (SSO) во индустријата; 3. оптимизација на системи на компримиран воздух (CASO) во индустријата. Проектната Компонента 2 се фокусира на оптимизација на индустрискиот енергетски систем. Индустриските енергетски ефикасни (ЕЕ) најдобри достапни практики и технологии ќе бидат промовирани, поддржани и активни со Проектот во Македонија, со посебен фокус на оптимизација на системи на пареа (SSO) и оптимизација на системи за компримиран воздух (CASO). Обуката на корисниците за оптимизација на системи на пареа (SSO) е првенствено насочена кон индустриските инженери, оператори на котли, системи за пареа и персонал за одржување во претпријатијата. Обуката се планира да се реализира на 5 и 6 октомври 2016 година. Заинтересираните компании кои сакаат да учествуваат на обуката за индустриски системи на пареа и оптимизација со свои претставници, да достават пријава на следната е-адреса: APetrovska@rec.org, најдоцна до 16.9.2016 година, до 15:00 часот. Перо Авакумовски


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Европска интеграција, демократизација на процесите и модернизација на економиите во фокусот на седницата на EUROCHAMBRES во Брисел Претставници на европските комори од земји кои се во Европа, а не се членки на Европската унија, денес (9.9.2016 година), во Брисел, ја одржаа пленарната седница на Еurochambrеs, која во фокусот ги имаше европската интеграција, демократските процеси и модернизацијата на економиите. На седницата учествуваа повеќе од 30 претставници од стопанските комори од Европа, претставници од Европската унија и бизнисмени. Официјалниот настан беше отворен од господин Рифат Хисарџиклиолу, претседател на Унијата на комори и берзи на Турција. Тој даде краток осврт на историјата на Eurochambrеs, како и значењето што оваа организација го има во развојот на националните економии. Извршниот директор на Eurochambrеs, господинот Арналдо Абрузини ја истакна улогата на Европските комори, напорите кои ги прават во насока на подобрување на бизнис климата на интернационалните пазари и поддршката која ја пружаат за компаниите во Европа и надвор од неа. Свое излагање имаше и поранешниот заменик-претседател на Европската комисија господин Гинтер Верхојген, кој ја истакна важноста на земјите да продолжат со напорите и работата да станат полноправни членки на Европската унија, бидејќи бенефитот од заедницата ќе има далекусежни позитивни ефекти за бизнисите. Презентација одржа и господинот Дирк Вантигем, директор за меѓународни работи на Eurochambrеs, кој ја презентираше имплементацијата на меѓународните активности на Eurochambrеs, а особен акцент даде на поддршката во отворање на нови пазари, поддршката при развој и инвестиции на компаниите. Eurochambrеs како меѓународна организација е основана во 1958 година како директен


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

19

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА одговор на формирањето на Европската економска заедница. Eurochambrеs претставува преку 20 милиони бизниси во Европа, преку 45 членови, од кои 43 се национални стопански комори, а 2 се транснационални коморски организации, како и Европската мрежа од 1700 регионални и локални комори. Повеќе од 93% од наведените бизниси се мали и средни компании. Eurochambres се стреми кон подобрување на општите услови за работа на бизнисот, за подобра достапност на пазарите во и надвор од Европската унија, обезбедување на човечки, финансиски и природни ресурси, како и подобрување на благосостојбата во целост. Во завршните согледувања на оваа седница беа истакнати одделно предизвиците со кои се соочува секоја од земјите во процесот на достигнување на ЕУ-стандардите, проблемите при водење на бизнисот и интернационализацијата на економиите. Покрај другите елементи, особен акцент беше ставен на образованието и развојот на човечките ресури во секоја економија, имајќи предвид дека зголемувањето на додадената вредност директно зависи од квалитетот на работната сила.

Средби на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески со амбасадорот Еленовски и со амбасадорот Лeпавцов во Брисел – ВО ФОКУСОТ ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО БЕЛГИЈА И ЕВРОИНТЕГРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ Во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Брисел и седиштето на Мисијата на Република Македонија во Европската унија се одржаа средби помеѓу претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, амбасадорот на Република Македонија во Белгија, Лазар Еленовски и амбасадорот на Мисијата во ЕУ, Андреј Лепавцов. На средбите беше дискутирано за потенцијалите за интензивирање на економската соработка помеѓу Белгија и Македонија, зголемување на инвестициите и за зголемување на трговската размена помеѓу двете земји. Посебен осврт во разговорите беше даден на евроинтегративните процеси на Република Македонија, поддршката која Европската унија ја дава за земјата, како и за идните активности кои ќе придонесат за зголемување на соработката помеѓу двете земји. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, истакна дека соработката со Кралството Белгија е од особена важност, не лимитирајќи се само на трговските потенцијали. Соработката со оваа земја која што е во срцето на Европа ќе биде значаен поттик за бизнисмените за да се трудат да постигнат повисоки стандарди и да ја зголемат конкурентноста на македонската економија. Амбасадорот Лазар Еленовски особено се осврна на поддршката која ја пружа Амбасадата на Република Македонија во Белгија, а особено го потенцира интензивирањето на контактите помеѓу белгиските и македонските компании, за што Амбасадата ќе ја обезбеди потребната поддршка. Во рамките на Амбасадата постои и економско одделение, кое претставува значајна поддршка за бизнис секторот. Амбасадорот Андреј Лепавцов ја потенцира важноста на зачленувањето на Република Македонија во Европската унија, а ги истакна и погодностите кои земјата ќе ги има како полноправна членка. На средбите се разговараше за следните активности кои ќе се преземат со цел да се зголеми трговската размена со Кралството Белгија, инвестициите и поддршката која белгиските компании можат да ја обезбедат за македонската економија. Имено, Кралството Белгија е 10-ти трговски партнер на Република Македонија во првата половина на 2016 година. Вкупната трговска размена во наведениот период изнесува 110,68 милиони американски долари, што претставува зголемување од 35,29% споредено со истиот период од 2015 година. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во структурата на извозот застапени се моторни возила, фероникел и тутун, додека во структурата на увозот учество имаат керамички производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, текстилни ткаенини, влекачи за полуприколки и друго. М-р Борис Тримчев


20

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Коморите од регионот на Западен Балкан, потпишаа заедничка

ДИГИТАЛНА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА за време на министерскиот состанок во рамките на „Bled Startegic Forum 2016“ во Блед, Словенија

Целта на овој Форум, којшто ги собра не едно место клучните носители на политички одлуки во оваа област, бизнис-асоцијациите и компаниите, е преку дијалог и примери на добра пракса да укаже на значењето и новите можности на дигиталната трансформација за граѓаните, компаниите, стопанството и за јавната администрација, како и потребата од забрзување на дигитализацијата на регионот и улогата во процесите на забрзување и јакнење на регионалната соработка. Во светски размери првиот бран на дигитална трансформација веќе е на врвот и големите играчи - светските компании веќе го искористија, ние како регион треба го искористиме вториот бран, не само како компании, туку и како држави и регион, со свои иницијативи за дигитална трансформација како што е развојот на „паметни градови“, или развој и имплементација на проектот за Е-царина. Денес, секој зборува за дигитализација, но колку сме подготвени да се преземат конкретни чекори? Во државите од регионот веќе постојат акциски планови со краток временски рок, насочени кон она што граѓаните и стопанството можеби најмногу ги интересира - понатамошна компјутеризација на јавната администрација, бидејќи таа со тоа станува нивниот современ сервис, но се поставува прашањето дали сето ова се имплементира? Дали сме подготвени за креативност и нови видови на иновации во различни области? Што ќе се случува во времето во кое се менуваат услугите и потрошувачите, понудата и очекувањата, начинот


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

21

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА на управување? Досега, повеќето од компаниите се дигитално приспособени, дел од нив се дигитално свесни, помал дел се дигитално ориентирани, но многу малку, и ’фокусирани‘. Интересно е да се воочи како критичните предизвици покажуваат недостаток на потребните знаења и комплексност на процесите во компаниите, но кај голем број владее мислењето дека ова прашање не е толку итно! Дигиталното работење, денес во просек е до ниво од 10% од вкупното работење на компаниите, што значи дека постои огромен потенцијал за дигитална трансформација во работењето на компаниите. Очекуваниот пораст на дигиталното работење е околу 11% на годишно ниво. Компаниите кои завршиле со дигитална трансформација сега се 26% попрофитабилни. Во Југоисточна Европа 63,3% од компаниите сметаат дека дигиталната трансформација е шанса за развој на нивните компании (според IDC White- paper „How Digital Transformation is Changing Business in CEE“). Само 11% од компаниите во Југоисточна Европа достигнале до 4-то ниво на дигитална трансформација. Во овој процес на дигитална трансформација на економијата и општеството во целина, значајна улога ќе имаат стопанските комори и веќе започнатите и планираните активности преку Коморскиот инвестициски форум. За да се случат битни промени во дигиталната трансформација, неопходна е поддршка од околината, од владите, универзитетите и медиумите. Ова е комплексен процес и бара поддршка во форма на стручна едукација и размена на искуства од успешните „добри пракси“, поголема соработка на регионално ниво меѓу коморите и преку конкретните асоцијации, односно здруженија кои дејствуваат во рамките на коморите. Но во денешната вмрежена економија, битни елементи се интеграцијата, меѓусебната комуникација на компанијата со корисникот, како и стратегијата на компанијата базирана на довербата на корисниците. Но компаниите не можат сами дигитално да се трансформираат, бидејќи еден од клучните фактори е „околината“. Не мора да се потенцира дека каков било развој на општеството треба да биде последица и на развојот и дигиталната трансформација на компаниите, бидејќи преку примената на дигиталната трансформација во компаниите се забрзува стопанскиот развој, се зголемува БДП, и тогаш природно е стопанството да помине во нови развојни циклуси, а државата полесно да ги финансира јавните услуги, да се намалува јавниот долг, и да се зголемува стандардот на граѓаните. Оваа Дигитална иницијатива предвидува реализација на повеќе заеднички активности во рамките на КИФ, почнувајќи од подигање на свеста за значењето и развојот на дигитализацијата, подобрување на дигиталната писменост и унапредување на инфраструктурата, преку учество на коморите во заокружување на стратешките и законските рамки и усогласување на стандардите за дигитални процеси, до поддршка на економијата и јакнење на капацитетите за примена на новите технологии и меѓусебно вмрежување со посебен акцент на МСП. Министерскиот состанок „Дигитална трансформација во регионот на Западен Балкан“, се одржа како вовед пред 11-от Стратешки форум на Блед, а дигитализацијата ќе биде и централна тема наредните денови на традиционалниот „Бледски економски форум 2016“. Софче Јовановска


БИЗНИС ИНФО

22

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Презентација на европските програми „Хоризонт 2014-2020“ и „Косме 2014-2020“

ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ СРЕДСТВА ПРЕДИЗВИК И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ И ОПШТИНИ ОД ВЕЛЕШКИОТ РЕГИОН Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање за искористување на средствата од европските фондови, Регионалната комора со седиште во Велес во соработка со Вардарскиот плански регион одржаа презентација на европските програми „Хоризонт 2014-2020“ и „Косме 2014-2020“ наменета за малите и средните претпријатија од регионот на Велес. Околу 15-тина претставници на македонските компании претежно од прехранбената, градежната, металната индустрија, како и претставници од Општина Велес, Чашка, Демир Капија, Градско и Лозово беа информирани за аплицирање на европските фондови „Хоризонт 2014-2020“ и „Косме 2014-2020“, на 2.9.2016 година. Со оглед на моменталната состојба и слабата искористеност на европските пари од страна на приватниот сектор, на обуката учесниците беа подетално запознаени со постојните програми и можности за аплицирање на компаниите во рамките на ЕУ-програмите „Хоризонт 2014-2020“ и „Косме 2014-2020“, наменети за малите и средните компании во наредните 7 години од страна на Ирена Мојсовска, проектен координатор и самостоен советник во Стопанската комора на Македонија. МСП-инструментот, кој има три фази на аплицирање и тоа за истражување, производство и комeрцијализација, е огромна можност за компаниите сами да аплицираат во сите три фази, независно


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

23

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

од редоследот на фазите. Исто така, компаниите беа детално запознаени и со европските процедури и финансиски инструменти и за можностите за финансирање на проекти и од други меѓународни извори во Република Македонија. - Постои одлична можност за интензивирање на соработката преку подготовка на конкретни повици, вклучувајќи ги сите сектори во рамките на ЕУ-програмите и со оваа форма на поддршка на учесниците од малите и средни компании како и општините ќе им се овозможи поефикасно да ја разберат и да ја планираат реализацијата на одобрениот проект, ефективно да го координираат тимот за имплементација и да обезбедуваат извештаи за проектот согласно барањата на донаторот, - им посочи на компаниите Ирена Мојсовска. Присутните беа запознаени и со начинот на регистрирање на компаниите во системот според упатствата на Европската комисија и потребната документација за регистрирање, што и` е потребна на компанијата доколку истата одлучи да аплицира на конкретен повик. Акцент се даде на наоѓањето соодветни партнери за аплицирање и од други европски земји, бидејќи потребата за барање партнерство и формирање на конзорциум е едно од клучните алатки за аплицирање на конкретни повици. - Поради потребата на проектите чиј пристап е олеснет преку Европската мрежа на бизнис можности – ЕЕН, тоа ќе придонесе за поголема соработка со европските земји, размена на искуства и информации за новостите и иновативните практики, кои ќе овозможат поголема конкурентност на македонските компании на европскиот пазар, - истакна Ирена Мојсовска, проектен координатор и советник во Стопанската комора на Македонија. Во следниот период се планира интензивна соработка со комапнии кои што имаат дефинирана иновативна идеја да се поттикнат да аплицираат на европските повици во наредниот период. Ирена Жарова


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

КОМПАНИЈАТА „РАДЕ КОНЧАР – ТЕП“ ОД СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЦИОНАЛЕН ШАМПИОН на Европските бизнис награди (European Business Awards - EBA), најголемиот бизнис натпревар во Европа Од Европските бизнис награди (European Business Awards – EBA) компанијата „Раде Кончар - ТЕП“ - Скопје, членка и ПОКРОВИТЕЛ на Стопанската комора на Македонија, е прогласена за Национален шампион. Предводена од м-р Горан Антевски, компанијата се занимава со производство на електромотори, генератори, трансформатори, апарати за дистрибуција и контрола на електрична енергија и др. М-р Горан Антевски е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. „Раде Кончар - ТЕП“ е водечка компанија во светот на металната и електроиндустријата во Македонија и на Балканот. Таа е дел од брендот „Раде Кончар”, со 65-годишна традиција. Својот развој компанијата го насочува во иновации на нови производи, иновации во процесот на производството, иновации во работењето и сл. Успехот на компанијата се должи на стручноста и усогласувањето со барањата на пазарот, постојано следење на светските трендови, како и комбинирање на функционалноста и дизајнот на понудата. Еден од најголемите вредности е квалитетот на производите. „Раде Кончар – ТЕП“ поседува сертификат за систем за управување со квалитет ISO 9001: 2008; сертификат за управување со животната средина ISO 14001: 2004; сертификат за добро корпоративно управување, а за својата работа има добиено и бројни признанија и награди. Компанијата постојано инвестира во истражување и развој, со цел изнаоѓање најдобри решенија за секоја побарувачка на своите клиенти. „Раде Кончар - ТЕП“ има високо развиен однос со своите клиенти, во размена на технички информации, односи врз основа на взаемна доверба и посветеност на работата, соработката... Врз основа на тоа, „Раде Кончар – ТЕП“ секојдневно ја зајакнува и ја проширува својата позиција на глобалниот пазар како сигурен партнер кој може да обезбеди флексибилни решенија, пласирање на инвентивни и иновативни проекти кои ги следат светските трендови. Во рамките на Стопанската комора на Македонија, компанијата „Раде Кончар - ТЕП“ е членка на Здружението на металната и електроиндустријата, на Регионалната комора со седиште во Скопје, Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Македонската асоцијација на металите (МАМ) и на Групацијата за електроиндустрија.


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

25

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Штипската текстилна компанија „ФЕРМАКТЕКС“ ПРОСЛАВИ 10 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ Успех, просперитет, развој - ова накратко е мотото по кое во изминатите 10 години се раководи менаџментот на штипската текстилна компанија „Фермактекс“, која прослави 10 години постоење. Уникатна по многу нешта, оваа компанија веќе една деценија ја пишува успешната приказна за градење сопствен бренд на женски кошули и за наметнување на нови стандарди во работењето во текстилната индустрија. Фирмата, со свои погони, истовремено функционира во Македонија, Бугарија и во Германија, а производството е од идеја за модел до негова комплетна реализација во готов производ. -Планираме да воведеме нови артикли, односно панталони и блузи поради што бараме фирми кои ќе работат за нас како подизведувачи. Нашата цел е да го прошириме производството, рече Елвира Николова, управител на „Фермактекс“. Само во погонот во Штип работат околу 200 вработени. Со месечен извоз од околу 30-32.000 готови парчиња женски кошули, „Фермактекс“ е една од најуспешните текстилни фабрики во Штип, а по начинот на работа и организација, е единствена во Македонија. Моника Стоичева


БИЗНИС ИНФО

26

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

ЕДУКАЦИЈА

Стопанската комора на Македонија и ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ ПРИ КОМОРАТА НА ЛУКСЕМБУРГ ја интензивираат соработката во делот на образованието

Во текот на официјалната посета на Тренинг центарот при Комората на Луксембург, која се одржа на 8.9.2016 година во Луксембург, се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу двете комори со посебен акцент на образованието. Бенефит од активностите поврзани со образованието, преквалификација и доквалификација на работен кадар во прв план ќе имаат компаниите, како и самите учесници на понудените образовни програми. Целта беше да се разменат искуства поврзани со работата на тренинг центрите, како и да се започне заедничка директна соработка во делот на образованието. Луксембург е една од најмалите земји-членки на Европската унија, а воедно претставува една од најмоќните и најразвиените земји. Луксембург се вбројува помеѓу земјите со највисоки стапки на приход, споредено на светско ниво. За прв пат после 60 години економијата на Луксембург бележи рецесија во 2009 година, а веднаш потоа прикажа повторно нагорен тренд се` до денес. Во 20-тиот век Луксембург се насочува кон развој на финансиските услуги, а воедно драстично ја подобрува домашната инфраструктура. Бруто домашниот производ на Луксембург е 51,4 милијарди американски долари, а просечната стапка на раст изнесува 2,5%. Бруто домашниот производ по глава на жител е 92,049 американски долари. Стапката на невработеност е 6,1%, додека годишната инфлација изнесува 0,7%. Имајќи ги предвид наведените економски показатели, несомнено интензивирањето на соработката првично во делот на образованието ќе донесе трансфер на знаења како и аплицирање на најдобите практики и методи во македонската економија. М-р Борис Тримчев


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


28

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Тренинг - обука: „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение бр.11-20103/2-14 од 09.01.2015 година

Методологија Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат три пати неделно. • Обуката започнува на 22 септември 2016 година и ќе се реализира со следната динамика: - Модул 1 – 22 и 23 септември 2016 година од 10:00 до 16:30 часот; - Модул 2 – 29 и 30 септември 2016 година од 10:00 до 16:30 часот; - Модул 3 – 6 и 7 октомври 2016 година од 10:00 до 16:30 часот; - Модул 4 и 5 – 13, 14 и 15 октомври 2016 година од 10:00 до 16:30 часот; - Модул 6 – 20 и 21 октомври 2016 година од 10:00 до 16:30 часот; • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит.

Целна група: Обуката можат да ја посетуваат лица кои се ориентирани кон градење кариера во делот Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова на управување со човечки ресурси, вработени Тел: ++ 389 2 3244074 од секторите за управување со човечки ресурси Факс:++ 389 2 3244088 во компаниите кои сакаат да го надградат своето Контакт Центар : (02) 15015 знаење или истото да го потврдат и да стекнат E-адреса: beti@mchamber.mk сертификат признат од Министерството за образование и наука.


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ И ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО БАРАЊАТА ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ИДЕНТИФИКУВАЊЕТО, ПРОЦЕНУВАЊЕТО И УПРАВУВАЊЕТО СО РИЗИКОТ

20.9.2016 година (вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, внимателно следејќи ги постојните и новите законски решенија, континуирано подготвува и реализира наменски, односно специјализирани обуки со цел полесна имплементација на новините и решенијата во тековното работење. Генерално прифатена стратегија во модерниот менаџмент е редуцирање на загубите, контрола на опасностите и загрозувањата преку управување со ризикот (Riskbased Management) и се однесува на повеќеслоен пристап кон ублажување на штетите, односно загубите од неконтролираното дејство на ризиците - актуелна тема за која е подготвен наменски тренинг семинар. За таа цел, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДРЖАВНИОТ И ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО БАРАЊАТА ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Цели на семинарот: Ризикот континуирано и директно влијае врз вредностите, а консеквенциите од неговите несакани дејствија манифестирани во форма на пропусти, грешки, незгоди, несреќи, прекршоци и кривични дела, делуваат на стабилноста и на успешноста. Ризиците се негативни фактори и непожелни настани кои може да продуцираат загуби, а посебно доаѓаат до израз кога во управувањето постојат или се манифестирани слабости. За да се редуцираат овие чувствителни точки во административниот - деловен процес неопходно е организацијата да имплементира комбинирани превентивни контра-мерки.

Краен рок за пријавување: 15.9.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.9.2016 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Закон за техничката инспекција, Правилник за користење на лифтови и транспортери, Правилник за користење на рударско техничка опрема, Правилник за формата и содржината на обрасците за евиденција на независните правни лица кои ги исполнуваат условите за вршење технички преглед и периодични испитувања и за техничките прегледи и периодичните испитувања на техничката опрема што е ставена во употреба, како и начинот на нивното водење

Со цел запознавање на учесниците со Законот за техничка инспекција, како и со правилниците кои произлегуваат од истиот, Стопанската комора на Макеоднија на 21 септември 2016 година организира еднодневен семинар на тема: „Закон за техничката инспекција, Правилник за користење на лифтови и транспортери, Правилник за користење на рударско техничка опрема, Правилник за формата и содржината на обрасците за евиденција на независните правни лица кои ги исполнуваат условите за вршење на технички преглед и периодични испитувања и за техничките прегледи и периодичните испитувања на техничката опрема што е ставена во употреба, како и начинот на нивното водење”. Предавачи: - Јане Ставров, државен технички инспектор за лифтови, транспортери и жичарници; - Лазе Атанасов, државен технички инспектор за опрема, производи и постројки наменети за користење при експлоатација на минерални суровини. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Тренинг-обука на тема: РАЗВОЈ НА ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАКО ВАЖЕН ФАКТОР ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

22.9. – 22.12.2016 година (секој четврток во неделата) Стопанска комора на Македонија

Современите истражувања посветени на емоционалната интелигенција потврдуваат дека поврзаноста на општите интелeктуални способности и животниот успех расте доколку личноста поседува и емоционална писменост. За кого е наменета обуката? Обуката е приспособена за вработените од бизнис заедницата од различни сектори кои сакаат да ги развијат вештините за самодоверба, за тоа како во дадени ситуации правилно да реагираат, како да донесуваат правилни одлуки, да се справуваат во конфликтни ситуации, а при тоа да не се повреди вработениот или клиентот. Методологија на обуката Обуката е креирана на тој начин што учесниците преку теоретски дел и практични вежби ги изучуваат трансакционите техники за емоционална писменост (вежби за самоанализа, анализа на секојдневни ситуации, играње на улоги, вежби за директна употреба на трансакции во секојдневниот живот на секојдневни ситуации). Целата обука е распоредена во 13 модули, при што секој модул се одржува еднаш во неделата, во траење од два часа. Рок за пријавување до 14 септември 2016 година. Повеќе информации за котизацијата и учеството може да се добијат на следните контакти: Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23 септември 2016 година (петок) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Закон за градежно земјиште (кој започна со примена на 1.8.2016 година)

Со Законот за градежно земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште. Целта на семинарот е да се разработи новиот начин на водење на постапките предвидени во Законот, како и сите теми и случаи кои се појавуваат како основ за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Програма на семинарот: • Општи одредби на Законот за градежно земјиште; • Права на градежното земјиште; • Начин и постапка за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп, давање на трајно користење, пренесување право на сопственост и засновање на право на стварна службеност на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, со посебен осврт на новиот начин на водење на постапките по пат на јавно наддавање и непосредна спогодба (целосна електронска постапка од поднесување на пријава/барање до запишување во јавната книга за запишување на недвижностите) со посебен осврт на начинот на поднесување на барањата во новиот информационен систем; • Пренесување на право на сопственост на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, како нова предвидена постапка во Законот за градежно земјиште; • Запишување во јавната книга за запишување на правата на недвижностите; • Уредување на градежното земјиште; • Преодни и завршни одредби; • Отворени прашања, одговори и дискусија во врска со новиот Закон за градежно земјиште. Предавач: - Анета Јорданова, дипломиран правник, раководител на Секторот за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски.

Краен рок за пријавување: 19 септември 2016 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневна обука на тема: БИЗНИС МОДЕЛ CANVAS – СТРАТЕГИСКА АЛАТКА ЗА КРЕИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО БИЗНИС МОДЕЛИ

27.9.2016 година (вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Во време на транзиции и интегрирање на иновативни бизнис модели, кај бизнис заедницата се наметнуваат неколку прашања кои се од голема важност за опстанокот на една компанија и тоа: - Како и кои се новите бизнис модели? - Како да бидеме во чекор со транзициите и како би го зачувале својот бизнис адаптирајќи се на новите бизнис модели, со цел опстанок на истиот и полесно справување со конкурентноста? - Што е всушност бизнис модел и кој модел да се користи за да се задржи успехот на компанијата? Бизнис моделот Canvas е најпопуларната алатка за работа и е систематски пристап кој претставува стратегиска алатка за дизајнирање, тестирање, креирање и менаџирање на бизнис модели. Целосно интегрирана и комплементарна алатка на Бизнис моделот Canvas претставува Value Proposition Canvas. Овие две алатки ја прават вредноста за потрошувачите и бизнис моделот кој ја испорачува вредноста, целосно видливи и опипливи, едноставни за анализирање, дискутирање и нивно менаџирање. Оваа обука е посветена токму на начинот на кој овие стратегиски алатки функционираат и како се применуваат во практиката. Обуката целосно ја следи оригиналната методологија која ја користат овие две стратегиски алатки, според едни од најпродаваните бизнис книги во поново време: „Business Model Generation“ и „Value Proposition Design“.

Предавач: Д-р Стојан Дебарлиев - вонреден професор на Катедрата за менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.9.2016 година (среда) 10:00-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Стопанската комора на Македонија на 28.9.2016 година организира еднодневен семинар на тема: Најновите измени во Законот за извршување кој ќе започне со примена на 1 јануари 2017 година.

Еднодневен семинар: НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ КОЈ ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ПРИМЕНА НА 1 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА

ПРОГРАМА: - Воведни напомени за извршувањето и организација на извршителите; - Новините во Законот при поднесување барање за извршување и приговор за незаконитости при извршувањето; - Противизвршување; - Одлагање и запирање на извршувањето; - Тарифа за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите (доколку биде донесена); - Извршување врз паричните побарувања на должникот; - Извршување врз подвижни предмети; - Извршување врз недвижности; - Специфичности на реализацијата на хипотека и реализацијата на залог врз објекти запишани во имотен лист за предбележување на градба; - Вонсудска наплата на долгови по основ на веродостојна исправа. Предавач: - Антончо Коштанов, извршител. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 23.9.2016 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Советување на тема: Надлежности и овластувања на инспекцијата на трудот при вршењето надзор од областа на работните односи, мерки кои може да ги преземе инспекторот за труд, како и постапки против решенијата донесени од страна на инспекторот при вршење надзор од областа на работните односи и обврска за надомест на штета на работникот во случај на незаконита одлука за отказ на договорот за вработување и одлука за отстранување на работникот од работа

29 септември – 1 октомври 2016 година Хотел „Мона“ – Златибор, Р.Србија (www.monazlatibor. com)

Стопанската комора на Македонија од 29 септември до 1 октомври 2016 година во хотелот „Мона“ - Златибор, Република Србија, организира советување на тема: Надлежности и овластувања на инспекцијата на трудот при вршењето надзор од областа на работните односи, мерки кои може да ги преземе инспекторот за труд, како и постапки против решенијата донесени од страна на инспекторот при вршење надзор од областа на работните односи и обврска за надомест на штета на работникот во случај на незаконита одлука за отказ на договорот за вработување и одлука за отстранување на работникот од работа. Целта на советувањето е на учесниците да им бидат образложени надлежностите и овластувањата на инспекцијата на трудот при вршењето надзор од областа на работните односи, мерки кои може да ги преземе инспекторот за труд - одлагање на одлука, забрана за вршење на дејност на работодавачот, постапка против решенија донесени од страна на инспекторот за труд при вршење надзор од областа на работните односи, отказ на договорот за вработување како последица на сторена повреда на работниот ред и дисциплина, можност за отстранување на работник од работа до конечност на одлуката за отказ на договорот за вработување, обврска за надомест на штета на работникот во случај на незаконита одлука за отказ на договорот за вработување и одлука за отстранување на работникот од работа.

Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 - 9 октомври 2016 година Осиек, Република Хрватска

9. ОСИЕЧКИ ЕСЕНСКИ САЕМ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Осеичкиот саем, ве поканува да бидете дел и од овогодинешниот 19. Осиечки есенски саем, што ќе се одржи од 7 до 9 октомври 2016 година во Осиек, Република Хрватска. И оваа година традиционално, 19. Осиечки есенски саем за цел има да ги собере сите стопанственици од областа на земјоделието, прехранбената индустрија, градежниот сектор од земјата и регионот на едно место. На Саемот покрај можноста за претставување на своите производи, компаниите ќе имаат можност и да остварат билатерални средби со компании од нивниот сектор, со што ќе се отворат нови можности за поврзување со потенцијални партнери и зацврстување на присуството на хрватскиот пазар, но и можности за нови облици на соработка. За сите компании заинтересирани за посета на Саемот, Стопанската комора на Македонија во соработка со Осиечкиот саем, обезбедува бесплатен влез, а за сите заинтересирани за учество на истиот повластени цени за изложувачки простор. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 30 септември 2016 година (петок).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:

- Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

13. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ „ECOFAIR“ и 12. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ „ЕНЕРГЕТИКА“

12-14 октомври 2016 година Белград, Република Србија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Србија, ве поканува да ги посетите 13. Меѓународен саем „Ecofair“ и 12. Меѓународен саем „Енергетика“, што ќе се одржат од 12 до 14 октомври 2016 година во Белград, Република Србија. Меѓународниот саем „ЕНЕРГЕТИКА“ е најголем настан на годишно ниво под покровителство на Министерството за енергетика и рударство на Р. Србија и сите ресорни здруженија и асоцијации во земјата и регионот. Под слоганот „Нова Енергија“ овогодинешниот саем има за цел да ги собере сите компании, корпорации, институции и професионалци од областа на електричната енергија, јагленот, нафтата и гасот, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и рударството од целиот регион. Главни теми на овогодинешниот саем се: инвестициските проекти во енеретскиот и рударскиот сектор, зелени инвестиции, регионално вмрежување низ проекти од енергетскиот сектор, билатерални средби помеѓу компании од регионот и соработка преку моделот на јавно-приватно партнерство. Сите заинтересирани компании, по пријавувањето во Стопанската комора на Македонија ќе имаат можност електронски да се пријават за деловни средби со веќе регистрираните учесници, со што воедно ќе им биде обезбедена и бесплатна влезница за Саемот, како и можност за резервација за присуство на настаните. Сите пријавени учесници ќе бидат дополнително контактирани во врска со електронското пријавување кое ќе биде достапно за сите пријавени учесници од средина на месец септември. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 5.10.2016 година (среда). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk или -Перо Авакумовски телефон: + 389 32 44 048, е-адреса: pero@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

13-16 октомври 2016 година Загреб, Република Хрватска

„Ambienta“ 43. Меѓународен саем за мебел, внатрешно уредување и комплементарни индустрии

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Загрепскиот саем, ве поканува да го посетите „Ambienta“ - 43. Меѓународен саем за мебел, внатрешно уредување и комплементарни индустрии, што ќе се одржува од 13 до 16 октомври 2016 година во Загреб, Република Хрватска. Овогодинешниот саем „Амбиента“ има за цел да им овозможи на сите производители и трговци на мебел и опрема за внатрешно и надворешно уредување, како и на сите дизајнери, архитекти, бизнисмени и експети од областа, од реионот и пошироко да ги понудат своите производи и услуги на едно место. Покрај изложувачкиоти/промотивниот дел, „Амбиента 2016“ ќе им овозможи на сите учесници и посетители да учествуваат и во стручниот – едукативниот дел на настанот, каде што реномирани експерти, научници, дизајнери, архитекти и производители ќе ги пренесат своите знаења и искуства на присутните. Традиционалнта богата и разновидна стручна програма ќе започне со Меѓународната конференција за дрвната индустрија во организација на Стопанската комора на Хрватска и Здружението на дрвната индустрија, којашто ќе биде придружена со изложба во Музејот на современата уметност во Загреб, а ќе продолжи со низа други настани, од кои најзначајни се „Денот на архитектите“ и „Денот на дизајнерите“. Стопанската комора на Македонија и оваа година ви овозможува: - бесплатни влезници; - хотелско сместување со повластени цени; - повластени цени за изложувачи. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 3.10.2016 година (понеделник). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сашо Деспотоски телефон:+ 389 32 44 089, е-адреса: saso@mchamber.mk или -Сања Николова телефон: + 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„31. TRADE EXPO INDONESIA“

12-16 октомври 2016 година Џакарта, Р. Индонезиjа

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Републик Индонезија, ве поканува да бидете дел од „31. Trade Expo Indonesia“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 12-16 октомври 2016 година во Џакарта, Република Индонезија. Како и изминатите години, Саемот има за цел да ги прикаже најдобрите извозни производи на Индонезија од индустријата, рударството, земјоделието, па се` до секторот за ракотворби. Минатата година настанот успешно привлекол повеќе од 10.000 посетители од повеќе од 100 земји од светот и генерирал трансакции со обрт од повеќе од 900 милиони САД$. Фактот дека илјадници купувачи од повеќе земји од светот доаѓаат секоја година да го посетат саемот докажува за големата посветеност на трговските партнери низ светот. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • производство на добра и услуги; • монтажни куќи и мебел за градина; • храна и пијалаци; • мода, животен стил и креативни производи; • висококвалитетни производи за мали и средни претпријатија. Стопанската комора на Македонија на прво-пријавените учесници им овозможува: • 2 бесплатни ноќевања; • трансфер (аеродром – хотел - саем и обратно); • вечери организирани од страна на Амбасадата на Република Индонезија со претставници од бизнис-заедницата на Индонезија со цел да се зголемат шансите за потенцијална соработка помеѓу двете држави. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании за посета на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 31 август 2016 година (среда). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

13-15 октомври 2016 година Софија, Р. Бугарија

„SOFIA SPORT& HEALTHY LIFE EXIBITION“ 13-15.10.2016-СОФИЈА, БУГАРИЈА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Via Expo“, ве поканува да бидете дел од „Sofia Sport & Healty Life Exibition“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 13-15 октомври 2016 година во Софија, Р. Бугарија. Второто издание на Саемот за спорт и здрав живот повторно ќе ги обедини темите на здрав живот и спорт и рекреација. Главната цел на настанот е да им се даде шанса на домашните и на странските компании да ги презентираат своите производи на бугарскиот пазар и да најдат нови бизнис-контакти, да остварат директни средби со дистрибутери и произведувачи. На Саемот ќе бидат изложени: • спортска опрема; • производи за заштита; • природна и органска храна и козметика; • диетална храна; • нутриционистички и хербални суплементи. Стопанската комора на Македонија во соработка со „Via Expo“ за сите заинтересирани учесници обезбеди 10% попуст на цената за изложбениот простор. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 30 август 2016 година (вторник). Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА

24 - 28 ноември 2016 година Тирана, Р. Албанија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете дел од 23. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 24 – 28 ноември 2016 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија. Минатогодишниот 22. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска, беа посетени од повеќе од 20.000 посетители. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • градежништво; • енергија и обновливи извори на енергија; • туризам; • образование; • храна; • земјоделие. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 12 октомври 2016 година (среда).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

18-20 октомври 2016 година Краков, Р. Полска

21. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МАШИНИ, АЛАТИ, УРЕДИ И ОПРЕМА ЗА ПРЕРАБОТКА НА МАТЕРИЈАЛИ – „EUROTOOL“

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Targi w Krakowie“, ве поканува да бидете дел од 21. Меѓународен саем за машини, алати, уреди и опрема за преработка на материјали –„Eurotool“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 18-20 октомври 2016 година во Краков, Р. Полска. Меѓународниот саем за машини, алати, уреди и опрема за преработка на материјали – „Eurotool“ е еден од најзначајните настани кој на едно место ги обединува професионалците од Источна и Централна Европа. Секоја година овој саем ги отвора своите врати за водечките компании од Полска и од странство за да го презентираат своето портфолио. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • машини за редуктивна обработка; • машини за пластика; • алати; • мерни и контролни инструменти и уреди; • опрема за машини; • опрема за индустриски работилници; • услуги и други консултации и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да бидат дел од овој саем да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 30 септември 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународен форум „Building Green Connections“

2-3 ноември 2016 година, Копенхаген, Данска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на Форумот за градежништво „Building Green Connections“, најголем во Европа. На овој форум главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, дизајн, како и влијанието на животната средина врз градбата. „Building Green Connections“ кој по петти пат се одржува во Данска, ги собира на едно место сите иновативни компании и организации кои сакаат да воспостават взаемна комерцијална и технолошка соработка. Досега на овој форум присуствувале повеќе од 350 компании од 16 европски земји кои имаат остварено околу 620 средби. Билатералните средби на учесниците обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа: градежни компании, архитекти, изведувачи, дистрибутери, трговци, развојно истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на „Building Green Connections“ ќе се одржат на 2-3 ноември 2016 година, во Копенхаген, Данска. Учеството на деловните средби и на Форумот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/greenconnections2016/contact.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


44

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 септември 2016, Бр. 276

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Шри Ланка, една од најголемите сопственици на плантажи и производители на чај, кокос, први светски меѓународно сертифицирани производители на органски чаеви, нуди зелен, црн и чај од билки, во различно пакување. Исто така, нуди и сушен и обезмастен кокос. Бараат компанија од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 7.11.2016 година.

Компанија од Шри Ланка бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Нуди хербален крем, лосиони за тело, производи за миење лице, пилинг, тонер, производи за темелно чистење на лицето. Целокуониот асортиман на производи е изработен од лековити растенија и е користена илјада годишната традиција во нивната изработка. Валидност до 3.10.2016 година.


петок, 16 септември 2016, Бр. 276

БИЗНИС ИНФО

45

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Шри Ланка производител на супстрат од кокосови влакна во облик на торба или коцка за одгледување растенија, кокосов тресет, срцевина, кокосови лушпи во бали и брикети, машински или механички свиткани кокосови влакна, бара компании од Р. Македонија заинтересирани за купување на нивните производи. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Шри Ланка која приозведува сапуни и козметички производи за лична хигиена, хербални и ајурведски, бара компании од Р. Македонија за соработка за пласман на своите производи или заедничко вложување за производство во нашата држава на нивни производи. Валидност до 2.12.2016 година. Компанија од Иран, која обезбедува најсоодветни инженеринг решенија кои се еколошки, поекономични, остварливи со највисоки стандарди. Работи во повеќе области, како што се рударството, енергијата, водата, градежништвото, изградбата на инсталации и опрема. Компанијата бара туристички компании и агенции за соработка од Р. Македонија. Валидност до 2.12.2016 година. Компанија од Крит, Р. Грција, производител на квалитено маслиново масло и мед, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 31.12.2016 година.

Семејна компанија, фарма од Р. Грција, која произведува бостан (лубеници), бара компании од Р. Македонија заинтересирани за соработка. Валидност до 2.12.2016 година. Винарница од Крит, Р. Грција, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи на македонскиот пазар. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Атика, Р. Грција, која обединува над 70 земјоделски задруги од Грција, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на земјоделски прехранбени производи. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Атика, Р. Грција, која произведува конци за плетење, како и плетени ткаенини, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 2.12.2016 година.

Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.