Бизнис ИНФО, број 372

Page 1

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

Број 372 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 16.11.2018

ВТОРА БУЏЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА СО БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

2019 ДА БИДЕ ГОДИНА НА ЕКОНОМИЈАТА

Мој став: СОЛУНСКОТO ПРИСТАНИШТЕ – ПОРТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ПРЕКУ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА ДО ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

Во време на глобализација, брза и напредна технологија, а со тоа и зголемена конкурентност, за компаниите не е доволно да се биде само профитабилен, туку клучно е да имаат доверливи системи на внатрешна контрола за покривање на ризиците поврзани со здравјето и безбедноста на вработените, квалитетот во организациска смисла, животната средина, енергетска ефикасност и сл. Секоја компанија треба да е максимално одговорна за здравјето и за безбедноста на своите вработени и сите оние кои можат да бидат погодени од нивните активности. Тие треба да работат етички, како и во согласност со Законот кој ја покрива оваа проблематика. Некои проценки предвидуваат дека повеќе од 40 милиони нови работни места ќе бидат создадени на годишно ниво до 2030 година, следејќи го порастот на населението во светот. Затоа, намалувањето на бројот на инциденти, кои резултираат во еден дел и со смртни случаи, дури и со мал процент, ќе биде големо достигнување. Како последица на тоа, ќе има голема побарувачка и потреба за „најдобри практики“, односно стандард кој се осврнува на подобрување на здравјето и на безбедноста при работа, а кој истовремено покажува и потврдува етичко бизнис однесување. Овие трендови доведоа до потреба од развој на признат стандард во сите географски региони, држави, култури и надлежности, како референтна точка за управување со здравјето и со безбедноста при работа; промовирање на подобра


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА комуникација за заеднички прашања, споделување на најдобрите практики кои се врз основа на принципите на меѓународните пазари. Како додаток на претходното, аспирација на Меѓународната организација за стандардизација (ISO) е дека „името на ISO и признавањето ќе му даде дополнителен кредибилитет на новиот стандард и ќе доведе до уште пошироко прифаќање на овој систем за управување со здравјето и безбедноста на работното место.“ ISO 45001 е новиот меѓународен стандард за систем за управување со безбедноста и здравјето при работа, објавен од страна на Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во јули оваа година. Тоа е доброволен стандард, со кој организациите можат да го воспостават, спроведат, одржуваат и да го подобруваат здравјето и безбедноста на своите вработени. Истиот произлегува од претходниот Британски стандард - OHSAS 18001 (здравје и безбедност при работа) и дава рамка за системско управување со ризиците на работните места, односно спречување на смрт, повреди поврзани со работата, лошо здравје предизвикано од природата на работата, што значи обезбедува безбедна и здрава работна средина за сите вработени. Овој стандард го утврдува начинот на континуирано подобрување преку управувањето со системот за здравје и безбедност при работа, врз основа на следните принципи: * обезбедување безбедни и здрави услови во работната средина, како превенција на работите поврзани со повреди и лошо здравје; * исполнување на применливи законски и други барања; * контрола на ризиците поврзани со здравјето и безбедноста при работа, користејќи јасна хиерархија во истите; * обезбедување максимално учество и партиципација на работниците и другите заинтересирани страни во овој систем. Јасно, стандардот ISO 45001 е далеку понапреден од стандардот OHSAS 18001. Британскиот институт за стандардизација (BSI) ќе го повлече OHSAS 18001 од нивниот пазар по објавувањето на ISO 45001 стандардот. Треба да се има предвид дека Британскиот институт за стандардизација и Меѓународната организација за стандардизација ISO, се две различни тела за генерирање на стандарди; првиот, BSI, е познат како официјален креатор на британските стандарди (на пример, BS7799), додека пак другиот (ISO), е познат како официјален креатор на меѓународните стандарди (на пример, ISO 9001). Што значи, сите компании во светот кои во моментов го имаат имплементирано OHSAS 18001, мора да се транзитираат кон новиот стандард ISO 45001 во рок од три години од сега.


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ISO 45001 е наменет како за компании/ организации со мал или низок ризик на оперативни активности, така и за компании/организации со операции од висок ризик. Во овој стандард се наведува дека успешно управување со здравјето и безбедноста зависи од: * раководните лица/лидери и нивната посветеност; * поттикнување на позитивна здравствена и безбедносна култура; * репрезентативно учество и партиципација на работниците; * јасна идентификација на опасности и контролирање на ризиците; * распределба на потребните ресурси; * интегрирање на системот за управување со здравјето и безбедноста во соодветните процеси; * обезбедување политики за здравје и безбедност во согласност со стратешките цели на организацијата; * континуирано оценување и следење/проверка на системите за управување со здравјето и безбедноста при работа во однос на подобрување на нивната ефикасност. ISO 45001 е меѓународно признат, кохерентен, усогласен и целосно интегриран со други стандарди, вклучувајќи го ISO 9001 (квалитет) и ISO 14001 (животна средина), како и сите други менаџмент стандарди кои во моментот се развиваат согласно високото ниво на структура, т.н. Анекс SL. Главните причини за спроведување на интегрирани системи за управување се: * намалување на ризиците и зголемување на профитабилноста, на кој начин се подобрува конкурентноста; * хармонизирање и оптимизација на работни практики; * елиминирање на спротивставени одговорности и односи; * баланс на спротивставени цели; * формализирање на неформални системи; * намалување на двојни трошоци; * добивање одржлив успех на организацијата;


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА * ориентирање на фокусот кон бизнис целите; * креирање конзистентност; * подобрување на комуникацијата; * олеснување на обуките и подигање на свесноста. Придобивки од имплементирање на ISO 45001 стандард ISO 45001 е стандард развиен на ист начин како и другите стандарди за системи на управување кои потенцираат ефективност, ефикасност и континуирано подобрување, а се фокусира на основните барања врз основа на Деминговиот циклус “Plan-DoCheck-Act”. Компаниите/организациите имаат широк спектар на бенефиции од примената и одржувањето на овој стандард, вклучувајќи ги следниве: • глобализација: ISO 45001 ја става организацијата во елитна категорија на бизниси, бидејќи е меѓународно признат и препознатлив стандард; • подобрување на бизнис перформансите: имплементацијата на ISO 45001-систем, односно професионалното управување со здравјето и безбедноста при работа, намалување на болести и повреди на работното место, а тоа резултира со зголемување на продуктивноста; • создавање на најдобри практики: обезбедува конзистентност и воспоставува „најдобри практики“ за здравјето и безбедноста на вработените во целата организација; • идентификација на опасности и ризици: спроведувањето на проценката на ризикот на систематски начин го подобрува квалитетот на оценувањето; • пониски премии за осигурување : постоењето на препознатлив систем, обезбедува основа за привлекување пониски премии за осигурување; • подобрување на ефикасност: овозможува намалување на стапката на несреќи, помало отсуство од работа и прекини, што резултира со подобрено ниво на ефикасноста на внатрешните операции; • создавање безбедна работна средина: промовира безбедност на сите лица кои се под влијание на активностите на организацијата; • следење и мониторинг: промовира надзор преку управување со клучните индикатори (KPI) во мерењето на нивото на перформансите на системот; • потенцирање на промени: примената на однесување, кое се фокусира на„режимот на превенција“, наместо на „откривање на проблеми“, бидејќи е многу поефикасен, а со тоа носи и наградување на вработените; • постојано подобрување: поттикнува континуирано подобрување (на пример,


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА усвојување на концептот „нула несреќи“). Во Македонија е многу мал бројот на компании/организации кои го имаат имплементирано и сертифицирано OHSAS 18001, а уште помал на оние кои се во фаза на имплементирање на ISO 45001, со оглед на неговата скорашна публикација. Но ова е сега момент на повик, анимирање на компаниите и нагласување на потребата од овој

стандард, факт повеќе што стануваме се` поистрајни во настојувањето да сме дел од ЕУ, која без преседан, почитувањето и примената на стандардите, секогаш ги става на прво место. На прес-конференцијата присуствуваше претставник од Рудникот„Бучим“ од Радовиш (рудник за бакар и злато), Петре Спасов, координатор за квалитет, здравје и безбедност при работа и лиценцирано лице за безбедност при работа. Тој истакна дека рудникот брои 650 вработени, со 24-часовно работно време, односно континуиран процес на работа. Рудникот работи веќе 39 години и ги има имплементирано стандардите ISO 9001 (управување со квалитет) и ISO 14001 (управување со животна средина), а во тек е имплементацијата на ISO 45001(управување со здравје и безбедност при работа) која се очекува да заврши во јануари 2019 година, по што ќе следи и сертифицирање. Оваа компанија водела и ќе води максимална грижа за здравјето и безбедноста на своите вработени и е пример за доследно одржување и примена на стандардите во РМ. Емилија Тодоровска


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

ВТОРА БУЏЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

2019 ДА БИДЕ ГОДИНА НА ЕКОНОМИЈАТА ПОРАКА ОД ВТОРАТА БУЏЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА СО БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

Во пресрет на донесувањето на буџетот на Република Македонија за 2019 година, Стопанската комора на Македонија ја продолжи практиката за навремено запознавање на стопанствениците со предвидувањата за макроекономската политика за наредната година, со цел за нивно активно вклучување во процесот на консултации во фазата кога се креира буџетот. Во таа насока, денес (13.11.2018 година), во Комората се одржа Втората годишна буџетска конференција, на којашто министерот за финансии во Владата на Република Македонија, д-р Драган Тевдовски, ги презентираше проекциите во буџетот и планираните макроекономски остварувања за следната година, а на настанот присутни беа и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како и проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори. Отворајќи ја Конференцијата, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, потенцираше дека Комората останува на својот став дека само развоен


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

9

ВТОРА БУЏЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

буџет може да обезбеди раст на економијата и ќе направиме се` што можеме 2019 да биде година на економијата. Пред бизнис заедницата премиерот Зоран Заев констатираше дека следната 2019 година и Владата сака да ја прогласи за година на економијата, откако оваа 2018 година беше година на интеграции. - Реформите во правосудството, безбедноста, медиумите и јавната администрација ќе бидат клучните полиња на кои ќе работи Владата следната година. Сето тоа се прави за да се остварат уште подобри резултати во економијата, потенцираше премиерот Заев. Пред бизнисмените присутни на денешната Втора буџетска конференција информираше дека оваа Влада е решена да нема предвремени парламентарни извори, бидејќи тие го забавуваат економскиот раст од 4 до 6 месеци во просек. Интенцијата на Владата, вели премиерот, е да се создаде поволен бизнис амбиент и можност за планирање на бизнис активностите на деловните субјекти, што треба да резултира со подобри економски резултати во следниот период. Министерот Тевдовски ги образложи проекциите на буџетот за 2019 година - раст на БДП за 3,2%, солидна лична потрошувачка, раст на инвестициите и силен извоз. Врз основа на овие параметри е креирана буџетската каса за следната година. Вкупните приходи се проектирани на износ од 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи е предвидено да изнесуваат 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит за 2019 година е предвиден да изнесува 17,7 милијарди денари, што е 2,5% од БДП во годината.


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

ВТОРА БУЏЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА Елаборирајќи поодделни ставки на буџетот, министерот потенцираше дека концептот се темели на дисциплинирана, кредибилна и предвидлива фискална политика, како и на реалните предвидувања согласно проектираните макроекономски остварувања за наредната година и Фискалната стратегија 2019-2021 година. Со ваквиот концепт се предвидува стабилизирање на јавниот долг, а финансирањето на буџетскиот дефицит

и отплатите на долгот од домашните и надворешните извори да се реализира согласно пазарните услови. Една од главните цели на проектираниот буџет за претстојната година, на економски план, е да се постигне квалитет во даночната сфера, со карактеристика на праведно оданочување, која на соодветен начин ќе се рефлектира и врз пензиската политика во земјата, задржувајќи го курсот на редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Истакнувајќи ги финансиските проекции во буџетот во делот на јавното здравство, образованието и детската заштита и социјалниот систем, посебно беше нагласена поддршката на економијата, што ќе се остварува со неколку мерки, меѓу кои: финансирање на активната мерка за вработување во износ од 1,1 милијарда денари, поддршка и поттикнување на инвестициите во износ од 3 милијарди денари, како и соодветно финансирање на Програмата за рамноправен регионален развој во проектиран износ од 512 милиони денари. Поддршката на земјоделството ќе се остварува со воведување на „зелена нафта“, а се предвидени финансиски средства и за земјоделски субвенции и рурален развој во износ од 8,5 милијарди денари. Со


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

11

ВТОРА БУЏЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА буџетските проекции се предвидени и средства за интензивирање на процесот на зачленување во НАТО и за реформа на јавната администрација. Што се однесува на делот на вложувања во инфраструктурата, министерот Тевдовски посебно го нагласи финансирањето на капиталните проекти кои за 2019 година се проектирани на 25,7 милијарди денари, од кои за патна и железничка инфраструктура (коридорите 8 и 10, изградба и реконструкција на локални патишта) и за комунална и енергетска инфраструктура (национален гасоводен систем, водовод и канализација, пречистителни станици) се предвидени средства од по 5,4 милијарди денари, а за земјоделие 3,1 милијарда денари (рурален развој, изградба на хидросистеми и сл.). За инвестиции во ТИРЗ е проектиран износ од 631 милион денари. Владиниот тим пред стопанствениците најави дека следната година капиталните инвестиции ќе се реализираат со подинамично темпо. Решение се проектните документации за неколку инфраструктурни проекти, за 40 % е зголемен износот на средства што како поддршка на домашните компании ќе им биде достапен преку Законот за поддршка на инвестициите, Фондот за иновации и технолошки развој и ТИРЗ-овите. Во таа насока, д-р Кочо Анѓушев ги повика компаниите да креираат предлогпроекти со кои ќе аплицираат за средства што како поддршка ги дава Владата. Во тој контекст, неодминливо се разви дискусија за еден од најголемите проблеми со кои се соочува бизнис секторот во овој момент - недостигот од квалификувана работна сила. Компаниите бараат решенија, како да се дојде до соодветен стручен кадар. Д-р Кочо Анѓушев посочи дека мерките кои ќе бидат активни во следниот период се со цел да се воведе дуален систем на средно стручно образование, што треба да даде ефект дури по неколку години, како и воведување брзи мерки за преквалификација и доквалификација на кадри кои треба да го премостат проблемот на краток рок. Во оваа насока, Владата најавува дека преку Агенцијата за вработување на локално ниво ќе се прави споредба на активните баратели на работа со побарувачката на кадри од страна на компаниите. Онаму каде што нема можност да се најде соодветна работна сила ќе се користи моделот на преквалификација и доквалификација. На крајот, заеднички беше заклучено дека непосредните средби од ваков карактер меѓу претставниците на Владата и на бизнис заедницата носат значаен квалитет за економските текови на земјата, со препорака истите и натаму да продолжат и да бидат уште поинтензивни и пооперативни. Митко Митевски


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

РАЗВОЈНА КОМПОНЕНТА НА ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ОД ЕКОНОМСКАТА ОБЛАСТ

На 14.11.2018 година, Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија одржа седница и расправаше за предложените закони од економската и финансиската област, што се од интерес на членките од ИТ-секторот. Компаниите - членки на Здружението сметаат дека најсоодветен начин за уредување на прашањето за обезбедување дополнителни средства во буџетот на Република Македонија е во сеопфатното зафаќање од сите субјекти и елиминација на „сивата“ економија, вклучувајќи го и нерегулираниот бизнис преку интернет. Посебно внимание треба да се насочи кон искористување на сите расположливи можности за рационализација на расходите и нивна максимална реализација во функција на развојот и динамична стопанска активност. Потребено е перманентно следење на билансите на приходите и расходите, во насока на обезбедување подобар квалитет на јавните услуги, вложувања во унапредувањето на социјалниот, образовниот и здравствениот систем, но и рационализација на процесите на државната администрација. Укажувањата се дека вакви системски промени, најавени на крајот од годината, се дополнителен притисок врз стопанството и не се донесени во партнерски однос со стопанството, без навремено усогласување за да можат субјектите да го приспособат своето работење, особено при утврдувањето на финансиските планови за следната година. Членките на Здружението побараа преиспитување на термините за стапување во сила на предложените закони, со цел спроведување на широки консултации за оценување на ефектот врз ефективното работење, продуктивноста и деловното опкружување. Лазо Ангелевски


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ОТВОРЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПОД ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПОДДРШКА: КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВООСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА „СТАРТ-АП“ И „СПИН-ОФ“

На 13.11.2018 година се одржа Информативна сесија за отворениот јавен повик за поднесување предлог-проекти за финансирање под Инструментот за поддршка: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“. Пред присутните компании заинтересирани за овој повик, свое обраќање имаше Бисера Јордановска од Фондот за иновации и технолошки развој. Инструментот има за цел да го поттикне нивото на иновативност преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности за истражување и развој на „старт-ап“ и „спин-оф“ компании. Дополнително се очекува со овој инструмент да се поттикне културата на преземање ризик, како и да се обезбеди поддршка за претпријатијата кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес или услуга. Исто така, инструментот поддржува проекти кои се во фаза на „потврден концепт“ (proof of concept) до преткомерцијална (претпазарна) фаза и со реален план за комерцијализација. Истиот е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна идеја во фаза на „потврден концепт“ со солидно очекување за комерцијализација. Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 12 месеци, а за финансирање проекти обезбеден е вкупен износ од 1.000.000 (еден милион) евра, односно 61.500.000 денари. Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 11.12.2018 година. Моника Стоичева


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

СТАВОВИ

INVESTINSEE.COM Бранко Азески, заменикпретседател на Коморскиот инвестициски Форум Информацијата е од клучно значење за бизнисот. Можноста да се добијат точни информации и по брза постапка е од незаменливо значење за кој и да било претприемач, од регионот на Западен Балкан или од кој било друг крај на светот. И токму од оваа идеја се водевме во Коморскиот инвестициски форум, кога минатата година одлучивме да почнеме да ја подготвуваме Регионалната инвестициска платформа. Идејата беше да се направи своевидна централна точка од која ќе може да се добијат сите потребни информации поврзани со условите и поволностите за инвестирање, но и да се обезбедат одговори на конкретните прашања на бизнис заедницата заинтересирана за инвестирање во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи база на податоци за макроекономските показатели, правната рамка, пазарот, финансиските и други стимулации, потенцијалните партнери и добавувачи, како и конкретни проекти во кои може да се инвестира. Оваа идеја беше препознаена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и поддржана во целост. Регионалната инвестициска платформа, како прв заеднички производ на Коморскиот инвестициски форум, ја промовиравме на Инвестицискиот самит за Западен Балкан, организиран од страна на ЕБОР, кој се одржа на 26 февруари 2018 година, во Лондон. На Самитот, пред шесте премиери од регионот, претставници од финансиски институции и водечки меѓународни компании, беше презентирана платформата и активностите кои Коморскиот инвестициски форум ги прави за промовирање на регионот како единствена дестинација за инвестиции и за започнување бизнис, но и за презентирање на предностите за воспоставување на заеднички регионален пазар.


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

15

СТАВОВИ Тоа што е особено важно е што платформата содржи Правна и даночна база на податоци, во која се содржани детални информации, кои може да се од интерес за инвеститорите кои сакаат да започнат активности во некоја од земјите од Западен Балкан – вклучувајќи ги, меѓу другото, прашањата за регистрација на трговско друштво, пазарот на капитал, јавните набавки, вработувањето, даночниот и царинскиот режим, визниот режим и обезбедувањето работни дозволи за странци, решавањето на споровите, правната рамка која се однесува за заштита на инвестициите. Оваа алатка не е наменета само за странски инвеститори од трети земји, туку и за бизнисите кои работат во регионот, како и оние кои можеби се заинтересирани за интрарегионални вложувања. Затоа, следен пат кога ќе Ве интересира каква е даночната рамка во Албанија, или каква е процедурата и кои документи се потребни за регистрирање на трговско друштво во Србија, или можеби како може да се добие работна дозвола за странци во Црна Гора, посетете ја www.investinsee.com. Може да Ви понуди многу клучни информации на едно место.


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

СТАВОВИ

СОЛУНСКОТO ПРИСТАНИШТЕ – ПОРТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Иван Петровски, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Фершпед“ АД Скопје и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија Почетоците на Солунското пристаниште се врзуваат со крајот на 17от век со закрепнувањето на трговските врски и односи на градот Солун. Особено значајно за развојот на пристаништето е воспоставувањето на железничкиот сообраќај помеѓу Солун и Скопје како и другите балкански и европски градови во 1871 година, со што пристаништето се етаблира во главен трговски и комерцијален центар на Балканот. Со вакво портфолио Солун и Солунското пристаниште го дочекуваат почетокот на 19-от век како најзначајни, најголеми центри во рамките на Отоманската империја. Интересно е да се напомене дека во 1904 година Отоманската империја го дава за прв пат пристаништето на концесионер и го потпишува првиот договор со Франција, а прв управувач со Солунското пристаниште е француската компанија „Societe Anonyme Ottomane de Construction el Exploatittion du port de Salonique“, која го имала пристаништето на 40-годишна концесија, односно до 1944 година. Тоа е истовремено и првата компанија која почнува со посериозни инвестиции во пристанишната инфраструктура и пристанишните дигалки. Од историски аспект, накратко би сакал да ги спомнам уште следните два важни момента. Имено, во 1914 година грчката Влада формира државен ентитет Thessaloniki Free Zone кој го презема менаџирањето на најголем дел од пристаништето, со примарна цел товарање/истоварање и трансфер на стоката со приватни средства и персонал,


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

17

СТАВОВИ како и формирањето на таканаречената Југословенска зона со површина од 50.000 квадратни метри со важност од 50 години (1925-1975 година). Од поновата историја важна е 1999 година кога Солунското пристаниште (Thessaloniki Port Authorities) станува акционерско друштво, а последен пат, во март 2018 година, после повеќегодишни преговори, од страна на Грчкиот фонд за управување со државен имот HRADF, 67% од пристаништето се даде под концесија на 35-годишно користење на конзорциум составен од 3 компании (Deuthce invest Equity partners GMBH од Германија, Terminal link SAS од Франција и Belterra investments LTD од Кипар). Износот на целата зделка изнесува околу 1,1 милијарда евра, од кои преку 650 милиони евра ќе бидат инвестиции во пристаништето во следниве години. Споменатиот конзорциум во Р. Грција формира правен ентитет под името South European Gate Thessaloniki - S.E.G.T.

Kомпанијата „Фершпед“ Скопје со сопствената фирма - ќерка во Република Грција „Eurotrading Transport and Logistics LTD“ е присутна во Солунското пристаниште повеќе од 45 години и е подготвена економски да го доближи Солунското пристаниште до пазарите на Република Македонија, искористувајќи ги новонастанатите услови со концесионирањето и либерализацијата на двете државни компании Thessaloniki Port Authority и TrainOSE.

Со давањето под концесија на 67% од Солунското пристаниште на S.E.G.T. истовремено започнаа и планираните инвестиции во постојните и новите капацитети и средства во пристанишната инфраструктура. Веднаш е пристапено кон ремонтирање на постојните средства за работа (булдожери, вилушкари, возила, транстеинери и друга механизација), како и набавка на нови. Истото се однесува и на крановите за товарање/истоварување во Солунското пристаниште, како за конвенционалниот товар, така и за контејнерскиот терминал. Се репарираат и се ремонтираат постојните, а во процес на набавка се и нови кранови за повеќе докови во пристаништето, како и за 3 крана во контејнерскиот терминал. Посебно значаен момент е планираното проширување (екстензија) на докот 6, кејовите 24, 25 и 26, како и на контејнерскиот кеј за дополнителни 550 метри должина и широчина 300 метри со истовремено зголемување на длабочината од постојните 12 на 16,5 метри. Со оваа инвестиција ќе се добие можност да се врзуваат повеќе бродови


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

СТАВОВИ истовремено, но што е уште позначајно се овозможува пристигнување и на поголеми бродови со поголема носивост како за конвенционална стока (панамакс и супер панамакс категорија на бродови), така и за контејнерски бродови со носивост од сегашните 4.000 TEU единици, на бродови со носивост 14.000 TEU единици. Покрај зголемувањето на волуменот на карго капацитетите, со новите вложувања ќе се намали и таканареченото Vessel Waiting Time (време на чекање на пловилото), што значително ќе влијае и на намалување на поморските возарини. Сиве овие инвестиции кои се веќе започнати и се во тек сигурно ќе придонесат за многу полесна и побрза работа и функционирање на Солунското пристаниште, а се` со цел поефикасна и подобра услуга за своите клиенти. За македонските компании Солунското пристаниште има првостепено значење, како пристаниште кое е природен пат за пристигнување на стоката наменета за нашата земја и кое поради близината има пониски транспортни трошоци за превоз на стоките до Македонија во однос на другите пристаништа во соседните земји. Новите пазарни услови се приоритет и за новиот менаџмент на пристаништето, кој е доста флексибилен во однос на договарање и добивање поповолни услови за товарање, истоварување и престој на стоката во пристаништето (побрза работа на крановите, побрзо товарање на стоката на вагони и камиони, повеќе слободни денови од складишнини и сл.), со што значително се олеснува протокот на стока кон крајната дестинација во Македонија. Секако, треба да се напомене дека сериозните проблеми со кои се соочувавме во минатото, а беа предизвикани од чести штрајкови и блокади, сега се минато. S.E.G.T во текот на минатата 2017 година изработи 3,6 милиони тони стока, што е зголемување од 9% во однос на количините од 2016 година. Бројот на контејнери изразени во TEU единици кои во текот на 2017 година се изработени во пристаништето е 401.947, што претставува зголемување од 17% во однос на 2016 година. Од вкупниот број на контејнери во 2017 година, за Република Македонија преку пристаништето транзитирале 25.610 контејнери изразени во TEU единици, што е зголемување од 11,9% во однос на 22.886 TEU единици кои поминале во 2016 година. Што се однесува на генералните товари, 988.000 тони стока од или за Р. Македонија се изработени преку Солунското пристаниште, што е зголемување од 10,5% во споредба со 895.000 т изработени во 2016 година. Процентот на застапеност на стоката од и за Р. Македонија во вкупниот обем на работа на Солунското пристаниште е 27,5% за генералните товари, додека за контејнерите изразени во TEU единици застапеноста е 6,4% Само за споредба, реализираните количини во Солунското пристаниште за тековната 2018 година за првите 9 месеци се 2,8 милиони тони генерални товари и 313.000 контејнери изразени во TEU единици.


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

19

СТАВОВИ

Тука посебно сакам да ја пофалам одлуката на новиот менаџмент кој најде разбирање за актуелното едномесечно нефункционирање на железничкиот коридор 10 поради проблемот со мостот на Црна Река во близина на Градско и позитивно одговори на барањата на македонските стопанственици за ослободување на стоката од дополнителни трошоци на име складишнина во пристаништето за времетраење на стопираниот железнички транспорт. Сигурно, втора новина што ќе придонесе за уште побрз и полесен начин на превоз на конвенционалната стока и на контејнерите од S.E.G.T е одлуката за либерализирање на пристапот кон грчката железничка инфраструктура на приватни железнички оператори. Фактот што во Република Грција се отвори железничкиот пазар за приватни железнички оператори ќе овозможи услови за здрава конкуренција, за зголемување на ефикасноста, а со тоа и намалување на транспортните трошоци. Приватниот железнички оператор Gold Air - Rail Cargo веќе има свои локомотиви и свој персонал и во текот на октомври 2018 година го реализираше првиот воз на релација Кулата – Солун, како прв приватен железнички оператор во Р. Грција. Како бизнис заедница и ние можеме многу да придонесеме за намалување на економското растојание помеѓу Солунското пристаниште и пазарите во Р. Македонија, поради што заедничките активности треба да бидат поставени во таа насока. Истовремено, во соработка со колегите од царинските и инспекциските служби од двете страни на границата, треба да се иницираат активности за олеснување и скратување на времето потребно за извршување на царинските формалности со воведување на едношалтерски царински систем и на тој начин, Солунското пристаниште може уште повеќе да послужи како отворена порта за македонската економија.


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, ЕДНАКВОСТА, ИНОВАЦИИТЕ И АНТИ-КОРУПЦИСКИТЕ ПРОЦЕСИ СЕ КЛУЧОТ ЗА УСПЕХ НА ФИНСКА КАКО ЕКОНОМИЈА И ОПШТЕСТВО ВО ЦЕЛОСТ

Економски една од најразвиените земји, држава на еднаквости, на среќни луѓе, земја каде училиштето е начин за наоѓање среќа и начин како да се научи, а не притисок и стрес, земја со нула корупција на државно ниво. Овие карактеристики подржани со иновативност, креативност, максимални вложувања во образовниот процес, се обележје на нордиската земја – Финска, која од земјоделска земја во 1950 година, сега станува економија заснована на знаење. Успешните приказни пред македонските бизнисмени во Стопанската комора на Македонија ги пренесе Н.Е. Перти Иконен, амбасадор на Република Финска во Србија, задолжен за Македонија и Црна Гора. Трансформацијата на економијата е постигната со одвојување на огрoмни средства преку Финскиот совет за истражување и иновации, кој е под надзор на канцеларијата на премиерот, а има за цел да ја надгледува националната дигитална стратегија на Владата, која треба да стимулира дигитални иновации и експертиза во голем број клучни области, вклучувајќи паметна мобилност, паметна здравствена заштита, вештачка интелигенција и економска платформа и на годишно добива околу 600 милиони евра.


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

21

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА Во рамки на дебата што ја водеше в.д. извршниот директор на Стопанската комора, Билјана Пеева Ѓуриќ напомена дека наспроти фактот што учеството на инвестициите од приватниот и јавниот сектор во истражување и иновациите до 2025 година се очекува да достигнат до 4% од БДП на земјата, Македонија не може да се пофали со вакви податоци. Долги години наназад, кај нас учеството на инвестиции во истражување и развој не изнесува повеќе од 0,2 до 0,4 отсто од буџетот на Република Македонија. Извршниот директор на Комората потенцираше дека сериозноста на вложувањето во истражување и иновации во Финска се потврдува и со фактот дека Министерството за надворешни работи, Министерството за образование и култура, како и Министерството за вработување и економија ја делат одговорноста за интернационализација на финскиот систем за иновации. Во своето обраќање амбасадорот Иконен објасни дека Финска повеќе не прави мобилни телефони, туку добро заработува од продажба на патентирани брендови, а денеска речиси и да нема мобилен телефон во светот во кој не е вградено нешто од финската технологија. Образованиот систем во Финска е уникатен, не е копиран од никаде. Од јануари 2019 година Финска ќе биде првата земја во светот со 5G, а до 2030 година ќе престане да користи јаглен. Хелсинки, пак, е најфункционалниот „паметен“ град во светот со слободен интеренет насекаде. Економијата и општеството воопшто, се засновани на знаење, односно развојот на

државата зависи единствено од тоа колку се едуцирани децата, односно возрасните. Финска се обидува да ги научи децата да размислуваат и да бидат иновативни, како основа на нивното образование, кое пак е целосно бесплатно и достапно, низ целата држава подеднакво и за


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА богатите и за сиромашните. Сите наставници во Финска мора да имаат магистерска диплома, а ако сакаат да бидат професори, дополнително треба да поседуваат и сертификат за настава. Во нив граѓаните имаат целосна доверба. Затоа им се дава и комплетна слобода сами да го дефинираат начинот на кој ќе ги подучуваат децата, рече амбасадорот. Наставниците во Финска поминуваат четири часа на ден во училница и по најмалку два часа неделно на професионален развој.

Школството е еднакво за сите, нема разлики меѓу сиромавите и богатите. Од учениците, 43 отсто посетуваат средни стручни школи. Поаѓањето во училиште не е пред седумгодишна возраст, не се оптоварени со часови, а тестирања и испрашувања има само еднаш до 16-тата година на ученикот. Странски јазици редовно се учат, а шведскиот е втор официјален јазик во Финска. Учениците на девет години почнуваат да учат шведски, а на 11 години и трет јазик, најчесто е тоа англиски. Тестовите за матура, односно за влез на некој од универзитетите се полагаат на два јазика – шведски и фински. Обично секој од учениците по излегувањето од школските клупи владее по минимум пет јазика, предочи Иконен. Како што дообјасни, учениците на 16 години одлучуваат дали сакаат да продолжат во средно стручно школо или да се запишат на факултет. Индустријата на Финска денес базира на бродоградба конкретно кршачи на мраз, производство на автомобили и машини со кои зафаќаат 50 отсто од глобалниот пазар. Рударството не е многу развиено, има само 13.000 – 14.000 вработени, но се размислува за негова дигитализација. Пресвртот во економијата од аграрна во земја со високо развиена технологија, како што рече финскиот амбасадор, е направен во 1990 година кога е осознаено


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

23

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

дека на економијата и е потребна поинаква структура. Финска има многу мала администрација, нема корупција, а граѓаните не се бунат против даноците, зашто знаат дека парите се трошат во образованието, бесплатното здравство, во иновациите. На дебатата реализирана со финскиот амбасадор, присуствуваше и почесниот конзул на Финска во Македонија, бизнисменот Светозар Јаневски, кој потенцираше дека како и Финска и нашата земја мора час поскоро да стави акцент на коренити реформи во образовниот систем, бидејќи искуството од оваа скандинавска земја покажува дека креативноста и иновативноста треба да се иницираат и подржат кај децата уште од најраната возраст. Да се негуваат во основното образование за веќе во средното училиште да почнат учениците да се креираат согласно своите професионални карактеристики. Секоја подршка на децата преку обезбедување бенефиции во времето на нивниот развој е всушност првиот степен на корупција во општеството, констатираше почесниот конзул на Финска Јаневски. Инаку дебатата со амбасадорот Иконен, Стопанската комора на Македонија, ја реализира како дел од континуираната активност за организирање трибини пред деловната заедница, на коишто се дебатира за теми релевантни за економскиот раст на земјата, користејќи ги при тоа искуствата на развиените економии во сектори и дејности кои се од клучно значење за иницирање неопходни промени во економскиот модел на државата. Даниела Михајловска Василевска


24

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

25


15

T

O

IS

БИЗНИС ИНФО

26

9001:20

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.11.2018 година (среда) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

Во 2008 година професорите Гарет Џонс и Џенифер Џорџ во книгата „Современ менаџмент“ потврдуваат дека само компаниите во кои менаџментот е способен конструктивно да ги менаџира конфликтите имаат максимална ефиканост. Другите (каде што конфликтите се ставаат „под тепих“ или каде што ескалираат) имаат минимална ефикасност. Целата енергија се троши во сопки и штитење наместо во заедничко ефикасно работење. Конфликтите во себе носат голем потенцијал, нови идеи и тие треба да се добродејдени. Науката потврдува дека во организациите е добро конфликтите да бидат присутни во едно оптимално ниво. Само доколку вработените имаат слобода јасно и гласно да го изразат своето мислење и да кажат што мислам дека треба поинаку да биде направено, ќе се дојде до најдоброто решение и до резултати. Во исто време треба да се знае дека конфликтите во себе имаат голем деструктивен потенцијал. Ако не бидат соодветно менаџирани, тие можат да ја нарушат работната атмосфера, да ги влошат меѓучовечките односи, да ја влошат комуникацијата и да влијаат на мотивацијата на вработените. Предавач: -Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.11.2018 година (понеделник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци

Стопанската комора на Македонија, на 19 ноември 2018 година, во просториите на Комората, организира еднодневен семинар на тема: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци, отказ на договорот за вработување, разлики помеѓу отказ на договорот за вработување од страна на работодавачот и од страна на работникот, влијание на одлуката за отстранување од работа на работникот врз одлуката за отказ на договорот за вработување на работникот, разлики помеѓу отказ на договорот за вработување поради повреда на работниот ред и дисциплина и отказ на договорот за вработување од деловни причини, права на работниците предвидени со колективните договори во случај на отказ на договорот за вработување од деловни причини, постапување на овластениот инспектор за труд во случаи на отказ на договорот за вработување поради повреда на работниот ред и дисциплина, постапување на овластениот инспектор за труд во случаи на отказ на договорот за вработување од деловни причини Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: - д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје; - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II - Скопје и - Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23 ноември 2018 година (петок) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

Безбедноста на информациите и информативните системи во целина се едни од најважните теми денес. Во ера на се` почести и различни видови на напади, малициозни софтвери и ransomware, многу е тешко да се најде вистинскиот начин за одбрана. За да ги одредите техниките и технологијата која ви е потребна за одбрана, треба да одредите што и како ве напаѓа. Она што хакерите го користат, како тие размислуваат и како доаѓаат до нас, се само дел од прашањата на кои се бара, но е тешко да се најде одговор. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 23 ноември 2018 година организира семинар на тема: „ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ“ чија цел е запознавање на учесниците со сите видови на напади и презентација на техники и начини за нивна примена, со цел демистификацијата на хакирањето и дефинирање на начините за одбрана. Исто така, ќе се разгледаат сите чекори на напад - од нулта точка до целосна контрола; ќе се објаснат сите техники на напад; ќе се демонстрираат напади и користење на алатки; ќе се дефинираат и ќе се објаснат техниките за одбрана на секој од нападите, како и деловите од тој напад. Целна група: менаџери и вработени во служба за безбедност на информатичките системи, одговорните лица за заштита на безбедност на информации, како и сите оние кои имаат интерес за учество на семинарот. Предавач: - Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – „SECIT security consulting“. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 16 Ноември 2018, Бр. 372

T

15

30

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2-2

018

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.